ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

11
1 ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година Скопје, ноември 2020 год.

Transcript of ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

Page 1: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

1

ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

Скопје, ноември 2020 год.

Page 2: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

2

1. ОПИС НА БИЗНИСОТ

1.1. Основна цел на бизнисот на компанијата

РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје е друштво чија основна дејност е пружање на услуги од областа на транспортот, како и работа со тешка градежна механизација. Кога станува збор за услугите од областа на транспортот, тука најнапред се мисли на оние услуги кои Друштвото со своите тешки товарни возила и градежната механизација со која располага ги нуди во кругот на Железарницата, особено услугите за потребите на производните погони за “Макстил“ АД – Скопје. За овие услуги може слободно да се каже дека претставуваат комплетна логистика во поглед на транспортот во процесот на производство на челик и топловалани лимови.

За РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје, компанија која во најголем дел е услужно

претпријатие, велиме дека е логистика во процесот на производството на “Макстил“ АД со оглед дека целосно го врши транспортот на репроматеријали потребни за работењето на производните погони (Челичарница и Валавница за слабови и дебели лимови), како и комплетната обработка, утоварот и изнесувањето на сите отпадни материјали од процесот на производството на челик. Исто така, тука е и секаков вид на транспорт во кругот на Железарницата и тоа како за “Макстил“ АД, така и за повеќе други правни субјекти лоцирани во кругот на Железарницата, како што се “Факом“ АД, РЖ “Институт“ АД и други. За работа во специфичните работни услови кои владеат во кругот на Железарницата, при што особено се мисли за екстремно тешките работни услови во погонот Челичарница (“Шаржирната хала“ и “Ливна јама“), каде материјалот е со многу високи температури и многу висок степен на абразивност, Друштвото располага со тешка градежна механизација која не е специјализирана, односно соодветно димензионирана и конструирана за употреба во вакви несекојдневни и многу специфични услови за работа. Сепак, од страна на вработените во работните единици на РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје се прават сите можни напори постојната механизација што е можно повеќе и подобро да се прилагоди за што поеуспешно и поефикасно извршување на работните задачи во овие работни услови кои владеат на позициите во железарскиот круг.

Самото присуство во кругот на Железарницата, а особено специјализираноста на

РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје за пружање на своите услуги во специфичните услови за работа при производството на челик и топловалани лимови, нашето Друштво го вбројуваат во компаниите кои делуваат во сегментот на металуршката индустрија.

Покрај овој тип на услуги, кој е поспецифичен и несекојдневен, од страна на

менаџерскиот тим и на вработените во РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје воопшто, во последните години се прават максимални можни напори за проширување на дејностите во оние области за кои друштвото располага со соодветна опрема и инфраструктура. Така се планира постепено обновување на многу застарената механизација, за поинтензивно учество во надворешни проекти, а се прават напори и за проширување на дејностите од областа на сервисирање и одржување на тешки товарни возила и градежна механизација во нашата работилница за одржување и ремонт и за потребите на надворешни коминтенти. Се разбира, напоредно со развојните активности се работи и на зголемувањето на квалитетот и квантитетот на оние услуги кои се веќе постојани и континуирано се одвиваат и тоа како за компаниите во кругот на Железарницата, така и за надворешните коминтенти.

1.2. Долгорочни цели на компанијата

Основна долгорочна цел на компанијата е зголемување на квантитетот и

квалитетот на услугите за постојните коминтенти, а секако и што е можно поголемо проширување на дејностите и зголемување на бројот на нови коминтенти за кои РЖ

Page 3: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

3

“Интер-трансшпед“ АД Скопје ќе ги пружа своите услуги. Логото на менаџментот на компанијата е “секоаш можеме подобро и повеќе“. За таа цел, РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје ќе мора да изврши проширување и обновување на сегашните просторни и инфраструктурни потенцијали, дооформување на кадровските потенцијали, како и проширување на возниот и машински парк, како би се обезбедило подобрување на квалитетот на услугите кон постоечките коминтенти и новите корисници на услугите, што секако би значело и остварување на поголем профит.

Со самиот факт дека РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје долги години e дел од

секторот транспорт и шпедиција, разбирливо на долгорочен период, меѓу другото, се наметнува и идејата за развој и на надворешниот транспорт и шпедиција.

2. СТРАТЕГИЈА НА РАСТ

Проектираниот раст на РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје во 2021 година, како

што веќе е споменато, во основа ќе биде насочен кон зголемување на квантитетот, но секако и квалитетот на постојните услуги кои се нудат. Растот на Друштвото не би можел ниту да се замисли без превземање активности за проширување на работењето од постојните активности кои во моментот се извршуваат, во други слични дејности. Или со други зборови, стратегијата на раст се базира на типот на концентрична диверзификација, т.е. проширување на делувањето на друштвото во дејности од сличен карактер. Ова од причини што во минатите години, а и сега во моментов, зависноста на РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје од еден правен субјект за кој ги извршува најголемиот дел од своите услуги, а тоа е “Макстил“ АД Скопје, е преголема. Така, со планираното проширување на активностите на Друштвото во сродни дејности, кои во минатото РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје веќе ги извршувало (делумно или целосно), ќе се овозможат приходи и од други коминтенти (внатрешни или надворешни) и на тој начин ќе се ублажи зависноста на нашето Друштво од само еден правен субјект.

За секторот кој во рамките на Друштвото започна да функционира во 2008

година, а чија задача е одржување на зеленилото, сообраќајниците и уличното електрично осветлување во кругот на Железарницата, посебен акцент ќе биде ставен на уште поголемо зголемување на нивото на квалитетот, проектот таков каков што беше замислен, веќе е целосно обликуван и ја добива посакуваната конечна форма.

Иако во 2020 година година, со оглед на исклучително тешката финансиска

ситуација, не се извршија некакви активности во поглед на санирањето на исклучително лошата состојба на објектите и инфраструктурата со кои располага и кои ги користи Друштвото, како би се подобриле условите за работа на вработените, ќе се направат напори во деловната 2021 година да се испланираат и изведат активности и проекти во овој поглед. Така, ќе се направат обиди за обновување и на фасадата и административниот простор во внатрешноста на овој објектот Дирекција, а се планира, доколку е можно, обновување на санитарни чворови и туш кабини во делот предвиден за тоа во објектот кој се користи - механичката работилница.

Финансирањето на споменатите проекти и проширувањето на сегментите на

работењето, како и досега ќе се одвива во еден дел од сопствени средства, а еден дел од сопствени извори на финансирање.

3. ПАЗАР И КОНКУРЕНЦИЈА

Имајќи го предвид фактот дека основната дејност на РЖ “Интер-трансшпед“ АД

Скопје, според гореспоменатото, е пружањето на услугите за “Макстил“ АД како логистика во процесот на производство на челик и топловалани лимови, може слободно да се каже дека подрачјето и барањата за делување на оперативата на Друштвото се релативно точно дефинирани. Искуствата стекнати со долгогодишното работење на компанијата во ова опкружување, а како резултат на тоа и големата стручност и

Page 4: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

4

оспособеноста за извршување на работните задачи во тоа специфично опкружување и во карактеристичните и многу тешки услови за работа, секако се нешто што го позиционираат РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје над другите конкуренти во тој поглед. Сите работни задачи во кругот на Железарницата, вклучувајќи ги и оние кои се извршуваат во екстремно тешките работни услови кои владеат во Челичарницата при изнесувањето на отпадниот материјал од процесот на производство на челик (троска, фитерска прашина и сл.), се извршуваат со градежни машини (булдозери, багери и утоварувачи) и тешки товарни возила кои не се специјализирани за работа во челичарници и такви екстремно тешки работни услови, туку се вршат најразлични прилагодувања како истите би можеле да одговорат на поставените барања и задачи.

Ова е податок за РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје кој во исто време може да

претставува голема предност во однос на конкуренцијата, но од друга страна и голема слабост. Споменатото огромно долгогодишно искуство, од кое произлегува и стручноста на кадарот да ги извршува работните задачи во споменатите работни услови, ја претставуваат предноста на нашето друштво пред конкурентските фирми. Од друга страна пак, нашата слабост се согледува во фактот дека РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје главно располага со многу застарен и амортизиран возен и машински парк, наспроти големото присуство во последните години на користени градежни машини и тешки возила донесени како половни од западноевропските земји. Овие машини, според нивниот понов датум на производство, исправноста и беспрекорната функционалност, како и помалата потрошувачка на гориво и помалите трошоци за одржување, можат да претставуваат голема конкуренција на онаа механизација со која располага нашето друштво. Кога станува збор за трошоците пак, она што е неповолно за РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје се и споменатите екстремно тешки услови за работа (троската која се изнесува е материјал со многу висока абразивност, но најчесто е и загреана на многу високи температури па и до степен на вжареност), поради што роковите за одржување и сервисирање на машините се далеку пократки (многу почести сервисирања), додека интервалите помеѓу редовните промени на потрошните делови и материјали се намалуваат дури и за 6-8 пати.

