Download - проект по биологија

Transcript
Page 1: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Животини

Ментор: Снежана Пеловска Изработиле:Ерсин Махмутовиќ, Даниел Нешевски II-2

2012Скопје Page 1

Page 2: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

1.Животни

2.Животински клетки,ткива,органски системи

3.Цицачи

4.Водоземци

5.Птици

2012Скопје Page 2

Page 3: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Општо за животнитеЖивотните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царствобило вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.

Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат сорастителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без‘рбетници и ‘рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата.

2012Скопје Page 3

Page 4: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Животински клетки,ткива,органски системиЖивотинската клетка, како и растителната, е изградена од универзалните органели: клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, рибозоми,митохондрии, ендоплазматичен ретикулум и други. Меѓутоа, за разлика од растителната клетка, животинската не е толку компактна поради отсуството на клеточен ѕид. Исто така, во животинската клетка не се сретнати вакуоли, сферозоми и пластиди.

Кај животните се разликуваат четири основни видови на ткива: епително, сврзно, мускулно и нервно. Покрај овие ткива, некои клеточни наслаги во телото на животното се одликуваат со посебен изглед и имаат специјални улоги. Тие, според своите морфолошки белези, не би можеле да се наречат ткива, но, сепак, се ткива. Тоа се половите продукти, крвта и лимфата. Половите продукти од половите жлезди стојат во тесна врска со епителот (герминативен епител), а крвта и лимфата како телесни сокови со неповрзани клеточни елементи, обично се доведуваат во врска со сврзното ткиво (иако можат да бидат толкувани и како посебни творби).

Органските системи се доста добро развиени кај животните. Всушност, секој орган во животинскиот организам не функционира самостојно, туку секогаш е во некаква врска со други, слични по форма или функција органи. Се среќаваат неколку органски системи:

Локомоторен систем , или систем на органите за движење, кој се состои од коските и мускулите

Дигестивен систем , или систем на органите за варење на храната

Циркулаторен систем , или систем на органите за транспорт на материите низ телото, а понекогаш тука се вклучува и имунолошкиот систем за одбрана од различни видови болести или инфекции

Екскреторен систем , или систем на органите за излачување на непотребните или штетни материи од организмот

Респираторен систем , или систем на органите за дишење

Нервен систем , или систем за брзо регулирање на работата на сите останати органски системи

2012Скопје Page 4

Page 5: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Ендокрин систем , или систем за побавно регулирање на работата на органите, потоа растот и развитокот на истите.

Животинска клеткаКлетката е основна структурна и функционална единица на сите живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го употребил англискиотнаучник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и тоа едноклеточните од една, а многуклеточните од повеќе клетки кои се наоѓаат во тесна, заемна зависност. Бидејќи го содржат целокупниот наследен материјал, клетките се способни за саморепродукција (делба на клетките).

Хемиски состав на клеткатаСите клетки се изградени од хемиски елементи кои се среќаваат и во неживата природа, а во тоа се согледува единството на живата и неживата материја. Од над 100 познати хемиски елементи, околу 60 влегуваат во составот на клетките. При тоа, овие елементи количински не се застапени еднакво, па се разликуваат:

Макроелементи (јаглерод, кислород, водород и азот) Микроелементи (фосфор, сулфур, натриум, калциум, магнезиум, калиум)

Елементи во трагови (јод, флуор, железо, цинк, манган и др.),

а процентната застапеност на некои од нив во клетките од човековиот организам е следнава:

Елемент Процент (%) Елемент Процент (%) Елемент Процент (%)

Водород 9, 5 Сулфур 0, 3 Железо Во траги

Јаглерод 18, 5 Калциум 1, 5 Натриум 0, 2

Азот 3, 3 Магнезиум 0, 1 Калиум 0, 4

2012Скопје Page 5

Page 6: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Кислород 65, 0 Манган Во траги Јод Во траги

Фосфор 1, 0 Цинк Во траги Хлор 0, 2

Биолошкото значење на овие хемиски елементи е големо, независно од нивната процентна застапеност. Недостигот на кој и да е елемент предизвикува нарушување во нормалното функционирање на клетките и на организмот. Во составот на клетките, хемиските елементи се јавуваат во форма на соединенија - органски и неоргански.

Неоргански соединенијаОд неорганските соединенија најзастапена е водата, која е неопходна за животот. Таа во просек, во клетките е застапена со околу 80%, но некои клетки содржат повеќе (ембрионалниклетки до 95%), а некои помалку (остеоцитите до 20%) вода. Водата за клетката е значајна од неколку причини:

метаболизмот , кој се одвива во клетките, е можен само во водна средина Таа е дисперзно средство за клеточните колоиди

Учествува во транспортот на материите

Има голем топлински капацитет

Други неоргански соединенија во клетката се минералните соли. Тие најчесто се јавуваат растворени, дисоцирани на јони, и тоа:

катјони Анјони

Na+ (Натриум) Cl- (хлорид)

K+ (Калиум) SO2-4 (сулфат)

Ca 2+ (Калциум) HCO-3

Mg2+ (Магнезиум) PO3-4 (фосфат)

2012Скопје Page 6

Page 7: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Јоните имаат важни функции во клетката. Тие учествуваат во одржувањето на осмотската хомеостаза меѓу клетката и нејзината околина, одговорни се за ацидобазичната хомеостаза на клетката, а исто така ја регулираат и активноста на некои ензими.

Органски соединенијаВо клетките се јавуваат четири типа органски соединенија: јаглехидрати, липиди, протеини и нуклеински киселини.

Јаглехидратите (или шеќерите) се органски соединенија изградени од јаглерод, водород и кислород. Од моносахаридите, најпознати соединенија во клетката се пентозите рибозаи деоксирибоза и хексозите глукоза (соединение кое клетките го користат најчесто за добивање енергија) и фруктоза. Од дисахаридите значајна е сахарозата (или трскен шеќер), додека од полисахаридите најзначајни се гликогенот во животинските клетки и скробот во растителните клетки (овие полисахариди во клетките се јавуваат како резервни материи), ицелулозата (која го изградува клеточниот ѕид кај растенијата). Општо земено, јаглехидратите се извор на енергија на клетките. Со нивното разложување, како краен производ се добива јаглероден диоксид и вода и се ослободува енергија. Освен тоа, тие влегуваат во составот на мембраните, клеточниот ѕид и други клеточни структури.

Липидите (или масните материи) се група органски соединенија за кои е карактеристично што се нерастворливи во вода, а се раствораат во органски растворувачи (етер, ацетон,бензин и др.). Липидите се главен извор на енергија и затоа во клетките најчесто се јавуваат како резервни материи. По потреба, особено при подолгото гладување, тие се разложуваат до CO2 и H2O, ослободувајќи притоа големо количество енергија. Освен енергетска, овие

2012Скопје Page 7

Page 8: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

соединенија имаат и структурна и заштитна функција, бидејќи учествуваат во изградбата на клеточната мембрана и другите мембрански системи во клетката.

Попознати липиди во составот на клетката се неутралните масти и липоидите.

Протеините (или белковините) имаат огромно биолошко значење, како за клетката, така и за организмот. По водата, количински се најзастапени во клетката. Од нив зависат основните особини на клетката (метаболизам и градба). Тие имаат разнородни функции во клетката:

Учество во градбата на клеточните структури (мембрани, органели и

др.)

Учество во различни движења на клетката (главно во мускулните

клетки, тоа се протеините актин и миозин)

Антителата , кои се протеини, имаат заштитна функција

Протеините во вид на ензими, ги убрзуваат биохемиските процеси во

клетката итн.

Видови клеткиКлетките се делат според најразлични критериуми, но основната поделба е на прокариотски и еукариотски клетки. Според местоположбата и функцијата во организмот, има епителна,нервна, мускулна, полова клетка (јајце клетка и сперматозоид) итн. Клетките можат да бидат правоаголни,кружна неправилна форма, разгранети и др.

2012Скопје Page 8

Page 9: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Животинска клетка

Градба на клеткитеРечиси сите клетки имаат јадро. Тоа контролира сè што се случува во клетката. Содржината на клетката (освен јадрото) се вика цитоплазма. Таа содржи и неколку други посебниорганели. Клеточната мембрана е тенок слој кој ја издвојува клетката од меѓуклеточниот простор (но, пропушта течности и гасови).

Животинските клетки содржат зрнца од гликоген кои имаат улога на резервоар. Тие имаат понеправилен облик од растителните клетки.

Само растителните клетки имаат клеточен ѕид. Тој е многу поголем од клеточна мембрана и го

одржува постојаниот облик на клетката. Во растителните клетки наоѓамe хлоропласти. Тие

учествуваат во процесот за создавање храна со помош на сончева светлина и на листовите им

даваат залена боја. Растителните клетки содржат зрнца од скроб како хранлив резервоар. Многу

2012Скопје Page 9

Page 10: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

клетки имаат простори исполнети со течност кои се викаат вакуоли. Во растителните клетки, тие се големи и помагаат да се одржува обликот на самите клетки.

Разлики меѓу животинска и растителна клетка

Градбени делови Растителни клетки Животински клетки

Клеточнамембрана

Да Да

Јадро Да Да

2012Скопје Page 10

Page 11: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Хромозоми Многу Многу

Ендоплазматиченретикулум

Да Да

Рибозоми Да Да

Комплексна Голџи

Да Да

Вакуоли Да Да

Централнавакуола

Да не

Лизозоми Ретко да

Митохондрии Да да

Хлоропласти Да не

Клеточен ѕид Да не

Цицачи

Цицачите се животни кои ги хранат своите млади со млеко. Повеќето цицачи се прекриени со влакна или крзно и повеќето имаат специјализирани заби кои им помагаат при сечењето или џвакањето на храната. Во споредба со другите ‘рбетници, цицачите имаат високоразвиен нервен систем и покажуваат интелигенција. Во цицачи спаѓаат некои од најпознатите членови на животинското царство, како мачки, кучиња, слонови и китови, а исто така и луѓето, кои се најинтелигентните животни на планетата Земја.

2012Скопје Page 11

Page 12: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Со исклучок на три многу необични цицачи наречени монотреми, сите останати цицачи раѓаат живо младенче (вивипарни цицачи). Некои млади цицачи се целосно беспомошни по раѓањето, додека другите се релативно добро развиени. И покрај разликите, сите млади цицачи зависат од нивните мајки за храна и остануваат со нив додека не се оспособат за самоодбрана. Оваа блиска врска меѓу мајката и потомството дава силни фамилијарни врски и им овозможува на младите цицачи да учат имитирајќи го однесувањето на нивните родители.

Цицачите еволуирале од група на влечуги наречени терапсиди (Therapsida). Најраните вистински цицачи кои се појавиле пред 200 милиони години биле само 5 см во должина и најверојатно го поминувале поголемиот дел од својот живот на дрвјата. Овие ситни цицачи имале четири речиси еднакви нозе и остри вилици. Од тоа време, цицачите еволуирале во извонредно многу телесни облици и големини. Од околу 4.600 видови на живи цицачи, повеќето живеат на копно и голем број од нив сѐ уште се движат на сите четири нозе. Но, во модерните цицачи се вбројуваат и животни кои скокаат на две нозе, други кои живеат секогаш во вода, и трети кои можат да летаат. Овие пливачки и летачки видови ги вклучуваат најголемиот светски цицач - Синиот кит, како и најмалиот - Китиевиот лилјак. Овој ситен лилјак, откриен во 1973 во шумите на Тајланд, има големина на бумбар и тежи околу 2 гр.

2012Скопје Page 12

Page 13: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

2012Скопје Page 13

Page 14: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Типови на цицачиВо биолошката класификација, цицачите ја образуваат една од шесте главни класи на ‘рбетни животни. Цицачите, пак, се поделени на три различни групи, или поткласи, основани на различните карактеристики.

Јајценесните цицачи (Monotremata) ја сочинуваат најмалата поткласа на цицачи со само три видови најдени во Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја. Еден од овие е клунарот, а останатите два се ехидните. Репродуктивниот и екскреторниот систем на монотремите делат ист телесен отвор (урогенитален отвор), но посвојствена карактеристика (која ги одделува од другите цицачи) за овие животни е тоа што несат јајца. Женката клунар обично несе две или три јајца и ги инкубира во дупка која се наоѓа близу до вода. Ехидните обично несат едно јајце кое мајката го инкубира во торбичка која ја формираат два слоја на кожа на нејзиниот абдомен. Кога младото излегува од јајцето, тоа се храни со млеко, цицајќи го од специјална млечна дамка на долната страна на мајката.

Втората поткласа на цицачи ги вклучува торбарите (Marsupialia). Овие цицачи раѓаат живо младенче, но тоа се раѓа додека е сѐ уште во многу неразвиен стадиум. Тие го довршуваат својот развој во специјална торбичка на мајкиниот абдомен, хранејќи се со млеко кое го добиваат од нејзините брадавици. Кај некои торбари, торбичката е мала, а малечкото подоцна излегува од неа. Кај други таа е голема торба и малечкото е целосно собрано во неа.

Постојат околу 250 видови на торбари кои можат да се најдат на различни живеалишта. Околу две третини од нив живеат во Австралија, Тасманија или Нова Гвинеја, каде еволуирале во најразлични форми, вклучувајќи растенојади како кенгурите, коалите и вомбатите, како и животни од типот на бандикутите и куолите, кои имаат остри заби и се хранат со инсекти и други без‘рбетници. Остатокот од торбарите живее во Америка. Претставени се со околу 70 различни видови на опосуми.

Третата поткласа на цицачи, наречени плацентали, вклучува околу 4.300 видови, правејќи ја најголема од сите три мамалиски групи. За разлика од младите торбари, младите плацентални цицачи поминуваат долг период на развој во телото на мајката пред породувањето. Затоплени и заштитени во мајкината матка, неродените млади се исхрануваат од страна на еден сунѓерест орган наречен плацента, кој впива хранливи материи од крвта на мајката и ги пренесува до животното во развој. Подоцна младиот плацентален цицач се раѓа и обично е целосно оформен, иако може да нема крзно или функционални очи или пак заби.

2012Скопје Page 14

Page 15: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

2012Скопје Page 15

Page 16: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Биолозите ги класифицираат плаценталните цицачи во околу 19 групи наречени редови. Најголемата група, со околу 1.500 видови, ги содржи глодарите како стаорците, глувците, вервериците и морските прасиња. Друга главна група на цицачи, со околу 1000 видови, ги содржи лилјаците. Инсектојадните лилјаци начелно се мали животни, но некои овошјејадни видови имаат распон на крилјата од преку 1,5 м.

Повеќе големи предаторски копнени цицачи припаѓаат на групата на ѕверови (Carnivora), која содржи околу 240 видови. Некои од овие животни, како лавовите и волците, ретко јадат нешто друго освен месо, но други, особено мечките имаат поразновидна исхрана. Разновидната исхрана е честа и во друга група на цицачи - приматите. Во примати спаѓаат животни како лемури, мајмуни и [[човек|луѓетоpp, а повеќето од 230 видови живеат на дрвја.

Светските големи растенојадни цицачи се поделени на две главни групи. Една група, наречена група на парнокопитни, се состои од животни како свиња, елен, говедата и антилопа кои имаат копита со ист број на прсти. Другата, многу помала група се непарнокопитните, каде спаѓаат коњите, тапирите и носорозитеи, кои имаат непарен број на прсти.

Некои цицачи се адаптирале на живот во вода. Фоките во кои спаѓаат морските лавови и моржевите, можат да спијат и да се хранат на отворениот океан, но мораат да се вратат на копно за да се размножуваат. Манатиите и дугонгите се големи, растенојадни цицачи кои целиот свој живот го поминуваат во водата. Китовите, вклучувајќи ги големиот син кит и делфините, се добро приспособени како брзи океански предатори. Сепак, како и другите цицачи, водните ќе се удават ако не ја достигнат површината за да дишат воздух од атмосферата

.

2012Скопје Page 16

Page 17: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

2012Скопје Page 17

Page 18: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Водоземци

Водоземците се ектотермни (ладнокрвни) животни кои метаморфозираат од јувенилна водна форма до возрасна единка или до педоморфа која задржува некои од јувенилните карактеристики. Иако повеќето водоземци поседуваат четири екстремитети, кај безногите водоземци отсуствуваат. За разлика од другите сувоземни ‘рбетници (амниоти), повеќето водоземци ги положуваат јајцата во вода. Водоземците се слични по изглед со влечугите.

Водоземците се еколошки индикатори и во последните десетлетија е забележано драматично опаѓање на популациите од водоземци во целиот свет. Многу видови сега се под закана од истребување или веќе се истребени.

2012Скопје Page 18

Page 19: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Градбата на скелетот кај водоземците до некаде е слична со таа на рибите. Се разликува скелет на главата, трупот и екстремитетите. Скелетот на главата, за разлика од рибите, е образуван од помал број на коски. Градбата на черепот е најразновидна. Се забележува постепено зголемување на коскените творби за сметка на ‘рскавичните и сврзноткивните. Карактеристично својство на целата класа водоземци се двете зглобени главички на задниот дел од черепот кои соодветствуваат на двете јамички на првиот вратен прешлен. Черепот е секогаш зарамнет, широк, а очните отвори се секогаш големи. Черепот се состои од задтилни коски, две челни и една основна коска. Ококскувањето на страничните ѕидови на черепот не е целосно или ‘рскавицата е само делумно окоскена. Непчените коски се неподвижно соединети со черепот и на нив (како и на ралото и клинестата коска) понекогаш се всадени заби. Долната вилица се состои од два или повеќе делови и никогаш не е целосно окоскена. Лицевиот оддел е значително поголем од мозочниот.

‘Рбетникот на водоземците е во врска со нивниот полунадземен начин на живот и во споредба со тој на рибите е порасчленет. Се состои од вратен, трупен, крсен и опашен дел. Напречните израстоци на прешлените кај сите водоземци се добро развиени, но обично ребра не се развиваат, а наместо нив има коскени или ‘рскавични израстоци. Напречните израстоци кај некои видови се значително подолги и ги заменуваат ребрата. Вратниот дел на ‘рбетникот е образуван од еден прешлен кој се соединува со черепот. Бројот на трупни прешлени е различен. Кај некои видови, на пример, кај тритоните, со трупните прешлени се зглобуваат слаборазвиени ребра. Крсниот дел кај повеќето водоземци се состои од еден прешлен. Опашниот дел кај безопашните водоземци е мал (прешлените се сраснати во една коска), додека кај опашкарите е добро изразен.

2012Скопје Page 19

Page 20: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

ВлечугиВлекачи, влечуги, рептили — група на ‘рбетни животни во која спаѓаат змиите, гуштерите, желките, крокодилите, туатарата, како и бројни изумрени фосилни видови. Меѓу рецентните форми постојат околу 2,500 видови на змии, 3,000 видови на гуштери, близу 250 видови на желки и тортоизи и 21 вид на крокодили. Тие се распространети низ умерените и тропски региони на светот; сите се ладнокрвни (зависни од околината во однос на топлината на телото), а само неколку влекачи можат да живеат во ладните региони. Науката чиј предмет на проучување е оваа група на животни се нарекува херпетологија.

Мнозинството од влекачите се овипарни (младите се изведуваат од јајца), но многу змии и гуштери се вивипарни (раѓаат живи младенчиња). Постоечките влекачи се карактеризираат со развитокот на две ембрионални мембрани: заштитен амнион, или јајцева торбичка, и респираторен алантоис, или васкуларна фетална мембрана. Амнионот, кој го имаат сите влекачи, птици и цицачи, оневозможува исушување на јајце клетката, па така раните стадиуми од животниот циклус на животното не се зависни од вода. Кај повеќето змии и некои гуштери, функционален е само еден бел дроб; кај другите влекачи се развиени и двата бели дробови. Тораксот и абдоменот не се одделени со дијафрагма, а дишењето се довршува со мускулите на телесниот ѕид.

2012Скопје Page 20

Page 21: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

КласификацијаНајраните влекачи се појавиле за време на доцниот карбониферен период од палеозоикот. Повеќето форми еволуирале и развиле во мезозоикот, кој е познат и како Време на рептилите. Оттогаш голем дел од рептилни видови се изумрени; само 5 од 23-те реда на влекачи кои постоеле и денес имаат живи претставници. Најпознатите редови следат подолу.

: ( )Ред туатари хатерии

Овој ред се состои од гуштеровидни влекачи познати како туатари, кои се разликуваат од гуштерите со своите остеолошки (коскени и скелетни) карактеристики. Ринхоцефалите се добро познати од тријасот и јурата, но денес сите се изумрени освен Новозеландскиот туатара од родот Sphenodon.

: Ред гуштери и змии

Овој ред ја сочинува најголемата група на живи влекачи и содржи околу 5,500 видови на гуштери и змии. Исто така содржи и одредени изумрени форми наречени Pythonomorpha кои имале змијовидни тела и гуштеровидни екстремитети.

: Ред желкии тортоизи

2012Скопје Page 21

Page 22: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Овој ред, наречен уште и Testudines, бил веќе издиференциран од другите рептили уште во тријасот и денес ги сочинува желките и тортоизите. Видовите од овој ред се единствени по тоа што имаат долги и рамни ребра над кои се наоѓа оклопот од остри лушпи. Бидејќи телесните ѕидови се ригидни од коскениот штит, овие животни мораат да дишат преку процес сличен на голтањето, наместо да ги користат мускулите на телесниот ѕид.

: , , Ред крокодили алигатори кајмании гавиали

Крокодиловидните влекачи еволуирале во доцниот тријас и се најблиските живи роднини на диносаурусите и птиците. Срцето е речиси целосно поделено на четири комори; мозокот покажува поголем развој и мускулатурата на желудникот е високоразвиена.

: Ред диносауруси

Добро познатите диносауруси припаѓале на овие редови на долговратести и долгоопашести рептили кои најпрво се појавиле во тријасот. Тие станале чести во подоцнежните периоди, сѐ до крајот на мезозоикот, кога изумреле (освен птиците).

2012Скопје Page 22

Page 23: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

2012Скопје Page 23

Page 24: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

ПтициПтиците се двоножни, топлокрвни животни, чија главна карактериситка се пердуви на телото, предни екстремитети модифицирани во крила и шупливи коски.

Птиците се среќаваат во различни големини: од ситните колибри до огромните емуа и ноеви. Од таксономска гледна точка, постојат околу 8.800 до 10.200 видови на живи птици (како и околу 120 до 130 кои се веќе исчезнати) во светот, што ги прави најраспространетата класа на копнени ‘рбетници.

Птиците се хранат со нектар, растенија, семиња, инсекти, риби, или со други птици. Повеќето птици се активни во текот на денот. Некои птици, како бувот на пример, се активни во текот на ноќните (поточно самрачни) часови. Многу птици мигрираат на долги растојанија за да живеат во еднакви услови. Некои, пак, го поминуваат скоро целиот свој живот до морето.

Карактеристични белези за птиците се коскен клун без заби, несењето и инкубацијата на цврсти, варовнички јајце клетки, висок степен на метаболизам, и лесен, но цврст скелет. Повеќето птици летаат, иако некои од нив, како тркачките птици и неколку други видови кои живеат претежно на островите ја загубиле оваа способност. Во нелетачки птици спаѓаат и пингвините, ноевите, кивите и исчезнатите додои. Нелетачките птици се изложени на опасност од истребување ако луѓето или некои други цицачи се населат во нивното живеалиште, односно биотоп. На пример, моата од Нов Зеланд е истребена како резултат на човековото влијание.

2012Скопје Page 24

Page 25: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Морфологија и анатомијаСкелетно-мускулен систем

Предниот пар на екстремитети (крила) е наменет за летање; задниот е изменет на различни начини во зависност од птицата. Некои се адаптирани за пливање, некои за трчање, а некои за активно движење по копното. Градната коска е огромна и поседува гребен за кој се прикачени мускулите за летање.

Дигестивен систем

Птиците ја варат храната мошне брзо, бидејќи тие не можат да си дозволат прекумерна телесна тежина (поради летањето). Не поседуваат заби, а ситнењето на храната настанува во бапката. Во врска со ова, птиците понекогаш проголтуваат и ситни камчиња кои го потпомагаат овој процес. Бапката ја складира храната; оваа складирана храна служи како храна за младите птици која им ја даваат мајките со нејзино враќање до клунот. Несварените остатоци од

2012Скопје Page 25

Page 26: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

храната, заедно со екскретите, се отстрануваат преку клоаката (исто како и јајцата).

Циркулаторен систем

Птиците имаат четирикоморно срце кое целосно ја одделува оксидираната од редуцираната крв. Птиците се топлокрвни; како и цицачите, тие се способни да одржуваат постојана внатрешна температура од 40°С. Плаценталните цицачи одржуваат температура од 37°С, додека кај повеќето торбари таа изнесува 35°С.

Респираторен систем

Респирацијата е ефикасна бидејќи лобуларните бели дробови се поврзани со воздушни торби. Тие се полнат со воздух за време на вдишувањето. Потоа воздухот се ослободува од воздушните торби кога птицата издишува - ова значи дека птицата добива кислород за време на вдишувањето и издишувањето. Друга придобивка од воздушните торби е дека шупливите коски полни со воздух го олеснуваат телото и го потпомагаат летањето.

Екскреторен систем

Птиците, како и некои други животни, екскретираат мочна киселина. Влечугите и птиците ја елиминираат мочната киселина со нивниот фецес. Белиот материјал кој се гледа во птичјите екскременти е мочната киселина. Таа не е многу токсична и не е многу растворлива во вода. Затоа, екскрецијата на метаболити во форма на мочна киселина заштедува вода, бидејќи може да се произведе во концентрирана форма поради својата мала токсичност. Како резултат на тоа што мочната киселина е релативно нерастворлива и нетоксична, таа може да се акумулира во јајцата без притоа да ги оштети ембрионите. За синтезата на мочната киселина е потребно повеќе енергија отколку за синтеза на уреа. Не постои мочен меур кај птиците.

Имунолошки систем

Овој систем кај птиците најчесто се состои од лимфни садови и лимфоидно ткиво. Примарни имунолошки ткива се тимусот сместен во вратниот регион долж југуларната вена, како и Фабрициусната торба сместена до клоаката. Секундарни лимфатични органи и ткива се слезената, коскената срцевина, муралните лимфни јазолчиња и јазли. Постои и лимфен систем од садови и капилари кои ја пренесуваат лимфата низ телото на птицата и се поврзани со крвоносниот систем. Постојат три главни типови на имун одговор кај птиците; специфичен, кој се состои од хуморални и клеточно-посредувани одговори и неспецифичен. За хуморалните и клеточно-посредувани одговори потребен е процесуиран антиген за да се стимулира одговорот, кој се состои од создавање на специфично антитело за секој одделен антиген. Неспецифичниот имунитет одговара на сите

2012Скопје Page 26

Page 27: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

антигени. В лимфоцитите (кои се произведуваат во Фабрициусната торба) се поврзани со хуморалниот одговор, додека Т лимфоцитите (кои се создаваат во тимусот) се поврзани со клеточно-посредуваниот одговор. Макрофагите, хетерофилите и тромбоцитите се основните клетки кои се вклучени во неспецифичниот имун одговор.

Нервен систем и сетила

Птиците поседуваат добро развиен черепен мозок, но неговиот зголемен дел изгледа дека е областа одговорна за инстинктивното однесување. Според ова, птиците имаат точно одредени начини на миграција и гнездење.

2012Скопје Page 27

Page 28: проект по биологија

СУГС “Рa де Јовчевски Корчагин”

Користена литература

1.Интернет

2012Скопје Page 28