Револуција магазин бр. 54

48

description

Revolucija magazin br. 54

Transcript of Револуција магазин бр. 54

Page 1: Револуција магазин бр. 54
Page 2: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 3 ДЕКЕМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина

Неделна панорама .......................................................................... 04

Каде заглавија на патот кон ЕУ? ....................................................... 09

ЕУ ни ја покажува насоката, но патот е наш ...................................... 17 Европско образование ..................................................................... 20

Не е лесно да си мал ....................................................................... 22

Оптимизам vs скептицизам во ЕУ ...................................................... 24

Кина - единствениот спас за Европа ................................................. 25 Една шлаканица и крај на програмата .............................................. 28

Партијата на Путин го блокира политичкиот систем на Русија ............ 32

Ние не сме глувци!!! ....................................................................... 34

Системскиот закон како имплементирачки за ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп ........................................................ 37

PRIEST(2011) .................................................................................. 44

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник на содржини за Европската унија и евроатланските интеграции: Ениса Бајрами e-mail: [email protected]

Уредник на Артвизор и Релаксација:

Силвана Јовановска. e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации: Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари:

Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Сенада Ибраимова, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе Симовски

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг: Славица Ѓоргиевa Драгица Маренчева

Е- mail: [email protected] Е-mail: [email protected] моб.: +389 (0) 75 63 44 94 моб.: +389 (0) 78 32 97 36

Page 4: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Палењето знаме не е

каков било прекршок Активистот на невладината

организација „Илирикум Либертас“, Ваљбон Куртиши

изјави дека графитот на голема

Албанија, што беше нацртан во

Тетово, не изразувал говор на омраза. Тоа е точно... Графитот

ги изразува само

територијалните претензии на

одредени албански кругови, кон Македонија, а територијалните

претензии не мора да бидат

поврзувани задолжително со

говорот на омраза... Куртиши

истакна дека палењето на македонското знаме, за време

на празникот на албанското

знаме „е можно и да бил

некаков прекршок“...

Господине Куртиши, кога веќе

сте активист на невладина организација на територијата на

Македонија, нормално е, а да не

кажам и задолжително, да

имате малку информации во врска со македонските закони.

Според македонскиот Кривичен

законик за навреда кон

државен симбол (во случајот

државното знаме), следува затворска казна од 3 месеци до

3 години. Значи, палењето на

државното знаме не е „некаков

прекршок“ туку кривично дело, што е казниво според законот.

Да се надеваме дека како

Македонци и Албанци, ќе

најдеме сили да седнеме и да направиме нешто добро и

паметно за тоа парче земја. Сè

додека „си ги мериме“ картите

на нашите големи држави, ќе бидеме во пленот на туѓи

сценарија, што за жал не ѝ го

мислат доброто на Македонија.

Обезбедувачите ќе апсат Обезбедувачите да поседуваат

гумена палка, лисици,

дресирани кучиња и право да апсат крадец - се измените што

ги предлага Министерството за

внатрешни работи. Според

промените во законот, кој е

направен во согласност на европските регулативи, се

предвидува вработените во

агенциите за обезбедување, да

употребат и сила, ако фатат некој да краде во објектот што

го чуваат. Доколку бидат

усвоени измените, работниците

за обезбедување добиваат исти овластувања со полициските

службеници, но само за имотот

и лицата што ги обезбедуваат.

Според министерката Јанкулоска овие измени имаат

за цел - зголемување на

одговорноста на компаниите

што се занимаваат со

обезбедување, бидеќи со новиот закон вработените во

овие агенции ќе имаат исти

овластувања со полициските

службеници, но само во делот на обезбедување имот и лица.

Page 6: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

Да се надеваме дека новата

мерка предвидена од МВР, ќе

биде од корист. Како што наведува министерката, сега

агенциите за обезбедување

треба да вработуваат сериозни

луѓе, кои можат да се носат со новите одговорности. Тестот кај

психолог веќе е задолжителен,

бидејќи не може да се даваат

толку овластувања на луѓе, кои се со слаба психа. Сега да му ја

мислат криминалците, затоа што

освен со физичкиот изглед,

батките од обезбедувањето нема да имаат проблем да

респектираат и со гумените

палки. Тој што не јадел ќотек со

гумена палка, не знае за што се

работи... Проверено!!!

Основната идеја на овие

промени е да се помогне на

полицијата, а истата е должна и да ги засили проверките на

агенциите за обезбедување на

имоти и лица. Тоа е

задолжително, затоа што, ако утре некој криминалец биде

уапсен од обезбедувач, кој не

ги поминал потребните тестови,

никој нема да се интересира за криминалецот и неговото дело,

туку за тоа како се однесувал со

него обезбедувачот...

Македонија нема да ја

има без Македонци Во источна Македонија бројот

на некролози е поголем од бројот на крштевања. Според

последните податоци од

Државниот завод за статистика,

во овој регион, во изминативе три месеци се родиле 362

новороденчиња и починале 365

граѓани. Најголема негатива

бележи Делчево, каде што умреле 12 лица повеќе, отколку

што се родиле. Следува Кочани,

со негатива од 10 жители,

Пробиштип со 7 и Карбинци со

3. Поразителните статистички податоци, коментираат

граѓаните од овој дел, се

резултат на стресниот живот и

фактот што младите сè потешко се одлучуваат на брак и на

деца. Дури и оние што подолго

време се во брачна заедница, се

ограничуваат на едно дете. Логиката на граѓаните ја

потврдуваат и социолозите.

Опаѓањето на наталитетот,

тврдат, е директно поврзано со економскиот и социјален статус

на младите.

Трагична статистика... Статистика, што ни кажува дека

Македонија ја снемува,

Page 7: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

Македонија не е вечна, драги

мои патриоти... Македонија ќе

постои сè до тогаш, до кога постојат и Македонци. За жал

сувите реклами за правење

деца, веројатно не вршат

работа. Тоа е така, затоа што преку телевизорот можеш само

да переш мозок, но не и да го

обезбедиш опстанокот на

некого. Младите брачни парови, нормално се плашат да го

прошират своето семејство,

затоа што и тие самите и покрај

тоа што работат, едвај го поминуваат месецот. Уште

потрагично е ако и двајцата се

невработени или пак живеат од

една плата. Да, од градината

нема да останат гладни, ама дете не се чува само на домати

и краставици. Со скромните

плати, што масовно се делат во

Македонија, е тешко дури пелени да купиш за цел месец,

а не за друго да ти остане. Се

додека нашиот народ тоне во

сиромаштија, Македонците ќе ги снемува! Македонија не е вечна

драги мои... Македонија ќе

постои сè додека се раѓаат

Македончиња.

Никогаш не е доцна Поголема едукација за

работење со даночни прашања ќе добијат вработените од

Управата за јавни приходи, од

државни институции, како и

даночните обврзници во новата

Даночна академија на УЈП. Почетокот со работа го означија

вицепремиерот и министер за

финансии Зоран Ставрески и

директорот на УЈП Горан Трајковски, кои потпишаа

повелба за функционирање на

академијата. Според

планираното, од 2013 година академијата треба да прерасне

и во регионален центар за

едукација и обуки на даночните

работници. - Фактот што даночната

академија ќе спроведува обуки

и на соседните земји, покажува

дека угледот на УЈП во меѓународните институции и во

јавноста е сè поголем и оти

кредибилитетот што беше

изграден во изминатите години, овозможува да прераснеме во

институција која предничи со

квалитетот во регионот - оцени

вицепремиерот Ставрески.

Вака кога ќе ти се презентираат

работите, сè е само мед и

млеко. Не само што самите ние сме најдобри, туку ќе ги учиме

и останатите соседи како треба

да се работи. 2013 година ќе

дојде многу брзо, имаме трпение да видиме дали ќе се

соберат повеќе пари од даноци.

Анима мунди- во чекор напред Со перформанс, симулација на

гробови на животни и некролози

излепени по канделабрите

околу плоштадот и на садовите

Page 8: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

за отпадоци, Здружението за

заштита на животните „Анима

мунди“, на плоштадот Македонија ја одбележа

неделата против носењето

крзно.

Со паролите „Тепани, давени, одрани живи - Бараме

Македонија без крзно“, „Kажи

му не на носењето крзно“,

„Kрзното е убиство“, се спротивставија на

мултимилионската индустрија

која се занимава со оваа

дејност.

На граѓаните им порачаа да ги

бојкотираат производите, а од

надлежното Министерство за

земјоделство, шумарство и водостопанство, поточно од

Агенцијата за храна и

ветеринарство, апелираа да се

забрани со закон одгледувањето животни за

ваков вид производство.

Учесниците наведоа дека тоа е

случај во Србија, Хрватска,

Босна, Црна Гора и пошироко во Европа.

Според анкетите спроведени од

ова здружение, 60 до 70% од

македонските граѓани носат крзно или барем имаат некое

парче крзно во своите плакари.

Студени ни се зимите, па да се

згрееме, кој како ќе стаса. Не се

во мода веќе препарираните лисици, наместо шал, кои ги

застрашуваа малите деца. Тоа е

исто како да ве гушнала мала

мечка, како да се шетате со змија околу врат, како да се

натпреварувате со останатите

од женски пол - мене зајачко ме

топли, а тебе?

13-ти Таксират нè снајде Годинава, ќе биде возбудлив

лајнапот на „Таксират 13”, особено ѕвездите на главната

вечер „Каизер чифс”, кои

јавноста ги знае по хитот

„Ruby”. Во моментов тие се еден од

најпопуларните англискиот

инди рок состави, кои на 3

декември пред македонската

публика ќе настапат со нивните брзи и енергични хитови...

Британските инди ѕвезди

„Кајзер чифс“ ќе настапат како

главни хедлајнери на

овогодинешниот Таксират кој ќе

се случи на 3 декември во скопската Метрополис арена.

