Vospitanie Za Okolinata Temi 1, 2, 3, 4

58
Тематско – процесно планирање за наставата по Воспитание за околината за VII одделение Тема бр. 1 Почвата во одржливиот развој на заедницата / 17 часа Реден бр. на час Структура на темата 1 Вовед – Почвата наше богатство 1 нед. IXм 2 Функции на почвата 2 нед. IXм 3 Проблеми и закани за почвата 2 нед. IXм 4 Проблеми со почвата во Македонија 3 нед. IXм 5 Примери за заштита квалитетот на почвата 3 нед. IXм 6 Почвата наше богатство – видео клип 4 нед. IXм 7 Дефинирање тема за истражување и формулирање на целите 4 нед. IXм 8 Изработување план за истражување 5 нед. IXм 9 Истражување 5 нед. IXм 10 Истражување 1 нед. 11 Истражување 1 нед. 12 Истражување 2 нед. 13 Средување и анализа на податоците од истражувањето 2 нед.

Transcript of Vospitanie Za Okolinata Temi 1, 2, 3, 4

Тематско – процесно планирање за наставата по Воспитание за околината за VII одделение

Тема бр. 1 Почвата во одржливиот развој на заедницата / 17 часа

Реденбр. на час

Структура на темата

1 Вовед – Почвата наше богатство 1 нед. IXм

2 Функции на почвата 2 нед. IXм

3 Проблеми и закани за почвата 2 нед. IXм

4 Проблеми со почвата во Македонија 3 нед. IXм

5 Примери за заштита квалитетот на почвата 3 нед. IXм

6 Почвата наше богатство – видео клип 4 нед. IXм

7 Дефинирање тема за истражување и формулирање на целите 4 нед. IXм

8 Изработување план за истражување 5 нед. IXм

9 Истражување 5 нед. IXм

10 Истражување 1 нед. Xм

11 Истражување 1 нед. Xм

12 Истражување 2 нед. Xм

13 Средување и анализа на податоците од истражувањето 2 нед. Xм

14 Изработка на проект 3 нед. Xм

15 Презентација на проектот 3 нед. Xм

16 Почва – дилема игра 4 нед. Xм

17 Систематизација 4 нед. Xм

Цели:

Ученикот/ученичката:- Да ја разбира улогата на почвата како животна средина за одржлив развој на заедницата;- Да го разбира економското значење од обработувањето на почвата и одгледување на определени

видови растенија за одржливиот развој на локалната заедница;- Да се запознава со изворите и причините за загадување на почвата и начините за справување со

загадување на почвата;- Да се оспособува да учествува во едноставно истражување за улогата на почвата во одржливиот

развој на заедницата;- Да ги цени различните функции кои почвата ги има во природата;- Да развива интерес за вклучување во активностите за зачувување и заштита на почвата;- Да се оспособува да користи различни извори на знаење;- Да учествува во изработка на план за истражување, прибирање, средување и анализа на

податоците од истражувањето;- Да учествува во изработка на приказ од истражувањето и во презентација на приказот, со

донесување свои заклучоци од истражувањето;- Да ги прошири и продлабочи знаењата за почвата како животна средина, нејзините функции,

можните извори на загадување и нејзината улога во одржливиот развој на заедницата.

Час бр.1 Наставна содржина Вовед – Почвата наше богатство

Цели на часот бр. 1 Ученикот/ученичката:

- Да го свати значењето на почвата како животна средина;- Да разликува и да набројува биолошки заедници кои живеат во почвата, врз основа на

илустрации;- Да го разбере процесот на формирање на почвата;- Да разликува различни видови почва зависно од нивните физички, хемиски и биолошки

својства;- Да ја свати почвата како приемник на сите видови загадувачки материи и како личен имот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД, ДВД; компјутер, илустрации, слики, енциклопедии, списанија, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 1- Објаснување за почвата како животна средина; - Запознавање на учениците со карактеристиките на различните видови почва;- Опишување на процесот на формирање на почва и следење на ЦД - презентации;- Читање текстови од енциклопедии;- Набројување на животни кои живеат во почвта по дадени илустрации;- Прикажување видео запис - Почвата наше богатство;- Дискусија;- Пишување план и цртање во истражувачкиот дневник.

Час бр. 2 Наставна содржина

Функции на почвата

Цели на часот бр. 2 Ученикот/ученичката:

- Да стекне знаење за различните функции на почва;- Да ги набројува и објаснува функциите на почвата со следење на ЦД презентации;- Да ги набројува суровините кои се добиваат од почвата;- Да ја свати почвата како филтер и ублажувач; колевка на историско минато, генетски резервоар.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД; компјутер, слики, енциклопедии, прирачник по Биологија, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 2- Запознавање на учениците со различните функции на почвата;- Следење ЦД презентации со поединечно објаснување на функциите на почвата;- Читање текстови од енциклопедии, прирачници;- Дискусија;- Дебатирање на одделни прашања;- Бележење белешки, пишување план и цртање во истражувачкиот дневник.

Час бр.3 Наставна содржина Проблеми и закани за почвата

Цели на часот бр. 3 Ученикот/ученичката:

- Да стекне знаење како настанува деградација на почвата;- Да ги набројува проблемите и заканите за почвата;- Да објаснува како настанува ерозија на почвата, закиселување(ацидификација);- Да набројува и именува поголеми класи на загадувачи на воздухот;- Да дискутира за ефектите на киселиот дожд, загадувањето на почвата со различни загадувачи;- Да дискутира за последиците од загадувањето.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД; компјутер, слики, енциклопедии, илустрации, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 3- Запознавање на учениците со процесот на деградација на почвата;- Објаснување на најекстремните процеси на деградација(ерозија, закиселување, загадување,

набивање, засолување;- Набљудување илустрации, слики;

- Следење на ЦД презентации;- Дискусија;- Бележење белешки, пишување план во истражувачкиот дневник.

Час бр. 4 Наставна содржина Проблеми со почвата во Македонија

Цели на часот бр. 4 Ученикот/ученичката:

- Да се запознае дека во РМ постојат повеќе видови почва;- Да стекне знаење за продуктивните почви на територијата на РМ;- Да набројува и именува почвени типови и проблеми;- Да дискутира за обработливото земјиште во РМ.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД; компјутер, слики, илустрации, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 4

- Запознавање на учениците со различните типови почва во РМ;- Следење ЦД презентации;- Објаснување за продуктивните почви на територијата на РМ;- Дискусија за обработливата почва во РМ;- Дебатирање на одделни прашања;- Бележење белешки, пишување план и цртање во истражувачкиот дневник.

Час бр. 5 Наставна содржина Примери за заштита квалитетот на почвата

Цели на часот бр. 5 Ученикот/ученичката:

- Да спознае некои примери за заштита на почвата;- Да стекне знаење за програмите за органско производство;- Да дискутира и објаснува за контролираната употреба на хемиски средства, отстранувањето на

тешките метали; - Да се запознае со законската регулатива за заштита на почвата и контрола на загадувањето на

почвата.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД; компјутер, слики, илустрации, списанија, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 5- Запознавање на учениците со примери за заштита на почвата;- Објаснување на процесот на органско производство;- Следење ЦД презентации;- Дискусија за контролираната употреба на хемиски средства, отстранувањето на тешките метали; - Запознавање на учениците со законите за заштита на почвата и контрола на загадувањето на

почвата;- Набљудување илустрации, слики;- Бележење белешки, пишување план во истражувачкиот дневник.

Час бр. 6 Наставна содржина Почвата наше богатство – видео клип

Цели на часот бр. 6 Ученикот/ученичката: Следејќи го видео клипот

- Да види и утврди како се формира почвата;- Да ги утврди функциите на почвата;- Да ги утврди најголемите закани за почвта.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ДВД; компјутер, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 6

- Следење на ДВД клипот;- Дискусија по завршената проекција;- Разменување на мислења, идеи за заштита на почвата;- Бележење белешки во истражувачкиот дневник и запишување индивидуални заклучоци.

Час бр. 7 Наставна содржина Дефинирање тема за истражување и формулирање на целите

Цели на часот бр. 7 Ученикот/ученичката:

- Преку бура на идеи да даде свој предлог за тема за истражување, согласно со својот интерес;- Да учествува во „ методот на точки „ за избор на тема за истражување;- Да учествува во опис на општата(главната) цел на истражувањето;- Да ги дефинира конкретните цели.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 7- Инструкции за текот на часот;- Бура на идеи – предлози за тема за истражување;- Дефинирање на темата со „ методот на точки „ - Дефинирање и запишување на главната цел и конкретните цели.

