Свадба

20
Свадба

description

Macedonian language book 12 from the “Druzinata MELA” early childhood education picture book series

Transcript of Свадба

Page 1: Свадба

Свадба

Page 2: Свадба
Page 3: Свадба

свадба

Page 4: Свадба

Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување

конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и

мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд

и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје.

Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата

и ставовите на Британската амбасада во Скопје.

Page 5: Свадба

Автор на текстот: Филипина НегриевскаЈазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко

Илустратор: Румена Најчевска

свадба

Page 6: Свадба

Нашите јунаци денеска попладне беа излезени во дворот пред зградата и си играа на игралиштето. Беше обично неделно попладне. Баба Нада и баба Шпреса си седеа на клупата под сенката, а дедовците играа домино на другата клупа.

Одеднаш се слушна гласна музика `там па ра рам пам, там пам, пам, пам’ и свирење од автомобили `тиииииит, тииииит’. Сите деца станаа да видат што се случува. Ана за кратко време се врати и отиде да им каже на бабите што се случува и изнервирано рече: „СВАДБА! Мразам свадби!“

Баба Нада многу се изненади од тоа што го рече Ана и ја праша: „Леле, како мразиш свадба?“

Ана уште понервозно и одговори: „Мразам! Гласна музика, свечени фустани, орооо, гладна сето време додека да стаса вечерата. Не, не, јас кога ќе пораснам никогаш нема да правам свадба!“

4

Page 7: Свадба

5

Page 8: Свадба

6

Тогаш дојдоа и другите деца весело викајќи: „Свадба, свадба! Дојдоа по невестата!“

Баба Шпреса се насмеа и ги праша: „А вие се радувате на свадба, а?“ и сите три деца, Ениса, Луан и Марко, во глас одговорија: „Дааааа, многу!“

Ениса со воодушевување рече: „Јас многу сакам свадби. Сакам да ја гледам невестата, сакам да се сликам со неа, да се фатам до невестата на оро…”, а потоа и Марко продолжи: „И јас сакам свадби, а најмногу сакам кога во голем ресторан има свадба и кога има место, и јас со количката да се фатам за орото и да играм и да се веселам”.

Page 9: Свадба

7

Page 10: Свадба

Баба Шпреса малку се замисли, а потоа почна да им раскажува на децата за нејзината свадба: „Ееее, јас се сеќавам на мојата свадба. Бев невеста и многу сакав да играм, ама невестата тогаш не требаше многу, многу да се весели, туку полека и скромно да игра. Ама затоа на свадбата на брат ми се изнаиграв. Ќе го земев шамичето во рака и така дотерана, со долгиот фустан до земја, играв, играв дури да ме заболат нозете. А кога ќе ја засвиреа песната „Са е букур на ка дал нусја (Колку е убава невестата)“, уживав”.

8

Page 11: Свадба

9

Page 12: Свадба

И баба Нада се присетуваше на својата свадба: „А јас, пак, се расплакав на песната „Черешна се од корен корнеше“, во која се пее за разделбата на невестата од мајката! Е, а потоа, во текот на вечерта, играв многу. Дури и на маса се качив. Мене најубаво ми беше кога на крајот од вечерта заедно со дедо Зоран ја сечевме невестинската торта”.

Сите деца, освен Ана, внимателно слушаа, а кога баба Нада раскажуваше за тортата, Луан рече дека тој дел од свадбата, кога се јаде тортата, најмногу го сака.

10

Page 13: Свадба

11

Page 14: Свадба

12

Ениса, пак, додаде дека кога нејзиниот братучед правел свадба, најубаво и било кога ѝ го дале дајрето и кога го водела орото и удирала на дајрето.

Во тој момент и баба Нада и баба Шпреса се сетија дека и на нивните свадби имало дајре и заедно извикаа: „И на мојата свадба имаше дајре!“ Само Луан беше зачуден, тој првпат слушна за дајре и ги замоли да му објаснат што е тоа. Баба Шпреса почна да објаснува: „Тоа е еден инструмент како мало тапанче со ѕвончиња од страните. Се држи во едната рака и се тресе, а може со другата рака да се удира по него“, и тоа беше доволно Луан да се сети дека го видел на свадбата на тетка му.

И Марко се присети дека еднаш и него му го дале за да удира на него. Тој дури и им покажа на другите како се тропа на дајрето, удирајќи со раката по тркалото од количката во определен ритам.

Page 15: Свадба

13

Page 16: Свадба

Во тој момент се слушна гласна музика пред зградата и сите препознаа дека тоа се звуците од орото Пајдушко.

Баба Нада потскокна од клупата и стана да игра и го викна и дедо Зоран да го заиграат Пајдушкото оро.

Баба Шпреса беше изненадена дека и баба Нада го знае ова оро. Тогаш сфати дека Пајдушко се свири и на македонски и нa албански свадби. Таа стана полека од клупата, се фати за баба Нада и заедно продолжија да играат.

И дедо Агим стана и се фати за баба Шпреса, а дедо Зоран, потпирајќи се на бастунот, полека се приближи, па и тој се фати за дедо Агим и заедно

заиграа. Дедо Евтим последен дојде и се фати за орото меѓу двете баби, велејќи: „Eх, уште ги слушам шалварите на баба Фата на свадбата како шушкаа

кога го игравме ова оро. Го имаше и на нашата свадба”.

И додека бабите и дедовците играа Пајдушко оро, потсетувајќи се на своите свадби, децата од дружината МЕЛА, како што се нарекуваа децата според првите букви од своите имиња, со радост ги гледаа и удираа по клупата во ритамот на музиката, а Марко удираше по тркалата од количката.

14

Page 17: Свадба

15

Page 18: Свадба

Издавач: УНИЦЕФ

За издавачот: Нора Шабани

Уредник: Виолета Петроска-Бешка

Автор на текстот: Филипина Негриевска

Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко

Илустратор: Румена Најчевска

Дизајн: КОМА

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) НЕГРИЕВСКА, Филипина Свадба / [автор на текстот Филипина Негриевска ; илустратор РуменаНајчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција)ISBN 978-608-4787-00-61. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98858250

Page 19: Свадба

Дружината МЕЛА

Дедото што беше слеп

ПЕПЕЛАШКО

Бајрам

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Училиштен натпревар

андреј и мачето

Ѓурѓовден

Јазикот на Сара

Различни јазици

Случките на Ениса

Игра на сенки

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Различни семејства

Свадба

Велигден

И за девојчиња, и за момчиња

Петар Пан

Меурчиња од сапуница

Сите сликовници

за дружината

МЕЛА

Page 20: Свадба