CELEKS Nonpaa.sep.gov.mk/NPAA-public/App_Upload/2006.0800.1187.kt.doc · Web view- Копија...

551
КОРЕСПОДЕНТНА ТАБЕЛА Формулар ЕУ – МАК CELEX бр. на прописот на ЕУ кој се транспонир а Назив на прописот на ЕУ Содржина на одредбата од прописот на ЕУ кој се транспонира Назив на националниот пропис во кој се врши транспонирањето (бр. на член) Содржина на одредбата од националниот пропис во кој се врши транспонирањето Забелешка Оценка за степенот на усогласенос т Надлежен орган/ институциј а 32003R0998 РЕГУЛАТИВА (ЕЗ) бр. 998/2003 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ за барањата во однос на здравјето на животните применливи во некомерцијалното движење на домашните миленици и за изменување на Директивата 92/65/ЕЕЗ на Советот Член 3 (а) д о м а ш н и м и л е н и ц и , животни од видовите наведени во Анексот I придружувани од нивните сопственици или личност одговорна за овие животни, во име на сопственикот во текот на нивното движење, а нема да бидат продадени или пренесени на друг сопственик Предлог за донесување на Закон за Ветеринарно Здравство со Предлог на Законот Член 3 Дефиниции 2. „Домашен миленик” е секое животно кое припаѓа на животинските видови кои вообичаено се одгледуваат и чуваат, но не се користи од човекот или одгледува во одгледувалишта, и кое при движење е придружено од сопственикот или друго одговорно лице; Модифициран о за потребите на овој закон Делумна усогласенос т Министрств о за земјоделст во, шумарство и водостопан ство(МЗШВ) / Управа за Ветеринарс тво 32003R0998 Член 5 став 1 1. Во случај на движење, домашните миленици од видовите наведени во деловите А и Б на Анексот I, не доведувајќи ги во прашање барањата утврдени во членот 6, мора да: Член 92 Увоз на домашни миленици став 2, 3 и 4 За увозот на домашни миленици не се применуваат одредбите од член 81 од овој закон, а покрај дозволата од член 77 од овој закон истите мора да ги исполнуваат следните услови: 1) Да бидат поединечно Модифициран о за потребите на овој закон Делумна усогласенос т МЗШВ / Управа за Ветеринарс тво

Transcript of CELEKS Nonpaa.sep.gov.mk/NPAA-public/App_Upload/2006.0800.1187.kt.doc · Web view- Копија...

CELEKS No

КОРЕСПОДЕНТНА ТАБЕЛА

Формулар ЕУ – МАК

CELEX бр. на прописот на ЕУ кој се транспонира

Назив на прописот на ЕУ

Содржина на одредбата од прописот на ЕУ кој се транспонира

Назив на националниот пропис во кој се врши транспонирањето (бр. на член)

Содржина на одредбата од националниот пропис во кој се врши транспонирањето

Забелешка

Оценка за степенот на усогласеност

Надлежен орган/ институција

32003R0998

РЕГУЛАТИВА (ЕЗ) бр. 998/2003 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ за барањата во однос на здравјето на животните применливи во некомерцијалното движење на домашните миленици и за изменување на Директивата 92/65/ЕЕЗ на Советот

Член 3

(а) д о м а ш н и м и л е н и ц и, животни од видовите наведени во Анексот I придружувани од нивните сопственици или личност одговорна за овие животни, во име на сопственикот во текот на нивното движење, а нема да бидат продадени или пренесени на друг сопственик

Предлог за донесување на Закон за Ветеринарно Здравство со Предлог на Законот

Член 3Дефиниции

2. „Домашен миленик” е секое животно кое припаѓа на животинските видови кои вообичаено се одгледуваат и чуваат, но не се користи од човекот или одгледува во одгледувалишта, и кое при движење е придружено од сопственикот или друго одговорно лице;

Модифицирано за потребите на овој закон

Делумна усогласеност

Министрство за земјоделство, шумарство и водостопанство(МЗШВ) / Управа за Ветеринарство

32003R0998

Член 5 став 1

1. Во случај на движење, домашните миленици од видовите наведени во деловите А и Б на Анексот I, не доведувајќи ги во прашање барањата утврдени во членот 6, мора да:

(а) бидат идентификувани во согласност со член 4 и

(б) имаат пасош издаден од страна на ветеринар овластен од страна на надлежниот орган во кој се потврдува валидна вакцинација против беснило, или ревакцинација, ако е соодветно, во согласност со препораките на лабораторијата што ја произведува, извршена на односното животно со неактивирана вакцина, со најмалку една антигенска единица по доза (стандард на СЗО).

Во случај ваквите прегледи да откријат дека животното не ги задоволува барањата утврдени во оваа Регулатива, надлежниот орган одлучува во консултации со овластениот ветеринар:

(а) да го врати животното во земјата од која потекнува;

(б) да го изолира животното под официјална контрола за време кое е потребно за да се задоволат здравствените барања, на сметка на сопственикот или лицето одговорно за него; или

(в) во краен случај, животното да се усоие, без финансиски надомест, во случај да не може да се предвиди неговото враќање или изолација во карантин.

Член 92Увоз на домашни миленици

став 2, 3 и 4

За увозот на домашни миленици не се применуваат одредбите од член 81 од овој закон, а покрај дозволата од член 77 од овој закон истите мора да ги исполнуваат следните услови:

1) Да бидат поединечно идентификувани со тетоважа, електронски или со некое друго трајно средство за идентификација;

2) Да се вакцинирани или третирани против болести карактеристични за одредени видови;

3) Да бидат придружени со пасош или друг официјален документ кој обезбедува доказ а спроведениот третман.

Модифицирано за потребите на овој закон

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

32003R0998

Член 12

Земјите-членки ги преземаат неопходните мерки за да обезбедат дека домашни миленици кои влегуваат на територијата на Заедницата од трета земја кој не е наведена во оддел 2 од делот Б на Анекс II подлежат на:

(а) ако има пет или помалку домашни миленици, на прегледи за документирање и идентификација од страна на надлежниот орган на патничкиот влез на територијата на Заедницата;

(б) ако има повеќе од пет домашни миленици, условите и прегледите утврдени во Директивата 92/65/ЕЕЗ.

Земјите-членки назначуваат органи одговорни за ваквите прегледи и веднаш ја информираат Комисијата за тоа.

Член 92Увоз на домашни миленици став 1

(1) За увозот на домашни миленици кои се придружени од сопственикот или одговорното лице, а кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се најмногу до пет единки, треба да се исполнат условите од став (2) од овој член.

модифицирано

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

32003R0998

Член 14 став 3

Во случај ваквите прегледи да откријат дека животното не ги задоволува барањата утврдени во оваа Регулатива, надлежниот орган одлучува во консултации со овластениот ветеринар:

(а) да го врати животното во земјата од која потекнува;

(б) да го изолира животното под официјална контрола за време кое е потребно за да се задоволат здравствените барања, на сметка на сопственикот или лицето одговорно за него; или

(в) во краен случај, животното да се усоие, без финансиски надомест, во случај да не може да се предвиди неговото враќање или изолација во карантин.

Увезените домашни миленици кои не ги исполнуваат условите од став (2) од овој член може да бидат:

1) 1) вратени;

2) 2) сместени во карантин каде можат да бидат вакцинирани или третирани според упатствата на надлежниот орган;

3) 3) успиени, без надомест на штета на сопственикот ако не можат да се вратат или сместат во карантин.

потполна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

32002R1774

РЕГУЛАТИВА (ЕЗ) бр. 1774/2002 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ

oд 3 октомври 2002 година

за утврдување на здравствените правила за животински нуспроизводи, кои не се наменети за исхрана на луѓето

Член 2

(ж) д о м а ш е н м и л е н и к, сите животни кои припаѓаат на видови кои се хранат и чуваат, но не се користат за исхрана на луѓето, освен за одгледување на фарми;

(а) ж и в о т и н с к и н у с п р о и з в о д и, цели тела или делови од животни или производи од животинско потекло, наведени во членовите 4, 5 и 6, кои не се наменети за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги јајце-клетките, ембрионите и семето од мажјак;

(в) м а т е р и ј а л и о д к а т е г о р и ј а т а 2, животински нуспроизводи, наведени во членот 5;

ѕ) п л а с и р а њ е н а п а з а р о т, секоја активност чија цел е продажба на животински нуспроизводи, или производи кои потекнуваат од нив, опфатени со оваа Регулатива, на трета страна во Заедницата, или секоја друг облик на снабдување на таква трета страна, кое се наплаќа, или е бесплатно, или складирање за снабдување на таква трета страна;

Член 3Дефиниции

2. „Домашен миленик” е секое животно кое припаѓа на животинските видови кои вообичаено се одгледуваат и чуваат, но не се користи од човекот или одгледува во одгледувалишта, и кое при движење е придружено од сопственикот или друго одговорно лице;

22. “Нус-производи од животинско потекло” се цели трупови или делови од животни или производи од животинско потекло кои не се наменети за човечка употреба, вклучувајќи кожи и крзна, јајце-клетки, ембриони и семе;

26. „Помии” е отпад од кујните на средствата на меѓународен превоз и целиот отпад од храната наменета за човечка употреба, од ресторани и угостителски објекти или кујни, вклучувајќи кујни во индустријата или во домаќинствата;

37. „Ставање во промет” е секоја постапка чија цел е трансфер на животни, производи или нус-производи од животинско потекло, или секоја друга форма на испорака, за исплата или бесплатно, или складирање со цел за снабдување на друг субјект

Модифицирано за потребите на овој закон

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31997L0012

ДИРЕКТИВА НА СОВЕТОТ 97/12/EC од 17 Март 1997 дополнувања и иновирање на Директивата 64/432/EEC за здрвствени проблеми кои ја погодуваат внатрешната трговија во Заедницата со говеда и свињи

Член 2

(б) ж и в о т н о (и) з а к о л е њ е, говеда (вклучувајќи ги и видовите Bison bison и Bubalus bubalus) или свиња која треба да се носи во кланица или пак во собирен центар од каде може да биде однесена само на колење;

(в) ж и в о т н и з а р а с п л о д или з а п р о и з в о д с т в о, говеда (вклучувајќи ги и расите Bison bison и Bubalus bubalus) и свињи поинакви од оние наведени во (б), а наменети за расплод, производство на млеко или месо, или за влечење, за саеми и изложби, со исклучок на животни кои учествуваат во културни и спортски настани

(љ) с о б и р е н ц е н т а р , имоти, собирни центри и пазари, на кои говедата или свињите, кои потекнуваат од други места, се собрани заедно и сочинуваат пратка на животни наменети за продажба. Ваквите собирни центри мораат да имаат одобрение за трговија и да ги исполнуваат условите утврдени во член 11;

(н) т р г о в е ц, секое физичко и правно лице кое купува и продава животни директно или индиректно, прави редовен обрт со вакви животни и во рок од 30 дена од купувањето ги препродава или ги дислоцира во други објекти кои не се во негова сопственост и ги исполнува условите утврдени во член 13.

ј) официјален в е т е р и н а р, ветеринар назначен од надлежниот орган на земјата-членка;

Член 3Дефиниции

4. „Животни за колење” се добиток освен пчели и живина, наменети за носење во кланица за колење или во собирен центар од каде може да бидат однeсени само на колење;

6. „Животни за расплод и производство” се добиток и животни за колење вклучувајќи ги и оние наменети за расплод, добивање на месо, волна и млеко, за влеча, изложби или манифестации со исклучок на животни кои учествувааат во културни или спортски настани;

20. “Собирен центар” се одгледувалишта, збирни места и добиточни пазари, каде животните кои потекнуваат од различни одгледувалишта се групираат заедно заради формирање на пратки на животни наменети за трговија. Овие собирни центри мора да бидат одобрени во трговски цели и да ги исполнуваат условите од член 73 од овој закон;

21. “Трговец” е секое физичко или правно лице кое купува и продава животни за комерцијални цели, било директно или индиректно, кое редовно врши промет со животни и кое најкасно во рок од 30 дена по нивното купување истите ги препродава или ги преместува од еден во друг простор кој не е негова сопственост, и кое ги исполнува условите пропишани во член 72 од овој закон;

60. „Официјален ветеринар” е ветеринар квалификуван, според одредбите од овој закон, вработен во надлежниот орган за вршење на ветеринарни инспекции, на работно место “државен ветеринарен инспектор”;

Модифицирано за потребите на овој закон

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31997L0012

Член 7

Животните за колење по пристигнувањето во земјата која е крајна дестинација, се носат:

- во кланица, мораат да бидат заклани таму во најкус можен рок, не подолг од 72 часа по пристигнувањето, во согласност со условите за здравје на животните, или

- во одобрен собирен центар, мораат да бидат однесени од пазарот директно во кланица и да бидат заклани во најкус можен рок, не подолг од три работни дена по пристигнувањето во собирниот центар, во согласност со условите за здравје на животните. Во периодот меѓу нивното пристигање во собирниот центар и во кланицата, тие не смеат да дојдат во контакт со животни со раздвоени копита, освен со животни кои ги исполнуваат условите утврдени со оваа Директива.

Член 73Одобрение за собирни центри

став 1 до 5

(1) На собирните центри надлежниот орган им издава одобрение доколку ги исполнуваат следните услови:

1) зависно од капацитетот за животни на собирниот центар, мора да има:

· посебни објекти кои се користат исклучиво за собирен центар;

· соодветни објекти за натовар, растовар и сместување на животните соодветен со посебните стандарди за одделни видови животни, за нивно напојување и хранење и за давање на потребна терапија;

· објектите мора лесно да се чистат и дезинфицираат со опрема наменета за чистење и дезинфекција на простории и камиони;

· соодветни објекти за инспекција;

· соодветни објекти за изолација;

· соодветен простор за складирање на сточна храна, простирка и шталско ѓубре;

· соодветен систем за собирање на отпадни води;

2) да вработат доволен број на персонал за спроведување на обврските;

3) да имаат соодветен канцелариски простор за официјалните ветеринари;

4) 4)работењето на собирниот центар да е под контрола на официјален ветеринар кој ќе обезбеди:

- пред употреба објектите да се чисти и дезинфицирани;

- за време на собирањето животните да не доаѓаат во контакт со други животни освен со оние кои имаат ист здравствен статус;

5) приемот на животни да е дозволен само ако истите се идентификувани и ако не доаѓаат од стада кои подлежат на ограничувања или се наменети за отстранување при спроведување на програми за сузбивање на болести.

(2) Кога животните се примени, официјалниот ветеринар кој врши надзор во собирниот центар ќе осигура дека тие се правилно обележани и придружени со документи или соодветни ветеринарно-здравствени сертификати за одредени видови и категории на животни.

(3) Врз основа на придружните документи за животните, идентификационите броеви или други средства за идентификација, сопственикот или лицето одговорно за собирниот центар ги внесува податоците во регистер или во база на податоци и ги чува најмалку три години следните информации:

- име на сопственикот, потекло, дата на влез и излез, број и идентификација на животното или регистрациски број на одгледувалиштето или стадото од каде потекнуваат животните кои влегуваат во собирниот центар и нивната предложена дестинација;

- број на регистарски таблички на превозерот и број на дозволата на превозното средство кој ги испорачува и собира животните во собирниот центар.

Надлежниот орган издава број на одобрение на секој одобрен собирен центар. Ова одобрение може да биде ограничено за одредени видови на животни, животни наменети за одгледување и производство или животни за колење. Надлежниот орган води регистер на одобрени собирни центри, кој редовно ќе се надополнува.

Во поглед на ограничувања кои се однесуваат на здравствената заштита на животните и во случај на неисполнување на условите од овој член или други соодветни прописи од ветеринарната област, надлежниот орган може времено да го повлече или да го укине одобрението. Одобрението може да биде повторно издадено кога надлежниот орган ќе утврди дека собирниот центар целосно ги исполнува условите предвидени во соодветните прописи од ветеринарната област.

Модифицирано за потребите на овој закон

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31997L0012

Член 9 став 2 и 3

2. Комисијата ги прегледува програмите доставени од земјите-членки. Програмите наведени во ставот 1 се одобруваат во согласност со критериумите утврдени во став 1, во согласност со постапката предвидена во членот 17. Според истата постапка, истовремено или најдоцна три месеци по одобрувањето на програмите, се утврдуваат и дополнителни гаранции, општи или ограничени, кои можат да бидат потребни за внатрешната трговија во Заедницата. Ваквите гаранции не смеат да ги надминуваат оние кои земјата-членка ги применува во национални рамки.

3. Програмите поднесени од земјите-членки можат да се изменуваат и дополнуваат во согласност со постапката утврдена во член 17. Измените и дополнувањата на програмите кои веќе се одобрени, или на гаранциите кои веќе се дефинирани во согласност со став 2 можат да бидат одобрени според истата постапка.

Член 65Воспоставување на слободни зони

став 3 и 4

Член 57Повеќегодишни програми, годишни програми и годишни наредби за здравствена заштита на животните и за јавно ветеринарно здравство

Без оглед на мерките пропишани со овој закон, внесувањето во слободните зони на приемчиви животни и производи од животинско потекло кои потекнуваат од одгледувалишта кои немаат еднаков здравствен статус може да биде забрането, ограничено или да подлежи на дополнителни гаранции.

Дополнителните гаранции наведени во став (3) од овој член ќе бидат одредени од страна на надлежниот орган, врз основа на проценка на ризикот со цел да не се загрози статусот на слободната зона.

Најдоцна до 31 декември секоја година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува:

5) - Годишна наредба за здравствена заштита на животните со која се наредува спроведување на мерки за заштита на животните од поедини заразни болести како и периодот за извршување на тие мерки во наредната година.;

6) - Годишна наредба за ветеринарно јавно здравство за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни или производи од животинско потекло и го определува периодот за извршување на тие мерки за наредната година.

