Револуција Магазин бр. 100

44

description

Магазин за политика, економија и култура.

Transcript of Револуција Магазин бр. 100

Page 1: Револуција Магазин бр. 100
Page 2: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA17 Noemvri 2012

2

Page 3: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

17 Noemvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Славе Ангелов, Наташа Димеска, Елена Павловска, Олгица Трпевска, Кристина Димовска, Емилија Петреска, Маја Мојсоска, Соња Ничевска, Валерија Василева

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Tenkata linija pome|u tehnokratot i avtokratot

Posledniot predizvik mu e da go pobedi Gruevski

Od osnova~ do ostar kriti~ar na VMRO-DPMNE

Najsiroma{niot pretsedatel vo svetot

Kako hex fondovite vladeat so svetot

[est nepi{ani pravila za javniot prevoz

Strastite na mladiot K.

Umetnosta koja }e ve ma|epsa

Osve`uvawe na muzi~kata scena - 50 godini evergrin

100MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

9

15

18

22

29

33

37

40

Page 4: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA17 Noemvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

„Esen“ - Vasko Nikolov

Page 5: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Tenkata linija pome|u tehnokratot i avtokratot

Многумина политичари од левицата и десницата го потценија технократот Никола Груевски кој денеска го гледаат како автократ кој ја контролира севкупната власт во Република Македонија.

Тивко кон целта...

Македонскиот премиер Никола Груевски ја презеде функцијата на 26 август 2006-та година, откако неговата десно ориентирана партија ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори одржани на почетокот од јули.

Груевски е роден на 31 август 1970-та година во Скопје. Иако во детството сонувал да биде актер, боксер, сепак, станал економист. Дипломирал економија на Факултетот за економија во Прилеп во 1994-та година, а подоцна завршува курс на Институтот за хартии од вредност во Лондон.

Неговата професионална кариера ја започнува во 1995-та година, кога почнува да работи во Балканска Банка во Скопје. Подоцна станува шеф на одделот за ликвидни средства во оваа

финансиска институција.

Во декември 1998-та година, Груевски беше назначен за министер за развој во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски, а подоцна за министер за финансии. Иако важел за повлечен и тивок министер, меѓу неговите постигања за време на тригодишниот мандат се вбројуваат воведувањето на ДДВ и имплементацијата на финансиските реформи, вклучувајќи ги и мерките против затајувањето на данок, нешто кое ниту еден претходник не успеал да го направи.

По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во септември 2002 година, тогашниот лидер Љубчо Георгиевски го предлага за свој наследник, кој треба да го трасира патот на новото ВМРО ДПМНЕ.

Page 6: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.100

Премиер

По речиси четири години во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и неговите партнери во коалицијата „За подобра Македонија“, победија на парламентарните избори одржани на 5 јули 2006-та година, освојувајќи 44 пратенички места од вкупно 120. После неколку недели консултации, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ формираше коалициона влада, вклучувајќи и претставници на уште четири други партии – Демократската Партија на Албанците (ДПА), Новата Социјал Демократска Партија (НСДП), Социјалистичката партија (СП) и Либералната Партија (ЛП).

Со својот главен приоритет за економско заживување на државата, тој го зазеде премиерското столче и изненади многумина кои го потценуваат.

Проектот 24/7

За да ги оствари своите замислени проекти, но и програмата која му ја вети на народот кој несебично го поддржа, Груевски го започна своето сурово темпо

на работа, 24/7. Односно тој започна да држи седници на владата кои траат и по 16 часа.

Многумина тврдат дека премиерот со своите маратонски седници на владата наликува како да владее во социјализмот. Владите кои се во војна, или имаат вонредна состојба во својата земја поради голема временска непогода, ураган, земјотрес, нуклеарна хаварија и кои се во, таканаречено, постојано заседание не поминуваат 16 часа на работа, бидејќи таквиот замор може да предизвика контрапродуктивни резултати.

На тркалезната маса на француската влада, на пример, на централно место е стар часовник кој опоменува дека не би требало седниците да траат повеќе од еден час. И многу други влади и премиери се познати по својата ефикасност кога на владините седници се носат клучни и стратешки одлуки и предлог-закони, а сé друго е во одговорност на надлежните министерства и институции на системот.

Долгите расправи по цели ноќи и денови

Page 7: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

Во еден викенд тој успеа да се појави дури на шест манифестации,

со сосема различен карактер и да

разговара на различни теми, кои и баш не се од суштинско значење

за државата.

покажуваат и многу други работи кои не се гледаат на прв поглед. Ако не е гол маркетинг дека владата многу работи, тогаш е јасно дека Владата нема самодоверба. Само во демократски недоизградените системи, каде што целата власт и целата одговорност се префрла на еден човек седниците траат со денови.

Ц в р с т а т а централизација и одлучување за секое прашање со одобрување на премиерот, а за кое и по законски пат се надлежни само министерствата, владините агенции и фондови, е доказ дека надлежните институции не можат да донесат самостојно одлука и таму каде што имаат цврсти законски овластувања.

Така се суспендираат институциите на системот. Во владата на Никола Груевски не може да се направи ниту еден потег без негов амин. Тоа ја намалува одговорноста кај надлежните министри и ресори кои треба да одлучуваат независно.

На седниците и понатаму продолжија да се разгледуваат по 102 точки, за да дискутира за нив и секако да им се даде најкраток можен рок на министрите за да ја сработат својата домашна задача, секако, откако ќе заврши маратонската седница.

Лопата и ножици

Груевски во својот шест годишен мандат постојано нагласува за економските промени кои ги вовел, за работните места кои ги отворил. Темпото на работа 24/7,

односно на отворање нови инвестиции, нови патишта, нови објекти им даде инспирација на многумина да го наречат

„подвижен камен темелник“.

Токму во предвечерјето на нови локални избори, а и можни предвремени парламентарни избори, Груевски се очекува да зачесто да „фрла лопати“.

Во еден викенд тој успеа да се појави дури на шест

манифестации, со сосема

различен карактер и да разговара на различни теми, кои и баш не се од суштинско значење за државата.

Владеење со кревање постојана врева

Многумина неговото владеење го нарекуваат „статичен велосипед“ токму поради кревањето на преголема врева за ништо. Многу „спинување“ (вртење), голема врева, постојана драма и немерено трошење на ресурси, но државата е на сосема истото место во кое што истата беше, кога Груевски го презеде седиштето на велосипедот.

Со овој свој статичен велосипед тој успеа да ја политизира целата држава,

Page 8: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.100

со процесот на прекумерни вработувања во државната администрација, места кои ги оддели за „верни сопартијци“, оние кои потоа на секои следни избори својата лојалност му ја покажуваат со собирање на гласови и продолжување на неговиот мандат.

Тој од јавната администрација направи партиска фирма за вработување, која ја користи само за задоволување на интересите на членовите на неговата партија, заборавајќи на интересите на сите граѓани.

Технократот се трансформира во автократ?

Популарниот „Економист“ направил профил на Груевски во кој го опишува како технократ кој е под влијание на други. Имено периодот кој го минал со семејството Мијалкови, додека неговата мајка во Либија работела како медицинска сестра, се одразува денеска на цела Македонија.

Токму затоа тој многу власт има препуштено во рацете на својот братучед Мијалков, кој многумина го карактеризираат како премиер во сенка.

Токму оваа негова поврзаност со братучедот, ја потенцира и неговиот коалициски партнер Ахмети. Тој потенцира дека премиерот е премлад и токму таа младост дозволува тој да бара совети од други, кои потоа се рефлектираат врз неговата работа и пред сé врз неговата коалиција со ДУИ.

„Економист“ тврди дека Македонците или го сакаат или го мразат. За голем дел од нив тој е популист, безобѕирен макијавелист и непријател на слободните медиуми. За неговите поддржувачи е скромен човек, кој ги негува семејните вредности и опасност за тајкуните кои затајуваат данок.

Автор: Наташа Димеска

Page 9: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

Posledniot predizvik mu e da go pobedi Gruevski

„Никој не го ни познаваше. Се знаеше само дека како најмлад член на поранешниот ЦК на Сојузот на комунистите, ја кажал реченицата „Со ситни души држава не се прави“.

