Урнек за деловен план

36
ZA NAJDOBRA BIZNIS IDEJA NATPREVAR PRETVORI JA TVOJATA IDEJA VO USPE©EN BIZNIS I ZARABOTI! 10.000€ VODI» za izrabotka na DELOVEN PLAN

Transcript of Урнек за деловен план

Page 1: Урнек за деловен план

ZA NAJDOBRABIZNIS IDEJA

ZA NAJDOBRA

NATPREVARPRETVORIJA TVOJATA IDEJA VOUSPE©EN BIZNIS

I ZARABOTI!ZARABOTI!

10.000€

VODI» za izrabotka naDELOVEN PLAN

Кампања за поттикнување и развој на претприемачкиот дух

Page 2: Урнек за деловен план

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

ОПШТИ НАПОМЕНИ

Тетратката за пишување на деловен план што ја држите во Вашите раце е општ, генерален урнек за сите делови кои треба да ги содржи деловниот план. Целта на оваа работна тетратка е да послужи како водич за сите оние кои немаат искуство во изработка на деловен план, а имаат идеја за бизнис со која сакаат да земат учество во натпреварот.

Текстот кој е напишан во загради и кој е напишан со коси букви, има за цел да појасни одредени работи и да Ви постави прашања кои ќе Ви помогнат полесно да ги пополните празните полиња.

Доколку за одредени делови Ви е потребно повеќе простор, слободно до-дадете дополнителни листови хартија и обележете на кој дел припаѓаат.

При подготовка на Вашиот деловен план не мора да ги пополните сите празни полиња кои се наведени во урнекот. За таа цел пополнете ги само оние полиња кои се релевантни за Вашата идеја, производ или услуга.

Финансискиот дел од деловниот план треба да се изработи согласно урне-кот за финансии кој е достапен за бесплатно симнување од веб страницата www.pretpriemac.mk или www.osmelise.mk

Исто така, преку овие две интернет страници можете да го симнете и целиот урнек за изработка на деловен план. Комисијата ги охрабрува сите учесни-ци да ја користат електронската верзија при изработка на деловниот план.

Износите на сите цени, трошоци и други финансиски параметри треба да бидат во денари и истите се наведуваат без данок на додадена вредност (ДДВ).

Деловните планови треба да се испратат најдоцна до 26.12.2011 година на следната адреса:

Натпревар за најдобра бизнис идеја

П.фах 170

1000 Скопје

или на e-пошта: [email protected]

Организаторот го задржува правото да ги измени условите и одредбите објавени за времетраење на натпреварот

доколку истото е неопходно за успешна реализација на конкурсот.

Page 3: Урнек за деловен план

3ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРА БИЗНИС ИДЕЈА

Јас ________________________________________________________ /Име и Презиме/

изјавувам дека сум согласен/на со условите за учество во натпреварот за најдобра бизнис идеја дадени во продолжение:

• Тетратката за претприемништво и урнеците кои се дадени во прилог не може да бидат причина за квалитетот на деловниот план кој ќе го подне-сам.

• Изборот за најдобар деловен план е дискреционо право на Комисијата.

• Со оваа Изјава потврдувам дека овој деловен план не е претходно објавуван.

• Со оваа Изјава потврдувам дека пријавениот деловен план не повредува било какви права на трети страни, а особено не правата на интелектуал-на сопственост.

• Согласен сум идејата за бизнис да биде јавно презентирана.

• Согласен сум лично да ја презентирам идејата на јавен медиум по избор на организаторот.

Име и Презиме

_____________________________________________________________________________

Дата и место на раѓање

_____________________________________________________________________________

Своерачен потпис

______________________________________________________________________________

Page 4: Урнек за деловен план

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

СОДРжИНА

ОПШТИ НАПОМЕНИ 2

ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРА

БИЗНИС ИДЕЈА 3

1. ОПИС НА БИЗНИС ИДЕЈАТА 6

2. ИСТРАжУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ 7

2.1. На кого ќе продавате? 7

2.2. Големина и потенцијал на пазарот 9

3. АНАЛИЗА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА 10

3.1. Анализа на непосредната конкуренција 10

4. КЛУЧНИ ФАКТОРИ ЗА УСПЕХ 11

5. БАРИЕРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ И ВЛЕЗ НА ПАЗАРОТ 12

6. МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА 13

6.1. Вредност за купувачите 13

6.2. Канали на продажба и дистрибуција 15

6.3. Цена 16

6.4. Рекламна стратегија и продажба 18

7. ПРОЦЕСИ 19

8. РЕСУРСИ 23

8.1. Објекти и опрема 23

8.2. Суровини 24

8.3. Вработени лица во фирмата 24

9. ОЧЕКУВАНА ПОБАРУВАЧКА / ПРОДАжБА 25

10. ФИНАНСИИ 26

10.1. Трошоци за почетокот на бизнисот 26

10.2. Извори на средства 27

10.3. Биланс на успех – Извештај за профитабилност 27

10.4. Праг на рентабилност 29

10.5. Исплатливост на инвестиција и период на поврат на инвестиција 31

11. ДРУГО 33

11.1. Правни работи 33

11.2. Ризици 34

11.3. Иднина на бизнисот 34

11.4. Дополнителни документи/Прилози 35

Page 5: Урнек за деловен план

5ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

Подносител [Ваше име и презиме]: ______________________________________________________

Адреса на подносителот: ______________________________________________________

Телефон за контакт: ______________________________________________________

Е-пошта: ______________________________________________________

Назив на бизнисот

ДЕЛОВЕН ПЛАН

Дата на поднесување: _____________________________________________ [дд/мм/гггг]

Page 6: Урнек за деловен план

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

1. ОПИС НА БИЗНИС ИДЕЈАТАВо овој дел од планот треба накратко да одговорите на следните прашања:

• Што ќе продавате и на кого? Накратко опишете го Вашиот производ или услуга!

• Зошто купувачите би го купиле тоа токму од Вас?

• Зошто мислите дека Вашиот бизнис ќе биде успешен?

Page 7: Урнек за деловен план

7ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

2. ИСТРАжУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

2.1. На Кого ќе продавате?Секој производ или услуга го купуваат одреден вид на купувачи. Во овој дел опи­шете:

• Дали Вашиот производ/услуга е наменет за правни или физички лица?

• Што сметате дека им е најбитно на потенцијалните купувачи при купу­вање на производи/услуги како Вашите?

• Ако Вашите купувачи се физички лица опишете ги сите нивни карактерис­тики кои се важни за реализација на Вашата бизнис идеја:

» Кои ќе бидат Вашите купувачи? На која возраст се? Дали се тоа претежно машки или женски? Каков е нивниот животен стил? Каде живеат? Во Вашето маало, град, во Репу­блика Македонија или надвор од неа? Дали се тоа лица кои имаат помала или поголема куповна моќ? Каков е нивниот социјален статус, образование и ставови?

Page 8: Урнек за деловен план

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

• Кои се нивните желби и потреби? Колку често го користат Вашиот произ­вод/услуга? За што? Каде? Како?

За да го направите деловниот план успешно треба да направите истражу-вања за пазарот на кој планирате да настапите преку разговори, анкети или интервјуа со Вашите идни купувачи. Исто така добро е да разговарате со луѓе кои веќе се во истиот бизнис. За истото добро е и да побарате инфор-мации на интернет.

Page 9: Урнек за деловен план

9ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

2.2. големиНа и потеНцијал На пазаротВо овој дел наведете конкретни податоци и бројки за следните прашања:

• Колкав број на потрошувачи годишно го купуваат производот/услугата кои се предмет на овој деловен план?

• Колку често во текот на една година еден купувач го купува истиот произ­вод/услуга?

• Колку пари се “вртат“ во тој бизнис годишно?

• Дали побарувачката за Вашиот производ очекувате да биде иста во текот на следните пет години или пак очекувате истата да расте или да се на­малува?

• Кои фактори според Вас ќе придонесат за поголема или помала побарувач­ка?

• Дали знаете за некои трендови на развој во оваа индустрија?

Page 10: Урнек за деловен план

10Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

3. АНАЛИЗА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

3.1. аНализа На НепосредНата КоНКуреНцијаВо овој дел треба да одговорите на следните прашања:

• Кои се Вашите конкуренти?

• Кои се Вашите најголеми конкуренти? Ве молиме рангирајте ги според па­зарното учество на секој од нив, при што ранг 1 е конкурентот кој смета­те дека има најголемо пазарно учество.

• Каков вид на производ или услуга нудат на пазарот?

• По кои цени?

• Зошто потрошувачите купуваат од нив?

• Каква е моќта на конкурентите? Дали по појавување на Вашиот производ тие имаат моќ да ја намалат цената?

• Како би реагирале конкурентите кога ќе се појави Вашиот производ/услуга?

