Револуција магазин бр.48

47

description

Revolucija magazin br,48

Transcript of Револуција магазин бр.48

Page 1: Револуција магазин бр.48
Page 2: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 22 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник на содржини за Европската унија и евроатланските интеграции:

Ениса Бајрами e-mail: [email protected]

Уредник на Артвизор и Релаксација: Силвана Јовановска. e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Галена Николовска, Сенада Ибраимова, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Елена

Николовска

Надворешен соработник: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник: Миланчо Ристовски

e-mail: [email protected]

Маркетинг:

Славица Ѓоргиевa e-mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Драгица Маренчева e-mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 78 32 97 36

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање

јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Page 3: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 22 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА страна 3

Автор: Влатко Неделковски

Page 4: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 СОДРЖИНА страна 4

Содржина

Неделна панорама ....................................................................... 04

Како се протестира? ................................................................... 09

Протести кои го сменија светот .................................................... 13

Има ли зошто да се протестира? ................................................... 25

Кризата во Еврозоната - стимул за интеграцијата .......................... 30

Попис на педофили ..................................................................... 33

Традиција без дискриминација ..................................................... 37

PINEAPPLE EXPRESS (2008) .......................................................... 40

Шеик во Македонија .................................................................... 43

Page 5: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Игра на „мачка и глувче“ Само една недела по

избегнувањето на придавката „македонски“ за јазикот во

извештајот од Брисел,

Европската комисија повторно

го проблематизира именувањето на нашиот јазик. На истиот

состанок настанал куршлус кога

Kристијан Хедберг, шеф на

одделот и одговорен за

Македонија во Директоратот за проширување на Европската

комисија кој претседавал со

состанокот, во воведното

обраќање претставниците од Владата ги нарекол „скопска

делегација“. На состанокот

присуствувале претставници од

земјите -членки на ЕУ, меѓу кои и од Грција. Kомитетот е форум

на кој се разгледуваат

постигнувањата на Македонија

и се даваат насоки за

понатамошните реформи.

Да Ви кажам искрено драги мои,

немам поим до каде ќе ја дотераме со овие наши

„европски пријатели“... Свесен

сум дека Грција има далеку

појако лоби од нашето, ама

некои испади од страна на дел од европските бирократи ги

преминуваат границите на

добриот тон...

Го чекам мажот од овие фаци во

Европа, кој ќе собере храброст

во лице да ни плесне дека треба

да си го смениме името за да станеме дел од нивната „мала

група... знаете што“.

Сега за сега, продолжуваме да си играме на „мачка и глувче“ и

се бркаме низ бриселските

лавиринти, како однесени од

виорот на евроинтеграциите...

Илјада и една ноќ во

Македонија Емирот на Катар, шеик Хамад

бин Калифа Ал Тани беше во

дводневна официјална посета

на Македонија по покана од претседателот Ѓорге Иванов.

Ова беше прва официјална

посета на еден крал од

арапскиот свет од независноста

на Република Македонија. Емирот на Катар се сретна со

премиерот Никола Груевски и со

претседателот на Собранието

Трајко Вељаноски, а исто така ја посети и Старата скопска

чаршија. На средбата на

македонскиот претседател со

Емирот на Катар беа разгледани билатералните односи меѓу

двете држави а исто така беа

разменети мислења за

ситуациите во регионот, на

Блискиот Исток и Северна Африка, како и на Балканот.

За прв пат во Македонија дојде човек, кој може да ја среди

македонската економија само со

својот џепарац... Сега на потег

се државните функционери, кои

се задолжени да ги донесат

Page 6: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

странските инвеститори на наше

тло. Јас мислам дека нема

граѓанин на Републикава, кој ќе се побуни ако на некој таков

маркантен светски лидер му ги

понудиме најдобрите услови, да

ги инвестира своите пари овде. Ако е потребно нема да е лошо

да му дадеме на човекот некоја

локација овде за без пари, и

ако затреба дури да не плаќа данок, но да биде задолжен да

отвори фабрики во кои ќе се

вработат македонски државјани.

Замислете Емирот да отвори фабрика со 500 вработувања...

Тоа ти е еднакво на решавање

на егзистенцијалното прашање

на околу 2000 луѓе, ако

прифатиме еден фиктивен просек од четири членови на

една фамилија. Тоа за Емирот

ќе биде ситна боранија, ама за

нас Македонците ќе биде настан од големо значење. Македонија

е земја од приказните и покрај

фактот дека нема државјани,

како астрономски богатите шејкови... Ни недостасува само

економското опоравување на

земјата за да бидеме барем на

некој начин успешна

приказна... Приказна од 1001 ноќ...

„Џонсон контролс“ ќе го

освежи Штип Американската компанија

„Џонсон контролс“ почнува со изградба на втората фабрика во

Македонија, инвестиција вредна

20 милиони евра. Камен

темелникот беше поставен во Технолошко-индустриската зона

кај Штип, на што присуствуваше

и премиерот Никола Груевски.

Во фабриката ќе се произведува

тапацир за автомобилски

седишта. Ќе отвори нови 1.400

работни места. Огласот за ангажирање на вработените

беше објавен во септември, а се

бараа стручни лица во

процесот, како инженери за шиење, за кроење, инженери за

компјутерски потпомогнато

дизајнирање, тим лидери на

производна линија, електромеханичари, ревизори

за квалитет, проект асистент,

како и искусни оператори за

шиење. Се очекува фабриката да почне со работа за една

година. Една година па и не е

така долго за да почекаме.

Меѓутоа ако вработените

добиваат 8 000 денари месечен приход, да не знае човек што е

полошо, дали да ја понуди

својата најевтина работна рака

Page 7: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

или да седи дома. Со нетрпение

чекаме времето да ни покаже

дали грешиме.

Стоби на светската листа Македонскиот археолошки

локалитет Стоби годинава се

најде на листата на World

Monuments Fund, (Светски фонд за споменици), организација

која се занимава не само со

финансиска поддршка на

светското културно наследство и уметноста, туку и со

експертска помош и размена на

искуства. Како единствен

претставник од Република Македонија за 2012 година,

Стоби е во групата на културни

споменици со универзално

значење за кои е потребно

глобално внимание. World Monuments Fund листата ја

објави на 5 октомври во Њујорк,

а нашиот локалитет се наоѓа

меѓу 67 локалитети и споменици од 41 земја во светот. Од

Националната установа „Стоби“

велат дека ова е добра можност

преку реализацијата на меѓународни проекти да се

одговори на предизвиците за

конзервација на градбите во

Стоби од аспект на финансии и

човечки ресурси. Покрај конзервацијата, втор приоритет

е подигнување на нивото на

туристичката промоција на

локалитетот и запознавањето на локалното население со

значењето на Стоби во

поширока смисла.

Насетувам бура од негативни

реакции на југ од граничниот

премин „Богородица“... Не знам

зошто, ама ми мириса дека

нашиве јужни соседи има да

кренат џева од небото, поради фактот дека локалитет од

Македонија се нашол на список

со места, кои се од огромно

значење за светската култура и историја.

Сега и ние Македонците можеме

да се пофалиме со нешто

позитивно. Доста беше со

спорови, барање на азил и меѓуетнички тензии... Време

светот да чуе нешто позитивно

и за нашата земја.

Конечно и Македонија

да сруши рекорд Публика што ги собори

рекордите на посетеност,

(особено во терминот од 20 часот), кога салата беше

преполна, важни гости кои само

укажуваат на реномето на

фестивалот, мастер-класи со лауреатите, сè повеќе млади

заинтересирани за да учат од

најдобрите – се најсветлите

точки на 32-от фестивал на

филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе биде затворен

во 20 часот на 21-ви октомври,

со врачувањето на наградите.

Page 8: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

Повеќе од 70 филма во неколку

програми минатата недела беа

прикажани во Центарот на

културата во Битола.

Фестивалот се труди да балансира помеѓу познати

наслови и тоа што публиката

сака да го види. Да се гордееме

со овој македонски продукт, да ни донесе долговечна традиција

и секогаш да се надградува со

квалитетни имиња. Да им стане

предизвик на сите, да дојдат во Македонија, а ние да се

покажеме како

најгостропримливи домаќини.

Педофилите ќе добијат

регистар Македонија ќе прави регистар на педофили. Ќе бидат објавени

фотографии како изгледа

педофилот, името и презимето и

кој е неговиот прекар, кога и каде се родил и каде живее. Во

регистарот ќе има податоци и

дали сé уште е на издржување

на казната или излегол од

затвор. Ќе бидат објавени и оние што снимаат и

дистрибуираат детска

порнографија и осудениците за

трговија со деца. Регистарот ќе

го води Министерството за труд и социјална политика, преку

Заводот за социјални дејности.

Податоците ќе бидат достапни

за сите граѓани на интернет-страницата што ќе биде

направена посебно за оваа

намена.

Македонската влада направи

чекор во борбата против

педофилите и воопшто

педофилијата како појава штетна за општеството.

Анонимноста е најголемиот адут

во рацете на педофилите.

Истото важи и за тие, кои веќе ги отслужиле своите скромни

казни затвор. Сега останува да

се надеваме дека регистарот ќе

даде резултат и ќе се намалат

нападите од сексуална природа врз деца. Едно е сигурно,

регистарот, ќе им покаже на

монструмите, кои злоставуваат

деца, дека и покрај фактот дека веќе биле во затвор за своето

дело, нема да бидат оставени

повторно да ги извршуваат

своите грозоморни дела.

Page 9: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

Судбината на „А2“

телевизија сè уште е

нејасна Основниот суд Скопје 2 сè уште не одлучи дали телевизијата

„А2“ ќе оди во стечај или ќе

продолжи нормално да работи.

Одлуката ќе биде замрзната сè

додека не се утврди дали позајмувањата што телевизијата

ги зела кон крајот на август и

почетокот на септември за да го

плати долгот кон УЈП се легални.

За УЈП е спорно тоа што „А2“

зела заем само еден ден откако во „Службен весник“ беше

објавено решението за забрана

да располагаат со имотот и

парите, а притоа не го консултирале ниту

привремениот стечаен управник

Петров.

Отворањето на претстечајната

постапка за „А2“ се случи во

време кога се најавуваше дека

оваа телевизија наскоро ќе биде

продадена на турски стопанственик. Претходно

телевизијата „А1“ падна во

стечај. Турскиот стопанственик

може да значи само едно - промоција на турски серии на

ангро. Но за сите нас, драги

мои, позајмицата во последен

момент ни кажува дека очајно со сите сили „А2“ сака да остане

во етерот, но најверојатно, ние

нема да го добиеме назад овој

телевизиски канал.

Page 10: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

Елена Павловска

Како се протестира?

Протестите низ целот свет како форма на изразување на

незадоволството против

денешниов систем, во кој сакале

или не сме заробени, како и против одговорните лица за

денешнава ситуација, станаа

наше секојдневие. Светот се

крева на нозе, го изразува своето негодување и бара

промени. На оние што седат пред

малите екрани сето тоа им

изгледа како наједноставна

работа, но протестите со себе влечат голема одговорност,

правила, форми и елементи кои

би требало да се испочитуваат за

да истиот се квалифицира како успешен. Но да тргнеме од

почетокот - што всушност е

протестот?

Што е протест? Протестот е право на секој

слободен граѓанин, право на

израз на приговор, негодување, незадоволство со зборови или

со дела, за одредени

настани, ситуации или

политики.

Протести може да има во многу различни форми, од

индивидуални извештаи и

петиции до масовни

демонстрации. Тоа е начин да протестирачите јавно го искажат

своето мислење во обид да

влијаат врз јавното мислење или

политика на владата, или, пак, тие може да преземат акција во

обид директно да ги донесат

посакуваните промени.

Но, различните форми на

самоизразување и протест

се понекогаш ограничени од

политиката, економските

околности, верски правила, општествени структури, од

медиумскиот монопол. Кога

такви ограничувања не

дозволуваат изразување на сопствениот став,

протестите може да се земаат во

форма на отворена граѓанска

непослушност, посуптилни форми на отпор против

ограничувања, или може да се

прелеат во други области и да

заземат насилна форма.

Некотролираните протести може

Page 11: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

да растат и да се прошират во

граѓански отпор, несогласување,

активизам, немири, бунт, или политичка и општествена

револуција.

Како се изразува

протест? На голото око, сето тоа му

делува мошне едноставно. Ќе се

излезеш ќе викаш, емотивно ќе се испразниш и толку, ќе се

вратиш дома. Но, протестите

имаат посуштинска улога во

нашето општество и се користат да се покаже гледна точка (било

позитивни или негативни) во

врска со јавен проблем, особено

во врска со социјалната неправда. Теми на протестите

често се политичките,

економските и социјалните

прашања.

Протестот е појава која во себе

содржи мноштво на елементи и

форми. Првин имаме

организација или поединец, кој

го врши организирањето, целта и барањето. Значи, ако сакаме

да организираме некој протест

првин тој протест мора да има

одговорно лице или група, која ќе ја врши целата организација.

Да, има и спонтани протести, но,

дури и тогаш некој се наметнува

како лидер, како водач, кој секогаш е на чело на колоната и

кој преговара во име на сите

демонстранти. Откако се

одлучува за дејствување, за протест се избира начинот на кој

граѓаните ќе бидат информирани

за него. Денеска патот на

информирање за собирите се изведува преку социјалните

мрежи, кои ја имаат главната

улога. Потоа, се бира времето и

местото. Понекогаш датумот или локацијата избрана за протест е

од историско или културно

значење, како што е на

пример, годишнина од некој

настан кој е во врска со темата на демонстрациите.

Места честопати се бираат

според тоа за кого е

наменето прашањето, кое се упатува на пример. На пример,

ако демонстрациите се насочени

кон прашања поврзани со

странски народ, демонстрациите може

да се одвиваат на локација

поврзана со таа нација, како што

е амбасадата на нацијата во

прашање, ако е против одлуката на владата - пред нејзината

зграда итн.

Следниот чекор е бирање на

начинот на кој ќе се изрази протестот. Имено, тој може да

биде писмен во вид на петиција,

при што се собираат потписи на

поддржувачите на изразената порака, која се доставува до

соодветните институции. Кога

протестот се изведува надвор, на

улиците, вклучувајќи ги народните маси, велиме дека

станува збор за демонстрации.

Page 12: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

Демонстрација е масовна акција

од страна на група луѓе или

собирање на групи на луѓе во корист на една политичка или

друга причина. Но, и тоа не е

толку едноставно. Не е само

излези на улица!

За време на демонстрациите се избираат начини на кои се

изразува незадоволството.

Начини на кои ќе се извика

пораката, која треба да допре до

јавноста и до одговорните институции. На пример може да

се формира протестен марш или

митинг на кој јавно се

извикуваат барањата и се држат говори зошто тие барања се

важни за општеството. Опциите

како блокади, седенки или

блокирање на сообраќајот или влезот на некоја институција,

исто така, можат да бидат

наведени како облик на

демонстрации. Die-in е еден вид на протест, каде што

учесниците симулираат дека

се мртви (со различни степени

на реализам). Во оваа форма,

демонстрантите едноставно легнуваат на земја и се

преправаат дека се мртви,

понекогаш се покриваат со

знаци или банери. Сето ова мора да се организира и мора да се

избере начинот на кој

најсоодветно ќе се изразат

ставовите. Протестите на работниците се

нарекуваат штрајкови.

Највпечатливи се штрајковите со

глад, кога протестирачите одбиваат да јадат сé додека

нивните барања не бидат

исполнети.

Притоа, неопходно е протестот и собирањето да се пријават до

надлежните институции за да не

дојде до судир со законот.

На протест се користат најразлични елементи како што

се транспаренти, слики, плакати,

извикување на слогани итн.

Некои протести си имаат и

сопствена протестна песна, која ги опфаќа проблемите во

општеството. Секое поголемо

движење во западната

историја е придружено од сопствена колекција на

протесни песни:

од еманципација на право на

глас на жените, работничкото движење, граѓански права, на

антивоеното движење,

на феминистичкото движење, на

еколошкото движење...

Демонстрации се одржуваат генерално во јавноста,

но приватни демонстрации се

исто така можни, особено ако

Page 13: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

демонстрантите сакаат да

влијаат на мислењата на мала

или многу специфична група на луѓе.

Демонстрации се обично

физички собири, но со

денешниот напредок на технологијата, виртуелни или

оналјн демонстации сигурно се

можни.

Протестите, како и демонстрациите се вообичаена

тактика на ненасилство. Но,

некои демонстрации и

протести можат да се претворат, барем делумно, во немири

или насилство на толпата, како и

уништување на објектите во

нивната близина, а и

автомобилите и автобусите. Полицијата и воените

власти често користат така

наречена несмртоносна

сила или помалку смртоносно оружје, како што

се палки, гумени куршуми, или

солзавец против

демонстрантите во овие ситуации. Понекогаш насилното

однесување е предизвикано

токму од превентивната или

навредувачка употребата на

овие оружја, кои можат да предизвикаат,

дестабилизираат, или ескалираат

во конфликт. Демонстрациите

често се дел од една поголема кампања на ненасилен отпор,

често нарекуван

граѓански отпор.

Зошто се протестира? Знаејќи ги сите овие работи, и

сите овие обврски, кои со себе

ги носи протестот, се запрашуваме: Зошто воопшто да

се мачиме? Зарем некој ќе го чуе

нашиот глас?; Ако доволно

врескаме може и да го чуе. Молкот не носи промени.

Седењето дома и кукањето врз

сопствената „тажна“ судбина,

нема да ги смени нештата. Ако на власта јасно не ѝ ставиме до

знаење што е она што го сакаме

и бареме, што е она што го

очекуваме од неа, таа не е

должна да ги смени нештата. Народе, слободно врескај! Тоа е

твое право,твоја должност и

твоја обврска и одговорност кон

идните генерации, кои ќе ги наследат последиците на твоите

одлуки и ќе го наследат светот,

кој ти си го создал за нив.

Page 14: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

Елена Павловска

Протести кои го сменија светот

Денеска светот е кренат на нозе. Се протестира во сите држави

како начин на изразување на

револт кон постоечкиот ситем,

кој доведе до деградирање на човечкото во нашето општество.

Некои од нас, исполнети со

револт и гнев им се

придружуваат на демонстраните, решени да го кажат своето

мислење и да влијаат врз

промените, а други со

негодување гледааат на сите

овие работи, не верувајќи дека нешто може да се смени. Дали

денешниве протести ќе остават

траен белег врз историјата - тоа

не го знаееме. Но, мислам дека во вакви моменти треба да се

потсетиме на оние демонстрации,

кои најгласно зборуваа за

нанесената неправда: оспоруваната религија,

работничкото право,

дискриминација, потиснување од

владејачките гарнитури итн. и кои ја реализираа својата цел-

предизвикаа промени.

Протестанската

реформација Првиот забележан протест во историјата е протестанската

реформација од 16-тиот век.

Реформацијата била религиозно-

политичко движење насочено против католичката

црква, коешто го започнал

германскиот свештеник Мартин

Лутер во 1517 година и завршило со Вестфалскиот мир во 1648.

Лутер се противел на политиката

на папата на продавање

проштални писма за гревовите,

наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на

католичката црква.

Резултат на движењето на Лутер

е разбивањето на единството на католичката црква. Тој ги

поставил основите на

протестантизмот, кој заедно

со православието и католицизмот е една од доминантните

конфесии во христијанството.