Но, ние што тогаш имавме по 40-ина години оценивме дека треба да му се даде можност на еден млад човек со наша помош да го победи националистички настроениот Љубчо Георгиевски, кој во тоа време имаше само 25 години.

Оценивме дека новата СДСМ не само програмски, туку и симболично, преку ликот на лидерот, треба да се одлепи од минатото за кое беше обвинувана, а лидерот да биде иста или слична генерација со лидерот на главната опозициска партија. И не згрешивме“.

Ова го раскажа Ѓорѓи Спасов, истакнат политичар од редовите на СДСМ, кој

бил сведок на настаните во партијата на почетокот од осамостојувањето на нашата држава.

Бранко Црвенковски стана претседател на Владата на Република Македонија, со само тригодишно претходно искуство во политиката.

До сега тој се наоѓаше на многу високи функции и позиции, дури неколку пати беше премиер, а еднаш претседател на државата. Денеска како водач на опозицијата повторно е актуелен во сите медиуми, но општиот впечаток е дека неговите „славни“ денови, веќе се избледени и дека ништо ново не можеме да очекуваме од него.

Во овој текст ќе се обидам да дадам краток осврт на подемот, а и падот на Бранко Црвенковки.

Page 10: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.100

Личен живот

Бранко Црвенковски е роден на 12 октомври 1962 година во Сараево, Босна и Херцеговина, во офицерско семејство на тогашната ЈНА. Семејството му потекнува од Слатино, Охридско. Неговото семејство се враќа во Скопје во 1963 година. Во главниот град тој завршил основно и средно образование.

Во 1980 година се запишал на Електротехничкиот факултет во Скопје, Oтсек за Информатичка технологија и автоматика, каде што се запознава со сопругата Јасмина, со која подоцна имаат две деца, Љупчо и Марија. Факултетот го завршува во 1985 година.

Пред да стане политичар, со сопругата Јасна заедно работеле во компјутерската фирма „Семос“. Неговата сопруга

продолжила да работи таму. Јасна Црвенковска важи за „најанонимната“ сопруга на премиер, која во јавноста се појавува само во исклучителни случаи, кога не може да го заобиколи протоколот што го налагале д о с е г а ш н и т е функции на нејзиниот сопруг (таа беше и прва дама на Македонија).

За Јасна само на прв поглед изгледа дека останала во сенка на својот популарен сопруг, бидејќи и самата е познато име во информатичкиот бизнис.

Најмлад премиер во Европа

Политичката биографија на Бранко Црвенковски почнува во далечната 1989

година, кога Петар Ѓошев, доаѓајќи на функцијата- претседател

на тогашниот ЦК СКМ, го унапредува од обичен член - во член на Претседателството на ЦК СКМ.

Во екипата што тогаш ја создаде Ѓошев и која беше основата на подоцнежната СКМ ПДП, од која настана СДСМ, беа уште и Тито Петковски, како секретар на Претседателството и Никола Поповски, како член на Претседателството.

Во тоа време талентот на Црвенковски за политика, првпат ќе биде препознаен

Page 11: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

при познатите вевчанско-октиски случувања, кога на една затворена седница на Претседателството, Црвенковски отворено ќе ги нападне Јаков Лазаровски и Васил Костојчиноски дека тие ја матат водата во Вевчани.

Подоцна работите го земаат помалку или повеќе познатиот тек. Во ноември 1990 година се одржуваат првите повеќепартиски избори во Република Македонија.

На првите парламентарни избори Црвенковски е шеф на Изборниот штаб на СДСМ. Тогаш тој за првпат е избран за пратеник во Собранието на Македонија, каде што ќе остане запаметен како прв претседател на собраниската Комисија за надворешна политика.

На 27 јули 1992 година е изгласана недоверба на експертската влада на првиот премиер Кљусев, во која доминираа десните сили на победничката ВМРО-ДПМНЕ, која функционираше во првите две години од повеќепартискиот систем во Македонија.

По познатите настани со враќањето на мандатот од мандатарот Петар Гошев, на 4 септември 1992 година, Црвенковски е избран за претседател на

првата политичка влада на Република Македонија.

Тогаш дојде и до првиот отворен судир помеѓу него и Петар Гошев што подоцна како константна ќе се провлекува во целата кариера на Црвенковски.

Покрај Глигоров

Бранко Црвенковски стана претседател на Владата на Република Македонија, со само тригодишно претходно искуство во политиката. Само за потсетување, во

тоа време Македонија беше погодена од

енормна инфлација и недостиг од нафта и бензин.

Тој имаше голема среќа поради тоа што искусниот Глигоров беше тогаш избран за прв претседател на државата, во тие тешки

и критични денови на нејзиното осамостојување, токму тогаш кога се распаѓаше Југославија.

Неговата способност за реално проценување на состојбите му ја признаа и светските дипломати кои посредуваа на јаловите преговори на претседателите на бившите републики за спас на Југославија.

Тогаш лордот Карингтон јавно изјави дека од сите претставници на републиките, само Глигоров се однесувал разумно и бил човек од збор на кого можеле да му веруваат.

Искуството на Глигоров и младешката амбиција на Црвенковски ќе се покажат како клучни за развојот на државата.

Page 12: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.100

Црвенковски со само 29 години стана најмлад премиер во Европа. Се памети коментарот на германскиот канцелар Хелмут Кол, кој при една средба со Црвенковски, му рекол: „Мојот син има 29 години, а ти си веќе премиер!“

Поискусните демократии одбегнуваат да прават такви експерименти со воведување на неискусни кадри, поаѓајќи од тоа дека младоста не мора секогаш да биде предност во некои

професии, а особено не во политиката и не во водењето на државата.

Македонија во изминатите години, не се раководеше од тоа правило и дури не се ни обиде да направи ниту баланс меѓу младоста и искуството, што веројатно ќе се покаже и како грешка.

П р е м и е р , п р е т с е д а т е л , опозиција

Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски прв ја промовираше идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Неговиот став, кој наиде на жестоки отпори во опозициската десница, тогаш беше: „По изборите, без разлика какви ќе бидат резултатите што ќе ги оствари оваа коалиција, ќе мора да се најде место за албанска партија во владата на Република Македонија“.

Тој успеа да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членуваа само Албанци.

По прогласувањето на независноста, Република Македонија се најде во тешка економска и политичка ситуација, со висока стапка на инфлација, значителен социјален притисок и недоволна меѓународна поддршка.

Владината коалиција успеа да ја

стабилизира економијата и да го почне процесот на приватизација, кој беше неизбежен (начинот на приватизација е друго прашање).

Првиот мандат на Црвенковски како премиер беше нецелосен и траеше до 1994 година, кога се одржаа вторите парламентарни избори.

На изборите во 1994 година СДСМ оствари победа со освојување на 59 од вкупно 120 пратенички места. Тоа беше втор мандат за СДСМ во коалиција со Либералната партија, Партијата за демократски просперитет и Социјалистичката партија.

Тогаш Црвенковски како лидер на Социјалдемократскиот сојуз, кој беше на чело на коалицијата што ја однесе победата, повторно ја доби довербата да ја предводи Владата.

Во периодот 1994-1998, Македонија

Page 13: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

успеа да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: Организацијата на Обединетите нации (ООН), ОБСЕ и Советот на Европа. Потпиша и договори со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

Првите чекори во евроатлантското интегрирање на Македонија беа направени во овој период: Македонија стана членка на Партнерството за мир на НАТО, а беа потпишани и СОФА- договорот и Договорот за економска и трговска соработка со Европската унија.

По поразот на парламентарните избори во 1998 година, Бранко Црвенковски повторно се враќа во парламентарните клупи, но овој пат како шеф на опозицијата.

Стана шеф на опозицијата и, според некои анализи, оттогаш почна неговото отворање кон светот, кој веќе го класифицираше како реинкарниран комунистички лидер, ученик на југословенскиот ветеран Глигоров и неуспешен противник на конзервативната, а всушност радикална десница која, благодарение на неговото лошо владеење, триумфираше на тие избори.

Поради познатите настани од воениот конфликт во 2001 година, Социјалдемократскиот сојуз се приклучи кон Владата на политичко единство, која беше формирана со цел да запре кризата во земјата.

Црвенковски, заедно со тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски и со лидерите на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, и на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, како и со претседателот Борис Трајковски, се

потписници на Рамковниот договор.

Повторно на Илинденска ББ

На парламентарните избори во 2002 година СДСМ повторно ја освојува власта заедно со партнерите од коалицијата „За Македонија заедно“, при што неговите социјалдемократи заедно со политичките сојузници од коалицијата освоија 60 од вкупно 120 пратенички места во парламентот, а Бранко Црвенковски повторно стана премиер.

Во неговиот премиерски мандат Црвенковски како претседател на Владата ја поднесе апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија. За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија стана земја-кандидат за прием во ЕУ.

На 12 мај 2004 година, Бранко Црвенковски стапува на највисоката должност во државата, претседател на Република Македонија, по вондредните избори одржани по трагичното загинување на дотогашниот претседател Борис Трајковски. Оваа функција ја извршува до 12 мај 2009 година.

На конгресот одржан на 24 мај 2009 година, Бранко Црвенковски повторно

Page 14: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.100

застанува на челото на СДСМ, позиција која ја држи и ден денес.

Афери

Едно е јасно, ниту еден лидер на фронтот не може да ја смени актуелната состојба ако нема кредибилитет, ако не е харизматичен, како и ако има контроверзно минато на политичката сцена.

Кредибилитетот кај повеќето наши политичари е нарушен поради минатиот труд, пред сe кај лидерите на партиите, кои веќе со години ги гледаме на политичката цена, а еден од нив е и Бранко Црвенковски.

Тој веќе учествуваше во влади, дури и водеше влади, а ја и водеше државата, имаше шанса да се покаже во клучни моменти, но главно потфрли и го разочара народот, а некои потези дури му беа и скандалозни.

Народот сé уште ги памети аферите и скандалите кои се случија во времето на неговото владеење. Taква беше „Аферата ТАT“- најголемата пирамидална финансиска измама во историјата на Македонија, во која бea оштетени околу 13.000 граѓани за иснос од над 60 милиони евра.

„ТАТ“ тогаш беше причина за оставки на министри, за нивно разместување по ресорите и на крајот за пораз на партијата на Бранко Црвенковски на изборите следната година.

Во 1997-та тој даде ветување ќе го расчисти овој организиран криминал, односно ќе го фати „октоподот“, чии пипки допираа и до неговите министри, но до ден денес освен сопственичката на штедилницата, никој не ниту упасен, ниту кривично гонет.

Исто така, Македонија изгуби околу три милијарди долари од неплатените даноци на кршачите на ембаргото, кои парите ги собираа со вреќи!

Договорот, пак, за изградба на фабрика на „Ауди“ во Македонија што требаше да оди преку АСИБА, иако беше дотуркан речиси до крај, во последен момент пропадна, бидејќи Бранко Црвенковски и Тито Петковски влечеа конци за различни страни, а единствено од сето тоа корист извлече шурата на Црвенковски.

Приватизацијата, се разбира, беше неопходен процес, но беше одбран најлошиот можен модел на истата, при што државата, а и граѓаните изгубија многу, на сметка на богатењето на поединците.

Според одредени проценки, во овој процес на приватизација државата инкасираше едвај 20% од вредноста на претпријатијата.

Се смета дека од земјите во Централноисточна Европа, за најнеуспешни се сметаат процесите на приватизација во Македонија и во Романија. Најлош резултат од трансформацијата на државните претпријатија се таканаречените претпријатија-загубари.

Предизвик да го победи Грувески

По долги години поминати на функција, јавното мислење не му е наклонето на Црвенковски. Напротив, перцепцијата е таква што на негово конто се припишуваат голем број од грешките на нашата тажна транзициска приказна, без разлика дали ги направил тој или некој друг премиер.

Во самата партија СДСМ - мислењата се

Page 15: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

поделени. Од една страна се чувства почит кон еден од основачите и највијателните политичари од таа партија, а од друга страна, пак, помладата генерација смета дека тој веќе треба своето место да им го остапи на другите членови.

Денеска Црвенковски е пред нов предизвик кој самиот си го постави пред

себе, не да добие повторно државна функција, туку да го победи сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.

Битката продожува.

Автор: Елена Павловска

Ако денес е познат како контроверзна фигура во македонската политичка јавност, пред дваесетина години, Георгиевски имал сосема поинаков имиџ. Револуционерен бунтовник, со долга коса, за која самиот вели дека била инспирирана од Роберт де Ниро и сликарот Алберт Дирер.

Od osnova~ do ostar kriti~ar na VMRO-DPMNE

Георгиевски бил познат како млад надежен поет, студент на компаративна книжевност, кој дури успеал и да издаде две збирки поезија.

„Јас, Љупчо Георгиевски подготвен сум да влезам во опозицискиот фронт што го

предводи Бранко Црвенковски...“

Ова е една од изјавите, во која поголемиот дел од луѓето во Македонија, никогаш не би поверувале, ако ја чуеле од некој друг. Но ова лето, заедничката прес- конференција на Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, на која ја објавија својата коалиција, остави многу луѓе со подотворена уста.

Длабоко во меморијата на народот, се врежани, нивните телевизиски дебати од парламентарните избори во 1998 година, кои покрај стандардното политичкото

препукување, беа преполни со ниски удари и лични навреди, нарекувајќи се меѓусебно: наркоман, алкохоличар, психопат, шизофреничар... За да не се заборави, се погрижи сегашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ да води црна кампања против опозицијата предводена од Црвеновски.

Page 16: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.100

Понесен од револуционерните идеи за независна Македонија, во 1990 година, заедно со група истомисленици ја основаа ВМРО-ДПМНЕ, а Георгиевски беше избран за прв претседател на партијата.

Кога започнаа војните во Југославија, тој беше најгласниот, спротиставувајќи и се на тогашната владејачка комунистичка партија, и при тоа добивајќи голема поддршка од јавноста.

На 11 ноември 1990 година, се оддржаа првите парламентарни избори во Република Македонија, тогашна СРМ. Како што и самиот признава, на големо изненадување, ВМРО-ДПМНЕ освојува

најмногу мандати.

Формирана беше првата, т.н. експертска влада. За прв претседател на државата беше избран Киро Глигоров, а Љупчо Георгиевски за потпретседател на РМ.

По примерот на останатите републики, набргу беше усвоена Декларацијата за независност, а по референдумот од 8-ми септември, беше прогласена и независност.

Георгиевски стана потпретседател на претседателот на државата Глигоров, но наскоро поднесе оставка поради несогласувања со Глигоров за водење на државната политика.

Остар опозиционер

Во овој период, Георгиевски, остро ја критикуваше владејачката СДСМ, за усвојувањето на привремената референца ФИРОМ, за кршење на ембаргото кон Србија, за неуспешноста да се реши спорот со името, за промената на знамето, за пирамидалните штедилници, за вооружените немири во Гостивар, за атентатите, за приватизацијата, за затворањето и продавањето на

државните фирми и фабрики, за лошата економска состојба, за шверцот, за богатењето на членовите на СДСМ...

Неговата втора шанса за победа, беше на парламентарните избори од 1994 година, но ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Демократската партија, решија да го бојкотираат вториот круг од изборите, поради сомнежи за регуларноста на првиот круг.

Page 17: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

Од премиер до остар критичар на ВМРО-ДПМНЕ

Владата на Георгиевски успеа да воведе одредени реформи, како воведувањето на данокот на додадена вредност, реформа на јавната администрација, започнување со денационализација и успеа да постигнат одредени финансиски успеси, како двојно зголемување на девизните резерви и пријавување на голем буџетски суфицит.

Особено контроверзно беше признавањето на Тајван, што ја разгневи Кина, една од најголемите светски сили.

Тврдеше дека ги подобрил односите

со сите соседни земји, но особено беше критикуван за блиските врски со Бугарија, а многумина одамна се сомневаа (го сметаа) дека е бугарофил. Гласините беа разгорени, и од неговата промена на името од Љупчо, во Љубчо.

Иако цврсто ги негираше овие обвинувања, во 2006-та изби скандал дека тој побарал и добил бугарско државјанство, а во 2010, во интервју изјави дека членовите во „владата

од 1998-2002, 50 проценти биле бугарофили”.

Беше критикуван и за лошото справување со кризата со косовските бегалци, кога на стотици илјади косовски Албанци, им беше дозволен влез во Македонија, од кои многумина останаа во земјата и добија државјанства.

Во 2001 година се слуичи воен конфликт со Албанците. Владата на Георгиевски неуспеа да успешно да се справи со ОНА. Георгиевски прифати формирање заедничка Влада со СДСМ и по повеќемесечни борби со „борците за права“, Георгиевски, заедно со Црвенковски, Борис Трајковски и Арбен

Џафери, по преговорите во Охрид го потпишаа Рамковниот договор.

Во неговата автобиографска книга „Тоа сум јас”, издадена ова лето, самиот открива дека со поранешниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, разговарале за размена на територии помеѓу Македонија, Србија и Албанија, а Али Ахмети изјави дека Георгиевски му предложил поделба на Македонија.

Среде зголемени обвинувања за корупција и уништен политички имиџ, Георгиевски, изгуби на парламентарните избори во 2002-та, од опозициската СДСМ.

Набрзо потоа, се повлече од лидеркста позиција во партијата за да го предложи за свој наследник поради министерот за финансии во неговата Влада Никола Груевски. Не поминаа две години,

Page 18: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.100

Najsiroma{niot pretsedatel vo svetot

односно во 2004 година дојде до големи несогласувања меѓу него и Груевски. По неуспешното повторно враќање на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, тој со дел од своите приврзаници ја основа ВМРО-Народна партија, со која досега нема остварено значаен политички успех.

Но, ова не значи крај, за контроверзите. Георгиевски и понатаму ги предизвикува. Често се појавува во јавноста, со контадикторни изјави, како на пример дека „Македониците се најголеми фалсификатори на балканската историја“ или „Си правиме внатрешен, голем проблем во Македонија, затоа што имавме период, пред повеќе од дваесет години, кога луѓето со сила беа правени Југословени. Денеска со сила ги прават луѓето, Антички Македонци“.

За него постојат гласини, дека е еден од

најбогатите политичари во Европа, што секако не може да се потврди. Од УЈП, велат дека информациите за имотната состојба се доверливи и се даночна тајна. На прашањето за неговото богатство, Георгиевски само кратко одговара дека е богат како бизнисмне од срден формат и вели дека добро му се одвива бизнисот“.

На јавноста и се познати неговите бизниси во градежништвото, а бугарски весник откри дека регистрирал фирма за соларна енергија во Бугарија.

Ова лето, освен што шокираше со новоформираната коалиција со СДСМ, беше актуелен и со промоција на автобиографијата, во која детално открива дел одзаткулисните игри на македонската политичка сцена.

Автор: Соња Никчевска

Заедничка константација е дека начинот на живот на политичарите е поразличен од оној во нивниот електорат. Но, не и во Уругвај. Запознајте го претседателот – кој живее на скапана фарма и го дава

поголемиот дел од својата плата во хуманитарни цели.

Перената облека се суши надвор од куќата. Водата извира од бунар во дворот, обраснат со трева. Само двајца полицајци и Мануела, куче со три нозе, чуваат стража надвор.

Ова е резиденцијата на претседателот на Уругвај, Хозе Мухика, чиј начин на живот очигледно се разликува од оние на останататите светски лидери.

Претседателот Мухика го отфрли луксузниот дом кој државата им ги

обезбедува на своите лидери и одлучи да остане во куќата на неговата сопруга, надвор од главниот град Монтевидео.

Page 19: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

Претседателот и неговата сопруга сами ја обработуваат земјата, садејќи цвеќиња.

Овој едноставен начин на живот – и фактот дека Мухика донира околу 90% од својата месечна плата, околу 12,000 долари, во добротворни цели – го доведе до тоа да биде етикетиран како најсиромашен претседател во светот.

„Сум живеел вака поголемиот дел од мојот живот“, вели тој, седејќи на еден стар стол во неговата градина, користејќи ја омилената перница на Мануела.

„Можам добро да живеам со она што го имам“.

Од неговите добротворни донации – од кои имаат корист сиромашните луѓе и малите претприемачи – може да се види дека неговата плата е приближно во согласност со просечната уругвајска плата од 775 долари месечно.

Во 2010 година, неговиот годишен извештај за приходите – кој е

задолжителен за секој функционер во Уругвај – беше 1800 долари, колку што е вредноста на неговиот Фолксфаген од 1987 година.

Оваа година, тој ги додаде половина од средствата на неговата жена – земјиште, трактори

и куќа – достигнувајќи 215,000 долари.

Тоа е само околу две третини од имотот на заменик претседателот, Данило Естори и една третина од бројката објавена од неговиот претходник -Табаре Васкез.

Избран во 2009 година, Мухика 1960-те и 1970-те години ги помина како дел од уругвајскиот гериски Тупамарос, левичарска вооружена група инспирирана од кубанската револуција.

Тој бил застрелан шест пати и поминал 14 години во затвор. Поголемиот дел од неговото затвореништво го поминал во тешки услови и изолација, сé додека не бил ослободен во 1985, кога Уругвај ја поврати демократијата.

Page 20: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.100

Тие години во затворот, вели Мухика, му помогнале да го оформи својот поглед кон животот.

„Ме нарекуваат Анајсиромашен претседател“, но јас не се чувствувам сиромашно. Сиромашни се оние кои работат за да го одржат луксузниот начин на живот и секогаш сакаат повеќе и повеќе“, вели тој.

„Тоа е прашање на слобода. Ако немате многу имот, тогаш не треба да работите целиот живот како робови за да го одржите и ќе имате повеќе време за себе“.

„Можеби изгледам како ексцентричен стар човек... Но, тоа е слободен избор“.

Уругвајскиот лидер даде слична изјава на самитот Рио+20 во јуни годинава: „Ние цело попладне зборуваме за одржлив развој. За да го извадиме народот од сиромаштија.“

„Но, за што размислуваме? Дали сакаме модел на развој и потрошувачка како

богатите земји. Ве прашувам сега: Што би се случило со планетава доколку Индијците имаат ист процент на автомобили по домаќинство, како Германците? Колку кислород би ни останал?“

„Има ли оваа планета доволно ресурси за седум или осум милијарди, да можат да живеат на исто ниво на потрошувачка и да трошат како богатите општества? Тоа е она ниво на хипер-потрошувачка што ñ наштетува на нашата планета.“

Мухика ги обвинува повеќето светски лидери дека имаат „слепа опсесија да постигнат раст со потрошувачка, како спротивното да би значело крај на светот“.

Но, колку и да е голема рзликата помеѓу вегетаријанецот Мухика и другите светски лидери, сепак, и тој не е повеќе имун од нив на подемите и падовите во политичкиот живот.

„Многу сочувствуваат со претседателот

Page 21: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

Мухика со тоа како живее. Но, тоа не го спречува да биде критикуван за тоа што прави владата“, вели Игнасио Зуанснабар, уругвајски анкетар.

Уругвајската опозиција изјавува дека неодамнешниот економски просперитет на земјата не резултураше со подобри јавни услуги во здравството и образованието и за прв пат од изборот на Мухика во 2009 година, неговата популарност се намали под 50%.

Оваа година, исто така, бил под оган поради два контраверзни потега. Конгресот во Уругвај неодамна донесе закон кој го легализира абортусот за бременост до 12 недели. За разлика од неговиот претходник, Мухика не стави вето на ова.

Тој ја поддржал и дебатата за потрошувачка на канабис, во нацрт-

законот кој ќе ñ даде монопол на државата над трговијата.

„Потрошувачката на канабис не е најзагрижувачкото нешто, занимавањето со дрога е вистински проблем“ вели тој.

Сепак, тој не мора многу да се грижи за неговата популарност – со уругвајскиот закон не е дозволено да бара повторно избирање во 2014 година. Исто така, со 77 година, најверојатно ќе се пензионира од политиката.

Кога ќе се пензионира, ќе биде квалификуван за државна пензија – и за разлика од другите претседатели, нема да му е тешко да се навикне на падот на приходите.

Извор: BBC

Подготви: Маја Мојсовска

Page 22: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

22

Kako hex-fondovite vladeat so svetot

Надвор од банкарскиот свет, паралелниот универзум на банки во сенка прерасна во форма на хеџ фондови и фондови за пазарите на пари. Тие се надвор од дофатот на конвенционалните финансиски регулации, поттикнувајќи ги властите да планираат воведување нови правила за да се спречи скриениот сектор да предизвика нови финансиски кризи. Но правејќи така, тие ризикуваат да пресушат важен извор на средства за банките и компаниите.

