vakcinacija

16

Click here to load reader

Transcript of vakcinacija

Page 1: vakcinacija

Vakcinacija, Izmama - Gogo Stoilkov

Вакцинација, Измама

Вакцинацијата ја сметам за една од најголемите глупости (покрај пушењето) е со закон да се

вакцинираат луѓето. На вакцинирањето по глупост може да му конкурираат давањето

антибиотици за вируси, за „непознати“ или претпоставени бактерии или онака само редот да

помине. Тоа е исто како за уништување на штеточинците да се користи атомска бомба.

Во нашава земја, како и во многу други „напредни“ држави, вакцинацијата е обврзана со закон.

Во старо време робовите се жигосувале со закон, во концентрационите логори им ставале бројче

по некој закон, а денес ги „цепат“, пелцуваат или медицински кажано ги вакцинираат во превод

читај дека ги клонираат со крава (вака на латински е крава), со свињи, мајмуни, кокошки или други

несоодветни по ДНК форми на живот. Ако детето не е жигосано не може да се запише на

училиште или да оди во градинка. Може ли да прашам едно ептен глупаво прашање: ако некој

родител не сака детето да го вакцинира од овие или некои други „верски“ причини (пример

верува дека не е делотворна вакцинацијата) кој е тогаш загрозен, неговото дете или оние кои се

вакцинирани? Од што се плашат вакцинираните кога тие веќе имаат имунитет или тоа е наВодно.

Второ нешто што не ми е јасно или се правам дека не ми е: Зошто толку брзање да ги заразат

децата, пардон вакцинираат, уште во првите денови на нивниот живот кога немаат изграден

имунитет и не можат да се борат против болести, но ни против вакцината? Тонч. Трето, зошто не

ги вакцинираат возрасните кога знаеме дека вакцинацијата не е трајна заштита?

Кога пред некоја година го прашав еден човек кој ми укажуваше на штетните последици од

вакцинирањето, која е користа на фармацијата да се вакцинира секое дете уште од првиот ден од

раѓање, ми одговори кратко: „Си обезбедуваат муштерија за цел живот“, а и тоа е добар бизнис .

Како таванот да ми падна на глава. Ги поврзав сите дотогашни мои познати факти и цела недела

бев депресивен. Кога ме виде таков една пријателка докторка и ме праша што ми е и откако и

раскажав таа рече: Па добро Гого сигурно не е така трагично, еве доказ сме ние, уште сме живи и

релативно здрави“ Јас не се обидував да ја разуверам, затоа што тоа не е нешто кое човек може

да го сфати преку ум. После 2 месеци повторно ја сретнав пријателката и таа овој пат самата ја

почна темата со зборовите: „Сега можам да те сфатам што ти беше. Еден мој пријател сакаше да

оди на одмор во Шпанија и за да се обезбеди и да нема грип се вакцинираше. После тоа се

парализираше и веројатно никогаш нема да прооди“. Јас и кажав: „Тоа е само еден случај, но

знаеш ли дека малкумина го поминува вакцинирањето без проблем, кај некого е помал, а кај

некого е поголем. Дали знаеш дека вакцинацијата на возрасни за Вариола вера предизвикува

последици кај најмалку 50 % од луѓето, а барем 10 % си одат од овој свет и тие може да се сметаат

дека се среќни. Ако погледаме од повисоко тогаш ќе согледаме дека вакцинацијата е да се

упропасти здравјето на луѓето и тоа уште пред да се изгради имуниот систем. Тоа им користи на

поклониците на Еугеникс или во превод геноцид за да се намали бројот на жителите на оваа

Page 2: vakcinacija

планета. По Вебстеровиот речник геноцид означува убивање на луѓе заради верски, парични или

политички причини.

Денес со закон е задолжително да се вакцинираат сите и секогаш, без оглед дали има опасност од

болеста, дали се ендемско подрачје каде се јавува тој тип на болест и без оглед на тоа како

човекот ќе го преживее тоа заради неговата осетливост, без оглед дали е тоа болест која се

појавила во историјата, убила многумина и ја снемало. Во деветнаесеттиот век грипот убивал луѓе,

во дваесеттиот се прележуваше за една недела, а во дваесет и првиот повторно ќе убиваа, затоа

што луѓето употребувајќи антибиотици кога треба или не, ги зајакнаа бактериите и вирусите, ги

мутираа и играјќи си богови, направија нови и посилни кои се појавуваат како Сарс за да ја

контролираат или уништат економијата на некоја држава.

Моќните се кријат зад законот кои си го донеле за да прават што поголем профит, но дали знаат

дека има уште еден закон кој е над тој закон, а тоа дека е казниво да се пренесуваат заразни

болести намерно, а токму тоа го прават со вакцинацијата.

