Револуција магазин бр. 50

43

description

Revolucija magazin br. 50

Transcript of Револуција магазин бр. 50

Page 1: Револуција магазин бр. 50
Page 2: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 5 НОЕМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 5 НОЕМВРИ 2011 страна 3

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7

1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7

1000, Скопје 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Page 4: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 5 НОЕМВРИ 2011 страна 4

Содржина

Неделна панорама ...........................................................................04

Вистина заробена во својот круг ...................................................... 08

Реалноста на медиумите .................................................................. 11

Како се информира нашето маало? .................................................. 16

Преку Гадафи кон антизападно расположение во Македонија ............ 18

Чумата во Македонија ..................................................................... 23

Без паника за сите има место ........................................................... 27

Во „темни зандани“, за евтини балкански финти ............................... 30

Какво и да е, кафе да е ................................................................... 34

The Losers (2010) ............................................................................ 36

7 000 000 000 жител е Македонец .................................................... 39

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник на содржини за Европската унија и евроатланските интеграции: Ениса Бајрами e-mail: [email protected]

Уредник на Артвизор и Релаксација:

Силвана Јовановска. e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации: Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари:

Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Сенада Ибраимова, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе Симовски

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг: Славица Ѓоргиевa Драгица Маренчева

Е- mail: [email protected] Е-mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94 моб.: +389 (0) 78 32 97 36

Page 5: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

100 дена владеење Сè што ветивме – остваривме!

Ова е главната порака од премиерот во 30-минутното

обраќање по повод 100-те дена

од изборот на старо-новата

Влада. За половина час си ги раскажа „јубилејните“ денови,

по трет пат. Разликата, овој пат,

е во тоа што по завршениот

говор, не следеше аплауз.

Наместо да ги собере верните следбеници околу себе,

премиерот реши отчетот да го

даде online. За досега

сработеното, јавноста слушна преку видео линкови. А, и

премиерот беше цитиран,

оценуван и критикуван на сите

страни, така да, тешко да може на човек да му избегаат

неговите зборови.

Премиере, после Вашиот отчет, остануваат отворени неколку

битни прашања. Едно од нив –

остваривте сè што ветивте, ама

розите никако да никнат во домаќинските доворови. Лошо

ветувавте, лошо остварувавте,

или лошо отчетувавте?..

Мирно пред Филе Замислете, поштенското

сандаче на Филе се смири. Или

се преполни, или Филе смени

адреса.

По лавината од писмени

реакции, кои беа како лошо

фотокопирана шпанска серија, во почетокот на оваа недела,

господинот Филе се смилува, и

реши да врати мило за драго – и

тој ни напиша писмо. Со елеганција во движење нè

извести дека „прашањето на

националниот идентитет и јазик

не се услови во пристапниот процес и не се предмет на

оцена на Извештајот за

напредокот од Европската

Комисија. Комисијата го

анализира напредокот направен во клучните реформски области

потребни за да се доближи

земјата поблиску до ЕУ.“

Нека пукнат „патриотите“, ама Филе си е во право. Нему и на

Европската Комисија не им е

многу гајле дали ние сме

ФИРОМ или Македонија. Тие само сакаат што помалку

проблеми над глава.

А испуштањето на придавката

„македонски“, е само резултат на силната лоби-улога на

нашиот јужен сосед. Тоа не е

нешто што се корегира со 1001

писмо, туку со напорно трчање

Page 6: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

по европските ходници и

промоција на сè она што смее

да ја носи придавката „македонски“. Ајде, што чекате?

Уште ли сте тука?!

Чув чув со нови возови Возниот парк на „Македонски

железници - Транспорт“ Скопје

ќе се обнови со пет нови

локомотиви и 160 товарни вагони.

Предвидено е да бидат

набавени пет гарнитури возови

- три дизел и две

електромоторни, како и 160

товарни вагони. Надлежните од „Транспорт“ очекуваат дека со

набавката драстично ќе се

подобри состојбата во

патничкиот и товарниот железнички превоз, беше

истакнато на владина седница.

Набавката на новите возови ќе чини околу 45 милиони евра,

кои Владата размислува да ги

обезбеди од ЕБРД или некоја

друга меѓународна финансиска институција.

Според предвидената динамика,

финансиската конструкција треба да се комплетира в

година, а возовите да се

набават во 2013 година. Ако се

набавуваат во 2013 година, во

2014 ќе се прават промотивни возења, сликања, фалења, а во

2015 можеби и ќе стартуваат со

работа. Патниците, кои

секојдневно ги користат овие услуги, со нетрпение ќе чекаат

ваква промена. Само уште да се

научиме- да не ги крадеме

завесите за приватни потреби и да не грицкаме сончоглед, со

предизвик- кој подалеку ќе

плукне!

Ич да не е, Собранието

ќе се реновира Специјално собраниско студио, нова сала за свечености,

приеми и конференции од 640

квадратни метри, повеќе

канцеларии за пратениците и за собраниските служби, нови

прозорци, врати и нов мебел, се

дел од поволностите што

пратениците ќе ги

почувствуваат со реконструкцијата и надградбата

на собраниската зграда.

Иако беше најавено дека

реконструкцијата на Собранието ќе заврши во април наредната

година, свеченото пуштање во

употреба ќе биде одложено за

Page 7: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

осум месеци подоцна. Тоа значи

дека парламентарниот дом

новиот лик ќе го добие кон крајот на наредната 2012

година.

Парламентот побарал од

Владата, при подготвувањето на

буџетот за наредната година, за

реконструкција на

Законодавниот дом да одвои уште 7,7 милиони евра, колку

што е планирано да се потрошат

за завршувањето на проектот.

Оваа сума е дел од планираните 12,8 милиони евра колку што

требаше да чини

реконструкцијата на

собраниската зграда, а 5,1 милиони евра веќе се

исплатени.

Веројатно, и откако ќе заврши сето реновирање, пратениците

ако не се чувствуваат удобно

кога одат на работа, ќе им

поделиме неколку совети за да го поминат полесно работниот

ден. Може да си донесат рамка

со слика од семејството, судоку

со повеќе варијанти и еден

космодиск појас- за да не ги боли грбот при седење. Еднаш,

колку за динамика, да ги

пратиме на местото на

работниците кои се на ленти, па да не се жалат нетепани!

На повидок- полесно

патување Најверојатно, ќе имаме уште

едно поевтинување на зелениот

картон, но и зголемување на цената на задолжителното

автоосигурување.

Идејата - зелен картон за секое

возило би можела да се

реализира веќе по Нова Година. Со либерализација на

автоодговорноста, која сè

почесто се најавува и со новиот

закон за осигурување, а кој се подготвува, граѓаните ќе можат

за минимална доплата да

добијат зелен картон за

патување во странство.

Во Националното биро за

осигурување, потврдуваат дека

се прават анализи за

либерализација на автоодговорноста, но детали не

откриваат. Неофицијални

извори велат дека

поевтинувањето на зелениот картон ќе се овозможи со

зголемување на цените на

основното автомобилско

осигурување, а крајниот ефект би биле пониски цени на

зелениот картон за сите што

патуваат во странство. За оние

што не поминуваат граница,

регистрацијата на возилата би требало да поскапи. Експертите

се за едноставно решение зелен

картон за сите возила со

регистрацијата.

Ваше е да одберете меѓу

дилемата: поевтина

Page 8: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

регистрација со зелен картон,

или поскапа- без истиот. Тој

што има многу финансии да

шетне во странство- објективно-

нека не учествува во дилемава.

Page 9: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 9

Славица Ѓоргиева

Вистина заробена во својот круг

Слушнавте дека лидерот на Либија е мртов? Или повеќе сте

окупирани со 100-те дена

македонска влада, па

информациите од светот не допираат до вас?

Македонскиот филтер на

релевантни информации е тесен

и погрешно функционален – од страна ги пропушта само оние

кои мора, а од домашната

територија игнорира сè каде

што не се спомнуваат политички партии (владејачки или

опозициони, големи или мали,

битно е да ги има) и владини

функционери. Дали

македонската информативна сцена се наоѓа во своето мрачно

доба? Дали потрагата по

вистинската вистина е

заборавена? И дали воопшто да се надеваме на пресврт...?

Македонските

„експерти“ Веќе долго време, низ чаршиските и маалските

муабети како јавна тајна струи

дека во Македонија, секој може

да биде експерт. Во јавноста

струјат два вида на експерти.

На една страна се оние кои се родија со осамостојувањето на

нашата мила земја, и кои

оттогаш не престанале да ги

изнесуваат своите (за жал, веќе излитени) ставови. Наспроти

нив, ги гледаме, слушаме, а

понекогаш и читаме преку-ноќ-

родените професионални познавачи. Тоа се луѓето кои

директно влијаат на нашата

перцепција. Тоа се оние чии

зборови ги градат нашите

ставови. Тоа се оние, кои го имаат авторитетот и правото да

мислат за останатите...

Јавното мислење е една

аморфна маса, која ги впива работите како сунѓер. Не

секогаш е способна да го

разликува потребното од

непотребното, битното од небитното. Го јаде само тоа што

ѝ се сервира, и не бара десерт.

Како се градат

ставовите? Нашите ставови ги формираме преку апсорбирање

информации. Истите ги читаме

по весниците, ги гледаме на ТВ,

а најчесто ги читаме на интернет. Нешто ќе слушнеме

во автобус, нешто ќе ни кажат

нашите пријатели. Ги

преферираме информациите на мајчин јазик. Научниците велат

дека така полесно допираат до

нашите глави. Реалистите велат,

поради мрзливост. Како и да е... Значи, од вакви или онакви

причини, постои некаква

одбивност да се следат

странските медиуми и портали,

Page 10: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

и со тоа се губи можноста да се

следат квалитетни дебати, да се

прочитаат квалитетни анализи и да се научи нешто ново.

Македонските медиуми само претураат од шупливо во

празно, ставајќи ја

креативноста и иницијативноста

на минимум. Скокаат кога

партиски лидер ќе кивне. Се радуваат кога некој протестира.

Прават стории од мачниот живот

на граѓаните. И сето тоа е фино,

но... со поминат рок?! Токму ваквиот пристап, и

насочувањето на целата

енергија кон партиските

активности, е она што нè спушти на нивото на кое сме.

Партиите ја изиграа својата

игра и ги задушија сите други

области. Пред круната на партиската политика

потклекнаа и образованието, и

науката, и културата, и

медиумите, и социјалниот мир,

и етничката толеранција, и патот кон Европа... Власт и

опозиција, прес-конференции и

соопштенија, лидерски интриги

и членски милувања – тоа е нашето секојдневие.

Не е докажано како, но денес

љубовта кон лидерот е посилна

од онаа кон сопругата. Приврзаноста кон партијата е

поцврста од онаа кон брачниот

кревет. А вистината нема цена...

Нема цена, затоа што не е објект на трговија, а сè помалку

е и дел од производството...

Светот ни бега Деновиве, освен кризата во еврозоната, поврзана со

банкротот на Грција, и јавната

дебата дали Гадафи е жив или

мртов, филтерот на македонската информативна

сцена, не пропушти ништо

друго... Дали тоа значи дека

сме преокупирани со себе повеќе отколку што треба? Дали

од страна ги пропуштаме само

оние информации кои мора?

Дали тоа градиме европски

патишта, движејќи се по балкански кривини?

Играме игра, која и сами не

можеме да ја разбереме... Се

движиме во маѓепсан круг кој не знаеме (или не сакаме) да го

напуштиме... Факт е дека

медиумите и лицата кои ги

гледаме таму, ја имаат најголемата моќ да влијаат на

Page 11: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

нашите ставови. А ние не

правиме никаква селекција на

тие лица и дозволуваме да бидеме гужвани по најнова

партиска мода, и притоа, со

крената глава да шетаме по

модната писта наречена општество...

Историјата многупати докажала

дека за секоја теорија ќе се

најде будала да ја прифати и слепо да ја следи... А како што

сите знаеме, историјата неретко

и се повторува, зар не?..

Page 12: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

Елена Павловска

Реалноста на медиумите

Да бидеш новинар, значи да ѝ бидеш лојален на вистината,

неуморно да трагаш по истата,

да ги совладаш сите препреки и

да ја оствариш својата цел- да го информираш граѓанинот.

Еднинствено информираниот

граѓанин може да живее

слободно. На тој начин ти му докажуваш дека не е сам, дека

постојат луѓе со исти проблеми

и исти размислувања. Само на

тој начин преку информациите,

тој може да чекори низ својот живот, да донесува решенија,

заклучоци, да го присилиш да

мисли со своја главa. Значајно е

граѓаните да го согледаат дејствувањето на институциите

и да добијат објективна слика

за она што се случува во

државата, но и надвор од неа. Но, дали е така?

Политика и бизнис во

новинарството Политиката е доминантна во

секој сегмент од нашиот живот.

Тоа им е јасно на сите и покрај

тоа што јавно и гласно тоа не го изговараат. Таа се вплетка во

нашето секојдневие, па секој

наш потег се оценува про или антивладино, или пак, про или

антиевропски. Гледањето на

некои телевизии, читањето на

некои весници, присуствувањето на некои

настани, искажувањето на

некои свои ставови, па дури и

движењето по некои улици, користењето на некои

производи- сето тоа политички

се оценува. Не е возможно

повеќе да имаш сопствено

мислење, туку тоа мора „политички “ да се обои.

Не е поинаку и со медиумите и

новинарите. Релациите на новинарскиот бизнис сега се

движат во насока бизнис -

медиуми – политика. Медиумите

денес се под влијание на моќта на бизнисот и влијанието на

некои политички партии.

Приватните македонски

телевизии со национална

концесија се во сопственост на семејни бизниси, а газдите се

членови на политички партии (и

на чело на партиите). Во такви

односи на македонското новинарство му останува да

молчи, бидејќи и новинарите

Page 13: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

некаде треба да ја остваруваат

својата егзистенција.

Новинарите сведочат дека заради опстанок, мораат да

работат и дополнителни работи

во невладини организации, во

други институции, па дури и во изборните штабови на

партиите. Тие се под директно

влијание на политиката и

бизнисот, а сопствениците на медиумите им ја ограничуваат

слободата, сепак, интересот на

сопствениците е примарен.

Новинарите самите наведуваат дека постојат прикриени форми

на пропаганда и нарачани

интервјуа, а од нив се бара да

носат дури и рекламни

материјали во своите куќи и да ги поделуваат на најблиските.

Жално е, што новинарството во

оваа ситуација претставува

заложник на желбата на една медиумска и политичка елита,

која сака да живее надвор од

законите.

Политиката и бизнисот на овој

начин го осакатуваат

новинарството и медиумските информации, а тие истите тоа

осакатување го пренесуваат врз

своите читатели или гледачи.

Наметнувајќи им тесни погледи на светот, го трансформираат

важното во неважно и обратно.

Најтрагично од сè е дека во

трката по настани, новинарите

како да заборавија на условите во кои работат, притисоците со

кои се соочуваат и не се

запрашуваат колку добро ги

сработиле своите задачи, колку се професионални. Имаме

квантитет, но не и квалитет.

Прашање е колку и како

новинарите ја презентираат вистината и дали им

дозволуваат на луѓето да

донесат свој став или им го

наметнуваат нивниот?

За или против ЕУ? За или против, тоа се опциите

на македонските медиуми.

Слушајќи ги или читајќи ги вестите од еден медиум (близок

до власта) имаме чувство дека

живееме во утопија, сè се

гради, изградува, криминалците

се фаќаат, се отвараат нови работни места, дури и

сончевото време се препишува

на упорната работа на Владата.

Слушајќи ги или читајќи ги вестите од друг медиум (близок

до опозиционерите) имаме

чувство дека живееме на

најлошото место во светот, се наоѓаме и во поголема беда од

гладните африкански земји,

драматичноста и песимизмот е

неразделен дел од информациите, Владата е

виновна за сé, за вашите

главоболки, за врнежливото

време. Златна средина речиси и

да нема во македонските медиуми.

Некако тие го наметнаа

мислењето дека или си патриот или си за евроинтеграциите, но,

Page 14: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

зарем тоа не е она истото?!

Очигледно не, очигледно не е

возможно во оваа земја да чекориш без да навлегуваш во

крајности. Или- или, па ти бирај

што сакаш.

„ЕК објави позитивен извештај“, „Повторно препорака од ЕУ“-

горделиво пишуваа

провладините медиуми, не

осврнувајќи се на критиките во истиот извештај. Па, не е тоа

нивна работа! Тоа е работата за

оние другите медиуми кои со

остра критика велеа „ЕУ

загрижена за состојбата со медиумите“, „Случајот на

Нешковски се најде во

извештајот“, не споменувајќи ги

позитивните делови на извештајот. И каде е тука

реалноста? Реалноста се креира

со медиумот, па на граѓаниот му

останува само изборот на кој медиум (не) ќе му верува.

Извештајот од Европската

комисија за напредокот на

нашата земја, како никогаш до сега предизвика огромен

скандал. „Не го даваме името!“

„Ако не не сакаат, нека ни

кажат!“ „Европо, однесувај се европски“, „Македонскиот јазик

дискриминиран!“- се изјаснуваа

„патриотите“. Толку беа моќни

насловите и аргументите во медиумите, што народот веќе ја

прогласи ЕУ за непријател бр.1,

беше убеден дека ЕУ не им

мисли добро и дека ги потценува. „Не ни треба ЕУ!“ -

извикуваа пензионерите што

наутро се шетаа по парковите.

„Хм, тие на нас! Ние сме горди

на нашето име! Ама, бре, човеку, не е виновна ЕУ,

виновен е Груевски!“-извикуваа

другите, кои случајно ги

следеле вестите преку друг медиум. „Нели прочита?

Груевски не сака да нè внесе во

ЕУ! Тоа е неговиот план!“. Така

нашето „независно“ новинарство ги учеше

граѓаните. Ако си за ЕУ, тогаш

си против името, и не си

патриот (што и да значи тоа), а

ако сметаш дека ЕУ е направедна, тогаш си со

закоравени ставови, живееш во

минатото и си против

напредокот на државата. Опозицијата, извештајот го

толкува како симбол на

стагнацијата и регресот на

евроинтеграцискиот пат на Македонија кон Европа, а

Владата како знак за

индиферентноста на ЕУ кон

една мала балканска земја. Но, тоа е во ред, политичките

Page 15: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

ставови и треба да се

разидуваат.

Но, катастрофално во нашето

општество е тоа што овие

ставови ја креираа медиумската вистина, која според правилата

треба да биде реална и

објективна, да ги согледува

сите аспекти, да ги поставува сите прашања и да ги објавува

сите одговори на тие прашања.

„Новинарите им служат на граѓаните, а не на политиката“-

советуваа од ЕУ, но попусто

кога политиката е помоќна од

граѓаните. А токму таа-политката- ги креира

текстовите. Таа ја формира

пораката, содржината, па дури

ги бира и зборовите. И додека

ние сме преокупирани со тоа дали некој нè сака или не,

светот продолжува. Додека ние

се обидуваме да дознаеме кој е

предавникот, а кој патриотот, светот и ЕУ ги менуваат

приоритетите и пристапите кон

проблемите.

Ако сакаме некој да нé прифати, треба да докажеме

дека местото ни е таму, а не со

механичко воведување на

реформите, да посочуваме со

прстот кон оној кој мислиме дека е „виновникот за нашиот

неуспех“. Сè додека имаме

тесни погледи кон светот и

светот ќе има тесен поглед за нас.

Да се врати

достоинството Во новинарството мора да постои етика и морал, иако и

таа професија подлежи на

притисоци од сопствениците на

медиумите, уцени па дури и рекетарство. Појавите на

неетичност произлегуваат од

недоволната професионална

способност на дел од

новинарскиот синџир.

Се зборува за рекет-

новинарство, притисоци од центри на моќ, газди, лоби,

групи и политички насилници, а

во дел од новинарските прилози

многу лесно се преминува преку повредата на честа и угледот на

луѓето и се манипулира и

извртува вистината.

Новинарството во Македонија

секоја минута е на штрек и

практично е потврдено дека

кога парите се на прво место,

тогаш за етиката нема простор. За да се зборува за етика

воопшто треба да се зборува за

слобода, но македонското

новинарство е под окупација.

Page 16: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Ова е објективна слика за

поголемиот број од

највлијателните медиуми во земјава. На сите им е јасно дека

истите се зависни од

политичките партии и дека

објективноста и непристрасноста на

македонските новинари- се

непознати поими. Истите мора

да се вклопат на зацртаниот пат на уредништвото на медиумот

или ќе ја загубат работата. А

каде има сила, каде е потиснато

личното мислење, нема место за професионализам.

Оваа е практика на која сме

навикнати и пред која молчиме.

Уцената е посилна од совеста. И

сè додека новинарот молчи и со

наведната глава си ја врши работата, народот нема да има

верба во медиумот и во

информацијата, која тој ја

пренесува. Време е за промени! Да се врати достоинството на

професијата и нејзината цел- да

им служи на граѓаните.

Page 17: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

Елена Николовска

Како се информира нашето маало?

Вчера на мојата дневна доза од маалски средби, кои многу ги

сакам, по незнам којпат ги

слушав истите маалски муабети.

„Го виде ли Боби. Гледам нова кола купил, вика пари нема”,

или пак оние од светот „Весна

ми рече дека оној министерот

рекол дека европска унија нема друг избор, мора да нè примат

сега”.

Ова е начинот на кој

информациите од светот стигаат

до многумина од нас, во маалски муабети.

Македонија е мала земја во која

дури и во овој нов век на

технолошки чуда, царува маалскиот менталитет. И не, тоа

не е лошо, тоа е она што нè

одразува и нè истакнува како

нација, ја одржува во живот нашата топлина. Меѓутоа,

фактот останува дека многу

луѓе од земјава сè уште

најмногу се потпираат на маалските муабети за дневни

информации кои не секогаш се

многу точни и се засноваат на

претпоставки. Токму затоа често

доаѓа до погрешно информирани луѓе кои на

пример ја мразат ЕУ затоа што

во секојдневните муабети со

комшивката одспротива така одлучиле, иако не знаат

буквално ништо конкретно за

сама Унија.

Во овој нов век во Македонија

постојат и луѓе кои

информациите за светот ги

добиваат од своите партиски

лидери. Нив не ги интересира

дали се точни или неточни, ако претседателот на партијата така

вели, нема потреба за сомнеж,

тој е секогаш во право и

никогаш не лаже. Овие луѓе слепо веруваат со надеж дека

можеби во најблиска иднина,

партијата ќе им најде работа и

тие би направиле буквално се за неа. Истото важи и за

нивните семејства и можеби

дури и блиски роднини.

Лидерите на партиите вешто го

користат овој однос на уценувач и уценуван, па кога поради

нивна грешка нема да ни дадат

на пример, дата за преговори,

почнуваат да ја претставуваат ЕУ како нешто далечно,

апстрактно и тотално

непотребно за Македонија и

македонскиот народ.

Луѓето од подалечните села,

како и оние од постарата

генерација, своите информации сè уште ги добиваат од вестите

на телевизија. Тие најмногу

сакаат да седнат пред

телевизорот и да си ја ислушаат

својата дневна доза на вести. Таму ги чека новинар кој не

може да дочека да си каже што

му лежи на душата, да си се

пожали и пофали. Откако ќе им ги пресраскаже дневните вести

и ќе го наметне своето мислење

за состојбите во државава и

светот, благо ќе им се насмевне и ќе им посака пријатен ден.

Тие го сакаат како човек па

најрадо го слушаат и се

согласуваат со него.

Page 18: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Во Македонија има и такви кои

своите информации ги добиваат

од интернет, се сомневаат, ги проверуваат повеќепати и го

бараат изворот. Овие луѓе ја

знаат вистината, но најчесто

немаат работа, немаат пари... Вреди ли цената? Ќе има ли

попуст некогаш?..

Page 19: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ПОЛИТИКА страна 19

Од платформата на м-р Митко Јованов

Преку Гадафи кон антизападно расположение во Македонија

За темите, кои имаат глобално значење на македонската јавна

сцена одвај да се водат дебати.

Тоа е доказ за нашата

преукупираност со самите себе, како да сме изолирани од

збиднувањата што се случуваат

надвор од нашите државни

граници. Иако, многу состојби во нашата држава зависат во голема

мера и од случувањата кои

предизвикуваат последици на

глобално ниво.

Револуцијата во Либија беше едно од најголемите светски

збиднувања ова лето и есен,

покрај кризата со еврото и

заканите за повторно влегување на светот во финансиско-

должничка криза.

Како поткрепа на оваа

констатција ќе го земеме примерот за тоа како беше

известувана македонската

јавност за револуцијата во

Либија и отпорот против еден од

најголемите диктатори и тирани после Втората светска војна,

Муамер ал Гадафи.

Жалопојките по Гадафи Колку што може да се присетиме

имаше организирано една или

две дебати за револуцијата во

Либија, а за нејзиниот почетокот

од еден или два ТВ медиуми. Главната теза на учесниците во

дебатата кои се одзиваат на

придавката „експерти“, беше

дека НАТО направил погрешна одлука што се впуштил во

рушењето на тиранот од

Триполи, и дека акцијата ќе биде

неуспешна, и алијансата ќе заглави во либиските пустини,

бидејќи ќе биде неопходна и

копнена интервенција.

Со истакнување на ваквите тези, нашите „експерти“ не ја земаат

предвид хуманата димензија на

НАТО интервенцијата, со што

беше заштитено цивилното

население кое се „дрзнало“ да побара демократизација на

државата и искажало

незадоволство од владеењето на

тиранинот. Исто така се заборава дека НАТО-сојузот е најсилната

воена машинерија на планетата,

пред кои се повлекуваат Русија и

Кина, кои воздржано си го гледаа „сеирот“ на рушењето на Гадафи.

Кулминација на анти-НАТО

креирањето на јавното мислење

Page 20: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ПОЛИТИКА страна 20

во Македонија се достигна откако

Гадафи беше линчуван од

либиските востаници. Во најгледаните телевизии, во

нивните ударни вести, политички

и контактни емисии, на

македонските граѓани им се прикажуваше убиството на

Гадафи како големо злосторство.

Притоа „истакнати“ новинари,

кои барем така себе си се доживуваат, (иако еден голем

дел од публиката ги гледа за да

се запознае до каде можат

глупостите да отидат во државата), известуваа на

следниот начин за крајот на

Гадафи и неговиот режим.

Парафразирам:

„Убиствотот на Гадафи е злосторство, нехуман чин, кој

треба да се осуди, а виновниците

да се изведат пред суд. Либија

влегува во голема криза, и е во хаос. Либијците живееја многу

добро за време на режимот на

Гадафи, тие не ја плаќаа

електричната енергија, добивале субвенции за нов

автомобил.........“

Потоа, што е уште

позагрижувачки, беа истакнувани

пет, десет аргументи за тоа дека Гадафи не бил диктатор???!!!

Не разбирање на

демократијата или??? Ваквото известување доволно зборува за неразбирањето на

демократијата, на светските

политички процеси, барем во

нивната основа, и што е најлошо, намерното пласирање на вакви

ставови во јавноста со цел да се

создава антизападно

расположение. Притоа, упорно не

поврзуваат со српскиот синдром на жалење по Милошевиќ е

неговиот авторитарен-

шверцерско-воено-профитерски

режим, кој беше срушен со помош на НАТО.

Во продолжение неколку

аргументи за поткрепа на ваквата

моја констатацијата наспроти

„мајсторите“ кои се обидуваат да го креираат јавното мислење во

Македонија.

Прво: Гадафи не покажа никаков

респект кон незадоволните граѓани кои се крена против

неговата тиранија. Тој за цело

време зборуваше дека тоа се

дрогирани луѓе и лудаци, и ги употреби сите вооружени сили

против нив. Ако не

интервенрираше НАТО со

воздушна заштита на либиските граѓани во регионите каде се

покрена отпорот против Гадафи,

тогаш ќе се случеше големо

крвопролевање, убиства,

Page 21: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ПОЛИТИКА страна 21

страдање на цивилното

население од војската на Гадафи.

И покрај повиците до Гадафи од страна на западните сојузници,

да ја напушти власта, тој упорно

продолжуваше со бомбардирање

на своите граѓани, тоа пак предизвика илјадници жртви,

уште повеќе ранети, уништени

домови, кариери, бегалци, лични

судбини и трагедии..... И на крајот кога веќе немаше

каде да бега, што може да се

очекува од луѓето кои со пушка

во рака и пик ап-коли се бореа против личната армија на

Гадафи, да ги почитуваат

резолуциите за војување против

еден ваков тиранин каков што

беше Гадафи???. Притоа не сакам да искажам

оправдување на чинот на

убиството на Гадафи, туку

искажувам разбирање за луѓето кои трпеле лични тортури од

неговиот режим 40 години.

Второ; Тезата дека Либијците имале добар животен стандард-

доказ за тоа е што електрична

енергија не плаќале. Токму

ваквото тврдење е доказ за

непознавање на демократијата. Електричната енергија не е лична

сопственост на Гадафи, не ја

наследил од татко му, па да им ја

подарува на Либијците, истото се однесува и на нафтата и другите

ресурси со кои располага Либија,

кои се национално богатство.

Или пак, праведно е тој и неговата фамилија да поседуваат

десетици милијарди евра и

долари заработени со

немилосредно крадење на

националното богатство на

државата, а граѓаните да не плаќаат сметки за струја

благодарение на милоста на

Гадафи???

Вистината е дека Гадафи манипулирал со националните

ресурси да се одржува на власт и

да ги исполнува своите хирови во

својата држава но и на меѓународна сцена.

Имено, Гадафи им доделувал

привилегии на одредени групи

(племенски заедници) од населението, а за возврат ја

барал нивната лојалност на

сметка на други кои биле

изложени на тортура, но морале

да плаќаат и сметки за струја. Додека пак на меѓународна

сцена, позната е неговата

ексцентричност и финансиската

помош што им ја давал на терористичките организации

ширум светот.

Ако се земат горенаведените факти, нема да биде тешко да

заклучиме дека Гадафи замина

од власта (и животот) како и што

дојде, со оружје и насилство.

Page 22: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ПОЛИТИКА страна 22

Човекот кој беше болно

самобендисан, логично е што му

остана на крајот, канализациската цефка како

последно засолниште од гневот

на своите граѓани кои ги

угнетуваше четири децении. Но, дали во иднина Либија ќе

тргне во правец на демократски

развој или не, тоа најмногу

зависи од Либијците и секако од сојузниците кои ги помагаат на

тој пат. Нам ни останува да им

посакаме да основаат

демократски институции и власт и во иднина да плаќаат сметки за

електрична енергија, но Либија

да ја изградат во регионална

економска сила но и пошироко,

бидејќи за тоа оваа држава има доволно ресурси.

Тиранинот од Триполи во

цефка Во продолжение да ги пренесеме

последните моменти од животот на тиранинот од Триполи кој

најде засолниште во родниот

град Сирт.

Откако Триполи падна во рацете на востаниците, еден од синовите

на Гадафи, Мутасим, предложил

целата фамилија и најверните

соработници, да заминат во Сирт, надевајќи се дека таму никој

нема да ги бара, и ќе бидат

безбедни. Предлогот го прифатил

Гадафи и кон крајот на август

роднините и најблиските соработници, се префрлиле во

Сирт. Планот и одлуката биле

кобни.

Во четвртокот на 20 октомвви

утрото околу 8.30 часот

дваесетина возила во конвој се обидуваат да го напуштат градот,

но тогаш првите возила од

конвојот ги погодува

американска ракета, но само мал дел од возилата се оштетени, но

во тие моменти конвојот го

напаѓаат востаниците. Клучниот

момент за Гадафи да падне во рацете на востаниците, се

случува околу 11 часот истиот

ден. Тогаш француски бомбардер

со проектил го погодува возилото Тојота Крусер, и притоа Гадафи е

погоден во главата и почнува да

крвари. И тогаш конвојот од 20

возила е стопиран и оневозможен

да продолжи во правец на пустината, каде што имал намера

Гадафи да избега.

Француските пилоти го имале на

нишан диктаторот и можеле сите возила да ги уништат, но се

вратиле назад, и задачата ја

оставиле на востаниците да се

справат со остатоците од нивниот тиранин.

Во тие моменти, Гадафи ранет,

бара засолниште во одводна

цефка со дијаметар од околу

еден метар. Него му останале на располагање само неколку

бодигарди и златниот пиштол.

Умран Шабаан, востаник,

раскажува дека во тој момент, двајца војници на Гадафи,

отвораат оган, но притоа се брзо

застрелани, а останатите се

предаваат. Гадафи ги изговара зборовите

кои го обиколија светот: „Што се

случува“, „Не пукајте“. Тој е

Page 23: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 ПОЛИТИКА страна 23

ранет веќе во главата и градите,

востаниците му го одземаат

пиштолот сателитскиот мобилен телефон, и го обиколуваат, дел

од нив почнуваат да го

малтретираат, (видеата од оваа

сцена го обиколија светот). Наскоро го префрлаат во

болничка кола и го

транспортираат во правец на

Мисрута. Но по пат тој умира. Обдукцијата на телото на мртвиот

Гадафи покажала дека тој

починал од раните во главата и

стомакот. Во главата бил погоден при нападот на францускиот

авион од шрапнел, додека во

стомакот бил погоден со куршум

од пиштол.

Новите власти одлучуваат телото на Гадафи да го изложат на јавно

место за да може јавноста да се

увери во смрта на Гадафи, за да

не се шират шпекулации. Граѓаните на Либија почнуваат

да ја слават смрта на Гадафи

како симбил на слобода, се

облекуваат во џинс, жените се со нацрвени усни, се собираат на

улиците и извикуваат: „Сега сме

навистина слободни“.

Само слободни граѓани можат да создаваат, креираат,

напредуваат, заработуваат,

достигнуваат, и тоа многу многу

повеќе, за да не мораат да молат од било кој господар да се грижи

за нивните сметки за електрична

енергија, особено во држава која

е една од најбогатите со нафта и

гас.

Page 24: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 МАКЕДОНИЈА страна 24

Светлана Пеншовски

Чумата во Македонија

Факт е дека Македонија нема високо развиена еколошка свест,

но факт е и дека- доколку се

појави за каква било ситуација,

треба да се поддржи со сите

сили. Неколкудеценискиот пример во централниот дел на

Македонија, „Топилницата за

олово и цинк“ во Велес,

претставува пример за владеење во робовладетелско општество,

каде што освен заработката на

робовладетелите, небитен е секој

човечки живот. Деновиве, актуелна е оваа тема

повторно, па не е лошо да се

потсетиме малку на минатото.

Мотото- здравјето пред сè- не важи за Велешани.

Министерството за животна

средина добива најмногу донации

од странство, меѓутоа Велес со

години останува во црната дупка, каде што граѓаните дишат на

„жабри“.

Правени се многу истражувања,

студии од соодветни државни

институции, за нивото на

загаденоста поради оваа топилница, сепак надлежните

упорно ја игнорираат еколошката

катастрофа. На суровата судбина

се препуштени сите целни групи,

почнувајќи од стерилитет кај млади брачни двојки, ризични

бремености, деформитети при

раѓање, нагло зголемен процент

на туморозни заболувања, хронични заболувања со дишните

органи - тоа е секојдневната

слика со која се соочуваат

Велешани. А, сепак, и покрај сè, Судот донесува решение

спротивно од секаква хуманост и

човечност. Загадени се водата,

воздухот, почвата, сиот растителен и животински свет...

со тешките метали: цинк, олово,

кадмиум и сулфурен диоксид.

Местото на оваа слика не би

требало да стои во оваа анализа, длабоко извинување до сите што

Page 25: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 МАКЕДОНИЈА страна 25

се хипресензитивни, но ако

свртите поглед од овде, тогаш

вашата суровост заслужува да горите во пеколот. Ова е нечие

дете, тоа се родители кои бараа

донации за сите лекарски

интервенции, кои се потребни за лекување во странство. Ако не

сте помогнале тогаш, веројатно

никогаш нема да имате чиста

совест. Докажано е дека се раѓаат

јагниња со една четвртина мозок,

а во плацентите на родилките

има три пати повеќе олово, отколку кај скопските родилки.

Зарем има нешто посвето од

човечки живот?

Привременото решение на

проблемот, беше многу смешно.

Стотици деца, на кои им е

дијагностицирана некаква болест за која требаше да бидат на

боледување подолго време,

времено беа праќани во Претор,

да им се замачкаат очите на родителите со едно краткотрајно

бесплатно летување. Ако се

решава проблем со телесна

деформираност- со неколкудневно лежења на плажа,

тогаш нашите експерти треба да

се наградат за луди иновации. А

откако ќе помине

„рехабилитацијата“, каде ќе се

вратат? Точно, повторно во Велес!

Еколошките друштва се сплотени

заедно со граѓаните и

градоначалникот. Но сите се свесни дека топилницата е

дадена во приватна сопственост,

па откако „ќе се продаде газот

под кирија“, да ми простите, авторитет нема да има никој.

Формални еколошки

митинзи Луѓето кои протестираат и се

спремни за комуникација, се иницијатори да се воведе

протокол за работа, под услов-

да се почитуваат светски

стандарди за десулфуризација на воздухот. Просечното загадување

со олово, се споредува со

загадување што би го правеле

3,8 милиони автомобили, кои користат оловен бензин, а тоа е

повеќе од 50 пати од

дозволеното, во споредба со

технологијата од Велика Британија, која се користи во

„Злетово“.

Page 26: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 МАКЕДОНИЈА страна 26

Меѓутоа, поради зголемен

профит, доколку не се применува

еко-системот, тогаш загубата ќе биде следна: 5.6% цинк, 10%

олово, 18.2% кадмиум и 16%

сулфур од вкупните количества.

Да не се заборави и депонијата на згура (насобрана од 1973 г. па

сè до денес, што е во

растворлива форма), која што е

два пати повеќе, отколку во предвидените планови. Страшно!

Зелена коалиција на протест

Значи сите протести не се против

топилницата, туку против

начинот на нејзино работење и против негрижата на Власта.

Апелот е до сите да имаат

разбудена свест и да не бидат

неми сведоци на тоа што се

случува пред наши очи. Дури и фактот што топилницата е

изградена на дотичната

местоположба, говори дека од

самиот старт се работело неплански, како ова да е

експеримент за издржливоста на

луѓето во една контаминирана

средина.

Европската комисија се заложила

дека ќе биде мониторинг

надзорник на овој проект, сè што

треба да направи е- да не

дозволи рестартирање со работа без интегрирана еколошка

дозвола.

Неготино-

антипропаганда Во ист момент кога Велешани се

борат со сите сили за своето

здравје, жителите на Неготино собираат потписи против

пренамена на земјиштето според

урбанистички план во категорија

Г1 (за тешка и загадувачка

индустрија) поради изградба на топилница и погон за

поцинкување на железо.

Како за крај, ако сè уште не сте

ја разбрале поентата на оваа

анализа, постои една позната

шега со црн хумор. Се вратило детето од училиште, плачејќи, му

вели на таткото:- „Тато, тато,

мене сите деца ме зафркаваат

дека имам две глави!“ Таткото само се насмевнал и рекол: -

„Што се грижиш сине, следниот

пат, крени ја раката и измочај им

се!“

Page 27: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 МАКЕДОНИЈА страна 27

Page 28: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 28

Атанас Величков

Без паника за сите има место

Планетата Земја веќе брои 7 милијарди жители, тоа се

случува во време, кога се

соочуваме со сè поголеми

потешкотии со распределбата на природните ресурси.

Веќе се насетува и некаков вид

на паника. Роџер Мартин,

претседател на невладината организација „Населението има

значење“, неодамна во

британскиот весник „Гардијан“

напиша: „Раѓањето на 7-милијардитиот жител на

Земјата, нè отрезнува и нè

потсетува за тешката ситуација

во која се наоѓа нашата планета.

Населението на нашата

планета, се зголемува со брзина

од 10 000 луѓе на час. Според

прогнозите на Обединетите Нации, до 2050 година,

населението на Земјата ќе брои

9.3 милијарди луѓе. Секој

дополнителен човек бара храна, вода и енергија, но исто така

произведува ѓубре и ја

загадува животната средина.

По дефиниција општото влијание и потрошувачката се

мерат во просек- човек помножен со бројот на луѓето.

Затоа сите проблеми поврзани

со животната средина (а исто

така и многу други економски и социјални проблеми) лесно ќе

се решат ако на Земјата живеат

помалку луѓе. Но, тоа станува

невозможно.“ Пред достигнувањето на прагот

од 7 милијарди жители, растот

на населението во голема мера

не се прифаќа како важно

меѓународно прашање. Далечен спомен од 70-тите години на

дваесеттиот век, е времето кога

се сметаше дека држави како

Индија и Кина презеле радикални принудни мерки за

да го ограничат порастот на

населението. Тоа во одреден

степен е реакција на оние страшни денови - еколозите не

сакаа да бидат поврзани со таа

неправедна политика.

Така прашањето за населението стана споредно, прашање за кое

не се зборуваше. Кога 6 -

милијардитиот жител на Земјата

беше на пат - тоа беше пред 12

години - светот беше многу различно и попријатно место за

живеење од сега.

Нормално е да се чувствуваш

среќен поради зголемувањето на населението, додека

глобалната економија е во

подем, се водат неколку големи

конфликти и можеш да пренесеш шише вода и покрај

обезбедувањето на аеродромот.

Денес ситуацијата, се разбира,

е малку помрачна во споредба

со 1999 година.

Page 29: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 29

Повеќето луѓе изгледаат само

како конзументи и конкуренти

на пазарот, уште една уста за хранење. Можете да видите

како имиграцијата одеднаш

стана болно политичко прашање

во САД, или како зголемувањето на населението предизвика

страв од Апокалипса. Ќе можеме

ли да го обезбедиме своето

постоење? Има ли место на планетата за 7 милијарди - плус

уште луѓе?

Земете длабоко воздух.

Одговорот е „да“ - затоа што можете да ги сместите тие 7

милијарди луѓе во државата

Тексас и густината на

населението таму ќе стане како

оваа во Њујорк Сити. Од лично искуство можам да кажам дека

тоа воопшто не е лошо.

Џоел Коен од Универзитетот

„Рокфелер“, изјави неодамна за весникот „Њујорк тајмс“ дека на

Земјата има повеќе од доволно

храна, вода и други основни

намирници, за секој од 7-те милијарди жители (а и многу

повеќе) на оваа планета – да

биде во идеална здравствена

состојба: „Всушност светот

физички може да нахрани, да даде засолниште на многу

повеќе луѓе за кратко време. Во

периодот меѓу 1820 година, во

зората на индустриската ера, и

2008 година, кога светската

економија влезе во рецесија, перформансите на глава од

населението се зголемил за 11

пати.

Времетраењето на животот се зголемува во изминатите

неколку илјади години - во

просек до речиси 70 години во

глобалниот свет. Просечниот број на децата родени од една

жена е намален во светски

рамки до околу 2.5 сега од 5 во

1950 година.

Населението во светот се

зголемува годишно со 1.1%, што е половина во споредба со

врвот, забележан во 60-тите

години на ХХ век. Забавувањето

на растот на населението им овозможува на семејствата и

општествата да го фокусираат

своето внимание врз

благосостојбата на децата, а не врз нивниот број“.

Очигледно зголемувањето на

населението не е тоа што врши

притисок на планетата, туку

станува збор за тоа што луѓето го произведуваат и

конзумираат. Неверојатен е

фактот дека повеќе се обрнува

внимание на зголемувањето на

Page 30: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 30

населението на Африка отколку

на земјите во развој.

Да, таму населението се

зголемува побрзо, но

сиромашните жители на Уганда и на Нигерија користат многу

помал дел од светските ресурси

во споредба со богатите луѓе на

Запад. Еве како Џаред Дајмонд - автор на книгата „Пушки,

микроби и челик“, ја освои

наградата „Пулицер“,

претставувајќи го проблемот во 2008 година вака:

„Населението, особено тоа во

земјите во развој, се зголемува,

а некои луѓе се директно

опседнати со тоа. Тие забележуваат дека

населението на држави како

Кенија брзо расте и велат дека

тоа е голем проблем. Да, тоа е проблем за повеќе од 30-те

милиони жители на Кенија, но

не е товар за целиот свет,

бидејќи Кенијците конзумираат многу малку. (нивната

релативна партиција е 1)

Вистински проблем за светот е

фактот дека секој од 300-те милиони жители на САД троши

колку што трошат 32 Кенијци.

Со население, што е 10 пати

поголемо, Американците

конзумираат 320 пати повеќе од ресурсите во споредба со

Кенија.“

Денес една милијарда луѓе во

светот гладува, но не затоа што

планетата не може да произведе доволно храна за да ги нахрани

тие луѓе, туку поради други

причини.

Сепак, половина од храната што се произведува во светот, се

исфрла, без разлика дали не се

собира од полињата или пак се

исфрла од фрижидер.

Планетата Земја може да

прехрани 7 милијарди, 8

милијарди, 9 милијарди и веројатно повеќе – ако се

разбира ние луѓето се решиме

да го направиме тоа. Ова е една

од причините што постои оптимизам во врска со тоа

прашање. Во суштина е

невозможно да се предвиди

иднината и достигнувањата од минатото не се гаранција за

идните резултати. Но

човештвото добро се справува

со предизвиците со кои нè

соочува планетата и нема суштинска причина да се

очекува дека тоа ќе се промени.

Преземено од: Весник „Сега“

Подготвил:

Атанас Величков

Page 31: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 31

Атанас Величков

Во „темни зандани“, за евтини балкански финти Започна да ми мириса на

затвор, драги мои... Ќе се лежи, нема друго чаре... Тоа беше

зафркавање со законот, ама

така веќе не ја бидува. Ептен

многу се опуштија некои со финтите за боледувањата, се

пишал болен, демек дома треба

да дреме, а сепак ја фатил

мотиката и ајде на нива...

Такви сме ние Македонците,

ептен работни... И со 40 степени

температура, ние сме готови да

одиме да се бориме со мајката

природа за корка леб... Според најновите информации, излезе

дека во последните две години,

да се направиш болен и да

„ќариш“ некој денар од Фондот за здравство станало

практика... Што друго да се

очекува... Народот одамна си

кажал: „Сиромав човек-жив ѓавол“... Македонија драги мои,

е полна со разни Луцифери,

Мефистофеловци и Сатани...

Полна како Бил Гејтс со

милијарди... Овој пак излезе во јавност со култниот заклучок

дека „да си милијардер било

многу досадно“... Може да се

каже дека е во право човекот...

Кога си богат сè ти е „полно и рамно“ и немаш многу причини

за секирација... Фактот дека во

Македонија е полно со

сиромашни луѓе, автоматски покажува дека на нашите

простори не може да ти биде

досадно... За да биде уште

поинтересно, беше замешана и затворската ќелија... Мора да се

стави ред, да се знае кој пие и

кој плаќа... Инаку повеќето

медиуми, откако стана јасно

дека кривично ќе се гонат тие што го злоупотребиле своето

боледување, побрзаа да

истакнат дека тоа го правеле за

да одат на нива... Според нив тоа било практика во источна

Македонија... Значи, никој не

глуми болен, затоа што е мрза...

После тоа, нормално дека ќе се лутиме дека Европа не нè прима

во своето гнездо, а ние такви

едни работни...

Ние сме како црнци на плантажа со памук пред едно

200 години... Ко црнци, ко

црнци, ама има уште корки леб

Page 32: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 32

да јадеме додека го стасаме

нивното ниво... Лестер Бо

МекКејлеб ни го докажа тоа. Идејата да се пикаат во затвор

лекарите и пациентите, кои

лажираат боледување, е за

пофалба!

Проблемот е во тоа, дека

можно е тој закон да биде

злоупотребен од страна на директорите и газдите за лична

расправа со вработените, кои не

им одговараат, а нема како да

ги избркат... Според информациите, надлежните ќе

имаат право да ги посетуваат

вработените во боледување, за

да се убедат дали тие навистина

се болни или си играат мајтап со фирмата или институцијата

во која се вработени...

Замислете ситуација, одиш дома

на боледување и по неколку дена доаѓа „увото“ на

директорот, да ти донесе

портокали и банани.

Портокалите се камуфлажа... Важна е бананата што ќе ја

изедеш, ако не те начека дома

„увото“ на твојот надлежен...

Значи работава е -не дај Боже

да појдеш до продавница, а да ти дојдат на проверка од

работа, затоа што ќе има многу

за објаснување потоа...

Министерот за здравство Никола

Тодоров, директорот на Фондот

за здравствено осигурување на Македонија Маја Парнарџиева

Змејкова и министерот за труд и

социјална политика Спиро

Ристовски беа децидни, дека ќе следуваат соодветни санкции за

матичните лекари доколку се

утврди дека потпишале за

лажно боледување, а може да следува и казна затвор. Како

што напоменав на хартија тоа

изгледа „европски“, но

границата помеѓу „европски“ и „севернокорејски“ е премногу

тенка, кога еден закон ќе се

претвори во алатка за лична

пресметка помеѓу надлежен и

вработен. Според некои медиуми, ако се оди според тој

закон, половина од

администрацијата би требало да

заглави во затвор, а другата половина и така не оди на

работа затоа што е вработена

според Рамковен и со седење

дома си ја заработува платата. Но тоа е една друга приказна...

Како што тргнало ќе останеме

без администрација. Сите

знаеме дека покрај сувото гори

и воденото, затоа најголема грешка е да се генерализира...

За да биде сè како што треба,

потребна е точно дефинирана

методологија според која ќе се определува во кои случаи сме

сведоци на злоупотреба од

страна на матичните лекари и

вработените... Ако таквата методологија не биде

изработена професионално и

непартиски, предвидувам дека

ќе бидеме сведоци на долги судски процеси, помеѓу

вработени и надлежни, поради

Page 33: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 33

сомнежот дека во одредениот

случај се работи за лична

пресметка на партиска или друга основа... За да биде сè во

ред и за да нема „не чув, не

видов, не разбрав“ треба да се

знае јасно како и кој ќе оценува, дали се врши

оштетување на државата...

Ќе кажат некои сè ни е средено, па сега и лекарите да почнат да

ги пикаат во затвор. Ништо не

ни е средено, драги мои... Ние

сме една мала балканска држава во која криминалот

цвета, а митото е решение за

сите проблеми. Како нè учеа

како мали? Ќе те фатат со

мастика крадена од некоја продавница, со умешноста на

Арсен Лупен, никој нема да те

пофали дека си успеал да ја

грабнеш мастиката, туку неколку дена ќе ти „тријат“ над

глава дека не е убаво да се

краде и кога ти ќе се обидеш

неуспешно да се оправдаш дека се работи само за една

најобична мастика, твоите ќе ти

кажат дека со мастика сè

почнува!

Стануваш криминалец од мали

нозе... По тој момент, можно е

паметот да ти дојде и да не се

однесуваш како последниот ајдук, но некои не можат да се

пофалат со истото. Тие исто

како тебе, започнале со

мастика, потоа ако им „фаќа“ главата се префрлуваат на

поголеми нешта за крадење, да

не редам сега, сите знаете на

што мислам. Некои играат на „ситно“, мислат

дека ако играат така, никој

нема да ги забележи и нема да

посака да им ја земе „коската“

од рака...

Е нема бато... Нема веќе играње

на „ситно“, затоа што нема

ситен криминал! Криминалот е

криминал и треба да се казнува. Остави го тоа што се прават

„манги“ некои државни

службеници, туку што правиме

со невработените... Тие невработени што бараат работа,

а не можат да најдат таква,

затоа што „Господ не вечерал со

нив“. Тие молат за работа и си

ги кршат нозете и јазиците одејќи по разни интервјуа... Тие

се будали изгледа... Е сега

работава оди така, кога ќе се

вработиш, нема да „изиграваш шмекер“ и ќе си одиш дома само

кога е потребно тоа, а не тогаш

кога ќе ти текне. Како и

секогаш драги мои, се работи за пари...

Во случајот со лажните

боледувања се работи за

солидна сума на пари. Според податоците од Фондот за

здравство, во последните

неколку години биле исплатени

речиси 1,5 милијарди денари за сомнителни боледувања, затоа

што според информациите, тие

боледувања биле земени за

Page 34: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 34

време кога имало работа на

нивите или пак кога се уплатило

за одмор во Грција... Замислете драги мои, 1,5 милијарди

денари, пресметајте сами, колку

евра се тоа! Мене математиката

не ми оди... Мене не ми оди, ама изгледа на други им оди и

баш на тие -други сега ќе им

„фуфка“ да не ги фатат како

глумеле фраери на грбот на државата. За крај ќе се обидам

да ја резимирам ситуацијава: ќе

се лежи во затвор за лажно

боледување. На мета се матичните лекари и тие што се

пријавуваат како болни, а

наместо дома во кревет, си

вршат приватни работи, додека

државата ги плаќа. Треба да има казна за такви, сега дали

таа казна треба да биде толку

строга е прашање на лична

перцепција. Постои ризик да се

случат манипулации со тоа, кој како и зошто е објавен за

„лажно“ болен... Затоа како што

напоменав веќе, треба да се

изработи методологија, според која на максимално фер начин

да се одредува кога некој

извршил кривично дело. Ако тоа

не се случи, тогаш сите треба да се подготвиме за приказни од

типот „газдава/директорот ме

мести за да ме избрка од работа

и за да ме пикне во затвор“... Тоа никако не потсетува на

европско однесување. Со такви

приказни ќе останеме таму

каде што сме и сега, во темниот

дел на Балканот, во царството на евтините финти и тешкиот

криминал.

Page 35: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 АРТВИЗОР страна 35

Силвана Јовановска

Какво и да е, кафе да е

Секој што е зависник од богатата и вкусна арома на

кафето, знае што значи првата

утринска голтка кафе. А во што

е суштината да се биде страстен кафе пијач?

Па, можеме да наведеме три

причини. Првата, е секако одличниот вкус на кафето.

Втората е општествениот

фактор на поимот „кафе“, а

третата е времето, бидејќи

секогаш кафето оди со пријатна и опуштена атмосфера.

Ако пиете кафе еднаш неделно,

или можеби два до три пати

неделно, тогаш вие сте просечен кафепијач, но ако го

пиете секој ден и тоа повеќе

пати, е тогаш и вие спаѓате во

групата вистински уживачи на кафето.

Македонците знаат како

се пие кафе! Неодамна, македонската нација

беше прогласена за најкафепијачка нација.

Истражувањето на „Нескафе долче густо“, што го спроведе

агенцијата „ГфК“ од Белград,

покажа дека 50% од граѓаните

на Македонија уживаат просечно во две шолји кафе на

ден. Со тоа заслужено ја

добивме титулата шампиони во

регионот. Македонците пијат секакво

кафе, турско, нескафе, топло,

студено, матено, нематено, со

млеко, без млеко, макијато,

еспресо, капучино што и да е, кафе да е. Истражувањето

покажало дека ритуалот на

пиење кафе Македонците го

поистоветуваат со дружењето, блискоста и уживањето.

Шолјите со кафе се присутни на

масите во дневните соби,

канцелариите или, пак, во кафулињата.

Фразата „Ајде на кафе“

означува многу повеќе од буквалното значење, повик за

дружење и начин со некоја

блиска личност да поминете дел

од своето слободно време.

Page 36: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 АРТВИЗОР страна 36

Какво кафе се пие на

Балканот? Преостанатиот дел од Балканот

го загрева ѓезвето претпладне, како прв утрински пијалак,

додека две третини од нашите

граѓани се фаќаат за шолјата

кафе и попладне. Причината за тоа не е да останат будни, туку

од задоволство.

Овдешните навики на пиење

кафе се разликуваат, не само по времето кога тоа се пие, туку и

по неговата температура и по

начинот на кој е направено.

Македонците дефинитивно пијат

пожешко и појако кафе од српските и од хрватските

кофеински зависници, кои

повеќе претпочитаат студено

подготвено кафе. Во Босна и во Црна Гора кафето главно се пие

на работа и во кафуле, додека,

пак, 74 проценти од

Македонците пијат кафе и во домашна атмосфера, со

пријатели, како симбол на

релаксираност и удобност.

А светот? Во светот речиси и не постои

возрасно лице што не пие кафе, со или без млеко, во голема или

во мала шолја, посилно или

послабо. Луѓето низ светот

секоја година пијат 400 милијарди шолји, бројки што

покажуваат колку овој пијалак

е составен дел од нашето

секојдневие.

Според податоците од анкетата,

Македонците воопшто не

заостануваат зад овој светски тренд и секојдневно ја

консумираат универзалната

голтка уживање.

Па и ние во нешто да сме први, макар по кафе пиењето и

бесцелното седење по

кафулињата. На здравје кафе!

Page 37: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 АРТВИЗОР страна 37

Од перото на Владимир Неделковски

The Losers (2010) Улоги: Jeffrey Dean Morgan, Zoe Saldana, Chris Evans, Idris Elba, Columbus Shorts Режија: Sylvain White Сценарио: Peter Berg, James Vanderbilt Продуцент: Stuart M. Besser

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Не знам дали сум напоменал

некогаш, но јас многу сакам

филмови со уверлива

(адреналин-напумпана) акција и поважно, со лесно

разбирлива, фино раскажана

приказна. Сума сумарум, тоа е

„Лузери“ или Губитници по нашки. Значи, имаме добри

дечки, лоши дечки и

нормално, главен лошко, кој

како сите филмски злосторници има, не девет

мачкини животи, ами

деветстотини. Проверена шема

за успешен блокбастер хит, ако се вложи доволен буџет.

Дали сакате да знаете зошто е

тоа така? Затоа што сите луѓе,

веруваат во добро и зло и во

потрагата по правда, која потрага е често, вон

општествено утврдените

правила, закони и норми на

однесување. Е, СЕГА...

Проблемот со луѓето (мислам човекот како суштество) е што

повеќето луѓе, не знаат или не

им е грижа за тоа што е

праведно, што е добро, а што е зло -во вистинскиот живот...

Да се вратам на приказната:

Боливија. Модерно време, екипа од пет члена специјалци

од ЦИА, треба да извршат, на

прв поглед, рутинска мисија.

Треба ласерски да го означат местото каде што се наоѓа

некој нарко бос, за да можат

од централата, да му пратат

топол поздрав по воздушен

пат, т.е. да го бомбардираат. Тимот го чинат (ова е важно

бидејќи карактеризацијата на

ликовите е одлична и

совршено вклопена во целата приказна): Џенсен,

харизматичен и духовит

експерт за комуникации и

технологија; Кугар (планински лав во превод), тивкиот

снајперист; Пуч, симпатичниот

специјалец за тешко

вооружување; Роуг,

агресивниот, тактички експерт за демолација и човекот од

Page 38: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 АРТВИЗОР страна 38

доверба на тимскиот водач –

Клеј. Поточно, полковник Клеј,

кој е контролор на мисиите и пред сè маж што се дефинира

како маж меѓу мажите. Она

што дури и јас,

стриповски/медиумски експерат (хе-хе) не го знаев, е

дека, филмов е направен

според некој американски

стрип со исто име. И да ви кажам, откога го изгледав

филмот, прво што направив

беше да го побарам стрипчето

на интернет... ЗАТОА ШТО НАВИСТИНА ИЗГЛЕДА ДОБРО!

...Мала дигресија... Дечките

треба само да го означат

местото за бомбардерот, ама...

Што ќе видат? Во злосторнички камп доаѓа бус,

полн до грло со „дечурлана“.

Водачот, Клеј им кажува на

шефовите преку радио да ја абортираат операцијата, ама

испаѓа дека најглавниот шеф,

кодно име Макс, „го здоболе“

за некои таму хиспано мрсулковци (тоа се деца на

сиромаштијата од јужна и

централна Америка). Клеј и

компанија се војници, ама

(нормално) се и луѓе од чест. И заради тоа, одат право

против дваесет герилци

вооружани со „Калаши“, за да

ги спасат децата. Нормално (пак), лошите се распукани,

водачот на лошите погоден

лично од Клеј, а децата се на

сигурно- во хеликоптер за дома. ПРЕСВРТ! Шефот Макс,

испаѓа дека работел за своја

валкана рака и наредува да се

собори спасувачкиот

хеликоптер, мислејќи дека

Клеј со децата и неговите се во него. Хеликоптер во

парчиња, децата исто, а Клеј и

другарите, не само прогласени

за мртви, туку и за виновни за уништениот хеликоптер.

Официјално се мртви и плус

прогласени за непријатели на

Америка, па специјалците немаат избор, освен да ја

остават униформата и да

почнат нов живот во Боливија,

како цивили. Неколку години подоцна, една вечер, Клеј

запознава млада, убава

девојка и по бурна, страсна,

„романтично помината“, ноќ

(исполнета со ќотек, џигереење, млатење,

уништување и палење на

хотелски соби), Клеј дознава

дека цурата уствари сака да ги ангажира дечките да го најдат

и „уцмекаат“ нивниот бивши

шеф, Макс...

Нели е „прича“? И најпрост

сељак да ја разбере. Ама,

акцијата... Ооооо, па тоа ти е

мелем за очи (и уши). Сум

видел полно акциони филмови, но овој е

дефинитивно меѓу тие на

врвот на листата, по квалитет.

Камера, дигитална, карактеристична за студиото

Ворнер Брос... Просто,

феноменална. Кога летаат

куршуми низ ѕид и стакло, можете да ги видите силуетите

на околните предмети на

срчите стакло; колку за

Page 39: Револуција магазин бр. 50

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 АРТВИЗОР страна 39

пример. А, музиката, која се

менува од рап, преку рок-ен-

рол, до поп и панк, соодветно; која јака атмосфера прави;

Абе... Навали се и уживај.

Што понатаму да се каже...? филмот е машки, точно. Но,

филмот (како и стрипот) е

добар, забавен и квалитетен,

што е исто така точно. На крај би рекол, фанови на

„Матрикс“, „Умри Машки“,

„Тимот А“, „Терминатор“,

„Џемс Бонд“, „Баран“, „Транспортер“ и други слични

остварувања, не можат да

згрешат со „Губитниците“.

Или и да не сте ваков фан,

одморете го умот од

комплицирани теленовели и депресивни вести и (не дај

боже) реални шоуа. Пробајте

малку од старата добра

„прича“ за добри против лоши.

конечна оценка: 8,0/10

Се читаме!

Page 40: Револуција магазин бр. 50

Револуција магазин број 50 АРТВИЗОР страна 40

Запис на Сања Алексовска

7 000 000 000 жител е Македонец

Како последица на

подобрувањето на квалитетот на животот како и сите негови

аспекти, светот го прослави

пристигнувањето на 7

милијардитиот жител на планетава. Според светските

медиуми, бебето со реден број 7

000 000 000 е родено во

Филипините. Други пак смеетаат дека е родено во Русија, а трети

пак тврдат дека земјата на

потекло е Индија. Но, тоа што

светот не го знае е дека вистинската земја од која

бебето потекнува е...

Македонија!

Ваквите изненадувачки и

несекојдневни вести ги добивме

од клиниката за Гинекологија во Скопје. Еве што изјави за

М.Револуција директорот на

клиниката С.Ј.

С.Ј.: Слушам по медиумиве

бебето било родено во Индија,

Кина, Рисија...како да не, ако

тие имаат поголема популација

од нас тоа не значи дека шансите за да се роди бебето

таму е поголема, нема врска

тоа...Бебето се роди во мојата

клиника, мислам во нашава

клиника.

Ние не го правиме ова за инаeт или за некаква медиумска

покриеност, туку го правиме за

еднаш засекогаш да му

покажеме на светот дека Македонија нема да биде

игнорирана и занемарена.

Можеби нема да влеземе во ЕУ,

но ќе му го подариме на светот

неговиот 7 000 000 000 жител.

За да добиеме повеќе

информации за бебето

поразговаравме и со неговата мајка Н.Ј.

Н.Ј.: Ништо не ми кажаа за тоа,

по породувањето ми рекоа дека мојот син е избраниот и ми го

зедоа. Уште го немам видено и

не ме оставаат да го видам. Кога

ѝ го побарав на сестрата, ми рече

дека тоа не е мое повеќе, туку дека му припаѓа на светот. Ми

стигнуваат торти и балони од

сите страни, луѓето ми

честитаат, а јас не знам што се случува... Ве молам помогнете

ми...

Page 41: Револуција магазин бр. 50

Револуција магазин број 50 АРТВИЗОР страна 41

Веста дека 7 000 000 000 жител

е Македонец кружат насекаде

низ земјава. Некои од граѓаните

се скептични, а некои пак сметаат дека македонските

медиуми никогаш не би лажеле

за нешто толку сериозно. Еве ги

реакциите на граѓаните:

„Зошто пак да не? Многу земји

тврдат дека бебето е родено во

една или друга земја, а немаат никакви докази за тоа. Зошто

пак да не е родено бебето во

Македонија. Најголемите луѓе се

родени во Македонија... Мајка Тереза, Александар

Македонски... Благица

Павлоска... сите! Македонија е

голема и секој треба да ја знае!”

(К.Д. Трговец)

„Аман веќе со медиумскиве трикови. Шо, проектон Скопје

2014 не им донесе доволно

странски медиуми, па сега

сакаат да добијат внимание со измислување на ретардирани

приказни за деца? Кој очај, не

ми се веруе... “ (Ф.А. Студент)

„Лекарите се криви за сè! Тие

лажат, маму им е**м! Ми ветија

бесплатни прегледи а сега

никаде ги нема... Цел 'рбет ме

боли. Ќерка ми ми купи Космодиск, али не е тоа тоа...

апаши ниедни. Срамота!” (Д.Н.

Пензионерка)

За да ги потврдиме ваквите

вести кои кружат низ земјава,

се упативме да поразговараме

со Министерот за здравство Никола Тодоров, кој се обиде да

ни ги разјасни сомнежите за тоа

дали бебето е родено во

Македонија или пак не.

Н.Т.: Сомнежите кои ги има

народот за тоа дека бебето не е

родено во Македонија се понижувачки за земјата. Како

некој не може да им верува на

докторите во земјава - е просто

незамисливо. .

Докторите се нашите херои, тие

секојдневно спасуваат животи и

се борат за здравјето на нашиот

народ, и кога ќе дојде некој и ќе ми рече дека не им верува

тоа навистина ме повредува.

Ако докторите, кои редовно ги

следат бројките на светскиот наталитет сметаат дека бебето е

родено тука, тогаш кој сум јас

да им кажувам дека не се во

право. Јас знаете дека сум човек од акција и ако имав дури

најмал сомнеж во случајов,

тогаш сам ќе го истражев. Ви

Благодарам.

Државниот врв како и некои од

највлијателните луѓе од нашата

естрадна сцена како Калиопи,

Ребека, Дарио и други личности

Page 42: Револуција магазин бр. 50

Револуција магазин број 50 АРТВИЗОР страна 42

со презиме се упатија кон

болницата да ѝ го честитаат

породувањето на мајката и да

му дадат благослов на детето. Дали е ова уште еден

неуспешен обид на Владата да

го привлече вниманието на

светските медиуми или пак

7-милијардитиот жител е

навистина роден во Македонија-

никогаш нема да дознаеме.

*некои од горенаведените

информации не се точни, вие одберете кои.

Page 43: Револуција магазин бр. 50