Зелени закоси

55
Јосифоска Анѓа Зелени закоси

description

Село Леуново - Македонија

Transcript of Зелени закоси

Page 1: Зелени закоси

Јосифоска Анѓа

Зелени закоси

Page 2: Зелени закоси

Родниот крај – лулка на раното детство

Page 3: Зелени закоси

Леунска корија

Најзелена, лелеава, извишенакај Студенче убавица,леунската коријастои стамена.Сега таа не тагуваизраснати има ели, боровиа и многу брези бели.Во лисјата крие бајкиЗа секири, пили, товарени коли.Собирале таму дрванаши стари баби, а и мајки.Од нив сега нема смеатие таму лежат камења им тешки тежат.- Јас те молам,ти коријо, со месецот сребрени бучната река, бидете им стражаво ноќите мрачни.

Page 4: Зелени закоси

Родно место

Ако денес или утре,јас кај тебе не се вратамродно место не тагувај,мисла моја или солза врела ќе ти пратам.

Не се губат тие сликиод утрински росии закоси од зелени треви.

Кај се тие потполошки дивии седела од најнежнимаховини сиви?

Да се вратам кога пролет чукаи в׳зелена руба штом се облече сета бука,и да слушам како ечи,кукавица кога кука.

Моја мисло брзо летии ти види како зора зории Деница ѕвезда како свети.

А приквечер златно сонце,висок Kораб ми те влече,скришум, тивко ти ми вети,сребрен месец над родното место да ми свети.

Page 5: Зелени закоси

Успение на Пресвета Богородица од Леуново

Page 6: Зелени закоси

Слики

Наспроти мојата куќа,на ритчето малоима една зелена шумасо тајни сочувани.

А кога бев мала,се качував горе, погоре и најгоре,се до ливадата Ливајца.

Сред неа имаголема бреза белатаа на тревителисјана сенка им сплела.

На зајдисонцеѕуници од бои,о, слики мои најмиливо срце мое чувани.

Page 7: Зелени закоси

Моето двориште

Двориште мое,дали ја чуваш зелената треваклупата стара,и приквечерината тивка?

Дали и борот исправен стои,приказни тивки да реди?

Дали се уште месечинатакрадешкум в׳корија одиљубовно соне да сониповторно утре над ридотпак да се роди?

Дали во ноќта свитбаби*

низ лисја светкаат и тивкосе кријат?

Мојава рака сакаедна да фати,па среќна мисла,во детски днида ме врати.

* Свитбаби - светулки

Page 8: Зелени закоси

Игри на моето детство

Има едно место,скриено во сенка,за празникот Тодорицаси варевме пченка.

Стои еден камен мал,на него по цел ден, си печевмелепчиња од кал.

По меѓите, по плочите сиви,собиравме за на зимакруши – вртешки диви.

Штом сонцето навалешезад Кораб да оди,со бардиња си носевме од Колоецизворски води бистри.

Page 9: Зелени закоси

Самовилска бара

Високо се издигнал Присојотнад патот што до село води.Планинската река кон себеполето ја влече, ја смирува,таа се разлева и потивко тече.

Ете тука, до врбата старанаправивме самовилска бара.

Се капевме, се плискавмево топлото лето, штомминеа полни коли сенопропаѓавме во барата со топлото тело.

Сега...многу ми е жал: реката пресушиврбата се исушиа и нашата бара.

Остана само Присојотсо мирисот на папрадот и дивата смрека.

Page 10: Зелени закоси

Мојата градина

Оваа година,со солзи ја навадивмојата градина.

Водата ја изгубиласвојата бразда, па се туткаше и пропаѓаше низнапаѓаните гранки и огнени лисја.

Струполена на земјалежеше оградата.Таму немаше стапнатоничија нога.

Наместо убави леиизраснале бабјаци дивии зелени коприви.

Page 11: Зелени закоси

Лето

Молкум се довлечка приквечерината,а кон мене еве ги моите друшки:свитбабите, месечината и тишината.

Некогаш по дворовите зборуваа старите:„Ѕвечкаат клопотликите дојде летото,ќе се покоси ли сеното?“

Гледам проѕирно небосо сите ѕвезди.

Дојди, пониско до мене слези,дувни ветерче низ боровитеи занишај ги лисјата на белите брези.

А косачот со изгревот на деница,го започнуваше денот.Во утрински роси, тој правешеод зелна трева закоси.

Со свиена чалма на главатаја растураше сончевината.

Со бардаче скриено во сенка,ја гаснеше оморината.

Ветрот по меѓите што р׳жеше,лице му пржеше.

На неговите раце беа одсликани букисо зелени и кафени корупки.

Под напластен хумустој длабоко лежи, кај местото Јаори,тамо велат ноќе играат оро ѓаволи.

Сега веќе немакој да коси во утрински роси,и да правиод зелена трева закоси.

Page 12: Зелени закоси

Овде сум

Овде сум сонцето в׳лице да ме грееи ветрот в׳грб да ме вее,каде дождецот ситно лее икаде се׳ се зеленее.

Овде сум да слушнам,како реката сред тишина бучии јачи.

Застани реко, кај брзаш,не одиш ти до Нил?Сакам да видам како носишпо некој лист пожолтен и гнил.

Овде сум да слушнам како под Тумба речиште шумолитече, камчиња и песок влече,патниче, прашај го, можебитоа за мене нешто ќе рече.

Page 13: Зелени закоси
Page 14: Зелени закоси

Зима во мојот крај

Дојди во зима, сиво небо ќе видиш.Ветерот снежиснегулку рони,а ти ќе мислишчудесен сон сони.

Овде е тивок молк,нема гракање на гускинит завивање на волк.

А кога ноќта ќе стасаи по некоја светилка свети,послушај како рекаташумоли, со себе сама збори.

Page 15: Зелени закоси

Сон

О, неверувај,ако слушнеш дека ничкум паднав.

Сакав само мирис да мириснам од зелена трева и да пуштам солза за родното место,да се излади врела.

А наплеќи превртена,загледана во синило,сакав со облакот да испливамзад корија дива,нека ветрот и сонцетоми испржат чело.

Page 16: Зелени закоси

Осамениот глог

О, глогу мој, застанат на тронотна висината од меѓата,изгледаш како кралска мумија скаменета.

Сега кога нас не нема,кој се крие под сенката твојаво летната жега?

Папрадите, шаварите, грмушките со цветови сиви,ливадата Ѓоноила, ги собрала во прегратки свои.

Огнените зраци на летното сонцеплодовите твои ги печеше во црвени бои.

Ти не знаеш колку сакамскакулците да ги видам,утринската роса како росии косачи со косите како трева косат.

Page 17: Зелени закоси

Букет

Таму, наутро ранона сртот кај што весело скока елен,сакам да соберам пролетно цвеќеи да го украсам со папрад зелен.

Ќе го донесам за васна споменикот студен мермерн.

Па нека има разни боижолти, зелени, бели.И ништо не еако низ мојот образ прокапат неколку солзи врели.

Page 18: Зелени закоси

Облаци

Вечерва облаците личеа на бели кадели.Се искачија повисоко над букитеод леунската корија.Месецот вешто се протнуваше низ нив.Чинам некои чудни ора игра.Ако тој на облаците им прозбориутре тие ќе истурат поројни дождови цели.И диви врби ќе израснатод темелите на куќите растурени.По дворовите нема трендафили,се населиле само лисја од омани,а низ нив мирис од див бос се шири.О, девојко моја, ти пак наминувашкај што животот згаснал.Видов, истураш солзи вирте молам запиши приказни за твојот крај,и нека тој ти остане мил.

Page 19: Зелени закоси

Црвената боја на младоста

Page 20: Зелени закоси

Некогаш

Некогаш го чекавдодека свилена белинаја извлекуваше квечерината.Небото модро како сатенстануваше.Па кога на мостот слегувавме во девет, месецот питомо не фрлаше над водите.И сега стојамдодека мугрите се излеваат.Небото пак модро во очите станува.Мојата слика самаод водите излегува, а тие водиматни остануваат.

Page 21: Зелени закоси

Патем

Патем чудесен мракне мамеше и посакавме да сме сами.

Небото пред наснагорена свеќа беше и почна да се руши.

Тој беше среќен отиме гушка.А патем чудесна млакадалеку негде се смееше.

Го сакав и се срамев.

Page 22: Зелени закоси

Порака

Со ветрецот тивко порака ти пратив.Небото состави писмоод ѕвезди запалени и се растопи во црвена боја.Реков дека ќе се вратамкршејќи ги прстите воубави букви малии при тоа ветив декадолго ќе останам твоја.

Page 23: Зелени закоси

Го паметам тоа лето

Го паметам тоа летокога се ми беше светои сонцето и небото и полето.

Го паметам тоа летооблеката со мирисот,и раката и бакнежот.

Ете зошто тоа лето семи беше свето, и сонцетои небото и полето.

Page 24: Зелени закоси

Очи

Посребрени утра ти ќе видиш,ако ти ги дадам моиве сини очи.Не ќе сетиш кога златенденот ти замина.

А навечер ти ќе имашдва извора со солзи соленитие знаат да навадаттреви со длабоки корени.

Ако ти ги дадам,ако ти ги дадаммоиве сини очи.

Page 25: Зелени закоси

Денес

Денес од врбитеизлезе пролетта.

Оддовде до тебе мириса на зелено.Ела по песнатана птиците, низ цветнатабелина.

Ела по моето викањеда никнуваш со ружатана пролетта.

Сонцето над нас стаменошикнува, април трча по полето.

Page 26: Зелени закоси

Бисерни дарови

Воздухот беше заситенод чудесна магија,кога ти доаѓаше.

Татнежот и бучаватана градот не ги слушав.

Само твоите зборови ми беа бисерни дарови.

Јас бев среќна,но денот беше луд,се топеше како снегулка.

Тебе те крадешеи ти заминуваше.

Во приквечерината останував како црна точка оставена од времето.

Со подадени раце чекавпоновна средба,но попусто беше.

Сега изгледам како затемнето сонцесо избледени зраци,некаде далеку на хоризонтоткако се ниша.

Page 27: Зелени закоси

Поубава од пролетта рана

Од руменилото на нашите лицабев поубава од пролетта рана.

Ти висок, како елка,Но јас те досегав.

Кои мисли не беа водачикога рацете по телото ни беа обрачи?

Истуравме воздишки со грсти,затоа имаш и сегабелези од моите прсти

Јас останав повисокаод моето сакање.

Page 28: Зелени закоси

Бакнежи во мојата коса

Те сретнав во недопрената природа,што крие спокој и тишина.

Разголен, без маица,зошто на сонцето му дозволи толку да те погали?Кожата ти ја запали и беше усвитен како жар.

Одеше по студена водакај изворот на Леунската корија,кај еднорогиот дрвен елен мал.

А каде ти замина?На твоето кончепокрај мојата куќа не поминаостанаа само бакнежитесплетени во мојата коса.

Page 29: Зелени закоси

Исплетени чипки

Очите ги продадов во чипките,но не останав сама.

Во нив има мотивина лисија, цветови и љубовтивка нечујна збрана.

Очите ги продадов во чипките,но не останав сама.

Изброив многу бројкии мотиви од степи,искроив и разни кројкиво нив има најубави сети,се уште те чекамоти така ти ми вети.

Page 30: Зелени закоси

Се сеќавам

Се сеќавам кога рече :

“Се видовме сегапо којзнае кога “.А потоа со ветерот луњавкако срна дива,а надежта ја заклучив вомислата сива :

„Ниту патот реченнит животот не е вечен“.

Погали ме сонце сега,зар не гледаш декасекој ден ми бега?

Молкум јас го молам Бога,уште еднаш да го сакамнего како тога.

Page 31: Зелени закоси

Бакнеж

Ми подари еднаш бакнеж,се уште сум сита.Мене тој ме храни.Се качувам по планинии ридишта голи,можам да дофатамдури и соколи.Со јачина на крилјатаод орлите диви,јас полетав во синилонад карпите сиви.

Page 32: Зелени закоси

За тебе

За тебе вечерва напишав песна,со неколку зборови разбирлива и лесна.За насмевката разлеана,за твојата топла рака,за твојата графика,и опојна лирика.Ах време, време,ти тешко бремесе ти не зеде.Наши се само песните и спомените.

Page 33: Зелени закоси

Камени Мост - Скопје

Слики од градот

Page 34: Зелени закоси

Сонот на гулабите

Од татнежот на улицатане се плашат да слетаатна мојот прозорец гулаботи гулабицата

Еднододруго се туткааткако да сакаат да се засолнат,но тие знаат сотрошки клунчиња да наполнат.

А по малку време, о Боже,каква глеткагулабот со клунот,гулабицата по глава ја грепка,ја чепка.

Таа во сон падна, со очитеМрежи, до гулабот се туткапод грло му лежи.

Page 35: Зелени закоси

Кога бевме млади

Сега ми се днитеизвезени елеци со сребренинити, што се носат на момински гради.

Фатени за раце се шетавмекога бевме млади.

Зборуваше тивкосо занес те слушав,си создавав слики, глеткиа твоите песни испеани,се вгнездија во моите клетки.

Page 36: Зелени закоси

Денот од Бога ветен

Може ли камења да пресушат рекаи тој ден да не се слушне нејзиниот шум?

Есенскиот ветер кај бешелист што не затреперуваше?

За тебе денот од Бога ветенбеше со топло сонце осветлен.

Угорнината ја качувавме со болка,заскрнати од солза горка.

Те испративме до Јаорите голи.Сонцето зајде зад коријатасо илјада жолти светилки,за твој мир и спокојда се помоли.

Page 37: Зелени закоси

Среќа

Кога те сретнавзнаев дека неботоќе ни биде црква.

А зборовите реченипотивки од тишината,ќе пропаднат во длабочина.

Во средбите не знам што ми даде,уште треперам како лист.

Во спомените те чувавкако капка во дланка.

А сега ајде кажи кој е посреќен?Јас, ти или далечината што те украде.

Page 38: Зелени закоси

Подарок

Денес се слеавсо талкачите по пазарите,да купам подарок сопарите, стегнати во рака.

По тезгите виси се и сешто.Во око ми влезебојата и шарата на еден шал.И си реков : нека ова биде за тебе подарок мал.Времето нека мине,носи го во есен и зима,наместо моите раце малинека те топли нека те гали.

Page 39: Зелени закоси

Мојата тераса

Мојата тераса, чинам какода е дива, откако во неа сенасели есенската магла студенаи сива.

Сонцето оттаму брзо бега,зад некој агол се крие,и тоа ми е сега, со кусиотден во спрега?

В’просторот, раголеналипата стои, до пролет месеции дни да брои.

Жолтите лисја корен игреат.Нека снегови паѓаат и некаветрови веат.

Врмето нека брзо прелета.Во мај липата пак ќе процвета.Мирис низ Скопје нека се шири,мојата тераса, а и луѓетоми се најмили.

Page 40: Зелени закоси

Есента во паркот

Високо и диво,подредени во ред,израснале тополите,до небото сиво.

Од некаде ветре веегранките ги ниша,а на врвот на топола,седелце се смее.

