Voved vo pravo

24
ЕУРМ Факултет за детективви и криминалистика Дисперзирани студии – Скопје Предмет : Вовед во право Тема : Недемократски политички режими

Transcript of Voved vo pravo

Page 1: Voved vo pravo

ЕУРМ

Факултет за детективви и криминалистика

Дисперзирани студии – Скопје

Предмет : Вовед во право

Тема : Недемократски политички режими

Ментор: Изработил:Љубица Пендароска Темелковска Марија

Датум:

Page 2: Voved vo pravo

Содржина

Вовед Монархија Видови монархија Наследување Диктатура Видови на диктатура Диктатури во историјата Олигархија Аристократија Автократија Тиранија Архаични тирани Римски тиран Модерни форми

Заклучок

Користена литература

Вовед

2

Page 3: Voved vo pravo

Во групата на недомократски ( апсолутистички ) политички режими се набројуваат: тиранијата, европскиот тип на апсолутистичка монархија, диктатурата ( која може да биде цезаристичка, односно бонапратистичка и тоталитарна), автократијата, деспотијата. Основно обележје на сите овие облици е што државата само привидно е поцврста и посилна, а, фактички таа само е поставена над општеството. Значи, самото општество е надвор од државниот механизам и не располага со никаков облик на моќ, со определена владеачка сила која би била во состојба да ја ограничи сеопфатната моќ на државата.

Според тоа, како што погоре е споменато, облик на недемократски политички режими постои не само во автократијата, односно олигархијата, охлократијата или тиранијата кои традиционално се спомнуваат како типични примери на таквата власт, туку може да постои и во монархијата, во аристократијата, па дури и во демократијата. За сите монархии, на пример, е својствено монархот, повеќе или помалку, власта да ја дели со благородништвото. Аристократијата, која според некои автори се смета како самостоен и правилен државен облик, речиси секогаш се сретнува во мешовитите политички режими и не се појавува како чист државен облик.

Монархија

3

Page 4: Voved vo pravo

Монархија е државно уредување во кое монарх, обично едно лице, е шеф на државата.

Кај највеќето монархии, монархот има власт доживотно. Моментално постои 31 монархија во 45 земји во светот; разликата во броевите се должи на фактот што шеснаесет држави од Комонвелтот ( голема државна заедница ) имаат еден суверен, а пак Андора, има два странски монарха ( шпански и франуцски ). Денес, фактичката моќ на монархот се разликува од држава во држава. Кај уставните монархии, каде суверенитетот формално е во круната, но политички со “ народот “ (обично изборното тело, претставувано во парламентот), монархот обично служи воглавно церемонијални функции, освен во кризни времиња. Многу монархии се вооспоставени по традиција или кодифициран закон, па така монархот има мала политичка моќ, во други монархот има некаква моќ, но остварувањето на истата е ограничено од одлуката на народот или првенството; во трети пак, монархот има значајна моќ и може да ја применува без ограничувања.

Монрахијата е еден од најстарите облици на управување, и води потекло од раководството на родовските поглаватари. Некогаш монарсите сметале дека имаат Божје право на власт, или барем со Божја наклонетост, владеејќи или по волја на бог(вите) или пак по тврдењето дека самите се отелотворни богови – теократија. Од 1800 година наваму, најголемиот дел на монархии во светот се укинати или припоени, или пак претворени во рапублики; најголемиот дел од моменталните монархии се уставни. Меѓу малкуте каде владее апсолутна монрахија се: Бутан, Бурнеи, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Свазиленд и Ватикан. Во Јордан и Мароко, монархот иста така има значителна моќ. Скорешните настани (2003) во Лихтенштајн се исклучок, каде на кнезот му била дадена уставна моќ да ја разреши владата. Најстарата монархија во светот е јапонската монархија.

Видови на монархија

Во апсолутната монархија, монархот има апсолутна власт над секој аспект на државата, ако не и на општествениот живот воопшто, и има моќ да дава и повлекува устав; уставниот монарх е потчинет на уставот како и сите други граѓани, иако во некои случаи има извесни уставени привилегии како неприкосновеност. Современите монархии опстојуваат само во општества со технологија доволна за организација на централната власт, но не доволна за образование и комуникација. Изборната монархија уживала популарност во разни држави во Северна Европа дури и во Средниот век. Кога Карло Велики бил дете, татко му бил избран за крал на Франките. Станислав бил избран за крал на Полска, како и кралот на Данска Фредерик Први. Оваа традиција е многу стара и се уште опстојува и денес во изборот Папата.

4

Page 5: Voved vo pravo

Во антиката, постоеле разни традиции на избирање на монарси со разни титули, обично со значење на крал, особено во ненаполно заседнати општества како германските родови (пред да имаат постојано кралство на територијата на некогашното Римско царство ). Кралевите на Македонија и Епир биле избирани од војската (избирачко тело слично на она кај демократијата бидејќи граѓаните морале да служат војска) од машките членови на кралската династија. Во Македонија оваа традиција продолжила се до распадот на царството и потпаѓањето под римска власт. Највеќето денешни наследни монарси помалку или повеќе се фигури, со малку моќи, освен церемонијалните должности. Многу се и уставни монарси кои можат да го разрешат парламентот и да свикуваат избори (обично на барање на премиерот). Иако монархот технички сепак може да предлага закони, обичаите на уставната монархија не дозволуваат тоа да се случи, како што не дозволуваат да се применува моќ на начин кој се правел порано, освен воочи уставни, владини или други кризи.

Постоеле и ситуации во кој диктатор се прогласил себеси за монарх на

претходна република, така започнувајќи самопрогласена монархија без

никакви историски врски со претходна династија. Најпознат ваков случај бил

Наполеон Бонарпарт кој се прогласил за прв император (цар) на

Французите откога дошол на власт како прв конзул доживотно. Империјата

традиционално ја владее монарх кој може да има различни, самоназначени

титули, во различните царства во нејзини рамки. Неколку поранешни

колонии на Британската Империја како Австралија, Јамајка, Канада, Нов

Зеланд и др. Сега се независни царства кои, заедно со Обединетото

Кралство и понатаму признаваат една личност за суверен шеф на

државата, со посебна титула во секоја држава (Крал/Кралица на Канада,

Јамајка итн); овие земји, заедно со Обединетото Кралство, се членки во

Комонвелтот.

Некои републики може да се рече дека се практично монархии бидејќи

имаат воведено de fakto наследување за шефот на државата, обично

вооспоставувајќи “династија” со тоа што синот (неформално) е назначен за

наследник, без уставно да се наречат монархии. Овие држави се републики

во теорија, но династички монархии во практика. Во XX век, де факто

монархии постоеле во Никарагва и Хаити. Денес, формалните уставни

5

Page 6: Voved vo pravo

републики како Северна Кореја (комунистчка еднопартиска држава) и

Сирија се нарекуваат де факто монархии, меѓутоа, едно наследување од

вистинските одредители (мртвиот диктатор не може да диктира), а оваа

наследност забележана е и кај демократските републики – но не по

стриктна линија како примогенитура – и три или повеќе генерации на

династии (како семејството Ганди во Индија), освен што овие владеат само

кога нивната партија е на власт.

Наследување

Правилата за наследување на монархот се разликуваат од земја во земја.

Кај уставните монархии овие правила се темелат на закон донесен од

застапништвото, како да речеме парламент.

Изборните монархии се претвораат во наследни монархии. Кај наследниот

систем, функцијата на монархот е наследна според наследен ред, обично

во рамките на тоа кралско семејство, водејќи потекло од некоја династија

или крвна линија. Во некои случаи владеачкото семејство се вели дека ја

има власта по волја на боговите, што може да се види од изразот “по Божја

милост” , или пак од други религиозни власти.

Наследнито ред во највеќето европски монархии во XXI век е по

примогенитура што значи дека првиот син ( или дете ) на монархот е

престолонаследник. Историски, наследувањата во зависни држави бараат

одобрение од (колонијална или друга) доминантна сила, која има право и да

ги симнува ( и заменува ) “нелојалните” владетели.

Личноста клоа се зема во предвид како иден монарх во случај на

реставрација на монархијата (или кој вели дека е легитимен наследник на

престолот на тргнат монарх) се нарекува претендент, но поимот важи и за

сопернички барател за веќе пополнет престол, како неколкуте руси кои

истовремено тврделе дека се цареви.

6

Page 7: Voved vo pravo

Диктатура

Диктатурата во современ контекст, се однесува на апсолутно владеење

најчесто од страна на диктатор, владеење коешто не е ограничено од

законите, уставот или некои други социјални и политички фактори.

Во класичен конеткст зборот диктатор се однесува на “главен магистрат”

којшто во древниот Рим во време на опасност добивал апсолутна моќ.

Нивното владеење не било ниту своеволно ниту неодговорно, туку тоа било

во целост подлежно на законите. Подоцна во Римската империја се

појавиле друг вид на диктатори којшто силата и моќта која што ја

поседувале ја користеле своеволно односно за свои лични потреби.

Примери за вакви владетели се принцепсите односно Римските

Импрератори.

Диктаторите во модерно време се стремат кон тоа да ја корситат моќта која

што ја поседуваат во извршување на свои цели, не водејќи сметка на

моралните односно етничките последици кои што тие акции ги

предизвикуваат. Тие многу ретко доаѓаат на власт со помош демократски

средства, најчесто до власта доаѓаат по пат на сила односно револуции.

Тие најчесто ги оправдуваат своите постапки велејќи дека ја користат

силата и моќта која што ја поседуваат како би се справиле со некои

тешкотии односно опасности, без разлика дали тие опасности биле реални

или измислени. Диктаторите меѓутоа, многу ретко се откажувале од своите

моќи и власта дури и тогаш и кога крзиата односно опасноста ќе поминела.

Понекогаш во недостаток во вакви кризи, диктаторите и нивните влади

измислувале нови проблеми да би можеле да останат на власт. Ваков е

примерот со Јосиф Сталин во Советскиот Сојуз.

7

Page 8: Voved vo pravo

Ваквите режими најчесто се задржуваат на власт заради големиот страв

којшто луѓето го чуствуваат во однос на владата. Диктаторите неретко ги

користеле вооружените сили, порпагандата како и строгите казни во

остварувњето на својата волја, воедно потиснувајќи го секое мислење

коешто се разликувало од нивното. Диктаторите подржувани од војската

често креирале еднопартиски системи во којшто немало избори или пак ако

имало тие биле диктирани односно претставувале чиста формалност.

Постоењето на диктатурата најчесто се поврзува со тоа во колкава мера

диктаторот е способен да ја премени силата како средство за принуда на

граѓаните. Без користење на сила ваквите диктатури најчесто се распаѓаат

брзо по нивното доаѓање на власта. Модерните диктатури покрај силата и

принудата ги користат и средствата за масовно комуницирање како алатка

со која го контролираат народот. Во повеќе земји од кои како конвентен

пример можеме да ја земиме Кина, влада ги контролира емитувањата низ

целата земја, врши новинарска и интернет цензура, а многу често

едноставно ги казнува оние што се спротиставуваат.

Голем број на култури под влијание на диктатурите потикнуваат нешто што

се нарекува “култ на личноста”, каде што медиумите не само што се

контролирани од страна на владата, туку тие служат како медиум преку кој

се воздигнуваат како владата така и нејзиниот лидер. Во секоја зграда, во

времето на Садам Хусеин цели музеи во Ирак биле преплавувани со

цртежи, слики и скулптури на нивниот лидер. Ова е само мал дел од

огромниот број на вакви примери.

Постојаната потреба за злоупотребување на апсолутната власт уште и се

нарекува мегаломанија. Владите којшто поседуваат одосно ја

злоупотребуваат апсолутната моќ често се нарекуваат тоталитаристички –

термин којшто своето потекло му го должи на Бенито Мусолини,

италијанскиот фашистички диктатор. Овој термин се корсити како за

десничарскиот тип на диктатура, авторитарна диктатура, така и за левиот

тип на диктатура ( марксистичкиот) односно “диктатура на пропетаријатот”.

8

Page 9: Voved vo pravo

Некои диктатури во голема мера се поддржани од јавноста, таков е

примерот со Нацистичка Германија. Овие режими ги користат периодите на

смирување после граѓански војни или економските кризи за да дојдат

односно, за да ја зацврстат власт. И повторно овие режими ги оправудваат

своите постапки велејќи дека тие се нужни за пребродувањето на некоја

криза, па дури и откако таа криза ќе биде пребродена. Покрај поддршката

која што ја даваат на владата луѓето се текот на времето почнуваат да

тежнеат кон добивање на поголеми слободи, па од овие причини

диктаторите се принудени да бараат нови начини за преживување. Ваков е

примерот со комунистичките режими од бившиот Советски блок којшто во

почетокот уживале голема поддшка кај народот.

Видови на диктатури

Диктатурите грубо може да се поделат на два вида: диктатури којшто имаат

тоталитарна идеологија и диктатури којшто и немаат некој идеолошки

мотив, иако постојат случаи кога диктатурата претставува мешавина на

овие два вида. Режимите во развиените земји најчесто се базирани на

некоја идеологија, вакви биле режимите во нацистичка Германија и

Советскиот Сојуз. Другите спаѓаат во воени диктатури и нивна главна цел е

што подолгото задржување на власт. За време на Студената војна, многу

земји биле подржувани од западот се развиле во воени диктатури. Ваков е

случајот со Аугусто Пиноче во Чиле.

Диктатури во историјата

Во периодот помеѓу двете светски војни, фашистичките режими, Мусолини

во Италија и Хитлер во Германија во себе ги вклучиле принципите на

диктаторство, еднопартиски систем. Масовна мобилизација како и

прекумерната употреба на полициска и воена сила. Фашистичката

диктатура потекнува од 1922 и за прв пат се појавила во Италија, но

подоцна во 1933 била прифатена и од Германија како и од голем број на

други фашистички и квази фашистички влади во Европа. Фашистичката

9

Page 10: Voved vo pravo

диктатура го доживува својот колапс по поразот на силите на Оската во

Втората Светска војна.

Исто така во периодот помеѓу двете светски војни Јосиф Сталин во

Советскиот Сојуз ги спојува диктатурата, еднопартискиот систем, масовната

мобилизација и употребата на сила во еден цврст режим. Сталин е првиот

модерен диктатор којшто го креирал “култот на личноста” околу себе.

Советскиот сојуз излезе како победник и влезе во нова фаза по смртта на

Сталин, фаза во која диктатурата се промени од диктатура од еден човек во

колективна диктатура.

По завршувањето на Втора Светска војна, во голем број од

новоослободените земји беа воспоставени диктаторски режими. Во

повеќето од бившите афрички и азиски колонии, по изборувањето на

својата независност во перидот декопонизацијата, претседателските

режими постепено се трансформираа во лични диктатури. Овие диктатури

се покажаа нестабилни, па така диктаторите веа често рушени односно

заменувани.

Колапсот на комунизмот по 1989-1900 доведе до колапс на голем број на

диктатури во источна Европа. Меѓутоа многу од државите којшто

произлегоа од распаднатиот Советски Сојуз беа контролирани од

авторитарни лидери, како што е примерот со Сапармурат Нијазов во

Туркмекистан. Дел од овие лидери беа мирно сменети преку

таканаречените “обоени револуции” во 2004-2005, меѓутоа ваквиот режим

во Узбекистан не заврши така мирно, таму беа масакрирани неколку илјади

луѓе. Треба да се спомне и фактот дека во некои земји како што се Кина,

Северна Кореја, Лаос и Виетнам комунистичките режими не беа срушени и

тие се уште постојат. Многу автократски лидери се уште контролираат земји

во Африка, Роберт Мугабе во Зимбабве, но со одреден степен на

демократија.

Олигархија

10

Page 11: Voved vo pravo

Олигархијата е форма на владеење во кое силата лежи во мала елитна

група од општеството издвоени по кралска крв, богатство, влијателни

фамилии или воена моќ. Зборот олигархија доаѓа од грчките зборови

Олигос што значи неколку и Аркхе што значи закон или водство. Таквите

држави се контолирани од политички моќни семејства чии деца се строго

поучувани да станат наследници на власта во олигархијата.

Олигархиите биле вид на тиранија во минатото, целосно препуштени на

слугувањето на народот. Иако Аристотел предлагаше да се користи зборот

за синоним на плутархија, олигархијата не е секогаш бласт на богатите,

бидејќи олигархијата е секоја привилегирана група. Некои градови-држави

во Античка Грција биле олигархии. Комбинацијата на зборовите

плутократија и олигархија го формираат зборот плутархија.

Некои примери ги вклучуваат Ваишали, првата француска република

предводена од 5те диктатори. Модерен пример за олигархија можи да се

види во Јужна Африка за време на 20тиот век. Јужно Афричката олигархија

беше базирана на расата. После втората боерска војна кога тактички

договор беше донесен помеѓу англичаните и африканците (мислејќи само

на белата раса). Заедно тие правеа 20% од популацијата, но овој мал

процент владееше со сите раси во државата. Белците имаа власт и ја

користеа таа власт да им забрануваат на црнците уште повеќе. Иако овој

процес траеше од средината на 17тиот век, после1948 тоа стана

официјална владина тактика и стана познато во светот како Апартхајд

(политичка расна дискриминација). Ова траеше до доаѓањето на

демократијата во Јужна Африка во 1994 година со демократски избрана

влада и дозвола за црната раса да учествува во изборите.

По распадот на Советскиот Сојуз во 1991, најчесто руските

мултинационални корпорации, влучувајќи ги производителите на нафта,

природен гас и метали станаа олигархии. Приватизацијата им дозволи на

сопствениците да стигнат до феноменално богатство и моќ преку ноќ.

Модерната демократија – олигархија

11

Page 12: Voved vo pravo

Роберт Мичелс веруваше дека секој политички систем со текот на времето

еволуира во олигархија. Тој го нарече ова “Железното право на

олигархијата”. Водејќи се спрема ова учење, модерните демократии треба

да се сметаат за олигаргхии. Во овие системи точните разлики помеѓу

видливите конкуренти се мали. Олигархиската елита наведува стриктни

граници на тоа што се смета за прифатлива и почитувана политичка

позиција, и политичките кариери зависат најмногу од неизбрани економски и

јавни елити. Од тука иди познатата поговорка : Постои само една партија,

актуелната.

Аристократија

Старо грчкиот поим аристократија значи “власт на најдобрите” и е кованка

од зборовите “aristo” (најдобар) и “kratija” (владеење).

Терминот “Аристократија” првобитно се употребувал за младите атински

челници кои воделе војски од првите редови со мечот вперен угоре.

Оттогаш во Стара Грција воената храброст почнала да се смета за голема

доблест и поимот “најдобри” станал вообичаениот епитет кога станувало

збор за таквата класа. Од старите Грци, поимот продолжувал да се користи

во средновековна Европа за слична таква класа на наследни војсководци,

наречени “најблагодарни” или “најдобри”. Најголемата разлика меѓу нив е

во тоа што средновековното благородништво се потпирало на црквата за

поддршка на нивните ставови дека се “најдобри” во своето општество.

Една од главните каузи на Француската револуција била идејата дека

традиционалната аристократија повеќе не ги претставувала “најдобрите” од

општеството. Со модернизацијата на војската од страна на кралот Луј XIV

војсководците престанале лично да ги водат војските во поход, туку

почнале да ги командуваат битките од безбедно растојание. Така, народот

повеќе не сакал да ги признае традиционалните права на аристократите

доколку тие не си ги заработиле на традиционален начин. Франуската

револуција била главно против аристократите кои ја добиле титулата

наследно, а не против оние кој ја добиле по заслуга. Таквиот незаработен

12

Page 13: Voved vo pravo

начин претставувал голема навреда за буржоазијата и новите либерални

норми. Така, терминот “аристократија” почнал да се користи за оние кои

бараат право на незаработени привилегии и луксуз само заради нивното

потекло, а не за оние кои го сметале служењето на татковината како

наследно право.

Автократија

Автократијата е форма на владеење во која политичката моќ е од страна на

една влада, т.н. самовлада. Зборот доаѓа од грчкиот збор autocratic

(“самовладетел”).

За разлика од демократијата, автократијата е владеење на само една

влада, т.е. од еден владеач, додека кај демократијата владеењето припаѓа

на мнозинството.

Денес автократијата вообичаено се гледа како синоним за деспотизам,

тиранија или диктаторство.

Автократијата сепак не е синоним на тоталитаризмот, затоа што, сепак, овој

концепт попрецизно е наменет за да ги разлккува модерните режими

коишто се појавуваат во 1920 од традиционалното диктаторство. Исто така,

автократијата не е синоним за военото диктаторство.

Поимот монархија исто така се разликува, иако некои словенски монарси,

поспрецифично руските владетели, цареви, традиционално ја вклучувале и

титулата автократ како дел од нивниот официјален стил. Историски, многу

монарски владетели владееле со автократија, но нивната моќ значително

згаснала со воведувањето на институциите и давањето на луѓето моќ да

донесуваат одлуки за нив самите преку избраните тела на владата.

Автократот сепак си бара некаков вид на силна структура на владеење.

Многу малку владејачи биле во позиција да владеат само со нивната лична

харизма и вештини без помош од другите.

13

Page 14: Voved vo pravo

Тиранија

Во класичната политика, тиранин ( од грчкиот збор Туранос) е човек кој ја

зел силата на своја одговорност наместо наследна или уставна сила. Овој

начин на владеење се вика Тиранија.

Исто така, зборот тиранин се користи за цврст владетел кој ги става своите

интереси или интересите на мала олигархија над интересите на целата

популација, која тиранинот ја владее или ја контролира. Во Грција, овај збор

немаше пејоративна смисла за време на Архаичниот и Класичниот период.

Оваа смисла ја доби за време на Хеленестичкиот период.

Во Античка Грција, тираните биле влијателни луѓе кои доаѓаа до сила со

осигурувањето на поддршката на различните градови во близина на Атина.

Зборот “Тиранос” тогаш немаше етичка цензура. Тоа едноставно

посочуваше некој добар или лош, кој добил сила во некој град-држава, по

неуставен начин. Поддршката за тираните дојде од средната класа во раст

и од селаните кои немаа замји и беа во долг кон богатите поседувачи на

земја. Вистина е дека тие немаа легално право да владеат, но народот ги

преферираше нив наместо кралевите или аристократијата. Грчките тирани

остануваа на власт користејќи ги платените војници околу нивните градови-

држави.

Сипселус, првиот тиранин на Коринт во седмиот век п.н.е., успеа да му ја

препушти својата позиција на синот Периандер. Тираните ретко успеваа да

воспостават линија на наследство без проблеми. Во Атина, наследниците

прво му ја дадоа титулата на Пеисистраус во 560 година п.н.е. кој го

наследи неговиот син, а потоа со растот на Атинската демократија зборот

Тиранин доби негативно значење. Убиството на тиранинот Хипарсус од

Аристогетион и Хармодиос во Атина во 514 година п.н.е. го означи

почетокот на таканаречениот “култ на тирнаоциди” (на пр. Убијците на

тираните).

Незадоволството од тиранијата го карактеризираше овај култ. Односот

стана алармантен во Атина по 508 година п.н.е. кога Клеихенес донесе

реформи во политичкиот ситем за да личи на демократија

14

Page 15: Voved vo pravo

Архаични тирани

Во архаичниот период тираните дојдоја во раните година на 6тиот век п.н.е.

кога Клеихенес владееше во Сицион на Пелопонез и Поликрат владееше во

Самос. Во овај период, големи револти настанаа во многу делови во

егејскиот свет. Персија со ова почна да навлегува во Грција и многу тирани

добвиваа помош од персијците за да се одбранат од тие кои пробуваа да ги

отстранат.

Римските тирани

Римските историчари како Суетониус, Тактикус, Плутарх и Јозеф често

зборуваа за тиранија како спротивност на слбодата. Тиранијата беше

поврзувана со империјата и тие владетели кои добиваа огромна власт од

Римскиот Сенат. Тие кои ја подржуваа слободата се ориентираа кон

Републиката и Сенатот. На пример, во врска со Јулиј Цезар и своите убијци,

Суетониус напиша:

“Затоа ставовоте кои беа претходно одделно формирани, начесто од

група од двајца или тројца, беа соединети како заговори, од тогаш

популацијата повеќе не беше задоволна од тогашните услови. Но и тајно и

отворено се противеа на неговата тиранија и плачеа за бранители на

нивната слобода”.

Никола Макавели, потпирајќи се на оваа опозиција, го сметаше секое

владеење на еден човек (кој тој го нарекуваше Принц) за тиранија,

безразлика на легитимацијата на тоа владеење, во неговите “Дискурси на

Тит Лавиј”. Тој исто така ја идентификува слободата како републикански

ражим.

15

Page 16: Voved vo pravo

Модерни форми

Има малку владетели кои потполно се соовпаѓаат со дефиницијата за

тиранин опишана погоре, цврст владетел кој ги става своите интереси или

интересите на мала олигархија пред интересите на народот. Автократското

владеење во Зимбабве на Роберт Мугабе може да се смета за тиранија.

16

Page 17: Voved vo pravo

Заклучок

Можеме да заклучиме дека недемократските политички режими не се

правилиен избор за водењето на една земја. Нормално има некои случаи

кога монархијата се покажувала како правилен избор, но што се случува

кога станува збор за диктатура, тиранија? Луѓето страдаат, гладуваат,

умираат поради нечии каприци. Но сепак добро е што постоеле вакви

политички режими низ историјата затоа што историјата сака да ни покаже

како не треба да се води една земја.

17

Page 18: Voved vo pravo

Користена литература

1. Монархија – http://hr.wikipedia.org/wiki/Monarhija

2. Диктатура – http://en.wikipedia.org/wiki/Dictatorship

3. Олигархија – http://bs.wikipedia.org/wiki/Oligarhija

4. Аристократија – http://mk.wikipedia.org/wiki/ Аристократија

5. Автократија – http://bs.wikipedia.org/wiki/Autokratija.

6. Тиранија – http://bs.wikipedia.org/wiki/Tiranija

18