Револуција магазин бр.44

46

description

Револуција магазин бр.44

Transcript of Револуција магазин бр.44

Page 1: Револуција магазин бр.44
Page 2: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 24 СЕПТЕМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

Автор: Влатко Неделковски

Page 3: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 24 СЕПТЕМВРИ 2011 ГОДИНА страна 3

Содржина

Неделна панорама ....................................................................................... 03

Македонија победи во Литванија .................................................................. 07

Македончето порасна ................................................................................... 11

Странските медиуми за нашите кошаркари .................................................... 16

Македонија со кренати раце ......................................................................... 24

Литванија – една поинаква приказна ............................................................ 27

Исчезнаа туѓите знамиња и дресови ............................................................. 30

Поделен идентитет ...................................................................................... 33

Македонски синдром .................................................................................... 35

SUPERBAD(2007) ......................................................................................... 40

МекКејлеб - првиот црн македонски претседател ........................................... 42

Импресум „Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Соработници: Сенада Ибраимова, Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Методиј Најдоски, Владимир Неделковски

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање

јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 4: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 4

Расата на Секуловска

Неделава Билјана Секуловска,

успеа да им ги извади очите на

сите, преку својата колумна „Евтини приказни“... Додека

експертите Најчевска и

Беличанец плукаа врз

национализмот на македонските кошаркари, таа фати да го

иронизира македонскиот народ...

Според неа навивачката химна

„Излези момче право на

тераса“ е „фрустирачка и недоволно амбициозна за оваа

раса над расите“. Колешката

Секуловска, барајќи

инспирација ја најде таму каде што никој не очекуваше... Јас

лично не гледам ништо

контроверзно во навивачката

песна за терасата и Гоцевата раса... Контроверзна би ти се

причинила се разбира, ако си

некој заљубеник во Грција и не

ти е ОК, ако некој има реални

претензии кон Солунското поле...

Според Секуловска и нејзиното

не толку тенко чувство за

иронија, „историските факти се непобитни: тоа е најспособната,

најубавата, најпаметната и

најуспешната раса, што

подразбира дека останатите,

сами од себе, прво дебело заостануваат, за на крај

најправедно, море најскотски

нека изумрат и оправдано да ги

снема еднаш засекогаш“... Тие пишувања ме потсетија на една

емисија емитувана во етерот на

бугарската приватна Нова

телевизија... Емисијата се викаше „Шоуто на Иван и

Андреј“ и беше посветена на

Спаска Митрова... Во емисијата

во рок од некои 20-тина минути, Македонија беше иронизирана

на таков брутален начин, дури

да ти се слоши... Според

двајцата бугарски шоумени:

Македонија била првата држава на светот, Мекдоналдс требало

да се прекрсти во Македоналдс,

а Мадона требало да си го смени

името во Македона... Секуловска пишува дека од кај

нас потекнува сè живо на

планетава: „амебите, клетките,

молекулите, атомите, експлозијата, вселената,

диносаурусите, мајмуните, Ева,

Адам и, да, Хунзите!“... Верувам

дека Хунзите го проколнуваат

денот во кој решија да ја посетат Македонија... Адам и

Ева инаку беа спомнати и од

бугарските шоумени... И

Хунзите исто... Драги мои во Бугарија е јасно, ако сакаш да

те гледаат, ја иронизираш

Македонија... Зарем и овде

треба да ja иронизираш Македонија за да бидеш

читан...?

Page 5: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Новинарски скандал во

Брисел ЗНМ го осудува однесувањето

на европратеникот Јоргос

Шацимакакис, кој на дебата за состојбата на медиумите во

Македонија организирана во

Европскиот парламент, навреди

македонски новинари со погрдни зборови, но и двете

групи македонски новинари кои

учествуваа на панел-

дискусијата во Брисел, кои целосно ја посрамотија и

дискредитираа професијата

- Сметаме дека европратеникот

Шацимакакис треба да се однесува со почит кон

македонските новинари како

што се однесува кон секој

европски новинар - нагласува

ЗНМ.

И Европската комисија излезе со

реакција за неодамнешниот

инцидент што се случи на

трибината организирана во Европскиот парламент за

состојбата во медиумите во

Македонија.

- Комисијата е запознаена со

овој инцидент и жали за тоа. Сметаме дека ова беше обид на

група индивидуалци од

Поранешната Југословенска

Република Македонија и нивните поддржувачи да ја

попречат јавната расправа во

Европскиот парламент.

Инволвираните во инцидентот

пропуштија убава можност да земат учество во една отворена

дебата, се наведува во кусото

соопштение од Комисијата,

лиферувано преку Канцеларијата на Комисијата во

Скопје.

Настан, кој навистина, не

заслужува да се коментира...

Баш кога најмалку

очекуваме... - Верувам дека доколку се постигне компромис во однос на

прашањето за името, би можеле

да добиеме датум за почеток на

преговорите во декември од

страна на Европскиот совет, потенцира известувачот на

Европскиот парламент за

Македонија, Ричард Ховит, кој

имаше серија средби со македонскиот државен врв.

Ховит посочи дека во ЕУ

конфликтите се решаваат, но не

јавно, туку низ разговори и се дава доволно простор за да се

слушнат преговарачите.

- Кога ќе се случи договор, тој

договор ќе се склучи кога

луѓето најмалку го очекуваат тоа, бидејќи се водат приватни

дијалози зад сцените - објасни

Ховит.

Господине Ховит, Вие сте првиот европски бирократ, кој во прав

текст ни ја има кажано

вистината, попуштете ѝ на

Грција и ќе Ви дадеме датум за преговори... Секоја чест... Ние

Македонците, знаеме да ја

цениме искреноста... Мојата

маленкост Ви благодари и за тоа дека јасно ни кажавте, дека ќе

Page 6: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

ни го смените името баш кога

најмалку очекуваме... Не е

убаво така, а ако не сме

истуширани, кога ќе се врши чинот?..

Знаете ние Македонците сме

сељаци, се бањаме само во

недела... Затоа ако ни го

менувате името, менувајте го во понеделник... За да нема трте

мрте дека мирисало, додека Вие

и Вашите другарчиња од ЕУ, сте

сакале да нè евроинтегрирате...

Освежување во

Хелсиншки Гордан Калајџиев е избран за

претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на

Македонија, на седницата на

Собранието на Комитетот

одржана во саботата. Калајџиев, еден од основачите

на Комитетот и професор на

Правниот факултет „Јустинијан

Први“ при Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“, е избран од новиот Управен одбор, соопшти

Комитетот.

Со освежување на членството,

како и со новите членови на Управниот одбор и новиот

претседател, МХК има намера да

ја зајакне сопствената структура,

но и да продолжи да го

промовира и имплементира

принципот на човекови права,

недискриминацијата и

владеењето на правото, наведува Хелсиншкиот комитет.

Им посакуваме многу среќа... И

голема истрајност, со надеж

дека ќе трасираат цврста патека за следните генерации...

Секое трето дете треба

да спортува Дебелината кај децата во

Македонија е трипати зголемена во последните 30 години. Во

Македонија речиси една третина

од децата од предучилишна

возраст, односно 32,6 отсто,

имаат прекумерна телесна тежина, покажуваат

истражувањата на Институтот за

јавно здравје на Република

Македонија. Според споменатата студија, околу 28,2

отсто од второодделенците го

имаат истиот проблем. Се смета

дека 20 до 40 отсто од децата, како и 80 проценти од

адолесцентите целиот живот ќе

бидат соочени со проблемот со

прекумерна телесна тежина.

Алармантни податоци, драги мои, но сепак и за тоа има лек... На

секој чекор има спортски сали,

Page 7: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

веќе децава имаат и идоли,

Перо, Бо, Дамјан, Војдан и

останатите...

Ќе започнат почесто да ги

посетуваат спортските сали и

игралишта и проблемот ќе си го

најде мајсторот... Инаку во нашиот источен сосед со закон е

забрането, да се продава брза

храна во близина на

училиштата... Во училишните мензи е веќе незамисливо да

начекаш хамбургер, пица или

помфрит... Сета храна, која се

служи одговара на бугарските

државни стандарди. На пат сме да заличиме на Американците...

Со хамбургер и кока-кола

сигурно нема да заличиш на

Памела Андерсон од најубавите денови... Памела е Канаѓанка,

да се разбереме и башка води

здрав живот... Спортува,

продуцира алтернативни филмови и сè такви здрави

активности...

Осум илјади за хероите Членовите на кошаркарската

репрезентација на Република

Македонија потпишаа договори за стипендирање со Агенцијата

за млади и спорт, со кои како

спортисти од светска категорија

во наредните 4 години секој месец ќе добиваат паричен

надомест во висина од две

просечни македонски плати.

Владата им го исплати и вториот

дел од наградата за освоеното 4. место на Европското првенство.

Наградата изнесува осум илјади

евра за секој член играч и член

на стручниот штаб. Првиот дел беше во висина од 3.000 евра, а

сега им се исплатени по 5.000

евра.

„Владата уште еднаш упатува

честитки за спортскиот триумф на нашите репрезентативци и ја

изразува благодарноста од

нацијата за приредените

чувства на среќа, радост и обединетост на сите граѓани на

Република Македонија“, се

наведува во соопштението од

владината прес-служба.

Page 8: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 8

Силвана Јовановска

Македонија победи во Литванија

Иако не го освоивме златото, среброто или бронзата,

Македонија победи во

Литванија. Повредно од секаква

награда е среќата и единството на луѓето, кои овие две недели

живееја само за кошарка.

Доволен мотив и поттик да

продолжиме понатаму и светот да не нè знае како државата

која никој не ја признава и

постојано е на мета на јавноста

со политичките внатрешни и

надворешни препукувања, туку како држава која има што да

покаже и даде. Спортот не знае

за ФИРОМ, спортот знае за

квалитет, а кога ќе го покажеме, тогаш проблемот со името не

постои. Никој од светските

коментатори не кажуваше

фиромците или поранешно југословенските кошаркари.

Сите нè нарекуваа Македонците,

па дури и кошаркарите беа

споредени со фалангата на Александар. Кога културно ќе

нè препознаваат и признаваат,

нема вето на светот кое ќе нè

спречи да напредуваме во

секоја област. Само напред Македонија!

Од европското првенство Има ли поубав начин од спортот

и културата за афирмација на нашата држава? Или пак нешто

поубаво од тоа да се види како

народот заедно се радува како

едно? Доста беше од проблеми, ајде малку повеќе културно да

се издигнуваме и да ги цениме

вистинските вредности во

животот. Само на ваков начин

светот ќе ја добие вистинската слика и претстава за

Македонија. Она што се случи

во Литванија уште долго ќе

биде топ тема и тоа не само кај нас. А она што ни го покажаа

кошаркарите е највредната

лекција која некој може да ја

научи.

Со срце и душа за Македонија

Од екипа без очекувања, со

низа проблеми од самите

подготовки, неизвесност во

настапите на некои од кошаркарите, до проблеми меѓу

главните луѓе во федерацијата,

кошаркарите решија да одат на

сè или ништо. Започнаа со пораз од Црна Гора и тоа беше

првото разочарување кое сите

го очекуваа, но веќе како што

минувааа деновите, се редеше победа по победа, успех по

успех. И секогаш скромни, како

што рекоа, без никакво

очекувања и само со срце на

терен. Така и навистина беше. Хемијата и пријателството во

екипата се чувствуваа на секој

натпревар. Без ривалство, без

прекори кога некој ќе згреши. Секоја победа е заедничка,

секој пораз е заеднички. Тоа

Page 9: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 9

беше мотото на овие храбри

момци, кои создадоа историја,

која треба да се одржи во иднината. Поставија критериуми

и име кое треба да се оправдува

во иднина, оставија задача на

сите спортисти, државата, па и народот дека мора да се вложи,

цени и сака спортот. Покажаа

дека можеме, а не дека

едноставно не нè бива.

Најголемото изненадување во

Литванија

Македонската кошаркарска

репрезентација е прогласена за

најголемото изненадување на

првенството, но и за најомилената екипа. И со право.

Тоа е така пред сè поради

пожртвуваноста на целиот тим,

кој и во најтешките моменти, изморен, преполовен, не се

предаваше; тим во чија

соблекувална и по пораз се пее

и се радува. Тоа е добитната комбинација. Тоа е нешто на

кое не се навикнати ниту

најголемите кошаркарски екипи.

Патот до врвот Сите репрезентации кои дојдоа на првенството имаа јасна цел,

а тоа е да стигнат до врвот или

што поблиску до него. Цела

Европа живееше за кошарката, особено Литванија која имаше

големи очекувања од својот тим,

кој дури три пати триумфирал

на европското првенство. Нејзиниот пат до врвот беше

обезбеден сè до моментот кога

дојде време да си ги пресмета

силите со Македонија. Целиот натпревар беше неизвесен до

самиот крај кога среќната рака

на Владо Илиевски успеа да

погоди тројка и згора на тоа да издејствува две слободни

фрлања. Во тие моменти се урна

надежта на Литванците, кои

веќе имаа испечатено билети за полуфиналето со нивното име.

Тројката која нè однесе во полуфинале

За нашата победа и прославата

не треба да се опишува, бидејќи

сите ќе го паметат тој момент.

Непосредно по големиот триумф,

владата на Македонија, понесена од успехот, објави

дека ќе испрати три чартер

летови до Литванија кои ќе ги

пратат последните два одлучувачки натпревари на

првентството. За таа цел, два

авиони беа наполнети со

најблиските на тимот, естрадните уметници и

навивачките групи во

Македонија. Последниот трет

Page 10: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 10

авион беше подарок за

граѓаните на Македонија кои

преку наградна игра беа извлекувани за да ја бодрат

екипата.

Последните три дена Тоа што се случуваше во

Литванија последните три дена

од првенството беше нешто

посебно. Тие кои ја добија

привилегијата да отпатуваат живееја и размислуваа само за

тоа. Атмосферата - повеќе од

победничка. Дури и познатите

естрадни уметници беа обожаватели на овие момци.

Есма Реџепова во нејзиниот

добро познат стил со срце и

душа ширеше позитивна енергија, а нејзиниот глас не го

штедеше ниту во авион, ниту во

автобус, ниту во салата, пееше

и навиваше. Облечена во

фустан со македонското знаме, нацртана во боите на

Македонија, со вистинска почит

за кошаркарските херои.

Една од најпатриотски настроените - Есма Реџепова

Тука беше и Ламбе кој таму не

беше познат пејач, туку жесток

навивач. Со знамето нацртано на челото, навиваше до

последен здив. Поранешната

ракометарка Индира

Кастратовиќ, Дарио, Трендо,

Бранко Ѓорчев, Јелена Жугиќ,

Дејан Недев исто така беа дел од екипата која неуморно

скандираше Македонија.

Облечени и нацртани во боите

на нашата земја, буквално сите беа едно, сите имаа една цел,

победа. Но, крајот испадна

поинаков...

Иако со огромна желба и поддршка, нашите момци не

успеаа да стигнат до толку

посакуваниот медал. Откако

заврши натпреварот Македонија-Русија, еуфоријата

како малку да стивна и тоа

најмногу поради разочараноста

на кошаркарите кои не можеа

да ги сопрат солзите на теренот. Тоа беше моментот кој им ги

скрши срцата на сите присутни,

но и на оние пред малите

екрани.

И Ламбе навиваше до последен здив

Веднаш по натпреварот, чекајќи

го автобусот за да нè однесе на

аеродром, прошетавме во

трговскиот центар, кој е во непосредна близина на Каунас

арената (каде се играше

првенството). Одеднаш

почнавме да ги гледаме нашите кошаркари, еден по еден во

Page 11: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 11

трговскиот центар. Цела маса на

луѓе почна да трча и се создаде

вистински хаос. Луѓето се чудеа што се случува, но кога видоа

за што станува збор, и

Литванците потрчаа да се

сликаат со нашите херои. Иако сите ги поздравуваа и им велеа

дека се најдобри, кошаркарите

беа премногу разочарани, дури

и се гледаа солзите во нивните очи. Најразочарани беа Војдан

Стојановски и Владо Илиевски.

Им порачавме да не ја губат

надежта и знаејќи каков пречек ги очекува дома, дека нема ни

да се сеќаваат на овој тежок

момент. Така и беше. Се вратија

дома, земјата ги славеше,

наградуваше, опејуваше. Ова што ѝ се случи на нашата земја

е бајка од која никој не сака да

се разбуди.

Page 12: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 12

Елена Павловска

Македончето порасна

„Домаќине, добри гости ти

дојдоа“, „Кога Литванците

паѓаат“, „1903, Мисирков: Шчо напраифме и шчо треба да

напраиме; 2011, Илиевски:

Лелeeе што направивмеее“,

„Дечки, донесете злато во Македонија, бронза имаме на

тони“, „По европсково Бритни

Спирс ќе снима реклама за

Цевитана“, „Литва ги направивме блитва“, „Волку, волку, уште

титула и толку“, „И волкот сит и

Бо на коњ“, „Американче

прашува: Тато, тато, каде се

наоѓа Македонија? - Во полуфинале на Евробаскет,

сине...“, „Шпанија за нас е

шпанско село“ „Илиевски е човек

без срце- ги расплака Литванките“, „Брзина е кога

15,000 Литванци ќе ja напуштат

салата за две минути“...

Им немаше крај на хумористичните твитови и

постови на Фејсбук, кои се

измешаа со оние на неверување,

среќа и гордост за успехот на

нашите кошаркари. Сите тие оправдани, сите тие заслужени,

сите тие обвиени со национална

гордост.

Се осмеливме да сонуваме

Македонскиот спорт (како

бенефиција или недостаток) пет

децении се наоѓаше под закрилата на југословенската

спортска велесила. По распадот

на Југославија и формирањето

на независни држави, сето југословенско „наследство“ како

по правило им припадна на

поголемите држави од

некогашната Југославија - Србија и Хрватска, кои како да

го задржаа правото на епитет на

спортски велесили. На

останатите им остана да се

докажуваат и самите да си ги градат спортските епитети. Како

една од помалите и послабите

(од поранешните ју-републики),

комплексот на инфериорност, насилно ни беше втиснат во

градењето на нашиот независен

идентитет. „Македончето“ (како

што и ние самите се нарекувавме) - малечкото,

слабото, невлијателното, не

беше преодредено за големи

потфати.

Денеска слободно можам да кажам дека тоа се смени. Драги

мои „Македончето“ порасна, не

само што се докажа како силен и

влијателен „Македонец“, туку и на светот му ја покажа силата на

„македонштината“.

Голема прашина дигнавме зад

себе, а всушност, ништо посебно (во материјална смисла) и не

сторивме. Не сме првите кои

освоиле 4-то место на едно

европско првенство. Зошто тогаш сите очи на светот се

вперија кон нас? Зошто нашите

кошаркари се најдоа на

насловните страници на

највлијателните весници во

Page 13: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 13

светот, кои посветија детална анализа на нивната игра, па дури

со восхит го пренесуваа нашиот

пречек на кошаркарите (ниеден

претходно четвртопласиран тим не го добил сето ова внимание).

Што е тоа што ние го

поседувавме, а останатите

репрезентации го немаа? Како што напиша Пол Нилсен во

својот текст објавен на

официјалната страна на

Евробаскетот: „Македонија се осмелува да сонува!“.

Секое човечко битие е растргнато

меѓу она што го сака и посакува

и она што може да го реализира.

Патот од едното до другото е најтешкиот пат исполнет со

безбројни препреки и удари на

суровата реалност, па често јазот

меѓу желбите и можностите не успеваме да го надминеме. Но,

овие момчиња на светот му го

докажаа токму спротивното, дека

соништата се возможни, ако вистински се борите за нив, а со

тоа ги разнишаа светските

тврдења и уверувања. Сонот

може да се реализира, желбите можат да се остварат -

порачуваше играта на нашите

момци секогаш кога ќе стапнеа

на паркетот, а таа порака како

вирус го зарази целиот свет. Таа порака им ја врати вербата на

луѓето. Неверниците повторно

почнаа да веруваат! А вербата и

надежта, толку долго ни недостигаа во нашите животи.