Во 1517 г. на вратата на

Витембершката црква ги

истакнал своите „95 тези“, според кои тој барал

Евангелието да биде основен

извор на христијанската вера,

црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните

обреди да се изведуваат на

народен јазик, а не на латински,

свештениците да се свртат кон народот, а не кон трупање на

богатство, и да им се даде право

на женидба. Движењето било

наречено „Лутеранство“, според неговото име. За истапувањето

на Лутер против Католичката

црква и против папата се

расчуло низ цела Германија и тој

стекнал многу приврзаници од

Page 15: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

сите слоеви на населението. Но,

за неговото истапување разбрал

и Римскиот папа и веднаш јавно го осудил неговото учење

како ерес и побарал Лутер да се

откаже од своето учење. Лутер

го одбил барањето, а Папата со папска була (писмо) го исклучил

од Католичката црква. Лутер не

се уплашил од заканите на

Папата, и јавно ја изгорел папската була на плоштад, како

резултат на што дошло до

раскнување на врските меѓу

Лутер и Папата. Учењето на Лутер брзо се ширело низ цела

Германија опфаќајки ги сите

слоеви на општеството.

Протести на работниците Тешките работнички услови и

мизерниот и недостоинствен

однос кон нив, била мошне

цврста причина за многубројни

работнички протести, но еден протест ќе смени сé. Во

октомври 1884 година, се

одржала конвенцијата на

Федерацијата на организираните занаетчии и Работничките унии,

каде е избран датумот- 1 мај

1886, како датум на кој ќе

протестираат за осумчасовен работен ден и ќе се

изборат за работничката

достоинственост. Така на 1

мај, собири се одржале низ повеќе градови на Соединетите

Американски

Држави. Имало околу 10.000

демонстранти во Њујорк

и 11.000 во Детроит. Во Милвоки, Висконсин, околу

10.000 работници излегле на

улица. Центарот на движењето

бил во Чикаго, каде што околу 40.000 работници штрајкувале.

Штрајкот траел неколку дена, а

на 4 мај дошло до насилство,

кога непозната личност фрлила

импровизирана бомба врз полицајците, кои секојдневно ги

придружувале демонстрантите,

на што полицајците возвратиле

со оган и настанал општ хаос и

насилство. Во немирите биле повредени околу 60 полицајци,

заедно со непознат број на

цивили, а осуммина полицајци и

четворица работници биле убиени. Подоцна, организаторите

на штрајкот биле изведени на

суд, при што четворица од нив

биле и погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот

штрајк, Втората интернационала

на својот основачки конгрес

во 1889 донела декларација со која се повикуваат работниците

од целиот свет на демонстрации

на 1 мај со цел за подобрување

на својата положба. Оттогаш,

традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум

светот се одржуваат

демонстрации во знакот на

одбележувањето на таканаречниот Меѓународен ден

на трудот. Меѓународниот ден на

трудот се одбележува на 1 мај во

Page 16: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

знак на почит кон жртвите на

штрајкот што се одржал од 1 до 4

мај 1886.

Протести против

дискриминација Овие протести најчесто се

одржувале во САД, каде што афроамериканскиот народ, по

извојуваната слобода и

укинувањето на ропството долго

време бил мета на дискриминација и сегрегација.

Тука ќе споменеме неколку

личности и настани.

Надалеку прочуен е протестот кој го иницирала Роза Паркс. Таа

на почетокот на 50-тите се

вклучува во Американското

движење за човекови права и

работи како секретар за секцијата на Националната

асоцијација за развој на

обоените луѓе (NAACP) во

Монтгомери, Алабама. На 1 декември 1955, во Монтгомери,

таа одбива да се покори на

наредбата на возачот на еден

јавен автобус да се премести назад во автобусот за да направи

дополнително место за белците.

Роза веќе била уморна од

нејзиното третирање како

граѓанин од втор ред и останува доследна на своите ставови.

Поради тоа е уапсена, судена и

осудена за неприкладно

однесување и за прекршување на локалните одлуки.

Следната ноќ, 50 лидери на

црнечката заедница, на чело со

дотогаш релативно непознатиот свештеник Мартин Лутер Кинг, се

состануваат за да расправаат

околу соодветните дејствија што

треба да бидат преземени во врска со апсењето на Роза Паркс.

Она што е усогласено било

бојкотот на автобусите во

Монтгомери. Целата црнечка

заедница цели 381 ден ги бојкотирала јавните автобуси.

Десетици јавни автобуси стоеле

со месеци без работа, сè додека

законот со кој се легализирала сегрегацијата во јавните

автобуси не бил укинат. Овој

настан помогнал за ширењето на

многу други протести против сегрегацијата, а во 1956 случајот

на Паркс конечно стигнал пред

Врховниот суд кој одлучил дека

сегрегираното возење со автобус е неуставно. По овој настан,

Паркс станува икона на

движењето за граѓански права.

Четворката од Гринсборо исто

така има голем удел во борбата против сеграцијата. На 1-ви

Page 17: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

февруари 1960 год., четири

студенти на Земјоделскиот и

технички факултет на Северна Каролина, отишле во ресторан

кој бил одреден само за белци и

нарачале кафе. Гневни на оваа

постапка келнерките одбиле да ги послужат, па дури и викнале

полиција.

Следниот ден тие добиле

поддршка од 20 нивни

соученици, кои со книги во рацете влегле во ресторанот и

истата приказна се повторила.

Студентите ќе седнеле на масата

и ќе замолеле за шоља кафе, а

биле игнорирани и навредувани од страна на вработените, но

сепак, тие не станувале да си

одат сé до затварање на

ресторанот. Набргу се собрале контрапротестирачи кои ги

провоцирале учесниците во

седенката. Со банери и пароли

стоеле зад нив, ги навредувале, фрлале храна врз нив. До

четвртиот ден имало 300

протестирачи, а после една

недела вакви седенки се

организирале низ цела Америка. Генерално протестите биле

мирни, но во некои градови

дошло до инциденти и тепачки

меѓу белците и

афроамериканците. На 25 јули

1960 година, првиот афроамериканец бил послужен

во ресторан, а потоа дел по дел

рестораните подлегнале на

протестите. Не можеме да зборуваме за оваа

борба, а де не го споменеме

Мартин Лутер Кинг. Тој во

1954 станува пастор во Монтгомери, Алабама. Кога

во 1955 година, Роза

Паркс одбила да се покори на

правилата на сегрегацијата, црнечката

заедница во Монтгомери

организира бојкот на автобусите,

а Кинг беше еден од водачите на

тој бојкот. За време на кампањата, беше фрлена бомба

врз куќата на Кинг, а подоцна тој

беше и уапсен. По оваа кампања,

Кинг во 1957 ја основа Конференцијата за јужњачко

христијанско водство, чија цел

беше преку ненасилни акции да

протестира во прилог на укинување на подредената

положба на Црнците во САД. Тој

организираше и предводеше

многу маршеви за правото на

Црнците на глас, за десегрегација, за праведно

вработување и за останатите

основни граѓански права.

Најголемиот дел од овие права беа озаконети преку

усвојувањето на Законот за

граѓански права од 1964 и на

Законот за избирачки права од 1965. Најпознат марш што го

организираа Црнците во САД,

при што еден од организаторите

беше Кинг, беше маршот до Вашингтон за работа и

слобода во 1963. На централниот

Page 18: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

собир учествуваа повеќе од

250.000 луѓе, црнци, но и белци,

и беше голем успех, без сомнение еден од главните

настани во борбата за

извојување на основните

граѓански права.

Говорот на Кинг, „Имам сон..”,

предизвика воодушевување меѓу

присутните и се смета, заедно со

Гетисбуршкото обраќање на Абрахам Линколн, за еден од

најдобрите говори во историјата

на американското говорништво.

Поради својата посветеност на ненасилниот отпор при

спротивставувањето на расните

предрасуди во САД, на 14

октомври 1964 на Кинг му беше

доделена Нобеловата награда за мир. Така, Кинг, на 35-годишна

возраст, стана најмладиот

добитник на Нобеловата награда

за мир.

Хипи-протестите Поткултурата хипи првично беше

младинско движење кое започна

во Соединетите Држави во текот на средината на шеесеттите

години и брзо се прошири во

другите земји околу светот.

Етимологијата на изразот „хипи“ е од зборот hipster (панталони на

колк) и се користеше да ги

опише битниците кои дојдоа во

селото Гринвич, околината на

градот Њу Јорк и во областа Хеит Ешбери во Сан Франциско.

Раната хипи идеологија ги

вклучуваше контракултурните

вредности на Бит генерацијата. Некои креираа свои сопствени

општествени групи и заедници,

слушаа психоделичен рок, ја

прифатија со добредојде сексуалната револуција и

користеа дроги како што е

марихуаната и ЛСД со цел да ги

проучат алтернативните состојби на свеста. Во јануари 1967

година, настанот Human Be-In

(Човеково битисување) во паркот

Голден Гејт во Сан Франциско ја

популаризира хипи културата, водејќи кон легендарниот настан

Лето на љубовта на западниот

брег од Соединетите Држави и

кон Вудсток фестивалот на источниот брег во 1969 година.

Хипиците во Мексико, познати

како хипитекас, ја формираа Ла

онда чикана и се собираа кај Авандаро, додека во Нов Зеланд

номадските хаустракери (групи

кои ги претворале старите

камиони и автобуси во подвижни

домови за живеење) практикувале алтернативен

животен стил и промовирале

одржлива енергија во Намбаса.

Page 19: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

Во Обединетото Кралство,

мобилните „мировни конвои“ на

патниците од новото доба правеа летни аџилаци на бесплатните

музички фестивали во

Стоунхенџ. Во Австралија,

хипиците се собраа во Нимбин за фестивалот Аквариус (водолија)

во 1973 година и годишното рели

за реформи во законот за

канабисот (марихуана) во МардиГрас. Во Чиле беше одржан

фестивалот „Пиедра Роха“ во

1970 година и тој беше главниот

хипи настан во таа земја. Хипи модата и вредности имаа големо

влијание врз културата, поп

музиката, телевизијата, филмот,

литературата и уметноста. Од

појавата на широко распространетото движење во

шеесеттите години на

дваесеттиот век, многу аспекти

на хипи културата беа асимилирани во доминантната

струја на општеството.

Религиозната и културна

разнообразност што ја поддржуваа хипиците беше

широко прифатена, а источната

филозофија и духовниот концепт

привлекоа голема публика.