Во финансискиот свет, постои тесна линија помеѓу рајот и пеколот. Французинот Луик Фери го сфатил тоа кога бил 33 години. Тој беше растечка ѕвезда во банкарскиот свет, менаџирајки со трговијата на комплексни пакети на заеми за инвестициските банки. Според неговата бизнис карта, тој беше банкарски „глобален шеф на кредитните

пазари„. Но еден од неговите вработени прокоцкал околу 250 милиони евра и наеднаш Фери останал без работа.

Тоа беше во 2007 година. Голем број на инвестициони банки искусија слични стрмни падови во турбулентните години на финансиска криза. Но, исто како и Фери, многу се појавија повторно брзо после тоа и станаа поуспешни од било кога, во светот на така наречените банки- сенки. Тоа се компании кои се вклучуваат во бизниси кои се слични на оние на обичните банки, но без да бидат предмет на истите строги регулации.

Féry промовираше хеџ фонд во Лондон. Овие озлогласени инвестициски компании собираат пари од клиентите и шпекулираат со широк спектар на хартии од вредност. Денес Фери ги прави оние инвестиции што се премногу ризични за неговите поранешни колеги.

Page 23: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

23

Тој ги позајмува парите на неговите клиенти на компаниите чии кредитни вредности не се доволно добри за да се квалификуваат за кредити од обичните банки, и тој исто така купува посебно ризични кредитни пакети од заемодавателите. Како резултат на тоа, тој е во можност да добие двоцифрено враќање на вложеното, за време на кризи.

Но Французинот, кој стана толку успешен што беше во можност да го купи фудбалскиот клуб од првата дивизија, FC Lorient, тврди дека компаниите како неговата прават “позитивен допринос до вистинската економија“, бидејќи тие раководат со ризиците професионално.

Расте загриженоста поради недостатокот од регулатива

Но банките, регулаторите, политичарите и економистите се загрижени за паралелниот универзум што се развивал надвор од главните банки. Се до финансиската криза од 2007 година, банките- сенки растеле со брзина слична на онаа на обичните финансиски институции.

Хеџ фондовите, ентитетите со специјална намена и фондовите на пазарот на пари извлекле бенефит од ниските каматни стапки понудени од централните банки.

Банките сe повеќе ги користеле надворешните компании за да раководат со сите договори што биле премногу ризични за нив, па така тие не би се појавиле во нивните сметководствени

книги. На овој начин, банките- сенки и обичните банки соработувале за да изградат замок направен од кредити.

Во неколку години, волуменот на финансиските трансакции во светот на банките- сенки порасна од 27 милијарди долари на 60 милијарди долари денес. Сега регулаторите конечно сакаат да го стегнат и да формираат регулаторна рамка, нешто што до сега беше забележително отсутно во овој сектор.

После финансиската криза во 2008 година, германската канцеларка Ангела Меркел, од централно-десничарската Демохристијанска унија, изјави дека

Page 24: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

24

нема да има веќе “црни точки“ на мапата на регулацијата на финансискиот пазар. Но додека сè повеќе и повеќе закони се донесуваат за да ги контролираат банките, регулацијата на банките- сенки само што започна.

Човекот кој би требало да ја донесе неопходната промена, работи во канцелариска кула многу далеку од главните финансиски центри. Кога Свејн Андерсен мисли за тоа како најдобро може да ги скроти дивите господари на пари, тој ја гледа планината Шварцвалд низ прозорецот од неговата канцеларија. Норвежанецеот е генерален секретар на Одборот за финансиска стабилност, кој е сместен во Банката за меѓународни порамнувања во Базел, Швајцарија, заштитна организација на светските централни банки.

Одборот за финансиска стабилност е со намера да се избегне повторување на катастрофите како оние од кризата во 2008 година. “Со години, владите и регулаторните агенции обраќаа премалку внимание на финансиските институции надвор од светот на банкарството“, вели Андерсен. Сега тој сака да воспостави ред во хаотичниот свет на банките- сенки. Но тоа е бавен процес.

Оскудните информации создаваат дилема

За неколку дена, Андерсен и неговите колеги ќе ги презентираат нивните предлози на нови закони кои се надеваат дека ќе бидат донесени во целиот свет. Но тогаш ќе започнат одново политички дискусии, и ќе треба време барем до септември за новите правила да се воспостават.

Во моментот, многу малку е познато за многу од компаниите- сенки. Главно поради тоа тие останаа во голема мера

нерегулирани толку долго, нема владина агенција која може да им нареди да ѝ обезбедат информации. “Тоа е како класичниот проблем за кокошката и јајцето“, вели Андерсен. Без регулација не може да има податоци, а без податоци не може да се создаде регулација.

Дури и прашањето кој треба да се справи со собирањето податоци во иднина, предизвика спор меѓу политичарите и регулаторите. Не е лесно да се усогласат мислењата од 20 земји чии влади редовно се среќаваат на Г-20 самитите на водечките индустриски земји и економиите во развој.

За да се стави огромниот проблем под контрола, членовите на персоналот на Одборот за финансиска стабилност составија “светската карта на банки- сенки”, како што Андерсен го нарекува проектот кој личи на загатка.

Педесет различни типови на компании беа идентификувани, и ОФС сега планира да се фокусира на приближно 10 најчести типови. Регулаторите се сомневаат дека овие компании сами имаат средства во вкупна вредност од 20 милијарди американски долари.

Но колку што е подетална истрагата, станува потешко. На пример германскиот финансиски регулатор BaFin повикал документацијата и регулацијата на хеџ фондовите од одборот, да бидат блокирани само од Велика Британија и САД, што не е за изненадување, со оглед на тоа дека многу од овие фондови се со седиште во Лондон и Њујорк.

Сега само хеџ фондовите што се поврзуваат со вистински кредитни трансакции ќе бидат предмет на голем надзор во иднина, група што сочинува помалку од една третина од индустријата.

Page 25: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

25

Бизнисот на менаџерот на хеџ фондовите, Фери, најверојатно ќе биде вклучен. Французинот жестоко одбива да биде брендиран како безобзирен коцкар, и тоа одбивање не е сосема погрешно.

Банките- сенки имаат бенефити

Спротивно од другите хеџ фондови, вели Фери, тој работи без надворешни заслуги. Ако парите се загубени, тој објаснува, “само нашата репутација како менаџери и нашите крајни инвеститори- кои го знаат ризикот кој што го преземаме- се повредени“.

Дури и регулаторот тивко признава дека повеќето опасни кредитни пакети, кои што Фери ги купува од банките, меѓу другите, се во подобри раце во хеџ фондот, поради тоа што депозитите на клиентите на банките не се ставени на ризик, “Тоа се добрите страни на банкарскиот систем во сенка“. Фери исто така верува дека малите и компаниите со средна големина во голема мера зависат од неговите услуги поради кризата во банкарството која што ги принудила “ да се борат за финансирање“.

Користејќи слични аргументи, лобистите од другите области на финансии веќе успееја да ги задржат нивните клиенти во голема мера надвор од дискусијата. На пример Одборот за финансиска стабилност сè уште не ги третира т.н. приватни акционерски компании, како банки- сенки. Нивните класични бизниси се состојат од позајмување пари од банките и предавањето на истите на компаниите, и потоа оптоварување на тие компании со долг.

Тоа не му се заканува на целокупниот финансиски систем. Сепак гигантите како на пример Blackstone групацијата, основана од милијардерот Stephen Schwarzman, веќе долго време се

претворени во компании за менаџмент со средства, инвестирајќи во речиси сѐ што е достапно на финансиските пазари.

Пол Скот Стивенс, исто така, преферира да ја држи неговата клиентела надвор од надзорот на регулаторните власти. Овој 59 годишен потомок на фамилија месари од југозападната држава Баден-Вуртемберг е главен претставник на индустријата што е моќна колку што е нејасна. Тој е претседател на Институтот на инвестициски компании, кој што ги претставува фондовите на пазарите на пари.

Фондовите собираат пари од конзервативните инвеститори, вклучувајќи ги и пензиските фондови, осигурителните компании и обичните штедачи. Овие пари се позајмуваат на многу кратки рокови- недели или најмногу месеци, на банките, општините и компаниите. Позајмувањето зазема форма на купување на краткорочни обврзници.

Повеќето фондови на пазарите на пари, кои контролираат речиси 5 билиони од инвестицискиот капитал, се со седиште во САД. Во 2008 година, тие ги преплашија регулаторите и политичарите кога една од компаниите, 62 милијарди вредниот Примарен резервен фонд, купи големи количини краткорочни должнички хартии од вредност од Brothers. Откако инвестициската банка објави банкрот, фондот мораше да биде ликвидиран.

Илузијата на безбедност

Тоа беше шок за клиентите во индустијата бидејќи фондовите на пазарите на пари долго време беа сметани како сигурна инвестиција, главно поради тоа што, на површината, тие се често многу слични со банките. Тие дури издаваат кредитни картички и чекови во САД.

Page 26: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

26

Кога стана јасно дека безбедноста е илузија, се случи една работа од која регулаторите во финансискиот свет се исплашија најмногу: Инвеститорите ги фати паника и ги испразнија нивните сметки. Владата беше принудена да објави гаранција за фондовите на пазарите на пари. Ако не го направеше ова, беше речиси возможно дека ќе се предизвикаше финансиски потрес во цел свет. Тоа е поради тоа што индустираја е главен финансиер на банките, вклучувајќи ги и европските банки.

Американските фондови на пазарите на пари го стави финансискиот свет повторно во паника во 2011 година, кога тие повлекоа милијарди евра од француските банки кои станаа предмет на пазарни шпекулации за време на евро кризата. Овој пат меѓународните централни банки дојдоа да спасуваат, снабдувајќи ги банките со свежи инјекции од долари.

Француските банки, главно, беа зависни од постојаниот проток на краткорочен капитал од фондовите на пазарите на пари. Во многу случаи, банките би ги завртеле и повторно би ги позајмиле парите од долгорочните цели, како на пример авионските закупи.

Регулаторот Андерсен сака да стави стоп на ваквите настани. “Ако фондовите на пазарите на пари се соочуваат со проблеми, тие веднаш ги трансферираат ризиците до банките, и обратно,“ вели тој.

Има многу предлози за построги контроли. Од 2010 година, фондовите на пазарите на пари мораат да дадат повеќе детали за тоа каде тие инвестираат. Од нив исто така се бара да имаат повеќе парични резерви во раце во случај на тоа голем број на клиенти наеднаш да

сака да ги повлече своите депозити. Андерсен исто така сака да воведе погусти безбедносни амортизери или да намали гарантираната вредност што фондовите на пазарите на пари им ја даваат на нивните инвеститори.

Фондовите на пазарите на пари се потребни

Лудата работа е тоа што напорите на Андерсен можат го направат сосема спротивното од она што тој сака да го постигне. Поради ниските каматни стапки на пазарите на обврзници на кои фондовите на пазарите на пари инвестираат, границите на профитот се веќе екстремно тенки. “Бизнисот не е профитабилен во моментот“, вели категорично. претставникот на индустијата, Стивенс.

Построгите правила ќе чинат дури уште повеќе пари, и Стивенс предвидува дека многу менаџери на фондовите сигурно ќе се откажат од бизнисот.

Тоа исто така е кошмарно сценарио поради тоа што би значело дека не само што многу банки, туку и компании па дури и бројни американски општини би изгубиле важни извори на финансирање. Фондовите на пазарите на пари купуваат две третини од краткорочните должнички хартии од вредност објавени од американските општини. Компаниите кои имаат потреба од свежи пари за да ги вршат нивните дневни операции исто така редовно се обраќаат до позајмувачите во сенка на финансиската индустрија.

“Светот ќе биде многу, многу темно место без парите на фондовите на пазарите на пари“ вели Алис Џо од американската Стопанска комора. Тоа е поради тоа што многу компании имаат

Page 27: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

27

потреба од милиони од еден до друг ден, таа објаснува. Сè што е потребно е повик наутро до вистинскиот дилер“ и тие ги имаат парите на нивните сметки до пладне“. За истиот процес се потребни три дена во банките.

Дури и гиганти како групацијата EADS често се потпира на краткорочните фондови бидејќи производството на авиони е скапо. Ако нешто тргне наопаку со синџирот на производството, финансиските менаџери на групацијата треба да дојдат до гигантски краткорочни заеми за неколку часови.

Кога EADS објавил 300 милиони евра во нови обврзници пред неколку недели, “ тие беа пласирани во 15 минути“, вели Јорг Вебер, кој раководи со справувањето на групацијата со фондовите на пазарите на пари. Не може да им биде во интерес на регулаторите да гледаат како една

вака важна индустрија се распаѓа, вели американскиот лобист Стивенс.

Тоа е поради загриженоста дека вака царството на банките- сенки веројатно ќе продолжи да расте. Колку се построги регулативите за нормалните банки, толку повеќе пари мигрираат до нерегулираните делови на финансискиот свет. Генералниот секретар на Одборот за финансиска стабилност, Андерсен се плаши дека инвеститорите наскоро ќе ги заборават потенцијалните последици од ризичните договори со банките сенки. “И ако регулациите не се основани до тогаш, ние можеме лесно да искусиме нешто слично на она што се случи во 2008ма година“.

Подготви: Валерија Василева

Извор: Spiegel

Page 28: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA17 Noemvri 2012

28

Page 29: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

29

Artvizor

BR.100

[est nepi{ani pravila za javniot prevoz

Никој не сака да биде дел од јавниот транспорт. Било тоа да е автобус, воз или, за нашите норвешки читатели, еден од вашите големи јавни тобогани; никој не го користи јавниот превоз заради забава. Не се возиме во него заради нови искуства, или за запознавање нови луѓе, ниту пак за помирисување нови мириси. Таму сме затоа што, по дефиниција, сакаме да бидеме на друго место.

Ако се чувствувате вака (а веројатно сигурно се чувствувате така) и знаете дека и секој друг се чувствува вака (дефинитивно се чувствуваме вака), на површина излегува еден очигледен заклучок. Секој би бил многу потолерантен ако сите во овие големи кутии за испорачка на луѓе им направат услуга на сите други во неа и ги остават на мира.

Ова е нешто што многумина по интуиција го знаат. Всушност тоа е златно правило применето во акција; сакаме да бидеме оставени на мира во автобус, па затоа ги оставаме на мира сите други. Меѓутоа не секој го сфаќа ова, без разлика дали сакаат и тие да бидат оставени на мира, или бидејќи никогаш го немаат научено златното правило.

Можеби и вие сте едни од нив. Можеби го читате ова како дел од судски-иницирана алтернативна казна поради нешто што сте направиле во автобус. Можеби судството конечно се радикализирало. Па, во корист на судовите, и за задоволување на моите алтернативни казниви услови, ви ја претставувам оваа колона од шестте најлоши работи кои човечките суштества ги прават во јавниот превоз, и како да ги избегнете.

Page 30: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

30 BR.100

6. Седење преблизу

Науката вели дека нам луѓето генерално ни се допаѓа кога секој седи на барем педесет сантиметри оддалеченост од нас. Очигледно, тоа секогаш нема да биде возможно кога го користиме јавниот транспорт, и ќе мораме да се соочиме со близината на луѓето.

Сепак, за да го направиме ова неопходно вмешување малку поприфатливо, треба барем да се обидеме да го пролонгираме што е можно повеќе: Кога се возите во автобус кој не е ептен преполнет, не седнувајте до никого, освен ако е апсолутно неопходно.

Ова има голема поврзаност со концептот на уриналното етикетирање, кое дава правила за речиси истиот проблем со кој мажите се соочуваат во просториите со писоари, односно, мажите не сакаат да мократ близу до други мажи и се позиционираат себе си пред писоар кој е најдалеку од било кој друг зафатен.

Која е сличноста? - Секогаш седнувајте на најизолираното седиште пред да помислите да седнете до некого.

5. Блокирање на седиштето до прозорецот

Поради неопходната гравитација со која треба да се справиме, стоењето е вообичаено потешка работа од седењето, и воглавно вреди да се избегне ако е возможно. Па, секој кој прави да биде тешко да се достигне некое празно седиште е вистински идиот. Ако и вие го практикувате ова, се надевам дека не се брзате и дека никаде немате закажано, бидејќи автобусот ќе го пренасочиме директно во пеколот.

„Но!Но!Но!“ Ве слушам како мјаукате. „Треба да слегнам на следната станица, и не сакам да се искачувам преку никого за да излезам надвор!“

Ох, па тогаш во ред е. Секако, поседете си уште малку, за да не се изморите. Море, станувајте веднаш и право пред врата пред да бидете избодени.

Page 31: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

31

Artvizor

BR.100

4. Сите ја слушаат вашата музика

На основа на мојата студија за филмови од осумдесетите, гласната музика во автобусите и возовите беше поголем проблем во осумдесетите, кога единствениот начин за слушање музика бил касетофонот. Но тоа повеќе не е случај. Она што го гледам, или поточно, слушам, се ефтини слушалки кои испуштаат речиси 100 проценти од нивниот звук од задната страна, што прави да се запрашам дали би се слушало подобро ако си ги ставевте наопаку. Понекогаш се случува да седам и на најоддалеченото седиште од вашето, а сепак да можам да погодам дел од текстот на песната.

Музиката е добра во јавниот превоз бидејќи ни помага да ги игнорираме останатите луѓе. Меѓутоа не дозволувајте перфектно здравиот акт на недруштвено однесување да дегенерира во понездрав акт на терање на останатите луѓе во

автобусот околу тебе да слушаат дабстеп.

3. Стоење на погрешни места

Нема многу прекрасни места за стоење во автобус или воз, до моментот кога ќе сте принудени да станете и стоите, автобусот ќе биде толку преполн така што каде и да се позиционирате, некому ќе му стоите на патот. Единственото нешто што можете да го направите е да го минимизирате бројот на луѓе на кои им го попречувате патот, а за тоа постојат неколку основни правила:

- Ако не сте блиску до постројката на која треба да се симнете, не стојте близу до вратата. Задниот дел од автобусот или средината на вагонот се најдобри места за стоење. Освен ако во автобусот нема до толку место што ќе мора да стоите пред врата. Во тој случај треба да бидете свесни дека ќе се симнувате и

качувате на секоја станица за луѓето да слегнат од автобусот.

- Не се наслонувајте на држачите. Шипките се дизајнирани на тој начин што повеќе луѓе би биле во можност да се задржат на нив, и тие се неопходни за одржување на луѓето во автобусот во вертикална позиција. Кога се наслонувате или кога прегрнувате една од овие шипки, вашиот грб и задник заземаат важен дел од просторот за задржување. Секој кој ќе види дека го правите ова, според законот за јавен транспорт, има право да се задржи за вашите раце, јакни, вратови и сл.

Page 32: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

32 BR.100

2. Мафтање со чанти

Носењето чанта воопшто за време на патувањето е доволна непријатност за сите, па ако сте во можност, избегнете го тоа. Сепак, разбирам ако се брзате за на состанок, или час или до некој стар

хостел, па ви требаат некои работи за таму.

Проблемот со багажот е премногу очигледен: Зазема место. Место кое може да биде искористено од други луѓе, или полошо, простор кој веќе е користен од други луѓе. Кога удирате некого со вашата чанта, вие вршите криминално дело, и тоа „предолго држење непознат објект

преблиску до луѓето со празни раце“. Ќе дојде ден, порано отколку што мислите, кога секој кој нема да ја стави неговата чанта врз неговите нозе во преполн воз, ќе биде ставен пред ѕид и застрелан.

1. Зборување

Ова е најголемиот прекршок на законот за автобуски превоз, бидејќи прекршителите повеќе не го ставаат нивното физичко постоење во непосредна близина на некој, туку нивните зборови.

Можете да игнорирате некој кој стои пред врата како столб или некој кој ја лула неговата чанта како ѓуле, но не и некој кој ви зборува. Зборовите не може а да не ги слушнете, да не ги разберете, па пред да бидете свесни за тоа, нечии внатрешни мисли се моткаат во вашиот мозок без ваша дозвола.

Секогаш кога го гледам ова во автобус, ми се стуткуваат прстите на нозете. За мене слушањето на вакви разговори е исто толку ужасно колку влечење мачкини шепи по училишна табла. Дури и кога не ми зборуваат лично мене. Сум се симнал неколку пати од автобус на неколку станици пред мојата, само за да избегнам едностран разговор за

влажноста на дождот, во кој разговор не бев ни вклучен.

Разберете дека не се обидувам да се изолирам од комуникацијата. Впрочем, јас крајно го поддржувам состанувањето и запознавањето непознати лица, меѓутоа во други околности - на забави, во барови, во секс клубови. Тоа се соодветни места, бидејќи сите кои се вклучени во овие активности (претпоставувам) сакаат да бидат таму - што не е случај со автобусите.

Денот ми помина прекрасно, млада дамо. Секогаш ми поминува така. Тоа значи дека не сакам да ви речам ништо друго во врска со него. Не ве познавам. Не, не се сеќавам на вас од клубот. Постои причина зошто темната соба во клубот нема светла. Еј видете, стигнав и до мојата станица.“

Подготвил: Славе Ангелов

Извор: Cracked.com

Page 33: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

33

Artvizor

BR.100

Ја чекав. Веќе беше девет часот навечер, а таа сè уште не беше пристигната.

Не можев да заборавам на тоа што го рече госпоѓата Грубах. Од каде, пак, би знаела таа старица дека госпоѓицата секоја вечер шетала со различен маж, па уште дека ги носела во нејзината одаја! А можеби навистина е душкало, како што и мислев. Но, не ми беше важно. Многу ме вознемири тоа што го чув, до тој степен да помислам дека ја губам главата. Ниту малку не сакав да поверувам во приказните за госпоѓицата Бирстнер – та таа е чесна жена, нели? И пристојна и морално самосвесна... А, гледај сега, си мислев, има некоја јанѕа што однатре ме јаде и што не ми дава мир поради чуеното.

„Ќе ја чекам“, си помислив. Морав да ја прашам.

Измина првиот час. Почнав да ги гризам ноктите, иако никогаш не го правев тоа. Се обидов да се позанимавам со весниците, но како и секогаш, не ме интересираше многу што се случува во светот. И онака имав доволно проблеми, па не ми беше многу важно дали луѓето се колат некаде далеку или пак водат војни од некои егоистични и налудничави политички причини.

Помина девет часот. Посакав барем да имав телевизор во овој пуст стан... Тоа барем малку ќе ми го исполнеше времето. Не можев да го совладам бесот. Како се осмелила да го направи сето тоа? Дали оваа старата Грубах навистина беше права на зборот?

Часовникот означи единаесет пред полноќ.

Слушнав чекори во ходникот. Брзо како

Strastite na mladiot K.

Page 34: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

34 BR.100

молња излетав низ одајчето. Ја затекнав на скалите.

„Вие доцните, госпоѓице Бирстнер!“ - речиси вреснав, не успевајќи да се контролирам.

Таа само бледо ме погледна, како да бев некаков непознат просјак на улица кон кого не чувствува ниту трошка загриженост или сожалување.

„О, та вие сте ме чекале, господине К.?“ - рече некако расеано, како да се обидуваше да ја прикрие изненаденоста со несигурна насмевка. Или можеби целава работа неа воопшто не ја засегаше? Понекогаш го правеше тоа - сосила се правеше глупава, а знаеше колку тоа ми одеше на нерви.

„Сакам да поразговарам со вас“ - реков, преминувајќи на главното.

Таа ги ококори очите во знак на збунетост.

„Во ова време?“ – рече зачудено, напрчувајќи ги усните.

Но, не почекав да рече ниту збор повеќе. Го пречекорив прагот од мојата соба и ја поттурнав кон нејзината. Се противеше. Не, нема што да приговара, ќе ме слуша сега.

„Забога господине К., што мислите...“ - пропелтечи, но не доврши бидејќи навреме и ја прекратив мислата со дланката.

„Знаете, госпоѓата Грубах Ве забележала во град пред некој ден. Навечер, во непристојно време“ - реков, одвај успевајќи се да се контролирам. Намерно го нагласив зборот непристојно, небаре ќе се сетеше на што мислам и зошто ñ го велам тоа.

„Во ред. И?“ - ладнокрвно праша.

„И вчера исто така. Повторно во доцно доба...“ - тивко шепнав со тон на некој уценувач што бара поткуп за да премолчи за чуеното.