Час бр. 8 Наставна содржина Изработување план за истражување

Цели на часот бр. 8 Ученикот/ученичката:

- Да се определи во која истражувачка група ќе работи;- Да ја прифати одговорноста за својата улога во тимот;- Да ги прецизира и запише конкретните цели кои ќе бидат предмет на негово истражување;- Да ја знае и почитува улогата на другите членови и да учествува во избор на лидер на тимот;- Да изработи индивидуален план за истражување, со прецизирање на целта, изворите на

информации, одредување на временската рамка и можните соработници;- Да координира со лидерот и другите членови во тимот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, индивидуален план за истражување, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 8

- Инструкции за текот на часот;- Поделба на учениците во групи;- Поделба на улоги и избор на лидер;- Изработка на индивидуален план за истражување, дефинирање на конкретните цели и задачи,

набројување на можните извори на информации,можните соработници и одредување временски рокови;

- Планирање на активностите.

Час бр. 9, 10, 11, 12 Наставна содржина Истражување

Цели на часовите бр. 9, 10, 11, 12 Ученикот/ученичката:

- Да учествува во сите фази на истражувањето;- Да користи информации од различни извори(книги, енциклопедии, списанија, прирачници,

интернет, теренска работа и др.)- Да ги бележи своите активности и фазите на истражување;

- Да координира со наставникот и членовите на тимот;- Да биде централна личност во процесот на учење;- Да биде одговорен за своето напредување;- Да развива вештини за донесување одлуки и критичко мислење;- Да презема иницијативи и да ја развива својата креативност и компетентност за акција.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, компјутер, интернет, слики, илустрации, списанија, прирачници, книги, истражувачки дневник, индивидуален план, прибор за теренска работа, училишен прибор, документарни филмови, фото апарат.

Активности на часовите бр. 9, 10, 11, 12 - Прибирање информации;

- Користење енциклопедии, книги, списанија, прирачници;

- Гледање документарни филмови;

- Презентација на истражените содржини;

- Теренска работа;

- Фотографирање, документирање на терен;

- Разговори, интервјуа со компетентни личности и институции;

- Водење истражувачки дневник;

- Бележење на новооткриените сознанаија;

- Координирање со наставникот и членовите на тимот;

- Дискусија;

- Дебатирање;

- Размена на искуства и знаења.

-

Час бр. 13 Наставна содржина Средување и анализа на податоците од истражувањето

Цели на часот бр. 13 Ученикот/ученичката:

- Ги селектира содржините до кои дошол/ла при истражувањето;- Ги анализира добиените податоци од теренската работа;- Врши табеларен и графички приказ;- Ги анализира и средува извршените интервјуа ;- Координира со лидерот и другите членови во тимот;- Врши подредување на содржините и се подготвува за изработка на проект.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, компјутер, интернет, слики, илустрации, списанија, прирачници,

книги, истражувачки дневник, индивидуален план, прибор за теренска работа, училишен прибор, документарни филмови, фотографии.

Активности на часот бр. 13

- Селектирање на содржините;- Анализа на добиените податоци од теренската работа;- Табеларно и графичко прикажување на податоците;- Анализа и дискусија за направените интервјуа;

- Подредување на содржините и подготовка за изработка на проект.

Час бр. 14 Наставна содржина Изработка на проект

Цели на часот бр. 14 Ученикот/ученичката:

- Активно учествува во изработка на проектот;- Дава свои идеи и предлози во креирање на проектот, почитувајќи ги и другите;- Соработува со членовите во тимот и со другите тимови;- Учествува во дискусија, дава свои објаснувања и донесува заклучоци.- Презема иницијативи и ја развива својата креативност и компетентност за акција.

Наставни средства Компјутер, слики од списнија, од интернет, направени фотографии при истражувањето, информаци од истражувањето, хамер, фломастери, маркери, А 4 листови во боја, различен креативен материјал, истражувачки дневник, табели и графици со резултати.

Активности на часот бр. 14- Поделба на задолженија за изработка на проектот;

- Електронско средување на содржините и резултатите од истражувањето, фотографиите, табелите, графиците, интервјуата( прва група);

- Подредување на содржините од истражувањето на хамер, лепење фотографии, табели, графици(втора група);

- Креативно уредување на проектот;

- Подготовка за презентација.

Час бр. 15 Наставна содржина Презентација на проектот

Цели на часот бр. 15 Ученикот/ученичката:

- Учествува во презентација на проектот;- Врши објаснување на резултатите од истражувањето, на графичкиот приказ;- Координира со членовите во тимот и со другите тимови;- Учествува во дискусија;- Ја оценува успешноста на истражувањето.

Наставни средства Компјутер, ЛЦД проектор, изработен проект, слики, графици, табели, истражувачки дневник.

Активности на часот бр. 15- Презентација на содржините, табелите, резултатите од истражувањето вклучени во проектот;- Дискусија за презентацијата (добри и лоши страни);- Дискусија за темата на истражување, за спроведените активности;- Оценување на успешноста во истражувањето и прикажување на резултатите.

Час бр. 16 Наставна содржина Почва – дилема игра

Цели на часот бр. 16 Ученикот/ученичката:

- Да се поттикнува да ги прошири знаењата за важноста на почвата во одржливиот развој на заедницата;

- Да се оспособува да ги увидува еколошките проблеми и начините за нивно надминување;- Да ги предвидува условите и последиците од загрозувањето на почвата;- Да развива интерес за вклучување во активностите за зачувување и заштита на почвата.

Наставни средства Дилема игра – зелен пакет, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 16- Распоредување на учениците во круг или во групи;- Бирање лидер кој извлекува картичка со дилема игра;- Лидерот на глас ја чита дилемата и понудените можни одговори;- Дискусија во групите за понудените одговори;- Избирање на еден од можните одговори како решение што ќе се примени во решавање на

проблемот;- Лидерот на глас го чита избраното решение со објаснување зошто групата го избрала токму тоа;- Дискусија и размена на мислења меѓу групите.

Час бр. 17 Наставна содржина Систематизација

Цели на часот бр. 17 Ученикот/ученичката:

- Да дефинира и да објаснува што е почва; кои се почвени слоеви;- Да знае да ги објасни нивните основни карактеристики;- Да го објаснува процесот на формирање на почвата;- Да ги разликува, препознава и набројува живи организми кои живеат во почвата; - Да ги набројува и објаснува функциите на почвата;- Да ги набројува суровините кои се добиваат од почвата;- Да знае да објасни зошто почвата е филтер и ублажувач; колевка на историско минато, генетски

резервоар.- Да дискутира за проблемите и заканите за почвата;- Да објаснува како настанува ерозија на почвата, закиселување(ацидификација);- Да набројува и именува поголеми класи на загадувачи на воздухот;- Да дискутира за ефектите на киселиот дожд, загадувањето на почвата со различни загадувачи;- Да дискутира за последиците од загадувањето;- Да објаснува за продуктивните почви и обработливата почва на територијата на РМ;

- Да набројува примери за заштита на почвата и да дава свои идеи;

- Да даде свој осврт за постигањата од истражувањето.

Наставни средства Слики, цртежи, шеми, подготвени прашања, енциклопедии, списанија, проект.

Активности и методи на оценување

Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (шеми,прашања,графички организери )со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.

Наставникот води белешки за активноста на ученикот,неговото учество во истражувањето,неговата креативност,редовност и истрајност, теренската и проектна работа, писмените извештаи како и соработката во групата:Во текот на часот како и во текот на сите претходни часови наставникот дава усна повратна информација и врши формативно оценување

Констатација од реализацијата на темата Се утврдува колку се реализирани наставните часови, дали била постигната целта на часовите, дали се потребни промени во начинот на реализирање на наставните содржини, колкав е степенот на совладани знаења кај учениците, како и колкава е оспособеноста на учениците да спроведуваат истражување, да подготвуваат писмени извештаи; графички да ги прикажуваат резултатите, да презентираат и одговорно да се однесуваат кон природата.

ГОДИШНО ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ ЗА НАСТАВАТА ПО

ВОСПИТАНИЕ ЗА ОКОЛИНАТА – VII

учебна 2010/2011

професор Емилија Василева – Чоловиќ

Ред.брна тема Наставни теми

Нова наставна единица

Вежби Истражување Систематизација

Вкупн.Време

за реализа

ција

1 Почвата во одржливиот

развој на заедницата

4 3 9 1 17 IX, X

2 Водата во одржливиот

развој на заедницата

5 6 10 1 22 XI,

XII, , I , II-1 недела

3Изработка на

еколошки ѕиден весник и

еколошка манифестација

2 7 7 1 17II-2

недела, III, IV-

2 недела

4Штедење на

природни суровини

5 4 7 1 17IV-3

недела,V, VI

Тема бр. 2 Водата во одржливиот развој на заедницата / 22 часа

Реденбр. на час

Структура на темата

1 Вовед – Водата суштина на животот, карактеристики на водата 1 нед. XIм 2 Хидролошки циклус на вода 1 нед. XIм 3 Солени (морски) и слатки води – наставно ливче 2 нед. XIм 4 Слатки води – видео запис 2 нед. XIм

6 Влијание на човекот врз водата – Загадување на водата 3 нед. XIм 6 Извори на загадување на вода 3 нед. XIм 7 Како да ја заштитиме водата во домаќинствата од контаминација 4 нед. XIм 8 Филтрација на отпадни води од домаќинствата - обид 4 нед. XIм 9 Фази на пречистување на отпадни води(вежби) 1 нед.

XIIм 10 Како да заштедиме вода во домот(вежби) 1 нед.

XIIм 11 Заштеда на вода во домовите – наставно ливче 2нед. XIIм 12 Дефинирање тема за истражување и формулирање на целите 2 нед.

XIIм 13 Изработување план за истражување 3 нед.

XIIм 14 Истражување 3 нед.

XIIм 15 Истражување 4 нед.

XIIм 16 Истражување 4 нед.

XIIм 17 Истражување 5 нед.

XIIм

18 Средување и анализа на податоците од истражувањето 5 нед. XIIм

19 Изработка на проект 4 нед. Iм

Презентација на проектот 4 нед. Iм

21 Вода – дилема игра 1 нед. IIм

22 Систематизација 1 нед. IIм

Цели: Ученикот/ученичката:

- Да го разбира значењето на водата за одржлив развој на заедницата;- Да го разбира значењето и улогата на водата како животна средина, природните извори на вода,

состојбата на водата, водата за пиење;- Да се запознава со изворите и причините за загадување на водата и начините за справување со

загадувањето на водата;- Да се поттикнува да развива навики за штедење на водата;- Да се оспособува да учествува во едноставно истражување за улогата на водата во одржливиот

развој на заедницата;- Да развива интерес за вклучување во активностите за зачувување и заштита на водата од

загадување;- Да се оспособува да користи различни извори на знаење;- Да учествува во изработка на план за истражување, прибирање, средување и анализа на

податоците од истражувањето;- Да учествува во изработка на приказ од истражувањето и во презентација на приказот, со

донесување свои заклучоци од истражувањето;- Да ги прошири и продлабочи знаењата за водата како животна средина, нејзината примена,

можните извори на загадување и нејзината улога во одржливиот развој на заедницата.

Час бр.1 Наставна содржина Вовед – Водата суштина на животот, карактеристики на водата

Цели на часот бр. 1 Ученикот/ученичката:

- Да го свати значењето на водата како животна средина;- Да разликува и да набројува биолошки заедници кои живеат во водата, врз основа на илустрации;- Да го разбере значењето и улогата на водата како еколошки фактор и како основен ресурс за

потребите на човекот;- Да знае да објасни зошто Земјата се вика уште Сина планета;- Да се запознае со распределбата на слатките и солени води на Земјатa;- Да ги научи основните карактеристики и својства на водата(агрегатна состојба, растворливост,

капиларна активност, површински напон и др.) и да може да дискутира за нивната примена во секојдневниот живот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД, ДВД; компјутер, илустрации, слики, енциклопедии, списанија, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 1- Бура на идеи – водата како основен ресурс за живот; - Дискусија за еколошкото значење на водата;- Следење на ЦД презентации за карактеристики на вода, распределба на водите на Земјата;- Читање текстови од енциклопедии;- Набројување на животни кои живеат во водата по дадени илустрации;

- Примена на својствата на водата во секојдневниот живот – сикусија со конкретни примери;

- Пишување план во истражувачкиот дневник.

Час бр. 2 Наставна содржинаХидролошки циклус на вода

Цели на часот бр. 2 Ученикот/ученичката:

- Да стекне знаење за староста на водата;- Да научи како се одвива водениот циклус во природата;- Да ја свати важноста на кружењето на водата во секојдневниот живот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД; компјутер, слики, енциклопедии, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 2- Дискусија – како и кога настанала водата на Земјата;- Следење ЦД презентација за хидролошкиот циклус на Земјата;;- Дискусија- зошто е важно кружењето на водата во природата;- Пишување план и цртање на хидролошкиот циклус во истражувачкиот дневник.

Час бр.3 Наставна содржина Солени (морски) и слатки води – наставно ливче

Цели на часот бр. 3 Ученикот/ученичката:

- Да научи колкав процент од површината на земјата зафаќаат слатките, а колкав процент солените води;

- Да може да ги објасни сличностите и разликите помеѓу слатката и солената вода;- Да знае да набројува зошто може да се користи слатката и солената вода;- Да дискутира за различни загадувачи кои може да ги загадат овие два вида вода и за

последиците од загадувањето;- Да ја согледа важноста од заштита на водата од загадување.

Наставни средства

Зелен пакет – прирачник, наставно ливче, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 3- Поделба на на наставни ливчиња на учениците;- Објаснување и инструкции за работа;- Следење на активноста на учениците и координирање на работата;- Презентација на одговорите од наставните ливчиња ;- Дискусија и донесување заклучок.

Час бр. 4 Наставна содржина

Слатки води – видео записЦели на часот бр. 4 Ученикот/ученичката:

- Да научи зошто е важна чистата вода и зошто ни треба;- Да се запознае колку вода ни треба во секојдневниот живот – за лични потреби и во

индустријата;- Да ги увиде последиците од неправилно третирање на отпадна вода;- Да стекне знаења дали има доволно водаи и кои болести се последица од користење на загадена

вода;- Да ја согледа важноста од правилно управување со водата и да размислува на кој начин може да

допринесе за заштита на водата од загадување и за заштеда на водата.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД; компјутер, слики, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 4

- Инструкции за текот на часот;- Следење на видео запис – Слатки води;- Дискусија;- Дебатирање на одделни прашања;- Донесување заклучок и запишување во истражувачкиот дневник.

Час бр. 5 Наставна содржина Влијание на човекот врз водата – Загадување на водата

Цели на часот бр. 5 Ученикот/ученичката:

- Да спознае на кој начин човекот со своето однесување влијае на водата;- Да може да наведува примери за позитивен и негативен однос на човекот кон водата;- Да дискутира и објаснува за големата потреба и примена на водата во секојдневниот живот; - Да наведува примери како водата се користи во земјоделството, во индустријата, за лични

потреби на човекот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, слики, илустрации, списанија, истражувачки дневник,училишен прибор.

Активности на часот бр. 5

- Бура на идеи – каде човекот ја користи водата;- Примери за примена на водата во земјоделството, индустријата, за лични потреби на човекот;- Наведување лични примери за односот кон водата;- Дискусија за позитивен и негативен однос на човекот кон водата ; - Набљудување илустрации, слики, читање текстови од списанија;- Дискусија и образложенија како човекот ја загадува водата;- Заклучок и пишување план во истражувачкиот дневник.

Час бр. 6 Наставна содржина Извори на загадување на вода

Цели на часот бр. 6 Ученикот/ученичката:

- Да научи кои се извори на загадување на водата;- Да ги спознае последиците кои тие ги предизвикуваат врз водата;- Да може на дадени илустрации да ги пронајде изворите на загадување на водата и да дискутира

за нивното влијание.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД; компјутер, илустрации, слики, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 6- Бура на идеи;- Објаснување за извори на загадување на водата;- Следење на ЦД презентација;- Дискусија и размена на мислења по завршената презентација;- Извлекување заклучоци и запишување во истражувачкиот дневник.

Час бр. 7 Наставна содржина Како да ја заштитиме водата во домаќинствата од контаминација

Цели на часот бр. 7 Ученикот/ученичката:

- Да спознае на кој начин луѓето вршат контаминација на водата во домаќинствата;

- Да научи дека човечкиот отпад не претставува голема закана за природата;- Да научи дека современите хемиски средства за чистење и миење во домаќинствата се најголем

проблем за контаминација на водата;- Да се запознаат со некои стари начини(советите на баба ми) за чистење и миење во

домаќинствата;- Знаењата и искуствата понатаму да ги споделат со нивните родители и со најблиските.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, илустрации, слики, различни хемиски средства за чистење и миење во домаќинствата, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 7- Сесија за давање идеи – Како ја загадуваме водата во домот;- Дискусија и дебатирање по одделни прашања;- Објаснување за патот на водата од домаќинствата до канализационата мрежа;- Набљудување и анализа на составот на различни хемиски средства за чистење и миење во

домаќинствата;- Дискусија за нивното влијание врз водата;

- Разменување мислења – што користеле нашите баби порано за чистење и миење во домаќинствата;

- Извлекување заклучоци и запишување во истражувачкиот дневник.

Час бр. 8 Наставна содржина Филтрација на отпадни води од домаќинствата - обид

Цели на часот бр. 8 Ученикот/ученичката:

- Да научи како се врши механичко пречистување на отпадна вода;- Да симулира механичко пречистување на отпадна вода од домаќинствата; - Да илустрира создавање на отпадни води во домаќинствата со мешање на мали количини

средства за чистење, детергенти, талог од кафе, чај, водени бои и др.;

- Да го набљудува процесот и да донесе заклучок дали така прочистената вода може да се користи за пиење.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, пластични шишиња, песок, камења- ситни и покрупни, хемиски средства за чистење, детергенти, талог од кафе, чај, водени бои , стаклен или пластичен сад, вода, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 8

- Инструкции за текот на часот;- Подготовка на филтер за пречистување;- Илустрирање создавање на отпадни води во домаќинствата со мешање на мали количини

средства за чистење, детергенти, талог од кафе, чај, водени бои и др.;- Изведување на обидот – симулација на механичко пречистување на отпадна вода од

домаќинствата;- Набљудување и донесување заклучоци;- Запишување на заклучоците во истражувачкиот дневник.

Час бр. 9 Наставна содржина Фази на пречистување на отпадни води(вежби)

Цели на часот бр. 9 Ученикот/ученичката:

- Да се запознае дека водата за пиење од водоводот во домовите претходно поминува низ повеќекратен процес на пречистување во пречистителни станици;

- Да стекне знаење за фазите за пречистување на отпадни води;- Да научи како се одвива пречистувањето во секоја фаза;

- Да знае дека во селските и приградски области отпадните води од домаќинствата обично се испуштаат во септички јами.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД, комјутер, наставно ливче, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 9- Бура на идеи – Како стигнува водата во домовите;- Следење на ЦД презентација за фазите за пречистување на отпадни води;- Дискусија за секоја фаза;- Поделба на наставни ливчиња на учениците;- Дискусија и анализа на наставните ливчиња.

Час бр. 10 Наставна содржина Како да заштедиме вода во домот(вежби)

Цели на часот бр. 10 Ученикот/ученичката:

- Да се запознае дека светот се соочува со глобална водна криза;- Да се запознае дека околу милјарда луѓе немаат пристап до чиста вода и дека околу 2,5 милјарди

луѓе живеат во лоши санитарни услови;- Да се поттике да размислува и да ја сфати важноста од штедење вода;

- Да научи дека и мали промени на нашите секојдневни навики може да заштедат вода.

Наставни средства

Зелен пакет – прирачник, ЦД, компјутер, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 10- Бура на идеи – Како ја користиме водата во домот;- Демонстрирање на техника за миење на заби од страна на учениците;- Дискусија;- Импровизирање на техника за бричење;- Дискусија;- Следење на ЦД презентација(миење на заби) ;- Дискусија и извлекување заклучоци.

Час бр. 11 Наставна содржина Заштеда на вода во домовите – наставно ливче

Цели на часот бр. 11 Ученикот/ученичката:

- Да увиди како несовесното (неекономично) однесување на луѓето доведува до прекумерно трошење на водата, преку решавање математички проблеми;

- Да научи колку вода се троши годишно при неекономично однесување на луѓето кон водата ;- Да научи колку вода ќе се заштеди секоја година, доколку луѓето ги променат своите навики;

- Да дава свои предлози и идеи за поекономично користење на водата во домаќинствата.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, наставно ливче, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 11- Инструкции за текот на часот и за решавањето на наставното ливче;- Самостојно решавање на математичките проблеми од наставното ливче;- Презентација на резултатите од наставното ливче;

- Дискусија и извлекување заклучоци.

Час бр. 12 Наставна содржина Дефинирање тема за истражување и формулирање на целите

Цели на часот бр. 12 Ученикот/ученичката:

- Преку бура на идеи да даде свој предлог за тема за истражување, согласно со својот интерес;- Да учествува во „ методот на точки „ за избор на тема за истражување;- Да учествува во опис на општата(главната) цел на истражувањето;- Да ги дефинира конкретните цели.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 12

- Инструкции за текот на часот;- Бура на идеи – предлози за тема за истражување;- Дефинирање на темата со „ методот на точки „ - Дефинирање и запишување на главната цел и конкретните цели.

Час бр. 13 Наставна содржина Изработување план за истражување

Цели на часот бр. 13 Ученикот/ученичката:

- Да се определи во која истражувачка група ќе работи;- Да ја прифати одговорноста за својата улога во тимот;- Да ги прецизира и запише конкретните цели кои ќе бидат предмет на негово истражување;- Да ја знае и почитува улогата на другите членови и да учествува во избор на лидер на тимот;- Да изработи индивидуален план за истражување, со прецизирање на целта, изворите на

информации, одредување на временската рамка и можните соработници;- Да координира со лидерот и другите членови во тимот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, индивидуален план за истражување, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 13

- Инструкции за текот на часот;- Поделба на учениците во групи;- Поделба на улоги и избор на лидер;- Изработка на индивидуален план за истражување, дефинирање на конкретните цели и задачи,

набројување на можните извори на информации,можните соработници и одредување временски рокови;

- Планирање на активностите.

Час бр. 14, 15, 16, 17 Наставна содржина Истражување

Цели на часовите бр. 14, 15, 16, 17 Ученикот/ученичката:

- Да учествува во сите фази на истражувањето;- Да користи информации од различни извори(книги, енциклопедии, списанија, прирачници,

интернет, теренска работа и др.)- Да ги бележи своите активности и фазите на истражување;- Да координира со наставникот и членовите на тимот;

- Да биде централна личност во процесот на учење;- Да биде одговорен за своето напредување;- Да развива вештини за донесување одлуки и критичко мислење;- Да презема иницијативи и да ја развива својата креативност и компетентност за акција.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, компјутер, интернет, слики, илустрации, списанија, прирачници, книги, истражувачки дневник, индивидуален план, прибор за теренска работа, училишен прибор, документарни филмови, фото апарат.

Активности на часовите бр. 14, 15, 16, 17 - Прибирање информации;

- Користење енциклопедии, книги, списанија, прирачници;

- Гледање документарни филмови;

- Презентација на истражените содржини;

- Теренска работа;

- Фотографирање, документирање на терен;

- Разговори, интервјуа со компетентни личности и институции;

- Водење истражувачки дневник;

- Бележење на новооткриените сознанаија;

- Координирање со наставникот и членовите на тимот;

- Дискусија;

- Дебатирање;

- Размена на искуства и знаења.

Час бр. 18 Наставна содржина Средување и анализа на податоците од истражувањето

Цели на часот бр. 18 Ученикот/ученичката:

- Ги селектира содржините до кои дошол/ла при истражувањето;- Ги анализира добиените податоци од теренската работа;- Врши табеларен и графички приказ;- Ги анализира и средува извршените интервјуа ;- Координира со лидерот и другите членови во тимот;- Врши подредување на содржините и се подготвува за изработка на проект.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, компјутер, интернет, слики, илустрации, списанија, прирачници,

книги, истражувачки дневник, индивидуален план, прибор за теренска работа, училишен прибор, документарни филмови, фотографии.

Активности на часот бр. 18

- Селектирање на содржините;- Анализа на добиените податоци од теренската работа;- Табеларно и графичко прикажување на податоците;- Анализа и дискусија за направените интервјуа;

- Подредување на содржините и подготовка за изработка на проект.

Час бр. 19 Наставна содржина Изработка на проект

Цели на часот бр. 19 Ученикот/ученичката:

- Активно учествува во изработка на проектот;- Дава свои идеи и предлози во креирање на проектот, почитувајќи ги и другите;- Соработува со членовите во тимот и со другите тимови;- Учествува во дискусија, дава свои објаснувања и донесува заклучоци.- Презема иницијативи и ја развива својата креативност и компетентност за акција.

Наставни средства Компјутер, слики од списнија, од интернет, направени фотографии при истражувањето, информаци од истражувањето, хамер, фломастери, маркери, А 4 листови во боја, различен креативен материјал, истражувачки дневник, табели и графици со резултати.

Активности на часот бр. 19- Поделба на задолженија за изработка на проектот;

- Електронско средување на содржините и резултатите од истражувањето, фотографиите, табелите, графиците, интервјуата( прва група);

- Подредување на содржините од истражувањето на хамер, лепење фотографии, табели, графици(втора група);

- Креативно уредување на проектот;

- Подготовка за презентација.

Час бр. 20 Наставна содржина Презентација на проектот

Цели на часот бр. 20 Ученикот/ученичката:

- Учествува во презентација на проектот;- Врши објаснување на резултатите од истражувањето, на графичкиот приказ;- Координира со членовите во тимот и со другите тимови;- Учествува во дискусија;- Ја оценува успешноста на истражувањето.

Наставни средства Компјутер, ЛЦД проектор, изработен проект, слики, графици, табели, истражувачки дневник.

Активности на часот бр. 20- Презентација на содржините, табелите, резултатите од истражувањето вклучени во проектот;- Дискусија за презентацијата (добри и лоши страни);- Дискусија за темата на истражување, за спроведените активности;- Оценување на успешноста во истражувањето и прикажување на резултатите.

Час бр. Наставна содржина Вода – дилема игра

Цели на часот бр. 21 Ученикот/ученичката:

- Да се најде во улога на човек кој е одговорен за водоснабдувањето во градот;- Да се оспособува да ги увидува еколошките проблеми и начините за нивно надминување;- Да се поттикне критички да размислува и да се оспособува за изнаоѓање на најсодветно решение

за даден проблем;- Да развива интерес за вклучување во активностите за заштеда и заштита на водата од

контаминација.

Наставни средства Дилема игра – зелен пакет, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 21- Распоредување на учениците во круг или во групи;- Бирање лидер кој извлекува картичка со дилема игра;- Лидерот на глас ја чита дилемата и понудените можни одговори;- Дискусија во групите за понудените одговори;- Избирање на еден од можните одговори како решение што ќе се примени во решавање на

проблемот;- Лидерот на глас го чита избраното решение со објаснување зошто групата го избрала токму тоа;- Дискусија и размена на мислења меѓу групите.

Час бр. 22 Наставна содржина

Систематизација

Цели на часот бр. 22 Ученикот/ученичката:

- Да го применува стекнатото знаење за водата во одржлив развој на заедницата; - Да знае да го објасни значењето и улогата на водата како животна средина, природните извори на

вода, состојбата на водата, водата за пиење;- Да може да дискутира за изворите и причините за загадување на водата;- Да дава свои предлог идеи за заштита на водата од загадување;- Да нуди конкретни можни решенија за заштеда на вода во домовите;

- Да даде свој осврт за постигањата од истражувањето.

Наставни средства Слики, цртежи, шеми, подготвени прашања, енциклопедии, списанија, проект.

Активности и методи на оценување

При реализација на часовите на учениците систематски им се нагласуваат наставните цели и очекуваните исходи, како и критериумите според кои ќе бидат оценувани. Во текот на наставата наставникот води белешки за активноста и ангажираноста на учениците, нивното учество во истражувањето, нивната креативност, редовност и истрајност, самостојност во работата и донесување на логички заклучоци, теренската и проектна работа, писмените извештаи, како и соработката во групата. Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (шеми, прашања, контролна листа за оценување на образецот на проектен план на учениците, бодовна листа за оценување и спроведување на истражувањето, чек - листа за проверка на изведбени активности, прашалник за самооценување, чек- листа со скала за процена за оценување на усни презентации на учениците, холистичка листа за оценување на есеј и др. ) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето. Во текот на часот како и во текот на сите претходни часови наставникот врши оценување на дискусијата, дава усна повратна информација и врши формативно оценување. На крајот по обработката на темата наставникот врши и сумативно оценување.

Констатација од реализацијата на темата Се утврдува колку се реализирани наставните часови, дали била постигната целта на часовите, дали се потребни промени во начинот на реализирање на наставните содржини, колкав е степенот на совладани знаења кај учениците, како и колкава е оспособеноста на учениците да спроведуваат истражување, да подготвуваат писмени извештаи; графички да ги прикажуваат резултатите, да презентираат и одговорно да се однесуваат кон природата.

Тема бр. 3 Изработка на еколошки ѕиден весник и еколошка манифестација / 17 часа

Реденбр. на час

Структура на темата

1 Вовед – Екологија 2 нед. II м 2 Еколошко однесување 2 нед. II м 3 Прибирање содржини од Екологија 3 нед. II м 4 Прибирање содржини од Екологија, пишување есеи, текстови, песни 3 нед. IIм 5 Селектирање на содржините 4 нед. IIм 6 Изработка на еколошки ѕиден весник 4 нед. IIм 7 Изработка на еколошки ѕиден весник 1 нед. IIIм 8 Презентација на еколошки ѕиден весник 1 нед. IIIм 9 Дефинирање тема за истражување 2 нед. IIIм

10 Изработување план за истражување 2 нед. IIIм 11 Формирање анкетен лист – Чиста околина за здрав живот 3 нед. IIIм 12 Сумирање на резултатите од спроведената анкета 3 нед. IIIм 13 Анализа на резултатите од анкетата и приказ 4 нед. IIIм 14 Подготовка на драматизација – Да ја зачуваме планетата Земја 4 нед. IIIм 15 Драматизација – Да ја зачуваме планетата Земја 5 нед. IIIм 16 Дилема игра – Еколошко однесување 5 нед. IIIм 17 Систематизација 1 нед. IVм

Цели: Ученикот/ученичката:

- Да знае што е екологија и еколошко однесување;- Да прави разлика меѓу позитивен и негативен однос кон околината;- Да го разбира значењето на еколошкото јавно мислење (во училиштето, во локалната

заедница, во општеството);- Да се оспособува да учествува во едноставно истражување за развивање на еколошка

свест ( анкета, интервјуа);- Да се оспособува да класифицира и селектира материјали;- Да се поттике да учествува во изработка на еколошки ѕиден весник и негово уредување;- Да се оспособува да учествува во еколошка манифестација, драматизација;- Да развива интерес за вклучување во активностите за зачувување и заштита на

околината;- Да се оспособува да користи различни извори на знаење;

- Да учествува во изработка на план за истражување, прибирање, средување и анализа на податоците од истражувањето;

- Да учествува во изработка на приказ од истражувањето и во презентација на приказот, со донесување свои заклучоци од истражувањето.

-

Час бр.1 Наставна содржина Вовед – Еколошко однесување

Цели на часот бр. 1 Ученикот/ученичката:

- Да го разбере значењето на поимот екологија;- Да научи што проучува екологијата како наука;- Да свати дека сознанијата за екологијата како наука, во голема мера влијаат врз нашиот

начин на живеење и стануваат составен дел на нашето секојдневно живеење.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, атлас по Екологија, Еко календар, илустрации, слики, енциклопедии, списанија, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 1- Бура на идеи – Екологија како наука; - Дискусија за Екологијата како наука и за предметот на нејзино проучување;- Читање текстови од енциклопедии;- Разгледување и анализа на Еко календар; еко слики и илустрации;

- Пишување план во истражувачкиот дневник.

Час бр. 2 Наставна содржинаЕколошко однесување

Цели на часот бр. 2 Ученикот/ученичката:

- Да го разбере значењето на изразот еколошко однесување;- Да прави разлика меѓу позитивен и негативен однос кон околината;- Да ја свати важноста на еколошкото однесување за заштита на околината;- Да дава примери, предлози и свои идеи за еколошко однесување;- Да дискутира за својот однос кон околината.

Наставни средстваЗелен пакет – прирачник, атлас по Екологија, Еко календар, илустрации, слики, енциклопедии, списанија, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 2

- Дискусија за изразот еколошко однесување и за неговото значење;- Анализа на примери за еколошко однесување во еко календар;- Индивидуално претставување на личниот однос кон околината;- Читање на содржини од атлас по Екологија;- Бура на идеи – Примери за еколошко однесување за да ја зачуваме околината.

Час бр.3 Наставна содржина Прибирање содржини од екологија

Цели на часот бр. 3 Ученикот/ученичката:

- Да прибира содржини од екологија;- Да се оспособува да класифицира и селектира материјали;- Да се оспособува да користи различни извори на знаење.

Наставни средстваСписанија, весници, енциклопедии, Зелен пакет – прирачник, атлас по Екологија, Еко календар, илустрации, слики, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 3- Инструкции за активностите на часот;- Читање текстови, разгледување слики, илустрации;- Селектирање на содржините и нивно класифицирање;- Следење на активноста на учениците и координирање на работата;- Дискусија.

Час бр. 4 Наставна содржина Прибирање содржини од екологија, пишување есеи, текстови, песни

Цели на часот бр. 4 Ученикот/ученичката:

- Да прибира содржини од екологија;- Да се оспособува да класифицира и селектира материјали;- Да се поттикне да твори ( есеи, текстови, песни) на тема екологија;- Да се мотивира да размислува еколошки;- Да дава свој критички осврт.

Наставни средстваСписанија, весници, енциклопедии, Зелен пакет – прирачник, атлас по Екологија, Еко календар, илустрации, слики, истражувачки дневник, училишен прибор, листови во боја.

Активности на часот бр. 4- Инструкции за текот на часот;

- Пишување есеи, текстови, песни;- Прибирање и селектирање на содржините од екологија;- Следење на активноста на учениците и координирање на работата;- Читање на напишаните творби;

- Дискусија и заклучок.

Час бр. 5 Наставна содржина Селектирање на содржините

Цели на часот бр. 5 Ученикот/ученичката:

- Да ги селектира собраните соджини и слики за екологија;- Да ги класифицира содржините;- Да ги подготвува одбраните содржини, слики, свои творби за изработка на еколошки

ѕиден весник.

Наставни средства Еко илустрации, слики, есеи, текстови, песни, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 5

- Разгледување на прибраните содржини, слики од екологија, есеи, текстови, песни;- Селекција на материјалите и нивно класифицирање;- Уредување на материјалите и подготовка за изработка на еколошки ѕиден весник.

Час бр. 6 и 7 Наставна содржина Изработка на еколошки ѕиден весник

Цели на часот бр. 6 и 7 Ученикот/ученичката:

- Да се мотивира и да се поттикне да ја изрази својата кретивност ;- Да ги подредува соджините и сликите;- Да учествува во изработува на еколошки ѕиден весник;- Да соработува во групата и да ги почитува мислењата на соучениците.

Наставни средства Хамер, креативен материјал, слики, есеи, песни, текстови, еко пораки,училишен прибор.

Активности на часот бр. 6 и 7- Поделба на учениците по групи и инструкции за текот на часот;- Подредување на прибраните содржини, слики од екологија, есеи, текстови, песни;- Цртање, пишување, креирање еколошки ѕиден весник;

- Соработка во групите и разменување на прелози и идеи;- Следење на работата во групите и координирање.

Час бр. 8 Наставна содржина Презентација на еколошки ѕиден весник

Цели на часот бр. 8 Ученикот/ученичката:

- Да учествува во презентација на изработениот еколошки ѕиден весник;- Да ги претстави своите размислувања и идеи ;- Да врши проценка на сработеното и да донесува заклучок .

Наставни средства Подготвен еколошки ѕиден весник

Активности на часот бр. 8- Инструкции за текот на часот;- Презентирање на изработениот еколошки ѕиден весник по групи;- Внимателно следење на презентацијата на другите групи;- Дискусија и донесување заклучок.

Час бр. 9 Наставна содржина Дефинирање тема за истражување

Цели на часот бр. 9 Ученикот/ученичката:

- Преку бура на идеи да даде свој предлог за тема на истражување;- Да учествува во „ избор на тема за истражување”;- Да учествува во опис на општата(главната) цел на истражувањето;- Да ги дефинира конкретните цели.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 9

- Инструкции за текот на часот;- Бура на идеи – предлози за тема на истражување;- Избор и дефинирање на темата;

- Дефинирање и запишување на главната цел и конкретните цели.

Час бр. 10 Наставна содржина Изработување план за истражување

Цели на часот бр. 10 Ученикот/ученичката:

- Да се определи во која истражувачка група ќе работи;- Да ја прифати одговорноста за својата улога во тимот;- Да ги прецизира и запише конкретните цели кои ќе бидат предмет на негово

истражување;- Да ја знае и почитува улогата на другите членови и да учествува во избор на лидер на

тимот;- Да изработи индивидуален план за истражување, со прецизирање на целта, изворите на

информации;- Да координира со лидерот и другите членови во тимот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, индивидуален план за истражување, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 10

- Инструкции за текот на часот;- Поделба на учениците во групи;- Поделба на улоги и избор на лидер;- Изработка на индивидуален план за истражување, дефинирање на конкретните цели и

задачи;- Планирање на активностите.

Час бр. 11 Наставна содржина Формирање анкетен лист – Чиста околина за здрав живот

Цели на часот бр. 11 Ученикот/ученичката:

- Да ја разбере целта на формирањето анкета;- Да го свати значењето и потребата од анкетирање;- Да учествува во креирање на анкетниот лист;

- Да разбере дека еколошкото јавно мислење (во училиштето, во локалната заедница, во општеството) е составен дел од секојдневниот живот и во голема мера важно за односот кон околината;

- Да развива интерес за вклучување во активностите за зачувување и заштита на околината.

-

Наставни средства Истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 11- Инструкции за текот на часот;- Поделба на учениците по групи;- Дефинирање предлог прашања за анкетниот лист по групи;- Читање на предлог прашањата од секоја група;- Селектирање на прашањата и креирање анкета;- Инструкции и договор за спроведување на анкетата.

Час бр. 12 Наставна содржина Сумирање на резултатите од спроведената анкета

Цели на часот бр. 12 Ученикот/ученичката:

- Да ги сумира резултатите до кои дошол/ла при анкетирањето;- Да сумира комплетен број на испитаници, пол на испитаниците и нивните одговори;- Да координира со лидерот и другите членови во тимот.

Наставни средстваПополнети анкетни листови, училишен прибор.

Активности на часот бр. 12- Инструкции за текот на часот;- Поделба на учениците по групи и избор на лидер во групата;- Сумирање на резултатите од анкетите во секоја група;- Табеларен приказ на резултатите;- Сумирање на конечните резултати од анкетата на ниво на цело одделение, преку

ангажирање на лидерите во групите.

Час бр. 13 Наставна содржина Анализа на резултатите од анкетата и приказ

Цели на часот бр. 13 Ученикот/ученичката:

- Да ги анализира добиените податоци од спроведената анкета;- Да врши табеларен и графички приказ;- Да ги анализира пооделните мислењата на испитаниците за дадената тема во анкетата ;- Да координира со лидерот и другите членови во тимот;

- Да креира извештај за спроведената анкета .

Наставни средстваАнкетни листови, училишен прибор, компјутер.

Активности на часот бр. 13- Анализа на добиените податоци од спроведената анкета;- Табеларно и графичко прикажување на резултатите;

- Пишување извештај;

- Дискусија и заклучок.

Час бр. 14 Наставна содржина Подготовка на драматизација – Да ја зачуваме планетата Земја

Цели на часот бр. 13 Ученикот/ученичката:

- Да се поттикне да размислува за позитивен однос кон околината и зачувување на планетата Земја;

- Да учествува во креирање на сценарио за драматизација;- Да ја прифати одговорноста на својата улога и преку глума да ги прикаже идеите за

зачувување на нашата планета;- Да ја вежба драматизацијата во координација со останатите членови во групата.

Наставни средстваИстражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 13

- Инструкции за текот на часот;- Формирање групи за драматизација;- Пишување сценарио и поделба на улоги;- Вежбање и подготовка на драматизацијата.

Час бр. 15 Наставна содржина Драматизација - Да ја зачуваме планетата Земја

Цели на часовите бр. 15

Ученикот/ученичката:- Да учествува во драматизација и креативно да ја пренесе пораката скриена во неговата

улога;- Преку својата улога да ги поттикне останатите како да се вклучат во заштита на Земјата;- Да донесува заклучоци следејќи ја драматизацијата на сите групи; - Да се мотивира и да се поттикне за активно вклучување во зачувување и заштита на

планетата Земја.

Наставни средства Подготвено сценарио за драматизација

Активности на часовите бр. 15- Преуредување на училницата и подготвување на амбинт за драматизација;- Драматизирање и промовирање идеи за заштита на планетата Земја; - Следење на драматизацијата на другите групи;- Дискусија и донесување заклучок.

Час бр. 16 Наставна содржина Дилема игра – еколошко однесување

Цели на часот бр. 16 Ученикот/ученичката:

- Да се најде во улога на човек кој треба да поттикне позитивен однос на луѓето кон околината и еколошки навики за заштита на планетата Земја;

- Да се оспособи да ги увиди еколошките проблеми;- Да се мотивира да го сфати значењето на еколошките проблеми за опстанокот на

планетата Земја;- Да се поттикне критички да размислува и да се оспособува за изнаоѓање на

најсоодветно решение за даден проблем;- Да развива интерес за вклучување во активностите за заштита на планетата Земја.

Наставни средства Дилема игра, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 16- Распоредување на учениците во круг или во групи;- Бирање лидер кој извлекува картичка со дилема игра;- Лидерот на глас ја чита дилемата и понудените можни одговори;- Дискусија во групите за понудените одговори;

- Избирање на еден од можните одговори како решение што ќе се примени во решавање на проблемот;

- Лидерот на глас го чита избраното решение давајќи аргументи за направениот избор;- Дискусија и размена на мислењата меѓу групите;- Донесување заклучок.

Час бр. 17 Наставна содржина Систематизација

Цели на часот бр. 17 Ученикот/ученичката:

- Да го применува стекнатото знаење во секојдневниот живот; - Да знае да го објасни значењето и улогата на човекот во зачувување на планетата;- Да може да дискутира за изворите и причините за загадување и уништување на

планетата;- Да дава свои идеи за заштита на планетата Земја;- Да нуди конкретни можни решенија ;- Да даде свој осврт за постигањата од истражувањето.

Наставни средства Слики, цртежи, подготвени прашања,енциклопедии, списанија,дел од изработените проекти.

Активности на часот бр. 16- Прашања и одговори;- Презентирање на идеи, предлози, конкретни можни решенија;- Дискусија и критички осврт.

Активности и методи на оценување

При реализација на часовите, на учениците систематски им се нагласуваат наставните цели и очекуваните исходи, како и критериумите според кои ќе бидат оценувани. Во текот на наставата наставникот води белешки за активноста и ангажираноста на учениците, нивното учество во истражувањето, нивната креативност, редовност и истрајност, самостојност во работата и донесување на логички заклучоци, теренската и проектна работа, писмените извештаи, како и соработката во групата.Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците(прашања,Чек-листа за оценување на групен план, Скала за процена(дескриптивна) за оценување на извештај, Аналитичка листа за оценување презентација, Самооценување на презентација,Бодовна листа за оценување и спроведување на истражувањето, Аналитичка листа за оценување на групен проект(извештај), Холистичка листа за оценување на групен проект(извештај), Прашалник за самооценување, Чек- листа со скала за процена за оценување на усни презентации на учениците, холистичка листа за оценување на есеј, Аналитичка листа за самооценување и др) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето. Во текот на часот како и во текот на сите претходни часови

наставникот врши оценување на дискусијата, дава усна повратна информација и врши формативно оценување. На крајот по обработката на темата наставникот врши и сумативно оценување.

Констатација од реализацијата на темата Се утврдува колку се реализирани наставните часови, дали била постигната целта на часовите, дали се потребни промени во начинот на реализирање на наставните содржини, колкав е степенот на совладани знаења кај учениците, како и колкава е оспособеноста на учениците да спроведуваат истражување, да подготвуваат писмени извештаи; графички да ги прикажуваат резултатите, да презентираат и одговорно да се однесуваат кон природата.

Тема бр. 4 Штедење на природни суровини / 16 часа

Реденбр. на час

Структура на темата

1 Потрошувачка и отпад 1нед. IV м 2 Животен циклус на материјалите ( хартија, стакло, органски материи,

пластика)2нед. IV м

3 Време на распаѓање на разни видови отпадоци во животната средина

2нед. IV м

4 Кои материјали се подобри? – наставно ливче 3нед. IV м 5 Едукативен филм – Загадување и отпад 3нед. IV м 6 Принципи за современо управување со отпад 4нед. IV м 7 Отпадот во РМ 4нед. IV м 8 Што може да направи јавноста – Најчесто употребувани производи

што содржат опасни супстанции1нед. V м

9 Дефинирање тема за истражување – Како се рециклира хартија и изработка на план за истражување

1нед. V м

10 Подготовка на потребни материјали за рачна изработка на хартија 2нед. V м 11 Рециклирање на хартија 2нед. V м 12 Рециклирање на хартија 3нед. V м 13 Рециклирање на хартија 3нед. V м 14 Изработка на предмети од рециклирана хартија 4нед. V м 15 Изложба на предмети од рециклирана хартија 4нед. V м 16 Систематизација 1нед. VI м

Цели: Ученикот/ученичката:

- Да ги разбира причините и потребите од штедење на природни суровини;- Да се запознае со поимите: природни суровини, штедење на природни суровини,

рециклирање на хартија ;

- Да се запознае со причините за одгледување и засадување на дрвјата и штедење на хартијата;

- Да се поттикнува на штедење на природни суровини;- Да се оспособува да учествува во едноставно истражување за штедење на природни

суровини;- Да ја свати сериозноста на проблемите поврзани со отпадот;- Да ги проучува животните циклуси на различните материјали;- Да научи нешто повеќе за едноставните (еднококомпонентните) или повеќеслојните

материјали кои се користат во нашиот секојдневен живот.

Час бр.1 Наставна содржина Потрошувачка и отпад

Цели на часот бр. 1 Ученикот/ученичката:

- Да го разбере значењето на поимите потрошувачка и отпад;;- Да знае да објаснува што е тоа отпад, ѓубре, смет;- Да дискутира за тоа као се собира отпадот во домаќинствата, училиштата;- Да размислува логички и да поврзува како отпадниот материјал од еден организам во

природата обично станува оброк или ресурс за друг организам.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, атлас по Екологија, енциклопедии, списанија, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 1- Бура на идеи – Потрошувачка и отпад; - Дискусија за отпад, ѓубре, смет; - Дискусија за начинот на собирање отпад од домаќинства и училиштата;- Читање текстови од енциклопедии;- Логички осврт за користењето на отпадниот материјал.

Час бр. 2 Наставна содржина Животен циклус на материјалите ( хартија, стакло, органски материи, пластика)

Цели на часот бр. 2 Ученикот/ученичката:

- Да сфати дека прашањата поврзани со отпадот може подобро да се разберат со испитување на животниот циклус на материјалите од кои тој е составен;

- Да ги проучува животните циклуси на различните материјали;

- Да научи нешто повеќе за едноставните (еднококомпонентните) или повеќеслојните материјали кои се користат во нашиот секојдневен живот;

- Да разбере дека материјалите стануваат отпад како последица на различни производни процеси и употреба.

Наставни средстваЗелен пакет – прирачник, атлас по Екологија, слики, енциклопедии, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 2- Бура на идеи – Како материјалите стануваат отпад?- Дискусија- Читање содржини од зелениот пакет;- Дискусија за животниот циклус на материјалите;- Читање на поемата “Маса” од Зелениот пакет;- Утврдување на различните фази што се потребни да се направи масата;- Дискусија и заклучок.

Час бр.3 Наставна содржинаВреме на распаѓање на разни видови отпадоци во животната средина

Цели на часот бр. 3 Ученикот/ученичката:

- Да научи дека најголем дел од отпадот потекнува од земјоделските, рударските и индустриските активности, а само мал дел од домаќинствата;

- Да се запознае дека разни видови отпадоци имаат различно време на распаѓање во животната средина;

- Да научи дека откако еднаш ќе се создаде отпадот тој може повторно да се третира (обработува) и да се употребува (рециклира).

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД, компјутер, атлас по Екологија, слики, илустрации, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 3- Читање текстови, разгледување слики, илустрации;- Следење на ЦД презентација од Зелениот пакет;- Разговор и дискусија за потеклото на отпадот и за негово понатамошно третирање;

Дискусија за времето на распаѓање на разни видови отпадоци во животната средина.

Час бр. 4 Наставна содржина Кои материјали се подобри? – наставно ливче

Цели на часот бр. 4 Ученикот/ученичката:

- Да научи кои материјали се најсоодветни за изработка на различни предмети;- Како општо правило да научи дека при избор на предмети изработени од различни

материјали, секогаш кога е можно да се избере производ направен од природен материјал;

Наставни средстваЗелен пакет – прирачник, наставно ливче – Кои материјали се подобри, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 4- Инструкции за текот на часот; - Поделба на наставните ливчиња и инструкции за пополнување на наставното ливче;- Индивидуално пополнување на наставното ливче;- Следење на активноста на учениците и координирање на работата;- Читање на одговорите од наставниот лист;

- Дискусија и заклучок.

Час бр. 5 Наставна содржина Едукативен филм – Загадување и отпад

Цели на часот бр. 5 Ученикот/ученичката:

- Да стекне знаење дека секој жив организам користи енергија за обработување на сурови материи и на тој начин создава отпад;

- Да научи дека човештвото годишно произведува околу илјада милиони тони отпад;- Да се запознае дека количината отпад што го создава една држава зависи од тоа колку е

економски богата државата;- Да сфати дека ако не се рециклира отпадот, ќе се истрошат суровите материи;- Да се поттикне да размислува како можат луѓето да помогнат да се намали отпадот.

Наставни средстваЗелен пакет – прирачник, ЦД, компјутер, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 5

- Инструкции за текот на часот; - Следење на видео филмот – Загадување и отпад;- Дискусија и давање индивидуални идеи и предлози за намалување на отпадот;

- Заклучок.

Час бр. 6 Наставна содржина Принципи за современо управување со отпад

Цели на часот бр. 6 Ученикот/ученичката:

- Да се запознае со основните пристапи за современо управување со отпад( спречување на создавање отпад, загадувачот плаќа, начело на претпазливост, начело на блискост);

- Да стекне знаење за основните постапки за разрешување на проблеми што ги создава отпадот ( рециклирање, повторна употреба, горење, закопување на отпадот во депонии).

Наставни средстваЗелен пакет – прирачник, ЦД, компјутер, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 6 - Објаснување на основните пристапи за современо управување со отпад( спречување на

создавање отпад, загадувачот плаќа, начело на претпазливост, начело на блискост);- Дискусија;- Анализа на основните постапки за разрешување на проблеми што ги создава отпадот ( рециклирање, повторна употреба, горење, закопување на отпадот во депонии).- Дискусија и заклучок.

Час бр. 7 Наставна содржина Отпадот во РМ

Цели на часот бр. 7 Ученикот/ученичката:

- Да се запознае кои се главни создавачи на отпад воРМ (население, градежништво, индустрија, земјоделие, сточарство, медицински установи, постројки за прочистување на отпадни води);

- Да стекне знаење како се управува со отпадот во РМ ;- Да се запознае дека опадот во РМ се третира согласно одредбите на Законот за

управување со отпад .

Наставни средстваЗелен пакет – прирачник, ЦД, компјутер, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 7- Бура на идеи – Кој го создава отпадот?- Дискусија;

- Анализа на главните создавачи на отпад воРМ (население, градежништво, индустрија, земјоделие, сточарство, медицински установи, постројки за прочистување на отпадни води);

- Дискусија за начинот на управување со отпад; - Заклучок.

Час бр. 8 Наставна содржина Што може да направи јавноста – Најчесто употребувани производи што содржат опасни супстанции

Цели на часот бр. 8 Ученикот/ученичката:

- Да сфати дека јавноста може да придонесе за намалување на проблемите поврзани со отпадот;

- Да научи дека создавањето добри навики при избирање и купување производи за повеќекратна употреба и селективното собирање на отпадот во голема мера ќе влијаат позитивно за решавање на проблемите со отпадот;

- Да се мотивира да учествува во програми за рециклирање и повторна употреба;- Да стекне знаење за некои производи што содржат опасни супстанции.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, ЦД, компјутер, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 8

- Бура на идеи – Како можам да придонесам за намалување на отпадот? - Дискусија за начините на кои јавноста може да придонесе за намалување на проблемите

поврзани со отпадот;- Следење на ЦД презентација за најчесто употребувани производи што содржат опасни

супстанции- Дискусија и заклучок.

Час бр. 9 Наставна содржина Дефинирање тема за истражување – Како се рециклира хартија и изработка на план за истражување

Цели на часот бр. 9

Ученикот/ученичката:- Да учествува во дефинирање на тема за истражување;- Да се определи во која истражувачка група ќе работи;- Да ја прифати одговорноста за својата улога во тимот;- Да ги прецизира и запише конкретните цели кои ќе бидат предмет на негово

истражување;- Да ја знае и почитува улогата на другите членови и да учествува во избор на лидер на

тимот;- Да изработи индивидуален план за истражување, со прецизирање на целта, изворите на

информации;- Да координира со лидерот и другите членови во тимот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, енциклопедии, списанија, индивидуален план за истражување, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 9

- Инструкции за текот на часот;- Дефинирање тема за истражување;- Поделба на учениците во групи;- Поделба на улоги и избор на лидер;- Изработка на индивидуален план за истражување, дефинирање на конкретните цели и

задачи;- Планирање на активностите.

Час бр. 10 Наставна содржина Подготовка на потребни материјали за рачна изработка на хартија

Цели на часот бр. 10 Ученикот/ученичката:

- Да ја сфати важноста на рециклирање хартија;- Да научи како се рециклира хартија;- Да учествува во подготовка на потребниот материјал за рециклирање.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, енциклопедии, истражувачки дневник, училишен прибор, хартија за рециклирање, средства (прибор) за рециклирање.

Активности на часот бр. 10- Бура на идеи – Зошто е важно да се рециклира хартија?- Анализа на основните чекори за рециклирање хартија;- Подготовка на основниот материјал и средства за рециклирање на хартија;- Дискусија и заклучок.

-

Час бр. 11, 12, 13 Наставна содржина Рециклирање на хартија

Цели на часовите бр. 11, 12, 13 Ученикот/ученичката:

- Да ги примени стекнатите знаења за рециклирање на хартија;- Да врши селекција на отпадот;- Активно да учествува во процесот на рециклирање;- Да сфати дека рециклирањето значи штедење;- Да се мотивира сознанијата за рециклирање да ги пренесе и на други.

Наставни средстваЗелен пакет – прирачник, истражувачки дневник, училишен прибор, хартија за рециклирање, средства (прибор) за рециклирање.

Активности на часовите бр. 11, 12, 13- Инструкции за текот на часот;- Поделба на учениците по групи и поделба на улоги;- Постапно рециклирање на хартија;- Дискусија и заклучок.

Час бр. 14 Наставна содржина Изработка на предмети од рециклирана хартија

Цели на часот бр. 14 Ученикот/ученичката:

- Активно да учествува во креирање на различни предмети;- Да ја искаже својата креативност преку изработка на различни предмети од рециклирана

хартија;- Да се запознае дека 40 % од хартијата што ја користиме е рециклирана;- Да сфати дека рециклираната хартија има широка намена.

Наставни средстваРециклирана хартија, лепак, училишен прибор.

Активности на часот бр. 14- Изработка на предмети од рециклирана хартија;- Дискусија и заклучок.

Час бр. 15 Наставна содржина

Изложба на предмети од рециклирана хартија

Цели на часот бр. 15 Ученикот/ученичката:

- Да учествува во изложба на подготвените предмети од рециклирана хартија;- Да дискутира за искуството и стекнатите знаења за рециклирање хартија.

Наставни средстваИзработки – предмети од рециклирана хартија.

Активности на часот бр. 15- Изложба на предметите од рециклирана хартија;- Дискусија за употребата на предметите;- Заклучок.

Час бр. 16 Наставна содржина Систематизација

Цели на часот бр. 16 Ученикот/ученичката:

- Да ги разбира причините и потребите од штедење на природни суровини и да може да дискутира за нив;

- Да може да ги објаснува поимите: природни суровини, штедење на природни суровини, рециклирање на хартија ;

- Да дискутира за животните циклуси на различните материјали;- Да може стекнатите знаења да ги применува во секојдневниот живот.

Наставни средства Зелен пакет – прирачник, слики, илустрации, атласи, списанија, истражувачки дневник, училишен прибор.

Активности на часот бр. 16- Прашања и одговори;- Анализа на илустрации, слики;- Дискусија;

- Набројување примери за примена на стекнатите знаења во секојдневниот живот.- Заклучок.

Активности и методи на оценување

При реализација на часовите, на учениците систематски им се нагласуваат наставните цели и очекуваните исходи, како и критериумите според кои ќе бидат оценувани. Во текот на наставата наставникот води белешки за активноста и ангажираноста на учениците, нивното учество во истражувањето, нивната креативност, редовност и истрајност, самостојност во работата, донесување на логички заклучоци и критичко размислување, практичната работа при рециклирање, писмените извештаи, како и соработката во групата.Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците(прашања,Скала за процена, Чек -листа за проверка на изведбена активност, Листа за бодирање при оценување на рециклирање (групна работа), Прашалник за самооценување, Чек- листа со скала за процена за оценување на усни презентации на учениците, Аналитичка листа за самооценување и др) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето. Во текот на часот како и во текот на сите претходни часови наставникот врши оценување на дискусијата, дава усна повратна информација и врши формативно оценување. На крајот по обработката на темата наставникот врши и сумативно оценување.

Констатација од реализацијата на темата Се утврдува колку се реализирани наставните часови, дали била постигната целта на часовите, дали се потребни промени во начинот на реализирање на наставните содржини, колкав е степенот на совладани знаења кај учениците, како и колкава е оспособеноста на учениците да спроведуваат истражување, да подготвуваат писмени извештаи; графички да ги прикажуваат резултатите, да презентираат и одговорно да се однесуваат кон природата.