51 - Z. Pavlov - Halveti Teke, Struga

Post on 13-Apr-2015

26 views 3 download

Transcript of 51 - Z. Pavlov - Halveti Teke, Struga

Зоран ПАВЛОВ

ХАЛВЕТИ TEKЕ

Сместено во стариот дел од градот, во непосредна близина на центарот, Халвети теќето во Струга претставува значаен споменик на Османлиската кул-тура. He постои натпис со точниот датум на неговото формирање, но според ка-жувањата, теќето било основано од страна на Хасан Баба (Асан Деде) кој бил истакнат дервиш во Струга, a халифе добил од пир Хајати од Охрид во почетокот на 18 век.

Текијата е од типот на ахшаб градби. Претставува повеќепросторен објект со мали димензии и простории кои функционално го оправдуваат своето постоење. Објектот ce состои од следниве простории: семахане (простор за намаз), кафе-оџак (просторија за разговор), јаз-оџаги (летен простор) и мисафирхана (приемна соба за гости). Сите простории ce покриени со четвороводен кров поделен во два дела.

Влезот во теќето е од невообичаената јужна страна каде што ce наоѓа и минарето. Тоа е изработено од добро обработени камени квадри a изградено е ве-ројатно (според натписот кој ce наоѓа на неговото тело) во 1922 година.

Во внатрешноста на молитвениот простор сочувана е оригиналната дрвена купола.

Co своите културни и естетски вредности Халвети теќе претставува типи-чен пример на османлиската градба од 18 и почетокот на 19 век.

Литература:

Е. H. Ayverdi, Avrupa'da Osmanli Mimari Eserleri – Yugoslavya, III. Cild, 3. Kitab, Istanbul 1981, 241;

Исламска заедница и нејзините институции. Скопје 1997, 85–86.