Inform a Tika

34
Класификација на Компјутери Компјутерите се класифицираат врз основа на нивната моќ и нивната употреба. Во продолжение следува најчесто користената класификација на компјутерските истеми: Персонален компјутер (PC) е дизајниран за да се употребува само од едно лице, т.е. во исто време не е препорачливо да работат повеќе луѓе на него. Тоа е она што повеќето од нас го сметаат за "компјутер", бидејќи тоа е вид на компјутерски систем што најчесто го среќаваме. Овие персонални компјутери (PC) луѓето најчесто ги користат дома, на работа, учениците ги користат во училиште лаборатории и т.н Лаптоп е компактен персонален компјутер во кој сите уреди се намалени и сместени во во една кутија со цел да се направи лесно пренослив. Општиот термин "уред" во компјутерската наука се однесува на било која хардверска компонента. Така, под лаптоп се подразбира било кој компјутер каде што сите хардверски компоненти се стени во една лесно пренослива кутија. Работна станица е исто така компјутер дизајниран за употреба од страна на едно лице, но овој компјутер е поврзан на мрежа - и неколку вакви работни станици претставуваат сет на компјутери поврзани заедно за споделување на податоци. Мainframe е моќен компјутер кој се дели од страна на повеќе корисници во исто време. Секој корисник има терминал, кој во овој контекст се состои едноставно од тастатура и екран кои се користат за пристап до Мainframe компјутерот. Ако на терминалот нема ништо повеќе од екран и тастатура истиот тогаш се вика "нем терминал“. Работната станица, исто така, може да се користи како терминал, и во тој случај се вика "паметни терминал“. 1

Transcript of Inform a Tika

Page 1: Inform a Tika

Класификација на Компјутери

Компјутерите се класифицираат врз основа на нивната моќ и нивната употреба. Во

продолжение следува најчесто користената класификација на компјутерските истеми:

Персонален компјутер (PC) е дизајниран за да се употребува само од едно лице, т.е. во

исто време не е препорачливо да работат повеќе луѓе на него. Тоа е она што повеќето од

нас го сметаат за "компјутер", бидејќи тоа е вид на компјутерски систем што најчесто го

среќаваме. Овие персонални компјутери (PC) луѓето најчесто ги користат дома, на работа,

учениците ги користат во училиште лаборатории и т.н

• Лаптоп е компактен персонален компјутер во кој сите уреди се намалени и сместени

во во една кутија со цел да се направи лесно пренослив. Општиот термин "уред" во

компјутерската наука се однесува на било која хардверска компонента. Така, под

лаптоп се подразбира било кој компјутер каде што сите хардверски компоненти се

стени во една лесно пренослива кутија.

• Работна станица е исто така компјутер дизајниран за употреба од страна на едно

лице, но овој компјутер е поврзан на мрежа - и неколку вакви работни станици

претставуваат сет на компјутери поврзани заедно за споделување на податоци.

• Мainframe е моќен компјутер кој се дели од страна на повеќе корисници во исто

време. Секој корисник има терминал, кој во овој контекст се состои едноставно од

тастатура и екран кои се користат за пристап до Мainframe компјутерот. Ако на

терминалот нема ништо повеќе од екран и тастатура истиот тогаш се вика "нем

терминал“. Работната станица, исто така, може да се користи како терминал, и во тој

случај се вика "паметни терминал“.

Minicomputer е било кој компјутер доволно моќен за да се користи од повеќе луѓе, но не е

доволно моќен да се смета за mainframe. Овој термин веќе излегува

• За суперкомпјутериtе се сметаат најбрзите компјутерски системи на светот. Бидејќи

оваа класификација се базира врз перформансите, нема компјутер може да остане во

оваа категорија засекогаш. Системите кои се сметале за суперкомпјутери пред десет

години денес се сметаат за обични (персонални) компјутери.

• Сервер е компјутер поставен на мрежа и истиот обезбедува услуги на други

компјутери. Mainframe компјутерите често се користат како сервери, но не секој

сервер е mainframe. Дури и персонален компјутер може да биде доволно моќен за да

биде сервер.

1

Page 2: Inform a Tika

• Клиент (Client) е компјутер кој користи одредени ресурси од некој сервер. Еден

пример на клиент-сервер моделот е банкоматот. Кога ќе побарате пари од својата

сметка на банкомат, банкоматот мора да се консултираат со централниот компјутер

во вашата банка, за да се утврди дали на вашата сметка има доволно пари.

Банкоматот е клиентот во овој однос, а централниот компјутер во банката е сервер.

Kомпјутерска архитектура

• Архитектурата на компјутери, како општ поим, се однесува или на целата структура

на компјутерскиот и информатичкиот систем, или се однесува само на еден дел од

глобалниот систем.

• На слика 1 дадени се главните компоненти на еден компјутер. За секоја од овие

компоненти ќе зборуваме детално во ова поглавје.

• Слика 1

• На десната страна на сликата можеме да ги видиме влезните и излезните уреди

(тастатура, глувче, монитор, принтер, тврд диск, CD-ROM и така натаму. CPU

(централна процесорска единица), примарната меморија и сите други уреди

меѓусебно се поврзани по електронски пат кој се нарекува BUS (автобус).

• Исто како градските автобуси и овој BUS ги поврзува и разделува ресурсите на еден

компјутерски систем. Ако влезете во градски автобус на една станица и сакате да

стигнете до последната станица на таа линија, мора да застанете на сите попатни

станици. Исто така и компјутерскиот BUS се грижи за сообраќајот помеѓу сите делови

поврзани во компјутерот.

• Воглавно тоа се податоци кои патуваат од и до централната процесорска единица, но

во некој случаи податоците патуваат директно од еден уред до друг без вклучување

на процесорот. Сета оваа активност значи дека автобусот може да биде преполнет

со што се намалуваат перформансите на истиот.

2

Page 3: Inform a Tika

• Поради ова компјутерот има повеќе автобуси и на овој начин се олеснува метежот.

На пример, од причина што централната процесорска единица и примарната

меморија треба да комуницираат многу често, има почесто автобус само помеѓу нив.

o Примарна меморија - Примарната меморија (главната меморија) се состои од RAM

меморија, која е дополнета со виртуелна меморија.

o RAM меморија - Во принцип кога зборуваме за главната меморија во комплутерот

всушност мислиме за RAM меморија. Нејзиното име е кратенка од зборовите Random

Access Memory (Меморија за случаен пристап), што значи дека до неа податоците

можат да пристапуваат без некој ред или закономерност.

o RAM меморијата е направена од кондензатори, и овие кондензатори чуваат мали

количини на електрични полнежи. Секој кондензатор чува еден бит. Ако

кондензаторот е полн тогаш тоа е состојба на бит 1, а ако е празен тогаш е состојба

на бит 0.

o RAM е поделена на мемориски ќелии наречени зборови, кои можат да бидат еден

бајт (осум бита) или повеќе бајти. Локацијата на секој збор во RAM меморијата е

утврдена со уникатна адреса, и истата претставува цел број кој започнува со 0.

Компјутерска операција

o Кога корисникот бара извршување на одредена програма, компјутерот ја носи

програмата од местото каде што е зачувана (обично на тврдиот диск) во главната

меморија. Потребно е зачувувањето на програми и податоци во примарната меморија

, бидејки тврдиот диск како уред е многу бавен и комуникацијата со CPU ќе биде

тешка и спора. Главната меморија делува како привремена "нулта рампа", каде што

моментално се активни програмите и податоците и истите се чуваат за брз пристап.

Бутирање (подигнување)

Во предходниот дел зборувавме за веќе покренат (стартуван) оперативен систем, и

ние како корисници можеме да ја стартуваме било која програма. Но што е тоа што го

покренува (стартува) оперативниот систем? Од прва ова ни изгледа како проблемот

со кокошката и јајцето (што е постаро?). Ако оперативниот систем му кажува на

компјутерот која програма треба да се изврши следна, а знаеме дека самиот

оперативен систем е програма, тогаш што му кажува на компјутерот која програма

треба да се изврши кога истиот прв пат се вклучува?

3

Page 4: Inform a Tika

Процесот со кој се стартува и извршува оперативниот систем се нарекува booting.

Тајната состојка се нарекува BIOS што е кратенка од Basic Input/Output System.

BIOS е збир од повеќе мали програми кои се наоѓаат во ROM меморијата. Кога го

вклучуваме компјутерот BIOS от има функција на будилник на системот. Тој ги

иницира сите уреди во системот да вршат еден вид на авто-дијагностички тестови.

Тогаш тој ја врши најважната работа т.е. вчитување на оеративниот систем.

Во пракса кога го вклучуваме компјутерот, во првите неколку секунди гледаме

наизглед само обочен текст на темна позадина. За ова време BIOS от работи.

Неколку секунди подоцна на екранот се појавува логото на оперативниот систем (како

"Windows XP"). Тоа е програмата од boot секторот. Конечно целосно оперативниот

систем е вчитан и може да започнете со стартување на други програми.

CPU (Централна процесорска единица)

CPU е срцето на еден компјутер, затоа заслужува да го разгледаме одблизу.

Процесорот има три основни компоненти: ALU, регистри, и CU, како што е прикажано

на Слика 2.

Слика 2

ALU, или аритметички логичка единица, врши математички пресметки и логички

операции. На ALU, се чуваат голем број на податоци (се чуваат како бинарни). Еден

пример на ALU математичка операција е множење на два броја или споредување на

два броја за да се утврди кој е поголем.

Регистри се места за привремено чување на податоци. Различни процесори имаат

различен број на регистри. Додека компјутерите повеќето од нивните активни

податоци ги чуваат во RAM меморија, директен да пристап до регистрите има само

аритметичко логичка единица. Така, се смета дека е голема предност ако процесорот

има поголем број на регистри.

CU, или контролна единица, го контролира движењето на податоците внатре во

процесорот. Оваа единица може да се смета за регулатор на сообраќајот во 4

Page 5: Inform a Tika

процесорот. Самата CU е контролирана од страна на инструкциите кои се дел од

програмата во фаза на извршување во процесорот.

Периферни уреди

Терминот периферија се користи за сите влезни, излезни и уреди за складирање на

податоци.Тие се дел од компјутерскиот систем но не и од процесорот (CPU).

Дали сите овие уреди се Online т.е. Дали можат да се уредуваат на мрежа.

Online уреди Физички разделени од CPU, но електронски поврзани и контролирани од него

Offline уреди Физички разделени од CPU, и не се контролирани од него

Брзина на Компјутерски обработка на податоци

o Рана компјутеризација

Milliseconds (илјада во секунда)

Microseconds (милион во секунда)

o Сегашни компјутери

Nanoseconds (билиони во секунда)

Picoseconds (трилиони во секунда)

o Брзина на инструкциско процесирање

Megahertz (милиони циклуси во секунда)

Gigahertz (билиони циклуси во секунда)

o Брзината зависи од…

• Број на кружни патеки (buses) кои ги поврзуваат компонентите на процесорот.

• Бројот и капацитетот на регистрите

• Користење на многу брза примарна меморија

Moore’s Law

Дуплирање на бројот на транзистори по интегрално коло на секој 18 до 24 месеци

Овој став (закон) е изнесен во 1965, а важи и ден денес

Заеднички последица на Законот на Мур ...…

Цените на компјутерите ќе бидат намалени за половина на секои 18 до 24 месеци

Се однесува и на трошоците за складирање5

Page 6: Inform a Tika

Влезни уреди

Keyboard –(тастатура) се уште најчесто користен уред

Графички кориснички интерфес(GUI) – икони, менија, прозорци, копчиња .....

Електронско глувче- Нај популарен покажувачки уред; Со притискање на копчињата на глувчето извршуваме одреден акција врз некој графички елемент

Trackball – Статичен уред сличен на глувчето со тоа што кога го вртиме топчето се движи поткажувачот на мониторот

Pointing Stick – Мала гумичка сместена на тастатурата и со притискање на истата во одреден правец се иницира движење на поткажувачот на мониторот

Touchpad (површина осетлива на допир)

Мала правоаголна површина осетлива на допир

Најчесто се наоѓа на тастатурата

Движењето на курсорот е во правец на движењето на прстот

Touch Screen (екран осетлив на допир)

Компјутерите со touching screen емитуваат мрежа од инфрацрвена светлина, звучни бранови или електрична струја

Кога го допираме овој екран ја прекинуваме таа мрежа и со тоа вршиме одредена акција на екранот

Компјутери базирани на допир со пенкало

Се користи во Tablet PCs и PDAs

Под ЛЦД мониторот постои слој осетлив на допир исто како кај touch screen

Постои софтвер кој што го дигитализира нашиот ракопис т.е. го следи врвот на пенкалото со кое пишуваме

Систем за препознавање на говор

Овој систем преставува иднина во внесувањето на податоци

Најлесен и најприроден начин на комуникација кај човекот

Обрасци за препознавање на говор

Потребна е дискретна пауза зад секој збор

Софтвер за препознавање на континуиран говор (CSR) софтвер што препознава говор кој се врши со одредено темпо

Дигитализација, анализа и класификација на обрасци за говор и звук кај системите за препознавање на говор

6

Page 7: Inform a Tika

Споредување на звукот со базата на податоци во нивните речници

Трансфер на препознати зборови во апликативен софтвер

Обично е потребна обука за препознавање на глас

Оптичко скенирање

Уреди кој го читаат текстот или графиката и ја конвертираат во дигитална форма разбирлива за компјутерите

Овозможува директен внес на податоци од оригиналниот документ

Библиотечен систем за управување со документи

Скенира документи и истите ги организира и складира и спремајќи ги за едноставно пребарување

Скенери

Компактни десктоп модели, евтини и лесни за употреба

Големи скапи скенери со големи брзини на скенирање, висока резолуција

Магнетна лента

Ја чита магнетната лента на кредитните картички

Smart картички

Имаат микро мемориски чип и меморија на кредитната картичка

Се користи повеќе во Европа отколку во САД

Дигитални фотоапарати

Можат да сликаат, снимаат и симнуваат фотографии или да снимаат видео клипови со аудио поддршка

Подоцна сликите и видеата можат да се обработуваат

Магнетни мастила за препознавање

Се користи во банките за магнетни читање на депозитите

Мастилото е изработено од компонента на железен оксид

Напишаниот документ со ова мастило подоцна се чита со помош на специјален Читач - Сортер

Излезни уреди

Видео дисплеи, Технологија со катодни цевки(CRT), Технологија со течни сигнали(LCDs), Плазма дисплеи, Се користат кај големи телевизори со рамни екрани, Печатен Излез, Inkjet

7

Page 8: Inform a Tika

принтери шприцаат мастило на хартија, Ласерските принтери користат електростатички процес исто како кај машините за фотокопирање

o Бит

Кратенка за бинарна цифра , Најмал елемент од податокот ,Може да биде 0 или 1

o Бајт

Група од осум битови кој функционираат како една единица , Преставува еден карактер или еден број

Мерење на капацитетот на меморијата

Kilobyte (KB): илјада бајти

Megabyte (MB): милион бајти

Gigabyte (GB): милијарда бајти

Terabyte (TB): трилион bytes

Petabyte (PB): квадрилион bytes

Полуспроводничка меморија

Микроелектроника полуспроводничка чип меморија кој се користат за примарно складирање

Предности: мала големина, голема брзина, отпорна на шок и на температура.

Недостатоци: непостојаност, мора перманентно да се снабдува со електрична енергија во спротивно ја губи меморијата

Random Access Memory (RAM)

Најчесто користена примарна меморија

Непостојана меморија

Чита/Пишува меморија

Read-Only Memory (ROM)

Постојана меморија (трајно запишување на податоци во меморијата)

Може да се чита но не може да се препокрие

Се нарекува firmware

Магнетни дискови

8

Page 9: Inform a Tika

Се користат за секундарно складирање, Брз пристап и голем капацитет, Разумна цена, Типови на магнетни дискови, Floppy Disks (дискети), Магнетен диск во пластична обвивка, Hard Disk Drives (тврд диск), Магнетен диск и глава за читање и пишување запечатени во модул за стабилно окружување, Фиксен или подвижен, Капацитетот се движи од неколку стотини мегабајти па до неколку стотини гигабајти

RAID складирање

Редундантни низи од независни дискови

Низи од тврди дискови

Обезбедуваат виртуелен неограничен простор за складирање

Комбинација од 6 до над 100 мали дискови во една единица

Пристапот до податоците во истовремено преку повеќе патишта од повеќе дискови

Редундантно складирање на податоците на неколку диска дозволува толерантност

Магнетни Ленти

Секундарно складирање

Трака на барабани, касети, кертриџ касети

Се користи во роботиката и автоматиката

Архивско и backup складирање

Најевтин начин на складирање

типови НА СОФТВЕР

o Софтверот може да се категоризира на многу различни начини. Еден начин е сите

програми да се класифицираат во неколку широки категории: системски софтвер, апликативен софтвер, кориснички (услужен) софтвер, и злонамерен софтвер.

o Сепак најгенерална поделба на софтверот е на системски и апликативен. Секој од

овие типови на софтвер понатаму се дели на подтипови.

Апликативен софтвер

Генерална намена

Програми кои вршат општи обработки, поврзани со работните места или за крајните корисници; на пример, обработка на текст, табеларни пресметки. Исто така се наречени и пакети за продукција

Кориснички софтвер

Софтверски апликации кои се развиени за и во организациите (претпријатија) и се користат во тие организации (претпријатија)

9

Page 10: Inform a Tika

Комерцијални пакети - Commercial Off-the-Shelf (COTS)

Се продаваат многу копии

Се прават минимални измени надвор од предвиденото

Потрошувачите немаат контрола врз спецификациите, распоредот, или еволуцијата и немаат пристап до изворниот код или внатрешната документација

Производителот ги задржува правата на интелектуална сопственост на софтвер

Софтвер со отворен код

Оние кои работат на развој на софтверот соработуваат при развивањето на апликациите користејќи програмерски стандарди кои дозволуваат секој да може да допринесе за софтверот

Кога некој проект ќе се комплетира, кодот на апликацијата ќе стане достапен за секого и слободен за користење од секој што сака

Бизнис апликативен софтвер

Апликативен софтвер со специфични функции

Илјадници корисници од такви пакети добиваат поддршка за специфични кориснички апликации

Пр. Менаџирање на односите со корисниците (CRM - customer relationship management),

Планирање на ресурсите во претпријатијата (ERP - enterprise resource planning),

Логистика (SCM - supply chain management),

Веб базирана Е-комерција (Web-enabled electronic commerce)

Софтверски пакети

Нашироко користените пакети за продукција се продаваат заедно како софтверски пакети (Microsoft Office, Adobe CS …)

Предности:

Чинат помалку отколку ако ги купувате еден по еден

Сите имаат сличен графички кориснички интерфејс (GUI – graphical user interface)

Заедно работат добро

Недостатоци:

Сите функции не се користат

Зазема многу дисков простор (bloatware)

Web Browsers (Пребарувачи)

10

Page 11: Inform a Tika

Софтверски апликации кои подржуваат навигација преку хиперлинкови

Стануваат универзални платформи преку кои крајните корисници ќе може да ги стартуваат…, Пребарувањата на информации, E-mail, Мултимедиски фајлови, Дискусиони групи, Други веб (интернет) базирани апликации

Машини за пребарување

Пребарувачите се користат за да се пристапи кон машините за пребарување на Интернет

Google, Yahoo!, Nabu, Najdi, Lycos ….

Користењето на машините за пребарување стана неразделен дел на Интернет, интранет и екстранет апликациите

E-mail, Instant Messaging, and Weblogs

E-mail=Софтвер кој комуницира со праќање и примање на пораки и прикачени фајлови преку Интернет, интранет или екстранет

Instant messaging (IM)=Примање и праќање на електронски поарки во реално време

Weblog или blog (Блог)=Личен веб сајт во кој објавените пораки се подредени по датум (како личен дневник)

Може да се ажурира со нови информации за некоја тема или за област

Word Processing/Desktop Publishing

Word Processing (Обработка на текст)

Креирање, уредување, ревизија и печатење на документи

Примери: Microsoft Word, Open Office Writer, Lotus WordPro, Corel WordPerfect

Desktop Publishing (Десктоп публикување)

Продукција на печатени материјали со професионален изглед

Примери: Adobe PageMaker, Microsoft Publisher, QuarkXPress

Electronic Spreadsheets –табели за вкрстени пресметки

Се користат во секој бизнис за…

Анализи, планирања, моделирање

Електронски табели:

Работен лист со редови и колони

Се чуваат на локален компјутер или на мрежа

11

Page 12: Inform a Tika

Бараат дизајнирање на формат и развој на поврзувања (формули)

Најмногу помагаат за цртање на графови или графички приказ на резултатите

Подржуваат логика (пр. што - ако услови)

Софтвер за презентации

Заедничка презентација графички пакети…

Конвертирање на нумерички податоци во графички приказ

Креирање на мултимедијални презентации со графици, слики, анимации и видео клипови.

E.g., Microsoft PowerPoint, Lotus Freelance, Corel Presentations

Врвните вакви апликации може да прилагодат датотеки за трансфер на HTML формат за веб страници.

Менаџирање на лични податоци

Софтвер за продуктивност и соработка на краен корисник

Складирани информации за клиенти

Управување со распореди, Manages schedules, состаноци, задачи

Најчесто е пристапот до интернет и е - пошта

Некои подржуваат тимска соработка преку размена на информации со други PIM корисници

Примери: Lotus Organizer, Microsoft Outlook

Groupware

Софтвер кој помага колаборација помеѓу групи на одредени групни задачиЕ –маил, групни дискусии, база на податоци, видео конференции

Примери: Lotus Notes, Novell GroupWise, Microsoft Exchange

Windows SharePoint Services и Web Sphere и двата дозволуваат групи од луѓе да креираат веб –страни за споделување на информации и размена на документи

Алтернативен софтвер

Развој и одржување на софтвер

Application service providers (ASPs)

Компании кои имаат, работат и одржуваат апликациски софтвер и ресурси за компјутерскиот систем

Користи апликација за плаќање преку интернет

Плати колку што ќе користеш

12

Page 13: Inform a Tika

Се очекува забрзување на развојот во следните години

Лиценциран софтвер

Сите COTS и ASP софтвери се лиценцирани

Вклучува..

Интелектуални права

Авторски права

Trademark

Trade secrets

Исто така вклучува традиционално договорно право, вклучувајќи Uniform Commercial Code(UCC)

Вие не купувате софтвер

Вие купувате лиценца за користење на тој софтвер

Лиценца за заштита на правата на продавачот

Оперативни системи ...се интегриран систем на програми кои…

Управуваат операциите на CPU

Контролираат влезот/излезот, ресурсите за складирање,активностите на компјутерскиот систем

Обезбедуваат поддршка кога компјутерот ги извршува апликативните програми

Оперативниот систем мора да се стартува и да се активира пред сите други задачи да започнат со работа

Кориснички интерфејс

Дел од оперативниот систем кој ви овозможува да комуницирате со него

Три главни типа:

Пишувани команди - Command-driven

Со менија - Menu-driven

Графички кориснички интерфејс - Graphical user interfaces (GUI)

Resource Management

Дел од оперативниот систем кој управува со хардверот и со мрежните ресурси на компјутерскиот систем

ВклучуваCPU, примарна меморија, секундарна меморија, телекомуникациии, ивлезно/излезни периферни уреди

Општи функции

Води сметка за тоа каде се зачувани податоците и програмите

13

Page 14: Inform a Tika

Ја дели меморијата по апликации и има можност за креирање на виртуелна меморија

File Management

Дел од оперативниот систем кој го контролира креирањето, бришењето и пристапот кон фајловите и програмите

Ги чува податоците за физичката локација на уредите за складирање на податоци

Креира папки и датотеки со информации за локацијата и карактеристиките на фајловите кои се чуваат

Task Management

Дел од оперативниот систем кој управува со реализацијата на компјутерски задачи од крајниот корисник

Контролира чија задача ќе добие пристап до процесорот и колку долго ќе има пристап

Може да ја прекине работата на процесорот во секое време и да ја замени со задача од повисок приоритет

Поддржува претходни превентивни и кооперативни мулти-барањата и мулти-обработка (multi-tasking)

Популарни оперативни системи

Windows = GUI, multitasking, networking, multimedia, Microsoft’s operating system, NT, XP, 2003, Different versions manage servers

Unix = Multitasking, multi-user, network-managing, Portable -can run on mainframes, midrange, and PCs, Linux

Low-cost, powerful reliable Unix-like operating system = Open-source

MAC OS X = Apple operating system for the iMac, GUI, Multitasking, Multimedia

Windows

Windows е серија на Microsoft оперативни системи, кои во моментов доминираат во компјутерската индустрија, a имаат долга и интересна историја. Microsoft добива поголемо значење со својот прв оперативен систем, DOS ("диск оперативен систем"), кој бил текст-базиран систем. Ако сакаме да ја стартуваме програмата, мора да го напишеме нејзиното име на "командната линија" и ДОС ќе ја отвори за нас. Иако примитивна од денешна гледна точка, DOS во тоа врене се продавал како оперативен систем наменет за IBM PC, а кога започнала масовната продажба веќе било јасно каква ќе биде иднината на Microsoft во индустријата на продукција на оперативни системи.

Мајкрософт има развиено два различни типови на оперативни системи: Windows 95 што претставува еден вид еволутивен развој од DOS оперативниот систем, и Windows NT, нов оперативен систем со помодерен дизајн и поразвиени и помодерни интерфејс

14

Page 15: Inform a Tika

карактеристики на Windows. Windows NT прерасна во Windows 2000 и потоа Windows XP. Со Windows XP, Microsoft повторно почна со производство на само еден оперативен систем. Windows XP се користи од страна домашни и бизнис корисници.