Поради горенаведеното, било која компанија со увезена половна механизација

која, сепак е во далеку подобра работна кондиција од нашите машини, а со тоа и со намалени оперативни трошоци, би можела да претставува силна конкуренција и сериозна закана за работењето на нашето друштво.

Она што беше споменато погоре упатува на констатацијата дека и во 2021 година

треба да се продолжи со напорите за обновување на нашата механизација. Понатамошното обновување и зајакнување на постојната механизација, набавка на користени (половни), функционални возила и работни машини, како и оспособувањето на оние машини и возила кои веќе подолго време биле или пак во моментов се надвор од употреба ќе обезбеди ефективна одржливост на друштвото од една страна, како и обезбедување на резервна механизација потребна да се одговори на сите барања во најкус можен рок и со најголем можен квалитет, како и за проширување на областите на работењето. Од друга страна пак, со обезбедување на посебни финансиски средства за оформување на потребната залиха на готови резервни машински системи (ремонтирани погонски агрегати за различните типови и машини и сл.) ќе се обезбеди намалување на времетраењето на сервисирања и поправки од поголеми размери (ремонти на мотори, репарации на менувачи, генерални поправки на хидраулични пумпи и мотори и сл.), односно во голема мерка ќе се подобри оперативноста - поголем профит од работењето како резултат на намалување на времетраењето на застоите на машините.

Кога станува збор за ширењето на Друштвото внатре, во кругот на

Железарницата, ќе се стремиме постоечката конкуренција да ја победиме со тоа што ќе биде понуден повисок квалитет на услугите од областа на внатрешниот транспорт и логистиката, како и обезбедување на квалитетни услуги од областа на она што веќе го работиме: одржувањето на зелените површини, се разбира со понуда на поволни цени.

Page 5: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

5

4. SWOT анализа (Предности, Слабости, Можности и Ограничувања) Употребата на SWOT анализата за утврдување на оперативноста на Друштвото

е од голема важност при проектирањето на годишниот деловен план. Според оваа анализа, во табелите кои следат групирани се екстерните и интерните фактори кои се присатни во Друштвото:

ИНТЕРНИ ФАКТОРИ

ПРЕДНОСТИ:

1.

Голема стручност за посебни услови на работа

2.

Локациска присутност

3.

Големи проекти со мали инвестиции

СЛАБОСТИ:

1.

Преголема зависност од мал број на услуги

2

. Зголемени трошоци поради стари основни средства

3

.

Старосна структура на работен кадар (во поодминати

години)

5. ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Концептот на организациската структура во РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје е

со секторски групирани активности според подрачја на делување. Согласно постојната организација и систематизација на работни места, концентриран менаџмент не постои, туку раководењето е со раководни лица по работни единици.

ЕКСТЕРНИ ФАКТОРИ

МОЖНОСТИ:

1.

Зголемена побарувачка на услуги од овој тип

2.

Лоши инфраструктурни услови во кругот на фабриката

3. Добра инфраструктурна база за планирани проекти

ОГРАНИЧУВАЊА:

1.

Зависност од мал број на коминтенти

2.

Намалување на обемот на работата во Макстил АД

3.

Конкуренција од половна увезена механизација

Page 6: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

6

Анатомијата на нашата организациона структура е на три нивоа, од кои првото ниво е менаџмент составен од Одбор на директотжри и извршен директор. Поради динамиката во развојот на науката, пазарот и законските регулативи, постои континуирана потреба за надградување на потенцијалот и знаењата на раководната структура. Иако постои идеја за изготвување на нова, посовремена, организација и систематизација на работни места, во моментов организационата структура на Друштвото е составена од повеќе работни единици и тоа:

РЕ за внатрешна ревизија;

РЕ за правни и општи работи;

РЕ за финансиско, книговодствено и материјално работење;

РЕ за комерцијално и магацинско работење;

РЕ за Оператива и возен парк;

РЕ за Одржување и ремонт;

Состојбата со човечките ресурси во РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје е на задоволително ниво. Покрај раководниот кадар, кој без исклучок е со високо образование (повеќе дипломирани инженери од технички струки како и еден дипломиран економист), во оперативниот дел преовладува релативно образуван кадар, најчесто со средна стручна подготовка, како и високо квалификувани работници со специфична стручна квалификација (машинисти на градежна механизација, возачи на товарни возила, механичари, автоелектричари и слично). И покрај ова, од големо значење е потребата за подмладување на кадарот, наметната од нужноста за создавање на кадровски потенцијал кој ќе се носи со новите и современи предизвици за идна ефективна одржливост на Друштвото.

Со оглед на планираните активности во насока на проширување на дејностите,

односно зголемување на активностите на Друштвото, постојано се наметнува потребата од правење на помали или поголеми промени во рамките на структурната организација и систематизацијата на работните места. Овие промени на организационата струтура најчесто се согледуваат во постојаното приспособување на истата согласно честите промени на условите, активностите и односите помеѓу вработените, како и групирање на активностите согласно поставените стратегиски цели на компанијата. Постојаните промени на организациската структура неретко се потребни и со цел за разјаснување на линиите на одговорност, како и поставување на авторитетот, одговорностите и овластувањата во рамките на претпријатието кои ќе овозможат постигнување на зацртаните цели.

6. ФИНАНСИСКА ПРОЕКЦИЈА НА ПЛАНОТ 6.1. Менаџерски проекции на приходите

Табела 6.1. Приходи од услуги

ред Видови услуги един. кол. един. износ(ден.) учество

бр. мера цена %

1. Услуги во транспорт 43.500.000,00 85,92

2. Услуги во угостителство 25.000,00 0,05

3. Услуги во сервисирање и одржување 190.370,00 0,38

4. Услуги од авто-школа 0,00 0,00

5. Закупнина-кирија 672.000,00 1,33

6. Останати услуги 350.000,00 0,69

7. Услуги во одрж.на зеленило и патишта 5.889.000,00 11,63

8. Услуги во надв. транспорт по тендери 0,00 0,00

ВКУПНО: 50.626.370,00 100,00

Page 7: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

7

6.1.1. Коментар Проекцијата за приходите за 2021 година е направена имајќи ги предвид сите

релевантни фактори, како и реалните услови за изведување на планираните активности. Како основа земена е реализацијата на друштвото во минатата 2020 година и сите оние нови активности кои се планирани за 2021 година. Проектираниот приход, особено во услугите од областа на внатрешниот транспорт, заснован е на плановите на коминтентите (особено “Макстил“ АД Скопје) за задржување на истото ниво за валање лимови, како и за мало зголемување на нивното производство на челик во претстојната 2021 година, што неминовно би предизвикало и зголемување на квантитетот на нашите работни обврски и задачи.

Планираната реализација од услуги во транспортот се заснова на неколку

фактори и тоа:

Реалните можности на Друштвото да ја изврши реализацијата со средствата кои ги поседува;

Досегашните барања на коминтентите и нивните планови за 2021 година; Проекцијата за реализацијата од сервисирање и одржување на возилата е

направена според реалниот пазар и состојбите во кругот на Железарницата и според плановите за пружање на сервисни услуги и за надворешни коминтенти, со оглед дека тоа претставува обновување на една стара активност која полека но сигурно, оди во нагорна линија.

Приходот од закупнината на објектите кои се издадени во подзакуп е заснован на

постоечките договори чија важност продолжува и во 2021 година. Работната единица која во 2008 година беше формирана за извршување на работни задачи од областа на одржувањето на зелените површини, сообраќајниците и електричното улично осветлување во кругот на Железарницата, во текот на целата 2020 година беше во фаза на стабилно и нормално функционирање. Приходот од оваа дејност за 2021 година е проектиран врз база на важечките потпишани договори со коминтентите чија важност продолжува и во деловната 2021 година, како и можноста за склучување на договори со други коминтенти во кругот на Железарницата.

Табела 6.2. Приходи од трговска стока

ред Трговска стока един. кол. един. износ (ден.) учество

бр. мера цена %

1. Нафта лит. 2900 53 153.700,00 1,65

2. Други стоки (лимови) 8.875.700,00 95,14

3. Старо железо kg. 30000 10 300.000,00 3,22

4. ВКУПНО: 9.329.400,00 100,00

6.2.1 Коментар Како појдовна рамка за проектираната реализација земена е просечната

реализација од трговски стоки во 2020 година, а со дорасчистување на непотребниот отпад од делови, возила и машини од кругот на РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје ке се обезбеди одредена количина на старо железо од висока класа чија продажба ќе го донесе проектираниот приход.

Page 8: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

8

Табела 6.3. Вкупни приходи

ред Реализација износ (ден.) учество

бр. %

1 Од услуги 50.626.370,00 84,44

2 Од трговска стока 9.329.400,00 15,56

3 ВКУПНО: 59.955.770,00 100,00

7. РАСХОДИ

Расходите за 2021 година се проектираат врз основа на нивната намена и тоа: 7.1. Материјални трошоци 7.1.1 Општи административни трошоци Материјалните трошоци кои се планирани за следната деловна 2021 година се

направени врз основа на планираниот обем на услужни дејности и нормите кои беа постигнати во 2020 година.

Проектираните административни трошоци пак, се во согласност со моментните

договори за користење на административните услуги и трошоците од 2020 година. Нивото на платите е планирано да биде согласно постоечката систематизација и

обемот на работа, односно реализацијата на Друштвото од изработеното и пружените услуги кон коминтентите. При планирањето на оваа ставка мора да се води сметка и за фактот дека се потешко е задржувањето на вработените и тешкотии во наоѓањето нови работници, па оттука мора да се води сметка за висината на платите на вработените, како би се задржал кадарот и во оваа тешка деловна ситуација на Друштвото.

Амортизацијата е планирана согласно законските стапки. 7.1. Проектирани материјални трошоци Табела 7.1.1. Материјални трошоци

ред. Директен трошок един. кол. един. износ учество

бр. мера цена %

1. Гориво (нафта) lit. 2.836.000,00 22,92

2. Резервно делови 2.770.000,00 22,39

3. Услуги репарација 260.000,00 2,10

4. Гуми 2.450.000,00 19,80

5. Моторно масло, хидрол 798.000,00 6,45

6. Градежни материјали 145.000,00 1,17

7. Гориво (бензин) 155.000,00 1,25

8. Надворешни транс.услуги 2.450.000,00 19,80

9. Електрична енергија 510.000,00 4,12

10 ВКУПНО: 12.374.000,00 100,00

7.2. Планирани општи и административни трошоци

Табела 7.2. Општи и административни трошоци

Page 9: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

9

ред. Трошок Износ Учество

број %

1 Плата и придонеси 28.900.000,00 80,16

2 Исхрана на вработените 1.327.000,00 3,68

3 Амортизација 195.000,00 0,54

4 Хигиенска вода 375.000,00 1,04

5 ПТТ услуги/интернет/моб.тел. 220.000,00 0,61

6 ХТЗ опрема 93.000,00 0,26

7 Осигурување 180.000,00 0,50

8 Физичко обезбедување 990.000,00 2,75

9 Останати услуги 500.000,00 1,39

10 Службени патувања 15.000,00 0,04

11 Репрезентација 10.000,00 0,03

12 Канцелариски материјали 45.000,00 0,12

13 Реклама 10.000,00 0,03

14 Комунални услуги 274.000,00 0,76

15 Брокерски услуги 10.000,00 0,03

16 Испратнина за технолошки вишок 0,00 0,00

17 Интелектуални услуги 834.000,00 2,31

18 Регистрации на возила 60.000,00 0,17

19 Котација на берза 75.000,00 0,21

20 Здравствени прегледи 93.000,00 0,26

21 Списанија и стручна литература 70.000,00 0,19

22 Услуги од одр.хигиена, ситен инвентар и др. 10.000,00 0,03

23 Спонзорство 0,00 0,00

24 Банкарска провизија и слично 25.000,00 0,07

Закупнина на објектите 1.740.000,00 0,05

ВКУПНО: 36.051.000,00 100,00

7.2.1. Анализа на општите и административните трошоци Како најголема ставка, со учество од 80.36%, кај овие трошоци се појавуваат

платите на вработените, а како основа се земени потпишаните договори за работа. Редовните трошоци за хигиенска вода, комуналните услуги и останатите редовни трошоци, проектирани се на исто ниво како во 2020 година. Трошоците за физичко обезбедување, со оглед на траењето и важноста на непроменетите договори со РЖ “Услуги“ АД Скопје, за надворешно обезбедување на кругот на Железарницата и агенцијата за обезбедување “УНА“ ДООЕЛ – Скопје за внатрешно обезбедување, исто така се на истото ниво како во деловната 2020 година.

Трошоците за интелектуални услуги, кои во основа се состојат од економски и

правни услуги, како и трошоците за котација на берза и брокерски услуги се во согласност со важечките договори.

Останатите трошоци се состојат од трошоци за надомест на членовите на Одбор

на директори (со платени давачки кон државата) и авторски права, а истите се на нивото од претходната година.

7.3. Планирани трошоци од трговска стока

Таб.7.3. Трошоци од трговска стока

ред трошок износ учество

бр. %

1. Гориво 180.000,00 2,05

2. Друга трговска стока 8.600.000,00 97,95

3. Вкупно 8.780.000,00 100,00

Page 10: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

10

7.4. Трошоци од минати години Табела 7.4. Трошоци од минати години ред. opis износ учество

број %

1. Резервирани трошоци 0,00

2. Трошоци од отпис на побарувања 1.000.000,00

3. ВКУПНО: 1.000.000,00

7.5. Преглед на вкупни расходи Табела 7.5. Преглед на вкупни расходи

ред. Трошок Износ Учество

број %

1. Материјални трошоци 12.374.000,00 21,26

2. Општи и административни трошоци 36.051.000,00 61,94

3. Трошоци од трговска стока 8.780.000,00 15,08

4. Трошоци од минати години 1.000.000,00 1,72

5. ВКУПНО: 58.205.000,00 100,00

7.6. Планирани ефекти од работењето Табела 7.6. Планирани ефекти од работењето

ПРИХОДИ (ден.) РАСХОДИ (ден) ФИН.ЕФЕКТ (ден.)

59.955.770,00 58.205.000,00 1.750.770,00

8. ИНВЕСТИЦИОНЕН ПЛАН 8.1. Обнова на возен и машински парк и создавање на залиха од резервни

мотори и и технички ситеми Табела 8.1. Поправка на работни машини и други инвестиции ред. Работна машина/возило износ (ден.)

број

1 Реновирање на адм.простории и внатрешност на дирекција 1.200.000,00

2 Ремонт на мотори 2FB (резерва) 600.000,00

3 Градежни работи - фасадирање на дирекција 1.500.000,00

ВКУПНО: 3.300.000,00 8.1. Образложение Потребата од инвестициите во табелата 8.1., се однесува за репарација на

градежните објекти, посебно објектот дирекција на РЖ ИТШ АД Скопје. На овој објект беше направена реконструкција на кровната конструкција и целосно препокривање. Со тоа објектот е заштитен од протекување во внатрешните простории, кои пак сега треба да се санираат од долгогодишните оштетувања како резултат на протекувањата при секој поголем дожд. Во контекст на тоа, доколку постои можност и финансиски средства, потребно е да се изработи и надворешна фасада на целиот објект – дирекција.

Што се однесува до оспособување на резервните склопови потребни за

намалување на времето на застој при сервисирањата, предвидените зафати се во согласност со генералниот план за создавање на една залиха на делови и склопови која е вообичаено потребна за постигнување задоволителна ефективност во работењето.

Page 11: ДЕЛОВЕН ПЛАН за 2021 година

11

Табела. 8.2. Набавка на работни машини ред. Работна машина износ

број денари

2 Багер до 30t 3.000.000,00

4 ВКУПНО: 3.000.000,00

8.2. Образложение Поради староста на градежната механизација, а имајќи ја предвид потребата

од постепено обновување на средствата за работа, најнеопходно е потребна набавка на еден багер кој би се користел највеќе на позицијата за утовар на отпадниот материјал од процесот на производство на челик во Макстил АД Скопје.

9. ЗАКЛУЧОК

РЖ "Интер-трансшпед" АД Скопје е компанија која континуирано

работи на подобрување на имиџот и на својот развој во поглед на подигнување на квалитетот на постојните услуги, но и воведување на нови услуги согласно стручната оспособеност, техничката подготвеност и можности.

Целта на проширување на дејностите и воведувањето на новите

услуги е да се обезбедат услови за поголеми приходи кои сепак главниот ефект би го имале во годините кои претстојат

Континуирано се превземаат мерки за намалување на трошоците во

работењето, а се разбира големо влијание на намалувањето на оперативните трошоци би имало обновувањето на возниот парк, што пак од друга страна би придонело на коминтентите да можат да им бидат понудени и поквалитетни услуги.

Значителен проблем во развојот претставува нерешениот статус на земјиштето, што е голема пречка во превземањето на позначителни инвестиции.

Деловниот план за 2021 година е изработен врз основа на релевантни показатели и е реален.

ИЗРАБОТИЛ

Раководител на РЕ за Економски работи дипл.екк.Билјана Андова

ОДОБРИЛ

Извршен член на ОД на РЖ “Интер-трансшпед“ АД Скопје

Д-р Деан Брковски, дипл.маш.инж.