05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

16
Д-р Александар СТОЈАНОВСКИ BO KOJ ПРАВЕЦ НИЗ МАКЕДОНИЈА МИНУВАЛ МУРАТОВИОТ ПОХОД HA KOCOBO (1389)? Косовската битка (на Видов ден, 15 јуни 1389) била еден од најрешителните обиди да ce сопре Османлиската експанзија на Балканскиот Полуостров и да ce сочува независноста на разединетите и во меѓусебните борби разјадените остатоци од моќното Душаново царство. Опсежните подготовки, бројноста на ангажираните противнички војски, текот, резултатите и последиците од битката придонесле таа да влезе во аналите како настан од општоисториско значење и да послужи како мотив за создавање на еден од најголемите и најубавите циклуси на балканскиот, a посебно, на српскиот епос. Па сепак, како што често ce случува со настаните од подалечното минато, многу нешта врзани за битката и околу неа останале непознати или недорасветлени. 1 Едно од прашањата, кое cè уште не добило сигурен одговор, е и она за правецот по кој османлиската војска на чело со султанот Мурат I ce движела кон Косово, каде ce судрила со војската предводена од кнез Лазар. Врз основа на постојните извори, a во прв ред ползувајќи ги соопштенијата 1 Список на позначајната литература за Косовската битка види во книгата: Стојан Новаковиќ, Срби и Турци XIV и XV века, Београд, I960, 21–22 и 470.

Transcript of 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

Page 1: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

Д-р Александар СТОЈАНОВСКИ

BO KOJ ПРАВЕЦ НИЗ МАКЕДОНИЈА МИНУВАЛ МУРАТОВИОТ ПОХОД HA KOCOBO (1389)?

Косовската битка (на Видов ден, 15 јуни 1389) била еден од најрешител-ните обиди да ce сопре Османлиската експанзија на Балканскиот Полуостров и да ce сочува независноста на разединетите и во меѓусебните борби разјадените оста-тоци од моќното Душаново царство. Опсежните подготовки, бројноста на ангажи-раните противнички војски, текот, резултатите и последиците од битката придо-несле таа да влезе во аналите како настан од општоисториско значење и да пос-лужи како мотив за создавање на еден од најголемите и најубавите циклуси на балканскиот, a посебно, на српскиот епос. Па сепак, како што често ce случува со настаните од подалечното минато, многу нешта врзани за битката и околу неа останале непознати или недорасветлени.1

Едно од прашањата, кое cè уште не добило сигурен одговор, е и она за пра-вецот по кој османлиската војска на чело со султанот Мурат I ce движела кон Ко-сово, каде ce судрила со војската предводена од кнез Лазар. Врз основа на постој-ните извори, a во прв ред ползувајќи ги соопштенијата што ги дава Нешриевата историја од почетокот на XVI-от век,2 во науката ce издеференцирани неколку гледишта и претпоставки по ова прашање.

Постои општа согласност во следното: Мурат I во поход тргнал од логорот кај Пловдив и третиот ден пристигнал во Ихтиманското Поле. Тука ce задржал три дена и требало да ce реши дали понатаму ќe продолжи преку Софија и Пирот или преку Дупница и Велбужд (Ќустендил). По совет на своите најблиски соработници, султанот тргнал во вториот правец. Третиот ден пристигнал вo полето Алаедин (?), каде му ce придружил вазалот Константин Дејановец. Tyкa ce задржал два дена a пo неколку дена пристигнал во Велбужд, од каде заминал за

1 Список на позначајната литература за Косовската битка види во книгата: Стојан Новако-виќ, Срби и Турци XIV и XV века, Београд, I960, 21–22 и 470.

2 Глиша Елезовић, Огледало света или историја Мехмеда Нешрије, САН, Зборник за источњачку историску и књижевну грађу, Одељење друштвених наука, Серија прва, књига III, Београд, 1957, 120.

Page 2: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

2 АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВСКИ

Велико Поле, a потоа за Кратово. Дотука, барем навидум, cè е јасно и не постојат скоро никакви несогласувања по однос набележаната маршрута.3 Меѓутоа, за пра-вецот на движењето од Кратово, становиштата ce различни.

