психологија

23
УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА ОТСЕК- ГАСТРОНОМИЈА, ИСХРАНА И ДИЕТЕТИКА С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А Предмет: ПСИХОЛОГИЈА ВО ТУРИЗМОТ ТЕМА: „ ментор кандидат - 1 -

description

psihologija

Transcript of психологија

Page 1: психологија

УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

ОТСЕК- ГАСТРОНОМИЈА, ИСХРАНА И ДИЕТЕТИКА

С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А

Предмет: ПСИХОЛОГИЈА ВО ТУРИЗМОТ

ТЕМА: „ “

ментор кандидат

Проф. Соња Ризовска Ирена Тасеска

број на индекс 17872

Скопје, Мај 2013

- 1 -

Page 2: психологија

СОДРЖИНА

-Наслов……………………………………………………………………….....................….3

-Краток извадок..............................................................................................................3

-Клучни зборови ……………………………………………………...........................……..3

-Title.................................................................................................................................4

-Abstarct …………………………………………………………………...............………......4

-Key words……………………………………………………….………...............…………..4

1.

Вовед...............................................................................................................................3

2. Концептот оддржлив развој на туризмот..................................................................3

3. Потенцијали за развој на туризмот во Република Македонија .............................4

4. Историја и развој на туризмот во Охрид..................................................................6

5. Што претставува културниот туризам и зошто привлекува толкаво внимание? 10

6. Тренд за развој на туризмот во светот...................................................................13

7. Развој на туризмот во регионот...............................................................................13

8. Тренд за развој на туризмот во светот...................................................................14

9. Заклучок и Користена литература..........................................................................15

- 2 -

Page 3: психологија

НАСЛОВ

” РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОХРИД”

КРАТОК ИЗВАДОК

Политиката на користење на природните ресурси во развојот на туризмот

во Република Макединија, подразбира однесување во согласност со неколку

препораки: во земјата да се спроведе политика на активна заштита на ресурсите,

статичниот пристап во користењето и заштитата на природните ресурси, да се

развие мрежа на институции за зачувување на природните ресурси.

Древниот Охрид, жив сведок на културниот натпревар на цивилизациите кои

втиснале трајни белези за нивното постоење и престој во овие краеви, доминира

на македонскиот брег на езерото, горд на својата милениумска историја која го

прави еден од најстарите градови на Балканот.

Туризмот претставува еден од најзначајните развојни потенцијали за

Општина Охрид. Географската положба, културно – историското наследство,

Охридското Езеро и Националниот Парк “Галичица”, ја претставуваат основата за

подготовката на развојните програми за туризмот.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ

- туризам

- ресурси

- езеро

- потенцијал

- географска положба

- културно-историско наследство- 3 -

Page 4: психологија

TITLE

”THE NETHERLANDS WORLD HERITAGE„ ???

 

                                                          ABSTRACT

 

The Netherlands are the lowest set in the world. About half of the territory lies

one meter below sea level. The Netherlands are the third most densely populated

country in the world. The highest point in The Netherlands is 321 meters.

 

The Netherlands have sea climate with temperate winters and mild summers.

The climate is influenced by the North Sea, which regulates it throughout the year. The

temperature in the north is lower than the temperature in the south throughout the year.

Coastal, south-western and northern provinces have a milder climate in the fall and

winter months than the eastern and north-eastern provinces. In summer, the eastern

part of Brabant and northern Limburg are the warmest areas. The average coldest

month in most areas is January with the hottest being July. In recent years the average

temperature has increased.

 

KEY WORDS

- Low placement

- Densely populated

- Altitude

- Climate

- 4 -

Page 5: психологија

Вовед

Развојот на туризмот претставува организирана дејност на заедницата при

што се преземаат мерки и активности, форми и облици за одржлив развој.

Програмата за поттикнување на туризмот се однесува на луѓето од локалната

заедница кои меѓусебно соработуваат со цел да се постигне одржлив развој на

туризмот со одржлив економски пораст, кој носи економска корист и подобрување

на квалитетот на туризмот и воедно живот за сите во заедницата.

Според Светската туристичка организација во 2009 година во

меѓународниот туризам учествувале 880 милиони туристи, а приходите

достигнале 611 милијарди евра. Во светскиот извоз, меѓународниот туризам

учествува со 8% и со околу 11% од сите капитални инвестиции. Бројот на

вработените достигнал 250 милиони, односно секој осми вработен е во

туристичкиот сектор.

Глобализацијата, демографските промени и развојот на сообраќајот се

главните фактори што влијаат на забрзаниот развој на оваа стопанска дејност што

денес со право го носи епитетот најголема „индустрија“ во светот. Тоа значи дека

туризмот од периферна станала нова форма во меѓународните односи,

потрошувачката и производството, со силно влијание на сите аспекти од

човековото живеење. Затоа, повеќе земји во светот, меѓу кои е и Р. Македонија, во

туризмот гледаат една од можностите за побрз развој на своето стопанство.

1. К онцептот одржлив развој на туризмот

Последните два-три века, човековиот вид живее во општествен систем во

кој приматот го има материјалната благосостојба и максималното искористување

на ресурсите. Економската перспектива го стави човекот во една доминантна

позиција во однос на сè што го опкружува. Сето тоа резултирало со уништување

на животната средина.

1.1. Д осегашен развој на туризмот

- 5 -

Page 6: психологија

Во релативно краток временски период, од Втората светска војна до денес,

туризмот стана глобален феномен, „водечка светска индустрија“ во која се

вработени над 200 милиони лица. Најпосетени дестинации се Европа, Пацификот,

Медитеранот, Америка и Источна Азија. Во 2008 година во Европа се остварени

500 милиони ноќевања. Промените кои настануваат како резултат на туризмот

можат да бидат позитивни и негативни:

Позитивните ефекти од развојот на туризмот најчесто се класифицираат во

две групи и тоа:

- економски ефекти и

- неекономски ефекти.

Негативните ефекти од развојот на туризмот врз животната средина се:

- Намалување на земјоделските и шумските површини

- Загадување на воздухот, водата и почвата

- Загадување и деградација на природната средина

- Зголемена бучавост во туристичките дестинации,

- Уништување на флората и фауната за време на туристичкиот престој;

- Уништување на озонската обвивка

- Зголемување на ефектот на “стаклена градина”.

2. Потенцијали за развој на туризмот во Република Македонија

Владата на Република Македонија, свесна за туристичкиот потенцијал со кој

располага нашата земја, покрај земјоделството, го идентификува туризмот како

еден од приоритетните сектори во стратешките определби во развојот на

стопанството. Таквите определби се поврзуваат со компаративните предности

што нашава земја ги има за развој на туризмот, од она што го нуди природата,

можности за активности на вода, планинарење, лов, скијање до богатото културно

наследство. Тоа ѝ овозможува на нашата земја да атакува на широк дијапазон

посетители, од оние што сакаат подолг престој, до оние што бараат место за

неколкудневен престој.

Меѓутоа, покрај од атрактивните ресурси развојот на туризмот е условен и

од други фактори меѓу кои и од имиџот (сликата) што за конкретната дестинација,

во случајов за Република Македонија, е создаден во емитивните земји. Имиџот на

- 6 -

Page 7: психологија

туристичката дестинација може да се истражува врз основа на: секундарни и

примарни податоци.

2.1. Анализа на имиџот

Анализата се прави врз база на неколку основи:

1. Анализа на имиџот врз основа на податоците во медиумите на

емитивните земји. Целта е да се утврди како се претставени политичките,

општествените и економските аспекти. За оваа цел треба да се следат најважните

медиуми: весници, списанија, најгледани ТВ-станици и медиумите што ја

третираат туристичката проблематика.

2. Анализа на имиџот на земјата како туристичка дестинација врз основа на

податоците од нејзиното службеното претставување во емитивните земји.

3. Анализа на имиџот на туристичка дестинација врз основа на податоците

за нејзиното претставувањето преку туристичките агенции од емитивните земји,

т.е. начинот на којшто тие ја промовираат Р. Македонија преку проспекти,

брошури, видеоматеријали и слично.

3. Историја и развој на туризмот во Охрид

Еден од најатрактивните и најубави региони во Република Македонија,

познат по пријатните климатски услови, природните убавини и особено културно-

историските вредности е секако регионот на Охрид.

Охридското Езеро пак, најубавото од трите природни езера во Македонија,

е едно од најстарите и најдлабоките на планетата, покрај Бајкалското во Русија,

Тангањика и Малави во Африка и Титикака во Јужна Америка.

Климата во вој регион е изменето-медитеранска до умерено-континентална,

со средно жешки лета и благи зими, со просечно сто сончеви денови во годината

што, заедно со богатото природно и културно наследство го чини ова место многу

пријатно и посакувано за многу посетители од целиот свет.

Вредните археолошки сознанија и материјални сведоштва за минатите

векови зборуваат за животот на ова секогаш привлечно подрачје чии корени

датираат десетици векови пред нашата ера.

- 7 -

Page 8: психологија

Во поширокиот регион на Охрид има преку 90 археолошки локалитети,

повеќе од 40 цркви и манастири што датираат од 5 па сé до 19 век, тврдини со

бедеми во должина од преку 3000 м, околу 60 објекти од староградската

архитектура како и преку 2500 м2 средновековни фрески и 1000м2 подни мозаици.

Заради неговите извонредни универзални природни, културни и историски

вредности, езерото и градот Охрид со сето свое наследство, беа ставени на

листата на светското наследство на УНЕСКО. Да се има статус на светско

наследство значи да се биде во елитата на светските градови и да се биде едно

од 830-те места на планетата кои му припаѓаат на целото човештво што е

навистина голема привилегија. Но, во исто време таквиот статус подразбира и

голема одговорност и обврска за зачувување и заштита на тие вредности.

Скромните почетоци на туризмот во Охридскиот регион се бележат некаде

пред Втората Светска војна, кога мали, организирани групи ученици и студенти

почнале да доаѓаат и тука да го поминуваат својот летен распуст. Нешто

позабрзан развој на туризмот во овој регион се бележи по 1950 година.

Тој циклус на перманентен развој на туризмот траеше сé до 1990 година и

во сиот тој период беше евидентна интензивната изградба на сместувачки и други

капацитети и сета потребна инфраструктура. Туристичките локалитети беа

уредени, се изгради колекторски систем за заштита на езерото од отпадните води,

а се преземаа и бројни други активности сé со цел да се подобрат условите што

ќе овозможат забрзан развој на туризмот.

Интересот на домашните и странските туристи од година во година

перманентно се зголемуваше. Тоа беше евидентно сé до 1990 година. Меѓутоа,

после немилите случувања на Балканот и распадот на поранешна Југославија,

нивниот број почна драстично да се намалува.

Овој тип на масовен туризам со себе ги донесе и ризиците и опасностите

кои сé уште се закануваат и предизвикуваат сериозни штети, како на природното

наследство и животната средина, така и на богатото културно наследство.

На животната средина и се закануваат опасности како што се воведувањето

и распространувањето на алохтони растителни и животински видови, лоцирањето

на угостителски и туристички капацитети во строго заштитени природни

резервати, загадување и деградација на земјиштето и езерото, заради несовесно

- 8 -

Page 9: психологија

и несоодветно одлагање и расфрлање на цврст отпад и разни хемиски супстанци,

палење оган на забранети места, миење на возила во езерото итн.

Не се поштедени ни спомениците на културата. Нивната состојба генерално

се влошува заради преголемиот број на туристи што ги посетуваат во исто време,

а некои несовесни посетители дури предизвикуваат и ненадоместливи штети, не

штедејќи ги притоа ни вредните средновековни фрески по црквите, вршат

сквернавење на истите итн.

Неконтролираниот туризам и генерално лошо планираниот развој исто така

предизвикале и економски и социјален дисбаланс бидејќи понекогаш се давал

приоритет на изградбата на инфраструктура за развој на туризмот за сметка на

изградбата на училишта, болници, производствени и други капацитети.

Приближно вака стоеја работите во областа на туризмот и економскиот

развој на Охрид во минатото, па како резултат на тоа, нашата земја и Охрид со

време се вброија меѓу помалку посакуваните и неатрактивни туристички

дестинации во Европа.

Радува фактот што во последните години туристите почнуваат да се

враќаат во Охрид. Денес Охрид повторно има шанса за заживување на оваа

стопанска гранка преку повторно освојување на европскиот туристички пазар, но

овој пат со нов туристички производ, современ маркетиншки пристап и долгорочна

стратегија за одржлив развој на градот Охрид како дел од светското наследство.

4. Развој на туризмот во Охрид

Планирано е Охрид до 2020 година да биде туристичка дестинација од

светска класа, инфраструктурно и еколошки уредена општина со зачувано

природно и културно богатство, со што туризмот ќе биде водечка индустија во

областа на економијата.

Стратегијата за развој на туризмот на Општина Охрид и усвоените

приоритети:

Дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна промоција и

презентација,

Подобрување на квалитетот на постојната и изградба на нова

инфраструктура,

- 9 -

Page 10: психологија

Брендирање на Охрид како туристичка дестинација,

Институционално јакнење и развој на човечки ресурси,

4.1. Управување со туризмот во подрачја заштитени од УНЕС К О

Туризмот е една од најголемите индустрии, додека културниот туризам е

најбрзо растечки интернационален сектор. Со посетата на милиони туристи

кои посетуваат 851 места од листата на светското наследство секоја година,

туризмот станува најзначајно комплексно прашање и грижа за управување на

местата од листата на светското наследство.

Сепак недостига добро обучен персонал (работна сила) и кај локалните

заедници и кај чинителите кои ја креираат политиката се забележува недостиг на

искуство неопходно да се искористи туризмот како алатка за придонес во

заштитата на биодиверзитетот и културната разноликост.

Програмата за одржлив туризам на светското наследство се фокусира на

седум активности:

Промоција на туризмот, организирање настапи и присуство на саеми

Промоција на туристичката понуда на Охрид и регионот во странски и

домашни печатени и електронски медиуми

Соработка со новинари од познати туристички печатени и електронски

медиуми заради запознавање со туристичките потенцијали на градот и

регионот и нивна промоција.

Соработка со странски турооператори.

Зголемена соработка меѓу домашните туристички субјекти со странски

турооператори,

Презентација на меѓународни туристички берзи.

Промоција на Охрид и регионот на целни туристички пазари преку

туристички берзи, со што ќе се створат услови за зголемување на бројот на

странските посетители и зголемување на девизниот прилив.

5. Што претставува културниот туризам и зошто привлекува

толкаво внимание?

- 10 -

Page 11: психологија

Културниот туризам или туризмот во потрага по наследството, може да се

дефинира како „патување за откривање и доживување на места, артефакти и

активности кои го претставуваат начинот на живот на денешните и на луѓето од

минатото на автентичен начин“.

Културниот туризам ги користи веќе постоечките вредности, историските,

културните и природните ресурси наместо за неговите потреби да се создаваат и

градат нови атракции, а самите дестинации се насочени кон историјата која на тој

начин обезбедува одржлив развој и иднина. Овие вредности треба добро да се

чуваат, одржуваат, конзервираат, но и да се реставрираат и правилно да се

толкуваат бидејќи основата на креирањето на динамично туристичко патување е

во приказните, материјалните остатоци, разните градби и споменици од минатото.

Културниот турист односно туристот што трага по наследство, се дефинира

како личност која прилично добро заработува, но и троши повеќе пари додека е на

одмор или патување; поминува повеќе време на одредено место додека е на

одмор; поголема е веријатноста да е од женски отколку од машки пол и претежно

припаѓа на повозрасната категорија. Овие туристи се луѓе кои би се задоволиле и

со поскромни услови на сместување, но имаат доста големи културни потреби и

барања. Тоа се обично високо образовани луѓе кои би сакале да имаат исти такви

туристички водичи и соговорници во местата што ги посетуваат.

Тие се слободоумни личности, без предрасуди и потполно свесни за

проблемите во областа на зачувувањето и конзервацијата на животната средина

и културното наследство, па затоа високо ги респектираат различните култури со

кои доаѓаат во допир при нивните патувања.

5.1. К ултурниот туризам во Охрид

За жал сегашната ситуација во Охрид е далеку од потребите и барањата на

овој вид туризам. И после скоро 30 години од впишувањето во листата на

Светското наследство на УНЕСКО, за Охрид сé уште нема изготвено менаџмент

план со кој би се уредиле многу работи како урбанизацијата на старото градско

јадро, заштитата, конзервацијата, реставрацијата, искористувањето на

спомениците на културата итн. Досега во таа насока се преземани извесни

активности, но конкретните резултати сé уште изостануваат.

- 11 -

Page 12: психологија

Огромен недостаток, кој е често пати посочуван и од самите туристи е

непостоењето на јавни тоалети во стариот дел на градот каде што е и најголема

концентрацијата на спомениците на културата.

Ни постоечката инфраструктура, урбаната опрема и одржувањето на

хигиената во овој дел и околу одредени локалитети не е на завидно ниво; нема

доволно клупи за одмор и корпи за одлагање на отпадоци, така што тие може да

се видат расфрлани насекаде, па и околу самите споменици. Тука е и грдата

слика на диво поставени импровизирани тезги на кои царува кичот.

Уште пожалосна е ситуацијата со туристичките водичи. Најголемиот дел од

регистрираните водичи се со средно образование, многу мал број од нив владеат

некој странски јазик, некои лажно се претставуваат како археолози, филозофи,

историчари на уметноста, дури имаат сериозни проблеми и со јазиците на нашите

соседи од бившите Југословенски републики, а нивното познавање на историјата,

географијата и културата на нашата земја и посебно Охрид е доста сиромашно.

Квалитетот на нивните услуги не е ниту просечен што најверојатно се

должи на непостоењето или на ниските критериуми за добивање на лиценци

заради што е потребно да се формира стручно тело кое ќе изврши ревизија на

сите досега издадени лиценци и ќе воспостави многу повисоки стандарди според

кои во иднина би се добивале лиценците за туристички водичи.

Посетите на локалитетите од природното наследство што се под строг

режим на заштита (изворите на Црн Дрим во Св. Наум, островот Голем Град,

падините на планината Галичица итн.) како и спомениците на културата во овие

региони (пештерските цркви на езерските брегови, манастирот Св. Наум, црквата

Св. Богородица Захумска итн.) и воопшто на сите други локалитети, треба да се

ограничат на помали групи, од 10 до 15 лица, со цел да се избегне нивна

девастација и нарушување на интегритетот. Нив треба да ги водат вешти,

професионални, високо образовани и, пред сé, љубезни и пријателски

расположени туристички водичи кои на автентичен начин ќе им го интерпретираат

и доближат природното и културното наследство на овој регион и во секое време

ќе бидат подготвени да излезат во пресрет на сите желби и барања на туристите.

Со донесувањето на менаџмент планот за Охрид, отстранување на

воочените недостатоци и издигнување на целата туристичка понуда на многу

- 12 -

Page 13: психологија

повисоко ниво од досегашното, со добро планирање, избалансиран развој и

соодветна и ефикасна грижа за заштита, чување и одржување на наследството,

може да се очекуваат позитивни ефекти и бенефиции, како за туристите и

населението, така и за локалните и централните власти бидејќи:

културниот туризам ги заштитува историските, културните и природните

ресурси во локалните заедници-руралните средини и градовите.

Населението зема активно учество во општествениот живот на локалната

заедница кога станува збор за нивното лично, семејно, локално, регионално

или национално наследство. Оваа поврзаност го мотивира населението да

ги чуваат заедничките ресурси и добро да се грижат за нив.

преку културниот туризам, локалното население и туристите се запознаваат

со историјата и традициите. Со истражувањето и развивањето на нови

културни дестинации, локалното население е поинформирано за локалната

и регионалната историја и традициите кои може да ги сподели со туристите.

културниот туризам ги прави локалните заедници поблиски и посилни.

Познавањето на сопственото наследство обезбедува континуитет во

развојот на заедницата и ја зголемува свеста и самопочитувањето кај

населението, ги зајакнува граѓанските вредности, ја подига гордоста на

своето минато и култура и го подобрува квалитетот на живеењето.

културниот туризам носи бројни економски бенефиции за заедницата,

регионот и самата држава: отворање нови работни места во сите сегменти

поврзани со туризмот - во услужните дејности (транспорт, ресторани,

хотели, приватно сместување, туристички водичи итн.); производствени

дејности (уметности и занаети, сувенири, издавање на разни публикации,

производство на здрава храна и пијалоци); поддршка на локалните мали и

средни бизниси; зголемување на вредноста на недвижностите; зголемена

побарувачка и продажба; значително зголемување на приходите.

За управувањето и уредувањето на меѓусебните односи помеѓу

наследството и туризмот во Охридскиот регион треба да се грижи посебно тело,

формирано за таа цел. Во тоа т.н. Координативно тело за одржлив развој, би

требало да се вклучат претставници и експерти од следните области:

- 13 -

Page 14: психологија

Претставници на локалната власт;

Експерти за заштита на природното и културното наследство;

Претставници на локалната и пошироката бизнис заедница;

Претставници од невладини организации и граѓански здруженија;

Претставници од локалните занаети и уметности;

Претставници од електронски и печатени медиуми.

6. Развој на туризмот во регионот

6.1. Примери за споредби: туризмот во Хрватска и во Албанија

Клучен, ако не и решавачки „фактор“ за забрзан економски развој се

странските инвестиции. А преку примерот на Хрватска, токму во привлекувањето

на странските „индиректни“ инвестиции туризмот е областа што може најмногу и

најбрзо да понуди: државата го развива, инвестира пред се во инфраструктура, а

добива не само поголеми финансиски средства, туку и можност за повисоко ниво

на квалитет на животот воопшто (културен, селски, планински туризам, развој на

„придружни“ стопански дејности итн.).

Се оценува дека годинашнава туристичка сезона во Хрватска ќе биде

подобра од лани. Бројот на туристички посети и ноќевања ќе се зголеми за 3%-

околу 9,2, и повеќе од 52 милиона ноќевања. Што се однесува на финансксите

резултати, се очекува тие годинава да бидат поголеми од минатата за околу 6

милијарди евра.

По комунизмот и долгиот период на транзиција, Албанија стана градилиште.

Албанците работат на тоа нивната земја да стане туристичка дестинација. Дека се

на добар пат потврдуваат големиот број туристи кои секоја година ја посетуваат

оваа земја која до пред некоја година не го искористуваше својот потенцијал.

Во моментов уделот на Албанија во туризмот во Европа изнесува само 0,1 отсто.

Можеби ќе поминат многу години пред оваа земја да може значително да ја

подобри таа бројка, но е на добар пат.

7. Тренд за развој на туризмот во светот

- 14 -

Page 15: психологија

Дури и веќе промовираните светски дестинации се обидуваат да се

прилагодат на промените и во рамки на „претрупаната светска економија„ да се

диференцираат и истакнат со цел да обезбедат подобра позиција на пазарот и да

останат интересни за туристите. Како резултат на ваквиот пристап се развиваат

нови бизнис модели и нови видови услуги така што природните убавини сами по

себе не претставуваат повеќе доволен предизвик за турист од странство кој е

навикнат на дефинирана туристичка услуга која подразбира квалитетно

сместување, сигурна храна, чиста околина и сл. Сето тоа, а заради полесна

комуникација со гостите се користат трговските марки за да се потенцира

одредена услуга или производ.

Промоцијата е онаа која може да донесе гостин еднаш. Искуството на

гостинот на лице место ќе го врати повторно ако тоа искуство е позитивно. А ако

тоа се случи тогаш трговската марка добива на своето значење. Од друга страна

промотивниот материјал доколку е резултат на креативна работа (не е имитација

или копија) ќе има заштита согласно авторското право, а носителот и на марката и

на авторското право ќе биде обезбеден од нивна неовластена употреба.

Ако колективна или сертификатна марка која се користи согласно однапред

строго утврдени критериуми е доделена на користење, довербата на гостинот во

производот или услугата ќе биде поголема, а имиџот на дестинацијата подобрен.

Што се однесува до географските ознаки и ознаките на потекло, треба да се

потенцира нивното особено значење за туризмот, посебно во контекст на

локалната храна, традиционалните рецепти, вино и слично и нивната интензивна

употреба како дел од туристичката понуда во Македонија.

8. Заклучок

Соработката на партнерите јавна власт, приватен сектор и локално

население мора да биде подобрена;

Размената на информации и искуства помеѓу горните субјекти мора да биде

подобрена;

Одговорноста на секој од партнерите во оваа гранка мора да се зголеми во

рамки на природата на неговото делување и правата односно

одговорностите кои ги има;

- 15 -

Page 16: психологија

Стартешките документи за туризам мора да бидат попрецизни во смисла на

тоа да ги истакнуваат карактеристиките и правецот на развој согласно

локалните специфики;

Унифицирани стандарди за работа, квалитет на услуга, квалитет и

безбедност на храна и сл. да бидат воведени.

Развој на иновативни бизис услуги и производи, но и употреба на иновации

и нови технологии односно нивно воведување во туристичката понуда.

9. Користена литература

http://www.icom-macedonia.org.mk/mk/sodrzini.php?sm=23

http://www.primacons.com.mk 

http :// www . dnevnik . com . mk

www.economy.gov.mk

www.ohridon.com

www . ohrid . gov . mk

- 16 -