СОС телефон за деца и млади 0800 12222 извештај за работата...

15
ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОС ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ 0800 1 22 22 И НА СЕРВИСИТЕ ЗА ДИРЕКTНА ПОМОШ И ПОДДРШКА ПРИ ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ (за периодот од јануари – декември 2014 година) Скопје, декември 2014

Transcript of СОС телефон за деца и млади 0800 12222 извештај за работата...

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА

СОС ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ 0800 1 22 22

И НА СЕРВИСИТЕ ЗА ДИРЕКTНА ПОМОШ И ПОДДРШКА

ПРИ ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ

(за периодот од јануари – декември 2014 година)

Скопје, декември 2014

СОДРЖИНА:

1. Генерални согледувања за работата на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 и на сервисите за директна помош и поддршка во текот на јануари- ноември 2014 година................2 2.Општи податоци за работата на СОC телефонот за деца и млади ............................................3 2.1 Методологија на систематизирање на податоците......................................................................4 3. Податоци за јавувачите......................................................................................................................4 3.1 Податоци за јавувачите според возраста.......................................................................................4 3.2 Обраќања од страна на деца...........................................................................................................5 3.3 Податоци според полот на јавувачите............................................................................................5 3.4 Податоци според етничката припадност на јавувачите.............................................................5 3.5 Податоци според средината на живеење на јавувачите..............................................................6 4. Начини на дојава................................................................................................................................7 5. Податоци за децата кои се опфатени во случаите на можни прекршувања на детските права пријавени во Детската амбасада Меѓаши...........................................................................................7 5.1 Табела со категории на проблеми на децата-жртви....................................................................7 5.2 Графички приказ на возраста на децата жртви............................................................................10 5.3 Графички приказ на децата чии права се прекршени според етничката припадност.............10 5.5Графички приказ на децата чии права се прекршени според нивниот пол..............................11 6. Категории на проблеми...................................................................................................................11 6.1 Барање на материјална и финасиска помош...............................................................................11 6.2 Семејно насилство..........................................................................................................................11 6.3 Прекршување на правта на децата при бракоразводни постапки............................................12 6.4 Сексуална злоупотреба..................................................................................................................13 6.5 Питачење........................................................................................................................................13 7. Психо-социјално советувалиште....................................................................................................13 8. Постапување на Бесплатната правна служба...............................................................................13 9. Хармонизација на СОС телефонот со бројот 116 111 и 116 000.................................................14 10. Заклучок.........................................................................................................................................14

1. Генерални согледувања за работата на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222

и на сервисите за директна помош и поддршка

Во периодот од јануари до декември 2014 на СОС телефонот за деца и млади, се

регистрирани 102 контакти1, со кои подоцна дополнително сме комуницирале вкупно, вклучувајќи го и

првичниот контакт, 123 пати. Дополнителната комуникација е со цел да ги информираме дојавувачите

какви мерки се преземени од наша страна, кои се одговорите од надлежните институции, како и

нивните известувања до нас за сите настанати промени во пријавениот случај.

Вкупниот број на регистрирани јав увачи во дадениот пери од е 102. Од нив само 2

се деца кои се јавиле да се информираат за своите права или да се информираа во однос на некои свои

проблеми со кои се соочуваат во текот на развојот .

Врз основа на информациите кои ги имаме добиено за можни прекршување на детските права и

кои се структурирани според бројот на деца кои се опфатени во овие случаи, станува збор за вкупен

број од 146 деца, каде што постојат сомневања за можно прекршување на некое нивно право.

Податоците говорат дека сиромаштијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат децата и

нивните семејства. Овој податок укажува на фактот дека финансиско-социјалната состојба на семејствата

е значително тешка и бара поголемо внимание и поддршка од страна на надлежните институции со цел

да се превенираат дополнителни кршења на детските права.

Како најкарактеристични податоци кои што можат да се издвојат за децата кои се опфатени во

пријавените случаи, за можни прекршувања на нивните права, регистрирани во Детската амбасада

Меѓаши се:

Сиромаштија -55 деца од вкупниот број на деца кои се опфатени во случаите кои се пријавени во

Детската амбасада Меѓаши живеат на работ на егзистенцијата, во субстандардни услови.

С е м е ј н о н а с и л с т в о - 1 6 д е ц а од вкупниот број на деца потенцијални жртви биле незаштитени

и изложени на насилство во своето семејство.

Бракоразводни постапки- 15 деца биле потенцијални жртви на прекршување на правото на детето

при бракоразводни постапки .

Сомнеж за сексуална злоупотреба- 3 деца биле жртви на сексуална злоупотреба или постои сомнеж

за сексуална злоупотреба од страна на близок или познаник на детето-жртва

1 Контактирањето се остварува преку директно јавување на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222,

преку е-маил [email protected], преку социјалните мрежи и со директна посета во нашите

простории.

Општи податоци за работата на СОС телефонот во текот на 2014 година.

2.1 Методологија на систематизација на податоците

Податоците беа собирани врз основа на информациите кои ги имаме добиено за можни

прекршување на детските права, при што секој контакт е бележен како еден случај. Контактот

може да биде остварен на следниве начини: со јавување на СОС телефонот за деца и млади

0800 1 2222, со јавување на фиксниот телефон на Првата детска амбасада Меѓаши 2465-316,

преку нашата е-маил адреса [email protected] и [email protected], на

facebook страната на Првата детска амбасада Меѓаши, преку пошта и со дирекно доаѓање во

просториите на Првата детска амбасада Меѓаши.

Дополнителната комуникација за секој остварен контакт или случај е со цел да ги

информираме дојавувачите мерките кои се преземени од наша страна, кои се одговорите од

надлежните институции, а тука се вбројуваат и нивните известувања до нас за сите промени во

пријавениот случај. Овие податоци се изразени како дополнителна комуникација.

Кога станува збор за бројот на деца во случаите за кој јавувачите се обратиле во

Детската амбасада Меѓаши за можно прекршување на правата на децата, опфатени се вкупен

број на деца-жртви или потенцијални жртви за кои е побарано одредена помош или

информација.

3. Податоци за јавувачите според нивната возраст

Во периодот од јануари до декември 2014 година во Детската амбасада Меѓаши се обратиле 102 јавувачи, од кои 2 се деца, а останатите 100 се возрасни лица. Од возрасните лица кои пријавиле случај, 4 се анонимни, 1 случај е произлезен од одредена информација од медиумите и во 2 случаи дојавувач е правно лице.

3.1 Обраќања од страна на децата

Со овој годишен извештај може да забележиме мал број на деца кои не контактирале и од таа причина неопходно е интензивно да се работи на охрабрување на децата и младите да се јават за да се информираат или за да пријават прекршување на нивните права. 3.2 Податоци според полот на јавувачите Во периодот од јануари до декември 2014 година се обратиле 48 лица од женски пол и 44 лица од машки пол. Од табелата може да се забележи дека за разлика од претходните години бројот на машки и женски лица кои пријавиле некаков проблем или сакале да се

информираат за детските права скоро е изедначен. Овој податок ни укажува дека и лицата од машки пол се повеќе се отворени да дикутираат за проблеми кои ги имаат и да се информираат, со цел да постапат во најдобриот интерес на на децата.

Табела бр.1

Јавувачи Пол на јавувачот Вкупно

Деца

Машко 2

Женско

Анонимно

Возрасни машко 44

Женско 48

Анонимно 4

Непознато 1

Правно лице 2

Медиуми 1

Вкупно 102

3.3 Податоци за јавување според етничката припадност на јавувачите

Графикон 1

македонци албанци роми други непознато вкупно

51 13 19 4 15 102

Во однос на етничката припадност за 15 од дојавувачите не ни е позната нивната етничка припадност. Кога станува збор за јавувачите чија етничка припадност ни е позната најголем број од нив се Македонци или 51 дојавувачи, 19 дојавувачи се Роми, 13 се Албанци, додека 4 дојавувачи се припадници на други етнички заедници.

Од овие податоци можеме да забележиме дека е потребна поголема популаризација на СОС телефонот меѓу различните етнички заедници и нивно охрабрување да ги пријавуваат и да не премолчуваат за одредени прекршувања на детските права, како што се физичкото и психичкото насилство врз децата во семејството и надвор од него, сексуалната злоупотреба, искористување на детскиот труд (питачење, детска проституција) и ред други прекршувања на детските права кои влијаат на правилен раст и развој на детето.

3.4 Податоци според средината на живеење на јавувачите

Графикон 2.

урбана рурална непозната вкупно

71 17 14 102

Според средината на живеење на јавувачите, најголемиот број од дојавувачите или 71 од нив живеат во урбани средини, 17 од дојавувачите живеат во рурална средина, а за 14 од дојавувачите не е позната средината на живеење. Од овие податоци може да се забележи дека бројот на јавувачи од руралните средини е многу помал од бројот на јавувачи од урбаните средини. Оваа појава сметаме дека се должи на помалата информираност на луѓето кои што живеат во руралните средини во врска со правата на децата, начинот и постапката за нивна заштита, како и недоволно промовирање на СОС телефонот во овие средини. Имено, во иднина е потребно користење на соодветни промотивни алатки за детските права во овие средини и во случај на нивно кршење овие граѓани да бидат запознаени дека можат да се обратат на СОС телефонот 0800 1 22 22.

4. Начини на кои се остварени контактите

Графикон 3

сос фиксен дошле емаил вкупно

25 53 35 10 123

Во периодот од јануари до декември 2014 година, комуникацијата со дојавувачите во

најголем број беше остварена преку преку административниот број на Детската амбсада

Меѓаши, поточно реализирани се 53 разговори. Од податоците можеме да забежиме д е к а

граѓаните како и изминатите години претпочитаат да го практикуваат и начинот на

директна посета. При што, во дадениот период, сме оствариле 35 директни средби. На СОС

телефнот за деца и и млади беа реализирани 25 разговори, додека по пат на електронска

пошта сме добиле 10 дојави.

5. Податоци за децата кои се опфатени во случаите за можни прекршувања на детските права пријавени во Детската амбасада Меѓаши

Податоците се собрани врз основа на информациите кои ги имаме добиено за можни прекршувања на детските права и се структурирани според бројот на деца кои се опфатени во случаите. Станува збор за вкупен број од 146 деца жртви или потенцијални жртви за кои е побарано одредена помош или информација.

5.1 Табела 2 Категории на проблеми на деца жртвиi Пол на детето-жртва

машко женско непознат вкупно %

Семејно насилство 16

физичко и психичко насилство 2 4 2 8

психичко насилство 4 1 5

негрижа врз дете 1 2 3

Насилство во воспитно образовни институции 4

физичко насилство наставник-ученик * 0

психичко насилство наставник-ученик 0

физичко/психичко насилство од ученик-ученик 1 2 3

поплаки за негрижа кон учениците 1 1

Насилство на улица (меѓу врсници) 2

2 2

Малолетничка деликвенција 1

1 1

Проблеми во меѓусебната комуникација 0

родител-родител 0

родител-дете 0

со други лица 0

Бракоразводни постапки 15

проблеми со доделување старателство 4 1 5

проблеми со видување родител - дете 5 1 1 7

проблеми со видување баба, дедо - дете 2 2

проблеми со алиментација 1 1

Проблеми со докажување на татковство 0

0

Сексуална злоупотреба 3

од родител 0

од близок или познаник 2 2

злоупотреба од страна на малолетник врз малолетник 0

сомнеж за сексуална злоупотреба и вознемирување 1 1

прикажување на порнографски материјали од дете на интернет 0

Малолетничка проституција 0

0

Љубовна врска малолетник-возрасен 0

0

Деца жртви на насилство од возрасни лица 0

физичко насилство 0

психичко насилство 0

Физичко насилство ва рамки на згрижувачко семејство 0

Психичко насилство во рамки на згрижувачко семејство 0

Злоупотреба од страна на медиум 0

0

Институционална злоупотреба 0

0

Питачење на деца и млади 2

2 2

Здравствени проблеми 9

Ментално здравје 4 2 2 8

здравје донации 1 1

Интернет злоупотреба 0

0

Информации за бременост 0

0

Искористување на детски труд 2

2 2

Правни совети и информации 6

4 2 6

Барање на материјална или финансиска помош 55

14 21 20 55

Информации за детски права и детска заштита 18

8 4 6 18

Проблеми со живеење 10

5 4 1 10

Деца со посебни образовни потреби 1

1 1

Советување 1

1 1

Проблеми при запишување на училиште 0

0

Сомнеж за политичка злоупотреба 0

0

Други 1

1 1

Вкупно 51 56 39 146

Според овие податоци, најголем број на деца-потенцијални жртви, или 55 деца се изложени на несоодветни услови за живот кои им го поречуваат оптималниот раст и развој, како резултат на сиромаштија. Овие деца би можеле да ги ставиме во категорија на деца во социјален ризик бидејќи со немањето на егизистенција стануваат потенцијални жртви на искористување на детскиот труд, занемарување или пак злоупотреба од страна на нивните родители, или пак други лица, кои можат да ги изманипулираат. За жал и оваа година доаѓаме до сознание дека 16 деца се повторно злоупотребени и занемарени од своите родители, кои физички и психички ги малтретирааат скоро секојдневно. Постои можност овие деца да го прифатат агресивниот модел на однесување од страна на родителите како начин на живот и во иднина да пројават девијантно однесување. Од добиените податоците доаѓаме до сознание дека на 15 деца им се прекршени правата при бракоразводни постапки. Може да се забележи дека најчесто при бракоразводни постапки се прекршува правото на видување на детето со еден од родителите.

5.2 Податоци за возраста на децата чии права се прекршени

Графикон 4

1.

0 до 5 6 до 14 14 до 18 непознато вкупно

40 54 6 46 146

Според возраста, на најголем број од децата потенцијални жртви или 54 се на возраст од 6-14. Од овие податоци може да се заклучи дека најчести жртви на насилство или прекршување на некое нивно право се децата на училишна возраст. На 46 од децата- потенцијални жртви не ни е позната возраста, бидејќи тие кои се обратиле не ни дале таква информација. Потоа, 40 од децата се на предучилишна возраст од 0-5 години на кои им се прекршени правата или постои сомнеж за прекршување на истите и 6 деца се на возраст од 14-18 години за кои е пријавено прекршување на нивните права.

5.3 Податоци за деца чии права се прекршени според нивната етничката припадност Графикон 5

мак алб. ром. непоз вкупно

46 8 35 57 146

Земајќи го во предвид податокот дека најмногу од контактите во периодот од јануари до декември 2014 година се остварени со граѓани кои припаѓаат на македонска етничка заедница, не е изненадувачки и фактот дека највисок број од дојавите за прекршување на правата на децата се однесуваат на деца кои се припадници на македонската етничка заедница, или 46. Податоците говорат дека 35 деца се од ромска етничка заедница, 8 деца се од албанска етничка заедница. Според податоците, за 57 деца не ни е позната етничката припадност, бидејќи дојавувачите не не информирале за истата.

5.5 Податоци за децата-потенцијални жртви според нивниот пол Графикон 6

машки женски непознато вкупно

53 56 37 146

Од овие податоци може да забележиме дека речиси подеднакво се прекршуваат правата и на момчињата и на девојчињата. За голем број од децата-жртви не ни познат полот, бидејќи дојавувачите не не информирале за истиот. Од овие податоци може да се забележи дека децата, без разлика на нивниот пол речиси подеднакво се жртви на било која форма на прекршување на нивните права.

6. Категории на проблеми 6.1 Барање на материјална и финансиска помош

Најголем проблем за кој ни се обратителе е барање на материјална и финансиска помош. Голем број на семејства, кои се многудетни секојдневно живеат на работ на егзистенцијата, при што нивните детски права се сериозно загрозени. 55 деца се потенцијални жртви како резултат на сиромаштијата. Овој податок укажува на фактот дека финансиско-социјалната состојба во државата е значително тешка и бара поголемо внимание и поддршка од страна на надлежните институции, со цел да се превенираат дополнителни кршења на детските права, имајќи предвид дека децата кои доаѓаат од овие семејства се поподложни на искористување и злоупотребување.

6.2 Семејно насилство

Во дадениот период, од вкупниот број на случаи, 16 се однесуваат на семејно насилство. Според податоците, деца се жртви на психичко, физичко насилство или негрижа од страна на сопствените родители. Овие деца секојдневно се изложени на омаловажување, навреди, тепање или пак не им се задоволени егзистенцијалните потреби како мерка за дисциплинирање и воспитување, која за жал ја користат нивните родители. Сето ова влијае на нивниот оптимален психо-физички развој.

6.3 Прекршување на правата на децата при бракоразводни постапки

Според податоците ,15 деца се жртви на прекршување на нивните права во текот на бракоразводни постапки. Од овие податоци може да се забележи дека најмногу се прекршува правото на детето за видување со еден од родителите, при што 7 деца се потенцијани жртви. Деца имаат проблем при видување со родителот а исто така застапени се и проблемите со доделување на старателство и исплаќање на алиментација. При бракоразводните постапки, кои се почести, најголеми жртви се децата кои што страдаат заради проблемите кои ги имаат родителите, а кои најчесто се однесуваат на проблемите во комуникацијата помеѓу нив. Во текот на бракоразводната постапка, не секогаш се зема во предвид мислењето на детето, па затоа децата најчесто мораат да остваруваат контакт со еден од родителите, иако тоа е против нивната волја. Децата, исто така, претставуваат “жртви“ во овие ситуации, бидејќи постојат родители кои свесно или несвесно го користат своето дете како средство во меѓусебно докажување и покажување на моќ на другиот родител, а притоа го занемаруваат интересот на своето дете.

6.4 Сексуална злоупотреба

Во периодот од јануари до декември 2014 година година имаме добиено информации за 3 деца за кои постои сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на близок или познаник на детето.

6.5 Питачење - искористување на детски труд Некои од граѓаните во државата не го остваруваат правото на парична помош или таа не е доволна, а немаат ни соодветна работа, па се соочуваат со сиромаштијата, со што не се во можност да му ги обезбедат основните потреби на семејството. Поради ова децата понекогаш своеволно, а почесто под одреден притисок и принуда од своите родители/ старатели или други организирани групи, мораат да работат несоодветни и тешки работи за нивната возраст, со цел да обезбедат финансиски средства а со самото тоа се исклучени и од образовниот процес. Покрај тоа што се принудени да работат, постојат и случаи каде што децата питачат за да обезбедат егзистенција или да обезбедат средства за оние кои ги принудуваат на тоа. Во дадениот период имаме дојави за 2 деца кои питачат најчесто пред поголемите супер маркети во Скопје, а загрижувачки е и податокот дека најголемиот број од нив се на возраст од 0-5 години

7. Психо-социјално советувалиште Во зависност од проблемот за кој се обраќаат децата, младите и возрасните, Детската амбасада Меѓаши во периодот од јануари до декември 2014 година РЕАЛИЗИРАШЕ, 35 средби беа реализирани (да се избрише) по барање на загрижените родители, деца и младинци. Од вкупниот број средби, 17 средби беа организирани во врска со проблеми со комуникација со родителите или други лица. Од вкупниот број на средби, 9 беа поради проблеми со лекување на деца. Дел од овие средби, поточно 9, беа реализирани за разговори со психолог со цел да имаат со кого да споделат и да се советуваат, знаејќи дека овде се ислушани со полно внимание и прифатени без никакви предрасуди и осуди. Од особено значење е тоа што најголемиот дел од одржаните први средби, поради добро остварениот контакт и доверба, се развиваа и во дополнителни средби и контакти.

8. Постапувања на бесплатната правна служба Покрај бесплатната СОС линија за деца и млади, во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши функционира и бесплатната правна служба. Правната служба оваа година постапуваше по однос на сите дојавени случаи во форма на информација и совет, по барање на самите дојавуачи, кои се надлежни за проблемот, со кој се обраќаат до Детската амбасада Меѓаши. Ова ни говори дека можеби институциите на системот кои се надлежни да постапуваат во делот на заштита на правата на децата стануваат се поотворени за граѓаните. Ова преставува позитивна стимулација за соодветено реагирање во случаи кога на граѓаните им е потребно системско решение за нивниот проблем. Во неколку наврати се обративме телефонски на бројот на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија 15 505, за деца во социјален ризик, со цел да пријавиме прекршување на правата на децата, од каде добиваме повратна информација за превземените мерки, или пак остваруварување на комуникација со цел да споделиме дополнителни податоци со стручните лица во Центарот за социјална работа, во насока на побрзо делување и заштита на детето евентуална жртва.

9. Хармонизација на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 со европскиот

шестоцифрен број за помош и подршка на деца и млади 116 111 и бројот 116 000

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја користи бесплатната СОС линија за деца и

млади 0800 1 2222, која ја добивме како донација од страна на Македонски Телекомуникации

во 2005 година. Македонски телеком и оваа година потврди дека е социјално одговорна

компанија па ја поддржа финансиски работата на СОС телефонот за деца и млади во периодот

од септември до декември 2014 година.

Но, СОС линијата како служба од јавен интерес e бесплатна само за корисниците на фиксната

телефонија на Македонски телеком. СОС линијата како служба од јавен интерес, неопходно

е да биде достапна за сите деца и млади и нивните родители, поради што Комитетот за

правата на детето при Обединетите Нации од Женева, во својата препорака, Комитетот

наведува:

„Комитетот препорачува државата-членка да осигури континуитет, вклучувајќи и со

одделување соодветни средства, за бесплатна 24-часовна линија за помош, да го прошири

нејзиниот капацитет за примање повици од сите телефонски оператори, да и го додели

на линијата усогласениот шестцифрен европски број и да ја признае како извор на

информации и податоци за политиките и законите за правата на детето и како алатка

за рано интервенирање и спречување“

Со цел да се постигнат и исполнат препораките на Комитетот, Детската амбасада Меѓаши е

во секојдневна комуникација со телефонските оператори за постапката и текот за добивање на

овој број односно хармонизација со европскиот број за помош и поддршка на деца и млади

116 111.

10. Заклучок

Од добиените податоци доаѓаме до заклучок дека оваа година најголем проблем за

дојавуачите е сиромаштијата. Тое се принудени во борбата со сиромаштијата да не им

посветуваат секогаш доволно внимание на сопствените деца. Децата пак гледајќи ја ова

ситуација сметаат дека тие се должни да му помогнат на смејството, дека мораат да

заработуваат и егзистенцијата ја обезбедуваат најчесто со препродавање најразлични

ситнуриии, собираат пластика, хартија и така натаму. Во некои случаи питачат и со тоа се

зголемува можноста да станат жртви на најтешки форми на злоупотреба. Овие деца иако

имаат желба да се образуваат и да имаат детство како своите врсници сиромаштијата ги прави

да се чувствуват инфериорно и различни од другите деца. Најчесто мислат дека немаа избор и

дека нивната судбина е гола борба за егзистенција.

Децата е потребно да се чувствуват заштитено, разбрано и прифатено. Неопходно е да се

научат полесно да ги препознават своите чувства и да се охрабрат за зборуват за нив.

Родителите постојано треба да се во комуникација со своите деца тоа е единствениот

начин да знаат што им е потребно и како се чувствуват, со цел подобро да функционираат да

се избегнат сите непријатности.

Со цел намалување и превенција на агресијата и насилството потребна е сензибилизација на

родителите (возрасните) и децата за начините на меѓусебна комуникација, стекнување на

вештини за ненасилно решавање на конфликти, развивање на вештини за меѓусебна

толеранција, емпатичност и воведување на мировно образование во училиштата.

Им благодариме на сите кои ја поддржуваат работата на СОС телефонот

за деца и млади и на многуте волонтери кои дежураат како СОС

оператори доброволно дарувајќи дел од своето време за поддршка на

децата.