Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

88
Знаењето за Теухидот во олеснета форма Автор: Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил Превод:
  • Upload

    -
  • Category

    Documents

  • view

    106.268
  • download

    41

description

Основите на исламот Превод : Мр Талха Куртиши

Transcript of Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Page 1: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Знаењето за Теухидот во

олеснета форма

Автор:Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил

Превод:М-р. Талха Куртиши

24/07/2011

Page 2: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Предговор на истакнатиот алим (научник) Абдулах б. Абдурахман Ел Џибрин

Нека е славен Аллах кому му изразувам благодарност. Божјиот спас и мир нека е со Божјиот Пратеник Мухаммед, со неговото чесно семејство и неговите одбрани другари - асхабите.Ја прочитав книгата „Знаењето за Теухидот во олеснета форма“ на авторот Абдулах б. Ахмед Ел Хавил и сметам дека се работи за корисно дело. Истото содржи дефиниција за Теухидот и ибадетот, дава појаснувања за вредноста и различните форми на ибадетот кои му се упатуваат единствено на Аллах, џел-ле ше’нуху. Спомнува и некои видови на ширк и начинот на кој ширкот ја руши суштината на Теухидот (монотеизмот).Препорачувам истото да се издаде и да се дистрибуира во земјите каде се распространети различни видови на ширк, од причини на незнаењето и слепото следење. Се надевам дека оваа книга ќе биде корисна за луѓето на кои Аллах им сака добро.Божјиот спас и мир нека е со Божјиот Пратеник Мухаммед, со неговото чесно семејство и неговите одбрани другари - асхабите.

25/03/1425 според хиџретскиот календар

Абдулах б. Абдурахман Ел Џибрин

Предговор на истакнатиот алим Халид б. Абдулах Ел Муслих

Благодарност му искажувам на Господарот на световите, Божјиот мир и спас нека е со пратеникот, милост за световите, нашиот пејгамбер Мухаммед, со неговото семејство и чесните другари.Го прочитав тоа што во својата книга го напишал нашиот брат, учениот Абдулах б. Ахмед Ел Хавил и ме израдува лесниот пристап кон оваа толку значајна тема на исламското познание. Да му олесниш на ученикот е една од целите на Шеријатот за што Аллах, субханеху ве те’ала, во Куранот вели:

„А Ние Куранот го направивме достапен за учење наизуст и поука, па има ли некој да прими поука?“ (Ел Камер, 22)Божјиот Пратеник, алејхи селам, рекол: „Пратени сте да олеснувате, не сте пратени да отежнувате.“ (Ел Бухари од Ебу Хурејре). Во еден друг хадис тој, алејхи селам, ќе каже: „...Навистина Аллах ме пратил како подучувач кој олеснува.“ (Муслим од Џабир)Благословениот Шеријат се издигнува врз принципот на олеснување во прашањата на знаењето и праксата и како таков е соодветен и доволен за сите луѓе.

Page 3: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Делото на нашиот брат Абдулах е дело за кое заслужува да биде заблагодарен, особено ако се земе во предвид дека го олеснил пристапот кон основата на сите знаења, познавањето на Теухидот. Тој што ќе го научи Теухидот ќе научи за своите должности кон Аллах и за делата кои му гарантираат среќа на овој и на оној (другиот) свет.Го молам Аллах да ни даде поддршка и успех, на сите нас, во зборовите и делата. Господару наш дај ни корист од оваа книга и овој благословен труд.Халид б. Абдулах Ел Муслих

Page 4: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Вовед

Благодарност му искажуваме на Господарот на световите, Божјиот мир и спас нека е со пратеникот, последниот и печатот на сите пратеници, нашиот пејгамбер Мухамед, со неговото семејство и чесните другари.Овој краток трактат е сиже на најважните теми и прашања, искажани во прикладна форма околу темата „Теухид“, без кој Аллах нема да прими ниту едно дело и нема да биде задоволен од робот кој нема да го реализира истиот. Ова кратко дело е обид да се претстават дефинициите, ограничувањата, правилата и поделбите поврзани со Теухидот, на начин кој го собира раштрканото, го дефинира воопштеното и го олеснува редоследот на помнењето.Имајќи во предвид дека спознавањето на една тема не е можно доколку прецизно не се дефинираат две работи: суштината и спротивностите, при пишувањето на ова дело се трудев да ја објаснам суштината на Теухидот, неговите основи и делови за да потоа ги спомнам спротивностите на Теухидот (Ширкот) кои ги дефинирав, давајќи слика за видовите и прописите поврзани со нив.Поетот вели:„Убавината не може целосно да биде изразена доколку не се запознаеме со грдото. Преку спротивностите се осознава суштината на секое прашање.“Убавината и вредноста на Теухидот не може да биде изразена доколку не се осознае грдоста на Ширкот и неговата опасност. (или: Ширкот и опасноста од него). Освен овие теми во оваа кратка книга додадов и делови чие што познавање е неопходно за секој кој верува во само еден Бог.Се трудев редоследот да биде соодветен, дефинициите ги поткрепував со аргументи кои лесно се помнат. Се трудев книгата да не биде заморно долга како и концизноста да не биде причина за погрешно разбирање. Се обидов да го следам средниот пат. Доколку во тоа успеав тоа е заради помошта од Аллах, џел-ле ше’нуху, а доколку погрешив тоа е заради моите слабости и заради шејтановите сплетки. Книгата во вашите раце е собрана од делата на познатите зналци (исламски научници) и ја нареков „Знаењето за Теухидот во олеснета форма“, упатувајќи му молитва на Возвишениот истата да ја направи корисна за луѓето и да биде на кантарот на моите добри дела на Судниот Ден.

Абдулах б. Ахмед Ел ХавилРијад 345169 Поштенски фах 11381

Page 5: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Моб. Телефон [email protected]

Page 6: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Дефиниција на Теухидот

Јазичко значење: Теухид е инфинитив на глаголот вех-хаде, јувех-хиду и значи да издвоиш нешто помеѓу останатото, да сметаш за нешто дека е едно единствено.

Пример: Кога ќе кажеш Никој освен Мухаммед не смее да излезе од куќата тогаш си го издвоил Мухаммед, од останатите, давајќи му дозвола да излезе од домот. Или пак доколку кажеш: Само Халид може да го напушти собирот, тогаш тоа значи дека единствено Халид може да се одалечи од собирот.

Терминолошко значење: Да го издвоиш Аллаха како единствен во:

1. Рубубијет (Владетел, Створител и Одржувач на сè); 2. Улухијет (Обожување); и3. Неговите имиња и атрибути.

Поделба на Теухидот

Теухидот се дели на три вида:

1. Теухид Рубубије2. Теухид Улухије3. Теухид Ел Есмаи вес Сифат

Теухид Рубубије значи да веруваме и да го издвојуваме Аллах како Створител, Владетел и Управувач/Одржувач. Исто така тоа значи да го издвоиме како Единствен во делата кои му се својствени само Нему. Пример за дела кои му се својствени само на Аллах се: создавањето, снабдувањето, оживувањето, умртвувањето, спуштањето на дождот, никнувањето на растенијата и др.

Аргументи за овој вид на Теухид:

„Само Тој создава и управува“ (Ел А’раф, 54)

„На Аллах му припаѓа власта на небото и на Земјата“ (Али Имран, 189)

Page 7: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Запрашај: „Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во не-живо, и кој управува со сé?“ – „Аллах!“, ќе кажат тие, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите од Него?“ (Јунус, 31)

Теухид Улухије е да го издвоиме Аллах како Единствен со делата на неговите робови. Примери за дела со кои се обожува Аллах се: Намазот, постот, хаџот, потпирањето врз (тевекул), заветот, стравот, надежта, љубовта и сл.

Аргументи за овој вид на Теухид се:

„Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56)

„И Аллаха обожувајте Го и немојте никого да му го придружувате (како достоен за ибадет).“ (Ен Ниса, 36)

„И пред тебе не пративме ниеден пратеник а да не му објавивме: Нема друг бог освен Мене па затоа Мене обожувајте ме.“ (Ел Енбија, 25)

Теухид Ел Есмаи вес Сифат значи да го опишуваме Аллаха со зборовите со кои Самиот себеси се опишал и со кои го опишал Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем. Со својства кои укажуваат на совршенство и возвишеност, без текјиф (зборување за каквото на тие својства), без темсил (поистоветување и споредување на тие својства со особините на сè што Аллах го создал и обратно), без техриф (искривување на значењата на тие својства) и без та’тил (негирање на самите атрибути/својства).

Page 8: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Аргументи за овој вид на Теухид:

„Ништо Нему не му е слично! Тој сe слуша и сe гледа.“ (Шура, 11)

„На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив, и тргнете се од тие што ги искривуваат Неговите имиња, како ќе прават, така ќе бидат казнети! “ (Ел А’раф, 180)

Важни напомени

Прва: Видовите на Теухидот се меѓусебно условени и поврзани. Секој вид е неодвоив од останатите видови и доколку изостане еден од овие три видови тогаш човекот не е вистински мув-вехид (тој што верува и го обожува само Аллах).Втора: Неопходно е да знаеме дека неверниците против кои војувал Мухамед, алејхи селам, го прифаќале Теухид Рубубије, верувале дека Аллах е Создател и Снабдувач, Тој што дава живот и умртвува, во Негова власт е користа и штетата, тој одржува и управува со сè. Ваквото верување сепак не ги внесе во Ислам и аргумент за ова тврдење е ајетот во кој Возвишениот Аллах вели:

Запрашај: „Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во не-живо, и кој управува со сe?“ – „Аллах!“, ќе кажат тие, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите од Него?“ (Јунус, 31)

Трета: Теухид Улухије беше причината поради која Аллах праќаше пратеници, затоа што истиот е основа врз која се издигнуваат останатите дела. Без Теухид Улухије сите дела се безвредни, затоа што недостатокот на Теухид Улухије подразбира постоење на Ширк (Припишување на еднаков на Аллах во ибадет). Сржта на борбата помеѓу Божјите пратеници и нивните народи беше токму овој вид на Теухид па затоа на истиот треба да му се посвети посебно внимание и истиот темелно да се проучи.

Page 9: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Важноста и вредноста на Теухидот

1. Теухидот е најважниот столб на Исламот и неможно е човек да стане муслиман доколку не го потврди единството на Аллах и доколку не биде убеден дека Аллах е единствениот кого требаме да го обожуваме, негирајќи ги истовремено лажните божества.Божјиот Пратеник, алејхи селам, рекол: Исламот се издигнува врз пет (столба):

Сведочењето дека нема друг Бог (кој што заслужува да се обожава) освен Аллах и дека Мухамед е негов пратеник,

Клањањето на намазот Давањето на Зекатот Постењето на месецот Рамазан и обавувањето на Хаџот. (Муттефекун алејхи)

2. Теухидот е прва и најважна должност на луѓето. Тој е пред сите останати должности заради високата позиција и големата важност. Впрочем Теухидот е првата работа кон која се повикуваат луѓето.Аллаховиот пратеник, алејхи селам, испраќајќи го својот другар Муаз, Аллах нека е задоволен со него, во Јемен му рекол: „Пратен си кај народ од следбениците на Книгата. Првата работа кон која треба да ги повикаш е сведочењето дека нема друг Бог освен Аллах..“ Во едно друго предание стои да го реализираат Теухидот. (Муттефекун алејхи)

3. Ниедно дело нема да се прими без Теухид. Теухидот е услов за валидноста на секое дело и основа за прифаќање на делата. Делата не се сметаат за ибадети доколку од нив е изоставен Теухидот, како што намазот е невалиден без условот на чистотата (абдест). Со Ширк делата стануваат безвредни како што и намазот станува невалиден доколку се расипе абдестот. Делата кои наликуваат на ибадети стануваат безвредни и се ништавни доколку истите не се извршени исполнувајќи го условот на Теухидот. Ширкот е причина човекот да ја заслужи вечната казна во Џехеннем.

4. Теухидот дава сигурност на овој и на оној свет и е гаранција за останување на правиот пат. Доказ за ова тврдење е ајетот во кој Возвишениот вели:

Page 10: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„Ќе бидат сигурни само тие што веруваат и верувањето свое со многубоштвото не го мешаат: Тие ќе бидат на Вистинскиот пат!“ (Ел Енам, 82)Во дадениот ајет за многубоштвото е употребен зборот неправда, а истиот Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, го прокоментирал како многубоштво.1 Ибн Кесир во тефсирот на овој ајет напишал: „Тие што ја заслужиле сигурноста и што се на Вистинскиот пат се верниците кои биле искрени во своите ибадети и кои верувањето свое не го помешале со многубоштво. Тие ја заслужуваат сигурноста на оној свет и тие се на Вистинскиот пат на овој и на оној свет. Ширкот е најголема неправда додека Теухидот е кулминација на правдата.

5. Теухидот е причина за влез во Џеннет и причина за спас од Џехенемскиот оган.Божјиот Пратеник, Мухамед, сал-лаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе посведочи дека нема друг Бог освен Аллах, кој е еден и единствен, и дека Мухамед е негов роб и пратеник и дека Иса е Аллахов роб и пратеник и Зборот кој Аллах и го пратил на Мерјем и душа од Него дадена, и дека Џенетот е вистина и Огнот е вистина, Аллах ќе го внесе во Џенет со неговите дела какви и да се.“ (Муттефекун алејхи)Во еден друг хадис стои: „Аллах му забранил на џехенемскиот оган да го казни тој што ќе го изговори Ла илахе ил-лаллах, барајќи го Аллаховото задоволство.“ (Муттефекун алејхи)

6. Теухидот е спас од овоземските и оноземските потешкотииПознатиот алим Ибн Кајјим, Аллах му се смилувал, напишал: „Теухидот е уточиште, на Неговите одбрани робови како и и на непријатели на Теухидот .Што се однесува за непријателите на Теухидот тој им е спас од тешкотиите и маките на овосветскиот живот:

„Кога ќе се качат на лаѓите, искрено му се молат на Аллах, а кога ќе ги спаси и доведе до копното, одеднаш Нему еднакви му припишуваат.“ (Ел Анкебут, 65)За одбраните Аллахови робови тој е спас од потешкотиите и маките на овој и на оној свет. Тоа е Аллаховиот закон за верниците. Ништо како Теухидот не може да ги олесни и да ги одалечи потешкотиите на овоземниот живот. Затои и молитвата која се чита во тешки ситуации е составено од

1 Ел Бухари 2/484 а хадисот го пренесува Ибн Месуд, нека Аллах е задоволен со него

Page 11: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Теухидот! Таква е и довата на Јунус, алејхи селам која ја проучи во внатрешноста на китот и по која Аллах го спаси а која започнува со зборовите: „Ла илахе ил-ла Енте-Нема друг Бог освен Тебе...“Нема поголема причина за проблеми од Ширкот (многубоштвото), додека пак Теухидот е клуч на секое добро и на секое олеснување.

7. Теухидот е мудроста и целта заради која Аллах ги создал Џинните и луѓето.

Аллах, Возвишениот, вели:

„Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56) Сите пратеници се пратени, сите книги се објавени, сите верозакони се пропишани за да луѓето (и џинните) на исправен начин му робуваат на Аллах, Едниот и Единствениот.

Ла илахе ил-лаллах

Доказите за ова сведочење се:

„Аллах сведочи дека нема друг бог освен Него, а и мелеците (ангелите) и учените, постапувајќи праведно. Нема друг бог освен Него, Силниот и Мудриот!“ (Али Имран, 18)

„Знај дека нема друг бог освен Аллах!“ (Мухаммед, 19)

Ова тврдење во превод значи: Нема друг вистински Бог освен Аллах.

Други преводи кои се неточни:Нема бог освен Аллах. Овој превод е непрецизен затоа што има и други кои луѓето ги сметаат за богови и ги обожуваат. Вака искажаниот превод би можел да се сфати дека сите божества кои се обожуваат се Аллах што е погрешно.Нема Створител освен Аллах. Ова е само дел од значењето на ова тврдење и не е единственото. Доколку ова беше исправен превод тогаш и неверниците од времето на Мухаммед, алејхи селам, ќе беа верници и судирот помеѓу Божјиот Пратеник и нив ќе немаше смисла.

Page 12: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Нема друг владетел освен Аллах. И ова значење е непотполно и е само дел од целосното значење на шехадетот. Доколку некој верува дека Аллах е единствениот Владетел а во исто време обожува други божества тој не го реализирал Теухидот.

Столбови на шехадетот Ла илахе Негацијата (Нема вистински Бог)Негаирање на сите видови на ибадет кои му се упатуваат на било кој освен на Аллах.Потврда (Освен Аллах) ил-ле ллахДа потврдиш дека единствен достоен за нашите ибадети е Аллах, џел-ле ше’нуху.Доказ за ова е ајетот:

„Тој што не верува во тагутот2...“ ова е негација на верувањето во лажните божества

„а верува во Аллах“ е потврда на верувањето во Бога

„се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине!“ (Ел Бекаре, 256)Друг доказ е и ајетот:

„А кога Ибрахим му рече на таткото свој и на народот свој: „Јас се одрекувам од тие коишто вие ги обожувате...“ е делот во кој се негираат лажните божества.

„јас Го обожувам само Тој што ме создаде, бидејќи Тој, навистина, на Вистинскиот пат ќе ме упати.“ (Ез Зухруф, 26-27)

Кога на човека му користи сведочењето Ла илахе ил-лаллах

1. Кога го знае значењето на тоа тврдење.2. Кога работи во склад со значењето на шехадетот,

обожувајќи го само Аллах и дистанцирајќи се од сите лажни божества.

2 Шејтан, ѓавол, сотона, тој што е обожуван покрај Аллах и е задоволен со тоа обожување, тој што ги повикува луѓето да го обожуваат него, тој што тврди (претендира) дека го знае гајбот (невидливото), тој што суди спротивно на исламските закони. Оваа дефиниција е дадена од го лемиот исламски научник Салих ел Феузан.

Page 13: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Условите за валидноста на шехадетот Ла илахе ил-лаллах

Изговарањето на шехадетот не му користи на оној што ќе го изговори доколку не ги исполни осумте услови за валидност на шехадетот:

1. Знаењето кое е спротивност на незнаењето2. Убеденоста која е спротивност на сомнежот3. Искреното исповедање на верувањето кое е спротивност на

многубоштвото4. Вистинитоста која е спротивна на лагата.5. Љубовта која е спротивна на омразата.6. Покорувањето кое го негира спротивставувањето.7. Прифаќањето кое е спротивно на отфрлањето8. Негирањето на сите лажни божества кои се обожуваат.

Првиот услов: Знаењето кое е спротивност на незнаењетоПодразбира познавање на значењето на шехадетот со двата столба негацијата и потврдувањето.Доказ е ајетот:

„Знај дека нема друг бог освен Аллах!“ (Мухаммед, 19)

Вториот услов: Убеденоста која е спротивност на сомнежотТој што го изговара шехадетот треба да биде убеден дека Аллах е едниствениот кој заслужува да биде обожуван.Доказ е ајетот:

„Вистински верници се само тие што веруваат во Аллах и во Пратеникот Негов и потоа веќе не се сомневаат, и се борат на Аллаховиот пат со имотите свои и со животите свои. Тие се искрените!“ (Ел Хуџурат, 15)

Третиот услов: Искреното исповедање на верувањето кое е спротивност на многубоштвотоСекој верник треба искрено да му ги посвети своите дела само на Аллах и ништо од своите дела да не му посвети на некое лажно божество.Доказ е ајетот:

Page 14: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат...“ (Ел Бејјине, 5)

Четвртиот услов: Вистинитоста која е спротивна на лагатаДа бидеш искрен при изговарањето на сведочењето на Теухидот. Твоите зборови да се во согласност со тоа што е во твоето срце.Доказ е ајетот:

„Елиф-лам-мим. Зарем луѓето мислат дека ќе бидат оставени на мира ако кажат: „Ние веруваме!“ и нема да бидат искушувани. А ние во искушение ги стававме и оние што беа пред нив, па Аллах, навистина ги знае тие кои вистината ја говорат и тие кои лажат.“ (Ел Анкебут, 1-3)

Петтиот услов: Љубовта која е спротивна на омразата.Значењето на овој услов е да го изговараме шехадетот со љубов кон Аллах и Неговиот Пратеник, да го сакаш шехадетот и сето она што ова сведочење го подразбира. Доказ е ајетот:

„Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли, ги сакаат како што Аллах се сака! Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)Шестиот услов: Покорувањето кое го негира спротивставувањетоОва значи да се обожува само Аллах, субханеху уе те’ала, спроведувајќи го Неговиот верозакон (Шеријатот) и да веруваме дека Шеријатот е вистина објавена од Аллах, џел-ле ше’нуху.Доказ е ајетот:

„И вратете Му се на Господарот свој и покорете Му се...“ (Ез Зумер, 54)

Седмиот услов: Прифаќањето кое е спротивно на отфрлањетоОва значи да се прифати ова сведочење, да се прифати тоа што тоа го подразбира а посебно искреното исповедање на верата и дистанцирање од обожувањето на лажните божества и идолопоклонството.Доказ е ајетот:

Page 15: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„Кога им се велеше: „Само Аллах е Бог!“ – тие беа вообразени, и говореа: „Зарем да ги напуштиме божествата наши поради еден луд поет?!“ (Ес Сафат, 35-36)

Осмиот услов: Негирањето на сите лажни божества кои се обожуваат. Ова значи дистанцирање од сите форми на многубоштво и идолопоклонство и убеденост дека обожувањето на лажните идоли е ништовно.Доказ е ајетот:

„Тој што не верува во тагутот (го негира), а верува во Аллах, се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине!“ (Ел Бекаре, 256)

Сведочењето дека Мухаммед е Аллахов Пратеник

Докази за ова сведочење се ајетите:

„Ви дојде Пратеник, еден од вас, тешко му е што на маки ќе паднете, едвај чека по Вистинскиот пат да тргнете, а кон верниците е благ и милостив!“ (Ет Теубе, 128)

„Аллах знае дека ти навистина си Негов Пратеник...“ (Ел Мунафикун, 1)

Значењето на ова сведочење:Цврсто убедување на срцето кое е во потполна согласност со она што го изговара јазикот, дека Мухаммед навистина е Аллахов роб и Пратеник, кој е пратен кај сите луѓе и сите џинни.Столбовите на ова сведочење се:

1. Признавањето дека тој,сал-лаллаху алејхи уе селем, е пратен со објава од Аллах, субханеху уе те’ала. Доказ е ајетот:

„Мухаммед е Аллахов Пратеник...“ (Ел Фетх, 29)2. Убеденоста дека и тој, сал-лаллаху алејхи уе селем, е

Аллахов роб. Доказ е ајетот во кој Аллах, субханеху уе те’ала

Page 16: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

го опишува Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, со епитетите Аллахов роб и повикувач кон Аллаховата вера.

„А кога Аллаховиот роб стана да Му се помоли, тие во групи околку него збиени застанаа. Кажи: „Јас само на Господарот свој Му се клањам, и никого Нему рамен не Му сметам.“ (Ел Џинн, 19-20)Тој е Божји Пратеник во кој треба да веруваме но е и Аллахов роб кого не смееме да го обожуваме.Условите за валидноста на ова сведочење и на што упатува истото:

1. Верување во сè она за што не информирал2. Покорност во сè она што ни го наредил.3. Неприближување кон она што го забранил или за што не

опоменал4. Обожување на Аллах, субханеху уе те’ала, на начин кој тој

ни го пропишал

Ширк (дефиниции и поделба)

Дефиниција на поимот Ширк:

Јазичка: Припишување, изедначување и споредување.Терминолошка: Изедначување на било кој друг со Аллах, субханеху уе те’ала, во она што му е својствено само Нему.

Видови на Ширк:1. Голем Ширк е секое дело кое Аллах, субханеху уе те’ала, и

Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, го нарекле ширк и подразбира излегување од верата.

2. Мал Ширк е секое говорно или практично дело за кое со шеријатската терминологија е наречено ширк или куфр но за кое постојат верски докази дека извршителот на таквото дело не излегува од верата.

Разликата помеѓу Големиот и малиот ширк ќе се објасни во следнава табела:

Голем Ширк Мал ШиркСо него се излегува од верата Со него не се излегува од вератаСе заслужува вечна казна во Џехеннем

Не се останува вечно во Џехеннем

Ги поништува сите дела Не ги поништува делата освен делото во кое имаме мал ширк како делото кое се прави заради

Page 17: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

некој друг покрај Аллах (Рија)Животот и имотот не се заштитени

Животот и имотот се заштитени

Видови на Голем Ширк:

Постојат четири вида на Голем Ширк:1. Ширк во Дова (молитва)

Доказ е ајетот:

„Кога ќе се качат на лаѓите, искрено му се молат на Аллах, а кога ќе ги спаси и доведе до копното, одеднаш Нему еднакви му припишуваат.“ (Ел Анкебут, 65)

2. Ширк во намерата, желбата и целтаДоказ е ајетот:

„На тие што го сакаат животот на овој свет и убавините негови, Ние ќе им ги дадеме плодовите на нивниот труд и на него нема ништо да им се ускрати. Нив на оној свет само оган ќе ги гори; таму нема да имаат никаква награда за тоа што на Земјата го правеле и залудно ќе им биде сe што направиле.“ (Худ, 15-16)

3. Ширк во покорностДоказ е ајетот:

„Тие, покрај Аллах, за божества ги сметаат свештениците свои, и монасите свои и Месих, синот Мерјемин, а наредено им е само еден Бог да обожуваат - нема друг Бог освен Него. Тој е Возвишен над тие кои Нему за рамни Му ги припишуваат.“ (Ет Теубе, 31)Значењето на овој ајет е покорноста кон учените и побожните и тогаш кога нé повикуваат на грев. Овде ајетот не зборува за молитва која им се упатува на учените и на побожните. Ова е објаснувањето кое Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, му го даде на Хатим, радијаллаху анху, кој по слушањето на овој ајет рече: Не ги обожувавме. Тогаш

Page 18: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Божјиот Пратеник му објасни дека ибадет (обожување) е и кога им се покоруваме чинејќи грев. (Тирмизи, бр. 3094 а познатиот мухадис Албани го оценил како веродостоен хадис)

4. Ширк во љубов.Доказ е ајетот:

„Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли, ги сакаат како што Аллах се сака! Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)

Примери за Голем и Мал Ширк:

Примери за видлив Голем Ширк: Колење и принесување на курбан на некој друг освен Аллах, заветување дека ќе направиме нешто за некој друг освен за Аллах, субханеху уе те’ала, барање на помош од некој друг освен од Аллах.Примери за скриен Голем ширк: Ширкот на мунафиците и лицемерите, скриениот страв од некој друг освен од Аллах во работите кои само Аллах, џел-ле ше’нуху ги може.Примери за видлив Мал Ширк: Заклетвата со друг а не со Аллах, изговарање на реченицата: Тоа што го сака Аллах и ти, реченицата: Да не е Аллах и тој човек..Примери за скриен Мал Ширк: разубавување на некои дела во присуство на луѓе, и оптимизам и песимизам врз основа на предзнаци како што се птиците исл.

Корисна дова за заштита од Ширк:Ебу Муса, радијаллаху анху, пренесува: Еден ден Аллаховиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, ни се обрати и ни рече: Луѓе чувајте се од Ширкот кој е поскриен и од мравјиот од. Некој кого Аллах го одреди да зборува праша: Како да се заштитиме кога е поскриен и од мравјиот од, о Божји Пратенику? Одговори: Кажете Аллахуме инна неузу бике ен нушрике бике шеј’ен не’алемуху ве нестагфируке лима ла не’алему - Аллаху наш од тебе бараме заштита да не ти припишеме еднаков знаејќи и бараме да ни простиш доколку некого ти припишеме како рамен незнаејќи. (Ахмед, Албани го оценил како веродостоен)

Историјат на Ширкот:

Теухидот е основно верување кај Адемовите потомци додека Ширкот се појавил подоцна и станал дел од верувањата на луѓето. Ибн Аббас, радијаллаху анху, вели: Помеѓу Адем,

Page 19: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

алејхи селам, и Нух, алејхи селам, имало десет генерации. Сите верувале само во Аллах.

Првиот ширк се појави кога народот на Нух, алејхи селам, ги надминаа границите во величањето на добрите луѓе. На почетокот направија нивни слики и кипови за да се потсеќаат на нивната побожност, за да на крајот по неколку генерации, кога го снема знаењето, не почнат да ги обожуваат. Тогаш Аллах, субханеху уе те’ала, го прати Нух за да ги повика во Теухид.

Ширкот кај народот на Муса, алејхи селам, се случи кога за божество го прогласија златното теле, кое сами го изработија.

Ширкот кај христијаните се појави по воздигнувањето на небо на Иса, алејхи селам, од страна на Аллах, џел-ле ше’нуху. Павле кој се декларираше како следбеник на Иса, алејхи селам, преку интриги и измама го воведе тројството, обожувањето на крстот и други идоли кои немаат основа во Инџилот.

Ширкот кај арапите се распространи кога Амр ибн Лухеј Ел Хузаи, ја измени верата на Ибрахим, алејхи селам, ги донесе првите идоли во Хиџаз и почна да ги повикува луѓето да ги обожуваат тие идоли.

Ширкот во Умметот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, се појави преку династијата на Фатимидите, во четвртиот век кога почнаат да градат објекти врз гробови, кога почнаа да воведуваат новотарии како мевлудите и кога почнаа претерано да ги величаат добрите луѓе. За ова придонес имаат девијантните форми на суфизмот кои ги глорифицираа своите шејхови и водачи на тарикатите.

Опасноста и последиците (казните) од Ширк:

1. Аллах, субханеху уе те’ала, нема да му прости на тој што ќе направи ширк и ќе умре без да се покае за него.Доказ е ајетот:

„Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сe освен тоа кому Тој сака!“ (Ен Ниса, 48)

2. Тој што чини ширк излегува од Исламот и се анулира заштитата на неговиот живот и имот.Доказ е ајетот:

Page 20: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„Кога ќе поминат светите месеци, тогаш убивајте ги многубошците каде и да ги најдете, заробувајте ги, опсадете ги и на секој премин дочекувајте ги!“ (Ет Теубе, 5)

3. Аллах, субханеу уе те’ала, нема да прими дело на мушрик исите негови поранешни дела се поништуваат:Доказ се ајетите:

„А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.“ (Ез Зумер, 65)

„И Ние ќе пристапиме кон делата нивни кои ги правеле, и во прав и пепел ќе ги претвориме.“ (Ел Фуркан, 23)

4. На мушриците им е забранет влезот во Џеннет и засекогаш ќе останат во Џехеннем.Доказ е ајетот:

„Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џеннетот и неговото живеалиште ќе биде џехеннемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ (Ел Маиде, 72)

Дела со кои се излегува од Исламот

Се работи за дела кои го нарушуваат и поништуваат Исламот, и тие се бројни. Од нив најопасни и најчести се следниве.

1. Ширк, припишување на здруженик на Аллах, кој се обожува како што се обожува Аллах. Во овој вид на ширк припаѓа и курбанот кој се коле во име на некој друг освен Аллах, во име на џин или во име на гроб кој го смета за гроб на побожен човек.Доказ за опасноста на ова дело е ајетот:

Page 21: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„Аллах, навистина, нема да прости некој да Му се здружува, а кому сака ќе прости сe освен тоа. А далеку заталкал тој што на Аллах Му припишува здруженик.“ (Ен Ниса, 116)

2. Тој што помеѓу себеси и Аллах ќе постави посредници на кои им се моли, бара да се завземат за него, се потпира врз нив. Тој е неверник со консензус на сите исламски алими

3. Тој што не ги смета за неверници тие што му чинат ширк на Аллах, тој што се сомнева во нивното неверство или смета дека нивниот правец е исправен.

4. Тој што смета дека правецот на некој друг е посовршен од правецот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, смета дека нивниот суд/закон е подобар од Неговиот давајќи им предност на тагутските закони и прописи. Тој што така верува е неверник.

5. Ако мрази нешто од она што ни го доставил Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, дури и ако работи според него, станува неверник.

6. Доколку ја исмејува/се потсмева со верата која ја доставил Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, со спомнатите награди и казни, станува неверник.Доказ се зборовите на Возвишениот:

„А ако ги запрашаш, тие сигурно ќе кажат: „Ние само разговаравме и се забавувавме.“ Кажи: „Зарем не Му се потсмевавте на Аллах, и на зборовите Негови, и на Пратеникот Негов? Не извинувајте се! Јасно е дека сте неверници, а тврдевте дека сте верници. Ако на некого од вас му простиме, другите ќе ги казниме затоа што се виновници.“ (Ет Теубе, 65-66)

7. Сихрот-магијата во која припаѓа раздвојувањето на сопружниците и поврзувањето помеѓу две лица кои не се сакаат. Тој што ќе го направи ова дело или е задоволен да се прави, станува неверник.Доказ е ајетот:

„Тие двајца никого не поучуваа сe додека не му кажеа: Ние само искушуваме, а ти немој да бидеш неверник!“ (Ел Бекаре, 102)

8. Помагање и поддршка на неверниците против муслиманите.Доказ е ајетот:

Page 22: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„А нивен е и тој меѓу вас кој за заштитници (пријатели) ќе ги прифати; Аллах, навистина, нема да им укаже на Вистинскиот пат на луѓето кои сами на себе неправда си чинат!“ (Ел Маиде, 51)

9. Верувањето дека на некои луѓе им е дозволено да се воздигнат над верозаконот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем. За ваквите Аллах, субханеху ве те’ала, вели:

„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“ (Али Имран, 85)

10. Запоставувањето на Аллаховата вера, не учи за неа и не работи според неа.Доказ е ајетот:

„А има ли поголем злосторник од тој што е опоменат со знаците на својот Господар, а потоа им врти грб? Ние, навистина, ќе ги казниме злосторниците!“ (Ес Сеџде, 22)

Напомени: Во делата кои го поништуваат и рушат Исламот нема

разлика помеѓу тој што ваквите дела ги работи сериозно, во шега или со страв. Исклучок е лицето кое е присилено на вакви дела.

Делата кои ги спомнавме се најчести и најопасни па затоа секој муслиман е должен да се плаши и да стравува од нив.

Искажување на неверувањето во Тагутот

Дефиниција на Тагут:Според јазичката дефиниција тагут доаѓа од зборот тугјан што значи надминување на границата/ограничувањето.Според шеријатската дефиниција Тагут е секој оној кој ќе се воздигне и ќе ја надмине својата граница, сеедно дали ќе биде обожуван, следен или ќе му се покорува.Должноста да се искаже неверување во ТагутотПрва должност со која Аллах, субханеху ве те’ала, ги обврзал луѓето е да искажеме неверување во Тагутот и да го потврдиме верувањето во Аллах.

Page 23: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Ова го потвдува следниот ајет:

„Ние на секој народ Пратеник му испративме: „Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ (Ен Нахл, 36)Начин на кој се негира Тагутот:

Да бидеш убеден дека обожувањето на било кој освен Аллах е безвредно, да се дистанцираш од истото и да го презираш таквото обожување.

Сите кои чинат таков ибадет (обожуваат други покрај Аллах) се сметаат за неверници и непријатели.

Главешините на Тагутот:Тагути има многу но главни се:

Иблис, кого Аллах, поради неговата непокорност, го проколнал и го оддалечил од својата милост.

Секој кој е обожуван како што се обожува Аллах, субханеху ве те’ала, и е задоволен со таквото обожување.

Тој што ги повикува луѓето да го обожуваат. Тој што тврди дека знае нешто од невидливото (гајбот) Тој што суди со закони кои не ги објавил Аллах, субханеху ве

те’ала.

Трите основни начела:

1. Познавање на Господарот, Аллах, џел-леше’нуху.2. Познавање на Исламот3. Познавање на Божјиот Пратеник, Мухаммед, сал-

лаллаху алејхи ве селем.Овие се воедно и трите прашања кои ќе ни бидат поставени во гробот/кабурот.

Првото начело: Познавање на Господарот, Аллах, џел-леше’нуху

Кај ова начело важни се следниве работи: Аллах е нашиот Господар кој нé создал и не одржува во

живот нас и сите светови. Само Аллах го обожуваме и никого друг не обожуваме освен

Аллах. Аллаха, го осознаваме преку Неговите ајети (знаци) и сето

она што го создал. Од Неговите знаци се ноќта, денот,сонцето и месечината и од она што тој го создал се и седумте неба, седумте земји, тоа што е во нив и помеѓу нив.

Второто начело: Познавање на ИсламотТреба да знаеме дека:

Page 24: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Единствената вера која е примена кај Аллах, субханеху ве те’ала, е Исламот.

Ислам е да му се предадеш на Аллах, искажувајќи го Теухидот (верувањето дека Аллах е единствениот вистински Бог), да му се покоруваш Нему спроведувајќи ги Неговите прописи, и да се одрекнеш од Ширкот и тие што чинат ширк.

Исламот има три степена: Ислам, Иман и Ихсан

Третото начело: Познавање на Божјиот Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.

Треба да го знаеме следново: Неговото име и потекло: Тој е Мухаммед б. Абдуллах б.

Абдул Муталиб б. Хашим. Хашим е од племето Курејш кои се Арапи, а Арапите се потомци на Исмаил, алејхи селам, кој е син на Ибрахим, алејхи селам.

Живеел 63 години, 40 години пред да стане Божји пратеник и 23 години како Божји пратеник.

Објавата (нубувет) му почнала со ајетот Икре-Читај додека неговото посланство (рисале) почнало со поглавјето (Ел Муддесир).

Роден е во Мекка додека местото на Неговото преселување Хиџрет е Медина.

Целта на Неговото, сал-лаллаху алејхи ве селем, праќање како Божји Пратеник било да ги опомене луѓето да не чинат Ширк и да ги повика да го реализираат Теухидот.

КУФРЈазичкото значење на зборот куфр е прекривање и засолнување.Шеријатското значење е Спротивност на ИсламотПостојат два вида на Куфр:Голем КуфрМал Куфр

Кај големиот Куфр значајни се следниве работи: Според дефиницијата Куфр е неверување во Аллах и

Неговите пратеници без оглед дали истото е пропратено со негирање или не.

Исламскиот пропис за Куфрот е дека тој што ќе направи Куфр излегува од верата.

Има пет вида на голем Куфр: 1. Неверување со негирање, а доказ е ајетот:

Page 25: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„Има ли понеправеден од оној кој што за Аллах измислува лаги и ја порекнува вистината која му дошла. И зарем на неверниците не им е местото во Џехеннем.“ (Ел Анкебут, 68)

2. Куфр на непокорување, вообразеност и надменост со истовремено потврдување.Доказ се зборовите на Возвишениот:

„И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“, тие сите се поклонија освен Иблис, кој одби, се вообрази и стана неверник.“ (Ел Бекаре, 34)

3. Куфр на сомнеж - неубеденостАллах, субханеху ве те’ала, вели: „И влезе во градината своја, правејќи си насилство на себе си, велејќи:

„Не мислам дека ова некогаш ќе пропадне, и не мислам дека Крајот на светот некогаш ќе дојде; а ако Му бидам вратен на Господарот свој, сигурно нешто подобро од ова ќе најдам.“ И другарот негов му рече, додека со него разговараше: „Зарем не веруваш во Тој што од земја те создал, потоа од капка семе, и на крајот потполн човек те направил? Што се однесува до мене, Тој, Аллах, е мој Господар и јас на Господарот свој не Му здружувам никого.“ (Ел Кехф, 35-38)

4. Куфр на дистанцирање/оддалечување од вератаДоказ е ајетот:

„…но неверниците ги вртат главите од тоа со што се опоменуваат.“ (Ел Ахкаф, 3)

5. Куфр на дволичноста/лицемериетоДоказ е ајетот:

„Тоа е затоа што беа верници, па станаа неверници, и тогаш срцата им се запечатија, па не сфаќаат.“ (Ел Мунафикун,3)

Мал Куфр

Page 26: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Неопходно е да се обрати внимание на следниве прашања: Значењето на кованицата мал Куфр. Тоа е секој грев кој во

Куранот и во Суннетот се нарекува куфр но не го достигнал степенот на голем Куфр.

Прописот поврзан со малиот Куфр, е дека тој е строго забранет и е еден од големите гревови со кој не се излегува од верата.

Примери на мал Куфр1. Негирање на Аллаховите благодети:

„Аллах како пример наведува град, сигурен и спокоен, на кој во изобилство му доаѓала храна од сите страни, но кој бил неблагодарен на Аллаховите благодати, па поради тоа што го правел, Аллах му дал да искуси и глад и страв.“ (Ен Нахл, 112)

2. Судир на муслиманот со друг муслиман. Доказ е хадисот: „Псуењето/навредувањето на верник е грев додека војната против него е куфр.“ (Муттефекун алејхи)

3. Навредување на потеклото на други луѓе.4. Оплакување на мртвите. Доказ е хадисот: Две присутни

работи кај луѓето се сметаат за куфр, навредување на потеклото на други луѓе и гласно оплакување на мртовец.“ (Муслим)

Нифак-Лицемерство

Јазичко значење: Според јазичното значење нифак е криење, засолнување на нешто.Терминолошко значење: Исполување на Ислам со истовремено криење на неверувањето и злото.Видови на ЛицемерствотоГолемо лицемерство поврзано со верувањето.Мало лицемерство поврзано со делата.

За лицемерството поврзано со верувањето важно е да се знаат следниве работи:

Дефиницијата: Големо лицемерство е кога човекот јавно исполува Ислам додека во внатрешноста крие неверство.

Исламскиот пропис за овој вид на лицемерство: Со овој вид на лицемерство целосно се излегува од верата и казната е најдолниот слој на џехенемскиот оган.

Видови лицемерство во верувањето:

Page 27: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

1. Порекнување на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем.

2. Негирање на нешто од она што го доставил Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем.

3. Презирање на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем.

4. Презирање на нешто од она што го доставил Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем.

5. Радувањето со назадувањето на Исламот 6. Омразата кон победата и напредувањето на Исламот.

За лицемерството поврзано со делата важно е да се знаат следниве работи:

Дефиницијата: Правење на дела на лицемерите при што иманот останува во срцето.

Исламскиот пропис за овој вид на лицемерство: Со овој вид на лицемерство не се излегува од верата. Се работи за голем грев и лицето со овој вид на лицемерство има и иман и лицемерие. Доколку се зголеми лицемерството, лицето станува вистински мунафик.

Неколку примери:1. Лагата при говор: Кога зборува лаже.2. Неисполнување на ветеното: Кога ветува не го

исполнува ветеното.3. Изневерување на довереното. Кога нешто во доверба ќе

му се довери изневерува.4. Бесрамност при расправање. Кога се расправа тоа го

прави бесрамно.5. Прекршување на договореното. Кога прави договор

истиот го прекршува.6. Мрзеливост при извршување на намазот во џемат во

џамија.

„Кога стануваат на намаз (молитвата), да го извршат, мрзеливо стануваат и тоа само за да се прикажат пред светот...“ (Ен Ниса, 142)

7. Правење на добри дела за да бидат видени или слушнати.

„да се прикажат пред светот...“ (Ен Ниса, 142)

Солидарноста (Љубовта) и непријателствувањето (Ел Вела Вел Бера)

Page 28: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Според етимолошкото значење Ел Вела значи заштита и љубов.Ел Бера е инфинитив од глаголот бере’е и значи да се пресече да се прекине. Терминолошко значење:Ел Вела: Искажување на љубов кон муслиманите, нивно помагање, почитување, уважување и блискост до нив.Ел Бера: Искажување на омраза кон неверниците, дистанцирање од нив и нивно непомагање.Важноста на солидарноста и непријателствувањето (во име на Аллах):

1. Овој принцип е еден од столбовите на Ислмаското верување.2. Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, го нарекол

најцврста иманска врска.3. Овој принцип е дел од Ибрахимовата, алејхи селам, и верата

на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.

Љубовта кон неверниците може да се манифестира во две форми:1. Ет Тевели2. Ел Мувала

За првата Ет Тевели форма неопходно е да се знае следново:

Дефиницијата: Искажување на љубов кон многубоштвото, многубошците, куфрот и неверниците и помагање на неверниците против верниците

Исламскиот пропис за оваа форма е: Голем Куфр и отпадништво од верата.

Доказ за ова тврдење е ајетот.

„А нивен е и тој меѓу вас кој за заштитници (пријатели) ќе ги прифати...“ (Ел Маиде, 51)

За втората Ел Мувала форма неопходно е да се знае следново:

Дефиницијата: Искажување на љубов кон многубошците и неверниците заради овосветските користи и при тоа нема помагање на неверниците против верниците

Исламскиот пропис за оваа форма е: Ваквото дело е забрането харам и е едно од големите гревови.

Доказ за ова тврдење е ајетот.

Page 29: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„О, верници, не земјате ги Моите непријатели и своите непријатели за пријатели, искажувајќи кон нив наклоност “ (Ел Мумтехине, 1)Начини на манифестирање на Ел Мувала:Како примери ќе ги наведам следниве:

1. Имитирање на неверниците во начинот на облекување и начинот на кој зборуваат.

2. Патување во нивните земји со цел забава, уживање и рекреација.

3. Престојување во нивните земји и ненапуштање на истите за живот во исламски земји со цел да се сочува верата.

4. Користење на нивните календари а посебно на тие кои се верски календари со кои се одредуваат нивните ритуали и празници. Таков е Грегорианскиот календар.

5. Учествување во нивните празници и помагање при нивното организирање, честитањето на тие празници и присуствување на истите.

6. Користење на нивните имиња како имиња за нас или за нашите деца.

Категориите на луѓето гледано од аспект на овој принцип:Сите луѓе поврзано со принципот на љубовта и омразта (во име на Аллах) можеме да ги поделиме во три групи:

Првата е онаа која ја сакаме вистински притоа не искажувајќи ниту една форма на непријателство и во таа категорија спаѓаат искрените верници.

Во втората група спаѓаат луѓето кои се презираат, мразат и кон кои се искажува чиста омраза и непријателство, без никаква манифестација на пријателство и љубов. Во оваа група спаѓаат чистите неверници.

Третата група ја сочинуваат тие кои од еден аспект се мразат додека од друга аспект се сакаат. Тука спаѓаат верниците кои грешат. Се сакаат заради иманот кој го поседуваат а се мразат поради гревовите кои ги чинат а кои се помали од гревовите какви што се ширкот и куфрот.

ИсламЕтимолошки Ислам значи покорување, предавање и потчинување.Според терминологијата Ислам е:

1. Потчинување на Аллах, субханеху ве те’ала, преку реализирање на Теухидот.

2. Да му се предадеш на Аллах, субханеху ве те’ала, покорувајќи му се.

3. Одрекнување од Ширкот и тие што прават ширк.Општо значење на терминот Ислам се однесува на обожувањето на Аллах, онака како што Тој пропишувал откако почнало

Page 30: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

испраќањето на Божјите Пратеници, алејхиму селам, па се до Судниот Ден.Посебното значење на терминот Ислам се однесува на она со што дошол последниот Божји Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.

Столбови на Исламот

Исламот се темели врз пет столба:

1. Шехадетот: Ла илахе ил-лаллах Мухамедун Ресулуллах2. Извршување на намазот3. Давање на Зекатот4. Постење на месецот Рамазан5. Да се отиде на Хаџ доколку се има можност

Овие столбови можат да се поделат во две групи:А. Столбови без кои не може да се одржи Исламот а тоа се: Шехадетот и намазотБ. Столбови без кои не може да се комплетира/допотполни Исламот а тоа се: Зекатот, постот на месецот Рамазан и Хаџот.Доказот за ова е хадисот: Исламот се гради врз пет столба, шехадетот дека нема друг вистински Бог освен Аллах и дека Мухаммед е Божји пратеник, извршување на намазот, давање на зекатот, хаџот и постењето на месец Рамазан. (Муттефекун алејхи)

Иман

Етимолошки Иман значи: Сведочење и потврдувањеСпоред терминологијата на Ехли Сунне вел Џемаа Иман е:

1. Убеденост на (со) срце2. Говор на јазикот3. Дела на екстремитетите/органите4. Расте со покорност5. Се намалува со гревови

Столбови на Иманот Иманот има шест столба:

1. Да веруваш во Аллах, субханеху ве те’ала.2. Во Неговите ангели/мелеци3. Во Неговите Книги4. Во Неговите Пратеници5. Во Судниот Ден6. Во Аллаховото одредување на доброто и злото.

Page 31: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Верувањето во Аллах подразбира:

Да веруваш во Неговото постоење. Да веруваш дека Аллах е вистински Бог кој владее и

управува со се (Рубубијет) Да веруваш дека Аллах е единствениот кој заслужува

да биде обожуван. (Улухијет) Да веруваш во неговите имиња и атрибути (Есма вес

сифат)

Верувањето во Мелеците подразбира:

Да веруваш во нивното постоење Да веруваме во тие чии имиња ги знаеме (како Џебраил) и

тие чии имиња не ги знаеме Да веруваме во нивните особини за кои сме известени преку

објавата Да веруваме во она што тие го направиле и го прават со

одредба на Аллах.

Верувањето во Божјите книги подразбира:

Да веруваш дека тие вистински се објавени од Аллах, субханеху ве те’ала.

Да веруваш во тие книги чии имиња ги знаеме како Тевратот, Зебурот, Инџилот и Куранот.

Потврдување и прифаќање на се она што е сочувано од тие книги во веродостојна форма и како такво (непроменето) е пренесено, што е потврдено во Куранот или во Суннетот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем.

Да работиме според прописите на поранешните книги, кои не се дерогирани во нашиот Шеријат, со истите да бидеме задоволни и да им се покориме без оглед дали ја знаеме мудроста на тој пропис или не ја знаеме. Општо правило е дека Куранот ги дерогирал сите поранешни објавени книги.

Верувањето во Божјите пратеници подразбира: Да веруваш дека сите вистински се пратени од Аллах.

Негирањето на еден Божји пратеник значи негирање на сите Божји пратеници.

Да веруваме во тие Божји Пратеници кои ги знаеме со нивните имиња како Мухаммед, Ибрахим, Муса, Иса, Нух и други, алејхиму селам.

Потврдување и прифаќање на сите информации кои се пренесуваат од нив и кои на веродостоен начин стигнале до нас.

Page 32: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Да работиме според шеријатот на оној Пратеник кој ни е пратен а тој е Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем. Тој е и последниот Божји Пратеник пратен на сите луѓе.

Верувањето во Судниот Ден подразбира: Верување во повторното проживување. Верување во одговарање за делата и добивање на

заслужената награда, односно казна. Верување во Џеннет и Џехеннем

Верувањето во Судниот Ден подразбира и верување во се она што се случува по смртта, искушението во гроб, наградата и казната во гроб.

Верување во Аллаховото одредување на доброто и злото подразбира:

Верување дека Аллах, субханеху ве те’ала, знае се, воопштено и во детали.

Верување дека сето тоа Аллах, субханеху ве те’ала, го запишал во Леухи Махфуз (Заштитената Плоча)

Верувањето дека се она што се случува бива со волјата на Аллах, Возвишениот.

Верувањето дека се она што постои е создадено од Аллах, битијата, особините и делата.

Докази за шесте столба на иманот се:1. Ајетот:

„Не е добродетелство во тоа да ги вртите вашите лица кон исток и запад, туку добродетели се тие кои веруваат во Аллах, во оној свет, во мелеците, во книгите, во веровесниците...“ (Ел Бекаре, 177)2. Ајетот:

„ Ние навистина сe со мерка создаваме...“ (Ел Камер, 49)3. Хадисот во кој Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, на

прашањето на Џебраил, алејхи селам, Што е Иман? Одговара: Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите веровесници, во Судниот ден и во одредбата на се што се случува, доброто и злото. (Муслим)

Page 33: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Ихсан – Доброчинство

Етимолошки зборот ихсан означува нешто што е спротивно на нанесувањето зло.Шеријатското значење е убеденоста дека Аллах не надгледува кога сме сами и кога сме во јавност.

Столбови на Ихсанот:Ихсанот има само еден столб а тој е да го обожуваш Аллах како да Го гледаш, бидејќи иако ти Него не можеш да го видиш (на овој свет), Тој тебе секогаш те гледа.

Ихсанот можеме да го поделиме на два дела:а. Доброчинство кон луѓето при што се користиме со имотот кој го поседуваме, положбата на која се наоѓаме, знаењето кое го имаме и телото со кое работиме.б. Скалата на доброчинство при обожување на Создателот кој има два степена:

Степен кој е еднаков на убедувањето кое го има тој што го гледа Аллах-Обожувај го Аллах како да го гледаш- и тоа е највисокиот степен.

Степен на убеденост дека Аллах Нè гледа и Нè набљудува - Доколку ти не можеш да Го видиш знај дека Тој те гледа.

Доказ за Ихсан е ајетот:

„Аллах е навистина со тие што се плашат од Аллах и што се воздржуваат од гревовите и што прават добри дела.“ (Ен Нахл, 128)Одговорот кој Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, кога Џебраил, алејхи селам го прашал за Ихсан: Да го обожуваш Аллах како да го гледаш, Доколку ти не можеш да Го видиш знај дека Тој те гледа. (Муслим)

Врската помеѓу Исламот, Иманот и Ихсанот

Ако сите овие термини ги споменеме заедно на едно место тогаш секој од нив има посебно значење:

Исламот се однесува на видливите дела. Иманот се однесува на невидливите дела. Ихсанот се однесува на највисокиот степен на верата.

Доколку било кој од овие термини се спомене посебно тогаш ги имаат следниве значења:

Спомнувањето на Исламот го подразбира и Иманот. Со спомнувањето на Иманот се подразбира и спомнување на

Исламот.

Page 34: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Со спомнувањето на Ихсан се опфаќа и Исламот и Иманот.

Ибадет - Обожување

Етимолошки зборот ибадет значи понизност и потчинетостТерминолошки со овој збор се именуваат сите, зборови и дела, јавни и тајни кои Ги сака и со кои е задоволен Аллах, субханеху уе те’ала.

Зошто шеријатските должности за полнолетните лица се наречени ибадет?Затоа што кон истите се придржуваат и им се покоруваат со понизност и потчинетост кон Аллах, џел-ле ше’нуху.

Ибадетот има три столба: Љубовта Стравот Надежта

Условите кои треба да се исполнат за да еден ибадет се прими се:

Искреноста, а доказ за овој услов е ајетот:

„а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат...“ (Ел Бејјине, 5)

Следењето на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, а доказ за овој услов е хадисот: „Кој ќе направи дело кое не е од нашата вера, истото ќе му биде одбиено.“ (Бухари и Муслим)

Видови на покорност/обожување:

Ибадету кеунијје (обожување кое е дел од Аллаховата универзална волја и одредба). Ова покорување ги опфаќа сите создадени, верниците, неверниците, добрите и непокорните. Доказ е ајетот:

„Та, сите тие, и тие на небесата и тие на Земјата, ќе Му дојдат на Семилосниот како робови.“ (Мерјем, 93) Ибадету шер’ијје (покорување на Аллаховата верска волја и

наредба). Ова покорување е специфично за верниците кои му се покоруваат на Аллах, џел-ле ше’нуху, и го следат патот на Божјите Пратеници, алејхиму селам. Доказ е ајетот:

Page 35: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат...“ (Ел Фуркан, 63)

Значајно правило за Теухидот на обожување

Текстот на ова правило: Секое дело за кое ќе се утврди дека е ибадет, упатувањето на истото на Аллах се смета за Теухид, додека упатувањето на друг (не на Аллах) се смета за Ширк и негирање на Теухидот.

Доказ за ова правило се многу ајети од кои ќе ги издвоиме:

„И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте...“ (Ен Ниса, 36)

„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате...“ (Ел Исра, 23)

„Кажи: Дојдете да ви кажам што ви пропишува Господарот ваш: ништо да не Му здружувате...“ (Ел Ен’ам, 151)

Примери:

Довата (молитвата) е ибадет и доколку истата му се упати на некој друг станува Ширк.Стравот е ибадет и доколку од некого друг се плашиме онака како што треба да се плашиме од Бога, таквото дело станува Ширк.Курбанот е ибадет и доколку истиот му го принесеме на некој друг а не на Аллах станува Ширк.Заветувањето е ибадет и доколку некој се заветува во нечие друго име освен на Аллах, таквиот завет станува Ширк.

Видови на Љубов

Љубовта можеме да ја поделиме на четири вида: Љубов која е ибадет, да го сакаш Аллах и сето она што

Возвишениот го сака. Доказ за овој вид на љубов е ајетот:

„Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)

Љубов која е Ширк кога некој се сака на начин како што се сака само Аллах со потчинување и величање кое му

Page 36: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

доликува само на Аллах, џел-ле ше’нуху. Доказ за овој вид на љубов е ајетот:

„Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли ги сакаат како што Аллах се сака!“ (Ел Бекаре, 165)

Љубов која е грев, да се сакаат гревовите, бидатите и забранетите работи. Доказ дека ваквата љубов е грев е ајетот:

„Тие што сакаат за верниците да се шират бесрамни гласини, ги чека тешка казна и на овој и на оној свет, Аллах знае сe, а вие не знаете.“ (Ен Нур, 19)

Природната љубов, каква што е љубовта кон децата, сопругата, себеси и истата е дозволена. Доказ е ајетот:

„На луѓето им е разубавен копнежот кон страстите, жените, синовите, куповите од злато и сребро, расните коњи, добитокот и посевите. Тоа се насладувањата од овосветскиот живот; а најубавото место за враќање е кај Аллах!“ (Али Имран, 14)

Page 37: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Ел Хауф – Страв

Стравот е состојба на возбуденост предизвикана од претчувство (очекување) на пропаст, нанесување на штета или вознемирување.

Видови на страв: Страв кој е Голем Ширк. Тоа е скриениот страв од некој друг

а не од Аллах, субханеху уе те’ала, за работи кои може само Аллах да ги направи. Доказ се зборовите на Возвишениот:

„И не плашете се од нив, туку плашете се од Мене, ако сте верници!“ (Али Имран, 175)

Вид на страв кој е забранет (харам). Таков е оставањето на верска должност или чинењето на грев заради страв од луѓето. Доказ се зборовите на Возвишениот:

„…не плашете се од луѓето, туку плашете се од Мене...“ (Ел Маиде, 44)

Вид на страв кој е дозволен (џаиз). Во овој вид на страв спаѓа природниот страв како на пример страв од лав, од непријател, од неправеден владетел и сл. Доказ за дозволеноста на овој вид на страв е ајетот:

„И Муса во градот осамна исплашен, очекувајќи што ќе се случи...“ (Ел Касас 18)

Страв кој е ибадет. Во овој вид на страв спаѓа стравот единствено од Аллах, Единствениот, субханеху уе те’ала, на Кој не му се здружува никој. Доказ е ајетот:

„А на тој што од стоењето пред Господарот свој се плашел, ќе му припаднат две градини (два џенета)“ (Ер Рахман, 46)

Видови на страв од Аллах, субханеху уе те’ала

1. Страв кој е пофален и кој те спречува од гревовите и те поттикнува да ги извршуваш своите должности кон Аллах, џел-ле ше’нуху.