Популарниот англиски бенд,

како дел од големата светска

инди тројка, заедно со „Франц Фердинанд“ и „Арктик манкиз“,

Page 9: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

доаѓа во Скопје за првпат,

промовирајќи го нивниот „бест

оф“ опус. Покрај „Кајзер чифс“, истата

вечер ќе настапат и нашите

рокенрол ѕвезди „Т.Б. Трачери“,

кои покрај задолжителните хитови на Таксират ќе го свират

и нивниот нов, долгоочекуван

албум „Кинки во нервозна

џунгла“. Настојувањата на Таксират да промовира

македонски состав кој има нов

албум за промоција, како и

подолго време концертно

„ненастапување“, оваа година

се реализираа токму во

„Трачери“. Одличен избор, секој што се

пронаоѓа во овој вид на забава,

слободно нека си го исполни

слободното време.

Page 10: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

Елена Павловска

Каде заглавија на патот кон ЕУ?

Прашањето околу идното проширување на Европската

Унија, теоретски е отворено за

секоја држава која се наоѓа на

европскиот континент, која е демократска, земја во која

функционира организацијата

на слободен пазар и земја која е

подготвена да ги спроведе сите претходни закони, кои ги налага

законодавното тело на ЕУ.

Сепак, дали една земја ќе

пристапи кон Унијата е предмет,

кој се оценува од страна на институциите на ЕУ.

Во моментот постојат пет

потенцијални кандидати за членство во Унијата: Хрватска,

Македонија, Турција, Црна Гора,

Србија. Од нив, само Хрватска

ги има започнато преговорите,

кои се финишираат и се очекува дека до крајот на годината, таа

ќе го потпише пристапниот

договор. Три земји од Западен

Балкан го имаат потпишано Договорот за стабилизација и

асоцијација (ДСА), кој влегол во

сила за Албанија,

Хрватска и Македонија. Неоспорен факт е дека земјите

од Западен Балкан се приоритет

за Европската Унија. За земјите

од Источна Европа, Хедер

Граби од Центарот за европски реформи рекол: „Белорусија е

премногу авторитарна,

Молдавија премногу сиромашна,

Украина премногу голема, а Русија премногу страшна за ЕУ,

која би требало да размисли за

понудата за нејзино членство во

кое било време.“ Па, сегашната програма за проширување на

Европската Унија, главно е

насочена во поглед

на Турција, Западен

Балкан и Исланд.

Турција – најголемиот

предизвик за ЕУ Турција има долгогодишни

преговори со ЕУ, но преговорите се очекуваат да траат уште

многу години и не се верува

дека Турција наскоро ќе стане

членка на ЕУ. Статусот на Турција во однос на

нејзиното приклучување кон ЕУ,

во последните години е едно од

најделикатните и најсериозните

противречности во последните години. Преговорите за

зачленување во ЕУ, Турција ги

започнала дури во 1987 година.

Во текот на историјата, по десетте земји, основачи на ЕУ,

Турција била една од првите

земји која станала член на

Советот на Европа во 1949 година. Исто така, Турција

била една од основачите на

Организацијата за безбедност и

соработка на Европа во

1973 година и Организацијата за економска соработка и

развој во 1961 година. Од 1992

година земјата е член на т.н.

Западноевропска унија.

Page 11: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Во 1995 година, земјата

потпишала царински договор за соработка со Европската Унија.

Во 1999 година Турција формално била признаена како

земја кандидат за членство во

ЕУ на самитот на Советот на

Европа, во Хелсинки. Преговорите службено

започнале во 2005 година,

заедно со Хрватска. Но,

аналитичарите сметаат дека и покрај сето ова, Турција е

далеку од ЕУ и покрај тоа што

неоспорен е фактот дека оваа

земја е многу битна економска и

стратешка сила. Турција денес има седма

економија (по големина) во

Советот на Европа и е

петнаесетта во светот по големина.

Голем број на поддржувачите на

земјата кон нејзиното

приклучување во ЕУ, сметаат дека Турција претставува

клучна регионална сила со

голема и развиена економија и

втората по големина, воена сила во НАТО. Нејзиното

приклучување во ЕУ, според

нејзините поддржувачи, би

означувало засилување на

позициите на ЕУ - како глобален геостратегиски играч. Турција е

земја која, поради својата

местоположба има големо политичко, економско, културно

и историско значење за

регионот.

Поддржувачите исто така сметаат дека, Турција

исполнува голем дел од

условите за приклучување.

Некои тврдат дека ЕУ повеќе нема да може да ѝ откаже на

Турција, бидејќи таа имала

откриена кандидатура која трае

веќе 40 години, а од друга

страна пак во земјата се подобриле правата на човекот.

Што е тоа што ја кочи Турција

на нејзиниот пат? И покрај сите

овие неоспорени факти, сепак, најголеми противници против

зачленувањето на Турција во ЕУ

се Франција и Германија, на

чело со Никола Саркози и Ангела Меркел.

Противниците тврдат дека

Турција сè уште не ги почитува основните принципи за

една либерална

демокатија, како и слободата на

изразување. Проблем за Германија исто така е и

големата популација на Турција,

која во голема мера ќе ја

промени структурата на

европските институции. Доколу Турција стане дел од

европското семејство, таа со

Page 12: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

своите 70 милиони жители, ќе

биде втората најголема земја во Европскиот

парламент, според број на

пратеници. Демографските

прогнози пресметуваат дека Турција ќе ја надмине

Германија, според бројот на

парламентарците

до 2020 година. Доколку Турција биде дел од ЕУ, во тој

случај би се отворило

прашањето околу идното

приклучување на Мароко во ЕУ.

Сепак, според поголем број на набљудувачи, планот околу

Мароко е отфрлен главно

поради географските причини,

за разлика од Турција која делумно се наоѓа во Европа.

Сепак, можеби најголемиот

проблем на Турција

е Кипарското прашање. Островот е разделен на два

дела, од кој едниот е член на

ЕУ, а во другиот живеат

Кипарски Турци, со своја самопризнаена држава. Турција

не го признава Кипар од една

страна, а од друга страна

пак, северен Кипар не е признат

од голем број на земји во светот. Во 2006 година,

претседателот на ООН, Кофи

Анан направил план за

обединување на островот. Сепак, за разлика од северот,

југот не се согласил на

референдум и истиот план бил

одбиен. Турција е предизвик за земјите членки на ЕУ. На сите

им е јасна нејзината сила и

можности од кои би имало

позитивен ефект врз целата

Унија, но сепак, пречка се внатрешните реформи и

надворешните влијанија на

земјата.

Хрватска- на прагот на

ЕУ Хрватска аплицирала за членство во ЕУ во 2003 година,

а како официјален кандидат

Европската комисија ѝ доделила

статус - следната 2004 година. Кандидатскиот статус на

Хрватска ѝ бил доделен од

страна на Европскиот совет во

средината на 2004 година, како и датум за започнување на

преговорите за влез во Унијата.

Првично започнувањето на

преговорите било закажано

за 2005 година, но истите биле одложени за една година. По

отворањето на преговорите за

пристапување кон Унијата на 3

октомври 2005 година, процесот бил завршен на 18

октомври 2006 година.

Преговорите биле во застој

односно стопирани, по

блокадата на Словенија поради

граничниот спор помеѓу двете земји. По едногодишните

преговори, во септември

2009 година, Словенија

изјавила дека ќе ја повлече

блокадата, без оглед на тоа што не е најдено идеално решение

околу спорот на границата. Така

Хрватска ги продолжила

преговорите со ЕУ. Се очекува Хрватска да го потпише

пристапниот договор кон

Унијата, на следниот самит на

Page 13: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

ЕУ, кој ќе се одржи на 9

декмври, оваа година. По Словенија, Хрватска е

втората земја од

поранешната Југославија, која

се обновила, односно, модернизирала според

европските стандарди. Во

поглед на некои земји

од Источна Европа, Хрватска има стабилна економија,

подобри статистички податоци

во однос на Бугарија и

Романија, како и БДП по глава

на жител.

Спорот со името - пречка

за Македонија? Македонија аплицирала за

членство во ЕУ на 22 март 2004 година. На 17

декември 2005 година,

Претседателството

на Европскиот совет во Брисел на Македонија ѝ доделил

статус на кандидат за членство

во Европската Унија. Сепак,

датум за започнување на преговори со ЕУ, Република

Македонија сè уште не добила.

Македонија по конфликтот

од 2001 година, денес мирот го

одржува главно поради спроведувањето на Охридскиот

договор, според кој етничките

Албанци добија големо

автономно управување. И покрај тоа што, премиерот

Никола Груевски изјавуваше

дека земјата ќе биде спремена

да се приклучи кон Унијата во 2012 или 2013 година, сепак,

ЕУ не се сложува околу

наведениот период. На 17

декември 2005 година,

Европскиот совет ја поздрави земјата за нејзините

достигнувања во

спроведувањето на поголем број

на реформи (Критериумите од Копенхаген, Стабилизација и

асоцијација, Охридскиот

договор). Најголемиот проблем

на земјата околу започнувањето на преговори со ЕУ, е спорот со

името со соседна Грција. Грција

го отфрла името Македонија

бидејќи според неа, тоа имплицирало територијални

амбиции кон сопствената

територија на Грција, односно,

северниот дел на провинцијата

Македонија. Поради тоа, ЕУ земјата ја нарекува „Поранешна

Југословенска Република

Македонија“ (ФИРОМ).

Решавањето на проблемот со името стана услов за

пристапување кон Унијата.

Грција, постојано потврдува

дека ќе го искористи своето

право да го блокира пристапот,

без претходно да биде најдено решение, односно изјавува дека

ќе употреби вето, исто како што

го употребила при блокадата на

земјата за влез во НАТО пактот. Други позначајни тешкотии со

кои се среќава Република

Македонија е остварувањето на

европски стандарди на владеење на правото и

економијата како и слободата

на медиумите.

