Функција на мускулните клетки

Post on 16-Jun-2015

965 views 9 download

description

СКЕЛЕТНО – МУСКУЛНА ИНТЕРАКЦИЈА МУСКУЛНА КОНТРАКЦИЈА ВИДОВИ МУСКУЛНИ КОНТРАКЦИИ МУСКУЛНА СИЛА МУСКУЛНА РАБОТА ЗОШТО МУСКУЛИТЕ СЕ ЗАМОРУВААТ?

Transcript of Функција на мускулните клетки

ФУНКЦИЈА НА МУСКУЛИТЕ

1. Мускулите кои учествуваат во свиткувањето на зглобот се мускулни флексори = превиткувачи на зглобот (мускулите на предната страна на раката, кога бицепсот е стегнат, зглобот се свиткува и подлакотот се подигнува).

2. Мускулите кои овозмoжуваат исправање на зглобот се наречени екстензори.

СКЕЛЕТНО – МУСКУЛНА ИНТЕРАКЦИЈАСКЕЛЕТНО – МУСКУЛНА ИНТЕРАКЦИЈА

3. Антагонистите се мускули кои истовремено вршат спротивни движења.Пр: мускулите на предната и на задната страна на надлакотот истовремено вршат спротивни движења.

4. Синергистите истовремено се движат во иста насока (два или повеќе мускули предизвикуваат едно движење).

Пр: мускулите на предната страна на надлакотот и подлакотот, при превиткување на раката.

• Саркомерите се контрактилни единици во чија структура влегуваат контрактилните протеини (актин и миозин).

МУСКУЛНА КОНТРАКЦИЈАМУСКУЛНА КОНТРАКЦИЈА

• Движењето на мускулите е последица на контракција и релаксација на саркомерите.

• При релаксација се оддалечуваат актин филаментите, со што мускулното влакно се издолжува.

• Актин филаментите се лизгаат врз миозин филаментите, со што при контракција се скусува мускулното влакно.

• Контракцијата на скелетната мускулатура се објаснува со теоријата на лизгање на филаментите.

• Контракциите на мускулите се стимулираат со импулси кои доаѓаат од черепниот и ‘рбетниот мозок и од вегетативниот нервен систем.

• Телото на човекот содржи околу 250 милиони мускулни клетки и околу 420 илјади нервни клетки.

Пр: моторниот нерв надразнува 650 мускулни влакна во ногата.• Секој мускул за да се контрахира треба да

прими нервен импулс од централниот нервен систем.

ВИДОВИ МУСКУЛНИ КОНТРАКЦИИВИДОВИ МУСКУЛНИ КОНТРАКЦИИ

• Во зависнот од тоа колку нервни импулси доаѓаат до мускулот, тој може да извршува два типа на мускулни контракции:

А) поединечните мускулни контракции – вршат мускули до кои доаѓа еден нервен импулс и кај кои по примената дразба мускулот еднаш се контрахира и релаксира.

-Кај скелетните мускули брзината на контракцијата изнесува неколку милисекунди (ms), па затоа се именуваат како брзи мускули.-Кај висцеларните мускули, движењата се бавни и може да трае и до 100 ms, од каде им доаѓа името бавни мускули. Пр: мускулите на цревата (со бавни контракции ја буткаат храната од желудникот кон аналниот отвор).

Б) сложени контракции = тетанусДо скелетниот мускул доаѓаат, едноподруго, повеќе импулси, така што секој следен импулс дејствува пред да заврши претходниот.-Тетанусот е сложена мускулна контракција која настанува со зачестени нервни стимулации, кои го држат подолго време мускулот згрчен.

-Со тоа контракцијата трае подолго и се развива четири пати поголема мускулна сила.

-Ако временското растојание меѓу дразбите е подолго и следната дразба доаѓа во моментот кога мускулот е опуштен, тогаш ќе дојде до непотполн тетанус (т.н. назабен тетанус).

-Кај човек, за да се постигне целосен тетанус, потребно е до мускулот да стигнат 40 зачестени дразби во една секунда.

-Тетанусната контракција по 15-20 секунди почнува да опаѓа, како резултат на појавата на замор на мускулите.

• Максималната мускулна сила е максималната тежина што мускулот може да ја подигне.

• Апсолутната мускулна сила се дефинира како однос меѓу максималната сила на мускулите што се развива на површина од 1см2.

се изразува во килограми (kд) или њутни (N), а се мери со динамометар.

силата на мускулот зависи од бројот на мускулните влакна, како и од увежбаноста на мускулите.

МУСКУЛНА СИЛАМУСКУЛНА СИЛА

МУСКУЛНА РАБОТАМУСКУЛНА РАБОТА

• Скелетните мускули и во услови на мирување се во постојан тонус (згрчени). Во зависност од мускулната активност, тие извршуваат:

А) ДИНАМИЧКА РАБОТА – како мускулите на екстремитетите кога се во движење при кои учествуваат цела група на мускули. Притоа, мускулите ја менуваат својата должина, а тонусот останува непроменет. Овој тип на контракција на скелетните мускули се нарекува изотонична контракција.

- При динамичка работа мускулите побавно се заморуваат, мускулите се снабдуваат со потребната енергија за работа и се забрзува елиминирањето на непотребните продукти од метаболизмот.

Б) СТАТИЧКА РАБОТА – вршат мускулите кои го држат телото во исправена положба, во услови на мирување (стоење на едно место) или седење.

-Изометриска контаркција се врши во услови на мирување, при што се менува тонусот на мускулите, а должината е непроменета (на пример: мускулите на вратот кои ја држат главата исправено при гледање на телевизија, работа на компјутер, читање и сл.).

-Овие мускули во услови на мирување, седење или држење на исправена положба, брзо се заморуваат, заради притисокот што го вршат мускулите врз крвните садови и го забавуваат протокот на крвта низ нив.

• ЗАМОР = привремено намалување на работната способност на некои мускули или на целиот организам.

• Кога ќе настапи заморот, зависи од работоспособноста на човекот, кондицијата и тежината на работата.

• Заморот најчесто настанува како последица на физички напор, но се манифестира и врз активноста на ЦНС, што се забележува низ бројни манифестации: забавени рефлексни движења, потешко помнење, намалена концентрација, зголемена нервна напнатост, мускулна слабост и исцрпеност.

ЗОШТО МУСКУЛИТЕ СЕ ЗАМОРУВААТЗОШТО МУСКУЛИТЕ СЕ ЗАМОРУВААТ

Причини за појава на замор:

А) замор на нервните центри кои постојано испраќаат наредби за соодветни движења на мускулите;

Б) хемиските промени на ткивата и крвта, како последица на натрупување на млечна и фосфорна киселина и СО2 во мускулите;

В) осиромашување на мускулните клетки со гликоген, кој е основен извор на обезбедување со енергија во активните ткива и др.

Кога човекот е заморен, многу почесто греши во работата.