АХИЛ

2
АХИЛ- Според прекрасниот јазик на Хомер, кој се издига над секојдневниот и обичниот јазик, Ахил е брзоногиот, божествениот, боголикиот, прекрасниот, русокосиот, најхрабриот син на Пелеј и морската божица Тетида и крал на Мирмидонците. Таков бестрашен полубог морал да има и божествено чудесно оружје, исковано од Хефест, оружје кое го правело бесмртен и уште посамоуверен во борбите со непријателот. Ахил е јунакот од чиј поглед и глас Тројанците како исплашени срни бегаат и се плашат да не го предизвикаат неговиот гнев. Тој е млад, горделив, жесток кон непријателот. Тој се вознемирува од неправда, им се восхитува на пријателските односи и кога сака умее да го совлада гневот и омразата кон непријателот. Дрскиот Агамемнон му ја одзел најубавата и најсаканта Ахилова робинка, како замена за Хрисеида, со што кај Ахил предизвикал силен гнев и омраза. Ахил се повлекол од бојното поле, се до оној момент кога Агамемнон не ѝ се покорил на неговата волја, и нѐ ја вратил Хрисеида кај нејзиниот татко. Истото оружје кое Ахил го правело непобедив, на Патрокле му ја донесло смртта од раката на тројанскиот јунак Хектор. Омразата и гневот кон Агамемнон веднаш преминале кон Хектор. Тажен и полн со желба за освета излегува на бојното поле, го убива Хектор, ја одмаздува смртта на својот другар, искажувајќи ја на тој начин својата љубов и приврзаност кон него. Смртта на Хектор не ја задоволува неговата желба за освета на смртта на пријателот. Сака сите тројанци да видат дека тој е поголем јунак од нивниот Хектор. Откако гневно го погубил, го врзал за својата кола, и го влечел по бојното поле пред очите на расплаканите родители на Хектор, Андромаха, но и пред цела Троја. Но, големиот Ахил не би бил толку голем, ако го паметиме само колку бил гневен. Затоа низ неговиот лик се проткајува и човечноста, сочувствиетлноста, големодушноста. Како таков го

description

митологија

Transcript of АХИЛ

Page 1: АХИЛ

АХИЛ- Според прекрасниот јазик на Хомер, кој се издига над секојдневниот и

обичниот јазик, Ахил е брзоногиот, божествениот, боголикиот, прекрасниот,

русокосиот, најхрабриот син на Пелеј и морската божица Тетида и крал на

Мирмидонците. Таков бестрашен полубог морал да има и божествено чудесно оружје,

исковано од Хефест, оружје кое го правело бесмртен и уште посамоуверен во борбите

со непријателот. Ахил е јунакот од чиј поглед и глас Тројанците како исплашени срни

бегаат и се плашат да не го предизвикаат неговиот гнев. Тој е млад, горделив, жесток

кон непријателот. Тој се вознемирува од неправда, им се восхитува на пријателските

односи и кога сака умее да го совлада гневот и омразата кон непријателот.

Дрскиот Агамемнон му ја одзел најубавата и најсаканта Ахилова робинка, како

замена за Хрисеида, со што кај Ахил предизвикал силен гнев и омраза. Ахил се

повлекол од бојното поле, се до оној момент кога Агамемнон не ѝ се покорил на

неговата волја, и нѐ ја вратил Хрисеида кај нејзиниот татко.

Истото оружје кое Ахил го правело непобедив, на Патрокле му ја донесло

смртта од раката на тројанскиот јунак Хектор. Омразата и гневот кон Агамемнон

веднаш преминале кон Хектор. Тажен и полн со желба за освета излегува на бојното

поле, го убива Хектор, ја одмаздува смртта на својот другар, искажувајќи ја на тој

начин својата љубов и приврзаност кон него. Смртта на Хектор не ја задоволува

неговата желба за освета на смртта на пријателот. Сака сите тројанци да видат дека тој

е поголем јунак од нивниот Хектор. Откако гневно го погубил, го врзал за својата кола,

и го влечел по бојното поле пред очите на расплаканите родители на Хектор,

Андромаха, но и пред цела Троја.

Но, големиот Ахил не би бил толку голем, ако го паметиме само колку бил

гневен. Затоа низ неговиот лик се проткајува и човечноста, сочувствиетлноста,

големодушноста. Како таков го гледаме во сцената со кралот Пријам, кој покорно го

моли за телото на Хектор. Неговото тврдо срце исполнето со омраза, омекнало од

зборовите на стариот тројански крал.

Не бил роден тој смртник кој ќе го победи Ахил, ако боговите не ги замешале

своите прсти. Само тие ја знаеле единствената ранлива точка на телото на Ахил,

неговата петица. Аполон, божјиот гласник, се претворил во облак и предводејќи ја

стрелата право во петицата на Ахил, убивајќи го.

Преку ликот на Ахил, Хомер дал идеал на маж-војник, кој треба да биде

издржлив, бестрашен и храбар, зашто само така може да го победи најголемиот

непријател. Но, до ден денешен Ахил претставува и симбол на човечноста. Ѝ, ако

некогаш човештвото сакало да создаде идеал на храброста, мудроста и љубовта тогаш

тоа сигурно би бил Ахил.