Page 14: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

Албанија- недоволна

економска и политичка

сигурност Албанија е првата земја

официјално признаена како

потенцијална земја за кандидат

за членство во ЕУ. Земјата

во 2006 година го потпиша договорот за асоцијација и

стабилизација. Но и покрај тоа,

примањето на Албанија во ЕУ

зависи главно од нејзината економска и политичка

сигурност. Официјално Албанија

поднела кандидатура во 2009

година. Советот на ЕУ посакал од Европската комисија да

изработи, односно да даде

оценка за подготвеноста на

Албанија за започнување на преговори со ЕУ. На 16

декември 2009 година,

Европската комисија го издала

прашалникот за Албанија, а

земјата во февруари одговорила на 7 од 35 главни прашања.

Лани, Европската комисија ја

одби апликацијата за членство

на Тирана. Неименуван дипломат на ЕУ за АФП оценува

дека во Албанија „не постои

култура на консензус и

компромис“.

Црна Гора со забрзани

чекори По успешниот референдум за

независност на 21

мај 2006 година, Црна Гора стана независна држава и

како официјална валута го

користи еврото.

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи

на Луксембург, Жан

Аселборн изјавил дека

наредната земја од регионот која по Хрватска ќе стане

полноправна членка на

Европската Унија, е Црна Гора. Земјата официјално на 15

декември 2008 година побарала

да стане земја кандидат за

членство во ЕУ. Европската комисија прашалникот на Црна

Гора го доставил на 22

јули 2009 година, а на 9

декември 2009 година земјата даде одговор на прашалникот.

Неодамна Црна Гора го доби

статусот кандидат. Очигледно е

дека таа со забрзани чекори се

движи кон семејството на ЕУ.

Србија- прво Косово, па

европски клуч Србија, по распаѓањето на

сојузот со Црна Гора, започна преговори околу можното

членство на земјата во ЕУ.

На 29 април 2008 година,

земјата го потпиша договорот за асоцијација и стабилизација со

ЕУ. По ова, српскиот

претседател побара Србија да

стане официјален кандидат за членство во ЕУ, кон крајот

на 2008 година.

Сепак, Холандија откажа да го

ратификува договорот сè додека

не биде испорачан Ратко Младиќ пред судот во Хаг. Во

почетокот на 2009 година

земјата започна да ги исполнува

главните барања од ЕУ.

Page 15: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

И покрај неуспесите во областа на политиката, Србија добила

на 19 декември безвизен режим

и официјално, дала молба за

членство на 22 декември 2009 година. Неодамна и Србија

доби статус на кандидат и успеа

да го испорача Ратко Младиќ на

хашкиот трибунал, но сепак, најголем проблем за Србија е

нејзиниот однос кон Косово,

како и нејзината вмешаност во

етничките конфликти во

северно Косово. Некои европски претставници мислат дека

Србија треба да го признае

Косово, пред да се приклучи

кон Унијата, но српските власти подвлекуваат дека со оглед на

тоа дека сите европски земји не

го признаа Косово, тоа според

нив значи дека Србија може да стане членка на ЕУ, а да не го

признае Косово. Србија се

надеваше дека ќе биде

наградена поради апсењето на двајцата обвинети од Хашкиот

трибунал, но надежите дека

наградата ќе биде добивање

датум за почеток на преговори,

згаснаа по немирите на северот на Косово и одлуката да се

забрани одржувањето на геј-

парадата во Белград. Од Србија,

според овогодишниот извештај, се бара да покаже

„поконструктивен однос кон

Косово“.

Босна и Херцеговина со

неспроведени реформи Босна и Херцеговина сè уште се

соочува со големи економски и

политички проблеми.

Преговорите на земјата за стабилизација и асоцијација

започнале во 2005 година, а

требало да бидат завршени

во 2007 година. Но, поради неспроведените реформи во

полицијата, роковите за

членство биле продолжени до

2008 година. Договорот за стабилизација и асоцијација

земјата го потпишала на

4 декември 2007 година. Во

Босна и Херцеговина и воопшто да немаат илузии за напредок

кон Унијата, поради застојот во

реформите. Оваа година

босанските аналитичари и

политичари очекува и дочекаа негативен извештај од

Комисијата, имајќи предвид

дека веќе втора година -

Сараево е без централна влада.

Косово далеку од ЕУ Единствената пречка засега за

присоединувањето на Косово во

ЕУ е нејзината успешна декларација за независност

од 2008 година. Независноста

на земјата не е признаена

единствено од Шпанија, Словачка, Кипар,

Романија и Грција, како членки

на ЕУ. Високиот претставник на

Европската Унија за надворешна политика, Кетрин Ештон,

изјавила дека, иако сите земји

членки на Унијата не го

признале Косово, сепак

постоела согласност дека Косово и регионот имаат

европска перспектива.

Page 16: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Покрај Црна Гора, и Косово

како своја официјална валута го користи еврото. Европската

комисија, во својот годишен

извештај за напредокот на

земјите кандидати и потенцијални кандидати,

изјавила дека Косово се наоѓа

пред голем предизвик. Според

комисијата, земјата треба многу бргу да се справи со

корупцијата и организираниот

криминал, заштита на српското

малцинство, изгласување на

европски закони и т.н. Политичкиот свет во Косово

очекуваат земјата во ЕУ да се

приклучи во 2015 година. Но,

сепак пет земји-членки на ЕУ не ја признаваат независноста на

Приштина, па земјата не може

да бара членство. Најмногу што

можеше Косово е, оваа година, да добие безвизен режим.

Следи потежок и

покомплициран пат Хрватското членство во ЕУ е сè поизвесна и објективна

реалност, иако не е позитивно

тоа што другите земји од

Западен Балкан заостануваат,

сепак тоа значи „отворена врата на регионот кон Европа. Според

Жозе Мануел Барозо, влезот на

Хрватска во ЕУ покажува дека

доколку се исполнат најважните услови, секоја земја од регионот

може да биде кандидат и

подоцна да влезе во Унијата.

Но, кога Европската Комисија ги објавува годишните извештаи за

напредокот, земјите од

Западниот Балкан можат да се

надеваат само на мали чекори

напред, бидејќи станува сè појасно дека процесот на

проширување ќе биде бавен.

Паралелно со ширењето на

економската криза во Европа, паѓа и поддршката за ЕУ-

интеграцијата во мнозинството

земји од Западниот Балкан,

иако мнозинството и натаму се согласни дека друга

алтернатива нема. По влезот на

Хрватска, аналитичарите

очекуваат дека ќе минат години, пред некоја друга

балканска земја да ѝ се

приклучи на Унијата.

Причината лежи пред сè во

финансиската криза, но и во

лошите искуства од претходните

проширувања. Во исто време,

земјите од Западен Балкан имаат сè потежок пат кон ЕУ,

бидејќи процесот станува

покомплициран.

Во Брисел нагласуваат дека европскиот пат на Хрватска,

која до крајот на годинава би

требала да го потпише

пристапниот договор со ЕУ, бил потежок во однос на

претходниот бран

проширувања, но и дека ќе

биде уште покомплициран за други земји од Западен Балкан,

кои одат по патот на

приближување кон ЕУ. Но, Иван

Вејвода, српски дипломат и

аналитичар, кој работи за Германскиот Маршалов Фонд,

Page 17: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

вели дека дури и најмалите

чекори напред се многу важни. „Да се одржи динамиката кон

ЕУ, дури и ако напредуваме за

милиметри, е многу важно за

оние кои ги туркаат реформите“, вели Вејвода.

Page 18: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Славица Ѓоргиева

ЕУ ни ја покажува насоката, но патот е наш Кризата во Евроленд ја разниша

довербата во институцијата која

треба да е куче- чувар на

своите членки. Манипулацијата со слабите и непотполни

информации, како и низата

експерти кои изникнаа како

полжави после дожд, го зголеми скептицизмот меѓу земјите кои

се подготвуваа за големиот

евро-влез. Да се продолжи со

подготовките или не, прашање е

сега...

Очекувањата Владите на Западен Балкан

наголемо се подготвуваат за што побрз прием во големото

европско семејство. Реформи,

закони, измени... Трчат по

големите конференции, се

умилкуваат на големите пратеници и држат големи

говори. И сето тоа со надеж

дека омилената тетка ЕУ, ќе ни

тропне на врата, со новогодишни пакетчиња во кои

се решенијата за сите наши

проблеми.

Во нашите очекувања, неретко се споредуваме со нашиот

источен сосед. Па така,

бројните ЈУ-носталгичари знаат

да искоментираат како од

Бугарија се враќале со полни

торбишта облека и храна. Дел

за себе, дел за комшиите. А да, и како тоа ние сме биле

понапредни, и како Бугарите

учеле од нас и нѐ надминале...

Епа нѐ надминале, кога си ги увиделе потенцијалите и

сфатиле како можат да си ги

искористат во евро-

преговорите.

Ако ја исклучиме Грција, Бугарија и Романија се

единствените балкански земји-

членки на ЕУ. (Словенија веќе

одамна ја раскина својата релејшншип со Балканот).

Сепак, и денес, четири години

откако се приклучија на

европското семејство,

стигнуваат критики на нивна адреса. Корупција на ниво.

Безбедност под ниво.

Ова доаѓа оттаму што, ЕУ ги

нуди условите, но не си ги валка сама рацете. ЕУ нуди

фондови за подобрување на

инфраструктура. Но тоа не ја

принуди да се фати за асфалтот и да ги поправи бугарските

автопати. Нуди цврсти закони за

Page 19: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

заштита на правата на

граѓаните, но нема да ја замени романската полиција во

бркањето на ситните крадци.

Можеби тетка ЕУ не носи

решение за сите проблеми, но дефинитивно носи лекови за

нивно постепено ублажување.

За пример, фактите говорат

дека благосотојбата на нашиот источен сосед доста се

подобрила по фамозната 2007-

ма. Во периодот кога

интензивно се чекореше кон

пристапот во ЕУ, сиромаштијата се намалила за 5%, за нецели

четири години. И тоа не се

бришење од список, туку со

вистински вработувања. Ама кој би знаел да каже дали тоа пали

секаде, или само кај тие што

работат во таа насока...

Каде е Македонија? Според анкетите и анализите,

Македонија е цвеќе за

мирисање во споредба со

Бугарија и Романија. А сепак, се мачи и се препотува и никако

да стигне до жолто-синиот клуч.

Во што е македонскиот

проблем? Пред сѐ, партиската битка за

успех. Македонските партии

душа си извадија фалејќи се кој

ја потерал работата нанапред, а

кој ја вратил назад. Наместо заеднички да ги здружат силите

(бидејќи нели, неколку глави

мислеле подобро од една)

упорно „скриено“ промовираат нови и сè подлабоки јазли. Исто

е и со поплочениот пат кон

ѕвездите – едните сакале да

одат по него, за другите бил премногу поплочен, за третите

бил изграден во погрешен

правец.

Реформите во судството, стоп за

„котењето“ на јавната администрација, и право на

кирично новинарство се

термините кои ги користат

европските пристапни труби. Но џабе, кога нашиве водачи си

ставиле тампони во ушите и

последното што го слушнале е

дека наша главна пречка за напредок е инаетот кој го

водиме со јужниот сосед.

Како понатаму? И мало дете знае дека она што ја движи Европската Унија

напред, е нормално,

економскиот интерес. Бугарија

го има излезот на Црното Море и близината со Азија. Ги има

пристаништата кои и требаат на

Европа. Македонија нема

пристаништа. Нема пари (зошто

инаку би се задолжувале секаде каде што ни се може?). Нема

нафта. Тогаш, што има? Што е

тоа што Македонија би можела

да ѝ понуди на тетка ЕУ, а што го немаат другите? Што е тоа

што би го привлекло

вниманието и би ги забрзало

пристапните преговори?..

Ве оставам во размислувања. А

за крај, дозволете ми само да ве

потсетам дека ЕУ ќе ни ја покаже насоката, но ние сме тие

Page 20: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

што треба да го изградиме

патот, и да зачекориме кон него...

Page 21: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

Сања Костадиновска

Европско образование Живееме во држава која веќе

дваесет години е во фаза на

транзиција. Секојдневно на

нашите медиуми, телевизиски или радиски, слушаме дека ние

сме земја во која условите за

живот го достигнале степенот на

европски. Веќе подолг период,

наша цел ни е да влеземе во НАТО и во Европската унија.

Велат дека ако сме членка на

истите, животот ќе ни биде

подобрен уште повеќе. Во овој контекст, сакам да

направам мала анализа на

образованието во нашата

држава за кое се стремиме да биде европско, која можеби е

една од најпопуларните теми

кај нас. Да почнам од основното

образование.

Во изминатите неколку години,

евидентно е дека кога ќе се

наближи почетокот на учебната година, малите ученици сè уште

немаат книги. Годината ја

почнуваат без нив. Одат во

училиште само со тетратки, моливче и гума. И, додека тие

лекциите ги пишуваат, на

медиумите ги гледаме

политичарите кои си ја

префрлуваат вината едни на

други, дали на авторите, дали

на печатниците. А, сите

настојуваме да учиме европски. На учениците во Европа,

лекциите не им се предаваат

класично, таму нема наставници

на кои би им биле доволни

десет минути од часот за да ја предадат лекцијата, а остатокот

од истиот да го искористат за да

испрашуваат. Секогаш часовите

им се различни, секој нов час е исполнет со различна

активност. Таму малите ученици

учат преку взаемна

комуникација со наставниците и нивните соученици. Во секое

училиште постои педагог,

психолог, социјален работник,

кои секогаш и во секое време

им се достапни на самите ученици. Учениците тука немаат

таква можност, а и не се

информирани како да дојдат до

полесно знаење. И, во средното образование

ситуацијата е иста во односите

помеѓу учениците и

професорите. Од неодамна, овој степен на образование е

задолжителен. Секој кој ќе

заврши основно мора да се

запише и во средно образование. Ако некој не може

да се запише во средно треба

да плати казна на државата. Но,

како да ја платат оние семејства

кои не можат да си го дозволат тоа? Тие се оние кои немаат

доволно финансиски средства

да одвојат за нивното дете и да

му овозможат да го заврши истото. Трошоците се

Page 22: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

преголеми, потребно е да се

издвојат средства за книги, за

автобуски превоз и за уште многу други работи. Можеби е

потребно да се даде соодветна

поддршка за овие лица, за да

им биде достапно средното образование подеднакво како и

на другите. Потребно е да се

направат дополнителни напори

за да се насочи основното и средното образование кон

европското.

Во однос на високото

образование, кај нас, многу

млади лица сакаат да завршат

факултет. Во високото образование, за разлика од

основното и средното,

европскиот начин на студирање

полека почнува да се реализира

и кај нас. Владата прави напори за полесен пристап на виското

образование преку отворање на

повеќе дисперзирани факултети

за луѓето кои немаат средства, а сакаат да завршат факултет.

Постојат државни и приватни

високо-образовни институции,

значи на младите луѓе им се дава право на избор. И покрај

тоа што се поставува

прашањето дали е битен

квалитетот или квантитетот, тоа

е сепак друга дискусија.

Студирањето е преку разни

активности, преку пракси на

кои на студентите им е дозволено да се доближат

поблиску до материјата која се

изучува. Но, сепак повторно тие

не се достапни за секој слој на населението. Самата

партиципација која ја имаат

факултетите ги ограничува

матурантите, и не се достапни за секој кој има желба да

студира европски и поблиску да

се доближи до Европа.

Сите ние се стремиме да го прошируваме знаењето, сакаме

да бидеме европски академски

граѓани да имаме услови и тоа

истото да го изреализираме на

ваков или таков начин. Нашето знаење да го преточиме во

искуство. И сите како и јас да

бидеме среќни што живееме во

држава каква што е нашата. Некој не случајно рекол: Не е

образован оној што чита книги,

туку оној што знае што чит

Page 23: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

Елена Николовска

Не е лесно да си мал Работите и успехот секогаш биле потешки за достигнување во

малите неразвиени држави.

Меѓутоа не и невозможни.

Балканот уште од самиот почеток на развој и раст на Европската

Унија се двоумеше дали на неа

да гледа како на нешто

позитивно или негативно. На крајот повеќето држави од

Балканот решија дека би било

многу подобро да си дел од

нешто поголемо отколку малечок и сам.

И се беше добро на почетокот. Но, карактерот на луѓето од

Балканот и нивната традиција е

далеку поразлична од оние на

северните држави. Луѓето се поблиски, потопли со посилен

темперамент. Одеднаш тие

требаше да се навикнат да ги

произведуваат своите посеви на европски начин, да ја

подготвуваат својата храна на

различен начин од оној кој со

векови им бил предаван од

колено на колено. Требаше и да станат поладни со соседите.

Исчезна можноста за купување

„на рабуш“, помина времето кога ветувањето „утре ќе ти платам“

имаше вредност.

Кај топлиот балкански народ

започна да се развива чувство на незадоволство од ЕУ и како

работите таму стојат. Ова

незадоволство сè уште расте.

Македонија се стреми да стане дел од ЕУ, меѓутоа на

македонскиот народ не му се

допаѓа менување на начинот на

кој тие си ги вршат работите. Ова

е најголемиот проблем. Можеби дури и поголем од стравот дека

ќе ни се случи истото што и се

случи на Бугарија по влезот во

ЕУ, цените станаа европски, а платите им останаа бугарски.

И токму затоа во земјите од

Балканот владее некое општо

чувство на неверување и незадоволство од ЕУ. Ова можеби

и поради фактот дека гордоста на

традиционалниот балкански

народ се плаши од секакви промени и сè што е ново и

непознато, па и на некој начин

има одбивност и не гледа

потреба повеќе да се информира

за Унијата.

Page 24: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

Можеби општото незадоволство

од ЕУ ќе се надмине доколку

Унијата попушти пред познатата балканска традиција и им

дозволи на балканците да си го

прават тавче-гравчето во старите

земјени садови и векови старите глинени фурни... Но, дали

големата унија е подготвена да

направи отстапки од своите

цврсти стандарди?..

Page 25: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

Симона Митровска

Оптимизам vs скептицизам во ЕУ

Кризата во Грција е најактуелна тема во изминативе неколку

месеци. Санкциите кои се

преземени од страна на владата

за спас на економијата, се фатални за целото население во

државата. Скептицизмот и

недовербата на граѓаните се сè

поголеми, поради промената на начинот на живот и негледањето

на перспектива во блиска

идинина. Големиот број

отпуштања од работните места,

намалувањето на пензиите и зголемувањето на старосната

граница за нивно добивање,

намалување на субвенциите,

социјалната помош и сè останато, предизвика зголемување на

криминалот и самоубиствата во

земјата. Каде, во сето ова, би

виделе барем трошка оптимизам? Скептицизмот можеме да го

видиме и во очите на земјите

членки на Европската Унија, како

и во земјите кои чекаат за влез во истата, поради колапсот во

Грција, што е и логично бидејќи

Европа некогаш се сметаше за

цврст ланец, на кој полека

почнаа да му се откинуваат алките! Конфузно е прашањето

околу тоа - на кого повеќе влијае

моменталната финансиска

нестабилност во ЕУ, на постојаните земји членки или пак

на земјите кандидати, кои главно

доаѓаат од западен Балкан.

Земјите членки, што и да се случи, се под нејзина закрила и

истата не би дозволила пропаст

на некоја од нив, додека земјите кои не се во Европска Унија, ја

трпат кризата која можеби е исто

толку тешка како и за земјите

членки но, за разлика од нив, немаат никаква заштита и

поддршка.