Завештанието на хипиците може да се гледа во современата

култура во мноштво од форми -

од здрава храна до музички

фестивали, до современи сексуални обичаи (норми на

однесување), па дури и до

револуцијата во киберпросторот.

Хипи движењето се појавило во САД во 60-тите години, а главна

причина е опаѓањето на

христијанството и тогашната

војна во Виетнам. Хипиците, токму против војната во Витенам

често вршеле мировни протести

(паради) низ центрите на

поголемите градови. „Водете

љубов, а не војна“ е нивната парола. Тие се познати по

нивниот оптимизам, живеењето

во комуна, идеите за

универзална љубов, универзална влада и универзален мир.

Љубов, Мир, Единство- биле

нивните приоритети.

Организирале генерално мирни протести на кои пееле и ги

промовирале нивните ставови.

Тие уште се нарекувани и деца

на цвеќињата, кои биле нивниот симбол.

Студентските протести во

Франција

Во текот на мај 1968 година во Франција се случи најмасовниот

генерален штрајк што успеа да ја

сопре економијата на една така

развиена индустриска земја. Силите на студентите и на

работниците се здружија во

масовни бунтови,

главно револтирани од

модерното консумеристичко општество, критикувајќи го

тоталитаризмот и западниот

капитализам. Револтот на

илјадниците кои протестираа речиси ја сруши владата на

тогашниот претседател Шарл де

Page 20: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

Гол, и иако протестите не

завршија во полза на

протестирачите, сепак имаа огромно социјално влијание.

Настаните беа иницирани на 22

март, кога мала група од познати

поети и музичари, како и 150 студенти ја окупираа

административната зграда на

Парискиот Универзитет на

Нантер (кој власта сакала да го затвори) и таму одржаа состанок

за решавање на класната

дискриминација во Француското

општество и политичката бирократија која го

контролираше образовното

финансирање. Откако полицијата

го опколи Универзитетот,

студентите беа принудени да ја напуштат зградата, иако нивните

барања не беа остварени. После

месеци на конфликти помеѓу

властите и студентите од Парискиот Универзитет на

Нантер, администрацијата го

затвори Универзитетот на 2-ри

мај 1968, а неколку дена подоцна и Универзитетот на

Сорбона. На 6-ти мај, Државниот

Студентски Сојуз (сé уште

најголемиот студентски сојуз во

Франција), заедно со Сојузот на универзитетски професори,

повикаа на марш на протест

против полициската инвазија на

Сорбона.

Над 20.000 студенти, професори

и нивни поддржувачи маршираа

кон Сорбона, каде најпосле маршот зазема насилни

димензии, кога толпата ја

нападна полицијата со камења

од калдрмата. Полицијата возврати со солзавец и стотици

студенти беа уапсени. Наредниот

ден средношколци и млади

работници им се придружија пред Триумфалната Капија каде

ги поставија следниве барања:

да се ослободат уапсените

студенти; полицијата да го напушти Универзитетот; и

властите повторно да ги отворат

Нантер и Сорбона. На 10 мај,

толпата повторно се собра на

левиот брег на Сена и повторно беше сопрена од полицијата.

Конфликтот резултираше со

стотици уапсени и повредени, а

се ширеше и информацијата дека полицијата испратила т.н.

„агенти-провокатори“ да го

разгорат бунтот, палејќи

автомобили и фрлајќи Молотови коктели. Групата на бунтовни

студенти брзо ги придоби

симпатиите на јавноста и набрзо

голем дел од левичарските

федерации им се приклучија во протестот. На

13-ти мај над милион луѓе

маршираа низ Париз, а

полицијата не можеше да ги запре. Премиерот Жорж Помпиду

најави ослободување на

затворениците и повторно

отворање на Сорбона. Но, тоа не ги задоволи студентите, туку

само повеќе го разгори нивниот

жар. Кога Сорбона се отвори,

студентите ја окупираа и ја прогласија за „автономен

народен универзитет“.

Page 21: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

Движењето беше организирано

во над 400 комитети насекаде

низ Париз. Во наредните денови

работниците, охрабрени од

студентските протести, почнаа да

ги окупираат фабриките. За неколку дена успеаја да

окупираат околу 50 големи

фабрики, а 200.000 работници

беа излезени на штрајк. Таа бројка за помалку од една

недела порасна на 10 милиони

работници, или грубо – две

третини од Француската работна сила. Тие се залагаа за

исполнување на работничките

права и за повисока плата, а

фабриките низ цела Франција не

работеа цели две недели. 400 до 500 илјади луѓе маршираа низ

Париз на 30 мај, пеејќи: „Збогум,

де Гол!“. Во текот на наредниот

месец револуционерното чувство полека почна да слабее.

Работниците се вратија во

фабриките, иако многу од нив

беа избркани од работа. Студентскиот сојуз ги отповика

уличните демонстрации. Владата

успеа да задуши многу

левичарски организации, а

полицијата повторно ја превзеде Сорбона. Де Гол победи на

изборите присилно одржани во

јуни. Последните студентски

демонстрации се оддржаа на Денот на Бастиља, кога студенти

со левичарски и анархистички

убедувања одржаа протест на

улиците на Париз. Париската полиција и безбедносните сили

на државата брутално го

задушија протестот, што

резултираше со крвав исход – многу од студентите беа уапсени,

а некои и тешко повредени. Меѓу

повредените имаше и туристи

кои дошле за празникот, што

резултираше со остра критика од страна на соседните влади.

Настаните од Мај „68-ма не

завршија успешно за

демонстрантите кои протестираа, но огромните последици се

почувствуваа во текот на

наредните децении, кога

конзервативната Франција, осврната кон религијата,

патриотизмот, почитта кон

властите, полека се претопи во

либерална Франција, наклонета кон еднаквост на половите,

сексуална слобода и човекови

права.

Мартовските настани во Полска Кон крајот на 60-тите години од

дваесетиот век, комунистичката

влада на Народна Република

Полска иницира бран на антисемитизам како дел од т.н.

„антиционистичка“ кампања, која

служеше со цел да се одвлече

јавното внимание од актуелната политичка криза и кое

резултираше со масивна

емиграција на Евреи од Полска.

За преживеаните полски Евреи

од Холокаустот животот назад во нивната родна земја стана

неподнослив; нивните домови

беа одземени, масивно ги губеа

работните места и беа подложени на омраза, дискриминација, а

неретко и физичко насилство.

Студентското движење во

Полска, кое имаше либерална позадина и се залагаше за

слобода на изразување на

интелектуалците и уметниците,

ги започна своите протести во

јануари 1968 година, кога

Page 22: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

полската влада го забрани

изведувањето на една претстава

од Адам Микиевиц, под обвинение дека содржи

антируски и антисоцијалистички

елементи. Последниот пат кога

претставата беше изведена, на 30 јануари, 300 студенти од

Варшавскиот Универзитет и од

Државниот Театар беа претепани

со палки од страна на контра-протестирачи испратени од

владата. На 8-ми март група од

околу 1500 студенти изведоа

марш на протест пред Варшавскиот Универзитет и

повторно беа претепани со

палки.

Во следните четири дена,

протестите се раширија низ десетина други градови во

Полска. Општата јавност се

приклучи на протестите во

брутални пресметки помеѓу студентите и полицијата.

Соочувајќи се со сериозен отпор,

Комунистичката партија на

Полска го етикетира

студентскиот бунт како „ционистички“ за да го одвлече

вниманието на јавноста и за да ја

зајакне антисемитската омраза

на народот. До крајот на април 1968-ма најмалку 2725 луѓе беа

уапсени поради учество во

студентските протести.

Протестите во

Југославија Во текот на 60-тите години, во

Југославија настапи своевидна

економска криза како резултат на владини реформи. Степенот

на невработеност почна нагло

да расте, фирмите да пропаѓаат,

а многу од работниците иако вработени, со месеци не земаа

плата. Граѓаните од сите сојузни

држави масовно пребегнуваа на

работа во странство, особено низ

Европа, за да ја избегнат кризата во Југославија.

Тензиите растеа и малку граѓани

беа задоволни. Тоа непосредно

доведе до немири, како дел од револуционерниот бран кој се

ширеше низ цела Европа. Бранот

на протести започна на 2 јуни

1968, кога на една универзитетска приредба на

студентите им беше забрането да

присуствуваат поради недоволно

простор, кој им беше преземен од страна на бригадирите кои

имаа предност за влез во халата.

Оние кои останаа надвор почнаа

жестоко да протестираат и

наскоро дојде до физичка пресметка помеѓу студентите и

бригадирите. Приредбата беше

прекината и полицијата толку

брутално делуваше, што студентите и бригадирите

наскоро заедно се свртеа против

полициските сили.

Тој ден жарот се разгоре, а тоа беше доволно за веќе наредниот

ден да се организираат неколку

илјади студенти на марш кон

Белград. Началникот на

белградската полиција издаде

Page 23: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

строги наредби студенти да не се

пуштаат во градот, но студентите

не се откажуваа, па крајот доби крвави димензии.

Полицијата ги напаѓаше студентите со огнено оружје, а

тие запалија противпожарна

цистерна. Најмалку четворица

студенти загинаа тој ден. Истата вечер на Филозофскиот

Факултет е одржан итен состанок

на сите декани и донесена е

одлука за општ штрајк на Универзитетот и прекин на

наставата. Почна да се печати

забранетиот студентски весник

„Студент“, секој ден со

вонредно издание. Седум дена, колку што траеше штрајкот,

Универзитетот беше опколен со

полиција, а студентите влегуваа

и излегуваа само со индекс. Полицијата на неколку наврати

упаѓаше на факултетите и ги

апсеше и претепуваше

студентите и за најмал повод. Студентите брзо ја освоија

поддршката на уметниците.