• Дали на пазарот често се појавуваат или се менуваат нови конкуренти?

Откога ќе ги завршите точка 2. и 3. можете веќе да процените дали има простор на пазарот за Вашата бизнис идеја и какви се нејзините шанси за успех.

Page 11: Урнек за деловен план

11ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

4. КЛУЧНИ ФАКТОРИ ЗА УСПЕХВо полето подолу наведете кои се клучните предуслови кои мора да бидат ис­полнети за Вашиот бизнис да биде успешен. Така на пример, доколку отворате ресторан или продавница, локацијата е еден од клучните фактори за успех. Од друга страна пак, доколку целиот бизнис Ви се одвива преку интернет, ло­кацијата не игра никаква улога во успешноста на бизнисот.

Page 12: Урнек за деловен план

12Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

5. БАРИЕРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ И ВЛЕЗ НА ПАЗАРОТНаведете дали постојат одредени бариери и ограничувања кои Ве спречуваат да започнете со бизнисот или кои ги намалуваат сериозно Вашите шанси за успех на пазарот како што се на пример:

• потреба од високи капитални инвестиции за да почнете со бизнисот – од каде ќе најдете толкави средства?

• технологија со која не располагате,

• високи трошоци за маркетинг и/или силен бренд имиџ на конкурентите,

• високи транспортни трошоци кои Ви го ограничуваат пазарот,

• преговарачка моќ на купувачите и на добавувачите,

• разни правни документи како дозволи за работа, концесии, лиценци, автор­ски права и сл.

Наведете како ќе ги надминете бариерите за влез на Вашиот бизнис.

Page 13: Урнек за деловен план

13ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

6. МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА

6.1. вредНост за КупувачитеВо овој дел наведете која е главната причина поради која сметате дека по­тро шувачите ќе го купуваат Вашиот производ. Каква вредност ќе им понуди на купувачите Вашиот производ или услуга? Поради кои сè други причини купу­вачите ќе го купуваат?

• Дали затоа што ќе биде најевтин во однос на конкуренцијата?

• Дали затоа што ќе понуди најдобра вредност за парите?

• Дали затоа што има одредени карактеристики поради кои потрошувачите се подготвени да платат значително повисока цена во однос на конкурен­тите?

Детално опишете го Вашиот производ или услуга:

• За што ќе биде наменет – која потреба ќе ја задоволува?

• Кои перформанси ќе ги има производот?

Page 14: Урнек за деловен план

14Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

• Какво ќе биде пакувањето?

• Пропратни услуги (гаранции, сервис и сл.).

• Каков ќе биде имиџот на брендот?

• Која карактеристика го прави Вашиот производи уникатен или различен од оние на конкуренцијата?

Page 15: Урнек за деловен план

15ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

6.2. КаНали На продажба и дистрибуцијаКако ќе го продавате производот или услугата?

Каналите на продажба покажуваат каде и како планирате да го нудите про­изводот/услугата. Така на пример, доколку основате интернет книжарница, и доколку единствен начин да се купи книгата е преку интернет, тогаш Ваши­от бизнис има еден канал на продажба (а тоа е интернет).

Од друга страна пак, дистрибуцијата покажува на кој начин Вашиот производ стигнува до купувачот. На пример, доколку по нарачката, книгата може да се испрати на адреса на купувачот или истата може да се подигне во една од петте книжарници во Скопје, тогаш Вашиот бизнис има два начини на дис­три буција. Секој начин на продажба и на дистрибуција има свои предности и слабости.

• Опишете како Вашиот производ/услуга ќе стигне до потрошувачите кои сакаат да го купат?

• Каде и како потенцијалните купувачи ќе може да дојдат до Вашиот произ­вод или услуга?

• Како ќе биде организирана дистрибуцијата на производот/услугата до ку­пувачите? Големопродажба, малопродажба, продажба преку интернет, ка­талог или др.

Page 16: Урнек за деловен план

16Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

6.3. цеНацената на чинење на единица производ претставува збир од сите трошоци за производство и продажба на единица производ (килограм, парче и сл.). Оваа цена се пресметува кога вкупните трошоци ќе се поделат со количи-ната на готовиот производ.

продажна цена за единица производ е цената по која ќе се продава едини-ца производ (килограм, парче и сл.). Продажната цена се добива кога на це-ната на чинење на производот ќе се додаде планираната продажна маржа.

Во табелата подолу пресметајте ја цената на чинење и продажната цена на Вашиот главен производ за 2012 година. Доколку планирате да произве-дувате повеќе од еден производ, за секој производ пополнете иста ваква табела и прикачете ја на деловниот план како додаток.

Напомена: Бројките кои ќе се наведат овде мора да се совпаѓаат со бројките за трошоци кои подоцна ќе ги наведете во билансот за успех.

Количина производ/ услуга за 1 год ВКУПНО ПО ЕДИНИЦА ПРОИЗВОД

Директни/варијабилни трошоци за продадени производи/услуги*

1. Вкупни директни материјални трошоци за продадени производи/услуги**

2. Бруто плати на вработени платени по учинок

3. Трошоци за транспорт и дистрибуција

4. Трошоци за енергија (ел.енергија, нафта, гас и сл.)

5. Останати варијабилни трошоци

Останати oперативни трошоци

6. Бруто плати на сите останати вработени

7. Амортизација на движен и недвижен имот ***

8. Трошоци за продажба

9. Трошоци за маркетинг

10. Трошоци за транспорт и дистрибуција

11. Трошоци за камати

12. Трошоци за закупнина

13. Трошоци за сметководство

14. Трошоци за комуникациски услуги (интернет, телефон и сл.)

15. Останати оперативни трошоци (осигурување, ситен инвентар, режиски трошоци, одржување)

16. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

17. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

18. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

19. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

20. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

А. Цена на чинење на единица производ/ услуга (1+2+3+4+5+6+7+8+9+10+11+12+13+14+15+16+17+18+19+20)

Б. Маржа

Продажна цена на единица производ/ услуга (A+Б) без ДДВ

*Трошоци кои се менуваат при менувањето на волуменот на продажба или производството.

**Директен материјал потрошен за производство (суровини, амбалажа и сл.).

***Претпоставената амортизација на движен имот треба да се движи од 10% до 25% и на недвижен имот од 2% до 5%.

Page 17: Урнек за деловен план

17ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

Објаснете како ја одредувате продажната цена во однос на цената на конку­рентите.

• Дали Вашата цена е повисока од конкурентската или пониска?

• Зошто сте го избрале токму ова ниво на цена?

Page 18: Урнек за деловен план

18Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

6.4. реКламНа стратегија и продажбаВо овој дел опишете:

• Како мислите да ги привлечете купувачите?

• Како ќе ги информирате купувачите за Вашиот производ/услуга?

• Како ќе ги убедите Вашите купувачи да го изберат Вашиот производ/услуга?

• Кои предности на производот/услугата сметате дека треба да се комуни­цираат?

• Како и на кои медиуми ќе ги рекламирате Вашите производи (ТВ, интернет, весник)?

Page 19: Урнек за деловен план

19ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

7. ПРОЦЕСИНа кој начин ќе го произведувате и доставувате производот или услугата до крајниот купувач?

Во овој дел опишете го целиот процес на работа на компанијата:

• Суровини (опис на потребната суровина, од каде ќе се набавуваат суровини­те, дали и како ќе се чуваат пред да влезат во производство?).

• Процес на производство (како ќе тече процесот на производство од влезот на суровините во производство до добивање на готов производ спремен за продажба, колку луѓе ќе бидат ангажирани и во колку смени ќе се извршува работата?).

Page 20: Урнек за деловен план

20Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

• Логистика (како ќе се доставуваат готовите производи во продажните објекти?).

• Продажба (дали продажбата ќе се врши непосредно во сопствени продажни места или посредно преку застапници? Каде ќе се продаваат производите? Дали и како истите ќе се испорачуваат до купувачите?).

• Организациона шема (Во просторот подолу, скицирајте ја организациона­та структура во Вашето претпријатие).

Page 21: Урнек за деловен план

21ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

» Сметководство: Дали сметководителот ќе биде постојано вработено лице или ќе се ангажира сметководствено биро?

» Администрација: Кој ќе ја извршува оваа функција? Дали административните работи ќе бидат споени со друга функција, при што и двете функции би биле доверени на еден вработен или само за вршење на административните работи ќе има посебно врабо­тено лице?

» Маркетинг: Дали во компанијата ќе се оформи посебен сектор за маркетинг или оваа функција ќе се довери на еден вработен во компанијата? Дали компанијата ќе користи услуги од надворешни соработници (маркетинг агенции, консултантски куќи и сл.)?

» Информатички технологии: Дали ќе се користи компјутерски систем во компанијата и дали некој од вработените ќе биде задолжен за одржување на истиот? Дали ќе се ко­ристат услуги од надворешни соработници за одржување на компјутерскиот систем?

Page 22: Урнек за деловен план

22Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

» Одржување на опрема: Дали за одржување на опремата за работа потребно е врабо­тување на стручни лица? Дали за одржување на опремата ќе се користат услуги на надворешни соработници (фирма за одржување на опрема за производство)?

» Човечки ресурси: Кој ќе ја преземе функцијата за избор на нови вработени?

» Правни работи: Дали ќе биде вработено лице за извршување на правните работи на компанијата или би се користеле услугите на правно биро?

» Транспорт: Дали ќе биде организиран сопствен возен парк, за што ќе се користи (набав­ка на суровини, дистрибуција на готови производи) и кој ќе го одржува?

» Магацини: Дали ќе биде потребен складиштен простор и ако да, дали ќе бидат корис­тени туѓи магацини или сопствен простор?

Page 23: Урнек за деловен план

23ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

8. РЕСУРСИШто сè ви е потребно за да почнете со работа?

8.1. објеКти и опрема

• Колкав деловен простор ќе биде потребен за извршување на основната деј­ност на компанијата, а колкав за административни работи (во метри ква­дратни)?

• На која локација каде ќе ги поставите објектите?

• Како ќе се обезбеди просторот, со изнајмување, купување или на друг начин?

• Каков вид на опрема ќе биде потребна за работа? (на пр. компјутери, маши­ни, возила, друга опрема)

• Од каде ќе биде набавена потребната опрема?

Page 24: Урнек за деловен план

24Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

8.2. суровиНи

• Каков вид на суровини ќе бидат потребни?

• Од каде ќе бидат набавени суровините?

• Како ќе ги плаќате? Ако ги плаќате на кредит, на колку дена ќе биде одложе­но плаќањето и сл.?

8.3. вработеНи лица во фирматаНаведете кои лица планирате да бидат вработени на почетокот на бизни­сот.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ

ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧИТЕ НА ДАДЕНАТА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

[на пр. секретарка][искуство како секретарка од 3 години, завршен курс за канцелариско работење и сл.]

Page 25: Урнек за деловен план

25ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

9. ОЧЕКУВАНА ПОБАРУВАЧКА / ПРОДАжБАВо кој обем предвидувате дека ќе се купува Вашиот производ/услуга (наведете конкретни бројки)? Доколку планирате да продавате повеќе производи/услуги, тогаш наведете во колкав обем очекувате да се продава секој од производите/услугите по години и по која цена?

А. ПРОДАЖНА ЦЕНА НА ПРОИЗВОДОТ (без ДДВ)

ПРОИЗВОДГОДИНА

2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019

Производ А (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Б (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ В (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Г (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Д (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Б. КОЛИЧИНИ НА ГОТОВ ПРОИЗВОД

ПРОИЗВОДГОДИНА

2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019

Производ А (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Б (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ В (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Г (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Д (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Приходите од продажба треба да се добијат со множење на цените на произ­водот дадени во табела А и количинатите на готов производ дадени во та­бела Б. Пример: Ако цената на производ А во 2012 година изнесува 50 денари, а планираните количини готов производ А во 2012 година изнесуваат 10.000, тогаш приходот од продажба на производ А за 2012 година го наоѓаме како 50 х 10.000 = 500.000 денари.

Page 26: Урнек за деловен план

26Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

В. ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА (А*Б); (без ДДВ)

ПРОИЗВОДГОДИНА

2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019

Производ А (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Б (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ В (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Г (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Производ Д (наведи име на производ)

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

ВКУПЕН ПРИХОД

10. ФИНАНСИИ

10.1. троШоци за почетоКот На бизНисотЦелта на оваа табела е да добиете преглед на вкупните средства кои Ви се потребни за започнување на бизнисот. Внесувајќи ги трошоците во табелата подолу ќе го добиете износот на вкупната инвестиција.

СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА ПОЧЕТОК НА БИЗНИСОТ ИЗНОС (без ДДВ)А. ОСНОВНИ СРЕДСТВА (1+2+3+4+5+6+7+8+9+10)1. Објекти (деловни простории, погон за производство, магацини) 2. Опрема за производство3. Друга опрема4. Возило-а 5. Компјутери/ Софтвер/ Технологија 6. Телефон, факс, копир 7. Мебел за канцеларија 8. Други основни средства (наведи)** _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 9. Други основни средства (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _10. Други основни средства (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ Б. ОБРТНИ СРЕДСТВА *** (11+12+13+14+15+16+17+18+19+20+21+22+23) 11. Трошоци за суровини12. Трошоци за плати 13. Трошоци за енергија 14. Трошоци за закупнини 15. Трошоци за маркетинг/рекламирање 16. Трошоци за транспорт и дистрибуција 17. Трошоци за камата 18. Трошоци за комуникациски услуги (интернет, телефон...) 19. Трошоци за сметководство 20. Трошоци за канцелариски материјали 21. Трошоци за правни работи (регистрација на фирма, лиценци, дозволи, заштита на трговска марка) 22. Други трошоци за тековно водење на бизнисот (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 23. Други трошоци за тековно водење на бизнисот (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ ВКУПЕН ИЗНОС НА СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ* (А+Б)

Page 27: Урнек за деловен план

27ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

*Вкупниот износ потребен за започнување на бизнисот треба да се совпаѓа со вкупниот износ на извори на средства и со вредноста на инвестицијата со која ја пресметуваме нето сегашната вредност.

**на пример во земјоделие основни средства можат да бидат: земја, основно стадо, долгогодишни насади.

*** треба да се води сметка обртните средства да бидат доволни за непрече­но работење во периодот додека од компанијата не се очекува да остварува приход и да може тековно да ги покрива доспеаните обврски за тековно рабо­тење.

10.2. извори На средстваКолку пари Ви се потребни за почеток на бизнисот? Од кои извори планира­те да ги обезбедите овие средства? Колкав дел од средствата планирате да обезбедите од секој од следниве извори на средства: кредити, инвеститори, деловни партнери, роднини и пријатели, грант од Влада на Република Македо­нија и др.? Колку средства лично Вие планирате да вложите во бизнисот?

ИЗВОР НА СРЕДСТВА ИЗНОС

1 Кредит од банка

2 Инвеститор

3 Деловен партнер (во случај на партнерство)

4 Роднини и пријатели

5 Грант

6 Лични средства

7 Друг извор 1 _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ (наведи кој)

8 Друг извор 2 _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ (наведи кој)

ВКУПНО*

*износот треба да се поклопува со износот на трошоци потребни за покри­вање на вкупните трошоци за почнување на бизнисот.

10.3. билаНс На успех – извеШтај за профитабилНостбиланс на успех или извештај на приходи и расходи – е преглед на про-фитабилноста на работењето на друштвото во даден временски период; истиот се изработува после завршувањето на одреден временски период (ден, недела, месец, година), има свој почетен и краен датум.

Билансот на успех ни дава информација дали компанијата остварува до-бивка или загуба од работењето.

Внесете ги податоците за секоја од ставките подолу:

Page 28: Урнек за деловен план

28Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

ГОДИНА 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019

А. ВКУПНИ ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА (без ДДВ)

1. Вкупни директни материјални трошоци за продадени производи/услуги

2. Бруто плати на вработени по учинок

3. Трошоци за транспорт и дистрибуција

4. Трошоци за енергија (ел.енергија, нафта, гас)

5. Останати варијабилни трошоци

Б. Вкупни директни/варијабилни трошоци за продадени производи/услуги* (1+2+3+4+5)

В. Бруто маржа/добивка од работењето (В=А-Б)

Г. % на бруто маржа (Г=В/А)

6. Бруто плати на сите останати вработени

7. Амортизација на движен и недвижен имот **

8. Трошоци за продажба

9. Трошоци за маркетинг

10. Трошоци за камати

11. Трошоци за закупнина

12. Трошоци за сметководство

13. Трошоци за телекомуникациски услуги (интернет, телефон и др.)

14. Останати оперативни трошоци (осигурување, ситен инвентар, режиски трошоци, одржување)

15. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

16. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

17. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

18. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

19. Други трошоци (наведи) _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Д. Вкупно оперативни трошоци за производ/услуга (6+7+8+9+10+11+12+13+14+15+16+17+18+19)

Ѓ. Нето маржа/добивка пред оданочување (Ѓ=В-Д)

Е. % на нето маржа (Е=Ѓ/А)

***Претпоставената амортизација на движен имот треба да се движи од 10% до 25% и на недвижен имот од 2% до 5%.

Page 29: Урнек за деловен план

29ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

10.4. праг На реНтабилНост

праг на рентабилност е показател на ниво на продажба (продадена коли-чина или остварена вредност на продажба) при кое вкупните трошоци се изедначуваат со вкупните приходи. Кога ќе се изедначат вкупните трошоци и вкупните приходи, фирмата не остварува ниту добивка ниту загуба.

За пресметување на прагот на рентабилност потребни ни се:

• Вкупните фиксни трошоци

• Продажната цена и

• Варијабилните трошоци по единица производ.

вкупните трошоци на фирмата се делат на две групи на трошоци: фиксни и варијабилни.

фиксни трошоци се трошоци од работењето кои остануваат исти во непро-менети износи без оглед дали производството на добра и услуги расте или се намалува. Пример за фиксни трошоци се трошоците за изнајмување на деловен простор, платите за постојано вработените лица и други трошоци кои се прават без разлика дали фирмата произведува производи или кол-кав е обемот на производство. Збирот од сите фиксни трошоци ни ги дава вкупните фиксни трошоци.

варијабилни трошоци се трошоците од работењето кои се менуваат со зго-лемувањето и намалувањето на обемот на производство. Пример за варија-билни трошоци се: трошоците за суровини, за плати на сезонски работни-ци, за електрична енергија и сл. кои зависат од обемот на производство; така на пример, доколку го зголемиме обемот на производство ќе треба да набавиме поголеми количини на суровини, да ангажираме дополнителна работна сила, да потрошиме поголемо количество електрична енергија и обратно.

варијабилните трошоци по единица производ се добиваат кога износот на вкупни варијабилни трошоци ќе се подели со произведеното количество на готов производ.

продажна цена за единица производ е цената по која ќе се продава едини-ца производ (килограм, парче и сл.).

Доколку произведувате еден производ/услуга најдобро е прагот на рента-билност да го пресметате на потребното количество продадени произво-ди/услуги и тоа се прави со помош на следната формула:

Праг на рентабилност =

Вкупни фиксни трошоци

Продажна цена за единица производ

Варијабилни трошоци за единица производ

Page 30: Урнек за деловен план

30Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

Внесете ги податоците за секоја од ставките подолу:

ГОДИНА ВКУПНИ ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА (без ДДВ) ВКУПНИ ТРОШОЦИ (без ДДВ) ПРОДАДЕНА КОЛИЧИНА

2012

2013

2014

2015

2016

2017

2018

2019

Доколку произведувате повеќе производи/услуги, прагот на рентабилност наједноставно е да го пресметате на ниво на потребна остварена продаж-ба. Во тој случај за пресметување на прагот на рентабилност користете ја следната формула:

Праг на рентабилност =

Вкупни фиксни трошоци*

Бруто маржа (бруто добивка)**

Приход од продажба***

*Вкупните фиксни трошоци се пресметани во точка Д од билансот на успех

**Бруто маржата е пресметана во точка В од билансот на успех

***Приходите од продажба се пресметани во точка А од билансот на успех

За пресметка на прагот на рентабилност, внесете ги податоците од билан-сот на успех во следната табела:

ГОДИНА 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019

А. Вкупни приходи од продажба (без ДДВ)

В. Бруто маржа/добивка од работењето

Д. Вкупно оперативни трошоци за производ/услуга

Г. Висина на продажба за постигнување на прагот на рентабилност Г=Д/(В/А)

Page 31: Урнек за деловен план

31ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

10.5. исплатливост На иНвестиција и период На поврат На иНвестиција

Нето сегашна вредност

За оценка на исплатливоста на една инвестиција или проект, како показател се користи нето сегашната вредност (Нсв). Овој показател ни ја покажува сегашната вредност на сите идни парични одливи. За пресметување на НСВ потребно е да ги знаеме вкупниот приход и вкупните трошоци на годишно ниво и дисконтната каматна стапка, која се препорачува да изнесува 10%.

Формулата за пресметување на НСВ гласи:

Нето сегашна вредност = Вкупен приход - Вкупни трошоци

(1+ дисконтна стапка)n

каде n се однесува на годината за која се пресметува нето сегашна вред-ност. Така, збирот од нето сегашните вредности на трошоците за сите се-дум години, кои се вклучени во планирањето на овој деловен план, ќе ни ја даде нето сегашната вредност на целата инвестиција. Доколку добиената вредност е поголема од 0, тоа значи дека инвестицијата се исплати, докол-ку пак е помала од 0, тоа значи дека инвестицијата не е оправдана.

пример: Доколку земеме дека трошоците за периодот 2012-2019 се:

Год n Вкупен приход

Вкупни трошоци

Вкупен приход – Вкупни трошоци (Нето маржа)

1+дисконтна стапка 0,1

(1+ дисконтна стапка)n

Нето сегашна вредност

2012 0 0 100.000 -100.000 1,1 0 -100.000

2013 1 20.000 5.000 15.000 1,1 1,10 13.636

2014 2 20.000 5.000 15.000 1,1 1,23 12.397

2015 3 30.000 5.000 25.000 1,1 1,33 18.783

2016 4 32.000 6.000 26.000 1,1 1,46 17.758

2017 5 34.000 7.000 27.000 1,1 1,61 16.765

2018 6 35.000 8.000 27.000 1,1 1,77 15.241

2019 7 36.000 9.000 25.000 1,1 1,95 12.829

Нето сегашна вредност на инвестицијата 7.409

Тогаш, НСВ на инвестицијата изнесува 7.409, односно е поголема од 0 и укажува на фактот дека инвестицијата е исплатлива.

Page 32: Урнек за деловен план

32Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

Година 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019

Нето маржа/Добивка пред оданочување

Дисконтна стапка* ≥10%

Нето сегашна вредност (NPV)

*Дисконтната стапка не треба да е помала од 10%.

период на поврат на инвестицијата

Периодот на поврат на инвестицијата ни покажува за колку години инвести-цијата потребна за влегување во бизнисот ќе се врати. Ова е поедноставен модел кој не ја вклучува дисконтната стапка.

Година 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019

А. n 0 1 2 3 4 5 6 7

Б. Вкупен приход - Вкупни трошоци (Нето маржа)

-100.000 15.000 15.000 25.000 26.000 27.000 27.000 25.000

В. Кумулатив на остварените добивки/загуби од работењето (В0=Б0; В1=Б0+Б1; В2=Б0+Б1+Б2 итн.)

-100.000 -85.000 -70.000 -45.000 -19.000 +8.000 +35.000 +60.000

Во дадениот пример, вложената инвестиција од 100.000 денари се враќа во петтата година, кога кумулативот на остварените добивки од работењето (вкупен приход - вкупен трошок) во сите претходни години ќе ја надмине вредноста на 100.000 денари.

За пресметка на периодот на поврат на инвестицијата, внесете ги подато-ците од билансот на успех во следната табела:

Година 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019

А. n 0 1 2 3 4 5 6 7

Б. Нето маржа/добивка пред оданочување

В. Кумулатив на остварената нето маржа/добивка пред оданочување (В0=Б0; В1=Б0+Б1; В2=Б0+Б1+Б2 итн.)

Page 33: Урнек за деловен план

33ВО

ДИЧ

ЗА И

ЗРАБ

ОТКА

НА

ДЕЛ

ОВЕ

Н ПЛ

АН

11. ДРУГО

11.1. правНи работиНаведете ги од правен аспект сите работи кои Ви се потребни за започнување и водење на Вашиот бизнис (одредени дозволи, правилници и сл.).

Page 34: Урнек за деловен план

34Ф

АБРИ

КА Н

А БИ

ЗНИ

С И

ДЕИ

11.2. ризициНаведете ги сите ризици кои имаат потенцијално влијание на Вашиот бизнис. Опишете што ќе преземете за да се справите со ризикот.

НАЗИВ НА РИЗИКОТ ШТО ЌЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ЗА ДА СЕ СПРАВИТЕ СО РИЗИКОТ?

Опис на ризикот и потенцијалното влијание врз Вашиот бизнис.

Што ќе преземете за да го минимизирате/отстраните појавувањето на ризикот?

11.3. идНиНа На бизНисотВизија за бизнисот:

Каде го гледате Вашиот бизнис после 20 години?

Page 35: Урнек за деловен план

11.4. дополНителНи доКумеНти/прилозиКон овој деловен план, прикачувам дополнителни документи кои треба да по­могнат во неговата евалуација. Поточно, ги доставувам следните дополни­телни документи:

РБ НАЗИВ НА ДОКУМЕНТ

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

Page 36: Урнек за деловен план

ZA NAJDOBRABIZNIS IDEJA

ZA NAJDOBRA

NATPREVARPRETVORIJA TVOJATA IDEJA VOUSPE©EN BIZNIS

I ZARABOTI!ZARABOTI!

10.000€

VODI» za izrabotka naDELOVEN PLAN

Кампања за поттикнување и развој на претприемачкиот дух