Час 7.doc.pdf; 8 одд Гордана Андонова

Post on 02-Dec-2015

63 views 13 download

Transcript of Час 7.doc.pdf; 8 одд Гордана Андонова

Образец за опис на реализиран наставен час (или часови)

Наставен предмет/ Одделение

Наставна тема

Наставна содржина/ лекција

Траење

Наставник

Математика Осмо одделение

Геометриски тела

Класификација и повторување

Еден наставен час (Час за повторување и утврдување)

Гордана Андонова, ООУ Сандо Масев Струмица

Очекувани резултати: Учениците:

Да ги класифицираат изучените геометриски тела

Да ги претставуваат геометриските тела со цртеж и решаваат задачи поврзани со нив.

Да вооча и претставуваат мрежа на геометриско тело

Да изработуваат модели на геометриски тела.

Потребни материјали и опрема за реализација:

Прибор за цртање и конструкција во геометрија-моливи, боички, фломастери, шестар, линијари.

Хамер хартија –бела, 4 листа

Лепило за хартија, селотејп лента.

Активности и насоки од претходниот час:

На учениците од предходниот час не им се даваат дополнителни задолженија за прибирање на информации или пак решавање задачи од делот на геометриски фигури.

Единствено им се соопштува активноста која е предвидена за следниот час но само во глобала-со барање за обезбедување на потребниот прибор за успешна работа.

Активности на часот: Воведување на учениците Соопштување на целите кои треба да се реализираат на часот, преку активноста дадена во прилогот.

Тек на часот 1. Поделба на учениците во групи-4 групи со по 5 ученика во група. 2. Соопштување на активноста, преку наставно ливче1(дадена во прилогот), во

која се вклучени сите 4 групи ученици. 3. Рсчистување на дилемите околу барањата во наставното ливче. 4. Реализација на активност 1.

Активност 1. Од збор до модел 1. Групите ученици пристапуваат кон реализација на поставените задачи од

наставните ливчиња. 2. Резултатите-согласно барањата во наставните ливчиња се претставуваат

на хамер хартија. 3. Се изработуваат модели на геометриски фигури. 4. Се споделуваат мислењата, резултатите, можните решенија и готовите

модели со останатите групи.

Завршување на часот 1. Групите ученици пополнуваат листа на самоевалуација(прилог), изготвена за

секој ученик посебно со што се дијагностицира задоволството и потребата, како и степенот на постигањата на ученикот на часовите од ваков тип.

2. Презентирање на сработеното-преку галерија-постерите од хамер се истакнуваат во училницата.

3. Резиме на денешната активност-усно образложена од учесниците во активноста.

Посебни активности за учениците кои побрзо напредуваат: Учениците кои побрзо напредуваат активно помагаат на своите групи, но и на останатите ако за тоа има потреба-со што се ставени во улога на помагачи-асистенти на наставникот.

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот: 1.Реализираното на часот е во согласност со планирањето( и по обем и по временска рамка) подготвено за овој час. 2.Постигнат е висок степен на групна работа, тимска работа но и самостојна работа во поедини делови на реализација на оваа активност. 3.Развивање на етапите на размислување и последователност во постапките кои водат кон конечен и точен одговор-чекор по чекор. 4. Практичност во изборот на презентирање на постигнатите резултати од тимската работа на часот. 5. Пријатна работна атмосфера. 6. Стекнување на знаења кои сигурно-а и видливо е-ќе можат да се искористат и употребат во некоја друга, поразлична ситуација.

Прилози

Активност: „Од збор до модел„

Наставни ливчиња 1-4.

Наставно ливче бр1.

ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА Призма, пирамида, конус и цилиндар

Цртање на геометриските тела-призма, пирамида, конус и цилиндар

предвидено за работа во групи

Времето за работа на групата е 25 мин, додека за презентација на

сработеното-10мин

Задача

1. Нацртај по еден цртеж на пирамида, призма, конус и цилиндар, а потоа под секој од цртежите запиши ги формулите за пресметување плоштина и волумен.

Наставно ливче бр2.

ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА Призма, пирамида, конус и цилиндар

Составување и решавање на задачи за плоштина и волумен на геометриските

тела-призма, пирамида, конус и цилиндар предвидено за работа во групи

Времето за работа на групата е 25 мин, додека за презентација на

сработеното-10мин

Задача

1. Состави задачи( по една за секое тело, од плоштина и волумен), запиши ги а потоа реши ги. Решенијата претстави ги на хамер хартија.

Наставно ливче бр3.

ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА

Призма, пирамида, конус и цилиндар

Цртање мрежи на хамер хартија на геометриските тела-призма, пирамида,

конус и цилиндар предвидено за работа во групи

Времето за работа на групата е 25 мин, додека за презентација на

сработеното-10мин

Задача

1. Нацртај ги мрежите на пирамида, призма, конус и цилиндар, по избор на групата во која работиш.

Наставно ливче бр4.

ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА Призма, пирамида, конус и цилиндар

Изработка на модели од хамер хартија на геометриските тела-призма,

пирамида, конус и цилиндар предвидено за работа во групи

Времето за работа на групата е 25 мин, додека за презентација на

сработеното-10мин

Задача

1. Нправи по еден модел на призма, пирамида, конус и цилиндар по избор на групата во која работиш.

Листа на самооценување за работата во група:

ЗА МЕНЕ И МАТЕМАТИКАТА

Име и презиме Одделение Датум

1. Што работев денес?

2. Како го направив тоа?

3. Со кого заедно работев?

4. Што направив добро?

5. Што треба да направам подобро?

Фотографии од активностите на часот (На часот беше присутна и советничката Даниела Тачевска-2008 год)