Секојдневно се оддржуваа

трибини и средби на кои професорите и студентите

дискутираа за проблемите во

општеството. Демонстрациите

добија политичка левичарска

конотација. Белградскиот

универзитет се преименува во

„Црвен универзитет – Карл Маркс“. Направен е список со

студентски барања кои

вклучуваа ослободување на

уапсените студенти, слобода на говорот, смена на шефот на

полицијата и укинување на

реформите кои доведоа до

невработеност. Во сите новински редакции и телевизии беше

воведена цензура – полициските

сили ги окупираа и нивните

простории. Секој издаден весник беше строго контролиран, па во

весниците можеше да се

прочитаат наслови од типот:

„група криминалци

протестираат“; „на студентите не им се учи“ итн. На седмиот ден

од демонстрациите лидерот на

Југославија, Тито, излезе на

телевизија со долг и збунувачки говор, поттикнувајќи ги

студентите да се повлечат од

протестите и ветувајќи им

исполнување на некои нивни (ситни) барања. Студентите

увидоа дека нема што повеќе да

се направи и ги отповикаа

демонстрациите. Демонстрантите

скапо го платија повишувањето на својот глас. Поактивните

студенти во протестите беа

избркани од Универзитетот и им

беа одземени пасошите. Многу од професорите кои го поддржаа

протестот ги изгубија своите

работни места.

Арапска пролет Протестите кои секојдневно се

случуваат низ Северна Африка и

Средниот Исток, поради

корупција, сиромаштија и

Page 24: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

дикататорски режим ги полнат

дневните весници во светот.

По студената војна, балканското

буре барут, прашката пролет,

падот на берлинскиот ѕид и

слични политичко-дипломатско-журналистички кованици, од

неодамна толковните речници на

сите можни светски јазици се

освежени со нова лингвистичка синтагма - арапска пролет. На

прашањето дали ќе има арапска

пролет и на Балканот, експертите

одговараат негативно.

Протестите на младината на Балканот не се под влијание на

ветерот на Арапската пролет.

Балканските земји веќе имаа

своја „арпска пролет“ во 90-тите години на минатиот век, кога се

рушеа некои недемократски

режими како оној на Слободан

Милошевиќ. Арапските протести (збирно

наречени „Арапска пролет“)

претставуваат серија од

демонстрации и протести во дел

од Арапските земји. Најпрвин, протестите започнаа на 18

декември 2010 година во Тунис,

а подоцна истите се проширија

во Египет, Алжир, Јемен и Јордан, и со мали инциденти кои

се случија во Мавританија,

Саудиска Арабија, Оман, Судан,

Сирија, Либија, Мароко.

Протестите започнаа на 18 декември 2010 година со

востанието во Тунис, кога

Мохамед Буазизи се самозапали

за конфискувањето на неговата стока и главно поради големата

коруција во неговата земја.

Поради слични проблеми во

регионот и успешниот протест во Тунис, серија од немири

започнаа и во Алжир, Јордан,

Египет и Јемен, и во помал

степен и во други арапски држави. Првата револуција, во

Тунис, заврши кога

претседателот Зин ал Абидин бен

Али на 14 јануари 2011 година се

повлече од власта и побегна во Саудиска Арабија. Вниманието на

светот по ова се сврте кон

Египет, каде масовни протести

започнаа на 25 јануари 2011 година.

По четиридневни протести, претседателот Мубарак понуди

реформи, но не и негова лична

оставка која беше главна цел на

демонстрантите. По осум дена од протестите во поголемите

градови во Египет, Мубарак

најави дека по 30 години

владеење ќе се повлече од

Page 25: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

претседателската функција, и

нема да бара уште еден

претседателски мандат на претстојните избори. Во истото

време, јорданскиот крал Абдула

е именуван за нов премиер како

и претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, кој исто така

објави дека нема да се

кандидира на идните избори. Тој

на власт во земјата е 32 години.

Право на бунт Нов бран на протести кој тргна

од Волтстрит денеска го бранува

светот. Дали и тие ќе се впишат во историјата, тоа не го знаеме,

но единствено нешто што е

сигурно, е дека имаме право да

го изразиме нашето незадоволство. Лимитите на

општеството се изградени за да

нé штитат, а не да ни

наштетуваат. Кога тие ќе ја

изгубат својата функција тогаш ние имаме право на бунт. Луѓето

не постојат за општеството, туку

општеството постои за луѓето. И

кога ова ќе се подзаборави наша должност е да го вратиме светот

на вистинскиот пат. Затоа, драги

мои, ако ви се нанесува

неправда и општествените одлуки ви штетат вам или на

вашите блиски, слободно

врескајте, слободно бунтувајте

се, слободно протестирајте! Се работи за нашата и вашата

иднина!

Подготвила:

Елена Павловска

Page 26: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 26

Светлана Пеншовски

Има ли зошто да се протестира?

Правилото: „во моментот кога

неправдата станува закон,

тогаш отпорот станува

должност“ - е општо познато за сите манифестации на здружен

протест на група граѓани.

Постојат повеќе форми на

протестирање, несогласување и

споделување на различни

решенија за ист проблем. Ќе

наведеме неколку од нив.

Протест

Грубо, се делат на две групи.

Првата се мирни, некои ги

викаат и спонтани, меѓутоа во суштина овие протести се

покажале како неефективни,

бидејќи никој буквално не ги

земал здраво за готово барањата на протестантите, а

тие од друга страна знаат дека

се потрудиле во некаква форма

и по извесно време прекинуваат без речиси никаква промена во

корист на барателите. За жал...

Да беа кучиња и да лаеја, па

некој ќе се смилуваше и ќе фрлеше корка леб...

Секоја година сме сведоци на

тутунарите, произведувачите на млеко, лозарите, кои се само

мал дел од земјоделците, што

секогаш реално и со право си ги

бараат ветувањата за

субвенции.

Откупот на нивите производи им

го навредува макотрпниот труд што го вложиле, па во револт ги

блокираат патиштата, го

истураат скапоценото млеко,

како метафора дека и вака

ништо не заработуваат, барем нема млекото да биде дадено на

фирми, кои ќе заработуваат од

нивната пот.

Лакомоста на приватните

претпријатија расте до

недоглед, на сметка на

осиромашување на сите останати засегнати.

Вториот вид се насилните

протести, кои го изразуваат бунтот на граѓанинот, кој веќе

нема праг на толеранција,

гневот им е пресилен за

контролирање и се решаваат на драстични мерки за да бидат

забележани.

Свеж пример на сите е пролетното каменувањето на

скопското Кале, предизвикано

од две различни етнички групи.

Сите знаевме која е позадината во тој момент, но исходот е дека

неколку лица биле приведени

на информативен разговор.

Page 27: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 27

Можеби во полициската станица

и кафе им направиле додека си

разговарале.

Драстична форма беше

палењето на Американската Амбасада во ‟99-та година и

каменување на истата - за да

покажеме солидарност и

поддршка за нашите северни

соседи. Во тој момент никој не размислуваше, но од денешна

перспектива баш би нè

интересирало дали и нашите

соседи би го направиле истото за нас, доколку бевме во слична

ситуација? Иако ние сме народ

кој е оптимист до максимум,

сепак свесни сме дека никој нема ни да си го почеша левото

уво за нашата држава, но ете,

не залудно се вели - секој има

право на свое погрешно

мислење.

Нус продукт на протестите во

глобала е еден важен факт кој

не секогаш лесно може да биде видлив. Случајот со

„спонтаниот“ собир пред А1

телевизија - беше со цел да се

прикрие долгогодишниот

криминал со (зло)употреба на јавно гласило.

Како специфичен случај на

протест е штрајкот со глад. Ќе

го наведам веќе подзаборавениот, во 2006-та

година, кога на Тетовскиот

Универзитет штрајкуваа со глад

и студентите и наставниот кадар, за да влезе Факултетот

за физичко образование во

рамки на Универзитетот.

Тогаш најавуваа поригорозни

мерки, но дали по истоштеноста

на нивните гладни тела, ќе се најдеше трошка сила за

каменување, или ќе беше нешто

повеќе? Нерешена дилема...

Петиција

Можеби овие примери не се

толку атрактивни, но нема да

наштетиме доколку повторно се

актуелизираат. Според мене петициите иако ги потпишуваат

стотици, ијладници луѓе, иако

стојат позади своите ставови за

важни прашања - сепак, за жал,

сфаќаме дека ништо не се менува и постигнува.

Петицијата за „СТОП за ракот на

грлото на матката“ ја организираа неколку

здруженија, за да се воведат

Page 28: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 28

програми за скрининг и со

помош на современата

технологија - лесно да се дојде до дијагностицирање.

Изненадувачки е фактот дека

македонските жени сè уште

немаат пристап до тие програми.

Втор е случајот за барање да се

воспостави служба за „Animal police“, за да се минимализираат

труењата, масакрите од страна

на приватни лица или од

институции.

Тие треба да интервенираат на

терен за сите пријави. Нивно барање беше да не се дозволи

институциите да нè

прикажуваат како нечовечки,

нецивилизирани луѓе со ниска

свест, како народ кој не знае да се грижи за својата флора и

фауна - за група кои не знаат

да се изборат за своите права и

за правата на животните. Да не се повтори пак некој „касап“ да

убива куче на сред улица, во

момент кога деца гледаат во

него. Неказнета монструозност!! Оваа група ја најдов на една

социјална мрежа и истата ја

потпишале над 15 000

индивидуалци. Дали вие сте слушнале за овие петиции?

Нивната функција и општо за

било која петиција - се сведува дека тоа е морална одговорност,

затоа што претставува мислење

на поширока маса на народ.

Потребно е медиумско внимание за да се зголеми свесноста.

Протестна нота

Во мај годинава, од страна на

МНР беше врачена протестна нота до Грчката амбасада - со

жалба за третманот на

македонските дипломати од

страна на грчката држава.

Тогаш беше уапсен македонски државјанин поради сообраќаен

прекршок (минување на

семафор со жолто светло). Ако и

нивните граѓани ги третираат така, тогаш верувам дека сите

Грците пешки ќе одат до работа,

а автомобилите ќе ги дадат во

Page 29: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 29

„Црвен крст“. Јас би додала

„голем црн бумбар за двојниот

аршин“.