Стојан Новаковиќ, имајќи ги пред себе историите на Хамер и Цинкајзен a преку нив, индиректно и во исечоци, Нешриевиот опис, многу комотно и самоу-верено заклучува: „Штом на патот од Ќустендил за Косово ce споменува Морава, целиот преостанат пат можеме да го погодиме“.4 И тој вака го погодува: „Од Ќус-тендил на Косово Турците удриле преку Моравица помеѓу Козјак и Црна Гора, a не на Качаник“. Идентификувајќи го Нешриевиот „Ѓумуш-хисар“ со Ново Брдо, авторот наоѓа дека „на турската војска прво правило $ било: сконцентрирана и со молневито движење напред да брза кон главната битка“ па затоа заклучува дека во тој миг таа не ce зафаќала со освојување на Ново Брдо. 5

Љ. Ковачевиќ прилично неодредено вели дека Мурат ce упатил „низ црно-горската клисура“ (очигледно мислејќи на некоја клисура преку Скопска Црна Гора), која претходно ја освоиле Евренос-бег и Игит-паша, дека оттука ce спуш-тил на „Морава Бинча“ (т.е. Биначка Морава) па пристигнал во Ново Брдо („кое Турците го викаат Сребрен град“) a веќе наредниот ден стасал на Косово и тука ce улогорил.6

Многу поопширен е генералот Јов. Мишковиќ. Откако констатира дека Мурат од Кратово тргнал кон Куманово, „каде можел да стигне за два дена“, и дека оттука свртел кон север („оставајќи го Скопје западно“), тој продолжува: „ce појавува прашањето дали Мурат од Куманово удрил: по левиот планински пат, преку венецот на Црна Планина, нагоре по Липковска Река, на Љубанце и Џами-Карадаг; или по десниот попогоден пат низ Моравица, покрај Прешево на Бинач и понатаму во долината на Морава, за Гнилане“.7 Авторот заклучува дека Мурато-вата војска тргнала по вториот, „попогоден и позначаен“ пат, за што тој наоѓа пот-врда и во „народното посочување на едно возвишение, југоисточно од селото Чукарка, на кое бил распнат Муратовиот шатор, кога тука поминувал со војска, одејќи на Косово“.8 Како што смета авторот, „тоа е еден силен доказ дека Мурат одел по тој пат, a не преку Црна Планина“. Ј. Мишковиќ претпоставува дека борбата со српската извидница (30 коњаници) „била околу гратчето Прешево, на српската граница“, од каде патот во Ново Брдо водел низ селото Кончул, преку Крива Река (Топлица) и Ропотово, оставајќи го Гнилане налево.9 Меѓутоа, и Миш-

3 Нерешено е прашањето за местоположбата на полето Алаедин и Големо Поле (Улу Ова). Гавро Шкриваниќ претполага дека првото ce наоѓало кај Дупница, a второто дека е идентично со Славиште во долината на Крива Река [ДР Гавро А. Шкриванић, Косовска битка (15 јуна 1389), Цетиње, 1956, 50; срамни: Ђенерал Јов. Мишковић, Косовска битка 15 јуна 1389 године, Београд, 1933, 58, забел. 3].

4 Стојан Новаковић, Ново Брдо и Врањско Поморавље y историји српској XIV и XV века, Годишњица Николе Чупића, год. III, Београд, 1879, 303.

5 Исто, 304.6 Љ. Ковачевић, Вук Бранковић (1372–1398), Годишњица Н. Ч., књ. Х, Београд, 1888, 248.7 Ђенерал Јов. Мишковић, цит. дело, 60–61.8 Исто, 61.9 Исто, 61–62.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 3: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

BO KOJ ПРАВЕЦ НИЗ МАКЕДОНИЈА МИНУВАЛ МУРАТОВИОТ ПОХОД HA KOCOBO (1389)? 3

ковиќ смета дека „Турците, за поскоро да излезат на Косово, не го напаѓале Ново Брдо, туку, веројатно, само го блокирале“.10

Полковникот Петар Томац кратко и само со крупни потези го оцртува па-тот: Кратово–Куманово–Прешево–Гнилане–Приштина, давајќи $ една скица на маршрутата.11

Многу подлабок и поминуциозен е пристапот на прашањето што го пос-тавува Гаврош Шкриваниќ. И тој е согласен дека извидницата предводена од Евренос и Паша Игит ce судрила со српскиот одред „во пределот на Скопска Црна Гора, значи, на границата со Лазаровата држава“, „најверојатно во Кончулската клисура“.12 Меѓутоа, ползувајќи го, навистина малку пресмело, локалното на-родно предание, авторот дава оригинално толкување за патот по кој од Кратово ce движел султанот: „Она што го нема кај Нешри го најдов на самото место. Утврдил дека во Кратово и денес постои традиција за престојот на султанот Мурат I со војската во градот и околината, каде дошол од Ќустендил преку денешна Крива Паланка, па по северните падини на Осоговските Планини a слегол во Кратово. Од Кратово Мурат тргнал, главно, пo долината на Крива Река до нејзиното устие во реката Пчиња, којашто ја преминал кај денешното село Клечовце, па оттука продолжил преку денешното Куманово на село Опае, Слупчане, Белановце и по-натаму преку гребенот на Скопска Црна Гора на Сурлан, село Пидич, Жегра, и тука некаде, јужно од Гнилане, ја преминал денешната Биначка Морава и некаде на патот за Ново Брдо пак застанал. По една друга верзија, за која мислам дека е помалку веројатна, Мурат одел од Кратово кон Орланскиот мост на село Моја-новце, оттука по гребенот преку Било, на село Корбулиќ од каде ce спуштил во долината на Биначка Морава. Минувајќи покрај манастирот Матејче, ce раска-жува, султанот наминал во манастирот, му ce восхитувал на живописот на црквата и го дарувал манастирот. He е исклучено во тој правец турската војска да ce дви-жела при враќањето од Косово Поле. Малку е веројатно дека Мурат одел преку Скопје на Косово, како што тоа стои во Троношкиот летопис. Иако правците на движењето ce различни, сепак, обете верзии ce согласуваат во тоа дека султанот одел преку Скопска Црна Гора на Косово a никако по Кончулската или по некоја друга клисура, како што тоа некои писатели го наведуваат, ако ce има предвид дека единствено по правците кои јас ги посочив ce одбегнуваат Кончулската и Ка-чаничката клисура и дека тие, според тоа, даваат поголеми услови за безбедност па дури ce и покомотни, па е и многу веројатно дека сочуваната традиција за тоа е веродостојна“.13 Авторот смета дека основа за верување на народната традиција дава фактот што „Нешри не го споменува правецот на движењето од Кратово до Морава“. Додавајќи дека во народот и денес овој пат ce нарекува „Султанов пат“, тој заклучува: „... и ако сето ова го доведеме во врска со порано споменатите

10 Исто, 62.11 Пуковник Петар Томац, Косовска битка, Војно-историски гласник, 1, 1950, 118–119.12 Др Гавро А. Шкриванић, цит. дело, 51.13 Исто, 51–52.

ИСЛАМСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 4: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

4 АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВСКИ

принципи за сигурноста, тогаш нема никаква причина да ce сомневаме во довер-ливоста на овој податок од народната традиција“.14

Веројатно и не знаејќи за објавеното согледување на Г. Шкриваниќ, во 1956 година во една појаснителна белешка кон својот превод на Нешриевата исто-рија Глиша Елезовиќ смета дека е „сосема јасно“, врз основа на податоците во самата историја, дека Мурат поминал низ Кончулскиот Дервен.14

Кога еден ист извор можеше да добие толку различни интерпретации, нај-добро ќе биде да погледнеме во самиот тој извор, односно ако ги цитираме поваж-ните делови кои ce однесуваат на прашањето, според солидниот превод што го дава Гл. Елезовиќ.

Откако раскажува дека султанот Мурат хан тргнал од Пловдив, па по три дена пристигнал во полето Ихтиман од каде скршнал по левиот пат и ce спуштил во полето Ала-ед-дин, a пo неколку дена одмор и патување пристигнал со војската во Илиџа (т.е. Ќустендил), Мехмед Нешри вака продолжува:

„... Потоа, штом Господарот отседна во Улу Ова (преведувачот во забе-лешка објаснува дека самото име значи Големо Поле, но го остава отворено пра-шањето кое поле би можело тоа да биде – А. С.) му рече на Али-паша: „Нам ни е потребно некој да отиде пред нас, од неверниците да земе ‛јазик’ (т.е. да фати такви заробеници кои можат да дадат потребни информации за противничката страна – A. C), како би добиле известување.

Потоа Евреноз Газија со четириесет души ce упати кон градот Скопје. Таму пристигна ненадејно и оттаму зеде неколку заробеници па ги приведе пред Господарот, a Господарот го награди со пофалба.

Велат, кога Господарот тргнал од Улу Ова, дека извесно време ce задржал во местото наречено Кратово (преведувачот објаснува дека во оригиналот е напи-шано Kara Donli и дека редакторите на текстот зборот го читаат Kara Tonli, забе-лежувајќи дека тоа е Кратово – A. C).

Тука пристигна поклисар (т.е. пратеник – А. С.) од Лазара...

Сета војска облече оклоп и навлече шлемови. Под полна борбена опрема и под оружје дојде јавајќи на коњи и ce покажа пред поклисарот ...

Ce раскажува дека и Господарот, исто така, ги собрал на едно место своите државни столбови и одличниците па со нив ce посоветува ...

По тоа, Господарот рече: ‛Штом ce ќe ce раздени, војската нека тргне. Но, гази Евренос со Паша Игит нека појдат во предодница, нека минат низ дервенот, за да им направат пат на газиите.’

Таа вечер помина. Штом ce раздени хаџи Евренос со Паша Игит, земајќи неколку јунаци во вид на патрола, отидоа напред и стигнаа до дервенот. Местото е многу тесно и каменливо. Koњаниците минуваа еден по еден. Кога гази Евренос со своите војници влезе во дервенот, и Лазар тогаш, исто така, во дервенот ис-

14 Исто, 52.14 Глиша Елезовић, цит. дело, 53, заб. 3.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 5: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

BO KOJ ПРАВЕЦ НИЗ МАКЕДОНИЈА МИНУВАЛ МУРАТОВИОТ ПОХОД HA KOCOBO (1389)? 5

прати невернички богатири. Имаа добиено задача од Турците да фаќаат ‛јазици’. За тоа газиите ништо не знаеја ...

Кратко речено, од овие неверници пет до десет отепаа, осум од нив живи фатија и пред Господарот ги доведоа. Господарот ce израдува.

Од Кратово ce кренаа па минувајќи ја клисурата (преведувачот овде на-мерно го превел зборот ‛дервен’ со ‛клисура’ за, очигледно, да направи разлика од претходно споменатиот дервен, објаснувајќи притоа дека подробностите што сле-дат во Нешриевиот опис сосема сигурно говорат ‛оти овде збор станува за Кон-чулскиот Дервен a нe за Качаничката клксура’ – A. C.) стигнаа на реката Мала Морава (во оригиналот: Kiçi Morava ĭrmagĭ – A. C.) па откако ja преминаа, ce најде за потребно тука да ce задржат.

Ce раскажува дека Господарот среќно преминал преку Мала Морава. Раз-вил околу илјада знамиња и санџаци... Застанаа пред Ѓумуш Хисар (досетувајќи ce кое би можело да биде ова место, преведувачот ја нафрла претпоставката Нешри да го побркал или самиот прекрстил Ново Брдо во Gümüş Hisari – A. C.). Toj ден тука ce задржаа па утредента заминаа.

Беше тогаш попладне, кога стигнаа на едно пријатно место. Тука немаше ниту брдо, ниту камен, ниту чакал. Господарот нареди и тука застанаа“.15

Кога внимателно ќе ce спореди цитираното од Нешриевата историја со она што врз основа на неа е напишано за патот по кој ce движел Мурат I кон Косово, ce чини многу поучна и актуелна е забелешката што ја прави таткото на српската критичка историографија, архимандритот Иларион Руварац, кога во својата расправа за кнез Лазар го напишал и ова:

„А турската сила, турската силна војска, колку на број – на тефтери изнесу-вала турската војска која царот Мурат ја повел од Пловдив на српскиот кнез Лазар? И по кој пат е водена таа војска, каде застанувала и каде упаѓала и како низ клисурите поминувала, додека најпосле не ce нашла во поле Косово? И кој cè од христијанските кнезови и вазали Муратови $ ce придружил на таа турска војска ... – јас, брате мој Србине и српски сине, не ти го знам тоа; и бидејќи не знам, не сакам ни да говорам за тоа“.16

A Иларион Руварац ја имал пред себе Нешриевата историја, навистина во еден превод кој е далеку под нивото од овој што во поново време ни го даде Гл. Елезовиќ. Меѓутоа, незаслужено и претерано е иронизирањето на Руварац по однос повеста што ја напишал Нешри.17 Османскиот хроничар оставил драгоцени податоци за патот по кој ce движела Муратовата војска. Друго е прашањето дека тие податоци секогаш не добивале точна интерпретација, не само поради греш-ките на преведувачите, туку и поради превиди од самите интерпретатори. Ќе ce обидеме тоа да го покажеме a воедно да дадеме и нов одговор на прашањето.

Тргнавме од сомневањето дека Мурат при својот поход на Косово наминал и ce задржал во Кратово, односно дека Нешриевото „Kara Tonlu“ (или „Kara

15 Исто, 49–54.16 Иларијон Руварац, О кнезу Лазару, Нови Сад, 1887, 358–359.17 Исто, 359.

ИСЛАМСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 6: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

6 АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВСКИ

Donlu“) е идентично со денешното Кратово. Имаше неколку основи за сомнева-њето. Пред cè, дали султанот, во придружба на толку познати и искусни војсково-дачи, можел да си дозволи едно такво скршнување од основниот правец на дви-жењето во моментот кога пред себе имал толку значајна цел и кога со себе водел толку голема војска? Веројатно, чувствувајќи ја таа нелогичност, Г. Шкриваниќ инсистира на фактот што Кратово во тоа време „бил голем рударски центар со силна развиена индустрија на железо“, како на една од причините за султановото „наминување и задржување во ова место“.18 Понатаму, иако тоа изрично не ce кажува, очигледно е дека турската предодница a потоа и главнината на турската војска, растојанието од „Кратово“ до дервенот, односно до реката Мала Морава (т.е. до Биначка Морава) го минале за еден ден. Имено, како што веќе видовме Нешри пишува: „... Кога ce раздени хаџи Евренос со Паша Игит, земајќи неколку јунаци во вид на една патрола, отидоа напред и стигнаа до дервенот ...“, односно: „Од Кратово ce кренаа (мисли на Мурат со војската – A. C.) па минувајќи ја клисурата стигнаа на реката Мала Moрава и откако ја поминаа, ce најде за пот-ребно тука да се задржат“.19 Јасно е дека такво растојание во она време и услови никако не можело да ce помине за толку кратко време. Појдовната точка морала да биде многу поблиска до дервенот и до Биначка Морава отколку што тоа е Кратово. Впрочем, зошто да ce претпоставува и верува дека по грешка или од било која друга причина наместо Кратово во изворот било напишано Кара Тонлу (или Кара Донлу), кога истиот тој Нешри, во истото дело, само неколку страници понатаму го запишал Кратово онака како што тоа го среќаваме и во другите ос-манлиски извори: „Kratova“.20 Значи, постојат сериозни пречки за идентифику-вање на Кратово со Кара Тонлу. Ce обидовме да најдеме друго решение за „мес-тото наречно Кара Тонлу“.

Во историјата на Ашик-паша – заде од XV-от век се споменува планината Кара Донлу, „од оваа страна на Скопје“ преку која султанот минал и во 1455 го-дина го освоил Ново Брдо.21 Сличен податок наоѓаме и во историјата на Нешри,22

како и во таа на Ибн Ќемал (или Ќемал паша – заде, исто така од почетокот на XVI-от век).23 Интересно е што описот на овој поход во многу нешто одговара на описот на походот против кнез Лазар. Меѓутоа, за нас во моментов е позначајно да одбележиме дека Гл. Елезовиќ претпоставува оти и овде планината Кара Донлу е идентична со „Кратовските планини“.24 Многу понасочувачки е коментарот на д-р Скендер Ризај:

18 Др Г. А. Шкриванић, цит. дело, 50.19 Гл. Елезовић, цит. дело, 52–53.20 Исто, 76.21 Гл. Елезовић, Турски извори за историју југословена. Два турска хроничара из 15 века,

Братство, XXVI. Београд, 1932, 75; Atsĭz, Aşikpaşaoğlu Tarihi, Istanbul, 1970, 161.22 Franz Tаeschner, Ğihānnümā. Die altosmanische chronik des Mevlānā Mehemmed Neschrī

Band II, Leipzig, 1955, 265 (219).23 Ibn Kemal, Tevârih-i Âl-i Osmаn, VII. Defter, Türk Tarih Kurumu Yayĭnlarĭndan I. Seri – №

5, Ankara, 1954, 117.24 Гл. Елезовић, Турски извори ..., 75, забел. 4.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 7: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

BO KOJ ПРАВЕЦ НИЗ МАКЕДОНИЈА МИНУВАЛ МУРАТОВИОТ ПОХОД HA KOCOBO (1389)? 7

„Името Кара Тонлу – пишува тој – можеме да го објасниме на два начина: Тоа ce однесува на Кратово. Дотолку повеќе што Узунчаршили заклучува дека во Кратово е донесено решението за освојување на Ново Брдо... И К. Иречек заклу-чува дека султанот од Кратово тргнал да го земеме Ново Брдо“ ... Меѓутоа, Ибни Ќемал изрично наведува дека Иса бег, син на Исак бег, го пречекал султанот во подножјето на планината наречена Кара Тонлу во околината на Скопје (Üskub civârinda Каratonlu dedikleri kuhsârun kenarinda irecek) ... Toa можела да биде пла-нината „Скопска Црна Гора“ (Кара = Црн). Инаку, преку таа планина води патот од Скопје за Ново Брдо (а не од Кратово), кое ce наоѓа источно од Скопје, на рас-тојание од преку 60 км. Потоа, Кара Тонлу, според изворот, е име на планина a не на град. Кара Тонлу во 1544 година е нахија од казата Ново Брдо.“25

