Револуција Магазин бр 96

44

description

Магазин за политика, економија и култура

Transcript of Револуција Магазин бр 96

Page 1: Револуција Магазин бр 96
Page 2: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA13 Oktomvri 2012

2

Page 3: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

13 Oktomvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Славе Ангелов, Елена Павловска, Наташа Димеска, Олгица Трпевска, Симона Ѓеоргиевска, Кристина Димовска, Емилија Петреска,

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Slobodan ^a{ule - podgotven za site partii

Filip Petrovski - primer od tranzicijata

Bocevski zmijata go kasna a magareto ne mu prosti

„Poternica“ po idealen politi~ar

Loto izbori vo makedonskata politika

Intervju so iranskiot minister za nadvore{ni raboti

Simbolikata na brojot 13 vo filmot „1408“

Evergrin „na site vremiwa“: Odbrojuvawe...

96MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

12

15

20

24

26

35

42

Page 4: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA13 Oktomvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

„Pri{tina“ - Slave Angelov

Page 5: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Slobodan ^a{ule - podgotven za site partii

За 21 година на македонската политичка сцена, скоро и да немаше толку активни партии, колку што имаше трансфери и премини на политичарите, а пред сé, трансфер на пратениците.

Од формирањето на македонскиот парламент, па до сега, над 40 пратеници, додека им траел мандатот смениле партија, а бројoт на звучни имиња надвор од парламентот, кои преминале од еден во друг политички табор, е два пати поголем.

Бројот на обичните партиски активисти и членови, кои следејќи некого од главните „преминувачи“ се трансферирале во друг тим, нема ни да го спомнуваме, зашто таквите едноставно не можат ни да се пребројат.

Се добива впечаток дека на македонските политичари и симпатизери најважен им е моменталниот личен интерес и дограбувањето на некоја функција, а не политичката идеологија и платформа на партијата во која припаѓаат.

Додека некои сменија „само“ по една или две партии, други направија долга прошетка низ партиските опции, па речиси секоја втора година беа во различна партија. Тука, слободно можеме да кажеме дека засега во водство е Слободан Чашуле со сменето вкупно шест партии.

Чашуле или „човек за сите партии“

Значи, во македонскиот политички блок најактивен во политичките трансфери беше Слободан Чашуле, поранешниот пратеник и министер за надворешни работи, затоа јавноста му го има дадено ептиетот „човек за сите партии“

Тој важи за рекордер во менувањето на партиските дресови. Како син на комунистички функционер и самиот бил подржувач на комунистичкото движење во времето на СФРЈ. А, во почетокот на плурализмот, како за почеток беше член на Демократската партија (која во 1998-та се спои со Либералната партија и настана Либерално-демократска партија), па потоа премина во Демократска алтернатива на Васил Тупурковски, (партија која беше формирана во 1998-та), оттука замина и формираше своја

Page 6: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.96

партија- Нова демократија (формирана во 2001-та), партија која во состав на владината коалиција, ќе му донесе министерско место.

Потоа, се најде на избирачкиот список на ВМРО-ДПМНЕ (предводена од Љубчо Георгиевски) и стана пратеник во 2002-та и на крајот да премине во ВМРО-Народна партија (која е формирана во 2004-та), по што „официјално“ се повлече од политиката.

Животот и функциите на Чашуле

Во една репортажа на весникот „Дневник“, посветена на семејството Чашуле, од градот на нивното потекло- Прилеп, се вели: „Кај се чуло од Чашулеви да е, а да не знае да лафи (да муабети)?! Вака прилепчани зборуваат за семејството Чашулеви, кои го разнесоа фамилијарното семе на сите континенти. Секој од нив има моќ да ве надзборува и да ве нахрани со муабет. Не берете гајле, кавгата ќе си дојде како шлаг на торта.“

Според ова можеме да заклучиме дека,

Слободан Чашуле, не е никаков исклучок од тој семеен белег. Мора да признаеме дека тој има извонредна дарба за зборување и за убедување (точно или неточно), и, како што вели народот, со таа

карактеристика е роден за политичар, но никако да се смири „од шетање“ и да „пушти корења“ во некоја партија.

Можеби затоа што има извонредна желба да зборува и надзборува, тој смени толку партии. Прашан, во времето кога беше министер, за неговото менување на партиските бои, тој објасни: „Точно е, но сите партии што ги сменив беа со демократски предзнак“. Очигледно му се смачи „демократскиот предзнак“, па после тоа си ја испроба среќата со „вмровски“ предзнак.

Чашуле е татко на пет деца (роден е на 27 септември 1945 година во Скопје). Звањето дипломиран филолог го стекнал во 1972 година, на Понтифицискиот католички универзитет во Лима, Перу,

„Точно е (менував

партии), но сите партии што ги сменив беа со демократски

предзнак“.

Page 7: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

на Факултетот за хуманитарни науки, а латиноамериканското образование го должи на дипломатската кариера на татко му Коле Чашуле, кој беше функционер во времето на СФРЈ и амбасадор во Латинска Америка. Поточно, тој првин бил почесен конзул за Југославија во Канада, а потоа е амбасадор во Боливија, Перу и Бразил.

Слободан Чашуле, според неговата официјална биографија, добро зборува англиски, шпански, португалски, италијански и француски јазик. Тие што ја следеле популарната серија (една од многуте) „Касандра“, ќе се сетат дека Чашуле беше нејзин преведувач.

Како преведувач и новинар работел во Телевизија Скопје од 1965 до 1967 година (во самиот зачеток на оваа телевизиска куќа), а во следните седум години бил соработник, коментатор, уредник и дописник од Чиле и Перу, во надворешнополитичката редакција на Информативно-политичката програма на ТВ Скопје.

Кариерата ја продолжува во југословенската новинска агенција „Танјуг“, за која од 1974 до 1980 година известува од најзначајните региони на Латинска Америка - Рио де Жанеиро, Буенос Аирес, Лима, потоа во Северна и Централна Америка, во Мексико, Никарагва, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и Карибите.

Во следните 10 години е главен и одговорен уредник на „Танјуг“ за Македонија, а потоа е назначен за директор и главен и одговорен уредник

на Македонско радио - од 1990 до 1994 година.

Кариерата ја продолжува во истата куќа како уредник-коментатор, каде што ќе остане до 1999 година, кога како што самиот вели, власта се обидела да го замолчи, ставајќи го подолго време под мраз.

Иронично е што во 1999-та година, власта, која наводно се обидувала да го замолчи, ја држи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на Георгиевски и Демократската алернатива на Тупурковски- двете партии во кои (и двете) тој подоцна ќе стане член.

Најкратко (три месеци) трае неговата директорска кариера во НИП „Нова Македонија“. Времето што го помина како генерален директор на таа информативна куќа ќе го прекине меката афера позната како „Теписи“.

Притиснат од сомнителните зделки со

Page 8: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.96

теписите, Чашуле ќе си замине од таа функција, а од март 2000 тој е назначен за советник во Владата на Георгиевски.

Со почетокот на безбедносната криза во Македонија, во 2001-та, почнаа и недоразбирањата меѓу премиерот Љубчо Георгиевски и Тупурковски, кој беше партиски шеф на Чашуле, во тоа време.

Растурањето на коалицијата, отвори простор да во април истата година, Чашуле да ја формира својата Нова демократија, во која влегоа поранешни „цилевисти“ од ДА, на кои, како што коментираа опонентите, „власта им беше помила од принципите“.

Кога го најавуваше регистрирањето на партијата и нејзината коалиција со владејачката гарнитура, тој јасно стави до знаење дека ќе се преговара за некоја функција.

„Сепак сметам најважно е сега да се даде мандат на една владина коалиција, за да го одбрани Уставот и на тоа се подготвени пратениците од Нова демократија, а за персонални договарања, потоа“, рече тогаш Чашуле.

Во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, тој успеа да освои овој пат министерска „фотелја“. Односно, беше именуван за министер за надворешни работи, но неговото дејствување како министер траеше само една година.

Најголемо изненадување на изборите во 2002-та претставуваше појавувањето на името на Слободан Чашуле, на

позицијата број 2, веднаш зад тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во петтиот изборен регион.

Тогаш коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не победи, но како дел од опозицијата и благодарение на високото место на изборната листа, Чашуле си обезбеди место во парламентот.

Кога се формираше ВМРО-НП на Љупчо Георгиевски, тој прибегна и се отцепи од партијата, но продолжи да биде пратеник.

Тогаш беше обвинет за тајни преговори со гарнитурата на СДСМ, поточно со Владо Бучковски, тогашниот премиер, за неговото место како претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

„Сметаме дека премиерот ја злоупотребува својата позиција и сам си ја избира опозицијата. Легитимитетот се црпи од народот, а изборите покажаа

Page 9: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

која е најсилната опозициска коалиција. Нема да ја опстриураме работата на Советот, но симптоматичен е изборот на

Чашуле. Практика во сите земји што

имале вакво тело е да ја води пратеник од најголемата опозициска пратеничка група, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, а не ВМРО- НП, чиј член е тој“- велеше тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски.

После неуспехот во ноформираната партија ВМРО-НП на параламентарните избори во 2006 година повторно да се дограби то пратеничка функција, тој наводно се повлече од политичката сцена, меѓутоа, и тогаш се шпекулирапе за вистинските мотиви за неговото напуштање на редовите на партијата.

Тогаш во својата колумна Антонио Милошевски ќе напише: „Далеку од тоа дека мислам оти Слободан Чашуле е случаен или некадарен човек во политиката. Тој е прилично искусен и си има свои квалитети. Активен е, знае

да биде забележителен и никогаш не му недостигаат зборови и политичка логика. Но, сепак, му недостига нешто суштински. Му недостига идеолошкиот принцип и

партиската доследност. Поттик за темава беше тоа што деновиве се расчу дека тој конечно ја напуштил и неговата последна партија, ВМРО-НП и ја расипал калимерата со Георгиевски, најверојатно затоа што не му било доделено добитничко место на листите за кандидати за пратеници...“

И покрај тоа што

„официјално“ е повлечен од политиката, постојано можеме да го сретнеме низ медиумите како „независен“ политички експерт, кој постојано дава оцени за сегашната политичка сцена на Македонија и постојано е на страната на владата предводена од Груевски, на кој му се спротивставуваше жолчно во парламентот до 2006 година во улога на пратеник на ВМРО-НП.

Ваквата дејност му ја донесе функцијата

Со ваквото „експертско“ толкување на

политичката сцена, тој всушност и си спечали

амбасадорско место во Шпанија, на кое се очекува наскоро

да замине.

Page 10: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.96

претседател на советот на јавното претпријатие МРТВ, кое клучното влијание го има владата. Според опозицијата со ваквото „експертско“ толкување на политичката сцена, тој всушност и си спечали амбасадорско место во Шпанија, на кое се очекува наскоро да замине.

Експерт по потреба

Во македонската јавност збунувачка е дијалектиката на Чашуле и тоа по најразлични ставови. Како што му се менуваа партиите и функциите, така се менуваше и неговата „експертиза“.

На пример, како министер во владата на Љубчо Георгиевски, Слободан Чашуле имаше одлична историска можност да влијае да започне процесот на лустрација, но тоа не го правеше. Денес, Слободан Чашуле се промовира за најголем поборник за лустрацијата,

посочува некои наводини „кодоши“ и тврди дека таа е задоцнета појава.

„Долколку се донесеше овој закон порано немаше соработниците на тајните служби да продолжат да ја раководат државата и по осамостојувањето на државата“, истакнува Чашуле денеска.

Збунувачка е неговата дијалектика и за евроинтеграциите и проблемот со името. Пред неколку години тој вината за стагнацијата на Македонија ја гледаше во домашните политички проблеми и се залагаше за нивно решавање и довоговарање, тврдејќи дека преговорите мораат да продолжат.

„Македонија и дома има политички проблеми. За жал, има кавга околу стратегиски прашања, за кои мора да има единство... Се работи за маѓепсан круг, кој мора ние да го прекинеме, да постигнеме консензус и да ги спроведеме реформите“ - изјави тогаш Чашуле.

Денес, повторно, тој тврди дека „небото нема да падне“ доколку утре се прекинат преговорите.

Исто така, Слободан Чашуле, кога се најде на кандидатската листа во петтата изборна единица во 2002-та година прати јасна порака до лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски: „Не ти ги даваме нашите гласови, бидејќи не се откажуваш од коалицијата со терористот Али Ахмети. Секој глас даден за тебе е даден и за „УЧК““, порача тогаш Чашуле. Меѓутоа, денеска коалицијата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја гледа како победничка и нормална.

По прашањето за Рамковниот договор, низ текот на годините, се менуваа и неговите ставови. По потпишувањето на договорот, во една

Page 11: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

своја колумна во „Дневник“ тој буквално напиша: „Рамковниот договор нема да донесе мир - ќе донесе окупација, делба и протекторат“.

Но, како министер за надворешни работи, тој се предомисли и тврдеше дека негова примарна задача (и задача на Владата) ќе биде спроведувањето на рамковниот договор, кој е корисен за општеството.

За да подоцна, како пратеник на опозицијата, повторно застане спроти овој договор.

„Нам не ни треба Рамковен договор, нам ни треба историски договор, нешто што ќе биде ставено како темел, кој нема постојано да го поткопуваме затоа што не сме задоволни од темелот, па на него да градиме зграда. Еден од аспектите на тоа можеше да биде историски договор околу тоа дека градиме граѓанско општество на кое не му требаат рамки, не му требаат проценти, каде што правата можат да бидат природно изведени.“- вака размислуваше во 2006-та пратеникот на тогашната опозиција, Слободан Чашуле, за Рамковниот договор.

За да во 2011-та како експерт- приклонет на владата на Груевски, повторно застане во негова одбрана.

„Со Рамковниот договор во кој се вметнати и природните права на личноста ќе се зачуваат интересите на македонскиот народ....ВМРО-ДПМНЕ го применува Рамковниот договор, нема негово проширување и тука нема ништо незаконито“, вели Чашуле.

Самиот Чашуле, пак, во една своја изјава тврди оти контраверзноста во изјавите, што му се припишува, ја создале некои негови колеги-новинари.

„Менувам партија за функција со доплата“,

Но, колку и да се овие трансфери на личности, партии, ставови и мислења- чудни, па и забавни за читателите, колку тоа и да добар повод за дневнополитичките трачеви, сепак, не е добра работа за една демократија.

Ваквите трансфери и менувања на ставовите не покажуваат дека политиката почнала да зрее, туку напротив дека е полна со незрелост. Но, зошто е тоа така?! Затоа што некои политичари се научени да бидат функционери цел живот?!

Доколку нивните преговори за пристап во некоја партија би се објавувале како огласи во весник, би можеле да гласат како „менувам партија за функција со доплата“, или „нудам партиски услуги - цена по договор“.

Образложението за трансферите, кое го даваат на јавноста, пак, најчесто е да ги замачкаат очите и гласи „се борев за поголема внатрепартиска демократија“, „ја одбивам послушноста спрема лидерот, кој нé води во пропаст“, или „партијата го загуби својот идеолошки компас“.

Додека имаме вакви луѓе за сите партии и политичари кои си го менуваат мислењето и ставовите како чорапи, Македонија никогаш нема да биде развиена демократија а со тоа ниту пак економски развиена држава. Сепак клучно е граѓаните да ги отфрлат овие луѓе како рецидив од транзицијата и да не ги подржуваат нив и тие во чие име зборувата и чии интереси застапуваат.

Автор: Eлена Павловска

Page 12: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.96

Filip Petrovski - primer od tranzicijata

Живот и кариера

Филип Тихомир Петровски, роден на 28 мај 1972 година во Куманово, е човек кој добро знае како да си го зачува приватниот живот. Сигурно до сега, малкумина би знаеле дека тој е оженет и е родител. Но, кога станува збор за неговата политичка активност, многумина би кажале дека тој е еден бунтовник, кој се бори за идеалите и амбиците. Но, ЧИИ?!

Долго време бил во УМС на ВМРО ДПМНЕ, каде едно време бил и претседател

во периодот од 1998 година. Брзо напредувал, па станал шеф на кабинет на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ. Соработувал со голем број на политичари и тоа насекаде.

Во својата политичка кариера ја вбројува и улогата на прв генерален конзул во Њујорк. Неговите колумни редовно ги објавуваа весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Фокус“, како и во списанието на УМС на ВМРО ДПМНЕ „Завет.“ Освен во политиката тој бил активен и во спортот, во македонската

Филип Петровски долги години ја полнеше биографијата со политички активности. Но, тој беше толку „малер“ што каде и да отидеше го следеа некои контроверзни случувања. Дури и кога само ќе се појавеше, будеше некои реакции кај оние околу него.

Како млад, тој сериозно навлезе во политиката како дел од студентските протести од 1997 година. Како „борец“ против законот за Педагошки факултет осо кој се предвидуваше настава и на албански јазик за наставници по албански јазик, тој си обезбеди златен билет за политичкиот свет. Една година порано, од страна на повеќето студенти бил промовиран за кандидат за Претседател на Студенскиот сојуз на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, но како што кажавме, небаре е роден без к’смет, не му успеало тоа, бидејќи признал оти бил дел од политичка партија, што не било дозволено.

За разлика од некои други македонски политички активисти, нему му било отворено и политичко досие „МАРТА“, каде е нагласено дека е опасен за уставниот поредок на Р. Македонија. Потоа, откако станал пратеник во Собранието, тоа било поништено.

Page 13: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

карате федерација, бил член на Комисијата за млади и спорт, член на управен одбор на кошаркарскиот клуб - „Годел Работнички“.

Личните амбиции над партијата

Очигледно својата биографија ја гледаше за премногу мала, па реши да ја прошири така што направи една голема промена во партиите. Филип Петровски беше добро познат по тоа што отсекогаш бил од страната на ВМРО ДПМНЕ, како во младоста- така и во подоцнежните години.

Но, по некое време тој реши да му се приклучи на брат Љубе и неговата „Обединети за Македонија“ за заедно да ја остварат „мисијата“. Нешто не одеше како што треба, па медиумите ја проширија веста дека брат Љубе го избрка Филипчо од партијата. Да не остане покус, тој возврати дека Бошковски располагал со сомнителни пари од кои ја финансирал партијата.

Во изјавата која ја даде Бошковски за медиумите, по одлуката да го исфрли Петровски од својата партија тој рече: „ зажал своите лични интереси и амбиции ги стави над интересите на партијата“.

Петровски, разочаран и изреволтиран

од изјавата на Бошковски, јавно излезе и кажа:„ Благодарам за роденденската честитка. Ова за мене е очекувано. Јас му кажав на Бошковски дека не се согласувам со практикувањето на демократијата во партијата, а забележувам и на сомнителните фондови од кои се финансира партијата, како и за близината со СДСМ“.

Но, според некои непознати извори, се смета дека Петровски е отфрлен од партијата поради својата колумна, која ја постави на Фејсбук, каде повикува на обединување на десницата, односно да се здружат Бошковски, Љупчо Георгиевски

Page 14: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.96

и партијата „Достоинство“. Очигледно ни тоа не успеа, па доби клоца.

Потоа се зафати со предизвикот да основа своја партија која ја именува Демократска десница, која на парламентарните избори минатата година освои некој глас повеќе од 1000, и си подненсе оставка, најверојатно, самиот на себеси.

Ни ваму ни таму

Додека беше во „Обединети за Македонија“, Петровски често знаеше да даде став со кој сакаше да ја „закопа“ владеачката партија. Некогаш му успеваше тоа. Во едно обвинение од него насочено кон Груевски се вели: „Мојот тим откри дека во последните четири години (2007-2011), Никола Груевски има потрошено 4,1 милијарда евра повеќе, отколку што биле потрошени во четирите години претходно. Никола Груевски мора да си оди, бидејќи премногу скапо нé чини неговото

владеење.“

Ривалството започна кога тој и Груевски беа носители на кандидатските листи на своите партии во Изборната единица број еден. На неколку наврати тој грубо се обраќаше кон Груевски и му упатуваше „пораки“.

Но, ако сега „прогуглате“ и сакате да најдете некое такво видео, ќе ја

пронајдете само оваа реченица, која ќе ви послужи како демотивација:

„Видеото каде Филип Петровски зборува против Груевски е отстрането!“

Сега тој се врати во својата матична партија, онаму каде и што започна, во партијата кое едно време ја „плукаше.“ Тој се прикучи за ВМРО ДПМНЕ да може целосно да ја спроведе својата програма и да дојде до посериозни реформи.

Стоп за квази политичарите!

Aвтор: Емилија Петреска

Page 15: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

Bocevski zmija go kasna, a magareto ne mu prosti

Колкумина од политичарите знаат зошто се на политичката сцена и како треба да работат? Дали останувањето во политиката е нивна желба која треба да биде исполнета по секоја цена? Колку од нив всушност знаат за што треба да се залагаат? Дали сите овие прашања воопшто им се познати?

Очигледно „НЕ“ на нашите политичари. Она што може да се најде во нашата политика се лица кои во повеќе наврати докажаа дека секој кој еднаш ќе седне во фотелјата на власта, повторно ќе ја посака.

Политичари за кои моралот и вредностите се споредна работа, а за нивната големина не може да стане збор. Политичари подготвени да поминат во секоја партија, само да останат на власт...

Еден од нив е поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Ивица Боцевски, кој почнувајќи од СДСМ – партијата со која беше многу близок, премина во владата на Никола Груевски и по

неговата неочекувана оставка, заврши во Либерално-демократската партија, барем засега уште е на оваа партиска станица од политичкото патување на овој типичен политичар за нашите транзицикси времиња.

Преминот во ВМРО ДПМНЕ – сензација на политичката сцена

Во владата на СДСМ, во времето на премиерот Владо Бучлковски, до 2006-тата година, Боцевски беше шеф на кабинетот на вицепремиертот Минчо Јорданов и доверлив соработник на премиерот Бучковски, а по смената на власта, службеник во Министерството за надворешни работи.

Преминувањето на Боцевски во

ривалската ВМРО-ДПМНЕ беше една од најголемите сензации на политичката сцена, поради неговата долгогодишна активност во СДСМ.

Понатамошниот трансфер на портпаролското место, исто така, беше изненадување, поради тоа што тој важеше за близок соработник со левиот политички блок и, впрочем, беше дел од администрацијата на владата на Бучковски.

Page 16: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.96

Боцевски мистериозно ја напушти ВМРО-ДПМНЕ

Откако Боцевски премина во ВМРО-ДПМНЕ, тој Груевски го сметаше за лојалист и постојано истакнуваше дека има висока доверба во него. За Груевски, пак, Боцевски беше адут во Владата.

Поради неговото претходно политичко дејствување во левицата, ВМРО-ДПМНЕ му укажа доверба, бидејќи го сметаше за голем познавач на состојбите во СДСМ. „Експерт“ за опозициската СДСМ

Боцевски практично преку ноќ се смести веднаш до премиерот. Најпрвин беше владин портпарол, а подоцна беше именуван за заменик-премиер задолжен за евроинтеграции. Тој стана најжесток критичар на Бранко Црвенковски, додека Црвенковски беше претседател на државата, а како дел од неговите критики, беше неговиот лидерски период во СДСМ.

Во клучните моменти, кога се очекуваше

одлуката за визна либерализација и евентуална препорака за почеток на преговорите со Европската унија, Боцевски, кој целиот период се обидуваше да се претстави како промотер на западните вредности во политиката, одеднаш неочекувано поднесе неотповиклива оставка на функцијата во Владата на премиерот Никола Груевски.

Тој не даде отчет пред јавноста за неговите причини. Во писмото до премиерот Груевски стоеше дека неговиот придонес во Владата е целосно исцрпен.

„Секоја генерација има своја битка за Македонија, а на мојата генерација и припаѓа обврската да се избори за европска и евроатланска Македонија. Јас ја имав должноста да бидам предводник на овој генерациски проект на вашата Влада, што за мене претставуваше

Page 17: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

врвен патриотски чин. Сепак, мојот придонес е целосно исцрпен и затоа Ве известувам дека поднесувам

неотповиклива оставка,“ стои во писмото од Боцевски до Груевски.

Истовремено владините кругови не сакаа да ја коментираат оставката. Немаше информации за тоа дали оставката била очекувана. Пратеникот Илија Димовски само соопшти дека длабоко ги почитуваат личните

причини за оставката на Боцевски и се надеваат дека соработката со него ќе продолжи на различни нивоа.

Она што беше очигледно е дека со недели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции целосно исечезна од јавноста. Се шпекулираше дека со семејството заминал во Америка, со цел да донесе одлука какви чекори ќе преземе понатаму.

Секако, никој не поверува дека неговата оставка е случајна. Во делот на неговото образложение за повлекувањето, тој вели дека неговата улога како вицепремиер е исцрпена, иако беше јасно дека Македонија е на половина пат до Брисел.

Визниот режим не беше укинат, ниту, пак, беше направен чекор напред според извештаите на Европската комисија или добивање датум за преговори.

Во јавноста се појавија безброј шпекулации, кои одеа од крајност во крајност. За многумина неговиот чекор предизвика сензација во политичките кругови, а за мал број луѓе оставката беше логичен крај на заладените односи

меѓу него и премиерот.

Неговото социјалдемократско минато не беше заборавено од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, а очигледно неговите поранешни колеги од СДСМ не го заборавија неговиот премин и не застанаа во негова одбрана.

Page 18: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.96

Единствениот коментар кој се појави во таквата ситуација беше коментарот на шефицата на парламентарната група, Цветанка Иванова, која истакна дека оставката на Боцевски е признавање на поразот на Владата за планот за евроинтеграција на државата.

„Фактот што три години по ред Македонија добива негативни оценки од Брисел за напредокот во европските интеграции и неисполнувањето на критериумите, заради кои сè уште не добиваме датум за преговори, сам по себе зборува за незадоволителните резултати на Владата во целина, но и на вицепремиерот за евроинтеграциите посебно,“ изјави Иванова.

Тоа следува кога некој седи на две столчиња или мисли дека без последици може да се преминува од една во друга

партија. Боцевски уште еднаш покажа дека никој не ги сака политичките сончогледи.

Трета партија за Боцевски - ЛДП

Сепак, по осум месеци апстинација,

Боцевски повторно се врати во политиката, но овој пат премина во редовите на либерал-демократите. Поранешниот лидер на ЛДП, Јован Манасиевски тогаш изјави дека причината за наливот на нови членови во партијата, меѓу кои и Ивица Боцевски, била разочараноста од режимот на премиерот Никола Груевски и од импотентната политика на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Затоа Боцевски осум месеци по оставката се одлучил да се врати во политиката, преку ангажман во ЛДП.

„ЛДП жестоко застана на курсот на самостоен настап, при што без пардон ги критикува лошите политики на Груевски, но и импотентните политики на Црвенковски. Разочараноста на луѓето од актуелната владејачка политика и непостојаната политика на

опозицијата ги тера луѓето да бараат алтернативни решенија. Очигледно дека ваквиот наш храбар и чесен пристап кон работите создава во јавноста едно убаво расположение кон ЛДП.

Page 19: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

Секој ден потпишувам по неколку нови пристапници. Една од тие нови пристапници што ја потшишав изминативе денови беше и за Боцевски. Нашата агенда е јасна: автентична самостоја опозициска партија што сака да го симне Груевски, но да не дозволи да се врати Црвенковски. Секој што се согласува со оваа платформа е добредојден,“ изјави Манасиевски.

На забелешката дека партијата прибира разочарани политичари, со оглед на фактот дека Боцевски беше поддржувач на СДСМ, а потоа најголем апологет на политиката на Груевски, Манасиевски одговори:

„Токму примерот на Боцевски го покажува општото расположение. Ако ЛДП сака да биде сериозно сфатена како алтернатива и на режимот на Груевски и

на импотентната опозиција предводена од Црвенковски, има обврска да собере што повеќе луѓе за да направиме што посилна екипа со поголем кредибилитет, која ќе биде способна да ги убеди

гласачите дека оваа концепција може да постигне успех на наредните избори.“

Боцевски си најде ново место во партијата, како што рече тогаш Манасиевски, тој беше ангажиран на полето на кое може најмногу да придонесе – евроинтеграциите, иако во важен период тој поднесе оставка од функцијата вицепремиер за евроинтеграции.

Она што сега и во иднина ќе се поставува како прашање е: „До кога тој ќе остане во партијата?“. Премините на Боцевски не се единствени примери за премини на политичарите во различни политички партии. Без разлика на причините поради кои тие го прават тоа, она што е сигурно е дека таквите политичари се подготвени да се свртат кон било која партија, само да имаат власт и да ги

задоволат сопствените интереси.

Автор: Симона Георѓиевска

Page 20: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.96

„Poternica po idealen politi~ar“

Како изгледаат европските политичари? Кои се нивните манири?

Кој е нивниот вокабулар? Која е нивната идеолошка матрица?

Знам дека на многу од политичарите најлесно им е во секоја своја реченица да го употребуваат зборот Европа и европски. Знам дека на многу политичари зборот Европа им претставува прибежиште и тема, кога не знаат за што да им зборуваат на своите гласачи.

Но, во исто време знам дека нашите граѓани многу повеќе од политичарите се со европски манири, се со високо ниво на разбирање, се со високо ниво на истенченост на својот капацитет за перцепција на политичарите и политичките чинители во Република Македонија.

Никој во оваа држава го нема ексклузивното право себеси да се прогласува за Европеец, а другите да ги оцрнува и деградира. Да потсетиме дека кога едните полтичари се бореа за Европа и НАТО, другите се бореа за разно разни платформи. Но, да го оставиме тоа за историчарите.

Постојат повеќе прашања на кои политичарите мораат да одговорат. Постојат повеќе дилеми кои на граѓаните мораат да им бидат објаснети. Јас ќе се задржам на неколку.

Прво, дали европските политичари физички се пресметуваат со своите колеги, односно колешки? Одговорот е - НЕ! Тоа го можат само нашите политичари.

Фрлање шишиња, затворање врати, држење во заложништво на свои колеги, тегнење на раце- не се карактеристики на европските политичари.

Второ, дали европските политичари ја

блокираат работата на институциите на системот во сопствената држава? Одговорот е- НЕ! Тоа го можат само нашите политичари. Илјадници амандмани, бескрајни дискусии (по неколку пати по неколку часови), бегање и враќање во собраниската сала во зависност од распоредот на силите внатре. И најновата дисциплина е-земање збор со молчење. Тоа не се карактеристики на европските политичари.

Трето, дали европските политичари ги кочат реформските процеси во сопствените држави? Одговорот е –НЕ!

Page 21: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

Политички барометар

Граѓаните се прашани кои европски вредности ги посакуваат кај нас, при што под „европски вредности“ требаше

да се подразбере некаков идеал на човекови права и политички слободи, со кои би требало да се карактеризира контекст што себеси се замислува за правичен и демократски (со сите

неопходни резерви) и каков треба да е македонскиот политичар, кој треба да го обезбеди тој комплекс на вредности (со сите неизбежни стереотипизации).

Споредените резултати покажаа дека граѓаните посакуваат политичар може да

Тоа го можат само нашите политичари. Го закочија формирањето нов државен универзитет за информатички технологии и формирањето на уште дваесетина нови факултети низ земјата, го закочија донесувањето на исклучително значајните- Закон за градба и Закон за градежно земјиште, го кочеа

донесувањето на Законот за јавно-приватно партнерство, Законот за енергетика, Законот за здружување на земјоделците, Законот за судска служба, Законот за сточарство, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Законот за гробишта и погребални услуги.

Го кочеа формирањето на Министерство за информатичка технологија. За само еден

закон, Законот за високо образование, дискутираа триесет и пет дена. Закочија над 150 реформски проекти на Владата на Република Македонија. Тоа не се карактеристики на европските политичари.

Четврто, дали европските политичари во својот вокабулар користат лични навреди, клевети, конструкции и навреди за своите колеги? Тоа го можат само нашите политичари. Сосема накратко ќе споменам, тоа што не доликува и е срамно за македонската демократија е користењето на: „гнаси“, „селани“, „земјоделци“, „провинцијалци“, „гниди“, „кокошки“, „куси панталончиња“ итн. итн.- ова се само дел од зборовите кои, за жал, нашите политичари ги користеа секојдневно во работата на Собранието на Република Македонија. Тоа не се карактеристики на европските

политичари.

Постојат уште многу прашања кои треба да бидат поставени до нашите политичарите.

Page 22: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.96

ја обезбеди посакуваната европеизација чиј профил подразбира дузина човечки вредности, со морални вредности, образован без притоа да има склоност кон „мангупирање“. Имаме ли таков?

Каков политичар сакаме?

На прашањето „Каков треба да е македонскиот политичар“ испитаните граѓани им дадоа висок приоритет на две основни карактеристики - паметен и чесен. Дури 44 отсто од испитаниците сметаат дека политичарот треба да е чесен, а 22 отсто очекуваат да е паметен.

На скалата на човекови доблести, кои се очекуваат од домашните политичари, следуваат: стабилен, снаодлив и исполнителен и две карактеристики, кои, во суштина, не се сметаат за високоетички, но се неопходни во домашниов гладијаторски контекст - мангуп и пресметлив.

Мал е процентот граѓани што ја искористиле опцијата „не знам“ како одговор на ова прашање, што зборува за високополитизираниот амбиент, кој ги има вовлечено сите граѓани во лавиринтите на секојдневната политика.

Практично, речиси сите испитаници, или големо мнозинство од нив, точно знаат каков треба да е домашниот политичар!

Споредбените анализи на добиените резултати по етничка и по возрасна структура упатуваат на уште неколку куриозитети.

Речиси половина од испитаниците од македонската заедница сметаат дека политичарот треба да е чесен, додека нецели 20 отсто од албанските испитаници ја очекуваат оваа карактеристика од

него.

Ова е многу интересен показател зашто упатува на сосема различен дискурс во поимањето на основните вредности кај политичарите во двете доминантни

етнички заедници - велат истражувачите.

Причините за ваквото разидување би можеле да се најдат во целосната компромитација, што политиката како професија ја доживеа во домашниот амбиент во двете децении независност, по кои сите политичари, поради серија скандали и афери, се гледаат како исти,

Page 23: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

корумпирани и нечесни.

Претставниците на Албанците, кои имаат помасовно вклучување во просторот на јавната администрација по Рамковниот договор, практично имале

и двојно помалку време за сопствена компромитација во јавноста. Оттаму и оваа разлика во однос на очекуваната чесност кај политичарите, сметаат истражувачите.

За разлика од чесноста, на испитаниците од албанската заедница им е најважно политичарот да е паметен. Сите

други карактеристики добија многу помала процентуална застапеност во одговорите.

Идеален политичар

Деновиве со прашањето за идеален политичар се занимаваше и белградска „Политика“, која изработи негов фоторобот.

Идеалниот фоторобот на балкански политичар, според овој српски весник, е: образован и културен човек од социјалдемократска и европска провиниенција, кој ќе знае да ги разбере и својот народ и неговите потреби, но и потребата на целиот регион и кој, наместо судири, ќе произведува стабилност, безбедност и благосостојба.

Има ли таков во поширокиот регион?

Има, иако тешко се наоѓаат. Од карактеристиките на неколку политичари може да се состави еден, според сите пропишани нишани. И, се чини, терминот „фоторобот“ е соодветно позајмен од

криминалистичката терминологија - по таков треба да се распише потерница.

Автор: Олгица Петревска

Page 24: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.96

Ni treba lider da ja nacrta realnosta

Повторно ближат избори, истата сага, истите лица, а сепак нов мандат... Секојдневно слушаме за предвремени избори, за нов изборен законик, за луѓе кои сега ќе ги направат вистинските промени. Но, што е со оние кои досега прават промени, но само во својот живот, само во својот џеб?

Политичари две децении а без резултати

Во нашата дведецениска самостојност, ние постојано се соочуваме со парадоксот да гледаме едни исти личности на малите екрани, како мирно одмараат во пратеничките фотелји?! Иако на многумина им е доста од тоа, сепак, постои одредена група на луѓе која и понатаму им ја дава својата доверба и секако им го продолжува доживотниот пратенички мандат. А, до кога така ќе биде?!

Континуираното споменување на едни исти имиња, едни исти партиски фигури во пресрет на изборите е вистинско мачење за ушите, но треба да биде вистински поттик за мозокот да размислува на темата: Зарем нема други жители под ова сонце?!

Лото избор за лична трка

Изборот на претставници во законодавниот дом кај нас се одвива како еден вид лото систем. Односно, близината со претседателот на партијата, дадените услуги на некој претседател на општински комитет истуркуваат одредено име и тоа само му се сервира на народот.

Изборот не е воопшто лесен, нели сите се блиски до претседателот на партијата?! Но, сепак, не одлучуваат квалитетите на личноста, капацитетите и секако што навистина ќе може да допринесе за

државата, бидејќи тогаш изборот би бил прелесен, не постојат такви кандидати.

А, народот, пак, преплашен за својата иднина, сонувајќи го сонот за подобро утре, за сигурно размислување, го заокружува бројот пред ова име на гласачкото ливче, не согледувајќи ги реалните причини за тоа.

Но, тоа не е најлошото во овој лото систем, тоа допрва доаѓа. Токму оваа личност која не поседува никакви лични квалитети, ниту умствен капацитет да ја согледа важноста на функцијата која и е доделена, започнува еден вид на лична трка, а тоа е трката наречена – што подолго да се остане на висока позиција. Моќта, власта, финансиите- започнуваат да бидат единствен мотив за овој поединец, кој ни во најмалата секунда не помислува на ветувањата

Page 25: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

кои ги дал.

Кога наближуваат следните избори, истиот тој започнува да калкулира со опозициската партија, секако за да може да го осигура својот следен мандат. Односно, тогаш им текнува дека не се задоволни од раководството на оној кој по случаен избор им дал власт и моќ, тогаш сфаќаат дека со своја партија не може да постигнат нешто, дека им биле ставани рамки на дејствување и затоа тие не ги покажале своите вистински капацитети, секако за кои само тие се свесни дека постојат.

Потоа добиваат и следен мандат, секако со друга партија, која „подобро“ ги застапува нивните интереси. Нивни единствени поддржувачи остануваат оние кои добиле вработување, ургенција за упис на факултет, поправање на некоја оцена. Токму нивните гласови допринесуваат во продолжувањето на моќта на овој поединец.

А сé започна со еден глас...

И така до следните избори, кога истиот овој ќе се заканува со повлекување од политиката, каде секако допринел само со својот лик, а без некои дела. А, потоа, сепак, ќе се задоволи со некое директорско столче, од каде ќе го најавува своето големо враќање и променување на ситуацијата.

И сé така започнува со еден лото систем, со едно гласачко ливче, со една личност која им припаѓа на сите, а најмногу си припаѓа себеси, и со еден уништен демократски систем, кој повеќе наликува на тортура во која сме осудени да гледаме само едни личности без никакви квалитети.

И сега до кога ќе биде вака, знае ли некој?!

Автор: Наташа Димеска

Page 26: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

26

Intervju so iranskiot minister za nadvore{ni raboti

Минатата недела, насилството во Сирија стаса блиску до истекување од границите на земјата и преминување во регионален конфликт. „Spiegel“ зборуваше со иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи, во врска со продолжената поддршка на неговата земја за сирискиот автократ Башар Асад, за деликатната улога на НАТО во регионот и нуклеарната програма на Иран.

Франкфуртската резиденција на иранскиот генерален конзул е една жолта вила во богатото соседство Sachsen-hausen, со вештачка трева пред влезот и персиски теписи во коридорите и собите. На масата во собата за рецепција има чинии со ф`стаци и смокви, а ѕидовите се украсени со фотографии од доцниот ирански револуционерен лидер, Ајатолах Рухолах Комеини, и неговиот наследник, Али Каменеи.

Неколку часа минатиот четврток, оваа зграда служеше како седиште за иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи (63), кој на пладне беше пристигнал од Њујорк и престојуваше во Франкфурт на неговиот повраток назад во Техеран. Салехи само што беше присуствувал на Генералното Собрание на Обединетите Нации, а потоа се сретна и со неговите соработници од Египет, Турција и Саудиска Арабија, за да разговара за ескалацијата во Блискиот Исток.

Овие четири нации го формираат така-наречениот Сириски квартет, кој настојува да стави крај на граѓанската војна во земјата. Салехи е еден од малкумината ирански врвни политичари кои се запознаени и со Западот и со Истокот. Тој студираше на Американскиот Универзитет во Беирут и се стекна со докторат по инжинерство

Page 27: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

27

од МИТ во 1997 година. Во 2009-та, тој стана шеф на иранската нуклеарна програма. Сега, тој е и претставник во странство на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Еден ден пред интервјуто, сириските трупи испукаа минофрлачи во турски граничен град, убивајќи пет лица, а во

петокот низ границата прелета друга рунда минофрлачи. Се верува дека барем 34 сириски војници починале од одмазднички напади на турските војници. Турција е членка на НАТО, додека Сирија е соработник на Иран. Салехи ја доби клучната улога во конфликтот.

Г-дине министер за надворешни работи, почнува да изгледа како да се спрема војна на границата на НАТО со Сирија. Колку е опасна ситуацијата во регионот?

Салехи: Во име на Бога, милосрдниот и милостивиот, мора да ги спречиме катастрофите. Ги повикувам и двете страни да се воздржат. Во Сирија, илјадници луѓе се борат против владата на Башар ал-Асад, а тие се вооружени со најразвиените оружја. Ако Турција масивно се одмазди во неделите или месеците кои следуваат, тие ќе немаат никакви приговори. Сакаат да ги направат иницијативите за мир невозможни. Бараат ескалација.

Дали зборувате за вооружената сириска опозиција? Или за терористите од меѓународната Ал-Каеда мрежа?

Салехи: Не сакам да ги поврзам сторителите на насилството со специфична земја или специфична организација. Но, една работа е сигурна: Воените сили кои ја инфилтрираат Сирија сакаат да го интернационализираат конфликтот. Нивните цели ќе бидат исполнети кога регионот ќе биде обвиткан во оган.

Сепак, изгледа дека токму сириската војска беше онаа која испукува преку границата, а не бунтовниците или сторителите на насилство за кои

Page 28: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

28

зборувате. Ги осудувате ли турските одмазнички напади?

Салехи: Секоја земја има право да се заштити кога е нападната. Кога Сицијците застрелаа турски борбен авион во јуни, Анкара се воздржа од лансирање на противнапад. Тогаш јас ја искажав мојата почит спрема турскиот премиер, Реџеп Тајип Ердоган, токму поради ова. Овој потег беше државнички и мудар. Сега, мора да се задржи чувството за пропорционалност или ќе паднеме во стапица на екстремистите.

Бидејќи Турција е членка на НАТО, организацијата стои зад неа и го осудува инцидентот како „агресивно дело.“

Салехи: Не би била моја работа да давам совети за западната воена алијанса. Но, НАТО не може да си дозволи да направи грешка и да ја влоши ситуацијата.

Грешка како воспоставување на бафер- зона во северна Сирија и зона забранета за летови за воздушните сили на Асад?

Салехи: Ако го направи тоа, Западот би реагирал исто толку погрешно колку што реагираше и во 2011-та во Либија. Ова беше несоодветно мешање во внатрешните афери на суверена земја ...

...Но, веројатно спречи масакар во Бенгази и помогна на цел еден народ да се ослободи себе си од диктатор.

Салехи: Треба да продолжиме според правилата на меѓународното право. Сирија е во средина на криза. Четири или пет од нејзините провинции се соочуваат со проблеми. Владата на Башар ал-Асад наголемо ја има ситуацијата под контрола.

Вие ги минимизирате акциите на режимот кој го бомбардира својот сопствен народ - граѓанската војна веќе ги зеде животите на 30.000 луѓе.

Салехи: Она што сега се случува во Сирија е трагично и не се само владините трупи одговорни. Асад не претставува закана за регионот или за светскиот мир. Ние не сме некритични кон него -

Page 29: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

29

владата направи грешки. Првично имаше само повици за поголема демократија и промени. Но, тогаш движењето започна да биде наголемо контролирано од странство.

Зборувате ли за САД и Израел? Или Катар и Саудиска Арабија, кои ги вооружуваат силите на отпорот и повикуваат за арапска интервенирачка сила?

Салехи: Каков и да е случајот, ние се соочуваме со надворешен притисок за промена на режимот. Нашите искуства во Ирак покажуваат дека некои сили сакаат да се посегне по било кои средства и манипулации. За да се легитимизира нивната војна против Багдад, САД го обвини Садам Хусеин за производство на оружја за масовно разорување. Нешто слично не може да се дозволи да се случи со Асад.

Веќе и нема високо-рангирани меѓународни политичари кои

сé уште можат да посегнат по Асад. Зборувавте со сирискиот претседател пред повеќе од две недели во Дамаскус и тоа беа долги и интензивни разговори.

Салехи: Само што се бев вратил од состанок со нашата сириска група во Каиро, и на претседателот му претставив што ние четворицата очекуваме од него: реформи, концесии и искрени промени. Тој рече дека сака да работи заедно со конструктивна опозиција и да соработува со Обединетите Нации.

И вие всушност му верувате?

Салехи: Во Дамаскус се состанав со претседател кој е сосема свесен за критичната ситуација. Тој не изгледаше како да е недостапен, туку полн со само-доверба и борбен. Претседателот покажа дека верува дека може да победи во конфликтот во завојуваната Сирија.

Секој ден има нови напади. Опозицијата сега може да нападне

Page 30: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

30

дури и клучни институции како на пример државната телевизија и седиштата на разузнавачката агенција. Градот Алепо, главниот финансиски и трговски центар е во оган.

Салехи: Претседателот е реален. Тој не верува дека Сирија може да се смири од еден за друг ден. Тој смета дека, како во Ирак, ќе продолжи да постои дополнителна неволја причинувана од опозицијата.

Со исклучок на Иран и можеби Русија и Кина, практично секоја влада во светот ургира Асад да се откаже од позицијата.

Салехи: Претседателот е отворен за било какво внатрешно сириско решение, но тој категорично одбива станување од фотелјата, ако истото е предизвикано од надвор. Тоа е причината зошто тој ја одбива идејата за барање азил на друго место.

Египетскиот претседател, Мохамед Морси, бара Техеран да размисли посебно за својата позиција. Според информации од западните разузнавачки агенции, сепак, вашата влада продолжува да праќа вооружени сили во Дамаскус и го поддржува режимот со воени советници и дури и елитни сили на Револуционерната Гарда.

Салехи: Тоа е апсурдно. Сирија има армија од 500.000 мажи. Тие немаат потреба од никакви сили од нас. Но, секако, му продавме на Дамаскус оружје - пред кризата. Целосно е нормално за нас да праќаме воени советници во овој контекст: Секоја земја праќа такви експерти во соработничките влади. Меѓународните санкции против Иран нé

присилија да изградиме своја сопствена одбранбена индустрија, која беше доста успешна во продавање на нејзините производи. Ова се целосно легални договори. Ние не го правиме ова на различен начин од оној на Германците.

Каде, според вашето мислење, е црвената линија која Асад не смее да ја премине? Можеби користењето на хемиски оружја против опозицијата?

Салехи: Било која влада која користи оружја за масовно разорување против својот сопствен народ го има изгубено својот

Page 31: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

31

легитимитет. Ова се однесува на Сирија, а секако и на нас.

Друга странска сила само што повлече црвена линија за вашата влада. Зборувајќи пред Генералното Собрание на Обединетите Нации, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху држеше графикон наменет да илустрира кога Иран ќе има доволно збогатен ураниум за да изгради нуклеарна бомба - и го искористи ова за да докаже дека вашата земја треба да биде нападната.

Салехи: Презентацијата беше бизарна. Ми изгледаше детинесто држењето на карикатура од бомба. Ако Израелците сакаа да нé нападнат, и ако можеа да го сторат тоа, ќе нé нападнеа многу одамна. Во 1981-та, тие уништија ирачки реактор без предупредување. Но, тие ни се закануваа со години, на секој настан и тоа јавно. Тие знаат што ќе би се случило ако нé нападнат. Ние не сакаме војна, но ќе се браниме себе си. Агресорите ќе платат висока цена.

Интернационалната Агенција за

Атомска Енергија во Виена има страници докази кои укажуваат кон „возможната воена димензија“ на вашата нуклеарна програма.

Салехи: Ние инсистираме на право за збогатување со ураниум поради мирната употреба на нуклеарната енергија. Нема докази дека правиме нуклеарно истражување за воени цели.

Веќе неколку месеци, одбивате да ñ дадете пристап на оваа агенција до воениот комплекс во Парчин.

Салехи: Мора да правиме разлика помеѓу две работи овде: Прво, ние имаме свои должности според не-пролиферациониот договор, кои ги исполнуваме...

Второ, постојат барања кои одат надвор од ова и кои не сме задолжени да ги почитуваме, како оние поврзани со воените комплекси како Парчин.

Инспекторите се сомневаат дека научниците таму тајно ги тестирале нуклеарните боеви глави и Иран сега се обидува да ги отстрани сите

Page 32: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

32

траги од нив.

Салехи: Ова е смешно. Нуклеарните истражувања оставаат отпечатоци од прсти кои никогаш не можат да бидат елиминирани. Не сакам да ја исклучам можноста за изнаоѓање на начини за отварање на Парчин - на волонтерска база, како што го правевме тоа на други наврати во минатото.

Концесиите во нуклеарните преговори ургентно се очекуваат од вас. Помеѓу дипломатите, постои малку оптимизам дека конфликтот околу вашата спорна нуклеарна програма сé уште може на мирен начин да биде решен.

Салехи: Јас овде сум пооптимистичен. Ако нашето право за збогатување биде признато, ние сме подготвени да понудиме замена. Доброволно ќе го ограничиме количеството на нашата програма за збогатување, но за возврат ќе имаме потреба од гарантирано снабдување на релевантните горива од странство.

Многу западни политичари веруваат дека само си играте за купување време. После долгите рунди санкции од ОН, Европската Унија сега планира на 15 октомври да ги

засили санкциите против Иран.

Салехи: Не е голема работа. Санкциите создаваат непријатности. Веќе повеќе од 30 години живеевме со бојкотни мерки, кои ултимативно нé прават независни и силни.

Навистина? Само минатата година, вашата валута загуби повеќе од две третини од нејзината вредност против доларот. Официјалната стапка на инфлација е 25 проценти. Во Техеран, незадоволните стопанственици неодамна протестираа и извикуваа: „Долу влада!“

Салехи: Иранското општество е навикнато да живее со проблеми - можеби повеќе од луѓето во Шпанија и Грција. Можеме да сметаме на издржливоста на нашиот народ. А, што е со вас во Европа?

Г-дине министер за надворешни работи, Ви благодарам за ова интервју.

Подготвил: Славе Ангелов

Извор: Spiegel

Page 33: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA

33

13 Oktomvri 2012

Page 34: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA13 Oktomvri 2012

34

Page 35: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.96

Simbolikata na brojot 13 vo filmot „1408“

Воведни премиси

Овој исклучително комплексен филм е дело на шведскиот режисер Микаел Хафстром, а изработен и осмислен според кусата новела на Стивен Кинг со истиот наслов. Филмот првпат се појави во кино салите во Америка на 22-ри јуни, 2007 година, и покрај претходно закажаната симболична дата на 13-ти јули.

Жанровски лоциран во категоријата „хорор“, овој интригантен филм содржински и тематски е хибриден и претставува исклучително храбро и бравурозно осмислен сплет на мистериозното, симболичното, фантастичното, кои се во полза на ужасувачкото, како еден од главните ефекти на самиот филмски текст.

Приказната е фокусирана на младиот писател Мајк Енслин (толкуван од Џон Кјузак), кој ужива

репутација на автор на хорор новели и на авантурист, кој е обземен од идејата да истражува места, за кои се верува дека се опседнати и прогонувани од нетелесни, демонски сили.

По чуден сплет на околностите, на неговата адреса ќе пристигне, сосема неочекувано – како за главниот лик, така и за гледачите – разгледница од њујоршкиот хотел „Делфин“, во која е наведена единствената реченица: „Не влегувај во собата 1408“.

Но, прониклив каков што е, скептичниот Еслин веднаш ќе помисли дека станува збор за некаква шега или за нечиј обид одново да му се распламти потребата од нова авантура и ново истражување и без оглед на своите иницијални размислувања и неверување, тој ќе се реши да го посети хотелот „Делфин“, само за да си ја задоволи сопствената

Page 36: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

36 BR.96

самоувереност и за да се убеди, како што и размислува на почетокот, дека бил невкусно измамен.

Во хотелот ќе го дочека не само необичен, запрепастувачки, ужасно реален и питорескен склоп на настани кои ќе го натераат да се посомнева во сознанието дека бил измамен и тој ќе стане сведок, а подоцна и учесник, во морбидните сцени кои многу повеќе имаат призвук на визии или на халуцинации, отколку на реални збиднувања во стварноста.

Тој ќе стане сведок на мистериозното и с п р е п л е т у в а њ е на симболичното со морбидното, на застрашувачкото со мистериозното, сите заедно и наеднаш лоцирани и поврзани со собата со необичен број.

Низ нумеричките лавиринти

Во неколку сегменти од филмот, очигледни дури и за помалку компетентите и помалку сконцентрираните гледачи, се провлекуваат алузии кон бројот 13, број за кој сè уште суеверно се верува дека е знак на зла коб и несреќа.

Првата најочигледна алузија е бројот на самата соба, чиј збир од цифрите дава вкупен резултат од 13 (1408: 1+4+0+8=13), неслучајно сместена на 13-от кат од хотелот „Делфин“.

Второто, исто толку, значајно упатување на овој број, а помалку експлицитно навестено

или насетено, е името на главниот лик, чија почетна буква е подведена на 13-то место во англиската азбука.

Кога Еслин ќе ја добие разгледницата од хотелот, неговиот п р о н и к л и в ум веднаш ќе воочи дека разгледницата, случајно или не, смислено или не, е всушност преплет на н у м е р и ч к и кодови, кои тој нема веднаш да ги детектира, но кои подоцна ќе се расветлат п р и расплетувањето на приказната.

Page 37: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

Artvizor

BR.96

Па така, во овој дух, Еслин веднаш ќе забележи дека резултатот од собирањето на бројките на

хотелската соба ја дава фамозната 13-ка, исто како што собирањето на броевите од пораката (или

препораката) - „Don’t enter 1408“ – го дава, повторно, истиот резултат.

Мистериозното во оваа приказна е што бројот 13 е присутен во филмот и во личната приказна на Мајкл Еслин, повеќе отколку што е тоа експлицитно претставено и функционира како совршена машина на ужасот, која генерира симболика повеќе врзана за мистериозното, отколку за ужасувачкото, на таинственото со неодгатливото.

Присутноста на бројот е евидентна и во самата историја на хотелот „Делфин“. Хотелот бил отворен во 1912 година, информација која ја открива менаџерот на местото, Џералд Олин (толкуван од Семјуел Л. Џексон), и кој во себе ја содржи комбинацијата на

бројки кои даваат збир од 13.

Во една од сцените во која веќе почнува да се одмотува клопчето на ужасувачкото и веќе е навестен продорот на морбидното во она што се чини реално, камерата ќе му дозволи на гледачот да воочи дека температурата во фамозната соба се движи околу 40-45 степени, чиј збир (4+5+4+0) го дава очекуваниот резултат.

На еден од ѕидовите, исто така, стои запишано „Соби на 14-

от кат“, па, аналогно: 1400+1430 ја дава добитната комбинација. Од внатрешната страна на клучалката во

Page 38: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.96

ходникот кој води во собата, е втиснат бројот 6214, кој упатува на бројот 13, како предвестие на микро-космосот присутен во самата соба.

Занимливо е што името на главниот лик – Мајк – почнува со буква од англиската азбука која го зазема 13-то место. Кога тој првпат ќе ја отвори Библијата, која е оставена во една од фиоките од собата 1408, таа ќе се отвори на второто поглавје на Самуел 11 (2+11=13).

Кога ќе почнат да се случуваат низа запрепастувачки настани од кои излезот е невозможен, како начин да си помогне, Мајк ќе го искористи својот компјутер за да побара помош од неговата сопруга, велејќи ѝ да ја повика полицијата во хотелот поради неочекуваниот сплет настани.

Адресата на полицијата е „2254, Лесингтон“ и не случајно, бидејќи збирот на бројките го дава резултатот од 13. Адресата, исто така, содржи 13 алфанумерички знаци: 4 нумерички и 9 латински знаци.

Како што ништо не е случајно во оваа приказна, така не е ни чудно што збирот на бројот чекори што мајсторот треба да ги направи, а кој се појавува во собата

за да го поправи очигледно расипаниот термостат (6 или 7 чекори), ја дава истата бројка која не само што функционира како мистичен сигнал во филмот, туку и како идиосинкретско обележје на самата соба, која, на моменти, престанува да биде мртва комбинација на предмети и молчалив сведок на неколкукратни убиства и самоубиства на нејзин терен, туку придобива своја сопствена свест и логика на време-просторот, кои се диспропорционални со физичките закони низ кои се одвиваат реалните случувања.

Мајк Енслин, исто така, е носител на бројот 13 – што, на еден начин, го прави да биде предодреден, „избран“ како

сведок на ужасот на собата - бидејќи носи капа со знакот на Chicago White Sox. Тимот официјално го присвои името „White Sox“ во 1903 година (1+9+0+3=13).

Кога температурата во собата ќе падне под нулата, Мајк ќе почне да гори карти за да го распали огнот во собата и за да се загрее. Ниту изборот на карти не е случаен, бидејќи нивниот конечен збир е повторно 13.

Пред Мајк цврсто да одлучи дека е решен „да

Page 39: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.96

го заврши ова” непосакувано патешествие, тој ќе се јави во централата од каде што ќе чуе нечиј непознат женски глас, кој ќе

почне неповрзано да вели: „Five... This is five... Ignore the siren... Even if you leave this room, you can never leave this room... Eight... This is eight... We have killed your friends; every friend is now dead...”, што ја дава комбинацијата 5+8, како дополнителен знак за сеприсутноста на бројот-предзнак.

Па, дури и песната која првпат ќе се вклучи автоматски во собата при влезот на Мајк, како нејзин нов посетител, е од музичката група The Carpenters, чие име е составено од 13 букви.

Латентната динамичност на границата

Приказната не само што претставува фасцинантна комбинација на морбидното со мистериозното, туку развива релации на планот на живописната, егзотична, латентна врска меѓу субјективното доживување на хронотопот, преплетен од изблиците на ониричкото.

Потребна е енормна проникливост и

внимание кон деталите од страна на гледачот, со цел да се воочи мостот или „шифтирањето“ од реално-доживеаното и онирички насетеното, како што е судирот на потребата засекогаш да се избегне од проколнатата соба со реалните можности за остварување на таа потреба.

Дури и патешествието на Мајк Енслин во одајата на стравот може да се толкува како метафора за еден сон, на едно мета ниво, бидејќи сè она што се збиднува во собата, повеќе одговара на логиката на сонот, на халуцинацијата и на незаузданата имагинација, отколку на логиката на стварноста која се темели на причинско-последични релации. Преплетот на

морбидното со мистериозното не дозволува јасно декодирање на границата меѓу стварноста и сонот.

Мистериозното, на друг план, е навестено преку сцените кои ја прикажуваат собата не само како хронотоп на злосторите, туку и како премин од овој кон другиот свет. Собата 1408 претставува есенцијална станица меѓу двата света и посредник во врските меѓу живите – Мајк Еслин во

Page 40: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.96

улога на спектатор и spiritus movens на сценаријата од минатото и сегашноста – и жртвите на злосторничките чинови одиграни во истата соба.

Мошне симптоматично е и појавувањето на починатата ќерка на Еслин, која проблеснува придружена од бела светлина, што од неа прави слика на повторно повратената надеж, слика и прилика на потенцијалната можност за избавување од одајата на пеколот.

Мистериозното, придружено од сенката на морбидното, постои само преку заемната релација со второто, што пак го прави невозможно разлачувањето меѓу свеста на главниот лик и свеста на самата соба, која придобива антропоморфен карактер, така што е отежната можноста од разграничување меѓу двете.

Треба да се заклучи дека симболиката на ова филмско ремек-дело го надминува прагот на бројот 13 и се шири низ недофатливи простори. „1408“ е снимена фантастика на ужасот, која допира до секој гледач, без разлика на неговите преференции, оставајќи го во бунило, недоумие и недореченост.

Смислата и пораката се индивидуални за секој гледач, но едно нешто е сигурно – овој филм претставува возбудливо, гротескно, инспиративно, напнато патување низ сите светови на собата 1408, низ сите нејзини еволутивни стадиуми, така што самата соба добива своевидни димензии на иницијациски испит, кој главниот лик, а и самиот гледач, треба да го надмине за подобро да се запознае самиот себе.

Втурнат во светот на нечуеното, соочен со изблици на ужасот, кои имаат сила да го растргнат дури и најхраброто срце, гледачот постојано ќе се соочува со сопствените сомнежи и стравови, размисли и доживувања, со потребата да го одгатне мистериозното и да изведе негово математичко решение, кое е единствениот начин да се објасни што всушност се случува зад вратите на собата со суеверниот број.

Автор: Кристина Димовска

Page 41: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZINBR.96

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

13 Oktomvri 2012

Page 42: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.96

Evergrin „na site vremiwa“: Odbrojuvawe...

Изборот за најдобар евергин, кој ќе биде одржан на 26 октомври во Универзална сала полека се ближи. Како едно мало потсетување, песните кои беа избрани да бидат во топ 20 листата беа избрани по пат на гласање од различни медиуми.

Сега, на вас осанува да го одберете конечниот и сосема заслужениот победник. Магазинот „Револуција“ како дел од медиумските покровители на овој традиционален фестивал до сега ви ги презентираше најдобрите 124 песни.

Не пропуштајте ја манфестацијата на која ќе се одреди најдобрата песна, која била во етерот порано и со која многумина сме пораснале и сè уште ја слушаме. Да го одбереме најдобриот евергин! Започнува последното одбројување. До тогаш, уживајте со дел од номинираните песни.

Трајче Манев - Осамен

Сам сум во ноќва тивкаи сонувам со очи отворени

го слушам твојот шепот мил.

Сонувам за дните поминати,за тебе веќе одминати

и како да сакаш да кажеш- не.

Ти што ми ја украде душатати што ми ја зароби младостазашто ќе патам во животот

за кого ќе дадам сé…

Page 43: Револуција Магазин бр 96

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.96

Лева патика - Неправда

Сакам БМВ Алпинано немам ни за Дрина

мамо,мамо, спаси ме.

Сакам женска луда финада биде како Лина

мамо, мамо спаси ме.

Неправда, па тоа е неправдаимаш ти, немам јас

сите велат дека многу барамо, барам-барам, но немам…

Тоше Проески - Тајно моја

Твојот ликЈас го сонам како иконаНежна, блиска, далечна

Моја прва платонскаљубов чиста како солза.

Сега кога пораснавсфатив што си ти.

Дојдов пак, тајно мојаѕвезда праќам, да те повика.

Ништо не е сменетошушка молика.

Темно е, тајно моја,а во душа светат фенери.

Сé што имав заложивда ти пеам, под пенџери…

Подготви: Емилија Петреска

Page 44: Револуција Магазин бр 96