Секогаш укажувам на Германија. Таму вакцинацијата не е задолжителна па се мислам, или се

многу паметни или глупи Германците, а можеби се само по сиромашни од нас па не можат да си

дозволат да се вакцинираат. Мора да се глупи и сиромашни, затоа што не даваат ни

антибиотици за се, туку се обидуваат да ги решат проблемите со други средства. Дозволуваат да

се распространуваат заразните болести и за очекување е дека набргу Германија ќе биде

преплавена од заразни болести. Арно ама не гледам дека е баш така, туку можеби во другите

земји во кои „грижата за здравјето“ е „по голема“ некако се полошо им оди со заразните болести

и тоа многу по опасни од оние од кои се вакцинираат.

Пред да покажам некои изјави кои одат во прилог на незадолжителното вакцинирање, малку да

размислувам преку пишување што е вакцината.

Прво и најважно, вакцината ги заштитува луѓето времено, а ги уништува доживотно и што е

најтрагично проблемите се пренесуваат генетски на поколенијата како влошена состојба во

самиот старт на животот. Ни една вакцина не трае доживотно, како прележаната болест (иако ни

кажуваат умните доктори дека вакцинацијата е стекнување траен имунитет). Ова ми укажува дека

не е природен механизам или е лекција која нашиот имун систем ја заборава.

Второ лагата дека вакцинацијата искоренила некои болести, како туберкулоза. Лага, лага и само

лага.

Трето ние сме различни по конституција и со различни предиспозиции за некоја болест, па и

различна осетливост. Ако ваквите различности исто ги третираме, различни ќе бидат и реакциите,

кај некои ништо нема да се случи, а некои може да се разболат, а колку што знам вакцинацијата

ги става сите во исти кош сите.

Четврто. Секој човек во однос на конституцијата и вакцината која ја прима може длабоко да го

наруши неговото здравје (да го разбуди змејот кој спие) или да ја влоши неговата општа состојба

Page 3: vakcinacija

во подлабока состојба, која не мора да се види на прв поглед, но последиците цел живот ќе ги

носи, зошто тоа многу тешко се враќа назад. Инаку, конституција е нешто за што зборувал лекарот

чија заклетва (иако искривена), ја кажува секој лекар, а можеби ништо не прочитал од Хипокрит.

Петто. Секое вакцинирање не му штети само на вакцинираниот, туку и на целото негово

поколение може да му ја влоши почетната состојба на здравје, затоа што генетски се пренесува

коренскиот фактор на здравјето.

ПА сега на здравје вакцинирање.

Да не зборувам за подлогата на некои вакцини дека е генетски материјал од животни, а тој не

одговара на човечкиот. Како додатоци се користат Жива, антифриз или дека во некои вакцини

ставаат експериментални додатоци за контрацепција на жените и којзнае уште што не, а тоа не

може да се провери. Никој не знае дали вакцината е добра или е на граница на поминат рок, но

едно е сигурно, таа е многу добра за пренесување на болести во име на хуманизам и спречување

зарази.

Човековата глупост оди до таму да се прави вакцина против СИДА а не е изолиран вирусот кој ја

предизвикува. И тоа го тестираат во Африка се разбира, а не во Америка или некоја друга

„посиромашна“ земја.

Но да видиме едно зрнце од она што најдов на интернет во врска со тезата што ја застапувам.

5 мина настрадани од мускулна болест после вакцинација од настинка (Guillain-Barre syndrome)

Понеделник, Ноември 18, 2002 во 08:42 ЈСТ

ТОКИО – Потврдено е дека пет луѓе во Јапонија страдаат од Гулиан – Бар синдром – заболување

на прогресивна мускулна слабост – после вакцинација против настинка меѓу јануари 2000 и април

2002 соопштува министерството за здравје.

Reprinted from:

http://www.japantoday.com/e/?content=news&cat=1&id=238972

„3 октомври 1999 Cable News Network емитуваше програм во кој родителите на три годишниот

Лиам Рејнолдс изјавуваат дека тој развил аутизам две недели после примање на measles, mumps

and rubella (MMR) вакцина. Во програмата беше пренесено исто така и гледиштето на Стефани

Кејв МД, докторка од Луизијана која „специјализирала аутизам“ со исхрана и хранливи додатоци.

Американската Академија на педијатрија официјално објаснува зошто нема причина да се верува

дека постои врска меѓу вакцинирањето и аутизам. Но драмата пред, за време и после емисијата

на родители кои се јавуваа и кажуваа за истите или слични проблеми, па со тоа е зголемена

„случајноста“.

Page 4: vakcinacija

Аутизмот е хронично заболување кое се карактеризира со проблеми на социјалните врски и

комуникации и за рестриктивни интереси и активности. Аутизмот може да биде начелно

забележан во раното детство како намалена љубов, но најчесто прво се одредува при

проодувањето, најмногу кај момчиња од 18 до 30 месечна возраст. Момчињата се 4 до 5 пати по

опфатени со аутизам од девојчиња. Девојчињата како група се потешко опфатени кога ќе заболат.