2. Страв кој е покуден за тоа што предизвикува бесперспективност и губење на надеж во Аллаховата милост.

Ер Реџа - Надежта

Page 38: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Јазичното значење е очекување, надевање и исчекување на посакуваното.Надежта можеме да ја класифицираме во три групи:

Надеж која е ибадет и која е поврзана само со Аллах, Единствениот. Истата се дели на два подвида:

1. Надеж која е пофалена и која освен надевањето во Аллаховата милост подразбира и чинење на добри дела и покорност кон Аллах.

2. Надеж која е покудена и која не е попратена со дела на покорност кон Бога и се работи за пуста желба и надеж

Надеж која е Ширк. Да се надеваш во некого друг а не во Аллах, за работи кои ги поседува само Аллах, џел-ле ше’нуху.

Надеж која е природна/вродена. Да се надеваш од личност за работи кои може да ги направи и кои ги поседува. Пример е реченицата: Се надевам дека ќе присуствуваш.

Ајет кој зборува за надежта:

„Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик.“ (Ел Кехф, 110)

Ет Тевек-кул – Потпирање врз Аллах

Од јазичен аспект зборот Тевек-кул значи препуштање и потпирање.Во Шеријатската терминологија Ет Тевк-кул е потпирање на срцето само врз Аллах, Возвишениот.Верски прифатлив Тевек-кул е тој што ги исполнува следниве три услови:

1. Искрено и вистинско потпирање само врз Аллах, субханеху уе те’ала.

2. Цврстата убеденост и верување дека сè е во Аллаховите раце.

3. Чинењето на верски дозволените причини.

Поделба на Тевек-кулот: Истиот можеме да го поделиме на три вида:

Тевк-кул кој е Ибадет и истиот е потпирање само врз Аллах, Единствениот.

Тевек-кул кој е Ширк. Да се потпреш врз некој друг а не врз Аллах во работите кои се само во Аллахова

Page 39: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

власт/поседување. Тука спаѓа и потполното, но и делумното потпирање врз превземените причини.

Тевкил – ополномоштување. Да ополномоштиш некого да изврши некое дело во твое име и истиот да е во можност тоа да го направи. Ополномоштувањето е дозволено.

Разликата помеѓу Ет Тевек-кул и ополномоштување

Тевек-кулот е скриено дело на срцетоОполномоштувањето е видливо надворешно дело.

Доказ за Тевек-кул е ајетот:

„... а на Аллаха!? потпрете се, ако сте верници!“ (Ел Маиде, 23)

Довата – молитвата

Довата е Ибадет, поточно сржта и еден од најважните ибадети. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, рекол: „Довата, таа е ибадет.“ (Тирмизи и Ибн Маџе. Албани вели дека хадисот ги исполнува условите на веродостојност)Аллах, субханеху уе те’ала, вели:

„Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!“ (Ел Џинн, 18)

Молитвата (довата) се дели на два вида:

1. Дова која е ибадет и се однесува на се она со што човек го обожува Аллах. Пример за овој вид на дова се намазот, хаџот, милостината, постот и сл. Причината за именувањето со зборот дова е фактот дека содржи значење на „барање“, т.е. преку овие дела човекот бара од Аллах да му се смилува и да го внесе во Рајот.

2. Довата со која се бара одредено нешто и истата содржи барање и молба. Пример е довата: Господару мој смилувај ми се и прости ми ги гревовите.

Довата која му се упатува на некој друг освен на Аллах Довата е ибадет и долоку истата му се упати на некој друг освен на Аллах, субханеху уе те’ала, човекот кој го прави тоа станува

Page 40: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

многубожец и неверник (мушрик и кафир). Доказ се зборовите на Возвишениот:

„А тој што, покрај Аллах, му се моли на друг бог, без никаков доказ за него, пред Господарот свој сметка ќе полага, и неверниците нема да се спасат.“ (Ел Му’минун, 117)

Рукја

Етимолошки зборот Рукје значи: барање на заштита и засолниште.Според Шеријатската терминологија: Рукје се ајети, зикрови и дови кои му се читаат на болниот со цел негово лекување.

Видови на Рукје:

1. Рукје кое е верски пропишано/дозволено и истото со консензус на исламските алими треба да исполни три услова:

Да биде на јасен и разбирлив арапски јазик. Да се состои од Аллахови зборови, Негови имиња и атрибути. Да не се потпреме потполно само врз Рукје и да знаеме дека

тоа само по себе не влијае и дека неговото влијание е условено со Аллаховата, субханеху уе те’ала, одредба.

2. Рукје кое е забрането е она кое не исполнува еден или повеќе од гореспоменатите услови за верски пропишано/дозволено рукје.

Рукјето во Суннетот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, е спомнато во следниве хадиси: „Навистина (некои) рукји, амајлиите и амулетите се Ширк.“ (Ахмед, Ебу Давуд и Ибн Маџе. Албани вели дека хадисот ги исполнува условите на веродостојност)„Изложете ми ги вашите Рукји. Нема ништо лошо во Рукјите се додека не содржат Ширк.“ (Муслим)

Ет Темаим – Амајлии

Според Шеријатската терминологија амајлија е се она што се закачува на облеката, телата на децата и други за заштита од урок.

Има два вида на амајлии:

Page 41: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

1. Амајлии кои содржат делови од Куранот и дови од зборовите на Божјиот Пратеник Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем. Според поточното мислење истите се забранети поради три причини:

- Општата забрана за носење амајлии/записи и непостоење на доказ кој од таквата забрана ги издвојува амајлиите со Куран и суннетски дови.

- Превенција на последиците до кои може да се дојде заради носење на нешто што во основа не е дозволено.

- Секојдневните ситуации можат да доведат до омаловажување на текстови од Куранот и Суннетот со нивно носење на места кои се нечисти (тоалетите при физиолошка потреба).

2. Амајлиите кои не содржат делови од Куранот и од суннетските дови. Такви се амајлиите на кои има имиња на џинни, шејтани, неразбирливи формули. Ваквите амајлии се строго забранети (харам) и претставуваат Ширк затоа што со нив човек се врзува со друг а не со Аллах, џел-ле ше’нуху.

Сиже:

Сите амајлии, кои содржат делови од Куранот и од суннетските дови и кои не содржат се забранети (харам). Амајлиите кои содржат имиња на џинни, неразбирливи формули покрај што се забранети се и Ширк.Доказ е веќе спомнатиот хадис: „Навистина (некои) рукји, амајлиите и амулетите се Ширк.“ (Ахмед, Ебу Давуд и Ибн Маџе. Албани вели дека хадисот ги исполнува условите на веродостојност)

Ет Тебер-рук - Барање на Бериќет

Јазично значење: Многубројност на нешто и негова потврдност/стабилност.Терминолошки: Барање на бериќет, очекување на бериќет и убеденост во бериќетот/благословот.

Има две форми на Ет Тебер-рук:1. Тебер-рук кој е верски пропишан и дозволен.

- Тука спаѓа тебер-рукот со телото на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, и она што припаѓало на нековото тело (косата, потта исл.). Овој начин на барање на бериќет бил дозволен само во времето на неговиот живот, сал-лаллаху алејхи уе селем.

Page 42: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

- Барање на бериќет со зборови и дела кои се верски пропишани и доколку истите се направат, ќе се придобие добро и бериќет. Пример се: читањето на Куран, спомнувањето на Аллах, присуство на места каде се шири знаење.

- Барање на бериќет на места каде Аллах го спуштил бериќетот. Такви места се џамиите, градовите Мекка, Медина, подрачјето Шам. Тебер-рукот тука подразбира чинење на добри дела, искажување на покорност кон Аллах, со верски пропишани дела. Ова во ниеден случај не подразбира триење со/на ѕидовите и столовите барајќи бериќет.

- Барањето на бериќет во времиња во кои Аллах, субханеху уе те’ала, спушта бериќет и на делата им дава поголем вредност. Такви се месецот Рамазан, десетте дена на месецот Зул Хиџџе, Лејлетул Кадр, последната третина од ноќта. Бериќетот во овие времиња се бара преку многу добри дела, покорност кон Бога со верски пропишаните ибадети.

- Барањето на благослов во храната во која Аллах, џел-ле ше’нуху дал бериќет. Бериќетна храна е маслиновото масло, медот, млекото, семето на Nigella Sativa, водата Зем-зем. Бериќетот на водата Зем-зем не се губи со нејзино преместување од едно на друго место, според поточното мислење на учените/алимите.

2. Тебер-рук кој е верски забранет - Барањето бериќет на одредени места и преку одредени

работи како на пример:а. Триење на ѕидовите, бакнување на прозорците и столбовите како и лечење со земјата на местата чиј што бериќет е потврден.б. Барање на бериќет на гробиштата на добрите луѓе и преку нивните турбиња.в. Барање на бериќет на места кои се поврзани со историски случки како што се местото на раѓање на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, пештерата Хира, пештерата Сеур...- Забрането барање бериќет поврзано со временски периоди.а. Чинењето на дела кои не се пропишани, кои се измислени или воведени во верата, во периоди чија благословеност е потврдена со шеријатски текстови.б. Барање на бериќет во времиња за кои нема шеријатска потврда дека се бериќетни. На пр. (роденденот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, ноќта на Исра и Мираџ,

Page 43: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

средишната ноќ на месецот Шабан, деновите и ноќите поврзани со историски настани)- Забрането барање на бериќет со телата на добрите луѓе и нивните оставштини. Не е дозволено барање бериќет со телото и оставштините на никого, освен со телото и оставштините на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, и тоа само во времето додека бил жив.

Значајни правила и ограничувања поврзани со барањето бериќет

Тебер-рукот е ибадет а основно правило кај ибадетите е дека за ибадет се смета она што е пропишано со шеријатски валиден доказ.

Сиот бериќет е од Аллах, тој е негова сопственост која му ја дава на кого сака па затоа бериќетот се бара само од Аллах, субханеху уе те’ала.

Барањето на бериќет во она за што постои шеријатска потврда дека има бериќет му користи само на вистинскиот еднобожец кој верува во Аллах и Неговиот Пратеник.

Барањето на бериќет во она за што постои шеријатска потврда дека има бериќет се прави на начин кој е верски пропишан и не е дозволено измислување на начини и патишта (да се дојде до бериќет) кои не ги познавале првите одбрани генерации.

Значајни правила во поглавјето поврзано со причините кои се превземаат за да се реализира некое дело

Тој што превзема некоја причина за да се реализира некое дело треба да се потпре единствено на Аллах, субханеху уе те’ала, а не на причината, затоа што Аллах е Тој што се дава и создава, па и причините (предусловите).

Да знае дека тие причини се поврзани/предодредени со Аллаховата одредба.

Начини да се востанови дека нешто е причина се:1. Преку Шеријатот и пример е медот кој е причина за

излекување. Доказ е ајетот:

„Од утробите нивни излегува пијалак со различни бои, кој им е лек на луѓето...“ (Ен Нахл, 69)

2. Преку опитното искуството и испитувањата. Примери: Огнот предизвикува изгореници и пожар. Значи работата за која тврдиме дека е причина на нешто, треба да биде потврдлива

Page 44: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

(да даде можност за докажување со опит/тест). Доколку резултати на дадена причина не се толку видливи и потврдени, тогаш се работи за непотврдена претпоставка и заблуда. Такво е тврдењето дека носењето на одреден вид алки помага при заштита од урок.

Ет Тевесул - Посредништво

Етимолошко значење: Она кое го користиме за да се реализира некоја цел или да се приближиме до нешто/некого.Верското значење е да се искористи верски дозволена причина за да му се приближиме на Аллах, џел-ле ше’нуху.

Тевесулот се дели на две основни категории:Дозволен и недозволен.Во категоријата дозволен Тевесул спаѓаат:

Тевесулот (Посредништвото) со некои од Аллаховите имиња и атрибути.

Посредништвото со некое добро дело кое го направил молителот.

Посредништвото преку довата која за нас ја чини некој добар верник кој е сеуште жив.

Забранет Тевесул е секој оној кој што е во спротивност со спомнатите форми на дозволен Тевесул.Како примери ќе ги наведам:

Посредувањето со цел приближување кон Аллах преку правото (хакк) и положбата која ја има некоја личност.

Довата и заветот со кои им се обраќаме на тнр. евлии и добри луѓе.

Принесување на жртви (курбани) за евлиите и често престојување околу нивните гробишта.

Принесувањето на жртва на некој друг освен Аллах

Зборот зебх од етимолошка гледна точка значи колење.Терминолошки значи колење и пуштање на крв на посебен начин со цел величање и приближување кон Бога.Колењето на курбани може да се категоризира во три категории:

1. Верски пропишано2. Верски дозволено3. Принесување на Курбани кои се Ширк

Примери на верски пропишани курбани се: Курбаните кои се колат за Курбан Бајрам. Курбаните кои се колат за да се исполни завет даден на

Аллах, џел-ле ше’нуху.

Page 45: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Курбанот за време на Хаџ. Курбан кој се коле како откуп за грешки во тек на Хаџ и

Умре. Акиката која се коле во знак на благодарност за

новороденото дете. Курбан кој се дели на сиромашните со цел да се придобие

Аллахоото задоволство. Курбанот кој се коле за да се почестат гости.

Во групата верски дозволено колење спаѓаат: Колењето на животни за да се тргува со нивното месо. Колење на животно чие месо ќе се користи за исхрана.

Во групата колење кое е од Ширк спаѓа: Колење и принесување на жртви на кипови/идоли. Курбани кои им се принесуваат на џинни. Принесување на жртви за турбиња, гробишта и места каде

се чини Ширк. Колење на курбан при вселување во куќа со цел да се

заштити од џинни/демони. Курбан кој се коле пред да влезат младоженците во нивната

куќа и преминување преку крвта на принесената жртва. Курбан кој се коле за Аллах но се спомнува друго име а не

Аллаховото име, субханеху уе те’ала.

Сиже:1. Колењето и принесувањето на жртва е ибадет кој му се упатува само на Аллах и не е дозволено истиот да му се упати на некој друг освен на Аллах, субханеху уе те’ала. Доказ се зборовите на Возвишениот:

„Кажи: Клањањето мое, и обредите (курбаните) мои, и животот мој, и смртта моја, навистина Му се посветени само на Аллах, Господарот на световите.“ (Ел Енам, 162) 2. Колењето и принесувањето на жртва на некој друг а не на Аллах е Голем Ширк и тој што тоа го прави е проколнат од Бога. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: Проколнат е тој што ќе заколе курбан за некој друг освен за Аллах. (Муслим)

Завет (Незр) даден на некој друг освен Аллах

Етимолошки незр значи цврста одлука.Терминолошки незр е кога верски одговорно лице (мукеллеф) ќе се обврзе со ибадет кој не му е должност за да го велича тој во чие име се заветувал.

Дадениот завет е ибадет

Page 46: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Не е дозволено да се заветуваш дека ќе направиш некое дело кое не ти е должност освен во име на Аллах, џел-ле ше’нуху. Доколку тоа се направи со цел да се велича некој друг (не Аллах) тогаш се прави голем Ширк. Аллах, субханеху уе те’ала, вели:

„Тие заветот го исполнуваат...“ (Ел Инсан, 7)Оној што ќе се заветува во некого друг а не во Аллахово име, не му се дозволено да го изврши тоа за што се заветувал.

Кога заветот станува Ширк

Кога човекот ќе се обврзе со нешто во име на некој друг а не Аллах величајќи го и барајќи блискост до него како на пример:

Да каже: Доколку Аллах, субханеху уе те’ала, го излечи овој болен за гробот на евлијата ќе заколам „толку“ овци и ќе дадам „толку“ пари.

Да каже. Доколку ми се роди дете за евлијата ќе заколам курбан на неговиот гтоб.

Да каже: Се заветувам да заколам три курбана за „тој“ евлија и за „тој“ џинн.

Да даде завет за некој кип/идол. Да даде завет за сонцето или месечината.

Ел Исти’анету, Ел Истигасету, Ел Исти’азету- барање на помош, излез и заштита

Ел Исти’анету: барање на помошЕл Истигасету: барање на спас/излез од тешка ситуација.Ел Исти’азету: барање на заштита

Доказ дека овие три дејства се ибадет се ајетите:За првото:

„Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!“ (Ел Фатиха, 5)

За второто: „И кога од Господарот свој помош (излез) побаравте...“ (Ел Енфал, 9)

За третото: „Кажи: Барам заштита кај Господарот на луѓето.“ (Ен Нас, 1)

Page 47: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Прописи за овие три работи доколку истите се бараат од некој друг а не од Аллах, субханеху уе те’ала.

Истите можеме да ги поделиме во две категории: Дозволено кога ќе се исполнат следниве четири услови:

Два услова кои се поврзани со тоа што се бара со овие три дела (Ел Исти’нету, Ел Истигасету, Ел Исти’азету):1. Она што се бара да не му е својствено единствено на Аллах.2. Тој од кого се бара да е во можност истото да го исполни.Другите два услова се поврзани со тој од кого се бара помош, излез и заштита:1. Човекот од кого спомнатото се бара да е жив2. Истиот да е присутен.

Ширк доколку изостане еден од спомнатите услови.

Page 48: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Еш Шефа’ату - Завземањето за некого

Овој инфинитив произлегува од глаголот шефе’а јешфе’у што значи непарното да го направиш парно. Зборот Еш Шеф’у значи парен а не непарен број.Терминолошки шефаат е користење на посредник за да се придобие корист или да се спречи/отстрани некоја штета.

Видови на Шефаат:Шефаат кој не се прифаќа.Тоа е оној шефаат со кој се бара од Аллах она што му е својствено само на Аллах, џел-ле ше’нуху.Истиот е спомнат во ајетот:

„О, верници, дајте дел од тоа со што Ние ве снабдуваме, пред да дојде Денот кога нема да има ни откупи, ниту пријателства, ниту посредништва! А неверниците се навистина неправедни!“ (Ел Бекаре, 254) Шефаат кој се прифаќа.Тоа е посредувањето/завземањето кое се бара само од Аллах и истиот треба да ги исполни следниве услови:

1. Дозвола од Аллах, субханеху уе те’ала, посредникот да посредува и да се завземе за некого.

2. Аллах да е задоволен со тој што посредува и тој за кого се посредува.

Доказ се ајетите:

„Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?!“ (Ел Бекаре, 255)

„А колку мелеци има на небесата чиешто посредување никому нема да му биде од корист, сe додека Аллах тоа не го дозволи на оној кому Тој сака и во корист на оној од кого е задоволен.“ (Ен Неџм, 26)

Page 49: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Пропис за барање на шефаат од некој кој е жив и е во можност бараното да го направи

Доколку од него се бара некое пропишано или дозволено дело кое тој е во можност да го направи, тогаш е дозволено и е од меѓусебното помагање во добри дела.

Доколку од него се бара нешто што само Аллах го може тогаш е Ширк.

Посетување на гробиштата

Посетувањето на гробиштата може да се подели во три категории:А. Посетување кое е верски пропишано за да се- Потсетиме на другиот свет- Ги поздравиме со селам жителите на тие гробишта- Да упатиме дова за мртвите Б. Посетување на гробиштата за кое важи прописот Бидат – воведена новина во верата- Да му чиниш ибадет на Аллах кај некој гроб- Да бараш бериќет од Аллах кај тие гробишта- Да му подариш себапи на умрениот кај неговиот гроб- Посебно да се подготвиш за патување со цел да се посети некој гроб и сл.

В. Посетување на гробиштата кое е Ширк и рушење на Теухидот- Да му упатиш дова на некој друг (не на Аллах) кај некој гроб- Да побараш помош и спас од некого - Да заколеш курбан во негово име или да се заветуваш за некој гроб и сл.

Сихр – Магија

Со зборот сихр се означува се она чија што причина на случување е непозната и скриена.Терминолошки сихр се сите формули кои се изговараат, нејасни текстови, амајлии, лекови и дроги кои влијаат врз срцето и телото откако тоа ќе го дозволи Аллах, субханеху уе те’ала.

Сихрот има две форми:

1. Сихр кој е голем Ширк и истиот е со посредство на Џинни и шејтани, кои се обожуваат, на кои им се приближуваат маѓепсниците, на кои им се чини сеџда за да се одоброволат и истите да му нанесат штета на маѓепсаниот.

Page 50: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

2. Сихр кој е голем грев, развратно дело и неправда. Истиот е со посредство на опојни лекови, треви и дроги. Во оваа група спаѓаат и илузиите кои се резултат на брзите и вешти раце како и оптичките илузии.

Прописот за Сихр

1. Доколку се работи за сихр од првиот вид тогаш сихирбазот е кафир и се казнува со смрт како отпадник од верата.2. Доколку се работи за сихр од вториот вид, тогаш маѓепсникот е грешник, и за него доколку, тоа го смета за неопходно владетелот, следува смртна казна за да се спречи и созбие неговото насилство.

Доказ кој укажува дека сихрот е неверство се зборовите на Возвишениот Аллах:

„Тие двајца никого не поучуваа се додека не му кажеа: Ние само искушуваме, а ти немој да бидеш неверник!“ (Ел Бекаре, 102)Секој оној кој прави сихр, кој учи сихр и кој е задоволен со сихрот прави неверство и излегува од Исламот.

Прописот за Нушре (отстранување на сихр)Постојат два начина да се постигне отстранување на сихрот:1. Отстранување на сихрот со сихр, и ова е забрането и се смета за шејтанско дело.2. Отстранување на сихрот со рукје, пропишани дови и дозволени лекови. Ова отстранување е дозволено и нема никакво спорење околу дозволеноста на истото.

Укажување на сихирбазите и алармирање за нивната опасност

Да се укаже и да се информира јавноста за сихирбазите, како и да се алармираат и опоменат луѓето за нивната опасност е пофалено дело затоа што содржи негирање на злото советување на муслиманите.

Знакови со кои се препознаваат сихирбазите

Доколку се соочиме со еден од овие знакови тогаш, без и најмало сомнение, се работи за сихирбази:

Page 51: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

1. Прашува за името на болниот и за името на неговата мајка.2. Бара нешто што му припаѓа на болниот (облека, кошула, шамија, мантил).3. Пишува талисмани и амајлии.4. Чита неразбирливи текстови и тнр. молитви5. Понекогаш бара животно со одредени особини за да го заколе без да го спомне Аллаховото име. Со крвта на животното ги мачка болните делови на телото или пак телото на принесеното животно го фрла на запуштено место.6. На болниот му дава покривач кој од внатрешната страна содржи квадрати кои во внатрешноста имаат бројки и букви.7. Зборува брзо и неразбирливо.8. На болниот му дава листови за да ги запали и да се начади со нивниот чад.9. На болниот му дава нешта и бара од него истите да ги закопа во земја.

Гатањето и пророкувањето

Според дефиницијата кахин (тој што гата) е секој оној што преку џинните и шејтаните информира за она што ќе се случи во иднина. Според дефиницијата арраф (тој што пророкува) е оној кој претендира дека знае работи кои се случуваат во сегашноста, како што е необјаснивото наоѓање на местото каде се наоѓа украденото или загубеното.

Да се претендира познавањето на гајбот3 е Куфр затоа што е негирање на ајетот:

„Кажи: Никој, освен Аллах, ни на небото ни на Земјата, не го знае гајбот…“ (Ен Немл, 65)

Категории на лицата што информираат за невидливото:

1. Тој што дава информации за невидливото преку џинните се нарекува Кахин.2. Тој што дава информации за невидливото преку цртање на линии во песокот се нарекува Реммал.3. Тој што дава информации за невидливото преку ѕвездите се нарекува Мунеџџим.4. Тој што, на необјаснив - мистериозен начин дава информации за нешто што е украдено или загубено се нарекува Арраф.

3 Гајб (ар.) - невидливото, непоимливото.

Page 52: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Прописот за посетување на овие категории на луѓе:

Верскиот пропис за ова дело може да се подели на два дела:

1. Ако се посетат и им се постави прашање без да им се верува. Ваквото дело е голем грев и на тоа лице нема да му се прими намазот четириесет дена. Доказ е хадисот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, во кој стои: „Кој ќе посети некого што гата и ќе го праша за нешто намазот нема да му се прими четириесет дена.“ Т.е. нема да има награда за намазот кој го клањал.2. Ако се посетат, им се постави прашање и им се верува, тогаш се изразува неверување во она што му е објавено на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем. Доказ е хадисот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, во кој стои: „Кој ќе посети некого што гата (за сегашноста и иднината), ќе го праша за нешто и ќе му поверува тој изразил негирање на она што му е објавено на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем.“ (Ебу Давуд, Несаи, Тирмизи, Ибн Маџе и Хаким. Албани смета дека ги исполнува условите за веродостоен хадис)

Ет Тијере - Претчувство, злокобност

Од јазичен аспект значи очекување на нешто добро или лошо кое ќе се случи во иднина врз основа на некој предзнак.Во Исламската терминологија Тијере е злокобност дека нешто лошо ќе се случи врз основа на нешто што е видено, чуено или сознаено.

Прописот за ова дело:

Тетајурот му се спротивставува на Теухидот од два аспекта1. Кај него се губи потпирањето врз Аллах, субханеху уе те’ала, и се потпира врз некого друг освен Аллах, Возвишениот.2. Се врзува за работи кои реално не постојат и кои се илузии и привидувања.

Докази со кои се забранува ова дело се:Ајетот:

„...а кога ќе ги снајдеше некаква неволја, тие на Муса и на верниците таа неволја ќе им ја препишеа. Но, не! Нивната

Page 53: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

неволја беше од Аллах, само што повеќето од нив не знаеја!“ (Ел Араф, 131)Хадисите: „Нема зараза, нема лош предзнак, нема лош предзнак во утот и црвите во цревата на камилата.“ (Муттефекун алејхи)„Верувањето во лош предзнак е Ширк.“ (Ебу Давуд и Тирмизи кој истиот го оценува како хасен)

Состојбата на тој што чини Тијере

Можеме да издвоиме две состојби:1. Да се воздржи од делото кое сакал да го прави и да му се препушти на Тијерето. Ова е еден од најопасните форми на Тијере и злокобност.2. Да продолжи со тоа што го правел, нос со страв од можно влијание на лошиот предзнак. И ова е вид на злокобност но е помал грев од претходниот.И двете состојби влијаат врз намалување на Теухидот и им нанесуваат штета на луѓето.

Лек за оној што ќе почувствува Тијере во своето срце

Нека ја изговори оваа дова:„Аллахумме ла је’ти бил хасенати ил-ла Енте, ве ла једфе’у ес сејјиати ил-ла Енте Ла хауле ве ла куввете ил-ла Бике.“ Аллаху мој, никој не носи добро освен Тебе и никој не спречува зло освен Тебе. Нема сила и моќ освен со Твоја помош. (Ебу Давуд, Албани вели дека е слаб даиф хадис) „Аллахумме ла тајре ил-ла тајруке ве ла илахе гајруке“Аллаху мој нема друга неволја освен таа што доаѓа од Тебе и Ти си единствениот вистински Бог. (Ахмед, Албани смета дека е веродостоен)

Потоа негова должност е: Да ја спознае штетноста на злокобноста. Да се бори со својата душа. Да верува во Аллаховата пресуда и одредба Да има добро мислење за Аллах, џел-ле ше’нуху. Да клања истихаре намаз

Дефиницијата за забрането тијере ја дал Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, во следниов хадис: „Навистина Тијере е она што те наведува на некое дело или те одвраќа од нешто.“ (Ахмед во неговото дело Муснед. Ахмед Шакир го оценил како слаб даиф хадис)

Ел Фе’л-Оптимизам

Page 54: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Значи убав збор кој кога ќе се чуе разведрува и дава оптимизам (надеж).Пример е кога пред да се тргне на пат некој ќе каже некој збор како на пример Ја Салим (о Здрав човеку) и кај патникот предизвикува ведрина и оптимизамОд аспект на пропис, ваквото дело е дозволено. Доказ е хадисот во кој Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: „Ми се допаѓа оптимизмот.“ (Муттефекун алејхи)

Разликата помеѓу Ет Тијете и Ел Фе’л

Ет Тијере е лошо мислење за Аллах, субханеху уе те’ала, и припишување на Нему својствени работи на некој друг, поврзување на срцето со нешто што е создадено што не користи ниту може да наштети.Ел Фе’л е убаво мислење за Аллах кое не го одвраќа човека од неговите потреби.

Ет Тенџим – Астрологија

Етимолошко значење: Инфинитив од глаголот неџ-џеме што значи ја научил науката за ѕвездите или верува во влијанието на ѕвездите.Терминолошко значење: Докажување на одредени работи преку ѕвездите.

Знаењето за ѕвездите може да се класифицира во две групи:1. Знаење за прописите и влијанието.2. Знаење за причините и управувањето.

Знаење за прописите и влијанието може да се подели на три вида: Убедувањето дека ѕвездите дејствуваат самостојно и имаат

влијание т.е. дека создаваат случки и зла. Ваквото убедување е Голем Ширк.

Ѕвездите се пат преку кој се осознава невидливото (Гајбот). Ова е Голем Куфр.

Верувањето дека ѕвездите се причини да се случи нешто добро или некое зло, со верување дека Аллах, Возвишениот е Тој кој дава добро и зло. Ова е забрането (харам) и е мал ширк.

Знаење за причините и управувањето се дели на два вида: Докажувањето на верски користи преку движењето на

ѕвездите. Ова е потребно и се бара од верникот. Пример е да се најде правецот на Кибле преку положбата на ѕвездите.

Page 55: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Докажувањето на овоземните користи преку движењето на ѕвездите и се дели на два подвида:

1. Пронаоѓање на страните на светот преку ѕвездите и ова е дозволено.

2. Користење на ѕвездите за да се одредат годишните времиња. Според поисправното мислење ова не е мекрух (покудено како што сметаат одредени алими).

Која е користа од создавањето на ѕвездите?Ѕвездите се украс на небото.Со ѕвездите се „каменуваат“ шејтаните.Знакови кои ги упатуваат луѓето.

Барање на дожд преку положбите на ѕвездите – Ел Истиска бил Енва

Се мисли на барање на дожд преку положбите на ѕвездите кои се дваесет и осум положби.

Ова дело може да се подели во три категории:

1. Голем Ширк кој е во две форми:а. Да им упати дова на положбите на ѕвездите да му дадат дожд. На пример да рече: О положбо на ѕвездите, таа и таа подари ни дожд, О положбо на ѕвездите, таа и таа, спушти врз нас дожд.б. Појавата на дождот да им ја припише на тие положби на ѕвездите, верувајќи дека тие, сами без дозвола на Аллах, субханеху уе те’ала, го спуштаат дождот, и без да им упатат дова за дожд.

2. Мал Ширк: Да се верува дека одредена положба на ѕвездите е причина за дождот.3. Дозволено: Положбата на ѕвездите да се смета за знак и показател а не како причина или независен предизвикувач на дождот.

Доказ дека барање на дожд преку положбите на ѕвездите е забрането е ајетот:

„И наместо благодарност што ви е подарено снабдувањето, вие во него не верувате?“ (Ел Вакиа, 82) Муџахид вели дека нивното неверство е поради зборовите Таа положба на ѕвездите ни спушти дожд. Доказ се и зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем: „Дали знаете што кажа вашиот Господар? Рекоа Аллах и

Page 56: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Неговиот Пратеник најдобро знаат. Рече: Од моите робови некои осамнаа како верници а некои како неверници. Тој што рече заврна дожд со Аллаховата добрина и милост тој верува во Мене и не верува во ѕвездите. Тој што рече заврна дожд заради таа положба на ѕвездите не верува во мене и верува во ѕвездите.“ (Муттефекун алејхи)

Рија – Кога нешто се прави за да бидеш виден/чуен

Етимолошки Рија е јавно манифестирање на нешто, за другите да го видат.Терминолошки: Јавно исполување на дела на покорност за да го видат други и да го пофалат.

Прописот на Рија

а. Кога во делата има малку Рија тогаш се работи за мал Ширк. б. Кога делата целосно или воглавно се со Рија тогаш се работи за голем Ширк. Ваквото дело не може да го направи верник и е од особините на лицемерите.

Опасноста на Рија

1. Таа е мал Ширк. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, рекол: Она од што најмногу се плашам за вас е Малиот Ширк. Кога го прашале што е мал Ширк одговорил Рија (да исполиш дело за да бидеш виден или пофален). (Ахмед во својот Муснед. Алимот Шуајб Ел Арнаут истиот го оценува како хадис кој има силен синџир на пренесувачи)2. Нема да биде простен доколку тој што чини Рија не се покае: Аллах, субханеху уе те’ала, вели:

„Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сe освен тоа кому Тој сака!“ (Ен Ниса, 48) Со овој пропис се опфатени малиот и големиот Ширк доколку нема покајание од нив.3. Го поништува делото во кое има Рија. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, рекол: Аллах, субханеху уе те’ала вели: Јас сум тој што најмалку има потреба некој да му се здружува (да му се чини ширк). Кој ќе направи дело во кое Мене ќе ми го здружи некого го оставам и него и неговото дело/неговиот ширк. (Муслим)4. Тоа е поопасно од искушението со Деџџалот. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: Дали сакате да ве известам за она што за вас повеќе ме плаши од Деџџал? Рекоа: Секако Божји Пратенику. Рече: Скриениот Ширк. Човекот станува да клања

Page 57: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

намаз и го разубавува истиот затоа што знае дека некој го гледа. (Ахмед. Албани го оценил како хасен/добар)

Прописите за дело кое ќе се помеша со Рија (претворување)

Делото помешано со Рија има три можни форми:1. Делото во основа да е поттикнато од желбата да биде

виден од луѓето. Ваквото дело е ширк и таквиот ибадет е ништовен.

2. Делото во основа да се чини во име на Аллах а во текот на тоа дело да се појави Рија. Во ваква ситуација има две можни реакции:

а. Човекот да е бори да ја надвладее оваа состојба, да не и се препушти и да не е задоволен со истата. Во оваа ситуација Ријата која се појавува не влијае врз тоа дело.б. Да биде задоволен со оваа состојба кога чини нешто не само во име на Аллах, да и се препушти на истата и да не ја отстрани.

Прописот поврзан со ваквото дело е следниот:- Доколку вториот дел на делото не се надоврзува на неговиот

почеток тогаш првиот дел каде нијетот бил искрен е исправен додека вториот дел на делото (каде се појавува Ријата) е ништовен.

Пример е ситуацијата кога човек на почетокот дава милостина во одредена вредност искрено само за Аллах и потоа повторно дава милостина за да биде виден или пофален. Првата милостина е примена додека втората е ништовна.- Доколку делото е целосно поврзано, почетокот со неговиот

завршеток, тогаш целото дело е ништовно. Пример е човек кој станал да клања за Аллах два реката и во текот на клањањето се појавила Рија која тој не се обидел да ја прекине или да ја спречи. Во ваква ситуација целиот намаз е ништовен.3. Ријата да се појави по завршување на ибадетот. Во оваа ситуација Ријата нема никакво влијание врз делото.

Прашање: Човек слуша како го фалат и се радува поради тоа? Ваквото радување не е грев и се смета за „Рана добра вест за верникот“ (Муслим)Прашање: Човекот престанува да работи заради луѓето (целосно престанува со работа а причина се луѓето)? Да се остави некое дело заради луѓето е исто така Рија.

Разликата помеѓу Рија и Сум’а?

Page 58: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Ријата е поврзана со сетилото за вид. Работи за да биде виден од луѓето и да биде пофален.Сум’ата е поврзана со сетилото за слух. Работи нешто за да биде слушнат и за да биде пофален од луѓето.

Како се лечи оваа состојба?

1. Преку потсетување за вредноста на искреноста Ихласот.2. Преку свесност за опасноста од Рија која ги поништува

делата.3. Преку потсетување на Ахиретот (Оној свет).4. Преку свесност дека во рацете на луѓето не е ниту користа

ниту штетата.5. Преку довата: Аллахумме ини е’узу бике ен ушрике бике

шејен ве ене е’алемуху ве естагфируке лима ла е’алему. Аллаху мој од Тебе барам заштита знаејќи да не Ти здружам некого и од Тебе барам прошка за тоа што го правам не знаејќи (а е Ширк).

Настојувањето на човекот со својот ибадет да го придобие овој свет

Со ова мислиме на човек кој чини дело кое е исклучиво ибадет за да добие директна овоземна корист.Примери се:

1. Кога некој чини Хаџ само со цел да заработи материјална корист.

2. Кога учествува во битка само заради воениот плен (ганиме).3. Работи како муезин само заради платата.4. Учи и бара верско знаење само заради дипломата и да дојде

до работно место.Исламскиот пропис за ова дело:Се дели на два дела:а. Доколку сите дела на човекот или нивното мнозинство се во ваква форма тогаш се работи за голем Ширк.б. Доколку со оваа цел (овоземна корист) работи само одредено дело се работи за мал Ширк и таквото дело е ништовно.

Опасноста од настојувањето овој свет да се заработи преку ибадети кои ги прави

Аллах, субханеху уе те’ала, вели:

Page 59: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„На тие што го сакаат животот на овој свет и убавините негови, Ние ќе им ги дадеме плодовите на нивниот труд и на него нема ништо да им се ускрати. Нив на оној свет само оган ќе ги гори; таму нема да имаат никаква награда за тоа што на Земјата го правеле и залудно ќе им биде сè што направиле.“ (Худ, 15-16)Аллаховиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: „Тој што бара знаење, она со кое се бара Аллаховото задоволство, и истото го бара за да заработи некоја овоземна корист, нема да го почувствува мирисот на Џеннетот.“ (Ахмед и Ебу Давуд, Албани истиот го оценил како Сахих)

Заколнување со некој друг освен Аллах

Етимолошки заколнувањето значи обврзување со нешто.Во Исламската терминологија тоа значи потврдување на некое тврдење, пропис преку спомнување на некој што е величан по некоја од буквите за заклетва (во арапскиот јазик тие букви се و вав, како во Валлахи, ب ба како во Бил-лахи и ت та како во Таллахи) Ова заколнување се нарекува и Јемин или Касем.Верски пропишано заколнување е:

- Заколнувањето со Аллах во формите (Валлахи, Бил-лахи, Таллахи – Се колнам во Аллах).

- Заколнување со некое од Аллаховите имиња, како на пример Ве Рахман (се колнам во Милостивиот), Вел Азим (се колнам во Возвишениот) Вес Семи’ (се колнам во Оној кој сè слуша).

- Заколнување со некој од Аллаховите совршени атрибути како на пример Би Иззетил-лах (се колнам во Аллаховата сила/величественост), Ве Рахметил-лах (се колнам во Аллаховата милост), Ве Илмил-лах (се колнам во Аллаховото знаење).

Прописот за заколнување со некој друг освен Аллах

И тука имаме двоен пропис:

а. Доколку тој во чие име се колне се велича до степен на обожување, се велича како што се велича само Аллах, тогаш се работи за голем Ширк.б. Доколку тој во чие име се колне се велича но не до степен на изедначување со Аллах тогаш прописот за ова дело е мал Ширк.

Доказ за заколнување со некој друг освен Аллах е хадисот:

Page 60: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

„Тој што ќе се заколне во некој друг освен Аллах направил дело на неверство (куфр) или многубоштво (ширк).“ (Ебу Давуд и Тирмизи, Албани го оценил како веродостоен - Сахих)

Примери за заколнување со некој друг освен Аллах

1. Заколнување со евлиите.2. Заколнувањето со положбата (која кај Бога) ја имаат Божјиот

Пратеник и евлиите.3. Заколнување со животот на одредени лица.4. Заколнување со довербата и честа.

Кратко сиже на прописите поврзани со заколнувањето

1. Се забранува заколнување со некој друг освен Аллах и истото дело е Ширк.

2. Се забранува лажното заколнување во име на Аллах. Таквата заклетва се вика Гамус.

3. Се забранува честото (без вистинска потреба) заколнување со Аллах и тогаш кога е вистина, затоа што е израз на непочитување кон Аллах, субханеху уе те’ала.

4. Дозволено е заколнување со Аллах кога се работи за вистина и кога за тоа има потреба.

Откупнина за тој што се заколнува со некој друг освен Аллах

Тој треба да каже: Ла илахе ил-лаллах. Доказ се зборовите на Божјиот Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, кој вели: „Кој ќе се заколне и во својата заклетва ќе каже се колнам во Лат и Узза (предисламски идоли) нека каже: Ла илахе ил-лаллах.“ (Муттефекун алејхи)

Спомнување на Аллах и некое негово создание со употреба на сврзникот „и“

Тука мислиме на спојување на Аллах и на некој кого Аллах го создал со сврзникот „и“ за дело во чие што случување има удел и создадениот.

Примери се следниве реченици:1. Она што го сака Аллах и ти (тоа ќе биде)2. Се надевам во Аллах и во тебе.3. Барам помош од Аллах и од тебе.4. Немам никого друг освен Аллах и тебе.5. Да не беше Аллах и тој човек ќе пропаднев.

Page 61: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

И реченици слични на овие.

Исламскиот пропис за ова дело

И тука имаме двоен пропис:

а. Доколку е убеден во еднаквоста помеѓу Создателот и создадениот, тогаш се работи за голем Ширк па дури наместо сврзникот „и“ да рече „па“.б. Доколку не е убеден во еднаквоста тогаш се работи за мал Ширк.

Како е исправно да се каже?

- Наместо сврзникот „и“ да каже „па потоа“ и да не верува во еднаквоста помеѓу Создателот и создадениот. На пр. да каже: Тоа што го сака Аллах па потоа ти. Барам помош од Аллах па потоа од тебе.

- Сето она што се случува да му го припише на Аллах, субханеху уе те’ала, велејќи: Она што само Аллах го сака ќе биде, барам помош единствено од Аллах. Ваквото изразување е секако поубаво и подобро.

Разликата помеѓу „и“ и „па потоа“ во вие формулации

Сврзникот „и “ упатува на споредба и изедначување.Зборовите „па потоа“ укажуваат на редослед.

Зборчето „Да“

Од аспект на Исламската акида користењето на ова зборче има три прописа:

1. Кога користењето на ова зборче е дозволено и тоа кога се користи само за информирање. Пример е реченицата: Да присуствуваше на часот ќе научеше нешто ново.

Доказ е хадисот: „Да го знаев она што сега го знам со себе (на Хаџ) немаше да го земам курбанот (за Киран) и ќе направев Теметту’ хаџ4.“ (Муттефекун алејхи)

2. Кога користењето на истото е пофалено, како кога се користи за да се изрази желба за нешто добро.

Пример: Да имав богатство ќе им поделев на сиромашните.

4 При овој вид на Хаџ не е услов да се донесе курбанот со себе како кај видот на Хаџ кој се нарекува Киран

Page 62: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Доказ се зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, во приказната за четворицата во која едниот од нив рече: Да имав имот ќе направев како што направи тој и тој (изразил желба за добро дело). За истиот Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, рече: „Тој е со својата намера и нивната награда е иста.“ (Ахмед и Тирмизи, Албани вели дека хадисот е Сахих)

3. Кога користењето на ова зборче е забрането и тоа кога истото ќе се употреби на еден од следниве три начина:

- Да го употреби за да му се спротивстави на шеријатски пропис. Доказ е ајетот:

„На тие што не се бореа, а за браќата свои говореа: „Да нè послушаа, немаше да загинат.“, кажи им: „Па вие смртта избегнете ја, ако вистината ја зборувате!“ (Али Имран, 168)

- Да го употреби спротивставувајќи и се на Аллаховата одредба. Доказ е ајетот:

„Да беа со нас, немаше да умрат, ниту да загинат!“ (Али Имран, 156)

- Да го употреби прижелкувајќи зло. Доказ се зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, во приказната за четворицата во која едниот од нив рече: Да имав имот ќе направев како што направи тој и тој (изразил желба за лошо дело). За истиот Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, рече: „Тој е со својата намера и нивниот грев е ист.“ (Ахмед и Тирмизи, Албани вели дека хадисот е Сахих)

Кудење на времето

Се мисли на зборови со кои се куди и псуе времето.

Прописите за кудење на времето се делат на три вида:1. Кога намерата е само информирање но не и кудење. Пример

се зборовите: Се изморивме од топлото време денеска. И зборовите на Лут, алејхи селам: Ова е тежок ден.

2. Псуењето и кудењето на времето сметајќи дека тоа самостојно влијае врз она што се случува. На пример да се верува дека времето ги менува работите од подобро кон полошо. Ова е голем Ширк.

3. Да го куди времето затоа што, во истото, му се случило нешто несакано, знаејќи дека тоа е одредба од Аллах, субханеху уе те’ала. Ова е забрането и е голем грев.

Page 63: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Кудењето на времето е навреда за Аллах, субханеху уе те’ала

Божјиот Пратеник, Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: „Аллах, Возвишениот вели: Синот Адемов ме навредува. Го псуе времето а времето сум Јас, ги менувам дните и ноќите.“ (Муттефекун алејхи)Зборовите Јас сум времето значат: Управувам со времето и го уредувам времето.

Напомена: Ед Дехр не е од Аллаховите имиња.

Две правила поврзани со говорот

1. Должност е да се чува јазикот од говорот кој е забранет како оговарањето, пренесувањето на туѓите зборови со цел да се завадат луѓето, лагата и говорот во кој има Ширк како што е заколнувањето со некој друг освен Аллах. Луѓето ќе одговараат за се она што го изговориле

„Тој нема да изусти ни еден збор, а покрај него да не е присутен тој што бдее.“ (Каф, 18)Човекот со еден изговорен збор може да излезе од верата, па затоа должност е да се внимава на зборовите и начинот на изразување.2. Не е дозволено користење на зборовите и изразите за кои постои можност да одведат во Ширк. Нивното користење може да биде врата на Ширкот.

Бидатот – Новотаријата

Според етимологијата Бидат е нов пронајдок на кој не му претходело нешто слично.Според Шеријатската терминологија Бидат е она што се внесува (нешто ново) во верата без (верски прифатлив) доказ.

Форми на иновација на нови работи

1. Иновации во обичаите како што се модерните изуми за секојдневна потреба и истото е дозволено затоа што основниот пропис за адетите е дека иновациите се дозволени.

Page 64: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

2. Воведување на нови работи во верата, што е строго забрането затоа што основниот пропис за иновации во верата е забрана.

Видови на бидатите внесени во верата

Истите можеме да ги поделиме во три групи:

1. Бидати кои се однесуваат на прашањата на верувањето (акидето). Пример е да се верува во нешто што е спротивно на она што го објавил Аллах, субханеху уе те’ала, и што го доставил Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем. Во оваа група спаѓаат негирањето на Божјата одредба кадерот, поистоветувањето на Аллаховите атрибути со човечките атрибути, негирањето на Аллаховите атрибути исл.

2. Бидати кои се однесуваат на праксата. Тука спаѓаат обожувањата на Аллах, џел-ле ше’нуху, на начини кои не ги пропишал како што се:

- Воведување на ибадет кој не е пропишан- Додавање и одземање во ибадет кој е пропишан- Извршување на ибадет кој е верски пропишан на начин кој е

иновација- Одредување на време за ибадет кој е пропишан, а за кое со

Шеријат не е одредено тоа време.Пример се градбите врз гробишта, празниците и воведените прослави.

3. Бидати кои подразбираат апстиненција, како што е апстинирањето од работи кои се дозволени или апстинирање од нешто што е верски барано, велејќи дека тоа се работи заради побожност. Пример е апстиненцијата од месото со цел да се биде по побожен како и апстинирањето од бракот со таа цел.

Поделба на Бидатите од аспект на верскиот пропис за нив

Тие се делат во две групи:- Бидати со кои се излегува од верата како што се бидатите на

Рафидиите5 и ставот дека Куранот е создаден.- Бидати со кои се станува грешник но не се излегува од

верата. Такви се заедничките зикрови, одредувањето на посебни ибадети за ноќта на половината нa месец Шабан.

Опасноста на Бидатите и должноста истите да се отфрлат

5 Како на пример тврдењето дека имамите се на повисок степен од Божјите Пратеници

Page 65: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Доволен доказ за големата опасност се еден ајет и два хадиса на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем.

1. Зборовите на Возвишениот

„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодатта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3)

2. Хадисот: „Кој во нашата работа (вера) ќе воведе нешто што не е од неа, па тоа е одбиено.“ (Муттефекун алејхи) во преданието на имам Муслим стои: „Кој ќе направи дело кое не е од нашата ствар истото е одбиено.“

3. хадисот: „Најлошите од сите работи се воведените, (а секое воведено дело е бидат), а секој бидат е заблуда, (а секоја заблуда води во Оган). (Муслим а додатоците помеѓу двете загради се во преданието на имам Несаи).

Дали има добар и лош бидат?

Кој го дели Бидатот на добар и лош греши и им се спротивставува на зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, кој вели „Навистина секој бидат е заблуда“. Со овие зборови Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, дава пресуда дека сите бидати се заблуда додека пак тој што бидатите ги дели на добри и лоши како да вели дека не секој бидат е заблуда.

Причини кои доведоа до појавата на Бидати

Меѓу нив се:- Непознавањето на прописите на верата.- Следењето на страстите.- Фанатизмот и пристрасноста во следењето на одредени

мислења на одредени луѓе- Поистоветувањето со неверниците.- Потпирање врз апокрифни хадиси кои немаат основа.- Традиции и празноверија на кои не укажува верата ниту пак

ги потврдува здравиот разум.

Две правила кои се корисни за препознавање на Бидатите и за нивно отфрлање

Прво: основниот пропис за ибадетите е дека е забрането нешто да се смета за ибадет, се додека не се донесе доказ со кој се потврдува дека тоа дело е ибадет.

Page 66: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Второ: Секој ибадет за кој постоела потреба и причина истиот да се чини во времето на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, а истиот не го правел ниту Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, ниту неговите асхаби, укажува на верска не пропишаност на тој ибадет.

Важни напомени:

1. Имам Малик, рахимехуллах, рекол: „Кој во Исламот ќе воведе Бидат и истиот ќе го смета за добар, тој тврди дека Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, го изневерил пратеништвото, затоа што Аллах, џел-ле ше’нуху вели: „Денес верата ваша ви ја усовршив“. Тоа што во времето на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, не било вера ни денес не е вера.

2. Шејх Албани, рахимехуллах, рекол:Неопходно е да знаеме дека и најмалата новотарија која ја прави човек е забранета (харам). Кај бидатите нема, како што некои мислат, бидати кои се само покудени (мекрух).

Некои од бидатите кои се распространети во Уметот

1. Славењето на роденденот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, и на други родендени.

2. Славењето на Ноќта на Исра и Мираџ.3. Славењето на ноќта на половина на месецот Шабан.4. Славењето на роденден.5. Барањето на бериќет на одредени места и од остатоци на

личности кои се живи или мртви.6. Заедничкиот зикр.7. Барањето да се проучи фатиха за душите на умрените при

одредени поводи.8. Одредување на месецот Реџеб за Умре но и за други

посебни ибадети.9. Гласното изговарање на нијетот при влегување во намаз.10. Ет тевесул Приближување до Аллах преку одредени

личности и нивната положба кај Аллах.

Page 67: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Корисни книги за запознавање со Бидатите:

1. Ет Техзир минел Биде’и - Абдул Азиз ибн Баз, рахимехуллах.2. Ес Сунен вел Мубтеде’ат – Мухаммед Абдус Селам Ел

Кушајри.3. Ел Биде’ вел Мухдесат ве ма ла асле леху – Хамуд Ел Матар.4. Ел Ибда’ фи Медаррил Ибтида’ – Али Махфуз5. Ел Биде’ Ел Хаулије – Абдуллах Ет Тувејџери.

Корисен совет:

Следењето на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, нема да се реализира доколку делото не ги исполни шесте услови кои ги поставува Шеријатот:

Бр. Услов за следење Пример на прекршување на условот1 Причина Оној кој клања два реката заради

паѓањето дожд2 Вид Оној кој Садакатул Фитр го дели во вид

на пари (не храна)3 Број и количина Оној кој акшамскиот намаз го клања

четири реката4 Начин (форма) Оној кој абдестот го започнува со

миење на нозете а завршува со миење на лицето

5 Време Оној кој курбан коле во Рамазан6 Место Оној кој чини Итикаф во пустина или

на отворен простор

Повикување во Теухид

Да ги повикуваш луѓето кон Аллах е голема работа и вредно дело. Тоа е занимањето на сите Божјите пратеници, веровесниците и мегданот на кој се докажуваат добрите луѓе и евлиите. Аллах, субханеху уе те’ала, вели:

„На патот на Господарот твој мудро и со убав совет повикувај, и со нив на најубав начин дискутирај!“ (Ен Нахл, 125)

„Кажи: Ова е мојот пат, јас повикувам кон Аллах имајќи јасни докази, јас и секој што ме следи...“ (Јусуф, 108)

Page 68: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: „Се колнам во Аллах кога Аллах преку тебе би упатил еден човек, па тоа ти е повредно од црвените камили6.“ (Муттефекун алејхи)„На тој што повикува кон вистинскиот пат му следи наградата каква ќе добие и оној кој го следи и на ниеден од нив, од тие награди нема да биде намалено.“ (Муслим)

Теухидот е првата работа кон која се повикуваат луѓето

Првата работа која треба да се научи, да се разбере, да се примени и кон неа да се повикува е Теухидот. Доказ за ова се зборовите на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, кој кога го пратил Муаз, радијаллаху анху, во Јемен, му рекол: Првата работа кон која ќе ги повикаш нека биде сведочењето дека нема друг (вистински) Бог освен Аллах. Во друга верзија на овој хадис стои: Повикај ги да го реализираат Теухидот на Аллах. (Муттефекун алејхи)

Некои од методите за повикување во Теухид

Ова се неколку методи кои се соодветни за сите и кои не претставуваат голема тешкотија:

- Печатење на книги и брошури кои повикуваат во Теухид и нивно делење.

- Поттикнување на трговци да учествуваат во печатење на книги за Теухид и книги од областа на Исламското верување – Акида.

- Копирање и делење на аудио изданија на предавања кои го објаснуваат Теухидот и повикуваат кон него.

- Совети, вазови, предавања, хутби за Теухидот. Организирање на предавања на кои учествуваат еминентни алими и даији.

- Подучување на децата и семејството за основите на Теухидот, заедничко читање на книги нивно мотивирање со награди и слично.

Најважните книги од областа на Теухидот и Акидето

Ова е списокот на најважните книги од од областа на Теухидот и Акидето кои, брате муслиману, ти препорачувам да ги купиш и да ги читаш. Преку нив ќе научиш за твојата вера, ќе го откриеш патот на спасот и среќата, пат кој доколку го следиш ќе успееш и ќе заработиш награда. А тој кој му го свртил грбот на овој пат загубил и пропаднал.

6 Најценетите и најскапите

Page 69: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

Почитуван брате, знај дека студирањето на Теухидот е најзначајниот фикх (разбирање) на верата. Некои алими Фикхот го делат на:Фикхул Екбер најголемиот фикх кој се однесува на прашањата на Теухидот и Исламското верување Фикхул Есгар, помалиот фикх кој се однесува на прописите на ибадетите (обредословието) и меѓу човечките односи. Ова се насловите на тие книги:

1. Ел Усул Ес селасе -Трите основи2. Ел Каваид Ел ербе’а – Четрите Правила3. Кешфу Шубухат – Отстранување на нејаснотиите (шубхите)4. Китабу Теухид – Книгата за Теухид

Автор на овие книги е реформаторот Мухаммед ибн Абдул Веххаб, рахимехуллах.

5. Меџмуату Теухид Ен Неџдијје – Збирката Теухид од Неџд6. Фетхул Меџид – Откровение на Славениот на авторот Абдур

Рахман ибн Хасен, рахимехуллах.7. Тејсир Ел Азиз Ел Хамид – Олеснување на Силниот и

Славениот, која е коментар на Китабу Теухид. Автор на овој коментар е Сулејман ибн Абдуллах, рахимехуллах.

8. Меариџул Кабул – Скалила на примањето9. Е’алам Сунне Ел Меншуре – Колоси на распространетиот

Суннет –автор Хафиз Ел Хакеми, рахимехуллах.10. Каулул Муфид ала Китаби Теухид – Корисен говор

коментар на Китабу Теухид. Автор е Мухаммед ибн Салих Ел Усејмин, рахимехуллах.

11. Китабу Теухид на Салих Ел Феузан.12. Иршад ила сахихил и’тикад – Упатување кон

исправното верување на истиот автор.13. Акидетул Васитијје – Васитската Акида на Шејхул

Ислам Ибн Тејмијје, рахимехуллах.14. Коментар на делото Ел Акиде Ел Васитијје на

Мухаммед ибн Салих Ел Усејмин, рахимехуллах.15. Коментар на делото Ел Акиде Ел Васитијје на авторот

Салих Ел Феузан.16. Каваидул Мусла фи сифатил-лахи ве есмаихи ел хусна –

Идеални правила за атрибутите и убавите Аллахови имиња на Мухаммед ибн Салих Ел Усејмин, рахимехуллах.

17. Акидету Тахавијје – Тахависката акида со коментар на Ибн Ебил Изз, рахимехуллах.

Настојувај да ги читаш книгите и фетвите на следниве алими:1. Шејхул Ислам Ибн Тејмијје, рахимехуллах.2. Имам Ибн Кајјим Ел Џевзијје, кој е негов ученик.3. Шејх Мухаммед ибн Абдул Веххаб, рахимехуллах и неговите

внуци имами на даветот.

Page 70: Значење на Тевхидот(Теухид) во олеснета форма

4. Шејх Абдул Азиз ибн Баз, рахимехуллах.5. Шејх Мухаммед ибн Салих Ел Усејмин, рахимехуллах.6. Шејх Абдуллах Ел Џибрин, рахимехуллах.7. Шејх Салих Ел Феузан.

И други учени луѓе кои се познати по проучување на Теухидот и исправното убедување.

Завршеток:

На крајот на ова дело му се обраќам на Аллах, величајќи Го и заблагодарувајќи му се за поддршката и олеснувањето. Се надевам дека ова дело помогна во појаснување на Теухидот, приближување на неговите теми и олеснување на прашањата поврзани со него.Го молам Аллах, Семоќниот и Сезнајниот да го награди најдобро секој оној што учествуваше во издавањето и печатењето на оваа книга и да им ја зголеми наградата.Аллаховите салавати и селами нека се врз Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, врз неговото семејство и сите негови асхаби.

Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил