MalBiznisInfoBr5

15
Како од идеја до сопствен бизнис ? Биомаса и пелети Еко-филозофијата на античкото време

Transcript of MalBiznisInfoBr5

Page 1: MalBiznisInfoBr5

Како од идеја до сопствен бизнис ?

Биомаса и пелети Еко-филозофијата на античкото време

Page 2: MalBiznisInfoBr5

2 Мал бизнис инфо, број 5

Содржина

Како од идеја до сопствен бизнис ?

стр 3

Биомаса и пелетистр 7

Еко-филозофијата на античкото време

стр 10

Месечно електронско списание на Комора на мал бизнисМал бизнис инфо

Уредник и графички дизајн : Ирена ПостоловскаАвтори: Шуна Спировска, М-р. Игор Шешо, Емилија Софеска

Издаваштво и дистрибуција: еАбакус Комуникации ДООЕЛ Скопје, ул „Детелин Војвода“ 4 1000 Скопје ,

email: [email protected], web site: http://www.еabacus.org

Од уредникот:

Почитувани читатели,

Овој број го започнуваме со една тема, која според моето лично мислење, сеуште не е доволно развиена и прифатена кај нас. Станува збор за претприемаштвото во Р.Македонија, и искрено се надевам дека многу од вас кога ќе го прочитаат текстот ќе се пронајдат во него и ќе се присетат на своите почетоци. Биомасата и производство на пелети исто така ги разработивме во петтото издание на Мал бизнис инфо се со цел да го подобрат понатамошниот начин на живот. А за крај ќе се навратиме на древните цивилизации и ќе поразговараме за еко-филозофијата на античкото време.

Page 3: MalBiznisInfoBr5

Мал бизнис инфо, број 5 3

Како од идеја до сопствен бизнис ?

Животот на луѓето е поврзан со задоволување на различни потреби. Различноста на потребите кај луѓето е поврзана со нивните информаци, нивнато обрзование, возраст, пол, средината во која се наоѓаат, нивната куповна моќ и др. луѓето имаат потреби од храна, облека, живеалиште, образование, припадност,лични потреби и др. Но, луѓето имаат потреба од работа за да ги обезбедат сите овие различни потреби. Во таа

насока луѓето имаат потреба и да се ангажираат во отпочнување и реализација на различни бизниси.

Пред извесно време слушнав една многу интересна приказна за тоа како и зошто кај некои луѓе се родила идејата за сопствен бизнис. Петар работел во едно транспортно претпријатие. Со неговата плата го издржувал неговото четири члено семејство. Меѓутоа платата му била мала и морал да бара начин како да обезбеди повеќе средства за своето семејство. Од неговите родители слушал како неговите баба и дедо се занимавале со производство на кори за баница, баклава и др. Тој немал поим као и што треба да направи за да провери и отпочне некаков бизнис. Но, знаел дека мора да направи нешто повеќе за своето семејство. Се р а с п р а ш а л во неговото семејство, за тоа како се прават тие кори и што му е потребно за да работи со правење на кори. Заклучил дека со малку пари може во своите п о д р у м с к и простории да отпочне со производство на кори. Така заклучил и така направил.

Пред влезот на својата куќа на една табла напишал кори и кадаиф. Најпрво соседите почнале да купуваат, па потоа случајните минувачи кои ја читале таблата, па неговите колеги од работа и така натаму. Петар почнал да си обезбедува дополнителни средства за своето семејство. После извесно време работата му се развила и тој одлучил да го напушти претпријатието и да си отвори трафика на пазар и да го продава своето производство пред поширок круг купувачи. Работата тргнала. При тоа за цело време му помагала неговата сопруга. Во меѓу време дошол до идеја во трафиката да инсталира мелница за кафе и покрај кори да продава свежо мелено кафе. Идејата се покажала

како солидна работа и тоа му донела можност за поголема заработувашка. Но, Петар не застанал тука. Одлучил да земе под кирија дуќан на пазарот и отворил колонијална продавница. Сега производството на кори не го сопрел, туку вработил работник кој ќе прави кори, а тој се посветил на бизнисот во продавницата. Работата добро му тргнала. На пазрот имало доста купувачи, а тој секогаш се грижел добро да ги услужи. Во меѓувреме неговите деца пораснале, завршиле средно образование и сакале да се вработат некаде. Барале работа, но работа намало. Неговата ќерка покажала интерес да работи во продавницата. Петар

со задоволство ја прифатил таа нејзината желба. Неговиот син не сакал да се занимава со трговија и покажал интерс за угостителство. Петар не бил задоволен од изборот на неговиот син, но му помогнал за да отпочне со тој бизнис. Петар и неговата ќерка продолжиле со нивниот бизнис. Откако неговата ќерка се омажила, Петар одлучил, бизнисот со продавницата да и го препушти на неговата ќерка и зет,

а тој почнал да размислува за нов бизнис. Неговата идеја била да го напушти бизнисот со кори и да отпочне бизнис за производство на тоалетна хартија и савфети. Побарал микро кредит и ја реализирал идејата за производство на тоалетна харија и салвети. Тој вработил и тројца работници и сеуште се занимава со успех со тој бизнис. Во меѓувреме ќерката и зетот отворија уште еден дуќан на друг пазари и вработија уште двајца работници.

