Download - ТЕРРА ТРАВЕЛ СКАЈ Лиценца А Рег.Број:13-5859/2 www ......колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии,

Transcript
Page 1: ТЕРРА ТРАВЕЛ СКАЈ Лиценца А Рег.Број:13-5859/2 www ......колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии,

Туристичка Агенција ``ТЕРРА ТРАВЕЛ СКАЈ `` ул. Луј Пастер Бр:9- Палата Македонија – СкопјеТел: +389 2 3100 199 / 3100 177 Лиценца А Рег.Број:13-5859/2

www.terratravel.com.mk [email protected]

РИМ

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

27. Април (Петок) СКОПЈЕ - РИМСостанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:30 часот . Полетување за Рим во 13:45 и слетување во 15:25 часот . Панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар. . . Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.

28. Април (Сабота) РИМПојадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар. . . Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на Шпанските скали познати како "дневна соба на градот" , Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, Црквата Св. Климент , Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, прекрасниот Плоштад Кампидољо.. . Ноќевање.

29. Април (Недела) РИМ - ТИВОЛИПојадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте. Ренесансната палата е единствена по своите ил јада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Препорачуваме прошетка до боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската ку јна. Ноќевање.

30. Април (Понеделник) РИМ - СКОПЈЕ Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 16:00 и слетување во 17:35 часот .

За уплата до 31 Март:299 евра (18.550 денари)ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:379 евра (23.500 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:• Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23 cm до 10kg)• Трансфери во Рим од аеродромот до хотелот и обратно• Сместување во Хотел 4* во центарот на Рим на база 3 ноќевања со појадок

(www.rael ihote l s . i t )

Page 2: ТЕРРА ТРАВЕЛ СКАЈ Лиценца А Рег.Број:13-5859/2 www ......колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии,

Туристичка Агенција ``ТЕРРА ТРАВЕЛ СКАЈ `` ул. Луј Пастер Бр:9- Палата Македонија – СкопјеТел: +389 2 3100 199 / 3100 177 Лиценца А Рег.Број:13-5859/2

www.terratravel.com.mk [email protected]

• Организиран панорамски разглед на градот • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:• Аеродромски такси 3.100 денари • Багаж за чекирање 1 куфер до 20 kg 2.300 денари • Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот)• Факултативни излети: Посета на Ватикан со локален водич, превоз, резервација и

влезница 50 евра• Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра• Посета на Тиволи 50 евра• Факултативна вечера во ресторан• Влезници во музеите и културно историските споменици• Карти за локален превоз (метро)• Патничко – здравствено осигурување 250 денари

НАПОМЕНИ: • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници• За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТ• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по

курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето