Револуција магазин бр.82

42

description

Поттикнува да мислиш!

Transcript of Револуција магазин бр.82

Page 1: Револуција магазин бр.82
Page 2: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA23 Juni 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

23 Juni 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова,Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК:Миланчо Ристовскиe-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Idealite vo senka na egzistencijata ........................................................................................... 5

Kade gi izgubivme vrednostite? .................................................................................................. 9

Koga }e porasnam, }e bidam politi~ar ..................................................................................... 12

„Mentalitetot“ n# tegne udolu ...................................................................................................15

Intervju so pretsedatelot na Svetska banka - Robert Zelik .................................................. 18

Xorx V. Bu{: Arapskata prolet i amerikanskite ideali ....................................................... 25

Geto - letna skopska {ema ........................................................................................................... 29

Op{testvo na farsi ...................................................................................................................... 31

Evergrin na „site vremiwa“ 2 ................................................................................................... 33

Zadol`itelni avanturi vo 2012 .................................................................................................. 37

Sodr`ina

Page 4: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA23 Juni 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Koga tradicijata ja sre}ava utre{ninata

Page 5: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Растрчани и поделени по партиските штабови - припадници на оваа или онаа партија, влечење по кафулиња чекајќи одговор од партијата или некој близок кој работи во државна институција, зависни од мама и тато, без мотивација за поголеми дела, без елан да се покажеш и докажеш, освен водење на еден просечен живот - е сликата на македонската младина, која се обидува да го најде својот пат во денешниот хаос наречен општество.

И, живеејќи во таквото општество на кого тие да се угледаат, какви вредности да негуваат и поседуваат, чиј пример и модел да следат?! Има ли воопшто модели за успех, идоли за реализирана цел и идеали кои тие ги негуваат - во општеството каде талентираните се оставаат да исчезнат, а медиокретите (поради своите солидни животни услови) се издигаат на

пиедесталот?!

Какво е македонското општество?

За да одговориме на прашањето кои се идеалите, вредности кон кои се стремат македонските граѓани, најпрво мораме да го сознаеме и протолкуваме општеството во кое тие живеат.

А, живееме во време на несигурност. Општество во кое се разнишаа многу од долготрајните традиции, особено оние во семејството и социјалното живеење, економскиот поредок, владејачките елементи, религиозните верувања.

Годините што изминаа изобилуваа со настани, промени, несигурности и амбивалентности на политички, економски, образовен и на културен план.

Животот во современото општество е со

Idealite vo senka na egzistencijata

Page 6: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.82

големи товари и тешкотии, кои создаваат огромен притисок врз македонските граѓани. Скоро сите се согласуваат дека општеството во кое живеат е корумпирано, со големо социјално раслојување, полно со агресивност и насилство, со протекционизам и со мала надеж за вработување, напредување во кариерата и за реализација на сонот.

Колку и да звучи површински и безчувствително, факт е дека парите се основниот двигател на современиот живот. Парите, кои само „привилегираните“ ги поседуваат.

Значи, безработицата останува доминантен проблем во општеството. Проблем кој не отстапува место да се размислува за другите идеали кои ги поседува или не, времето во коешто живееме. Кој има време, а и енергија да размислува за моралноста, за етиката, за духовниот развој, кога мислите му се преокупирани со базичната основа на животот - условите за егзистенција.

Граѓаните во современото македонско општество се чувствуваат несигурно, многу се загрижени за сопствената иднина и го чувствуваат социјалното раслојување. Тие сметаат дека без врски и материјална потпора од семејството немаат речиси никакви шанси да се снајдат. За нив, безработицата е најголемиот проблем кој бара решавање.Како да се преживее и како подобро да се живее е она на што прво помислуваат и што ги загрижува младите кај нас.

Човековите права, демократијата, владеењето на правото, мирот и ненасилството паѓаат во втор план, па сé помалку внимание посветуваме на негување на некои вредности, а сé повеќе мислиме на основната егзистенција.

Истражувањата за тоа што им е најважно на младите во регионов, покажуваат дека економијата и егзистенцијата ги засенуваат општествените вредности. Социолозите го објаснуваат тоа со

фактот дека живееме во време на слаба економија и на висока стапка на невработеност и затоа мислиме главно на тоа како да се заработи.

Со таквите „атрибути“ на општеството, често и се погазуваат хуманите и морални начела, за да се зграпчи тоа парче леб.Македонското општество не се базира на некои етички принципи, сите тие паѓаат во водата базирајќи се на онаа старата „снајди се па живеј“, а сè почесто надополнувајќи се со „укради, па живеј ко човек“.

Дефицитит на идеали и идолиВо таквото општество, логичен е дефицитот на идеали, зашто за секој што се дограбил до нешто и постигнал нешто, се јавува сомнеж дека бил нечесен и го постигнал истотото или бидејќи има некој да го поттурне, а не дека го заслужува тоа. А, манипулатор и грабливец се лоши примери за идоли (но, има одредени луѓе што ги земаат за „солиден“ пример на успех).

Човекот се наоѓа на врвот не поради своите квалитети, туку поради своите животни „угодности“. Затоа на истите гледаме со презир и завист, а не со восхит.

Потребни ни се идеали и идоли, како значаен сегмент од развитокот на

Page 7: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

луѓето, а и општеството во кое живеат. Идентификација со примери и идоли е значаен агенс за социјализација, но и емоционален и когнитивен развој. Преку овој вид на социјално учење, учење според модели, се усвојуваат битни елементи на системските вредности, социјални ставови, различни облици на социјално однесување и критериуми за процена на сопственото однесување во една социјална група.

А, каква е состојбата кај нас?! Нема актери, нема режисери, нема спортисти, нема пејачи (со ретки исклучоци на поединци) - нема ништо што е нормално во идилопоклонството на новите генерации.

А, кој да ги пропагира идеалите, кога во нашата свест се врежало дека тоа го прават само будалите? Протести, пропагирање на некави ставови, упорност, борба - ма , што е тоа! Ќе ти удрат казна, ќе ти се заканат и ќе продолжиш да молчиш. А, главните протагонисти токму тоа го сакаат - да молчиш и да ја пасеш тревата, која ти ја фрлаат.

Нема полет, нема живост, нема елан во нашето општество; ја нема онаа борбеност, упорност, желбата за успех по секоја цена. Нема трагање на идеал, нема идол и пример за да послужи

како мотивација, нема контемплација на идеи, насоки, размислувања за тоа дали ќе успеам или не (тоа однапред е предодредено), дали моите можности се поголеми од ова. Се задоволуваме со малку, знаејќи дека другите ни тоа го немаат. Да се има барем нешто, е новиот идеал на општеството.

Живееме во време на генерации, чие секојдневје е исполнето со комплетна апатичност и некоја чудна меланхолија. Немаме сили да се бориме и да се трудиме да стигнеме до врвот.

Поради ова и немаме некои идоли во живот. Во нашето општество скоро и да нема луѓе кои се пример за етичност, вредност и успех (со чесни исклучоци на малкумина).

Чувствуваме недостаток на мотивација, а можеби и страв од размислувањата и обидите нешто да се направи, бидејќи неуспехот е неизбежен дел од секојдневието. Па, затоа сите се препуштаме на размислувањата, кои некој друг ни ги наметнува и со кои ни најмалку не се согласуваме (ама така стојат работите), само од страв. Страв да имаш сопствен став...

Како да се извлечеме? Koj e излезот? Што е можно повеќе луѓе од сите класи и слоеви на општеството,

Page 8: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.82

со сопствени сили, да исчекорат од тој круг, и да го кренат својот глас во прилог на идеалите на современото општество.

Знам дека е тешко, знам дека е напорно да се бориш и да се заложуваш за нешто. Вредностите се испревртени, добрината и упорноста не се ценат, се цени материјалното. Но, драги мои,

сонот мора да живее.

Ќе го завршам текстот со еден цитат од италијанскиот писател Фабио Воло: „Ти покажи му на сонот дека навистина сакаш да го сретнеш, без да очекуваш тој сé да сработи сам за себе. Соништата сакаат да знаат дека сме храбри“.

Елена Павловска

Page 9: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

Постојано тежнееме кон Европа и европскиот живот кој ни изгледа како остварување на еден сон, но ниту за миг не сме се запрашале дали ние сме како младите од Европа?

Речиси во секоја земја младите одбираат еден пример, наоѓаат идоли во својата потесна или поширока средина и според нив го кројат понатамошниот тек на нивниот живот. Наоѓаат насока кон која ја насочуваат целата своја амбиција, целото свое внимание и тежнеат да ја достигнат поставената цел.

И во минатите времиња кај нас била слична ситуацијата, младите наоѓале идоли кои ги воделе, со чија помош ја издигнале нашата држава, се бореле за независност, помагале на другите.

Да се биде добар ученик или студент веќе не е ничиј сон. Дипломите за првенци на генерација, за студент на генерацијата - во денешно време служат само за исполнување на некоја манифестација на патрон празник на образовната институција, затоа што повеќе никој не им го дава вниманието и почитта кои ги заслужуваат.

Во минатото најдобрите ученици биле пофалувани, биле праќани по натпревари, имале можност да учат во училиштата кои биле достапни само за оние со вистински квалитети. А денес, оцените се доделуваат врз основа на квалитет за оние кои се трудат и врз основа на квантитет за оние чиј број на пријатели, кои ќе ургираат за нив, е доволно голем да добијат петка.

На факултет, секако, повеќе не се запишуваат само најдобрите, само оние кои ќе развијат одредена струка до совршенство, туку се запишуваат сите.Студентските денови сите ги поминуваат различно, едни во макотрпно учење и добивање на што е можно повеќе знаења, а, пак, други во лепење на партиски плакати, посетување на партиските штабови, наместо на универзитетските читални.

Полагањето на испитите за сите е еден сосема различен процес. Додека некој со денови се дружи со книгата, друг наместо со лист и пенкало, испитот го полага со корупција, за која никој не

Kade gi izgubivme vrednostite?

Page 10: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.82

говори. Секако, најдобрите студенти на минатите времиња се потсетуваат на миговите кога биле примени на работа, за почитта која ја имале кон нив на работното место.

За разлика од нив, денешните најдобри студенти седат во најдлабока депресија, постојано потполнувајќи пријави за излез од државата. Секако, работните места сега се резервирани за оние кои деновите ги поминувале во партиските штабови, па најдобрите мора да заминат некаде каде ќе имаат барем можност да се покажат.

Да не зборуваме за професорите кои треба да бидат еден идол, еден мотив, еден начин за истражување и усовршување. Оние кои го имаат клучот на непознатите прашања, оние кои ги имаат сите одговори. Денес овие места ги добиваат оние кои никогаш немале можност да истражуваат ништо, да креираат нешто сосема ново, кои не знаат како на правилен начин да го мотивираат студентот.

Oние пак, кои со своето знаење и сопствен труд дошле до позицијата која ја имаат, кои не можат да поверуваат какви неправилности постојано се случуваат, потиснати од бирократијата,

талентираните и заинтересирани студенти ги ставаат во кошот на оние кои залутале во амфитеатрите, па ненамерно ги убиваат нивните амбиции.

Речиси секаде зборот лекар е збор кој заслужува почит, асоцира на човек посветен на спасување на животи. Асоцира на некој кој речиси целиот живот го посветил на вредно учење и надградување на себе си, за да биде еден вид спас на луѓето кои зависат од него. Но, кај нас ретко кој од денешните млади гледа идол во лекарите.

Кај нас оваа професија во рекламите се промовира како некоја каде има малку кадри, а каде лесно се заработува - никаде не се споменува промената која може еден лекар да ја направи за целото општество, можностите за истражување, за спасување на животи кои ги нуди ова поле. Кај нас сликата за лекарот е сосема променета.

Поради достапноста на студиите, лекарите не се веќе најдобрите ученици, туку само оние кои имале малку повеќе среќа од останатите за да завршат во нашите соседни држави и да добијат диплома.

Денес специјализацијата и надградувањето, откривањето на нови

Page 11: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

начини за лекување е достапно само за оние кои имаат врска која ќе ги вметне на списокот на специјализанти.

Оние, пак, помалку среќните ќе мораат да следат огласи каде во Европските земји има потреба од медицински кадар, за да можат да добијат можност за еден достоинствен живот, за надградување, за напредување.

Како професијата „лекар“ се изгуби од листата на најзначајни професии?! Како ние ги изгубивме почитта и восхитувањето кон луѓето во бело? Бројот на медицински грешки кои секојдневно се случуваат, за кои постојано известуваат медиумите и кои разоруваат наместо да спасуваат животи се алармантни, токму како последица на овие незаслужени дипломи.

Но, во многу случаеви тие се последица од економската состојба на пациентот, односно доколку неговиот изглед го издаде дека не може да го почести лекарот за завршената работа, тогаш воопшто нема ни да му биде завршена работата. Кога вредните лекари, трудољубивите спасувачи на човечки животи, започнаа да ги полнат своите џебови, наместо да бдеат над нечиј живот?!

Општествените промени, кои на малку подобро ситуираните им дадоа буквално сé на дланка, ги побркаа умовите на нашите млади, кои наместо кон хуманост, човечност, себеисполнување, се свртуваат само кон лесната и брза заработка.

Зарем во борбата за гола егзистенција, за полесна заработувачка успеавме да застраниме и да ги уништиме сите амбициозни млади луѓе?!

Зарем сите горенаведени примери не се оние кои се учат во прво одделение, оние кон кои треба младите да тежнеат, оние кои ќе им дадат место во општеството, авторитет и со кои ќе добијат бескрајна почит?!

Како да ја поправиме оваа грешка, како да ги вратиме младите на вистинскиот правец, како да им покажеме дека одењето по вистинскиот пат со свој труд, на крај ќе им се исплати?

Дали политичките активисти со својот лагоден живот, лесниот начин со кој добиваат дипломи, контактите и услугите во добивањето на убава работа се современите идоли на македонската младина?!

Наташа Димеска

Page 12: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.82

Koga }e porasnam, }e bidam politi~ar

„Клати врата, земај плата!“ - една од повулгарните поговорки и изреки во нашиот јазик, но истражувањата и експертите велат дека истата не е случајна. Како драстично и наеднаш да се смени ситуацијата со пазарот на труд во Македонија.

Па, како да не се смени, кога во државава се отворени повеќе од 40 економски и правни високообразовни установи?! Воедно, и со донесувањето на законот за задолжително средно образование, безмалку секој трет граѓанин на Република Македонија стана академски граѓанин.

Државата е сé погласна дека нема доволно

стручен кадар за таканаречените професии од понизок ранг. Доколку ја земеме текстилната индустрија како пример, на оваа државичка очајно и се потребни стручни текстилци, кои треба да ги барате како игла во сено.

Една од главните причина за недостиг на овој кадар се ниските плати во оваа индустрија, лошите услови за работа, како и непочитување на работничките права.

Од друга страна, пак, иако во Македонија се излеваат високи 56 милиони евра за увоз на текстил, дури 24% од вработените во Македонија се дел од текстилната индустрија.

Page 13: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Функционерите од текстилно-трговската индустрија сметаат дека фирмите не се винови за оваа ситуација, според нив овој проблем треба да се реши на државно ниво. Но, државата очигледно останува маќеа за оваа индустрија и сé повеќе се посветува на економистите и правниците.

За иронијата да биде уште поголема, иако толку многу се вложува во подготвување на стручни кадри во делот на економијата и бизнисот, сепак, истражувањата покажуваат дека за младите во Македонија, работа од соништата е во државната администрација. На овој дел се гледа со огромна доза на сигурност, што би им овозможила добра плата и безбедна иднина.

Најинтересна е ситуација со правниците и идните политичари и политиколози. Секоја година интересот за овие факултети се зголемува, квотите за прием на студенти остануваат исти, а пазарот на труд е сé помал за да ги собере сите овие новопечени правници и политичари.

Згора на сé, за да ја смири ситуацијата, министерот за образование Панче Кралев вели дека квотите за упис ги следат потребите на пазарот на труд. Но, половина македонска јавност како и експертите и статистиките од старт не се сложуваат со него.

Во Македонија, јавна тајна е која е цифрата на платите на политичарите, било тие да се од власт или опозиција. Па, ако сакате да земате пари, а притоа да не правите ништо круцијално важно за државата, најпаметно би ви било да се приклучите кон опозицијата. Во тој случај, нема потреба да правите некои посебни напори, само критикувајте ја власта, а за тоа ќе бидете дебело платени.

Доколку сакате да земете уште поголема плата, тогаш облечете некој посвечен костум, земете еден пар ножици и со нив појавете се на некое отворање, каде ќе кажете дека Владата на Република Македонија е донатор и со тоа, вашите

Page 14: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.82

месечни примања ќе се дуплираат во истиот момент.

Очигледно е дека работата на власта, како политичка елита во Македонија им дава пример на младите дека најисплатливо е да се биде политичар и да се раководи со една држава. Тука ништо не треба да вложувате. Не мора да ризикувате сопствени пари како во претприемништвото, па да стравувате дека тој чекор можеби на крајот нема да ви се исплати.

Ваше е само да завршите тригодишни студии по политички науки на

универзитетот во Скопје и да чекате државата да ви најде работа.

Гледајќи ја фактичката состојба во државата, низ призма на човековото око или, пак, низ медиумите, на младите им преостанува само да мечтаат да бидат дел од политичката елита во Македонија.

Очигледно тоа е една од најпосакуваните професии кај нас. Што значи, дека секој сака да биде лидер, но на туѓ грб и без ризик. Зошто да ризикуваш сопствени средства за почнување бизнис, кога можеш да експериментираш на грбот на два милиони граѓани?..

Maгдалена Јовановска

Page 15: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

Гатанка: Сите за него зборуваат, а никој не го познава. Сите со прст го покажуваат, а ниту еден го нема видено. Сите го обвинуваат, а тој самиот си се казнува. Сите се жалат од него, а никој не го напушта неговото друштво. Што е тоа?!?!

Одговор: Македонски менталитет

Менталитетот е крив!Како и при секое истражување, и размислување, и овој пат појдовна точка е тетка Википедија. Кога ја прашав што е менталитет, го добив следниот одговор:

Менталитет, или ментален склоп, е неформален термин кој означува карактеристичен склоп на начин на размислување, верување и емоционално

реагирање на некој поединец, заедница, народ или општество. Има апстрактно значење и не претставува само психичка состојба, туку и тек на мисла, и став.

Не претставува само психичко-ментална состојба во даден момент, туку е внатрешен систем на мислење и чувства кој се формираат на подолг временски период. Може да биде динамично и променливо... се менува под влијание на промените на перцепцијата, на умствените и емотивните процеси... ги вклучува механизмите на етика, морал и логика... се формира уште во детството, најпрво под влијание од родителите.. итн итн итн.

Најкратко речено, менталитетот претставува начин на размислување и

„Mentalitetot“ n# tegne udolu

Page 16: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.82

перцепирање на реалноста. Начинот на кој ние ги гледаме нештата, дали ќе го видиме црното или белото, дали ќе го исцедеме лимонот до крај и ќе уживаме во лимонадата, или ќе седиме цел ден со кисели фаци. Во овој случај, нема да го анализираме личниот менталитет, т.е како еден поединец размислува и реагира; тоа ќе им го оставиме на психолозите. Акцентот овде ќе падне на националниот идентитет. Македонскиот национален идентитет.

Ова е феномен за кој сите зборуваат, ама никој ништо не кажува. Гужви на шалтер – менталитетот е крив. Лежерни и мрзливи административци – менталитетот е крив. Кротки работници кога работодавецот им ги крши правата – менталитетот е крив. Неценење на своето – менталитетот ни е крив. Па овој наш менталитет опасен – секаде го има, и во сè и сешто си го пика носот.

Пребарувајќи како би можело најлесно, наједноставно и најразбирливо да се објасни македонскиот менталитет, сосем случајно, клик по клик, наидов на блог-пост, кој беше одговор на сите мои прашања. Во постот кој носи наслов „Македонски менталитет“, меѓу другото, го пишува и следново:

„Македонскиот менталитет отприлика е ваков:

ЉУБОМОРА - Да му умре козата на комшијата…

ЗАВИСТ - Над Македонскиот казан во Пеколот нема ѓаволи кои ги тепаат и буткаат тие што ќе се качат малку погоре за да излезат, туку оние од доле ги влечат за да паднат…

НЕЕДИНСТВО - Тоа беше Пиљара на времето така?