Модифицирано за потребите на овој закон

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31997L0012

Член 10 став 1

1. Кога една земја-членка смета дека, на нејзината територија, или на дел од неа, нема ниту една од болестите наведени во Анексот Д (II), таа, до Комисијата поднесува соодветна документација, во која, особено, се објаснува:

- природата на болеста и историјата за нејзината појава на територијата на земјата-членка,

- резултатите од набљудувањето на тестирањата кои се темелат на серолошко, микробиолошко, патолошко или епидемиолошко испитување и на фактот дека болеста мора, според законот, да се пријави на надлежните органи,

- периодот во кој бил извршен надзорот,

- ако е можно, периодот за време на кој било забрането вакцинирање против болеста и географската област во која се применувала таквата забрана,

- договорите за верификација на отсуството на болеста.

Член 65Воспоставување на слободни зони

став 1 и 2

Член 57Повеќегодишни програми, годишни програми и годишни наредби за здравствена заштита на животните и за јавно ветеринарно здравство

(1) Со цел заштита на животните од заразни болести, епизоотиолошките подрачја кои се вклучени во системот за надзор и кои врз основа на клиничките прегледи, епидемиолошките истражувања и извршените лабораториски испитувања се сметаат за слободни од одредена заразна болест, може да се прогласат за слободни зони од таа заразна болест.

(2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги прогласува слободните зони врз основа на документиран предлог од директорот со кој се потврдуваат податоците во однос на:

1) природата на болеста и податоци за претходното појавување на болеста на територијата на зоната;

2) основата за задолжително пријавување и документација за резултатите од серолошките, микробиолошките, патолошките, епидемиолошките и другите испитувања;

3) периодот во кој надзорот се спроведувал;

4) доколку е соодветно, периодот во кој вакцинацијата против болеста била забранета и географското подрачје каде таа била забранета;

5) спроведените активности со кои се потврдува отсуството на болеста.

Најдоцна до 31 декември секоја година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува:

- Годишна наредба за здравствена заштита на животните со која се наредува спроведување на мерки за заштита на животните од поедини заразни болести како и периодот за извршување на тие мерки во наредната година.;

Потполна усогласеност со донесување на подзаконскиот акт

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31997L0012

Член 12 став 1, 2, 3 и 4

1. Земјите-членки гарантираат дека превозниците наведени во член 5 од Директивата 91/628/ЕЕЗ ги исполнуваат следните дополнителни услови:

(а) за пренесување на животни тие мора да користат превозни средства кои се:

- конструирани на таков начин за да не можат изметот, отпадоците или сточната храна да истечат или да испаднат од возилото,

- исчистени и дезинфицирани веднаш по извршениот транспорт на животни или на кој било производ кој би можел да влијае на здравјето на животните, и ако е потребно пред секое ново товарање на животни, користејќи притоа дезинфекциски средства официјално одобрени од надлежниот орган ;

(б) тие мораат да имаат или соодветни објекти за чистење и дезинфекција одобрени од надлежниот орган, вклучувајќи објекти за складирање на отпадоците и шталското ѓубре, или мораат да обезбедат документирани докази дека ваквите дејства ги извршила трета страна овластена од надлежниот орган.

2. Превозникот мора да обезбеди дека, за секое возило кое се користи за превоз на животни, се води евиденција со следните информации кои се чуваат во период од најмалку три години:

(i) место и датум на подигањето, името на лицето или на фирмата и адресата на имотот или собирниот центар од каде се подигаат животните;

(ii) место и датум на испораката, името на лицето или на фирмата и адресата на примачот/примачите;

(iii) видови и број на товарени животни;

(iv) датум и место на дезинфекцијата;

(v) детали за придружната документација ( сериски број и др.).

3. Превозниците обезбедуваат дека пратката со животни, од напуштањето на имотите или собирните центри од кои потекнуваат, до пристигнувањето на крајната дестинација, не биле во контакт со животни со нарушена здравствена состојба.

4. Земјите-членки обезбедваат дека превозниците ќе дадат писмено ветување, во кое особено се тврди дека:

- ќе се преземат сите мерки неопходни за усогласување со оваа Директива а особено одредбите утврдени во овој член кои се однесуваат на соодветната документација која мора да ги придружува животните,

- превозот на животните му се доверува на персонал кој поседува неопходна способност, професионална стручност и знаење.

Член 74Одобрување на превозници и превозни средства

став 1, 2, 3 и 4

Надлежниот орган издава одобрение на превозниците и превозните средства aкo ги исполнуваат следните услови:

1) Превозните средства наменети за превоз на живи животни да бидат конструирани така што фекалиите, простирката или храната за животните не можат да истечат или да испаднат надвор од возилото и истото може лесно да се исчисти и дезинфицира;

2) Превозните средства за производи и нус-производи од животинско потекло да бидат конструирани така што ќе спречат истекување или одлевање, ја одржуваат соодветната температура за соодветниот тип и категорија на производ и да можат лесно да се исчистат и дезинфицираат.

3) Превозниците на живи животни мора:

- да имаат соодветни објекти за чистење и дезинфекција, вклучувајќи објекти за сместување на простирката и изметот, или да обезбедат документирана евиденција дека овие операции се извршени од трето лице одобрено од надлежниот орган;

- за секое возило кое се користи за превоз на животни, да се обезбеди регистер со следните информации кои ќе треба да се чуваат најмалку три години и тоа:

· место и дата на собирање на животните, име на сопственикот или име на правното лице или на одгледувалиштето или на собирниот центар каде животните се собрани;

· место и дата на испорака, име или име на фирма, и адреса на примачот;

· видови и број на превозирани животни;

· дата и место на дезинфекција;

· детали од придружните документи (сериски број и сл.).

(2) Условите од став (1) од точка 3) од овој член соодветно се применуваат и за превозникот за производи и нус-производи од животинско потекло.

(3) Превозниците се должни да обезбедат пратката на животни, во времето од напуштањето на одгледувалиштето или собирниот центар од каде истите потекнуваат, па сé до пристигнувањето на нејзината дестинација, да не доаѓа во контакт со животни со различен здравствен статус.