Што уште понатаму ќе превземе Петар и дали ќе отпочне со некој нов бизнис не е познато. Од тоа што досега направил

Page 4: MalBiznisInfoBr5

4 Мал бизнис инфо, број 5

Петар познато е дека тој имал повеќе идеи за бизнис и истие ги реализирал. Исто така факт е дека неговите бизниси се мали бизниси. Но, дали тој ризикувал при секоја негова идеја и одлука за нов бизнис? Секако дека ризикувал. Тој ризикувал, но успевал и успехот го споделувал со неговото семејство. Колку Петар се однесувал претприемнички во бизнисот? Во бизнисот Петар го вклучил и своето семејство. Неговата ќерка го наследи во продавницата. Дали Петар отпочнал семеен бизнис?

Идејата за сопствен бизнис, е поврзана со соодветна бизнис одлука, за реализација на конкретни бизнис активности од што се очекуваат конкретни резултати . Од идеја за сопствен бизнис до реализација на истата потребни се голем број разновидни активности. До идеја за сопствен бизнис се доаѓа поради различни причини. Тоа се причини поврзани со немање работа, поседување на капитал, информации и согледувања кои нудат можности за поголеми заработувачки и други фактори. Започнувањето на било каква бизнис активност која треба да даде одреден резултат, се темели на идејата за таа работа. Идејата за започнување на било каков деловен потфат не доаѓа сама по себе. Најпрво, таа е резултат на одредени потреби за успех и докажување, но и на одредени согледувања,знаења, искуство, истражувања и анализи. Идејата за сопствен бизнис е израз на потреби од различен карактер.Тие потреби може да бидат одраз на на различни состојби во кои се наоѓа носителот на таа идеја. Се смета дека идејата за сопствен бизнис се јавува како резултат на следниве ситуации:- Немање постојана работа;- Немање доволно средства за живот;- Поседување на слободни финансиски средства;- Кога некој работи во организација каде неговите претпоставени се со помала стручност, знаење и способност;

- Поради поседување на претприемнички дух.За да се реализира одредена идеја за сопствен бизнис, најпрво е потребно истата добро да се разработи. При тоа, неопходно е да се има критички осврт кон самата идеја и нејзината зависност од факторите за успех. Факторите за успех на бизнис идеја се однесуваат на:- Побарувачката на пазарот, нејзината големина и нејзините потреби во однос на идејата за бизнисот;- Конкуренцијата на пазарот во однос на нејзината големина, сличност или различност со бизнис идејата;- Достапност на опрема за реализација на бизнис идејата;- Достапност на стручна работна сила;- Достапност на репроматеријали за работа. Идејата која се однесува на конкретен деловен потфат може да биде во мали или големи димензии, но исто така таа може да биде идеја за бизнис темелен на постоечки ресурси и пазари и идеја која користи нови ресурси, е комбинација на повеќе ресурси и претставува иновативен потфат. Малиот бизнис е предизвик на современиот начин на стопанисување. Малиот бизнис е форма на стопанисување со мали и ограничени ресурси. Малиот бизнис е можност за дејствување во различни стопански дејности со мал капитал. За отпочнување на мал бизнис е поптребен мал капитал. Најчесто во малиот бизнис сопственик е еден човек, или мал број луѓе. Преку малиот бизнис се овозможува користење на локални и ограничени ресурси. Малиот бизнис делува на мали и ограничени пазари.

Многу мали бизниси долго време, па дури и за целиот свој животен век остануваат мали, скоро со истиот капацитет како на почетокот. За нив не може да се каже дека се претприемнички бизниси. Претприемничките мали бизниси во основа трагаат по нови ресурси и можности за нивниот раст и развој. За нив промените се предизвик за изнаоѓање на нови можности кон развојот. Движечки фактор за претприемничките мали бизниси се иновациите. Тоа што, малите бизниси многу често оперираат со ретки, мали и специфични ресурси им дава можност да разработуваат и реализираат иновативни идеи за добивање на поголем профит. Малите бизниси поради нивната функционална поставеност се плодна почва за реализација на клучните фактори за претприемништво:- Самостојно дејствување - Иновација - Самостоен ризик- Независност.Одлуката за реализација на претприемничка идеја во малиот бизнис ја донесува нејзиниот сопственик. Тоа наведува дека клучот за претприемнички мал бизнис лежи во претприемничкиот дух на неговиот сопственик. Една од слабостите на малиот бизнис која што е поврзана со непознавања на менаџментот е каректаристика на добар дел од сопствениците на мали бизниси. Имено тие освен стручноста за дејноста со која се занимаваат не пројавуваат интерес за нови знаења, искуства а посебно

Page 5: MalBiznisInfoBr5

Мал бизнис инфо, број 5 5

истражувања на нови можности, најчесто под изговор дека добро си ја познаваат работата. Овие сопственици се личности кои се водат од своите лични цели и немаат амбиции за поголем успех задоволувајќи се со она што го добиваат во моментот. Тие својот бизнис и профитот од него го фокусираат во најголем дел на семејните потреби и желби. Се разбира дека овие сопственици не можат да се дефинираат како претпримачи и нивниот бизнис не е претприемнички.Сопствениците на мали бизниси кои слабиот менаџмент го надминуваат со едукација од областа на менаџментот и маркетингот, со истражувања на нови можности и ресурси за работа и профитирање, со практицирање на своите нови идеи и иновации се преприемачи на својот бизнис. Претприемачките сопственици на мали бизниси се прифаќачи на новини и промени но не застануваат на тоа. Тие се ангажираат во насока на градење сопствен маркетинг концепт на својот бизнис во насока на профитирање. Претприемачот на мал бизнис е личност кој целта за профит ја гради преку иновации и растеж на својот бизнис. Тој не е само амбициозен и желен за успех, туку тој е спремен за ризик во реализацијата на свои нови идеи. Тој ги следи целокупните текови на пазарот и пошироко и презема чекори за искористување на можностите за кои проценува дека ќе бидат профитабилни. Она што е многу важно претприемачот на мал бизнис на неуспешниот потфат најчесто одговара со реализација на некој нов деловен потфат.

