Револуција Магазин бр. 98

36

description

Магазин за политика, економија и култура

Transcript of Револуција Магазин бр. 98

Page 1: Револуција Магазин бр. 98
Page 2: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA27 Oktomvri 2012

2

Page 3: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

27 Oktomvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Славе Ангелов, Наташа Димеска, Елена Павловска, Олгица Трпевска, Симона Ѓеоргиевска, Кристина Димовска, Емилија Петреска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Novi izbori - nova tura poltroni na dr`avni jasli

Sledi novo poklonenie kaj partiite

Partiite agencii za vrabotuvawe na smetka na dr`avata

Partiskite kni{ki deneska i vo vremeto na SFRJ

Site kontroverzii za Silvio Berluskoni

Sirija: I `enite vo borba protiv re`imot

Koj rekol deka Fejsbuk ne e korisen

^itaweto knigi - lek protiv skamenuvawe na mozokot

Kratok prilog kon poezijata na Gane Todorovski

98MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

8

12

17

22

26

30

32

34

Page 4: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA27 Oktomvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

„Vodno“ - Ostin Fast

Page 5: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Novi izbori - nova tura poltroni na dr`avni jasli

Според експертите, иако претприемништвото е главен двигател на секоја економија, во Македонија тоа сé уште не е на доволно високо ниво развиено.

Младите повеќе сакаат да работат во државната администрација, наместо да ризикуваат со стартување на сопствен бизнис. А, тоа се должи, пред сé, на општо распространетото мислење дека многу е посигурна државната работа. Ова ги дестимулира луѓето, посебно младите да отпочнат сопствен бизнис. Треба да сфатиме дека единствено со сопствена идеја и со почнување сопствен бизнис постои подобро утре за сите нас.

Седум пати поголем интерес за државната администрација него во приватен сектор!

8.000 лица се пријавуваат за само еден оглас за работа во јавната администрација. Во приватниот сектор, пак, најмногу 1.200 лица се пријавуваат на еден оглас, што е речиси седум пати помалку во однос на оние за јавна администрација.

Дури 8.000 лица се пријавиле за отворените 300 работни места во Министерството за внатрешни работи. Тоа значи дека за едно работно место аплицирале дури по 26 лица. По оваа логика, за најавените 8.000-10.000 нови работни места, кои ги најави Владата како антикризна мерка, ќе се пријават од 208.000 до 260.000 илјади лица, што е речиси еднакво на бројката на невработените, објавена од

Page 6: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.98

Државниот завод за статистика (297.986 невработени).

За разлика од бројката на лицата кои се пријавуваат на огласите за во државна и во јавна администрација, во приватниот сектор е сосема поинаку. Дел од агенциите за вработување посочуваат дека на еден оглас за работа се имаат пријавено најмногу 1.200 кандидати, а најмалку 100, што е околу седум пати помалку од оние што се пријавуваат за во приватниот сектор, споредено со последниот оглас на МВР.

Притоа, велат оттаму, бројот на кандидати кои ќе се пријават на огласот најмногу зависи од атрактивноста на брендот или на комапнијата која огласува, а не е исклучена и можноста едно лице да се пријави за сите понудени места од огласот.

Во администрацијата е сосема поинаку. Практиката покажува веќе со години дека, во просек, од 26 до 50 лица аплицираат за едно работно место во администрација, а притоа, не се прави разлика за тоа која институција огласува или, пак, за каква позиција станува збор.

Ваквите фрапантни податоци уште еднаш ги потенцираат слабостите во системот кој е воспоставен во Македонија. А причините за ваквите бројки се јасни - сé поизразената сиромаштија, несигурноста во приватниот сектор (кој сé почесто го оптимизира бројот на вработени), бенифициите кои се добиваат од работното место под капа на државата и слично.

Од сето тоа најмногу, сепак, ќе добие власта, не само

финансиски - со тоа што околу 130 милиони евра ќе се слеат во буџетската каса, само од документите со кои ќе аплицираат кандидатите за работните места во Министерството за внатрешни работи - но и политички, бидејќи вработувањето на член од семејството, логично, го омекнува ставот кон политиката на владејачката гарнитура, велат познавачите.

Токму и поради ова, дел од аналитичарите овие мерки ги карактеризираат како популизам, со кои Владата се обидува да заработи поени на неполни десет месеци од локалните избори. Наместо поттикнување на претприемачкиот дух и отворање нанови работни места во приватниот сектор, велат тие, очигледно е дека власта купува гласови само преку огласи за волонтирање и привремени вработувања, и тоа најмногу пред избори, без разлика дали се локални или парламентарни.

А, во меѓувреме, тековно се објавуваат и огласи преку Агенцијата за администрација. Само во последните три месеци преку Агенцијата беа објавени огласи за 390 слободни места во државна администрација. Од нив најголем дел се однесуваа на вработувања во општините.

Page 7: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

Познавачите предупредуваат -

со ваква политика земјава многу

брзо ќе се соочи со дефицит од стручен кадар.

Лани 19.519 вработени помалку во приватен сектор, наспроти 698 во јавниот сектор!

Иако во време на економска криза многу од приватните претпријатија намалија на бројот на вработени лица или целосно ги затворија своите бизниси, во администрацијата нема таков тренд. Во согласност со податоците објавени од Државниот завод за статистика, во 2011 година имало 19.519 вработени помалку во приватниот сектор во однос на 2010 година. Во администрацијата пак, разликата меѓу 2010 и 2011 година е само 698 лица.

Сите во администрација, бизнисот без стучни работници

Работа во приватниот сектор бараат оние што веќе работат таму. Останатите невработени најчесто се гледаат себеси во администрацијата. Според официјалните податоци, секое четврто невработено лице бара работа во администрација, а секој трет средношколец би работел во некоја од државните институции.

Ако се погледнат статистичките податоци, кои покажуваат дека во последниот квартал од минатата година Македонија имала 297.986 невработени лица, а согласно годишниот извештај на Агенцијата за администрација дури 68.000 лица аплицирале за едно работно место во државната управа, заклучокот

е јасен.

Познавачите предупредуваат - со ваква политика земјава многу брзо ќе се соочи со дефицит од стручен кадар. Бравар, столар, водоводџија се професии кои веќе не се привлечни за младите. Дел од агенциите за вработување велат дека само 1.700 ученици се запишале во завршна трета година во стручно образование. Сите останати, велат тие, се запишани во четиригодишните класични гимназии и своето работно место би го побарале во некоја од државните институции.

Дури 37,4% од средношколците го бираат државниот сектор, додека 34,8% бизнис-секторот. Високи 6,7%

воопшто не би работеле доколку имаат услови за тоа, покажува

последниот извештај на Македонскиот образовен форум.

„Сите што бараат работа би се определиле за работа во јавна администрација. Профилот на луѓе кои бараат таква работа е со старосна граница од 18 до 64 години и со образование од основно до магистри.

Page 8: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.98

Вестите за намалување на невработеноста во Република Македонија за цели 0,4 проценти, воопшто, не допираат до граѓаните. А, како и да допрат, кога целиот млад и способен кадар, кој има сила и енергија за работа, за докажување и напредок ја сочинува листата на невработени, листа која постојано се чисти по разни основи, за да не се сметаат за невработени иако реално немаат работа ниту извор за егзистенција.

Во нашата малечка држава, ниту дипломите од најпрестижните факултети низ светот, не се гаранција за вработување. Во некоја рака тие се само гаранција за продолжување на статусот невработен, поради тоа што во Македонија поголема важност имаат партиските книшки.

Секој сака вујко „владика“

Во нашата држава на секој чекор се гледа онаа народната поговорка „Ако е вујко ти владика, ти ќе бидеш поп“, кога се среќаваат најразлични луѓе кои чепкајќи низ своето семејно стебло успеале да пронајдат некој „голем роднина“, кој е влијателен во некоја владејачка партија, и пак е на некоја висока државна функција кој иако е „против“ непотизмот ќе се потруди својот родина да го стави на местото коe го „заслужува“ и секако на

Администрацијата и понатаму останува најатрактивното место за работа. Кој би учел за бравар кога може да земе партиска книшка и да работи во администрација?“, вели Раде Ненадиќ, претседател на Националната федерација на агенции за привремени вработувања и сопственик на агенцијата „Партнер“.

Ваквата состојба, вели тој, е резултат на изместениот систем на вредности во земјава. Македонија, и тоа како, ќе се соочи со дефицит од работници.

Самиот факт што дури и при земање кредит привенство имаат оние што работат во државниот сектор, доволно кажува зошто младите се определуваат за работа во јавна администрација.

„Нема потреба студентите да бидат добри и да вложат многу труд во образованието. Доволно им е да стекнат каква било диплома, да земат партиска книшка и со тоа ќе си обезбедат работно место во администрација“, вели Шукаров.

Автор: Олгица Петревска

Sledi novo poklonenie kaj partiite

Page 9: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

треба да соберe најмногу гласови за партијата.

Повелете на шалтер „не знам“

Во нашата држава се бараат само оние кои се спремни да бидат полтрони, потрчковци, лојални на партијата, кој немора без посебна волја и желба за работа, но кои долго време се колнеле во лидерот на партијата, кога се ракувале со него, не ја миеле раката со недели, кои мобилизирале нови членови и кои својот приватен простор го отстапиле на партијата, за да можат да се прават партиски собири.

Дури 60% од буџетот, кој се финансира од празните џебови на граѓаните, се одлева за плати на, и така, неефикасната а д м и н и с т р а ц и ј а . Вработувањето по партиска линија резултираше со добивање на сигурна државна работа, седнување под дебелата државна сенка и секако изумирање и на најмалата клетка за работа која постоела во една единка.

Токму затоа на секој шалтер граѓаните губат нерви. Токму поради неспособноста на оние кои се вработени. Кои се дел од програмата на партијата и го немаат прочитано деловникот за работа во организацијата во која како падобранци слетале на меката фотелја.

Па, затоа тие не знаат да одговорат на прашањата поврзани со вадењето на потребни документи, поднесувањето различни барања. Седат дури шест административци на еден шалтер, но

штета што не знаат ниту по една буква од правилникот за работа. А, кој да им помогне на граѓаните ако не вработениот на шалтер?!

Тоа е наградата која ја добиваат граѓаните со постојаната смена на партиите на власт, кои ги деградираат кадрите на спротивната партија, па не остана ниту еден административец кој знае да одговори и на наједноставното прашање.

Партиските вработувања не се само во администрацијата, дури и градските

комунални претпријатија станаа лулка на верните членови. Мислиш ќе станеме најчиста држава во светот. Ситуацијата дошла до тој степен што дури двајца метачи метат една иста улица, еден ист тротоар, поради немањето на задолжение.

Партиска лозинка која отвара врати

Слушаме за недостатокот на занаетчии, бравари, молери, но дали сме слушнале дека токму партиските вработувања допринесоа за тој недостаток. Токму

Page 10: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.98

оние кои имаат завршено средно образование имале најмногу слободно време за искачување на престижната листа за партиски вработувања, наместо да посетуваат високо образовни институции.

Потоа тие се вработуваат како да имаат факултет, а тој пак го учат секако со помош на „партиските другари“, кои пак успеале да седнат на професорските столчиња.

И потоа, тие продолжуваат со својата ефикасна „не знам “ работа, во која ниту нешто знаат да сработат, ниту нешто умеат. Токму поради ова кај нас не се бараат квалитети за вработување, огласите се само еден параван за партиските вработувања, параван зад кој да се влезе, нема потреба од квалитет, туку само една тајна партиска лозинка, која веројатно ги отвара сите тајни врати.

А, оние, пак, кои се здобиле со диплома, со висок просек, продолжуваат да пловат низ

реката наречена депресија, иако во себе имаат доволно енергија, сила, елан за напредок, за креирање на едно подобро утре. Единствен нивни пропуст е тоа што на факултетските предавања се труделе да се стекнат со вистински знаења, а не одвоиле ниту малку време за учење на „тајната партиска лозинка“.

Без таа лозинка тие немаат право ни на волонтирање, ниту на практикантство,

кое толку се популаризира во државата, но е резервирано само

за оние со „партиска крв“.

Па, сега само неколку месеци пред изборите сите трчаат на секојдневните „курсеви“ во партиските штабови, со цел да ја научат лозинката и да ја употребат можеби некогаш, во некое идно време, кога некој ќе им даде дозволат да соберат документи и да аплицираат на конкурс за вработување.

Оваа лозинка веќе започнува да ги отвара и вратите во приватниот сектор,

Page 11: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

кој сакал- не сакал мора да биде поврзан со владејачката гарнитура и секако мора да биде уште една алатка за вработување. Па, и тука на оние кои вредат им е забранет влезот, им се убива желбата за напредок и секако за промена на ова наше општество.

Дури 150 000 луѓе, кои не ја знаат лозинката, работат на црно во оваа држава, за да може да се соберат доволно средства за оние 140 000 административци кои и во сон ја кажуваат да земаат навремена и голема плата.

Откако ќе се погледне целата ситуација и кога од секоја уста ќе се слушне „Ова само кај нас го има“, мора да се запрашаме дали со секои нови избори, со секој даден глас, ние потпишуваме

пакт со ѓаволот. Пакт кој дефинитивно прави пекол во животите на младите и способни кадри и кој ја носи нашата држава во директен пропаст.

Автор: Наташа Димеска

Page 12: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.98

Partiite agencii za vrabotuvawe na smetka na dr`avata

Во Македонија речиси е невозможно да се најде работа без партиска книшка. Секоја партија ја користи администрацијата за вработување на партиски членови, кои воедно се потенцијални гласачи, притоа барајќи лојалност и гласови на изборите, со цел повторно да дојдат на власт или да ја задржат истата.

Сè повеќе луѓе се зачленуваат во партиите, само за да најдат работа. Веќе не станува збор за партиски цели како креирање на политиките во државата, застапување на народот или придржување до одредена идеологија. Партиите се претворија во агенции за вработување.

Невозможно е да се најде работа, посебно во државните институции, без да се поседува партиска книшка од владејачките партии. Институциите се полни со партиски луѓе, кои прашање е дали воопшто знаат да ја вршат работата. На власта и е важно само да собере што повеќе партиски активисти,кои ќе ñ се најдат на изборите, без оглед на вистинската желба за членство во партијата.

Наплив на партиски книшки пред избори

Пред секои избори напливот на партиски книшки драстично се зголемува од невработените, кои со пристапување во партијата гледаат шанса за вработување. Повеќе од 1.000 членови во просек, месечно се зачленуваат пред изборите и се надеваат дека на тој начин полесно ќе

најдат работа за себе и за членовите од своите семејства или, пак, ќе стигнат до одредени функции кои ќе им овозможат бенефиции.

Најчесто ветување на партиите денес е вработување, ако дојдат на власт. Користа е обострана. Партиите добиваат нови членови, а граѓаните веруваат дека ќе дојдат до вработување. Се случува да луѓе кои никогаш не членувале во партија го сторат тоа поради ветувањата дека ќе бидат вработени. Тие се уверени дека партиските книшки се најлесен пат

до вработување.

Партиите, пак, со задоволство делат членски книшки и пристапници. Најголем е интересот за владејачките и најголеми партии за кои се очекува да победат на изборите. Граѓаните се зачленуваат со цел да ги остварат личните интереси и мислат дека така полесно ќе се вработат или ќе имаат некои други поволности.

Page 13: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Нив не им е важна идеологијата, а некои не се ни запознаени со истата. После неколкугодишна неуспешна потрага по работа, многумина се одлучуваат да пристапат кон одредена партија.

„Иако до сега не сум бил приврзаник на ниту една политичка партија, ниту сум посакал да бидам политички активен, мислам дека само на тој начин, преку партиска активност ќе успеам да најдам вработување. Прашање е само на која партија да се приклучам, бидејќи ако не го изберам победникот, залудно ќе

биде сè.“- објаснува невработено лице од Скопје.

Тоа не е единствениот случај. Стотици невработени се надеваат дека преку политичките партии полесно ќе стигнат до вработување. Дури и партиите признаваат дека неколку месеци пред секои избори нагло се зголемува бројот на нови партиски членови. Таквиот тренд продолжува и по изборите, но само кај победничката партија, поради тоа што од неа се очекува да ги реализира барањата на членовите.

Партиската книшка наместо универзитетска диплома

Што му е потребно на секој млад човек кој сака лесно да дојде до одредено работно место?! Познавање на странски јазици, компјутери, дипломи од различни курсеви, подготвеност за тимска работа, искуство или роднински врски, партиска книшка и заслужност во партијата?!

Кај нас очигледно не важи тоа дека ако имате повисоко образование, ќе имате подобра иднина. Веќе со години за вработување во државните институции не се потребни само професионализам

и квалитет.

Во нашето „демократско“ општество универзитетската диплома се замени со партиска книшка. Во поголемиот дел од државните институции потребно е само да имате доказ дека сте припадник на владејачката партија. Доказот сигурно не е дипломата, туку партиската книшка. Знаењето и квалитетот се добра работа, но не важат без партиска книшка, бидејќи таа стана симбол за социјална сигурност.

Ретко може да се вработи некој поради своите квалитети и образование.

Page 14: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.98

И во случај тој да има најголеми кфалификации и да ги исполнува сите услови, нема да биде вработен - ако не е партиски обоен. Како резултат на тоа, работата отиде до таму што се соочуваме со службеници во одредени институции кои не знаат која им е работата или не зборуваат добро македонски.

Најчест вид дискриминација – врз основа на партиска припадност

Според истражувањата на Центарот за човекови права и решавање конфликти, најчест облик на дискриминација е врз основа на партиска припадност.

80 проценти од испитаниците се изјасниле дека постои политичка дискриминација при вработување во некои од јавните институции. Загрижувачки е показателот за влијанието на партиите врз државната администрација. На нив се гледа како на партиски сервис и сервис на партиските интереси, а не како на сервис за граѓаните.

Граѓаните се сложуваат дека нема успех без партиска книшка и дека образованието и другите квалитети веќе не се пресудни. Кога една партија ќе дојде на власт вработува свои луѓе, кога друга ќе дојде повторно вработува свои и така постојано во круг.

Јавната администрација е полна со луѓе кои ниту ја знаат смислата на работата, ниту поседуваат одредени вештини, но, сепак, се таму затоа што имаат наклонетост спрема одредена партија. Луѓето кои не ги заслужуваат, сепак, ги добиваат работните места. Добиваат високи позиции без оглед на нивните искуства, вештини и понатаму не можат да одговорат на барањата на работното место.

Партиската книшка не е добар

критериум, бидејќи не создава систем на стручни луѓе кои сакаат да ја работат работата. Наместо систем врз основа на способности, се создава систем врз основа на партиска припадност кој има лошо влијание.

Со секое менување на власта, постои преиспитување на работното место и прераспределба. Најмногу загрижува тоа што се игнорираат принципите без кои не може правилно да фунционира државната администрација.

Но, проблем е и тоа што во услови на стапка на невработеност од 30 проценти, граѓаните се благодарни кога ќе дојдат до работа на било каков начин. Затоа ваквиот негативен тренд се вкоренува како вредност.

Иако тие сметаат дека најголема е дискриминацијата врз основа на политичка припадност, сепак, знаат дека тоа е најлесен начин да се дојде до работа и даваат мал отпор. Па, наместо да вложуваат во себе земаат партиски книшки и чекаат вработување.

Page 15: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

Партиската администрација - пат до власта

Квалитетот на државните институции е загрозен поради фактот дека владејачките партии го заобиколуваат нормалниот развој на демократијата и купуваат гласови, затоа што знаат дека тоа е најсоодветен начин да ја манифестираат својата моќ. И покрај тоа што се запознаени дека тоа е штетно за државата, вработуваат свои луѓе со цел да добијат лојалност на следните избори и повторно да дојдат на власт.

Администрацијата полна со партиски и рамковни вработувања

Работите не се менуваат, која партија и да дојде на власт, и покрај критиките од експертите и меѓународните институции дека партиските вработувања можат да создадат нови проблеми. Партиите постојано се обвинуваат кој кого вработил, а која партија и да дојде на власт ги прави истите работи - ја полни админситрацијата со свои вработени, без некои подраматични отпуштања.

Во државната администрација има премногу вработени, но тие места се резервирани само за луѓето кои се блиски со владејачките партии.

Поголем проблем направи моментот кога вработувањето во администрацијата тргна во поинаков правец, бидејќи требаше да се исполни рамковниот

принцип за правична застапеност на припадниците на помалите етнички заедници. Таквата правичната застапеност се сведе истотака на партиски вработувања. Рамковните вработувања наместо да се искористат за правична застапеност, се искористија за вработување на, пред сè, нестручни и слабообразовани кадри со слабо познавање на македонскиот јазик.

Вработувањето со партиска книшка стана сосема нормален феномен во општеството. Оние кои сакаат да се вработат чекаат

партијата да им дојде на власт со цел да добијат некаква функција, а прва точка во биографиите им е членството во партијата. Сите знаат дека ако сакаат работа во администрацијата, образованието, здравството, судството- тоа ќе го постигнат само преку партиска книшка.

Постојани критики за обемната администрација

Македонија е држава со една од најобемните јавни администрации во Европа, за која се проектира најголем буџет, кој изнесува 50 проценти од бруто домашниот производ, за разлика од европскиот просек од 28 проценти. Таков е патот по кој одат партиите на секои избори, додека Европската унија постојано очекува земјата да напредува со реформите.

Page 16: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.98

Според извештаите, јавната администрација со години е критична точка. Европа е незадоволна од партиските вработувања кои се пречка за создавање ефикасна економија која ќе ги спроведува европските регулативи.

И покрај законите за забрана на партиски вработувања, поинаква е реалноста. Не само што е обемна и партизирана, администрацијата често е корумпирана.

За разлика од институциите во Европската унија, каде од 450 милиони граѓани од 27 земји кои се членки, има 170.000 вработени, кај нас има 150.000 вработени во јавната админситрација. Иако експертите повикуваат власта да се откаже од партиските вработувања, сепак постои друг проблем – можноста многумина да останат без работни места што би довело до социјални немири.

Промена на перцепцијата за напредок

За да дојде до промена на ваквиот феномен, потреба е промена на перцепцијата дека само со партиска книшка може да се дојде до вработување. До таа промена

ќе дојде само преку успешни случаи на борба против дискриминација поради политичката припадност, примена на законите, воспоставување вредносен систем за вработување на компетентни, а не партиски членови и повеќе заштитни механизми за граѓаните. На тој начин стручноста и компетентноста ќе играат улога при вработувањето.

Една држава е подемократска и поцивилизирана колку е поограничено самоволието на владејачките партии преку правните регулативи. За тоа е потребно да се создаде систем на владеење на правото, бидејќи не постои партија која не сака да ја наметне својата моќ. Неопходно е создавање на соодветни тела кои ќе имаат задача да вршат контрола и да делат казни за непримената на правилата и процедурите со цел тоа да се доведе во нормални размери. Но, прашање е колкава е волјата за сето тоа?

Aвтор: Симона Ѓеоргевска

Page 17: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

Partiskite kni{ki deneska i vo SFRJ - sporedba

Одвреме-навреме , носталгијата кон СФРЈ и времето на Јосип Броз-Тито, ќе се појави кај дел од постарата генерација и тие ќе почнат да ракажуваат дека во тие години се живеело поубаво и побогато од денес, а обично како клучен аргумент за тоа, се посочува дека тогаш за сите имало работа и дека немало сиромаштија како сега. Колку е тоа вистина и дали таквиот впечаток, за златното време на Македонија во СФРЈ, е реалност или обичен мит?

Економистот Горан Николиќ смета дека ако не се распаднеше СФРЈ, денес би живееле во конфедеративна Југославија, која би влегла во ЕУ уште во 2004-та година. Стандардот би ни бил многу подобар од романскиот и бугарскиот, би опаднала економската соработка со Русија, но би цветала со Италија и Германија. Просечната плата би изнесувала околу 740 евра.

Демографите проценуваат дека таа земја би имала околу 22,5 милиони жители, што би претставувало поволен пазар и во европски размери. Сите граѓани на поранешните републики би живееле подобро.

„Би имале 700.000 невработени помалку, а вкупниот број на вработени би пораснал за некои 720.000 лица. Она што е најважно, многу помалку

луѓе би ја напуштиле земјата и не би доживеале толкав одлив на мозоци“, вели Здравковиќ.

Но, тоа се само претпоставки, бидејќи во практика нема да можеме оваа теорија да ја провериме.

Зошто толку се копнее по времето на СФРЈ? Дали навистина тоа било златната доба, кога сите лесно и без проблем наоѓале работа или во денешнава огорченост, секое доба е подобро од сегашново?

Одвреме-навреме, носталгијата кон СФРЈ и времето на Јосип Броз-Тито, ќе се појави кај дел од постарата генерација и тие ќе почнат да ракажуваат дека во тие години се живеело поубаво и побогато од денес, а обично како клучен аргумент за тоа, се посочува дека тогаш за сите имало работа и дека немало сиромаштија како сега. Колку е тоа вистина и дали таквиот впечаток, за златното време на Македонија во СФРЈ, е реалност или обичен мит?

Page 18: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.98

Економистот Горан Николиќ смета дека ако не се распаднеше СФРЈ, денес би живееле во конфедеративна Југославија, која би влегла во ЕУ уште во 2004-та година. Стандардот би ни бил многу подобар од романскиот и бугарскиот, би опаднала економската соработка со Русија, но би цветала со Италија и Германија. Просечната плата би изнесувала околу 740 евра.

Демографите проценуваат дека таа земја би имала околу 22,5 милиони жители, што би претставувало поволен пазар и во европски размери. Сите граѓани на поранешните републики би живееле подобро.

„Би имале 700.000 невработени помалку, а вкупниот број на вработени би пораснал за некои 720.000 лица. Она што е најважно, многу помалку луѓе би ја напуштиле земјата и не би доживеале толкав одлив на мозоци“, вели Здравковиќ.

Но, тоа се само претпоставки, бидејќи во практика нема да можеме оваа теорија да ја провериме.

Зошто толку се копнее по времето на СФРЈ? Дали навистина тоа било златната доба, кога сите лесно и без проблем наоѓале работа или во денешнава

огорченост, секое доба е подобро од сегашново?

Внимавајте да не ја заборавите партиската книшка

Свесни сме дека живееме во општество и време на социјална загрозеност, безработица, пропаѓање на економијата и е мошне

тешко да се стигне до каква- било работа, а да не зборуваме за

работа која би ги задоволила финансиски сите трошоци, давачки и потреби, затоа голем дел од невработените својот излез го гледаат во буџетски финансираните институции, плата на на државна сметка е најисгурното примање.

Во Македонија повеќе од јасно е и сигурно дека до работа во јавната администрација се доаѓа исклучиво преку партиска книшка. И не само во јавната администрација, туку при разговор за вработување во која-било компанија, која има барем мала поврзаност со некоја политичка партија или член на некоја од нив, запомнете, не е потребно да ја понесете вашата универзитетска диплома, вашата биографија со претходно работно искуставо или, пак, препораки од бившите работодавци, единствено потребно е да ја понесете вашата партиска книшка.

Дојдовме до тој степен за „обична“ работа во продавница, бутик, сендвичара, потребни се врски и познанства, а ако сте политички обоени со иста боја како и вашиот иден работодавач, тогаш имате уште подобри шанси.

Во денешното општество знак за прифатливост на некое работно место не е вашето знаење, вашиот просек

Page 19: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

Во условите на македонското

општество, одењето кон успехот на младиот

човек би значело приклонување кон политичка опција,

наместо стекнување квалитетно знаење.

во учењето, постигнатите успеси, туку вашата припадност кон некоја политичка партија. Денеска единствено партиската книшка е симбол за напредок и обезбедена социјална сигурност.

За да го вработат во јавниот сектор, му бараат од 2.000 до 5.000 евра (во зависност од позицијата) и партиска книшка, а за да најде работа во приватна фирма му треба силна врска - ова е изборот што го има еден млад човек денеска во Македонија.

Некои размислуваат да ги искористат познанствата за да обезбедат работа во некоја добростоечка фирма, но се плашат дека и тоа е невозможно, бидејќи ќе мора да понудат добра контрауслуга. Око за око, заб за заб. Нема ништо гратис.

Денеска младите се во обид да се скројат според потребите на општеството т.е. според потребите на политичките великани. Во условите на македонското општество, одењето кон успехот на младиот човек би значело приклонување кон политичка опција, наместо стекнување квалитетно знаење.

За оваа појава сите сме свесни, дури и младите, кои политичката партија ја гледаат не како место за искажување на своите квалитети, туку како единствен излез кој им се укажува. Просто, да се вчудоневиди човек како „децата“ од играњето со мечињата, автомобилчињата, куклите, зајачињата и компјутерските игри, преку ноќ стануваат младина на некоја политичка

партија.

Во општините каде што се поклопува државната

со локалната власт, нема дилема за тоа чија партиска книшка да се избере. Но, во општините каде локалната и државната власт е поделена меѓу различни политички

идентитети, тогаш потребно е длабоко и

детално размислување.

Во овој случај институциите се поделени меѓу партиите. Вадејќи партиска книшка, автоматски се етикетираме како приватна сопственост на една определана политичка партија.

Како припадник ќе ве знае и средината во која опстојувате. Со овој чин за некој степен повеќе си ги зголемувате

Page 20: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.98

Денеска и за метлата е потребно партиска книшка

Основната разлика од времето на СФРЈ е во партискиот систем. Ако зборуваме за слобода на говор и политички глас, не е баш дека Југославија била слободна, но не била и како источноевропските комунистички држави.

Секоја нормална демократија е против ваков тип на партиско самоволие, и јас исто така, но сепак, мојата љубопитност ме присилува да се запрашам - каква е таа реалност без вистински избори, без кампањи, без политичко плукање на

другиот, без инволвирање на секој граѓанин во политиката, без манипулација со партиските книшки, без собирање на партиски војници, без ветување за работа? Идеална - некој би рекол и можеби не би бил далеку од вистината.

Денеска сме сведоци дека инволвирањето на политичките партии во самиот процес на вработување и егзистенција на граѓаните, ја доживува својата кулминација. И на граѓаните, искрено, веќе им е преку глава од сето тоа.

Затоа и толку копнеат по времето на Тито. За малку мир и егзистенцијална сигурност, тие се подготвени и да се врати тој еднопартиски систем и да го жртвуваат својот избор за давање на глас. И така поголемиот дел од граѓаните сметаат дека сите политичари се исти кога ќе седнат во фотелјата, без разлика од која партија доаѓаат.

Во времето на СФРЈ, мојот татко се вработил веднаш после неговото матурирање, не чекал со години, не се молел на најразлични работодавци да

шансите за пронаоѓање на соодветно работно место во институциите, кои се под влијание на политичката партија, чиј си припадник. Но, од друга страна автоматски ги бришете шансите за работна позиција во институциите и компаниите со кои владеат припадниците на спротивниот политички табор.

Стручните, непартиски и неопределни кадри, кои не сакаат да служат на

ниедна политичка структура, остануваат апатични и фрустрирани. Според анкетите на Центарот за човекови права, околу 80% од граѓаните сметаат дека најчест облик на дискриминација е политичката дискриминација. Ако политичките определени граѓани стравуват од дискриминација во институции кои ги држи политички спротивниот табор, тогаш неопределените ги следи двојна дискриминација и од двата табора.

Page 21: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

го примат, не фаќал врски, не подмитувал. За чудо - работа имало за сите. И тоа сигурна работа.

Се разбира, ако сакате некоја повисока функција и ако сте поамбициозни, пожелно било да сте припадник на единствената политичка партија во системот, Кумунистичката партија, но за „просечна и обична“ работа- немало никаков проблем.

Дури и невработените не стравувале за својата социјална сигурност како денеска, бидејќи знаеле дека можат и ќе најдат работа.

Тогаш имало државни фирми за сите професии, на факултетите се примале онолку студенти колку што треба кадри, имало к-15, годишен одмор, стабилна валута, дисциплиниран народ...

Тогаш немало еден работодавец да те прими на работно место, како на „обука“ за без пари, а потоа едноставно да те отфрли со некој беден изговор, а да вработува други кои ќе ги „обучува“.

Не постоела онаа неизвеност и несигурност за твојата финансиска безбедност. Ако се вработите на едно место, логично било да очекувате дека од таа фирма ќе се и пензионирате. Знам дека на денешниве генерации сето тоа им делува како апстрактен поим, но тоа навистина постоело.

Уште една, „неразбирлива“ работа за денешницата, била тогашно секојдневие - редовна и навремена плата. Бидејќи сите фирми биле под државна сопственост, не зависеле од својот личен профит и реализиран капитал. Затоа,

биле во можност да исплаќаат редовни и навремени плати.

Немало задоцнување, немало чекање со месеци да ги исплатат, немало работа на „црно“, немало „сечење“ од и така малите плати, ако нормата на фирмата не е исполнета.

Заклучок

Значи, слободно можеме да кажеме дека за наоѓање работа и вработување порано (во времето на Југославија) било полесно. Работните услови, исто така, биле посолидни, од едноставниот факт што немало газда и сопственик да ти стои над главата. Од друга страна, пак, ваквата практика нудела понизок квалитет на животот, кој го загрозувал целото општество.

Според мене, ниту двете опции, денешниот капитализам и тогашниот социјализам, не се најсоодветни за добросостојбата на едно општество. Едниот модел нуди богата држава- но, сиромашно население, а другиот сиромашна држава, но богато население. Ниту во двете опции нема рамнотежа,

Page 22: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

22

затоа потребно ни е некој нов систем, некој нов вид на усогласување, помирување на најдобрите критериуми од двата система, двете времиња, а тоа е држава со социјално - пазарна економија во која владее функционална демократија и правната држава функционира, што е случај во старите држави членки на ЕУ.

Aвтор: Елена Павловска

Силвио Берлускони, шармантниот милијардер и поранешен премиер на Италија, беше осуден на четиригодишен притвор поради даночно затајување. Ова е последното поглавје од животот на најозборуваната јавна личност на Италија.

До неодамна, Берлускони изгледаше како да води прекрасен живот. Неговата огромна бизнис империја вклучуваше медиуми, градежништво и фудбал, и го направи 118тиот најбогат човек во светот, според Форбс, со нето вредност од 6.2 милијарди долари. Тој беше и премиерот со најголем мандат во Италија, пред да се откаже во 2011.

Последната година тој беше вмешан во обвиненија дека има платено за секс со 17-годишна девојка, неговата коалициска влада стана уште по кршлива, а Берлускони се откажа од неговата премиерска позиција кога финансиската криза во Европа се закани дека ќе ја зафати и Италија.

И покрај многуте скандали кои го доведоа

Берлускони во опасност откако влезе во политиката пред околу две децении, 75-годишниот поранешен премиер е неспорно еден од оние кои преживеаја. Во парламентот, неговите противници се обидoа да го соборат многу пати, но Италијанците три пати го избраа за премиер.

Роден во Милано во 1936, Берлускони уште на рана возраст ја покажа неговата шоумен страна работејќи како забавувач на крстарења со цел да си ја плати неговата универзитетска настава - студираше право.

Потоа следуваа неколку различни послаби комерцијални фирми пред

Site kontroverzii za Silvio Berluskoni

Page 23: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

23

младиот претприемач да ужива во својот прв успех со имотниот развој во 1960тите кога беше вклучен во проект за изградба на Милано Два - речиси 4000 станови - надвор од Милано.

Откако натрупа богатство со неговото имотно портфолио во 1970тите, тој ги рашири своите интереси со основање на ТВ кабелска компанија, Телемилано, и купи две други кабловски канали во напор да го скрши националниот телевизиски монопол во Италија. Во 1978, овие канали беа вклучени во ново-формираната Фининвест група, која вклучуваше стоковни куќи, осигурителни компании, па дури и еден од најголемите светски фудбалски клубови АЦ Милан.

Берлускони го сврте вниманието кон политиката во 1993 кога ја формираше ц е н т р а л н о -десничарската партија Форза Италија, и следната година во предвремените

избори, се здоби во титулата премиер. Меѓутоа, спорот со неговите десно-крилски коалициони партнери од партијата Северна Лига, како и обвинението за наводната даночна измама, ја завршиja работата на Берлускони после само седум месеци. Тој беше ослободен на суд во 2000 откако заврши статутот на ограничување.

После поразот на изборите во 1996 против неговиот политички опонент, Романо Проди, тој беше замешан и во други финансиски скандали, вклучувајќи и осуда за поткупување на даночни инспектори. Тој негираше било какви малверзации и беше повторно ослободен со поднесување жалба во 2000.

Неговата среќа повторно преработи кога во 2001 по втор пат беше назначен за премиер. Меѓутоа Проди - поранешен претседател на Европската Комисија - го заврши овојпат поуспешното царување на Берлускони со неговата централно-левичарска коалициска Унија, победувајќи во 2006. Во тоа време, тајкунот претседателствуваше со повоената италијанска влада со најдолг

Page 24: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

24

мандат.

И покрај потребата од пејсмејкер за регулирање на неговото срцево отчукување откако се онесвести за време на политички митинг, тој одби да забави. Поминувајќи низ трансплантација на коса, козметичка операција и тонирање на кожата, Берлускони се врати по моќ и трет пат во 2008 со знамето на ново-создадената партија на луѓе на слободата.

Следната година се покажа како една од најекстремните за ветеранскиот политичар. Тој беше фален за неговото справување со уништувачкиот земјотрес кој го погоди италијанскиот град Лаквила во Април 2009, и ги преживеа критиките откако им рече на преживеаните да се соочат со ситуацијата како со „викенд на кампување“.

Меѓутоа следниот месец, втората сопруга на Берлускони, Вероника Ларио, поднесе развод - наведувајќи дека Берлускони имал несоодветна врска со 18-годишен

надежен модел на чиј роденден тој присуствуваше. Берлускони рече дека таа е ќерка на пријател и дека не направил ништо лошо.

Во декември истата година, човек со ментално растројство го погоди Берлускони во лице со сувенир-копија на миланската катедрала за време на митинг, притоа успевајќи да му скрши неколку заби, а при што Берлускони се здоби и со фрактура на носот. Министерот за одбрана Игнасио Ла Руса рече за

италијанскиот весник Forriere della Sera дека незадржливиот

Берлускони продолжил да се

ракува со поддржувачите „неколку минути“ откако бил

погоден.

Со опоравувањето на економијата на земјата за време на финансиската криза, притисокот врз Берлускони порасна. Џанфранко Фини - поранешен партиски соработник - се нафрли, обвинувајќи го за недостиг на внимание кон економијата и структуралните реформи кои и се потребни на Италија. Премиерот преживеа три избори на доверба во парламентот за време на 2010 и 2011, победувајќи на само еден од трите избори и тоа за три гласа. но неговиот авторитет продолжи да се одлива.

Page 25: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

25

Економистите рекоа дека Берлускони не поседувал ниту доволен политички авторитет да претурка низ кратењата на трошоците, ниту морал за да истиска уште по некој данок од Италијанците додека се тој се соочува со судење по повеќе основи. Другите европски лидери го критикуваа за недоволното ургирање за имплементирањето на економските реформи.

Во меѓувреме, Берлускони се соочи со сериозни обвиненија за секс со малолетна ноќна танчерка и злоупотреба на моќ.

Берлускони имал

сексуални односи 13 пати со малолетната танчерка Карима ел Махроуг, со прекар „Руби крадецот на срца,“ велат извршителите кои наведуваат дека премиерот ја искористил неговата позиција кога интервенирал во Мај 2010 за да ја ослободат од затвор каде што била однесена поради обвинение за кражба. Ел Махроуг рече дека никогаш немала секс со Берлускони и дека го лажела за нејзината возраст, велејќи му дека има 24 години.

Во септември 2011, извршителите поднесоа записници од речиси 100000 страници прислушкувани материјали - од 2008 до 2009 - во судот во Бари.

Извршителите обвинија осум луѓе за плаќање на млади жени за посета на т.н. „бунга бунга“ забави во домот на Берлускони.

Берлускони ги негираше обвиненијата и ги обвини извршителите за заговарање против него заедно со левичарите. „Комунизмот никогаш не се менува во Италија. Сѐ уште има луѓе кои го користат кривичниот законик како оружје во нивните идеолошки борби,“ рече тој порано годинава.

Но, според транскриптите од разговорите, Берлускони направи неколку контроверзни забелешки, колнејќи се во еден случај дека ќе ја напушти Италија, која ја опишува како „посрана земја“ од која „му се гади“. Кога се соочи со овие забелешки, Берлускони само се смееше на своите гафови.

Подготвил: Славе АнгеловИзвор: CNN

Page 26: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

26

Sirija: I `enite vo borba protiv re`imot

Ум Ахмад беше првата жена што се приклучи на протестите во Доума, град во близина на источната периферија на Дамаск.

Таа има 22 години и Ум Ахмад не е нејзинот вистинско име, но никој не сака да го каже своето вистинско име во Сирија деновиве.

Со превез под нејзиното розево палто, пали цигара и се сеќава на првите денови на движењето.

„Одев од врата на врата, тропајќи по куќите и ги поттикнував жените да излезат надвор“, вели таа

Иако Ум Ахмад се претставува себеси како член на конзервативното исламистичко Салафи движење, таа и нејзините колешки- протестантки не се повикуваат на државата управувана од шеријатскиот закон.

„Излегуваме надвор за нашиот повик за слобода, демократија и граѓанска држава“ објаснува таа.

Недостаток на единство

Ум Ахмад порано беше притворена и сега се крие откако ñ се придружи на Слободната Сириска Армија(ФСА). „Единствениот пат напред е да се бориме против овој режим со оружје,“ вели таа.

Се приклучи на „Ghouta“- револуционерните бригади, дел од воениот совет на предградието на Дамаск,

помагајќи со логистиката. „Се приклучив кон револуционерите, бидејќи оваа бригада нема конзервативно исламско име, не е како останатите бригади од целата земја.“ Источното предградие на Дамаск, познато како Источна Гота, секогаш се сметало за конзервативен дел од градот. Во повеќето делови тешко е да се најде жена која не носи превез.

Page 27: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

27

Тоа особено е точно во Доума, град кој има околу 800.000 жители. Доума беше првата област во предградието која беше сведок на анти-Асад демонстрациите во март 2011 година, по само една недела откако протестите биле завршени од страна на властите во градот Дараа.

На 24 март, луѓето кои протестираа не беа само државјани, имаше и млади студенти и од различни религиозни и социјални потекла од целата земја.Тие се сретнаа во студенскиот дом на Универзитетот и излегоа да протестираат.

Но, сега сцената е многу различна. „Постојат различни ФСА- бригади и поголемиот дел од времето не се координирани едни со други“, изјави Ум Ахмад. „Најмоќни и најорганизирани се Лива ал-Ислам. Тие се оние со најголеми финансии и оружје.“

Шарија судови

Лива ал-Ислам е конзервативна група која го применува исламскиот

шарија. А, ова е тоа што многу во Сирија – вклучувајќи и многу од опозицијата – не сакаат да го видат.

„Имаат шаријатски суд и го судат секој во кој се сомневаат дека е агент на режимот или ја загрозува безбедноста меѓу нив. Во повеќето случаи тие се убивани“, изјави Ахмад.

Лива ал-Ислам поголемиот дел од своите средства ги добиваат од Саудиска Арабија, главно од Сиријците кои живеат во

кралството. Тие, исто така, имаат оружје кое го зеле од силите на

режимот.

Абдулвахед, кој е близок на групата, неодамна се прилкучи на ФСА откако неговиот дома беше уништен од бомбардирањето на владата. „Немаме ништо друго да изгубиме, треба да се бориме и ја имаме само надежта во Бог да ни помогне да го собориме овој режим“.

Кога беше прашан дали се спроведува исламскиот закон, тој рече дека не гледа проблем во тоа. „Тие сега имаат

Page 28: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

28

судии кои го разгледуваат секој случај и повеќе не ги убиваат заробените, но мислејќи на шаријатскиот суд.“

Но, загрижувањата на опозицијата за потенцијалното ширење на сунитските екстремисти во земјата постојано расте. „Бунтовниците кои одбиваат да го држат знамето на ал-Каеда и немаат екстремистичка идеологија, имаат слаба основа,“ изјави Ахмад.

„Јас сум Салафи по уверување, но ја немам екстремистичката идеологија која ја наметнуваат бунтовниците од Саудија. Се плашам дека исламистите ќе надвладеат со своите екстремистички идеологии во Сирија.“

Тие се стравувањата на опозициската Салафи- жена.Загриженоста е многу поголема меѓу секуларната политичка опозиција. „Насилството не нé однесе никаде,“ изјави еден опозициски активист со секуларна позадина, кој работи на мирен начин за промени. „Регионалните играчи манипулираат со нашата револуција и ги вооружуваат оние кои ќе ја прифатат радикалната идеологија.“

Стравувања од екстремизмот

Ова е токму она за што Владата на Сирија ги предупредува нејзините поддржувачи и светот. Уште од

почетокот на кризата, режимот тврди дека Салафи и екстремистичките групи се закануваат на секуларната држава која ја заштитуваат. Од неодамна почна да се зборува за присуството на ал-Каеда во Сирија и странски џихадии, кои доаѓаат да вршат терористички акти.

Тоа што започна како сеење страв од страна на владата, сега стана реалност, со ал- Каеда и џихадиите, кои се борат во Сирија. Тоа е нешто од кое западните влади, кои чекаат да падне режимот на Асад, се вознемирени.

Марк Тонер од америкнскиот Стејт департмент за BBC изјави: „Ние гласно ја искажуваме нашата загриженост дека таков вид на средина, каква што создава сириската влада, води до тоа такви групи да ја искористуваат ситуацијата“.

„Ние сме на страната на ненесилството.Сакаме да видиме како сириската опозиција поминува низ мирна политичка транзиција и таму е фокусирана нашата поддршка.“ Но, во моментов не постои ништо што сугерира дека нешто може да се постигне во врска со тоа. Во меѓувреме, земјите од Заливот, кои се сојузници со САД, се оние кои се обвинуваат за финансирање на екстремистичките групи.

„Оние луѓе од ФСА кои одбиваат да ја следат радикалната исламистичка идеологија, се слабо вооружени“, изјави секуларниот опозициски активист.„Понекогаш дури не можат да најдат доволно пари за да се прехранат“.

Подготви: Маја Мојсоска

Извор: BBC

Page 29: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZINBR.98

MAGAZIN REVOLUCIJA

29

27 Oktomvri 2012

Page 30: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

30 BR.98

Koj rekol deka Fejsbuk ne e korisen

Откако се појави Фејсбук како да „живнавме“ и во приватниот и во професионалниот живот. Со неговата еволуција некако почнавме и ние да еволуираме, секако со некои исклучоци. Цукенберг одлично ја заврши својата „домашна“ така што ни го подари најдобриот подарок кој човештвото би можело да го има, ако знаеме да го користиме паметно се разбира.

Иако, најчесто луѓето кои деноноќно „висат“ на Фејсбук се луѓе кои бараат забава, има и такви кои бараат работа или, пак, прилика да бидат забележани од своите идоли, но ако ништо друго, да си продадат и некои предмети од „втора рака“.

Сè што се бара од вас е да притиснете „лајк“

На младите, Фејсбук може многу да им помогне, така што им нуди бројни податоци од страни, на кои единствено што треба е да се „стисне лајк“, за да го имаат светот на дофат. Разни стипендии, програми за во странство, како и семинари, „се кријат“ во ресурсите кои Фејсбук може да ви ги понуди, единствено што е потребно е да се покаже малку волја од ваша страна.

Голем број млади сведочат за постигнатите успеси, благодарение

на Фејсбук. Како најкомпетентен пример сум лично јас. Посакав да бидам дел од тим, кој ќе ми овозможи да пишувам и да преведувам и еве, Фејсбук ми ја исполни желбата. Пишувам за портал кој го пронајдов на Фејсбук!

Секако дека постојат случаи каде Фејсбук има и негативни страни, но тоа секаде го има. Овде станува збор за оние кои рационално знаат да го трошат своето време и интернет. Овде не зборуваме за

користење на Фејсбук само како алатка со која ќе договориме состанок или ќе провериме дали имаме домашно, така што ќе направиме некој групен „чат“.

Тука станува збор за Фејсбук кој ни нуди големи можности за мали пари, што би рекол народот. Го имаме светот на дланка, нешто што не е малку и не е за потценување.

За кого како

Зборуваме за тоа како Фејсбук може

Page 31: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

31BR.98

да биде доста корисен. Секако дека најважно за секој човек е да се едуцира и затоа ги спомнавме можностите да се пронајдат некои програми и стипендии со помош на Фејсбук. Но, ако се свртиме од некој друг агол, ќе видиме дека Фејсбук е добар извор на бизнис. Не можете да замислете колку само прилики нуди оваа социјална алатка.

Ако инвестирате доволно трпение и време, би можеле добро да се збогатите, со помош на секојдневните апликации, кои почнаа веќе „да растат и на дрво“. Секако, тоа ја зголемува и потенцијалната измама со податоци. Се соочуваме со сè почести лажни профили, групи па и страници кои всушност не ни даваат релевантен извор.

Прашање има, но каде е одговорот

Колкумина од вас се запрашале зошто имаат профил на Фејсбук или, пак, на некоја друга социјална мрежа? Ќе се случи да некој ви даде дипломатски говор, така што ќе каже дека тоа е добро место за дружба, место каде можете сосема да се опуштите и да запознаете многу луѓе од целиот свет и дека така ја подобрувате способноста за комуникација, бла, бла... Но, ако барем за миг погледнете длабоко во себе, ќе видите дека и нема нешто посебно,

секако и овде има исклучок.

Не секој има причина за поседување на Фејсбук-профил. Ако прашате некој зошто има Фејсбук, ќе ви каже дека не знае, дека едноставно го има, бидејќи секој човек денес има по еден профил, некои дури по три. Бесцелно е да поседувате нешто за кое не му ја знаете целта и нешто за кое не знаете како може да ви користи. Па, почнете со тоа што ќе се запрашате самите себеси.

Кренавме раце од поканите за игри

Да бидеме искрени, на почетокот не ни беа толку досадни поканите за игри, бидејќи и ги немаше толку многу. Но, како времето минуваше тоа стана вистинска тортура и како некој да си игра со вашето трпение. Можете само да ја замислите таа демотивација, која уште е присутна. Како да не беше доволно што имаше „Фарм Вил“ сега, пак, и продолжение смислиле. Но, која сум јас да коментирам кога немам ни еден декар нива. Баба ми не ми оставила наследство од милион долари на „Фарм Вил“.

Автор: Емилија Петреска

Page 32: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

32 BR.98

Збор по збор се нижеа, буква по буква се редеше, небаре ткаеше килим од мастило, острото перо по бел лист хартија. Изложени на маргините од секојдневната животна суровост, неретко човекот бара утеха во пишаниот збор и добрата мисла.

Вештиот писател дава опис на места, време и сликовити пејсажи, песната на птиците, шумот на листовите од дабовите, тивкиот пад на пролетниот дожд кој нежно ги милува старите селски керамиди, а во нашите мисли се проектира слика која ја добива целата своја автентичност.

Содржината на една книга во која се внесуваме, се соживуваме со речениците кои жедно ги впиваме со сите нивни случки, настани и ликови со кои се поистоветуваме.

Навистина е жално за оние луѓе-паразити кои не сакаат ова да го вкусат, а само поради тоа што не можат да одвојат дел од своето „скапоцено” време кое го трошат непотребно на игри или гледање телевизија.

„Велите книга? Па зар тоа не беше оној обичен врзоп хартија испишана со многу букви и реченици кои порано луѓето ги читале поради немањето интернет?” – токму ова е најчестиот прашален одговор, кој може да се добие од тие паразити, за кои веќе книгата претставува само обичен материјал за палење оган.

Да, светот претрпе многу промени, а со тоа и самиот човек, но да не се остави ни тронка желба за уште една прочитана книта, навистина е премногу.

Има луѓе кои можеби и на шега се оправдуваат со: „Зошто да денгубам п р е л и с т у в а ј ќ и ги тие досадни листови хартија, кога наједноставно можам да го почекам снимањето на филмот од книгата и лежејќи си на кревет, мирно и спокојно да го изгледам без да вложам никаков

^itaweto knigi - lek protiv skamenuvawe na mozokot

Page 33: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

33BR.98

напор во читање?!”

Веројатно не знаат или не сакаат да признаат дека прочитаната книга не може да се замени ни со највисоко буџетниот филм снимен во Холивуд, па дури и да го глумат најдобрите и најквалитетни актери, бидејќи прочитаното засекогаш останува длабоко врежано во главата, кое ни гума не може да го избрише, ни времето да го покрие.

Па, зарем никогаш не сте имале желба самоволно да купите некоја интересна книга и да ја прочитате, знаејќи дека токму тогаш го конзумирате најдобриот и најефикасниот лек против скаменување на мозокот?!

Зарем не сте посакале барем еднаш да се почуствувате исполнето со тоа што буквално се идентификувате со авторот и желно ја голтате неговата порака?!

Важноста на книгите и убавината на буквите се надополнуваат една со друга, допирајќи до истите центри во човековиот ум. Нивната цел е да влијаат, да ги поттикнат човековите емоции, чувства и желби, до одредено ниво на умствена благосостојба.

Автор: Мартин Богатиноски

Page 34: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

34 BR.98

Kratok prilog kon poezijata na Gane Todorovski

Содржински пространа, тематски дисперзивна, контемплативно инспиративна, а сепак блиска и до обичниот човек на секојдневието, поезијата на Гане Тодоровски не престанува да еманира со привлечност која заведува и испрашува, со бравурозност која стресува со својата стожерност и силина, правејќи го опусот на овој македонски книжевен маестро неодминлив, нужен за читање и универзален од аспект на третираните теми.

Интригантна, лингвистички лудистичка, игрива, трепетлива, неговата песна и неговото интимно поетско искажување, се движи меѓу премрежјето на егзистенцијално темното, апсурдното, не секогаш сфатливото (бидејќи не е причинско-последично), мачното, кобното, без да ја заборави капката светлина која изникнува и пробликнува, која го пресекува интелектуалниот и духовниот страв и зазор, како праизблик на светлата страна која е антиномија на онаа првата - тегобната и тешка темнина.

Гане Тодоровски, многу слично како и Блаже Конески, на поетолошки, семантички и семиотички план, си игра со симболичкото значење на боите. Во неговите песни се провлекува бојата на темнината, на (морничавото) црно, на безнадежното неискажано, овоплотено не како песимистичка визија и перцепција на светот, ами како восклик

на потребата од надеж и надевање, на потребата од умствена и чувствена слобода , на потребата да се биде прифатен во согласност на латинската „Ego sum, qui sum“ (Јас сум оној којшто сум), што ја прави неговата поезија примамлива, актуелна за третманот на универзалните, хуманистички прашања и вредности, на социјалните устројства и процеси.

Ако Конески ја експлоатираше и вовеличуваше, ако ѝ даваше зенит и глас на црвената боја (Везилка, Тешкото...), како боја на националниот, македонски идентитет, како семантички знак за борбеноста и жестокоста на идентитетот кој не се предава, како сигнал за нескршливата нишка која го врзува, поврзува, обединува и соединува (народниот) човек на сегашноста со човекот на минатото, како знак на неговата непокорна волја, нескршлива лојалност кон своите- тогаш Тодоровски ја користи црната боја (Црно Сонце, Повторно црно сонце...) како контрапункт на првата, како нејзин истовремен опозит, но и дополнувач, во сета нејзина полисемантичка димензија

Page 35: Револуција Магазин бр. 98

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.98

која го доживува својот расцут низ збирот тематски разнобојни песни.

Конески, речиси слично како и Тодоровски, ја развива својата поезија преку нејзиниот слух, комуникација и интимен дијалог со народниот (национален) трагизам, давајќи му предност на лирскиот субјект да говори во името на целиот народ, небаре тој е некаква божествена фигура, која истовремено и едновремено може да ја чуе сечија молитва, сечија болка, сечиј восклик на радост заради нешто збиднато, срочувајќи ги овие сентиментални изливи толку навидум едноставно преку игривиот стих, преку смелиот исказ кој не се плаши пркосно да му се втурне на светот директно в лице.

Овој стих, и кај двата поети, не стравува од етичкиот суд на – само навидум - инфантилното и наивно проповедање на народниот човек-автор кој се чувствува и гледа себеси како дете пред светот.

Големината на Тодоровски како поет, е содржана во способноста да го препознае светлиот зрак на надежта, на избавувањето, на копнежот по слобода, вклештени во челустите на очајот, на маката, на заробеноста – на поетот, но и на обичниот човек – и

оттаму она облагородувачко, а сепак трагично сознание дека вистинската песна е онаа песна „која е извлечена од трњето на душата“.

Успевајќи со свежина, со некаква (необјаслива) надеж (и од каде сето тоа?) да ги опева горчливите јазли на народната

тегоба, на неспособноста да се биде свој на своето, – без да мора

тоа чувство и свест да се оправдува пред светот – и во налетот со смелост, преку вешто осмислениот поетски збор, да се наслика верната слика за реалноста, без истата да биде сирова или наметлива, без да предизвика очајување заради нејзината објективна искреност, поезијата на Гане Тодоровски не само што ја затресе книжевната сцена во времето на нејзиниот зенит, туку продолжува да биде утешителна, катарзична, метафизичка – преку сите нејзини слоеви и преку сите нејзини еволутивни аспекти – дури и денес, кога се чини дека на поезијата ѝ беше завртен грбот во полза на некои други книжевни (а и некнижевни) форми.

И покрај ова, верно е еден читател одвреме-навреме да се врати на своите книжевни, егзистенцијални, општествени корени, за да може навистина да има полза од сфаќањето на себеси и за да може, во вистинска смисла, да ја признае вредноста на авторите од неговата национална култура.

Автор: Кристина Димовска

Page 36: Револуција Магазин бр. 98