Револуција магазин бр.66

44

description

Магазин за политика, економија и култура

Transcript of Револуција магазин бр.66

Page 1: Револуција магазин бр.66
Page 2: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 3 МАРТ 2012 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина

Неделна панорама .......................................................................... 04

Гордо крената глава за гласање ....................................................... 10

Зошто гласаме? ............................................................................... 12

Страв од избор и одлука .................................................................. 19

Ограничена демократија .................................................................. 22

Алшар – полн минерали за атомски централи .................................... 28

Пештера Врело – бесплатно патување во вселената .......................... 31

Исполнети и среќни ........................................................................ 34

„Црно и бело“ како синоним за среќа и тага ...................................... 36

MIDNIGHT IN PARIS (2011) ............................................................... 40

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected] Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Елена Николовска, Симе Симовски, Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска,

Биљана Божиновска, Александра Николовска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник: Миланчо Ристовски

e-mail: [email protected]

Маркетинг:

Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 4: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса: Востаничка 67б-7

1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Не сонувајте за НАТО! Претставници на НАТО и САД

јасно и гласно ни порачаа дека не треба да се надеваме на

покана за членство во НАТО сè

додека не си ја тргнеме Грција од

грб. Според нив, ниту пресудата од Хаг не е доволна за

Македонија да влезе во НАТО, па

тие и понатаму остануваат да ја

штитат Грција.

Нашиот јужен сосед е земја-

членка на алијансата, но не дава

некој значителен придонес во мировните мисии на НАТО. Ние

пак, го даваме максимумот од нас

и упорно не се откажуваме од

амбицијата да влеземе во НАТО, да седнеме покрај Грција и да ѝ

ги поматиме сите сметки

(балканска работа).

Во реалноста нè врати изјавата на генералниот секретар на НАТО

Андрес фог Расмусен:

„Сите одлуки во НАТО се носат

врз база на консензус, а тоа ја вклучува и Грција. За да упатиме

покана до Скопје, ќе ни треба

поддршка од Грција. Тоа е тоа.

Разбирам дека Грција нема волја

да упати таква покана сè додека не се најде обострано

прифатливо решение за името.

Тоа го решивме во Букурешт во

2008-ма и таа одлука сè уште важи.“

Расмусен наводно би сакал лично

да упати покана до Скопје, но тој

чекор без благослов од Грција – не бива.

САД постојано го повторува

ставот дека не сака да се меша

во овој билатерален спор меѓу Македонија и Грција, бидејќи

нели спорот се решава под

капата на ООН. Ама, капата

станува претесна, па така, кога не нè сакаат во ЕУ, не ни

дозволуваат да си влеземе во

НАТО, да размислиме да станеме

52-от дел на САД? Можеби тогаш

ќе успееме да си ги скратиме нервозите, и да си го сочуваме

името... Или, ако ништо повеќе,

ќе видиме дали поддршката на

САД е вистинска и од срце.

30 минути за Груевски и

Пападимос Средбата меѓу првиот човек на македонската влада, со неговиот

грчки колега конечно се случи во

четвртокот попладне, во

Европскиот совет во Брисел.

Ова е прв состанок на премиерот Груевски со претседателот

на преодната грчка

влада Пападимос, по серијата

средби што нашиот премиер ги имаше со грчкиот претходник,

Јоргос Папандреу, од која

последната се одржа на 23

јуни минатата година. На средбата се договориле да

продолжат разговорите.

Page 6: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

Истакнале посветеност за

продолжување на разговорите во

рамки на Обединетите нации во насока на изнаоѓање на взаемно

прифатливо решение.

И додека кај нас средбата беше високо поздравувана како ново

светско чудо, во Грција овие 30

минути подразбираа само

формална обврска која мора да

се заврши за да се „замачкаат“ очите на меѓународната

заедница. Како што бараат

големите татковци, подготвеност

за решавање на спорот покажаа и двете страни, си испратија

супер „исфилувани“ соопштенија

до јавноста и толку, сега животот

може да продолжи понатаму!

Каде отиде волјата за

решение? Продолжуваме во духот

Македонија-Грција. Нашата мила македонска кралица, на јавноста

попознат како претседател на

држава, смета дека за решавање

на спорот меѓу Македонија и

Грција е потребен дијалог, но

Грција е таа која не покажува

таква волја и интерес. „Кога има волја има и начин. Не

гледаме волја кај нашиот јужен

сосед да го направи исто што го

направија Словенија и Хрватска, паралелно да ги водат процесите

и да се дојде до решение. Исто

така, волјата се појави помеѓу

Србија и Косово и се најде решение“.

Претседателот вели дека нашата

земја речиси сите години

независности ги потроши за да ја поттикне Грција да дојде до

решение на овој спор. Меѓутоа,

таа тврдоглаво си ја продолжува

својата тактика, или како што

вели Иванов: „Тоа што го правеа со Кипар и со

Турција сега го прават и со нас.

Својот проблем го даваат да им

го решава Европска унија и НАТО“.

Во ред, можеби Грција навистина

не покажува волја за решавање

на спор кој нејзе воопшто не ѝ тежи. Тука ние не можеме да

влијаеме. Но, како Македонија ја

поттикнува Грција да се дојде до

решение? Преку преименување

Page 7: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

на значајни објекти и

поставување споменици? Или

преку тука-таму по некој јавен повик за „конструктивен“

состанок кој нема да донесе

ништо ново?

Белград, Приштина,

Македонија А кога ги спомнавме Србија и

Косово... Не е тајна дека неделава двете страни постигнаа

договор за претставување на

Косово на состаноците на

регионалните иницијативи, како

и за начините за спроведување на Спогодбата за интегрирано

гранично управување.

Македонското МНР оценува дека

постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина под

покровителство на Европската

унија е во насока на

унапредување и зајакнување на стабилноста и соработката во

регионот, но и конкретен пример

дека преку директен и

конструктивен дијалог може да се решат сите отворени прашања,

кои ги засегаат земјите во

регионот.

„Договорот помеѓу Белград и

Приштина отвора нови можности

за придвижување на Србија и на Косово кон европските

интеграции. Овој позитивен

моментум во регионот треба да

биде искористен и за конечно отпочнување на пристапните

преговори за членство на

Република Македонија во

Европската унија“, велат од Министерството за надворешни

работи на Република Македонија.

По само две децении, немо

сведочиме како сите напредуваат, оставајќи нè на

крајот на опашот. Наместо да се

жалиме и плачеме за тоа што нè

снајде, да ги засукаме ракавите и

да поднаучиме нешто од комшиите. Повикот за

проширување на знаењата се

однесува и до водените, но многу

повеќе до оние кои нè водат нас, и нашата држава.

Литванија е на наша

страна Став кој нам ни одговара -

Македонија да добие датум за

почеток на преговори. Ова го

усвоиле Литванците на Собрание

и лобирале кај данското претседателство. Тие велат дека

мора да се изврши притисок врз

Грција за деблокирање на

Македонија. Потпретседателот на Собранието

на Литванија го кажа гласно она

што ние го „трубиме“ речиси 20

години: „Не гледам сериозни проблеми

кои би го спречиле почетокот на

Page 8: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

преговори со ЕУ. Немате

територијални претензии, немате

проблеми со границите, ги исполнувате копенхашките

критериуми, и сметам дека нема

причина за понатамошно

одложување на преговорите за членство“.

По успехот на нашите

кошаркари, Литванија е сè

понаклонета кон Македонија. Оваа балтичка земја сега увезува

и македонско вино. А можеби

токму во македонското вино лежи

вестината, кој знае...

Веб портал за

агробизнисмените Македонската асоцијација на

преработувачи (МАП), со

поддршка од програмата АгБиз на УСАИД, разви интерактивен

веб портал, со цел да им се

помогне на компаниите од

агробизнисот да ја зголемат конкурентноста и продажбата.

Порталот www.map.org.mk нуди

лесен пристап до информации за

пазарот, заедничко презентирање и понуда, што ќе

ја подобри конкурентноста и ќе

отвори нови можности на

пазарот.

Според директорот на

канцеларијата за економски раст

на УСАИД, Џосеф Лесард, идејата произлегла од потребата за

поефикасна комуникација,

соработка и видливост на

македонските компании за преработка на зеленчук.

Порталот вклучува и брокерска

алатка која им овозможува на

учесниците во синџирот на

вредност на преработки од зеленчук да ги постават нивните

количини за продажба засебно

или колективно, да разменат

производи што се нудат или бараат и автоматски да примаат

надворешни прашања во врска со

трговијата. Map.org.mk ќе им

помогне на компаниите да бидат во чекор со најновите

индустриски трендови и глобални

мрежи, надградувајќи ги силните

врски кои се веќе воспоставени од македонските компании за

преработки од зеленчук и МАП со

партнерските организации, како

и компаниите од регионот и од

Page 9: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

ЕУ. Готово, и агробизнисмените

се дигитализираа. А колкумина

од нив знаат како да се служат со веб-мрежата и максимално да ја

искористат алатката која им е

сервирана – останува отворено

прашање.

Стартувај кола, ако

смееш Неделава скокнаа цените на горивата во Македонија.

Регулаторната комисија одлучи

дека бензинот и нафтата ќе се

продаваат за три денари повеќе

за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинство е

зголемена за 2,5 денари.

Според одлуката на

регулаторната комисија за енергетика Еуросупер БС – 95 ќе

се продава за 84 денари за

литар. Новата цена на

Еуросуперот БС – 98 ќе изнесува

85, 50 денари за литар. Малопродажната цена на

Еуродизелот исто така се

зголемува за три денари за литар

и ќе изнесува 74, 50 денари за литар. Се зголемува и

малопродажната цена на екстра

лесното масло за домаќинство, за

2, 5 денари за литар и ќе се продава по 63 денари.

Граѓаните ја примија веста во

шок и неверување. Цените на

сите работи потребни во секојдневието вртоглаво растат,

а платите остануваат исти.

Македонците едногласни велат

дека животот станал скап, и е веќе на граница со неиздржлив.

Македонија наплаќа по eвропски

цени, а живее со балкански

стандарди. Официјалната причина за

зголемување на цените на

нафтените деривати е за 6,54

отсто повисоката цена на

суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели

и за 0,42 отсто понискиот курс на

доларот во однос на денарот.

Граѓаните веќе навикнаа на покачувања. Позитивната страна

на македонскиот народ е што

правопропорционално со

немаштијата и мизеријата, ни расте и дозата хумор.

Па така, деновиве низ социјалните мрежи можеа да се

Page 10: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 10

видат статуси од типот на „НЛБ

Тутунска банка има нов наменски

кредит за полнење резервоар, со рок на отплаќање 40 години“,

„Порано фраерите частеа на

шанк. Сега на бензинска пумпа.“,

„Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти

ваучер од Макпетрол да видам

јас...“, „Макпетрол е новиот

Сваровски“...

Старо-нови мостови После неколкумесечните гласни

лелекања на локалните жители,

Владата на Република Македонија конечно реши да

реконструира дел од мостовите

кои беа оштетени или урнати во

временски непогоди.

Од буџетот се издвоени 32

милиони денари за

реконструкција на три моста: оној во општина Градско, на

локалниот пат Градско-

Ногаевци, оштетен за време на

поројните врнежи од дожд минатата зима, потоа за мостот

во општина Кратово, што се

наоѓа во населеното место

Кулкица, урнат од надојдените

води на Крива Река во мај 2010 година, како и за мостот во

општината Чешиново-Облешево,

оштетен од надојдените води на

реката Брегалница во декември 2010 година.

Сега на сцена треба да стапат

општините. Нивна задача е да

изготват соодветни проекти согласно поставените стандарди,

како предуслов да дојдат до

државните пари, а со тоа и до

реализација на своите идеи. Искрено се надеваме дека во

брзо време она што ќе биде

обновено се срушените мостови,

а не нечии, и онака веќе длабоки

џебови.

Page 11: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Елена Николовска

Гордо крената глава за гласање

Ширум светот во последниве неколку декади или поточно

некаде од 1960 па наваму,

демократските земји се соочуваат

со проблемот на намален одѕив на гласачи. Овој податок можете

да го најдете на повеќе места.

Експертите кои истражуваат на

оваа тема велат дека причините за оваа појава се бројни. Меѓу

нив ги набројуваат

незадоволството од сегашната

ситуација, социо- економската

состојба, културни, институционални фактори и низа

други. Значи (не)гласањето

станало проблем на светот.

Очигледно е дека сé додека политичарите стануваат помоќни,

гласачите не гледаат причина да

излезат на гласање, главно

бидејќи не гледаат како би влијаеле на една таква моќна

политичка фигура. А сепак, во

некои демократски земји

гласачите се сé уште бројни. И во тие поразвиени демократии

политичарите вистински се

трудат да го убедат својот гласач. Ветуваат и прават.

Изработуваат детални програми и

ги спроведуваат. Допираат до

својот гласач преку разрешување на оние проблеми, кои го

засегаат на локално ниво. Од

недоволно место за паркинг, па

сé до создавање повеќе работни места во локалната месна

заедница, село или град.

И нашите домашни политичари го

прават истото. Но, после толку

лажење, никој не им верува. Па, затоа гласачките кутии

остануваат празни или пополнети

со лажирани гласачки ливчиња

на луѓе кои не постоеле никогаш или не постојат повеќе.

Македонскиот гласач е психички

изморен од секојдневните

проблеми со кои се соочува, а додека тој страда во бедотија, по

улицита на својот град ги гледа

своите политички претставници

како шетаат со лимузини. Кога некој е вистински изморен од

обидите да преживее, дали

навистина мислите дека му

дошло до заокружување

бројки на некое ливче?

Page 12: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

Меѓутоа, она што гласачите од

развиените демократии го имаат,

а нашите го немаат е гордоста. Тие сфатиле дека моќта е во

народот кој гласа. И гласаат со

високо кренати глави, а пред да

гласааат како низ рендген го чешлаат секое зборче од

изборните програми на човекот

за кој решиле да го дадат својот

глас. Тоа му недостига на македонскиот гласач. Гордо

крената глава и внимателен

преглед на сите имиња од

гласачките листи. Тие нема да бидат избрани, ако некој не

гласа за нив- колку сакаат нека

лажираат гласови, секогаш се

одлучувачки гласовите на

вистинските живи луѓе, а на лагата кратки и се нозете.

Потребно е вистинско

истражување пред гласањето. Во

развиените демократии, гласачот го зема во предвид и личниот

живот и професионалниот

живот на кандидатот за кој

размислува да гласа. И ако не му се допадне барем една ситница,

веќе размислува да го даде

својот глас за друг кандидат.

А како е кај нас? Македонскиот

гласач е толку сиромашен што го

дава својот глас за секој кој ќе му даде 500 денари во џеб за

да гласа. И тоа го користат

нашите политичари. Немилосрдно

и нечовечки.

Но, македонскиот гласач мора

да сфати дека моќта е во

негови раце. Да ја тргне настрана бедотијата на својот

живот, проблемите со кои се

соочува, заканите кои стигнуваат

од сите страни и со гордо крената

глава да отиде на гласање и да го заокружи она бројче пред оној

кандидат кој му се допаѓа пред

сé како човек, а потоа и како свој

претставник. Утрешниот ден после гласањето секако нема да

донесе ништо ново. Ветувањата

ќе се погазат, закани секогаш

ќе постојат. Само нашите политичари ќе сфатат дека

македонскиот гласач има гордост

и дека повеќе не се плаши!

Page 13: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

Елена Павловска

Зошто гласаме? „Гласај за твојата иднина, гласај

за нас, не гласај за нив, СДСМ, ВМРО една, ВМРО друга, некоја

трета, четврта, петта партија...

Ќе направиме вака, ќе направиме

онака, го изградивме ова, го срушивме она... Tие се лоши, ние

сме добри... “ - и така нé

бомбардираат и повеќе од

законските 20 дена изборна кампања, така нé бомбардираат

секој божји ден преку своите

прес-конференции, преку

собраниските говорници... Како

цело време да живееме во една предизборна кампања, зона на

самракот од која не можеме да

излеземе. Тогаш се поставува

прашањето, дали воопшто да го дадеме некому нашиот глас?

Зошто да гласаме?