Kултот за совршенство во ЕУ од

ден на ден сè повеќе се губи, а него го заменуваат

сиромаштијата, двоумењето и

можноста за нејзин распад.

Единствено оптимистичко во

целата оваа приказна е наоѓањето на утеха и лична

сатисфакција во несреќата на

соседот. Иако стапот го

чувствуваме и на наш грб, гледано од национален аспект,

срцето е полно - ама желудникот

ќе остане празен!!!

Page 26: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 26

Стаменче Серафимова

Кина - единствениот спас за Европа Инфлацијата во 17 земји, кои како валута го користат еврото

(Eврозоната), во ноември oстана

на високо ниво од 3%, како и во

претходните два месеца, соопшти

Статистичката агенција на Европската унија (ЕУ), Евростат.

Аналитичарите очекуваат дека

Европската централна банка

(ЕЦБ) ќе ја намали основната каматна стапка за 0,25 поени на

1%, поради влошување на

должничката криза.

Невработеноста во 17-те земји членки на Eврозоната исто така

остана на рекордно ниво од

10,3%, покажуваат објавените

официјални податоци.

Европската статистичка агенција „Евростат“, наведува дека во

оптоварената со долг Еврозона,

која се движи кон рецесија, без

работа се речиси 16,3 милиони луѓе, со што нивниот број е

зголемен за 126.000 во однос на

септември.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во октомври

беше поголема од првично

предвидените 10,2%.

Невработеноста во октомври е зголемена и во пошироката

Европска Унија (од 27-члена),

достигнувајќи 9,8%, во однос на

9,7% од претходниот месец. Во

ЕУ минатиот месец без работа биле 23,6 милиони луѓе, што е за

130.000 повеќе во однос на

септември.

Највисока стапка на невработеност е забележана во

Шпанија, каде во октомври е

зголемена на 22,8%, од 20,5% во

истиот месец минатата година. Грција, која се соочува со

должничка криза,

невработеноста во август е

зголемена на 18,3%, од 12,9% истиот период, минатата година.

Најниска стапка на

невработеност во октомври има

Австрија, со 4,1%, потоа

Луксембугр со 4,7% и Холандија со 4,8%.

Оваа драматичната финансиска

криза во Еврозоната, повторно ја

отвори темата за промена на глобалната рамнотежа и моќ.

Додека пред половина век

Европа беше зависна од

Page 27: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 27

приливот на американски

капитал, денес сè повеќе се

свртува кон кинескиот џин. Од револуцијата до економска

суперсила, општиот напредок и

развојот на Кина беше долг и

трнлив. И додека во 1911 година Европејците носеле пари во

Пекинг, лидерите на Европската

Унија денес одат во Кина,

барајќи средства за спас на Еврозоната.

Втората, по големина економија

во светот, е подготвена да им

помогне на Европејците, но помошта која ја нуди Пекинг не е

безусловна. Прашање е дали

Европа може да ги задоволи

барањата на Кина. Директорот на

Европскиот стабилизациски фонд, Клаус Реглинг вели дека

кинеските девизни резерви

растат секој месец и дека тие

некаде мора да се инвестираат. - Пекинг бара атрактивни

можности за инвестирање, а

обврзниците на Европскиот фонд

се токму такви, вели Реглинг. Под притисок на должничката

криза, лидерите на ЕУ се

одлучија да го зголемат

европскиот фонд за финансиска

стабилност на 1000 милијарди евра, но пари на повидок засега

нема.

Земјите на БРИК се подготвени да

помогнат. Кина посебно е заинтересирана, бидејќи не сака

да ѝ пропадне главниот извозен

пазар.

Хонг Леи од кинеското Министерство за надворешни

работи, вели дека Кина постојано

ја истакнува важноста на еврото

и развојот на Еврозоната и дека

секогаш верувале во способноста

на Европската Унија да ја реши сегашната криза.

Било да зборуваме за минатото,

сегашноста или иднината, Кина

секогаш ќе биде важен инвеститор на европскиот

финансиски пазар, вели Леи.

Кинеските девизни резерви се

најголеми во светот, надминуваат 3.200 милијарди долари.

Меѓутоа, Пекинг не сака да

ризикува да инвестира пари во

несигурни пазари. Економистот - Владимир Круљ

вели дека Кина сигурно ќе бара

цврсти државни гаранции за

помош, за да не им се случи

состојбата од 2008 година, кога нивниот инвестициски државен

фонд ги купи акциите на „Морган

Стенли“ и „Блек Стоун“ и целосно

изгуби на тие акции. - Тие, тој ризик нема да си го

дозволат повторно. Од друга

страна, на Кина ѝ е важно

Еврозоната да се извлече од рецесијата, бидејќи таа за Кина е

од круцијално значење.

Основното прашање е што ќе се

случи во следните шест месеци.

Се очекува дека Кинезите уште повеќе ќе инсистираат на

преговори со Европската Унија,

за да обезбедат пазар за себе,

вели Круљ. За разлика од водечките

европски економии, чиј

стопански раст се движи за околу

1%, кинеската економија и натаму неприкосновено води на

светската листа со раст повисок

од 9%. Самиот раст не значи

Page 28: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 28

многу, бидејќи без стабилен

европски пазар и силна куповна

моќ на Европејците и на Кинезите драстично ќе им се

стесни просторот за пласман на

стока, врз основа, на кој

изградија ново царство.

Page 29: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 МАКЕДОНИЈА страна 29

Светлана Пеншовски

Една шлаканица и крај на програмата

Овие денови, актуелна тема за македонската јавност- беше

линчувањето на еден просветен

работник. На кратко, приказната

е следнава: децата во едно средно скопско училиште си

имале час, каде што едно дете не

дозволувало да се реализира

часот, како што бил предвиден по редовно планирање. Зошто?

Затоа што му се смеело многу!

Откако бил опоменат неколку

пати од страна на професорот,

ученикот без око да му трепне, си го продолжил мотото - да си

помине забавно додека е на

училиште. Кулминативниот

момент е шлаканицата упатена од професорот до ученикот, како

краен метод, по сите употребени

средства и начини на смирување.

До тука, сме објективни. Меѓутоа, како ја прикажаа новинарите

оваа случка?

Медиуми VS вистината Се објавија вести, каде што акцент беше ставен на фразата

„наставник нападнал ученик“,

„професор физички се

пресметал со ученик“, „наставник со шлаканици

спроведува ред на часот“... Кога

ќе го прочитате сето ова,

добивате впечаток дека се работи за настан, каде што

професорот имал хебла во

рацете, како да му ги искршил

коските на ученикот, како да го расчеречил со заби, како да било

ситуација Давид и Голијат... А

тоа, воопшто не е така.

Има неколку начини како да се

воведува ред за време на предавањата, меѓутоа, доколку и

тие не помогнат, физичката сила

не смее да биде последната

акција за решавање на проблемот. Од друга страна пак,

родителите пропуштиле 15-ина

години воспитување, па

очекуваат некој со 40 минути, два пати неделно, да воведе

нормален однос. Па на

психијатар да оди некој толку

често и да плаќа солидно за редовни сесии, проблемот ќе

биде решен со долга

континуирана анализа на сите

разговори. Впрочем, борбата да

бидат сите ученици третирани подеднакво рамноправно, во

момент кога во нормално

образование се праќаат и

гранични случаи, каде што родителите бараат сè повеќе,

отколку што можат да добијат –

станува алармантна. Да,

наставникот ќе биде суспендиран, веќе никој нема да

го прими во нормален работен

Page 30: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 МАКЕДОНИЈА страна 30

однос, животот ќе му стане

пеколен, да не го работи тоа за

што студирал, само заради пикантерија и каприц на ученик,

кој не го ни пријавил делото!

Значи, ништо не е така како што

навидум изгледа!

Слични обелоденети

примери За да биде испочитувана

рамнотежата, ќе бидат посочени и обратни примери, колку заради

баланс, толку и заради фактот

дека се работи за многу

покомплициран проблем, кој се

провлекува, а за исходот никој и не слушнал.

Пред околу две години, во

јавноста се појави случај кога

група ученици влегле на час,

додека паралелката имала редовна настава, за да побараат

дотично другарче и убаво да го

„третираат“ пред очите на

соучениците и професорот, кој сакајќи да го одбрани, си добил и

тој награда за своето вмешување.

Во едно друго Основно Училиште,

далеку од градската врева, неколку ученици другарчиња, со

боксови ја наградиле нивната

млада учителка, заради тоа што

дозволила да се однесува попријателски со учениците, а

тие пак си го сфатиле тоа здраво

за готово, па другарски се

„пошегувале“, оставајќи и спомен од неколку модрици. Дали

соучениците сведочеа во полза

на своите другари (велејќи дека

ништо не се случило) или заштитувајќи ја учителката-

проценете сами.

Колку е дисфункционален

образовниот систем, говори примерот во скопскиот

Универзитет, кога беше физички

нападнат асистент, со барање да

му се допишат дополнителни

поени на полагањето, за да добие студентот преодна оценка.

Да беше тоа начин, како се

живее во едно демократско

општество, тогаш треба на децата да им дадеме по еден

пиштол/солзавец/боксирач и при

првата реплика, која нема да им

биде по ќеф- да ги употребат горенаведените предмети.

За срам, речиси и никој да не

слушнал, кај децата нели, дома

се е дозволено, може е нормално

и „menage a trois“, но тоа не значи дека е правилно!

Да, сме поминале сите низ

озборувањата дека добрите

универзитетски професори станале добри- откако некој ги

турнал по скали... Какви

небулози се тоа?

До каде стасавме? Ова е показател, колку работите

се обратно поставени кај нас.

