Zena Pejsaz
description
Transcript of Zena Pejsaz
![Page 1: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/1.jpg)
![Page 2: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/2.jpg)
Жена Пејсаж
Александар Станковски
Илустрирано од:
Ненад Трифунов - Карамаз
и
Александар Станковски
![Page 3: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/3.jpg)
Ноќно Талкање
Забегани дрогаши по градот се возат,
за Т.С. Елиот разговори водат.
Учењето на грешки е во мода
побрзајте во циркусот на курвање и дрога.
Бестијалноста овде цел е, а не средство
големиот фалус донесува престол.
Еј гомнари сури и ајвани глупи
Повелете в` кујна на мочварни супи
А и вие гниди, превртливци страшни,
Во црни одела и свилени машни,
Ко пудлици луди, вибрирате шубе,
Низ ходници темни до светлото кубе,
Патем и на шефот му спремате јамка,
Еден лавиринт од трски во рамка,
Во партали збрани од улици влажни,
Се котат идните владетели лажни,
Што со алчност шмукаат залудност и блуд,
А потоа се гордеат со својот лигав шунд.
Понекогаш тешка и злобна е ноќта,
Големите скаски за вистината и моќта
Разголени тајни ужасни и гнасни.
Побеснети пци и во трк коњи расни,
Во потера се збрале сите грди врази.
И одеднаш сваќаш дека стварноста те мрази,
И така се додека не и платиш во натура,
И покрај сета таа рафинирана култура.
2
![Page 4: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/4.jpg)
3
![Page 5: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/5.jpg)
Привид
Патем си мислам
Која е целта на сето
Она што останало
Во мракот и крајот
Со заборавот што спие
Тоа што кажува без збор
Или како фантом што се крие
Зад секој проблесок на умот
Отаде најмалите нешта
Сепак стварно и страшно
А без допир ил болка
Без потреба и борба
За било што вредно
Светот што го цени
Бескрајни дебати на апсурдни теми
Ситни мали злоби
И омрази страшни
Несватливи лаги и ниети гнасни
Изгубена воља за вистински чекор
Поробена совест и верба во никој
Така си ја плетат мрежата на моќта
Без да видат добро кој оди со ноќта.
4
![Page 6: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/6.jpg)
5
![Page 7: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/7.jpg)
Без ТВ
Да не прекинеше програмата на
ТВ -то поради виши причини,
немаше да го пишувам ова.
Што и да е...
Така ние индолентните го сваќаме животот,
Како одсуство на повеќе и подобро.
Како ужасно страдание од здодевноста
кон која весламе со сета сила.
Кога ја нема сигурноста на
нашата просечност;
Тој параметар за среќа
Таа ненаметлива совршеност
на баналното попладне.
Ги одложуваме авантурите со
задоволство.
Таму зад многуте планини и
мориња има сташна акција
која со респект ја избегнуваме.
Кајчето плови на детската слика,
Мирно бруи старото радио
Сите мачори од квартот задоволно предат
Кој би помислил дека ТВ приемникот
ја цица целата наша поетичност
колку и да ја дрвиме со
манијакалност.
6
![Page 8: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/8.jpg)
7
![Page 9: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/9.jpg)
Релативитет
И најтехнократскиот текст ќе
стане поезија во моментот
Кога читачот ќе стане чукач
Емотивец со вибрато на славеј
и магарешки лирски фанатизам
покренат од либидото на
бескрајните ливади и сите
нивни антигравитациски мистерии.
Не збориме за моќ и вештини
Туку за ситуации што идат,
Толку совршено режирани што
секој обид да се поправат или
усовршат завршува со лудило.
Трома казна за таква несуптилност
Нешто што нема ни да се осети
што ќе пројде како живот
Така просто и неодредено
Така невидливо.
8
![Page 10: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/10.jpg)
![Page 11: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/11.jpg)
Пасторала
На падина овци пасат поезија
од витамини и жовијалност
создадена од наивните
прогласи на полските инсекти
Ете ви едно целодневно
возење по наједноставните
радости на животот.
Едно совршено задоволство
ослободено од диктатот на
амбициозноста.
Свет за себе ќе речете
но само така ви се чини.
Поентата е во интегралноста
Времето тече.
Секогаш има место за возбуда.
Ја преферираме подпапучната,
онаа што се прослави под
планинскиот масив "Јорган".
Овците весело брстат по ридот
тие се тука како пример
колку може да се поднесе
толерантноста на бескрајот.
10
![Page 12: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/12.jpg)
11
![Page 13: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/13.jpg)
Заборав
Заборавот е спасот за сé
за сите видови и родови
за свеста и совеста.
За бесните бонвивани
за сите нив заборавот е спас.
Заборавот ја надминува свеста
за припадност и опстојност
за вистината и да не збориме
за сите вариации и пермутации
за малите деца што вкусиле болка
за старите робијаши што служат 103 -ка
за побегнатите галеничиња
заборавот е единствената утеха.
За дивечот по ловната сезона
за вечно гневните пролетери
за незадоволното селанство суро
за разбеснатото граќанство тапо
за општествената елита глупа
за шинтерската служба лута
заборавот ги решава проблемите во голем стил
за сите искушенија во овој свет гнил.
заборавот е благ и суптилен избавител.
За сите оние што стравуваат од заборавот
за сите оние со неподнослива болка
за патетичните и сентиметалните гомна
за праведниците и грешниците од манир
заборавот е оазата на спокојот мил.
12
![Page 14: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/14.jpg)
![Page 15: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/15.jpg)
Будење
Будењето е мачна работа
по блажената разгаленост
на заборавот.
Повторно во невкусот на страстите
во суетниот натпревар на ѕверовите
во болката на светот.
Кога се будиме целата гравитација
не позема како жртвени овци.
Страшни се механизмите на реалноста.
Состојбата на будност бара огромен напор
Посебно кога сме хипнотизирани
со инклузивноста на универзумот
неговиот шарм,таа неспоредлива
благост што ослободува.
А вака будни немаме избор
приковани во една димензија
како дрвени кукли.
Фатумот го прави будењето драматично
Би сакале да сонувате но
од оваа состојба нема бегство.
Будењето подразбира одговорност
тоа е хронично страдание
непрестајна борба за малу мир.
Само најсилните се будат.
Тоа се сите оние незадоволници
од заборавот и совршеноста на
непостоењето, оние што повторно
сакаат да го почуствуваат недофатливото
од кое доаѓаат будејќи се.
14
![Page 16: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/16.jpg)
15
![Page 17: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/17.jpg)
На работ
Повторно бев на работ
без причина и овој пат
необјаснив е тој магнетизам
што ме тера да одам до работ пак.
Не се работи за докажување
одамна сум свесен за страшната
празнина што сите не голта
нити е во прашање бегство од
реалноста тапа.
Едноставно морав да отидам до работ
тоа безглаво повторување на
истата залудна потрага по раатот
што испарува пред секое одење
до крајот.
И така одењето до работ
е потрага по раатот
а без цело тоа движење
ќе дојде до тешко гниење.
И еве повторно исчезнува раатот
а јас се спремам да одам до работ
Не е тоа конечно ни така лошо
да се вкуси исконското "зошто".
16
![Page 18: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/18.jpg)
![Page 19: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/19.jpg)
Став
Ставот е само една слика во
перспектива која завршува со
првата вистинска причина за
преживување во лавиринтот на
нашата потсвест определена од
стравовите за исчезнувањето и
восхитот од вечноста како
нешто што никогаш нема да
биде отфрлено со идејата од
времето на скршените сништа и
насуканите кораби од врвовите на
планините на севкупната илузија на
човештвото како појава чудна по
себе и како градина на животот за
себе и како извор на знаењето од
себе и како исцртано и
испишано време или
остров во океанот на бесконечното со
тишината преплавено е
нашето непоимливо треперење...
18
![Page 20: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/20.jpg)
19
![Page 21: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/21.jpg)
Визија
Писарот е сведок на куп лажни куни
завиткани околу торзото на страшниот
господар што везе гоблен на
моќта во скриените светови на умот,
а историјата е романтична и патетична муза
на вистината забегана во сенките на
маслиновите дрвја во Август во едно
ветровито но сончево попладне на
ривиерата во Marlonet de la Brandino.
Реконсрукција на старите мајстори
беше вековна задача на Холивуд.
Тишина! -Брут збори!
Треба да се биде деликатен
во представувањето на проблемите
наивните текови да се преусмерат
Да се срамиме од своите дела
за момент што ќе не одмори
две ленени ќебиња ќе не
вратат во антиката за час
и ние ќе бидеме повторно деца
во пејсажот на вечноста.
20
![Page 22: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/22.jpg)
21
![Page 23: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/23.jpg)
Реклами
Не мал број магариња ги
рекламираа своите фалуси
во антропоморфниот кулуар
на суети од соседството
на големата клоака на текот
што никој со ум нит го допира
нит го запира
нит потекло му знае
Затапеноста е целта и средството
на рекламите сјајни и мазни
жртвеникот на играта бара
нови жерави, нови лубеници
и цуцли за заборав.
Да се тргува мора и
дење и под ѕвезди
и на сон и на јаве
да се бранува совршеноста
да се прекине мирот
да зовријат страстите
да се допре небиднината
да се почуствува одсуството на светлината
една новост и цел свет е
друга сказна, еден зрак
и повторно настапува склад,
во малата шумичка крај патот.
22
![Page 24: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/24.jpg)
23
![Page 25: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/25.jpg)
Сеќавања
Во црно -бела техника и со
низок буџет се нивните
претстави за минатото што
за секој лудак блеска со
невиден спектар од бои.
Протагонистите тераат лош
надреализам во одсуство
на искуството и присуство на
безмерна глупост што
создава масовна хипноза
еден оптимизам ограничен
со лудило што надоаѓа како
плима во ноќниот молк
во кој ноџињата на малите
краби цупкаат во манирот
на смешните војници од сите
безумни војни добиени и изгубени,
и сите деца натажени со неподнослив
кич што во својот сјај ги
собрал сите безнадежни идеи
и сите наивни верувања и сите
беспомошни разнебитувања и
повторно построени во хаосот
како ред на поредокот
и смисол во замрсената технологија
за брусење на драгите камења
незаменливи во аферите на
алхемијата на моќта и нејзиниот
антипод воспоставен во спокојното
стебло на историјата.
24
![Page 26: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/26.jpg)
25
![Page 27: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/27.jpg)
Леснотија
Леснотијата е здивот на Бесконечноста
нејзината душа и смисол
По тежината, по илузорноста и по страданието
доаѓа блажената отсутност на
сите бесни монструми што не мачат.
За ситни суетни задоволства
си коваме невидливи прангии
посилни од челичните и потешки
од оковите на феудалните тирани.
Секој мудрец знае да ги
одвои лошите од добрите намери
и да ја согледа полезноста или
штетноста од двата ниети.
Добриот човек е сепак најголемата
вредност во храмот на државата
Тој е идеал и потпора
почеток и крај на историјата.
Леснотијата е главната одлика
на добриот човек, затоа кога
сте во друштво со Него, сите
проблеми исчезнуваат и сите
недоразбирања испаруваат и сите
мајмуни заспиваат на своето Боди дрво.
26
![Page 28: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/28.jpg)
27
![Page 29: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/29.jpg)
Медитација
Нашите пријатели се нашите ангели чувари
во овој свет - димензија на конкретното
како Бетон, како кал, како Бронза
Една хипер креација во која учествуваат
и Атманот и Браманот и Јинот
и Јангот и Бесконечноста и Свеста.
Занесот на играта е несогледлив
во тој создаден и раздвижен свет
Кина, Персија и Русија стануваат
едно царство под Власта на
Монголите, сé друго е прашина
во однос на овој мега проект...
Сé друго е владеење на итрото
малцинство со глупавото мнозинство,
тиранија што ја спроведуваат
малкумина агресивни врз многумина
инертни флегматици без воља и идеја.
Секаде каде критицизмот и кукањето
е општа појава, таму се закотуваат
експлоататорите и бесловесните.
Нивната итрост ги упатува на слабоста
што се шири со гласното незадоволство
како кокодакање на преплашени кокошки
што на лисецот му ја покажуваат
својата беспомошност.
28
![Page 30: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/30.jpg)
29
![Page 31: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/31.jpg)
Бестијариум
Голог`зи мајмуни во г`з се
ебат и кур им чуе што ќе речат
сите тие мудри критичари на умот
што решетки со цитати си плетат
и страшно поштување искажуваат
кон моќните бизони на кешот.
Слонови безгрижно прдат во ветрот
сурлите им се мавтаат во правот
недофатни за тешките интелекти
што на секој покажан прст
се пенат во срџба и бес
а потоа ќе стават некој ред
на блогот свој или во колумна,
мрска одмазда кон кутрите дебили.
Нилски коњи во базенот серат
сите посетители во нив се ѕверат
Но високоумните сограѓани наши
и тука ќе најдат соодветен начин
да создадат проекти за респект
со критички тон и праведен концепт
со финеси мудри и потреби чудни
и сето тоа спакувано по мерка
на перверзниот вкус на некоја
тешка и влијателна зверка.
30
![Page 32: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/32.jpg)
31
![Page 33: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/33.jpg)
Богови
Луѓето станаа свесни за боговите
во моментот кога споредувајќи
се со глувците предпоставија
дека и тие самите се мизерни
и мали во однос на нешто
поголемо и посовршено од нив
самите, во моментите на даун
кога почнуваат себеси да се
преиспитуваат и согледуваат во
безбројните гранки на еволуцијата
и кога една суптилна но силна
предпоставка ги тера да одат
натака кон невидливото и
да почувствуваат како причината
и последицата го создаваат
поредокот кој мисли и делува
во насоката на една чудна
и неразбирлива но така логична
перспектива што создава контури
што почнуваат да личат на
нив самите, на најдобриот дел
од она што го знаеја за себе
за другиот во себе за себе
видени во небото и звездите.
32
![Page 34: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/34.jpg)
33
![Page 35: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/35.jpg)
Идеологии
Ние 25 - 30% што не излегуваме
на избори сведочиме за илузорноста
на идеологиите, за нивната виртуелност
и вируелнтност и за целото
она ѓубре што го истураат
во резервоарот на нашата
безнадежност, во нашата уплашеност,
од бетонските палисади од диктатот
на разумните клептократи и опитните
порнографи на легендите за моралот.
За перфидноста на идеологиите
ставени во машината на прагматизмот
не треба да се има милост
а тоа се постига со апстиненција.
Така се ослободуваме од паразитски
настроените идеологии секогаш
спремни да не заведат со својата
мудрост за секоја прилика и со
секоја интелегенција што нема друга
работа освен да им се подаде на
ефтините филозофии
што висат во секој супермаркет
како сушени харинги по рафтовите
на ониричната сценографија
на гладните стомаци и глави
по малку разбирање и мир.
34
![Page 36: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/36.jpg)
35
![Page 37: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/37.jpg)
Глувци
Им се восхитувам на Еремитите
од овој свет што со
својата скромност им станаа
пријатели на глувците и
сите други животинки и ѕвериња,
А не како нас урбаните робови
свикнати на парфеми и сапун
што со исконско гадење гледаме
на стаорците и другите гадинки
што напаѓаат со својата суптилна
но ефикасна стратегија
базирана на смрдлива хемија
и неподнослива параноја
исполнета со зарази и агонија
Старата пеколна историја
што сведочи за нашата очајна
војна со глодарите
тие мали симпатични суштества
што смрдат и разнесуваат болест
што влегуваат во нашите аури и
што ја трујат ранливата ни душа
со присутност со бесрамна дрскост
и ароганција достојна на побунетите
ангели, достојна на паднатите богови.
Страшен е нашиот судир со нив
како борба со фантоми е тој хаос
на крајот дури и во победата
се чувствуваме тажни и поразени
одземајќи го животот што не сме го дале.
36
![Page 38: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/38.jpg)
37
![Page 39: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/39.jpg)
Пци
По празните улици на градот
што зората го соголува сосем
неговиот ноќен шарм жовијален
до тривијалноста на асфалтот, а потем
на булеварите потопени во замор
и дрвореди од каде славеј со пој
поздравува утрински поход на чопор
пци скитници со лежерен од
сигурни во своите проценки
сведоци на бедата клета
Лордови на слободата
со нивната навидум грда
но практична филозофија
на преживувањето со
достоинство на пропаѓањето
и сета езотерија на неразбирањето
во доблеста на опстојувањето
на една неподобна лудост
така сериозна во просторот
и така реална во времето
банална и засрашувачка појава
едновремено фиксирана во гранките
на еволуцијата над големото стебло
на битието и сите можни толкувања
на среќните и несреќните моменти
и на сите соништа што полека
бледеат во изгрејсонцето и
сенките на пците со ноншалантен
однос кон знаењето на лажните херои.
38
![Page 40: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/40.jpg)
39
![Page 41: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/41.jpg)
Ловци
Ловците ловат во мракот
страотна драма во паркот
некој најбесрамно изеден ќе биде
а друг ако не јаде ќе гние и гние.
Природата е безмилосен спонзор
тежок данок во бол се дава
за безбрижен момент и раат глава
ако по мир пак трагаш гласно
толпата ќе те изгази страсно
ако забава си бараш во градот
осаменост луда ќе те дроби тажно
гулабите и врапците колваат по патот
дебел мачор ги демне во вратот
ако скокне прерано кон нив
ќе треба да копа по контењерот без здив
хорор прикаски се нижат во паркот
змија лапа жаба, а оваа пак мува
и се така до зората влажна кога
рептилите ги спобрка чапјата гладна
и кога малите здепасти орлиња
ги нахранија со смрдлива помија
создадена од агресивна политика
и разнебитена морална патетика
во таа трка по протеини
и со недостатокот од витамини
еден прастар концепт на загревање
и бескрајна желба за свесно созревање.
40
![Page 42: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/42.jpg)
41
![Page 43: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/43.jpg)
Шкарт
Ефтиниот производ зацарува со маркетот
безброј вешти компании од третиот свет
создаваат нова мрежа на моќи
со невидена предаденост и фатум
кој извира од старата циклична скаска
за моќта и власта на двоножците умни
што како гледаме патува од исток
кон запад и со себе го влече азното
древно кое народите од робови во
господари ги строи и гладните
паори обесни баханти ги прави
и сите дрски цареви и сатрапи нивни
ги кутка во правта и нови исти
такви поставува за и нив ко ќе
дојде време да ги турне во дупката
мрачна на ништожност слична во
алта по слава и мамка за мака
и завист и срџба и бес и злоба
и сите разлиени по пејсажот лиги
од безумни танци и оргии мрсни
и гадости страсни за помалку од
ништо, за повеќе од "Доста", за целиот
ужас што експлоатацијата го носи
со се проституцијата и експроприацијата
и национализацијата и милитаризацијата и
егзикуцијата и капитулацијата.
42
![Page 44: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/44.jpg)
43
![Page 45: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/45.jpg)
Епизода
Неоправданата самодоверба
е причина за падот на
либералниот капитализам од
западните ливади на оргазмот
што антропосферата го вози
по златните шини на моќта,
како парадигма и неопходност
од надминување на провалиите
на хоророт на траорот на типот
општества што робскиот труд
од немоќ и глупост и грдост
ги бие и тие пропаѓаат бедно
на скалите од вредноста сјајна
што едните ги крева угоре силно
а други во дол мрачен и смрдлив
ги турка и судбина гадна им нуди
каде софра ставаат ќенеф да им биде
и устата не за восхит тук за злиње
да се шири и да бруи со глупост и завист
и со страв да гледа кон врвот
каде мрсни свињи држат скиптар моќен
а и камшик жилав за слугата дрочен
што со итрост и подмолност гадна
стига отповеќе да лапа и лош пример да дава
на робјето страдно за убавина гладно.
44
![Page 46: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/46.jpg)
45
![Page 47: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/47.jpg)
Патување
Најевтиното патување е поетиката
таа создава брзи и економични
аранжмани, нејзината експертиза
е неприкосновена зошто таа се
објавува исклучиво своеволно.
Тоа не значи дека поетите
се шконтери, дека економизираат
катадневно да заштедат, нели?!
И дека во празнината на
штедењето морале да развијат
нов живот кој постанал свет.
Сепак тоа е поетски свет,
свет нестварен и занесен
потполно лишен од вредност
што уверува во постоење и
одржливост и реалност конечно.
Тој свет е така беден
по суровото будење што
стана предмет на подбив
од локалните шинтери на умот
експерти за реалноста.
Но нештата не се така лоши
нит за партал - поетот ни за шинтер - могулот
На крајот сите на својот пат чуден
испишан во ѕвездите живи ќе ја
носат само сопствената, глава на
своите рамења конструирани за судбински товарења.
46
![Page 48: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/48.jpg)
47
![Page 49: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/49.jpg)
Големиот замор
Предлагам од позициите на
мојата минорност, да се воведе
нов мит кој ќе ги потисне
сите стари митови за пропаста
и ќе им ја представи вечната
дијалектика на постоењето
низ концептот на "Големиот замор".
На овој начин ќе се расветлат
сите замрачени зони на свеста
мазната и загадочна двозначност
ќе падне со целиот свој модус
на заведување и манипулација.
Големиот замор ќе им покаже
на уплашените што заначи спокој
на пролетерите отруени од очај
ќе им даде надеж за подобро
утре, а можеби и чај со кралицата.
На искомплексираните селани
редовно пљачкани од превртливите
шакали на предградието Големиот замор
ќе им овозможи кул и хај
со што ќе оформат нов супериорен
карактер и ентузијазам за поголема
жетва во која се кријат сите
убавини и задоволства на Големиот замор.
48
![Page 50: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/50.jpg)
49
![Page 51: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/51.jpg)
ДенДури и најсмелите од нас
ги плаши искреноста на
сончевиот ден во Мај,
некаде при крајот, кога
здивот на летото доаѓа низ
богатите крошни на Јабланите
во атарот на селото чие име
остана заборавено во времето
и запретано во пепелта на
светското неспокојство и понатака
во темните џебови на последната
шанса за спас - изгубена во
виорот на големите визии за
иднината на чистите и јасни
простори потхранети од геометриската
пракса на група обични жители
на оваа планета, на оваа ментална
келија во која ербапите
мрсно јадат, а копуците
филозофираат за неможните
потфати на телото и умот и
отаде незнајното и натака
кон еден во основа занесен свет
на безброј инсекти и цветови и птици
без обврска да копнеат во мракот
со малку полен околу вратот
и еден шарм преполн со милост
значаен ден во сонот на
вечниот шумар.
50
![Page 52: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/52.jpg)
51
![Page 53: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/53.jpg)
Ноќ
По топлиот ден во Јули
доаѓа дождлива ноќ
со сите мистериозни лисја
и капките што цаклат
со спокој на вечност
испарува длабок здив на лето
треперат во воздух милозливи сили
нежни крилја зујат над водата мирна
длабока и мудра под трските стројни
заскитани околу езерцето шумско
ко чудесни врачи завртени в`коло
далеку во долот каде пасе скотот
и жабата скокна при таа милина
облаците златни од тепсија месец
цело поле котле и шумичка среде
со езерце диво што извира таму
од пукната цевка на водовод маалски
што клокоти живо во паркот гратски.
52
![Page 54: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/54.jpg)
53
![Page 55: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/55.jpg)
Затапување
Понекогаш сакаш нешто
што никако не заталкува
во замокот на можното
а одтаму во домот на реалното
во застарениот концепт на
стварното и постојано време
и простор и сите оние аспекти
што го чинат утринското кафе
така драматично - небаре танц
на угнетени пролетери и нимфи
што лебдат во сонот, а таму
горостасни желби и татнеж
на умот во илјада молњи
од светови збрани милиони
ѕвезди и небески тела
небули и магли од космичка пара
и безбројни звуци во бескраен простор
слеани во врвот од малецка сламка
што накисна во налет на утринска роса
тука покрај патот каде светот врие
перспективи луди и збунетост зјапа
изгубени желби и клапнатост тешка
сепак сé се врти и проаѓа и
така лесно исчезнува во
попладневната сеедност.
54
![Page 56: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/56.jpg)
55
![Page 57: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/57.jpg)
Смешник
Без преголема помпа
смешниот човек се пробива
по патот посеан со злиње
фасцинира неговиот перфоманс
на наивност и лудост
една поднослива безопасност
што знае да разбуди симпатии
за грдото и весело шилеже
чиј ум одвеан од виорот
пролетен танцува без амбиции
во свет илузорен и питом
без гравитација и лоша мисла
и повторно она старо прашање
што ги крши сите бајки
за идеалните милни светови
со насмеани лица и етерични
мисли што шират спокој
и блаженост и разборитост
заштитена од највозвишена воља
и охрабрена од реалноста
што честопати им дава предност
на кршачите на камења
-Buali Matate- во смисол на
човековата воља и можностите.
56
![Page 58: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/58.jpg)
57
![Page 59: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/59.jpg)
Подобрување
Олимпиците одсекогаш добро
ги чуствувале суштинските
тенденции на секоја егзистенција
да се подобри и усоврши.
Шампионскиот менталитет е само
една набилдана структура со
желба за усовршување и подобрување.
Да се биде подобар во било кој
поглед е древната тајна на моќта.
Да се јаде подобро и уште по
нешто подобро е успехот што
создава стандарди и следбеници.
Сите тие заедно формираат
една голема пирамида чии
тули представуваат личности
или она што останало од нив.
Подобрувањето е цел на универзумот
кој за оваа потреба ја има целата
вечност и сé она што може
да послужи во големата епопеја
на подобрувањето и усовршувањето.
За некого сето ова устројство
е шега на егзистенцијата по себе.
Но ве уверувам дека подобрувањето
е единствена причина што постоиме.
58
![Page 60: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/60.jpg)
59
![Page 61: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/61.jpg)
Рефлексија
Многу велможи го дрват
со суптилни рефлексии
небаре светот е гранапче од импресии
на нивниот предок - болшевикот сур,
што само материјата и по
некој идолатриски диктатор
буди респект во неговиот
прост пантеон на вредности
засечени со срп и зачукани
со чекан во свеста
на малите деца и овците руди
и потокот што жубори во
честарот на ридот каде
падна другар нивни в`бој
за подобар свет во кој
материјата ќе биде високо
респектирана категорија а
ликот на водачот ќе сјаи
во мракот на нашата ропска
злоба и завист и ќе свети
во унисона правда и доблест
О другари храбри и велможи моќни
победивте вие во борбата страшна
а потоа с`с возбуда дрчна од вашата слава
заграбивте добра од рајата, кротка.
Прво беше општо говоревте вие
а сега е ваше според закон свет
против кој одамна се кренавте вие
О скотови клети.
60
![Page 62: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/62.jpg)
61
![Page 63: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/63.jpg)
Госпоѓица
Една госпоѓица на штикли
со вруќа пичка дрска
окатена и озлојадена
разлигавена и запалена
бара прошка од една вошка
со карактер како контењер
и железна палка под вратот и пинг-понг
топки како јајца на патот
и метафора на акалот
катастрофа од релации
креативни кастрации
мизерен и ситен егоизам
маниризам, ескапизам
а се всушност маскирано
во хуманизам, алтруизам
ако треба - хероизам`
било што и било како
само власт да стега јако
горе - доле, лево десно
секој бивол бара тесно
лесно да се, фати бесот
па на поле с`с гром и трескот
вито оро да се вие да изискри голем блескот.
62
![Page 64: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/64.jpg)
63
![Page 65: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/65.jpg)
Некогаш
Да растеш со Рок енд Ролот
е предпоставувам вистинска авантура
тоа е исто како да го гледате
Микеланџело како создава
од камениот блок нешто
така префинето и силно
воедно станувајќи свесни
за возвишеноста на сојот
на кој му припаѓате
со се партали и лиги џанум.
Друго е тоа чуство да
бидете сведок на еден постанок
колку и да е непријатен
да бидете инкорпорирани
во сите структури на тоа
чудоредие на таа навидум
ступидна бука и обид за музика
ли беше тоа драње и скокање
и нешто струја за да здрма
за да заболи и застраши
барајќи дел од колачот
на можностите и задоволствата
на една група залутани
во вселената младинци имладинки џанум.
64
![Page 66: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/66.jpg)
![Page 67: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/67.jpg)
Проститутки
Севишниот имаше милост за нив
Тој што сé разбира и знае
ги поставува најсоодветните прашања
и дава најмудри препораки
испраќајки ги со Љубов
своите чеда во следбеници
зашто она што е од тело
од тело é, а она што е
од духот од дух é
Амин - не е само реч
И еве нов ден блесна
во душите нивни и нов
восхит низ вселената се створи
за секогаш така и ќе биде
после лошо добро иде
и се така во бескрајна игра
квечерината ја успива свеста
а несвесен јадеш меѓуножје пали
Фантазии течат ко пролетни реки
Скрајатаго цупка со рокчиња буцка
-Расчепи се минџо суџук ти да примиш
в`болка слатка луда ко свиња да квичиш
ороспијо блудна со камшик по задник
а после до бесвест да те цица гадот
утредента тага и празнина гнасна
но сепак со време надоаѓа спасот
66
![Page 68: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/68.jpg)
67
![Page 69: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/69.jpg)
Веселост
Грешите кога помислувате
дека веселоста е одсуство
на тага, иако сте во право
кога предусловите за веселоста
ги пронаоѓате во одсуството
на тоа што таа не é.
Без сомнение веселоста
е нешто многу повеќе
од простото одсуство на
сопствениот антипод.
Ова така скапоцено чувсво
секогаш настапува во посебни
околности, потполно необјасниви
за умот макар бил генијален.
Веселоста ја разобличува
драматичната ограниченост
на нашите можности
таа ги нахранува гладните
и ги напојува жедните.
Со неа можете да тргнете
на пат околу светот или
во авантура со засташувачки
предизвици и искушенија.
Веселоста ве приближува кон
суштината на постоењето,
всушност кон целта на сета
напорна работа на универзумот.
68
![Page 70: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/70.jpg)
69
![Page 71: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/71.jpg)
Поет
Во мое време, а тоа е
времето на самоуправувачкиот
социјалистички тоталитаризам,
терминот "Поет" побудуваше
голема колебливост и
вознемирувачка контраверза.
Едни си велеа со византиска мудрост:
-Чиј поет е тоа?
или
-Дали е паметно да се истрча?
Па удри на подбишега!
-А "она" е подобро да се работи
одколку да се пее, или?
-Мислите на ноќно орање?
-Ах луда младост.
И така глава луда чуваш
со ступидна шега
каде страшен штит е нагонот ни моќен
за кој секој тиран врвен респект има
-Ој мајмуни злобни со неспокој полни
удрете на инстикт до кај памет стига
јадете и пијте и подопашувајте
само без пеење песни молам!
-Неспокој ми чини песничката гноза
и јас тешко можам да ја кутнам ноќта
Во оваа земја ужасно е за поети
подобро е педер, курва или крадец
отколку поет луд и презрен да си ти.
70
![Page 72: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/72.jpg)
![Page 73: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/73.jpg)
Емигранти
Доаѓаат од сите страни
плашливи и тивки како
глувци во минимаркет.
Нивната издржливост добива
надчовечки димензии
таа жилавост и воља тој инает,
Сепак сета нивна мизерија
е само одраз на дел од
нашиот карактер што не го
гледаме или не сакаме да постои.
А покрај сé, еве го тука
издвоен и автономизиран како
настапува со целата бесрамност
на мизеријата што ја влече
со себе - нашата мизерија
и стравот и себичноста.
Цивилизацијата - тој лажен рај
ќе биде изглодан од армијата
избезумени бедници што го
следат безмилосниот глас на стомакот,
А потоа на курот и среќата
и на крај ќе збеснат со
откритието на големата измама
со мизерните сеќавања, со празните перспективи.
Така се создава историјата - со
разградување на лажните раеви.
72
![Page 74: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/74.jpg)
73
![Page 75: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/75.jpg)
Решетки
Чуанг Цу сонуваше дека е пеперутка
што се буди во човечки инкарнат,
а ние изогнетите од братството
на просветлените и префинетите
сонуваме страшна реалност
во која сме умоболни мајмуни затворени
во силни челични решетки.
Овие Шенгенски бариери
исковани во челичаните
на Европа не одвојуваат
нас бесните и примитивни изроди
од убавите и нежни структури
создадени од крем и чоколади
за инфантилните и чуствителни
европејци кои како надстварни
суштества левитираат над таа
убавина и пеат невини песнички.
Та зар можете тој деликатен рај
од хармонија и разбирање
да им го препуштите на
агресивните и бесловесни
чудовишта од западниот Балкан.
Секако дека не треба да се
допушта ваква лудост и да
се стави под ризик цел овој
повеќевековен труд при кој
дивите ѕверови од шумата на историјата
со теша мака се претворија во
кротки и послушни жители на циркусот Е.У.
74
![Page 76: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/76.jpg)
75
![Page 77: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/77.jpg)
Луда Ноќ
По големата пенетрација
во виорот на денот
еве ти ги ордонансите
во конфликт со своите коњи
еден ангел социјалец пројава
во спокој и сиромашка среќа.
Напомош тој ита повикан од полкот
и поука им дари
за многуте лета и смеа и спокој
и замина среќен под облаци летни
продолжија дрчно ордонанси ноќни
да бараат бура и смеа и скокот
и опојно вино налеваат в`глава
и жени и песна и бунило бесно
се до зора така и повеќе гнаса
и удри и бутај и блувај лоша пача
светови во мало во мачнина кружна
лавиринти луди безизлезност туѓа
а потоа сите омамени лежат
страшни авантури во душата тежат
Како да се врви низ животот чуден
Дали сласно, себично и гнасно
ил пак да се седи мирно и да се види
чудоредието нејасно што од сите нас диви
бара внимание, трпение и целомудрение.
76
![Page 78: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/78.jpg)
77
![Page 79: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/79.jpg)
Длабини
За длабините не треба да се збори
исто како и за вкусовите
иако ова е само реторика
всушност сите нуркаат во
длабините на душата и природата.
Пенисот продира и до неколку
инчи длабина
Хирургот оди подлабоко
успивајки ја душата на пациентот
и засекувајки длабоко во телото.
Уште подлабоко оди серискиот убиец
тој навистина сече длабоко
задавајки и несносен бол на душата
од кој нема враќање назад.
Сепак најдлабоко оди мудрецот
тој нема потреба да заведува
нити да успива и сече со надеж
ни да го длаби патот на небиднината
Тој всушност ја продлабочува
небиднината создавајќи светлост
и постоење и повеќе од тоа.
Неговото патување во длабините
е неповторливо доживување
Неговите извори дотекуваат од
најдлабоките длабини на длабините.
78
![Page 80: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/80.jpg)
79
![Page 81: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/81.jpg)
Варијабилност
Древните мудреци не учат
дека се што било големо
ќе биде мало и се што
било мало ќе биде големо.
Барањето смисол во овие
мисли е мачно и тешко
но животот тече и приказни влече
за чудниот смисол на мудроста древна
дека она што големо било
сега стана мало, помало
од она што некогаш беше
само како страшна прелест
за падот кон адот
и пропаста груба
кон дното и стравот.
Кој го чини тоа и зошто
го прави тој невиден премет
она што е горе да падне
во долот а она од доле
да се качи горе.
И така од искон
си се врти светон
час горе со хајот
час доле со даунот
и така до бесвест во хаос и вознес
а потоа мир во знак на респект.
80
![Page 82: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/82.jpg)
![Page 83: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/83.jpg)
Танчерка
Целата убавина и возбуда
на овој свет се излива
врз разиграното тело
на танчерката што низ
своето умеење ни ја
искажува најдлабоката блискост
во милоста на нејзината
отвореност и возвишеност
што стаписува и пали и кани
на заедништво што настанува
некаде таму во мислите
и чувствата на еден осамен
агол каде висат пар пушени колбаси
наполнети со месо и мирудии разни
што дојдоа од полињата наши
од жешката вулва на
секоја плодност што скока
и вриска и пцуе и пее.
Далеку од кавезот на
статистичките моќи веселото либидо
танцува со умот по торзото живо
со мирис и влага и дрскост
и злоба и бекство што пали и жари
меѓуножја страсни за оргазам алчни.
82
![Page 84: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/84.jpg)
![Page 85: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/85.jpg)
Олеснување
Најпосакуваната дестинација
на сите страдалници е
олеснувањето без сомнение.
Простете ако инсистирањето
се престорува во зорт
но ние сме преџвакале
и потврди корења.
Олеснувањето е место
со чешмичка и честар.
Тука сите истоштени
ќе го најдат својот
спокој и убавина.
Потоа со носталгија
ќе погледаат во минатите
собитија исполнети
со немир и напор.
Овој поглед наназад
е најубавиот дел
од олеснувањето кое
станува уметност на
мислата и уживање.
84
![Page 86: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/86.jpg)
85
![Page 87: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/87.jpg)
Благодарност
За сé што имаме во душите
и животот возвраќаме со
благодарност и продуховеност.
Ова навидум едноставно
прашање е всушност многу
сериозен оглед околу
начинот на ритуалната
посветеност во тој свет
чин при кој кругот
се довршува во почетната точка.
Треба многу борби и порази
да се свати вистинскиот
пристап при остварувањето
контакт со возвишеното.
Тука се препознава длабината
на мислата и спокојот на
новиот ден и нежноста на ноќта.
Благодарноста е деликатна
вештина со која може да се
занимаваат само најпрефинетите
карактери, оние што го носат
епитетот - дијамантски.
Без сомнение оние што го
изгубиле чувството за благодарност
го загубиле и чувството за радост.
86
![Page 88: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/88.jpg)
87
![Page 89: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/89.jpg)
Успех
Успехот не е за сите
иако сите го посакуваат
сепак суштествата од
темната лагуна го избегнуваат
секогаш кога можат,
попрво бегаат од него
по секоја цена
и секогаш се спремни
на ризични потези само
сјајот на успехот да
не ги осветли нив-
таинствените жители на
темната лагуна посебно
во пролет кога липите
цветаат - доцна во пролет
волшебен занес по
сводот ишаран со знаци
што говорат сказни
кој никој не ги разбира
освен жителите на
темната лагуна - тие
срамежливи суштества
тие древни мудреци - деца
столбови на свеста и
вистински сведоци на
праведноста и без сомнение
совесни почитувачи на
убавината од највозвишена
класа и ранг.
88
![Page 90: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/90.jpg)
89
![Page 91: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/91.jpg)
Песна
Песната е иљач
што ја лечи
повредената душа
која во слепилото
на беспредметноста
во која сме затворени
почнала да се јаде
самата себе лажејќи
ја словесноста оти
е непотребно нејзиното
присуство во моментите
на големата драма
и консеквенците од
неа видени како илузија.
Пропаста на душата
се случува со инертноста
на празнотијата и со
сугестивноста на ништожното.
Но бидете трпеливи
беспредметноста на светот
е повеќе спас одколку крах
Празнината е исполнета
со значења и чувства
Љубовта што ги заменува предметите
е ресурсот за пеење песни.
90
![Page 92: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/92.jpg)
91
![Page 93: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/93.jpg)
Серенада
Варварската природа
е стихија на
вулгарната поетика
на итриот трубадур
што со кур сур серенада
брсти со своите брзи
прсти што плетат
мелодии извиени во димот
на сништата од лезет
кои задсвеста ја дразнат
да создава представи
страсни и поплави од
дрчна похотност и стрв
по визии бесрамни
и скриен кеф.
Неколку лисици јајца му
грееја, а тој ги чешаше
нивните влакнести минџи
завруќени од волшебните
звуци на таа мелодија
дрска и со срамотен ниет
што извира од песна
варварска по нарав и вулгарна по сој.
92
![Page 94: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/94.jpg)
93
![Page 95: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/95.jpg)
Кинески Циркус
Еве го кинескот циркус
суптилен и деликатен
сепак неверојатен во
спектарот на моќите
што едно така нежно
суштество како што
е човекот може да ги
покаже и притоа така
шокантно да ни ги
представи силите за кои
сме свесни дека се
тука а сепак како
да станале сон или
некакво сеќавање
од детството што сме
го преобразиле во
фантастична визија за
самите себе отаде
реалното во заборавеното
време на другост и
фантазија што допира
од длабоките магми
на нашето минато што
повеќе не постои овде.
94
![Page 96: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/96.jpg)
95
![Page 97: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/97.jpg)
Спас
Едно попладне влажно
во летото скопско
Хозе донесе спас
од зад океанот наш
кога бевме граѓани
на Лимурија во
мислите на девојката
што одеднаж се створи
во животот притаен и
тивок на рицарот
апсурден и сонлив
и со лута жед за
љубов го приклешти
со своите бутови од
бронза ковани во
врели ковачници тајни
ко ишарет мазни
со вулканска снага
го кутна од коњот
го зајава скотот
и метла под задник
со првиот трансатлантик.
96
![Page 98: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/98.jpg)
97
![Page 99: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/99.jpg)
Жена - Пејсаж
Жената не е само
пејсаж од цицки, г`зови
и пичка, таа е многу
повеќе од тоа што
и најсмелите фантазери
на љубовта се способни
да исфантазираат во
нивните најлуди ноќи,
а сепак моќите на
жената во машкиот
свет потикнуваат од
тие избилдани животински
потенцијали што не
тераат нас безполезните
трутови на општеството
да продуцираме порнографска
литература полиена со
врел сутлиаш на
поетското растројство
и ситните трансакциии
на хемиските океани
што ги орасположуваат
и најситните делови од
тоа колосално космичко
битие по име - жена.
98
![Page 100: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/100.jpg)
![Page 101: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/101.jpg)
Јавна Вечера
Сауросоидите и ним
слични ни приредија
зврчка, како што рече опитниот
надвојвода Ле Глиш - не залажаа со
зеље и папрат, а
кртината беше грчка,
рекле арбитрарно
на крајот - и ве молам!
Без жалби и негодувања.
Дегутанто е да се збори за кешот, нели ?!
Уште е полошо да се збори за правда.
Тоа е прашање кое ги двои мудрите
од глупите и болните од здравите...
Понатака се оди како подмачкано,
кој вели дека спротивностите не се привлекуваат.
Дефилето на злобниците е во тек, оние со
огромна енергија потрошена залудно
во животот, брефтаат со незадоволство
и фучат во прафта лути што
повторно никој не ги ебе, а тие
толку многу направиле за сите, ееј.
Па не јадат и не пијат од шведската
маса - достоинствени и навредени си одат
од сцената мрсна, додека во
заднината лае хистерично псето
луто што во својата суетност останало
без грам школо, а толку многу
знаења пролапало во темните ноќи
поминати со книга.
100
![Page 102: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/102.jpg)
101
![Page 103: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/103.jpg)
Ден Потоа
Некои ќе го наречат - Говедо!
Но ние сепак ќе го смекнеме на
страдалник, еден вид самотник
и предавник на спокојниот
живот на бескрајните тајги
на Евроазија од каде и
потекнува неговиот сој
збунет и нервозен до
хистерија во несфаќањето
на основните закони на
животот во лудиот обид
да се биде поголем од
него во потаен и подмолен
мимезиз "позајмен" од
презрениот артифицијелен
сјај на американската
филмска индустрија во Јули.
Тоа не е Холивуд и нему
слични, тоа е табиет на
една толпа неприлагодена
што пуфта и пафта и се
строи во шема прифатлива
за останатите, при што
тие знаат дека едноставноста
сите ја разбираат, сексот сите
го сакаат, од темнината сите се плашат
а да јадат - вистинска екстаза е за нив.
102
![Page 104: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/104.jpg)
103
![Page 105: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/105.jpg)
Чудак
Нешто не е во ред со тој
човек чуден што наспроти
логиката и меморијата
весла во неморален правец.
А за себе има висока мисла,
идеал скоро, вљубен е во себе,
и сепак се мрази некаде
во дното на својата сјајна
и неспоредлива смисла за "добро".
Во својата анималност тој
знае и да гризе и да пизди
и да рика ко ранета ѕверка.
Чудо ви е тоа во човечка форма
што повеќе страдаш тој весел
е сиот, ко ќе почне хајот
тој те мрази крајно
и секогаш бара жртва тапа, глупа
да и цица крв и да гризе
месо и да глода коски
се до мигот кога посни
дни му идат и тогаш во
маки тој станува опак
и здодевен оток, полн со
глупост празна, и несвесен
за себе боде сé пред себе
и станува несносна напаст за градот.
104
![Page 106: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/106.jpg)
105
![Page 107: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/107.jpg)
Плагијат
Се што ќе ставам на
хартија сега ќе биде само
плагијат на она утре
што ќе го исполнев со
очекувана надеж и предвидливи
чувства, a la ventura di modeno
и три - четири ура на сатрапот
за една ноќ што кревет крши
со својот непредвидлив табиет
од мравки и тревки и зверки.
Стоп - во прва брзина на
лудилото наше, за здравје
и среќа и бериќет богат
а подоцна во голема бука
да славиме еден неспоредлив
подвиг каде сите со кренати
раце ги галат со усул
мадињата голи што висат
од врвот на сјајни балдехини
обраснати во свила и сомот
и срма и сребро и злато и
бисери сјајни и смарагди тајни
и рубини страсни, брилијанти диви
блескаат со б`лскот во безтежен простор
се е тука чудно и бескрајно лудо
сé се врти во круг во нескротлив виор
и се така до зори, додека се гори.
106
![Page 108: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/108.jpg)
107
![Page 109: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/109.jpg)
Сон
"Хипнотизираниот хипнотизира" е
малата новела на Pentagono Del Piero:
"A la rikochet e deza voui pur vou
madam e meseour participant de la
Komun univerzal et materiel !!!"
Цитат на двојникот на Курбе
кој пукајќи во очите на ангелот
на платното на Пиетро Паоло Рубенс
едвај го избегна повратното
дејствие на куршумот кој
се одби од металните рељефи
на рамката и удри во еден
префинет портрет на филозоф од Ван Дајк
неговиот ученик, каква штета, а
сепак куршуми фрчеа кон главите
и телата на непријателите на
комуната - низ сите нејзини фази
од милите му вулкански ликови
на Сталина и Маоа, па се до
ситните политички картаџии од соседството како
симнати од шокантното kjarobskuro
на Микеланџело Меризи Караваџио.
Би додал - достоинствен хомосексуалец
и романтик кој, не мислеше дека
политичката акција е приоритет на
естетиката, а сепак погина во дуел
прободен од меч на плажата до
Неапол - ќе речете политички момент.
Неговиот реалистички следбеник Курбе
е уметник кој слика слики со љубов
кон Тицијан, исто како Рубенс.
108
![Page 110: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/110.jpg)
![Page 111: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/111.jpg)
Аларм
Не сакав да го вклучам,
да го допрам тој автомат
со пискав глас и асасин
од бусија на спокојот
ваш, о господа од вистинската
улица, и од вистинската куќа
и вие што речта ви е вистинита,
веќе со вистината како со
секира во вашите раце
делкате по реалноста
додека не ја изделкате
по вистински терк, на вашата
вистина, на вашата недвојбена
и непоткуплива вистина, со онаа
вистина со која го делите
доброто и злото, и со онаа
непоговорна вистина со која
потпишувате смртни пресуди
кои требаше да бидат пример
за другите - што значи да и
се спротивставуваат на вистината,
на вашата вистина за нештата од
искона до денес и од тука до
вечноста, о господа што никогаш
не се ценкавте со вистината
- вашата вистина.
110
![Page 112: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/112.jpg)
111
![Page 113: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/113.jpg)
Перипетија
Додека шетам со напор
по градот, некој може
да ми фрли мрежа врз вратот
а потоа да ме турне во мракот
и со цинична смеа да ме прати
во Адот од кој бегам
откако сум во овој свет
но секогаш повторно паѓам
во стапица итро поставена
од ловецот без лик и спокој
а потоа обид за бегство
низ тунел, низ жбуње, низ осој
и повторно надеж од далеку
лавеж од кучиња селски ил
потера ита по моите стапки
душкалото снифа и фучи и
грчи, на ремен се тегне
јајца му се тресат сака
лов да тера да добие значај
тој нос и тоа тело спремно
за гонење смело со воља
и сила за правдина света
за поредок мудар, за мирна планета.
112
![Page 114: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/114.jpg)
![Page 115: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/115.jpg)
Носталгија
Се сеќавам на пејсаж
во илјада бои и тоа беше
убаво време поминато
со авантурите на еросот и логосот
населени во катедралата на уметноста во Антиб
и некои дружини во радост на Пчиња
и спокојни села глас на жива челад
и ѕвонот на стада
прашина се дига при залезот
огнен златен облак лета
и се шири споро ко столетно
дрво, ко шума во лето,
а сепак ве голта со тој
раскош девствен со богатство
бои и звуци и форми во бескраен
преплет и тивкост и вознес
убавина без дрскост и без
задна мисла, без потсмев и
подбив без пакост и презир
како детска смеа си жубори
поток и птици таму пеат.
Бесконечна радост спокој
зрачи мирен од сите можни
страни и од сите луѓе
присобрани тука весели и мили
со прекрасни идеи
умови и сили.
114
![Page 116: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/116.jpg)
![Page 117: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/117.jpg)
Враќање
Џоинтот без филтер
цигарата згасна
а занесот спласна
сега е време да се
тргнеме од улиците
Време е за мирно
и тивко вечерање
под сијалиците што
ги горат понесените
инсекти во секунд
а потоа штама се до
некој нов лет во светло
и повторно контакт со
вечното ништо со празното
чувство при жвакање
стварност и голтање живот
и повторно таму во
темните мала кај ајварот
врие во топлината тајна
меурчиња киптат клокоти
машина стар Мерцедес
врви чавки оро вијат
орли в`тапан бијат
наскоро ќе дојде
весела идеја да се дојде
дома и да се заплива в постела.
116
![Page 118: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/118.jpg)
117
![Page 119: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/119.jpg)
Доаѓање
Тој дојде во еден убав
момент исполнет со надеж
што вистина стана и
го понесе денот во вечноста
на една непобита извесност
пред која сите молчиме
или наизуст декламираме
стихови доколку ни биде
дозволено од суштината на
битието со кое сме
вмрежени со несогледлив
и бескрајно комплексен
систем на интеракции во
минатото и иднината со духот
и материјата, со убавината и
грдото, со доброто и злото и
понатака во љубовта и омразата,
во спокојот и болката, во
радоста и тагата во лудилото
и баналноста - секогаш спремни
за нови дихотомии и комплексности
што ги спојуваат екстремите
во една прекрасна и никогаш
впоредлива - единствена реалност.
118
![Page 120: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/120.jpg)
![Page 121: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/121.jpg)
Триумфот на Баналноста
Сите големи моменти
во историјата на човекот
се обезличени од секојдневната
филозофија на баналноста.
Од бенигната трговија со Баналноста,
во таа арена на големи конфликти
и сурови пресметки на невидливите
моќници чии анални продукти ги
јадеме како свињи помии задоволни.
Би сакал да укажам на вредноста
на безполезните нешта
на она што не се јаде, пие и
злоставува од грдата
трома и слепа потреба за потврдување
на реалноста на нашите илузии.
Потребно е брзо заплакнување
на калливиот светоглед
Употребете ја музиката на
душата како вода
напијте се од изворите на
бескрајната поетичност
задскриена во аглите на
вашата заборавена радост
што денес ја гледате како
глупава наивност, како неопитна
незграпност - непотребна егзалтација
околу куп безполезни нешта.
120
![Page 122: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/122.jpg)
![Page 123: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/123.jpg)
Спокојни Куќи
Никнуваат во зората на
нечија желба за подвиг
што радост ќе внесе
во тажната беда на
нашата стварност.
Маратон тежок е таквиот потфат
да изѕидаш куќа да раскрчиш трње
да истрпиш болка и умор и пакост
и злоба и злиње од шарено око
да раскинеш клетва
да раздуваш завист
магија да срушиш
со свеста за котот
да го видиш скотот
како скришно гата
како темел руши
како вознес гуши
како мозок буши
како кодоши
од кафезот свој
изграден од лаги
заклучен со пизма
закачен на шизма
над голема бездна
-самиот се зезна
А куќите спокојно растат
во маалското соседство тивко.
122
![Page 124: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/124.jpg)
![Page 125: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/125.jpg)
Висини
Некои се едноставно на ниво
Простете за цинизмот
тоа впрочем беше само економијата
на големата егзегеза на вознесот
во кој престојуваат возвишените, оние
што во висините на сеопштата
вредност го пронаоѓаат фокусот
на својот интерес.
Без сомнение тие го заслужуваат
својот интерес, инаку не би можело.
Зар реките течат обратно од
водотеците, зар кравите не пасат трева?!
Тие што се секогаш на ниво
сакаат и таков третман.
Така би требало проблемите да
почнат, но наспроти сите очекувања,
На оние што се секогаш О`ниво,
им поаѓа од рака да го наметнат
својот режим без поголем напор.
Тоа како да им е вродено,
да бидат на ниво и сите
околу нив така да ги третираат.
Чудесни се заразните моќи
на овие жители на висините.
На овие исклучителни вљубеници
во добриот вкус од кој создаваат
режим на живеење и закон на постоење.
124
![Page 126: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/126.jpg)
![Page 127: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/127.jpg)
Телепатија
Кога пралуѓето почнаа да ја
губат телепатската способност
тие ги измислија законите.
Отпрвин тие беа груби и сурови
неколку етаблирани табуа
и тотем околу кој се соочуваа
протагонистите на законот,
да го потврдат, да ја определат
вината и казната наспроти...
Со време законот се усложни
како гигантска делта со
безброј канали и мочуришта.
Битно беше да се потврди
реалноста на кралството
на свеста и совеста,
а и обврските се тука.
Животните немаат вакви проблеми
Нивните телепатски моќи и понатака
овозможуваат слободно движење
низ виртуелните бариери на
законот што луѓето така упорно
го длабат во празнината на
сопствените фатаморгани.
126
![Page 128: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/128.jpg)
![Page 129: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/129.jpg)
Задоволство
Тоа врело и тесно задоволство
врело по интензитетот
тесно по собраноста на свеста
во една точка на потполно
прифаќање на даденоста
на моментот и целата
куртоазност што тој ја
носи со себе како еден вид
култура на профаното живеење,
во кулуарите што ги фарбавме
со желатин a la kardinale
црвено и кокетно по
последна мода и тренд.
Тука не недостасува
финиот манир.
Се гадиме од темпераментот
на бизоните - стоеше во
прастариот манифест чиј автор
остана непознат во правот
од претрчаните минути некаде
во спокојот на зимската
меланхолија со лик на
девојка облиена во бисерно светло.
Нејзините обли вибрации ветуваат
добри времиња, времиња на спокој
после се.
128
![Page 130: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/130.jpg)
![Page 131: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/131.jpg)
Размислување
Размислувањето е како цртање
тоа е сепарација на полното
од празното, а потоа темното
од светлото и се така до
најсуптилните аспекти на
појавното.
Слично оди и во останатите
гранки на експресијата
звуците, движењата, контекстите,
и амбиентите џанум
состојбите аман.
При размислувањето за
разлика од јадењето
нештата излегуваат на
виделина и не се губат
во бунарот на метаболизмот.
Не е многу пожелно да се
размислува додека се врши
некоја биолошка функција.
Инхибициите кои настануваат
како конфликт на движење
помеѓу инпутот и аутпутот
може да го блокираат
функционирањето на
системот.
Во такви ситуации треба да
отфрлиме сe и да се поврземе
со неандерталците.
130
![Page 132: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/132.jpg)
![Page 133: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/133.jpg)
Прелудиум
Во предворјето на играта
или лудилото што нé чини
слободни за лет од
метафизичка класа
за миг доволен за спомен
со грст исплашени желби
распрскани над летното жито
во синило од мечти
придружени од почит,
мала награда за древната мудрост
излезена од руините
на светови стари
однесени од реки
во бескрајни води
што слеани со времето
заборавот го носат
до сите тегобни места
до бреговите на чемерот
и сртовите на јадот
до пристаништата на копнежот
до сите школки тажни
до плажите благодарни
измивани од плимите на среќа
и сите скаски и звуци
што идат и одат
во бескраен ритам
до крајот на светот
до крајот на свеста
до вечноста сама.
132
![Page 134: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/134.jpg)
133
![Page 135: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/135.jpg)
Натегање
Би сакал но не можам
да сум она што
сакате да бидам.
Можеби сум бил тоа
што требало да бидам
според ваши желби
во некое време
далеку од тука
далеку од умот
на мојата беда
на немоќта страшна
што некој ја гледаат ко дрскост
и пакост што мирот го руши
и себичност гнасна
и алчност и злоба.
Осаменост и бекство
е единствен излез
од овој суд чесен
што на себе гледа
со милозлив немир
и демне над мракот
над тајните желби
што лудото џуџе
ги преде на катот
од каде погледот нема крај
од каде надежта гледа рај,
во спокојот на мирната ноќ.
134
![Page 136: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/136.jpg)
![Page 137: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/137.jpg)
На Плажа
Шетајки по плажа
сретнав мајмун чуден
што го дрви силно
своето его милно
со група разголени
крави во друштво
на гуштери брзи
љубители на муви
и инсекти други.
Летото си оди
без и малку сета
облаче бело на
хоризонтот пролета
со тивка радост
на пердув дувнат
од пладневен ветрец
итаме кон градот
каде чека гадот
во центарот на адот
создаден од лавиринти
од потреби и каприци
од одмазди и задници
од каења и мераци.
136
![Page 138: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/138.jpg)
![Page 139: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/139.jpg)
Гаража
Среде вулкан од детски
сништа кадени со мирис
на масло и бензин
стружат врз електрични жици
група штурци со нескротлив восхит.
Големите топки ги палат
од ѕидот што поприма изглед
на рељеф од планини мазни
и брда со шуми и потоци
скришни прекриени од
сенки на грмушки влажни.
Силната воља безглави ги прави
Да се биде "Нешто" во мноштво од
мравки, да се биде бумбар
на ректум од хипопотам, да
се јава на бурата од страсти.
Во жешко котле
јајцата се варат
петлите се палат
бизоните слават
кучињата лаат
ходниците зјаат
хероите сјајат
циганките бајат
ербапите праат.
138
![Page 140: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/140.jpg)
139
![Page 141: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/141.jpg)
Плантажа
Дента кога се ослободив
од прангите на тврдиот
робовладател пукаше сонце
на древната плантажа,
истата онаа на која
многу беа робувале пред
мене, плантажата на потресната
вистина што робовите ја
опеваат во сите свои
тажни пеења
што се разлеваат
низ тајните котлини
на темелното несваќање
на релативноста и позициите
на маргиналната воља
сместена во пазувите
на малиот човек
чија судбина не била
така дарежлива, така заводлива
чии, кондури немаат харизма
на спортски автомобили
што пленат со сјајот
што дразни
што празни.
140
![Page 142: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/142.jpg)
141
![Page 143: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/143.jpg)
Лавиринти
Патуваме низ просторот
преграден со ѕидови
од конечност непреодна
и таму гледаме пејсажи
позајмени од задсвеста
на тивкиот талкач.
Силен е копнежот по
овие сништа во кои
изгубениот во зимата инсект
ги цица последните испарувања
на животот од скришните
врвови на катедралата
на природата.
Сите засрамени молчиме
пред грандиозната беда
на ова собитие,
ја претворивме омразата
во спорт,
месото е нашата прастара храна.
Осамени сега ползиме во мракот
од никаде светло
тежок ни е патот
извиткан и темен
лавиринт од сказни
и помисли разни
и стравови силни
се до будењето брзо
и бегството милно
од несватливите лавиринти.
142
![Page 144: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/144.jpg)
143
![Page 145: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/145.jpg)
Убедителства
Секогаш ми била
попријатна љубезноста
од убедителноста на
оние што мислат дека
знаат сé, а таму - клишеа
повторувани со децении
како решетки сковани од
догма без суштина
од копнеж во чија
внатрешност дреме
неосвестен ѕвер што
повеќе за срам é
отколку за страв,
па сепак назад нема
од таа вистина за нив
единствена, а не света
туку - така тука дадена
како единствена и непроменлива
за навек и се друго лага е
за нив, за нивниот непотизам
за нивната подмолна страст
да се има низ клевета
како мршојадци да се
нахранат од можната пропаст.
-Кој тоа хули !!! Кој нашата
страст да се има и да се може
ја става под тест?! Кој Дрзник,
кој мрсник, кој простак е тоа?!
Ајде пред нашиот гнев
пред нашиот ум и нашите чувства
секогаш затворени за оној
кој не е со нас до крај, со глас!
144
![Page 146: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/146.jpg)
145
![Page 147: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/147.jpg)
Белези
Белезите се вистинска
интима заборавена во
виорот на настаните на
мозаикот од животот
поставен во председателската
палата каде во голем стил
се довршува партијата бриџ.
-Не можев да најдам
побанална слика со беда
така униформна - иако сосема
пристоен феномен во однос
на стандардите буржоаски
што иаку далеку од помиите на
злото што секој трети пролетер
ги лока низ малскиот натпревар
на суетите; на нашата тупост
на бесот што ги гони силните
по занес, што гласно се заканува со
осамена пустош на нашиот хоризонт
што почнува да личи на хорор
на испразнет од жители свет,
еден напуштен град или тело,
едно побегнато лудило - контрапункт на
нашиот веќе со ништо ограничен хаос
од желби; сепак нуди за возврат, мирни
и спокојни штрудли.
146
![Page 148: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/148.jpg)
147
![Page 149: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/149.jpg)
Воскрес
Изговорот е тесна врата
низ која поминуваат оние
што говорат како можат,
а не како умеат.
Не ретко знаењето ни го
заматува умот со мноштво
мали автентични нешта кои
одбиваат да и се покорат
на целината несогледна,
на потресните прикаски од
иднината, од небиднината
на согорените рутини
на животот што го гониме
со прачка како гоетце,
како ајванче бесловесно
како ангелче возљубено
како светло што не води
кон изворот на свеста
кон бесвеста
кон надсвеста
кон убавото попладне
озарено од спокојството
на бескрајно долгиот
летен ден.
148
![Page 150: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/150.jpg)
149
![Page 151: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/151.jpg)
Одбрана
Патувањето е безбедно,
уште е побезбедно седењето
на едно место, на добро место.
Тоа ни дава големо спокојство
кое произлегува од избистрениот
увид на нештата
во нивната ненаметлива
грандиозност
во нивната драматична
дискретност.
Убави се пејсажите на
кротката хармонија
распослана по тајните агли
на спознанието
што остава без збор,
а мислата станува свет
говорот како вселенска игра
погледот - чиста радост
што го топи нашето ситно јас
како што кротката дремка
квечерна ја растопува
реалноста на атомите.
За миг облаците станаа мисли
нешто недофатливо останува
секогаш исто.
150
![Page 152: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/152.jpg)
![Page 153: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/153.jpg)
Симболи
Симболите дојдоа од
длабините на искуството
никој не знае кога
нити некој може да погледне
во бескрајот на нивниот
недоглед, на апсурдот
кој едното го претвара
во сé, или барем
во несватливо мноштво
во кое запаѓа оној
што мисли, што помни
што талка во мракот
заштитен од сонот
скриен во задсвеста,
во заумот на мирот
во одложеното постоење
каде ништожноста е сон
на свеста, на честа
на возвишената хармонија
на бескрајната емпатија
што во сите свои аспекти
доаѓа до совршен баланс
до спокојот на божествената
позиција, до милоста сама
до убавината без остаток.
152
![Page 154: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/154.jpg)
153
![Page 155: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/155.jpg)
Јавачи
Во ветровит ден
дојаваа група
влакнести разбојници
во градот на порокот
сместен во пустината
зад три планини
и пет реки
зад чудесни приказни
и страшни искуства,
зад сите правила
и зад сите закони
исклесани во каменот
и врежани во металот
на нашата воља
сместена во океанот на
спокојството на разбирањето
што доаѓа како вода во пролет
како облаци на пророштвото
зад кои блеска градот
на нашата радост
што единствен залог
за постоење останува
зад сите двоумења
и сите поимања.
154
![Page 156: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/156.jpg)
155
![Page 157: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/157.jpg)
Дива
Веселите топки
скокаат во свила
сјаен цвилеж лета
кон центарот на свеста
во голем стил се крева
либидото смело
водејќи не слепо
по џадето врело
греено до вечер
од сонцето вечно
а потоа во ноќта
со месецот смирен
почнува да бабри
во немирен копнеж
рогови му растат
со опашот мава
со копита тропа
исчекува случка
со фатален исход
- Тоа му е хоби
сака добар напор
а возбуда цени повеќе од сé,
да плени со себе
да покаже класа пред сé.
158
![Page 158: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/158.jpg)
159
![Page 159: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/159.jpg)
Ориенталци
Со своето топло
и заводливо либидо
кое не знае за - не
-на долги патеки
со безброј изненадувања
со тривијален раскош
и презасладени визии
со лудачка посветеност
и апсурдни барања
во име на една
до крај нерасветлена
суштина и покриени ликови.
Жубори играта на шадрваните
урмите и леблебијата, ветуваат...
Сé посветли денови идат
со летото на Медитеранот
а вечерите носат
длабински спознанија
и драматични представи
од кои сите треперат
во димот на сните
во тунелот на дните
што минуваат тука
оставајќи пејсажи
на сеќавања живи
што треперат во бескрај.
160
![Page 160: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/160.jpg)
161
![Page 161: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/161.jpg)
Пинг - Понг
Јин - Јанг по поле
од горе до доле
невидливи спони
ги тормозат дните
еве еден кодош
каде канал рие
да спроведе јавка
да расветли тајна
и така се редат
мноштво од афери
фабрика за клетви
ќенеф за идеи
тоа ви е еснаф
предавничка дружба
творци на проблеми
хистерична група
полоши од чопор
савански бабуни
салонски копуни
магариња бучни
колумнисти звучни
ловци на цитати
папагали златни
среброљубци гладни
мизерници јадни
карактери гадни,
моралисти матни
активисти тајни
профитери сјајни.
162
![Page 162: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/162.jpg)
163
![Page 163: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/163.jpg)
Храна и Вино
Половина килограм туна
две до три маслинки
без семки
маслиново масло
сол и црн пипер
сé ова се готви за
75 минути фискултура
на врелото египетско
сонце што како ѕвезда
рефлектира врз мазната
и мрсна кожа на
"маслинката" од Либанон.
Без пржење во
шизофрената тава
ве молам!
Посолете таму каде
најмногу ве сврби,
а потоа под туш.
Туната и зеленчукот
се всушност добри пријатели.
Само без интриги.
Дозволете логиката
на денот да ве води
низ бескрајните шуми
на радоста тивка.
164
![Page 164: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/164.jpg)
165
![Page 165: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/165.jpg)
Кетман
Сите големи амбиции
во своите стратегии
имплементираат трикови
толку бедни и гнасни,
што подоцна, доколку
се реализираат во светот,
се срамат од патот
од себе изоден
од историјата запишан,
на својата суштина
налепен како форма
како лик убав или грд
но всушност и гаден и сјаен
задскриен зад сурат
што е како мапа
што ве води до врата
на вољата, на сортата
на оној кој повторно
сака да направи слика
со пријатни бои
паравани мазни
со прикаски празни.
зад кои се крие
застрашено џуџе
што родено било
џин моќен да молзе.
166
![Page 166: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/166.jpg)
167
![Page 167: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/167.jpg)
Мачор
Во мракот се случуваат
сите важни нешта
вели еден дебел мачор
Војвода на одпад
Тиран за инсекти
за глодари Хитлер
за врапчиња Нерон
Цезар за кокошки
за гулаби Сталин
Садам за туристи
за мајмуни сатрап
бунар за сардини
стап за балерини
за ѕверови закон
полн со амандмани
за балвани пила
за говеда жила
за педери шило
за копуци кило
за крлежи крило
за летање било
за бегање итно
во тенеќе криво.
168
![Page 168: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/168.jpg)
169
![Page 169: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/169.jpg)
Залез
Во заливот на твојот сон
дојде сонцето на идеите
без сомнение - задоцнето
Некаде во квечерината
со растргнати облаци
обоени во крваво и модро
како надлуѓе да воделе
војна негде таму горе
на небесата.
Често пати проаѓаме
покрај оваа драма
што се одвива тука
на хоризонтот
но во друго време
во простор со друга
бранова должина
продор во синхроницитетот
дигресија во континуитетот
лудило во менталитетот
раскош во концептуалитетот
бегство од каузалитетот
во архипелагот на магијата
на фантазијата на метанијата.
170
![Page 170: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/170.jpg)
171
![Page 171: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/171.jpg)
Награда
Еве едно скромно
признание за човекот
што секогаш бараше повеќе
и секогаш даваше помалку
од договореното неспокојство
од убавината на длабоките мисли
од задоволството заборавено
од невидливите апаратчици
од замаените конкубини
на розовите облаци
што патуваат кон Југ.
Безгрижноста е најголемиот терет
за умните параноици
што глодаат во мракот
создаден од планина
автомобилски гуми
крај патот.
Поминува сомнеж
во времето што оди
пред нашите порти.
172
![Page 172: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/172.jpg)
173
![Page 173: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/173.jpg)
Вриеж
Има едно котле
во кое врие живот
посолен со дроги
и зачини чудни
Анонимно котле
нозете ги крие
како крт ќе рие
за да најде роба
за својата сорта
за безболни ноќи
за апсурди моќни
за - што да се прави
на кој да се јави
од кај да се бега
кијамет се спрема
Облаци се гнездат
молскавици ќе блеснат
Дождови ќе плеснат
ќе надојдат води
ќе наполнат котле
што на огин врие
внатре луда чорба
преполна со борба
за човечки конфор
за подобри права
за златниот престол
за моќниот жезол
за вечното лето
-одсекогаш свето.
174
![Page 174: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/174.jpg)
![Page 175: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/175.jpg)
Триумф
Ги помните ли моторите "Триумф"
тие динамични и офанзивни
накурници на локалните витези
на оние надрвени суџуци
што немаа пардон за
системот и правилата што
го крепат градот
што го мијат гадот
од грдиот живот
од мачната судба
од желбата груба
од зависта злобна
од глупоста кобна
Брегови се редат
во недоглед пуста
бескраен е патот
за толпата блудна
што јава на скотот
со дивјачка става
со железна глава
со вжарени страсти
со бесрамни пцости
со нечисти гости
што воља им топат
и разум им мотаат.
176
![Page 176: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/176.jpg)
177
![Page 177: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/177.jpg)
Чајанка
Деновите мрзеливо се тегнат
на ориентот скарата се дими
правот лета во облаци меки
и острите слики ги меша во флеки
Гласови и бука, мелодија звучна
низ етерот се шири кон бескрајот
од тука, еден вриеж баботи
тупоти како улав, а сепак
тоа е еден супер структуиран
свет со деликатни правила и
суптилна дипломатија што се
одвива околу оската на
древните правила што сите
ги знаат, сите носители на разум,
сите поседници на наук
и сите верници во наум,
со светлиот ум на светлиот друм.
Сте биле ли во Св. Наум?
Прекрасна е двосмисленоста
на чудесното и возвишеното
нивната безименост
е нашето засолниште,
Нашето вековно преноќиште.
178
![Page 178: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/178.jpg)
179
![Page 179: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/179.jpg)
Влијание
Големината делува
со голема сила
врз нашите ситни
тасови на разум
и токму во мигот
кога во мисла
безгрижна сме влегле
Ете ти го гадот
како со стап мава
по ушите нежни
желни за тишина
преполна со спокој
во кој цвета мирот
бисерот во школка
во телото свеста
љубовта во човек
хармонија милна
птиците во јато
што летнаа силно
в`квечерината топла
летни дни се редат
езерото цакли
огледало
верно
во кое храм се гледа
одблесок од вселената цела.
180
![Page 180: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/180.jpg)
181
![Page 181: Zena Pejsaz](https://reader034.fdocument.pub/reader034/viewer/2022052123/551d986f49795950198b4cd2/html5/thumbnails/181.jpg)
Текст: Александар Станковски
Илустрирано од: Ненад Трифунов -Карамаз и Александар Станковски
Продукција: Ненад Трифунов -Карамаз