25 - L. Kumbaradzi-Bogoevic - Podatoci Za Burmali Dzamija Vo Skopje

6
Лидија КУМБАРАЏИ-БОГОЕВИЌ ПОДАТОЦИ ЗА БУРМАЛИ ЏАМИЈА ВО СКОПЈЕ, СО ПОСЕБЕН ОCBPT НА НАТПИСНАТА ПЛОЧА, СТОЛБОВИТЕ, КАПИТЕЛИТЕ И БАЗИСИТЕ 1. Бурмали џамија ce наоѓала на десната страна на реката Вардар, во строгиот центар на Скопје, до самиот Камен мост. Џамијата претставувала импозантен споменик на културата кој се одликувал со извонредна архитектура и со објектите од непосредната околина сочинувала една урбанистичка целина (Сл. 1). Познатиот турски научник Семави Ејиџе вели дека „од она што може да се дознае до некој степен за архитектурата на Бурмали џамија од неколкуте зачувани фотографии, е дека спаѓала во редот на ретко убавите џамии“. Toj ce прашува дали можеби начинот на нејзиното покривање со три коритести свода поставени еден покрај друг вертикално кон јужниот ѕид бил ист како и кај „Големите класични џамии“ (klâsik Ulucamiler) 1 (Сл. 2). Инаку, Бурмали џамија била изградена од цврст материјал, делкан камен и тула, на начин карактеристичен за исламските градби, кој поради различниот колорит на употребениот материјал создавал многу убав впечаток. Во 1 Doçent Dr Semavi Eyice, Üsküp’de türk devri eserleri, Türk kültürü, sayi II, Ankara eylül 1963, 22.

Transcript of 25 - L. Kumbaradzi-Bogoevic - Podatoci Za Burmali Dzamija Vo Skopje

Page 1: 25 - L. Kumbaradzi-Bogoevic - Podatoci Za Burmali Dzamija Vo Skopje

Лидија КУМБАРАЏИ-БОГОЕВИЌ

ПОДАТОЦИ ЗА БУРМАЛИ ЏАМИЈА ВО СКОПЈЕ, СО ПОСЕБЕН ОCBPT НА НАТПИСНАТА ПЛОЧА, СТОЛБОВИТЕ, КАПИТЕЛИТЕ И БАЗИСИТЕ

1. Бурмали џамија ce наоѓала на десната страна на реката Вардар, во стро-гиот центар на Скопје, до самиот Камен мост. Џамијата претставувала импозантен споменик на културата кој се одликувал со извонредна архитектура и со објектите од непосредната околина сочинувала една урбанистичка целина (Сл. 1).

Познатиот турски научник Семави Ејиџе вели дека „од она што може да се дознае до некој степен за архитектурата на Бурмали џамија од неколкуте зачувани фотографии, е дека спаѓала во редот на ретко убавите џамии“. Toj ce прашува дали можеби начинот на нејзиното покривање со три коритести свода поставени еден покрај друг вертикално кон јужниот ѕид бил ист како и кај „Големите кла-сични џамии“ (klâsik Ulucamiler)1 (Сл. 2).

Инаку, Бурмали џамија била изградена од цврст материјал, делкан камен и тула, на начин карактеристичен за исламските градби, кој поради различниот ко-лорит на употребениот материјал создавал многу убав впечаток. Во внатрешноста на џамијата сводовите биле носени од столбови.2 Тремот на џамијата бил пресво-ден со пет кубиња покриени со олово, како и останатиот покрив на џамијата, а сводовите од тремот се потпирале на шест мермерни столба, со извонредни стала-ктитни капители. Минарето, пак, на Бурмали џамија било вито, пропорционално и декоративно. Тоа имало четириаголна основа со спирално (burmali) стебло.

Освен извонредните архитектонски особености и убавината на Бурмали џамија, нејзиното значење го зголемувала и местоположбата, бидејќи, како што рековме, се наоѓала на самиот брег на реката Вардар.

Своевремено, покрај Бурмали џамија се наоѓале и други придружни објекти, меѓу кои најважна била Медресата. На гробиштата што се наоѓале покрај џами-

1 Doçent Dr Semavi Eyice, Üsküp’de türk devri eserleri, Türk kültürü, sayi II, Ankara eylül 1963, 22.

2 Dr Ekrem Hakkí Ayverdi, Avrupa’da Osmanlí mimârî eserleri, Yugoslavya, III cild, 3 kitab, Istanbul 1981, 248.

Page 2: 25 - L. Kumbaradzi-Bogoevic - Podatoci Za Burmali Dzamija Vo Skopje

2 ЛИДИЈА КУМБАРАЏИ-БОГОЕВИЌ

јата, според податоците што ги дава Глиша Елезовиќ, се наоѓал и гробот на осно-вачот на џамијата.3 Во дворот на Бурмали џамија, покрај нејзината јужна страна, ce наоѓало и едно шестострано турбе со остар покрив од олово (Сл. 3). Според турскиот натпис испишан на дрвена табла и поставен над влезот на турбето, како што нè известува Глиша Елезовиќ, во оваа гробница била погребана Хума Шах Султан.4 Taa вo Скопје имала голем вакаф кој го завештала за потребите на учи-лиштето и завието (теќето) што ги изградила во самото Скопје, веднаш до Каме-ниот мост, како и за турбето што ce наоѓало во Бурса.5

Бурмали џамија била изградена кон крајот на XV век, што се гледа од по-датоците кои ги содржи натписот кој до рушењето на џамијата се наоѓал над неј-зиниот влез.

Како што е познато, таа била срушена во 1925 година поради изградбата на Офицерскиот дом.6

Од Бурмали џамија денес се зачувани натписната плоча, која се наоѓа во Куршумли-ан во Скопје,7 како и неколку столбови, капители и базиси кои се нао-ѓаат во градскиот парк. Тоа се и единствените остатоци од овој монументален исламски објект.

2. Наtpисоt на Бурмали џамија е изделкан на камена плоча (90 х 55 см) во стихови на арапски јазик. Текстот на натписот – tarih – е испишан во шест чети-риаголни полиња со декоративното писмо „celi – nesh“ (Сл. 4). Со цел да се добие појасна претстава за хронограмот, овде го даваме преписот што го направил Глиша Елезовиќ8:

арапско писмо

Подоцна, истиот натпис го прочита и преведе на српски познатиот ориен-талист и епиграфичар Мехмед Мујезиновиќ.9

3 Глиша Елезовић, Турски сpоменици у Скоpљу, ГСНД, књ. V, Скопље 1929, 253.4 Исто, 243. Од друга страна, Семави Ејиџе вели дека ова турбе му припаѓало на основачот

на Бурмали џамија Карли-Или Мехмед бег (види: Doçеnt Dr Semavi Eyice, нав. дело, 28). Инаку, турбето било урнато во 1924 година, пред рушењето на Бурмали џамија, кога се расчистувал просторот за плоштад (види: Глиша Елезовић, нав. дело, 243).

5 Поопширно за Хума Шах Султан види: Глиша Елезовић, нав. дело; Методија Соколоски, Вакафи и вакафски имоtи во Скоpје и Скоpско во XV и XVI век, вакафи на Хума, соpруgа на pокојниоt Мусtафа pаша, Прилози VIII2, изд. МАНУ, Одделение за општествени науки, Скопје, 66–73; Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Камениоt мосt во Скоpје, Гласник ИНИ, бр. 3, Скопје 1980, 170–173.

6 Офицерскиот дом многу настрада во земјотресот од 1963 година и веќе не постои.7 Натписната плоча од Бурмали џамија денес се наоѓа во депото на Куршумли-ан во

Скопје. Пред втората светска војна во Куршумли-ан бил сместен Музејот на Јужна Србија во кој била пренесена и оваа плоча од урнатата џамија (види: Глиша Елезовић, нав. дело, 252).

8 Глиша Елезовић, нав. дело, 252.9 Обработениот текст на натписот се наоѓа во материјалот од дешифрираните турски

споменици во Скопје, што се наоѓа во Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје.

ISTORIJA NA KULTURATA NA MAKEDONIJA

Page 3: 25 - L. Kumbaradzi-Bogoevic - Podatoci Za Burmali Dzamija Vo Skopje

ПОДАТОЦИ ЗА БУРМАЛИ ЏАМИЈА ВО СКОПЈЕ, СО ПОСЕБЕН ОCBPT 3

Сметам за потребно овде да го дадам на македонски јазик споменатиот превод на Мехмед Мујезиновиќ:

„Оваа џамија ја изгради во името на Алах, создавач на световите,

Потребен на милоста на Оној кој најубаво простува,

Помошник на борците и јунаците,

Победител на идолопоклониците и неверниците,

Мехмед-бег. Подари ни ја својата милост о Најмилостивиот,

се доврши во текот на месецот зилхиџе година деветстота“.

(т.е. помеѓу 23. VIII и 20. IX 1495 година).

2.1. Од преводот се гледа дека Бурмали џамија била изградена во 1495 година од страна на Мехмед-бег. Меѓутоа, за оваа личност која, без сомнение, била влијателна и заземала високи функции во Османлиската држава, засега не успеваме да најдеме доволно податоци. Глиша Елезовиќ во споменатата студија се обидувал да даде одговор за потеклото на оваа личност.10 Исто така, и позна-тиот турски научник Екрем Хаки Ајверди се задржува на ова прашање во својата книга Avrupa’ da Osmanlí mimârî eserleri, Yugoslavya.11 Но, поради недостиг на други потребни елементи, ова прашање останува и понатаму отворено. Важно е да се истакне, меѓутоа, дека во документите што ги изнесуваат Елезовиќ и Ајверди во врска со личноста на Мехмед-бег, основачот на оваа џамија, најчесто се упо-требуваат имињата: Карлели Мехмед pаша, Карли-или Мехмед pаша, Карли Оgли Мехмед беg и Карли или Оgли Мехмед беg. Овде треба да се додаде дека, вакаф-намето за оваа џамија, кое би содржело подетални информации за основачот, е загубено.

Интересно е да се спомене дека и познатиот турски патописец Евлија Че-леби ја споменува оваа џамија: „На спротивната страна од големиот мост преку реката Вардар се наоѓа џамија на Карли-заде“.12 Кај него го наоѓаме и податокот дека медресата на Карли-заде се вбројувала меѓу најпознатите медреси во Скоп-је.13 Нема сомнение дека споменатата медреса, за која други податоци немаме, се наоѓала во непосредната близина на џамијата.

Како што гледаме, оваа џамија го носела името на својот основач, Мехмед-бег, подоцна таа станува позната како Бурмали џамија, име кое го добила по спи-ралното (burmali) стебло на нејзиното минаре.

3. Што се однесува до сtолбовиtе, каpиtелиtе и базисиtе тие, по кажува-њето на современиците, биле пренесени во градскиот – ислаханскиот парк во 1925 година по рушењето на оваа монументална градба.14 Денес, сочуваните елементи

10 Глиша Елезовић, н.д., 253–254.11 Dr Ekrem Hakkí Ayverdi, n.d., 248.12 Evlija Celebi, Putopis, во редакција на Хазим Шабановиќ, Sarajevo, 1967, 282.13 Исто, 283.14 Големиот градски парк во Скопје кај постарите скопјани cè уште е познат како Ислахан-

ски парк. Создаден е кон крајот на XIX век во време на скопскиот валија Хафиз Мехмед-паша. Во тој период во Скопје биле изградени и зградите на Идадија, Ислахана, Вилаетскиот конак, Теле-

ИСЛАМСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 4: 25 - L. Kumbaradzi-Bogoevic - Podatoci Za Burmali Dzamija Vo Skopje

4 ЛИДИЈА КУМБАРАЏИ-БОГОЕВИЌ

од џамијата се разместени во првиот дел на паркот и претставуваат дел од декорот во хортикултурното решение.15 Во паркот се наоѓаат четири столба, пет капители со сталактитна декорација и четири профилирани базиси (Сл. 5, 6, 7 и 8).

Важно е да се истакне дека сочуваните елементи се од тремот на Бурмали џамија. Меѓутоа, од зачуваните фотографии на џамијата јасно се гледа дека овој споменик имал трем на шест столба со сталактитни капители. Од ова произлегува дека недостигаат уште два столба и еден капител со сталактитна декорација. Исто така недостигаат барем уште два базиса, под претпоставка дека постојните му припаѓале на тремот на џамијата. За два базиса (сл. 8) сметам дека потекнуваат од внатрешноста на џамијата или пак од медресата што се наоѓала во нејзиното опкружување. За жал, не ни е познато дали тие воопшто биле тука донесени и каде се наоѓаат денес.

4. На крајот би сакале да додадеме и тоа дека, поради рушењето на Бур-мали џамија, значаен споменик на исламската архитектура, во триесеттите години од овој век имало доста реагирања во јавноста. Меѓу бројните реакции овде ја ци-тираме само следнава: „Имено, се зборува дека еден научник, на еден конгрес во Варшава, ја загубил титулата византолог само затоа што се согласил да биде ур-ната оваа џамија“.16 Не е без значење ниту фактот дека во врска со овие реагирања бил забранет и муслиманскиот весник „Хак“ што се печател во Скопје, поради тоа што во него била објавена една остра статија против тогашната власт, која сакала да ја сруши Бурмали џамија и да изгради офицерски дом.17

Lidija KUMBARADJI-BOGOJEVIĆ

DATA ABOUT THE BURMALI MOSQUE IN SKOPJE WITH A REVIEW OF THE INSCRIPTION SLAB, COLUMNS, CAPITALS AND BASES

The Burmali mosque which was one of the most beautiful cultural monuments in Skopje, no longer exists. It was located on the right side of the river Vardar, at the center of the city next to the stone bridge and was pulled down in 1925 for the erection of the Officers Club (Oficerski Dom).

The Burmali mosque was built towards the end of the 15th century, which is evident from the preserved inscription which was found at the entrance up to the demolition. The inscription slab now in Kuršumli An, as well as several columns, capitals and bases in the city park are the only remains from this monumental islamic edifice.

графската станица и др. Била извршена и регулација на реките Вардар и Серава.15 Столбовите, капителите и базисите од Бурмали џамија се наоѓаат покрај споменикот на

Гоце Делчев, како и на просторот кон кафеаната.16 Цитатот е земен од статијата „Продажба на оловото од Бурмали џамија“ објавена во

весникот Нова Македонија, 9 јуни 1968 година. Овде би додала, исто така, дека пред повеќе години присуствував на разговор во кој еден наш познат архитект кажуваше дека на меѓународен конгрес на архитекти во Виена, на еден југословенски претставник му бил одземен зборот во знак на револт поради рушењето на Бурмали џамија.

17 Исмаил Ерен, Турска штампа у Југославији (1866–1966), Прилози за оријенталну филологију, XIV–XV, Сарајево 1969, 374.

ISTORIJA NA KULTURATA NA MAKEDONIJA