ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА...

12
ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА МЕЃУ РОМКИТЕ ОД ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Transcript of ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА...

Page 1: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА

ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА МЕЃУ РОМКИТЕ ОД ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Page 2: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

Втора карта со оценка на заедницата

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во Скопје, 2014

www.hera.org.mk

Картата со оценка на заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата кај жените Ромки во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето. Таа претставува една од алатките за мониторинг од заедницата и имаше за цел жените Ромки од општината активно да се вклучат во следење и оценување на пристапот и квалитетот на услугите во текот на бременоста и по породувањето. Истражувањето е концепирано преку две стратегии, односно зајакнување на жените преку нивна мобилизација во активностите на истражувањето и следење на квалитетот и достапноста на услугите. Ова истражување беше спроведено во соработка со Ромските невладини организации Ромски Ресурсен Центар и Амбрела со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија.

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје

364-787.9(=214.58:497.711)(047) 614.2:618.2(=214.58:497.711)(047)

ВТОРА карта со оценка од Заедницата за здравствената заштита во текот на бременоста меѓу Ромките од општина Шуто Оризари [Електронски извор]. - Текст, илустр.. - Скопје : Асоцијација за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А, 2014

Начин на пристап (URL): https://hera.org.mk/?p=2835. - Наслов преземен од екранот. - Опис на изворот на ден 19.05.2014

ISBN 978-608-4598-19-0

а) Жени Ромки - Перинатална заштита - Шуто Оризари - Истражувања COBISS.MK-ID 96277258

Page 3: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

3

ОПФАТ СО МАТИЧЕН ЛЕКАР 89,1% зелена

ИНФОРМИРАНОСТ НА ЖЕНИТЕ РОМКИ ЗА ТРОШОЦИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТ 39,3% црвена

ПРАКТИКИ НА ЖЕНИТЕ РОМКИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТ 78,9% зелена

СОРАБОТКА НА ПАТРОНАЖНА СЛУЖБА СО РОДИЛИШТА И МАТИЧНИ ЛЕКАРИ 69,4% жолта

ТРОШОЦИ ЗА УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТ 51,1% жолта

ОБЕМ НА УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТ КАЈ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ 63,3% жолта

КОМУНИКАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ПЕРСОНАЛ КОН ЖЕНИ РОМКИ ВО КАБИНЕТОТ НА МАТИЧНИОТ ГИНЕКОЛОГ 66,3% жолта

ПОСЕТИ ОД ПАТРОНАЖНА СЕСТРА 47,2% црвена

ОБЕМ И КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИ ОД ПАТРОНАЖНА СЕСТРА 63,2% жолта

РЕЗУЛТАТИ СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА:Заедницата на Ромки ги дава следниве оценки за достапноста и за квалитетот на

антенатални здравствени услуги во Шуто Оризари:

ЗАКЛУЧОК: Заедницата повторно дава црвено светло на покриеноста со посети од страна на патронажната служба меѓу Ромките во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето бидејќи во практика не се спроведуваат во согласност со програмите на Министерството за здравство. Иако оценката за трошоците во текот на бременоста во споредба со претходната карта бележи пораст, и од црвена преминува во жолта боја, во ординациите на матичните гинеколози на голем процент од Ромките сѐ уште незаконски им се наплаќаат дополнителни средства за услуги кои се целосно покриени со здравственото осигурување. Остануваат препораките дека се потребни мерки и политика од страна на здравствениот систем за зголемување на опфатот на Ромките во Шуто Оризари со патронажна служба во текот на бременоста со цел зголемување на нивната информираност за здравствените услуги во текот на бременоста. Дополнително, заедницата препорачува целосно почитување на подзаконските акти за наплаќање и нудење квалитетни услуги од страна на матичните гинеколози коишто ќе овозможат подобра здравствена заштита на Ромките како особено социјално-ранлива група граѓани во Република Македонија.

ЦЕЛ: Целта на истражувањето е Ромките што живеат во општина Шуто Оризари да ги оценат и следат квалитетот и пристапот до здравствени услуги во текот на бременоста и во периодот по породувањето.

МЕТОДОЛОГИЈА: Изработена е карта со оценка за квалитетот и за пристапот до услуги во текот на бременоста преку наоди од спроведени полуструктурирани интервјуа со Ромки (68), матични гинеколози (7) и патронажни сестри (3) кои обезбедуваат услуги за Ромките во самата заедница или во најблискиот регион на Шуто Оризари. За изработка на картата се користат боите на семафорот, при што црвената боја означува позитивни одговори до 50%, жолтата боја го изразува процентот од 50 до 75, додека зелената боја се однесува на позитивни одговори над 75%.

Page 4: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

4

Демографски податоци и социоекономски статус на Ромките што се опфатени со истражувањето:

- 94% од заедницата што беше опфатена со истражувањето е во неработен однос;

- 32% од семејствата на опфатените жени се приматели на социјална парична помош;

- според возрасната група, доминираат жените на возраст од 21 до 25 години (34% проценти), 31% се на возраст од 26 до 30 години и 9% од опфатените жени се на возраст од 15 до 17 години.

ОБЛАСТ Прва карта (јуни 2013)

Втора карта (март 2014)

ОПФАТ СО МАТИЧЕН ЛЕКАР 85,7 % зелена

89,1 % зелена ↑ 3.4%

ИНФОРМИРАНОСТ НА ЖЕНИТЕ РОМКИ ЗА ТРОШОЦИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТ

48,4 % црвена

39,3 % црвена ↓9.1%

ПРАКТИКИ НА ЖЕНИТЕ РОМКИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТ

76,3 % зелена

78,9 % зелена ↑2.6%

СОРАБОТКА НА ПАТРОНАЖНА СЛУЖБА СО РОДИЛИШТА И МАТИЧНИ ЛЕКАРИ

44,4 % црвена

69,4 % жолта ↑25%

ТРОШОЦИ НА УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТ 45,6 % црвена

51,1 % жолта ↑5.5%

ОБЕМ НА УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТ КАЈ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ

66,2 % жолта

66,3 % жолта ↑0.1%

КОМУНИКАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ПЕРСОНАЛ КОН ЖЕНИ РОМКИ ВО КАБИНЕТОТ НА МАТИЧНИОТ ГИНЕКОЛОГ

66,1 % жолта

66,3%жолта ↑0.2%

ПОСЕТИ ОД ПАТРОНАЖНА СЕСТРА 44,5 % црвена

47,2 % црвена ↑ 2.7%

ОБЕМ И КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИ ОД ПАТРОНАЖНА СЕСТРА 65,4 % жолта

63,2 % жолта ↑2.2%

СПОРЕДБА НА НАОДИ ОД СПРОВЕДЕНИ КАРТИ СО ОЦЕНКА НА ЗАЕДНИЦАТА:

Картата со оценка на заедницата е една од алатките што се користат во методологијата Мониторинг од заедницата, која е дел од иницијативата Мониторинг на услугите за антенатална заштита од страна на Ромките што живеат во општина Шуто Оризари.

Промени

Page 5: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

5

Услуги од партнонажна сестра

Мерење крвен притисок

Мерење телеснатежина

Крвна група РХ-фактор

Совети за здрава исхрана и здрави стилови за живот

Микробио-лошкипримерок

ПРИСКА Ехо - преглед

Преглед на крв и уринаПАП тест

ПРВА КАРТА

86%

89%ВТОРА КАРТА

100

90

80

70

60

50

40

30

20

10

0

ПРВА КАРТА

ВТОРА КАРТА

1. Опфат со матичен гинеколог

Резултатот во оваа област е подобрен за 3,4% во однос на претходното истражување и бојата за оваа област останува зелена. Како и во претходната карта, Ромките што немаат избрано матичен гинеколог, како главна причина за тоа го навеле податокот дека немаат здравствено осигурување или биле одбиени од матичен гинеколог поради тоа што имал преголем број пациенти, иако тоа е спротивно на подзаконските регулативи.

Графикон бр. 1: ОПФАТ СО МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ

2. Информираност на Ромките за трошоците и за здравствените услуги во текот на бременоста

Информираноста на Ромките за трошоците и за здравствените услуги во текот на бременоста e најниско оценета - со 39,2% - и во споредба со претходната карта бележи намалување од 9,1%. Причината за падот може да се должи на тоа што поголемиот дел од Ромките што се опфатени со истражувањето не биле претходно опфатени со теренските активности за зголемување на свеста за антенатална заштита.Графикон бр. 2/1: ИНФОРМИРАНОСТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

ПРИСКА

ПРВА КАРТА

ВТОРА КАРТА

70

60

50

40

30

20

10

0

Eхо-Преглед Крвна слика и урина

Микробиолошкипримерок

ПАП тест Крвна група и РХ-фактор

Графикон бр. 2/2: ИНФОРМИРАНОСТ НА РОМКИТЕ ЗА ТРОШОЦИТЕ И ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

13%

40%

7% 8%11% 13% 18%

21%

8%11% 13% 12%

59%

32%25%

18% 22%15% 12%

20% 21%11%

59%54%

97% 99%

73% 79%

15%

33%

7%8%

Page 6: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

6

ПРВА КАРТА

ВТОРА КАРТА

120

100

80

60

40

20

0Посета на гинеколог во тек на бременост

Прва посета во прво тромесечие

Посета на гинеколог по породување

96% 96% 94% 98%

31% 33%

ПРВА КАРТА

ВТОРА КАРТА

90

80

70

60

50

40

30

20

10

0Матичен гинеколог - патронажна сестра

Патронажна сестра - матичен гинеколог

Патронажна сестра - родилишта

67%

50%58%

83% 83%

0%

3. Практики на Ромките за здравствена заштита во текот на бременоста

Практиките на Ромките за здравствена заштита во текот на бременоста во второто истражување покажаа пораст за 2,6 %. Во овој дел Ромките изјавиле дека практикуваат редовни посети кај матичен гинеколог во текот на бременоста.Значајно е да се истакне дека изјавите на Ромките во истражувањето се во корелација со ставовите и со мислењата на гинеколозите.

Графикон бр. 3: ПРАКТИКИТЕ НА РОМКИТЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

4. Соработка на патронажни служби со родилишта и со матични гинеколози

Во оваа област процентот е драстично променет во однос на првото истражување. Во втората карта процентот е зголемен за 25 и бојата на оваа област од црвена преминува во жолта. За разлика од претходното истражување, кога матичните гинеколози изјавиле дека не доставуваат информации за пациентките што се бремени до патронажната служба, во новото истражување 57% од матичните гинеколози изјавиле дека доставуваат информации за бремените жени до патронажните сестри.

Графикон бр. 4: СОРАБОТКА НА ПАТРОНАЖНИ СЛУЖБИ СО РОДИЛИШТА И СО МАТИЧНИ ГИНЕКОЛОЗИ

5. Трошоци за услуги во текот на бременоста

Иако оваа област бележи подобрување за 5,5% и од црвена премина во жолта боја, трошоците што Ромките ги плаќаат кај матичните гинеколози претставуваат најголема пречка во пристапот до здравствени услуги за репродуктивно здравје.Само 50% од бремените жени пријавиле дека услугата ехо–преглед ја добиваат бесплатно, додека 54% од жените изјавиле дека плаќаат износ во просек од 150 до 1.000 денари при секоја посета кај матичен гинеколог.

Page 7: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

7

Мерење на притисок

Ехо - преглед

Совети за исхрана

Мерење на тежина

Проверка на крв и урина

ПАП тест Микробио-лошки брис

ПРИСКА Препраќање за крвна група и РХ - фактор

30,6% 34,5%

88,6% 91,8%

37%

50%

3,9% 3,5%

34,6%39,5%

15,4%12,5% 13,2%

23,8%

100

90

80

70

60

50

40

30

20

10

0

100% 97,8% 100% 97,8%

ПРВА КАРТА

ВТОРА КАРТА

6. Обемот на услуги што ги добиваат Ромките во текот на бременоста заедницата го оценува со жолта боја или со 63,3%.

Споредбено со наодите од првата карта, во делот на обем на услуги нема поголеми промени. Заедницата повторно ја оценува оваа област со жолта боја и тоа остава простор за натамошна работа заради нејзино унапредување, особено во делот на услугата - информации и совети за исхрана, сексуална активност, физичка работа, предупредувачки знаци во текот на бременоста, која ја добиле само 38% од заедницата во текот на бременоста.

Графикон бр. 5: ТРОШОЦИ ЗА УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

7. Комуникацијата и односот на здравствениот персонал кон Ромките во ординацијата на матичниот гинеколог заедницата ги оценува со жолта боја или со 66,3 %.

Во оваа област, споредено со претходното истражување, нема промени во процентите. Матичните гинеколози и патронажните сестри што беа опфатени со истражувањето, генерално, немаат тешкотии при комуникацијата. Тешкотиите што дел од нив ги посочуваат при комуникацијата со дел од жените ги лоцираат, главно, во нискиот степен на едукација на Ромките, како и во нискиот социјален статус.

ПРВА КАРТА

ВТОРА КАРТА

100

90

80

70

60

50

40

30

20

10

0Мерење на крвен притисок

Мерење на тежина

Препраќање за проверка на урина

Микробио-лошки брисеви

Препраќање за проверка на крвна слика

ПАП тест ЕХО-преглед

ПРИСКА1/2Препиш-ување на фолна киселина

Информацииза исхрана, сексуална активност, физичка активност

47%55%

42%50%

73% 70%

50%

54%63% 64% 60%

41%

59%

38%

100%90%

Графикон бр. 6: ОБЕМ НА УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

Наодите од заедницата, во најголем дел, се совпаѓаат со изјавите на матичните гинеколози за услугите што ги нудат на бремените Ромки.

86%92%

85%92%

Page 8: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

8

8. Областа обем и квалитет на услуги од патронажна сестра е оценета со жолта боја.

Според изјавите на жените, оваа област бележи мало намалување на процентот, но бојата останува непроменета. Најмалку информации Ромките добиваат за совети за подготовка на жената и на семејството за прифаќање на новороденчето, вклучително за важноста на доењето, како и информации за законските прописи и права од здравственото осигурување (бесплатно породување).

Оценката на заедницата за овие услуги не соодветствува со оценката на патронажните сестри, кои изјавиле дека ги даваат наведените информации при секоја посета

Графикон бр. 7: КОМУНИКАЦИЈАТА И ОДНОСОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ПЕРСОНАЛ КОН РОМКИТЕ ВО КАБИНЕТОТ НА МАТИЧНИОТ ГИНЕКОЛОГ

9. Областа посети од патронажна сестра е оценета со црвена боја или со 47,2 проценти.

Споредбено со првата карта, областа бележи благо зголемување во оценувањето од заедницата. Најниско оценет во оваа област е опфатот на бремените жени од страна на патронажната служба во текот на бременоста. Иако според програмата за мајки и за деца Ромките се препознаени како особено ранлива група и треба да бидат посетени и повеќе од двапати во текот на бременоста, само 6,9 % од испитаните трудници биле посетени само еднаш во текот на бременоста. Овој процент е помал за 6% во споредба со првата карта.

Од друга страна, оценката на патронажните сестри, кои опфатот на бремените жени го оценуваат со 66,7%, не соодветствува со оценката на заедницата.

Иако втората карта покажа дека областа - координација меѓу матичните гинеколози и патронажната служба - е подобрена за 25%, тоа не влијаело врз зголемувањето на опфатот на бремени жени од страна на патронажната служба во текот на бременоста.

ПРВА КАРТА

ВТОРА КАРТА

72

70

68

66

64

62

60

58Начинот на кој жените ги добиваат советите и услугите од страна на матичниот гинеколог/ медицинска сестра

Односот на матичниот гинеколог/ медицинска сестра кон Ромите

Времето што матичниот гинеколог го отстапува на поставување на прашања и за дискусија со пациентите

70%

64,4%

65,6%

63,3% 63,6%

70,3%

50%

0%

37,5%

50%

100

90

80

70

60

50

40

30

20

10

0

87,5%

100%

25%

50% 50%

75%

0% 0%

50%

0%

25%

0%

ПРВА КАРТА

ВТОРА КАРТА

Советување за здрав животен стил

Советување за тегоби во тек бременост

Предупре-дувачки знаци за предвре-мено поро-дување

Совет за редовни контроли кај матичен гинеколог

Информации за законските прописи и бесплатно породување

Информации за посета на гинеколог после породување

Совет за грижа за новороденче и доење

Совет за превенција на непланирана бременост

Графикон бр. 8: УСЛУГИ ШТО СЕ ДОБИЕНИ ОД ПАТРОНАЖНА СЕСТРА

Page 9: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

9

Посети во текот на бременоста

Посети после породување

ПРВА КАРТА ВТОРА КАРТА

90

80

70

60

50

40

30

20

10

0

Графикон бр. 9: ПОСЕТИ ОД ПАТРОНАЖНА СЕСТРА

75%

82,5%

13%6,9%

ПРВА КАРТА ВТОРА КАРТА

Разбирливост и јасност на информациите

90

80

70

60

ПРВА КАРТА ВТОРА КАРТА

Задоволството од односот на патронажната сестра

94

92

90

88

86

84

93,8%

87,5%

87,5%

75%

Од друга страна, заедницата изразува задоволство од начинот на пренесување на информациите од страна на патронажните сестри и односот кон нив при посетата. Вкупно 87,5% од жените се задоволни од начинот на пренесување информации и сметаат дека тие се пренесени на лесен и разбирлив начин, додека 75% од Ромките се задоволни од односот што патронажната сестра го имала кон нив.

Графикон бр. 10: ЗАДОВОЛСТВО ОД ОДНОСОТ НА ПАТРОНАЖНАТА СЕСТРА

Графикон бр. 11: РАЗБИРЛИВОСТ И ЈАСНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ДАДЕНИ ОД ПАТРОНАЖНАТА СЕСТРА

Page 10: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

10

ПРЕПОРАКИ НА ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

Ромките што беа опфатени со истражувањето ги рангираа следниве препораки за подобрување на здравствената заштита во текот на бременоста/по породувањето:

1. Бремените жени воопшто да не плаќаат за здравствените услуги во текот на бременостa (вклучително и партиципација) – 95%

2. Матичните гинеколози да не наплаќаат за ехо и за вагинални прегледи – 92%

3. Да се отвори гинеколошка ординација во општина Шуто Оризари - 88%

Page 11: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле

11

Заклучок од

ЈАВЕН НАСТАН ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА НАОДИТЕ ОД ВТОРАТА КАРТА ЗА АНТЕНАТАЛНА ЗАШТИТА СО ОЦЕНКА НА ЗАЕДНИЦАТА

На 7 април 2014 година во хотелот „Арка“ во Скопје беше одржан јавен настан за споделување на наодите од втората карта со оценка на заедницата. Целта на настанот беше да се претстават главните наоди од втората карта со оценка на заедницата пред матичните гинеколози и патронажните сестри, чии услуги се оценети преку оваа методологија, како и да се отвори дискусија меѓу претставниците од заедницата, давателите на услуги и претставниците на клучните здравствени институции за можностите за подобрување на антенаталната заштита меѓу Ромките што живеат во општина Шуто Оризари.По отворената дискусија на настанот, претставниците од заедницата, Фондот за здравствено осигурување, Здружението на приватни гинеколози, Општина Шуто Оризари, Здружението ХЕРА и Народниот правобранител ги донесоа следниве заклучоци:

1. Постои потреба од дефинирање пакет за основни услуги пред бременоста, во текот на бременоста и по неа, како решение со коешто прецизно ќе се дефинира обемот на услуги и ќе се обезбеди поголема контрола на трошоците. За остварување на таа цел да се иницира средба од страна на ХЕРА со ФЗОМ, Министерството за здравство и со Здружението на приватни гинеколози за да се вклучат сите засегнати страни во ревидирање на протоколот за антенатална заштита и во дефинирање на основниот пакет услуги.

2. Да се иницира средба од страна на ХЕРА со Министерството за здравство, ФЗОМ и со Општина Шуто Оризари со цел наоѓање нов модел за решавање на проблемот со отворање гинеколошка ординација во Општина Шуто Оризари.

Page 12: ВТОРА КАРТА СО ОЦЕНКА ОД ЗАЕДНИЦАТА ЗА …hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/07/vtora_karta_monitoring.pdf · причина за тоа го навеле