ПОДЕЛЕНОСТ- Античко-Словенски, лево-десни, патриоти-предавници, сељаци-фраери,Македоноид-Соросиди, Удбаши-Војводи, Титоисти-Гоцеисти, Србомани-Татаромани, Грколижачи-Турколижачи, Сечени-Крстени, Граѓани-Провинцијалци, Верници-Комуњари, Атеисти-СоВлакнаВоНосот, АЕднооиди-Цингоиди, Б.Ц-В.Ц…

НЕСАМОУВЕРЕНОСТ - Што ќе речат Комшиите, Брисел, Белград, Софија,Вашингтон…

МИТО И КОРУПЦИЈА - Фрли рипче, фати крапче…

СЕЗНАЈСТВО - Експерти, експерти и уште експерти - Ако некој прави, зошто прави? Кога може да седи и да јаде…“

И немојте сега да ми кажете дека не се пронајдовте (или некој ваш близок) во овие неколку реда. Факт е дека од љубомора и завист не напредуваме. Така наместо ние да се радуваме на комшијата што после 10 години макотрпна работа, конечно успеал да заштеди за кола од 10.000 евра, ние кроиме планови колку дена да поминат, па да му ја изгребеме со клуч, и да му издишеме гуми. Кога некоја наша „пријателка“ ќе биде

Page 17: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

унапредена, веднаш знаеме дека шири нозе на високо ниво...

Секогаш кога некој наш близок ќе изнесе добра идеја на повидок, ние се трудиме да му дадеме илјада и една причина зошто да не го направи тоа. На секое негово зошто, имаме десет негативни затоа. Мислам, зар ви е потребен доказ за ова, од тоа што сите наши големи мозоци успеале затоа што се отргнале од македонското секојдневие. Физички или психички.

Секој кој е свесен за своите капацитети, и ги покажал во својата околина, меѓутоа наместо на разбирање и поддршка, наидува на омаловажување, па дури и сожалување (?!) зошто не е „нормален“ ко сите останати, зошто е попаметен, па тоа нема да му донесе ништо добро...

А моменталните уредувања ни наметнуваат дека МОРА, едноставно мора, да бидеме прифатени од околината, и дека сам човек е само за во ВЦ. Впрочем, во такво опкружување, навистина не ме изненадува мислата дека „големите лидери чекорат сами“. Товарот на успехот е премногу голем за да го споделиш со луѓе кои те влечат удолу.

За поделеноста – мака ми е од самата помисла на таа состојба. Во Македонија, поделби има повеќе отколку што државата ни има жители. Политика која е позната уште од антиката – раздели, па владеј. Полесно е да се манипулира со помала група. Па и ако им ја најдеш слабата емотивна точка – е тогаш ќе си владееш доживотно, т.е. додека не се најде нов Паметњаковиќ, па да најде

нешто уште поемотивно.

За останатите претходно наведени фактори, немам што да кажам. Доволно сте свесни и совесни за да ги препознаете околу вас.

Но она што мене лично, многу ме интересира, е колку време е потребно за да се создаде еден национален менталитет, едно колективно размислување? И колку години треба да поминат, за да истиот се промени??? И, од каде да се почне...

Велат дека мeнталитетот е резултат на историјата, културата, јазикот, обичаите, верата итн. Кога ќе размислите дека не можеме да се одлучиме која е нашата историја, кога ќе погледнете дека немаме никаква култура, кога ќе видите дека сè уште не можеме да се убедиме кој ни е официјалниот јазик, додадете кон тоа и колективна амнезија за обичаите, и средновековното верување дека само една вера е вистинската (нормално, тоа секогаш е МОЈАТА) – зар не чувствувате потреба од промена?!

Зар не сметате дека токму ние сме тие што треба нешто да промениме? И немојте веднаш по навика да се вртите наоколу, за да видите што е тоа што треба да се промени... Овој пат, направете нешто поинакво – погледнете кон себе. Погледнете, и почнете да го менувате она што не ви се допаѓа, а кое знаете дека може да биде многу подобро!

Игнорирајте ги едноличните мас-медиуми, променете ја џаболебарската примена на социјалните мрежи и почнете да размислувате со сопствена глава.

Славица Ѓоргиева

Page 18: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

18 BR.82

Evropska Unija

Претседателот на Светската банка, Роберт Зелик смета дека Европа треба да биде поодлучна во својот одговор на кризата на еврото. Во интервју за германски Шпигел, тој зборува за двоумењето на Германија да им помогне на своите соседи, и објаснува зошто канцеларката, Ангела Меркел треба да ја преземе водечката улога.

Г-дин Зелик, како претседател на Светска банка вашата мисија e да се унапредат земјите во развој, но, во моментов гледаме како развиените земји се заглавени во економска криза, додека земјите во развој се во

подем. Дали успехот во глобалната економија го промени правецот?

Без разлика дали станува збор за трговијата, развојот или инвестирањето, земјите кои се сметаа за „земји од третиот свет“ и опстануваа благодарение на хуманитарната помош сега се многу влијателни играчи. Тоа се земји како Кина, Индија, Бразил и делови од Африка. Луѓето во тие земји сè уште се многу сиромашни, но нивниот раст и нивниот успех може да им помогне. Две третини од глобалниот раст во текот на изминатите пет години им припаѓа на земјите во развој.

Intervju so pretsedatelot na Svetska banka -Robert Zelik

Vremeto e najva`en faktor za evro-krizata

Page 19: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

19

Во моментов сме сведоци на економскиот застој, кој е евидентен дури и во Индија и Кина. Но, земјите во развој се чини дека се многу помалку погодени од последиците од глобалната финансиска криза што ги зафати Европа и САД.

Земјите во развој многу побрзо заздравеа од кризата, но тие ја признаваат потребата дека мораат да продолжат да се приспособуваат. Погледнете ја Кина: тоа е земја која бележи раст од 10 отсто на годишно ниво во последните 30 години, а сепак кинеските политичари признаваат дека сегашниот модел на раст нема да биде успешен и да генерира раст во наредните 30 години. Значи Кинезите почнуваат да ги разгледуваат можностите и да внесуваат промени, како што се отворањето на услужниот сектор, менување на природата на државните претпријатија и воведување на фискални реформи.

Кога оваа глобална криза, го удри светот, земјите во развој беа побрзи од развиените земји во разбирањето на потребата за структурни реформи. Иронија е дека потребата за структурни реформи е добро разбрана во пазарите во развој, но во САД и Европа, луѓето не обрнуваат доволно внимание на потребата за структурни реформи за иднината на продуктивноста.

Кога претставниците на земјите во развој се среќаваат со своите европски колеги, тие мора да си мислат: „Ох, вие бевте тие кои ни држеа предавања, а погледнете сега во колку тешка ситуација се наоѓате“.

Колку што се важни економските предизвици за Европа, политичките влогови се дури и повисоки. Во

последните 60 години, меѓународниот поредок е лабаво воден од страна на трилатералниот систем, кој се состои од САД, Европа и Јапонија. Во случајот на Европа, во игра е нејзиното влијание и способност да креира идеи на глобално ниво.

Дали глобалната рамнотежа веќе се префрли кај други играчи? Европската унија стигна дотаму да побара Кина да придонесе во Фондот за спасување на еврото.

Мислам дека тоа беше грешка. Тоа не е исто како и да се соработува со Кина - тоа е покажување слабост. Исто така, просечниот приход по жител во Кина е околу 5000 долари годишно, од друга страна во Европа, истиот е близу 40.000 долари годишно. Што значи дека ќе им биде тешко на кинеските лидери да му објаснат на својот народ зошто Кина ја спасува Европа кога тие имаат осум пати понизок приход од Европејците. Од друга страна, кинеското инвестирање во приватниот сектор може да биде од взаемна корист.

Page 20: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

20 BR.82

Evropska UnijaАко пропадне еврото дали Европа ќе остане влијателен глобален играч?

Тоа ќе зависи од начинот како ќе се случи пропаѓањето. Европа беше играч на меѓународната сцена и пред појавата на заедничката валута. Но, спектакуларен неуспех на овој проект би можело значително да го поткопа европскиот проект и да доведе до повторна национализација на политиките во Европа. Тоа ќе биде голем чекор назад и ќе се намали глобалното влијание на ЕУ.

Какво влијание би можело да има заминувањето на Грција од еврозоната?

Никој не знае. Напишав еден текст сугерирајќи дека тоа би можело да биде како „Леман момент“. Мислев дека никој не може да ги предвиди однапред сите потреси од неуспехот на „Lehman Broth-ers“. Некои земји од југоисточна Европа имаат 30 отсто од нивните депозити во грчки банки. Сепак, неизвесноста не значи дека другите Европејци треба да им дадат на Грците сè што сакаат. Ако грчката влада се заканува со заминување на остатокот од еврозоната,

тогаш останатите земји треба да имаат алатки за да се справат со излегувањето на Грција.

Легендарниот инвеститор Џорџ Сорос предупреди дека Европа има простор од само три месеци за преструктрурање на нејзините институции. Дали се согласувате со тоа?

Не ми се допаѓаат таквите прогнози. Но, сепак времето е од суштинско значење. Ќе ви дадам примери: Европската комисија раководи со повеќе од 80 милијарди евра од структирни фондови и фондови за кохезија. Ако јас управував со Европската комисија, ќе свикував средби секое утро и секоја вечер, обидувајќи се да најдам начин како со тие пари да им помогнам на луѓето. Подлабока интеграција на пазарниот услужен сектор би можел да ја зголеми продуктивноста и можности, и да го зајакне единствениот пазар.

ЕУ би можела да го направи движењето на луѓето полесно. ЕУ никогаш нема да ја има мобилноста на работната сила како САД, поради јазичните разлики. Но има некои работи кои ЕУ може да ги направи за да им помогне на луѓето да бидат способни да се движат таму каде што се новите работни места.

Во справувањето со европската криза, Европејците превземаа многу чекори - но повеќето од нив се многу несигурни.

Се чини дека тие чекори секогаш се превземаат предоцна. Во принцип, европскиот одговор на оваа криза е потпирање на дополнителна ликвидност кога се приближува до работ на бездна. ЕЦБ купи време, но тоа време мора рационално да се користи. Земјите мора

Page 21: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

21

да се осврнат на решавање на основните фундаментални прашања.

Што друго треба да се направи?

Ако заразата продолжи да се шири, лидерите од еврозоната ќе треба да бидат подготвени - психолошки и преку Европскиот механизам за стабилност – да ги докапитализираат банките. Владите ќе треба да гарантираат банкарските депозити. Тие треба да ги поттикнат банките да им дадат кредити на деловните должници. И повеќе од јасно е дека лидерите од еврозоната ќе мораат да ги превземат овие чекори, ако кризата удри со полна сила.

Тешко е да се најде брзо, заедничко решенија кога треба да се координираат 17 независни влади.

Европскиот политички процес чека

додека не стигне до работ на пропаста, а потоа Европа наоѓа делумно решение. Тоа не е доволно. Времето сега е од суштинско значење. Предизвик на кризата со еврото не е само Грција, туку и Шпанија и Италија. Шпанија и Италија се големи. Тие се влијателни. Владите во двете земји се обидуваат да ја направат вистинската работа, но тие ја губат политичката поддршка.

Во меѓувреме, поддршката за дополнителни мерки за помош во Германија опаѓа. Половина од Германците сега мислат дека еврото е повеќе од лошо за нив.

Мојата економска филозофија ме поттикнува да сочувствувам со загриженоста на Германија. Искрено, ако бев германски државјанин, јас би бил многу фрустриран поради другите народи кои не презеле чекори за да ги

Page 22: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

22 BR.82

Evropska Unijaреформираат своите економии.

Имајќи го ова на ум, како ќе ги убедите германските гласачи да се согласат со давање дополнителни средства за помош?

Германија има стратешка цел да ја продлабочи интеграцијата на Европа со здрави економски политики и пред сè со дисциплина како водечко начело. Германија мора да раководи со тој процес. Од историски причини, Германците се неодлучни да го сторат тоа.

Штом Германија води, некои луѓе ја критикуваат земјата дека е премногу наметлива. Но Берлин секако мора да го стори тоа. Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски одржа извонреден говор пред неколку месеци. Тој рече: „Преминавме во една нова, поинаква ера и различна фаза. Потребно е Германија да ја преземе водечката улога.“

Дали канцеларката Ангела Меркел води премногу неодлучно?

Јас многу ја почитувам канцеларката Меркел. Ја познавам уште од времето кога беше лидер на опозицијата. Мислам дека таа е многу интелигентна. Исто така сметам дека таа е многу ефикасна како политичар во опипувањето на пулсот на германската јавност.

Дали се обидувате да кажете дека таа е само политичар, но не и лидер?

Јас не ги оцрнувам политичарите. Луѓето кои се избрани ги превземаат одговорностите, а нам ни треба мешавина од политика и политики, како што видовме насекаде во светот. Технократите не успеаа без политички вештини. Сепак, мислам дека многу е

важно да се зборува, како лидер, и јасно да се објасни кои се стратешките цели на Германија во оваа евро-криза.

Како треба да изгледа германската визија за Европа?

Германија треба да продолжи да ги потенцира фискалните и структурните реформи. А тоа може да го стори со негувањето на подлабока интеграција. Но, Германија, исто така треба да биде појасна за тоа како ќе им помогне на земји кои ќе ги преземат сите неопходни чекори. Чекор-по-чекор, Германија нуди многу. Но, таа ја губи политичката сила со тоа што не застанува на чело на процесот за справување со кризата и не објаснува што ќе стори, ако се извршат реформите.

Многу Германци се загрижени дека земјите во криза едноставно ќе ги земат парите за помош и ќе ги одложат реформите на неодредено време.

Шпанија и Италија спроведуваат многу тешки реформи. Тоа се видови на реформи кои германскиот министер за финансии Волфганг Шобл и други ги поздравија. Ќе биде потребно време овие реформи да ја покажат својата ефикасност, затоа што тие вклучуваат и фискална консолидација и структурни реформи. Значи треба да се балансираат овие среднорочни реформи со осигурување за финансии на среден рок.

Бланко чек од Германија не може да биде решение. Според најлошото сценарио Германија би можела да биде одговорна за долг тежок 500 милијарди долари.