Page 31: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 МАКЕДОНИЈА страна 31

Помина времето кога

наставниците можеа да се

излажат дека - мобилниот телефон може да се користи

наместо дигитрон, дека

пенкалата со ролни внатре се

само календари и слично.

Но во исто време, не „палат“ и

забелешките во дневник (станаа

секојдневие), бркањето од час и

укори, кога со закон е воведено дека образованието е

задолжително за сите, па макар и

за таквите кои мастурбираа во

последна клупа. Да, звучи

премногу вулгарно, но прашајте ги професорките во машинските

и електро - училиштата, кои

треба да глумат дека, праќањето

од 10 пати кај училишниот падагог, го решил проблемот.

Сепак, не се сите за нормални

паралелки, само некој порано ќе

се помири со фактот, а некој – откако ќе оштети спомени на

многумина. На форумите, веќе

јавно се фалат кој следен

професор ќе биде истепан, а „форумџиите“ коментираат од

типот – ќе те честам ако го

направиш тоа. До каде стасавме?

Page 32: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 МЛАДИ СО СТАВ страна 32

Page 33: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ПОЛИТИКА страна 33

Партијата на Путин го блокира политичкиот систем на Русија

Во еден политички систем, што

воопшто не трпи вистинска опозиција, партијата на

Владимир Путин доминира на

политичката сцена во Русија.

Експертите тврдат дека со

огромното мнозинство во

руската Дума, таа лесно ќе надвладее врз останатите

неколку политички партии, што

никако не можат да ја

„стреснат“ власта.

„Единстена Русија“- партијата на премиерот Путин, речиси

сигурно по изборите во недела,

ќе го зачува своето апсолутно

мнозинство во Државната Дума. Во моментот „Единствена

Русија“ има 315 пратенички

места од вкупно 450 места во

парламентот. „Многупартискиот систем во

Русија, постои само формално,

бидејќи Кремљ, ги држи под

своја контрола сите политички партии и никоја од нив не може

да работи независно“-

истакнува политикологот

Станислав Белковски од Рускиот

институт за национална стратегија.

Комунистичката партија (57

пратенички места во долниот дом на парламентот) и Либерал-

демократите (националисти со

40 пратенички места), заедно со

социјал-демократската партија „Праведна Русија“, според

јавното мислење само го

подвлекуваат значењето на

партијата на власт. Малата партија „Јаблоко“, што

ја претставува либералната

опозиција, тешко ќе ја помине

изборната бариера, што

изнесува 7% од гласовите, за да влезе во составот на руската

Дума.

Според анкетата, што ја

спроведе независниот центар „Левада“, 51% од испитаниците

мислат дека парламентарните

избори во Русија, само

„имитираат“ политичка борба, бидејќи распределбата на

пратеничките места, ќе биде

„решена од власта“.

Политикологот од фондацијата

„Индем“, Јурии Коргоњук тврди дека партијата „Единствена

Русија“ не поседува реална

власт. Според Коргоњук, власта

е монопол на државното раководство. Експертот

потсетува на хаотичната

демократија, што го замени

комунистичкиот режим после распадот на СССР, за време на

претседателскиот мандат на

Борис Јелцин (1991-1999)-

период, што беше запомнет со судирите пред рускиот

парламент и со влијанието на

„олигарсите“ во Кремљ од 1996

година до денес.

Page 34: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 ПОЛИТИКА страна 34

Во 2000 година за претседател

беше избран Владимир Путин,

тој ја извршуваше таа функција во два мандати до 2008 година.

Државата повторно ја зазеде контролата врз големите

телевизиски куќи. Олигарсите

беа отстранети од „играта“. Дел

од нив заминаа од државата, а некои дури беа осудени и

фрлени во затвор. Веќе не се

спроведуваа избори за

гувернери, тие се именуваа од страна на Кремљ. Од руската

Дума беше отстранета и

радикалната опозиција.

Силниот човек во земјата -

Владимир Путин, кој си постави за цел повторно да се врати во

Кремљ, по претседателските

избори во март 2012 година, во

интервју за една од руските телевизии истакна дека „ја

стабилизирал состојбата во

земјата“, бидејќи во крајот на

90-те години, Русија била „на чекор од граѓанска војна“.

Според скромната руска

опозиција, невладините

организации и западните

демократии, Русија се оддалечила од демократскиот

модел, за кој што се бореше.

Според зборовите на Јурии

Коргуњук, 20 години по падот на советскиот режим, не е толку

едноставно Русија да се

опорави од своето минато,

толку брзо и лесно.

Годинава, Владимир Путин го создаде „Општорускиот

национален фронт“, големо

движење што има за цел да го

сплоти рускиот народ околу владеачката партија. Таа

иницијатива веднаш беше

определена како обид за

преродба на комунистичката партија од времето на СССР.

Во истото време аналитичарите

истакнуваат дека еден блокиран

политички систем, ќе донесе големи ризици. Според нив

владеачката гарнитура треба да

покаже голема снаодливост, ако

се влоши економската положба.

Автор: Беноа Финк, (Франс прес)

Извор: E-vestnik.bg

Подготвил: Атанас Величков

Page 35: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 35

Атанас Величков

Ние не сме глувци!!!

Да живее „Курназ-национализмот“!!! Излезете сите

надвор и нацртатајте по еден

графит со навредлива

содржина, ќе ви биде топ… Исто како да сте имале „џиџи-миџи“

со некој лик од списанијата со

мрсна хартија. Вака се гради

држава, море!

Со графити! Со ку*чење! Со

гасни комори! Кој ги врти

графиконите, што покажуваат дека во источна Македонија,

поповите пеат повеќе на

погреби и помалку на крштевки.

Во графитот е силата, графитите

лечат и од импотенција, или барем тие што ги цртаат мислат

дека од отровот, што го

вдишуваат, ќе им се крене

алатот! Браво на сите… Алал да ви е… Утре, како што тргнало,

ако се запука, први ќе избегате

по „одмори во Грчка“, први ќе

ги фатите бугарските пасоши и ќе си ги скршите „празните“

глави низ белиот свет… Одете,

нека ви е со среќа…

Ние останатите, кои не се тепаме во воз поради српски

фудбалски екипи и немаме

резервна татковина ги имаме

следните прашања:

1. Кога ќе заврши оваа театарска претстава наречена

„мулти-култи“…? Тоа е

театарската претстава во која

што неколку паметни глави не убедуваат дека мулти-култи е

кога деца си ги кршат коските

на верска и етничка основа, а

нивните батковци, наместо да сработат нешто корисно,

сонуваат за гасни комори и

крвави ножеви…

2. Кога, тие од кои зависи иднината на Македонија, ќе

седнат како мажи и ќе се

разберат дали таа земја ќе ја

биде или не? Кога?

Граѓаните на Република

Македонија, лојалните граѓани

на таа земја не заслужуваат да

го имаат статусот на белите глувци во лабораториите на

ПМФ. Ние не сме глувци, ние

сме луѓе, кои ги извршуваат

своите обврски кон државата и бараат од истата да им го

гарантира барем основното за

да функционираат нормално.

Верувам дека поголемиот дел од граѓаните на Република

Македонија, ќе се согласат,

дека нам ни е потребна

Page 36: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 36

нормална држава, држава во

која секој го добива тоа што го

заслужил, држава во која, тој што направил криминал не

станува пример за младите, туку

корисник на услугите на

мензата на најблискиот казнено-поправен дом…

Нормална држава е држава во

која, тој што работи чесно, ќе

успее да го обезбеди своето

семејство и достојно ќе ја дочека својата старост и

пензија…

Многу е лесно да се затвориш

во некој евтин филм, за тоа колку си супериорен во

споредба со другиот. Многу е

лесно да се замислуваш дека си

надчовек. Уште полесно е да паднеш од високо и да

разбереш дека си само еден

маргиналец, на кого му текнало

да си игра со оган и многу

жестоко се изгорел. Додека тонеме во сиромаштија и

живееме во измислениот свет на

сериите, нашата држава тоне со

нас, истата таа држава, што според Вилијам Гладстон, ако

не постоеше, ќе требаше да се

измисли… Немате поим кој е

Вилијам Гладстон? Со ризик да ги разочарам фановите на Полат

Алемдар, Гладстон не е нов лик

од „Долина на волците“, тој не е

ни „воџа“ на откачени

навивачи, кои наместо да го

бодрат својот тим и да бидат навистина патриоти,

докажувајќи го тоа преку своите

општествени активности,

повикуваат на смрт и војни… Вилијам Гладстон е творецот на

култната изрека: „Македонија

на Македонците“, изреката, што

е животно мото на сите кои навистина ги боли за

Македонија. Македонија е на

сите тие, што на дело

покажуваат дека сакаат таа да постои!

Денес така стојат работите,

драги мои… Толку е едноставно,

дури боли од прагматизам…

Треба да се работи секој ден и да прекинеме со евтините

препукувања. Ако на некој не

му одговара да бидеме

нормална држава, со време нека си ги собере парталите и да го

нема! Останатите нека бидат

свесни дека, никој ништо нема

да им подари… Во денешно време не постои поим

„бесплатен ручек“, сè што го

поседуваш или сакаш да го

поседуваш треба да го

заслужиш... Курназ-националистите, што

веќе немаат влакна по градите

од толку удирање во нив, треба

да се запрашат дали им се исплати тоа што го прават?

Дали има вредност, илузијата во

која живеат? Ако веќе се

повикуваме на славните личности од нашето минато,

барем да земеме пример од нив,

сите тие работеле без

непотребно кревање на врева, сите тие имале идеал… Денес

никој нема идеали, а тие што

Page 37: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 37

имаат, се некакви единици и

никој не се оптоварува со нив.