Жални врбии тополи бели, сплеле гранкидо земјени поли.

А пајките низ езерце ројаткакви ора, а и бајкиза зимата зборат?

И ветрецот сал си дува,жолти лисја, а и гранкиниз паркот тој разнесува.

Page 41: Зелени закоси

Моите внуци

Послушајте луѓе мои,јас сум баба Ананајсреќна сум со внуцитекога дома сум си збрана.

Тони има сини очии косици руси, од малечоктој знаеше да нацртадиносауруси.

А пак Петар побрз е одветар.Со фудбалот денот си говрви, ако те погоди, главаќе ти здрви.

Иван, со точакот какомолња лета, тој не саканикому да смета.

А пак Игор по тетратки шараи по малку време, пишти вика,кобасица бара.

Си гледаме натпревари навиваместрасно, кога тие ќе се кладатлеле мајко ум ми вадат.

Page 42: Зелени закоси

ЗЕЛЕНИ ЗАКОСИ

Мирисот од закосите на зелена трева низ ливадите на Леуново ги чувствувам посилно читајќи ги стиховите на Анѓа Јосифовска во ракописот што ми го довери. Нејзините песни бликнати со емоции ја будат мојата ретроспектива на детството и младоста. Нежен и галовен поетскиот збор на Анѓа Јосифовска ја гали душата, го отвара срцето за љубов кон родниот крај. драгите спомени од детството и младоста. Песните на Анѓа Јосифовска во поетската збирка Зелени закоси водат нежно и жуборливо низ природните убавини на Леуново, детството и младоста на поетесата за да завршат со живописни слики на Скопје, во кое денес живее. Богатството од мотиви разоткртива слики од спомени што се подредени во три тематски целини. Во првата тематска целина во која не воведува мислата Роднот крај– лулка на раното детство се поместени петнаесетина песни. Леунската корија богата со високи ели, борови и брези го разоткрива животот во минатото, раното детство на Анѓа кога се дишело со многу живот. Во мигот кога ги пишува стиховите Леунската корија во осама ги чува вечните домови на починатите Леунчани.

- Ти, Коријо, со месецот сребрени бучната река, бидете им стражаво ноќите мрачни.

Во песната Родното место авторката ги реди сите слики од спомени кои ги сочувала за да ги истакне сите убавини на родното место што ги слика од стих во стих:

Не се губат тие слики од утрински роси и закоси од зелени треви. Во песната Слики дополнува сликовито и емотивно:

На зајдисонце ѕуница од бои о, слики мои најмили. Со тага и носталгија Анѓа пее за родната куќа и дворот:

Двориште мое, дали ја чуваш зелената трева, клупата стара.

Дали во ноќта свитибаби низ лисја светкаат и тивко

Page 43: Зелени закоси

се кријат? Мојава рака сака една да фати, па среќна мисла во детски дни да ме врати. Дека многу нешта од детството остануваат неизбришани се открива во песната Игри на моето детство: Штом сонцето навалеше зад Кораб да оди со бардиња си носевме од Колоец изворски води бистри.

Носталгијата прераснува во болка од помислата за напуштеното родно огниште и градина што се открива во песната Мојата градина:

Струполена на земја лежеше оградата, таму немаше стапнато ничија нога. Наместо убави леи израснале бабјаци диви и зелени коприви. Во песната Буќет авторката посакува искрено и силно:

Таму, наутро рано на сртот кај што весело скока елен сакам да соберам пролетно цвеќе и да го украсам со папрат зелен. Ќе го донесам за вас на споменикот студен мермерен.

Во втората тематска целина поткрепена со мислата Црвената боја на младоста низ десеттина песни авторката Анѓа Јосифовска ги слика најемотивните, најтреперливите возбуди на животот што ги сочувало срцето и стиховите.Пораката со црвена боја поетесата Анѓа ја упатува во песната Порака:

Со ветрецот тивко порака ти пратив. Небото состави писмо од ѕвезди запалени и се растопи во црвена боја.

Page 44: Зелени закоси

Во песната Го паметам тоа лето обоена со безброј убавини се паметува и по силни импресии што ништо не може да ги избрише:

Го паметам тоа лето кога се ми беше свето и сонцето и небото и полето

Зборовите на љубениот за авторката се бисерни дарови во песната Бисерни дарови:

Воздухот беше заситен од чудесна магија, кога ти доаѓаше, само твоите зборови ми беа бисерни дарови.

Во третата тематска целина определена како Слики од градот Анѓа Јосифовска го слика градскиот амбиент на Скопје во кој што живее, но и во него го слика она што ја возбудува. Во песната Сонот на гулабите вљубените гулаби ја потсетуваат на младоста:

Од татнежот на улицата не се плашат да слетаат на мојот прозорец гулабот и гулабицата.

Во песната Мојата тераса Анѓа го гледа Скопје низ кој се шири мирисот на липата:

Времето брзо нека пролета во мај липата пак ќе процвета, мирис низ Сколје нека се шири мојата тераса, а и луѓето ми се најмили.

Анѓа Јосифовска им посветува песни и на своите внуци Петар, Игор, Тони и Иван со кои гледа утакмици и споделува многу радости:

Послушајте луѓе мои, јас сум баба Анѓа, најсреќна сум со внуците кога дома сум си збрана.

Додека ги читам песните на Анѓа Јосифовска чекорам по зелените ливади на Леуново, ги откривам лековитите тревки, им се љубувам на високите буки и брези. Ритмот на стихот е во склад со ритмот на

Page 45: Зелени закоси

жуборливата река, шумот на буките и брезите кога со нив си поигрува ветрот, ритмот на природата што Анѓа го прифатила од неа. Да се сака природата со сето срце значи да се сакаат животот, луѓето, пријателите, за Анѓа е едноставно и лесно зашто во тоа ја пронаоѓа смислата на постоењето, на поезијата. Убавиот, едноставен збор на Анѓа како бистрите води на планинската река, разновидните цвеќиња во ливадите на Леуново имаат своја убавина и вредност. Песните од поетската збирка Зелени закоси од Анѓа Јосифовска ќе бидат најубав подарок за најблиските, пријателите, за Леуново. Верувам дека поетската збирка Зелени закоси ќе го оправда своето печатење зашто авторката го отвара срцето на читателот за љубов кон природата, кон родниот крај, кон најблиските.

Скопје, јуни 2014 год. Иванка Стојкова

Page 46: Зелени закоси

Содржина

Родниот крај – лулка на раното детство- Леунска корија- Родно место- Слики- Моето двориште- Игри на моето детство- Самовилска бара- Мојата геадина- Лето- Овде сум- Зима во мојот крај- Сон- Осамениот глог- Букет- Облаци

Црвена боја на младоста- Некогаш- Патем- Порака- Го паметам тоа лето- Очи- Денес- Бисерни дарови- Поубава од пролетта рана- Бакнежи во мојата коса- Исплетени чипки- Се сеќавам- Бакнеж- За тебе

Слики од градот- Сонот на гулабите- Кога бевме млади- Денот од Бога ветен- Среќа- Подарок- Мојата тераса- Есента во паркот- Моите внуци

Page 47: Зелени закоси

Биографија

Јосифоска Анѓа родена 15.05.1936 година во село Леуново –

Гостиварско. Основно училиште имам завршено во „Цветан Димов“ –

Скопје, а во „Панче Караѓозов“ – Скопје средното медицинско училиште. До

пензионирањето работев како медицинска сестра во Здравствен дом

Скопје, отсек - трудова медицина. Дружејќи се со просветните работници на

Универзитетот Трето Доба – Скопје, собрав храброст да ги изнесам на

виделина моите пориви на песни од младешките денови и животот во

Скопје.

Page 48: Зелени закоси