Психолошка игра со

граѓаните

Политиката во земјава е

главна преокупација на

народот! Преокупација која

ескалира за време на изборната

кампања. Сплетките, говорите, летоците, митинзите, малите

подароци како „знак на

внимание“- сето тоа е дел од

тактиката за привлекување на повеќе гласачи.

Според она што досега се

покажало на изборите,

кампањата малку влијае на одлуката на граѓаните за кого ќе

гласаат. Кампањата сама по себе

обезбедува поголема излезност на гласање и ги зацврстува

гласачките тела на партиите, но

не ги менува драстично

рејтинзите. Најголем дел од гласачите знаат за која партија

ќе гласаат уште пред кампањата.

Предизборната трка сама по себе

не побудила менување на мислењето кај граѓаните. Иако во

анкетите се појавува висок

процент на неопределени, сепак

голем дел од тој процент се оние

кои во анкетирањето го сокриле своето политичко определување.

Политичките партии ги делат

гласачите во две групи: оние

што се за нив и оние што се против нив. Исто така, има и

мала група неопределени

гласачи. Може да се обидат да ја

придобијат и оваа група, но тоа

не е најважно за нив. Тоа е едноставна формула во

политичкиот свет - кантарот ќе се

навали кон партијата што ќе

Page 14: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

успее да ги мотивира своите

приврзаници да излезат и да

гласаат за неа. Способноста на политичарот да ги мотивира

неговите приврзаници го

одлучува изборниот исход, а не

неговата способност да ги придобие гласачите од

конкуренцијата.

Негативна и неинвентивна

кампања, која е насочена, главно, кон противникот, а

помалку кон презентирањето на

сопствената програма, е

карактеристика на досегашните изборни трки во македонскиот и

во албанскиот политички блок.

Политичките аналитичари знаат

дека нашите избори се со

огромен гнев, на кои партиите ги вадат сите „валкани алишта“. Кој,

каде, со кого и колку - сé се

дознава во предизборието. Се

мавта со кривични пријави и се обвинува. Таквиот пристап,

генерално, го симнува нивото на

политичкиот дискурс, и ја

актуелизираат играта во која партиите се натпреваруваат кој

бил полош. Со тоа практично

признаваат дека се лоши

неодговорни и без резултати.

Ама, велат, другите биле

полоши. Таа логика нè доведе

до дното. За жал, преку зачестеното повторување, истата

почнува да има ефект кај дел од

луѓето. Ситуацијата во која се

наоѓаме е хаотична и на граѓаните им треба „виновник“ по

кој би плукале, врз кој би ја

исфрлиле целата омраза и бес.

Во нормални земји со нормални институции, но и зрели гласачи

не може да се продава ветер и

магла. Туку гласачите сакаат да

слушнат понуда и некаква визија за прогрес.

Кај нас изборната програма и

ветувањата им се оставаат на

политичките аналитичари, а

специјалитетот е за граѓаните - оцрнувањето, исмејувањето,

плукањето на политичкиот

противник. Ние како да сме

порота на јавно судење со двајца обвинети и треба да пресудиме

кој е одговорниот за фактот што

се наоѓаме на „дното“. Двете

поголеми страни од поодамна се однесуваат како завојувани.

Атмосферата е наелектризирана,

постојат тензии, притисоци и

загрозувања на избирачкото

право. Немаме вистинска демократска предизборна

кампања којашто би имала

содржина, која што би нудела

различни опции, програми, политики и идеи за она што

значи натамошен развој на

државата преку видувањата на

различни политички опции. Никој од граѓаните и не обрнува

внимание на предизборните

верувања, тие остануваат за

Page 15: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

толкување на аналитичарите,

нивниот дух го „креваат“

сплетките и обвинувањата, да го кренат својот глас, да извикаат

„Уааааа!!!“ и да посочат кон

виновникот на нивната „неволја“.

Не гласаат ЗА некоја опција, туку ПРОТИВ другата, која за нив е

„полошиот“ избор.

Но, нашите политичари и не се

пионери во вакавата тактика. Американскиот новинар Џо Клајн

ја напиша мудрата книга

„Политички изгубен“ за

претседателските кампањи во САД, во која опишува како

советниците и анкетарите ја

отстранија сета спонтаност од

политиката. Клајн зборува за

кампањата на сенаторот Алан Кранстон во 1986 година.

Кампањата намерно била толку

злобна и безмилосна, толку многу

се критикувало и се изнесувале „валканите алишта“, што голем

дел од гласачите биле згрозени и

не гласале. Апстиненцијата му

наштетила многу повеќе на неговиот противник, отколку на

Кранстон. Во книгата Клајн вели

дека еден од советниците на

Кранстон дошол до перверзно

откритие дека тој би можел да ја направи изборната трка толку

одвратна и неподнослива, што

буквално ќе ги обесхрабри луѓето

од гласање. И Кранстон навистина победил, а неговата

намерно валкана кампања ги

одвратила гласачите што би

можеле да гласаат против него.

Граѓаните во Германија, пак, се

соочија со германска верзија

на оваа стратегија. Канцеларката

Меркер не ги одвратуваше

избирачите со шокантна тактика. Наместо тоа, таа со својата

ладнокрвност и

незаинтересираност само

правеше да им биде здодевно и неинтересно, одвратувајќи ги од

намерата да гласаат.

Масовност како

манипулација

Освен за митинизите низ

градовите во земјава,

политичките партии атакуваат од

реклами низ сите медиуми,

билборди, па сé до пенкалца, маици и капчиња со нивното

лого. Новитет е дека на

последните избори посебни

партиски тимови се фокусираа и на интернет-кампања. Голем број

на лидери на политичките партии

имаа профили на Фејсбук, а

активни веб-страници имаа сите партии- сé да изгледа дека тие се

поблиску до нас, тука за нас.

Експертите велат дека што поголемата присутност на

политичките партии и

расфрлање на пари за

маркетинг за време на

Page 16: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

предизборните кампањи кај

граѓаните одава впечаток за

нивната моќ и тоа е одреден начин на привлекување на

гласачите. Се создава впечаток

дека таа толку моќна политичка

опција штом има толку многу пари и организација, па

најверојатно ќе победи и во тој

момент граѓаните почнуваат да

калкулираат во однос на она што би претставувала победата на

одредена политичка опција за

нивната егзистенција. Затоа се

организираат масовни митинзи, се обезбедуваат голем број на

поддржувачи кои го следат

караванот од град до град, се

изајмуваат автобуси за превоз на

симпатизерите. Политичките партии трошат многу големи

суми, најчесто тоа е неколку

пати повеќе од она што е со

закон дозволено или што може да го потрошат за време на кампања

за најразлични видови на

промоција на партијата, на

политиката на коалицијата, но кога на крај ќе се сумираат

резултатите се чини дека

премногу скапо чинат тие

гласови.

Сето тоа за да се создаде

визуелност за масовност и

огромна поддршка во очите на своите симпатизери, па и кај

останатите да се јави желбата да

станат дел од победничкиот тим.

Уште една тактика во политичкиот свет, која до сега се

покажа како мошне успешна и

која ја „голтаат“ избирачите.

Поткуп и заплашување

Поткупот и заплашувањето се

средства преку кои поединци или

групи сакаат да го променат

исходот на изборите. Да влијаат врз изборот на гласањето на

избирачите. Без оглед на

формата или степенот, со овие

постапки се крши основното право на поединците слободно да

изберат за кого ќе гласаат, без

непотребни влијанија.

Поткуп е чинот на давање пари

или подароци во замена за противуслуга. Еден од

најочигледните облици на поткуп

за време на избори е

купувањето гласови. Сепак, кандидатите или засегнатите

страни можат да користат и

посуптилни форми на поткуп,

како што е користењето државни ресурси за да понудат работни

места или проекти за развој на

заедниците или поткуп на

полицијата или членовите на изборните комисии за да се

заобиколат процедурите (ви

звучи ли ова познато?).

Заплашувањето и поткупот за

време на избори може да создаде

Page 17: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

психолошки и социолошки

пречки за слободното

изразување и гласање. А, суптилни форми на овие два

процеси се (пре) застапени кај

нас, меѓутоа тоа е јавна тајна

против која никој не сака да превземе ништо.

Самиот факт дека постојат голем

број на партиски војници, на кои им е ветено нешто и дека истите

се под притисок да обезбедат

гласачи за својата партија, ја

потврдува оваа теза. Политичарите свесни дека не

можат да влијаат врз гласачите

преку кампањата се обидуваат на

друг начин да обезбедат гласови. Еден од тие начини беше објавен

на минатогодишните избори.

Имено повеќе од јасно стана дека

врз секој член на владејачката

партија е вршено притисок да обезбеди по најмалку 15 луѓе кои

би гласале за владејачката

гарнитура на престојните избори.

„Знаете како функционира мрежата. Секој активист на

партијата се обидува да

придобие што повеќе

приврзаници“- беше одговор од

коалицијата.

Како и да е, со ова се врши пред сè притисок врз сопствените

редови и сили кои зависат од

партијата. Уценувани со

работа, решение или друг тип на услуги тие се присилени да

вршат второстепен притисок врз

најблиските луѓе. Се врти на

чичковците, вујковците, братучедите, пријателите од

основно, средно или, пак,

факултет и на понижувачки

начин се бара услуга. Вториве се соочени со огромна дилема. Се

разбира дека е присутна

потребата да му се помогне на

својот најблизок, но самиот факт

дека од тебе се бара бројот на лична карата, матичниот број и

други лични податоци

предизвикува страв и паника за

искористување на твојот идентитет. Правото на глас е

демократско право кое не може

да му биде одземено на

граѓанинот, но секој вид на притисок ни соопштува дека

имаме дефектна демократија.

Не го даваме гласот со

ентузијазам и верба дека токму

тој би променил нешто, туку го даваме безилезно да му

Page 18: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

помогнеме на другиот и да се

заштитиме себе си.

Слично се случува и по големите фирми, корпорации,

претпријатија, каде што челните

луѓе се припадници на една

партија. Истиве делејќи ги пенкалата, календарчињата,

запалките... им сугерираат на

вработените дека ако гласаат за

нивната партија и таа победи на изборите, автоматски и шефовите

ќе успејат да се пробијат, а штом

тие тоа го сторат и фирмата ќе

успее да се пробие на економскиот пазар, што

значително ќе ја подобри и

ситуацијата и платите на

вработените. Е, тука се активира

желбата за подобра иднина, пустата желба за нормален живот

и опстанок, па вработените

пропаѓаат под ваквото влијание.

Гласаат не за одредена опција, туку за својот опстанок.

Зошто гласаме?

Да сумираме и да дадеме одговор

на прашањето: Зошто гласаме? Гласаме за да ја казниме

„лошата“ опција, гласаме за да го

посочиме „виновникот“ за нашите

проблеми, гласаме за да станеме дел од „победничкиот“ тим

(изманипулирани со

предизборната тактика), а со тоа

и да извлечеме некој ќар за себе, гласаме за да му помогнеме на

блискиот (кој е вмешан во

партискиот хаос), да му

помогнеме барем тој да си го

најде своето место под сонцето

(бидејќи за нас е веќе предоцна),

гласаме за да го потпомогнеме

работодавачот, фирмата, а со тоа и да си обезбедиме егизстенција,

гласаме (не размислувајќи за

кого) не сакајќи да го

препуштиме тоа право за манипулација на изборните

резултати- па намерно пуштаме

неважечко листче, а ретко кој од

нас гласа затоа што верува во идеологијата, во претставената

програма, затоа што верува дека

работите ќе се сменат.

Генерално, граѓаните се

чувствуваат предадено и

немоќни, затоа голем број од нив не ни излегува на гласање и не

сака да има врска со изборниот

процес, сметајќи дека на тој

начин помалку би се чувствувал разочарано кога и следната

владејачка гарнитура не би

помрднала ни со најмал прст за

нивните потреби. Надежта е

оддамна изгубена, а денешниве политичари со нивното валкано

однесување само ја потврдуваат

оваа состојба на граѓанството.

Потребна е комплетна трансформација на

политичкиот дискурс и

Page 19: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

ангажираност, за да граѓаните

би се почувствувале битни и на

прво место. Само тогаш би знаеле дека гласаат за себе, а не за

нечија фотелја. Само тогаш би

гласале поттикнати од

вистинските причини.

Page 20: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

Славица Ѓоргиева

Страв од избор и одлука Македонија веќе 20 години

официјално се фали со демократско владеење. За

разлика од државата, граѓаните и

нивните размислувања и

однесувања се останати во не така далечното минато, кога една

политичка фигура беше во

центарот на целото внимание, и

кој во очите на останатите беше сè она што тие не се.

Експресна демократија Демократијата и нејзината

најпроста дефиниција, веќе е добро научена – таа подразбира

уредување во кое власта доаѓа

од народот, и е за народот. Тоа

значи дека секој го има правото

да избира и да биде избран, но и да бара неминовно почитување

на неговите слободи и права.

Секој има право да размислува

што е најдобро за него, но и да одлучува како да стигне до тоа.

Е сето ова навезено, звучи така

мелодично, како предизборен

говор во македонска кампања. Помеѓу сите вакви фенси

ветувања и прикажувања,

граѓанинот како иден гласач,

губи допир со реалноста која постојано го удира в лице.

Проблемот кој упорно се одбива

да се лоцира, иако е очигледен, е

повторно, македонскиот

менталитет. Во нашата земја демократијата дојде многу брзо.

До вчера народот се

обединуваше околу култот на

Тито. Веќе следниот ден Тито го

нема, доаѓаат некои старо-нови постави кои решиле да градат

некој нов систем, се менуваат

устави, се организираат избори и

оп - ете ти демократија, преку ноќ!

Демократијата можеби е најмалку

лош од сите облици на владеење,

меѓутоа и таа треба да се гради постепено, оддолу нагоре. Сè што

е одозгора уфрлено и наметнато,

колку и да е полезно, создава

чувство на одбивност и тежина.

Македонскиот граѓанин беше навикнат друг да размислува за

него, друг да ги носи големите

одлуки, а со тоа и одговорноста.

Затоа денес, кога ќе го земе гласачкото ливче в раце, е

збунет и не знае што побрзо да

направи со него. Да заокружи А

или Б? Да заокружи сè или ништо?

Детинестите дилеми доаѓаат

оттаму што никој никогаш му нема објаснето која одговорност

Page 21: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

ја носи неговата одлука. Во

моментот можеби делува

најобично и најнебитно, меѓутоа токму неговиот глас е оној

одлучувачкиот. Тој со својот глас

ја гради иднината, свесно или

несвесно.

Ништо не е така лошо како незнаењето, ниту пак нешто е

така добро како стара навика.

Суровата сегашност наспроти

незаборавното минато. Владеење на мнозинството наспроти

владеењето на единствениот.

Правото на избор наспроти

„изборот“ на една опција. Правото на бунтување и

организирање наспроти правото

на молк. Слободното изразување

наспроти стравот во коски. Почитувањето на самиот себе

наспроти почитувањето на оној

над тебе...

Страв во коски И после две децении од

угнетувањата и авторитарните

игри, македонскиот граѓанин

живее во страв, а стравот е

најчесто користената емоција, како цврста подлога за

манипулација. Основата на

стравот е неинформираноста,

бидејќи во природата на човекот

е да се плаши единствено од она што не го знае, од она со кое прв

пат се среќава. Сето тоа зачинето

со бурното балканско минато,

заедно со информативниот тунел – отвараат театарска сцена во

која токму ТИ си главниот куклен

лик. Збунет, речиси

хипнотизиран, исплашен од одговорноста која ти ја носи

епитетот ГЛАСАЧ, во незнаење

брзаш да се ослободиш од

ливчето кое ќе одлучи кој ќе се храни од твоите даноци.

Ако навистина сме решиле да

чекориме напред и да градиме (а

не само да си играме) држава,

време е сценографијата да се смени.

На македонскиот граѓанин не му

се потребни апстрактни дебати и

величење на некој доктор на

науки. На обичниот човек, потребен му е некој, кој е на исто

ниво со него, кој има слух за

неговите проблеми. Потребен му

е некој кој нема да се поставува надмено над него, туку ќе биде

човек кој ќе има доволно

Page 22: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

храброст да ги погледне неговите

напатени очи, да ја фати

неговата груба рака, и стрпливо да му објасни. Да му објасни дека

и покрај тоа што е роден во

систем, кој не дава пет пари за

него, сепак не мора да ја трпи сета неправда врз себе. Да му

објасни дека детето кое е

најгласно, секогаш прво го

добива чоколадото. Дека не може да седи дома, во својата удобна

фотелја, со својата омилена

турска серија и да чека правдата

да му тропне на врата. Тоа никогаш ниту било, ниту ќе биде.

Затоа, наместо да погодувате и

да се надевате дека сте во право,

прашајте го својот пријател,

својот родител, прогуглајте малку низ интернет страните. Дознајте

кои се вашите права, кои се

вашите обврски, кои се

обврските на оние што земаат плата на ваш грб. Ваквата битка

нема да биде лесна, уште

помалку едноставна, но вреди да

се почне, сепак тоа се ваши пари и ова е ваш живот, зар не?

Page 23: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

M-р Митко Јованов

Ограничена демократија

Пропорционалниот изборен модел со затворени избирачки

листи во Македонија ја сведе

демократијата во форма бидејќи

изборот на граѓаните го ограничуваат партиските лидери

кои ги кројат листите со

кандидати за пратеници.

Пратеници за лично

богатење На следните парламенетрани

избори потребни се кандидати за

пратеници кои ќе можат да им

погледнат директно во очи на своите соседи, на граѓаните од

својот сокак, во средините каде

што живеат. На една рака се

бројат таквите од сегашниот пратенички состав.

Во изминатите години

политичката сцена во Македонија е падната на најниските скалила.

Државата ни се соочува со

големи проблеми денеска,

поголеми и од тие во првите години од осамостојувањето.

Најтешките политички проблеми со кои се судривме во

деведесетите години, не ги

решивме, а нови создадовме и

создаваме. Економската состојба е влошена, најголем дел од

граѓаните живеат во незавидни

услови. Поразителен е и фактот

што се изгуби довербата во државните институции. Граѓаните

нив ги доживуваат како

„прифатилиште“ за партиските

членови.

Најпоразително е што актуелните

политичари имаат доверба кај

граѓаните под критично ниво.

Голем дел од граѓаните ги доживуваат политичките партии

повеќе како рекетарски групи,

наместо за одговорни субјекти

кои имаат капацитет да преземат одговорност за водење на

државата. Им се приклонуваат

заради спас од бедата во која

западнале, а не од политичко

убедување. На политичката сцена катадневно

имаме стотина политичари,

министри, пратеници,

Page 24: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

градоначалници, но одвај еден

од нив да ужива авторитет во

јавноста за да може да изврши значајно влијание во јавноста

преку своето работење, делата

зад себе, со своите залагања и

така натаму.

Пратеници без

професионална

биографија Парламентот е институцијата која

треба да биде местото каде се креираат рамките на државната

политика која ќе биде

спроведувана од Владата и

Претседателот на државата. Ако напишам дека Парламентот е

гласачка машинерија и слично,

нема ништо ново да кажам за

причините зошто пратениците не си ја вршат ефективно

пратеничката функција, без

разлика дали се од редовите на

власта или опозицијата.

Одговорот треба да го бараме

првенствено во нивниот минат труд пред да бидат избрани за

пратеници. Во голем број тоа се

луѓе со бледа биографија, одвај

познати на јавноста пред да

седнат во пратеничките фотелји. Исклучок се пратениците кои

биле и во минатите состави на

Собранието. Ако погледнете во

биографиите на пратениците кои се поставени на веб страната на

Парламентот, ќе видите дека за

голем број пратеници,

пратеничката функција им е прво вработување во животот, дел од

нив напишале дека се

„апсолвенти“ по професија.

Уште помалку ќе сретнете во биографиите на пратениците за

остварувања, резултати со кои се

истакнале во својата професија,

иако тоа треба да биде основа да

ја оправдаат кандидатурата за пратеничката функцијата. Од

личности со ваков минат труд, не

може да се очекува да имаат

сопствено изградено мислење, ставови, што пак е основа за

поседување личен интегритет,

кој пак е гаранција за успешна

политичка кариера. Друга причина за ваквиот пресонален

состав на Парламентот е

изборниот модел по кој се

избираат.

Затворените листи –

ограничен избор за

граѓаните Пропорционалниот модел по кој

се спроведуваат

параламентарните избори, им овозможува на партиските

лидери да ги одредат личностите

на изборните листи. Нема

потреба од докажување дека

Page 25: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

партиските лидери се партиски

диктатори во партиите, во кои

одвај може да се зборува дека постои демократија.

Демократските држави кога ќе западнат во криза, Парламентот е

централната институција во која

се води главната битка за

изнаоѓање решенија за излез од

кризата. Токму во такви периоди се откриваат новите политичари

кои јавноста ги препознава преку

своите заложби, конкретни

предлози за уредување на состојбите во општеството. За

разлика од првиот состав на

Парламентот, со години немаме

слушнато говор во Собранието кој ќе трогне, кој ќе изврши

влијание во јавноста, иако имаме

толку многу проблеми кои бараат

решавање. Пратениците ја извршуваат

својата функција изолирано од

средината во која живеат и од

местата каде се избрани. Нивната

грижа е да му се допаднат на лидерот на партијата, а не на

граѓаните, бидејќи нивниот

евентуален реизбор зависи од

лидерот, не од граѓаните. На

седниците на Собранието постои

натпревар меѓу пратениците во

меѓусебната навреда, во досетливоста за тоа кој што

направил во минатото, кој ќе

исападне поголем „фраер“ и

„заебант“ или „зафркант“ на сметка на политичкиот

противник.

Гласаат за закони, иако не го

познаваат нивниот текст, бидејќи ретко кој од нив ги чита

материјалите за седниците. Дел

од нив и да ги прочитаат не ги

разбираат, но и покрај тоа, не корситат ниту совети од

експерти. Не можеме да се

сетиме дека некој од пратениците

иницирал некоја стручна дебата

за било кое прашање иако за тоа има услови во Собранието. Уште

помалку пак сме сведоци дека

некој од пратениците е предлагач

на закон.

Пратениците од сегашниот

собраниски состав, кои во

кариерата зад себе извршувале

високи државни функции и имаат со резултати зад себе

препознатливи во јавноста, се

маргинализирани во работата на

Page 26: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 26

Собранието од мнозинството

пратеници, спремни да им служат

на своите лидери. Поткрепа за ваквата констатација е

пратеникот Павле Трајанов, кој

својот професионален век го

поминал во Министерството за внатрешни работи на високи

функции, меѓу кои и министер за

внатрешни работи од 1998

година до 1999 година. И покрај неговите признанија за

стручноста во работата на

безбедносните органи на

државата, пред сè на полицијата и разузнавачките служби, сепак

тој ја добил функцијата заменик-

член во собраниската Комисија

за надзор над работата на

Управата за безбедност и контраразузнавање и на

Агенцијата за разузнавање. Иако

очекувано е тој да биде

претседател на комисијата за Параламентот да ја изввршува

поефикасно контролната

функција врз еден од

најсензибилните ресори кога станува збор за слободата и

правата на граѓаните, односно

полицијата.

Ова е еден од стотината примери

преку кои Парламентот сам

себеси се девалвира во

вршењето на контролната

функција врз извршната власт, како што налага Уставот. Токму

затоа Парламентот не го фермаат

граѓаните, а уште помалку пак

Владата.

Пратеничкиот состав

резил за државата Во дведецениската историја

Македонија имала најслаб демократски капацитет во

вториот парламентарен состав од

1994 година до 1998 година и

денеска, бидејќи една партија

скоро да го има мнозинството пратеници што и дава комотност

на Владата во владеењето.

Денеска може да се каже дека е

полоша состојбата бидејќи

пратениците се избрани според пропорционалниот модел, за

разлика од 1994 година кога

тогашните пратеници се избираа

според мнозинскиот принцип. Спасот од слаб персонален

состав на Парламентот е во

воведување на мнозинскиот

модел за избор на пратеници бидејќи тој овозможува директно

Page 27: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 27

гласање за конкретна личност, а

не за листа од непознати имиња

одредени според поклонството кон лидерот, како што е избран и

сегашниот парламентарен состав.

Кога пратениците ќе се избираат со мнозинство гласови во својата

изборна единица, тогаш тие ќе

имаат интерес да се борат за

интересите на своите избирачи,

бидејќи реизборот ќе им зависи од нив. Мнозинскиот систем

овозможува влијание на

гласачите кој ќе биде избран да

ги преставува во Парламенот. Овој модел овозможува да бидат

избрани за пратеници, личности

кои уживаат авторитет и се

почитувани во средината, докажани во својата професија.

Пропорционален систем е

поедноставен и поевтин модел за

избор на пратеници, но практиката покажа дека тој

допринесе за уназадување на

демократијата во државата.

Пропорционалниот модел

единствено им оди во прилог на

партиските лидери за кога ќе

дојдат на власт да имаат неприкосновена контрола врз

пратениците и да владеат

апсулутистички со државата. Во

државите со ниско политичко ниво, со политички партии кои од

лидерот градат култ на личноста,

и дополнително се соочуваат со

економски проблеми,

пропорционалниот модел лесно ја сведува демократијата во форма.

На следните парламенетрани

избори потребни се кандидати за

пратеници кои ќе можат да им погледнат директно во очи на

своите соседи, на граѓаните од

својот сокак, во средините каде

што живеат. На една рака се бројат таквите од сегашниот

пратенички состав.

Page 28: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 РЕВОЛУЦИЈА-КОНКУРС страна 28

Page 29: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 МАКЕДОНИЈА страна 29

Магдалена Јовановска

Алшар – полн минерали за атомски централи

Македонија упорно докажува зошто е толку мала, но воедно и

толку уникатна и единствена. Во

нашата мила и мала Македонија

се наоѓа единственото наоѓалиште во светот за талиум и

потенцијален рудник за

еколошки чиста енергија. Тоа е

македонскиот рудник „Алшар“, кој се наоѓа на планината Кожув.

Мрежата за заштита на природни

реткости „Емералд“, од 2004

година „Алшар“ го евидентира

како споменик на природата.

„Алшар“ изобилува со десетици

видови минерали, каде дури

седум можат да се најдат само на

територијата на Македонија. Како најзначаен минерал во „Алшар“

се смета лорандитот.

Големата моќност на минералите

откриени во овој рудник можат да објаснат како се создава

енергијата на сонцето, па во

однос на тоа да се создаде моќен

енергетски извор, која ќе ја има истата таа сончева енергија.

Проѕирно-црвениот минерал- лорандит е доста интересен за

светската наука. Лорандитот е

единствениот детектор на

сончево неутрино, најмалата досега позната честичка, со што

со лабораториско вештачко сонце

можат да се следат

термонуклеарни реакции.

Токму Македонија може да стане

појдовна точка за создавање на

моќни атомски централи, а истите

да не бидат радиоактивни. Моќноста на овие минерали се

испитувала уште пред 100 години

од елитни универзитети од Прага,

Виена и Будимпешта, за да се

најдат минерали кои дотогаш не им биле познати на научниците.

Денес со 250.000 тони руда, која

содржи 2% арсен, 2,5% антимон

и 0,1% талиум, е единствено наоѓалиште во светот за талиум

кој се употребува за вселенски

истражувања и телекомуникации.

Page 30: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 МАКЕДОНИЈА страна 30

И додека „Алшар“ е единствен

рудник во светот со толку

уникатни минерали, кои се од осбено значење за општата

енергетска состојба во светот,

нашата влада реши да го тргне

истиот од еколошки заштитната зона. Имено, државата нема пари

да ги финансира истражувањата

во „Алшар“, па од тука,

странските истражувачи ќе мора да го отстапат лорандитот, а за

возврат ќе можат да го

експлоатираат златото и другите

минерали кои ќе ги пронајдат.

Изгледа, ние како толку богата

земја, можеме да си дозволиме да

не го испитуваме едниствениот минерал во светот, а притоа да

дозволиме странските научници

ем да го испитуваат ем за возврат

да си го земаат нашето злато и сите минерали кои ќе ги најдат.

Но, со непроценливата вредност

на минералите во рудникот

„Алшар“ се сврзани и многу

легенди кои датираат уште од Античка Македонија. Легендите

велат дека токму во Алшар се

крие непобедливоста на војската

на Александар Македонски.

Македонската фаланга го

користела аурипиментот за да ги

премачкува своите штитови.

Минералот кој ја има онаа енергија која ја дава и сонцето,

давал огромен блесок на

штитовите со што ја заслепувало

противничката војска. Овој минерал го инспирирал

Александар да војува на Исток,

поради тоа што сонцето од таму

изгрева, па со големата

рефлексија од своите штитови, противничките војници многу

лесно ги губеле битките.

Легендата вели дека Александар

секогаш се борел преку ден и на

Page 31: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 МАКЕДОНИЈА страна 31

сончево време, и со многу

помалкубројна војска успевал да

ги совлада противниците. Впрочем и самиот тој велел дека

на ова место паднал еден дел од

сонцето.

Рудата од „Алшар“ има голема вредност, а тоа го докажуваат и

историските записи од

осмалискиот период. Таму стои

дека 30% од вкупниот приход на султанот од Македонија, доаѓале

токму од Алшар. Денес таа руда

се проценува на околу 2

милијарди евра.

Page 32: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 МАКЕДОНИЈА страна 32

Александра Николовска

Пештера Врело – бесплатно патување во вселената

Ретки се оние кои имаат толку голем авантуристички дух за да

посетат пештера. Но, не се ретки

оние кои посакуваат барем за миг

да избегаат од хаосот на денешницата. Да отидат на некое

мирно место, исполнето со

тишина, со бои кои се

прекршуваат на млазовите светлина и кристали кои се

отсликуваат во бистрите води.

Кој посетил барем еднаш некоја

пештера, знае за каква убавина

зборувам. Убавина која како да не е од оваа планета, како да

доаѓа од некоја друга галаксија и

колку што нé воодушевува толку

и ни раѓа притаен сладок страв од непознатото. Едно такво

совршено место за пронаоѓање

на душевниот мир се наоѓа на

самиот влез на Скопје - пештерата Врело на Матка.

За оние кои не уживаат во

планинарството, единствениот

пристап до пештерата Врело е водениот пат кој се совладува со

чамци. За оние поактивните има земјена патека која се протега

над езерото. Во пештерата се

влегува преку скали, кои

хоризонтално се симнуваат до подот на пештерата. Веднаш до

влезот е концертната сала, еден

поширок простор, кој е

искористен за неколку музички концерти.

Така и останало името

„концертна сала“, од чија лева

страна се таканаречените

„пишани камења“. Станува збор за систем од знаци, можеби и за

писмо, за чие дешифрирање и

толкување треба стручна помош.

На средината на пештерата се

наоѓа огромен сталактит во вид на шишарка и во таа чест,

просторот околу неа е наречен

„сала на шишарката“.

Секундарни сали се шират лево и десно, до кои не е можен пристап

за туристите, но се предмет на

истражување на спелеолозите.

Page 33: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 МАКЕДОНИЈА страна 33

Пештерата има сталактити и

сталагмити, калцитни форми во

вид на „тикви", заоблени, меки форми кои се шират по целата

таваница. Нивната бела

површина е исшарана со

црвенкасти и жолтеникави жили, вградени во геоморфната

структура на карпите. Растењето

на пештерските украси зависи од

процентот на варовник во водата, како и од количината на водата

која капе од таванот, која со тоа

носи помало или поголемо

количество калциум карбонат.

Сепак, со сигурност може да се

каже дека создавањето на една

калцитна капка не може да се забележи во текот на еден

човечки живот. Оттука и треба да

произлезе и свеста за грижа за

овие чудесни вајарски дела на

природата, создавани во текот на милијарди години. Во

длабочината на пештерата, таму

каде што таа завршува, се

наоѓаат две езера, Малото и Големото езеро, кои имаат и

своја Руска плажа. Интересно е

да се слушне како плажата го

добила ова име. Најголема посета

пештерата досега имала од руските пилоти, вработени во

македонското воздухопловство.

Во една прилика еден од

пилотите се избањал во студената вода и оттогаш

„Руската плажа“ е преселена од

брегот на Вардар во Градскиот

парк во Скопје, каде што некогаш се наоѓаше, во

пештерата „Врело“.

Малото езеро има форма на

осмица. Во најширокиот дел има димензија од 8м, а должината и

длабочината му се 15м, додека

Големото езеро има должина од

35 м, широчина од 15 м, а длабочина од 15-18 м.

Присуството на сталактитите во

водата упатува на заклучок дека

некогаш во пештерата немало вода. Оваа констатација ни ја

потврдува еден спелеолог и нé

информира дека езерата се

создадени по изградбата на

акумулацијата Матка во 1936 година.

Page 34: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 МАКЕДОНИЈА страна 34

Во 1995 година вршени се

испитувања од страна на

спелеолози од Бугарија и влезено е до 100 метри во пештерата на

длабочина до 20 метри во

вертикала.

Исто така, во 2000 година се вршени истражувања од страна

на мешовита експедиција на

спелеолози од Франција, Белгија

и Хрватска во соработка со спелеолошкото друштво „Пеони“

од нашата земја. Во текот на

истражувањето екипите се

влезени во должина од 475 и длабочина од 67 метри. Но во

2007-ма година од страна на

мешовита експедиција од

спелеолози од Франција, Белгија

и нуркач од спелеолошкото друштво „Пеони“ – Република

Македонија, помината е истата

дестинација и во длабочина до

97 метри.

Неочекувано на таа длабочина,

под експедицијата се отвора непрегледен отворен простор,

што укажува на веројатноста

дека отворот е многу поголем од

очекуваното. Длабочината на

пештерата Врело изнесува 190

метри, но сé уште не е целосно

измерена. Денес оваа пештера е меѓу најдлабоките во Европа и во

светот.

Па, драги читатели без разлика

од големината на вашиот

авантуристички дух, сепак треба да ја посетите пештерата Врело и

да уживате во таа смирена,

мистериозна убавина. Кога ќе

излезете повторно на површината на земјата, ќе бидете

преполни со позитивна енергија

и ќе се чувствувате како да се

враќате од патување од вселената.

Page 35: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 35

Сашко Јованов

Исполнети и среќни

Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување

на стари и изнемогнати лица

„Хуманост“, од месецот март 2012

година, започнува со реализација на проектот „Исполнети и

среќни“.

Проектот се состои од посета на

театарски претстави во Драмскиот театар, рекреативни

излети во Скопје и креативни

работилници. Предвидени се по

две активности во месецот. Со групата на корисници на

услугите од Домовите за стари

лица, за време на сите претстави

и излети е предвидена придружба на стручно

медицинско лице и придружба од

страна на две лица од

здружението „Хуманост“.

Сметаме дека на овој начин ќе придонесеме до намалување на

социјалната изолираност на старите лица сместени во

установите и нивна зголемена

социјализација со што и делумно

ќе влијаеме за исполнување и на стратешката цел под реден

број 3 во Националната

стратегија за стари лица 2010-

2019: Интеграција на старите лица во општествениот живот со

реализација на мерките 3.3.3

Зголемување на достапноста до

културните настани за старите

лица и мерката 3.3.8

Поттикнување на воведување и

спроведување на програми за

активно користење на

слободното време во која „Хуманост“ активно учествуваше

при изработката со свои

предлози и иницијативи.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Драмски театар- Скопје.

Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица „Хуманост“

Page 36: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 МЛАДИ СО СТАВ страна 36

Page 37: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 АРТВИЗОР страна 37

Биљана Божиновска

„Црно и бело“ како синоним за среќа и тага

Неделата што измина, ja oдбележа молк на македонската

музичка сцена. Некое

доделување на награди, неколку

меѓусебни препукувања и „дури“ една промоција.

Долгоочекуваното шоу, наречено

„Златна Бубамара на

популарноста“, воедно беше и најозборуваната тема за

минатата недела. А сé поради

водителот Сашко Коцев, кој ја

искористи приликата, камерите и

публиката за да ја запроси својата девојка. Демек да биде

спектакуларно. После толку ТВ -

запросувања, веќе ни ова не е

ништо ново, веќе видено сценарио. Што би рекла една

моја колешка: „Кога ли ќе

видиме некој да ја запроси

девојката тајно и во интимна атмосфера, па да се

израдуваме?!“. И во право е. Од

толку многу јавни запросувања

се наруши целиот ред на тој толку впечатлив и емотивен

момент меѓу двајца вљубени.

Иако целата „Златна Бубамара“ помина во знакот на

неочекуваното запросување,

сепак што се однесува на

останатиот дел од манифестацијата, помина онака

како што и се очекуваше. Сашко

Коцев буквално се надмина себе,

а не поштеди никој. Ги спомна величествените турски серии,

вечните позициско-опозициски

препукувања, стенд ап-

комичарите, најновите

технолошки достигнувања, па дури и се покажа како доста

талентиран оперски пејач,

пренесувајќи како би изгледала

нашата држава кога би живееле во барокот.

„Златна Бубамара“ годинава го

славеше својот 15- годишен

јубилеј, а како таква покажа и докажа дека е една и единствена

манифестација, која прерасна во

вистински бренд. Картите беа

распродадени еден месец однапред, а влезница за

манифестацијата се бараше како

топол леб наутро.

Еве кој си замина задоволен и побогат за една златна статуетка

во форма на бубамара:

Награда за животно дело:

Зоран Георгиев;

Откритие на годината: Јана

Бурческа и Иван Раденов од

„Идол“;

Page 38: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 АРТВИЗОР страна 38

Најдобар ТВ проект: „Пулс“

на Алфа ТВ со Ана

Јовковска;

Најдобра забавно-музичка

емисија: „Тротоар“;

Награда за животно дело:

Иво Лауренчиќ;

Музички проект за 2011:

„Срцето чука во седум

осмини“, Тавитјан;

Најдобра опера:

„Војвотката на Чардашот“;

Најдобра театарска

претстава: „Фигаро“;

Најчитана страна: „Сакам

да кажам“ на Горан

Михајловски;

Најдобар дизајн на

производ: „Пелистерка“;

Најдобар балкански рок

албум: „С.А.Р.С“;

Најпопуларна емисија:

„Зевзекманија“;

Концерт на годината:

„Нокаут“;

Постхумна Златна Бубамара

за Трајко Каров и Гоце

Арнаудов;

Албум и пејачка на

годината: Каролина Гочева;

Актер на годината: Гораст

Цвековски;

Актерка на годината:

Билјана Беличанец;

Најдобар балкански бенд:

„Дубиоза колектив“;

Хит и спот на годината:

„Суперхикс“ за песната

„Африка“;

Награда за народни херои

добија кошаркарската и

ракометарската

репрезентација на

Македонија.

Нашата голема музичка дива-

Калиопи, уште еднаш на публиката ѝ покажа зошто го

носи епитетот најдобриот глас од

Македонија. Овогодинешната

преставничка на Евросонг во Баку, ќе замине со една

прекрасна рок балада која

никого нема да остави

рамнодушен.

Изборот на Калиопи да ја

претставува Македонија на

Евровизија започна со низа

негативни коментари и бурни реакции меѓу македонските

новинари. Додека едни молкум и

симнуваа капа на најдобрата

вокалистка, други гласно

коментираа дека изборот е наместен, нерегуларен и во

спротивност со желбите на

македонската публика. Калиопи

на сето ова мудро молчеше и го

Page 39: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 АРТВИЗОР страна 39

чекаше овој ден, кога публиката

ќе ја слушне песната „Црно и

бело“ и ќе суди дали е заслужено или не.

Во средата, веднаш по

промотовното шоу во Македонската телевизија,

Калиопи доби благослов да

замине во Баку од целата

јавност. Песната, „Црно и бело“

официјално беше промовирана на специјалното шоу насловено

Калиопи за Македонија.

Со „Црно и бело“, Калиопи во

Азербејџан ќе ги брани боите на Македонија, а откако публиката и

официјално ја слушна песната,

ќе ѝ ја даде целосната поддршка

што таа ја заслужува. Автор на оваа композиција е поранешниот

сопруг на Калиопи, Ромео Грил.

Заедно со гостите, Ромео, Един

Карамазов и браќата Тавитјан,

Калиопи ја изведе песната на

македонски и на англиски јазик,

а како ислустрација одеа ТВ

прилози од нејзините подготовки за Евросонгот во Баку.

Веднаш по шоуто Калиопи рече:

- За мене успехот на Евросонг е

веќе постигнат зошто го имам најдобриот композитор во

кариерата. Сте го гледале

филмот „Убавицата и ѕверот“? Јас

во овој случај сум ѕверот. Ромео Грил пак откри дека

Калиопи му рекла дека во целата

соработка на песната таа е

црното, а тој белото.

Се скараа младите идоли Виктор

Апостолов и Христијан

Тодороски – Кико, и тоа за кој

да биде најмомче на годината. Кавгата има мотив, ако се знае

дека наградата, пак, си носи

повеќе поени кај тинејџерките. И

ќе се дигнеше голема паника, ако сето ова беше вистина, а не само

измислена приказна на некои

таблоидни медиуми.

Виктор прв излезе јавно и кажа дека никогаш со Кико не се

скарале за ништо, па ниту за тоа

кој ќе победи на изборот

Page 40: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 АРТВИЗОР страна 40

најмомче на годината што го

организира списанието „Таа“.

„Ние сме добри пријатели уште од времето на „Идолот“ и тоа до

денес не е променето“, рече

Виктор и машки му честита на

Кико за победата.

Прилепчанецот Кико е најмомче

за минатата година според

читателките на „Таа“. Честитки и

од нас и се надеваме дека нема да скрши многу женски срца.

Новитети кај нашите рапери. По

сé изгледа, тие се најактивни на

музичката сцена. Били Ѕвер и Кербер го завршија снимањето

на спотот за песната

„Прекрасно е да си дома“.

Снимањето се одвиваше во

Охрид, на Галичица и на локации низ градот.

Песната е снимена во студиото на

Зоран Алексиќ, а спотот е снимен

од страна на „Зати“. Видеото е снимено според вистинска

приказна. Во нивното

соопштение до јавноста

пишуваше дека до самата промоција на спотот ќе ја држат

во тајност целата приказна,

очигледно за да го задржат

интересот на фановите и да не го

расипат изненадувањето.

Деновиве излезе и првиот албум на Кацар, еден од членовите на

групацијата „Токсикологија“.

Насловен како „Жими ја“ со иронична конотација, албумот е

уште еден материјал во борбата

за развивање на хип-хоп

културата во Македонија.

Зборувајќи за своето првенче Кацар рече:

„Албумот го пуштив на веб со

можност за бесплатен даунлоуд.

Тоа е затоа што јас и моите момци од „Токсикологија“, не

работиме за финансиски фитек,

туку нашиот мотив е да ја

издигнеме хип-хоп културата на едно повисоко ниво. Ова е

наш начин да допреме до многу

млади луѓе, да слушнат што

имаме да кажеме и да почнат да ја слушаат нашата музика. За сé

останато има време.“.

Вистинска прилика за сите да

слушнеме квалитетен рап и тоа

гратис.

Page 41: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 АРТВИЗОР страна 41

Од перото на Владимир Неделковски

MIDNIGHT IN PARIS (2011) Улоги: Owen Wilson, Rachel McAdams, Marion Cotillard Режија: Woody Allen Сценарио: Woody Allen Продуцент: Letty Aronson (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Холивуд и суптилноста Па, ако некој би ми кажал, без да

видам, не би поверувал; Холивудски филм без

џилионерски буџет и без

пренагласени експлозии и без

усилени драматични моменти и

дури и без компјутерски-супер-спешл-ефекти. А, сепак и покрај

сите овие „недостатоци“, филмот

има доволно оригинална тема,

доволно добро сценарио и одлична режија и ЦЕЛА плетора

актерски талент, така што, дури и

еден Холивуд-хејтер каков што

сум јас, да се заинтересира да седне и да ја изгледа до крајот,

оваа, во денешно време,

вистинска реткост, од филмска

приказна. А, приказната е, од проста, попроста, со само мала,

ситна, микроскопска, доза на мистика

и ОГРОМНА доза, од романса и

носталгија по добрите стари

времиња.

Гил, расеан, но успешен,

Холивудски сценарист и неговата

свршеница Инез, се одмораат во Париз, благодарејќи на богатите,

конзервативни родители на Инез.

Гил се бори со самиот себе,

обидувајќи се да го заврши својот прв вистински роман со

некаква романтична тематика за

човек кој работи во

антикварница, но Инез и нејзините родители ја сметаат

целата идеја за здодевна и

глупава, а понајвеќе критики

упатуваат на размислувањата на

Гил за преселување во Франција и започнувајќи кариера како

вистински писател. По некоја

случајност, Гил и Инез ќе го

сретнат Пол со неговата сопруга Керол, кој успеал да добие

предавачка катедра на Сорбона.

Инез е одушевена од

интелигенцијата и знаењето на Пол, но на Гил, неговите

себефалби, му се здодевни и

неточни излагања и само му го

превртуваат желудникот. И така, двата пара го разгледуваат Париз

сé до доцна во ноќта, кога

конечно ќе се приберат во едно

кафуле, каде ќе се впуштат во

„натпревар“ во пиење и танцување. Гил, чувствувајќи се

прекупотребен, одлучува да ги

Page 42: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 АРТВИЗОР страна 42

остави и отпешачи назад до

хотелот. Но, целото вино и

шампањско го дезориентираат и Гил се губи некаде во мрачните,

тесни сокачиња. Запирајќи за

момент да се почини, слуша како

некаде во околината ѕвони камбана, означувајќи полноќ. Во

истиот момент, антички

автомобил од 1920-тите, запира

покрај Гил и од него излегуваат французи облечени по иста мода

и го канат Гил да дојде со нив.

Полупијаниот Гил прифаќа и

пред да успее да речи „Што“ веќе се наоѓа во автентично кафуле од

Париз од раните 1920-ти,

вклучително со ликови од истиот

период! Гил се среќава лице в

лице со Кол Портер, Зелда и Скот Фицџералд и дури и неговиот

личен идол, Ернест Хемингвеј.

Гил не може да поверува на

сопствените очи и уши, додека разговара со авторот на „Збогум

Оружје“, еден од најпознатите

романи во светот, за секакви

теми, запознавајќи го харизматичниот карактер на

Хемингвеј. При разговорот Гил

спомнува дека и самиот е

писател, па Хемингвеј, бидејќи е

човек од принцип и големо срце,

му ветува на Гил, дека ако му го

донесе манискриптот од неговиот роман ќе го однесе кај неговата

критичарка, Гертруда Штајн, за

да го прочита и да даде нејзино

мислење. Гил е посреќен од среќен и веднаш тргнува кон

хотелот по романот, но штом

зачекори надвор од кафулето,

целата магија исчезнува и Гил е вратен во сегашноста, во 2010...

И ОСТАТОКОТ МОРА ДА СЕ ВИДИ

ЗА ДА СЕ РАЗБЕРЕ!

Ееееее, кога ќе ми текне...

Режисерот/сценарист, Вуди Ален,

бе... Малиот, цвикерашки

њујоркер, беше синоним за добра и оригинална прича, за редок и

единствен хумор и режисерски

талент на кој можеа да му

завидат и Спилберг и Камерон и денешните фалени режисери на

сра.. од типот „Пирати од

Карибите 4 “или Хари(или беше

Пари) Потери или (сега веќе ми

доаѓа да повратам) „хорор-романсата“ на денешницата,

Самрак-Twilight (еден од

најглупите и најлигавите и

најнеуверливите филмски серијали што сум ги видел во

Page 43: Револуција магазин бр.66

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 66 АРТВИЗОР страна 43

живот). Навистина, она што

денес се смета за интересно и

културолошки квалитетно, е во најдобра рака, просечно. Но,

претпоставувам дека не треба да

се очекува многу префинет вкус

за филм од нација опседната со политика и егоцентризам.

Погодете сега на кого мислам, на

Америте или на Македонците..?

Па, до следниот пат

Се читаме! Конечна оценка: 7,5/10

Page 44: Револуција магазин бр.66

Револуција магазин - број 66 3 МАРТ 2012 ГОДИНА страна 44