Таа преврте со очите.

„Мошне чудно за госпоѓата да се шета во тоа време низ градот. Велат дека е опасно да...“

„Не правете се паметна со мене, госпоѓице Бирстнер! И обајцата знаеме за што ви зборувам“ – ја пресеков, бидејќи не можев повеќе да издржам да ја играм нејзината игра.

Се приближив, сакајќи да ја бакнам.

„Што мислите дека правите, К.! – речиси вресна, првпат ословувајќи ме јасно, но можеби не толку гласно колку што сакаше.

„Ајде! Ако ми дозволите да ве бакнам, можеби нема да мора да се обвинувате за тоа што сте го сториле“ – додадов. Звучев како некој итар подлец.

„Што ви паѓа на ум! Јас воопшто не Ве ни познавам!“ - одговори запрепастено на тоа.

Се стаписав. Не очекував да ме пресече со таков студен тон, кој ми дојде како зимска шлаканица по топлиот образ.

Ја стиснав силно за рамениците.

„Видете, госпоѓице Бирстнер“ - реков, со повишен тон, чувствувајќи како самоконтролата ми го напушта телото. „Мене навистина ми е важна вашата безбедност и не би сакал...“

„Бидете потивок! Капетанот е во соседната соба! Тој сè ќе ñ пренесе на госпоѓата Грубах и таа ќе нé исфрли обајцата од тука! - нервозно рече таа и се обиде да ми се измолкне од стисокот.

Page 35: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.100

„Капетанот?! Зарем соседната соба не беше празна?“ - се зачудив.

„Нејзиниот роднина штотуку се досели тука, та гледајте, тој веќе нè слушнал и тропа по ѕидот. Ох, Господе, каква сила Ве натера да дојдете!“ - вознемирено рече. Забележив дека трепери.

„Јас само сакав да Ве видам...“ - реков малку изгубено, не признавајќи колку бев љубоморен за сè она што слушнав од старата вештерка. Се почувствував како дете. Ах, тоа одамна одамна заборавено чувство.

И додека стоев пред неа, си замислував како силно ја стиснувам за образите, додека со прстите непопустливо и страсно ñ минувам по лицето, а таа одеднаш почнува да ме моли да престанам. Сè уште држејќи ја за лице, ја туркам до ѕидот додека од очите ми блескаат молскавици. И таа наеднаш почнува да ме моли да престанам, ја боли, и вели дека ќе стори сè за мене. На тоа, јас ñ велам дека сакам само едно ветување - дека веќе никогаш нема да се состане со никој друг освен со мене или дека ако цврсто реши да го прави тоа, сакам јас да бидам првиот што ќе знае за тоа.

На ова, умот ми го пресече една чудна страсна желба да ñ ја поткренам сукњата

и наеднаш раката ме издаде. Тргнав кон неа, со крволочен поглед и очи на изгладнето животно.

„Си дозволувате премногу!“ - наеднаш викна таа и ме штукна по главата со чантата, како да бев некаков чудак кој ја нападнал во тесна, безгласна и полуосветлена уличка.

Ме сепна.

„Не викајте!“ – се обидов да ја смирам, но продолжив да одам кон неа. „Капетанот...“ - исплашено додадов, небаре ми беше гајле дали тој ќе нè чуе и дали сè ќе ñ пренесе на Грубах. Сакав само да го почувствувам нејзиниот мирис.

„Знаете што, господине К.? Слободно влезете му во собата и зборете си колку сакате! Ако сакате седете цела вечер! Јас сум изморена од Вас и од вашето непочитување“ – рече остро.

За миг замолча и испитувачки ме погледна.

„Впрочем, ова не е „Процес“, знаете, така?!“ - додаде како попарена и ме истурка надвор од одајчето, како некој вошлив пес скитник.

Се најдов во ходникот. Збунет и во недореченост.

Слегнав со рамениците, воздивнав, опцув и си влегов во собата, во целосно бунило и незадоволство.

Автор: Кристина Димовска

Page 36: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA17 Noemvri 2012

36

Page 37: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

Artvizor

BR.100

Umetnosta koja }e ve ma|epsa

Уметноста поттценета од општеството

Талентот за уметноста го добиваме уште како мали, било тоа да е пеејќи пред огледало или, пак, танцувајќи сред двор. Ретки се оние родители кои можат веднаш да го препознаат талентот на своите деца, да ги поддржат и да го насочат на вистинскиот пат, со што ги ослободуваат од времето потрошено во мислење за тоа што би биле во животот.

Иако многу често уметниците се критикувани, најпрво од своите родители

поради нивниот избор, тие биле и сè уште се, двигатели на општеството, иновациите и убавото.

Кога порано за некој ќе се речело дека е уметник, најчесто тоа можело да се сфати во негативна смисла, поради слободниот живот и стил кои се главна одлика за секој од нив. Всушност, она што уметниците го имаат, а обичните луѓе би требало да го научат е способноста за живеење на животот онака како што вие сакате, а не како што општеството диктира.

Page 38: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.100

Уметноста на Ману Помброл ќе направи да кажете „а бе ајде!“

Ману Помброл е шпански уметник кој изработува неверојатни авто-портрети, еден вид на манипулација со фотографијата. Неговата работа е инспирирана од смртта, човечката еволуција, психологијата или човечкото однесување.

Неговите фотографии се толку реалистични што ќе останете со подотворена уста, чудејќи се дали е вистинско тоа што го гледате. Уживајте!

Подготви: Емилија Петреска

Page 39: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.100

Page 40: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.100

Концертот на евергрин песните се одржа на 26 октомври во полна универзална сала од каде што директен пренос вршеше ТВ Алфа. Звучи можеби чудно, но песните кои беа изведени направија вистинско освежување на македонската музичка сцена. Концертот треба да биде поттик за денешните пеачи да се свртат кон нивните постари колеги и го следат примерот за тоа како се прават песни кои ќе траат со децении.

Беа изведени 20 нумери кои претходно беа избрани преку гласање од широк аудиториум.

За жал, повеќето од песните неможеа да бидат изведени од нивните изведувачи - дел веќе не се меѓу нас, дел беа спречени поради болест, кои се веќе и во длабока старост, а некои пак ги победило нивнот его - премногу горди на себе.

За изведување на песните кои до денеска уште будат емоции за некои стари времиња, за љубов, тага за младоста... достојно се погрижија млади и надежни македонски пеачи од редот на Ристе Тевдовски, Наде Талевска, Александар Тарабунов-Тара и Димитар Андоновски.

Беа изведени следните нумери, кои до денеска уште будат емоции за некои стари времиња, за љубов, тага за младоста...

„Тајно моја“ на Тоше Проески, „Сите мои слики“ на „Ареа“, „Галебе“ на Верица Ристевска, „Како Вардар“ на Зафир Хаџиманов, „Ивана“ на Кемал Монтено, „Високи штикли и црни чорапи“ на „Конкорд“, „Еден бакнеж“ на Нина Спирова, „Моја гитара“ на „Банкрот блуз бенд“, „Дал да плачам“ на „Бис без“, „Кажи нешто драга“ на Драган Мијалковски, „Неправда“ на „Лева патика“, „Сонце за три светови“ од Мики Јовановски-Џафер, „Кажи зошто ме остави“ од Никола Боби Автовски, „Се што сакав по тебе“ на Симеон Гугуловски, „Остани во мене“ на Калиопи, „Осамен“ на Трајче Манев, „Срце тетовирано“ на Трифун Костовски и Александар Митевски, „Љуби ме и главата горе“ на Зафир и Сенка Хаџиманов, „Кога те нема“ на Хелена Благне и „Роза сина“ на Д.Поповски и З. Милосављевиќ.

Дел од атмосферата од Универзалната сала во Скопје пренесуваме преку фотографиите направени од нашиот фото-репортер:

Osve`uvawe na muzi~kata scena 50 godini evergrin

Page 41: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.100

Page 42: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

42 BR.100

Помеѓу гостите на концертот, присутни беа и

познатиот политичар Љубчо Георгиевски и неговата

сопруга.

Подготви: Екипата на „Револуција“

Page 43: Револуција Магазин бр. 100

REVOLUCIJA MAGAZINBR.100

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

17 Noemvri 2012

Page 44: Револуција Магазин бр. 100