Ce едно што преку Скопска Црна Гора може да ce оди за Ново Брдо и од Скопје и од Кратово и што во случајов султанот доаѓал токму од страна на Кра-тово, a во планината „Кара Тонлу“ бил пресретнат од страна на скопскиот краиш-ник Иса бег, битно е што авторот на цитираното сосема наместо забележал дека Кратово и Кара Тонлу не ce во никаква взаемна врска и дека планината Кара Тонлу може да биде Скопска Црна Гора. Иако овој податок ce однесува за еден многу понов настан, нема сомневање дека планината и нахијата Кара Тонлу ce најдиректно врзани за истоименото место во кое ce задржал султанот Мурат I во првата половина на јуни 1389 година.

Имајќи го овој, сам по себе, достатно значаен податок, бевме уверени дека Нешри собрал сигурни информации кога напишал дека султанот Мурат во 1389 година престојувал во местото наречено Кара Тонлу и дека тоа место треба да ce бара во полите на Скопска Црна Гора. И навистина, трудот нè беше извонредно награден кога во официјалниот попис на Ќустендилскиот санџак од 1570 година, во нахијата Нагорич, утврдивме дека при селото Матејче е запишано: „Manastir-i Kara Tonlu nam diğеr Bogorodiçe tab’-i m(ezbur) maa mezra’-i Novasil ve rehabin-i manastir-i Mateyçe“ [т.е. „Манастир Кара Тонлу (или Донлу), друго име Богоро-дица, припаѓа на споменатото (село или нахија – А. С.) со мезрата Ново Село и калуѓерите на манастирот Матејче“].26

Значи, Кара Тонлу било едно од имињата на манастирот Матејче кој лежи југозападно од градот Куманово, во подножјето на Скопска Црна Гора (Кара-даг).27 Денешната манастирска црква посветена на раѓањето на Богородица ја подигнале, врз постари темели, царицата Елена и нејзиниот син Урош помеѓу

25 Dr. Skender Rizaј, Rudarstvo Kosova i susednih krajeva, Prištinа, 1968, 14, zabel. 3.26 Ankara, Tapu ve Kadastro Genel Müdürlüğü, Defter-i mufassal № 85, s. 489.27 Што ce однесува до името Кара Тонлу (Kara Donlu), тешко е во овој момент да ce опре-

дели неговото потекло и значење. Точно е дека во турскиот јазик „кара“ значи „црн“ а „тон“, „дон“ – „гаќи“, па оттука „каратонлу“ – „со црни гаќи“, како што обично ce објаснува (Гл. Елезовиќ, Бој на Косову 1389 год. y историји мула Мехмеда Нешрије. Братство, XXXI, Београд, 1940, 17; истиот Огледало света..., 5, забел. 3). Меѓутоа, покрај oвa вулгарно, основното значење на Зборот „дон“ е: мантија, украс облека и сл. (Jules Théodore Zenker, Dictionnaire turc-arabo-persan, Leipzig, 1876, Tome second, 612). Дали, можеби, не треба да ce тргне од значењето „со црна мантија“ и тоа да ce доведе во врска со калуѓерската облека, која овде, во подножјето на Скопска Црна Гора, била карактеристична, поради големиот број на манастирите?

ИСЛАМСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 8: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

8 АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВСКИ

1355 и 1366 година, кога бил изведен и грандиозниот живопис.28 И така, во овој податок едновремено имаме извонредна потврда на народната традиција која знае дека султанот Мурат на пат за Косово наминал во манастирот Матејче и им ce восхитувал на неговите фрески. A тој манастир и тие фрески тогаш биле стари само околу четвртина столетие. Нивната убавина била во полн сјај. Но, решението султанот токму тука да отседне и да помине неколку дена веројатно не било пот-тикнато исклучиво од неговите естетски чувства и нагони.

И сега, во светлината на овој податок, ce отвараат нови, многу пошироки можности за трасирање на патот по кој ce движела Муратовата војска во пресрет на противничката, предводена од кнезот Лазар. Пред cè, сега, соочени со фактот дека султанот на патот од Ќустендил за Кара Тонлу (т.е. манастирот Матејче) a не за Кратово, отседнал во Улу Ова, може да ce претполага дека ова поле (?) поскоро треба да ce идентификува со кумановското, отколку со Славиште. Можеби е тоа средновековното Жеглигово, кое османските извори никако не го споменуваат. He само поради тоа што Кумановското Поле е навистина поле и навистина големо, туку и затоа што поверојатно патролата од 40 души, на чело со Евренос, дека била упатена на една помала оддалеченост од главнината; во случајов до Скопје би можело да има околу 40 км. Во секој случај, сигурно е дека султанот со својата војска од Ќустендил минувал по познатиот главен пат кој преку Узем, Кркља, Крива Паланка, Ветуница и Страцин навлегувал во Кумановското Поле, a потоа, преку Добрешане, Билановце, Умин Дол и Виштица пристигнал во манастирот Матејче. Ce разбира, можни ce извесни отклонувања од набележаниот правец особено на делницата помеѓу Страцин и Кара Тонлу.

Многу потешка била етапата на патот од манастирот Матејче до бреговите на реката Биначка Морава. Требало да ce мине низ дервен, „место многу тесно и каменливо“, каде коњаниците морале да минуваат „еден пo еден“. И овојпат султанот исфрлил една предодница, на чело со Евренос и Паша Игит, која требала да обезбеди сигурен премин за султановата војска низ дервенот. Како што ви-довме, во дервенот турската предодница ce судрила со една извидница на кнез Лазар a потоа низ него минала главнината, стигнала до „Мала Морава“, ја преми-нала и тука запрела. Битно е дека Нешриевиот опис не допушта никаква можност за сомневање дека и предодницата и главнината на османлиската војска минале низ еден исти дервен, што е, впрочем, и сосема логично со оглед на задачата што ја добила предодницата. Ce поставува прашањето: Кој бил тој дервен што без-друго ce наоѓал во полите на Скопска Црна Гора? Co оглед на тоа што на одржа-ното советување во Кара Тонлу ce заклучило дека треба „да ce порани на боиш-тето“, сигурно е дека бил побаран најкус пат до Косово. Ние сметаме дека глав-ниот дел од војската, тргнувајќи од манастирот и селото Матејче, минувал по патот кој преку селата Глажња и Думановце ce искачува на местото Топан, па минувајќи преку Латинска Планина и крај селото Стубла излегува на Биначка Морава, крај селото Носаље, каде всушност, ce соединува со паралелниот пат кој доаѓа од селата Педич и Жегра, за кој Г. Шкриваниќ смета дека бил патот по кој минувала главнината на османлиската војска. По таков начин, нашата варијанта за

28 Enciklopedija likovnih umjetnosti, Zagreb, MCMLXIV, 422.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 9: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

BO KOJ ПРАВЕЦ НИЗ МАКЕДОНИЈА МИНУВАЛ МУРАТОВИОТ ПОХОД HA KOCOBO (1389)? 9

патот преку Скопска Црна Гора е скоро идентична со онаа што ја претпоставува Г. Шкриваниќ, a ја сметаме за пореална поради неколку причини. Пред cè, co оглед на стартната точка, за која сега сигурно знаеме дека ce наоѓала крај манастирот Матејче. Тоа е најкус пат кога оттука ce оди во правец на Биначка Морава и понатаму на север, кон Косово. На тој пат највисокото место (1178 м. надморска височина) и денес го носи името Топан. Сметаме дека е тоа централна точка на оној дервен кој ce споменува во Нешриевата историја. Потврда за тоа наоѓаме во самото име – Топан, т.е. Тапан. Имено, познато е дека за време на ос-манлиската власт на Балканскиот Полуостров, во клисурите, на тешко проодните и опасните места од јавните патишта, кои во османлиските извори ce споменуваат под заедничкото име „дервен“, ce поставувале т.н. дервенџиски стражи, на доми-натни места од кои можело да ce има колку што е можно подобар преглед врз околината, a особено врз двата правца на патот кој тука минувал. Еден од важните реквизити на стражата бил тапанот, според кој во народната традиција таквите места честопати го сочувале името Тапан. Местата со такво име обично ce многу сигурен индикатор дека тука некогаш бил дервен, т.е. премин на јавен пат кој морал да ce чува и надгледува од специјална стража.29 На истото упатува и лока-литетот „Стражник“, северно од с. Думановце. Многу е веројатно Нешриевиот дервен да бил дел од патот меѓу овие два локалитета – Стражник и Тапан. И нај-после, делницата од овој пат, кој понатаму ce протега меѓу Латинска Планина и реката Биначка Морава, на генералштабните карти е означена како „Друм“ па сме склони да веруваме дека токму таа во народната традиција е сочувана под името „султанов пат“. Меѓутоа, ова не значи дека дел од големата султанова војска не можел да помине и по други соседни патишта a во прв ред по оној што според народната традиција го означил Г. Шкриваниќ. Во тој поглед многу умесна е забелешката на генералот Ј. Мишковиќ дека „голема војска не оди само по еден пат, туку по повеќе паралелни патишта“.30

Во секој случај, сега сигурно знаеме дека својата војска султанот не ја пре-вел ниту преку Качаничката, ниту преку Кончулската клисура, туку помеѓу нив, преку Скопска Црна Гора, по правец кој во најгруби потези може да ce означи како релација Куманово–Гнилане.