(4) Превозниците се должни на надлежниот орган да дадат писмена изјава за преземените активности, особено за тоа дека:

1) преземањето на сите мерки кои се потребни за исполнување на условите пропишани во прописите од областа на ветеринарното здравство, а особено во одредбите од овој член кои се однесуваат на соодветната документација што мора да ги придружува животните;

2) превозот на животни е доверен на лица кои поседуваат неопходна способност, професионално искуство и знаење.

Потполна усогласен56ост

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31997L0012

Член 13

1. Земјите-членки гарантираат дека сите трговци се регистрирани, овластени и издаден им е број на одобрението од страна на надлежниот орган и дека тие се усогласени барем со следните услови:

(а) тие мораат да тргуваат само со животни кои се идентификувани и потекнуваат од стада кои официјално се без туберкулоза, бруцелоза и леукоза или животни за колење кои ги исполнуваат условите содржани во оваа Директива, а особено во член 6 (3). За таа цел, трговецот обезбедува дека животните се соодветно идентификувани и придружени со соодветна здравствена документација за видовите кои се вклучени.

Меѓутоа, надлежниот орган може да овласти продажба на идентификувани животни кои не ги исполнуваат условите утврдени во првиот став доколку се носат директно до кланица во земјата-членка од каде потекнуваат без да поминат низ нивните објекти, да бидат заклани во најкус можен рок за да се спречи ширењето на болестите. Треба да се преземат неопходни мерки за да се обезбеди дека таквите животни, кога ќе стигнат до кланицата, не можат да дојдат во контакт со други животни и дека ќе бидат заклани одвоено од другите животни;

(б) од трговецот се бара, или врз основа на документот кој ги придружува животните, или врз основа на броевите за идентификација или ознаките на животните, да води евиденција или база на податоци и да ги сочува следните податоци во период од најмалку три години:

- името на сопственикот, потеклото, датумот на купувањето, категориите, бројот и идентификацијата на говедата или регистарскиот број на имотот или на стадото од кое потекнуваат купените свињи,

- регистарскиот број на превозникот и / или бројот на дозволата на камионот кој ги испорачува и собира животните,

- името и адресата на купувачот и крајната дестинација на животните,

- копии од плановите за патување и/или серискиот број на здравствените уверенија ако е потребно;

(в) кога трговецот ги чува животните на неговиот имот, тој обезбедува дека:

- персоналот задолжен за животните е посебно обучен за спроведување на условите од оваа Директива и за грижа и благосостојба на животните,

- редовно се вршат неопходни контроли и тестови врз животните од страна на овластениот ветеринар и се преземаат сите неопходни мерки да се спречи ширењето на болеста.

2. Земјите-членки обезбедуваат дека сите простории кои ги користи трговецот поврзани со неговата работа се регистрирани, и издаден им е број на одобрувањето од страна на одговорната служба, и дека тие се усогласени барем со следните услови:

(a) тие мораат да бидат под контрола на овластен ветеринар;

(б) тие мораат да бидат лоцирани во област која не е предмет на забрана или ограничување во согласност со релевантното законодавство на Заедницата или со националното законодавство;

(в) тие мораат да имаат:

- соодветни простории со доволен капацитет а особено простории за преглед и изолација каде животните можат да се изолираат во случај на појава на заразна болест,

- соодветни простории за истовар и ако е потребно соодветно сместување според одреден стандард за животните, за нивно напојување и хранење, и за укажување на потребната грижа за нив; ваквите простории треба да се лесни за чистење и дезинфекција,

- соодветен простор за прием на отпадоци и шталско ѓубре,

- соодветен систем за собирање на отпадната вода;

(г) да се чистат и дезинфицираат пред употреба, во согласност со барањето од страна на овластениот ветеринар.

3. Надлежниот орган може да го прекине или повлече одобрувањето доколку не е во согласност со овој член или со други соодветни одредби од оваа Директива или други директиви во однос на здравствените ограничувања. Одобрување може повторно да се добие кога Одговорната служба ќе утврди дека трговецот постапува целосно во согласност со сите соодветни одредби од оваа Директива.

4. Надлежниот орган мора да извршува редовни контроли за да утврди дека се исполнети условите од овој член.

Член 72Издавање на одобрение за трговци

став 1, 2 и 3

Надлежниот орган ги евидентира и им издава одобрение за вршење на трговија со животни на правни и физички лица-трговци со животни, ако ги исполнуваат најмалку следните услови:

1) Во своите објекти да одобрат пристап само за животни кои се идентификувани и кои не потекнуваат од стада кои се предмет на ограничувања во рамките на програмите за контрола и сузбивање на болести или животни за колење, кои ги исполнуваат условите пропишани во прописите од областа на ветеринарното здравство. Трговецот треба да осигура дека животните се правилно идентификувани и придружени со здравствени документи соодветни за одреден вид на животно;

2) Врз основа на документите кои ги придружуваат животните или врз основа на идентификационите броеви, води евиденција или има база на податоци во која најмалку три години ги чува следните податоци:

- Име на сопственикот, потекло, дата на набавка, категорија, број и идентификација на говедата или регистарски број на одгледувалиштето од кое потекнува животното или на стадото од кое потекнуваат овците, козите или свињите кои се набавени;

- Регистарски број на превозникот и/или број на дозвола на превозното средство кој ги собира и испорачува животните;

- Име и адреса на купувачот и дестинацијата на животните;

- Копија од план за движење и/или сериски број на ветеринарно-здравствениот сертификат.

3) Кога трговецот ги чува животните, треба да обезбеди:

- одговорното лице за животните да поседува посебна обука за спроведувањето на условите од прописите од областа на ветеринарното здравство како и за благосостојба на животните;

- доколку е неопходно, редовно спроведување на контроли и лабораториски испитувања од страна на официјалниот ветеринар и преземање на сите неопходни чекори кои се потребни да се спречи ширење на болест.

Надлежниот орган треба да осигура, сите простории кои ги користи трговецот при вршење на неговата дејност да бидат одобрени, да им е издаден број на одобрение и да ги исполнуваат најмалку следните услови:

1) да бидат под контрола на официјалниот ветеринар;

2) да имаат:

- доволен број на простории, посебно за вршење на инспекција и изолација на животни во случај на избивање на заразна болест;

- постројки за растовар и ако е потребно објекти за сместување на животните во согласност со посебните стандарди за одделни видови животни, за нивно напојување и хранење и за давање на потребна терапија;

- лесно да се чистат и дезинфицираат;

- соодветно место за собирање на простирка и шталско ѓубре;

- соодветен систем за собирање на отпадни води;

- да бидат исчистени и дезинфицирани пред нивна употреба, како што е одредено од страна на официјалниот ветеринар.

