Vovedna Prezentacija Informatika
-
Upload
daniel-petrusevski -
Category
Documents
-
view
113 -
download
4
Transcript of Vovedna Prezentacija Informatika
ИНФОРМАТИКА
Универзитет „Гоце Делчев“Д-р Зоран Здравев
УСЛОВИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО РАБОТА, ОДНОСНО ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА СТУДИСКИТЕ ОБВРСКИ
Запишана I година на студиите, II семестар,
основни предзнаења од предметот Информатика од средно училиште,
основни вештини за користење на компјутери, интернет и програми за канцелариско работење.
МЕТОДИ НА ОЦЕНУВАЊЕ И СКАЛА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
редовност: 10 поени (присуство на предавања) изработени задачи на вежби: 10 поени (практична
работа) прв колоквиум: 20 поени (тест) втор колоквиум: 20 поени (тест) семинарска работа (проект): 10 поени (пишан труд,
во дигитален формат) завршен испит: 30 поени (устен испит)
Услов за завршен испит е минимум 42 поени од сите останати активности
ОЦЕНИ:
до 50 поени – оцена 5 од 51 до 60 – оцена 6 од 61 до 70 – оцена 7 од 71 до 80 – оцена 8 од 81 до 90 – оцена 9 од 91 до 100 – оцена 10
МЕТОДИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ
Оценување на студентите преку: тестови, колоквиуми онлајн вежби, семинарски задачи, устен завршен испит
ЛИТЕРАТУРА
За основно совладување на материјалот: Онлајн скрипта – ќе ја најдете на е-Учење Онлајн презентации – ќе ги најдете на е-Учење
За поамбициозни студенти (повисока оценка): Скрипта во печатена форма – достапна од
април 2012 во книжарниците на УГД Интернет, Google Дополнителна литература на англиски јазик,
на барање на студентот
ВЕЖБИ Креирање корисничка сметка на порталот за
Е-учење (LMS, Moodle), навигација во системот, пополнување на онлајн прашалник;
Комуникација со користење на емајл и пораки преку Е-учење,
Изработка на онлајн вежба: речник Учество во онлајн дискусии (форуми) Качување на домашни задачи: презентации
текстови Изработка на семинарска работа
ИНФОРМАТИКА - ВОВЕД Информатиката е дисциплина која
што ги истражува темите како што се дизајн на компјутери, програмирање, обработка на податоци, алгоритамски решенија за проблемите и самите алгоритамски процеси.
Таа овозможува поткрепа за денешната и идна примена на информатичката технологија.
ИНФОРМАТИКА - ВОВЕД Англиски: Computer Science Не постои единствена дефиниција Но сите се поврзани со компјутерите и
нивното користење Секој може да користи компјутер, но тоа
не значи дека секој е информатичар Користењето и развојот на компјутерите
се состои од бројни дисциплини кои се преклопуваат
ИНФОРМАТИКА – ОСНОВНИ ПОИМИ Програм Компјутер Хардвер Софтвер Програмер Корисник
АПСТРАКЦИЈА - ПОИМ Терминот т.е. концептот на
апстракцијата го разделува изучувањето на начинот на користење на компјутерите од дизајнот на компјутерските системи.
Терминот апстракција, како што го користиме овде, се однесува на разликите помеѓу надворешните својства на системот и деталите на внатрешните компоненти на единицата.
АПСТРАКЦИЈА - ПОИМ Апстракцијата ни дозволува да ги игнорираме
внатрешните детали на некој комплексен уред како што е компјутерот или автомобилот и да се концентрираме само на неговото користење како единствена, поединечна единица.
Со употребата на апстракцијата, ние сме способни да конструираме, анализираме и користиме големи, комплексни компјутерски системи, што би било неверојатно тешко доколку се гледа на ниво на детали во секој дел поединечно.
АПСТРАКЦИЈА - ПОИМ На секое ниво на апстракцијата, ние
го гледаме системот во поим на компоненти, викани апстрактни алатки, чии внатрешни делови ги игнорираме.
Затоа ние сме способни да го разбереме делот од системот кој ни е важен за дадената задача отколку да бидеме изгубени во море од детали.
АПСТРАКЦИЈА - ПОИМ компјутерската опрема е
конструирана во нивоа на апстрактни алатки.
развојот на големите софтверски системи е со развој на посебни модули, во која секој модул се користи како апстрактна алатка во поголем модул.
АПСТРАКЦИЈА - ПОИМ Апстракцијата игра важна улога во
самиот напредок на компјутерската наука, дозволувајќи и на научниците да се концентрираат на одредени делови во ова комплексно поле
Нагласуваме дека апстракцијата не е лимитирана само на науки и технологии.
АПСТРАКЦИЈА - ПОИМ Тоа е важна техника на упростување, со
која што нашето општество создаде животен стил кој инаку би бил невозможен.
Со секој нов напредок, мал дел од општеството одбира да се специјализира во неговата имплементација, додека другите учат како да го искористат резултатот од истото тоа како апстрактна алатка
НИВОА НА АПСТРАКЦИЈА
Ова е само еден пример за поделба на компјутеристиката на различни
апстрактни нивоа
НИВОА НА АПСТРАКЦИЈА
Ова е друг пример за поделба на различни апстрактни нивоа
КОМЈУТЕРИСТИКА - ГЛАВНИ ПОЛИЊА Информатичка технологија
(Information Technology) Информациски системи (Information
Systems) Информатика (Computer Science) Компјутерски инженеринг
(ComputerEngineering)
Ова не се синоними!
ПРОФЕСИИ ВО ИНФОРМАТИКАТА Програмер (Programmer) Софтверски инженер (Software Engineer) Системски аналитичар (Systems Analyst) Системски менаџер (System Manager) Мрежен менаџер (Network Manager) Истражувач (Researcher) Наставник (Teacher) Главен информатички службеник (CIO –
Chief Information Officer)
ОБЛАСТИ ВО ИНФОРМАТИКАТА Вештачка интелигенција (Artificial Intelligence) Теорија на пресметки (Theory of Computation) Интеракција човек – компјутер (Human –
Computer Interaction) Управување со информации (Information
Management) Компјутерска графика (Computer Graphics) Софтверски инженеринг (Software
Engineering) Компјутерска безбедност (Computer Security)
МИТОВИ ЗА ИНФОРМАТИКАТА(Незадолжително) Информатиката е само математика Мажите подобро се снаоѓаат во
информатиката отколку жените Информатиката е само за гениите Информатиката е добра само за оние
кои немаат друг (социјален) живот Итн....
МИТОВИ ЗА ИНФОРМАТИКАТА
Побарајте на Google:Computer Science Myths
КАКО ФУНКЦИОНИРААТ КОМПЈУТЕРИТЕ?Алгоритами! Збир на чекори што дефинираат како една
одредена операција е извршена. Пример: постои алгоритам за готвење
(рецепт), за наоѓање на патот до непознат град (насоки), за свирење на музика (во форма на нотен запис).......
Пред компјутерот да изведе некоја операција треба да биде внесен алгоритам во форма разбирлива за компјутерот
КАКО ФУНКЦИОНИРААТ КОМПЈУТЕРИТЕ?Програм, програмирање Токму таквото преставување на алгоритамите во
форма разбирлива за компјутерот се нарекува програм. За олеснување на луѓето компјутерските програми се
пишуваат во програмски јазици кои се разбирливи за луѓето и најчесто се прикажани на екранот на компјутерот.
Програмите се преведуваат на начин соодветен и разбирлив за компјутерот, на компјутерски т.е. Машински јазик.
Процесот на испорака на програм преведување и внесување во компјутерот се нарекува програмирање.
КАКО ФУНКЦИОНИРААТ КОМПЈУТЕРИТЕ? Софтверот го сочинува програмскиот дел на
еден компјутерски систем и во најопшта форма се дели на кориснички и системски софтвер Системскиот софтвер ги обединува сите
компоненти на оперативниот систем и прави да функционира како една целина
Корисничкиот софтвер уште се нарекува и апликативен и служи за извршување на специфични апликации ( пример сите апликации кои припаѓаат на Microsoft Оffice )
Хардвер е машинскиот дел на компјутерскот систем и е составен од повеќе компоненти
КАКО ФУНКЦИОНИРААТ КОМПЈУТЕРИТЕ?Без грешки? Поради тоа што работи машина, а не човек, практично
не постои замор во системот, а со тоа и можноста да се појават грешки се сведува на минимум.
Сепак парадоксот е во тоа што самиот алгоритам е креиран од страна на човекот.
Исто така и машината (хардверскиот дел) е исто така човекова творба.
Сево ова не наведува да размислуваме во насока кон работата која може да ја завршат компјутерите без грешки, но и кон слабости при нивното создавање и програмирање