Иницијативата и способноста да се тргне во пресрет на ризикот да се успее или не во врска со реализацијата на некоја идеја за нов производ, освојување на нови пазари, или слично, се однесува на активности и процеси кои со заедничко име се означуваат како претприемништво. Откривање на можности за нов производ, нов начин на работа, нови идеи за можности од деловни потфати и прифаќање на ризикот од реализацијата на тоа укажува дека станува збор за претприемништво. Притоа се поаѓа од тоа дека нема успешна работа и деловен потфат без ризична одлука.

Претприемништвото значи изнаоѓање можности и начини создавање нови или подобри производи на пазарот. Секако дека претприемништвото за вакви деловни потфати подразбира превземање сопсвен ризик. Ризикот во претприемништвото произлегува од ризикување пари и идеи во иноваторни потфати и производи. Вака поставено претприемништвото има улога на силен поттикнувач за развој на привтаната сопственост и пазарната конкуренција. Претприемништвото е силен поттикнувач за успехот и развојот на пазарната економија. Претприемништвото се наметнува како еден од основните столбови на кои се потпира успехот на пазарната економија. Покрај претприемништвото за важни столбови на успешна пазарна економија се: приватната сопственост, слободно формирање на цени и конкуренцијата.Претприемништвото не е само идеја за нови производи

Page 6: MalBiznisInfoBr5

6 Мал бизнис инфо, број 5

или за нови пазари. Претприемништвото е и реализација на идеја за производство на повеќе варијанти од еден производ. Претприемништвото е промена во начините на продажба. Кај претприемништвото е битно да се има спремност за прифаќање на ризици.

Лицата што се носители на нови идеи за нови производи или други активности во материјалното производство и услуги и го преземаат ризикот да работат на тоа поле се нарекуваат претприемачи. Значи претприемачот е лице што превзема ризик со намера да создаде нов производ или да развие подобар начин за водење бизнис, решение за зголемување на продажба и др.

Претприемачите се носители на креативен и иноваторски дух. Тие се индивидуалисти и креативци со истражувачки способности да развијат и создадат нешто ново што ќе значи некаков прогрес. Претприемачите како резултат на својот истражувачки дух се забележувачи на нови пазари, врз база на што се развиваат нови производи. Тие имаат улога на трагачи за нови начини на продажба во зголемување на продажбата.

Претприемништвото може да биде присутно во малиот бизнис.

Кај малите претпријатија при неуспешен потфат може да се случат многу критични ситуации, кои кај големите претпријатија може полесно да се пребродат. Во основа меѓу претприемништво и малиот бизнис нема некое значајно совпаѓање и покрај тоа што од површна гледна точка изгледа дека тие се слични. Малиот бизнис поаѓајќи од неговата поставеност има големи можности да биде претприемнички. Некои од карактеристиките на малиот бизнис покажуваат на тоа дека малиот бизнис овозможува: - Зголемување на конкурентност на пазарот- Поуспешно функционирање на пазарната економија- Создавање специфична подлога за техничко технолошки и други иновации- Флексибилност и способност за прилагодување и прифаќање на промените од било каков карактер.Во овие наведени специфики на малиот бизнис се согледуваат солидни можности за создавање и реализација на претприемнички идеи. За малиот бизнис претприемничките потфати значат скок кон голем успех. Претприемничкиот мал бизнис со сигурност се движи кон развој и прераснување во среден или голем бизнис. Претприемништвото во малиот бизнис има можности за реализација на иновации со користење на ретки, локални и периферни ресурси за кои големите бизниси најчесто не се заинтересирани.

Претприемништвото има важна улога за развојот на стопанството и пазарната економија. Оваа важност е пред се заради развивањето на иницијативите, иновациите,

новите техники и технологии на производство, новите форми на продажба и се друго што нуди самото претриемништво. Претриемништвото има важна улога за зголемување на производството, за зголемување на вработеноста, за остварување на поголема добивка и др. Претприемништвото ја има улогата на создавач на

можности и насоки за зголемување на економскиот раст воопшто. Улога на пратприемништвото е и да ја развива слободната иницијатива и приватната сопственост.

Улогата во која претприемништвото е прифаќач на ризици, почива на веројатноста дека само со ризикување може да се создаде и добие повеќе. Големината на улогата на претпиемништвото е во овозможувањето да се развие и зголеми искористеноста на ресурсите, а и развивање на пасивните краишта. Претриемништвото овозможува разовј и на малите и на големите бизниси, што значи има голема улога за развојот на малото и крупното стопанство. Посебно претприемништвото има придонес и овозможува раст на малите во средни и големи претпријатија.

Најбитната улога на претприемништвото се состои во тоа што никогаш не потклекнува на неуспесите, туку напротив на неспешните потфати одговара со нова иницијатива и нови идеи.

Растот и развојот на стопанството и пазарната економија има голема потреба од ефектите и разултатите што се остваруваат преку растот и развојот на претприемништвото.

Шуна Спировска[email protected]

Page 7: MalBiznisInfoBr5

Мал бизнис инфо, број 5 7

Биомаса и пелети

материја, обликот, големината итн. Покрај содржината на влага и енергија, карактеристиките на бимасата се дефинирани со нивната физичка структура, тежина, волумен, густина и содржина на пепел.Користејќи ја биомасата како гориво значи дека јагленородниот двооксид ( CO2) кој што бил апсорбиран од воздухот додека растението растело, се ослободува назад во воздухот кога горивото согорува. Системот се нарекува дека е јагленородно неутрален. Енергетската вредност на биомасата е детерминирана со нејзиниот хемиски состав и се мери како џули енергија во 1g гориво ( J/g ) ( меѓутоа во практиката најчесто се изразуваат како MJ/kg или GJ/t). Меѓутоа, исто така за практични цели како важен параметар е и волуменскиот показател за горивото изразен преку енергетската густина. Кога се планира биоенергетски проект како важна информација која што треба да се знае е енергијата содржана во одреден волумен на биомаса која што влијае врз големината на постројката, местото за складирање на горивото и начинот на транспортот.Развитокот на соодветни системи за жнеење и компактирањето-згуснување на биомасата се покажуваат како надежни во однос на логистичките подобрувања. Ваквите системи се од посебна важност поради внесувањето на биогоривото на енергетскиот пазар бидејќи ниската енергетска густина на повеќето биогорива во споредба со тие на нафтата и јагленот представуваат ограничување кое што ги зголемува транспортните енергетски трошоци. Резервите на биогорива со голема густина (пелети, брикети) имаат две големи предности: потребно е многу помалку место за складирање и транспорт; и нивниот капацитет за обновување (тони на сува материја во однос на човечката моќност на сат) е четири пати поголема одколку на едноставно исецканите-издробени биогорива.

2. П Е Л Е Т И

Дрвните пелети се вид на дрвено гориво кое што главно е составено од пилевина. Тие вообичаено се спореден производ настанат при обработката на дрво. Пелетите имаат голема густина и можат да се произведуваат со многу ниска содржина на влага (под 10%) која што дозволува да согорат со висока горивна ефикасност. Понатака, нивната правилна геометрија и мала големина дозволуваат автоматско снабдување на горилниците со многу фино подесување. Нивната голема густина исто така допушта нивно компактно складирање и рационален транспорт на големи растојанија. Тие се произведуваат во форма на кратки цилиндри со дијаметри 6 – 10 mm и 10 – 30 mm во должина. Нето калоричната моќ на пелетите се движи 4,7 – 5,0 kWh / kg (16.9 – 18 MJ/kg). Густината на пелетите се движи во

1. Б И О М А С А

Карактеристиките и особините на биомасата како енергетски извор се променливи, зависно од видот на растението, содржината на влага, која што може да се движи во границите од 10% за сено до 95% за различни ѓубрива (влажна основа).

Содржина на влага (влажна основа) = (вкупна тежина на влажно дрво – тежина на исусшено дрво) / тежина на влажно дрво * 100Содржина на влага (сува основа) = (вкупна тежина на

влажно дрво – тежина на исусшено дрво) / тежина на исусшено дрво * 100

Технологиите за трансформацијата на биомасата во енергија во голема мера зависи од видот на горивото и секое од нив има специфични барања во поглед на сувата

Page 8: MalBiznisInfoBr5

8 Мал бизнис инфо, број 5

границите 650 – 700 м3, додека просторните потреби се движат во границите од 1,5 m3/t. Како за енергетска споредба може да се каже дека 2,1 t пелети одговара на 1000 l лесно масло за горење. Општи предности на пелетите во однос на другите горива:• Ја намалува зависноста од нафта и гас• Одржливост на изворот на гориво: дрвените пелети се

чисти, не и штетат на околината, обновлив извор • Цената на пелетите не е диктирана од светските

настани; затоа е поприфатлива и предвидлива•• Ги намалува трошоците за одстранување на отпадот

(бидејќи се произведува од отпадоци на дрвната индустрија)

•• Помалку пепел и штетни емисии - бидејќи емисиите

на пелетните печки се дозволени и во областите со одредени забрани

Предности при домашна уппотреба• По прифатливо за складирање во однос на дрва

поради ниската содржина на влага <10%• Високо енергетска вредност, а со тоа и пониска цена на

дрвото.Еден тон на пелети имаат поголема топлинска моќ во однос на еден и пол тони дрво, а зафаќаат само една третина од просторот кој би го зафаќало дрвото.

• Помалку одржување. Процесот на греење е автоматски. Минимален простор за монтажа(чистење на пепел)нема смоли(поради високата ефективност на согорувањето). Можно е и поставување на котелот без оџак.

• Економски аспект: исплатливо, бидејќи има мала содржина на влага што резултира со намалени трошоци

• Лесно за ракување најлесно гориво за транспорт и снабдување на горилниците. Пелетите со специјални пумпи се пренесуваат од камионите во местото за складирање,а потоа се носат до котелот преку автоматизиран систем. Во споредба со дрвото има помалку волумен за транспорт и складирање(поради високата енергетска густина)

• Лесно за палење поради константната големина и малата содржина на влага

• Квалитет на воздухот - чист. Пелетното гориво е CO2 неутрално, заменувајќи го дрвото, а со тоа подобрувајќи го квалитетот на воздухот.Пелетите се докажано најчисто цврсто гориво за согорување.

Негативни страни на пелетите:• Процесот на производство на пелети побарува

одредено количество на енергија затоа е и поскапо во однос на дрвата

• Во споредба со нафтата, за пелетите е потребен поголем простор за складирање, исто така потребно е чистење на пепелта.

Стандардизацијата при производството на пелети е добра алатка со која се контролира квалитетот на производството. Како најважен показател за пелетите е нивната цврстина (трајност) која влијае врз транспорт и согорувањето. Како пример на држава за постоењето на класификација може да се наведе Шведска. Шведскиот класификација ги ограничува пелетите во поглед на нивниот квалитет и ги дели на три класи.

2.1 Производство на пелети

Пелетите се произведуваат со компресирање на дрвениот материјал кој што претходно минал низ процесите на дробење и мелење се со цел да се обезбеди униформност на материјалот. Таквото дрво-маса се носи низ преса каде под притисок се екструдира низ еден калап кој што има отвори со потребната големина (обично дијаметар од 6 mm, некогаш 8 mm или поголеми). Високиот притисок на пресата предизвикува зголемување на температурата на дрвото, а со тоа лигнинот содржан во дрвото се топи и

формира природен “ лепак “ кој што ги оформува и држи заедно пелетите при ладењето.(сл.2)Пелетите се компримираат низ рамен калап или вертикално монтиран прстенест калап. При нивното производство нема адитиви, бидејчи пелетите како што претходно е напоменато примарно се сврзуваат преку адхезија предизвикана од лигнинот кој што омекнува со зголемување на температурата. Калапот за производство

на пелети сегоаш се бира различно и тоа во зависност од типот на сировиот материјал. Ладењето на пелетите е исто така важен процес при нивното производство. После компрмирањето, пелетите имаат температура од 90 оС. Влагата ослободена во процесот на компримирање се носи со топлината ослободена од продуктот. Ладењето ги стабилизира пелетите односно го

Page 9: MalBiznisInfoBr5

Мал бизнис инфо, број 5 9

стврднува лигнинот, а со тоа и формата на пелтите останува непроменета.Со процесот на сепарација се овозможува враќање на пилевината назад во процесот на производство. Со процесот на сепарација се овозможува хомогеност на структурата,а со тоа и сигурност на опремата за согорување.

Пелетите кои соодејствуваат на вообичаено користените норми ( DIN 51731 или Ö-Norm M-7135 ) имаат помалку од 10 % содржина на влага, еднакви се по густина ( густината им е помала од 1 ton / m3 , а тоа значи дека не “ лебдат “ поставени во вода), имаат добра структурна цврстина, мала содржина на пепел. Пелетите можат да бидат направени од било кој вид на дрво, притоа имајќи преса на која што може да се регулира притисокот на истиснување во зависност од видот на дрвото. Пелетите кои се произведуваат под горе наведениве норми не смеат да содржат никакви рециклирани дрвени материјали или некои загадувачи. Под рециклирани материјали се подразбираат обработени или боени дрва т.е хемиски обработени, бидејќи при нивното согорување се ослободуваат штетни азотни оксиди или може да постои неконтролираност – променливост при согорувањето на пелетите.

2.2 Начини за проверка на квалитетот на пелети

Може да постои голема разлика во квалитетот на пелетите, па како последица се јавува и различноста во квалитетот на нивното согорување и работата на котелот или печката. Кога се купуваат пелети треба да се бираат така што ќе соодејствуваат со една од класите набројани во стандардот IS CEN/Technical Specification 14961:2005 за цврсти горива. Со овде наведените начини за користењето на мирисот и визуелната контрола се едни од наједноставните начини

за брза проверка на квалитетот на пелетите.

• Се ставаат 100 – 200 грама пелети во мала пластична вреќа и треба да се види каква миризба има во вреќата. Треба да мириса на свежо исечени дрва т.е пилевина. Ако мириса поинаку, треба да се внимава на квалитетот.

• Се зема грст пелети и се гледа нивната боја. Тие треба да се светло кафеави, ако се направени од пилевина на дрвата од фамилијата четинари или зимзелени дрва. Темно кафеави пелети се знак за содржина на кора од дрво во нивниот состав, а тоа значи и зголемено количество на пепел. Меѓутоа, пелетите може да имаат потемен надворешен слој, кој што е резултат од триењето во калапот за нивното производство. Ова не е проблем се додека пелетите имаат светла боја од внатре – провери со нивно кршење.

• Се зема една пелета и се пали на врвот. Чадот треба да мириса на дрво кое гори. Ако мириса поинаку тогаш има сомнителен квалитет.

• Се става грст пелети во чаша со вода. Пелетите треба да се растворат во водата за неколку минути. Ако не, тогаш е употебено хемиско врзивно средство за или несоодветно се чувани. Одкако пелетите се растворени, се подигнува чашата и се погледнува што има на дното од чашата. Тука се наоѓаат најтешките парчиња. Ако постои голема количина на парченца на дното на чашата тогаш тоа е знак дека во пелетите постои некаква прашина од друг материјал. Ова ја зголемува количината на пепел и опасноста од синтерување.

• Се зема сад со волумен поголем од 1l и се мери неговата тежина кога е празен на вага. Се полни садот со пелети до врв и се мери неговата тежина така исполнет. Потоа се полни со вода и се мери неговата тежина. се одзема тежината на садот и од двете мерења. Потоа се дели тежината на пелетите со тежината на водата. резултатот треба да се движи во границите 0,6 kg/l – 0,7 kg/l. Ова е показател дека пелетите се пресовани на правилниот притисок. Ако имаат густина помала од 0,6 kg/l тоа значи дека се премногу меки и се кршат премногу лесно, формирајќи остатоци - парченца како последица.

М-р. Игор Шешо[email protected]

[email protected]

Page 10: MalBiznisInfoBr5

10 Мал бизнис инфо, број 5

Еко-филозофијата на античкото време

во Сумер и Вавилон каде посебно се водела сметка за чистотата на водата за пиење и начинот на кој таа треба да се пречиствува со зовривање на оган, загревање на сонце или со потпување на вжештено железо во неа. Влијанието на Средниот и Далечниот Исток во овие најстари времиња на човековата цивилизација е големо. Значајни се градовите од Сумерската цивилизација кои претставувале важни стопански, политички и културни центри како ориентални комуни.

Од Месопотамија датираат и први пишани документи и правила за принципи за градба на градовите. Во епот за митолошкиот херој Гилгамеш дадени се принципите на градење на градивите, при што особено се нагласува односот на изградениот дел со зеленилото, како врска на градот со неговото опкружување.

Карактеристично за месопотамските градови е што кај нив за прв пат се сретнува нацрт на регуларен план кој се однесувал на поделба на земјиштето, но и положбата на каналите за наводнување и одводнување. Од тоа време е сочуван планот на градот Нипур на реката Еуфрат, се претпоставува од 1 500 год п.н.е. каде се наоѓа едно од седумте светски чуда Семирамидините висечки градини, со што се потврдува култот кон зеленилото.

Индија и Кина се раздвоени меѓу себе со големиот планински масив на Хималаите. Но, и покрај тоа меѓу овие две стари источни култури одсекогаш постоела културна

Древните источни цивилизации

Најстарите археолошки записи од развиена цивилизација со земјоделие , политичко уредување и центар со развиена трговија припаѓаат на Јерихон 8000 год.п.н.е.

Културата која се развивала во Јерихон имала добро развиено чувство за опкружувањето, и при тоа ги користи природните дадености, или поточно постоел иригационен систем за наводнување, постоел одржлив баланс помеѓу земјиштето што се обработувало и останатата природна вегетација, а исто така добро ја познавале техниката на обработка и заштита на почвата.

Кога Јерихо потпаднал под Сумерите во 3000 год.п.н.е. градот доживува еколошка катаклизма. Со цел да се добие поголема површина за тргување, системот од канали бил срушен и преместен на околното земјиште

со уништување на вегетацијата. За кратко време, заради обилните дождови, се појавила ерозија која ги наполнила каналите кои не биле заштитени и водата била загадена.За брзо време земјоделието почнало да опаѓа, што довело до економска криза и прпаст на целата култура. Иако цивилизациите од овој период знаеле за благодетите кои им ги дава природата и вредноста на водата, но заради брз профит и економски интерес се тоа го уништува. Вакви сценарија ја пратат целата историја на цивилизациите, што не ретко доведува до самоубитствен крај.

Најстарите еколошки мисли, записи и погледи на светот потекнуваат уште од записите на санскритско писмо

Page 11: MalBiznisInfoBr5

Мал бизнис инфо, број 5 11

поврзаност. Во таа смисла може да се препознае поврзаност и во вештините на градење претставени низ Васати (Васту) и Фенг шуи. Првиот откриен град според поставките на Васту се наоѓа близу селото Харапа и целата таа култура е позната како Харапа цивилизација. Градот е планиран во ортогонален мрежен систем, со улици кои одат од север кон југ и од запад кон исток, поделувајќи го градот на правоаголни блокови. Куќите во градот се ориентирани кон главните страни на светот со градина во средината како внатрешно двориште. Светилиштата и храмовите биле поставени во центарот на градот. Сите овие факти и уште многуте други архитектонско-урбанистички поставки укажуваат дека градот не се развил стихијно и органски, туку плански според систематски чист геометриски концепт. Посебно е интересно дека во Стара Индија постоеле книги посветени на архитектонската теорија и изградбата на градовите. Такви се трактатите Манасара или шилпашастра, каде во 70 глави се содржани детални описи на изградбата на селата и градовите, но и со исто внимание се прикажани начините на кои се истражува територијата за избор на најпогодно место односно локација за градба.

Во Стара Кина постоеле закони со кои биле заштитени одредени територии како еден вид национални паркови. И во Стара Кина постоеле архитектонски трактати како што е Као Гун Цзи. Основните постулати за поставувањето на градовите се должеле на космолошките и релгиозните претстави, кои се должат на долгогодишно истражување, искуство и знаење.

Иако Кинеската архитектура исто така негува геометристки форми, тие имаат сосема друга филозофија од геометрискиот поредок на Старите Грци. Идејата на Таоизмот била да направи соединување на архитектурата и опкружувањето,како сценографска фантазија и симбиоза на теолошкиот концепт каде на умот се гледа како на метафора од природата.

Јапонската пак култура се развивала низ времето во специфични услови, пред се заради нејзината географска локација како збир на острови оддалечени од копното. Таа изолираност во морето, и помогнала на земјата во туѓи влијанија и контрола на тие влијанија од другите народи според сопствени правила. Традиционалната јапонска

култура најмногу била под влијание на Кинезите и Будизмот.

Примерен концепт во јапонската традиција и култура е вредноста на хармонијата на нештата. Тоа е концепт базиран на убавината на природата и подучува на е д н о с т а в н о с т и хармонија со о п к р у ж у в а њ е т о . Јапонската естетика во чија основа лежи убавината на едноставноста и хармонијата се нарекува Ваби Саби. Првите кои биле носители на Ваби Саби концептот во јапонската традиција биле оние кои директно биле под влијание на Зен Будизмот, односно мајсторите на приготвување на чај, свештенството и Зен монасите. Зен Будизмот пак води потекло од Индија, низ Кина во 6-тиот век се до Јапаонија каде е прифатен околу 12-тито век. Во историскиот Јапан, Зен Будистичката визија на целиот универзум била систем од взаемно врзани делови, преведена во архитектурата како експресија на врската помеѓу внатрешното и надворешното.Овој концепт повторно сугерира на умот како продолжување на сите компоненти кои се во природата и во универзумот. Постои доктрина на диализам “причина и последица” и “ мисла и ефект” , па според тоа Зен не преставува градинарство, туку има физичка состојба каде мислата се претвора во природа, се соединува во совршен мир, односно тоа е акт да се биде природен.

Принципите според кои се градело на Далечниот Исток од најстарите времиња се однесуваат на воспоставување на рамнотежа меѓу просторот за живеење со природата и неговите корисници. Квалитетот на местото за престој и живеење директоно влијае на здравјето на човекот како и на неговата ментална и емотивна состојба.Древните источни принципи имале за основна цел да воспостават хармонија меѓу телото, умот и универзумот со креирање на простор за живот кој е сличен на космичката рамнотежа и е ориентиран според движењето на Сонцето и Месечината, електормагнетните полиња на Земјата, петте елементи и астролошките влијанија на планетите. Архитектурата на Далечниот Исток го комбинира концептот “внатре/надвор”,па ѕидовите стануваат мембрани меѓу два домена. При тоа ако внатрешноста личи на градина, тогаш надворешноста е како дневен престој. На овој начин архитектурата претставува врска со природата, па таквите интегрирани градини биле основа каде човекот може да живее во мир, да патува низ светот спиритуално и како

Page 12: MalBiznisInfoBr5

12 Мал бизнис инфо, број 5

бонус да ужива во естетиката на претпоставениот рај.

Цивилизациите на Средоземноморскиот брег- Стара Грција и Рим

Старите Грци се основополпжници на демократијата и го поставиваат патот според кој ке се движат идеите на подоцнежните либерали во односот кон сопственоста на земјиштето, слободата на изразувањето, п а р л а м е н т а р н и т е процедури, еднаквост пред законот и култот на индивидуалноста, па не е ни чудно што старогрчката архитектура до денешни денови е симбол на демократијата

па се препознава низ објектите како што се парламентите, берзите и сл. Со одреден респект тоа е и вистина. Поставеноста на Акрополот потврдува естетски однос со контекстот и моќна центрирана архитектонска иконографија која се адаптира на антропоцентричниот авторитет на денешните банки, берзи, судски палати, музеи и парламенти.

Античките градови се планирани и градени според една единствана метода која старите римјани ја усовршиле. Таа метода значи поставување на две главни улици нормални една на друга, едната со правец исток-запад(цардо маџимус), а другата со правец север-југ (decumanus-maxsimus). Ваквото планирање на античките градови е познато во историјата, и за тоа постојат и пишани докази,но и материјални артефакти и остатоци од некогашните градови.

Тоа што е уште позначајно во оваа геометриска метода на планирање на градот не е толку во неговата геометриска точност, колку во аспектите и климатските карактеристики.

Постојат пишани докази дека Хипократ сугерира дека најздрава ориентација е исток, а доколку таа ориентација неможе да се постигне, тогаш се препорачува јужната ориентација на објектите.

Посебно се значајни записите на Витрувие, кој претставува најзначајниот антички теоретичар на архитектурата и урбанизмот преку своите Десет книги за архитектурата , односно прв обид систематски да се претстават принципите на урбанизмот и архитектурата.

Во тие записи тој обрнува внимание на техничката опременост на градовите, посебно утредите за хигиена кои како инфраструктура први се поставуваат при планирање и изградба на градовите. При тоа укажува дека

треба да се води сметка и на какво земјиште ќе се постави градот со цел да се спречи неповолност врз здравјето на населението. Тој ја разгледува природната средина при што го посматра целиот животински и растителен свет, квалитетот на водата за пиење, пловноста на реките и сл.

Виртрувие особено обрнува внимание на правецот на дување на ветровите (Кулата на ветровите во Атина).

Тој сугерира дека поповолно е јаките ветрови да дуваат

во правец на главните улици, додека споредните улици да бидат заштитени од директно влијание на ветриштата.

Постојат осум ветришта кои дуваат од сите осум правци на ориентацијата. При тоа улиците треба да се постават така што се во правец на пресекот на правецот на два соседни ветришта, за да низ улицата не дува ниеден ветар и нивната јачина да се дисперзира од аглите на објектите поставени покрај улиците. Освен тоа, посебно обрнува внимание и на останатите аспекти за одржливост на градот, како што е водата, снабдување со храна, поточно пронаоѓање на места каде успеваат плодови.

Емилија Софеска МОДАЛ – Центар за модерна и алтернативна архитектура

[email protected]

*Следува : Средновековниот однос кон природното опкружвање

Page 13: MalBiznisInfoBr5

Мал бизнис инфо, број 5 13

Стопанска Комора на Мал Бизнис

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ГРАДБА-Семинар за применета енергетска ефикасност-

Со задоволство Ве информираме дека во организација на “Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија” на 3 Јуни 2010 година во Хотел Континентал -Скопје ( „Сала за појадок„ на I кат) ќе се одржи Семинар за Применета Енергетска Ефикасност - “Енергетски Ефикасна Градба” Семинарот се организира во рамките на “КОСМО 2010 Конференцијата за Енергетска Ефикасност” За профитабилен и одржливиот развој на градежништвото при градбата е потребна интеграција на еколошки/зелени материјали, имплементација на енергетски ефикасна и обновлива енергија во системи за греење и ладење, природно осветлување, природна вентилација , прецизни мерни уреди, контролни системи и други иновации. Енергетски Ефикасната Градба придонесува кон намалување енергетската потрошувачка и загадувањето и придонесува кон зголемување на квалитетот на живеењето.

Цели на настанот се:• забрзување на процесите за имплементацијата на ЕУ стандардите и законската регулатива од областа на енергетската ефикасност.• градење на партнерства за имплементација на новите технологии во енергетски ефикасната градба.• едукација на представниците на јавниот сектор и малите и средни претпријатија во насока на одржлив развој, заштита на животната

средина и намалување на енергетската потрошувачка.

Кој треба да присуствува:• Претприемачи, инвеститори и останати професионалци заинтересирани за имплементација на стандардите за енергетска ефикасна

градба• Урбани дизајнери, Архитекти, Градежни Инжинери, Проект Менаџери и Специјалисти за недвижности• Инжинери, научници и истражувачи на нови идеи за одржлив развој и заштита на животната средина• Претставници на локалната самоуправа, јавни установи и институции задолжени за развој и имплементација на стандардите за

енергетски ефикасна градба

Учесниците на настанот, пред потенцијалните партнери и спонзори, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од финансиските институции, банките, инвеститорите и достапните фондови за енергетска ефикасност на Европската Комисија – Independent Energy Europe која е дел на CIP – Competitiveness and Innovation Framework Programme

Ве молиме доколку имате прашања и предлози да ги доставите на факс: (02) 244 8240 или на е-маил: [email protected] , а воедно да го пријавите Вашето присуство најдоцна до 20ти Мај 2010 г.

Контакт лице Г-н Слободан Софески тел. 070 271 901.

Четврток, 3 јуни 2010 12:00 - 16:00 часот

Котизација за учество на семинарот изнесува 1.850,00 денари по лице .Пријавување со апликација или на тел.(02) 244 8077,244 8134, (070)361 553

Семинарот се организира во рамките на “КОСМО 2010 Конференцијата за Енергетска Ефикасност”

Конференцијата содржи едукативен дел - семинар и Б2Б форум за рамена на знаење, искуства и идеи за технички, економски и правни теми кои ќе влијаат на иднината на енергетски ефикасната градба.

• V Проект Менаџмент Семинар за Применета Енергетска Ефикасност - “Енергетски Ефикасна Градба” ќе ги опфати главните теми за одржлив дизајн на градежни објекти од перспектива на законска регулатива, стандарди, инвестиции и проект менагџмент.

• IV Интернационалниот Инвестиционен Б2Б Форум - представува нетњоркинг настан на компании инволвирани во циклусот на проектирање и градба на објекти вклучувајќи производители на енергетски ефикасни градежни материјали, изолациони материјали за реконструкција на стари градежни објекти, прозорци и врати со високи перформанси на енергетска ефикасност и енергетски ефикасни технички системи.

ЗАБЕЛЕШКА: Учесниците на Семинарот “Енергетски Ефикасна Градба” ќе имаат слободен влез на Б2Б Форумот со почеток од 11.00 часот. Повеќе информации на: www.cosmoinnovate.com.mk, www.sbch.org.mk

КОСМО Иновативен Центар, Скопје тел.(02) 244 8077, 244 8134 фах.(02)244 8240Стопанска Комора на Мал Бизнис, Скопје тел.(02) 2450 801, 070 271 901 фах.(02) 244 8240

Финансиски поддржувач Сребрени спонзори Бронзени спонзори Медиумски покровител

Page 14: MalBiznisInfoBr5

ШЕШО ИНЖЕНЕРИНГ

КОТЛИ И ГОРИЛНИЦИ

НА ИОМАСАПЕЛЕТИ

ГРЕЕЊЕ

Ул. „Стив Наумов“бб Комплекс Слобода

6000 Охридтел 06 факс 06

Ул. „Стефан Јакимов Дедов“бр.31000 Скопје

тел 0613133

emi [email protected]; [email protected]

КЛИМАТИЗАЦИЈА

СОЛАРНИ СИСТЕМИ

ВОДОВОД

Page 15: MalBiznisInfoBr5