(3) Надлежниот орган ќе спроведе редовни инспекции за да обезбеди дeкa условите од став (1) и (2) од овој член се исполнети и може времено да го повлече или да го укине одобрението во случај на неисполнување на условите од овој и друг закон од ветеринарната област во врска со здравствената заштита и благосостојба на животните и јавно ветеринарно здравство. Одобрението може да биде обновено кога надлежниот орган ќе смета дека трговецот целосно ги исполнува условите од овој и друг закон.

потполна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31997L0012

Член 14 став 1, 2 и 3, точки А, Б и В алинеа 1 и 2

1. Надлежниот орган во Земјата-членка може да воведе систем на мрежи за надзор.

Системот за надзор мора да ги содржи барем следните елементи:

- стадата,

- сопственикот или друго физичко или правно лице одговорно за имотот,

- одобрениот ветеринар или овластениот ветеринар одговорен за имотот,

- овластената ветеринарна служба на земјата-членка,

- овластени ветеринарни дијагностички лаборатории или која било друга лабораторија овластена од надлежниот орган,

- компјутерска база на податоци.

Надлежните ветеринари за кланиците и одобрените собирни центри ќе бидат поврзани со системот на мрежа.

2. Главните цели на системот за надзор се да изврши службена класификација на имотите, да ја одржува таквата класификација со редовни контроли, да собира епидемиолошки податоци и да извршува проверка за евентуална појава на некоја болест, за да обезбеди усогласување со сите одредби од оваа Директива и од други директиви во однос на здравствените рестрикции.

Системот за надзор е обврзен за сите имоти на територијата на земјата-членка во која делува таквиот систем. Меѓутоа, одговорната служба може да одобри основање на таква мрежа на дел од територијата која се состои од еден или неколку соседни региони како што е дефинирано во член 2 (2) (м). Кога ваквото отстапување е усогласено, преместувањето на животните во тој дел од територијата од други региони кои не се дел од мрежниот систем, е предмет на одредбите од оваа Директива.

Надлежниот орган ги утврдува обврските и правата на одобрените ветеринари, на лицата одговорни за имотите или на нивните сопственици и на сите други учесници во системот, вклучувајќи ги и лицата одговорни за издавање здравствени уверенија.

3. Надлежниот орган обезбедува дека обврските на кои се наведени во став 2 го вклучуваат следното:

А. Секој сопственик или одговорното лице на имотот мора:

(i) да обезбеди, со договор или друг правен инструмент, услуги на ветеринар одобрен од надлежниот орган;

(ii) веднаш да го повика одобрениот ветеринар за имотот штом ќе се посомнева во појава на некоја заразна болест или некоја друга болест која задолжително се пријавува;

(iii) да го информира одобрениот ветеринар за секое пристигнување на животни во неговиот имот;

(iv) да ги изолира животните пред да ги воведе во имотот и да му овозможи на одобрениот ветеринар да ги прегледа, ако е потребно со помош на потребните тестови, и да утврди дали состојбата на имотот е променета.

Надлежниот орган составува список на овластени ветеринари и одобрени имоти кои се дел од мрежата. Доколку надлежниот орган утврди дека некој учесник во мрежата повеќе не ги исполнува условите утврдени погоре, таа ќе го прекине или ќе го повлече одобрението, што не е во спротивност со казните кои можат да бидат применети.

В. Компјутерската база на податоци мора да ги содржи најмалку следните информации:

(1) За секое животно:

- код за идентификација,

- датум на раѓање,

- пол

- раса или боја на крзното,

- идентификациски код на мајката или, во случај кога животното е увезено од трета земја, идентификацискиот број добиен по контролата извршена според Директивата 92/102/ЕЕЗ и одговара на идентификацискиот број за потеклото,

- идентификациски број на имотот каде животното е родено,

- идентификациски броеви на сите имоти каде животното било чувано и датумите на секоја промена на имотот,

- датум на смртта или колењето.

(2) За секој имот:

- идентификациски број кој не содржи повеќе од 12 броеви (покрај ознаката на државата),

- име и адреса на сопственикот на имотот.

Член 64Организација и цели на системот за надзор став 1, 2, 3, 4, 5 и 6

(1) Министерот ги воспоставува границите на епизоотиолошките подрачја кои ги сочинуваат повеќе соседни епизоотиолошки единици. На епизоотиолошкото подрачје, надлежниот орган ќе воведе систем за надзор со кој ќе се дефинираат најмалку:

- одгледувалиштата на говеда, овци, кози и свињи;

- сопствениците или други физички или правни лица кои се одговорни за одгледувалиштето;

- официјалниот или овластениот ветеринар кои се одговорни за одгледувалиштето;

- националната референтна лабораторија или некоја друга лабораторија назначена од надлежниот орган;

- компјутерската база на податоци.

Во системот за надзор во епизоотиолошкото подрачје можат да бидат вклучени и официјалните или овластените ветеринари надлежни за кланици и одобрени собирни центри.

Главната цел на системот за надзор е да се направи поделба на одгледувалиштата врз основа на здравствениот статус и да се обезбеди редовно следење на статусот на одгледувалиштата, прибирање епидемиолошки податоци и пратење на болестите со цел усогласеност со одредбите од овој закон и други ветеринарни прописи во однос на здравствената заштита на животните, ветеринарното јавно здравство и благосостојба на животните.

Секој сопственик или лице одговорно за одгледувалиштето треба:

- со договор да обезбеди услуги од овластен ветеринар;

- веднаш да го повика овластениот ветеринар за одгледувалиштето кога се сомнева на појава на инфективна болест или друга болест која задолжително се пријавува;

- да го извести овластениот ветеринар за сите нововнесени животни во неговото одгледувалиште;

- доколку со прописите од областа на ветеринарното здравство е потребно, да ги изолира животните пред да ги внесе во одгледувалиштето за да му овозможи на овластениот ветеринар да ги прегледа и земе мостри за лабораториски испитувања за потврда на здравствениот статус на одгледувалиштето.

5) Надлежниот орган води евиденција за овластените ветеринари и за регистрираните одгледувалишта во епизоотиолошкото подрачје кои го сочинуваат системот за надзор. Доколку надлежниот орган утврди дека сопственикот или одговорното лице за одгледувалиштето не ги исполнуваат условите од став (4) од овој член, без оглед на изречените санкции, статусот на одгледувалиштето ќе биде суспендиран или повлечен.

(6) Компјутерската база на податоци за системот за надзор ги содржи податоците за животните и одгледувалиштата утврдени согласно прописите за идентификација и регистрација на животните.

Потполна усогласеност ќе се постигне со донесување на подзаконскиот акт

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31990L0426

ДИРЕКТИВА НА СОВЕТОТ од 15 Јули 1991за поставување на приципи кои ја уредуваат организацијата на ветеринарни прегледи врз животни кои влегуваат во Заедницата од трети земји и измени на Директивите 89/662/EEC, 90/425/EEC и 90/675/EEC (91/496/EEC)

Член 2

(г) „копитари за колење“ значи копитари кои се наменети за транспорт директно или по транзит преку пазар или одобрен собирен центар до кланицата за колење;

(д) „копитари за одгледување и размножување“ значи копитари различни од оние наведени во (в) и (г);

Член 3Дефиниции

4. „Животни за колење” се добиток освен пчели и живина, наменети за носење во кланица за колење или во собирен центар од каде може да бидат однeсени само на колење;

Модифицирано за потребите на овој закон

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31989L0662

ДИРЕКТИВА НА СОВЕТОТ

од 11 декември 1989 година

во врска со ветеринарните инспекции на трговијата во рамките на Заедницата, во поглед на заокружувањето на внатрешниот пазар

(89/662/EEC)

Член 3 став 1 и 2

1.Земјите-членки ќе обезбедат дека единствените производи наменети за трговија се оние наведени во член 1 кои се добиени, проверени, означени и декларирани во согласност со правилата на Заедницата за предметната дестинација и кои се придружени со здравствен сертификат, сертификат за здравјето на животното или со некој друг документ предвиден во ветеринарните правила на Заедницата, до конечниот примач споменат во нив.

Производните капацитети во земјата на потеклото ќе обезбедат, преку постојан самонадзор, дека овие производи ќе ги исполнуваат барањата од првиот потстав.

Кога постои основа за сомневање дека барањата не се задоволени, надлежниот орган ќе ги изведе сите неопходни инспекции и, доколку сомневањето е потврдено, ќе преземе соодветни мерки кои што можат да вклучат и повлекување на одобрението.

2.Кога превозот вклучува неколку места на дестинација, производите можат да бидат групирани во онолку пратки колку што има места на дестинација. Секоја пратка мора да биде придружена со гореспоменатиот сертификат или документ.

Член 66

Услови за ставање во промет на производи и нус-производи од животинско потекло

(1) Надлежниот орган ги презема сите неопходни мерки, производите и нус-производите од животинско потекло да бидат набавени, контролирани, означени и етикетирани во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство и да бидат придружени до крајната дестинација со ветеринарно-здравствен сертификат или друг документ согласно тие прописи. Сопствениците или другите одговорни лица за објектите на местото на потекло се должни да ги преземат сите неопходни мерки при вршење на редовна внатрешна контрола со цел таквите производи и нус-производи од животинско потекло да ги задоволуваат пропишаните ветеринарни барања.

(2) Доколку постои сомневање дека условите не се исполнети, надлежниот орган ќе спроведе дополнителни контроли и доколку истото се потврди, ќе преземе соодветни мерки, кои можат да вклучат повлекување на одобрението на објектот издадено согласно член 71 од овој закон.

(3) Доколку при превоз има неколку места на дестинација, производите мораат да бидат групирани во толку пратки колку што има места на дестинација. Секоја пратка мора да биде придружена со документи наведени во став (1) од овој член.

Потполна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31989L0662

Член 4

1.Земјите-членки испраќачи ќе ги преземат сите неопходни мерки за да осигураат дека операторите ги почитуваат ветеринарните барања во сите фази од производството, складирањето, пласирањето на пазарот и превозот на производите наведени во член 1. Тие, пред сè, ќе обезбедат дека:

(производите добиени во согласност со директивите наведени во Анекс А се проверени на ист начин, од ветеринарна гледна точка, без оглед на тоа дали се наменети за трговија во рамките на Заедницата или за домашниот пазар,

(производите опфатени со Анекс Б нема да се испратат на територијата на друга земја-членка, доколку не можат да се пласираат на нивната територија, од причини кои се оправдани според член 36 од Спогодбата.

2.Земјите-членки испраќачи ќе ги преземат соодветни административни, правни или казнени мерки за да го санкционираат секое прекршување на ветеринарното законодавство од страна на физичко или на правно лице, во случај кога ќе се открие дека правилата на Заедницата биле прекршени, а пред сè кога ќе се открие дека изработените сертификати или документи не кореспондираат со фактичката состојба на производите или дека печатите на здравствената служба се ставени на производите кои не се во согласност со овие правила.

Член 67Контрола на производи и нус-производи од животинско потекло на местото на потекло

(1) Надлежниот орган на местото на потекло треба да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди одговорното лице да постапува согласно со ветеринарните барања во сите фази на производство, складирање, промет и превоз на производите и нус-производите од животинско потекло. Производите и нус-производите од животинско потекло нема да бидат извезени доколку не ги исполнуваат условите за ставање во промет.

(2) Надлежниот орган на местото на потекло презема соодветни управни мерки или санкции за секое прекршување на прописите од областа на ветеринарното здравство од страна на физичко или правно лице, пособено каде што е утврдено дека сертификатите или документите не одговараат на фактичката состојба на производите или дека идентификационата ознака била ставена на производи кои не се во согласност со тие прописи.

Делумна усогласеност

МЗШВ / Управа за Ветеринарство

31989L0662

Член 5 став 1 за Член 68 од Законот за Ветеринарно Здравство

1.Земјата-членка примач ќе ги спроведува следниве мерки:

(а)Надлежниот орган може, на местата на дестинацијата на стоката, да ја провери - со помош на недискриминирачки ветеринарни инспекции на самото место - за да утврди дали се исполнети барањата од член 3, тој, во исто време, може да земе и мостри.

Освен тоа, кога надлежниот орган на земјата-членка низ која транзитира стоката или на земјата-членка примач има информации кои го наведуваат на тоа да се сомнева дека постои прекршување, инспекциите можат да се изведат и за време на транспортот на стоката преку нејзината територија, вклучувајќи ги и инспекциите за сообразност во однос на начинот на транспорт;

(б)кога производите наведени во член 1, кои потекнуваат од друга земја-членка, се наменети за:

(производствен капацитет што е под одговорност на еден официјален ветеринар, тој мора да обезбеди дека во тој производствен капацитет се примаат само производите кои ги исполнуваат барањата од член 3 (1), во однос на обележувањето и на придружните документи, или - во случај на производите наведени во Анекс Б - придружени со документ пропишан со правилата на земјата примач.

(овластен посредник кој ги разделува пратките или за комерцијално претпријатие со повеќе ограноци, или производствен капацитет кој не е подложен на постојан надзор, при што последниов мора да провери пред пратката да биде разделена или пласирана на пазарот, кој треба да утврди дали се присутни споменатите ознаки, серификатот или документите наведени во првата алинеја и да го извести надлежниот орган за сите неправилности или аномалии,

(други примачи, особено кога пратката е делумно истоварена за време на транспортот, таа мора да биде придружена, во согласност со член 3 (1), со оригиналот од сертификатот наведен во првата алинеја.

Гаранциите кои мора да ги достават примачите наведени во втората и во третата алинеја ќе бидат дефинирани во договор со надлежниот орган што треба да биде потпишан за време на претходната регистрација, предвидена во став 3. Надлежниот орган ќе изведува инспекции по случаен избор,со цел да утврди дали постои сообразност со тие гаранции.

2.Без исклучување на примената на одредбите од член 4, кога не се утврдени стандардите на Заедницата пропишани со правилата на Заедницата, како и во случај предвиден во член 14, земјата-членка примач може да побара, водејќи сметка за општите одредби од Спогодбата, производствениот капацитет на потеклото да мора да ги применува стандардите кои се во сила според националните правила на таа земја-членка. Земјата-членка од каде потекнува стоката ќе обезбеди дека предметниот производ е во согласност со овие барања.

3.Операторите до кои некоја друга земја-членка доставила производи или кои целосно ја разделуваат пратката на ваквите производи:

(а)ќе подлежат на претходна регистрација, доколку тоа го налага надлежниот орган;

(б)ќе чуваат регистар, во кој се заведени ваквите испораки;

(в)мора да го заведат пристигнувањето на производите од друга земја-членка, доколку тоа го бара надлежниот орган, до степен што е неопходен за изведување на инспекциите наведени во став 1;

(г)ќе ги чуваат - за рок не покус од шест месеци, кој треба да го утврди надлежниот орган - сите здравствени сертификати или документите наведени во член 3 за презентација пред надлежниот орган, доколку тој го побара тоа.

4.Деталните правила за спроведување на овој член ќе се донесат во согласност со постапката утврдена во член 18.

Член 68Организација на прегледи на место на дестинација

Член 76Услови кои треба да ги исполнат увозниците и превозниците

став 1 до 5

(1) На местото на дестинација надлежниот орган ги спроведува следниве мерки:

1) со еднаков третман врши ветеринарни прегледи на лице место, вклучително и земање мостри, за да утврди дали пратката е во согласност со условите наведени во прописите од областа на ветеринарното здравство. Кога постои сомневање за сторен прекршок можат да се спроведат дополнителни прегледи за време на превозот вклучувајќи прегледи кои се однесуваат на средствата за превоз и нивната усогласеност со важечките прописи.

2) Кога производите се наменети за:

- Објекти, официјалниот ветеринар или овластениот ветеринар кој е одговорен, ќе ги превземе сите неопходни мерки, само оние производи или нус-производи од животинско потекло кои ги исполнуваат барањата од прописите од областа на ветеринарното здравство во однос на означувањето и пропратната документација да бидат наменети за тој објект;

- за трговско друштво кое ги раситнува пратките, трговски друштва со многу подружници и секој објект кој не е предмет на постојан ветеринарен надзор, пред пратката да биде раситнета или ставена во промет, одговорното лице мора да провери дека таа ги има наведените ознаки, сертификати, или документи и да го извести надлежниот орган за секоја неправилност или аномалија;

- за други примачи на пратки, посебно кога пратката е делумно растоварена за време на превозот, пратката мора да биде пропратена со оригиналниот сертификат или друг пропратен документ до крајната дестинација.

Правните и физичките лица за да вршат увоз, и/или увоз за повторен извоз на животни, производи, нус-производи од животинско потекло и предмети преку кои можат да се пренесат заразни болести од одредени категории за комерцијални цели, треба да бидат регистрирани од страна на надлежниот орган и да достават детален опис за категоријата на животните и производите пред да започнат со горенаведените активности. Исто така, правните и физичките лица одговорни за превозот, како и за средствата за превоз на животни, треба да имаат одобрение издадено од надлежниот орган на државата каде е регистрирана нивната дејност.

Покрај обврската за водење на регистер на одгледувалишта во согласност со Законот за идентификација и регистрација на животни, правните и физичките лица од став (1) на овој член мора да водат евиденција за пратките точно наведувајќи ги:

1) местото на потекло, податоците за предходниот сопственик и датумот на испраќање;

2) местото на испорака , податоци за купувачот и датумот на испорака.

3) видот и бројот на животни или категоријата и количината на производи;

4) податоците за придружниот документ за животни и производи.

Евиденцијата и документите кои ја придружуваат пратката од став (2) треба да се чуваат од страна на правните и физичките лица од став (1) од овој член најмалку три години. Роковите почнуваат да важа