дневни подготовки-4то одд.-тема 3

21

Click here to load reader

Transcript of дневни подготовки-4то одд.-тема 3

Page 1: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.3- Сообраќајни средства!Наставна единица 1. Усвојување на нов вокабулар и потсетување на броевите до 20Датум 09.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои новите зборови и да се потсети на броевите до 20 да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги прашува учениците на кој начин ги прославуваат нивните родендени, односно дали прават забави, дали подготвуваат нешто посебно и што најчесто добиваат како подарок за нивниот роденден.

Главен дел (25 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати увежбувајќи го нивниот изговор. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците повторно да ги слушнат зборовите и да ги повторат.Наставникот ја проверува меморијата на учениците на тој начин што покажува флеш карти по измешан редослед, а учениците треба да ги именуваат поимите кои ги гледаат.Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги копираат во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Со употреба на постер, наставникот ги потсетува учениците на броевите до 20. Потоа, учениците се редат во круг и еден по еден кажуваат по еден број се до 20, а потоа ги кажуваат обратно-почнувајќи од 20, па 19 отн. Учениците се самооценуваат преку техника-семафор.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти, постер со броевите и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, фронтална работа, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)-со општество (транспортни средства)

Додатна активност Наставникот запишува неколку броеви со цифри. Потоа ги дели

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

учениците во групи. Онаа група која најбрзо ќе ги напише броевите со зборови е победник во оваа игра.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, самооценување на учениците преку техника семафор и сл.

Очекуван исход Учениците усвоија нови зборови и се потсетија на броевите до 20.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати. Учениците ги усвоија предвидените зборови и се потсетија на броевите до 20. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтерсено им беше броењето наназад од 20, бидејќи некои од нив имаа потешкотии иако знаеја да избројат до 20. Учениците се самооценија преку техника семафор, но мал дел не беа објективни во своето оценување.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.3- Сообраќајни средства!Наставна единица 2. Читање со разбирање на краток текстДатум 14.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба новите зборови кои беа поучувани во текот на предходниот час

да го увежба читањето на текстот со познати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на зборовите кои беа поучувани во текот на предходниот час а со кои се именуваат транспортни средства.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници и да го слушаат внимателно дијалогот од аудиозаписот. Потоа, наставникот поставува прашања поврзани со дијалогот за да увиди колку учениците го разбрале слушнатото. Учениците одговараат на прашањата од наставникот и на прашањата од вежба бр.2.Наставникот бара учениците да ги отворат учебниците и повторно го пушта дијалогот за тие да го слушнаат. Наставникот го пушта дијалогот и по трет пат за учениците да го слушнат, прочитаат и да го повторат слушнатото реченица по реченица.Потоа, учениците се обидуваат да го преведат дијалогот, а наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците го читаат дијалогот поделени по улоги. Наставникот им помага при читањето доколку има потреба од тоа.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците ја играат играта погоди го зборот при што еден ученик со мимики објаснува познат збор, а другите треба да го погодат. Ученикот кој прв ќе го погоди зборот е следниот кој објаснува.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги увежбаа новите зборови и го увежбаа читањето на текстот со познати зборови.

Рефлексија на часот Учениците ги именуваа поимите кои беа поучувани во текот на претходниот час и го разбраа слушнатиот дијалог одговарајќи точно на поставените прашања. Мал дел од учениците имаат потешкотии околу читањето на познатите зборови бидејќи ги немаат увежбано истите. Сепак, сите ученици учествуваа во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.3- Сообраќајни средства!Наставна единица 3. Вежби-искажување еднина и множина со безличните форми

“there is” и “there are”Датум 14.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ја усвои и увежба употребата на безличните глаголски форми “there is” и “there are”

да разликува именки дадени во еднина и во множина

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги потсетува учениците на формите на именките во еднина и во множина. Тој запишува на таблата неколку именки во еднина и бара од учениците во нивните тетратки да ги запишат истите именки во множина.

Главен дел (20 мин) Со користење на некој предмет, на пр. книга/-и, наставникот ја поучува употребата на безличните глаголски форми “there is” и “there are” (пр. There is a book on the table. There are two books on the table.). Оваа активност наставникот ја повторува со неколку различни предмети кои се среќаваат во училницата.Потоа, учениците ги решаваат вежбите број 5 и 6 каде треба да ги спојат броевите со буквите за да добијат цели реченици.Наставникот ги потсетува учениците на личните заменки “he/she/it” и со употреба на флеш карти прашува “How old is (name)? He/She is…”, а учениците одговараат.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците ги увежбуваат дијалозите употребувајќи ги сопствените имиња, а земајќи го за пример дијалогот од вежба бр.8.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Диктат на зборовите од вежба број 1 во учебникот.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, читање, учество во дијалози), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

Очекуван исход Учениците искажуваат еднина и множина кај именките преку примена на истите во реченици со безличните глаголски форми “there is” и “there are”.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати. Учениците составуваат реченици во кои ги применуваат безличните глаголски форми “there is” и “there are” заедно со именки во еднина или во множина. Не беа забележани некои проблеми во текот на часот и сите ученици учествуваа во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.3- Сообраќајни средства!Наставна единица 4. Усвојување на нов вокабулар (сообраќајни средства) и читање на

краток текстДатум 16.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови и да го увежба нивниот изговор да го увежба читањето на текстот со познати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на претходно усвоените зборови од оваа тема. Учениците ги именуваат поимите кои ги гледаат на сликите, а наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Главен дел (20 мин) Со покажување на слики на транспортни средства, наставникот ги поучува новите зборови. Учениците го повторуваат секој збор повеќе пати увежбувајќи го нивниот изговор.Вежба бр.2. Наставникот го чита прашањето и можните одговори на тоа прашање. Потоа, го пушта аудизаписот за учениците да го слушнат дијалогот и да го одберат точниот одговор на прашањето. Наставникот повторно го пушта дијалогот за учениците да го слушнат, да го прочитаат и да го повторат слушнатиот дијалог реченица по реченица. Учениците го читаат дијалогот поделени по улоги. Потоа се сооценуваат во групи.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.4. Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на “да/не” прашањата и кратките одговори на истите. Потоа, во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашањата.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти, листа со зборовите и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-лингвален метод, метод на комуникација, аудио-визуелен метод, метод на работа со текст, работа во заедница, работа во групи, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со општество (транспортни средства)

Додатна активност Учениците се обидуваат да го преведат дијалогот,а наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, читање, учество во дијалози), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување на учениците во групи и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат транспортни средства и го читаат дијалогот со познати зборови.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија новите зборови со кои се именуваат транспортни средства и го увежбаа читањето на дијалогот во кој се среќаваат дел од новите зборови. На дел од учениците им беше потребна помош од наставникот при читањето на дијалогот по улоги. Учениците сами се оценија по групи, односно го оценија нивното читање на дијалогот како група одбирајќи група која најдобро го читаше истиот. Може да се заклучи дека целите на часот беа постигнати.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.3- Сообраќајни средства!Наставна единица 5. Употреба на глаголот “сум” во Present Simple TenseДатум 21.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои кратките и долгите форми на глаголот “сум” во Present Simple Tense

правилно да го употребува глаголот “сум” во Сегашно просто време во едноставни искази

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги прашува учениците дали можат да му ги кажат формите на глаголот “сум” во сегашно време на македонски јазик. Потоа, наставникот ги потсетува учениците на веќа познатите лични заменки.

Главен дел (20 мин) Со покажување кон себе наставникот вели: “I am Biljana. I’m a teacher.” Потоа, покажувајќи кон некој од учениците вели “You are… You’re a student.”. Истото го повторува со сите лични заменки и глаголот “сум” во Present Simple Tense. Личните заменки заедно со глаголот “сум” во Present Simple Tense ги запишува на таблата, а учениците ги копираат во нивните тетратки. Наставникот објаснува како се добиени кратките потврдни форми, одречната форма и прашалната форма на овој глагол. Потоа, учениците ги решаваат вежбите бр.5 и 6 од учебникот.

Завршен дел (10мин) Вежби бр.7 и 8. Учениците го слушаат и повторуваат дијалогот, а потоа по дадениот модел си прават свои дијалози кои во парови ги презентираат пред одделението.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, аудио-лингвален метод, метод на комуникација, метод на практична работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со општество (транспортни средства)

Додатна активност Наставникот запишува неколку речаници на македонски јазик на таблата , а учениците ги преведуваат истите на англиски јазик (на пр. Јас сум наставник-I’m a teacher , Ти си Марија-You’re Marija.)

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, читање,превод, учество во дијалози), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги употребуваат формите на глаголот “сум” во Present Simple Tense.

Рефлексија на часот Учениците ја разбраа употребата на глаголот “сум” во Present Simple Tense и правилно ги применуваа соодветните форми од истиот глагол. Кај дел од учениците беа забележани потешкотии при решавањето на вежбите поради недоволно увежбаните лични заменки. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.3- Сообраќајни средства!Наставна единица 6. Вежби- слушање со разбирање на краток текстДатум 21.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на новите зборови и на граматичките структури од оваа тема

да го разбере слушнатиот текст од аудиозаписот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги прашува учениците како ги прославуваат нивните родендени и дали за нивните родендени добиваат роденденски картички во кои се напишани честитки за нивниот роденден. Потоа, од учениците бара да му кажат што најчесто пишува во роденденските честитки.

Главен дел (20 мин) Вежба бр. 1. Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници и им објаснува дека сега ќе слушнат еден краток текст, а потоа треба да одговорат на поставените прашања поврзани со текстот. Наставникот го пушта аудиозаписот, а учениците внимателно слушаат. Наставникот поставува неколку прашања поврзани со текстот за да направи увид во разбирањето на текстот од страна на учениците. Потоа, учениците повторно го слушаат и го читаат текстот од нивните учебници. Учениците ги читаат прашањата од вежба бр.2 и ги запишуваат нивните одговори во тетратките. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. наставникот го пушта аудиозаписот, а учениците го слушаат и ги дополнуваат слушнатите искази. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, метод на комуникација, метод на практична работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

Додатна активност Учениците пишуваат роденденска картичка до некое нивно другарче. Потоа, ги претставуваат нивните изработки пред останатите во одделението.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, слушање со разбирање, читање, пишување), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го разбираат слушнатиот текст од аудиозаписот и даваат соодветни одговори на поставените прашања.

Рефлексија на часот Учениците го разбраа слушнатиот аудиозапис и соодветно одговорија на прашањата кои им беа поставени. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии при решавањето на вежбите, иако на мал дел од учениците им беше потребна помош. Сите ученици учествуваа во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.3- Сообраќајни средства!Наставна единица 7. Игра и песничка “Happy birthday!”Датум 28.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба содржините од оваа тема преку игра и песничка да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Со употреба на флеш карти наставникот бара од учениците да ги именуваат клучните поими од оваа темакои беа поучувани во текот на претходните часови.

Главен дел (20 мин) Наставникот на таблата запишува неколку реченици во кои учениците треба да ги вметнат глаголските форми “there is/there are” и формите на глаголот “сум” во Present Simple Tense.Наставникот дава инструкции како се игра играта и го чита дадениот пример. Потоа, учениците ја играат играта.Наставникот ја пушта песничката за учениците да ја слушнат, а потоа и да се обидат да ја пеат. Учениците ја слушаат песничката повеќе пати.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче-работен лист со транспортни средства. Учениците ги поврзуваат сликите со соодветните зборови, односно го заокружуваат точниот збор за дадената слика.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на игра, метод на песна, метод на комуникација, метод на практична работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Во мали групи, учениците ја изведуваат песничката. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, учество во игра, пеење на песничка), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Очекуван исход Учениците учествуваа во играта и во изведбата на песничката.Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

Рефлексија на часот Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а особено интересна им беше играта. Не беа забележани потешкотии во текот на часот, а целите беа постигнати. Поголемиот дел од учениците точно ги имаат решено вежбите од наставното ливче, а кај мал дел има по неколку грешки што е доста солиден резултат.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.3- Сообраќајни средства!Наставна единица 8. Потсетување на содржините од тема бр.3Датум 28.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги утврди своите познавања на содржините од тема бр. 3 да работи самостојно при решавање на вежбите

Фази на часот АктивностиВоведен дел (8 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на

клучните зборови , на примената на безличните глаголски форми “there is/there are”, и на формите на глаголот “сум” во Present Simple Tense. Потоа, наставникот дистрибуира копии од тест и дава објаснување за начинот на решавање на вежбите од тестот.

Главен дел (30 мин) Учениците ги разгледуваат вежбите од тестот и ги решаваат истите. Доколку учениците имаат некои прашања поврзани со тестот, наставникот дава одговор на истите. Наставникот ги потсетува учениците дека треба самостојно да ги решаваат вежбите од тестот.

Завршен дел (2 мин) Откако ќе завршат со решавање на вежбите од тестот, учениците ги вражаат тестовите кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.

Наставни средства и помагала

табла, креда, флеш карти, тест и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на тест, метод на комуникација, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (именување познати поими), усни одговори на прашања од наставникот, тест, бодовна скала, писмена повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците самостојно ги решаваат вежбите од тестот.

Рефлексија на часот Учениците самостојно ги решаваа вежбите од тестот и не беа забележани некои потешкотии во текот на часот. Според направената анализа на резултатите од истиот, може да се каже дека усвоеноста на содржините од оваа тема е добра.

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: дневни подготовки-4то одд.-тема 3

Наставник: Билјана Влахова Крадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово