Marketing Dare

21
Дефинирање и Карактеристики на производ Дефинирање на произвоdот Производот претставува физички (материјален) резултат од дејноста на произвоdственото претпријатие. Низ сегашниот вкупен развој на производот, неговите карактеристики и намена минуваат низ повеќе фази. Така во неутралното производство производот, посматран низ употребениот квалитет е цел на таа економија. Врската меѓу производството и потрошувачката е најнепосредна: се произведува за да се троши и тоа за да троши самиот производител, односно неговото семејство. Употребените квалитети на производот се ориентирани кон неговите потреби и на тој начин се издиференцирани и неговите карактеристики........ Природата на производот го има само оној производен резултат кој го поседува како барана употребна вредност. При определени услови производот станува стока која покрај употребната вредност има и определена вредност. Таквата вредност производот ја стекнува како стока во простото стоковно производство во кое производите имаат определена употребна вредност, која како вишок на труд , по задоволувањето на потребите, се нуди на пазарот. Во оваа фаза на развојот производите имат две особини: 1) тие се производи со карактеристики кои се конвенционално признати, така што можат да се разменуваат без присуство поради стандарните особини и 2) производите се доволно издиференцирани и можат да задоволат потреби на поголем број корисници. 1

Transcript of Marketing Dare

Page 1: Marketing Dare

Дефинирање и Карактеристики на производ

Дефинирање на произвоdот

Производот претставува физички (материјален) резултат од дејноста на произвоdственото претпријатие. Низ сегашниот вкупен развој на производот, неговите карактеристики и намена минуваат низ повеќе фази. Така во неутралното производство производот, посматран низ употребениот квалитет е цел на таа економија. Врската меѓу производството и потрошувачката е најнепосредна: се произведува за да се троши и тоа за да троши самиот производител, односно неговото семејство. Употребените квалитети на производот се ориентирани кон неговите потреби и на тој начин се издиференцирани и неговите карактеристики........ Природата на производот го има само оној производен резултат кој го поседува како барана употребна вредност. При определени услови производот станува стока која покрај употребната вредност има и определена вредност. Таквата вредност производот ја стекнува како стока во простото стоковно производство во кое производите имаат определена употребна вредност, која како вишок на труд , по задоволувањето на потребите, се нуди на пазарот. Во оваа фаза на развојот производите имат две особини:

1) тие се производи со карактеристики кои се конвенционално признати, така што можат да се разменуваат без присуство поради стандарните особини и

2) производите се доволно издиференцирани и можат да задоволат потреби на поголем број корисници.

Во маркетингот производот се дефинира како "се она што може да се понуди на пазарот за да се предизвика внимание, купување , употреба или потрошачка, а што може да задоволи некоја желба или потреба."Поголемиот број производи се јавуваат во физички облик, но еден дел од нив претставуваат услуги кои, исто така се производи(услужни производи). Производи се и луѓето, местото, организацијата па дури и некоја замисла. Од таму и воопшто може да се каже дека производите се се она што може да ја сочува понудата, вклучувајќи физички предмети, услуги, луѓе, места, организации и идеи.Производот има неколку нивоа:

1) првото ниво и основно е основната корист, основната услуга, односно она што купувачот вистински купува. Тоа значи дека производот треба

1

Page 2: Marketing Dare

да ги содржи вистинските карактеристики да ја задоволи основната потреба поради која се купува

2) второто ниво претставува генералниот производ , односно основната верзија на определен производ кој ќе ја задоволи основната потреба

3) третото ниво е очекуваниот производ, односно производот да ги содржи карактеристиките и условите што купувачите ги очекуваат при купување на некој производ

4) четврото ниво претставува збогатен производ , односно производ што вклучува дополнителни услуги и користи, по што понудата ќе се разликува од понудата на конкуренцијата

5) последното ниво претставува потенцијален производ , односно измени на производот што можат да се превземат во иднина

Секој производ, без оглед на тоа во каков облик се појавува, треба да задоволи определена потреба. потребата пак се задоволува со она што го нуди производот, тоа е услугата. Оdтаму и производите кои се јавуваат во физичка смисла, потребата ја задоволуваат со услугата што ја даваат.Колку производот поцелосно одговара на замислената или вистинската претстава на купувачот во процесот на задоволување на потребите, толку повеќе претпријатието ќе остварува поповолни финансиски и др резултати.Во маркетингот концепцијата на работењето во фокусот се наоѓа потрошувачот, а основната цел на претпријатието е да задоволи некои потреби.

Во услови на конкурентски услови на пазарот и динамичната измена на потребите кои притоа не постојат за определени конкретни производи, претпријатието мора да понуди производ кој со своите карактеристики е конкурентен, односно има определени диференцијални предности кои ќе го привлечат купувачот. Затоа на производот особено во последниве децении, му се посветува големо внимание кое произлегува од: 1) се поголемиот степен на иновација во областа на производните и технолошките постапки при што доаѓа до намалување на животниот век на производот. Во такви услови ако претпријатието- производител нема соодветна маткетинг политика на производот, при планирањето и развојот на маркетингот, може да се најде во тешки услови поради застарување на производите и побрзиот развој на конкурентските претпријатија, а со тоа претпријатието нема да го оправда своето постоење во задоволувањето на општествените потреби преку производот, кои не се имагинирани, туку се изразуваат конкретно. Затоа, не може претпријатието да смета дека ја остварува својата функција, ако не произведува такви производи кои задоволуваат вистински потреби. 2) производот добива се поголемо значење поради пренесувањето на конкуренцијата од класичните облици (по пат на цени) на овој инструмент на маркетингот со кој се обезбедува учество на пазарот како основен индикатор за степенот на успешноста на работењето. 3) од карактеристиките на производот, условени се и другите инструменти на маркетингот. Така, за дистрибуција е мошне значајно производот да има такви особини кои ќе овозможат процесот на движење до потрошувачот да се оствари што понепосредно и со помали трошоци, да се обезбеди структурирање на соодветен продажен асортиман, да се олесни физичката дистрибуција и сл.

2

Page 3: Marketing Dare

Производот како средство со кое се комуницира со потрошувачите, служи да се остварат целите и на производствените претпријатија и на потрошувачите. Се смета дека преку производот потрошувачите остваруваат два вида на цели:

- инструментални, односни такви цели со кои производот задоволува определени потреби во физичка смисла преку употребената вредност, што е основно значајно кај производителите на производи за производно- услужна потрошувачка

- психолошки цели, кои произлегуваат од употребната вредност, но и до низа психолошки димензии во поглед на поседувањето и симболичките белези, кои се од големо значење особено за некои групи производи за лична потрошувачка.

класификација на производите

Постојат голем број на производи кои меѓусебно се разликуваат што причинува низа тешкотии во нивната класификација. Затоа, во теориските расправии, а и во практиката постојат низа различни класификации. Во зависност од тоа од кој аспект се посматраат карактеристиките на производите.За маркетингот, класификацијата има посебно значење, бидејќи одделни групи производи се слични по својот третман во преземањето на маркетинг активностите. Според важните карактеристики за разликување на производите, тие можат да се групираат:

1) од стојалиште на производителите на: -производи од органско и неорганско потекло -производи за широка и за производно- услужна потрошувачка2) од стојалиште на траење на процесот на трошење, корисноста и куповните навики - краткотрајни производи и производи со подолго траење - производи без и производи со претходен избор - производи со дневна, повремена и ретка побарувачка3) од стојалиште на познавањето на потрошувачите - производи кои бараат објаснувања во процесот на размената - производи кои не бараат објаснување

Производите можат да се класифицираат и според други критериуми:1) според староста на производите на пазарот: на сегашни и на

новововедени производи2) според критериумор дали производот може или неможе да се добие

насекаде: на конкурентски и неконкурентски производи3) според апсолутната висина на цената: на производи кои имаат висока

цена и производи со ниска цена

3

Page 4: Marketing Dare

4) групирање според критериум на периодичност на потребите: на производи со незначителна постојаност во купувањето и производи со висока фреквенција на употреба

5) според брзината на продажбата производите се групираат на: конкуретни и неконкурентни

6) во однос на економското значење што го имаат во асортиманот: на производи кои го сочинуваат јадрото на асортиманот и гранични производи

7) според трајноста: на трајни и нетрајни8) според критериумот на меѓусебниот однос на производите, тие можат да

се групираат на: супститутни, комплементарини и независни9) според степенот на доработката се групираат на суровини,

полуфабриканти, полупроизводи, готови производи и стари производи и отпадоци

10) според начинот на добивање на : природни, вештачки и синтетички11) во практиката производите се делат на: индустриски, природни

суровини, земјоделски производи итн

-производи според категоријата купувачи-

Според категоријата купувачи, производите обично се групиратт во две основни групи: 1) производи за лична потрошувачка

2) производи за производно- услужна дејност

Основната разлика меѓу овие производи е во тоа што средствата за производство се купуваат по правило од специјалисти, односно од лица кои добро го познаваат производот што го купуваат, додека потрошувачите на пазарот за лична потрошувачка речиси никогаш не се јавуваат како специјалисти за производите што ги купуваат.Надворешниот изглед има особено значење само за онаа група која служи за задоволување на личните потреби, додека пак, за средствата за производство поголемо значење има функционалноста.

4

Page 5: Marketing Dare

-производи спред трајноста-

Според овој критериум производите се групираат во две групи: -производи кои со актот на употребата се трошат( го губат својството на дотогашен производ како што се производите кои служат за исхрана и предметите на трудот) - производи кои се со трајна употреба, односно се користат во подолг периодЗа разлика од производите кои со актот на употреба се трошат, производите за трајна употреба можат да бидат користени во пократок или подолг период. Имено, тие можат да се употребуваат до нивно потполно физичко уништување, или можат да бидат заманети порано, пред нивна потполна дотраеност.

-производи според односот со други производи-

Постоењето на поголеми слични производи на пазарот предизвикува определен меѓусебен однос кој се состои во тоа што потрошувачката на еден производ се заменува со потрошувачката на друг производ.Во практиката честа е појавата одделни производи меѓусебно да се надополнуваат, како на пример, зголемувањето на бројот на автомобилите предизвикува зголемување на потрошувачката на бензин, на автомобилски гуми и сл. Ваквите односи меѓу производите во кои зголемената потрошувачка на еден производ предизвикува зголемување на потрошувачката на друг и обратно, значат постоење на комплементарни производи . Меѓутоа, доколку зголемувањето на потрошувачката на еден производ предизвикува намалување на потрошувачката на друг производ, тогаш настанува однос на супституција која е посебно изразена кај производите со иста или со слична намена кои се всушност конкурентни на пазарот. Значи, промените на карактеристики на еден производ, или на цена, доведуваат до појава на супституција, а производите се нарекуваат супститути.

5

Page 6: Marketing Dare

-Производи според реагирањето на оддделни фактори-

Оваа класификација ја опфаќа групата производи за лична потрошувачка кои се групираат на:

1) производи за задоволување на физиолошките потреби – кои се неопходни за живот на човекот, какви што се производите за исхрана и сл.

2) производи за индустриска цивилизација – во кои се вбројуваат производите за трајна употреба чија основна карактеристика е поголема ценовна еластичност

3) луксузни производи – кои се карактеризираат со релативно мала ценовна еластичност, но со изразена еластичност во поглед на доход.

-Класификација на потрошните добра-

Една од најстарите и најпознати класификации на потрошувачката е на: 1) обични (односно конвенционални) производи - ја сочинуваат групата производи кои се купуваат со најмал напор. Во основа тоа се производи кои ги познаваат купувачите и ги купуваат речиси секојдневно. Таков е случајот, на пример со цигарите, лебот, весниците и сл, кои ги се купуваат во најблиската продавница. 2) посебни (шопинг) производи - бараат дополнителен напор во купувањето поради потребата да се споредува цената, квалитетот и дизајнот. 3) специјални производи - спаѓаат производите кои се со посебни карактеристики, обично со марка, при што купувачот е подготвен да направи посебен напор особено при изборот на марката.

6

Page 7: Marketing Dare

Квалификација на потрошните добра според СтантонКласификација на маркетинг разгледувањата

Тип на производиобичен посебен Специјален

1 2 3 4Карактеристики1 Време на

потрошувачот и напор при купувањето

многу мало значајно тешко се воопштуваат. Mоже да е мало, а и да е потребен голем напор и значајно време

2 Време на планирање многу мало значајно Значајно3 Колку брзо се

задоволува потребата по јавувањето

непосредно Релативно долго време

Релативно долго време

4 Дали се споредува цена и квалитет

не да Не

5 Цена ниска висока Висока6 Фрекфенција на

купувањеобично често нерегуларно нерегуларно

7 Значење неважно често многу важно

тешко се воопштува

Маркетинг- разгледувања1 Должина на каналот долг кус кус до многу кус2 Значење на

продавачот на малониедна малопродажна продавница

важно многу важно

3 Број на продавници колку е можно малку само една4 обрт голем помал помал5 Бруто маржа ниска висока висока6 Одговорност за

економската пропаганда

производители трговија на мало

заедничка одговорност

7 Значење на излагањето на место за купување

многу значајно

помалку значајно

помалку значајно

8 Економската пропаганда ја користи

производител трговија на мало

двајцата

9 Значење на името и марката или продавницата

име на марката

на продавницата

и двете

10 Значење на пакувањето

многу значајно

помалку значајно

помалку значајно

7

Page 8: Marketing Dare

Животен циклус на производот

Производот минува низ четири фази: воведување, растење, зрелост и опаѓање. Првата фаза – воведување (лансирање) на производот се карактеризира со релативно мал обем на продажбата кој има тенденција на пораст. Малиот обем на продажбата произлегува од малото производство, од недоволната побарувачка, несовршеноста на производот, недовербата на купувачот, релативно високите продажни цени и сл.Втората фаза – растење - се одликува со нагло зголемување на продажбата што произлегува од уходувањето во производството и од зголемувањето на потрошувачката.Трета фаза – зрелост - во оваа фаза настанува зголемување на продажбата, но со поуспешно темпо, техничките измени се помали, продажбата постепено почнува да стагнира како резултат на заситувањето на пазарот.Четврта фаза - опаѓање и дегенерација на продажбата и постепено напуштање на производството на определениот производ.Секој производ не мора да ги мине сите фази. Некои производи уште во првата фаза доживуваат неуспех, додека други можат да го продолжат циклусот. Односно фазите да траат нееднакво време.

Белези на производите

Како најзначајни белези на производите се истакнуваат:1) Дизајнот2) Квалитетот3) Марката на производите4) Функционалноста5) Пакувањето и 6) Гаранцијата на другите услуги (сервиси итн.)

Дизајн на производите Кога во практиката се зборува за дизајн на производот, се мисли пред се на неговиот облик, односно изглед, боја и сл. Дизајнот може да се дефинира како креирање на односот меѓу производот и потребите, односно како целесобразност на производот. При тоа во процесот на дизајнирањето не е битен само обликот на производот, туку пред се како производот се вклопува во средината во која се наоѓа. Во маркетингот од особено значење е при функционирањето на одделни активности дизајнот како процес на обликување

8

Page 9: Marketing Dare

на производите, да продонесе за задоволување на потребите на потрошувачите. Но со дизајнот не се создава само обликот на производот, бидејќи дизајнирањето на производите бара креативно ангажирање.

Факторите на дизајнот можат да се групираат според: употребата, продажбата и производството. Основни фактори се:

- естетиката- мотивацијата- функцијата- ергономијата- механизмот- структурата- производството и - економиката и презентацијата

класификација на факторите на дизајн

Класификација на факторите на дизајнот

Има значење за

употребата продажбата производството

Естетика X X

Мотивација X X

Функција X X

Ергономија X

Механизам X

Структура X X

Производство X X

Економика X X

презентација X X

А) естетикаОд аспект на естетскиот изглед секој производ може да се расчлени на седум основни елементи: линија, правец, пластичен облик, големина, структура, светлосна вредност и боја.

Б) мотивацијаМотивацијата има влијание во поглед на стимулирањето на потрошувачот да користи определен производ, односно да го купи, поради што мора да се има предвид при дизајнирањето.

В) функцијаФункцијата претставува прилагоденост на предметот да исполни определена намена која е мошне значајна во дизајнот кој мора да поаѓа од потребите.

9

Page 10: Marketing Dare

Г) ергономијаЕргономијата е научна дисциплина чија задача е врз база на емпирските истражувања на човечкиот организам и неговото однесување да ги изнајде начините на прилагодување кон предметите, околината и другите процеси со кои човекот доаѓа во допир.

Д) механизамМеханизмот претставува битен фактор на дизајнот, бидејќи обликот на производот сосема нормално зависи на физичко - конструктивните услови особено кај посложените производи.

Ѓ) структуратаСтруктурата може да се дефинира како опис на видовите и категоризацијата на елементите и нивниот меѓуоднос во определен систем. Таа зависи од физичките и техничките особини на материјалите, начинот на производството, доработката и сл.

Е) производствоПроизводството го диктира обликот на производот. Начинот на организација на производството, техничкиот и организациониот аспект директно се сврзани со процесот и резултатот на дизајнирањето.

Ж) економикаЗа процесот на оформување на обликот на производството економиката претставува значаен фактор.

З) презентацијаИзгледот на производот во основа мора да ги задоволи барањата во поглед на истражување на основната функција на производот, односно како тој ке се користи.

Квалитет на производитеПод квалитет на производите се подразбираат таквите особини кои можат да задоволат определена потреба. Овој поим опфаќа повеќе елементи:- материјалот од кој е изработен производот- обликот (формата)- составот- конструкцијата- бојата- белезите во поглед на вкусот и др.

10

Page 11: Marketing Dare

Оценката на квалитетните особини на производот и пристапот се мошне различни во практиката. Имено, често квалитетот на производите се набљудува од аспект на употребениот материјал и нивото на технологијата во производствениот процес. Во практиката на маркетингот се разликуваат во основа два случаи во определувањето на квалитетните особини на производот:1) определување на квалитетот на нов производ кој има незаменливо

значење за успехот при лансирањето, а исто така ги димензионира и особините на амбалажата, на инструментите на маркетинг - миксот инт.

2) Определување, или подобро речено, модифицирање на квалитетните особини на производите кои веќе се наогаат на пазарот. Во такви случаи претпријатието производител може да преземе определени интервенции во поглед на квалитетот на самиот производ, или пак на надворешните манифестациони белези (амбалажа, боја и сл.)

Во пристапот на политиката на квалитет на производот, постои настојување речиси кај сите стопански субјекти да понудат на пазарот производ со што подобар квалитет. Меѓутоа, нивото на квалитетот не зависи само од желбите и од настојувањата, туку и од низа фактори, а пред се од цените на производите и трошоците на производството.

Марката на производот

Во теоријата и практиката на маркетингот под марка на производот се подразбира збор, знак, симбол, дизајн, термин или збир на сите нив, со основна намена да се изврши определено диференцирање на производите од производите на конкуренцијата. Марката, како битен белег на производот, има големо значење како за производителите така и за потрошувачите.За потрошувачите марката носи низа предности кои се состојат во следното:

1) марката го олеснува изборот и купувањето на производот што е од големо значење во услови на постоење на пазар на кој се нудат голем број производи со слични карактеристики

2) марката придонесува да се создаде определено искуство кај купувачите и да се создадат навики за повторно купување бидејќи потрошувачот кој ќе добие уверување за предностите на марката создава навики повторно да купува производи со истата марка

3) марката дава определена гаранција за квалитетот бидејќи во практиката производите со марка по правило имаат определено утврдено ниво на квалитет

4) задоволува определени емотивни потреби кај купувачите, односно создава статус во однос на другите потрошувачи

Покрај потрошувачите, марката дава низа предности и за производителите:

11

Page 12: Marketing Dare

1) марката овозможува контрола бидејќи преку марката се идентификува производот на пазарот, особено во услови кога постојат производи со иста намена.

2) создава можност за независна политика на цените што е едно од основните правила на политиката на марката.

3) марката го олеснува лансирањето на нов производ, особено ако се користи семејна марка при што се користи стекната доверба на производите со марка кои веќе се наоѓаат на пазарот

4) се олеснуваат акциите на промоцијата, а со тоа и трошоците се помали.

Покрај овие предности, добро избраното име на марката на производот или претпријатието носи низа други предности:

- влијае врз повторно купување на производот- создава лојалност на потрошувачите- го проширува пазарниот сегмент- привлекува внимание на купувачите и - создава поволна слика за претпријатието

Функционалноста на производот

Функционалнота на производот претставува една од значајните карактеристики на производот. Функционалните белези се однесуваат на разликите во конструкцијата или намената со што еден производ се разликува од друг. Тие разлики можат да произлезат од:

- употребениот материјал - методот на изработка - намената

- распоредот на одделните компоненти на производот - методот на работа и др.Функционалноста е посебно значајна бидејќи претставува еден од најзначајните елементи во стратегијата на пласманот. Во таа смисла мора да се има предвид дека без својата функционалност производот всушност нема употребна вредност, па оттаму и не претставува производ во вистинска смисла. Покрај тоа, мошне е значајно уште со надворешниот изглед производот да не создаде дилеми во поглед на својата функција која треба да биде видлива.

Пакување и амбалажа на производите

Амбалажата, односно пакувањето на производот е мошне значајна карактеристика на производите ако се има предвид дека комплексниот

12

Page 13: Marketing Dare

производ го сочинуваат физичките, економските и психосоцијалните елементи. Амбалажата ги има следниве основни функции:

1) заштитна функција - која е доминантна кај производите за производствената потрошувачка

2) дистрибутивна функција - која зависи од продажните канали на производот

3) функција на потрошувачката - која се одразува преку влијанието на купувачите

4) функција на унапредување на продажбата - од аспект на привлекување на внимание

Амбалажата во современата практика на маркетингот во голема мера овозможува да се намалат трошоците на дистрибуцијата. Покрај тоа, амбалажата е најзначајно комуникационо средство, а особено се идентификува преку опаковката.

Во практиката се среќаваат четири основни категории амбалажа:1) примарна амбалажа2) секундарна амбалажа3) display амбалажа4) транспортна амбалажа

Амбалажата може да задоволи некои важни барања:- економичност - и тоа не само во производството, туку и при транспортот

и манипулацијата- финкционалност - особено во поглед на дистрибуцијата до

потрошувачите- комуникативност - во силса на промоција на марката и нејзиното

разликување од конкурентните марки- големина која е детерминирана пред се од големината на производот и

количината на производите кои се пакуваат во една амбалажа.- обликот е најчесто определен со обликот на производот- материјалот има големо значење за амбалажата, зависно од тоа дали се

користи хартија, метал, стакло, пластика, дрво, текстил и др.- конструкцијата во голема мера зависи од трошоците, потребата за

заштита на производот, начинот на користење и др.- Начинот на отворање и затворање- потрошниот дизајн

Изборот на амбалажата зависи од голем број фактори, а најзначајни се:1) осетливост на производот од оштетување2) ризикот на кој производот е нормално изложен во комерцијалното

пакување

13

Page 14: Marketing Dare

3) времето во кое производот може да остане во амбалажата, а сеуште да биде во задоволителна состојба

сервисирање на производите

сервисирањето на производите во маркетингот има големо значење за настојувањата на потрошувачите да им овозможи што поцелосно и поправилно користење на производите. Вообичаени се следниве видови сервиси:

1) упатство за употреба има особено значење кај производите кои се состојат од повеќе делови, производите кај кои постојат посложени механизми битни за правилно функционирање и употреба на производот, нови производи чии карактеристики недоволно се познати за потрошувачите.

2) инсталирањето на производите како определен вид сервис има значење за низа производи чие отпочнување со употребата е сврзано со претходно правилно монтирање и прикажување на инсталациони уреди.

3) Одржување и поправките на производите при употребата е значајно за поголем број производи со подолг рок на користење и со висока цена кога е неопходно да се извршат поправки, а во некои случаи и одржување во определен рок. Тој може да се врши на повеќе начини:

- со испраќање екипа од фабриката- со основање сервис во определени позначајни локации- преку поврзување со трговијата или со специјализирани сервиси за

обавување на сервисирањето за сметка на производителите4) инспекција и контрола се неопходни за трајни производи со цел да се

провери начинот на нивното користење5) замена на делови на производите е посебен вид сервис кој се обавува

според спецификацијата на деловите на производот кои имаат покус век на траење отколку другите делови на производот

6) гаранцијата е еден од основните и најзначајните видови сервис особено за производите кај кои не е можно да се утврди квалитетот и особините по надворешниот изглед (на пр. апарати за домаќинство)

14

Page 15: Marketing Dare

Користена литература:1. wikipedia.com2. лични контакти3. маркетинг менаџмент (скрипта за интерна употреба)4. бизнис списанија

Izrabotil:^ergoski Darko

15

Page 16: Marketing Dare

16