Активни банкарски работи

21
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „Јане Сандански“ Струмица ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА Предмет: Деловно работење Наслов на темата : Активни банкарски работи Професор-Ментор: Ученик : Ленче Пиличева Славе Наков IV 8

description

семинарска

Transcript of Активни банкарски работи

Page 1: Активни банкарски работи

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ

„Јане Сандански“

Струмица

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА

Предмет: Деловно работење

Наслов на темата :

Активни банкарски работи

Професор-Ментор: Ученик : Ленче Пиличева Славе Наков IV8

Март 2012

Page 2: Активни банкарски работи

С О Д Р Ж И Н А

Вовед............................................................................................................... 3

1.Активни банкарски работи................................................................................ 4

1.1 Видови кредити ............................................................................................... 5

1.1.1 Краткорочни банкарски кредити ................................................................5

1.1.2 Долгорочни банкарски кредити ................................................................. 8

2. Кредитирање во Република Македонија .......................................................10

2.1 Краткорочно кредитирање на правни лица ................................................ 10

2.2 Долгорочно кредитирање на правни лица................................................... 11

3. Кредитирање на населението.......................................................................... 12

3.1 Краткорочно кредитирање на населението.................................................. 13

3.2 Долгорочно кредитирање на населението................................................... 13

Заклучок.................................................................................................................14

Користена литература.......................................................................................... 15

2

Page 3: Активни банкарски работи

Вовед

Од аспект на функциите на банката, сите нејзини активности можеме да ги

поделиме на следниве банкарски работи:

А) Работа за прибирање и концентрирање на парични средства, или како уште се

нарекуваат мобилизаторски банкарски средства. Бидејќи банката се јавува во улога на

должник кон сопствениците на депонираните парични средства, овие банкарски работи

се нарекуваат уште и пасивни банкарски работи. Во билансот на банката, овие средства се

јавуваат на страната на пасивата.

Б) Кредитни банкарски работи или работи на банкарските пласмани. Бидејќи банката кај

овие работи се јавува во улога на доверител, овие банкарски работи се нарекуваат

активни банкарски работи. Овие банкарски работи се водат како побарувања на банката

на страната на активата од билансот.

В) Во третата група спаѓаат посредничките банкарски работи. Тоа се работи кои банката ги

врши за сметка на трети лица и во кои не се јавува ниту како должник, ниту како

доверител. Токму поради ваквата улога на банките, овие банкарски работи уште се

нарекуваат неутрални банкарски работи.

Овие се трите главни групи на банкарските активности. Покрај овие, помалку

значајни, но присутни се и сопствените банкарски работи кои банките ги вршат во свое

име и за своја сметка.

Од аспект на рочноста, гореспоменатите банкарски работи ги делиме на

краткорочни и долгорочни.

3

Page 4: Активни банкарски работи

1. Активни банкарски работи

Активни банкарски работи се нарекуваат сите работи со кои банката, средствата

кои ги собира (мобилизира) со мобилизаторските банкарски работи ги пласира во вид на

кредити.

Поимот кредит води потекло од латинскиот збор ‘credore’ и означува

доверба во нешто. Тоа значи дека елементот на доверба е присутен за целосно време

додека трае кредитниот процес.

Од банкарска гледна точка, за активна банкарска работа се

смета онаа работа кога банката на својот комитент му дава на кредит одредена сума

пари, а комитентот се обврзува таа сума да ја врати во договорениот рок и да и плати на

банката одреден надомест во вид на камата. Значи, основната карактеристика на

кредитот е неговата повратност. Корисникот на кредитот е задолжен да го врати кредитот

во договорениот рок.

Без таа обврска, отстапувањето на средствата не се

смета за кредит туку за подарок или дотација или некоја друга форма на бесповратно

давање средства. За банката од голема важност е, да и се враќаат

кредитите во договорените рокови. Во спротивно таа ќе западне во неликвидност, а ако

невратените кредити се во поголеми износи може и да пропадне односно да банкротира.

Поради тоа, банките пред да го одобрат

кредитот ја испитуваат кредитната способност на барателот на кредитот, а често бараат и

гаранција од трети лица за обврските на должникот по дадениот кредит. Кредитот има

многу важна улога во економскиот живот на една земја. Со кредитот се олеснува и се

зголемува прометот на стоки и услуги. Тој овозможува освојување на нови пазари,

продажба и надвор од границите на една земја.

4

Page 5: Активни банкарски работи

1.1 Видови кредити

Поделбата на кредитите може да се врши според различни критериуми. Според

предметот на кој гласаат и во кој се враќаат, се разликуваат натурални и парични кредити.

Натуралните се даваат во стока се враќаат во стока додека кај паричните кредити имааме

давање и враќање на пари.

Според субјектите кои одобруваат кредит се разликуваат: комерцијални и

банкарски кредити. Кај комерцијалните купувачот ја плаќа стоката по одредено време. Од

моментот на плаќање на стоката, тој е кредитиран од страна на продавачот.

Банкарските кредити се оние кои ги даваат банките на своите комитенти.

Денеска овие кредити се најраширени.

Според рокот на траење се разликуваат : краткорочни, среднорочни

и долгорочни кредити.

Според економската намена за која се даваат кредитите

разликуваме производни и потрошувачки кредити.

Според рочноста односно според правилото на

краткорочните извори на средствата да се пласираат во краткорочни а долгорочните

извори во долгорочни кредитни пласмани, имаме краткорочни и долгорочни банкарски

кредити

1.1.1 Краткорочни банкарски кредити

Банките одобруваат краткорочни кредити најчесто за задоволување на потребите

на корисниците со обртни средства. Барателот на кредитот, во своето кредитно барање

до банката треба да образложи дека не располага со свои средства и дека кредитот ќе го

користи за покривање на потребите од обратни средства.

Постојат повеќе видови краткорочни кредити:

- Есконтен кредит

- Конто-корентни кредити ( кредити на трансакциските сметки)

5

Page 6: Активни банкарски работи

- Ломбарден кредит

- Акцептен кредит

- Рамбурсен кредит

- Авален кредит

Застапеноста на овие видови кредити во одделни земји е различна. Колку е

поразвиена земјата, толку е поголем степенот на застапеност на овие кредити и обратно.

Eсконтен кредит. Е таква банкарска работа која се состои во купување на меница

од страна на банката кои не се доспеани, со одбивањето на одредена камата до денот на

доспевањето на меницата. Отварањето на есконтен кредит од страна на банката бара

извршување на претходните работи во врска со испитување на кредитната можност,

односно бонитетот на главниот меничен должник и жирантите, како и кај секој друг вид

на кредит. Основа за давање на есконтен кредит е есконтираната меница на комитентот

на банката. Есконтот најчесто се дефинира како откуп на побарувањата според рокот на

неговата доспеаност. Во деловната практика деловните банки вршат есконтирање на

меница на економските субјекти коишто изврпиле продажба на стоки со одложени

рокови со плаќање.

Конто-корентни кредити. Една од најраспространетите форми на

краткорочни кредити во светот се т.н конто- корентни кредити, односно кредити на

трансакционите средства. Претпријатијата кои имаат такви сметки во банката, сите свои

финансиски трансакции ги вршат преку неа. Според карактерот на салдото, сметките

може да бидат активни, доколку на сметката има повеќе уплати отколку исплати и

пасивна, доколку има повеќе исплати од уплати. Во случај кога сметката е пасивна

претпријатијата е кредитирано од банката. Претпријатието и банката при отварање на

трансакциската сметка склучуваат договор за максималниот износ на здружувањето на

трансакциската сметка кај банката. Со други зборови се одредува рамковниот износ на

кредитот што претпијатието може да го користи во одреден период. Она што е

специфично и го прави да се разликува овој кредит од другите, е тоа што средствата од

кредитот, на комитентот не му се ставаат веднаш на располагање во целиот износ.

6

Page 7: Активни банкарски работи

Комитентот според потребите искористува дел по дел од кредитот, а плаќа камата само

на искористениот дел од кредитот. Тоа, овој вид на кредит го прави многу порационален

од другите видови на кредити каде што средствата веднаш се ставаат на располагање. За

жал кај нас се уште не се обезбедени сите услови за поширока примена на овој вид на

кредит. Основна пречка е големиот расчекор меѓу побарувачката за кредити и понудата

на кредити.

Ломбарден кредит. Ломбардниот кредит е краткорочен банкарски кредит кој се

одобрува врз основа на заложени реални подвижни добри. Стопанските субјекти кои се

јавуваат како кредитобаратели, во банката заложуваат или вредносни хартии или некои

други подвижни реални добра. Кога се одобрува ломбарден кредит на граќаните во тој

случај тие заложуваат во банката накит, уметнички слики и скапоцени метали (најмногу

злато). Кредитот по правило се дава во висина од 60 до 75 % од висината на залогот. Од

ова правило се отстапува само кога како залог служи златотот. Кога е заложено злато,

тогаш кредитот изнесува 100% од вредноста на златото. Во нашата земја, овој вид на

кредит сеуште не е доволно развиен. Меѓутоа, банките во последно време својата

активност се повеќе ја свртуваат и кон овој вид кредит.

Акцептен кредит. Акцептниот кредит е специфичен банкарски краткорочен кредит.

Специфичноста се состои во тоа што банката не му одобрува на комитентот парични

средства, туку му ја акцептира меницата и со тоа банката станува главен меничен

должник. Со акцептирањето на меницата, банката го подигнува угледот и кредитната

способност на издавачот на меницата. Со акцептот на меницата од страна на банката, тој

може многу полесно да заклучи одредена комерцијална работа или, пак, да добие

есконтен или друг вид на кредит. Оваа банкарска работа е мошне раширена во

домашниот и меѓународниот промет. Особено во меѓународниот стоков промет

вообичаено е една банка да кацептира меници на друга банка или, пак, на увозниците на

стоки. Секако дека банката пред да отвори акцептен кредит, склучува договор со својот

комитент. Во договорот се именува висината на сумата, покритието на кредитот што го

нуди комитентот, рокот на траењето, провизијата и слично.

7

Page 8: Активни банкарски работи

Рамбурсен кредит. Овој вид на кредит се применува исклучиво во меѓународниот

стоков промет, особено во прекуморската трговија. Со оваа банкарска работа се

занимаваат само големи банки, односно банки кои имаат висок меѓународен углед и

поверени. Најпознати банки кои даваат рамбурсен кредит се лондонските банки. Во оваа

банкарска активност, по правило, се вклучени пет субјекти и тоа, увозникот, банка на

увозникот, рамбурсна банка, извозникот и банка на извозникот.

Авален кредит. Авалот претставува гаранција со која тој што го дава авалот –

авалистот, безусловно и неотповикливо гарантира дека ќе ја исплати меничната сума, ако

неа не ја исплати меничниот должник. Банката која дава авал гарантира за обврската на

својот комитент и тој комитентот врз основа на така авалираната меница може многу

полесно да добие стоков или есконтен кредит. Банката при одобрувањето на авален

кредит не ангажира свои средства. Само во исклучителни случаи, кога нејзиниот комитент

не може да ја плати доспеаната меница, банката, како авалист, ја плаќа меницата.

1.1.2 Долгорочни банкарски кредити

Долгорочните активни банкарски кредити во најголем дел се поврзани со

одбрувањето на долгорочни кредити. Долгорочните кредити, по правило се даваат за

финансирање на потребите на проширената репродукција (развој на бизнисот).

Банките ги мобилизираат слободните парични средства од субјектите на кои

на подолг рок не им се потребни и ги пласираат кај оние субјекти кои се дефицитни со

такви средства.

Банките треба да бидат многу повеќе внимателни при одобрување

на долгорочните кредити, затоа што ризикот да не можат да ги повратат е многу поголем

во споредба со краткорочните кредити. Токму заради поголемиот ризик што со себе го

носи подолгиот рок, вообичаено е овие кредити да имаат нешто повисока каматна стапка

во однос на кредитите со пократок рок на доспевање.

Најважни видови долгорочни кредити се :

8

Page 9: Активни банкарски работи

- Инвестициони кредити

- Хипотекарни кредити

- Конзорционални кредити

Инвестициони кредити. Инвестиционите кредити се даваат најчесто за купување

опрема (машини и разни други апарати), заради проширување на капацитетите или

заради нивна реконструкција и модернизација. Овие кредити, банките ги одбруваат од

средствата што ги собрале преку долгорочните пасивни банкарски работи. Тоа се најчесто

орочени депозити од правни и физички лица. При одобрувањето на инвестиционите

кредити, банката мора многу внимателно и стручно да го испита кредитното барање.

Банката покрај тоа што треба да ја утврди кредитната способност на барателот на

кредитот, исто така, треба да направи стручна анализа на инвестициониот елаборат за да

ја утврди рентабилноста на инвестицијата. Секоја површност во тие стручни оценки на

елаборатот, може скапо да го чини, не само корисникот на кредитот, туку и банката и

државата.

Хипотекарни кредити. Хипотекарните кредити ги одобруваат банките врз основа

на заложување (хипотека) на некој недвижен имот (земја, зграда и слично) од страна на

барателот на кредитот. Според тоа хипотекарниот кредит спаѓа во групата реални

кредити, а тоа значи дека тој не се одобрува врз основа на личната кредитна способност

на барателот на кредитот, туку се одобрува врз основа на недвижниот имот што го

заложува. Вообичаено е кредитот да се одобрува во висина од 50 до 60 % од вредноста на

заложениот имот. Притоа, за сето време додека не се врати кредитот, сопстввеникот на

имотот не смее да превзема никакви дејства со кои би се намалила вредноста на имотот.

Во договорот што го склучува банката со комитентот исто така бара од него да го осигура

заложениот имот, а полисата да ја винкулира односно да го пренесе правото на

сопственост на банката. Вообичаените рокови на кои се даваат хипотекарните кредити се

од 10 до 30 години. Во нашата земја хипотекарните кредити најчесто се застапени во

9

Page 10: Активни банкарски работи

областа на финансирањето на станбената изградба и во работењето со населението. Во

последно време хипотекарни кредити банките доделуваат и на правни лица.

Конзорционални кредити. Во случаи кога се работи за некои поголеми износи на

кредити кои не може една банка да ги одобри, најчесто се здружува со повеќе банки,

формираат банкарски конзорциум и одобруваат заеднички кредит. Во тој случај тие се

договараат која банка колкав удел ќе има во одобрувањето на кредитот. На тој начин

банките го распоредуваат и ризикот во случај на неможност да се врати кредитот. При

конзорционалните кредити, ризикот е далеку помал во споредба кога една банка сама

доделува кредит во поголем износ. Накратко речено, конзорционалните кредити се

доделуваат кога се во прашање некои поголеми инвестициони зафати и кога е во

прашање вложување со повисок степен на ризичност.

2.Кредитирање во Република Македонија

Банките во нашата земја во рамките на својата кредитна политкиа, можат да

даваат кредити на правни лиза и на населението.

Кредитите на правнте лица можат да бидат:

- За потребите на тековното работење и

- За инвестиции во основни и трајни обртни средства.

Кредитите на населението можат да бидат:

- Потрошувачки и

- Станбени.

2.1Краткорочно кредитирање на правни лица

10

Page 11: Активни банкарски работи

Една од најважните активности на банката е кредитирањето на потребите за

тековното работење на правните лица. За таа цел, банката на правното лице му одобрува

кредити за обртни средства. Тие се краткорочни кредити и служат како дополнителен

извор за обезбедување непречено одвивање на процесот на репродукција. Во таа смисла

банката своите краткорочни пласмани најчесто ги насочува во доделување кредити за :

1. Производство на стоки. Правните лица најчесто немаат доволно соспствени

обртни средства за остварување на планираните производни задачи. Една од

можностите е користење на банкарски кредити. Роковите се усогласуваат со

времетраењето на производниот процес. Во основа се даваат за една година.

Кредитите за производство на стоки се одобруваат за производство на

суровини и репроматеријали, производство на прехрамбени продукти, за

кредитирање на стоки за извос и др.

2. Промет на стоки. Овие кредити се доделуваат на производствени и трговски

правни лица и тоа можат да бидат кредити за купување на стоки и кредити за

продажба на стоки, кредити за извоз на стоки и кредити за увоз на стоки.

3. Кредити за залиха. Овие кредити банките ги дават на правните лица за да

можат полесно да ги пребродат временските несовпаѓања меѓу сезонските

залихи на готови производи од една страна и продажбата од друга страна.

4. Кредити за други намени

2.2 Долгорочно кредитирање на правни лица

Развојот на сопствениот бизнис, правните субјекти можат да го финансираат со

сопствени средства или со кредитни средства. Банкарските кредити за финансирање на

развојот на бизнисот се од долгорочен карактер и се нарекуваат уште и инвестициони

кредити.

Во банкарската практика најпознати се следниве видови инвестициони

кредити:

11

Page 12: Активни банкарски работи

- Кредити за основни средства. Овие кредити се употребуваат за изградба или

купување на основни средства. Тука влегуваат подигнување на нови градежни

објекти или пак реконструкција на постојните, изградба или купување опрема,

подигнување на долгорочни насади, вложување на обучување на кадри, изработка

на студии и слично.

- Кредити за трајни обртни средства. Трајни обртни средства се оние кои се трајно

врзани во процесот на работењето и со помош на кои се обезбедува нормално

одвивање на процесот на работење. Тие го менуваат својот облик од еден во друг

вид за да се вратат секогаш на почетниот облик. Такви средства се: готови пари,

суровини и материјали, производство во тек, залиха на готови стоки, побарување

од купувачите итн.

3. Кредитирање на населението

Современиот стоков промет скоро е незамислив без кредитирање на населението.

Со кредитирањето на населението се поттикнува личната потрошувачка, а преку личната

потрошувачка и производството на одредени добра.

Кредитирањето на населението може да се извршува на два начина:

А) преку продажба на стоки на населението на отплата од страна на

производните и трговските фирми.

Б) преку одобрување на банкарски кредити на

населението. Фирмите, производните и трговските често

практикуваат за одредени производи кои имаат поголема вредност (мебел, теписи, бела

техника ) и кои ги имаат на залиха во поголемо количество од оптималното да ги

продаваат на отплата. На тој начин ја зголемуваат реализацијата на тие стоки и

постигнуваат повисок степен на искористеност на капацитетите.

Банките пак во рамките на

својата деловна политика особено внимание посветуваат на кредитирањето на

12

Page 13: Активни банкарски работи

населението. Банките најчесто ги одобруваат следниве видови на кредити:

- Потрошувачки кредити

- Станбени кредити

3.1 Краткорочно кредитирање на населението

Во краткорочното кредитирање на населението спаѓаат потрошувачките кредити

кои банката ги одобрува на лица кои се во работен однос на неопределено време и други

лица кои имаат редовни извори на приходи, како што се пензионерите или лица со

самостојни професии.

Потрошувачките кредити имаат значајно место во стоковниот промет.Тие

овозможуваат поголема потрошувачка на стоки од куповната сила на потрошувачите, а

тоа пак влијае на зголемувањето на стоковната активност. Колку е една земја на повисок

степен од развојот на производните сили, толку и улогата на потрошувачките кредити е

поголема. Доколку стоковните фондови ги надминуваат куповните фондови на

населението. Тогаш преку кредитната политика, банките се поттикнуваат да даваат повеќе

потрошувачки кредити и под поволни услови. Обратна политика се води, кога куповните

фондови ги надминуваат стоковните фондови.

Потрошувачките кредити се одобруваат најчесто за купување на трајни

потрошни добра.

3.2 Долгорочно кредитирање на населението.

Овде спаѓаат станбените кредити, бидејќи овие кредити се користат за трајни

вложувања и бидејќи се даваат на долг рок, влегуваат во групата на долгорочни кредити

однсоно инвестициони кредити.

Банките еден дел од својот кредитен потенцијал го ангажираат и за давање

кредити за станбена изградба на населението.

13

Page 14: Активни банкарски работи

Повеќето банки во своите акти имаат одредено да даваат станбени кредити

за следниве намени:

- За купување и изградба на стан и куќа

- За доградба или надградба на стан и куќа

- За адаптација и уредување на стан или куќа

Заклучок

Банка е финансиска институција чија главна дејност е пребирање депозити и

давање кредити, како и извршување на платниот промет. Банките се најважни учесници

во финансискиот систем. Во целиот свет, банките се најзначајните и најголемите

финансиски институции, мерено преку нивното учество во вкупните средства на

финансискиот сектор. Современите банки претставуваат универзални, повеќеуслужни

финансиски институции, бидејќи нивните активности не се ограничени на

традиционалните банкарски работи, туку тие нудат и бројни небанкарски услуги.

Банкарските работи се доста важни за една национална економија па со

нивното непречено функционирање се задоволуваат потребите на секоторт претпријатија

и население како и надворешно- внатрешната трговија. Секогаш како потреби на

населението и претпријатијата, се парични средства односно кредитите кои се

расположливи во банките. Но овие кредити ќе им бидат достапни само доколку ги

исполнат потребните барања и доколку покажат економска зрелост. Ваквата поврзаност

меѓу банките и населението и претпријатијара се нарекува активна банкарска работа.

Активните банкарски работи се само дел од вкупните банкарски работи.

Тука спаѓаат уште и пасивните и неутралните банкарски работи, кои сите заедно се

регулирани со закоини и прописи кои допринесуваат за нивно работење.

14

Page 15: Активни банкарски работи

Користена литература

- Трпески, Љубе, Банкарство и банкарско работење, Скопје 2009- Петревски, Горан, Управуање со банките, Скопје 2011- http://www.google.mk - http://mk.wikipedia.org - Закон за банки

15