UNIX

Unix е оперативен систем за компјутерски системи. Неговите основни особини се преносливост меѓу хардверски платформи, возможност да извршува истовремено повеќе процеси (multitasking) и способност истовремено да опслужува повеќе корисници. Unix е развиен во текот на шеесеттите години врз основа на оперативниот систем Мултикс. Развиен е од страна на Кем Томсон, Денис Ричи и Даглас Мекилрој, програмери на американската телекомуникациска фирма АТ&Т.

Unix има доживеано повеќе верзии и денес се во секојдневна употреба, меѓу други, верзиите на IBM и Sun Microsystems (Sun Solaris), како и во верзии на Слободен Софтвер на BSD Unix и Линукс (Linux). Интересно е тоа што Би-Ес-Ди (BSD) Unix имал во јадрото вграден код кој овозможувал поврзување на повеќе компјутери во мрежа. Мрежниот код на БиЕсДи се смета за претходник на Интернет протоколот TCP/IP.

LINUX

Линукс (познат и како ГНУ/Линукс) започнат е како хоби проект на Линус Торвалдс во 1991, а со помош на огромен број програмери од целиот свет, денес е еден од најпознатите примери за Слободен софтвер. Терминот Линукс се однесува стриктно на Линукс кернелот, но денес често се користи за да се опише целиот оперативен систем, кој е всушност комбинација на Линукс кернелот и ГНУ алатките. Оттаму, фер и правилно e користењето на терминот „ГНУ/Линукс“ во контекст на оперативниот систем во целост. Постојат повеќе од 300 различни дистрибуции на ГНУ/Линукс. На почетокот Линукс бил развиван и користен од страна на ентузијасти. Од тогаш па наваму како алтернатива на неслободните Unix и Microsoft Windows, Линукс ја има добиено поддршката на неколку од мамутите во индустријата за информатичка технологија како што се IBM и Hewlett-Packard. Аналитичарите го препишуваат овој успех на независноста од компаниите, ниската цена за имплементација, безбедноста и стабилноста.

Карактеристики на лиценците за софтвер со отворен код (Open-Source software)

Програмата

Мора да содржи изворен код и да дозволува дистрибуција во изворен код, како и во бинарна форма

Лиценцата

Не смее да ја ограничи било која страна од продавање или давање на софтверот како компонента во некоја софтверска дистрибуција како целина која содржи програми од неколку извори

Мора да им дозволи модификации и користење на делови од кодот за други изведени дела (програми), и мора да дозволува тие да бидат дистрибуирани под истите услови како и лиценцата на оригиналниот софтвер

15

Page 16: Inform a Tika

Правата врзани за програмата мора да важат за сите на кои програмата е дистрибуирана, без потреба за активирање на дополнителни лиценца

Може да ограничи изворниот код да биде дистрибуиран во модифицирана форма само ако лиценцата дозволува дистрибуција на посебни датотеки со изворен код со цел: промена на програмата во време на развој

Не смее да врши дискриминација против која било личност или било која група на лица

Не смее да го ограничи никого од користењето на софтверот во одредено поле на активност

Не треба да се специфични за посебни производи

Не треба да контаминираат друг софтвер со рестрикции за софтвер кој се дистрибуира заедно со лиценциран софтвер.

Логика на Програмирањето

Главна задача на информатичарите е да креираат и развиваат нови програми. Oвие програми се создадени преку процесот наречен софтверското инженерство. Овој процес е сличен на процесот на изградба на зграда.

Најпрво се специфицираат сите функции (функцијоналности) што таа програма треба да ги прави. Потоа на ред доаѓа креирање на дизајнот на програмата, т.е определување на начинот на кој програмата ќе ги постигне своите цели. Само тогаш програмата се смета за коректно напишана.

Во фазата на дизајнирање, програмерот одредува која програмерска логика ќе ја користи при креирање на алгоритмот. Алгоритмот претставува серија од инструкции кои дефинираат како да се реши еден проблем. Оваа дефиниција може да звучи многу слично како онаа за компјутерска програма, но има значајна разлика.

Алгоритмот е напишан "на англиски јазик" (или јазикот на кој програмерот зборува и пишува), наместо да биде напишани во јазик разбирлив за компјутерот (програмски јазик). Така, алгоритам е напишана за да биде "читлив " и разбирлив за човекот но не и за компјутерот. За да може компјутерот да го препознае и изврши овој алгоритам истиот мора да биде напишан со помош на некој програмска јазик.

Значи, алгоритам е идејата зад решение, додека програма е конкретна имплементација на тоа решение.

СОФТВЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Софтверското инженерство се состои од неколку фази на развој на софтвер, кои може да се комбинираат во развојот на оваа парадигма.

Фази на развој на софтверСофтверското инженерство значи користење на специфични методи за да се создаде

16

Page 17: Inform a Tika

одредена програма. Софтверското инженерство вклучува пет главни фази: спецификација, дизајн, имплементација, тестирање и одржување.

Фази на развој на софтвер

СпецификацијаПрвиот чекор во било кој проект за развој на софтвер е спецификација. Спецификацијата одредува кој способности ќе ги поседува готовиот софтвер. Во овој дел се поставува прашањето, „Што програмата треба да прави?“. Овој чекор се остварува на различни начини, во зависност од намената на софтверот.Одредени софтвери се создадени за употреба од страна на одредена компанија или клиент. На пример, некоја банка може да има свој програмери кои ќе развијат нов софтвер за пресметување на хипотека или амортизација маси. Во овој случај, програмерскиот тим може да зборува директно со корисниците за да види кои се нивните потреби и желби.

ДизајнВо фазата спецификацијата се поставува прашањето, Што програмата треба да прави? Во фазата дизајн се наметнува прашањето: "Како програмата ќе го направи тоа?" , т.е. се прави детален проект за развој на софтверот. Во оваа фаза, програмерите треба да изберат адекватен програмски јазик во кој ќе се пишува програмата. Да изберат алгоритми за различни функции на програмата, да се одлучи кои членови на тимот за кои работи се одговорни, да се изработат графикони на кој јасно ќе се претстават сите фази од овој процес и потребните ресурси неопходни за реализација на овој проект.

ИмплементацијаВо фазата на имплементација, програмата е всушност веќе напишана. Оваа фаза се нарекува вака бидејќи во неа програмерите го имплементираат дизајнот што го направиле во претходните чекори. Повеќето луѓе – вклучувајки ги и програмерите почетници- претпоставуваат дека поголемиот дел од времето потребно за развој на одреден софтвер се губи во фазата на имплементација, но тоа е всушност само мал дел.

ТестирањеВо фаза на тестирање, програмерскиот тим одредува дали софтвер ги задоволува нормите пропишани во фазите на спецификација и дизајн. Всушност, овде се води грижа за две работи. Првата е дали програмата работи без грешка. Никој од програмерскиот тим не сака програмата да запре пред да ја изврши бараната функција или да даде погрешен резултат. Друга грижа е дали програмата е она што корисниците го сакале. Готовата програма минува две нивоа на тестирање: алфа тестирање и бета тестирање. Алфа тестирањето е направено од страна на членовите на програмерскиот тим. Бета тестирање е направено од страна на корисниците или потенцијалните корисници.

ОдржувањеНа повеќето програми, откако тие веќе ќе бидат пуштени во употреба, се јавува потреба од давање на дополнителна поддршка и дополнителни развој, кој е познат како фаза на одржување. Оваа поддршка може да вклучува обука на клиенти, инсталирање на софтверот на компјутерите на клиентите, или дополнителна доработка на одредени делови на софтверот . Ако грешката е голема тогаш единствено решение е инсталирање на нова верзија. Малите грешки може да бидат корегирани со така наречена „закрпа“ која е дел од

17

Page 18: Inform a Tika

кодот која заменува дел од веќе инсталирана програма и обично се симнува од веб-страницата на изработувачот на софтверот.

Машински јазик

Прва генерација на програмски јазици. Најосновни програмски јазици

Низи од бинарни кодови, единствен за секој компјутер

Бара посебни знаења од областа на внатрешниот промет на процесорот кој се користат

Мора да се определи локација за складирање за секој инструкција и за секој на податок кои се користат

Тешки за работа и склони на грешка

Асемблерски јазици = Втора генерација на јазици. Развиен е со цел за да ги намали тешкотиите при пишувањето на машински програми. Асемблерите се користат за конвертирање на програми во машински инструкции. Симболите се користат за преставување на операциски кодови и складираните локации. Алфабетските кратенки се нарекуваат клучни зборови, а другите симболи преставуваат операциски кодови, локација на складишта и елементи на податоците.

High-Level Languages = Трета генерација на јазици. Користи кратки соопштенија или аритметички операции. Соопштенијата се преведуваат во машински јазик со помош на компајлери или преведувачи. Помалку ефикасни од асемблерскиот јазик и бара поголемо време за преведување. Независна машина. Примери: BASIC, COBOL, и FORTRAN

Fourth-Generation Languages = Разновидност на програмските јазици, кои се непроцедурални и блиски до човековиот говор, Поттикнување на програмерите да се добие бараниот резултат; компјутерот го одредува редоследот на инструкциите, кои остварува резултатите. Поедноставување на процесите за програмирање. Природни јазициБлиски до англискиот или друг човечки јазик, Некогаш се нарекуваат петта –генерација (5GLs), Лесни за користење и флексибилниОбјектно-Ориентиранијазици = Комбинирање на податочни елементи и процедури кои ќе се извршат некогаш во некои објекти, Пример: податоци за банковна сметка каде процедурите се извршуваат врз нив,како и сите потребни пресметкиНајчесто се користат за развој на апликативен софтвер. Лесни за користење и по-ефикасни за графички –ориентирани кориснички интерфејси

Еднократност: може да користи објект од една апликација во друга апликација

Примери: Visual Basic, C++, Java

Најчесто object-oriented јазици произведуваат GUI кој подржува визуелно програмирање

18

Page 19: Inform a Tika

Web јазици

HTML =Јазик за опис на страници, кој создава хипертекстот документи за веб

XML = Опишува содржина на веб страници, со примена на тагови за идентификување или контекстуални етикети на податоци

Java = Објектно-ориентиран програмски јазик кој е едноставен, безбеден и независен од платформата (тип на оперативен систем или тип на комјутер), Java applets може да се извршуваат на било кој компјутер

Преведувачи на програми

Ги преведува инструкциите напишани на јазици за програмирање во машински јазик

Assembler = Ги преведува Асемблерскитенаредби

Compiler = Ги преведува наредбите на јазиците од повисоко ниво пред извршувањето на програмата

Interpreter = Ги преведува и извршува наредбите од програмата, една по една, во тек на извршувањето (работењето) на програмата

Компјутерски мрежи

Компјутерските мрежи поврзуваат два или повеќе независни компјутери;

Компјутерите можат да бидат географски разделени

Мрежи лоцирани на мали подрачја (соби, згради или кампуси) се нарекуваат LAN (Local Area Network)

Мрежи во градски подрачја се нарекуваат MAN (Metropolitan Area Network)

Мрежи лоцирани на поголемо пространство (држава или пошироко) се нарекува WAN (Wide Area Network)

Апликации на мрежа

Делење на ресурси

Hardware (компјутерски ресурси, дискови, принтери)

Software (апликациски софтвер)

Делење на информации

Лесен пристап од било каде(фајлови, бази на податоци)

Можност за пребаруввање (WWW)

Комуникација = Email

Далечинско управување со компјутер

19

Page 20: Inform a Tika

Распределување на процеси (GRID Computing)

Мрежни топологии

Мрежната топологија дефинира начин на кој се поврзани компјутерите, принтерите и другите уреди.

Мрежните топологии го даваат изгледот на уредите и каблите како и патеката која се користи за пренос на податоците.

Bus Топологија Обично се нарекува линеарна топологија, сите уреди на оваа топологија се поврзани на еден кабел.

Ѕвезда и истегната ѕвезда

Ѕвезда топологија најчесто се користи кај LAN решенијата.

Кога е инсталирана оваа топологија личи на тркало од велосипед.

Големите мрежи користат таканаречена топологија на истегната ѕвезда или дрво топологија.

Прстен топологија Некој пакет или некоја рамка застануваат на секој јазол на прстенот. Во јазолот може да се пренесе информацијата да се додаде нова информација како да се даде и нова адреса на пакетот , Потоа пакетот патува низ прстенот додека не го пронајде јазолот кој треба да земе некоја информација од него, Единечен прстен - сите уреди во мрежата делат еден ист кабел, Двоен прстен – оваа топологија овозможува да се испраќаат информации во две насоки

Мрежа топологија Мрежа топологија ги поврзува сите јазли (уреди) во една редундантна и толерантна на грешки целина. Се користи за VAN и LAN поврзување во мрежи кој се релативно сложени и критични како во банки и други финансиски институции. Имплементацијата на оваа топологија е многу тешко и скапо.

Мрежни компоненти

1. Физички медиум2. Поврзување на уреди3. Компјутери4. Мрежен софтвер5. Апликации

Мрежни медии

Мрежениот медиум се дефинира како средство преку кое сигналот се пренесува од еден компјутер на друг ( било преку кабел или безжично). Опрема; HUB, Switches, Routers, Wireless Access Points, Modems etc.

20

Page 21: Inform a Tika

Компјутери: Клиентски и Серверски машини

Во клиент – сервер моделот, сите услуги се лоцирани на во посебен компјутер (сервер) чија единствена функција е да одговара на барањата на клиентот

Серверот содржи датотеки, секакви апликации и останати услуги кој се секогаш на располагање на барањата на клиентите.

Апликации: E-mail, Претражување податоци, Е – комерција, Новински групи, Интернет телефонија(VoIP), Видео конференција, Chat групи, Instant Messengers , Интернет радио

Што е интернет?

Компјутерска мрежа распространета низ целиот свет, Јавен, кооперативен и самоодржувачки сервис достапен на милиони луѓе ширум светот, Користи множество на протоколи наречени Transmission Control Protocol/Internet Protocol (TCP/IP). Кој алатки се достапни на интернет? = Софтвер за донесување на одлуки; Комплет алатки за комуникација; Експертски алатки (апликации); Кориснички алатки (апликации); Софтвер за управување со човечки ресурси. Интернетот работи со воспоставување на интерна мрежа преку LAN (Local Area Network), WAN (Wide Area Network), MAN (Metropolitan Area Network) кои се потпираат на ISDN (Integrated Services of Digital Network). Корист од интернетот е Економична комуникација во корпорациите, Поддршка за остварување на реална размена на знаења и искуства, Обезбедување на поголема флексибилност во работната способност на луѓето, Промовирање на безбедносен систем за пристап и интеракција

Што е Интранет?

Мрежно поврзување на одредена група клиенти; Користи стандардни интернет протоколи, посебно TCP/IP и HTTP, и некаде FTP; IP- базирани јазли на мрежата зад серија од firewall – ови. (секој компјутер или мрежен уред преставува јазол на мрежата)

Што е Екстранет?

Дел од интранетот на една компанија кој е проширен за корисниците кој се надвор од компанијата

Безбедно споделување на бизнис информации или операции добавувачи, продавачи, партнери, клиенти или други фирми. Корпорациите можат да користат Екстранет за: Размена на голема количина податоци користејќи Electronic Data Interchange (EDI) or XML ;

21

Page 22: Inform a Tika

Делање на каталози на производи; Соработка со други компании и заеднички напори за развој; Вршење на заеднички развој и користење на програми за обука заедно со други компании; Обезбедување на пристап до сервисите кои ги нуди една компанија на група од други компании,; Размена на вести од заеднички интерес исклучиво со партнерски компании.

Интернет

Корените на интернет се во ARPANET, американска одбранбена мрежа создадена во 1969 година.

Првата TCP/IP мрежа направена на 1 јануари 1983 така што овој датум е земен за создавањето на интернетот.

Во Август 1991 година од CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) го претстави проектот World Wide Web, а две години потоа е се претставени и HTTP протоколот и HTML кодот.

Во 1996 година зборот Интернет веќе стана популарен и интернетот започна да се употребува за комерцијалните и приватните потреби.

Името интернет е добиено како кратенка од INTERnational NETwork - INTERNET што во превод би значело меѓународна мрежа. А во неа се вклучени милиони луѓе од светот

Интернет како мрежа постои веќе триесетина години, меѓутоа со појавата на World Wide Web (WWW) интернет станува она што го знаеме денес.

Во почетокот на интернетот било комплицирано барањето на податоците, корисниците биле принудени рачно да ги испишуваат наредбите. Поголем број корисници не сакале или не ги знаеле наредбите.

1989 година Tim Berners Lee од Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипер текстуален програм за дистрибуција на податоците помеѓу луѓето.

Крајот на 1990 година почнал да се развива и самиот проект WWW. Започнува со развој на првата програма за пристап на WEB со едноставно име WWW.

Почетокот на 1993 година Marc Andreessen од NCSA (National Center for Supercomputing Applications) напишал пребарувач, наречен Mosaic. Marc 1994 година основа фирма Netscape Communications и покрај Tim Berners се смета за најзначен човек за развојот на WWW.

При крајот на 1994 година, проектот за развој на WWW го превзема Конзорциумот W3 кој заеднички го основале CERN и MIT (Massachusetts Institute of Technology).

1994 година еволуира и HTML кој во верзијата 2.0.Истата година излегува и првата верзија на Netscape кој донесува една многу важна новост, прикажување на JPEG слики (другите прелистувачи биле ограничени само на GIF-ови).

22

Page 23: Inform a Tika

1995 година Netscape излегува со верзијата 1.1 и воведува додатни новости, меѓутоа надвор од важечките стандарди за HTML јазик.

1995 година излегуваат и Windows 95 од фирмата Microsoft која тоа време не беше свесна за важноста на интернетот па поради тоа, како додаток, исфрла слаба верзија на Internet Explorer прелистувач.

Адреси на интернет

Адресите се формирани слично како и поштенските адреси: име, презиме, улица, број итн. Но бидејќи во секоја држава има многу различни места, адресите на Интернет не се земени по места туку по дејности, бидејќи дејностите , како што се: образование, стопанство, управа итн. ги има во секоја држава.

Овие дејности се наречени домени. Во интернетот постојат 6 домени. Нивните имиња се кратенки од англиското име за дејноста и тоа:

edu – за образование

com – за стопанство

gov -- за управа

mil – за војска

org -- за непрофитни организации

net -- за компјутерски мрежи

А за улица се земени организациите и подорганизациите во дејноста. Така во образованието во Македонија постојат повеќе организации и подорганизации како што се универзитетите и факултетите. На пример името на гимназијата ,, Јосип Броз – Тито” на интернет е jbt , а на некоја гимназија е dsu. Овие имиња всушност се имиња на под – домени. На пример некој студент од некој фалкултет си дал интернет име гоце тогаш неговата интернет адреса е [email protected].

Знакот @ означува припадност, што значи гоце припаѓа на односно е под-домен на jbt.dsu.edu.mk овој домен е под-домен на dsu.edu.mk , кој пак е под домен на доменот за образование edu.mk , а тој е под-домен на доменот mk кој е под домен на интернет.

Видови на поврзување на интернет

Поврзувањето најчесто се врши преку посредник така наречен провајдер. Тоа е фирма која обезбедува интернет така што корисникот го поврзува со другите провајдери, од другите земји од светот. Провајдерот располага со брз сервер и со специјална опрема, а за своите услуги наплаќа од корисниците. Корисникот е потребно да си купи IP адреса односно корисничко име и лозинка со кои ќе можат да се поврзат на интернет. Во Македонија постојат неколку провајдери едни од нив се МТ-нет , Он-нет , Неотел, Телекабел, Кејблтел и многу други.

23

Page 24: Inform a Tika

Постојат различни начини на поврзување на интернет, а тоа е :

Dial-up конекција со брзина до 54 kbps

ISDN конекција со брзина до 128 kbps

ADSL со брзина до mbps

cable (кабловка конекција) со брзина до 512 kbps

Сателитски интернет (сообраќај само во еден правец download) до 16.000 mbps

wi-fi (бежична конекција) со брзина до 300 kbps

Интернет провајдери (ISP) = Компании што нудат услуга поврзување на интернет. Тоа може да биде било која компанија која има директна интернет врска и овозможува пристап до неа.

Новости:

Во 1996 година започна да се создава една нова мрежа наречена интернет2™ односно 200 универзитети формираа непрофитна организација (UCAID)The Unuversitis Corporation for Advanced Internet Development, и уште 20 најјаки ИТ компании во светот како : Microsoft, HP, IBM, Sun microsustem, Red Hat и многу други се поврзаа и направија супер брза мрежа наречена Албине.

Сите овие фирми, универзитети и други државни установи денес се поврзани со интернет2™ односно со конекција брза 10 gbps , односно конекција 150 000 пати побрза од денешната , така на пример еден DVD филм од 4gb може да се симне за 5 секунди.

Корисници на оваа мрежа можат да бидат само организации членки на интернет 2™ односно оние кои ќе придонесат за развој на оваа мрежа, а членство на физички лица не е дозволено. Партиципацијата чини 50.000 долари годишно.

ADSL

Асиметрична Дигитална Претплатничка Линија (Asymmetric Digital Subscriber Line) или ADSL е облик на DSL, технологија за комуникација на податоци која врши пренос на истите преку бакарна телефонска жица преку модем. Разликата помеѓу ADSL -от и другите x DSL -и e во тоа што протокот на информации во една насока е поголем од протокот во друга, т.е. во тоа што е асиметричен. Затоа ADSL -от се користи за пасивно користење на интернет: со можност за брзо преземање download, но не и подигање upload.

Кај конвенционалниот ADSL, брзините на преземање почнуваат од 256 kbps и типично достигаат до 8 Мbps во рамките на 1.5 км од централата со опрема или далечнскиот терминал. Брзините на подигање почнуваат од 64 kbps и типично достигнуваат до 256 kbps, но може да достигнат до 1024 kbps. Називот ADSL Лајт понекогаш се користи за поспори верзии.Забелешка: растојанијата се само проценки наменети за потрошувачите на ADSL услуги. Слабеењето на соодносот на сигналот и буката се главните карактеристики и можат

24

Page 25: Inform a Tika

да варираат тотално независно од растојанието(како на пр. не-бакарни кабли, дијаметар на каблите).

Како работи ADSL-от

За жицата

ADSL -от користи две ралични стапки на фреквенција. Кај стандардниот ADSL, стапката од 25.875 KHz до 138 KHz се користи за подигања, додека 138 KHz – 1104 KHz се користи за спуштања.

Интернет пребарувач

Интернет пребарувач претставува интернет сервис, чија цел е да пребарува информации на интернет (пред сè со впишување на клучни зборови или фраза). Резултатите од пребарувањето најчесто се прикажани како список на веб-адреси кој ги содржат бараните информации.

Пребарувачите прибираат информации за тоа што сè има на вебот кои потоа ги ставаат на располагање на нивните корисници. Некои од нив користат т.н. пајаци (spiders), односно автоматизирани разгледувачи, кои ги крстосуваат веб-страниците скокајќи од линк на линк. Други пак ги примаат податоците преку други извори, на пример директно од веб-сајтовите кои произведуваат нови содржини.

Web Пребарување = Најбрзо растечки сервис на интернет ,Поседува графички кориснички интерфејс, поддршка за hyper texting Uniform Resource Locator or URL

e-mail = Постојат два модела:

Webmail (e.g. Yahoo mail, gmail, Hotmail): мора да биде поставено поштенско сандаче на online сервер и до него да има пристап за менажирање на истото.

POP3 e-mail клиент (npr. Mozilla Thunderbird, MS Outlook-om): мора да биде online на сервер само за презимање и испраќање на поштата, додека истата се чита и уредува во offline мод.

име_на_корисник@domain_name_на компјутерот

Твој online идентитет!

Mailbox name или корисничко име – не треба да содржи запирки, загради и празни места

@ (мајмунче)

Address или hostname – доменот и поддоменот се разделуваат со точка

Вирален маркетинг

Вирален маркетинг (англиски: viral marketing) е техника на рекламирање која ги искористува постоечките социјални мрежи за да предизвика експоненцијални зголемувања за свесноста на брендот, преку вирални (вирусни) процеси кои налекуваат на ширење на епидемија. При тоа, преносот на информации е многу брз и со широк опсег, преку лични контакти (word of mouth) зајакнати со употребата на интернет.Овој вид маркетинг е доста прифатлив за компаниите од причина што е доста поефтин од останатите конвенционални начини на

25

Page 26: Inform a Tika

рекламирање.Често се случува виралната (вирусна) кампања да биде започната од луѓе надвор од компанијата чијшто производ или услуга се промовира.

Блог

Блог е веб-сајт во кој се објавуваат датумски определени дополнувања со редовен ритам и се прикажани во обратен хронолошки редослед (најновиот најгоре). Терминот блог е скратеница од веб-лог (weblog, web log), термин чие буквално значење е „дневник на веб”.Пишување или одржување на блог, или додавање на напис се нарекува „блогирање”. Одделните написи на блог се нарекуваат „постови”, а личноста која ги објавува се нарекува „блогер”. Блог може да се состои од текст, хипертекст, слики, линкови, како и можност за оставање коментари. Често даден блог има посебна тема или област која ја покрива, додека пак некои се наменети за дискутирање на лични искуства.Блоговите може да бидат поставени на посебни сервиси за хостирање блогови, или да бидат дел од веб-сајт кој работи благодарение на посебен блогерски софтвер. Блоговите како медиум стекнаа популарност и значење на почетокот на 21 век, промовирајќи го концептот на граѓанско новинарство.

Форум

Форум на интернет е сервис за водење разговори, или софтвер за веб-апликација што овозможува вакви услуги. Форумите на веб, кои се појавија околу 1995 година имаат слична улога како бибиесите (ББС) и дискусионите групи кои беа популарни во осумдесеттите и деведесеттите. Форумите со редовни корисници кои дискутираат на најразлични теми често развиваат виртуелни заедници. Инаку phpbb и vbulletin се најпознатите фирми кои што задоволуваат потреби со форуми.

26