Револуција Магазин бр 91

44

description

Магазин за политика, економија и култура

Transcript of Револуција Магазин бр 91

Page 1: Револуција Магазин бр 91
Page 2: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA1 Septemvri 2012

2

Page 3: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

1 Septemvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Анамарија Велиновска,Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Makedonija: nitu pravna - nitu socijalna dr`ava

Socijalna pravda: Te`inata na sopstveniot krst

Sindikatite ni se zaglaveni vo SFRJ

Kako se protestira za socijalni prava vo EU

Uskratena slobodata na stotici milioni {irum svetot

Intervju so Francis Fukujama: Zapadot seu{te bez konkurencija

Tajnite dogovori pome|u Germanija i palestinskite teroristi

„Do Bal~ak“ - Kontroverzno ili remek delo?

Evergrini „na site vremiwa“ 11

91MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

8

12

20

26

29

33

38

41

Page 4: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA1 Septemvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

„„Letaj so mene“ - Nikola Mal~ev

Page 5: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Ако социјална држава значи обезбедување на минимум услови, како што се храна, облека, живеалиштеПред повеќе децении, започна македонската иселеничка приказна. Голем број Македонци поради различни причини ја напуштија својата татковина, барајќи подобар живот и подобри можности за напредок.

Доколку не ги исполнува овие услови, Македонија тогаш не е социјална држава и треба да го корегира својот устав.

Во време кога граѓаните на оваа киднапирана држава, секојдневно се сведоци на неказнето беззаконие, социјална негрижа и правна несигурност, дискриминација и селективна правда, остануваат мачни одговорите на прашањата „Има ли?“, „Каде е?“ и „Каков ќе биде крајот?“ на оваа општествената аномија во која се удавивме.

Промените се постојани. Нашето општествено живеење се менува физички, економски, културно, социјално... Дали можеме да ги запреме или забавиме промените? Никој никогаш

не успеал целосно во тоа. Ако се обидеме да ги забавиме промените, тие подоцна се јавуваат со поголем интензитет и сериозни последици.

Што треба да се прави со промените? Најдобро е да научиме како да се справиме со нив и како да најдеме решенија. Решенијата создаваат нови промени. Управувањето со промените вклучува донесување соодветни одлуки, кои треба да ги спроведеме во зависност од тоа дали носиме краткорочни/ефективни или долгорочни/ефикасни одлуки.

Со носењето на досегашните законски решенија, кои го регулираат социјалниот домен (законите за социјална и здравствена заштита, за правата од работен однос, пензиско инвалидското осигурување, за образование, за култура, за спорт итн.) очигледно е дека тие биле ефективни, но не и проактивно ефикасни, зашто не ја акцептирале потребата во подолг временски рок, „амбициозно“ влијаеле на свеста и очекувањата на граѓаните.

Makedoncja: Nitu pravna-nitu socijalna dr`ava

Page 6: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.91

Ваквите законски решенија не биле во духот на општествено, културните, економските и социјалните услови во Македонија, затоа имаме препораки од финансиерите да на трансформацијата во Македонија креираме порестриктивни законски решенија, кои ќе ги регулираат социјалните права на граѓаните.

Краткорочни решенија се носат кога државата има мали ресурси. Се прашувам дали македонското стопанство беше во таква кондиција во изминатата декада. Одговорот е НЕ! Следствено на тоа требало да се донесат проактивни законски решенија, кои ќе ги задоволат потребите во иднина.

Тоа не е направено тогаш. Затоа, сега имаме „неатрактивни“ сугестии, кои не се популарни, кога стопанството е грогирано, имаме голема невработеност, сиромаштија, социопатолошки појави, кои се нуспродукт на транзициските процеси.

Со носењето вакви краткорочни решенија, најверојатно, креаторите на визијата и на проекцијата на иднината на состојбите во доменот на социјалната политика, сакале да го амортизираат

конфликтот на интереси помеѓу власта и граѓаните, кои се најмногу засегнати од ударот на таквите одлуки.

Одлуките што не се проактивни се со помал век на постоење. Што впрочем и се покажа. Имено, не може во недоглед да се оди со постојано зголемување на материјалните социјални трансфери, а средствата за нив се добиваат од истоштената економија и од кредити за трансформација на социјалата.

Сега преостанува да се изменат и дополнат законските решенија, кои ги

Page 7: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

регулираат социјалните права на њграѓаните, кои и не се баш атрактивни во моментов, зашто потешко можат да се поднесат сега, отколку кога би биле донесени пред 12 години. Кога дел од големите средства, кои се потрошија за социјални давачки, можеше да се пренамени за инвестициски поволни кредити за развој на стопанството.

Тоа ќе апсорбираше голем број невработени лица (со нивна преквалификација и доквалификација, за да може да се адаптираат на пазарот на трудот), кои сега се на товар на социјалните фондови во Македонија.

Истите тие граѓани ќе создадеа профит од кој ќе се издвојуваа даноци за потребите на похумана здравствена заштита, образование, полиција, војска, јавните службеници итн. Граѓаните ќе беа посреќни, ако сами придонесуваа за своите животи и немаше да се почувствуваат овие социјални тектонски потреси.

Нашата задоцнета аспирација за приклучување во семејството на Европската Унија, нé притиска со невидена брзина во исполнувањето на социо-економските стандарди, кои важат за влез во овој социо-економски простор. Тоа значи, структурно приспособување на македонската економска и социјална политика со таа на Европската Унија.

Сите овие трансформации во Законската регулатива, ќе повлечат нужни промени во свеста на граѓаните во нивните очекување од страна на државата. Глобализацијата е повеќе од декор на современата социјална политика. Тоа е поврзано со мотото на идната социјална политика, која ќе се имплементира, дека

„нема права без одговорност“.

Со почитување на индивидуалните социјални права, треба да се зголеми одговорноста на самите консументи на тие права. Овој императивен принцип треба да важи за сите граѓани, не само за корисниците на социјалните услуги.

Несомнено ова е тесно поврзано со појавата на „новиот индивидуализам“, кој често фигурира во дебатите и препораките од меѓународните консултанти, кои се актуелни во последно време во Македонија. Пред сé, власта, која ја креира социјалната политика, треба да обезбеди рамноправни услови за консументите на социјалните права.

Автор: Олгица Петревска

Page 8: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.91

Socijalna pravda: Te`inata na sopstveniot krst

Апатичноста кон секојдневието и лесното помирување со работите мислиш навлегла во секоја пора на Македонецот, тој веќе ни на радост се смее, ни на тага плаче. Граѓаните мислиш се помириле со секојдневието, па само молчат и ја свиткуваат главата. Но, и што да прави друго, кога поголем дел од него не ни знае дека има свои социјални права за кои треба да се борат.

Но, за да сфатиме за што ние не се бориме, треба да ја дефинираме социјалната правда. За неа постојат безброј дефиниции, кои на крајот се сведуваат на она основното: „Правдата се состои во овозможување на луѓето на она што им припаѓа, односно правдата е еднаков третман за сите пред законите“. Со други зборови, токму социјалната правда е онаа која треба да им го гарантира животниот стандард на граѓаните на една држава.

А, каде тоа за нас има еднаков третман? Никаде, тоа е сигурно! Почитувањето на социјалните права кои им припаѓаат на граѓаните ја отсликува состојбата во една држава, а според тоа сликата за нашата татковина е многу темна.

Социјалните права им гарантираат на сите право на работа, на социјална заштита, на социјална помош, кога немаат никакви финансиски средства. Но, ајде да размислиме колку од овие права им се достапни на граѓаните, односно колку од нив вистински ги искористуваат своите социјални права.

Page 9: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

Зарем имаме ист третман при добивањето на лекарска грижа, при пристапот до работни места. На голем дел од луѓето им е нарушеното основното право, а тоа е правото на достоинствен живот.

Не можеме секако да речеме дека во нашата земја постои еднаква распределба на ресурсите, кога едни живеат со социјална помош од 1 800 денари, а некој зема месечна плата од 63 000 евра. Е, каква правда е ова?!

Како смее социјалната помош да биде пониска од примањата кои ги добива еден партиски војник, кога „волонтира“ во некоја од државните институции? Зарем тој има повеќе трошоци за 5 часови поминати зад некој шалтер, од едно шесточлено семејство во некое планинско село?!

Токму тие изјавуваат дека парите со кои треба едно семејство да го помине месецот ги трошат за само пет минути поминати во маркет за набавување на основните потреби.

Примателите на социјална помош, ако службениците не успеат да им најдат и најмала причина за одземање на помошта, по третата година добиваат преполовена помош, за која веројатно оние кои ја имаат власта во свои раце

инспирација пронашле во народната поговорка: „Додека го научив магарето да не јаде, тоа ми пцовиса“.

Но, дали оние што земаат социјална помош ги немаат тие потреби, немаат ли тие потреба од леб, масло, шеќер? Имаат, но и самите знаат дека „луксузите“ не се наменети за нив. Голем дел од нив ги минуваат деновите во гладување, уништувајќи се себеси, а немаат ни народна кујна, ни, пак, желба да побараат некој да им помогне.

Доколку, сепак, пробаат да заработат макар и еден денар, со кој би си го олесниле преживувањето на оваа скапотија, тие ризикуваат да ја изгубат социјалната помош. Таков е и примерот со еден корисник до Струмица кој сакајќи да заработи 500 денари испратил рецепт во популарното списание „Храна и вино“.

Неговата иновативност била забележана, па рецептот бил објавен на страниците на ова списание, но тука е всушност проблемот. Кога службениците од центарот за социјални грижи го забележале ова 500-денарско поместување на неговата трансакциска сметка, веднаш му ја укинале социјалната помош.

Page 10: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.91

И сега зарем тој е во можност да живее со тие 500 денари? Секако дека не е, но во трката да се покаже намалена бројка на социјални случаеви нема прогледување низ прсти. Само 10 денари можат да ве отстранат од списокот на „почесните“.

Има ли плоштад кој може да ги собере тажните очи на 40 000 приматели на социјална помош?! Можеби има, но нема кој да се бори на него. Овие луѓе како да се помириле со својата судбина, тивко го носат сопствениот крст, уверувајќи се дека подобриот живот е наменет за некој друг, а не знаат дека имаат право на него.

Дали навредите и грдите зборови кои ги добиваат на шалтерите во центрите за социјална работа или погледите од случајните минувачи поради нивниот

тажен и парталав изглед допринесуваат овие луѓе едноставно да кренат раце од сé, да се препуштат на милоста на партиските гарнитури, кои се менуваат во владата и на нивната желба и добра волја за зголемување на средствата кои се наменети за нив?

Но, на добрата волја ќе мора да почекаат, затоа што нивниот број со секој изминат ден станува сé поголем, а добронамерноста да се третира вредноста на нивниот живот, како и животите на оние „другите“, е сé помала.

Во Европските земји социјалната помош не вклучува само финансиски средства, туку и работа со луѓето, јакнење на нивните капацитети, за да можат да живеат еден полагоден живот, базиран на нивниот труд.

Page 11: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

Но, тоа кај нас не е случај. Кај нас се ветуваат вработувања, зголемување на платите во администрацијата, зголемување на пензиите, но никој не се осмелува да ја спомене социјалната помош, тоа како да е забранета тема за дискусија со некој таен закон.

А, животот на овие луѓе незапирливо изминува, деновите со глад постојано се нижат, а тие ниту еден ден не почувствувале на своја кожа социјална правда и правилна распределба на јавните средства.

Кога станува збор за социјалните права, не можам да не го споменам и најпрекршеното правило кај нас, а тоа е правилото на работа и кариера. Според социјалните права секој има право на работа, на работно време, на почитување на неговите работнички права и секако има право на штрајк, доколку некој ја злоупотребува неговата работа.

Кај нас првенствено луѓето не можат да најдат работа, а кога ќе ја најдат и онаа каде се зема минимална плата, која по закон треба да изнесува 8 000 денари, тие добиваат 6 000 денари, бидејќи работодавците успеваат и тука да ја заобиколат правдата. А, пак, не дај Боже, да посакаат да работат некоја работа која е поврзана со канцеларија.

Тие работни места се резервирани кај нас само за одреден број на семејства, само за оние чие знаме е иста боја како и на владејачката гарнитура. Токму тие седат во канцелариите, без никаков капацитет и според статистиките успеваат да добијат плати кои изнесуваат и вртоглави 63 000 евра, а пак овие не толку почестени граѓани на Република Македонија, продолжуваат да крпат крај со крај. Е, оваа социјална распределба на средствата им гарантира 365 месеци работа на шивачките, такси возачите, па за да можат да ја остварат платата на почестениот Македонец кој минатата година зел највисока месечна плата.

Најлогично е на крај да се запрашаме: Зошто не горат нашите плоштади од протести на овие сиромашни граѓани? Најлогичниот одговор е апатичноста, која општеството ја покажува, која

секој оној кој не е „многу важен“ го наведува да мисли дека не е вреден за подостоинствен живот и само молкум да го носи својот животен крст, колку тој и да е тежок и бодликав.

Автор: Наташа Димеска

Page 12: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.91

Sindikatite ni se zaglaveni vo SFRJ

„Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава; да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;

Да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност; да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.“

Овие реченици стојат во преамбулата на Уставот на Република Македонија.

Одлучувајќи се за независност и за формирање на сопствена држава, авторите, предлагачите на Уставот и првите парламентарци, ја имале визијата за градење на Република Македонија како социјална држава.

Колку сме само далеку од таа првична слика и замисла? Колку сме само далеку од праведна, социјална и хумана држава, во која се почитуваат човековите права и секој граѓанин е рамноправен и еднаков? Колку сме само далеку од држава, чии институции се придржуваат кон основните вредности на демократија, солидарност и рамноправност?

Page 13: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Нема социјалната праведност

Првиот член од Уставот гласи: „Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава“. Аналогно на ова, во Македонија би требало неспорно да постои социјалната правда. Социјална правда е состојба во која граѓаните ги имаат истите основни права, можности, обврски и социјални бенефиции.

Во социјална држава треба на сите да им биде обезбеден еднаков пристап до работа, социјална заштита, здравје, домување, образование, културна реализација, а посебно за оние кои се ранливи групи во општеството.

Треба да постои солидарност со ранливите групи во општеството, а и со работниците, пензионерите, невработените, студентите- и тоа е гаранција на социјална и политичка стабилност на општеството. Но, кај нас има сосема спротивна ситуација.

Дали сите ние имаме еднакви можности за живот и напредок, дали имаме социјална праведност? Дали државата соодветно им помага на луѓето, на кои ваквата заштита им е потребна и неопходна?

Постоечката економска криза и кризата со работните места ја направи нашата постојана битка за социјална правда потешка, но и уште поважна. Знаеме дека еден од најдобрите начини да се дојде до социјална правда е пристојната работа, достоинство на работата, достоинство на човекот, стабилност на семејството и мир во заедницата. Клучно е да во државата постои вистинско владеење на правото, функционален законски систем, борба против организираниот криминал, корупцијата - со што ќе се остваруваат

основните принципи на социјална држава: слобода, демократија и солидарност.

Кај нас скоро и да е уништена средната „класа“, среќаваме екстремно богати или екстремно сиромашни луѓе, кои се сé побројни во нашето општество. Во исто време, е намалено нивото на социјалната заштита на населението, зголемени се социјалните разлики и видливо е зголемен бројот на жителите, кои живеат под прагот на сиромаштијата.

Page 14: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.91

Прекувремени работни часови кои несоодветно или, воопшто, не се плаќаат, непочитување на правото на годишен одмор, отпуштања без предупредување за отказ, непријавени работници, неплаќање на придонеси за цела плата, партиски притисоци.

Во вакво секојдневие живее и опстојува македонскиот работник, но избира да молчи. Не сака штрајкови, собири, борби за своите права. Нема енергија да се бори, затоа што нема надеж дека нешто би можело да се смени. Затоа одлучува со наведната глава и молчејќи, да го истрпи секојдневието кое му се наметнува.

Синдикатот во Македонија

Но, има ли некој да му помогне на македонскиот работник?! Некој ќе рече тука се синдикатите! Да, точно, законски гледано синдикатот е организација на работници, која се залага за зачувување и унапредување на условите за работа. Кои се функциите на синдикатите?

Основни функции на синдикатите се:

Социјални функции: На своите почетоци, синдикатите обезбедувале различни типови помош за своите членови при невработеност, болест, старост и трошоци за погреб, но денес, во многу развиени земји, овие функции ги презема државата. Сепак, и денес синдикатите обезбедуваат правна помош, професионална обука и слично.

Колективно преговарање: Во случаите кога синдикатите се признат партнер во индустриските односи, синдикатите водат преговори со работодавците и државата за склучување на колективни договори, со кои се утврдува висината на платата и останатите права од работен однос.

Индустриски акции: За исполнување на своите барања и заштита на работничките права синдикатите често организираат штрајкови.

Политички активности: За промовирање на своите барања синдикатите вршат и политички активности како: поднесување предлог закони, лобирање, или финансиска поддршка за кандидатите или политичките партии кои ги застапуваат интересите на работниците.

Но, дали синдикатите ги извршуваат своите функции и дали, всушност, имаат некакво влијание? Поддржувачите на синдикатите нагласуваат дека работничкото движење (и синдикатите како негов составен дел) е заслужноза ставањето крај на детскиот труд, за подобрувањето на условите за работа, за зголемувањето на платите како на членовите на синдикатите така и на не-членовите, за намалувањето на

Page 15: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

работното време, за воведувањето на социјални стандарди од страна на државата и слично.

Противниците на синдикатите ги обвинуваат дека ги штитат само синдикализираните работници, наспроти оние што не се синдикализирани или што се невработени. Исто така, им забележуваат дека делуваат наспроти интересите на потрошувачите и на акционерите во синдикализираните претпријатија со своите притисоци за зголемување на платите.

Во Република Македонија постојат четири национални синдикални федерации:

1. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)

2.Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС)

3. Унијата на независни и самостојни синдикати

4. Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија

На 25 август, 2010 година, Владата на Република Македонија, двата репрезентативни синдикати ССМ и КСС и Организацијата на работодавачи- потпишаа погодба со која за прв пат во Македонија се формира Економско-социјалниот совет- трипартитно тело кое ќе има советодавна и консултативна улога при креирањето и имплементацијата на владините економски и социјални стратегии и политики.

„Економско-социјалниот совет ќе ги следи, проучува и оценува влијанието и мерките на економските политики на социјалната стабилност и развој во државата и на целата регулатива што задира во овој дел на функционирањето на државата“ - рече вицепремиерот по потпишувањето на договорот.

Денеска, 2 години после неговото формирање, сé уште чекаме да профункционира овој совет.

Page 16: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.91

Искористување на работниците

Денес, за многу работници во нашата држава, работата значи експлоатација и лишување од основните човекови права, нередовни плати и живот на работ на сиромаштија, особено оние кои работат во приватниот сектор. Денес сме далеку од она што значи одржливо работно место и пристојна работа, при што се создава нееднаквост која произлегува од несигурната или неформална работа.

Со еден збор- работа нема! За да станеш продавачка или вработен во сендвичара ти требаат врски и родниски препораки, а пак, да не зборуваме за некои други повисоки места. Затоа, секој оној кој на некој начин „зграбил“ некаква работа, каква-било работа, за истата цврсто се држи со двете раце, прифаќајќи ги сите мизерни и бедни услови кои му ги нуди работодавачот.

Каква и да е работата и платата, подобро е од да се нема работа и да се нема плата. Ова го знаат работодавачите и го користат во своја полза.

Македонскиот работник избира да молчи, избира да се покори, да ја наведне главата, да игра според правилата на својот „газда“, плашејќи се да не ја изгуби работата.

Но, постојани притисоци се добиваат и од државата со постојаните измени на правилата во работничите односи, кои би требало да се „корисни“ за државата, а всушност, излегуваат штетни за работникот.

Еве, само некои од примерите за намалување на работничките права во земјава. Преку зголемување на старосната граница за одење во пензија, за разлика од порано, работничките треба да работат дополнителни 7 години за да можат да одат во пензија, а работниците дополнителни 4 години.

Така, ако во 1993 година работничките одеа во пензија со 55, а работниците со 60, денес работничките одат со 62, а работниците со 64 години во пензија (има предлози да дури и оваа старосна граница се зголеми). Се намалува бројот на пензионерите- се намалуваат трошоците на државата, но многу работници не ни дочекуваат пензија...

Се вработуваат работници без договори за вработување, се присилуваат да потпишуваат договори на определено време, знаејќи дека со тоа си потпишуваат дека ќе добијат отказ. Големиот процент на невработеност ги тера работниците да прифаќаат и тоа што не треба да го прифаќаат од страв дека ќе ја изгубат работата.

Page 17: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

Државата воведе казни за работа на црно. Но, кој досега пријавил дека работи на црно и дека газдата не сака да го осигура? Никој! Работа на црно е подобро од немање работа!

За несигурноста на работното место значителен придонес даде продолжувањето на максималната должина на договорите за работа на определено време, од една па до пет години.

Скоро секаде во приватниот сектор, работниците работат по 2-3 часови повеќе од предвиденото во текот на денот, а работат и за празници- значи им се кршат правата, не се исплатува бонус плата на крајот од годината за прекувремената работа, а нема кој тоа да го регулира.

Преку промените во законските одредби работниците се лишени од правото да организираат штрајк без синдикат, а воведена е можност штрајкот да биде судски забранет, а работодавецот да побара и да добие надомест на штетата, која ја претрпел поради организирањето на штрајкот за кој судот пресудил дека е незаконски.

А, што прават синдикатите? Синдикатите постојат како обична законска форма, го искажуваат своето мислење за состојбата, посочуваат на грешките, но немаат дирекно учество ниту, пак, некое големо право во донесувањето на одлуките.Тие, како и да не постојат. Тие се тука само да дадат осуда, откако некоја неправда кон работникот, ќе излезе на виделина.

Во Македонија нема организирани и големи штрајкови (освен оној на просветните работници пред некоја година), па скоро и да не можеме да се сетиме на масовни демонстрации, кои вродиле со плод.

Нашите синдикати одат според онаа старата: „Во мед се дават повеќе муви, отколку во оцет“, па затоа мирно и „културно“- тие преговараат. Велат процесот е бавен, но сигурен- ете се одреди и износот на најниска плата, а за тоа беа потребни „само“ неколку децении.

Page 18: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.91

ССМ ретко повикува на протест, но дури и кога протестот се закажува -членството не се одзива. Нема трага ни глас ниту од членовите на јавниот сектор, кои се заштитени со колективни договори, а уште помалку, речиси воопшто, од вработените во приватниот сектор.

Масовноста на работничките собири сé повеќе се намалува, наместо да расте, ако се има предвид фактот дека економскиот статус на вработените од година во година, со разни законски ограничувања, оди само надолу.

Работниците немаат доверба во синдикатите

Очигледно е дека работниците сé уште не се дојдени до таа фаза, до таа сосотојба, да можат самите да изреагираат тогаш кога не им се почитуваат правата. Тие не ги знаат доволно одредбите ниту во законите, ниту во колективните договори.

Но, може ли работникот како поединец сам да се избори за своите права? До каде ќе оди неговата борба против работодавачот и како ќе заврши? Дали индивидуата може да го совлада системот?

Сите ќе одговориме со НЕ! На сите им е јасно дека работникот не може сам, затоа постојат синдикати- здруженија кои според природата на нештата треба да ги соединат работниците и да ги штитат нивните права кога тие се загрозени.

Но, реалноста ни кажува дека работниците во Македонија немаат некоја огромна доверба во овие организации, кои би требало да ги штитат нивните интереси, затоа само 30 проценти од вкупниот број вработени во земјава се членови на синдикални организации.

Во јавноста кружи некаква претстава дека синдикалните организации се премногу блиски до власта, а синдикалните активисти се недоволно активни.

Не ретко, најчесто пред избори некои од синдикалните организации изразуваат поддршка на одредена политичка партија, што придонесува за намалување на довербата на граѓаните во синдикалните здруженија.

Работниците сметаат дека се препуштени самите на себе, затоа повеќето се плашат јавно да зборуваат за своите права, бидејќи се плашат дека може да ги види и да ги слушне газдата и да ги казни или пак, да ги отпушти, а нема кој да ги заштити, одбрани и застане на нивна страна.

На сите ни е јасно дека во во државава нема синдикален дух, солидарност и заедништво- кои се главните карактеристики на работничкиот синдикализам.

Работниците немаат доверба во никого, немаат сили да се борат, а уште повеќе да излезат и да штрајкуваат или протесираат. „Што би можеле да смениме?“ со наведната глава се прашуваат.

Автор: Елена Павловска

Page 19: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA

19

1 Septemvri 2012

Автор: Елена Павловска

Page 20: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.91

Kako se protestira za socijalni prava vo EU

Како ироничен пресврт на развојот на настаните во Брисел, кога Европската комисија предложи да се казнат државите членки кои се соочуваа со тешкотии во воспоставување на социјални програми во време на висока невработеност низ континентот, започнаа протестите во Европа. Демонстрации и насилство се појави на улиците низ градовите во Грција, Шпанија, Италија, кога владите во сите држави извршија притисок со мерките за штедење и економските реформи по наредба на Европската Унија.

Почеток на протестите во Грција

Протестите во Грција ги сочинуваат серија демонстрации и генерални штрајкови организирани низ целата држава. Првите протести започнаа на 5-ти мај 2010-та година, поради револтот од предвидените планови за намалената потрошувачка и зголемувањето на даноците - мерки воведени со цел да се одобрат 110-те милиони евра за

решавање на грчката должничка криза. Протестот кој се случи тој ден се смета за еден од најголемите протести во Грција од 1973-та година.

На 25-ти мај 2011-та година, започнаа демонстрации против мерките за штедење, организирани од движењето „Директна демократија сега!“. Демонстрантите почнаа да протестираат во најголемите градови во државата,

Page 21: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

но овој втор бран демонстрации беше различен од оние кои се случуваа претходните години, затоа што не беа партиски и почнаа на мирен начин. Подоцна дел од демонстрациите преминаа во насилство, посебно во главниот град Атина. Мотивирани од протестите кои се случуваа во Шпанија истата година, протестите се организираа преку социјалните мрежи. Тие официјално завршија кога полицијата ги отстрани демонстрантите од плоштадот во Солун, на 7-ми август 2011-та година.

Истиот период во Атина, за време на одржувањето на годишната студентска парада, присутните од неколку училишта ги игнорираа службените лица меѓу кои беше и министерката за образование, Ана Диамантополу. Исто така, толпа луѓе се собра пред хотелот Гранд Бретања во Атина и извикуваше слогани против економската криза.

Во Хераклион демонстрантите фрлаа јајца врз функционерите, а во Патрас ги окупираа улиците каде требаше да се одржува студентската парада и извикуваа слогани против присутните функционери меѓу кои беше и министерот за одбрана. Напади врз политичарите имаше и во многу други градови низ земјата како Трикила, Волос, Крф, Серес, Вероја, Триполи и Родос.

На 17-ти ноември повеќе од 50 илјади луѓе излегоа во Атина и беа дел од протестите за оставка на владата на Папандреу.

На 6-ти декември со цел да ја одбележат смртта на Александрос Григорупулус, илјадници луѓе излегоа пред зградата на парламентот и фрлаа молотови коктели врз полицијата, која се спротивстави со солзавец.

Page 22: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.91

Протестите во 2012-та година

На 12-ти февруари повеќе од 500.000 демонстранти се собраа повторно во Атина пред парламентот, да ги искажат своите спротивставувања против мерките за штедење, предложени од страна на кабинетот на Лукас Пападемос, за кои се разговараше во парламентот. Мерките беа услов за следниот кредитен пакет во вредност од 130 милиони евра од страна на Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд. Предвидената помош за грчката влада беше со цел земјата да не се соочи со криза до 20-ти март. Полицијата за да ги спречи демонстрантите употреби големи количини солзавец. Вкупно 45 згради беа запалени, а 25 демонстранти и 40 полицајци беа повредени. Протестите започнаа со 24 часовен генерален штрајк на 7-ми февруари, кога двата најголеми синдикати во Грција изјавија дека предложените мерки ќе го доведат грчкото општество во очај.

Зборувајќи со членовите од парламентот, Пападемос повика на смиреност и побара од членовите да го поддржат планот. Тој рече дека за насилство и вандализам нема место во демократијата. На пратениците, исто така, им соопшти дека ако мнозинството од нив гласаат против мерките за штедење, ќе следуваат огромни последици меѓу кои и тоа дека владата нема да биде способна да ги исплати платите на своите вработени.

На 13-ти февруари, грчкиот парламент ги одобри последните мерки за штедење со 74 од 199 гласови. Во март владата конечно соопшти дека ќе одбиe уште еден пакет од Брисел и дека ќе почнe да го реформира системот. Во април демонстрантите повторно се кренаа против владата, откако пензионер по име Димитрис Кристолус изврши самоубиство, затоа што не сакал да ја дели судбината со оние кои треба да бараат храна на улиците за да преживеат.

Page 23: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

Политички реакции

Во интервју за грчкиот весник „Етнос“, во 2011-та година, заменикот на претседателот на грчката влада, Теодорос Пангалос, против кого беа упатени различни слогани за време на протестите, зазема ироничен став во однос на движењето. Тој рече: „И покрај тоа што на многумина кои ги следат технолошките трендови нема да им се допадне она што ќе го кажам, сепак, формирањето на поличкото движење, не зависи од тоа колку луѓе ќе стиснат „ми се допаѓа“ на Фејсбук“.

Тој додаде дека движења без идеологија и организација, односно движења врз основа на гнев, можат да доведат само до неефикасност и тензии, кои не се од интерес за политичкиот свет и го отвораат патот кон недемократска промена на режимот од страна на организираните малцинства. Како одговор на тоа, демонстрантите упатија вулгарни навреди кон заменик претседателот како: „Земјата тоне Теодор, ослаби малку!“ и многу други.

Во мај истата година, портпаролот на грчката влада, Јоргос Петалотис, се изјасни против Пангалос, велејќи

дека тој треба да се присети на неговото учество во демонстрациите (за кои многумина сметаа дека се провокативни) против диктатурата, како член на Комунистичката партија во 1973-та година. Петалотис додаде дека моменталното движење не само што има јасна идеологија (дури и тоа да е „технолошки тренд“, како што го опиша Пангалос), туку и ги одразува вистинските потреби на грчкото општество. Тој рече дека негирање на системот, без притоа да се изнесат предлози, не води никаде.

Во јуни, грчкиот премиер, Јоргос Папандреу, за движењето рече дека денешните протести во Грција и во светот се протести против прашањата на националната влада и се заробени од глобалните сили и промените на глобалниот систем.

По блокадата на парламентот од лутите граѓани, кои ги спречија пратениците да излезат од зградата и по гневните реакции, откако им беше дозволено да излезат (им беа фрлани празни шишиња, овошје и сл.), заменик министeрот за образование изјави: „Движењето не е закана за демократијата, но насилството е и затоа го осудувам“. Таа додаде дека во демократијата, насилството треба да се спречи, а не да се толерира и

Page 24: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.91

дека поголемиот дел од пратениците се млади и треба да имаат ист третман како постарите пратеници.

Заменик министерот за надворешни работи, исто така, искоментира дека може да прифати остри префрлања и критики, но не и уништување на политичкиот систем. Демократијата може да најде решение, а нападите кон неа ќе доведат само до уништување. Мнозинството од Грците може да бидат гневни, но не под вакви околности.

Европскиот пратеник, Теодорос Скилакакис, изјави дека на демонстрантите им е потребно чувство за политичка идеологија, за да се движат кон подлабока револуција: од она што не го сакаат, кон она што го сакаат.

Алексис Ципрас, лидерот на радикалната левичарска партија, рече дека никој нема право да ги замолчи луѓето или да им каже дека не смеат да одлучуваат за иднината на државата на референдум. Тој додаде дека левицата треба да ги поддржи демонстрациите и дека работите се одвиваат многу брзо, бидејќи луѓето полека стануваат свесни.

Градоначалникот на Атина рече дека протестите се добар показател, но на

предлогот општинскиот совет да ги поддржи демонстрантите, тој рече дека не е соодветно да се искажат симпатии.

Во интервју за грчки весник, шпанското движење кое ги организираше шпанските демонстрации во 2011-та година и ги поттикнаа грчките протести, искажа поддршка за грчките демонстранти и рече дека тоа е само почеток.

Во јуни 2011-та година, 16 членови на ПАСОК јавно побараа од Јоргос Папандреу парламентот да донесе целосен извештај за моменталната финансиска состојба на земјата. Тоа беше предизвикано поради гласањето за вторите мерки, кои Папандреу рече дека се итни.

Во услови на насилни протести пред парламентот, пратениците гласаа за донесување нов сет мерки за штедење. Суштината на мерките доби многу критики од грчката јавност, но и од политичката сцена во државата. Во тој период Грчкото социјалистичко движење од 156 места во парламентот го намали бројот на 154, а Нова демократија изгуби едно.

Page 25: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

Реакции за полициската бруталност

Обвинувањата за полициската бруталност од страна на грчките и странските медиуми предизвикаа жестока дебата во грчкиот парламент. Сите партии во парламентот, побараа од владата да даде објаснување. Лидерот на опозицијата, Самарас, ја критикуваше ситуацијата, а Јоргос Лараџаферис од Народниот православен собир ја обвини владата за неспособност да контролира 200 насилници во Атина. Коалицијата на радикалната левица, исто така, ја обвини владата за прекршување на многу демократски принципи и се спротивстави поради „рамнодушноста додека пред нивната зграда се употребувал солзавец“.

Членовите на парламентарната група ПАСОК ги критикуваа акциите на полицијата и ги нарекуваа варварски. Министерот за граѓанска заштита, Христос Папацис ги отфрли таквите обвиненија тврдејќи дека полицијата е онаа која ги спровела, а не владата. Во врска со видеото на кое се гледа дека полицијата наводно им помага на млади маскирани луѓе, тој рече дека тие луѓе не се дел од полицијата. Сепак, обвинителот на Атина ги прифати барањата за спроведување истрага во случајот.

Во однос, пак, на прашањето за нападите на станицата на подземната железница на плоштадот Синтагма, каде полицијата употребувала солзавец, министерот рече дека луѓето со здравствени проблеми се однесени во болница, а другите кои останале внатре носат поскапи маски од оние кои ги користи полицијата. Европската комисија изјави дека било каква употреба на насилство е неприфатлива.

Уставни промени поради протестите

После тие случувања, грчката влада вети дека ќе го измени Уставот како резултат на протестите. Меѓу најважните аспекти на уставните реформи ќе биде промена на функционирањето на целиот грчки политички систем. Грчката влада соопшти дека разговорите за уставни промени ќе бидат спроведени во септември и ќе бидат отворени за јавноста и медиумите. Меѓутоа, некои медиуми истакнаа дека уставната промена е нелегална пред 2013-та година, бидејќи уставниот амандман од 2008-та година забранува други промени на уставот до 2013-та година.

Автор: Симона Георгиевска

Page 26: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.91

Uskratena slobodata na stotici milioni {irum svetot

Најновиот, редовен годишен извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права наведува дека минатата година на стотици милиони луѓе ширум светот им биле ускратени основните слободи од страна на нивните влади.

На церемонијата на објавување на извештајот, американската државна секретарка Хилари Клинтон кажа дека САД се определени да се придржуваат до сопствените идеали за човекови права. Промоцијата на човековите права е суштинска за американската надворешна политика, рече Клинтон.

Американската влада наведува дека голем број земји наметнале рестриктивни и репресивни закони против невладините организации и медиумите, наведувајќи ги Кина, Русија, Киргистан и Казакстан во тој контекст. Човековите права

и демократскиот развој во Африка најповеќе биле загрозени во Зимбабве, Гвинеја и Мавританија.

Стејт департментот изразува загриженост за изборите во Ерменија и Русија, како и за натамошните затворања на политички и општествени активисти во Египет, Иран, Либија и Сирија. Обиди за подобрување на ситуацијата, пак, САД забележале во Колумбија, Чиле и Аргентина.

Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на нејзините граѓани, иако има проблеми во некои области. Стејт департментот ги лоцира истите во правните и полициски процедури, вклучувајќи ги тука и приведувањата за криминални дела.

Page 27: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

Американската влада оценува дека во Македонија и натаму се одолговлекува со судските реформи, како и дека политичкиот притисок и заплашувањата негативно влијаат врз ефикасноста на судството.

Жестоката критика од владата за медиумското известување што го смета за „непатриотско“, негативно влијаела врз слободата на печатот, стои во извештајот.

Стејт департментот оценува и дека напнатоста меѓу македонското и албанското население продолжува да влијае во разни области – како образованието, вработувањето и политичкото учество.

Што се однесува до македонското малцинство во соседните земји, во извештајот за Грција стои дека грчката влада „не признава постоење на словенски дијалект, наречен „македонски“ од страна на лицата кои го говорат во северозападниот дел од земјата. Мал број на лица кои говорат на словенски инсистираат да се самоидентификуваат како „Македонци“, термин што наидува на жестоко противење од страна на другите Грци.

Американската влада го наведува тврдењето на овие лица дека грчката влада спроведува политика, чија цел е да ги обесхрабри да го користат сопствениот јазик. Според Стејт департментот, владата во Атина и судовите го отфрлаат барањето на словенски групи да се идентификуваат како Македонци, со образложение дека околу 2,2 милиони етнички и лингвистички грчки граѓани, исто така, го користат терминот за нивно идентификување.

Во извештајот за Бугарија, под одделот „слобода на здружување“, се наведуваат проблемите со регистрирањето на ОМО Илинден.

Подготви: Олгица Петревска

Page 28: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA1 Septemvri 2012

28

Page 29: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

29

Intervju so Francis Fukujama: Zapadot seu{te e bez konkurencija

По падот на Советскиот сојуз Вие објаснивте дека либералната демократија е единствениот општествен систем кој преживеа. Се плашите ли денеска дека капитализмот и глобализацијата, можат да ја уништат демократијата?

Фукујама: Сéуште нема алтернатива на капитализмот, размислувањата одат во потрага по правичен економски развој.Западниот општествен модел е во опасност да ја уништи средната класа. Технологијата допринесе голем број работни места да се укинат.

Токму затоа ли западните држави како САД и Велика Британија ги пропагираат услужните дејности?

Фукујама: Да, но повторно се создадоа проблеми, бидејќи мислиме дека без ништо да произведуваме, туку само со нудење услуги- можеме да напредуваме, а производството ќе го препуштиме на држави, на пример, како Кина. Тоа веќе не функционира. Не треба да заборавиме дека социјализмот во САД не бил тема, бидејќи постоеше силна средна класа.

Денеска вработените од средната

класа заработуваат не повеќе од приходите пред 30 години. Какво влијание ќе има вакавата состојба врз општеството?

Фукујама: Тоа е лошо за демократијата. Кога приходите се распределени правично, тогаш кај граѓаните постои меѓусебна доверба, нема привелигирана мала елита, чии интереси политичарите ги реализираат.

Што ја прави демократијата?

Фукујама: Демократијата без силна средна класа води кон популизам, кон недоразбирања и одлуки кои се паметни, демократијата се соочува со блокади. Во САД ние веќе доживуваме враќање кон популизмот и тоа водесниот политички спектрум. Кога ќе ги прашате приврзаниците на движењето „Tee-Par-ties“ за владата што мислат, тие јасно ќе

Page 30: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

30 BR.91

Evropska Unijaви кажат дека ја мразат Владата.

Тие се чуствуваат угнетени од елитата. Според социолошките истражувања, социјалните стандарди во Европа полесно се постигнуваат него во САД. Американскиот сон за човек да може да постане од мијач на чинии до милионер, остана буквално само сон.

Токму затоа ли прашањето за социјалните права стана предизборна тема?

Фукујама: Проблемот во САД е тоа што кој ќе ја отвори оваа тема, веднаш е етикетиран како борец за класната поделеност. Претседателот Барак тоа го искуси. Во неговиот говор за состојбата во која се наоѓа нацијата, тој побара поголем данок да плаќаат богатите и затоа веднаш беше етикетиран за европски социјалист. Тешко е во САД, да се поттикне левичарското движење, тоа еднаш се има случено после економската криза во триесетите години од минатиот век.

Дали сегашната светска финансиска криза се споредува со тогашната светска економската криза?

Фукујама: Но, изостана отпор од левицата. Кризата започна од Волтстрит и таа беше можна, бидејќи контролата врз финансиските пазари систематски се изоставаше, според идеолошките барања од десницата. Кризата ги погоди обичните луѓе, додека финансискиот сектор, пак, профитираше, бидејќи доби помош од државата. Јас очекувам „Tee-Parties“ движење од левицата.

Може ли „Окупирај го Волтстрит“ да биде тоа движење?

Фукујама: Не. Ова движење јас не го земам за серизоно, тоа сеистите луѓе,

кои во 1999-та година во Сиетел, протестираа против Светската трговска организација. Тоа се антикапиталистибез свој предлог.

Што ја спречува мобилизацијата на левицата?

Фукујама: Американските државни резерви и министерството за финансии одлучија да интервенираатне со поттикнување на производството итоа предизвика невработеност од 20%. Тогаш претседателот Рузвелт, големите банки ги подели и никој не сеобиде против тоа да протестира, бидејќи тоа беше неопходно. Јас мислам дека банките „Голдман сакас“, „Ситигруп“, „Американ банк“- повторно треба да бидат поделени и финансискиот сектор да се регулира. Тие треба да бидат поделени на мали делови и кога ќе имаат лоши финансиски резултати да можат да банкротираат, а притоа да не предизвикаат штети.

Page 31: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

31

Барак Обама тоа не го спроведе доволно?

Фукујама: Обама понуди добра прилика на почетокот од финансиската криза, како што е насловот во „Њузвик“: „Сите ние сме социјалисти“, за големите банки да ги национализира и подели на мали делови и продаде. Но, неговата влада остави впеачаток пред светот дека тој го прави она што го посакува Волтстрит.

Со други зборови Обама и неговите советници, меѓу кои и Тимоти Ф. Гајтнер се дел од причината за протестот?

Фукујама:Да, тие имаат влијание со одлуките. Шефот набанката „Голдман Сакс“, Лојд Ц. Бланкфеин, десетина пати се советуваше со Гајтнер. Тоа влијае уште на политиките во Белата куќа.

Сакате да кажете дека републиканците се помалку пријателски настроени кон Волтстрит?

Фукујама: Не, Волтстрит веќе одамна ги има републиканците во својот џеп.

Зошто Обама не успева да ги придобие луѓето кои се фрустрирани?

Фукујама: Бидејќи Обама нема визија, која ќе ја понуди, за нов економски поредок. Обама зборува за враќање кон класичниот стандард што постоеше во седумдесетите години од минатиот век-поголемо влијание на државата, а глобализацијата е лоша.

Што тоа значи?

Фукујама: Германскиот економски модел може да биде пример за САД. Германија произведува производи, кои останатиот свет сака да ги купува. Германија подбро ја заштити средната класа отколку САД.

Агендата 2010 на поранешниот канцелар Шредер треба ли да биде пример за американската левица?

Ф у к у ј а м а : Г е р м а н с к и т е социјалдемократи успеаја да го направат пазарот на труд флексибилен и социјалната држава да биде конкурентна. Сатарата мантра „Повеќе држава“ егзистира во Германија. Но, тоа не е случај со Италија, Франција.... и затоа и дојде до еврокризата.

Page 32: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

32 BR.91

Evropska Unija

Дали заштитата на средната класа е една форма на протектинизиам?

Фукујама: Запад нема да допушти Кина да биде светска фабрика.

Можат ли денеска политичарите да влијаат и управуваат со финансиските пазари?

Фукујама: Политичкото водство стана многу тешко и сложено, не само во однос на финансиските пазари. Сите современи демократии имаат една слабост, тоа што сите интересни групи ги буткаат своите интереси без обѕир на другите. Пример за тоа е Грција, во која што лекарите, аптекарите, архитектите си ја наплатија својата цена, што државата ја води во банкрот.

ЕУ ќе остане ли демократска по обидите за спас на Еврото?

Фукујама: Европските елити секогаш го подржувале интегративниот процес и правеле напори истиот да се реализира и напредува. Потврда за тоа се напорите што се прават кога некоја држава ќе одбие одреден процес, преку

несуспешните референдуми и тогаш гласањето се повторува. Елитата ќе им каже на граѓаните „Вие сéуште добро не сте го разбрале прашањето. Токму затоа десните популистички и екстремистички партии во државите на ЕУ, имаат сé поголем успех, бидејќи актуелните политичари не ги застапуваат доволно интересите на граѓаните.

Дали авторитарните системи, како тој во Кина, денеска се пример на модел за светот?

Фукујама: Не, кинескиот модел е неморален, длабоко не фер, секој граѓанин може да биде во секој момент лишен од слобода. Истотака, кинескиот систем не функционира, раширена е корупцијата, насекаде во Кина има протести.

Западната демократија е сéуште единствениот успешен модел со сите свои слабости.

Подготви: Митко Јованов

Извор: Spiegel

Page 33: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

33

Tajnite dogovori pome|u Germanija i palestinskite teroristi

Единаесет Израелци и еден германски полицаец загинаа во Михенскиот масакар во 1972 година, кога палестински терористи зедоа израелски атлети како заложници на Олимписките игри. Сега, владини документи укажуваат на тоа дека Германија одржувала тајни договори со организаторите на нападот години потоа и ги смирувала Палестинците за да спречи понатамошно крвопролевање на германска почва.

Во полните улици на Бејрут, главниот град на Либан, речиси никој не ги забележа трите бјуик- седани кои застанаа точно пред аголот на Руе Вердун. Неколку парови излегоа од автомобилите. Тие беа нормално облечени и изгледаа како туристи. Некои од луѓето, всушност, носеа руси перики и женска облека, што не беше очигледно од далеку.

Всушност, паровите беа мажи, членови на израелска специјална единица, која оперираше на непријателска територија.

Во речиси 1:30 часот наутро, тие влегоа во стамбена зграда. Набрзина се искачија на повисоките спратови, извлекоа автоматски пушки и експлозиви од под нивната вреќеста облека и примија радио порака од нивниот командант, кој им нареди да ги разбијат вратите на неколку станови.

Веднаш отворија оган, пукајќи и убивајќи ги Абу Јусеф, Камал Насер и Камал Адван, тројца високи претставници на Палестинската Ослободителна Организација

Page 34: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

34

(ПОО). Сопругата на Јусеф и една сосетка, исто така, беа убиени.

Во тоа време, операцијата „Пролет на Младоста“, спроведена од израелската Мосад разузнавачка агенција и израелската армија, во раните утрински часови, на 10 април 1973 година, беше веројатно најспектакуларната противтерористичка операција во историјата на еврејската држава.

После нападот, мажите се вратија во нивните автомобили и отидоа до крајбрежјето на Бејрут, каде што се качија во гумени чамци и беа пренесени до глисери кои ги чекаа. Епизодата беше сликовито прикажана како брзо бегство во мракот на ноќта, во филмот „Минхен“ на режисерот Стивен Спилберг.

„Нова основа на вистината“

Операцијата „Пролет на Младоста“ беше дел од одмаздничката кампања, која Израелците ја спроведоа против поддржувачите на Михенскиот масакар на 5-6 септември во 1972-та.

Во „Црниот Септември“, терористичка група со врски со ПОО, уби 11 израелски атлетичари и тренери во напад

за време на Михенските Олимписки Игри. После либанската операција, Владата во Тел Авив им приреди на вратените израелски елитни трупи херојски пречек.

Волтер Новак (48), тогашниот германски амбасадор на Либан, ја осуди израелската акција, велејќи дека мртвите Палестинци беа помеѓу „најрационалните и најодговорните“ членови на ПОО.

Ден после одмаздничкиот напад, бесниот дипломат напиша писмо до властите во Бон, тогашниот германски главен град, велејќи дека „можно е“ Израелците да го убиле Абу Јусеф и другите, за да го попречат мировниот процес во Блискиот Исток. „Оние кои не сакаат да преговараат им пречат оние кои можеби очекуваат да се соочат со преговори,“ напиша тој.

Карактеристичното оценување на Новак произлезе од мисијата која амбасадорот ја извршуваше во тоа време. Новак се имаше сретнато со Абу Јусеф, еден од основачите на „Црн Септември“, околу една недела пред неговата смрт.

Во двочасовниот разговор, тој им ја понуди на Абу Јусеф и на другите поддржувачи на Михенскиот напад идејата за креирање на „нова основа на довербата“ помеѓу нив и германската Влада.

Page 35: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

35

Постоеше дури и муабет за таен состанок во Каиро помеѓу тогашниот министер за надворешни работи Волтер Шиел, член на либералната Слободна Демократска Партија (СДП) и Абу Јусеф.

Михенскиот напад се случи само шест месеци порано. И покрај сé уште „живите“ слики од маскираните терористи на балконите на Олимпиското Село и изгорениот хеликоптер на асфалтот во НАТО- воздухопловната база во Фурстнфелдброк, веќе имаше активна, иако тајна, комуникација помеѓу Германците и Палестинците.

Западните германски претставници разговараа со луѓето како Абу Јусеф, Али Саламех и Амин ал-Хинди, секој од нив организатор на Михенските убиства. Дури и германската Канцеларија за Федералната Криминална Полиција, која е задолжена да ги гони криминалците, беше вклучена во состаноците, според документи во политичките архиви на германското Министерство за надворешни работи и федералната архива во западниот град Кобленц, кои сега беа анализирани од „Шпигел“.

Мотивите беа едноставни. Бон знаеше дека Палестинците бараа меѓународно признание. Секој контакт со западно-германските претставници, дури и таен, го надоградуваше статусот на ПОО како институција. За возврат, владата на тогашниот канцелар Вили Брант и заменик-канцеларот Волтер Шиел се надеваше да ја зашти Германија од понатамошни напади. Но, цената која мораа да ја платат за возврат, изгледа била висока.

„Духот на помирувањето“

Во неделите кои следуваа, за време на настаните кои требаше да ја одбележат 40-годишнината од нападот, прашањето зошто г е р м а н с к и т е судови никогаш не им судеа на сторителите и п о д д р ж у в а ч и т е на Михенскиот масакар уште еднаш ќе биде покренато. Документите кои се достапни покажуваат главно кон еден одговор: Западна Германија не сакаше да ги обвини.

Page 36: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

36

Во првите неколку недели после нападот, германските владини канцеларии во Бон беа опседнати од духот на помирувањето. Од израелска перспектива, вклученоста на Минхен во случајот била горка иронија, знаејќи дека е град кој стана симбол на смирувањето на западните сили на Хитлер, откако Михенскиот договор ја дозволи анексијата на Судетите од страна на нацистичка Германија во 1938-та.

Иако михенскиот напад вклучи повеќекратни убиства, говорот во документите чудно минимизираше што се случувало таму. Тогашниот канцелар Брант е цитиран како вели дека олимпискиот масакар е „луд инцидент,“ додека Пол Френк, државен секретар во Министерството за надворешни работи, го нарече едноставно како „настаните во Минхен.“

Дипломатите и високите претставници на Министерството за внатрешни работи го обновија статусот на „Црн Септември“ нарекувајќи го „група за отпор“ – како нејзините терористички активности да биле насочени против Хитлер, а не против израелски цивили.

Во Министерството за надворешни работи, особено, некои официјални претставници беа очигледно многу сочувствителни со Палестинците. Волтер Новак, германскиот амбасадор во Либан, еднаш на Абу Јусеф му рече дека Германците се народ со „значителен број на бегалци,“ поради фактот дека етничките Германци биле протерани од делови на Централна и Источна Европа после Втората светска војна. (Самиот тој бил роден во Силесиа, што сега е дел од Полска, која порано припаѓала на Германија.) Ова, додаде тој, ја прави прави за нив поразбирлива палестинската ситуација отколку за другите земји.

Неколку коментари дури создаваат впечаток дека не бил само „Црн Септември“ туку и Израелците кои сториле неколку убиства во Западна Германија. Според говорни белешки на министерот за надворешни работи- Шиен, од октомври 1972-та, партиите во конфликтот во Блискиот Исток имале тенденција да ги носат нивните спорови пред невклучените земји. Требаше Бон да се одбрани себе си против таквите акции „од двете страни на конфликтот“.

Page 37: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZINBR.91

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

37

„Минхенското поглавје беше затворено“

Во тоа време, постоеја стравови нашироко од понатамошни напади. Разузнавачките сервиси редовно известуваа за планови за киднапирање на германски авиокомпании. Во повеќето случаи, тие предупредуваа дека целта на киднапирањето можела да биде осигурување на ослободувањето на трите олимписки убијци, кои преживеаја во пукотниците со полицијата во Фурстнфелдброк.

А тогаш, на 29-ти октомври, предупредувањата станаа реалност. Група од ПОО терористи го киднапираа летот Луфтанса до Франкфурт. Баварската државна Власт веднаш ги ослободи тројцата затвореници, кои беа пренесени во Либија преку Загреб.

Пол Френк, висок претставник на Министерството за надворешни работи, му рече на либискиот амбасадор со олеснување дека од германска гледна точка, „минхенското поглавје било завршено“ како резултат на ослободувањето.

Германската Влада избра да не побара екстрадација на тројцата терористи од Либија. Во меморандум до канцеларството, Френк напиша: „Треба да сме задоволни дека целава работа се смири.“

Френк побара „фундаментална кларификација на врската со Палестинците. Бидејќи конзервативната германска власт во средината на 60-тите беше сметана за про-израелска, клучните арапски земји ги прекинаа дипломатските врски со Бон. Египет и Алжир испратија само амбасадори назад

во Бон, кратко пред Олимписките Игри во 1972-та.

Френк шпекулираше дека понатамошните напади од „Црн Септември“ можат да го загрозат германско-арабското повторно приближување. Тоа, за возврат, може да го загрози снабдувањето со нафта на Германија и договорите за извоз. Ова ги поттикна Френк и неговите дипломати да бараат директен контакт со ПОО на крајот од 1972-та, прво во Каиро, а потоа и во Бејрут.

Додека канцеларот Брент даде јавно ветување до Израелците дека тој „нема да капитулира со тероризам“, Министерството за надворешни работи дава друга интерпретација на настаните. Хелмут Редиес, експерт од Блискиот Исток во Министерството за надворешни работи, само побара од ПОО да ја исклучи Западна Германија и нејзините граѓани од неговите напади.

„Од критично значење за нас е Палестинците да ја почитуваат јавната безбедност во Западна Германија и да не бидат спроведени никакви операции на тлото на Федералната Република или против германски поединци и германски капацитети во странство“.

Подготви: Славе Ангелов

Извор: Spiegel

Page 38: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.91

„Do Bal~ak“: Kontroverzno ili remek delo

Неминовно е да се напишат неколку реда за најновиот филмски проект режиран од страна на Столе Попов, каде актерската група пленува со искуство и талент. Но, приказната на филмот не е причината поради која овој филм стана најпознат и најозборуван, а како да беше пред некое време кога беше пуштена првата клапа. Филмот во себе крие контроверзија, која никако да им се тргне од очите на луѓето.

Најпрво со мртвиот коњ, потоа со гробовите на некои борци од крајот каде се снима филмот... и што ли уште не?! Филмот се предвидуваше да биде снимен за 10 недели на територијата на Македонија т.е. во околината на Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп.

Проектот е соработка помеѓу продукцијата Трингл Филм, во копродукција со Сектор Филм, FX 3X и Македонската Радио Телевизија. Самите имиња на овие познати продукциски куќи ви најавуваат дека на македонските платна доаѓа едно ново ремек дело. Но, дали ремек делото ќе остане во заседа од неговата контроверзија, тоа останува на вас да одлучите.

Од интервјуто кое го имаше Стале Попов за весникот „Нова Македонија“, еве што тој изјави за неговиот филм и како се одвива приказната од самиот заплет, па до расплетот.

Page 39: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.91

Режисерот Столе Попов за „ДО БАЛЧАК“ - Приказна од дивиот исток. Македонија, мала земја во срцето на Балканот. Петстотини години под турско ропство. Дејствието се случува во првата декада од XX век. Филмот е сурова но романтична љубовна приказна, во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација.

Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, сé е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот, ако не си спремен да умреш за негo”. Нешто што без никакви претензии би можеле да го наречеме „македонски допир”. Нешто вознемирувачко- а мирно, грдо- а убаво, грубо- а нежно, темно- а просветлено, сурово- но поетично.

Додека Холивуд ја дигитализира виртуелната „стварност” спуштајќи се длабоко во океаните или качувајќи се високо во вселената, ние Балканците

сéуште се качуваме до висините на утопискиот идеал – Слободата или се спуштаме до крајната длабочина на човечката душа – Смртта. Антиподите на моето синеастичко раѓање се движат „до коска” на релацијата „Слобода или Смрт”. Сонувајќи за недопирливиот идеал на слободата, историски потврден како вечна слатка илузија на човековиот род, постојано чекориме рака под рака со смртта, со која, зошто да не, можеби и започнува вистинската слобода како посакувана, сé уште непотврдена вест.

Обичниот човек насекаде во светот, потиснат од насилство и неправди постојано сонувал и сонува за подобар свет. Живееме во високо технолошка ера, каде навидум сé е потполно различно, а во суштина сé е фрапантно исто. Историјата постојано циклично се преповторува, минатото станува апсолутно актуелно и зачудувачки препознатливо и во денешни денови. Империите се создаваат и се распаѓаат, идеологиите се креираат и се менуваат, големите си поигруваат со малите, силните ги толчат слабите, сила бога не моли, но буните, востанијата и револуциите отсекогаш ги имало и повторно ќе ги има.

Page 40: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.91

Исконското чувство за слобода е неуништливо и го движи светот напред. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со супер историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот „Амerican Western“ или нешто што слободно би можеле да го наречеме „Маcedonian Eastern“, филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација.

Во актерската група на филмот „До Балчак“ настапуваат: Инти Шрај (плејбој зајачица), Сашко Коцев, Мартин Јордановски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо и уште многу други еминентни имиња од областа на филмот. Како да сите актери кои одамна веќе се покажале со талентот се собрале на едно место.

Проектот е поддржан и финансиран од Владата на Република Македонија и Филмскиот Фонд на РМ во програмата за проекти од национален интерес. Снимањето на филмот го потпомогнаа

и Министерствата при Владата на Република Македонија, МПЦ - Преспанско-Пелагониската и Дебарско-Кичевската Епархија, Македонските Железници и локалните градски самоуправи. Официјални спонзори на филмот се: Алкалоид АД Скопјe и Лукоил Македонија.

Да ве потсетеме дека во последно време низ јавноста се појавија случаи, кои го загрозуваа имиџот на филмот. Најпрво со коњот кој почина при снимањето на фимот. Овде се појави скандал околу тоа дали коњот починал од природна смрт или, пак, бил намерно убиен за целите на филмот. Но, според изјавите на некои од филмската екипа, на коњот му биле дадени инјекции со седативи за да заспие, со таа цел да изггледа дека е мртов додека лежи во лажна облеана крв. Но, кога коњот не подлегнал на седативите, тие му ја дале смртоносната доза. Она што претставува контроверзија е што во еден момент, Зоран Ристевски, извршниот продуцент на филмот, изјавил дека коњот е жив, додека ветеринарот ја потврдил смртта на коњот.

Реакциите стигнуваа дотаму што имаше голем број на дискусии и по социјалните мрежи. Додека некои го оправдуваа чинот, велејќи дека коњот бил стар и изнемоштен, други го осудуваа. Колку повеќе следбеници си создаде филмот, толку повеќе омраза предизвика кај некои.

Но, како што кажавме, неминовно е да се спомне дека филмов дефинитивно крена прашина. Дали тоа ќе биде доволно овој филм да биде подобар од „Прашината“ на Милчо Манчевски, останува да проследиме во иднина.

Подготви: Емилија Петреска

Page 41: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.91

Evergrin na „site vremiwa“11

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“. Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на [email protected] и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

Page 42: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.91

Калиопи – Обои ме

Ако веруваш во Богатогаш верувај во себе

не ме давај на ѓаволите,а ако можеш да ме видиш

кое црнило ме передај помогни ми, обои меОбои плаво и допри месо снагата на ветровите

обои жолто, и вечнонека мириса на јасминов цвет.

Рефрен:Обои ме, обои меобои ме и пред сe

ти земи бои што се од срцеобои денови, во стари спомени

обои сe што ни живее, обои ме…

Каролина Гочева и Тоше Проески – Немир

Тоше: Дали е доцна нешто да сменам?Кому да кажам, без тебе не можам?

Светот да сакаш би ти го купил,грешев што грешев,

само Бог би ме искупил.

Каролина:Пројде многу време

сама спијам, а ме галат копнежи.Уште те сакам тебе,

ти си дел од сите мои молитви.

Тоше и Каролина:Ти си немир што ме тера

да се премислам,да верувам во љубовта,да научам да простамзошто секој простува

и барем еднаш се покајува.

Ех, да најдеш некој повод или причина

на полноќ да ме разбудиш,ќе откриеш во очи дека било

вистинаштом велат дека пак не заљубив…

Page 43: Револуција Магазин бр 91

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.91

XXL – Заборави сé

Последна песна, познат рефрен,Последна игра, скоро е ден

Последна прекрасна ѕвездена ноќМириса јасмин на прозорец твој.

Животе зошто се поигра ти,Со нашите срце, судбини?

Можеби нешто ти згрешивмеЈас немам солзи за плачење.

Заборави сé, заборави ме

Знам дека тешко е но сфати меЗаборави сé и кога си сам

На моите песни само сети се...

Манифестацијата ја организира продукциската куќа „Green Entertainment” со поддршка од меѓународно етаблираната агенција за односи со јавност „Chapter 4“од Македонија.

Подготви: Емилија Петреска

Леб и сол – Скопје

Скопје има микроклима,изгор лето, кочан зима,градски ѕид и голи брда,сино небо, земја тврда.Матен Вардар брзо тече,тајни носи, време влече.

Скопје прави падни - стани,има девет лути рани.

Скопје има славни маалаДебар маала не е шала.Скопје јава брзо коњче,а бре момче Македонче.

Насмевни се, не бери гајле,намигни ми, ајде на здравје, Скопје!...

Page 44: Револуција Магазин бр 91