Постојат многу опции. Јас не би ги поддржал бланко еврообврзниците, затоа

Page 23: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

23

што тогаш ќе се изгуби дисциплината на пазарот. Сепак, имало предлози да се користат евро-обврзниците за земји со долг до 60 проценти од БДП, така што било кој износ кој земјите ќе го позајмат ќе зависи од националната задолженост.

Германците уште се сеќаваат како префрлија огромни суми пари во поранешна Источна Германија по обединувањето. Овие трансфери не успеаа да ги создадат „цветните пејзажи“ кои ги вети тогашниот канцелар Хелмут Кол.

Мислам дека обединувањето на Германија беше историски успех. Не може да го гледате светот само од економски аспект. Обединувањето на Германија беше достигнување на слободата, демократијата и на германскиот народ. Точно е дека има лекции кои треба да бидат научени од некои скапи економски чекори кои беа преземени во текот на обединувањето. Една од лекциите е потребата да се зголеми продуктивноста во земјите во развој, знам дека поголемите инвестиции ќе бидат поисплатливи.

Помошта за остатокот од Европа ќе чини многу повеќе од обединувањето на Германија.

За тоа останува Германците да одлучат. Не е мое да одлучам наместо Германците, но она што можам да го кажам е дека ако не преземат вистинските чекори, сериозно се ризикува иднината на Европа.

Кој би можел да биде европски сојузник на Ангела Меркел во овој процес?

Кога Хелмут Кол и Франсоа Митеран работеа заедно, тие исто така работеа

преку тогашниот Претседателот на Европската комисија Жак Делор за обликување на ставовите на другите Европјани. Дали сегашниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, би можел да ја игра улогата на Делор - не знам. Исто така, францускиот претседател Оланд е на многу добар пат. Од една страна, тој може да соработува со Германија во дејствијата кои доаѓаат во комбинација за создавање на стимулации и охрабрување за основните реформи кои Германија ги бара, но исто така, осигурува економска поддршка за реформаторите. Од друга страна, ако претседателот сака да води политики кои ќе ги исплашат инвеститори и бизнисите, тој ќе ја вовлече и Франција во проблемот.

Американците, па дури и претседателот Барак Обама, избрзаа да ја обвинуваат Европа за сегашното забавување на глобалната економија. Но, задолженоста на САД е всушност повисока од онаа на Европската унија.

Австралискиот министер за надворешни работи Роберт Кар, многу добар пријател на Америка, ме посети пред околу пет

Page 24: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

24 BR.82

Evropska Unijaнедели. Неговата главна порака беше дека на Соединетите Американски Држави им недостига еден буџетски договор до враќањето на својата глобална предост. Претседателот го преструктуира и го прошири системот за здравствена заштита, како негов приоритет број еден. Можеби ако Белата куќа била позапознаена со

предизвиците со кои се соочува тековниот буџет, тие ќе ставеа некои други фундаментални економски прашања во прв план. Значи ако она што се случува во Европа е важно за нејзината глобална улога, тогаш она што се случува со буџетот на САД е важно за задржување на влијателноста на САД во светот.

Превод: Кристина ВељаноскаИзвор: Spiegel

Page 25: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

25

Xorx V. Bu{:

Arapskata prolet i amerikanskite ideali

„Не е наше да одлучиме дали треба да започне или да заврши ослободителна револуција на Блискиот Исток или било каде. Наше е да одлучиме на чија страна ќе застанеме.“

Ова е неверојатен период во историјата на слободата. Арапската пролет го предизвика апсолутистичкото владеење прв пат по падот на Советскиот комунизам. Помислата дека арапскиот народ е задоволен и покрај тоа што е угнетуван, отсекогаш била чудна.

Сепак, видовме нестабилност, несигурност и одмазда од страна на насилните лидери. Пад на стар општествен поредок предизвикува гнев и немири, затоа што постои страв дека новиот поредок нема да најде свое место.Двете партии во Вашингтон ги согледуваат ризиците што доаѓаат со демократските промени, конкретно во Блискиот Исток

и северна Африка, и сметаат дека опасноста е голема. Америка, велат тие, треба да е задоволна со тоа што ги поддржува познатите непосакувани лидери во име на стабилност.

Но, на долгорочен план, пристапот на надворешната политика не е реалистичен. Не е должност на Америка бескрајно да го заштитува стариот поредок, којшто пак постојано е нестабилен. Угнетувачките влади не веруваат во распределбата на правото и власта со што го придушуваат најефикасниот извор на државен напредок и успех.

Оваа криза е составен дел од тиранијата.

Page 26: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

26

Ги плаши и се бори против секој атрибут што ја прави една нација голема: креативност, решителност и одговорност. Диктаторите можат да ја сочуваат власта некој период со тоа што ќе додаваат масло на омразата кон непријателите, внатрешни или надворешни, вистински или измислени. Но, ќе дојде време кога во бедните и просечни општества, неуспехот ќе стане очигледен.

Америка не одлучува дали треба да започне или да заврши ослободителна револуција на Блискиот Исток или било каде. Одлучува само на чија страна ќе застане.

Денот кога диктаторот се решава да го изоди демократскиот пат е величествен. Годините на транзиција може да се тешки. Луѓето забораваат дека ова беше реалноста во централна Европа, каде

демократските институции не никнаа преку ноќ. Одвреме навреме имаше корупција, враќање на криминал и носталгија за комунистичкото минато. Клучните економски реформи некогаш се покажаа како болни и неуспешни.

Потребна е храброст да се започне ослободителна револуција. Но, потребна е храброст и за да се осигура ослободителна револуција преку структурални реформи. И двата типа храброст ја заслужуваат нашата поддршка.

Ова сега е предизвикот во делови од северна Африка и Блискиот Исток. По еуфоријата, народот мора да реши неверојатно сложени прашања: каков ефект ќе има новата власт врз правата на жените и верските малцинства? Како може полицијата да биде вклучена

Page 27: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

27

во народната армија? Каква треба да е врската помеѓу централната и регионалната власт?

Оние проблеми што некогаш со сила биле потиснувани, сега мора да се решат со помош на политика и консензус. Но, политичките институции и традиции понекогаш не се доволно моќни.

Ги знаеме проблемите. Но, има надеж. Народот во северна Африка и Блискиот Исток сега сфаќа дека нивните лидери не се непобедливи. Луѓето од регионот создале навика за неслога, но и надеж од економскиот перформанс. Идните владетели, кои би ги занемариле овие очекувања (што се обидуваат да ја вратат опресијата и да обвинуваат кого стигнат), ќе бидат самите одговорни за тоа.

Нашата цел како Американци треба да биде да им помогнеме на реформаторите крајот на тиранијата да го претворат во трајни и одговорни граѓански структури. Новата демократија бара цврсти закони, политички партии посветени на плурализам и слободни избори. Слободните општества зависат од

владеењето на законот и правото на имот, а воедно бараат и стабилна економија што ќе ги воведе во отворениот светски пазар.

Оваа работа бара трпение, креативност и активна американска поддршка. Ќе вклучи засилување на граѓанското општество со акцент на жената и

нејзината улога. Ќе бара постојана одбрана на религиозната слобода. Ќе значи и охрабрување на напредок, образование и здравство, како и трговија и странски инвестиции. Нормално, ќе има и лоши страни. Но, доколку Америка не го поддржи напредокот на демократските институции, кој ќе го направи тоа?

При поддржување на слободата, нашите методи ќе бидат флексибилни. Промените доаѓаат во различно време, на различно место. Но, флексибилноста не значи неодреденост. Истите принципи мора сите народи да ги применат. Кога една земја се нафаќа на слобода, се случува економски и социјален пресврт. Само кога владата го почитува достоинството на својот народ, може да се каже дека народот ја исполнил

Page 28: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZINBR.82

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

28

својата величественост. Кога владата ги прекршува правата макар на еден граѓанин, тогаш не го почитува целиот народ.

Ништо не е лесно кога се работи за слобода. Во Америка, знаеме по нешто за тешкотиите при заштита на малцинствата или за создавање на армија

или одредување на врската помеѓу централната власт и регионалната – ама со сите овие предизвици се соочивме на денот на независноста. И безмалку нé распарчија. Требаше да поминаат децении за конечно да ги исполниме зацртаните идеали. Ама, никогаш не се откажавме од вербата во тие идеали, па не треба ни денес.

Автор: Џорџ В. БушИзвор: Wall Street Journal

Подготви: Милена Петровска

Page 29: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

29BR.82

Знаете кога температурите ќе започнат да вријат низ асфалтот на ова наше мало гратче? Епа сигурно сите знаете и дека баш тогаш жителите на Скопје го бараат спасот од летната жега некаде по кејот на Вардар.

Ништо не може да го замени ноќното свежо ветерче на кејот додека седите на некоја клупа или кафуле и зјапате во ѕвездите. После целодневно мачење на жешкиот асфалт, ова му доаѓа како вистински тропски рај на секој скопјанец, роден или дојден.

Кејот на Вардар со векови наназад е летниот рај на Скопјани. Уште од времето кога баба и дедо оделе на годишен одмор баш таму. Во последно време заживува уште повеќе и со идејата за враќање на сјајот на градската плажа. А таму, ладно пиво, свеќи и ледено ветерче.

Нормално дека како што нас ни опаѓа стандардот за живот, се раѓа и желбата за плажа - ама поблиску. И додека скопската летна шема се враќа на градска плажа, на истото тоа место започнало да цвета и некој чуден гето филм.

Минете ли во доцните вечерни часови под било кој мост на кејот, веднаш ќе запознаете мал милион сомнителни ликови кои упорно ве разгледуваат. Некои се таму за физиолошки потреби, ама повеќето ве гледаат некако „заљубено“.

Она местоно на кеј, веднаш под старото скопско Маџар Маало навечер е вистински рај за разладувачките прошетки на Скопјани. Ама баш на тоа место пред некој ден ме затекна банда од вкупно седуммина Роми. Тие беа клинци

Geto - letna skopska {ema

Page 30: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

30 BR.82

не постари од 14 години, со сериозна намера да ме ограбат. И така, скопската летна шема се претвори во пекол.

Ме опколија и се назабија. Расправијата траеше нешто помалку од 20 минути, епилогот заврши среќно само поради тоа

што наидоа други луѓе на велосипед кои можеби буквално ми го спасија животот. Сè уште не сакам да мислам што ќе беше да не дојдоа...

Дење просјак, ноќе - вооружен напаѓач. Во средината на летната скопска шема на кеј пополека израснува едно големо гето. Полицијата и власта без акција, можеби не знаат за оваа новонастаната ситуација. А богами, ситуацијата станала опасна.

Како што се зголемува беспарицата, расте и трендот за народот на градска плажа и по кеј, а со доаѓањето на народот, се појавиле и разни банди со намера да ви го одземат и она малку што го имате.

До каде ќе одиме, не знам, туку, муабетот ми беше, никогаш сами по кејот на Вардар, оти колку и да е рајски, таму е како во гето...

Елена Николовска

Page 31: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

31BR.82

Уште кога човек ќе се разбуди па сé додека не си легне во постелата, неизбежно е да биде дел од т.н. општествени фарси. Директно или индиректно, станува дел од една игра каде три дена однапред се знае кој е губитникот, а кој ќе си оди дома со потенкиот крај.

Општеството ги надмина своите граници во креирањето предрасуди. Денес, скоро секој со малку подлабок џеб, знае подобро од тебе. Знае кој си, што си, од кое „племе” си излегол, знае и каде ќе завршиш. А што ќе направиш - тоа останува под будното око на заедницата каде живееш.

Добар пример (ако не и вечен симбол) за она што било и што останало од „фасадираното“ општество се, кој друг ако не тие - комшиите. Кога од другата страна на оградата ќе чуеш „што има ново?”, знаеш дека комшијата знае нешто за тебе, нешто што ниту ти самиот уште не си го научил. Тој веќе дознал од некој

друг дали ти ја исклучиле струјата или пак водата. И како на подбив, следува муабетот дека „државата е крива”.

Или пак, ќе отидете во продавница и ќе видите цена 99 денари. Прашање е дали има поголема фарса од ова. Мислејќи дека е поевтино, луѓето се лепат кон работи кои немаат вредност за на крај да излезе дупло поскапо бидејќи ќе се расипе и пак ќе треба да го купиш поскапото.

Ова се работи со кои „обичниот“ народ се среќава секојдневно, што, кога ќе видите и не е некоја голема работа. Но, кога ќе отидете еден степен погоре и кога подбивноста ќе се замени со „еј, слушај, сред гужва сум/на состанок сум, ќе се јавам подоцна”, и ќе ви спуштат слушалка - станува посурово и сé поблиску до реалноста.

Да не ја заборавиме и можеби најболната фарса на денешницата. Гледате конкурс

Op{testvo na farsi

Page 32: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

32 BR.82

за работа кој штотуку излегол во службен весник, а всушност свесни сте дека на работното место што се нуди веќе со месеци има поставено човек што работи. Тогаш зошто бил воопшто објавен???

Не дај боже да треба да отидете на лекар. Гледате испоседнале стари луѓе кои не можеле да отидат на пазар па тука, и чекате ред. И чекате така два часа,

нервозни, гладни, препотени, за на крај да дојде некој „во брзање“ и незакажано да влезе пред вас. Но, добро, тоа е заради итен случај. За неколку минути ќе му затвори обложувалницата.

Како одите нагоре во државните нивоа на комплицираност, сфаќате дека е исто како во „Пеколот” на Данте Алигиери - станува сé полошо. Кругот станува сé повеќе тесен, за да дојдете до самиот врв на фарси. Тогаш сфаќаш дека цел живот ти бил исполнет со нив. Едноставно не можеш да побегнеш, бидејќи тие се битието на нашата заедница. Затоа ниедно општество не е вечно. Кога нешто се темели на фарса - не издржува долго...

И на крајот Данте стигнал до Рајот и како-така видел бел ден. И Македонецот кога ќе стигне во рајот ќе види бел ден но, чекајте, прво да се ослободи од даноците на земјата.

Емилија Петреска

Page 33: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

33

Artvizor

BR.82

Evergrin na „site vremiwa“ 2

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.

На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и

повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“.

Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на [email protected] и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

Page 34: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

34 BR.82

Како Вардар – ЗАФИР ХАЏИМАНОВДевојко зрело јаболко

Не ме гледај така под око, Душава ми ја изгоре, Срцево ми го разболе.

Како Вардар ќе дотечам, На раце ќе те однесам, Како Шара ќе израсне

Љубовта нашата голема...

Летај галебе – ВЕРИЦА РИСТЕВСКАИма еден галеб тажен,О да, низ солзи мои што броди.Има еден живот празен,О да, без ден да му се роди....Летај тивко, галебе мој тажен,Допри сонце, зароби го в час,Дај ми мало парче мирно сино небоИ стопли ми душа, и стопли ми душа.

Летај низ солзи мои, галебе мој тажен,Летај кон неба твои, галебе мој тажен,Летај кон очи топли во мракот што тонат,Дари им сон, летни, спаси ги.

Page 35: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.82

Ангели ме носат – СИЛВИ БЕНДБоже колку вљубена, вљубена занесена.

Бегам јас од овој живот, со него ќе најдам друг.Тој ме носи в прегратки, нежно тој ми шепоти

Златни некои свои сказни, сказни неповторени.

Кога одам кај него ангели ме носат,Кога лежам со него јас на небо сум.

Ѕвезди изгорете ме, ветрој разнесете ме,Река златна безкрајна в градиве ми тече...

Скитник – ЈАКОВ ДРЕНКОВСКИГо сакам денот што си оди ја сакам ноќта јас

Утрата што минати се и ноќите во сонГо сакам она што го немам сега јас сакам сè.

Патеките по кои одам веќе не ги знамЗемјата на која спијам мој е иден дом

Ветерот со кого зборам единствено го знам пријател е мој.

Јас знам сепак еднаш ќе го најдам својот доми сè ќе мине како во сон

Сè ќе мине во еден час штом ќе запрам јасможеби не се лажам пак...

Page 36: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

36 BR.82

Почесна стрелба – МИЗАРДогледање, без бакнежи, солзи;

И на нозе – додека пишува The End!

Од Истокот златно-жолт ден се раѓа,А навечер на Запад сè се дави в крв.

Наместо со торжествен тресок,Светов ќе замолкне во срамен писок:

Nevermore!

Нишани горе в небо!Нишани горе в небо!..

Подготви: Славица Ѓоргиева

Манифестацијата ја организира продукциската куќа „Green Entertainment” со поддршка од меѓународно етаблираната агенција за односи со јавност „Chapter 4“ од Македонија.

Page 37: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

Artvizor

BR.82

Јосу, Кореја

„Животот на океанот и неговите брегови“ е темата на која оваа година ќе се фокусира Светската изложба (12 мај-12 август), а истата ќе се одржува во крајбрежниот град Јосу во Кореја.

Се очекува овој настан да биде еден од најсофистицираните и најмодерните светски саеми.

На изложбата се очекуваат 100 земји учеснички и неверојатни осум милиони посетители, кои ќе уживаат во убавините на овој океански парк и во разните форми на архитектонскиот раскош. Сите форми заедно ќе ја поддржуваат идејата дека човекот е одговорен за здравјето на планетата.

Zadol`itelni avanturi vo 2012

Дали сте авантуристи по природа? Дали постојано планирате патувања? Сите оние со авантуристички дух и полн џеб, кои едвај чекаат да ги спакуваат куферите и да заминат, треба да ги разгледаат нашите предлози за 2012 година. Можеби токму еден од нив ќе биде вашата следна дестинација.

Page 38: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.82

Антарктик

Во последната, седма епизода од документарецот на ВВС „Замрзната планета“ гледачите се сведоци на „најголемиот природен настан на нашата планета“ - колапсот на ледениот гребен

Вилкинс со големина на Јамајка. Белиот континент постојано се менува, по можеби е вистинско време да го видите тоа лично, без раскажувањата од страна на Дејвид Антерборо.

Полска и Украина

Кој не би сакал да присуствува на голем спортски настан? Евро 2012 - 14-то

Европско фудбалско првенство. УЕФА овој пат одлучи дека е време за нешто

Page 39: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.82

поинакво, па така големиот турнир во фудбал ќе се случува на стадионите во

Полска и Украина. Варшава и Киев ќе бидат домаќини.

Перл Харбор, Оаху, Хаваи

Минатата година САД започна проект за посетителите на Перл Харбор кој вреди 56 милиони долари. Проектот вклучува нов музеј, кино сали и простории за изложби, кои придонесоа Хаваи да стане место кое навистина заслужува да се

посети.

Најавено е реновирање на спомен структурата Аризона, која е изградена на местото каде е потонат воен брод кој одзеде 1.177 животи.

Калгари, Канада

Секое лето, Калгари е каубојски епицентар во Канада. Сите каубојски настани заедно придонесоа овој традиционален настан да се стекне со титулата „Најголемо отворено шоу на планетата“.

Настанот започна во далечната 1912 година, со цел да се зачуваат вредностите и наследството на Западот.

Што значи, годинава ќе биде одбележан 100-годишен јубилеј. Почнувајќи на 6 јули, па сè до 15 јули, имате шанса да присуствувате на одличен настан. Доколку немате ништо испланирано еве една супер идеја.

Повеќе од 700.000 посетители се очекува оваа година да бидат присутни во Калгари. Зошто и вие да не сте дел

Page 40: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.82

од нив?

Мјанмар

Изолирана диктатура под опсада на еконмски санкции, кршење на човековите права и протести предизвикани поради продемократски движења - дел од карактеристиките на Мјанмар.

Меѓутоа, кога станува збор за туризмот Аунг Сан Су Кји ветува дека патувањето

и престојот во оваа земја се безбедни.

За неодлучните патници, 2012 може да претставува година кога ќе се посветува повеќе внимание на пејзажите на Јужна Азија која е безвременска, има преубави споменици и шармантни жители кои сè уште се надеваат.

Page 41: Револуција магазин бр.82

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.82

Лондон, Англија

Градот е домаќин на Летните олимписки игри оваа година кои ќе се случуваат од 27 јули до 12 август. Лондон е првиот град кој по трет пат ќе биде домаќин на ОИ.

За да докаже дека вреди да биде

посетен, Лондон изгради Олимписки парк на површина од 200 хектари и ќе бидат воведени мерки со кои ќе биде спречен застој во сообраќајот и мерки со кои цените ќе останат нормални и за време на настаните.

Доколку сè уште не знаете како ќе го искористите летниот одмор еве ви седум предлози. Размислете добро, за кој и да се одлучите нема да погрешите. Ви посакуваме прекрасно авантуристичко лето!

Превод: Љубица КартоваИзвор: CNN GO

Page 42: Револуција магазин бр.82