Што научивме од нив? Интелектуалната јавност и

експертите велат дека по ваквиот колективен транс, сé е возможно,

ако се сака. Македонија деновиве

доживува вистинска национална

катарза. Граѓаните се препородија со новата верба

дека секоја цел е остварлива со тимско и посветено работење.

Социолози, психолози,

политичари, новинарски

аналитичари, бизнисмени, познати дејци од културниот

живот констатираат дека

пласманот на кошаркарската

репрезентација со четирите најдобри кошаркарски европски

нации на Европското првенство

во Литванија го сруши

најпоразувачкиот македонски синдром: инфериорноста на

„Македончето“.

Тие ни покажаа дека кога многу ќе се вложи, може и многу да се

добие. И најважното, ни покажаа

дека со колективен дух и

самодоверба (нешто што се гледа и на теренот, но и се

потенцира во изјавите на

репрезентативците) може далеку

да се стигне. Хемијата, составена од досега невидена

борбеност и солидарност на

теренот, ги мотивира не само

спортистите, туку и сите оние

што ја сакаат Македонија од срце. Кошаркарите ни покажаа

дека кога се работи релизирање

на сонот, ништо не е

недофатливо.

Page 14: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 14

Смиреност и самодоверба Смирениот самоуверен израз на

лицето на величенствениот

Марин Докузовски како и

смиреноста и самоувереноста на Перо Антиќ, Владо Илиевски, Бо

Мекејлеб или кој било друг од

нашите кошаркари, дури и кога

промашуваат тројки едноподруго,

дури и кога губиме со десет разлика на теренот, се едни од

најголемите квалитети кои тие ги

поседуваат. Нешто што сите ние

(а посебно нашите политичари) треба да го научиме и примениме.

Чувството на супериорност,

чувството на „знам што правам“,

чувството на „дури и да изгубам знам да го поднесам поразот на

достоинствен начин, бидејќи

следниот пат повторно ќе

победам“ е феномен кој за прв пат, се јавува на некаков

спортски, културен или

политички ринг во кој

настапувала Република

Македонија. Македонија после ова не може и не смее да се

смета за „најголемото

изненадување“, а најмалку

самите ние треба да ја сметаме за таква.

Нé сместија зад маргините,

предвреме нé отпишаа, но не го скршија нашиот дух. Без разлика

на тоа со која репрезентација се

натпреваруваа, нашите

кошаркари со својата смиреност и верба во сопствените

квалитети, а не во моќта на

силните имиња, не дозволија да

потклекнат. „Ако сте навистина подобри,

тогаш докажете и победете нé“-

изјавуваа тие. А токму таа нивна

нестрашливост и немањето на комплекс на инфериорност,

полека по полека го кршеше

духот на противничките играчи.

Уште еден квалитет за кој треба да се замислат македонските

политичари, кои се спремни да

потклекнат пред звучните

светски имиња и да играат

според некои туѓи правила, наместо да го покажат своето.

Тие молат за своето место во

светот, наместо преку својата

напорна работа да го бараат она што навистина им припаѓа.

Подготвени да се

спротивстават Овие наши херои беа подготвени да се спротистават на сите

пречки, кои ќе им се најдат на

патот. И сето тоа на најдобриот

начин на кој знаат - играјќи ја

играта. А, пречки имаше на сите страни, од играњето на туѓ терен,

пред туѓа публика до враќањето

на времето, арбитража на

судиите и што уште не... Тие се навикнаа на пречките, но се

навикнаа и истите да ги

совладуваат. Сето тоа со една

префинетост и грациозност. Тие не се расправаа со судиите, не

се расправаа со делегатите, не

бараа подот да се исчисти, или

пак, времето да се врати. Ниту еднаш не го видовме Докузовски

или, пак, некој од играчите да

протестира за некоја одлука од

судиите. А, тоа уште повеќе го

рушеше духот на нивните

Page 15: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 15

ривали. Македонците стоеја и велеа:

„И ова ќе го совладаме, не е

проблем, се навикнавме“.

Кога на 0,5 секунди до крајот од натпреварот со Литванија,

топката беше во рацете на

Илиевски и на спротивниот кош,

никој од нашите репрезентативци не се радуваше (и покрај тоа што

победата беше очигледна),

бидејќи по безбројните протести

од литванскиот тренер и меѓусебните договарања на

судиите (што искрено е

понижувачки - што имаат да се

договараат?), тие беа подготвени

за уште една сопка на својот пат, поточно се подготвуваа да ја

совладат таа пречка.

Тим, а не поединец Македонија е доказ, дека тимот

победува, а не поединците кои

играат за својот рејтинг. Тие

демонстрираа огромно единство,

нешто што одамна го немаше на нашите простори. Немаше ЈАС во

нивните изјави, секогаш беше

НИЕ. Па и Владо Илиевски, во

најголемата еуфорија изјави „Што направивМЕ?“ и покрај тоа

што тој беше најзаслужен за

победата. Неодамна на

хрватскиот портал прочитав: „Се надевам дека нема да го

прогонат Дамјан Стојановски за

пропуштениот кош?“.

Хмм, па скоро и да не се

спомнува тој кош. Не станува збор за поедниецот, туку за

тимот. Тимот, кој секогаш гушнат

и со вперен поглед во знамето ја

пееше химната. Кога некој ќе паднеше, тројца го подигаа да

стане, кога некој ќе промашеше

кош, сите го удираа по рамо во

знак на поддршка, кога некој ќе дадеше кош, сите се радуваа.

Немаше вперување прст кон соиграчот, немаше гневни

погледи или, пак, префрлање за

недобро изиграна акција.

Песните во соблекувалната, песните во автобусот, орото

пред да ја напуштат Литванија -

сето ова е сведоштво за нивниот

позитивен дух, кој произлегува од нивното единство.

Да не се бара виновник До сега другите ни беа криви за

нашите неуспеси, како во натпреварите, така и во

општественото секојднвие, биле

тоа судиите (ЕУ, САД, НАТО),

било публиката и надворешниот

непријател (Грција или Бугарија, на пример), или внатрешниот

непријател (опозицијата,

предавниците, Албанците итн.).

За жал, и во денешна Македонија се востоличи

принципот на барање друг

непријател или виновник надвор

од нас самите. Политиката на поделби по сите основи

(политичките поделби се дури и

најлегитимни) нé доведува во

ситуација на слабеење на

националното ткиво и ранливост кон надворешните фактори и

политичко-економски сензации.

Политиката на поделби де факто

стана наш заштитен знак.

Page 16: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 16

Кошаркарите нé научија никого

да не обвинуваме. Тие никогаш

никого не обвинија за некој од

нивните неуспешни натпревари, ни судиите, ни публиката, ниту

некој од своите соиграчи, или,

пак од стручниот штаб.

„Ние дадовме сé од себе, го оставивме нашето срце на

теренот“ - беа најчестите нивни

коментари. Ова е можеби

наважната лекција на која нé научија.

Да не го бараме проблемот и

виновникот надвор од себе, туку

да го бараме во себе. Нешто што

им е потполно непознато на денешниве политичари, кои

постојано се обвинуваат ,

вперувајќи си го прстот, со

изговор: „Ти си полош од мене“.

Животот понатаму Страстите полека спласнуваат,

секојдневието го враќа својот

веќе познат тек. Нам ни останува дали ќе ги

имплеметираме овие

новостекнати лекции во

понатамошниот живот, или, пак, сето ова ќе го пуштиме во

канџите на заборавот. Драги мои

Македонци, ние пораснавме, не

сме повеќе „македончиња“ и време е да престанеме да се

однесуваме како деца желни за

внимание, кои молат некој друг

однадвор да им го покаже патот.

Дојде времето да ја преземеме одговорноста врз сопствениот

живот и сопствената иднина.

Page 17: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 17

Странските медиуми за нашите кошаркари

Игра со срце Шпанија докажа квалитет, Франција - потенцијал, а

Македонија „срце“. Ова го

заклучија светските медиуми

за време на првенството, но и

после него. Играта со „срце“, вложување на сите атоми од

силата во играта, како и

љубовта и почитта кон

кошарката, народот и соиграчите, беше нераздвоив

дел од описот на прикажаното

на македонските кошаркари.

Заслужено, најсилните епитети им паднаа токму нив.

„Македонија победи и ќе биде

нашиот противник во

полуфиналето. Тие се многу опасен тим, како и што

покажуваат на ЕП“ - напиша

Пол Гасол на Твитер.

„Навистина ли изгубивме од

Македонија, ова не е лош сон нели? И покрај поразот, ќе ве

поддржувам со целото срце до

крајот на првенството.

Прекрасни навивачи, прекрасна кошарка“ - напиша

на Твитер литванскиот

спортски новинар Симонас

Баранаускас, кој го водеше официјалниот блог на

Евробаскет 2011.

Баранаускас, меѓу другото,

праша и колку далеку треба да стигне Македонија за Бо

Мекејлеб да биде прогласен за

МВП на првенството, кого го

нарече уште и Бо Велики. Тој уште забележа и дека нашите

кошаркари се хранат од

енергијата на толпата, како и

дека тренерот Марин Докузовски би бил тренер на

клуб од врвот на европската

кошарка кога би зборувал

добро англиски. (Епа, г-н

Докузовски побрзајте со учењето на англискиот јазик).

„Најпаметната приказна на

турнирот. Тим кој сите го

засакавме. „Убиец на џинови“.

Никој, ни во најлудите соништа, не можеше да

предвиди нешто такво. Но,

сите уживавме. Македонија го

изгуби својот прв натпревар

против Црна Гора (колку беше тоа одамна...). Од тогаш, сé

беше толку добро.

Четвртфиналната победа над

Литванија беше волшебна. Една од најголемите возбуди

кои ќе ја паметам од

европските првенства.

Тројката на Илиевски ќе биде еден од „постерите“ на

Page 18: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 18

шампионатот. Лестер Бо

Меккејлеб беше играч кој

правеше разлика во групата на ентузијасти и борци. Антиќ,

Стојановски... се имиња кои ќе

бидат дел од брилијантната

историја на македонската и европската кошарка. Стоечки

овации за Македонците“ –

напиша колумнистот на

„Мондо“, Алехандро Гонзалес.

Погрешни прогнози Долго време пред почетокот на

европското првенство се

правеа анализи и прогнози за престојните натпревари.

Прогнозерите не погрешија

кога Шпанија и Франција ги

сместија на врвот, но серизоно утнаа кога Македонија

предвремено ја прогласија за

аутсајдер и кога не се ни

спомнуваше на првите 10

места, кои беа препуштени за силните спортски имиња, кои

останаа далеку зад нас. А пак,

шпанската „Марка“ не ни

даваше никакви шанси: „Илиевски и МекКејлеб како

основа на тимот и Антиќ и

Самарџиски под кошот... Ако

Македонија имаше добар крилен шутер, ќе беше тим

што треба да се сфати

сериозно. На Македонците ќе

им биде неопходно браќата Стојановски, Кирил

Николовски и Дарко Соколов

да ја повторат играта од

квалификациите. Но, покрај сé,

МекКејлеб ќе мора да одигра на нивото на кое го гледавме

во Партизан, да ги анимира

соиграчите и да погодува кога

е потребно. Оцена: нема да ја поминат првата фаза“- стоеше

во написот на „Марка“.

А, пак, стартниот пораз, само

уште повеќе ги зацврсти овие

тврдења.

„Македонците очигледно ќе

треба добро да се намачат за да дојдат до четвртото место

од групата, доколку сакаат да

стигнат во осминафиналната

групна фаза. И тоа за нив ќе биде добар успех“ – велеше

црногорска „Арена“ по

нашиот пораз од Црна Гора.

Никој немаше верба во дванаесетте кошаркари (рака

на срце немавме ни ние, никој

освен тие самите). Првата

победа помина

незабележителна, втората и третата ја нарекоа чиста среќа,

петтата и шестата ги препишаа

на слабата квалификациска

група, а после седмата победа – замолчеа...

Ги испративме како на

ексурзија, без некои поголеми

очекувања, тивко без некој ентузијазам, а ги дочекавме

како да дочекуваме херои, со

огромна еуфорија и сензација.

Сé започна со Грција Победата врз Хрватска, не

предизвика некој значаен БУМ,

но затоа победата врз

селекцијата на Грција ги даде најмоќните наслови.

Page 19: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 19

„Македонија ја

„зашемети“ Грција со 72-58 на

европското првенство“, пишува Вашингтон пост, а со

сличен наслов „Македонија ја

зашемети Грција на

Европското првенство“ се огласи и USA today. На

електронското издание на

познатиот грчки весник

„Елефтеротипиа“ осамна наслов „Разочарувачки

национален пораз од

ФИРОМ“ (не ни очекувавме да

стои Македонија). „Нова сензација на

Македонците: Го победија и

првиот фаворит Грција“, е

веста која веднаш после

натпреварот одеше на националната хрватска

телевизија. Еден од

најчитаните хрватски сајтови

„Индекс“, пишува дека Македонците ја

„растурија“ Грција и оти

победата на Македонија

против Хрватска не била случајност.

„По победата над Хрватска,

Македонците остварија победа

и против најголемиот фаворит

во групата и тоа на многу уверлив начин“, пишува сајтот,

додавајќи дека најзаслужен за

победата е Бо МекКејлеб.

Српската медиумска куќа Б92 под наслов „Македонците им

влепија шлаканица на Грците“,

пишува дека можеби

најголемото изненадување на евробаскетот во Литванија

претставува победата на

Македонија над своите, како

што велат, „неомилени“ соседи. „Грчката национална

телевизија повторно го

избриша името Македонија, но

македонските кошаркари го

избришаа паркетот со грчките

кошаркари“, констатира Б92. Странските медиуми

коментираа дека Бо МекКејлеб

со помош на Перо Антиќ си

поигруваше со грчката одбрана со што Македонците

постигнаа победа, како што

пишуваат, повредна од златен

медал.

„Непобедлива фаланга“,

„Македонците гинат за своите

навивачи“, „Какви лавовски

срца“, „Грците добија лекција од фалангата на Александар“ –

се само дел од светските

наслови по големиот триумф

над Грција.

Секоја победа - вредна

за восхит Со секоја наредна победа,

Македонија освојуваше голема

почит, незаборавни текстови, а и по некоја насловна во

светските медиуми.

„Ако на седум Македонци

додадете еден Американец тогаш добивате моќ еднаква

на 300 Спартанци“ – велеше

рускиот „Спорт-експрес“.

„Кога ќе го погледнете Марин Докузовски како диригира со

својата селекција, веднаш ја

чуствувате најбајковитата

Page 20: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 20

симфонија во своите срца“ –

тврдеше рускиот „Вести“.

„Македонците се од некоја друга димензија. Повредени,

преполовени, уморни... а

сепак нè победија пред 15.000

навивачи“ – соопштуваше литванскиот „Баскетнет“.

„Кога ќе ја погледнам

Македонија ме фаќа носталгија. Се потсетувам на

нас од 1992 година“ – тврдеше

литванскиот кошаркар

Арвидас Сабонис, кој како

поранешен играч на СССР успеа да ги освои најважните

шампионати.

„Македонија игра нова

нетипична кошарка. Треба да се најде лек за таква кошарка.

За да ги победите треба добро

да се намачите“ - изјави

селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло.

„Најголемо изненадување на

Европското првенство во

кошарка е репрезентацијата

на Македонија, која наспроти сите предвидувања, може да

освои медал“, пишуваше

интернет порталот на чешкиот

весник „Млада Фронта Днес“.

„Иако во текот на целиот

шампионат имаа улога на

аутсајдер, македонските

репрезентативци поддржани

од „фанатичката“ публика, остварија неверојатен

четвртфинален триумф против

домаќинот, Литванија“,

пишува чешкиот портал. Светските медиумски куќи со

право забележаа и тврдеа

дека срцето, храброста и

единството на терен на нашите момци е рецептот за победи.

Коментаторот на рускиот

весник „Вести“ вели:

- Кога пред натпреварот Русија - Македонија прашав некои

литвански кошаркарски

експерти што имаат

Македонците така во себе што

од анонимуси сега редат изненадувачки успеси еден од

нив ми одговори најпросто

'Macedonia has balls', односно

во превод Македонија има... (ма сите знаете). По

натпреварот со Литванија

навистина разбрав дека тоа е

голема вистина. „Ако имате срце и малку

спортска среќа и дрскост

можете многу. Токму тоа го

прикажаа кошаркарите на

репрезентацијата на Македонија, предводени од

еден сјаен Американец -

Лестер Бо МекКејлеб“,

пишуваше српскиот портал „Мондо“ и дополнува дека

Предраг Самарџиски го открил

клучот на успехот на

македонскиот тим, а тоа е атмосферата во

соблекувалната, на

тренинзите: „Ние 12-мина

буквално сме како браќа. Сите дишеме како еден и во тоа

лежи нашиот успех.

Растоварени сме од натпревар

Page 21: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 21

во натпревар. Не нè

оптоваруваат, признанија,

награди, премии; играме за нашиот народ на кого срцето

му е полно како и нам после

секоја наша победа. Правиме

сé од срце, со големо задоволство“, ја пренесува

„Мондо“ изјавата на

некогашниот центар на

Партизан. Порталот уште наведува дека

на Балканот има нешто што

другите го немаат. Огромна

желба да се помогне на својот тим на својата земја и како

пример за тоа го наведува

Тодор Гечевски. Тој е играч

кој што злато вреди за секој

тим. „За време на целиот турнир

тимовите ја потценуваа

Македонија. Сега на таа листа

може да се додаде и Литванија која местото до Олимписките

игри во Лондон ќе треба да го

бара по заобиколен

пат“, објавуваше Ен-Би-Си спорт.

Весникот „Торонто Сан“ со

наслов „Литванија шокирана во четвртфиналето“, пишува

дека домаќинот останал без

шанса за медал во Европското

првенство во кошарка.

„Голем пресврт за

Македонија“ е насловот на

престижниот „Њујорк Тајмс“, кој пишува дека македонските

кошаркари го запреа

домаќинот Литванија на патот

кон едно од првите три места. За победата пишува и „Usa

today“, кој наведува дека

земјата по површина е мала,

но е кошаркарски џин. „Тројката на Македонија ја

потопи Литванија“ извести

шведската

телевизија, дополнувајќи дека поразот ја шокирал и бројната

публика во Каунас. Тие ја

пренесуваат изјавата на

македонскиот селектор

Докузовски, кој рече дека ова е до сега најголемиот успех на

Македонија во сите спортски

дисциплини.

„Македонија се придружува на големите ѕверки во

евробаскетот“ пишува

порталот за меѓународна

кошарка interbasket.net. Овој портал пишува дека

македонската приказна на

Европското првенство

константно ги шокира

противниците, и наведувајќи дека низ целиот шампионат

Македонија била неоправдано

потценувана, за следниот

натпревар авторот вели: „Јас не се обложувам повеќе

против Македонија. Доста

пари изгубив!“

„Македонија влезе во натпреварувањето во

Литванија меѓу 24 тимови со

мали надежи за напредок од

првата фаза на натпреварувањето, но наместо

тоа, шокираше многу појаки

противници еден по друг и

Page 22: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 22

предизвика славје кај нивните

колоритни навивачи“, јавува

Eurosport. „Бајката продолжува“,

„Сензационална победа“, „Има

ли крај на сензациите на

Македонците“, се само дел од насловите што ги објавуваа

медиумите во соседните земји.

„Македонија е „пепелашка“ на

Евробаскетот“ ијави Клаудио Колдебела. „Никој не

очекуваше да ја види тука,

ниту пак, да го украде сето

внимание“. „Бурсорама“ од своја страна

додава: „Литванија падна!

Гром во Каунас“. Македонија

предводена од МекКејлеб оди

по вода од пред две недели.

„Да се исфрли еден од фаворитите на нивни терен во

новата арена во Каунас е

подвиг вреден за секаков

восхит. Чудото е дотолку

поголемо ако се земе предвид фактот дека на домаќинот му

го одземаа здивот

репрезентативци од земја која

до сега само два пати учествувала на

континенталните шампионати,

притоа оставајќи целосно блед

впечаток“, пишува „Данас“. „Господ се вика Илиевски,

Македонија ја шокираше

Литванија“, пишуваше

црногорскиот весник

„Вијести“.

Миленик во Литванија Македонските кошаркари

привлекувале најголемо внимание и на обичните луѓе

во Алитус и во Друскининкај

каде што беа сместени.

Литванците ги бодреле пред

секое заминување на натпревар, а за автограми се

грабале дури и вработените во

„Гранд Спа“ хотелот.

Македонија била миленик и на останатите земји. Босанците ја

пееле „Македонско девојче“ по

нашата победа над Хрватска, а

големи честитки им стигнале и од поранешниот премиер на

Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кој

во Литванија е во функција на

претседател на Црногорската

кошаркарска федерација. „Можеби немате скапо платени

ѕвезди во тимот и познати

тренери, но го имате

најголемото срце на Евробаскетот и сте

единствените кои не глумат

повеќе од она што сте во

реалноста“, рекол експремиерот на Црна Гора.

„Здраво Македонијо. Жедни ли

сме за нова победа?“

Page 23: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 23

Со овие зборови (на латиница)

глобалниот бренд Кока Кола ја

изрази својата поддршка и ја поздрави нашата земја пред

почетокот на натпреварот со

Литванија преку својата

официјална страница на Фејсбук.

Спортското списание „Газета

дело Спорт“ во својата

анализа потенцира дека Лестер Бо Мекејлеб требаше

да го добие признанието МВП

на првенството, додека за

Македонија пишува дека ќе бидат запишана во историјата.

„Наваро одигра фантастично,

но и без него Шпанија ќе беше

фаворит за титулата. Од друга

страна, пак, МекКејлеб ја однесе Македонија во

ситуација да се бори за медал.

Колку само емоционално ги

играше натпреварите за Македонија, едноставно беше

фантастичен“- се вели во

анализата на „Газета дело

Спорт“. Осврнувајќи се на делот

историја на Европското

првенство во Литванија,

италијанскиот весник пишува

дека ова ѝ припаѓа на Македонија. Токму оваа

селекција го одбележа

првенството, а насловот вели

„Македонија, па кој би можел да поверува“.

После изгубениот меч со

Македонија, не ни паѓаше на

памет дека најголема поддршка ќе добиеме токму од

Литванците.

„Ако веќе изгубивме, сакаме

тоа да биде од шампиони, затоа ќе навиваме за вас“ -

изјавуваа Литванците.

Позитивниот дух на нашите

кошаркари - ги освои срцата

на целиот свет. „И покрај целата игра

остануваат да бидат проклето

неодоливи“- пишуваше

„Мондо“. Неодамна читавме за бројното скандирање пред

македонскиот автобус:

„Бројни литвански фанови

поминуваа во близина на автобусот, упатувајќи се кон

трибините за средбата

Словенија – Србија. Кога

нашите кошаркари почнаа да излегуваат од автобусот, сите

литвански фанови, обоени во

националните бои, застанаа.

Почнаа силно да аплаудираат...

„Браво, браво, секоја чест“ и „Со среќа утре, навиваме за

вас“, извикуваа тие, пред да

почнат да скандираат

„Македонија, Македонија“ - пренесуваше порталот на

македонската кошаркарска

репрезентација.

Сите ги видовме сликите на литванските пејачки со

македонско знаме, а ја чувме и

веста дека почесно место

нашите кошаркари ќе добијат

во литванскиот кошаркарски музеј, рамо до рамо со

кошаркарските великани.

Page 24: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 24

И за крај, како можеме да ги

заборавиме и маичките со

двосмислениот напис : „Македонија ни ги скрши

срцата“.

Подготвила:

Елена Павловска

Page 25: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 25

Светлана Пеншовски

Македонија со кренати раце

Успехот треба да ни стане непишано правило во секоја

област, меѓу сите нас треба да

има победници, секој за своја

област. Мотивирајте се и најдете го во себе си.

Успех за обединување До овој момент, веќе сите

медиуми на долго и на широко - објавиле детали за

македонската кошаркарска

репрезентација. Меѓутоа,

многу поголем дел зазема моментот на дочекот. Се јавија

поделени мислења, а ние ќе се

обидеме кратко да ги

резимираме двете страни, поддржувачите и негодувачите.

1. Поддржувачите во случајов,

се поголемиот дел; тие се патриотите со вистинска душа

и луѓе кои навистина знаат да

сакаат со срце. За волја на

вистината, голем удел имаше Владата, која финансираше

неколку авионски лета,

автобуски превоз до

аеродромот и организација на

медиумски лица за шоу

програма. Доколку немаше таков вид на поддршка, со

свои возила на аеродромот ќе

беа само некои десетици

навивачи.

2. За разлика од нив, вториов

вид (за наша среќа

помалкубројни) најдоа влакно во јајцето, па ја критикуваа

навивачката песна, го

критикуваа успехот,

владејачката партија, така што

на крај се искритикуваа себе си, како мали луѓе кои не

знаат да се сплотат. Но, како и

да е, гордоста не се поништува

така лесно, со неколку намуртени фаци, со

фрустрации на личности кои

се плашат од мнозинството.

Што се случува надвор

од спортот? Увидовме дека можеме да

целиме нагоре, но едно нешто

треба да ни биде јасно на

сите: вакви успеси треба да достигнуваме и во други

области, за да бидеме

комплетно задоволни.

Замислете каква сатисфакција би имале, доколку се расчуе

дека во нашата дршава се

пронашол лек за заразна

болест, вакцина за општото човештво.

Притоа ќе најдеме

оправдување дека немаме

такви скапи лаборатории, немаме стручен тим (лекари

кои нема да работат со

пациенти, туку ќе бидат

посветени во истражувања).

Page 26: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 26

Зарем никој не слушнал дека

има пронајдоци кои се сосема

случајни?

Но, не е само здравството во прашање. Ако го разгледаме

процесот на образование,

веднаш очи ни бодат методи

користени од други држави, а

ние како пасивни конзументи - само копираме. Европски

кредит - трансфер систем,

интерактивна настава,

креативна настава и учење преку Сорос и така натаму.

Истите тие дотичните, неколку

пати пробале методи во

поголеми образовни институции и увиделе дека се

ефективни. Зарем кај нас не

може да тестираме методи и

техники и да спроведеме

начин на едукација која ќе биде компатибилна за нашата

популација, впрочем и да

произлезат со успех??

Да, лесно е да се менаџира

ако си способен менаџер и ако

имаш соодветни ресурси. Меѓутоа ресурсите ни се

намалуваат, а неуспесите

растат.

Се чини дека економијата е најосетливиот сектор. Се

радуваме на ситни субвенции,

за мали помагатели на ситни

бизниси, а од друга страна, расте цената на горивото. Со

него расте речиси сè, а ни се

намалува стандардот, па сме

среќни на ситно зголемена каматна ставка. Неуспех има

поради големата

невработенсот и на тој начин

сите ја плаќаме цената.

Затоа можеби толку се радуваме и го доживуваме

успехот, затоа што ретко го

има!

Недостаток на успесите Спортот не треба да има

буквално никаква врска со

политиката, не треба да се

присвојува туѓиот успех на кошаркарите, за да се добијат

политички поени за партијата.

Не треба да се употреби

моментот за себепромоција!!! Бевме сведоци дека имаше

претставници со важни

политички функции насекаде

околу нив. Веројатно и тие научиле да го користат

маркетингшкиот трик, да се

кријат позади успешни луѓе -

за да изгледаат и тие успешно.

Генерално, имаме впечаток дека поради никаков

политички решен проблем

нема да има ваква масовност

на собир, на пример, да нè признае Грција под уставно

име, да влеземе во ЕУ или

Page 27: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 27

слично. Ќе речеме - па редно е

по 20 години и ќе сметаме дека

тоа ни следува. Меѓутоа, ниеден успех не го добиваме само

заради тоа што треба, туку треба

да го заработиме и да се бориме

за него. Така доаѓаме до вечното

прашање на спортските

навивачи, кое ќе остане

неодговорено: дали во другите спортови се прима поткупот, па

затоа постојано сме губеле?!

Мото за иднината Успехот треба да ни стане непишано правило во секоја

област, меѓу сите нас треба да

има победници, секој за своја

област. Мотивирајте се и најдете го во себе.

Сè што е потребно е да верувате

во себе, да го организирате својот живот на начин, на кој ќе

бидете среќни цел живот.

Претворете ги малите внатрешни

можности во големи

достигнувања. Така заедно ќе споделуваме победа и радост.

Page 28: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 28

Литванија – една поинаква приказна

Република Литванија е држава

со историја подолга од 1000 години, со површина од околу

65 илјади километри

квадратни и околу 3.5

милиони жители. Се наоѓа во Североисточна Европа, а

граничи со Русија и

Балтичкото Море, Полска,

Белорусија и Летонија. Главен и најголем град е градот

Вилнус, а она што ја прави

особено интересна е тоа што

има околу 3000 езера,

распространети на речиси секој дел од земјата, некои

поголеми, некои помали, а

гледано од птичја перспектива,

тоа е навистина прекрасна глетка.

Вилнус – главниот град на Литванија

Местоположбата на Литванија

и течението на реката Неман, низ речиси целата држава ѝ

предодредиле континентална и

морска клима, односно доста

ладно време и за време на

летото. Никако немојте да заборавите да понесете јакна

или капут, макар и да одите во

август и септември, како што

ми се случи мене. За Литванија може да се каже

дека е модерна европска земја,

која ги сочувала старите

историски градби и изглед, но со доза на современост и

модерни објекти. Покрај

прекрасните зданија, цркви и

музеи, можете да одите во некој од многубројните

трговски центри кои се доста

импресивни и опремени со

најпознатите брендови како Манго, Бершка, Страдивариус,

Њу Јоркер, Тејли Вејл, Адидас,

секако козметика и што и да

посакате. Ако не можете да се

навикнете на традиционалната литванска кујна, која е малку

повеќе зачинета, тогаш тука е

Мек Доналдс, но и литванската

верзија на овој фаст фуд, наречен Хесбургер, кој е

дупло поевтин, како и

многубројните пицерии, кои

како да се заштитен знак на Литванија, бидејќи ги има

буквално на секој чекор.

Што се однесува на цените,

иако Литванија е во Европска Унија од 2004 година, сè уште

го нема прифатено еврото

како официјална валута и има

доста строга политика околу

плаќање во евра. Затоа првото нешто што ќе го сторите кога

ќе дојдете тука е да побарате

банка (бидејќи нема

менувачници) и да си ги смените парите во нивната

валута наречена литва. Колку

за ориентација едно евро

вреди околу 3.65 литви. Цените во бутиците се

навистина европски. Малку, но

и доста поскапи од кај нас што

се однесува на гардеробата.

Во супермаркетите, цените

Page 29: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МАКЕДОНСКА ПОБЕДА страна 29

горе-долу како кај нас, но со

многу поголем избор.

Градот каде се испреплетуваат историјата и модерното време

Доколку сакате да купите

алкохол, ќе најдете екстремно

евтин и екстремно скап, се

разбира во зависност од квалитетот на пијалакот. Иако

ќе помислите дека тоа е

„руска“ земја и најмногу се

пие вотка, сепак, пивото преовладува. Се пие многу

пиво и има голем избор на

истото, па дури има и посебни

закуски кои се консумираат со

него. Ако во Македонија се пие пиво со кикирики, во

Литванија се пие пиво со

парчиња црн леб потопени во

кашкавал. Ова е навистина популарна „грицка“ таму и се

продава секаде. Иако не

успеав целосно да го

„истражам“ ноќниот живот, од она што имав прилика да го

видам е дека ако младите кај

нас одат прво во кафеана, па

во дискотека, тука одат во некој од многубројните барови

или пабови, а потоа или

остануваат таму, или

заминуваат во некој клуб или

друг паб. Цените се малку повисоки отколку кај нас.

Најевтиното пиво е 7 литви,

односно околу 120-130 денари,

додека поскапите се движат и

до дупло повеќе. Ноќниот

живот во Литванија не ме воодушеви. Од она што можев

да го видам е дека во петок е

пофреквентно, додека во

сабота навечер речиси и да нема никој по улиците. Таму

нека не ве чуди ако во 2 часот

наутро видите отворено

кафуле и друштво кое седи, пие кафе и јаде некое пециво.

Каунас – центарот на Европското

првенство во кошарка 2011

Народот општо е многу

поладен од нашиот. Таму никој

никого не забележува, сè е

мирно и тивко, дури и младите се такви. Она што го прави

нетипичен најверојатно е

блискоста со Скандинавските

земји и секако Русија. Можеби

затоа народот е малку почуден, како да се мешаат

менталитетите на соседните

земји, во кои Балканецот

тешко може да се вклопи. Можеби ретко кој би се сетил

да отпатува токму во

Литванија. Се разбира има

многу попривлечни и попознати дестинации кои

попрво би ги одбрале, но ако

некогаш ја посетите, ќе

доживеете навистина поинакво искуство.

Подготвила:

Силвана Јовановска

Page 30: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МЛАДИ СО СТАВ страна 30

Page 31: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МЛАДИ СО СТАВ страна 31

Ефремов

Исчезнаа туѓите знамиња и дресови

Септември 2011… Можеби наизглед сосема нормална

година и нормален месец за

Македонија, но сепак не е

така. Ова ќе биде запаметено во македонската историја

како месец и година во кои

Македонија конечно излезе

од транзицијата (национална и спортска, а помалку

реформска) и премина во

рамките на европската

спортско-културна

(победничка) заедница. Погодувате за што станува

збор нели? Се разбира дека

да. За македонската

кошаркарска репрезентација, која на европското сениорско

првенство во Литванија го

освои фантастичното четврто

место и ѝ го донесе најголемиот успех на нашата

држава, што се однесува до

репрезентативното ниво. Но,

во оваа колумна немам намера да ги фалам

кошаркарите бидејки сето

тоа се подразбира и сите

многу добро го знаеме тоа.

Наместо тоа, имам намера да го анализирам успехот на

репрезентацијата, но од

сосема друг (неспортски)

агол.

Национална преродба Значењето е огромно и ниту

една реклама, книга, спот,

или што и да е друго од оваа бранша на привлекување

внимание и туристи не може

да се спореди со ова. Мало

појаснување.

Погоре наведените средства можат да привлечат

внимание и да помогнат да се

„позиционира“ Македонија на

европската и светската карта но само на „физички” план, и

тоа без многу емоции и

чувства. Но, шутот на Владо

Илиевски за тројка, на 11 секунди пред крајот на мечот

со Литванија им ги стопира

срцата на милиони гледачи

низ светот барем за кратко

време, за да по погодокот срцата повторно почнат да

чукаат, но сега тројно побрзо

и помоќно од претходно.

Такво чувство на еуфоричност и нирвана

одамна ни беше потребно и

дојде во многу добар период

за Македонија. Замислете, еуфоријата беше толкава што

и грчки државјани навиваа

за Македонија(?!)

Имено, не постоеше подобар период за ваков спектакл од

овој, бидејќи во ова време

славиме дваесетгодишнина

од македонската државност и

ова беше супер честитка за нас Македонците. Со овој

подвиг всушност ги

натеравме „Европјаните”

сами да купат географски карти и да побараат каде е

Македонија и да прогуглаат

на интернет за да се

запознаат подобро за македонските „војници” во

Литванија и за нивната

татковина на Балканот.

Она што мене највеќе ми

остави впечаток од ова

Page 32: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МЛАДИ СО СТАВ страна 32

достигнување е помалку

очигледно и треба да се

погледне подобро за истото да се согледа. Имено,

исчезнаа странските знамиња

и дресови од македонската

секојдневна сцена. Што сакам со ова да кажам?

Да се навратиме набрзина

низ македонската историја во

последните 20 години. Типично секојдневие - луѓе

седат во ресторани, кафе-

барови и кафеани и следат

некој спортски натпревар (ракометен, фудбалски,

кошаркарски итн.). На прв

поглед можат да се

забележат две работи -

спортска возбуда преточена во громогласно навивање и

дресови без црвено-жолтата

боја на грбот. Сега го

поставуваме прашањето како може луѓето да навиваат за

други национални тимови и

клубови, а не за своите?

Одговорот е бидејки македонскиот народ немаше

доверба во своите

национални избраници и

воопшто не сакаше и да

навлегува во бурни води бидејки на крајот секако ќе

излезеше разочаран и

потиштен. Нацијата ни беше

така конструирана од почеток што изгледа ние

бевме единствената земја во

која се водеше дебата кои

биле подобри, дали Французите или Хрватите,

дали Германија имала

подобри играчи или Италија,

кој ќе победи на следниот натпревар и сл. Македонија

не се спомнуваше никаде во

овие конверзации или ќе се

појавеше тука-таму, но во

негативна конотација - ќе изгубиме, не нè бидува нас,

немаме срце за победа, не се

трудат и не ги бидува за

ништо... Но, националната преродба

се покажа како успешна.

Никој повеќе не дебатира за

тоа дали ќе успееме да победиме туку со колкава

разлика ќе биде победата.

Никој повеќе не носи дрес на

Тони Паркер и на Кириленко туку се носат дресови од

Перо Антиќ и Владо Илиевски.

Првпат се случи луѓето да

сакаат на своја иницијатива

да отидат во Скопје во понеделникот и да ги

поздрават шампионите, а да

не се отидени по партиска

директива, со партиски автобус. И најважното -

првпат се случува

македонскиот народ да се

обедини убедливо под едно знаме и под едно име и со

една единствена мисла -

МАКЕДОНИЈА.

Спортската иднина Што понатаму? Дали ова ќе

биде само еден убав сон кој

не сакаме никогаш да

заврши? Дали ова ќе биде само една бајка која ќе се

преточи во митови и легенди

и со која ќе си ги заспиваме

децата навечер? Се надевам

и искрено верувам дека овој патоказ кој го поставија Перо

и компанија ќе го следат во

иднина и ракометарите,

фудбалерите, ватерполистите и сите останати. Се надевам

Page 33: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МЛАДИ СО СТАВ страна 33

и искрено верувам дека

конечно се разбудивме од

хибернацијата која нè беше зафатила на спортски план и

дека ќе му покажеме на

светот, а најважно и на нас

самите, кои сме, колку можеме, какво срце имаме и

колку Македонците се

искрени во љубовта кон

својата земја. П.С. Лелеее, луѓе што направивме???

Page 34: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МЛАДИ СО СТАВ страна 34

Стефан Алиевиќ

Поделен идентитет

Македонија си останува како

една земја изградена покрај од Македонците, и од многу други

етнички заедници. Самото

Скопје како најголемиот урбан,

политички, економски центар на Македонија отсекогаш важел за

мултикултурен град каде

дефилираат разни групи на луѓе.

Меѓутоа се чини дека со проектот „Скопје 2014“ и

стремежот за европизирање на

градот, мултикултурното некако

се изгубило и почнала да се издига една слика на

тривијализирање и градење

поделен идентитет. Поделениот

идентитет е очигледен со самиот

факт на маркирање на разни делови на Скопје со статуи и

градби - едните сведочат и

реферираат за разни делови од

македонската историја, другите на албанската. Обете немаат

никакви допирни точки. Оние

кои го диктираат проектот, како

да си играат едно маркирање на територијата; во обидот за

градење на два одделни

идентитети. Во целата возбуда

за играњето на оваа скапа игра

на маркирање и дигање на општиот патриотизам во

државата, некој го изоставил на

пример прашањето на Ромите

кои сè уште се собираат и палат оган под мостови кога е зима, за

да не се вкочанат од студ.

Идентитет, е збор кој

најверојатно на секој оној што ја следи македонската ситуација

во последните 20 години, веќе

му дошло преку глава.

Избирањето човек кој ќе ја води Македонија во својата авантура

за етаблирање идентитет, е

како константно праќање на еден Болен Дојчин во битка,

осуден однапред да умре на

бојното поле (парафразирано од

проф. Д-р М. Бојаџиевска). И во ваквиот константно

залуден амбиент преку кој не

стигаме никаде, некако сите

приоритетни работи во Македонија потонале некаде на

дното... Скулптури и музеи

добија предност пред

поправање на системот на здравството и социјалната

инклузија на сите етнички групи

во колективот... Едноумието и

апетитот за патриотизам (или

национализам) добија поголем замав од кога било во споредба

со прифаќањето на другоста; на

поразличното и алтернативните

стилови на живеење... За среќа, она поразличното

уште посилни корења развива

токму во средина која

претендира да се развива врз стерилно тло.

Тогаш, да се запрашаме, кој

атрибут можеме да им го

придодадеме на лидерите кои ја

водат оваа земја? Всушност, пред да го направиме тоа, уште

нешто...

Ако се присетиме на што друго

бевме сведоци во изминатата година, ќе се присетиме на

случајот со А1 и на протестот

против полициско насилство;

уште два сериозни проблеми кои лидерите на земјата во

генералната слика која ја

добиваме, вртат глава и не

сакаат сериозно да погледнат. Имено, случајот со А1 нè

Page 35: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 МЛАДИ СО СТАВ страна 35

упатува на тоа дека во земјава

имаме сериозни обиди за

цензурирање нечие мислење;

дека власта не секогаш е расположена да чуе мислење и

дека сака постоечкото двоумие

да го сведе на едноумие. Истата

глувост како феномен ја гледаме и во случајот на

полициско насилство. Оние кои

моќта ја добија од народот,

останаа глуви, неми и слепи за гласот на младината кој се

издигна за многу причини.

Размислете два пати, пред да

одговорите на погоре

поставеното прашање. А

фокусирајте се и на поважнотот - како еден народ да биде

среќен во земја со испревртени

вредности и приоритети? Дали

треба апетитот да биде задоволен за само една група

луѓе, додека другите седат на

страна и гледаат само што се

случува?..

Page 36: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 36

Атанас Величков

Македонски синдром

Се чудев дали воопшто да започнувам да го пишувам

текстов што следи... Кого веќе

да го убедувам, дека нас не нè

бидува ако продолжуваме вака да се самоуништуваме...

Деновиве се случија неколку

многу интересни работи...

Повторно се убедив дека во блиска иднина нема да кренеме

глава од разните таму експерти

и нивните спонзори... Но, ајде да

терам по ред, па да видиме до

каде ќе стигнам...

Поделби за извоз

Ко на зафрканција напукавме 20

години независност... Прослава на сето тоа, огномети, говори,

повици за обединување и се

разбира поделби... Ние нема да

бидеме вистински Македонци,

ако не сме поделени... Б.Ц. и неговите соработници не беа дел

од прославата, затоа што таа

била партиска и била по мерка

на Груевски... Тие што беа во центар, успеаа први да ја видат

Фонтаната со Воинот на коњ...

Тоа драги мои, е Александар со

Букефал, ама за надворешна употреба се користи Воин на

коњ... Да не се лутат Грците...

Тие не се трогнаа многу од

нашата прослава... За нив

постои една грчка Македонија, а Александар е нејзиниот

најпрославен владетел... Не сум

специјалист по античка историја

и не коментирам... Бугарските медиуми во неколку

материјали остро реагираа на

изјавите на Груевски, дека

судбината на Македонија нема

да се решава во Софија... Ги здоболе, и тамошните експерти

веднаш започнаа со нападите

дека „штом не сакате со Софија,

останете си надвор од ЕУ со Белград“... Работава е, ко да

мора некој да нè води... Ние не

можеме сами... „Браќата“ Срби

во коментарите под еден материјал насловен „Нема земја

за Македонија“, а објавен на

интернет порталот Pressonline,

почнаа да нè плукаат, дека сме

биле валкани и дека секогаш сме чекале на удрената во глава

Србија да нè спасува... Со други

зборови, кога-тогаш ние

Македонците ќе сме побарале да се вратиме во прегратката на

„Мајка Србија“.

Да ти се насолзат очите и да ти се присака да се прошеташ низ

Камени мост (Душанов мост). На

овие нашите соседи никако да

им се здосади да си ги чистат забите со нашите стапчиња за

заби... Кога ќе се замислам, и

Бугарите и Србите имаат право

да си јадат бурек за сè што ќе посакаат... Ние пак имаме право

да ејакулираме на сè што ќе

остварат Србите... Демократија...

Нема лутеш...

Page 37: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 37

Проблемите се за дома Ќе ги оставам сега нашите драги

соседи... За Јунинистан не ми се

ни зборува... Па сакам малку да Ве позанимавам, со сржта на

проблемот, кој ме натера да си

играм вечерва со зборовите...

Деновиве една група македонски новинари обвини една друга

група, исто така македонски

новинари, дека пати од

балкански синдром... Едната

група е „проевропски“ ориентирана, а

другата група е со

„провладини“ ставови... Значи,

да се разбереме, немам проблем ако овде во Македонија, Борјан

и Миленко се натпреваруваат во

тоа да се навредуваат еден

друг... Имаат различни ставови и си се плукаат... Проблемов се

раѓа тогаш, кога Македонец за

Македонецот е волк и во Брисел,

каде европските бирократи ни се

ситат на оболените од македонскиот синдром умови...

Нема нација на светот, која може

да си го дозволи тој луксуз...

Двајца нејзини припадници да се навредуваат пред очите на

странци и да даваат слика за

сопствената нација, како да се

работи за племе од типот на Тутси и Хуту...

Македонскиот синдром е

синдром на поделбата, бидејќи

не ни се доволни тие што нè негираат, ние сами се негираме

и омаловажуваме... Пример за

тоа се ставовите на некои

самопрогласени

„интелектуалци“ и „експерти“, кои ги обвинија македонските

навивачи и кошаркари за

национализам... Не требало

нашите кошаркари да ја пеат песната „Излези момче право на

тераса“... Браво, алал да ви е...

Миленко, Мирка и Бобан патат

од балкански синдром, а Вие

драги мои разбирачи од сè и сешто, од каков синдром патите...

Ги обвинувате за национализам,

хероите, кои ја прославија

Македонија на европската спортска сцена...

Нашите кошаркари, ни покажаа

дека и нас нè бидува, ни

покажаа дека и ние можеме да

бидеме победници... Вие господа

„интелектуалци“ ги нарековте националисти, затоа што пееле

една најобична навивачка

химна... Синдромот од кој

патиме сите ние се изразува во тоа дека, самите не сме свесни

до каде ќе стигнеме во сета таа

омраза и поделби... Ги разбирам

некои кога се незадоволни од проектот „Скопје 2014“, не

можат да го сварат од

идеолошки причини, но не

можам да сфатам, како е можно да се негира фактот дека

Македонците имаа причина да

бидат горди со своите момци и

во сето тоа повторно да се бара

политика... Ние Македонците треба да

сфатиме еднаш засекогаш, дека

не можеш да изградиш нормално

општество, додека има поделби

Page 38: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 38

и напади на секој чекор... Имам

едно прашање: До кога ќе ја

тераме вака? Не е ли време да се

свестиме и да разбереме дека пред сè сме Македонци, а потоа

сме партиски обоени?!.. Пред сè

сме Македонци, а дури потоа сме

ВМРО-вци, СДСМ-вци и ред други...

Сите наши комшии ја научиле

таа лекција... Пред сè тие се

Бугари, Грци, Албанци, Срби...

Имаат свои национални стратегии и нацртани патишта по

кои одат... Ние имаме секој ден

барем по две причини да се

поделиме и навредиме...

Преку глава ми е веќе од поделбите на патриоти и

предавници... Сите ние треба да

бидеме свесни, дека Македонија

чека на нас за да ја исправиме на нозе... Еве деновиве сме

сведоци, како Бугарија мака

мачи со своите европски

партнери, кои ја обвинуваат за корумпирано судство и

неуспешна борба со

организираниот криминал...

Замислете, како ние ќе успееме да ги решиме сите тие прашања,

кога сме поделени и секој за

секого е волк...

Наместо „интелектуалците“ да

јадат бурек за тоа, кој е националист и кој космополит,

нека направат план преку кој да

ја направиме Македонија

поубаво место за живеење...

Така многу полесно, ќе успеат да

ја добијат поддршката на

народот... Голем проблем, кај нас

Македонците, се исто така и

огромните комплекси од кои

патиме... Живееме во некакви измислени светови... Се загуби

нормалниот однос помеѓу

луѓето... Се загуби еланот, за да

се сработи нешто и тоа нешто да биде од корист за сите... Денес

голем процент од младината

сака да избега од Македонија...

Сака да избега, поради фактот дека не ја гледа својата иднина

тука... Добро е што не сме дел

од Европската Унија, да беше

Македонија дел од тој клуб, сè

што можеше да оди ќе избегаше во странство по поголема

плата,па била таа и молерска...

Менталитетот ни е таков, знаеме

само да се жалиме и да ги обвинуваме другите за нашите

сопствени неуспеси... Тоа е црта

на сите балкански народи... Црта

во нашите карактери, која откако ќе ја споиш со

комплексите и нагонот за

поделби, ќе ги добиеш

симптомите на македонскиот

синдром...

Има лек! Лек за синдромот од кој патиме

има, не се секирајте... Лекот е посветената работа... Лекот се

изразува во крајот на поделбите

и во бирањето на луѓето според

тоа што сработиле, а не според

тоа дали му се колнат на Груевски или Црвенковски. Сите

ние, кои сме различно обоени

имаме еден проблем за

решавање... Тој проблем се вика Македонија...

Page 39: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 39

Македонија е земјата, која треба

да излезе на патот кон успехот...

Никогаш Европејците, нема да

гледаат на нас со почит додека

сме поделени... Никогаш нема да

нè прифатат за сериозна нација додека се караме за глупости

како таа, дали ни е потребен

Александар на плоштад... Таму

е... И сега што правиме, ќе губиме време да се караме зошто

и како или ќе сработиме нешто

за Македонија?..

Page 40: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 АРТВИЗОР страна 40

Page 41: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 АРТВИЗОР страна 41

Од перото на Владимир Неделковски

SUPERBAD(2007) Улоги: Jonah Hill, Michael Cera, Christopher Mintz-Plasse Режија: Greg Mottola Сценарио: Evan Goldberg, Seth Rogen Продуцент: Judd Apatow, Evan Goldberg

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

„Суперлош“ е супер

смешен

Е ова ти е „комедија до солзи“ како што ги опишуваат

некои филмови во списанието

„Антена“, во кои вицовите се од

типот: човек кренал прст, друг

се утепал од смеење; па првиот кренал два, а другиот од смеа го

удрил инфаркт. Ја, скромно, за

овој филм ќе речам „комедија

до помочување“, па нека ме цензурираат ако треба, пошто

тоа е вистината и тачка.

Тројца другари уште од детство,

неколку недели пред да завршат

средно школо, се подготвуваат

да запливаат во факултетските води. Тоа се Еван, просечен,

костурест тинејџер; Сет, крупна,

подвижна фабрика за

тестостерон; И Фогел,

дефиниција за

ученик/бубатор/клошар.

Долгогодишното другарство е

ставено на проба, бидејќи Сет со своите слаби оценки се

запишал на државно школо, а

Еван и Фогел, кој Сет го смета

за некаков ривал, ќе одат

заедно во богаташки, приватен факултет/колеџ.

Ривалството и расправиите се

одложени кога на сите тројца ќе

им се укаже можноста да го направат она за кое сонува

секој (нормален) тинејџер – ДА

ЌАРАТ ЖЕНСКА! Имено,

симпатијата на Сет, Џулс, ќе го замоли да купи алкохол за

нејзината журка, а Сет сметајќи

на Фогел и неговата лажна

лична карта, ќе се согласи. По негов пример и Еван ќе прифати

да купи некаков шампањац за

девојката која го симпатише и

која е со намера да оди на

истата журка (и поважно, да се смува со него). И све е лепо и у

ред сè додека не дојде вечерта

кога треба планот да се

реализира (затоа никад не планирајте).

Додека Фогел собира муд... т.е.

храброст да купи алкохол,

одненадеж, продавницата ја напаѓа маскиран крадец, го

изџигерува Фогел и ги граба

парите од касата. Полиција

доаѓа на лице-место, а

другарите се усеруваат и го напуштаат Фогел на цедило.

Page 42: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 АРТВИЗОР страна 42

Полицајците, Мајклс и Слејтер,

ја гледаат „личната карта“ на

Фогел, на која пишува дека има

25 и се вика Меклавин (Љубоводец) И... Како мудри

полицајци од вицовите, МУ

ПОВЕРУВААТ. Всушност, го

земаат со нив и со патролната кола го шетаат низ градот и за

Фогел започнува бескрајна

серија од авантури кои најчето

опфаќаат пијанчење, женски, кафани и тепачки. Додека Фогел

се „забавува“ со своите

новостекнато другари, Еван и

Сет, кои го сметаат Фогел за апсен, размислуваат и се

расправаат, како да дојдат до

алкохол. Караницата е

прекината од непознат

автомобил кој го прегазува Сет. Возачот, бивши робијаш, сака

да им надокнади за штетата, за

да не оди во затвор се разбира,

па им нуди да ги однесе на журка каде има полно женски и

алкохолни пијалоци и што уште

не. Но, доаѓа до пресврт. Другар

им, возачот, го бркаат на клоци од журката и сега двајца,

наивни, приглупи,

средношколци се среде куп,

мангупи, полупијани,

распуштени девојки, дрогераши и останата, предобро позната,

багра. Се поставува прашањето,

не дали тројцата другари ќе

успеат безбедно да стигнат до нивната журка и девојки кои

беа во првичниот план, туку

дали ќе успеаат сите тројца да

ја поминат ноќта, живи, здрави и неуапсени..?

Абе, што да ви причам. Класика.

Дечурлана сака да се испијани и

да се смува со женски и иако е од прост, најпрост план, како и

обично и како и е во

вистинскиот живот, сè иде у пи...

сè иде по ѓаволите.

Али, признајте, барем вие од

машки пол, дека сите можете да

ја разберете причава и дека

сите може да ги засакате главните ликови. Ако прашувате

зошто, одговорот е затоа што

нема машки кои не поминале

низ слични „авантури“ сè со цел да ќарат цура. Е. Сега, ако на

оваа лесна прича ѝ истурите

кофа вицови како: детската

опседнатост на Сет со големи пениси, пар глупи цајкани кои

наместо да помагаат ги

согазуваат и апсат газените

граѓани, па пијаните шмизли

кои кога ќе се „опуштат“ ја покажуваат целата своја

раскалашена, сирова,

промискуитетна персона, па

несманоста на тинејџерите да се снајдат во цел тој свет на сиви

правила и закони и лажен

морал... ПА..! Ова, ви е хит од

типот на Американска пита, од времето. И затоа, за секој што

сака да се потсети како било да

се биде тин и за сите тинејџери

кои сакаат да видат од страна,

каков е нивниот социјален свет, го препорачувам филмот од

сèсрце.

Kонечна оценка 9,5/10

Се читаме!

Page 43: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 АРТВИЗОР страна 43

Запис на Сања Алексовска

МекКејлеб - првиот црн македонски претседател

Дрим тимот е дома. Пречекани од илјадници горди Македонци

обединети како никогаш порано,

нашите репрезентативци се

вратија дома со кралски почести. Можеби не зедовме злато ама

зедовме... зедовме место во

картата на Европа дами и господа.

„И не прашувајте што вашата земја може да стори за вас туку

што вие ќе направите да што

повеќе луѓе станат свесни за

нејзиното постоење.” - Џон Ф.

Кенеди. И сега на прашањето која е

Македонија нема да следат

кратките прашалчиња - Кој?

Што? Како? Каде?, туку ќе следи одговорот - тоа е земјата што

зеде четврто место на Еуробаскет,

ама се испонаша како да освоила

прво, само затоа што и се може. Откако беа пречекани на

аеродромот и поздравени од

најблиските и најнетрпеливите,

репрезентативците се упатија кон плоштадот во отворен двокатен

автобус. Да, исто како кабриолет,

само автобус. На плоштадот беа

пречекани од апсолутно сите

средношколци од државава, побегнати од час зошто во

понеделник на пладне е многу

полесно да побегнеш од час

отколку од работа. Искачени на бина нашите кошаркари беа

поздравени од народот како

шампиони. Марин Докузовски

дури изјави дека не му е потребно никакво злато дека ние

(народот) сме негово злато и сега

дури и да му го даваат не го земал. Чекај чекај чекај стој!

Марин... Марин бе,знам дека си

во емотивен хаос во моментов,

ама да не претеруваме, да не се лажеме сега. Ама добро,

разбирам - среќен си.

Колку неисполнет и напатен

народ треба да бидеме да толку

се радуваме на ваков успех, што

за другите држави би било и неуспех. Толку огромна желба за

победа имаме што сме пресреќни

и на ваков успех, што не дека не

е успех не ме сфаќајте погрешно али ипак... Сериозно, соземете се,

за четврто место се работи.

Ова е слика од тоа како во

Мадрид се пречекани репрезентативците на Шпанија,

кои го освоија европското

првенство. Како што можете да

забележите на сликата се наоѓа

Наваро кој стои со пехарот во раце, пред народ од неколку

илјади. Пехар како пехар си

велат Шпанците... Ништо

посебно...

Page 44: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 АРТВИЗОР страна 44

А ова е слика од тоа како се

пречекани нашите

репрезентативци. Ниеден од нив

нема пехар...

Ова се некои од прашањата кои

му се вртеа во глава на Бо

МекКејлеб за време на пречекот: - Што се дешава?

- Дали луѓево слушнале дека освоивме четврто место? - Зошто луѓево слават кога очигледно сме губитници?

- Не, сериозно… Дали е ова некој заговор на владата, па им кажале дека сме шампиони кога уствари не сме?

- Да! Скандираа шампиони... Тоа го разбрав, слично е. О господе, завера! - Колку често државава учествува на европски турнири воопшто? - Која е водителкава и зошто ми збори

на македонски цело време? Ало, блонди само да пцујам знам на македонски. - Чекај... Дали видов коњ? Дали тоа беше коњ како запрежно возило на сред автопат? - Колку се луѓево очајни што олку се радуваат за четврто место? - Ова го нема у Америка, да бев сега во дресот на Америка, вратен од светско првенство со освоено четврто место, никој немаше да знае дека сме и

воопшто заминати. - Кој бил овој Гоце што имал раса крстено по него? - Која е хиперактивнава пејачка со црн качкет и зошто ми даде нејзин телефонски број?..

Ова на сликава подолу се нашите кошаркари. Личноста со топка во

рацете не е кошаркар туку

нашиот премиер Никола Груевски

кој им ја додели наградата од

осум илјади евра на репрезентативците, што морам да

кажам ,за прв пат, се добро

потрошени пари, Премиере. А од

друга страна пак, и да дадеш некому осум илјади евра за

четврто место може да испрати

погрешна порака на идните

млади генерации. Како и да е - ги заслужија!

Page 45: Револуција магазин бр.44

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 44 АРТВИЗОР страна 45

Епа толку народе од моментите

исполнети со среќа, тага, каење,

еуфорија, дали тоа Дамјан

Стојаноски е виновен или не што не освоивме медал,

разочарување , гордост... Сè е

завршено. И сега што? Што треба

сега да правиме? Дали ова беше кулминацијата на македонкиот

спорт или ќе имаме уште многу

други шанси да пропуштаме? Се

надевам дека да! Се гледаме на Олимпијада

Page 46: Револуција магазин бр.44