51 - Z. Pavlov - Halveti Teke, Struga

2
Зоран ПАВЛОВ ХАЛВЕТИ TEKЕ Сместено во стариот дел од градот, во непосредна близина на центарот, Халвети теќето во Струга претставува значаен споменик на Османлиската култура. He постои натпис со точниот датум на неговото формирање, но според ка- жувањата, теќето било основано од страна на Хасан Баба (Асан Деде) кој бил истакнат дервиш во Струга, a халифе добил од пир Хајати од Охрид во почетокот на 18 век. Текијата е од типот на ахшаб градби. Претставува повеќепросторен објект со мали димензии и простории кои функционално го оправдуваат своето постоење. Објектот ce состои од следниве простории: семахане (простор за намаз), кафе-оџак (просторија за разговор), јаз-оџаги (летен простор) и мисафирхана (приемна соба за гости). Сите простории ce покриени со четвороводен кров поделен во два дела. Влезот во теќето е од невообичаената јужна страна каде што ce наоѓа и минарето. Тоа е изработено од добро обработени камени квадри a изградено е веројатно (според натписот кој ce наоѓа на неговото тело) во 1922 година. Во внатрешноста на молитвениот простор сочувана е оригиналната дрвена купола.

Transcript of 51 - Z. Pavlov - Halveti Teke, Struga

Page 1: 51 - Z. Pavlov - Halveti Teke, Struga

Зоран ПАВЛОВ

ХАЛВЕТИ TEKЕ

Сместено во стариот дел од градот, во непосредна близина на центарот, Халвети теќето во Струга претставува значаен споменик на Османлиската кул-тура. He постои натпис со точниот датум на неговото формирање, но според ка-жувањата, теќето било основано од страна на Хасан Баба (Асан Деде) кој бил истакнат дервиш во Струга, a халифе добил од пир Хајати од Охрид во почетокот на 18 век.

Текијата е од типот на ахшаб градби. Претставува повеќепросторен објект со мали димензии и простории кои функционално го оправдуваат своето постоење. Објектот ce состои од следниве простории: семахане (простор за намаз), кафе-оџак (просторија за разговор), јаз-оџаги (летен простор) и мисафирхана (приемна соба за гости). Сите простории ce покриени со четвороводен кров поделен во два дела.

Влезот во теќето е од невообичаената јужна страна каде што ce наоѓа и минарето. Тоа е изработено од добро обработени камени квадри a изградено е ве-ројатно (според натписот кој ce наоѓа на неговото тело) во 1922 година.

Во внатрешноста на молитвениот простор сочувана е оригиналната дрвена купола.

Co своите културни и естетски вредности Халвети теќе претставува типи-чен пример на османлиската градба од 18 и почетокот на 19 век.

Литература:

Е. H. Ayverdi, Avrupa'da Osmanli Mimari Eserleri – Yugoslavya, III. Cild, 3. Kitab, Istanbul 1981, 241;

Исламска заедница и нејзините институции. Скопје 1997, 85–86.