Времињата се такви, сè е деформирано и ненормално… Да

останеме нормални, да ја

зачуваме нашата Македонија,

да ги маргинализираме појавите, што можат да ни

донесат проблеми и непријатни

случувања… Јас верувам дека -

ние можеме да го сториме тоа! Ние, граѓаните на оваа држава

можеме да ја зачуваме. Да не

паѓаме во калапот на туѓите

сценарија, да бидеме свои на своето…

За крај сакам да напоменам

само, за да направиш на некого

добро, не треба многу, а уште

помалку е потребно за да му наштетиш… Да не забораваме

дека, ако не созрееме и

навистина не станеме

државотворен народ, ќе бидеме лесна жртва за сите тие, кои не

сакаат Македонија да ја има.

Наместо заедно да ја направиме

таа земја нормално место за живеење, ние сме зафатени со

нашето самоуништување…

Време е за вистински соживот и

вистински патриотизам, за сите

нас и за тие, на кои ќе им ја оставиме оваа земја… Мојата,

твојата, нашата Македонија…

Page 38: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 38

Системскиот закон како имплементирачки за ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп

Добар закон - правда V.S. неправда

Познатиот светски мислител,

политиколог и „пријател” на

многу практични политичари,

Монтескје, запишал: „Кога одам

во некоја земја, не прашувам дали имаат добри закони, туку

дали тие што ги имаат се

применуваат. Добри закони има

насекаде.” Оваа мисла е премногу

користена, парафразирана и

обљубувана, дури и од оние кои

никогаш не ја чуле, ниту пак, прочитале закон и лековерно

можат да заклучат дека кај нас

(замислете?!) имаме многу

ДОБРИ ЗАКОНИ, само што проблемот (ете ти бил) во тоа

што тие не се применуваат.

А што е добар закон? Дали е тоа

роднина која, кога ќе ѝ отидеш

на гости, секогаш меси пита во твоја чест? Сите деца знаат дека

тоа е само добра стрина. Дали

добар закон е човек на кој

можеш да му се јавиш на полноќ и да му кажеш да го земе

пиштолот, или шише ракија, или

1.000 евра и веднаш да дојде?

Не, тоа се вика добар пријател. Дали добар закон е возач кој ќе

го сопре автомобилот, ќе ги

издржи пцовките и сирените зад

себе и ќе му помогне да го

истурка возилото на оној пред себе? Не, тоа значи добар човек.

Добрината е човечка особина.

Само човек може да има добри

Пресретнувајќи го годинашното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, ќе се обидеме повторно работно и ангажирано да им изразиме поддршка и почит, и на граѓанските организации на лицата со хендикеп, и на сите нивни застапници, поддржувачи, водачи и визионери за сите вложени напори, заложби и

стремежи, со кои, без сомнение, беше исцртана содржајната и динамична еволутивна патека на едното од последните граѓански движења во светот – движењето против хендикепот. Правата и слободите на човекот и граѓанинот како основни вредности, се втемелени во правниот поредок на секое општество. А сите луѓе се еднакви пред законот! Од тие причини, во следните две продолженија ќе дадеме еден од оптималните решенија на дилемата каков закон ѝ е потребен

на нашата држава, за да ги пресретне интересите на секој граѓанин, а со што, на еднаква основа за сите, ќе ги овозможи, заштити и промовира основните човекови права и слободи на секој од нив, па со тоа и на

граѓаните со хендикеп.

Page 39: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 39

намери. Човек е добар. За закон

тоа не важи. Уште поопасно е ако

евентуалните добри намери на оние кои го пишувале и донеле

законот, само просто се

пресликуваат и според тоа (уште

попросто), заклучуваме дека автоматски и самиот закон е

добар.

Добар закон не постои! Постои

само закон кој е заокружен, кој дише со духот на времето и со

луѓето, кои го живеат тоа време и

таа географија; членови кои не

оставаат премногу простор за толкување и дискреција при

одлучувањето; ставови кои ги

предвидуваат силите и спрегите

на решавањето; алинеи кои ги

врамуваат субјектите и механизмите на дејствувањето и

спроведувањето; точки кои ги

обезбедуваат финансиите;

начела кои градат систем за себе и кои се вклопени во

законодавниот систем околу

себе, и на крај, преодни и

завршни одредби, кои точно знаат кои се децата на тој закон.

Ете, тоа е вистински добар закон.

Сè друго е, не лош, туку

безвреден, дури и полошо -

штетен закон. Зошто е ова важно??? Затоа што

e некаков тренд, мода, што ли

(?), да се донесуваат закони или

антидискриминациони одредби, да се вградуваат во

законодавните системи во светот,

во Европичка, на Балканчево, па

и кај нас. Одлично!!! Во сите нив се споменуваат и лицата со

хендикеп. Супер! И насекаде се

порачува дека не е убаво и

хумано да се дискриминира човек

по основ на хендикеп. Не,

благодарам ! На лицата со хендикеп не им е

потребно сожалување и

признавање на

маргинализираноста што ја живеат! Не им врши работа

некаков законски попис на

дискриминацијата - со која и

бездруго секојдневно се соочуваат! Не им вреди

филантропијата - која блика на

секое фацијално

искривоколчување, од секое ќоше и во секоја одредба!

На овие сограѓани им треба

позитивна акција на

организираната заедница (читај

државата), која силно решила да ја поправи нарушената

комуникација помеѓу лицата со

хендикеп и заедницата. Ни треба

заедница, која е убедена дека со афирмативни мерки (читај

погодности), ќе притисне да се

постигне изедначување на

можностите. Заедница, која на очигледната дискриминација

(читај НЕПРАВДА) ќе одговори со

исто толку силна дискриминација

(овде истиот збор се преведува

со ПРАВДА), но во овој случај позитивна – додека за тоа постои

потреба, се разбира… Сè друго е

попусто!

Монтескје е, сепак, во право, само со мало (многу мало)

дополнување: Секој закон и

подзакон зависи од својот татко –

политичката волја. Секогаш треба да сме свесни (и

будни) за тоа. Но, нема страв.

Non pasarant! Нема ни зошто…

Page 40: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 40

Затоа што, постои правда

(законодавен систем), но постои

и праведност (чувство за „фер”, „образ”, „чест”), која постојано

му пркоси на постојното

законодавство и го менува (него

и неговите гарнитури), постојано - се разбира. Постојат пишани и

непишани закони. Верувале вие

или не, овие вториве, на долги

патеки, се секогаш посилни. И ќе победиме! Не затоа што сме

толку моќни. Не затоа што сме

толку паметни, туку поради

вербата. Да! Затоа што веруваме дека човековиот интерес не

секогаш се римува со (почетно)

дневно-политичко сметкаџиство,

туку со (крајно) универзалниот

хуман стремеж. Знаеме… и ќе победиме, затоа

што: Ништо не може да ја сопре

добрата идеја, чие време

стасало!

Мала дигресија: Двете

крајности на принципот

на правна еднаквост Една од доминантните

карактеристики на јуриспруденцијата во XXI век е

признавањето на правото како

средство за промена, затоа што

важна особина на ефективниот правен систем е неговиот

капацитет да ги рефлектира

промените на потребите и

барањата на општеството во чии

рамки функционира. Иако легислативата не е

единственото средство за

социјална контрола, сепак е

најмоќно средство за промена и

развој. Процесот на преточување

на визијата во конкретна

политика и програма за акција е индивидуален и посебен за

секоја држава. Од тие причини,

националната легислатива е

клучна во исполнувањето на принципот кој преставува алфа и

омега кога зборуваме за

човековите права - принципот на

правна еднаквост. Принципот на еднаквост пред

законот се појавува како

фундаментално право на човекот

- да се биде третиран еднакво во согласност со својата човечка

природа. Забраната на

дискриминацијата и

афирмативните акции се двете

крајности на просторот на протегање на акцијата за

примена на човековите права.

Забраната на дискриминација е

долниот праг на принципот на еднаквост на правото и

подразбира различен третман на

индивидуата, што во себе

вклучува неразумни квалификации и подвојувања во

даден правен контекст. Тој е

condition sine qua non за

владеењето на правото и правата

на човекот. Иако поимот забрана на дискриминација е создаден

заради заштита и гаранција на

еднаквоста на сите пред законот,

тој не подразбира поддршка на апсолутната еднаквост, туку е

споив со релативната еднаквост.

Поимот на релативна еднаквост

подразбира дека е праведно еднаквите да се третираат

еднакво, а различните различно.

Тоа значи дека е споив со

Page 41: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 41

нееднаквости и разлики тогаш

кога тие се праведни и сторени

со цел реализирање на праведен третман на индивидуите.

Од друга страна, институтот -

афирмативни акции на државата

е другиот пол на протегање на принципот на правната еднаквост

во де факто нееднаквиот свет на

современото граѓанско

општество. Од тие причини, парадоксално афирмативните

акции му служат на принципот на

еднаквост, преку воведување на

привремена, поединечна и предметно ограничена

нееднаквост на правата, меѓутоа

не и креирање на оригинерни

нови права за некого или

создавање на привилегирани носители на права. Затоа, на

афирмативните акции треба да се

гледа само како на инструменти

во остварувањето на принципот на вистинска или на што

поефикасна правна еднаквост, за

намалување на процепот меѓу

“нормативното и стварното”. Поставувајќи го овој принцип на

полето на правата на лицата со

хендикеп во Република

Македонија, неминовно се

појавува и прашањето: дали само воведувањето на анти-

дискриминациони одредби е

доволно? Текстот на

предложениот Закон е сеопфатен и интегрален, затоа што во себе

ја вклучува, и забраната на

дискриминацијата, и збирот од

афирмативни акции што државата треба да ги воведе во

различни сфери од

општественото живеење. Токму

во овој Закон е претставен

вистинскиот модел, кој ѝ е

потребен на државата, за да се посмести од status quo

позицијата во која се наоѓа долго

време, преточувајќи ја визијата

на лицата со хендикеп во програми за општествена акција.

Само со организирана акција и

воспоставување на механизми

(системско решавање на проблемот), Република

Македонија може да се придвижи

напред, приклучувајќи им се на

бројните држави, кои покрај закон за антидискриминација, ја

ратификуваа и новата

Меѓународна конвенција за

правата на лицата со хендикеп

на ООН, промовирајќи го сознанието како светот расте и

зајакнува како општество...

Неколу размисли за

потребата ... Во 2005 и 2006 година бевме

сведоци на свечениот момент за

македонското Собрание и за развојот на граѓанската

партиципација во власта - 18.

Page 42: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 42

968 граѓани на оваа држава, за

прв пат предложија како

законски треба да биде решено некое прашање, и на 3 март 2006

година, 66 пратеници со

акламација гласаа ЗА потребата

од донесување Закон за заштита на правата и достоинството на

лицата со хендикеп.

Одредбите стимулирани во

Уставот на Република Македонија предвидуваат обврска на

државата, во рамките на

социјално-политичките мерки и

севкупната нормативно-правна активност, да води сметка за

формалната еднаквост на лицата

со хендикеп со другите граѓани,

така што, освен за општите

потреби, треба да води сметка и за нивните специфични потреби

што призлегуваат од нивната

оневозможеност.

Многу работи се кажани, уште многу ќе се кажат..., но

потребата од донесување на

предложениот Закон е евидентна,

и во таа насока е потребно да се потенцираат три нешта: прво,

Моментумот, кој ја следи оваа

несекојдневна граѓанска

иницијатива ... второ,

Парламентот кој треба да се соочи со ваквата норма ... и,

трето, самиот Закон, кој се

предлага ...

Зошто има потреба овој

Закон да се донесе во

овој момент? Донесувањето на овој закон е

свечен момент за лицата со

хендикеп, за нивните семејства,

за здруженијата на граѓани и за

оние кои го дадоа својот потпис

за донесување на овој закон ...

Ова е момент кога треба да се направи рез со минатото и да се

пречека новото време - со

раширени раце ... и ... умови!

Ова е прв пат предлог за донесување на закон во

Собранието да стигне по третиот

пат – преку иницијатива на

граѓаните на Македонија. Освен од невладиниот сектор, во оваа

иницијатива учествуваа и луѓе од

различни институции, политички

партии, националности и

социјален статус. Ова денес е само почеток, најава

за користење, но и развивање на

методите на непосредна

демократија. Ова е момент кога се уриваат ѕидовите на

сегрегација и подвоеност и се

отелотворува максимата дека

“Ништо не може да ја сопре добрата идеја - чие време

стасало”.

И најважно – ова е момент кога

Македонија конечно раскрстува

со феноменот хендикеп и од обично медицинско прашање, го

префрла во прашање на

Page 43: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 43

човекови права, притоа

афирмирајќи го социјалниот

модел.

Зошто има потреба овој

состав на Собранието на

РМ да донесе ваков

Закон? На 23 јули 2003 година, тогашниот собраниски состав

донесе Декларација за заштита и

унапредување на правата и

достоинството на лицата со посебни потреби, заложувајќи се

за: „забрзување на процесот на

хармонизација на

законодавството на РМ со

меѓународните акти и стандарди во областа на правата на лицата

со хендикеп”.

Во тој Парламент беше

формирана Интер-партиската парламентарна (лоби) група за

правата на лицата со посебни

потреби (ИПП(Л)Г), единствена

по своето постоење и пандан на Disability Intergroup - лоби

групата во Европскиот

парламент. Тие во 2003 и 2004

година поминаа редица

семинари, студиски посети, визити по институции и

непосредни средби, едуцирајќи

се и запознавајќи го феноменот -

хендикеп од стручен аспект, но и во личен контакт со самите лица

со хендикеп.

Лоби-групата уште на своето

самоконституирање донесе одлука, пред крајот од својот

мандат, да поднесе сеопфатно

системско законодавно решение

за проблемите со кои

секојдневно се соочуваат лицата

со хендикеп и нивните семејства.

(продолжува...)

Полио Плус – движење против хендикеп

Page 44: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 АРТВИЗОР страна 44

Page 45: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 АРТВИЗОР страна 45

Од перото на Владимир Неделковски

PRIEST(2011) Улоги: Paul Bettany Режија: Scott Stewart Сценарио: Cory Goodman Продуцент: Michael DeLuca

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Само за хардкор

фановите на акциониот

жанр

Какво монструозно чудовиште

ќе се роди ако The Matrix и

Underworld се „фатат“ во

љубовна врска? Ќе се роди ова – Попо т.е. „Свештенико“.

Значи, идејата што го движи

дејството во оваа

ултрадинамична акција е, супер-силен, нинџа-поп, кој

гази, тепа и коле сè што е, како

„божемски“ - вампирско. Ова ви

е филмска адаптација на некое си корејско стрипче со исто име,

а ако ги знаеме стереотипите на

Aзијците, не може друго да

очекуваме освен, АКЦИЈА, АКЦИЈА и УШТЕ АКЦИЈА, до

коска.

Нарацијата на приказната,

започнува со ингениозна,

анимирана секвенца, каде се

објаснува за алтернативна реалност, каде што вампирскиот

вид е во отворена војна со

човечкиот - „Ова е она што се

знае. Од секогаш постоел човекот и од секогаш постоеле

вампирите. Уште од почетокот,

двете страни биле во конфликт.

Вампирите се побрзи, посилни... Но, човекот

го имал сонцето. Тоа не било

доволно и така се војувало, со

многу години. Двете раси се

уништувале, не само една со друга, туку и самиот свет.

Соочени со истребување,

човештвото се повлекло зад

високи ѕидини, во заштита на црквата. И тогаш било

откриено, ултимативното оружје

- свештениците. Воини со

извонредни моќи, тренирани за борба, од црквата. Тие, сами, ја

свртиле плимата на страна на

човекот. Преживеаните вампири

биле ставени во резерват, а

главниот црковен совет, плашејќи се од моќта што

самите ја создале, наредиле да

се распуштат, Свештениците”.

Еден ден, шериф од градот Августин му приоѓа на еден од

Свештениците. Му кажува дека

неговата внука, на

Свештеникот, е киднапирана, а

Page 46: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 АРТВИЗОР страна 46

нејзините родители убиени, во

вампирски напад (хе-хе, а, бе

тоа, родителите во филм ти се како со мета на чело - за да

умрат во самиот почеток! Кое

клише, човече.) Шерифот, кој е

всушност љубовникот на киднапираната Луси, го моли

Свештеникот да му помогне да

ја побараат заедно. Попо, оди

веднаш кај главниот поп/владика и му кажува, вака

и вака, а господинот, господин-

господинов, му се смее во фаца

и му вика дека нема вампири, дека се истребени и дека тоа не

е негова работа (демек, нема

ОНА, ни УЧК, ни АНА... туку тоа

некои деца трчаат по

планињето со пушки и троа пукаат по дивечот, а, бе

планинари). Попо, навреден и

испизден, ги зема ножовите и

мечовите и секирите и... ама сè што може да сече, па дури и

ноктарица, и тргнува со

шерифот во поход. И двајцата

другари одат во едно дувло на вампирски слуги - демек луѓе

„инфицирани“ со вампиризам,

NightShade и прават масакр од

локалното население.

Дознаваат дека вампирите ги води некој нов водач

(командант Суљо?) кој ја

грабнал цурата и планира да ја

направи негова, т.е. да ја зарази. Попо вели дека ако тоа

се случи, лично ќе ја убие. И

тргнува по патот, следен од

шерифот кој сега е со намера да го запре психопатот мислам,

човекот божји, при што на

веселата двојка им се

придружува и Поповата екс колешка – ПОПАДИЈАТА одн.

Свештеничката (е, ај сеа... ем

женско, ем свештеник?)...

Па, сумирано ова ви е: удри,

мавај, тепај, коли; само него да го боли. Акционите секвенци

(колежите) ви се ептен

Матриксни, до најситен детаљ,

вклучувајќи ја и дигиталната

камера, динамичните зумови и кадри и се разбира,

фантастичната кореографија на

борбени движења. Со други

зборови, кога се тепаат, не е досадно. АМА, кога е помирно,

се чувствува спорост и клише.

Всушност, целата приказна и

нарација е „позајмена“ од купишта други слични акциони

изданија. Дополнително, во

филмот се мешани традиции и

култури и елементи од различни

епохи и цивилизации, па не се чудете ако видите како, сајбер-

нинџа-поп со нуклеарки на

моториште, брка каубој-вампир

качен на супермодерен моношински воз (???).

Значи, кога самите „вампири“ се

претставени како некакви диви,

мутирани ѕверови, без зрно интелигенција, што понатаму да

се каже за нашите херои,

Попојте, кои се разликуваат од

обичните смртници според симболот на челото (види

слика). БРЕЈ, КОЈА

Page 47: Револуција магазин бр. 54

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 АРТВИЗОР страна 47

ИНОВАТИВНА ИДЕЈА?! КРСТ НА

ЧЕЛО!!! ОПА, БАТО!

Настрана шаблоните, клишеата и шемите... Ова Е забавно

филмче! Кратко, јасно, слатко.

Нема безобразности, ни

сексуални перверзии (што во денешни филмови е реткост

како злато). Нема некои

конфабулозни, збунувачки,

„драматични“ пресврти, карактеристични за останатите

холивудски филмови.

Нема некои навредливи,

сугестивни теми по прашање на

раса, пол, вера и останат шит... Она што го има е, доброто се

бори со злото во најсилно

светло на модерната

технологија, при што злото го јаде стапот и губи 0:10. Како

што кажав на почетокот, ова е

филм за обожаватели на добри

акции и ништо повеќе. Не го пропуштајте ако сте таков.

Пропуштете, ако не сте.

Се читаме!

конечна оценка 7,0/10

п.с. Инспирирано од текстот на колешката С. Алексовска

Page 48: Револуција магазин бр. 54