Интересна е протестната нота

напишана од Правната група за „Стоп за полициската

бруталност“, бидејќи има дури 5

и пол редови.

Барањето е упатено до МВР за да препрочитаат неколку

членови од Уставот. Па луѓе на

мобилен телефон пишуваат

пораки со повеќе букви!

Собири

Од куќни совети, собири во

маало, па сè до организирани

збиднувања во една населба -

сите тие функционираат на лажно пријателско ниво.

Во една зграда, не е потребна

согласност од над половина станари за да се направи некоја

суштинска промена, собирот е

само формален. Не е формален

само во случаеви кога за

Бадник се воведува катализаторот „жолта“.

Како последен пример е заложништвото на Бучковски.

Стружаните се собрале пред

штабот на СДСМ, разгневени

поради неразумните политички

и територијални поделби на Струга и околината, така што во

тој момент на Бучко му

„фуфкало“ речиси 6 часа и не

смеел да излезе пред толпата. Значаен контрадикторен факт е

дека при тој собир се собирале

хуманитарно финансиски

средства - за да се обештетат неправедно осудените

обвинети, најактивните на

собирот.

Заклучок

Неправдата најчесто е

најдобриот мотиватор за

споделување на спротивно

мислење од останатата група. Да не беа суптилно

маргинализирани и да сме со

малку послаба волја, оддамна

ќе се откажевме од бунт заради

различна причина. Но човечкото во нас, природно е да нè води

во развој и во промени од

секаков тип. За крај - поддршка

за секое мислење, затоа што ова е нели – демократска

држава.

Page 30: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 РАДИО ИЛИНДЕН - МЕЛБУРН страна 30

Page 31: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 31

Кризата во Еврозоната - стимул за интеграцијата Кризата во Еврозоната со себе

донесе многу повици за

создавањето на европска фискална унија. Таа, исто така

ги натера многумина да стигнат

до заклучок дека европската

интеграција, што започна во почетокот на 50-тите години,

веќе е надвор од колосек.

Сепак, барањата за фискална

унија сè повеќе наликуваат на продолжување на негацијата на

евроинтеграцијата. Таа може да

се разгледува како

реабилитација на првата голема

теорија за европска интеграција, развиена пред

повеќе од половина век од

политиколог Ернст Хас -

германски имигрант, кој направил значајна кариера во

САД. Тој себе си се сметал не

како адвокат на европската

интеграција, туку како, научник, кој ја гледа повоена

Европа како лабораторија за

меѓународна соработка.

Состојбите во Европа се

покажаа како плодна почва за развој на неговата теорија,

наречена неофункционализам.

Во својот труд „Обединување на

Европа“, објавен во 1958 година, Хас го истражува

процесот на европска

интеграција во тогашното

време. Предмет на неговото истражување била Европската

заедница на јаглен и челик -

институционалното семе, што на

крајот израсна во денешната Европска унија.

Хас тврди дека еднаш започната

европската интеграција ја

одржува својата сопствена динамика, а таа самата создава

услови за понатамошна

интеграција. Овој процес се

движи напред не поради јавната поддршка на идејата за

обединета Европа, туку затоа

што луѓето го следат

сопствениот интерес. Откако на европско ниво беше формиран

центар на управување,

политичките актери - не само

националните влади, туку и

политичките партии, синдикатите и индустриските

организации ја ориентираа

својата активност кон овој нов

центар.

Клучниот поим е

„проширување“ на

интеграцијата, што од една

„функционална“ област се протега и влијае врз други

области (оттука доаѓа и поимот

неофункционализам).

Основањето на заедничкиот пазар во сферата на јагленот и

челикот ја покажа потребата да

се создаде заеднички пазар, кој

Page 32: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 32

овозможува слободна трговија

на сите стоки. Како резултат на

тоа, во 1957 година се појави Европската економска заедница

(ЕЕЗ).

Процесот не беше мирен. Од

самиот почеток европската

интеграција беше една историја

на погрешни стартови, пречки,

неуспеси и дури потоа - на постепен напредок. Целиот

потфат речиси пропадна во

1954 година, кога Договорот за

одбрана на европската заедница беше отфрлен од

страна на францускиот

парламент. По создавањето на

ЕЕЗ процесот на интеграција повторно беше запрен во

средината на 60-тите години

поради напорите на

францускиот претседател Шарл

де Гол за целосен француски суверенитет - тоа всушност

беше откажување од

понатамошно делегирање на

власт од страна на Франција на европско ниво.

Хас призна во своите

подоцнежни трудови дека направил грешка во својата

теорија, бидејќи го претставил

процесот на проширување како

„лесен“ и „автоматски“, додека тој всушност бил „тежок и

неконстантен“. Во средината на

70-тите години, кога процесот

на интеграција се чинеше дека заглавил во „блатото“ на

„евроскептицизмот“, Хас

оценува дека неговата теорија

веќе е „неупотреблива“.

Сепак, теоријата на

неофункционализмот беше

препородена во средината на

80-тите години, кога беше

даден нов поттик за европска

интеграција, и динамиката на проширувањето доби нова

потврда.

ЕЕЗ ги отстрани царинските

бариери, што го попречуваа

слободното движење на стоки

меѓу земјите. Тоа проширување на трговијата ја покажа

потребата од создавање на

внатрешен пазар (1985-1992

година), во кој беа отстранети

нетарифните бариери, како и одредбите од државните

законодавства, што го

дискриминираа увозот од други

земји на ЕЕЗ. Во исто време слободното движење на стоки

беше проширено со слободно

движење на луѓе, услуги и

капитал.

Page 33: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 33

Сето тоа нè доведе до

денешната состојба.

Заедничката валута ги реши проблемите со националните

валути - веќе не беше можно

трговците на странска валута да

манипулираат со вредноста на парите во оптек. Според

експертите без еврото

финансиската криза од 2008

година би била многу потешка. Сепак се јавуваат, и нови

проблеми. Земјите од

еврозоната, се доживуваат како

послаби, тие се предмет на напади од страна на пазарите

на хартии од вредност,

принудени се да плаќаат

екстремно високи камати за

кредити, а и не можат повеќе да ги заштитуваат своите економии

со инструментите на

монетарната политика.

Единственото решение, за овие проблеми според мислењето на

многумина, е некаков вид на

фискална унија.

Се размислува за создавањето

на еврообврзници - финансиски

инструмент кој ќе им овозможи

на сите земји од еврозоната да земат кредити со иста камата.

Од гледна точка на теоријата на

неофункционализмот тоа не е

отстапување, туку пример за проширувањето на

интеграцијата. Интеграцијата од

една страна и монетарната

политика од друга, водат до

потребата од интеграција во врска со фискалната политика.

Присуството на заедничка

валута води до потребата од

општа рамка во однос на трошоците.

На овој начин оваа теорија сè

уште е моќна алатка за

објаснување на процесот на интеграција, почнал пред

повеќе од 60 години.

Сега е ред на европските

лидери да донесат одлуки за

фискалната иднина, а тие можат

да направат добар или лош

избор. Теорија како за неофункционализмот може само

да ги посочи општите трендови

во работата на луѓето, но не и

обликот на човечкото однесување. Ако прифатиме

дека фискалната унија е

неопходна, тогаш треба да

прифатиме дека Ернст Хас, кој почина во 2003 година, веќе ја

посочил основната логика на

настаните.

Автор: Јан Купер, истражувач во

Центарот за европски истражувања на Универзитетот во

Осло, Норвешка

Извор:

EU Observer, весник „Сега“ www.segabg.com

Подготвил:

Атанас Величков

Page 34: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 34

Атанас Величков

Попис на педофили

Како Ви се чини идејата да се направи регистар на сите

педофили и тие „срцуленца“ да

се најдат на интернет... Да се

направи нешто како педофилски ф*кбук...

Како што веќе е познато во

Русија постои мерак за хемиско кастрирање на педофилите, а

ние, нашиве „лепотани“ ќе ги

евидентираме и ќе ги ставаме

на интернет, нешто како попис, ама во електронска форма.

Пред некое време не знам каде

прочитав дека нашиве

педофили, не биле активни на интернет...

Демек немале поим, за

постоењето на педофилските портали, во кои разни таму грди

чичковци си разменуваат

сликчиња од голи дечиња... Или

пак имале поим за постоењето на тие портали, ама им фуфкало

да се зачленат таму... Се

разбира за секое нешто си има

сефте... Македонските педофили, кои според некои

кои погрешно го разбрале

поимот толеранција, треба да

бидат лечени, ќе бидат

„насилно“ внесени во темните води на интернетот...

Секој граѓанин, кој дома има

компјутер и интернет врска, ќе може да види дали во негова

близина егзистира тип, кој сака

да се исживува врз деца... Тоа

се разбира е нож со две острици... Што ако на

граѓанинот му текне да внесе

малку акција во своето сиво

секојдневие од типот „Куча-посо, посо-куча“... Ќе се кршат

заби и ќе мириса на покакано...

Мене на такво нешто ми

мириса... Но секој си има соништа...

Јас исто така си имам еден

дриим... Сакам конечно да сфатиме дека треба да се

поддржуваат иницијативите,

што барем ќе предизивикаат

некаква, да се надеваме

позитивна промена... Сакам граѓанското општество во таа

мала и прекрасна земја да

излезе на улица и јасно да

каже: „Плаќаме даноци за да можат нашите деца да живеат

овде нормално, што сакате

правете, ама ние што Ве

плаќаме за да се шетате во одела, сакаме резултати“...

Силно се надевам, дека идејата

на Министерството за труд и социјална политика за

електронскиот регистар на

педофилите ќе даде позитивни

резултати... Силно се надевам дека гнасите, кои се изживуваат

врз мали деца, ќе се замислат

Page 35: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 35

пред да ја нападнат следната

жртва...

Силно се надевам, бидејќи знам

дека силата на педофилот е во

неговата анонимност... Додека се наоѓа во анонимност,

педофилот може да дели

бонбончиња и да виси пред

школските дворови со

растечени лиги, како адолисцент пред јавна куќа во

Амстердам.

Во моментот кога сите ние ќе

знаеме дека можеме да ги

видиме, педофилите, кои

слободно се шетаат по истекот на нивната скромна затворска

казна, дури тогаш нивната

работа ќе биде ептен

искомплицирана... Дури тогаш

ќе можеме да ги зачуваме нашите деца од контакт со тие

особи...

Единственото нешто, што треба да го направат родителите е да

разговарат со своите деца и да

им објаснат дека не треба да

комуницираат со човекот, кој се наоѓа во педофилскиот регистар

и живее во нивна близина. На

некои тоа може да им звучи

наивно, но сепак е некаков чекор... Да бидам искрен со

самиот себе, а и со Вас, драги

мои, мене исто така ми звучи

наивно, но само поради фактот

дека мојот став е за многу поригорозни казни за овие

монструми...

Експертите од Министерството

за труд и социјала велат дека

огромен дел од педофилите,

водат нормален начин на живот

и по ништо не може да се познае дека тие уживаат во

обљубата и силувањата врз

деца... Борбата против таа

појава е многу тешка... Борбата, како што велеше еден голем

македонски поет, Никола

Вапцаров, е епска...

Како што напоменав веќе, јас

лично како граѓанин, кој ги

извршува своите обврски кон

државата, барам од истата таа држава ригорозни мерки против

педофилите... Јас сум за

кастрација на овие животни...

Не сум експерт за човекови права, не сум психолог, кој сака

да биде вработен за да ги лечи

овие монструми... Јас сум човек,

кој не се плаши да го искаже

својот став, па макар и на некои истиот тој став да им се чини

многу радикален...

Од нас како јавност, се бара барем трошка активност... Од

нас, како јавност се бара да не

бидеме пасивни додека нашите

деца се ставени во ситуација, да станат жртва на некој изрод,

кој ние запленети од лажни

демократски идеали го

толерираме...

Сакам некој да ми објасни, дали

општеството има некаква корист

од нашата пасивност, како единки...

Page 36: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 36

Преку овој текст, јас не сакам

да убедувам никого во нешто...

Сакам едноставно да покажам дека секоја логична идеја за

борба против педофилијата

треба да биде поддржана...

Како што се вели нема лоша идеја...

Основниот мотив, што треба да

се земе во предвид е фактот дека педофилијата е сексуална

девијација и нејзини жртви се

децата... Некои луѓе тврдат

дека педофилите се плод на нашето болно општество...

Повикуваат на нивно лечење...

Лечење, што Вие драги мои треба да го платите со парите

од Вашите даноци... Вашите

пари, наместо да бидат

наменети за доброто образование на Вашите деца,

треба да заминат за плати на

психолозите, кои под

маскирната облека на хуманоста, ќе примаат плата за

да му кажуват на некое

животно, дека не е убаво да

биде животно... Која небулоза...

Треба да се направи тој

регистар на педофилите... Да се

знае точно кои се и каде се

наоѓаат тие црви... Повикувам барем овој пат да не се

однесуваме како невини

адолесцентки пред прв

сексуален однос и јасно и гласно да кажеме дека сакаме

да се преземат мерки против

таа античовечка појава...

На сите тие, кои веднаш ќе

започнат со јадење бурек дека

со регистарот, ќе им бидат

прекршени човековите права на

педофилите, би сакал да им

порачам дека:

Само човек има право да

претендира за човекови права...

Суштество, кое си поигрува по најживотински начин со психата

и судбината на некое дете,

автоматски го губи правото да

се смета себе си за човек...

За крај бидејќи не сакам да Ви

станувам досаден би сакал да

Ви раскажам една историја... Се разбира измислена... Историја

во која ликовите немаат

никаква врска со луѓе од

реалниот живот...

Главните ликови се анонимци...

Педофил, жртва и таткото на

жртвата... Педофилот отслужил скромна казна затвор, жртвата

момче на 11 години било

трауматизирано за цел живот, а

таткото... Таткото бил многу

либерален тип, кој за секој еден деликт ја барал причината во

општеството... Нашето болно

општество, што плаче за

нуклеарна бомба... Бомба што ќе му ги скрати маките со

болестите...

Педофилот од приказната е некаде таму, во наша близина...

Го нема во новиот регистар

Page 37: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 37

затоа што секое чудо трае 3

дена... Момчето... Момчето е

или иден педофил или најобичен деликвент... Немаше

психолози да му помогнат затоа

што „борците за правата на

педофилите“ не се изборија и за него да се најдат психолози на

државна плата... Денес, како

што сите знаеме никој не работи

за пусти идели... Токму поради таа причина момчето е надвор

од општоприфатените морални

норми на општеството. Таткото,

тој борец за правата на човекот, стана пијаница... Секој ден се

бореше со реалноста, надевајќи

се дека ќе заборави, колку

болно е нашето општество.

Општество, што преку својата

пасивност, ја толерира и шири

педофилијата... Колку болни можеме да бидеме драги мои, се

прашувам дали веќе не е време

за еутаназија...

Page 38: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 МЛАДИ СО СТАВ страна 38

Елена Николовска

Традиција без дискриминација Македонија е една убава земја

со гостопримлив народ кој за себе би сакал да мисли дека не

дискриминира никого и дека ги

почитува сите човекови права,

или барем сака така да изгледа пред меѓународната заедница.

Имено, Македонија е земја која

сè уште длабоко се потпира на

својата традиција каде жената има улога на мајка и сопруга, а

мажот обезбедувач на средства

за живот. Традицијата е нешто

кое секој народ треба да го

негува, меѓутоа постои потреба во современиот свет истите

стари традиционални обичаи да

се надградат со некои нови со

цел да се одговори на предизвиците и можностите на

современиот живот.

Повеќепати во текот на мојот

живот бев сведок на нашата традиција. Една девојка го

молеше својот дечко да не ја

удри уверувајќи го дека не

направила ништо лошо. Тој, сепак, си остана на своето. Таа

не направи ништо и до ден

денес молчи мислејќи дека така

еден маж се справува со

нервозата. Една жена сè уште ја носи лузната на своето чело,

лузна која ја потсетува на ноќта

кога нејзиниот маж се врати од

кафеана и без причина силно ѝ ја удри главата од лабавото во

кујната каде таа цел ден го

подгреваше неговиот ручек.

Мојата баба е мудра жена која уште од мала ме воведе во

светот на нашата традиција. Таа

секогаш велеше „држи го

јазикот зад забите пред мажот,

тој е секогаш во право”. Нашата традиција, како што веќе

споменав, има очајна потреба

да го направи првиот чекор во

новото општество и дури тогаш ќе може да ги ужива

благодетите од таа релативно

нова меѓународна појава.

Европската Унија можеби и не е сè уште перфектен и разработен

механизам, но нејзината

успешност зависи делумно од

нејзините институции, а

најмногу од нејзините држави - членки. Едно од основните

фундаментални права врз кои

се заснова ЕУ е начелото на

недискриминација и тоа по основ на пол, раса, боја,

етничка или социјална

припадност, генетски одлики,

јазик, религија или верување, политичко или некое друго

мислење, припадност на

национално малцинство и уште

пар други. Институциите на ЕУ храбро ги бранат овие

фундаментални човекови права

со тоа што им даваат

единствена можност на

Page 39: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 МЛАДИ СО СТАВ страна 39

граѓаните на нејзините држави -

членки да се пожалат доколку

истите им се прекршат. И сега сите вие ќе кажете дека ЕУ сè

уште нема соодветни механизми

за спроведување на одлуките на

своите институции, и токму тоа е она што ве обесхрабрило да

се пожалите пред соодветната

институција на ЕУ и токму затоа

не сте направиле ништо. Но, приказната е сосем поинаква.

Европската Унија гледа на

дискриминацијата како појава

која нема место во овој век. Строго ја осудува, како и

државите каде се дозволува.

Па тогаш како ги штити вашите

фундаментални права

оддалеку? Имено, за економскиот раст и развој на

секоја држава потребно е

пласирање на домашните

производи на што поголем

пазар. Меѓутоа, доколку некоја држава - членка не го почитува

правото на ЕУ, односно

спогодбите и договорите кои ги

потпишала, Унијата има потполно право да ја

санкционира таа држава со тоа

што ќе ја ограничи во

меѓународните односи. Со други зборови, доколку државата не

ги почитува своите преземени

обврски, ризикува да биде

исклучена или ограничена од одредени Меѓународни

договори, спогодби и слично. А

искуството покажало дека на

секоја држава ѝ требаат

меѓународни односи за да преживее како држава...

Кај нас сè уште постојат многу

форми на дискриминација, и во

поголем дел од случаите, се практикуваат од постарата

генерација. Но, новото

општество ни припаѓа нам,

младите кои допрва треба да ги градиме и креираме новите

традиции и обичаи. Што ќе

направиме?!

Page 40: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 АРТВИЗОР страна 40

Page 41: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 АРТВИЗОР страна 41

Од перото на Владимир Неделковски

PINEAPPLE EXPRESS (2008) Улоги: Seth Rogen, James Franco, Gary Cole Режија: David Gordon Green Сценарио: Seth Rogen, Evan Goldberg Продуцент: Judd Apatow (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Филмски лудории и

неколку тона

Марихуана

Океј. Не сум спомнал досега,

но дрогераши ми се омилен тип на луѓе (објаснување за

ова следува на крајот од

текстот)! И сега, пред толпата

„загрижени“ лицемерни, сегашни и идни родители, да

почнат да ги спремаат вилата,

мотиката, Малихерката,

пламените факели итн. и да тргнат да го изгонат еретикот

кој се дрзнал да зборне против

денешниот лажен морал на

„возрасните“ индивидуи...

Само ќе им речам –

Погледнете го филмов, пред

да ми ставите јаже околу

вратот или да ме запалите на клада. Сигурен сум дека

откога ќе измочате неколку

литри урина, од смеа нели, ќе

ви помине желбата за насилство, преобразена во

лажна потрага по правда.

Назад на филмот.

Дел Дентон, 25 – годишен

судски службеник, е лузер до коска. Негова работа е

предавање судски покани на

луѓе кои истите ги

одбегнуваат. Типот е совршен за таа работа, бидејќи е

снаодлив во секоја ситуација и

што е поважно, е целосно

бездушен/немилосрден. Освен средношколската

девојка, Енџи, со која е во

врска, негова едина љубов е

Марата одн. Канабисот одн.

Травата одн. Ганџата одн. Марихуаната одн. внесете-го-

тука-името-под-кое-денес-се-

нарекува-тревката со која се

дрогира 99 % од средношколската и

студентската популација во

светот. Како и да било, Ден, се

шетка низ градот, носи судски

Page 42: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 АРТВИЗОР страна 42

покани, расплакува луѓе и

пуши Мара како да ќе нема

утрешнина. НО! Кога ќе треба да однесе покана на

локалниот наркобос, Тед Џонс,

по некоја случајност ќе стане

сведок на убиство. Имено Тед и неговата цура-цајканка, ќе

упуцаат еден батка од

кинеската мафија, која е

конкуренција на Тед во бизнисот со наркотици, пардон

дроги. Дел ќе се усере од

страв и ќе избега од местото

на злосторот, оставајќи зад себе недопушена Мара-

цигара, свиткана од некоја

ретка Мара-мешавина т.н.

Ананас Експрес. Дел ќе појди

кај неговиот дилер/другар/дрогераш, Сол,

и ќе му раскаже сè и откога ќе

се усерат и двајцата, ќе решат

да избегаат од градот и по дрогерашка логика, ќе отидат

со кола во шума. По долга и се

разбира, напушена

расправија, Сол ќе му објасни на Дел дека отпушокот од

Ананас Експрес е Травичка

која само тој како дилер ја

препродава, а ја набавува од

некој друг дилер т.н. Ред. Во меѓувреме, наркобосот, Тед,

ќе испрати двајца платени

убијци кај дилерот Ред, кои со

силни аргументи ќе го убедат Ред да го повика на телефон

Сол и да го убеди да свратат

со Дел кај него во посета.

Напушените Дел и Сол кои немаат поим дека ги чекаат

убијци, се согласуваат да го

посетат нивниот

дилер/наскоро другар, Ред.

Штом дрогираната двојка

стигне кај Ред, ќе избувне жестока тепачка меѓу нив,

бидејќи Ред ќе се обиде да ги

зароби двајцата за да ги

предаде на платените убијци. Дел и Сол ќе триумфираат во

борбата и за нив ќе започне

таква луда брканица со

мафијаши и цајкани и дрогераши, што гледачот ќе си

помисли дека и авторот на

филмот бил напушен како

камен кога го пишувал сценариото (што и

најверојатно, било така).

Океј. Сега да објаснам зошто

ми се толку симпатични

дрогерашите. Едноставно, забавни се. Како и вицовите

за цајкани, пијаници,

плавуши... Така и вицовите за

дрогераши се, погодувате, смешни.

Лично, немам пробано ни

Мара, ни Кокаин, ни Хероин,

ни нишо слично (немам дури пробано ни обичен тутун).

Но..! Како доктор и модерна

т.е. стресна персона, знам,

Page 43: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 АРТВИЗОР страна 43

односно разбирам, што значи

болест на зависност. Јас, како

за пример, сум зависен од интернет (како и цело

население денес во

„цивилизираните“ општества).

Тоа е така. Мразам да го признаам, како и секој

зависник, но тоа е вистина.

Факт ако сакате. Факт е дека

со интернетот се чувствувам подобро и животот ми изгледа

помалку празен и поосмислен.

Истото важи и за консументи

на полесни и потешки наркотици. Единствена

разлика е што некои дроги се

легални, а некои не се. Не се

сложувате со мене? Па...

Разгледајте ја оваа ситуација: Живеете во држава, каде секој

ден се случуваат работи кои

ве вадат од памет, како,

девалвација на валута, редовни, масивни отпуштања

од работа, ултраниски

приходи за работници со

високо образование, млади луѓе без вработувања и

можност за основање

семејство, криминалци и

терористи кои се сместени во

државни функции и подобро да запрам тука... Е, сега... Да

речеме вие сте повремен

пушач или повремено фукате

по една-две ракии или повремено уплаќате на

спортска прогноза или некој

друг сличен порок или шит. И

сега, запрашајте се самите себе: „Колку

пушевте/пиевте/се коцкавте,

на времето пред десет години,

а колку често го правите

истото сега, во оваа

безнадежна ситуација во држава без иднина? И знаете

ли зошто е тоа така? Дали со

чадот од цигарата ќе најдете

полесно работа со дури и плата? Дали горчливиот вкус

на ракијата ќе ги тргне

олигарсите и терористите од

моќните функции? Дали, ако екипата на која сте се

опкладиле, победи, ќе ви се

покачи платата? Одговорот е

секако, НЕ. Но, како и сите дроги, и наброените ќе ве

натераат, ќе ве

„наркотизираат“ доволно, за

да заборавите на проблеми за

кои сте немоќни да најдете реално, материјално решение.

Затоа, пред да ги осудите оние

кои се послаби во карактер,

па дуваат сра.а за да се почуствуваат малку од малку

подобро, размислете прво за

своите пороци.

конечна оценка 9/10 Се читаме!

Page 44: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 АРТВИЗОР страна 44

Сања Алексовска

Шеик во Македонија

Ден 1 Шеикот Хамад Бин Калифа Ал

Тани од Катар најверојатно

најбогатата личност што ја

посетила државава и притоа едвај чекала да си замине, е

во дводневна посета на

Скопје. Причина за ваквата

посета се зајакнување на билатералните односи, како и

преземање на некакви

инвестиции профитабилни за

Македонија. Наводно шеикот бил заинтересиран за

купување на нафта за која не

сме ни биле свесни дека ја

имаме и која своевремено ќе

нè направи една од најбогатите нации во земјава

како и пошироко. Шеикот исто

така се понудил да ја купи и

целата држава, па да си продолжи по патот решавајќи

проблеми кои му се и

всушност од некакво значење.

Незнаејќи што да одговори на ваквиот предлог

претседателот Иванов

предложил да го зачекаат

премиерот Груевски кој сигурно ќе изнајдел некакво

решение за понудениот

предлог, но премиерот

Груевски како по обичај

каснел. Шеикот не бил задоволен од нивната

несериозност во однос со

неговиот предлог како и за

каснењето на премиерот, потврдуваат блиски извори.

За време на престојот шеикот

престојувал во нашиот

најлуксузен хотел „Александар

Палас”, за кој шеикот рекол дека е океј-хотел, но мора да

признаеме дека неговите

критериуми се доста високи.

Неговиот рејтинг за нашиот хотел го потврди и незгодата

која се случи за време на

престојот. Баш кога шеикот и

неговото опкружување заедно

со најбогатите македонци се спремаа за вечера, во хотелот

избувна пожар. А не, се

извинувам, немало пожар туку

избувнал чад. Тоа се случило како последица на некои

неправилности со

осветлувањето во

просторијата, веднаш над апартманот на шеикот. Не е

потребно да се каже дека

шеикот не бил задоволен од

ваквиот несреќен случај и

дека ќе го рејтува хотелот со само половина звезда на

Хотели.ком.

Page 45: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 АРТВИЗОР страна 45

Но прашањето останува, дали

навистина ваквиот случај

беше несреќен? Некои од македонските интернет

корисници сметаат дека ова е

масло на опозициониот лидер

Бранко Црвенковски кој сакал да ги спречи билатералните

односи како и инвестирањето

на шеикот во нашата нафта.

Немаме сигурни докази за ова, но еден од вработените на

Александар Палас тврди дека

господинот Црвенковски бил

во хотелот ден пред да дојде шеикот и се распрашувал за

лустерите. Еден друг вработен

пак ни кажа да не му веруваме

на првиот вработен кој изјави

дека Црвенковски бил во хотелот затоа што лаже и дека

е од ВМРО. Не успеавме да ја

дознаеме политичката

определба на вториот вработен кој даде изјава, но

нешто ни кажува дека не е од

ВМРО.

Вечерата се одржа и покрај

незгодата со осветлувањето.

Сепак, обезбедувањето на

шеикот ја проба храната пред таа да биде сервирана.

Ден 2 Шеикот е официјално на

пикник со претседателот

Иванов во старата чаршија, местото е избрано поради

муслиманското сценарио кое

ќе го направи шеикот да се

чуствува како дома, а нашите

власти ќе направат сè што е во

нивна моќ за да го опуштат

шеикот за да тој со што

поголема леснотија вложи во нашата нафта.

Пикникот се состоел од традиционални Катарски

специјалитети подготвени на

македонски начин. Шеикот

изразил големо задоволство од ручекот. Тоа го потврди и

неговото обезбедување. После

пикникот, шеикот заедно со

претседателот заминаа во прошетка низ околните улички

каде ги отпоздрави локалните

продавачи и им вети дека

доколку имаат млади девици во нивните семејства, спремен

е да инвестира во нивниот

бизнис.

Page 46: Револуција магазин бр.48

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 48 АРТВИЗОР страна 46

Шеикот ги прошета и

Скопските џамии и виде дека

ние сме всушност богато мултикултурно општество. Не

можеше, а да не го примети и

билбордот покрај Мустафа -

пашината џамија на која на арапски беше напишано:

Добредојдовте во Македонија -

Ве молиме потрошете што

повеќе пари на нас. Емирот беше трогнат од искрените

зборови на билбордот и реши

да ги почасти сите со по една

девица. Тој ја посети и внатрешноста на џамијата и

фрапиран од скулптурите и

сликите, се понуди да купи по

некоја како подарок за

нековиот куќен персонал. Сè на сè шеикот имал прекрасен

помин во Македонија и вети

дека ќе ја повтори неговата

посета. Од друга страна пак неговото обезбедување не

беше толку сигурно во тоа.

*мал процент на погоре наведените информации не се точни, вие одберете кои

Page 47: Револуција магазин бр.48