Tema

39
2. Tema 2.1 Интереси и теми Да направи список од четири или пет области за кои би сакал да научи повеќе Да се задржи на една област, на онаа за која насетува дека може да најде релевантни извори на податоци Да ги прегледа најновите учебници и прирачници од таа област Во библиотеките да побара некој општ библиографски извор од типот на Македонска тековна библиографија или Reader’s Guide to Periodical Literature Да побара некој специјализиран индекс за неговото подрачје, како на пример, Philosopher’s Index (филозофски индекс) или Applied Science and Technology Index (Индекс на применета наука и технологија), и да ги прегледа насловите додека не најде некој што ќе го задржи неговиот интерес. Тој наслов не само што ќе понуди можна тема, туку исто така и список на извори за нејзината обработка. Да направи пребарување на Интернет Да консултира некој стручњак за таа област Да се посоветува со својот ментор Да поразговара со своите колеги

Transcript of Tema

Page 1: Tema

2. Tema

2.1 Интереси и теми

Да направи список од четири или пет области за кои би сакал да научи повеќе

Да се задржи на една област, на онаа за која насетува дека може да најде

релевантни извори на податоци

Да ги прегледа најновите учебници и прирачници од таа област

Во библиотеките да побара некој општ библиографски извор од типот на

Македонска тековна библиографија или Reader’s Guide to Periodical Literature

Да побара некој специјализиран индекс за неговото подрачје, како на пример,

Philosopher’s Index (филозофски индекс) или Applied Science and Technology

Index (Индекс на применета наука и технологија), и да ги прегледа насловите

додека не најде некој што ќе го задржи неговиот интерес. Тој наслов не само

што ќе понуди можна тема, туку исто така и список на извори за нејзината

обработка.

Да направи пребарување на Интернет

Да консултира некој стручњак за таа област

Да се посоветува со својот ментор

Да поразговара со своите колеги

Page 2: Tema

2.2 Каква тема да се избере?

Прва желба на секој кандидат е да напише труд во кој ќе каже се за некоја област.

Тој стремеж го изложува на ризик да се зафати со многу широка тема, која би можела

да биде наслов на некоја енциклопедиска статија, како на пример: Вештачка

интелигенција, Аграрни реформи во Македонија или Поезијата на Кочо Рацин итн.

Темата е премногу широка штом може да се изрази со помалку од пет-шест збора. За

општите теми е карактеристично дека тие не допуштаат да се навлезе во суштината на

проблематиката што се проучува и таква тема не може да се обработи и во целост.

Општата тема нужно имплицира прекумерно користење извори од втора и трета рака,

прераскажување туѓи мисли и ставови, изложување на општопознати нешта,

недопустливо воопштување и симплифицирање на проблематиката. Доколку некој

истражувач се најде заплеткан во таков вид тема, темата треба да ја стесни. На

пример:

Вештачка интелигенција-Придонесот на современата логика за развитокот на

вештачката интелигенција

Аграрните реформи во Македонија-Промената на сопственичките односи и

нивните импликации врз развитокот на земјоделието во Македонија

Развитокот на вештачката интелигенција-Вештачката интелигенција има свој

развиток на кого влијаеле различни фактори

Придонесот на современата логика за развитокот на вештачката интелигенција-

Современата логика придонесе за развивање на вештачката интелигенција

Page 3: Tema

2.3 Од темата кон истражувачкото прашање

Кои се деловите на темата и на која поголема тематска целина припаѓа таа?

Дали темата има своја историја и дали таа припаѓа на нечија подолга историја

Кое е значењето на темата?

Што ќе се случи ако не знам или не разбирам...?

(Кои се последиците од тоа?)

Го проучувам______________

Ги проучувам постапките за репарирање на системите за ладење.

Го истражувам X бидејќи сакам да разберам кој/што/каде/како/зошто/дали_____

Ги проучувам постапките за репарирање на системите за ладење, бидејќи сакам да

разберам како стручњаците за репарирање ги идентификуваат дефектите.

Шемата сега е конкретизирана:

1. Ги проучувам процесите на репарирање на системите за ладење

2. бидејќи сакам да разберам како стручњаците за репарирање ги

идентификуваат пропустите,

3. со цел да откријам како може да се направи компјутеризиран систем за

дијагностицирање и превенција на дефектите.

Page 4: Tema

2.4 Истражувачки проблем

1.Насловете ја вашата тема:

Пишувам за _______

Пишувам за логичката структура на македонскиот јазик

2.Поставете го индиректното прашање и на тој начин определета ја причината поради

која го истражувате проблемот:

....бидејќи се обидувам да покажам кој/како/зошто

Пишувам за логичката структура на македонскиот јазик,бидејќи се обидувам да

покажам кои логички релации помеѓу изразите се спрецифични за македонскиот јазик.

3.Експлицитно кажете како вашиот одговор ќе му помогне на читателот да разбере

нешто што е уште позначајно и на тој начин дефинирајте ги последиците, ако не се

знае одговорот:

…со цел да објаснам како/зошто_____.

Пишувам за логичката структура на македонскиот јазик, бидејќи се обидувам да

покажам кои логички релации помеѓу изразите се спрецифични за македонскиот

јазик, со цел да објаснам какви модификации треба да се направат во стандардната

логичка апаратура за да се прикажат тие специфичности.

Page 5: Tema

2.5 Пријавување на темата

Откако ја избрал и ја дефинирал темата, истражувачот треба да направи писмен план-

елаборат за реализација на своето истражување што му е неопходен за пријавување

на темата во

институцијата во која ќе се верификува трудот.

Наслов

Вовед

Предмет на истражувањето

Цели на истражувањето

Хипотези

Начин на истражување

Структура на трудот

Значење на трудот

Работна библиографија

3. ИЗВОРИ

3.1 Видови извори

а)Примарни извори

б)Секундарни извори

в)Терцијални извори

3.2 Каде можат да се најдат изворите?

3.2.1 Библиотеките како извор на документи

Каталозите со фиши можат да бидат од различен вид:

а)Именски каталог

б)Насловен каталог

Page 6: Tema

в)Предметен

Според овој систем, познат како УДК систем(Универзална

децимална класификација), целокупното човеково знаење е

поделено во десет групи:

0-Општи дела за науката

1-Филозофија

2-Религија и теологија

3-Општествени науки

4-Филологија и лингвистика

5-Математика и природни науки

6-Применети науки, медицина, техника

7-Уметност, игри, спорт

9-Историја и географија

Книгите во оваа библиотека се поделени во дваесет групи :

А- Општи дела

Б-Филозофија и религија

В- Општа историја

Г-Историја и другите народи

Д-Ѓ- Американска историја

Е- Географија и антропологија

Ж- Општествени науки

З- Политички науки

Ѕ- Право

И- Едукација

Page 7: Tema

Ј- Музика

К- Убави уметности

Л- Јазик и литература

Љ- Наука

М- Медицина

Н- Земјоделство

Њ- Технологија

О- Воени науки

П- Поморство

Р- Библиографија и библиотекарство

г) Централен каталог

3.2.2 Електронски извори

3.3 Составување работна библиографија

3.3.1 Регистрирање на изворите

1. Ако изворот е книга, треба да се запишат следниве

податоци:

Автор

Наслов(вклучувајќи го и поднасловот)

Едитор(и) (ако ги има)

Издавач

Место на издавање

Време на издавање

Издание

Том

Page 8: Tema

Пример за книга :

Searle, John R. Speech Acts: An Essay in the Philosophy of Language.

1th ed. Oxford:Oxford University Press.,1969,5th ed.

Cambrige:Cambridge Univerity Press, 1974,204 + VII.( Searle, Џон

Р.  Дело: Есеј за филозофијата на јазикот. 1th ед. Оксфорд: Прес на Универзитетот

Оксфорд, 1969,5 ти ед.. Кембриџ: Прес на Универзитетот Кембриџ, 1974,204 + VII.

2.Библиографската одредница за статија од некое списание ги

содржи истите главни елементи како и одредниците за книги и

се наведуваат по следниов редослед:

Име на авторот

Наслов

Име на списанието

Серија, том или број на примерокот

Време на издавање и број на страници

Пример за статија од списание:

Bacon,John. “The Reality od Logic.” The Monist. 9.2. April(2000):

17-32 ( Бакон Џон, “Реалноста за логиката” Монист. 9.2

Април(2000) 17-31 )

4. Ако изворот е откриен на Интернет, треба да се забележат

следниве податоци:

презимето и името на авторот;

насловот на написот или на веб страницата(во наводници);

целосниот наслов на сајтот;

Page 9: Tema

името на едиторот,составувачот или преведувачот, на кое

му претходи соодветната кратенка:Ed.,Comp. или Trans.;

верзија или бројот на томот;

времето на публикувањето;

вкупниот број страници, параграфи или сегменти;

организацијата или институцијата поврзана со сајтот;

датумот на пристапувањето на сајтот;

URL-Универзален референциски локатор(во остроаголни

загради).

Пример за статија од Интернет:

Malpas, Jeff, “Donald Davidson.” The Stanford Encyclopedia of

Philosophy. Ed.Edward N. Zalta. Winter 2002.31 para. 18 May

2003

http://plato.stanford.edu/archives/win2002/entries/davidson/

3.3 Селектирање на изворите

Прв чекор: Запознавање со структурата на изворот

а) Ако изворот е книга:

треба да се прочитаат првите неколку реченици во секој

параграф во предговорот;

во содржината да се побараат уводот и заклучокот;

во индексот да се идентификуваат оние поими кои се

споменуваат на најголем број страници;

да се прегледаат референциските белешки и да се воочи

кои извори се цитирани најчесто;

Page 10: Tema

да се прелистаат деловите на трудот за да се види дали се

поделени во сегменти со поднаслови и дали имаат резиме

на крајот од секој дел.

б) Ако изворот е статија:

треба да се прочита апстрактот, ако го има;

да се прелистаат страниците за да се види дали има

поднасловени делови;

да се прегледа нејзината библиографија.

Втор чекор: Лоцирање на главната теза

Трет чекор: Идентификување на клучните аргументи

Четврти чекор: Идентификување на клучните поттеми

Петти чекор: Прелистување на параграфите (ако е неопходно)

3.5. Обработка на изворите

3.5.1. Правење белешки

Пример за еден тип на фиша за белешки:

Bergel, Jean-Louis. Thѐorie gѐnѐrale du droit. правна логика;

Dalloz:Paris, 1989, p.264 правна аргументација;

Бержел ја потенцира разликата што ја прави Аристотел во

Органонот помеѓу аналитичките и дијалектичките расудувања:

“Аналитичките расудувања, поаѓајќи од нужни или несомнено

вистинити премиси даваат конклузии коишто се исто така нужни

Page 11: Tema

или вистинити, а дијалектичките водат од аргументи кон одлука и

не подразбираат нужен премин од премисите кон конклузијата,

којашто во тој случај е само веројатна.”

Н.Б Да се провери соодветното место кај Аристотел и да се обрне

внимание на двата критериума за класификација на

расудувањата:од една страна,статусот на самите премиси, а од

друга-природата на нивната врска со конклузијата.

К II 123967

горе лево на картицата е авторот на изворот, насловот и

бројот на страницата;

десно горе се клучните зборови што ке му овозможат на

истражувачот да ги групира и прегрупира картиците во

различни категории;

главниот дел на картицата содржи резиме на изворот,

директни цитати и идеи за понатамошно истражување;

во долното десно ќоше се бележи сигнатурата на изворот

3.5.2 Структурирање на белешките

Ако се цитира или резимира некој извор, треба да се

внимава на контекстот во кој е даден тој дел во оргиналот.

Page 12: Tema

Кога се регистрира некој став застапуван во изворите, треба

да се воочи неговото реторичко значење во оргиналот:дали

тој ја искажува главната поента или е аргумент за

поткрепување, дали е некоја квалификација или, пак,

изразува извесна отстапка?

Особено треба да се обрне внимание на “рамковните”

искази на почетокот и на крајот на една аргументација.

Треба да се внимава минорните аспекти на изворот да не се

прикажат како да се главни или, уште полошо, како

единствени информации во трудот.

Истражувачот треба особено да биде внимателен да не ги

замени образложенијата на гледиштата на некој автор што

се споменува во изворот со аргументите на самиот автор

Кога се обработуваат извори што се согласуваат по однос на

главната теза, треба да се констатира дали тие исто така се

согласуваат во тоа како го интерпретираат и го

поткрепуваат тоа гледиште

Ако, пак, се користат извори чии автори не се согласуваат

по одредено прашање, треба точно да се лоцира коренот

на несогласувањето

Најголемата опасност што го демне, особено неискусниот

истражувач, е “врзувањето” за гледиштата на некој автор во

однос на проблемот што го истражува.

Page 13: Tema

4.ПЛАНИРАЊЕ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ТРУДОТ

4.1 Подготовка за пишување прва верзија на трудот

4.2 Работен план

Изготвувањето на планот претпоставува дека се разјаснети

следниве елементи:

Визија за потенцијалните читатели:што очекуваат да

најдат во делото, што е она што веројатно го знаат за

проблемот за кој се пишува, зошто би требало да

бидат заинтересирани за она што ќе се расправа во

трудот;

Прашање што открива некоја празнина во знаењето,

некое погрешно разбирање што авторот сака да го

разреши;

Главна теза и некои аргументи кои ќе ја поддржат

тезата. Овие ставови можат да бидат провизорни, но

подобро е да се започне со теза за која се знае дека

подоцна ќе биде напуштена, отколку без каков било

став;

Редоследот на деловите во трудот и како ќе се

аранжираат собраните информации во нив.

Page 14: Tema

Планот треба да се напише на лист хартија,

оставајќи простор помеѓу деловите што ќе служи

за дополнувања и поправки. Се чини дека е

попрактично насловот на секој дел да се напише

на посебен лист. На пример, првата верзија на

планот за оваа книга изгледаше вака:

Предговор

Вовед

Избор на темата

Извори

Пишување на трудот

Документирање на трудот

Кога под секој елемент на скицата авторот ќе

напише кратко што ќе содржи тој, си разјаснил

што треба да прави за да ја заврши задачата што

си ја поставил:

Предговор

Мотивите за создавање на трудот;

Општествената оправданост за објавување

на еден ваков прирачник;

Page 15: Tema

Вовед

Смислата и значењето на научното

истражување;

Индивидуалните, социјалните и теориските

претпоставки за едно научно истражување;

Логичка реконструкција на творечкиот

процес;

Избор на темата

Идентификување и селектирање на

интересите;

Формулирање на истражувачкото прашање;

Поставување на истражувачкиот проблем;

Извори

Видови извори;

Откривање и регистрирање на изворите;

Обработка на изворите и правење на

белешки;

Пишување на трудот

Елементите што треба да ги содржи

Page 16: Tema

работниот план;

Принципите според кои треба да се

распоредат содржините;

Стилот на пишување;

Документирање на трудот

Цитати; Начини на цитирање;

Фусноти; Разлики помеѓу фусноти и

белешки;

Библиографија; Како се составува

библиографијата и кои библиографски

податоци треба да се наведат?

4.3 Распоред на белешките

4.4 Формулирање работен вовед

Работниот вовед може да се состои од една реченица со

која само се најавува темата:

Истражувањето се однесува на деца со лесен ментален

хендикеп и нивното вклучување во редовниот образовен

систем.

Вообичаено се смета дека децата со лесен ментален

хендикеп имаат специјални образовни потреби и дека

нивното вклучување во редовниот образовен процес ја

Page 17: Tema

влошува нивната состојба, бидејќи во учењето не можат

да постигнуваат резултати како нивните другарчиња.контекст

Но не се направени поопстојни компаративни

истражувања за да се провери дали тие го потврдуваат

овој стереотип. Ако истражувањата покажат дека не е

оправдан овој пристап, мора да откриеме дали е

подобар некој друг, зошто е поисправен, кои се неговите

ефекти, бидејќи само тогаш ќе можеме да ги согледаме

причините за успехот или неуспехот на овие лица.истражувачки

проблем

Претпоставената врска меѓу успехот на децата со лесен

ментален хендикеп и средината во која се образуваат се

чини дека подразбира низа други битни фактори;

прифаќањето на овие деца од страна на нивните врсници

во редовниот образовен процес, подготвеноста на

наставниците за дополнително ангажирање, односот на

семејството итн.насочување кон решението

Работниот вовед може да биде и аналитичен коментар

на содржината. Во тој случај треба да ги содржи следните

елементи:

Целта на овој труд е да ја докаже тезата X. Во првата

глава ќе се обидеме да го определиме А, во втората ќе го

Page 18: Tema

третираме прашањето Б.....Во заклучокот ќе се обидеме

да покажеме...

Воведот служи за да се определи кои прашања ќе

заземат централно, а кои споредно место во трудот.

4.5 Деловите на трудот

4.5.1 Наслов

4.5.2 Посвета

4.5.3 Мото

4.5.4 Предговор

4.5.5 Вовед

Првиот е формален тип на вовед кој ќе му помогне на

читателот да го антиципира излагањето што ќе му биде

понудено.

Вториот е реторички вовед. Тој не воведува во темата со

дискусија за нејзиното значење. Исто така може да содржи

информации за состојбата во истражувањата на тој проблем.

Експликативен вовед

Таа заедничка структура ги вклучува следниве елементи, и тоа

по овој(очекуван) редослед:

Исказ за истражувачкиот проблем,кој го вклучува она што

не го знаеме или целосно не го разбираме за определена

појава, како и последиците што ќе ги почуствуваме, ако тој

јаз во нашето знаење или разбирање го оставиме нерешен;

Page 19: Tema

Исказ за решението на тој проблем во кој експлицитно се

изложува суштината на сопственото решение, или се

кажуваат реченица-две кои ветуваат дкеа суштината ќе

следува.

Во зависност од тоа во која мера на читателите им е познат

тој проблем, тие исто така може да очекуват уште еден

елемент пред овие два;

Опис на контекстот од кој произлегува проблемот.

Според тоа, структурата на типично експликативниот

вовед би била ваква:

Контекст Проблем Решение.

Конечниот вовед е дел од трудот кој вообичаено се

пишува на крај, кога делото е завршено, бидејќи тогаш

авторот има целосен увид во проблематиката што ја

третира и може да ги согледа во целина сите нејзини

аспекти. Ако, сепак, тој е напишан порано, веројатно

ќе претрпи големи измени.

4.5.6. Главен текст

Неколку принципи кои би можеле да му бидат од

полза на авторот при композицијата на неговиот труд:

Сличност-сличните идеи,факти,мисли, треба да се

обединат и да се изложат на едно место. Ако во

темата се третираат повеќе прашања, не смее да се

зборува час за едно, час за друго прашање, да се скока

Page 20: Tema

од едно на друго, туку за секое од нив треба да се

расправа по некој логичен редослед. Исто така не

треба за она што претставува целина да се зборува на

различни места;

Следство-помеѓу деловите треба да постојат различни

односи на последување:временски,причинско-

последични,логички(ставовите да произлегуваат еден

од друг)

Пропорција на деловите-на секој дел на

трудот(глава,наслов,поднаслов,параграф)треба да му

се даде простор соодветен на значењето на фактите и

ставовите што се соопштуваат во него;

Јасни премини од еден дел кон

друг(глави,поднаслови,параграфи). Кога се преминува

од една поента на друга, треба да се користат

транзициски фрази со цел да се сврти вниманието на

преминот. Може да се напише на пример:, “Вториот

главен аргумент што ја поткрепува тезата во овој труд

е...” или ”Следниот чекор во аргументацијата што ја

поддржува тезата...”

4.5.7 Заклучок

Кои се тие елементи што би требало да ги содржи

заклучокот? Секако на прво место е тезата на авторот.

4.5.8 Библиографија

Page 21: Tema

4.5.9 Резиме

4.5.10 Индекс

4.5.11 Прилози

4.5.12 Содржина

Вовед.................................................................................9

1.ШТО Е МАГИСТЕРСКИ ТРУД1.1 Зошто треба да се пишува магистерски труд........151.1.2 Какво значење има оваа книга............................191.2. Како може да биде корисен магистерскиот труд и по магистрирањето.......................................................23

2.ИЗБОР НА ТЕМАТА2.1 Тема на специфичен проблем или панорамска тема.............................................................................312.1.1 Недостатоците на панорамската тема............35 итн.

5.Пишување на трудот

5.1Процесот на пишување

Способноста јасно и прецизно да се каже или да се

напише она што се мисли, е многу битна

комуникациска вештина.

Научниот труд е една од најзначајните форми на

писмено комуницирање.Од кандидатите за научни

звања се очекува да покажат конзистентна примена на

споменатите способности во трудовите што ги

квалификуваат за соодветните звања.

Page 22: Tema

5.1.1 Начини на пишување

На најопшто ниво, авторите условно можат да се

поделат во две групи:оние кои пишуваат брзо и

несредено; и писателите кои пишуваат бавно и чисто.

Независно од тоа каков начин на пишување негува,

авторот мора да создаде рутина на пишувањето. Тој

треба да си одреди време и место кое најмногу му

одговара концентрирано да пишува.

5.1.2 Контактот со читателите

При пишувањето на трудот авторот мора да има

предвид кому му се обраќа, кому му зборува преку

делото-на читателите кои немаат поголеми познавања

од областа на која му припаѓа делото или на потесен

круг стручњаци за таа проблематика.

5.1.3 Стилот на пишување

Кога се пишуваат трудови кои се базираат претежно на

анализа на други текстови, треба да се избегнува тие

да се сочинуваат од сумирања и цитати.

Најнеповолниот резултат од овој пристап е познат

како “пачворк”. Авторот прави композиција на

цитатите од различни извори(ако користи

компјутер,со опциите cut и paste) во која отсуствува

неговото оригинално размислување.

5.1.4 Јазикот

Page 23: Tema

При пишувањето на каков било текст, авторот е

исправен пред предизвикот да изнајде зборови, фрази

и реченици што јасно и прецизно ќе ги изразат

неговите мисли и идеи и што ќе ги направат интересни

за другите. Клучот за успешна комуникација е

употребата на коректен јазик.

5.1.4.1 Јасност и прецизност во изразувањето

Јазикот и содржината на еден труд се неодвоиви

нешта. Се разбира, аспектите како што се правописот,

интерпукцијата можат да се разграничат од самите

идеи.

Поимите, термините, зборовите стануваат јасни со

помош на методската постапка дефиниција. Од тие

причини, авторот треба да ги дефинира сите термини

кои се клучни за материјата што се изложува во

трудот. Кога првпат ќе се употреби некој нов термин,

тој веднаш треба да се објасни.

Откако дефинирал некој термин, авторот треба да

биде доследен во споствената примена на значењето

што му го определил на терминот. Особено треба да

се внимава да не се појави двосмисленост. Тоа се

случува кога се преминува од едно значење на

терминот кон друго, без да се назначи промената.

Page 24: Tema

Речениците не треба да содржат многу заменки. Ако

во текстот се споменуваат повеќе личности или

настани, тој може да стане повеќезначаен, да не е

јасно на кого или на што се однесува заменката.

Авторот треба да биде внимателен при употребата на

стилските фигури.

Ако сепак, понекаде се употреби некоја стилска

фигура-метафора,литота,иронија,читателот не треба

да се потценува со објаснување на нивното значење.

5.1.4.2 Интерпукција

При пишувањето на своите трудови авторите се

должни да внимаваат и на употребата на

интерпукциските знаци.

Тие треба да бидат поставени на вистинското

место:запирки(,); две точки(:); точката и запирката(;);

прашалници(?); извичникот(!); наводници(” „); три

точки(…);

5.2 Користење цитати и парафрази

При пишувањето на научните трудови, без оглед на

кое подрачје припаѓаат тие, авторите обично се

повикуват на многу туѓи текстови.Тоа се прави најчесто

со наведување на директни цитати, или со

парафразирање-ставовите или податоците што

авторот сака да ги пренесе во својот текст ги

Page 25: Tema

преформулира со сопствени зборови. Секако, и во

двата случаја треба јасно да се назначи кој е авторот и

кој е насловот на текстот што се цитира или

парафразира, независно од тоа дали текстот е печатен

или е во ракопис.

Директни цитати се користат кога:

Делата на другите служат како предмет на

критичка анализа или кога се извор на првични

податоци;

Авторот сака да се повика на некој авторитет во

областа што ја истражува;

Специфичните зборови и формулации од некој

извор се важни зашто токму тие биле значајни и

за други итражувачи;

Авторот сака да го истакне начинот на кој

неговиот извор ги кажува работите;

Зборовите и фразите на изворот се особено

„сликовити”

Авторот спори со ставовите на некој извор и сака

коректно и доловно да ги наведе тие ставови.

Парафразите се применуваат во оние случаи

кога:

Писателот повеќе го интересира

содржината,значењето на ставовите,

Page 26: Tema

отколку начинот на кој авторот на изворот

ги искажува тие ставови;

Кога самиот автор може истото да го каже

пократко или појасно.

5.3 Плагијаторство

Според Бут,Коломб и Вилијамс, „најлошото

што може да го снајде еден автор, е кога во

жарот на пишувањето, додека сигурно копа по

своите белешки наогајќи добри нешта што би

ги кажал, ја полни страницата или екранот со

мноштво убави зборови, а тие зборови му

припаѓаат на некој друг” Тоа е стапицата,

потенцираат тие, што треба да се избегне по

секоја цена. Станува збор за правење плагијат.

5.4 Ревидирање на текстот

Во првата верзија на трудот авторот треба да

напише се што мисли дека треба да каже во

врска со предметот што го проучува. Но

подоцна, при ревидирањето на текстот, ако

забележи дека на некои места се оддалечил

од темата, нив треба да ги исфрли, да ги стави

во фуснота или во прилози.„Не треба да се

допушти првата верзија на трудот да биде

Page 27: Tema

последна, бидејќи никој не пишува толку

добро”.

5.5 Користење на текст процесор

Денес авторите најчесто ги пишуваат своите

трудови на компјутер. Компјутерите со своите

апликативни програми овозможуваат

извршување на низа истражувачки задачи:

пишување и уредување на текст, вметнување

на слики или илустрации, пристап до базите на

податоци и пребарување низ компјутерската

мрежа итн.

5.6 Формат на трудот

5.6.1 Хартија

За конечната верзија на трудот треба да се

користи бела, 80-грамска хартија, стандарден

формат А4, на која се пишува само од едната

страна. Текстот треба да биде испринтан или

чукан на машина, но никако не треба да се

предава во ракопис. Не е препорачливо да се

користи хартија што лесно може да се брише

или да се аби, а ако авторот сепак е принуден

да користи хартија со послаб квалитет,

подобро е на менторот да му предаде добра

фотокопија.

Page 28: Tema

5.6.2 Маргини

5.6.3 Проред

5.6.4 Пагинација

5.6.5 Наслови и поднаслови

а) Насловна страница

б) Празна страница или страница за авторските

права (Copyright)

в) Посвета

г) Мото

д) Содржина

ѓ) Предговор

е) Главен текст

ж) Прилози

5.6.6 Илустративен материјал

5.6.7 Тип на букви

5.6.8 Повез