Во кој правец ce движела Муратовата војска по преминувањето на Биначка Морава излегува од рамките на нашава расправа, но ние ќе си дозволиме да искажеме сериозно сомневање во уште едно општо прифатено становиште во ис-ториската литература. Имено, се чини дека на многу лабилни основи почива твр-дењето дека султанот минал преку Ново Брдо. Всушност, и во овој случај едно-гласно, иако не секогаш безрезервно, ce прифаќа дека во Нешриевиот „Сребрен град“ (Gümüş Hisari) ce крие Ново Брдо, познатиот центар на сребрени рудници. Меѓутоа, на друго место, кога навистина станува збор за Ново Брдо, истиот тој Нешри овој град го именува како „Никобри (Новабри)“.31 Само по себе ce намет-

29 Александар Стојановски, Дервенџиството во Македонија, Гласник на Институтот за национална историја, год. VII, бр. 2, Скопје, 1964, 161–162.

30 Јов. Мишковиќ, цит. дело, 81, забел. 5.31 Franz Taeschner, Ğihānnümā, 265 (219); Dr Skender Rizај, цит. дело, 13–14.

ИСЛАМСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 10: 05 - A. Stojanovski - Vo Koj Pravec Minuval Niz Makedonija...

10 АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВСКИ

нува сомневањето: Дали овде не е повторен случајот со Кратово? Сега, кога со сигурност знаеме дека султанот Мурат I на Косово не одел преку Прешево, од-носно преку Кончулската клисура, правецот кон Ново Брдо сериозно е доведен во прашање. Доколку и понатаму би ce инсистирало на него, би морало да ce пону-дат нови докази, бидејќи не гледаме причини за едно такво отклонување од праве-цот кој најдиректно водел кон целта. Земајќи го предвид правецот по кој ce дви-жела османлиската војска од Матејче до Биначка Морава сметаме дека ќе биде многу пореално ако претпоставиме дека не Ново Брдо, туку Јанево бил „Сребре-ниот град“ пред кој отседнала османлиската војска на два дена пред големата Ко-совска битка.

Значи, да заклучиме: на својот пат за Косово султанот Мурат I тргнал од Пловдив, па преку Ихтиман и Ќустендил, навлегол во Македонија. Врвејќи пo делот од познатиот стар пат кој од Јадранско Mope водел за Цариград, султанот навлегол во Кумановско Поле (Жеглиговска рамнина) и веројатно оттука упатил една извидница кон Скопје, кое тогаш ce наоѓало во рацете на српскиот феудалец Вук Бранковиќ, a самиот тој, со главнината на својата војска, заминал за манасти-рот Матејче во близина на Куманово. Решавајќи од манастирот по најкус пат да избие на Косово, султанот „овој пат упатил една извидница која во „дервенот“ (секако преминот преку Скопска Црна Гора, меѓу локалитетите Стражник и То-пан) ce судрила со една противничка извидница. Откако преку дервенот ce спуш-тила на реката Биначка Морава, навлегувајќи на територијата на Вук Бранковиќ, Муратовата војска тргнала во пресрет на војските предводени од кнез Лазар, нај-веројатно минувајќи во близина на Јањево, значаен рудник за сребро. Спрема тоа на својот пат кон Косово (сл. 1), османлиската војска предводена од султанот Мурат I не поминала преку Кратово a, пo cè изгледа, ниту крај Ново Брдо, па по таков начин воопшто не ја засегнала територијата на кнез Лазар.

ТУКА ДОАЃА СЛ. 1

D-r Aleksandar STOJANOVSKI

DANS QUELLE DIRECTION SE DEROULAIT LA CAMPAGNE

DE MURAT POUR ARRIVER A KOSSOVO A TRAVERS

LA MACEDOINE (1389)

L’auteur fait des essaies à définir la direction réelle dans laquelle circulait l’armée de Murаt en allant vers Kossovo au mois de juin 1389; il fond ses opinions sur un document original daté du XVI e. siècle. Par ce document il certifie que l’endroit Kara Tonlu mentionné dans la chronique de l’historien turc du XVIе siècle – Mehmed Nešri est identique avec le monastère Matejče près de Kumanovo et non pas avec celui près de Kratovo, comme on le pensait jusqu’à nos jours.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА