дневни подготовки-4то одд.-тема 2

21
План за час по англиски јазик Одделение четврто одделение Наставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба! Наставна единица 1. Усвојување на нов вокабулар (простории во домот) и читање со разбирање на краток текст Датум 17.10.2011 Цели на часот Ученикот да може: да усвои нов вокабулар со кој се именуваат простории во домот да вежба читање на краток текст со познати зборови Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот. Наставникот ги прашува учениците кои простории ги има во нивниот дом, а учениците ги набројуваат истите. Потоа, наставникот бара од учениците да ги именуваат боите кои тој ги покажува на флеш карти. Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти и постер со просториите во домот наставникот ги поучува новите зборови. Учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите и да ги повторат истите, на тој начин увежбувајќи го нивниот изговор. Наставникот го пушта дијалогот за учениците да го слушнат, а потоа и да одговорат на прашањата кои ги поставува наставникот. Наставникот го пушта дијалогот за учениците да го слушнат и да го повторат истиот реченица по реченица. Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Transcript of дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Page 1: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба!Наставна единица 1. Усвојување на нов вокабулар (простории во домот) и читање со

разбирање на краток текстДатум 17.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нов вокабулар со кој се именуваат простории во домот

да вежба читање на краток текст со познати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги прашува учениците кои простории ги има во нивниот дом, а учениците ги набројуваат истите. Потоа, наставникот бара од учениците да ги именуваат боите кои тој ги покажува на флеш карти.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти и постер со просториите во домот наставникот ги поучува новите зборови. Учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите и да ги повторат истите, на тој начин увежбувајќи го нивниот изговор. Наставникот го пушта дијалогот за учениците да го слушнат, а потоа и да одговорат на прашањата кои ги поставува наставникот. Наставникот го пушта дијалогот за учениците да го слушнат и да го повторат истиот реченица по реченица.

Завршен дел (10мин) Со помош од наставникот, учениците го преведуваат дијалогот. Потоа, во мали групи го читаат дијлогот поделени по улоги. Учениците во групи го оценуваат нивното читање на текстот.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, постер со просториите во домот, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на работа со текст, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците ја цртаат нивната соба, а потоа ги претставуваат нивните изработки пред останатите од одделението.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување на учениците во групи и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија новите зборови и го читаат текстот.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија новите зборови со кои се именуваат простории во домот. Сите ученици учествуваа во читањето на дијалогот иако на некои од нив им требаше поголема помош. Најинтересно им беше самооценувањето во групи, иако кај некои ученици беше забележана пристрасност при оценувањето. Сепак поголемиот дел од учениците објективно оценуваа.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба!Наставна единица 2. Потсетување на формите на глаголот “сум” во Present Simple

TenseДатум 19.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои личните заменки и нивната употреба заедно со формите на глаголот “сум” во Present Simple Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот покажува картички и вели “There’s a pink bed in the bedroom”. Учениците ја повторуваат реченицата, а потоа составуваат слични реченици за останатите слики од вежба бр.4.

Главен дел (20 мин) Со покажување кон некои од учениците наставникот ги поучува личните заменки за трето лице еднина 9машки и женски род). Истата постапка ја применува и за другите лични заменки. Потоа, со практични примери ги поучува и соодветните форми на глаголот “сум” во Present Simple Tense (на пр. He’s Nikola. She’s Jovana. I’m a teacher.)Учениците ги решаваат вежбите 5 и 6, а наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците прашуваат и одговараат на вежбите бр.7 и 8 за кои претходно наставникот го има поучено прашањето “Where is..?=Where’s..?”

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на комуникација, метод на практична работа, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Вежба бр. 9 во учебникот.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Очекуван исход Учениците ги усвоија личните заменки и формите на глаголот “сум” во Present Simple Tense и нивната употреба..

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа личните заменки и формите на глаголот “сум” во Present Simple Tense преку нивна практична примена во едноставни искази. Кај дел од учениците беа забележани мали потешкотии во усвојувањето на истите, но со увежбување можат да се постигнат добри резултати и кај нив. Сите ученици учествуваа во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба!Наставна единица 3. Усвојување на нов вокабулар- предмети во домотДатум 26.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои новите зборови со кои се именуваат предмети во домот

да го увежба читањето на текстот со познати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Со употреба на флеш карти и постер, наставникот ги потсетува учениците на претходно усвоените зборови од оваа тема. Потоа, го насочува вниманието на сликите од вежба бр.1 и бара од учениците да ги идентификуваат предметите кои ги гледаат. Потоа, наставникот пушта краток видеозапис за учениците да ги препознаат и да ги именуваат просториите во домот http://www.youtube.com/watch?v=hZ6jP4RndkU

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови еден по еден, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати.Учениците ги слушаат зборовите од аудиозаписот, ги покажуваат на сликата во учебникот и ги повторуваат- на тој начин увежбувајќи го нивниот изговор.Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат дијалогот и да одговорат на прашањата. Наставникот го пушта дијалогот паузирајќи по секоја реченица за учениците да ги слушнат, прочитаат и да ги повторат речениците.

Завршен дел (10мин) Во мали групи, учениците го читаат дијалогот поделени по улоги. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, Интернет, компјутер, проектор, екран и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Во мали групи учениците се обидуваат да го преведат дијалогот. Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија и увежбаа новите зборови со кои се именуваат предмети во домот..

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го усвоија предвидениот вокабулар и учествуваа во читањето на дијалогот. На мал дел од учениците им беше потребна помош при читањето на дијалогот. Најинтересна им беше активноста со погодување на просториите во домот.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба!Наставна единица 4. Потсетување на употребата на неопределениот член “a/an” и на

предлозите за место (in, on, under, behind, by)Датум 31.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети и да ја увежба употребата на неопределениот член “a/an” со именки во еднина

да ги увежба предлозите за место (in, on, under, behind, by)

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот го насочува вниманието на сликите од вежба бр.4 и го чита дадениот пример за првата слика. Следејќи го примерот, учениците одговараат на прашањето за останатите слики.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на употребата на неопределе-ниот член “a/an” со именки во еднина.Вежба бр.5. Учениците го запишуваат неопределениот член пред именките, а неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.Вежба бр.6. Наставникот го насочува вниманието на сликата и го чита дадениот пример. Потоа, учениците ги дополнуваат речениците со неопределен член и со предлозите за место. Ученици-доброволци ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Вежби бр.7 и 8. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат дијалогот и да го повторат слушнатото. Потоа, во парови учениците прават слични дијалози за сликите од вежба бр.8.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Наставникот запишува неколку именки на таблата пред кои учениците треба да го запишат соодветниот неопределен член. Потоа, со партнер учениците ги проверуваат нивните одговори.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

на работата на учениците

Очекуван исход Учениците ја усвоија употребата на неопределениот член “a/an” и на предлозите за место (in, on, under, behind, by)..

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- поголемиот дел од учениците ја усвоија употребата на неопределениот член “a/an”, а мал дел од учениците имаа потешкотии при употребата на истиот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба!Наставна единица 5. Прославување на “Ноќ на вештерките” и обележја на овој празникДатум 31.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се запознае со други култури да се запознае со прославувањето на Halloween (Ноќ на

вештерките) и обележјата на овој празник

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги прашува учениците дали некогаш слушнале за прославување на некои празници кои се прославуваат во светот и кои се тие. Потоа ги прашува што знаат за прославувањето на Halloween.

Главен дел (20 мин) Наставникот поучува неколку нови зборови поврзани со празнувањето на Halloween (costume, дhost, witch, jack-o’lantern, bat). Наставникот пушта презентација со симболите и начинот на прославување на овој празник. Учениците внимателно ја следат презентацијата, а потоа одговараат на прашања поврзани за истата.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира работно ливче поврзано со симболите на Halloween. Учениците треба да ги поврзат дадените слики според дадените инструкции. Потоа, со нивните партнери ги проверуваат нивните одговори.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, компјутер, Интернет, проектор, екран и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Учениците креираат костим кој би сакале да го носат доколку некогаш се маскираат на овој празник.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците научија каде, како и зошто се прославува Halloween и кои се обележјата на овој празник.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

. Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците се запознаа со други

култури преку прославувањето на Halloween. Тие се стекнаа со информации за начинот на прославување на овој празник, за обележјата и симболите на истиот и за почетоците на прославувањето на овој ден. Сите ученици учествуваа во предвиде-ните активности. Не беа забележани потешкотии во текот на часот.

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Наставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба!Наставна единица 6. Вежби-слушање со разбирање на краток аудиозаписДатум 02.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба зборовите со кои се именуваат предмети во домот

да го разбере слушнатиот исказ од аудиозаписот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на боите во англискиот јазик и на предметите кои се среќаваат во домот.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да го затворат учебникот и да го слушнат аудиозаписот. Потоа им поставува прашања поврзани со текстот кој го слушнаа за да увиде колку учениците го разбрале текстот. Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.1/стр.20 и од учениците бара да го прочитаат текстот и да ги напишат испуштените зборови кои се претставени со слика. Ученици доброволци го читаат текстот за останатите од одделението.Вежба бр.2. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат, а потоа во парови да прашаат и да одговараат на прашањата од вежбата. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги поврзат предметите со нивната местоположба.Вежба бр.5. Учениците го слушаат изговорот на гласот /w/ и ја повторуваат слушнатата реченица.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, постер со просториите во домот, флеш карти и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод,TPR активност, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (бои)

Додатна активност Вежба бр.4. Учениците пишуваат краток состав за нивните спални соби следејќи го дадениот модел од вежба бр.1.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го разбраа слушнатиот исказ и се потсетија на зборовите со кои се именуваат предмети во домот..

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците именуваат предмети во домот и можат да поврзат слики по слушнат исказ. Во текот на часот не беа забележани потешкотии при реализирањето на предвидените активности. Најинтересна активност на учениците им беше поврзувањето на сликите по слушнат исказ.

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделение

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Наставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба!Наставна единица 7. Игра и песничка (The teddy bear sonд)Датум 07.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба “да/не” прашањата и прашањата за местоположбата на предметите (Where’s…?)

да соработува со соучениците при активности во групи

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Со употреба на флеш карти наставникот бара од учениците да ги именуваат просториите кои се среќаваат во домот. Потоа, наставникот ги прашува учениците за боите покажувајќи кон различно обоени предмети, а учениците ги именуваат истите.

Главен дел (20 мин) Игра. Учениците ја разгледуваат сликата од вежба бр.6. Наставникот го чита примерот и дава инструкции како се игра играта. Потоа, еден од учениците одбира просторија и место во неа каде би го скрил зајачето. Останатите од одделението преку поставување на да/не прашања се обидуваат да го погодат местото каде е скриен зајакот. Кога ќе биде погодена точната местоположба, играта продолжува со друг ученик.

Завршен дел (10мин) Наставникот го чита текстот на песничката, а учениците повторуваат по него. Потоа, ја пушта песничката повеќе пати за учениците да ја слушнат и да се обидат да ја пеат. Во групи учениците ја изведуваат песничката и се сооценуваат.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, постер со просториите во домот, флеш карти и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на игра, метод на песна, метод на комуникација, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (бои)

Додатна активност Вежба бр.4. Учениците пишуваат краток состав за нивните спални соби следејќи го дадениот модел од вежба бр.1.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување на учениците во групи и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

учениците

Очекуван исход Учениците учествуваа во играта и во изведбата на песничката..

Рефлексија на часот Преку поставување на прашања учениците ја играа предвидената игра. Дел од учениците поставуваа директни прашања за местоположбата на предметите иако беше предвидено да се поставуваат само “да/не” прашања. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и на крајот ги оценија изведбите на песничката како групи. Оценувањето беше објективно, со исклучок на мал дел ученици кои оценуваа пристрасно.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Мојот дом и мојата соба!Наставна единица 8. Потсетување на содржините од тема број 2Датум 07.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги утврди своите познавања на содржините од тема број 2 самостојно да ги решава вежбите од тестот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги потсетува учениците на граматичките структури кои се среќаваа во оваа тема. Потоа, ги потсетува учениците на клучните зборови од оваа тема.

Главен дел (30 мин) Наставникот ги дели учениците во две групи и дистрибуира копии од тестот. Тој дава инструкции за начинот на решавање на вежбите и ги објаснува критериумите за оценување. Доколку учениците имаат некои прашања поврзани со тестот, наставникот одговара на истите.Наставникот ги напоменува учениците дека самостојно треба да ги решаваат вежбите од тестот. Потоа, учениците ги решаваат вежбите.

Завршен дел (5мин) Откако ќе ги решат вежбите од тестот, учениците ги враќаат истите кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, тест и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, метод на тест, тивка активност (silent way), фронтална работа, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

тест, писмена повратна информација, бодовна скала и сл.

Очекуван исход Учениците самостојно ги решаваат вежбите од тестот утврдувајќи ги нивните познавања на содржините од тема бр.2

Рефлексија на часот Учениците ги решија вежбите од тестот. Според покажаните резултати, најлесна вежба им беше онаа со дополнување на буквите

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: дневни подготовки-4то одд.-тема 2

во зборовите кои им се веќе познати, а најтешка им е вежбата на составување реченици според дадена слика. Сепак според добиените резултати тестот може да се смета за успешен.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово