Шпаркасе и Трето Полувреме во Unique

2
76 UNIQUE септември 2012 Што е она кое ве натера да му дадете целосна поддрш- ка на снимањето на филмот? Најзаслужен за соработката е г-динот Горјан Тозија – Медо. Дарко Митревски и неговата екипа се обратија до нас што нѐ натера на размислување. Не случајно го из- бравме овој филм и оваа продукциска куќа. Тие секогаш ја имаат визијата, имајќи ги во предвид долгорочните ефек- ти од нивните проекти, како и иновативноста во поставу- вање нови стандарди во продукција на филмот. Сигурна сум дека ова ќе биде најдобриот македонски филм. Освен помошта при снимањето и дистрибуцијата ќе биде на некој начин во соработка со нас и ќе ја поддржиме низ територија на цела Македонија. Значи, целосно покривање на филмот. Шпаракасе Банка, духот на градење вистин- ски квалитетни вредности освен за своите клиенти, го гледа и во нераскинливата врска со општествената заедница во која клучен сегмент е развојот на културата. Свесни сме за нејзината важност како духовна вредност, затоа и ак- тивно се вклучивме во промоција на филмот. Кои проекти претставуваат значаен предизвик – големи и амбициозни од некои не толку издигнати имиња? Шпаркасе банка Македонија во својата стратешка опре- делба има зацртано безрезервна помош на културата и уметноста. Заинтересирани сме за соработка со проекти од било каков вид. Не може да знаеме дали некој анони- мен уметник во иднина ќе стане голем и светски успешен, затоа, одлуката за соработка се базира врз основа на нашата проценка. Можноста да придонесеме кон развојот и унапредувањето на културата и уметнсота во нашата држава се привилегија, но и одго- ворност. Потребна им е подршката од бизнис секторот, посебно поради фактот што токму уметноста е најголемиот амбасадор на земјата, најголемиот двигател на креативноста и најдо- бриот учител на младите генерации. Непосредно пред премиерата на филмот „Трето полувреме“ поразговаравме со екипата на филмот и Кристина Депо, Директор за Маркетинг и комуникации во „Шпаркасе банка“ и екипата од филмот на заслужено „Трето полувреме“ Со овој филм ќе го срушиме рекордот на „Балканкан“ Шпаркасе банка Стратешка определба е помагање на проекти од умет- носта Што ве инспирираше за сценариото на филмот? Сценариото е базирано на неколку вистински при- казни кои што се случиле во Скопје пред и за време на втората светска војна. Првичната верзија беше напишана во 2002 година кога мислевме дека лесно ќе го снимиме. Во исчекување на премиерата сме многу возбудени затоа што тоа е крај на еден, долг, долг, долг маратон. На 15 септември е закажана фестивалската премиера, на отварањето на фести- валот „Браќа Манаки“. Дистрибутерската премиера пак, започнува со гала премиерата во кино „Миле- ниум“ на 27 септември и со тоа започнува редовното прикажување во Скопје, а веќе од утредента одиме и во другите градови во Македонија. Интересот е навистина голем, а чувствувам и обврска да го при- кажеме насекаде. Воедно се заколнав дека со овој филм ќе го срушиме рекордот на мојот претходен филм „Балканкан“ кој беше најгледан филм на сите времиња, 120.000 продадени билети. Со „Трето полу- време“ мислам дека тие 120.000 ќе станат минато. Вие сигурно влијаете најмногу во одбирањето на актерската екипа - како се одлучивте за Катарина со оглед на тоа што не е актерка? Сѐ во филмот е базирано врз тој лик. Беше потребен харизматичен женски лик кој што ќе биде навистина нов, визуелно, глумачки, како име и како концепт нов. Најголемиот испит што требаше да го положи Катарина е дали поседува интелигенција и богат емотивен свет за да може да го изоди тој пат. Во однос на компатибилноста со Сашко, мислам дека го имаме првиот голем, љубовен, филмски пар во на- шата кинематографија. ДарКо МитреВсКи режисер Кристина Депо Директор за Маркетинг и комуникации во Шпаркасе банка » »

description

Интервју за Unique

Transcript of Шпаркасе и Трето Полувреме во Unique

Page 1: Шпаркасе и Трето Полувреме во Unique

76 UNIQUEсептември 2012

Што е она кое ве натера да му дадете целосна поддрш-ка на снимањето на филмот?Најзаслужен за соработката е г-динот Горјан Тозија – Медо. Дарко Митревски и неговата екипа се обратија до нас што нѐ натера на размислување. Не случајно го из-бравме овој филм и оваа продукциска куќа. Тие секогаш ја имаат визијата, имајќи ги во предвид долгорочните ефек-ти од нивните проекти, како и иновативноста во поставу-вање нови стандарди во продукција на филмот. Сигурна сум дека ова ќе биде најдобриот македонски филм. Освен помошта при снимањето и дистрибуцијата ќе биде на некој начин во соработка со нас и ќе ја поддржиме низ територија на цела Македонија. Значи, целосно покривање на филмот. Шпаракасе Банка, духот на градење вистин-ски квалитетни вредности освен за своите клиенти, го гледа и во нераскинливата врска со општествената заедница во која клучен сегмент е развојот на културата. Свесни сме

за нејзината важност како духовна вредност, затоа и ак-тивно се вклучивме во промоција на филмот.

Кои проекти претставуваат значаен предизвик – големи и амбициозни од некои не толку издигнати имиња?Шпаркасе банка Македонија во својата стратешка опре-делба има зацртано безрезервна помош на културата и уметноста. Заинтересирани сме за соработка со проекти од било каков вид. Не може да знаеме дали некој анони-мен уметник во иднина ќе стане голем и светски успешен,

затоа, одлуката за соработка се базира врз основа на нашата проценка.Можноста да придонесеме кон развојот и унапредувањето на културата и уметнсота во нашата држава се привилегија, но и одго-ворност. Потребна им е подршката од бизнис секторот, посебно поради фактот што токму уметноста е најголемиот амбасадор на земјата, најголемиот двигател на креативноста и најдо-бриот учител на младите генерации.

Непосредно пред премиерата на филмот

„Трето полувреме“ поразговаравме со екипата на филмот и Кристина Депо,

Директор за Маркетинг и комуникации во „Шпаркасе банка“

и екипата од филмот на заслужено „Трето полувреме“

Со овој филм ќе го срушиме рекордот на „Балканкан“

Шпаркасе банка

Стратешка определба е помагање на проекти

од умет-носта

Што ве инспирираше за сценариото на филмот?Сценариото е базирано на неколку вистински при-казни кои што се случиле во Скопје пред и за време на втората светска војна. Првичната верзија беше напишана во 2002 година кога мислевме дека лесно ќе го снимиме. Во исчекување на премиерата сме многу возбудени затоа што тоа е крај на еден, долг, долг, долг маратон. На 15 септември е закажана фестивалската премиера, на отварањето на фести-валот „Браќа Манаки“. Дистрибутерската премиера пак, започнува со гала премиерата во кино „Миле-ниум“ на 27 септември и со тоа започнува редовното прикажување во Скопје, а веќе од утредента одиме и во другите градови во Македонија. Интересот е навистина голем, а чувствувам и обврска да го при-кажеме насекаде. Воедно се заколнав дека со овој филм ќе го срушиме рекордот на мојот претходен филм „Балканкан“ кој беше најгледан филм на сите времиња, 120.000 продадени билети. Со „Трето полу-време“ мислам дека тие 120.000 ќе станат минато.

Вие сигурно влијаете најмногу во одбирањето на актерската екипа - како се одлучивте за Катарина со оглед на тоа што не е актерка?Сѐ во филмот е базирано врз тој лик. Беше потребен харизматичен женски лик кој што ќе биде навистина нов, визуелно, глумачки, како име и како концепт нов. Најголемиот испит што требаше да го положи Катарина е дали поседува интелигенција и богат емотивен свет за да може да го изоди тој пат. Во однос на компатибилноста со Сашко, мислам дека го имаме првиот голем, љубовен, филмски пар во на-шата кинематографија.

ДарКо МитреВсКи режисер

Кристина Депо Директор за Маркетинг и комуникации во Шпаркасе банка

»

»

Page 2: Шпаркасе и Трето Полувреме во Unique

септември 2012UNIQUE 77

Какви беа твоите предзнаења за филмот, за она што претставува работа во филм? До сега немав никакви допирни точки со филм-ската индустрија, но отсекогаш сум сакала учество во некоја поголема реклама или слично и на мое големо задоволство се случи „Трето полувреме“. Се започна кога мајка ми ми се јави додека бев во Њујорк и ми кажа дека имам понуда да глумам во филм. Помислив дека треба да бидам статист и веднаш ја отфрлив идејата, но испадна многу посе-риозна работата. Професијата не ми помогна освен во однос на трпеливоста, станување рано наутро, шминкање, костимографија. До пред филмот не сум знаела дека сум толку емотивна личност, дека имам толку богат емотивен свет, морам да се заблаго-дарам на Дарко и на Верица кои постојано беа со мене ми помагаа во секоја ситуација.

Што по овој филм? Дали целиш на филмска кари-ера?Сите ми велат дека би било добро да продолжам со филмската кариера, јас сакам најпрво да ги слуш-нам критиките од филмот бидејќи сѐ што правам сакам да е најдобро. Секако сакам да се запишам во училиште за глума во Њујорк или Лос Анџелес.

Заедно со Катарина сте дел и од романтична сцена во филмот. Дали ваквите сцени се тешки за портре-тирање? Уште првиот ден се соо-чивме со ваквите сцени за најтешкото да помине прво. Тие сцени ги снимаш мате-матички – имаш точно од-редено движење, не смееш да излезеш од кадар, значи нема ништо романтично.Оваа сцена е снимана на Охридското езеро, на 8 септември, кога половина Македонија е во Охрид. Го избравме најзатвореното место со цел да се зашти-тиме од сеирџии и бевме уверени дека тоа ќе функ-

ционира. Таа сцена беше планирана за еден ден. На првиот ден сфативме дека е премногу комплицирана. На вториот имавме дефект со камерата и затоа мораше да се снима три дена. Како тоа изгледа во Охрид?! Првиот ден доаѓаш со екипа, нема никој само локални луѓе. Вечерта тие им пренеле на оние што ги познаваат дека има снимање па вториот ден имаше голем број на луѓе, кои успеале да пре-несат дека ќе има и трет ден снимање па на крајот имаше огромен број на луѓе дури и со двогледи! Е во такви услови е снимана таа нежна и романтична сцена.

Кои се плановите за филмот надвор од границите на Македонија?Браќа Манаки е прв фестивал на кој што ќе биде прикажан филмот, а потоа пла-нираме европски и светски фестивали, меѓутоа сѐ уште ништо не е потврдено. Плановите се многу амбициозни и се надеваме овој филм да се најде во кино дистрибуција во земји не само во Европа туку и Америка, Азија и така натаму.

Што претставува соработката со банка како што е „Шпаркасе банка“?Ова е прв пат една банка во Македонија финансиски да го прати филмот, тоа е пракса во Европа и во светот, меѓутоа во Македонија до сега се нема случено. Шпаркасе народски кажано, навистина машки застана зад овој проект и тоа кога сѐ уште беше во почетна фаза, кога сѐ уште немаше толку добар ПР и промоција и нѐ поддржаа и ќе нѐ поддржуваат во делот на дистрибуција на филмот низ цела Македонија и сметам дека овој при-мер треба да биде следен од други банки и слични фирми и корпорации , да можат да вложуваат во културата затоа што си-гурно на некој начин ќе им се исплати.

Треба да се вложува во културата

Нема ништо романтично при снимањето на романтични сцени

„Уметноста без финансиска поддрш-ка останува честопати нереализира-на, неафирмирана, непромовирана,

останува скриена во нечиј ум. Еднос-тавно кажано, уметноста без пари е речиси невозможно да се реализира

и унапредува“ - вели Кристина

Не сум знаела дека сум толку емотивна личност

Катарина иВаноВсКа главна женска улога»

саШКо КоцеВ главна машка улога »

роберт насКоВпродуцент

»

Дел од Маркетинг тимот на Sparkasse

и екипата на „Трето полувреме“

во очекување на премиерата