гимнастика

15
Гимнастика е спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби на разбој , греда , партер , коњ со рачки и без рачки (прескок ), кругови и вратило . Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнување од коњ и циркуски вештини. Содржина [скриј ] 1 Етимологија 2 Историја o 2.1 Античко време o 2.2 Модерна гимнастика o 2.3 Првите натпреварувања o 2.4 Гимнастиката како Олимписки спорт o 2.5 Натпреварите во гимнастика во XX век и денес 3 Форми o 3.1 Спортска гимнастика 3.1.1 Женски дисциплини o 3.2 Машки дисциплини o 3.3 Ритмичка гимнастика o 3.4 Скокови на трамболина o 3.5 Корективна гимнастика o 3.6 Аеробичка гимнастика o 3.7 Акробатска гимнастика o 3.8 Тимска гимнастика 4 Оценување според ФИГ o 4.1 Правилник o 4.2 Задачи за судиите на помагала o 4.3 Оценување на вежбите 5 Тренинг 6 Опрема 7 Наводи

TAGS:

Transcript of гимнастика

Page 1: гимнастика

Гимнастика е спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на

физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби

на разбој, греда, партер, коњ со рачки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се

развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнување

од коњ и циркуски вештини.

Содржина

  [скриј] 

1 Етимологија

2 Историја

o 2.1 Античко време

o 2.2 Модерна гимнастика

o 2.3 Првите натпреварувања

o 2.4 Гимнастиката како Олимписки спорт

o 2.5 Натпреварите во гимнастика во XX век и денес

3 Форми

o 3.1 Спортска гимнастика

3.1.1 Женски дисциплини

o 3.2 Машки дисциплини

o 3.3 Ритмичка гимнастика

o 3.4 Скокови на трамболина

o 3.5 Корективна гимнастика

o 3.6 Аеробичка гимнастика

o 3.7 Акробатска гимнастика

o 3.8 Тимска гимнастика

4 Оценување според ФИГ

o 4.1 Правилник

o 4.2 Задачи за судиите на помагала

o 4.3 Оценување на вежбите

5 Тренинг

6 Опрема

7 Наводи

8 Надворешни врски

[уреди]Етимологија

Page 2: гимнастика

Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική(гимнастике) што значи „фонд на физички

вежби“[1], од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“[2] и γυμνός (гиннос) што значи „гол"[3], бидејќи

физичките вежби се изведувале со голо тело.

[уреди]Историја

[уреди]Античко време

Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само

акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од минојската култура многу мажи и

жени почнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е

во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух.

Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно

се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри

во 393 година од страна на римскиот император Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите

спортови останала заборавена со векови.[4]

[уреди]Модерна гимнастика

Во 1774, Прусинот Јохан Бернард Базедов вовел неколку телесни вежби во рамките на наставата

во училиштето во Саксонија во коешто работел. Од тој момент започнува модернизацијата на

гимнастиката. Во гермаснките држави спортот брзо се развивал. Започнале да се создаваат и

првите помагала, а пионери во тоа биле швеѓанецот Јохан Фридрих Гуц Мут (1759-1839)

и Фридрих Лудвиг Јан (1778 - 1852). Јан создал и неколку техники од кои произлегле и денешните

вежби (вратило, разбој, греда, скокови).]]. Швеѓанецот Пер Хенрик Линг воведува и вежби со

кругови, стапови и топчиња каде што важни се ритамот и координацијата. Во Европа, првиот клуб е

отворен во Берлин во 1881 година, а во САД, овој спорт бил актуелизира нпред граѓанската

војна од страна на Дадли Ален Сарџент којшто бил учител по гимнастика на неколку американски

универзитети. Но, сепак слободно може да се каже дека во САД гимнастиката била пренесена од

емигрантите од Европа.

Во модерната гимнастика се исклучени способностите трчање, пливање и подигање тегови кои

биле дел од гимнастиката во античко време.

[уреди]Првите натпреварувања

Се смета дека првиот гимнастичарски натпревар на помагала се одржал во 1877 година во Австро-

Унгарија (поточно во Чехословачка). Во 1888 е создаден и Меѓународната гимнастичка

федерација (ФИГ). Седиштето на овој сојуз е во Швајцарија, а во него членуваат повеќе од 150

земји. Со неговото создавање започнале да се осмислуваат и гимнастичките дисциплини и

помагала кои ќе бидат потребни.

[уреди]Гимнастиката како Олимписки спорт

Page 3: гимнастика

Настап на женскиот гимнастичарски тим наВелика Британија наЛетните олимписки игри - 1908 во Лондон.

Гимнастиката била планирана и се реализирала како спорт од Олимписката програма на првите

модерни Летни олимписки игри 1896 година во Атина. Оттогаш, па и до денес, гимнастиката

редовно е вклучена во Олимписката програма. Мажите настапувале уште од првите модерни

Олимписки игри, а жените тоа го сториле дури на Летните олимписки игри - 1928 одржани

во Амстердам.

[уреди]Натпреварите во гимнастика во XX век и денес

На почетокот на минатиот век, во 1903 е одржано првото светско првенство во гимнастика во

Антверпен. Првото европско првенство се одржало во 1955во Франкфурт. Како и на Олимписките

игри, така и на овие големи натпреварувања на почетокот учествувале само мажите. Жените на

светските првенства за прв пат настапиле на првенството одржано во 1934 во Будимпешта, а на

европските на првенството одржано во 1957 во Атина.

[уреди]Форми

[уреди]Спортска гимнастика

Во артистичката гимнастика постојат натпреварувања во машка и женска конкуренција. Мажите се

натпреваруваат во 6 дисциплини: партер, кругови, вратило, разбој, коњ со рачки и прескок; а

жените во 4: партер, греда, двовисински разбој и прескок.

[уреди]Женски дисциплини

Даниеле Хиполито на Панамериканските игри во 2007.

Прескок : Во прескок, гимнастичарките трчаат 25m (околу 82 стапала) до прескочниот коњ

или отскочна табла од која држејќи се со рацете изведуваат вежба во воздух префрлајќи се

од другата страна на помагалото. Егзивбицијата во воздух може да вклучува едно или две

повеќекратни салта или култови, или пак може да биде само вртење на воздух. При

доскокот многу е важно гимнастичарката стабилно да застане со две нозе, бидејќи во

спротивно тоа се казнува од страна на судиите.

Во 2001, старото пшомагало „коњ“ беше заменето со ново, отскочна табла која е поцврста,

постабилна и со поголема површина (1m со 1m) и овозможува поголема стабилност и

сигурност при изведувањето на прескокот. Со оваа промена на помагалото,

гимнастичарите се обидуваат да изведат посложени и потешки вежби.[се бара извор]

Page 4: гимнастика

Двовисински разбој : Во дисциплината двовисински разбој, гимнастичарките изведуваат

вежби на две хоризонтални шипки со различна висина којашто е фиксно утврдена за

разлика од растојанието помеќу нив кое може да биде различно. Гимнастичарките на

шипките се нишаат, кружат, поместуваат, движат под и над шипката и скокаат од една на

друга за време на својот настап којшто го завршуваат сои скок со кој потребно е да се

приземјат со двете нозе. Гимнастичарките често се качуваат на шипките користејќи

помошна даска.

Греда : На греда гимнастичарките во рок од 60 до 80 секунди изведуваат разни скокови,

движења, вежби и акробации. Според Меѓународната гимнастичка федерација, гредата

треба да биде долга 500cm, широка 10cm и поставена на висина од 125cm. За настап на

греда потребна е рамнотежа, флексибилност и сила.[5]

Партер : Оваа дисциплина се состои од вежби на партер во форма на квадрат со димензии

12m со 12m во рок од 70 до 90 секунди кои гимнастичарките ги зведуваат со придружба

на музика.

[уреди]Машки дисциплини

Партер : Како и гимнастичарките така и гимнастичарите во оваа дисиплина изведуваат

вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12m со 12m, но во пократок рок од 60

до 70 секунди. Исто така, тие настапуваат и без придружба на музика. Правилата велат

дека гимнастичарот при својата вежба на партер смее само еднаш да биде во аголот на

квадратот.

Момче настапува на коњ со рачки

Коњ со рачки : Оваа дисциплина е една од најтешките во гимнастиката. Таа се изведува

на помагалото коњ со рачки кое е долго 163cm и е поставено на висина од 110cm.

Гимнастичарот со двете раце се држи за рачките или на самото помагало и изведува

кружни движења и движења со своите нозе. Вежбата завршува со акробација во воздух и

доскок кој треба да биде стабилен со двете нозе. Оваа дисциплина најверојатноп

настанала со цел да се проверат способностите на идните коњаници. За оваа дисциплина

потребна е сила, брзина, издржливост и добра подготвеност.

Кругови : Круговите се помагала поставени на висина од 250cm, а се во должина од

325cm, односно се заврзани на висина од 575cm од подот. Растојанието помеќу круговите е

Page 5: гимнастика

50cm. На нив гимнастичарите, држејќи се со двете раце изведуваат различни вежби со

движење на своите нозе и превртувања. За дофат на високопоставените кругови,

гимнастичарите се подигнуваат од друго лице. За време на вежбата,круговит не смеат да

се нишаат, што бара голема сила и издржливост. Вежбата на овие помагала завршува со

доскок.

Прескок : Прескокот гимнастичарите го изведуваат со помош на коњ без рачки или

отскочна плоча до којашто стигнуваат со трчање на растојанието долго 25m. Држејќи се со

рацете за помагалото, гимнастичарите со скок, во взодух изведуваат вежба која содржи

повеќекратни салта или пак само вртење. Вежбата заршува со доскок од другата страна на

помагалото којшто треба да биде стабилен. Многу е важна и поставеноста на рацете и

рамената, како и целосната рамнотежа на телото од што всушност и зависи квалитетот на

изведените акробации.

Изведување вежба на вратило

Разбој : Дисциплината разбој содржи вежби кои главно се состојат од скокови во воздух,

кружења, поместувања и движења под и над две паралелно поставени шипки на утврдена

висина од 175cm.

Вратило : Ова е најспектакуларната од шесте машки дисциплини. Се изведува на пречка

во форма на шипка со должина од 240cm и поставена на висина од 255cm. За да се фатат

на неа, гимнастичарите се помогнат со кревање од друго лице, слично како и во

дисциплината кругови. На пречката, тие изведуваат различни вежби: поместувања,

вртења, скокови, салта и др.

[уреди]Ритмичка гимнастика

Ритмичката гимнастика е нова гимнастичка форма

којашто се развила во последно време и стана многу

популарна. Во неа настапуваат само жените, но

постои и ритмичка гимнастика во машка конкуренција

со потекло од Јапонија. Изведбата е на поголема

Page 6: гимнастика

површина од партерот, а гимнастишарките со

придружба на музика која може да има вокали, но не и

зборови и со помош на хулахопи, ленти, топки и

јажиња го имаат својот настап. Изведбата е групна, а

настапот се оценува од судиите со максимални 20

поени.

[уреди]Скокови на трамболина

Скоковите на трамболина се нова гимнастичка

дисциплина која првото светско првенство го има

доживеано во 1964 година, а од неодамна е и дел од

Олимпиоската програма. Скоковите се изведуваат во

4 видови на натпревари: поединечни,

синхронизирани, мини двојни и моќни превртувања;

но само поединечните скокови се дел од Олимписката

програма. Во индивидуалните скокови на трамболина,

гимнастичарот изведува 10 последователни скокови

без пауза со кои би добил висина за да може да

започне со изведбата на вежбата. Настапот се

оценува со максимални 10 поени, а можни се и се

доделуваат додатни поени во зависност од

квалитетот на изведбата. Синхронизираните скокови

се изведуваат слично со тоа што и двајцата

натпреварувачи треба да имаат синхронизирани

движења, како би добиле подобри оцени. Во мини

двојните скокови, скоковите се изведуваат на помала

трамболина со загревање. Се извршуваат две

движења, а оцените се доделуваат на сличен начин

како и кај индивидуалните скокови. Во моќно

превртување, гимнастичарите изведуваат моќни

скокови, превртувања и движења на свиткана

подлога. Оценувањето е слично како кај

индивидуалните скокови.

[уреди]Корективна гимнастика

Корективната гимнастика содржи повеќе вежби кои ги

изведуваат лица на сите возрасти со цел да ги

отстранат деформитетите на своето тело. Повќе луќе

вежбаат заедно во групи од 6, па и над 150 луѓе.

Вежбите се изведуваат синхронизирано и се

категоризирани. Групите може да бидат составени од

лица од ист пол, но најчесто се мешани. Најголем

настан еСветската Гимнаестрада која за прв пат се

одржала во 1939 година и се одржува на секои 4

години.

Page 7: гимнастика

[уреди]Аеробичка гимнастика

Аеробичка гимнастика (порано позната како Спортска

аеробика) е вид на гимнастика во кој групи од повеќе

од 6 лица изведуваат вежби за чијашто изведба е

потребна сила, флексибилност и издржливост и се

менуваат на секои 60 до 90 секунди.

[уреди]Акробатска гимнастика

Акробатска гимнастика (порано позната како Спортска

акробатика), или акроспортови е вид гимнастика во кој

се натпреваруваат мажи и жени во парови од по

двајца, тројца или четворица пришто изведуваат

вежби со главата, рацете и нозете на своите

партнери. Може да се избере и сопствена музика, но

лириката е забранета. Натпреварувачите се

натпреваруваат во А и B категорија, а потоа во

нивоата 1, 2, 3, 4 и 5; од 3, 4 и 5 две рутини се

постигнати, баланс и темпо.

[уреди]Тимска гимнастика

Тимската гимнастика потекнува од Скандинавија и

овој вид на гимнастика бил на некои големи настани

повеќе од 20 години.[се бара извор] Тимовите се составени

од 6 до 12 членови, мажи или жени или мешано.

Тимовите настапуваат во 3 дисциплини: партер,

трампета и превртување.

Во натпреварите на трампета и во превртување

настапуваат 6 членови од тимот. Тие ги покажуваат

своите способности еден по друг многу брзо. За

најдобар се оценува последниот потег. На партер се

настапува со придружба на музика.

Партер:Настапуваат сите членови на тимот. Станува збор за мешавина од танцување,

флексибилност и вештини. Потребна е категоризација во вештините, а судиите обрнуваат

внимание на промените во острината.промените. Потребно е да има барем 2 брана со

тело, едно вртење, 2 баланси и неколку останатити гимнастички акробации. Изведбата е

придружувана со музика.

Трампета:Во оваа дисциплина се користи трампета. Има две компоненти прескок и самата

трампета. Постојат вкупно 3 дела, а само еден треба да биде прескок. Останатите делови

треба да го содржат истиот потег од сите гимнастичари. Така е најчесто во првиот дел. И

тука изведбата е со придружба на музика.

Page 8: гимнастика

Превртување:И тука има 3 делови. Едниот вклучува предни серии изведувани од сите 6

гимнастичари. Останатиот дел исто така треба да содржи елементи кои сите гимнастичари

ги изведуваат, а секоја серија мора да има најмалку 3 различни акробации.

[уреди]Оценување според ФИГ

[уреди]Правилник

ФИГ има свој правилник за оценување

чијашто основна цел е објективност во

вреднувањето на вежбите, но исто така и

сигурност во препознавањето на

најдобриот натпреварувач, како и

насочување на тренерите и

гимнастичарите во креирањето на

вежбите. Судиите формираат комисија

која се состои од претседател, членови на

А комисија (2), членови на В комисија (6),

додатни судии и помошници (линиски

судии на партер, мерач на време,

администратор, оперативец за пресметка

и др. што зависи од натпреварувањето, а

да биде според правилникот на ФИГ). За

сите судии постои процедура како се

избираат, но откако ќе бидат именувани

остануваат во тој состав до крајот на

натпреварувањето. Големината на

комисијата може да биде различна на

натппреварувања од различен карактер.

Во таков случај се применува правилото

на дозволена разлика на средна

вредност. На натпреварувањата со

помалку од 4 судии, членови на В

комисија, разликата помеѓу средните

оцени не смее да биде поголема од:

>0.00 – 0.40 (0.10)

>0.40 – 0.60 (0.20)

>0.60 – 1.00 (0.30)

>1.00 – 1.50 (0.40)

>1.50 – 2.00 (0.50)

>2.00 (0.60)

[уреди]Задачи за судиите на помагала

Задачи на претседателот:

Page 9: гимнастика

ја координира и надгледува работата

на сите членови на комисијата од

судии на помагала;

посредува помеѓу комисијата за

помагалаи претседателот на

натпреварувањето;

се грижи за ефикасноста на

натпреварувањето на помагалото за

кое е надлежен, вклучувајќи го и

времето за загревање;

дава знак за почеток на

натпреварувањето кое мора да

започне најдоцна 30 секунди по

дадениот знак;

го потврдува крајот на изведената

вежба;

активно и објективно дава почетна

оцена за вежбата на помагалото за

кое е надлежен на начин како и

комисиите А и В;

ги потврдува сите оцени, како и

конечната;

се грижи натпреварувачот да добие

објективна оцена ( да е во согласност

со правилникот и со одобрување на

претседателот на натпреварувањето

којшто може да казни и некои

необјективни судии);

Посредува помеѓу двата члена на

комисијата А во одредувањето на

оцената доколку тие не можат да се

сложат;

одредува казни и одземање на поени

доколку натпреварувачот направи

грепшла (излезе од партер или

направи дисциплински прекршок) во

согласност со правилникот;

го применува правилникот во поглед

на почитувањето и конзистентноста

на судиите.

Од двата членови на комисијата А, еден е

технички асистент именуван од ФИГ.

Неговите задачи се:

Page 10: гимнастика

му помага на претседателот на

комисијата за помагала и е

координатор на комисијата А;

го известува претседателот за

посебни вредности и останати

одземања од почетната оцена;

дава почетна оцена и го известува

претседателот дека членовите на

комисијата А не можат да се согласта

околу нејзиното одредување;

на крајот од натпреварувањето

поднесува извештај до претседателот

во врска со евентуални проблеми;

во рок од 2 месеца по

натпреварувањето на еден службеник

на ФИГ му го поднесува извештајот

од претседателот на комисијата за

помагала со содржина од сите вежби

кои ги судел.

И двата члена на комисијата А работат

независно, но може да се договараат.

Нивни задачи се :

оценување на содржината на вежбите

и вреднување на сите елементи

согласно одредбите;

за правиолно да ја извршат својата

задачи, мораат точно да ја забележат

содржината на вежбата.

Членовите на комисијата В своите

мислења ги донесуваат независно од

другите судии. Секоја оцена се изнесува

10 секунди по завршувањето на вежбата

и тоа така што другите судии не би ја

забележале оцената. Членовите на

комисијата В ги оценуваат сите елементи

на изведената вежба и одредуваат

намалување на оцената поради

техничките и естетски грешки.

Линиските судии мораат да го известат

претседателот на комисијата за помагала

доколку воочат некој прекршок, а за

Page 11: гимнастика

истото треба да поднеста и

писмен извештај.

[уреди]Оценување на вежбите

За сите помагала одредени се две

посебни комисии (А и В). Комисијата А го

проценува квалитетот, тежината на

вежбата, посебните вредности и дава

додатни поени. Исто така, таа ја одредува

и почетната оцена на вежбата,

започнувајќи од 0.00 поени. Комисијата В

пак ја оценува изведбата на вежбата

(техниката и поставеноста на телото).

Оценувањето од страна на судиите

започнува со оценката 10.00 од која се

одбиваат поени поради направените

грешки кои можат да бидат изразени во

десетинки или стотинки (пр.0.1 или 0.01).

Највисоката и најниската оцена се

одбиваат, а од останатите оцени се

пресметува аритметичка средина.

Конечната оцена е збир на оцените на

комисиите Аи В.

Судијата ја вреднува техниката и

разновидноста на елементите на

вежбата. Секое помагало има 5 елементи

означени со I, II, III, IV и V. Секој

натпреварувач во својата изведба мора

да внесе најмалку по еден од секој

елемент што комисијата А го наградува со

0.50 поени. Доколу елементот

недостасува, истата комисија тоа го

казнува со одземање на поени. Оваа

комисија натпреварувачите ги наградува

со оддатни поени за изведба на тешки

вежби без големи грешки.

Еден елемент во една вежба не смее да

се повторува освен ако вежбата не е

прекината надвор од контрола на

натпреварувачот. Ако натпреварувачот

падне од помагалото може да избере

дали ќе ја понови вежбата или не.

Елементот не смее да се повторува со

цел да се оневозможи зголемување на

Page 12: гимнастика

тежината на вежбата и додатни поени од

еден ист изведен елемедт. Ова правило

се применува и на поврзани елементи

(освен коњ со рачки и кругови).

Комисијата В ги оценува техничките и

естетските грешки кои може да бидат

мали, средни и големи. Вредноста на

одбивањето на поени е секогаш ист во

зависност од карактерот на грешката, а

независно од тежината на вежбата:

мала грешка – 0.10

средна грешка – 0.30

големагрешка – 0.50

пад од помагало – 0.80

[уреди]Тренинг

Гимнастичарите со спортот гимнастика

започнуваат да се занимаваат уште како

деца. Тоа е така поради држењето на

ќрбетот кај децата кој има пресудна улога

во понатамошниот развој на телото.

Гимнастичарите мора да бидат лесни, не

многу високи, физички цврсти, брзи,

силни и добро кондиционо подготвени.

Врвните резултати во гимнастиката не се

постигнуваат поденакво кај мажите и кај

жените. Гимнастичарите своите најдобри

резултати може да ги постигнат како и кај

повеќето физички спортови, за разлика од

гимнастичарките кај кои врвната форнма

трае се до 25-тата година, а подоцна

опаќа. Во развојот и напредокот на еден

гимнастичар исто така голема улога игра

и тренерот кој мора да биде стручен и

кадарен. Тренингот на еден гимнастичар

е долг, исцрпувачки и за да се совлада

техниката потребен е многу поголем

вложен труд за разлика од кај некои други

спортови.

[уреди]Опрема

Гимнастичарите се облечени во тренерки

и маичка без ракави, а носат и чорапи и

Page 13: гимнастика

имаат обуено патики, но може и да

настапат боси. Гимнастичарките пак се

облечени во трико и тие носат чорапи и

имаат обуено патики без кои можат да

настапат и тие.