Револуција магазин бр. 56

62

description

Revolucija magazin br.56

Transcript of Револуција магазин бр. 56

Page 1: Револуција  магазин бр. 56
Page 2: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 17 ДЕКЕМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 5 НОЕМВРИ 2011 страна 3

Содржина Неделна панорама .......................................................................... 04

Аргументите во Хаг ......................................................................... 10

Што по одлуката во Хаг? ................................................................. 20

Политиката царува, правото е само слуга ......................................... 23

Шенген зоната – само убаво сеќавање? ............................................ 25

Македонски традиционални социопатологии ..................................... 26

Слаба Европска унија- опасност за Балканот .................................... 29

„Плати-клати― - криминал? .............................................................. 33

Глас на заедницата или инструмент за криминал, влијание или лично

богатење? ...................................................................................... 36

Патоказ за општествените промени .................................................. 42

Странски директни инвестиции и конкурентност ............................... 49

Што е сексуална едукација? ............................................................ 52

CAPTAIN AMERICA: THE FIRST AVENGER (2011) .................................. 56

Македонската Малечка Невеста ........................................................ 59

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected] Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Елена Николовска, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе

Симовски, Елизабета НАјдоска – Величкова, Стаменче Серафимова, Симона Митровска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг: Славица Ѓоргиевa Драгица Маренчева

Е- mail: [email protected] Е-mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94 моб.: +389 (0) 78 32 97 36

Page 4: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција―, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Маљас бара

повлекување на Грција

од Времената спогодба Според поранешниот шеф на грчката канцеларија за врски

во Скопје и долгогодишен

дипломат, Александрос Маљас,

Грција треба да се повлече од

Времената спогодба, бидејќи таа веќе не ги штити грчките

интереси.

Тој смета дека вината за

отфрлањето на грчките аргументи во Хаг, треба да се

бара и во одбраната на

правниот тим од неговата

земја. Воедно, предупредува дека Грција не смее да ја

потценува одлуката на МСП,

исто како што би било

погрешно за Скопје да го прецени нејзиното значење.

Верува дека Атина мора да ја

преразгледа својата стратегија

оти, одлуката ги зема предвид

речиси сите барања на македонската страна.

Смета дека Грција многу

порано требала да поднесе

тужба пред МСП против

Македонија, за кршење на

Времената спогодба, за што лично прв пат се залагал уште

во 2007 година, со што,

според него, работите ќе

имале поинаков тек. Портпаролот на грчката влада,

Григориос Делавекурас, во

коментар на овие изјави на

Маљас, истакна дека последниот е пензиониран

дипломат и неговите ставови

немаат врска со официјалната

политика на Грција кон прашањето за името. Според

домашните експерти, изјавата

на Маљас тешко ќе биде

поддржана од страна на

официјалните власти во Грција. По пресудата од Хаг,

Грција бара секакви начини да

излезе од непријатната

ситуација во која што се наоѓа. Според логиката на

Маљас, Грција како мало дете

треба да каже „пу- пу не

важи― за да се спаси од можни проблеми со нивната политика

на блокирање на Македонија.

Останува да видиме, кој ќе

биде следниот чекор на

грчката влада, како што истакна владиниот портпарол

Делавекурас, преговорите

мора да продолжат, а Грците

јасно кажуваат дека можаат да преговараат вечно...

Прашањето е дали ние сме

готови за таква игра и ако

одговорот е да, до кога ќе ја играме?

Page 6: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

Ќе има ли НАТО-вски

ден за нас? Високи дипломатски извори од

Брисел тврдат дека доколку Македонија се најде на дневен

ред на самитот на НАТО во

Чикаго, тешко дека Грција би

се решила повторно да го блокира влезот на нашата

земја во НАТО, како што се

случи на претходниот самит во

Букурешт. Иако засега на агендата на претстојниот

самит во Чикаго го нема

проширувањето на алијансата,

конечниот дневен ред ќе се

подготви во јануари. До тогаш, земјите-членки на НАТО треба

да го проучат правниот аспект

на одлуката од Хаг.

Според овие сознанија,

можеме да се надеваме дека

ќе добиеме покана за влез во

НАТО. Тоа се разбира е под голем знак прашалник, поради

фактот дека проширувањето

нема да биде на дневен ред на

самитот во Чикаго. Во јануари

ќе знаеме дали Македонија ќе биде спомната на следниот

самит, како следна земја, што

ќе добие покана да му се

придружи на Северно-атлантскиот пакт. Пред

македонските државници сега

стои главното прашање во

однос на лобирањето за Македонија. Грција има голем

број поддржувачи, но тоа е

така поради фактот дека

главен принцип во НАТО е да не се внесуваат конфликти.

Според таа логика, Грција го

квалификува прашањето за

името како конфликт и бара причина за да ја обвини

Македонија во

неконструктивност.

Конструктивност, пак, според

новата дефиниција, што ја форсираат Грците, значи дека

Македонија треба да попушти

пред сите барања на својот

јужен сосед и со сменето име да се надева на влез во НАТО

и ЕУ.

Одбрани осумте

привилегирани банки НЛБ Тутунска, Стопанска,

Охридска, ТТK, Шпаркасе,

Алфа, Прокредит и Стопанска

- Битола се осумте банки, преку кои граѓаните од идниот

месец ќе може да поднесуваат

барања за кредити што ќе

бидат субвенционирани со владиниот проект „Kупи куќа,

купи стан―.

Сите осум банки што се јавија

на повикот, како што изјави вчера вицепремиерот и

министер за финансии Зоран

Page 7: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

Ставрески, доставиле понуди

во рамките на предвидените

услови, 4,99% каматна стапка во првите три години и до

5,5% во четвртата и во

петтата година.

- При крајот на декември ќе почнат јавните објави, кон

крајот на јануари 2012 се

очекуваат првите барања, а до

крајот на март 2012 се

очекува и потпишувањето на првите договори за станбени

кредити, финансирани со

владиниот проект - рече

Ставрески. Субвенционирањето ќе биде

на два начина, едниот со

половина од месечната рата во

првите пет години од отплатата, а вториот со

половина од учеството

потребно за добивање на

кредитот. Разгледувањето и

одобрувањето на барањата ќе го вршат единствено банките.

Сега, засукајте ракави, па

доколку ви е тесно дома,

живеете со родителите, братот, снаата, 4 деца и баба

со дедо, искористете ја

приликата. Во меѓувреме,

молете се банките да не се

премислат, па некако магично

5% да станат 6, или 6% да

станат 7. Ќе имате полесен паричник, но ќе имате и

приватност во вашиот дом,

која што по автоматизам треба

да ја доживее секој, а не само привилегираните.

Кој е одговорен за

безбедноста во

училиштата Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,

изјави дека безбедноста на

училиштата не е во

надлежност на полицијата заради регулативата која

постои во Република

Македонија, но МВР во рамки

на своите надлежности и понатаму ќе продолжи да

дејствува и на превентивен и

на репресивен план, доколку

се случат инциденти како што

тоа се случи неодамна.

Таа додаде, дека

Министерството, согласно на тоа што станува збор за голем

проблем, самоиницијативно им

понудило соработка на сите

Page 8: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

основни и средни училишта во

државата и пред неколку

месеци го промовираше проектот „Учениците и

полицијата се дружат―, каде за

секое училиште беше

определен полициски службеник кој ќе биде

надлежен за сите проблеми и

активности во тоа училиште.

Јанкулоска истакна дека полицијата не може да биде

замена ниту за семејството,

ниту за образовните

институции, ниту за педагозите, психолозите, а

најмалку од сè може да биде

замена за воспитувањето на

децата на соодветна возраст,

кај кои од различни причини се јавува потребата да се

натпреваруваат низ насилство.

Министерката е во право, кога

вели дека полицијата не може да го замени воспитувањето

во семејството и психолозите

во училиштата. Полицијата е

надлежна за тоа да ги апси насилниците и да го чува

јавниот ред и мир. Сосема

друга е приказната дека, кога

се работи за насилство на

верска или етничка база, секогаш има напади од некоја

од страните дека се работи за

дискриминација и за

зголемување на надлежностите од страна на

полицајците, кои само си ја

извршуваат својата обврска.

Јанкуловска тврди дека според македонската законска

регулатива, полицијата нема

надлежност да ги обезбедува

училиштата, па зошто тогаш

не се смени таа регулатива?

Можеби пак, откако ќе се знае кој е одговорен за

безбедноста, ќе се намалат и

инцидентите со насилство меѓу

учениците. Сè додека институциите си ја префрлаат

одговорноста, инциденти ќе

има.

Енергетска ефикасност

– наскоро Од деновиве, ќе почне да се

спроведува проектот

Енергетска ефикасност во секторот домување. Овој

проект претставува

тригодишна иницијатива, со

која треба да биде подобрена енергетската ефикасност на

вкупно 26 станбени згради во

неколку македонски општини.

На официјализирањето на проектот се најавени

обраќања на директорот на

мисијата на УСАИД во

Македонија Роберт Вурц, на министерот за економија

Ваљон Сараќини и на

генералниот директор на

Хабитат Македонија, Зоран

Костов. Така што, во наредните три

години во рамки на проектот

на УСАИД ќе бидат спроведени

активности за подигање на јавната свест за енергетската

ефикасност во станбени

објекти, да се подобри

управувањето со нив и да се овозможат инвестиции,

претприемништво и создавање

Page 9: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

работни места во секторот за

енергетска ефикасност.

Сончевата енергија е

бесплатна од секогаш, само

треба да се подигне нашата свесност- да ја искористиме,

затоа што природните ресурси

не се бесконечни. Сè е со рок

на траење, само корисните

проекти остануваат да се надградуваат.

Скопјани, седете дома! Загадениот воздух во

македонската престолнина

повторно го загрозува

здравјето на скопјани! Според

податоците од официјалната Интернет-страница „Скопје

дише―, на која се следи и мери

загаденоста на воздухот,

моменталната состојба на скопскиот воздух повторно е

алармантна. Мониторинг станицата во

Скопје која ги мери параметрите: сулфур диоксид,

азотни оксиди, јаглерод

моноксид и суспендирани

честички, во согласност со

„Уредбата за гранични

вредности за нивоа и видови

на загадувачки супстанции во

амбиентен воздух и прагови на алармирање, рокови за

постигнување на граничните

вредности, маргини на

толеранција за гранична вредност, целни вредности и

долгорочни цели―, повторно

измерила дека нивото на

квалитет на воздухот е намалено, а загаденоста е

крената на 342 единици, што

значи дека воздухот е опасен

за здравјето!

На граѓаните им се препорачува да избегнуваат

секаква физичка активност на

отворено, зашто

амбиенталниот воздух ја достигнал таканаречената

црвена фаза! Минатата недела

во медиумите беше објавено

дека Скопје е најзагадениот град во светот, зашто според

тогаш измерените податоци,

со 433 микрограми ПМ10

прашина на метар кубен, го

надминал градот Ахваз во Иран со 372 микрограми. Ние,

обичните смртници не можеме

ништо да сториме околу

големите загадувачи, но

Page 10: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 10

можеме да не користиме по 3

автомобили во семејството,

каде што секој се вози сам. Подзаборавете на прошетките

низ населба, ставете го во

мирување трчањето на кејот

на Вардар, не ги носете децата во парк, едноставно не

живејте... Ете тоа ќе ни

„помогне―!

Page 11: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Eлена Павловска

Аргументите во Хаг

„Грција стави ВЕТО на

членството на Македонија во

НАТО!― пренесуваа сите весници, по Самитот на НАТО во

Букурешт, на 3 април 2008

година. Грчката министерка за

надворешни работи, Бакојани, се смееше додека македонските

новинари ја прашуваа: „Зошто

сте толку радосни?―, ја

преседовме цела вечер будни:

„Што ќе биде?! Што ќе биде?!―. Весниците најавија

дополнително издание на својот

дневник, АКО бидеме примени

во НАТО, но новинарите не се појавија на работа таа вечер.

Меѓутоа, ваквиот исход го

знаевме длабоко во себе. Не се

зачудивме! Ова ни беше јасно и на нас и на грчката страна, исто

како што ни беше јасно дека по

ова ќе следува тужба. Далечен

и долг беше патот од Букурешт преку Скопје, па до Хаг. Го

добивме судскиот процес, но

дали можеме да кажеме дека се

померивме од мртвата точка?

Дали можеме да кажеме дека го сменивме долгогодишниот

статус кво? Тоа допрва треба да

го видиме...

Викиликс за Самитот на

НАТО На 3.4.2008г., на Самитот на

НАТО во Букурешт, Грција ја

блокираше поканата за Македонија - за членство

во НАТО.

И покрај категоричното

залагање на неколку водечки

земји за приемот на Македонија, а пред сè на САД, Грција не

даде согласност за покана на

Македонија, образложувајќи го

тоа со лошите соседски односи,

поради нерешениот проблем со името Македонија.

Дека работите беа неизвесни до

самиот старт на Самитот,

сведочи и надалеку прочуениот

сајт - Викиликс. Македонското

прифаќање на компромисниот предлог и притисокот на Велика

Британија врз Грција во 2008,

не биле доволни Атина да не

стави вето на поканата за Македонија на Самитот на НАТО

во Букурешт, потврдува

дипломатскиот депеш, откриен

од Викиликс, а објавено од англискиот весник „Телеграф".

Во депешата, со предзнак

доверливо и наслов „Напорите

на Обединетото Кралство не

успеаја да ја премислат Атина", испратено од амбасадата во

Лондон на 2 април 2008 до

државниот секретар на САД,

стои: „Политичкиот директор во британското министерство за

надворешни, Марк Лајл Грант

му рече на американскиот

амбасадор (Ричард ЛеБарон н. з.) дека интервенцијата на

Британија од највисоко ниво врз

Грција, вклучувајќи го и

барањето на министерот за надворешни, Милибанд, до

Page 12: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

грчката министерка за

надворешни, Бакојани, на 29 март на состанокот во ЕУ, не

успеале да ја помрднат Атина од

нејзината цврста позиција. Лајл

Грант беше и во постојан контакт со државниот

потсекретар Фрид околу ова

прашање. Ставот на

Обединетото Кралство е дека, сега кога Македонија прифати

компромисно сложено име

предложено од посредникот

Метју Нимиц, максимален

притисок мора да биде ставен врз Грците", стои во

депешата. Со ова се потврдува

дека, поддржувачите на

Македонија за влез во НАТО, САД и Британија и пред Самитот

на НАТО ја претпоставувале

одлуката на Грција, која се

спротивстави на доделувањето покана за Македонија на

состанокот одржан на 3 април

во Букурешт. Од владата по

објавувањето на депешата од Викиликс не ја негираа

веродостојноста на документот.

„Она што во повеќе наврати е

кажано и од самиот премиер,

како и од други државни претставници, е дека пред НАТО

Самитот во Букурешт во 2008

година, македонската страна го

прифати предлогот кој што тогаш беше даден од Нимиц, се

разбира доколку биде прифатен

и од грчката страна, да се стави на референдум и за него да се

изјаснат граѓаните на Република

Македонија". Вториот допис пак

е од 18-ти април 2008-ма, по завршувањето на Самитот на

НАТО. Во дипломатската

преписка се користи терминот

„блокада― од страна на Грција. „Велика Британија ги цени и ќе

продолжи да ги поддржува

напорите на САД за

отстранување на грчката

блокада за членството на Македонија во НАТО"- стои во

дипломатската преписка

објавена од Викиликс.

„Грција стави ВЕТО―-

пренесуваа сите весници, па и

грчките. „Македонија е

обвинета за териториски претензии кон Грција―-

изјавуваа со потсмев

новинарите. Дали некој воопшто

поверува на ова? Но, како и да е, Грција го има правото да

стави вето, или сепак не?

Тужба, експертски

тимови, судии Речено, најавено, сторено! Најавивме тужба и седум месеци

по Самитот ја пративме да

патува до Меѓународниот суд на

правдата во Хаг. Апликацијата пред

Меѓународниот суд на правдата

против Грција, Македонија ја

поднесе на 17 ноември 2008 година, во апликацијата

пишуваше дека со

попречувањето на приемот во

НАТО, Грција директно го

прекршила членот 8 од Времената спогодба потпишана

во 1995-та година, под

Page 13: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

покровителството на

Обединетите Нации, која предвидува дека Грција нема да

го попречува членството на

Македонија во меѓународни

организации и дека Македонија бара правда.

Грција побара судот да се

прогласи за ненадлежен, затоа што смета дека е во прашање

одлука на НАТО. Атина ја

базираше одбраната на тоа дека

на Самитот во Букурешт немало

вето, туку консензус меѓу земјите-членки, приемот на

Македонија во НАТО да се

одложи до решавањето на

спорот со името.

Аргументот од грчката страна

беше, доколку судот донесе

одлука, ќе се вмеша во

политичкиот процес за решавање на разликите за

името на Република Македонија.

Следеа два обемни писмени

поднесоци, односно меморандуми, на кои грчката

страна приложи меморандуми –

одговори.

Македонија достави два

писмени поднесоци на 20-ти

јули 2009-та и 9-ти јуни 2010-

та. Грција тоа го стори на 18-ти

јануари 2010-та, односно 27-ми октомври 2010-та година. Се

предвидоа 2 круга на усна

расправа, до моментот, кога не

се објавуваа аргументите од

пишаниот дел. Се закажа во првиот круг од

усната расправа, Македонија

своите аргументи да ги

образложи на 21-ви и 22-ри март, додека Грција тоа да го

стори на 24-ти и 25-ти март. Во

вториот круг од усната

расправа, Македонија да ги образложи своите аргументи на

28-ми март, додека Грција тоа

да го направи на 30-ти март.

До 7- ми април Грција, а до 14- април Македонија, треба да ги

достават последните забелешки.

Тоа беше закажаната

процедура. Тогаш експертските тимови веќе беа формирани.

Предводници на грчката страна

пред Судот, беа амбасадорот на

Грција во Холандија, Јоргос

Саваидес, и Марија Телалија-

правен советник во грчкото министерство за надворешни

работи. Во грчкиот тим беа и

неколку странски професори. Во

тимот што ја застапуваше Македонија пред МСП беа и

четворица професори по право

од Лондон, Вашингтон, Брисел и

Сорбона, како и двајца нивни колеги од Правниот факултет

при УКИМ. Претставници од

македонска страна беа шефот

на дипломатијата, Антонио Милошоски, додека со-

Page 14: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

застапник беше амбасадорот во

Холандија, Никола Димитров. Судот кој одлучуваше по

жалбата на Македонија, го

сочинува 15 судии од целиот

свет и во него немаше судии од Македонија и од Грција, со него

претседаваше јапонскиот судија

Хисаши Овада. Двете страни во

спорот имаа именувано по еден ад-хок судија. Македонската

страна ја претставуваше

судијата од Хрватска, Будислав

Вукас, а грчкиот ад-хок судија е

професорот по меѓународно право на Универзитетот од

Атина, Емануел Рукунас. Членот

31 од статутот, ја утврдува

процедурата по која ад хок судиите заседаваат на

потешките парници на судот.

Овој систем овозможува секоја

страна во тие парници да

именува судија по свој избор. Ад хок судиите во потполност

учествуваат и во донесувањето

на одлуки, покрај постојаните

судии. Овој систем може да изгледа чудно во споредба со

домашните судови, но неговата

цел е да ги охрабри земјите да

поднесуваат парници пред судот. Ад хок судиите обично

(како што беше случајот и со

Рукунас, кој единствен гласаше

за грчката страна) гласаат во

корист на државата која ги

именувала и со тоа ги

анулираат сопствените гласови. Пред почетокот на рочиштето

заклетви положуваат и двата ад

хок судии именувани од

страните во процесот.

Дојде март Дојде март. Колку само долго се

зборуваше! Се наредивме сите

пред ТВ-приемниците вклучени на националната МТВ (што

ретко се случува), бевме

восхитени, но... долго се

зборуваше! По еден час се откажавме, дури и присутните

во Хаг си ги отстранија чевлите,

да се одморат од долгото

зборување. „За да нема недоразбирање: Македонија не

води спор во Хаг за временото

обраќање во ООН поранешна

Југословенска Република

Македонија―, затоа што тоа не е нејзино име, ниту за внатрешна

или за надворешна употреба,

туку за прекршувањето на

Времената согласност од 13 септември 1995 година од

страна на Грција. Спротивно на

тврдењата на тужената страна

во предметот пред вас, ние не бараме ниту директно, ниту

индиректно разрешување на

разликата околу името. Ова

прашање е и останува предмет

на преговарачкиот процес во рамките на ОН.

На што се однесува нашето

барање? Овој случај го покренавме, со цел да се

обезбеди дека тужената страна

мора да се придржува кон една

од своите клучни обврски, според Времената Спогодба од

1995 година и ништо повеќе, ни

помалку!― - со ова

образложение министерот за

Page 15: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

надворешни работи на

Македонија, Антонио Милошоски, како застапник на

апликацијата, се обрати пред

Меѓународниот суд на правдата

во Хаг, на првиот ден од усната фаза од процесот, првo

обраќајќи се до јапонскиот

судија- претседавач на

рочиштето, изразувајќи му поддршка и сочувство за

жртвите во земјотресот во

Јапонија, кој се беше случил

(добар потег министере!). „Чест

ѝ е на Македонија да се обрати на овој суд―, ја изрази тој

добрата волја. Грците

реплицираа дека не било вето,

дека Македонија прва ја прекршила времената спогодба

и дека судот не е надлежен во

оваа област. Така започна

изнесувањето на аргументите...

Аргументите Грчкиот тим полемизираше со

тврдењето на македонскиот тим

дека Грција не смее да се противи на приемот на

Македонија во меѓународни

организации, ако се употребува

привремената референца „поранешна југословенска

Република Македонија―.

„Фактот што поранешната

југословенска Република

Македонија поднела барање за членство под своето оспорено

име, заедно со постојаната

употреба на ова оспорено име во сите меѓународни

организации во кои е членка,

наспроти своите обврски да не

го употребува, ѝ дава право на Грција да приговори според

членот 11 (од Времената

спогодба)―- аргументираше

Марија Телалиан. Според нив, Грција била прва што го

употребила терминот

Македонија и тоа го прави од

1914 година за да означи

административна област што ги опфаќа овие територии. А

според нив првиот има право на

сè! Територијата на сегашната

поранешна југословенска Република Македонија не го

носела името Македонија пред

Втората светска војна, тврдеше

грчката страна и дека морала да стави вето бидејќи, меѓу

другото, Македонија

аплицирала за членство под

уставното име Република Македонија и на тој начин го

прекршила членот 11, став 1 од

Привремената спогодба.

Таа прва го прекршила, но тие

се толку добри, па нас не нè

тужат за разлика од нас. Да се потсетиме на овој член од

спогодбата: „По стапувањето во

сила на оваа Привремена

спогодба, Првата страна се согласува да не ги попречува

Page 16: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

апликацијата за членство и

членството на Втората страна во меѓународните,

мултилатералните и

регионалните организации и

институции во кои Првата страна е членка. Но Првата

страна го задржува правото да

се спротивстави на секое

горенаведено членство доколку на Втората страна во таквите

организации и институции ѝ се

обраќаат поинаку од тоа што е

наведено во параграфот 2 на

Резолуцијата 817 (1993 г.) на Советот за безбедност на

Обединетите нации.― (Првата

страна е Грција, а Втората

страна е Македонија. Македонија во Обединетите

Нации е примена под нејзиното

државно име и со тоа име, има

право да аплицира за пристапување или полноправно

членство во сите меѓународни

организации, независно дали

Грција во нив е или не е член! Со Резолуцијата 817 (1993) на

Советот за безбедност на

Обединетите Нации, Македонија

не прифатила обврска за

промена на државното име, туку само да разговара за разликата

по своето државно име со

јужниот сосед Грција! Во оваа

Резолуција недвосмислено се вели дека „државата со

апликација во документот број

S/25147 ги исполнува условите

за прием во Обединетите Нации―. Понатаму, исто така, се

повторува дека „заради

разликата за името, на

државата со апликација во

документот број S/25147 времено за целите на

Обединетите Нации, времено ќе

и се обраќаат со поранешна

Југословенска Република

Македонија―. Апликацијата на

државата Македонија во документот S/25147 е под името

Македонија! Во членот 11 од

македонско-грчката Времена

согласност, единствено е утврдено дека Грција се

согласила „да не се противи на

пристапување или полноправно

зачленување на Македонија во меѓународни, мултилатерални и

регионални организации и

институции на кои Грција веќе е

член―, освен во случај на

нејзино различно ословување од временото обраќање

„поранешна југословенска

Република Македонија―

нотирано во Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност

на Обединетите Нации.

Значи, Македонија секоја своја

апликација, во секое време, на

секое место и во секоја

организација, ја поднесува под името Македонија. Грција има

право само да се противи, а не

да става вето! Тука е

прекршувањето на Грција, според македонската страна!

Точно е дека некои

преферираат Македонија

својата апликација за пристапување во сојуз со НАТО

и за почеток на преговорите со

Европската Унија да ја поднесе

под временото обраќање

Page 17: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

„поранешна југословенска

Република Македонија―. Но, тоа не е обврска на Македонија,

ниту право на институциите на

власта во името на државата,

бидејќи нив ги обврзува одлуката од референдумот

одржано на 8 септември 1991

година, кога граѓаните и

народот во апсолутно мнозинство гласаа за

„самостојна и суверена држава

Македонија―!

Изјавите на грчките

политичари, кои говорат за вето во Букурешт, беа главниот

аргумент на адвокатите на

Македонија пред Судот во

Хаг. Во прилог на ваквото тврдење професорот по

меѓународно право од

американскиот универзитет

„Џорџ Вашингтон―, Шон Марфи, наведе редица изјави на високи

грчки политичари, кои во

пресрет на Самитот најавуваа

вето за македонското членство доколку не се прифати промена

на уставното име на земјата.

„Високи грчки функционери се

фалат дека ставиле вето, со што

се докажува дека Грција го спречила консензусот на НАТО―,

рече Марфи. Според него,

Грција водела отворени,

систематски дипломатски напори за да го спречи

македонското членство во

НАТО. Марфи ги отфрли грчките

тврдења, дека противењето на Грција на македонското

членство во НАТО е резултат на

недостиг на добрососедски

односи и постоењето

иредентистички закани. „Нема докази за иредентизам денес,

освен изјавите на Грција―,

оцени Марфи. Белгискиот

правник, Пјер Клајн, ги отфрли

тврдењата на Атина дека во

Букурешт не било во прашање вето од една држава, туку

заедничка одлука на лидерите

на Алијансата. „На крајот на

денот важно е дали се исполнети условите за членство.

Предмет на овој случај не е

одлуката на НАТО, туку

одлуката на Грција да го блокира членството на

Македонија, која била донесена

пред Самитот во Букурешт.

Блокадата била најавувана,

дури имало и фалби на грчки политичари за тоа, што

претставува прекршување на

членот 11 од Привремената

спогодба―, рече Клајн. Професорот Сандс од

Универзитетскиот Колеџ во

Лондон, покрај другото наведе

дека македонските војници со години се ангажирани во

Авганистан, во рамки на

мисијата на НАТО и оти на

нивните униформи стои ознаката „Македонија― што

Грција досега го прифаќаше.

Сандс на крајот грчките

аргументи ги спореди со скечот

„Мртов папагал― од серијата Монти Пајтон. Во тој скеч, еден

сопственик на продавница за

продажба на животни,

купувачот кој тукушто купил пагал, се обидува да го увери

дека тој папагал, иако

Page 18: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

очигледно е мртов, сепак само

спие. Дури и кога купувачот почнува да ѝ вика на купената

птица која не реагира,

продавачот останува на својот

аргумент дека таа само одмара―. Грција обвинуваше дека

Македонија постојано

провоцира користејќи ги

очигледно „грчките― симболи во сите зададени можности.

Британскиот правник Филип

Сендс, оцени дека настапот на

Грција пред Меѓународниот суд на правдата, било кажување

приказни базирани врз митови и

неосновани факти. Тој посочи

дека Македонија има право самата себе да се нарекува со

уставното име и тоа не

претставува закана за никого,

ниту доказ за иредентизам.

Завршницата Застапниците на официјална

Атина, во завршницата ги

повторуваа веќе изнесените аргументи со кои се напрегаа да

ги убедат судиите оти не Грција,

туку подносителот- Република

Македонија е страната која ја прекршила Времената спогодба.

Марија Телалиан, од грчкото

МНР, ги изнареди примерите

каде што Македонија со користењето на антиката до

степен на присвојување, го

предизвикала нивниот револт и

го прекршила интерим акордот, а притоа наведе каде сè е

ставено сонцето од Кутлеш, кои

се објекти се именувани со

Александар Велики и татко му Филип, а ги спомна и

учебниците по историја.

Телалиан го повтори смешното

обвинение дека Македонија има територијални претензии и со

тоа била закана за мирот и

стабилноста во регионот. Но,

испадна дека целата грчка

реторика против Македонија падна во вода, бидејќи

единствен „непријателски гест―

за судот беше истакнувањето на

знамето со ѕвездата од Вергина во АРМ во 2004 година, што

било повлечено подоцна.

Од македонската страна,

професорот Мајкл Рисман од Јеил универзитетот се осврна на

прашањата кои се однесуваат

на јуриздикцијата на судот,

тврдејќи дека спорот за името е индиректно и директно поврзан

со предметот против нив и дека

треба внимателно да се работи

на текстот од спогодбата за да

се види врз основа на кои делови би можело да се

прогласи ненадлежност на

судот.

Професорот Џејмс Крофорд од

Кембриџ универзитетот, пак, се

задржа на толкување на

членовите 11 и 22 од Времената спогодба, но и натаму спореше

со македонската политика

„визави― прашањето за името и

тоа што Грција никогаш не се

повикала на заштитната одредба. Застапниците на

Грција одвај успеаја да

одглумат смиреност, дури

рамнодушност по директното

Page 19: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

прашање до грчката страна во

процесот.

Судијата Мохамед Беноуна од

Мароко, побара тужената страна

конкретно да одговори каков беше грчкиот став во Букурешт

кога се носеше одлука за

македонскиот прием во НАТО:

„Имам едно прашање кое сакам да ѝ го упатам на Грција.

Во периодот пред и на Самитот

во Букурешт, во периодот од 2-

4 април, каков беше ставот кој

Грција го искажуваше во контактите со другите членови

на организацијата, во однос на

приемот на Поранешната

југословенска Република Македонија?―.

Очигледно, трите дена

објаснување на правниот тим на

Грција, не беа доволно убедливи за судијата. Одговорот

требаше да ја одгатне загатката

дали Грција ја прекрши

Времената спогодба.

Дали нешто ќе се смени? Ден по одлуката на

Меѓународниот суд во Хаг,

Македонија и Грција ги вкрстија аргументите. Тоа ѝ успеа на

грчката телевизија Скај, која на

дебата ги соочи македонскиот

министер за надворешни работи, Никола Попоски и

поранешната шефица на

грчката дипломатија Дора

Бакојани. Заклучокот - оптимистички став на Скопје,

тврди позиции на Атина. И

покрај тоа што одлуката од Хаг

беше јасна, дека Грција ја прекршила времената спогодба,

Бакојани останува на ставот

дека во 2008 година во

Букурешт имало едногласна одлука. „Грција во суштина не

стави вето. Без разлика, дали

сега одлуката е дека ги

попречивме. Дека ги

попречивме - ги попречивме, тоа е сигурно и дека го

превртевме светот, барем јас

конкретно, последните 3 месеци

пред Букурешт. Прашање е дали два дена бев во Атина, но,

ги убедивме. Ова е разликата,

ги убедивме нашите партнери

дека е погрешно тоа да се случи―, рекла поранешната

шефица на грчката

дипломатија. Наспроти ваквата

оценка на Судот, дека Грција погрешила, грчката влада

продолжи со истата реторика,

обвинувајќи ја Македонија за

национализам, провокации и

немање добра волја, и рекоа дека нашата земја го користи

судскиот процес за повторно да

ги избегне преговорите.

Однесувањето на Грција во однос на апликацијата е

оценето како погрешно и е во

очекување на другата страна да

не го повторува. Нашите први обраќања во

наредниот период ќе бидат

свртени кон ЕУ, кои можат да

препознаат можност за

заедничка победа. Да ги отвориме вратите, она што се

случи во Букурешт веќе да не се

повтори―, изјави шефот на

дипломатијата Никола Попоски.

Page 20: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

Дали повторно Грција ќе го

преврти светот за да го убеди во своите тврдења или оваа

одлука ќе проѕвони во ушите на

останатите, останува да видиме.

Page 21: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

Светлана Пеншовски

Што по одлуката во Хаг?

Треба да сме горди Македонци во овој миг, но само за една работа:

Македонија во меѓународните

кругови, треба да добие статус –

како конструктивна држава која ги почитува и применува

преземените обврски (за разлика

од темпераментниот сосед, кој и

понатаму сите го штипкаат по обравчињата). На Грците, ни око

не им трепна, за нив и да се

викавме „Шананаја―, повторно

нема да променеше нешто околу

признавањето, затоа што им пречиме како народ, макар кои и

да сме.

Шпекулации пред

пресудата Уште пред една недела од одлуката на Меѓународниот суд,

еден грчки весник излезе со

објава дека – дознале од некои

„извори― за одлуката, која што би била негативна. Поради таа

причина, тие не пратиле

новинарска екипа, како за секој

стандарден настан, туку минимално, колку да се покрие

веста. Дискутабилен е фактот,

дека бил познат исходот, многу

време пред официјалната потврда, а истиот не е соопштен

на јавноста пошироко, туку само

на една од засегнатите страни,

каков непрофесионализам е тоа? Исто, така, водачот на фашистичката партија ЛАОС,

Караџаферис, ја повтори

информацијата и рече дека

спорот со Македонија е 75% изгубен. Секој нормален човек,

ќе помисли дека се работи за

квота на некој натпревар од

спортска обложувалница. Арно ама, исто како и таму, и во

реалниот живот има непознати

исходи, па нискиот коефициент

знае неповолно да изненади (како за кого). Постои еден

цитат, кој најчесто се

споменуваше: „Судот ќе донесе

пресуда, но двете страни потоа

ќе мора да ја спроведат таа одлука. Судот нема армија која

ќе ги принуди страните да ја

почитуваат одлуката.― Чудесен е

моментот ако го погледнеме од двете страни. Првата, ако

Македонија изгубеше, тогаш

магично сите ќе се свртеа против

нас (не дека и сега сè уште гледаме само грбови) и ќе нè

принудеа на „суптилен― начин да

ја почитуваме одлуката. Меѓутоа,

за Грција, судот - нема армија! Епа, тогаш нека земат секој по

едно пердувче и нека ги погалат,

барем Грците комплетно ќе

уживаат во гестот.

Page 22: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

Ја дознавме пресудата,

но што потоа? Така, дојде моментот кога

јавноста дозна дека Грција ја прекршила Спогодбата, иако до

сега сите големи сили ја третираа

како свое милениче. Инаку,

органите на Грција точно знаеле дека ја прекршуваат Спогодбата

во Букурешт, па така ќе

постапуваат и во иднина без

оглед на тоа, кој им рекол дека погрешиле... Ако случајно

пресудата имаше важност и

обврска, за да може во иднина

Македонија да побара оштета,

поради нанесената штета предизвикана од блокирањето за

влезот во НАТО и отпочнувањето

на преговорите со ЕУ, тогаш,

победата немаше да биде само за морално самозадоволување на

македонските патриоти. Сега, значи, предноста се состои

во тоа дека може да бидеме запишани во ОН под Уставно име

и да ги користиме симболите, кои

ги сметаме за соодветни, без да

имаме никаков притисок, но, сето тоа нема да важи за влез во ЕУ и

НАТО. За таму - треба убаво да ги

запотиме задниците. Во

позадината се крие картата –

џокер во рацете на Грците, за да нè блокираат и да го направат

тоа повторно во иднина, кога ќе

посакаат, исто како во нашата

игра „Макао―, играш во ист знак долго време и на крај доаѓа некој

и ти го менува знакот, ти немаш

карти и не ја продолжуваш

серијата на фрлања. Треба да сме горди Македонци во

овој миг, но само за една работа:

Македонија во меѓународните

кругови, треба да добие статус –

како конструктивна држава која ги почитува и применува

преземените обврски (за разлика

од темпераментниот сосед, кој и

понатаму сите го штипкаат по обравчињата). На Грците, ни око

не им трепна, за нив и да се

викавме „Шананаја―, повторно

нема да променеше нешто околу признавањето, затоа што им

пречиме како народ, макар кои и

да сме.

Едно од многуте случајни предвидувања е следново: на

следниот Самит на НАТО во

Чикаго, Грција ќе биде под

огромен притисок, затоа што

нејзиниот интерес НЕЛЕГАЛНО го става над интересот на

сојузот. Сето тоа комбинирано со

внатрешните проблеми со кои се

соочува Грција, би можело да се појави резултат во наша полза.

Можна ли е отштета? Се поставува прашањето дали

може да даде тужба оштетената страна, т.е. во случајов

Македонија, поради нанесена

економска штета? За таа цел, треба да обезбедиме непобитни докази дека влезот во

Page 23: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

НАТО би ни донел економска

корист и дека другите НАТО

членки ќе се согласеле на прием. За ЕУ пак, веќе 3 години

добиваме препорака, но не и

датум, па на некој начин и тоа ни

нанело штета – како држава. Слично е и со: отштета поради

ембаргото, кое во овој случај не

е повеќе релевантно, oтштета

поради постојаното затворање на границите, oтштета поради

малтретирање на македонските

државјани, отштета поради

барање на посебни визи или листови за влез во Грција...

Вакви докази, дефинитивно не

може да обезбеди ни Чак Норис.

Сепак, најдобрите правници од

нашата држава, би требало да седнат и убаво да ги разгледаат

овие опции, да ги споредат

финансиски сите членки пред и

по НАТО, сите фондови кои биле искористени, за да се добие на

крај вистинска слика за земјава:

реална и една хипотетичка.

Иднината набргу ќе покаже.

Page 24: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

Славица Ѓоргиева

Политиката царува, правото е само слуга

Историска победа за Македонија, Историјата повторно ќе се

пишува, ни нема рамни, правна

шлаканица за Грција, бла бла

бла... Највисоката правна институција собра храброст и 26

дена пред нова година, гласно

објави дека Грција ја прекршила

т.н. Времена спогодба, со која политичкиве фаци мавтаат во

воздухот. Да, веќе сите знаеме

дека од 2012-та, 5-ти декември

ќе биде уште еден неработен ден

кој ќе ни ги пореметува плановите. Но, што е следно?

Што ќе се случува после

„историската победа―? Што ни

следи после Хаг? Нови парламентарни избори или?..

Во понатамошниот текст, нема да

цитирам изјави, и нема да спомнувам имиња. Јавноста и без

тоа секојдневно е преплавена со

нови реакции за одлуката која ја

соопшти Меѓународниот суд на правдата. Само ќе се осмелам да

го напишам она што секој од вас

го знае.

Македонија победи – и? Малкумина од нас се свесни дека

победата во Хаг е правна, но не и

политичка. Не по нивна вина.

Одлуката која дојде од

Холандија, на јавноста (читај гласачкото тело) ѝ беше

сервирана како спасителот, кој

ќе ги реши сите наши маки. Хаг

ќе ѝ одржи лекција на лошата

вештерка Грција, и ЕУ ќе биде пресреќна да нè земе во своите

прегратки. Конечно ќе можеме да

бидеме заедно со Европа!

Љубовната приказна ќе заврши, и сите ќе си живееме среќно

засекогаш!!!

Но, за жал, живееме во

Македонија, а не во светот на Дизни. И факт е дека живееме во

политички, а не во правен (уште

помалку пак праведен) свет.

Политиката е опасна игра, и

нејзе ја играат само најмоќните и најсилните. Во моментов, ние не

сме ниту едното, ниту другото.

Од Судот, добивме високо

мислење и висока оценка дека нешто што сме потпишале,

другарчето од југ, ни го скинало

на парчиња. Тоа парче хартија,

има голема вредност. Само во вистинските раце. Дали

вистинските раце, се оние на

нашите актуелни политичари?

Дали тие ќе знаат да ја носат тежината на фамозната

одлука?!..

Според мое лично мислење,

блиската историја, ми го

докажала спротивното. Македонските дипломати, се

водат само од личниот интерес, и

што побројни слики на Фејсбук.

Блескави насмевки, супер тагови, и многу лајкови. Не можам да

сфатам, дали навистина не го

знаат дипломатскиот танц, или

им одговара да глумат дека не го знаат?..

Page 25: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

Ќе речете дека ние сме мало

рипче во големиот океан...

Точно, но ако научиме да пливаме, ќе ни биде супер во

своја кожа, зар не?

Чија е иднината? Хаг одлучи за нешто што се случи

во минатото, но нема никакво

влијание на тоа што ни следува.

Она што можеме да го очекуваме

во нашата блиска иднина, е само партиски препукувања, и

мислења на експерти и „сакам-

да-бидам-експерт―-и, и солење

памет од сите страни. Сите ќе прават разлика меѓу правилното

и неправилното, погоденото и

промашеното. Колкумина ќе се

осмелат да ги засукаат ракавите и да ги извалкаат рацете со

вистинската дипломатија?

Колкумина ќе тропнат на вратата

од европските големци, со

насмевка да ги запознаат што значи таа одлука за едно така

мало балканско срце? Колкумина

ќе најдат време да ја раскажат

приказната за девојката Македонија, која има

средновековни проблеми во 21

век?! Колкумина ќе бидат

достојни да се најдат на идните страници на „Револуција―?!

Што е лекот? Лобирање! Лобирање! И пак

лобирање! Тоа е тактиката што кај Грција со години успеваше.

Знаат што сакаат, знаат како да

го добијат, и нема да се откажат

после првата пречка.

Тоа е тактиката која и

Македонија треба да ја примени.

Клинот со клин се избива, или?.. (ако имате подобар предлог, слободно пратетe ми го на [email protected] )

Завидливите, веднаш можат да

ми префрлат дека самата се

негирам, и сум уште еден од погоре споменатите „сакам-да-

бидам-експерт― кој нема да ги

валка рацете. Но, моите ракави

се секогаш засукани, и подготвени да ја пренесат

приказната за Македонија.

Секоја можност ќе биде

искористена за да кажам и докажам дека одлуката од 5-ти

декември е само мал дел од

големата сложувалка. На

неупатените, нема да им кажувам колку Грција не е во право. Но ќе

им пренесам колку вреди

Македонија, и колку вредат

нејзините граѓани.

Наречете ме будала, наречете ме наивна.... Tоа нема да ме спречи

и покрај многуте стереотипи,

најискрено да продолжам да

верувам дека меѓу младите постојат многумина кои се

доволни свесни за дипломатската

игра, и нејзините правила.

Почитувајте го правото, но

останете свесни дека таму каде

што царува политиката, правото

е само нејзин покорен слуга...

Page 26: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 26

Симона Митровска

Шенген зоната – само убаво сеќавање? По толку труд и потрошено

време, конечно успеавме

слободно да се движиме во

Шенген зоната. Дали поради поединци ќе го изгубиме тоа

право и ќе се вратиме на

старата слика на редици и

чекање во амбасадите? Владата мора да преземе ригорозни

мерки кон лицата кои го

злоупотребуваат безвизниот

режим, бидејќи поради нив

можеме сите да го изгубиме слободното движење низ

Европа.

Во нашата држава, најбројни се

Ромите кои мигрираат како лажни азиланти во

западноевропските земји, кои

одат најчесто поради работа. И

покрај преземените мерки на Владата, бројот се намалил само

за околу десетина проценти,

што не е на задоволително

ниво. Нашата Владата тврди дека прави сè што е во нејзина

моќ, за да не се врати визниот

резим во земјата, пред сè со

превентивни мерки, односно

информирање на граѓаните за суштината и содржината на

визната либерализација, како и

за последиците од истата.

Европската Унија бара сите земји посебно да се ангажираат,

за да се реши овој сериозен

проблем, бидејќи ако тоа не се

случи во блиска иднина, слободната Шенген зона ќе

биде само убаво сеќавање.

Иако приказната треба можеби

да ја погледнеме и од другата

страна и да сфатиме дека овие лажни азиланти се само во

потрага по подобар живот, исто

така и тие треба да разберат

дека Европа нема моментално

волја тоа да им го понуди и

дека треба да престанат да го оцрнуваат образот на

Македонија и на целиот

македонски народ,

прикажувајќи нереална и искривена слика за

моменталната политичка

состојба во државата.

Page 27: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 27

Елена Николовска

Македонски традиционални социопатологии

Не многу одамна, во една малечка земја, еден човек

трчаше по улица држејќи секира

во раката, бркаше куче и сакаше

да го преполови. Едно дете реши дека е добра идеја да го дресира

својот пит бул за борби, тоа го

правеше со фрлање на мали

мачиња во устата на кучето. Едно куче денес има само две нозе,

другите две ги изгуби кога влезе

во дворот на соседот...

Ова за жал се само најновите вакви приказни, кои штотуку

почнаа да осамнуваат низ

Републикава. Ниеден од луѓето

во приказните, ниту самите приказни не се измислени, ова е

нашата секојдневна реалност.

Вакви луѓе постојат ширум

светот, меѓутоа додека во остатокот од светот тие се

осудувани од државата и

општеството, казнувани и

дијагностицирани од психијатар како психички непресметливи

индивидуи или социопати, а во

нашата мала државичка тоа се

само обични луѓе, кои нема потреба да се казнуваат.

Проблемот лежи во македонската

традиција, каде животните сè уште имаат статус на предмети.

Овој предмет традиционално

служи или за исхрана или за

чување на дворот, а доколку почне да пречи, може веднаш да

се отстрани, исто како слика на

ѕидот. Нашето општество сè уште

почива на темелите на вакви

нездрави традиционални вредности и додека ваквите

чинови се осудувани од многу

мал број луѓе, за поголемиот дел

ова е сосема нормално.

Македонија моментално се

соочува со историски случувања

на политичката сцена. Особено важни за неа се преговорите за

влез во Европската Унија.

Годиниве, посветивме огромно

внимание на усогласување на нашето закондавство со

легислативата на ЕУ. Меѓутоа, не

е доволно овие европски закони

да стојат само на хартија, за да

бидат вистински усогласени, тие мора да функционираат во

насока на имплементирање на

таквото размислување во нашето

општество.

Европа и Европската Унија, се

едни од првите места на светот

каде се зачнаа законите за добросостојба на животните.

Затоа, не е ни чудно што токму

Page 28: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 28

тука се и најригорозните закони

за заштита на животните. Во овие

земји како и во остатокот од светот, способноста на една

индивидуа свесно да измачува и

да убива животни се вбројува во

редот на опасни психопатологии. Ваквите луѓе најчесто се сметаат

за абнормални и властите будно

внимаваат на овие лица.

Моментално во сила се вкупно шест конвенции, кои се обраќаат

на темата за добросостојба на

животни во Европската Унија.

Македонија е потписник само на

една од нив, Конвенцијата за

добросостојба на животни. Во

Европската Конвенција за заштита на животни, кои се

чуваат како домашни миленици

стои: „Само ветеринар или друго

одговорно лице смее да убие

животно кое се чува како миленик―.

Во Швајцарскиот федерален акт

за заштита на животни пишува:

„Никој не смее на животно да му предизвика болка, страдање,

физичка повреда или страв.―

Норвешкиот закон за

добросостојба на животни е можеби еден од најстрогите во

оваа област, таму стои:

„Животните треба да се

почитуваат. Забрането е секакво убивање на животни како форма

на забава или за да се избави

животното од страдање.―

По потпишувањето на

гореспоменатата конвенција, на

20.09.2007 година, во

Македонија стапи во сила Законот за заштита и

благосостојба на животните.

Адаптирајќи ги принципите на

Европската Конвенција, во него пишува: „животните неоправдано

да не бидат изложени на болка,

патење, физичка

повреда или страв.―

До ден денес ниту еден македонски граѓанин, кој

постапил спротивно на оваа

законска одредба - не одговарал

пред законот.

Робер К. Реслер е човекот, кој со години профилира сериски

убијци за ФБИ и длабоко

навлегол во нивната психа.

Можеби неговата најпозната реченица е: „Убијците... најчесто

започнуваат со мачење и

убивање на животни во

детството―. Ова е изјава, која е

Page 29: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 29

потврдена повеќе пати. Алберт

Де Салво убил 13 жени, тој во

своето детство затворал кучиња и мачиња во дрвена кутија и ги

прободувал со стрели.

Ерик Харис и Дилан Клеболд убија 12 свои соученици на

Колумбајн, а пред да се

самоубијат, говореле дека

уживале во сакатење на животни. Ова е само трошка во лавината

од вакви примери.

И додека за остатокот од Европа и светот овие луѓе се осудувани

со казни затвор или

задолжително психијатриско

лекување, во Македонија тоа се

обични луѓе на кои едноставно им пречело нешто, па си го

решиле проблемот. Дали едно

цивилизирано општество треба

да дозволи ваква работа да биде нормална? Ќе чекаме ли да ни се

случи Тед Банди за да ги

замениме нашите традиционални

социопатологии со нешто понормално?

Page 30: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 30

Слаба Европска унија- опасност за Балканот

Во последните 15 години ЕУ се обиде да го убеди светот дека е

целосно способна да донесе мир

и просперитет на Балканот. Ја

стимулираше обновата на регионот по годините на војна и

децениите - диктатура, нудејќи

дури статус на полноправен

член на оние земји што го проголтаа послушно

пропишаниот лек.

Поради слабиот менаџмент на

финансиско-економските политики, сепак ЕУ дојде до

моментот да се претвори во

најголемата закана за регионот,

од времињата кога на Балканот управуваа Чаушеску и

Милошевиќ.

Ситуацијата е повеќе од тажна, со оглед на тоа дека цела

Источна Европа имаше и

продолжува да има потреба од

успешен регионален модел, врз кој што се базира обид за

илузорна стабилност и

просперитет. Но во ЕУ, во

денешно време гледаме еден германски канцелар, кој ги

влече за уши медитеранските

земји со болно потценувачки

тон - за споредба, слична реторика од страна на висок

политичар од САД, упатена кон

латино-американската или

афро-американската заедница без сомнение ќе го забрза

крајот на неговата политичка

кариера.

Мисијата за промоција на

етничката хармонија веројатно

е осудена да тргне по патот на

неуспехот, од моментот кога ЕУ

дозволи со употреба на сличен несоодветен јазик. Не е на

последно место - настојувањето

на француско-германската оска

за децении на штедење за периферијата на ЕУ, со цел

спасување на јадрото на

организацијата. Тоа ќе ги стави

на дневен ред редица прашања, барем во однос на Хрватска,

држава што ќе биде најновиот

член на Унијата.

Од 2005 година, од повлекувањето на

американските мировни војници

од најжешките области на

поранешна Југославија, во името на мисијата на САД во

Ирак, ЕУ остана главниот

мировен фактор во Босна и

Косово. Од тогаш, етничките Срби од двете страни станаа не

само понезадоволни и гласни,

но исто така и спремни за

судири. Уште за време на вториот

претседателски мандат на

Владимир Путин, Русија се

спротивставуваше жестоко на

каква и да е независност на Косово под надзор на ОН, а во

Page 31: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 31

блиска иднина се очекува цар

Путин повторно да се врати на тронот во Кремљ.

Така ЕУ ќе може брзо да утврди

дали Путин има намера да ги

послуша неговите советници, кои му укажуваат за можностите

на Балканот, врз основа на кои

Русија ќе може брзо да си врати

дел од изгубениот авторитет - се разбира на сметка на еден

ослабен Запад, потресен од

кризи и очигледно беспомошен

пред Руската мечка.

Некои влијателни политичари

во Србија, Босна и Црна Гора

дури почнаа да се повикуваат

на панславистичката реторика. Со оглед на тоа дека досега,

препораките на ЕУ во однос на

борбата против корупцијата ги

дразнеа исклучително многу, тие сигурно би се радувале, ако

конечно успеат да ги стават на

место моралните наставници од

Брисел. Мило Ѓукановиќ од Црна Гора,

Томислав Николиќ од Србија и

Милорад Додиќ од Босна,

очекуваат во иднина Русија да

дејствува како конкурент на ЕУ за Балканот.

Слични чувства во однос на ЕУ и

Русија може да бидат забележани и во Романија:

Адријан Настасе немаше

потреба од словенска крв во

вените, за да крева врева, дека против него се води лов на

вештерки, а Виктор Понте

(лидер на Социјал-

демократската партија - бел. ред.) веќе го информираше

романскиот народ, дека за

време на владеењето на една

влада, со учество на ПСД ќе се

обноват „добрите односи― со Русија и другите земји од БРИК

(Бразил, Русија, Индија и Кина).

Во контекст на Балканот и блокот на новите пазари, не

треба да се има предвид само

Русија, туку и Турција. Јасно е

дека премиерот Реџеп Тајип Ердоган сака да врати барем

дел од некогашното влијание на

Турција на Балканот, во таа

смисла е преземена и целата културно-економска офанзива

во регионот, од страна на

Турција.

Во септември Ердоган

престојуваше во дводневна

посета на Македонија, каде што покажа загриженост за

судбината на 80-те илјади

етнички Турци, кои немаат

Page 32: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 32

корист од Охридскиот договор,

потпишан пред една деценија, по завршувањето на

граѓанската војна. Според

турскиот министер за

надворешни работи Ахмет Давутоглу, некогашната турска

власт сепак донела на целиот

регион повисоко ниво на

цивилизација и во никој случај не - заостанување, во резултат,

за добро да се пожали од

учебниците во Косово, во кои

османлиската власт на Балканот

„божем― била омаловажувана.

Автор: Том Галахер

Извор: весник „Романија Либера―

Подготви: Атанас Величков

Page 33: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 33

Page 34: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 34

Атанас Величков

„Плати-клати“ - криминал? Деновиве во Скопје се одржа

конференција насловена како „Таргетирање на побарувачката

како опција за успешна борба

против трговијата со луѓе―.

Кажано на народен јазик, таргет ќе бидат тие што бараат, а не

тие што нудат. Значи работава

веќе излегува од контрола, а

тие што не се фраери да му мислат! Нема веќе „правење―

безобразни работи позади МТВ.

Да „мавнеш― по тие што бараат

сексуални услуги било практика

кај нордиските земји (Шведска, Норвешка и Исланд). Тие што

нудат според еден од

учесниците во конференцијата,

неговата ексенција амбасадорот на Шведска во Македонија,

господинот Ларс Вахлунд, биле

„луѓе во очај, кои не би требало

да се третираат како криминалци―...

Па и тие што сакаат да ги заменат „леванка― и „десанка―

се луѓе во очај, зарем не? Што

мислите Вие, драги мои?

Според експертите, методот што Шведска го користи за

сузбивање на трговијата со

луѓе, бил многу дискутабилен...

Бога ми, ќе паднат многу

дискусии, ако Македонија го криминализира барањето на

сексуални услуги, затоа што

испаѓа дека сите, кои немаат

сексуален партнер или пак фетиш им е платената љубов, ќе

бидат сметани за криминалци.

Тоа нема да го коментирам,

нема ни потреба од коментар... Инаку има логика во тоа да

удриш на побарувачите, кога

нема побарувачка за одредено

добро, нема да има ни понуда

за истото - фундаментална економска логика. Јас им се

восхитувам на нордиските

народи, тие се пример за тоа

како се гради држава... Време е и ние да земеме пример од нив.

Лошо е тоа што земаме за

пример, еден многу

дискутабилен метод за борба против трговијата со луѓе и

проституцијата... Убаво ќе беше

да земеме пример од Швеѓаните

и Норвежаните во нивната

борба со корупцијата. Да земевме пример и во тоа, како

се работи чесно, како се

плаќаат даноци и не се краде

струја. Тоа со струјата, ме потсети на еден напис во еден

наш дневен весник, пред

неколку недели, ако не се

лажам весникот беше „Дневник―, а написот се

однесуваше на тоа дека во

Еритреја се стасува побрзо до

струја во споредба со

Македонија. Сега, не знам какви

мерки се преземаат во Еритреја во борбата против трговијата со

луѓе и проституцијата, но ете

Page 35: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 35

Македонија наместо да си ги

среди бирократските проблеми,

ќе брка „тинкачи― низ улиците...

Мора од некаде да се почне,

барем кога веќе си го имаме „на ти го- дај ми го― со Шведска, да

заличиме и ние на таа нордиска

и пред сè нормална држава.

Сакам да подвлечам дека трговијата со луѓе не е

едноставен проблем, што може

да се реши со апсењето на

неколку маргиналци, жедни за

женски допир... Потребни се ригорозни мерки и казни...

Треба да се удри врз макроата и

тие кои тргуваат со бело робје,

а носат супер костими од по неколку илјади евра. Тие се во

дното на проблемот. Еден од

методите за регулирање на овој

проблем е легализацијата на проституцијата, државата ќе

има увид во целата таа шема на

„купи-продај―, преку лостовите

на власта и ќе може да ја

контролира целата работа, околу тоа, кој што и како

работи... Колку и тоа да Ви

звучи како клише, „дади― што

продаваат љубов, имало, има и ќе има, а сексот е добра роба за

„шиткање―... Преку секс, пола

„дрољи― во Скопје си

изнакупија гардероба, па сега

криминалци ли да ги правиме

магарињата, кои им ги купуваат

парталчиња за да ги гушкаат „принцезите на мама и тато―.

Драги мои, и јас сум за да се

стави ред во сета таа „каша-

попара―, да се знае кој нуди, кој купува и кој го прибира ќарот...

Тоа е најважно! Ќе заборавев да

напоменам нешто околу тоа од

кого сè зема пример нашата мила Татковина?

Убаво ја глумиме Шведска за

„дадите― и тие што плаќаат за

да си добијат трошка

задоволство, јас прашувам

зошто не земеме пример од Русија и не почнеме со хемиска

кастрација на педофилите? Ќе

каже сега некој, дека Русија не

е типичен пример за европска земја со демократско

општество, така е, се

согласувам, ама не е токму

демократски да им го ускратуваш правото на самците

да добијат малку платена

„љубов― и да ги ставаш во

графата криминалци... Замислете ја следната

ситуација: да речеме дека во

Македонија се воведат

затворски казни за „онадење―

позади МТВ.

Page 36: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 36

Со кои очи ќе влезат во затвор фациве, кои немаат сексуална

партнерка и природната

потреба за секс ги натерала да

се прошетат до кејот „Димитар Влахов― или пак до некоја друга

локација ширум Македонија, за

која што се знае дека е

„продавница за платена

љубов―? Живи срамотилаци!!! А бе, овие криминалциве во

затвор, кои престојуваат таму за

кражби, силувања, убиства и

други такви контроверзни работи има да ги „дупнат― од

заебанции нашите „новопечени―

криминалци „тинкачи―, а

престојот во затвор за тие измачени луѓе, ќе има пеколни

последици за нивната психа...

Истите, по претрпениот стрес во

затвор, ќе треба да одат на

психијатар за да се средат. Не знам само дали и за тие луѓе ќе

се најдат некои хумани „фаци―,

кои ќе се залагат за нивното

лечење по престојот во затвор, заработено поради купувањето

на женски допир... Еве за

педофилите се слушаат гласини

дека треба да се лечат, а

„тинкачите―, кој ќе ги лечи?

Кога сме веќе на тема секс, не

можам а да не го спомнам случајот со 23-годишната

Радовишанка, која имала секс

со малолетници и истиот бил

снимен од друг тинејџер преку Скајп. Се слушнаа пискотници

дека таа била криминалец, кој

треба да скапе во затвор, а јас

се согласувам дека девојката треба да биде казнета... Но ајде

да не се лажеме... Сигурно таа

не ги натерала овие тинејџери

со по 16 години, насилно да имаат секс со неа. Најдете ми

еден тинејџер, кој ќе одбие секс

со постара девојка... Нема

таков, нема ни да се роди!

Сега да се вратам на главната тема - таргетирањето на

побарувачката како опција за

успешна борба со трговијата на

луѓе... Никакво одење позади МТВ и во локали, каде

танчерките по работните

обврски околу шипката, си

играат со други „цврсти― предмети од органски

карактер... Немојте да одите,

поубаво е сами да се

воздржуваме, во споредба со

тоа да нè праќаат во темни зандани...

Не си верувам ни самиот на тоа

што го пишувам! Најубаво

терајте си го филмот, па ако почнат како во Шведска да нè

апсат за одење по „дади―, тогаш

ќе му ја мислиме.

Page 37: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 37

Истражување за невладиниот сектор

Глас на заедницата или инструмент за криминал, влијание или лично богатење?

Петтоколонаши, слуги на запад, перачи на пари, слуги на

партиите - ова се само едни од

многуте епитети, преку кои се

препознава невладиниот сектор. Некој ќе рече, па чекај, нели се

тие глас на заедницата,

инструмент за предизвикување

на промени, коректор на власта, носители на прогресот и

слободната мисла? Ајде да

процениме сите заедно, преку

кратка хронологија.

Невладиниот сектор, својот

вистински залет го зема за

време на косовската криза, кога

најголем број од НВО се регистрираат како хуманитарни

организации. Пресвртот

настанува за време на воениот

конфликт во 2001г., кога организациите ја менуваат

својата мисија и преку ноќ

стануваат организации од

граѓански карактер. Она по што

е препознатлив овој период- е период на плаќање во кеш и

отсуство на контрола од страна

на донаторите. Во потрага по

лидери во заедниците, кои ќе работат на полето на соживот и

меѓуетничката толеранција,

играта беше без правила.

Всушност, ова е периодот на регистрирање на околу 5 000

организации. Шансата за

пристап до лесни пари, беше

мотивација и причина за ваква експанзија. Се разбира ова

резултираше со создавање на

локални лидери, кои си

направија добар семен бизнис,

каде покрај претседателот на здружението, во иста

канцеларија ќе ја видите

неговата сопруга и се разбира

неговите деца како активисти. Се разбира, домот на главниот е

и седиште на организацијата за

полесно да се покриваат

семејните сметки за вода, струја, телефон и кирија. За

само една година, израснаа

огромни куќи, пред кои се

паркираа мерцедеси. Сепак ова

е периодот, кога се воспостави невладиниот сектор како

организирана форма, која може

да има влијание.

За прв пат, НВО секторот

беше употребен како силно

оружје за време на

парламентарните избори, кога стартуваше кампањата „Доста

е―. Повеќе од 150 организации

активно се вклучија во

подигнување на свеста на

граѓаните, за лошото владеење на власта, дискриминацијата,

корупцијата и потребата за

промени. Тогаш за прв пат, во

модерна Македонија, се сфати и моќта на медиумите. Сето ова

резултираше со промена на

власта, а веднаш потоа мрежата

на НВО едноставно се стави во мирување. Нова мобилизација

имавме за време на следните

избори, кога група на НВО,

преку мобилен оператор испратија порака „излези

гласај, гласачкото ливче не

може само да стигне до

гласачката кутија―. На овој

Page 38: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 38

начин, беше извршен притисок

да излезат на гласање, при што

постоеше чувство дека гласачот е следен, дали и за кого

граѓанинот гласа. Потеклото на

парите, употребени за оваа

кампања, до ден денес остана непознат.

Од тогаш па наваму, ова веќе

прерасна во редовна пракса,

каде невладините организации беа користени

или за партиско влијание

или за филтер, преку кој

треба да поминат пари. Па да дадеме уште по некој пример:

- Во 2006 по секоја цена, власта

инсистира на продажба на

Електростопанство на Македонија. Во игра се бројки

околу 700-800 милиони евра.

Како против-тежа се појавува

од никаде невладина организација „Глас на

светлината―. Оваа организација

жестоко се спротивставува со

директни протести пред Влада, на улица, во медиуми. Од

целиот притисок се бара

транспарентност на постапката,

отворање на договорот и

укажување на корумпираноста на Владата. Овој притисок

битно влијае на

парламентарните избори и

промената на власта, по што логично следеше како што

бараше организацијата, од

страна на новата влада -

отворање на документите и преиспитување на целата

постапка за продажба. Но

веднаш по завршувањето на

изборите, невладината организација едноставно

исчезнува со своите лидери и

активисти. Никој до ден денес,

не смее да праша кои се тие

луѓе и што прават сега.

- Нов случај, во кој се покажува

желбата за лично богатење, беа

доделените средства од Министерството за култура,

инаку кредит од светска банка

за НВО-а, кои работат на

заштита на културното наследство во Пијанец и

Малешевијата. Повторно во игра

се милиони, ама овој пат

долари. Преку ноќ, само во Делчево се регистрираат за пет

месеци 150 НВО-а. Главен

„муабет― во чаршијата е –дај, да

отвориме НВО, да испереме

големи пари. Да, парите се потрошија, но никој не може да

се сети каде и за што отидоа

парите. Да бидеме реални, како

млада држава Р. Македонија е нормално да помине преку овие

детски болести (мали

сипаници). Кога сите очекуваа

зајакнување на граѓанскиот сектор, негово профилирање и

ставање во вистинска функција,

граѓанскиот сектор добива нов

удар. Ненадејно заради

појавата на нови светски кризни жаришта, како што е Косово,

Авганистан и др. странските

донатори најавија заминување.

Ова е и најголемата грешка на донаторите, кои наместо да ја

завршат својата работа, го

оставија НВО секторот да остане

на самиот себе т.е. на домашно финансирање, со главен

донатор Владата на Р.

Македонија. Ова, всушност и

претставува дефинитивно преземање на НВО под своја

капа од страна на власта

Page 39: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 39

(партите) и логично под

сопствена контрола. Средствата

кои доаѓаат преку Влада, се доделуваат преку

Министерствата и преку

Генералниот секретаријат за

односи со НВО. Верувале или не, за доделување на

грантовите постои комисија која

е составена од членови, при

што сите се министри во Влада. Претседател на комисијата, до

скоро беше Министерот за

внатрешни работи, а сега е

Министерот за финансии. Повикот за НВО-а вообичаено е

во февруари, а средствата се

доделуваат на 25 декември.

Истите средства се за тековната

година и истите треба да се потрошат за 5 дена. Ова е за во

рубрика „верувале или не―, но

имате право на пролонгирање

на рокот на трошење. Логично е ако полицаец каже кои НВО се

погодни, а кои не, кои проекти

се добри а кои не, не ви требаат

повеќе од 5 дена за да ја реализирате вашата годишна

програма. Се разбира дека на

опозицијата би ѝ одговарало да

постои НВО, кој ќе биде

коректор на власта и инспиратор за опозицијата, но

за жал таму постои повеќе од 5

години внатрешна борба за

позиции, за некој ден кога ќе дојдат тие на власт. Всушност,

идеолошки, опозицијата и не се

разликува многу од позицијата

и сака да наследи иста или слична состојба, со која утре

таа би менаџирала.

Сепак, да се вратиме на

хронологијата и да видиме, што е тоа што се случува со НВО

секторот во последно време,

што влијае, овој сектор да го

заслужува сегашниот имиџ?

Имено, во 2009 година беше отворена Националната

агенција за мобилност и

образование. На чело на

агенцијата беше поставен г-дин Бошко Нелковски, истакнат

партиец на ВМРО-ДПМНЕ. Со

работата на оваа агенција,

требаше да се зголеми мобилноста кај студентите,

поврзување и вмрежување на

образовните институции со

истите во Европа, реализација на огромен број иницијативи од

страна на младите и пред сè на

НВО секторот, кои се активни на

полето на образованието. Со

тоа, Македонија доби можност да користи европски пари, за

јакнење на капацитетите во

сферата на мобилноста и

образованието, црпење искуство од европските

достигнувања и практична

примена во Р. Македонија. Но за

жал, по нецела година постоење, Националната

агенција беше затворена, а

средствата од европските

фондови беа замрзнати, како и

сите активности за Р. Македонија. Причина е -

злоупотребата на средствата од

страна на директорот Бошко

Нелковски, кој истите ги доделувал на НВО-а чии

основачи и претседатели се

негови блиски роднини и

пријатели, како и на неговата матична организација. По

констатирањето на

неправилностите, под притисок

на јавноста, г-дин Бошко Нелковски беше разрешен и е

поставен на друга функција. По

Page 40: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 40

повод овој настан, премиерот

Груевски ја даде следната

изјава: во работењето на Националната агенција не е

констатиран никаков криминал,

туку е констатирано неетичко

работење. Од оваа причина е разрешен директорот, при што

не се утврдува никаков

криминал. Веднаш потоа т.е. на

20 јануари ова година, се покренува постапка за кривично

гонење, заради сомневање дека

Нелковски ја злоупотребил

службената должност и постапил несовесно при

раководењето со Националната

агенција, при постапките за

спроведување на јавните

набавки и избор на крајните корисници. Постапката е сè

уште во тек, разрешница како и

вообичаено нема, а Македонија

изгуби милиони евра и драгоцено време во приклучок

со европските трендови.

Ова се документирани акти, до

кои може да дојде само добро упатен граѓанин, за да се

запознае со вистината. Но не

помалку важно, е да се чуе како

самиот НВО сектор се

перцепира себе си. Токму затоа, во август се организираше

фокус група од најактивните

ромски НВО-а. На истите се

дадоа следните изјави: - Ахмет Јашари, претседател на

НВО „Дром― Куманово: за жал

целиот НВО сектор е под

политичко влијание. За жал, странските донатори не

поставија стратегија за

постепено повлекување, туку нè

оставија на домашни ресурси, а тоа значи на милост и немилост

на партиите. Ако дополнително

се земе предвид дека некои

ромски НВО-а од ова направија

сопствен бизнис и не е чудно, што ја уживаме таквата доверба

кај заедницата. Додека не се

брендираме и не се вратиме

повторно кај заедницата, како дел од неа, ваквиот статус ќе

остане непроменет.

- Жељко Јовановиќ е директор на ромски иницијативи –

Будимпешта, ќе рече:

почитувани колеги, мора да

најдете начин како да допрете длабоко до заедницата, за да

бидете нејзин сервис. Вие иако

сте Роми, не сте дел од

заедницата бидејќи сте

едуцирани, информирани и сте вклучени во општеството. Токму

заради тоа, вие треба да

иницирате и да ангажирате

локални лидери, кои ќе иницираат промени во

заедницата. Можеби е добро да

се размислува воведување на

пензии на заслужни претседатели на ромски НВО-а

и влез на свежа крв.

Сепак, Жељко не знае дека кај

нас, пензионерите се

најголеми лидери. Лидерот на најголемата опозициона партија

е пензионер, кој сака да ги

убеди граѓаните дека неговото

пензионерско искуство е пресудно за спас на државата.

Репортажата нè води кај г-ѓа

Лидија Димова, гласноговорник

и еден од најголемите активисти за приближување на

Македонија кон ЕУ. Лидија

Димова е фронтмен на НВО

„Македонски центар за европско образование― и истата ќе рече:

Page 41: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 41

„за жал, реално постојат сосема

малку грас рут организации, кои

се вистински глас на задницата. Постои општо чувство дека

демократијата се гуши. Не е

точно дека невладините

организации се пасивни и молчат, туку едноставно

одземена им е нивната гласност

т.е. медимите се ставени под

потполна контрола. Од друга страна, во јавноста се јавуваат

разни корумпирани професори,

чија улога е да дадат друга боја

на актуелните состојби во државата. Погледнете ги и

последните состојби со г-дин

Милчин и процесот на

лустрација. Процесот со

Бошковски зборува дека сите сме следени и контролирани.

Посесивноста за контрола, јасно

се гледа со обидот на власта и

младинскиот сектор, да биде потчинет преку донесувањето

на законот за млади, со кој

јасна е намерата на власта.

Дека сите не гледаат така

црно на состојбите во НВО

секторот, зборува Зоран

Богадановски, програмски

менаџер во ЦИРА, една од најмоќните организации во Р.

Македонија, кој грантира

повеќе од 25 лидерски НВО-а.

За состојбите во НВО секторот, Богдановски вели:

- Воопшто не е точно дека НВО

секторот е пасивен, корумпиран

и партизиран. Можеби не сме доволно атрактивни за

медиумите, кои бараат

сензации, а за видливите дела

што ги прават НВО-а немаат време. Точно е дека има

скандали, но и тоа е нормално

во една таква млада држава,

детските болести мора да се

прележат. Инаку, јас лично мислам дека институциите

никогаш не биле повеќе

отворени за соработка. Во

минатато, не можевме ниту комуникација да оствариме, за

разлика од денес кога сме

консултирани за огромен број

прашања. Доказ за тоа е и колку закони се донесени по

иницијативи на НВО секторот.

Па дури и за контроверзниот

закон за млади, уредно бевме поканети, каде што имавме

шанса да си ги кажеме своите

коментари и забелешки. За да

не ни се случуваат вакви афери

и скандали, потребно е да се донесат правилници за

распределба на средства, да

постојат чисти критериуми. Јас

би рекол дека НВО-ата се злоупотребени од политичарите,

за нивни интереси што лошо

влијае на сегашниот имиџ.

Сторијата ја завршуваме со

конференцијата во ноември на

НВО секторот. Повеќе од 70

НВО-а искажаа огромна

загриженост за состојбите што го следи овој сектор и лошиот

имиџ. НВО секторот е роден

да дебатира, да дебатира и да

си продолжи по истиот пат. Сепак, главен заклучок е дека -

ако се сака вистинско цивилно

општество, најважно е

невладините да се брендираат. Дури тогаш ќе знаеме кој што

работи и за кого работи. А сега

за сега, перцепцијата е иста.

Народот ќе каже: дај да отвориме невладина

организација, да испереме

Page 42: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 42

убава паричка, познавам и

некои луѓе од власта, ќе

помогнат и тие, потребно е само да си ја собереш фамилијата, да

ти се потпишат и тие ќе имаат

ќар. Почитувани НВО-а, вие сте

на ред да ја промените оваа состојба, ако сте вистински глас

на заедницата...

Истражувач:

Зоран Биковски

Поддржано од СЦООП и Данското

здружение на новинарите истражувачи

Page 43: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 43

Принципите на Конвенција за правата на лицата со хендикеп на ООН

ПАТОКАЗ ЗА ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРОМЕНИ

Усвојувањето и стапувањето во

сила на Конвенцијата за

правата на лицата со хендикеп и Опциониот протокол,

означуваат длабока промена во

актуелните приоди кон

прашањето на хендикепот. Комесарите за човекови права

при ООН го толкуваат,

популаризираат и

препорачуваат овој

меѓународен документ мошне претпазливо, упатувајќи и

разни совети заради нејзино

посоодветно применување во

практиката и заради исполнување на нејзината

суштинска цел. Така,

препораките што ги даваат за

начинот и субјектите, кои ќе го набљудуваат и следат нејзиното

спроведување, тие го сметаат за

едно од најзначајните аспекти

при вградувањето на Конвенцијата во секој

конкретен општествено-

политички и економски

контекст. Зашто, долго се

претпоставуваше дека досегашната и (сè уште)

постојната маргинализација на

лицата со хендикеп, се

природни и неизбежни последици на нивното физичко,

ментално, интелектуално или

сетилно нарушување. Меѓутоа,

фокусот на Конвенцијата,

повеќе не е ставен врз

согледаната „неправилност― на

личноста, со оштетување сфатено како недостаток или

болест. Напротив, Конвенцијата

го разгледува хендикепот како

„патологија на општеството―, бидејќи тоа не е инклузивно и

не се прилагодува на

индивидуалните разлики. Затоа,

тоа и мора да се менува, а не

личноста, а Конвенцијата е патоказ за таа промена.

И, токму во тој контекст,

набљудувањето и следењето, во

која мерка се почитуваат и практикуваат човековите права

на лицата со хендикеп, игра

главна улога во поддршката на

државите, ефикасно да ја применат Конвенцијата на

национално ниво. Но, и во

охрабрувањето на лицата со

хендикеп да станат посвесни за своите права, а што ќе

предизвика и позитивна

промена во животот на овие

лицата ширум светот.

Основни принципи и што

значат тие Работата со човековите права

бара подготовка, технички

вештини и знаење за да може ефикасно да се раководи со

неа. Од тие причини,

Page 44: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 44

комесарите за човекови права

нудат разновидни публикации,

со кои сакаат да им помогнат на сите оние лица - од владите,

националните институции за

човекови права и од невладини

организации – кои ќе ги мониторираат човековите права,

да го направат тоа токму во

согласност со Конвенцијата. Тие

публикации ја објаснуваат Конвенцијата, предлагаат

методологија за мониторинг, а

даваат и корисни совети за

нештата кои треба да се имаат во вид кога се работи со лица со

хендикеп.

А, кога и да се промовираат

публикации или кампањи во

контекстот на лица со хендикеп, на хендикепот се гледа со

негативен призвук, и

вниманието на јавноста се

одвлекува од основниот фокус на моделот на човековите

права: почитувањето на

разликите и различноста и

недискриминацијата. Токму затоа, почетната точка во

разбирањето и толкувањето на

правата на лицата со хендикеп

е членот 3 од Конвенцијата

(Општи принципи). Толкувањето, спроведувањето и

практичната примена на целата

Конвенција се раководат токму

според тие општи и основни приниципи, опфаќајки ги сите

прашања и предлагајќи теркови

(репери) според кои се мери

секое право. Тие се во срцевината на Конвенцијата и

се централни во следењето и

оценувањето на тоа колку

правата на лицата со хендикеп всушност се практикуваат

откако Конвенцијата ќе стапи во

сила.

Општи принципи (член 3)

- Почитување на достоинството

и личната автономија,

вклучувајќи ја и слободата да се направи сопствен избор и да

се почитува независноста на

лицата

- Недискриминација

- Целосно и ефикасно учество и вклучување во општеството

- Почитување на различноста и

прифаќање на лицата со

хендикеп како дел од човековата разноликост и

човечкиот вид

- Еднаквост во можностите

- Пристапност - Еднаквост помеѓу мажите и

жените

- Почитување на развојните

капацитети на децата со хендикеп и почитување на

нивното право да го зачуваат

својот идентитет

Достоинството е вродено и е

вредност на секоја личност.

Кога се почитува достоинството на лицата со хендикеп, тие го

живеат животот низ искуства

што се вреднуваат и формираат

свои мислења без страв од физичко, психичко или

емотивно деградирање или

повредување. Достоинството не

се почитува кога, на пример, работoдавачот ги присилува

работниците со оштетен вид, да

носат маичка со зборот „слеп―

отпечатен на нивниот грб, каков

што бил случајот од Филипини што го посочуваат комесарите

за човекови права, а е дел од

интервјуата спроведени во таа

Page 45: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 45

држава, во проект за

меѓународна промоција на

правата на нивните сонародници со хендикеп.

Индивидуалната автономија подразбира да се биде

одговорен за сопствениот живот

и да се има слобода и комоција

во правењето сопствени избори.

Почитувањето на индивидуалната автономија на

лицата со хендикеп значи дека

лицата со хендикеп имаат, на

еднаква основа со другите, разумни животни избори, постои

минимално мешање во нивниот

приватен живот и дека можат да

донесуваат сопствени одлуки, со соодветна поддршка кога е

потребно. Овој принцип е

вклучен во Конвенцијата и е

поткрепен во многу од слободите кои овој документ

отворено ги признава. Такво е

ослободувањето од досегашната

практика медицинската

интервенција и здравствената нега да се даваат без одлука на

самото лице. На сметка на тоа,

отсега здравствените услуги

мора да му бидат понудени на лицето врз база на негов

слободен избор на типот и

начинот на кој тие ќе се

применат во неговиот случај и според негова претходна

упатеност во изборот. Во таа

смисла, на лице со ментален

хендикеп на пример, треба да

му биде понудена широка

палета на можности за ментална

здраствена грижа (психотерапија, советување,

поддршка и психијатриско

лекување) и тоа треба да ја има

слободата да направи сопствен избор, врз база на личните

желби и преферирања. На лице

кое било жртва на нагазна мина

и е со физичко оштетување, треба да му се обезбедат пак,

уреди и помагала што ја

олеснуваат неговата

подвижност, со што лицето ќе може да биде што е можно

понезависно од другите околу

себе.

Принципот на недискриминација значи дека

сите права се загарантирани за

сите, без да се прави разлика,

исклучок или намалување врз основа на хендикепот или друг

основ и статус. Дискриминација

врз база на хендикеп значи

правење каква било разлика, исклучок или намалуваање,

чија цел или ефект е

анулирањето на признавањето,

уживањето и практикувањето

на сите човекови права и фундаментални слободи на

лицата со хендикеп, на иста

основа како и останатите. Таа

подразбира негирање на разумното прилагодување.

Дискриминацијата се појавува,

на пример, кога на жена не ѝ е

дозволено да отвори банкарска сметка врз основа на

„толкувањето― дека нејзиниот

хендикеп нема да ѝ овозможи да

раководи со нејзините пари. Таков пример комесарите за

човекови права утврдиле во

Page 46: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 46

интервјуата спроведени во

Кенија, како дел од проектот на

DRPI, Африканската унија на слепи, Кениската унија на слепи

и Центарот за правата на

лицата со хендикеп на оваа

држава.

Дискриминацијата се појавува

и кога на маж кому, по направено интервју му е

понудена работа, но му е

кажано да оди дома и да чека

писмена потврда за тоа, откако

работодавачот сфатил дека кандидатот е со оштетен вид и

има потреба документите да ги

чита од многу блиску. Според

ова интервју, спроведено во Кенија во рамките на

спомнатиот проект, повикот за

работа никогаш не стасал до

кандидатот.

Лицата со хендикеп можат да

доживеат и повеќекратна

дискриминација. На пример,

жена со хендикеп може да доживее дискриминација врз

основа на нејзиниот пол, а и врз

основа на хендикепот.

Признавањето на принципот на

недискриминација во членот 3 од Конвенцијата, ја подвлекува

важноста при согледувањето на

дискриминацијата да не се

прави исклучок, туку таа да се

има во вид во сите нејзини

форми.

Еднаквоста подразбира

креирање на такви општествени

услови кои ги почитуваат

разликите, упатуваат на непостоење на „повластени

позиции― и гарантираат дека

сите жени, мажи, девојчиња и

момчиња целосно учествуваат во општеството под еднакви

услови. Еднаквоста не е

запазена кога, на пример,

родителите го отпишуваат своето девојче со хендикеп од

училиште, а без оглед на

нејзините добри оценки,

бидејќи сметаат дека, поради

нејзиниот хендикеп, е бескорисно да трошат пари за

нејзиното образование.

За да се постигне еднаквост

понекогаш се потребни и дополнителни мерки. Такво е

на пример, обезбедувањето

помош за лица со

психосоцијален или интелектуален хендикеп, заради

нивна поддршка во

донесувањето одлуки и во

практикувањето на нивната

деловна способност, врз еднаква основа со другите.

Разумно прилагодување

(член 2) „Разумното прилагодување―

опфаќа неопходни и соодветни

модификации и прилагодувања,

каде тоа е потребно, за на лицата со хендикеп да им се

обезбеди уживање или

практикување на сите човекови

права и фундаментални слободи, на еднаква основа со

другите, но без притоа да се

Page 47: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 47

наметне непропорционално или

непотребно оптоварување (член

2). „Прилагодување― е

приспособување на правило,

практика, услов или барање да

се имаат во вид специфичните потреби на поединец со

хендикеп, со цел овозможување

ова лице да учествува целосно

и еднакво. Прилагодувањето на работното место може да

подразбира набавка или

приспособување на софтвер или

тастатура за вработен со нарушен вид, или пак, обука

или одобрување на подолг рок

во кој лицето треба да ја

заврши конкретната работна

задача. Во образованието пак, разумното прилагодување може

да подразбира обезбедување

алтернативни начини, помошни

упатства или асистивна технологија, за да се пресретнат

барањата на сите ученици од

паралелката.

Работодавачите, образовните установи, институциите и

давателите на услуги, имаат

правна обврска да обезбедат

разумно прилагодување. Во

проценката дали некоја компанија или училиште ги има

преземено сите барани мерки за

да направи комотен простор за

вработениот или ученикот со хендикеп, концептот на

„непропорционално и

непотребно оптоварување― е

клучен. За да се обезбеди правно ослободување од

обврската за приспособување,

работодавачот или училиштето

мора да докажат дека прилагодувањето кон потребите

на поединецот ќе повлече и ќе

наметне непотребно и

непропорционално

оптоварување за организацијата, од аспект на

здравјето, безбедноста или

трошоците.

Билборд од кампањата на Полио Плус „Конвенција, сега!― (крај на 2010г.)

Концептот на целосно и ефективно учество и

инклузија, и пристапност,

значи дека општеството,

гледано и од јавен и од приватен аспект, е

организирано на таков начин на

кој на луѓето им се овозможува

целосно учество.

Да се биде целосно вклучен во општеството пак, значи дека

лицата со хендикеп се признати

и вреднувани како еднакви

учесници, нивните потреби се разбрани како интегрален дел

од социјалниот и економскиот

ред, и не се согледани како

„специјални―. За да се постигне целосна

инклузија, неопходна е

пристапна, физичка и социјална

средина, ослободена од

бариери. Целосна и ефективна инклузија

и учество на пример,

Page 48: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 48

подразбираат дека политичките

избори не ги исклучуваат

лицата со хендикеп, туку обезбедуваат места за гласање

кои се пристапни, и изборни

процедури и материјали кои се

достапни во повеќе формати и лесни се за употреба и за

разбирање.

Поврзано со овој концепт е оној

на универзалниот дизајн. Конвенцијата го дефинира

концептот на „универзалниот

дизајн― како „дизајн на

продукти, околности, програми и услуги

кои можат да ги користат сите

луѓе, од што е можно поширок

опсег, без потреба од

прилагодување или посебен дизајн―

(член 2). Со други зборови,

фазата на дизајнирањето треба

да ги земе предвид потребите на сите

членови од општеството, и да

даде, условно кажано,

гаранција дека подоцна нема да се потребни никакви специјални

прилагодувања.

Почитување на различноста

е прифаќање на другите во

контекст на заемно разбирање. Ова го вклучува и прифаќањето

на хендикепот како дел од

човековата разноликост и

човечкиот вид (humanity). Освен некои визуелни или

очигледни разлики, сите луѓе

имаат исти права и достоинство.

Така, на пример, возачот на автобус, пред која било

постојка, ќе му даде на момче

со физички хендикеп доволно

време да стане од седиштето и да слезе од автобусот. Во тој

дух и возниот ред треба да ги

има во вид и потребите и

барањата на лицата со хендикеп, како и на другите

корисници на јавниот превоз.

Жена со хендикеп од Индија

го пријави следново кршење на нејзиното право на

достоинство:

„Дополнување на сета мака е

однесувањето на луѓето, особено на мажите, и особено

во случај кога треба да

излезам сама и да преминам

преку улица. Луѓето кои приоѓаат да ми помогнат, не

мислат дека сториле добро

дело и го преиначуваат тоа во

обид да ме допрат различно и

да се однесуваат погрешно на секој можен начин. За мене

ова е неизбежно, бидејќи

мора да ја преминам улицата,

а за нив ова е можност да се однесуваат „најевтино―. И

ништо не можам да направам

во врска со тоа, затоа што не

можам да поминам без помош и поддршка од некој кога сум

сама на улица, а ова искуство

е нешто со кое морав да се

соочам многупати во мојот живот, не еднаш или

двапати.―

Извор: „Мониторинг на

човековите права на лицата

со хендикеп – државен извештај: Andhra Pradesh,

Индија― (Меѓународна

промоција на правата на

лицата со хендикеп, 2009) / ―Monitoring the human rights of

people with disabilities—country

report: Andhra Pradesh, India‖

(Disability Rights Promotion International, 2009), достапно

на www.yorku.ca/drpi

Page 49: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 49

Генерално кажано, а што е

мошне важно да се нагласи е

фактот што Конвенцијата не бара хендикепот да се

превенира, што е медицински

пристап, туку, многу повеќе - да

ја спречи дискриминацијата врз основа на хендикепот.

Полио Плус – движење против хендикеп

Page 50: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 МЛАДИ СО СТАВ страна 50

Сања Ѓоргиева

Странски директни инвестиции и конкурентност

Растот на конкуренција, колапсот на домашните

претприемачи, нелегални

приватизации, унија штрајкови,

акомулација на неправилно работење, раст на кривични

дела - се само некои од

бројните негативни ефекти, кои

го придружуваат процесот на трансформација. За жал,

сведоци сме на овие негативни

ефекти во земјите од западен

Балкан. Транзицијата почна

пред некое време и некои од нејзините ефекти можат да се

видат, бројни промени ќе бидат

воведени во наредниот период,

но какви е тешко да се предвиди.

Зајакнување на земјите

од Западен Балкан Несомнено во престојниот

период, централна грижа претставува драстичната

промена во светот на

економијата, со што ова

директно се вклучува во општата економска состојба во

европските земји. Западен Балкан, оваа богата

или уште посиромашна територија со турбулентно

минато, контроверзни настани,

како и нестабилна ситуација,

станува неуспешна област на

секогаш интересни теми за пишување и дискутирање.

Независно од заслужената,

може да се каже и принудената

состојба, Србија како и во соседните земји во регионот,

предизвикува потреба за

разгледување на можностите, за

подобрување на моменталната позиција и постигнување на

целите. Пред да започнеме со

анализата на оваа тема, треба

да се запрашаме самите дали е праведно да се зборува за

финансиски избори и начин на

работа, во овој период на

престојните економски кризи и независните економски

трендови?! Дали оваа криза е

идеален изговор, за богатите да

станат уште побогати или е

несреќен сплет на околности, за сиромашните да бидат уште

посиромашни?! Ставовите за

таквите теми се различни и

противречни, но факт е дека земјите во транзиција постепено

мора да се прилагодат на

претстојната ситуација и да

продолжат да го следат патот во правец од трансформација на

централно-планираните

економии, во пазарно-

ориентирани претпријатија. Во наведените околности,

значително е непоходна

финансиската поддршка.

Ваквата поддршка, на почеток

мора да се манифестира преку странските директни

инвестиции. Целта е - да се

докаже дека приливот на свеж

капитал е недоволен и недостасува како компонента во

економиите во горенаведените

земји, а претставува почетен

фактор за економски развој и е главен услов за економско

заздравување. Странскиот

капитал, несомнено обезбедува

многу важни бенефиции за

земјата-домаќин и помага во

Page 51: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 МЛАДИ СО СТАВ страна 51

остварување на економската и

политичката стабилност, ја

зајакнува правната и институционална рамка,

воведува нови технолошки

сознанија, деловното

опкружување се подобрува, како и напредокот на

менаџерскиот и организациски

труд. Постојат и негативности

од странските инвестиции, како и потврдени постоечки

околности, кои на крај нè водат

до заклчок дека -одредени

последици секогаш го придружуваат процесот на

транзиција. Во прилог на

анализата на тековната

ситуација и можните

потенцијали за развој, е да се укаже на важноста од

создавање на атрактивна

инвестициска клима во западен

Балкан. Исто така е важно да се нагласи дека клучна улога во

привлекувањето на странски

капитал е задржувањето на

приватизацијата, либерализацијата и процесот на

воспоставување на

макроекономска стабилност.

Следат релевантните стандарди,

на конкурентноста на земјите од западен Балкан, како и нивните

вредности и можности за иден

напредок.

Земјите од западен Балкан беа изложени на голем број промени

во однос на трансформацијата

на централното планирање на

пазарната економија. До неодамна, огромните

интервенции на владите во сите

сфери на економскиот живот на

една земја беа такви, што приватната сопственост и

слободните економски падови

беа невозможни да се

постигнат. Како контраст на

споменатиот систем е пазарната економија што укажува на

апсолутна слобода на движење

на капиталот. Се појавува

позитивниот аспект на странските директни

инвестиции, тоа е предмет на

бројни истражувања и

предизвик на голем број автори на научна литература, покрај

тоа се покажува во бројни

ситуации во реалниот живот.

Кога станува збор за вклучување на странскиот

капитал во транзициона земја,

не можат да се предвидат голем

број на негативни елементи, во

однос на гледната точка на земјата-домаќин. Растот на

конкуренција, колапсот на

домашните претприемачи,

нелегални приватизации, унија штрајкови, акомулација на

неправилно работење, раст на

кривични дела - се само некои

од бројните негативни ефекти, кои го придружуваат

горенаведениот процес. За жал,

сведоци сме на овие негативни

ефекти во земјите од западен

Балкан. Транзицијата почна пред некое време и некои од

нејзините ефекти можат да се

видат, бројни промени ќе бидат

воведени во наредниот период, но какви е тешко да се

предвиди. Ние може само да се

надеваме дека владите на овие

земји ќе направат повеќе конкретни чекори за решавање

на тековните проблеми,

вклучувајќи ја и поддршката од

странските инвеститори, овозможувајќи редовна и

незапирлива реализација на

Page 52: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 МЛАДИ СО СТАВ страна 52

инвестиционите проекти. Се

разбира не смееме да го

игнорираме фактот дека процесот на транзиција

секогаш, помалку или повеќе,

остава зад себе одредени

последици. Со анализа на општите и посебни индекси,

како и од клучните столбови на

конкурентноста, во овие земји

се забележува дека се рангирани негативно. Исклучок

е Хрватска, која се издвојува во

многу области во споредба со

другите земји од регионот. За Хрватска се предвидува силен

напредок и стабилна

конкурентна позиција во

регионот, доколку продолжи во

иста насока. Првенствено Србија и Македонија имаат

значителен потенцијал, кој мора

да се подобри со цел да се

создадат поволни атрактивни зони и да се привлечат

странските инвеститори, само

на тој начин ќе дојдат во

предност наведените земји. За жал Босна и Херцеговина и

Албанија имаат најлош пласман,

нивните столбови на

конкурентност се меѓу

најниските во светот. Главните причини за заостанувањето на

овие земји, се бројните

политички проблеми и

дестабилизацијата како и нивната одлучност и упорност

во спроведување на процесот

на транзицијата.

Можните мултинационални компании, меѓународните

иституции, како и стабилноста

на владите, го даваат клучот на

успехот на овие земји. Со почитување на условите

можеме да очекуваме побрз

развој на споменатите земји,

како и нивно постепено

приближување до статусот на развиени европски земји.

Page 53: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 МЛАДИ СО СТАВ страна 53

Елизабета Најдоска Величкова

Што е сексуална едукација?

Сексуалната едукација, која што понекогаш е нарекувана и

едукација на сексуалноста или

едукација на врските, е процес

на стекнување на информации и формирање ставови и верувања

за сексот, сексуалниот

идентитет, врските и интимата.

Сексуалната едукација служи за развивање на способностите на

младите луѓе - да бидат

информирани во изборот на

нивното однесување, и да се

чувствуваат сигурни и способни во врска со својот избор.

Широко прифатено е правото на младите луѓе за сексуалната

едукација. Со неа на младите

луѓе им се помага да се

заштитат од злоупотреба,

екплоатирање, несакана бременост, сексуално

преносливи болести, ХИВ и

СИДА. Исто така, сексуалната

едукација им помага на младите луѓе да добијат информации за

прашањата што влијаат врз нив,

за да можат тие да уживаат во

својата сексуалност и врските што ги формирале.

Кои се целите на сексуалната едукација? Целта на сексуалната едукација

е да го намали ризикот од

потенцијалните

негативни резултати од сексуалното однесување, такви

како несакани и непланирани

бремености и инфекција од

сексуално преносливи болести, вклучувајќи го и ХИВ. Исто

така, како цел на сексуалната

едукација е придонесот кон

младите луѓе да стекнат

позитивно искуство од нивната сексуалност - со подобрување

на квалитетот на нивните врски

и нивната способност да

донесуваат вистински одлуки. Сексуалната едукација е онаа

што придонесува за

исполнување на овие цели, за

безбедноста на младите луѓе и уживањето во нивната

сексуалност.

Кои способности треба

да ги развива

сексуалната едукација? Способностите, кои младите

луѓе треба да ги развијат како

дел од сексуалната едукација,

се поврзани со стекнување на одредени вештини. Да бидат

способни да комуницираат,

слушаат, да преговараат со

другите и да прашуваат за

идентификување на изворот за помош и совет.

Сексуалната едукација, исто

така помага во распознавање на

разликите меѓу точна и грешна информација, во дискутирањето

Page 54: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 МЛАДИ СО СТАВ страна 54

за морални и социјални

прашања и погледите врз сексот

и сексуалноста, вклучувајќи ги и различните културни ставови

за чувствителните прашања

како сексуалноста, абортусот и

контрацепцијата.

Формирање на ставови и

верувања Младите луѓе имаат широк опсег

на ставови и верувања во врска

со сексот и сексуалноста, така

што понекогаш предизвикуваат

контрадикторност и конфузија.

Како на пример, некои

здравствени пораки го

зголемуваат ризикот и опасноста поврзани со

сексуалната активност и некои

медиуми ја промовираат идејата

дека - сексуалната активност ја прават личноста поатрактивна и

позрела. Бидејќи сексот и

сексуалноста се чувствителни

прашања, младите луѓе и сексуалните едукатори мора да

го имаат тоа предвид, кои

ставови да ги задржат и која

морална рамка да го регулира нивното однесување?

Младите луѓе многу се

заинтересирани за моралните и

културните рамки, што ги врзуваат сексот и сексуалноста.

Тие се отворени за да

дискутираат на теми како

абортусот, хомосексуалноста, контрацепцијата, секс пред

брак итн.

Прашањата во врска со религиозните, културните и

моралните погледи - можат да

наидат на несогласувања.

Луѓето кои сексуално се едуцираат, имаат веќе свои

ставови во врска со сексот и

сексуалноста и затоа е важно

тоа да не влијае негативно врз нивната едукација. На пример,

иако личноста има став дека

младите луѓе не смеат да имаат

сексуален однос пред брак, тоа нема никакво значење за

информацијата за безбеден секс

и контрацепција. Обидите, да се

наметнат телесно-морални

Page 55: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 МЛАДИ СО СТАВ страна 55

погледи за сексуалноста на

младите луѓе - отпаѓа.

За разлика од одвраќањето на младите луѓе од сексуалноста,

сексуалната едукација создава

ставови во врска со

сексуалноста, кои ги оспособуваат младите луѓе да

можат да одлучат за нивната

сексуалност, земајќи го предвид

ризикот од сексуалната активност.

Младите луѓе треба да ги

истражуваат и разликите меѓу

половите и прашањето за тоа како етничката припадност и

сексуалност влијаат врз нивните

чувства и опциите. Тие треба да

бидат способни да одлучуваат

за себе и за позитивните страни на врските. Важно е да разберат

дека присилувањето,

злоупотребата и

експлоатирањето лошо влијаат на врските.

(продолжува во следниот број)

Извор: Averting HIV and AIDS

Подготви:

Елизабета Најдоска Величкова

Page 56: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 АРТВИЗОР страна 56

Page 57: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 АРТВИЗОР страна 57

Од перото на Владимир Неделковски

CAPTAIN AMERICA:THE FIRST AVENGER (2011) Улоги: Chris Evans, Stanley Tucci, Tommy Lee Jones Режија: Joe Johnston Сценарио: Christopher Markus Продуцент: Kevin Feige (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Подемот на еден јунак

ШО Е ОВА...? Не, сериозно. ШТО

Е БРЕ, ОВА?! ХОЛИВУД СНИМИЛ

ОРИГИНАЛЕН И КВАЛИТЕТЕН ФИЛМ!!! Што е следно?

Вработувања (со ок. приходи)

за сите Македонци?!

Неверојатно. Значи, чуда се

случуваат повремено... Од издавачката куќа за стрипови,

Марвел, одговорна за хитови

како Spiderman, Ironman, Hulk...

на големото платно (и малите монитори, ако го крадете од

интернет), ни пристига уште

еден американски суперхерој,

Капетан Америка. „ШТО?! Уште една будала во пижами ќе ја

спасува е.ената Америка од

целиот свет, кој наводно се

свртил против неа?― – сигурно

се мислите, кои што ви зујат во

глава и кои се само делумно

точни. Ова, не е филм за костимирани „паљачовци― кои

со специјални, суперхеројски

моќи се борат за „Америчката

правда―... Ова е всушност филм

за срцето на херојот; за тоа, како и еден најобичен, мал и

никаков човек, може да се

воздигне и да прерасне во

вистински јунак. Јунак, каков што ни треба нам, обичните,

мали, никакви, Македонци, за

да се свестиме и да станеме и

да се избориме за нашите права и правдата воопшто.Втора

светска војна. Партизани vs.

Германци или поточно,

Американци против Нацисти; Офицер на Гестапо SS-офците,

Шмидт, кој ја дели лудата идеја

на Хитлер, за изнаоѓање начин

на употреба на натприродни

сили во редовите на регуларната војска, се

одметнува од власта на Хитлер

и основа своја тајна војска т.н.

Хидра. Шмидт, не е само шизофреник до срж, ами и

човек со амбиции кои ги

надминуваат тие на Фирерот.

Дополнително, благодарејќи на експеримент кој му ја изменил

телесната физиономија, познат

е под прекарот Црвен Череп,

како и по неверојатната

физичка издржливост. Во

Page 58: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 АРТВИЗОР страна 58

меѓувреме, на другата страна

преку Пацификот, се појавува

нашиот јунак, Стивен Роџерс (види втора слика).

Стиви, е мало, бедно,

закржлавено човече од некои

дваесетина години. Освен што е

физички слаб, неговиот имунитет е еднакво никаков,

поради што, дури и во воено

време, војската одбива да го

запише. Но, тоа што му

недостига на Стив во однос на физичка сила, тој го

надополнува со најголемиот

патриотизам што некој војник го

покажал досега. Вистината е дека Стив е поттикнат од

сопствениот мотив за

самоактуализација, кој е

најважниот мотив-двигател за секој човек. Стив е решен да му

докаже на светот, а уште

поважно на себе си, дека и тој

е човек, вреден и достоен да се

нарече како таков. Оваа ревност, ќе ја забележи еден

научник во војската на САД,

Ерскин, кој заедно со

полковникот Филипс и ексцентричниот пронаоѓач

Старк, работат во тајност, на

експеримент. Ерскин по потекло

е Германец и неговото животно достигнување е експериментот

што го извел на офицерот

Шмидт - Црвениот Череп и затоа

е убеден дека може да му

помогне на Стив да стане тоа што Стив го сонувал од секогаш,

јунак на татковината. Стив се

согласува на предлогот на

научникот и набрзо потоа, се наоѓа среде експеримент за

создавање на супер војник.

Натчовек!

Успехот е постигнат и Стив станува полубог на Земјата, но

во процесот се појавува

нацистички шпион, кој го убива

Ерскин и ги краде примероците од серумот кој го претвори Стив

во СуперСтив. Шпионот, сепак

ќе биде фатен, но каков што е

фанатик, ќе си го одземе

животот, а примерокот од серум ќе биде уништен и со тоа ќе се

загуби можноста за да се

создадат уште супер војници

како Стив. Полковникот Филипс, разочаран поради ваквиот тек

на настани, ќе го одбие Стив да

биде на бојното поле, со

оправдување дека всушност очекувал цела војска од супер

војници, а не само еден. Ќе

настане необичен пресврт, кога

еден политичар (олигарх) ќе

увиди шанса за богатење, промовирајќи го „засилениот―

Стив како маскота на

американската војска, како

Капетан Америка. Наскоро, Стив, облечен во костум со

сина, црвена и бела боја, ќе

започне да парадира пред

секаква публика, на секој телевизор, во секоја

продавница за играчки итн.

Стив одн. К. Америка, не е ниту

свесен колку е ниско паднат и дека е манипулиран, сè додека

не дознае дека, неговиот

Page 59: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 АРТВИЗОР страна 59

најдобар другар од детството е

исчезнат во борба. Повторно се

буди јунакот во Стив и овојпат, човекот е решен да го достигне

својот идеал... Да го најде и

спаси својот другар и да им

помогне на своите воени побратими и да стане вистински

херој.

Да, океј... Признавам дека е

шаблон она со супервојници и набилдан глупак, замотан во

знамето на Америка, ама тоа е

само на површината.

Приказната е толку добро раскажана и обработена, а бе,

нема очи да тргнете од екран се

до... Па се додека не ви

здосади. Мислам, невозможно е да се опише со зборови колку е

забавно да се следи филмов во

првата половина, кога Стив

полека се претвора во Кептн

Америка. Значи, во прв момент, кога ќе го видите „чкуљавиот―

Стив, кого, кој стигне го тепа и

мава, ќе си речете „еј, ене го

синот на стечаецот―. Па, потоа кога „чкуљавиот заводливец―

Стив сака да „ќари― една

женска-авион, која е за глава

повисока од него... не може, а да не сочувствувате со малиот.

Ама и потоа има многу јак

момент, кога излегува Стив од

експерименталната капсула,

надуен во мускули со протеини

и стероиди како да е

Шварценегер. Гледаш исто лице, а тело на друг човек и си

викаш „ијаа, од Македонче

стана Македонец―. Бесценето.

Мора да се види. За другите аспекти на филмот како звук,

камера, режија... со една

реченица – ова е Холивуд , но

за среќа, без некои мегаломански холивудски

ѕвезди, туку само уверливи

актери. Значи, се е богато и

раскошно, а глумците глумат. А бе треба да се гледа, за да се

види.

Се читаме!

Конечна оцена 9/10

Page 60: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 АРТВИЗОР страна 60

Сања Алексовска

Македонската Малечка Невеста

Малечката М.Н. од Скопје решила да се мажи, инспирирана од

индиската ТВ Серија „Малечката

невеста―, која редовно ја следи,

известуваат нејзините родители.

- Седевме една вечер дома,

гледавме телевизија во дневната

соба, кога дојде Марија и ни изјави дека сака да се мажи и

дека ние како родители сме

должни да ѝ најдеме маж.

Изненадени со сопругот, се

загледавме и пробавме да ѝ објасниме дека е премногу мала

за таква животна одлука, но не

сакаше да слуша, почна да плаче

и да вреска: САКАМ ДА СУМ НЕВЕСТА! САКАМ ДА СУМ

НЕВЕСТА! Веќе два дена е

затворена во соба и не зборува

со никого. Мисли дека е веќе стара и никој нема да ја земе за

жена.

Ваквата идеја, вродена поради

преголемата изложеност на

серијата, се јавила уште пред

неколку месеци и за Марија претставува остварување на

нејзината најголема желба. Таа

упорно и одлучно го бара идниот

сопруг по социјалните мрежи и е убедена дека по Нова Година, ќе

добие барем неколку понуди за

брак.

- Јас постирав на мојот Фејсбук

ѕид - дека барам маж, имам

повеќе лајкови од другарите од

одделение, но сметам дека тие се многу несериозни. Мислам дека

мене ми треба некој постар

сопруг, кој ќе се грижи за мене и

ќе ми понуди добри услови за живот. Еве веќе една недела ми

пишуваат постари господа, кои се

интересираат за мене и ме

прашуваат дали сум девица и дали сум невина, каде живеам и

слично. Но, јас им одговорив

дека сум риби и дека еднаш

зедов мастики од продавница, но

заборавив да ги платам, така што

Page 61: Револуција  магазин бр. 56

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 56 АРТВИЗОР страна 61

може да се каже дека не сум

виновна...

Родителите заплашени за судбината на своето дете, веќе

исконтактирале и психијатар, кој

им помага да ја разубедат Марија

да не се мажи. Како превенција дури ѝ забраниле да ја гледа

серијата „Малечката невеста―, но

тоа дополнително ја

растревожило и сега повеќе од кога и да е, сака да ја напушти

куќата во која живее и да замине

со потенцијалниот сопруг.

- Другарките ми велат: - Марија ма, што ти е, чекај барем до

пубертет за да се омажиш! Но јас

не ги слушам, затоа што знам

дека ми се љубоморни, бидејќи

не се сетиле први на тоа. Марија ни кажа дека имала и

посета на домашната адреса од

потенцијален додворувач, но

дека нејзиниот татко го избркал. Како и да е, Марија останува

доследна на својата одлука за

мажачка и нам ни останува да

видиме дали оваа македонска малечка невеста, ќе ја дочека

својата свадба од соништата, по

Новата Година или пак, сепак ќе

се реши да почека.

*некои од горенаведените

информации не се точни, вие

одберете кои.

Page 62: Револуција  магазин бр. 56