Отприлика 75 % од аутистичните деца заостануваат ментално. Понатаму 5 % од децата со

аутистични закани имаат слаб Х или друга хромозомска неправилност, Иако не постои излекување

за аутизам тој се лекува. Симптомите придружени на аутизам често се подобруваат ако почне да

комуницира вербално и ако ги искажува своите потреби.

Во многу случаи на аутизам, нема позната причина иако во некои случаи се знае дека е

биолошкиот фактор вклучен иако не се знае кој. Некои фактори за време на бременоста може да

придонесат како рубеола, тубероза, склероза, хромозомски абнормалности како Даун синдром,

како и мозочни абнормалности како хидрокефалитис. Често пост наталните состојби врзани со

аутизам се не лекувана феникетонуриа, детски грчеви и херпес симплекс енкефалитис. Во

најголем број случаи никаква подлабока причина не може да се идентификува. Моменталната

теорија фаворизира дека аутизмот е генетски базирана неправилност која постои и пред

раѓањето.

Некои родители на деца со аутизам веруваат дека има врска меѓу вакцината ММR (measles,

mumps, rubella) и аутизмот. Се разбира дека ова не е доказ. Вообичаено симптомите на аутизам

најпрво се забележуваат од родителите дека децата доцнат со говорот после една година. ММР

вакцината првпат се дава (во Америка) меѓу 12 и 15 месеци. Постојат повеќе студии во кои има за

и против врската меѓу вакцините и болестите како аутизам“.

Да разгледаме што се всушност вакцините, но за да дојдеме до тоа потребно е малку да се

оддалечиме од вакцините за да дојдеме до суштината.

Дали микробите напаѓаат однадвор или тие се развиваат ако почвата е добра за нив. Овде

доаѓаме до една дебата која ја одреди иднината и насоката на фармацијата меѓу Луј Пастер и

Клод Бернар. Луј Пастер ја застапува теоријата дека микробите напаѓаат однадвор и дека, е

неопходно само да се детектира туѓиот организам во телото кој ја предизвикува патологијата.

Потребно е да се најде отров кој ќе ги убие микробите и проблемот е решен. Целата таканаречена

медицинска наука и фармација се насочени токму кон тоа и сите пари за истражување се

исклучиво за таквиот начин на истражување.

Антоан Бешамп (Antoine Béchamp) 16.10.1816 – 15.04.1908 со титули

Master of Pharmacy;

Doctor of Science;

Doctor of Medicine;

Professor of Medical Chemistry and Pharmacy at Montpellier;

Page 5: vakcinacija

Fellow and Professor of Physics and Toxicology — Strasbourg Higher School of Pharmacy;

Professor of Chemistry at Strasbourg;

Professor of Biological Chemistry and Dean of Faculty of Medicine of Lille;

Chevalier of the Legion of Honour;

Commander of the Rose of Brazil

тврдел дека за да се развијат микробите потребна и неопходна е плодна почва. Ниту Пастер ниту

Бернар не го одречувал постоењето на микробите. Значи прашањето е дали микробите напаѓаат

однадвор (Пастер) или се форми на однесување при под одредени услови и дека се помалку

патогени во некои други услови.

Клод Бернар во неговите последни пишувања (објавени после неговата смрт) за ферментацијата

на грозјето и неговата трансформација во вино, објаснува и докажува дека пастеровата теорија

нема никаква вредност. Пастер бил вознемирен. Правејќи голем скандал во Академијата тој ги

одбил пријателите на Бернар да ги објават овие трудови кои се во спротивност со пастеровите

теории, објавувајќи памфлет во кој го обвинува дека се изместил со умот и дека негува не научен

мистицизам. Се разбира мртвиот Бернар не можел да одговори на обвинувањата. Така ќе ги

разбереме подобро пастеровите последни зборови на смртната постела: Бернар беше во право,

микробите се ништо, почвата е се“.

SMALLPOX – Крупна шарка, сипаница е еден пример за идеален успешен случај на вакцинирање.

Еве некои алтернативни согледување:

„Жално и апсурдно е да се каже дека сме ја победиле шарката со вакцинацијата, кога само 10 %

од популацијата е вакцинирана“ Др. Глен Детман.

„Јас повторно ви укажувам да не го обожувате Луј Пастер и јас сметам дека Едвард Џенер (таткото

на вакцините) е еден од најголемите криминалци во историјата“.Dr. A. Ward of the Pathology Dept,

University of Hong Kong (во писмо до Dr Kalokerinos).

Во текот на мојот долг живот, бев сведок на две од најтешките епидемии на шарка било кога

забележани и кои се надминати како и тифусот и колерата со подобрување на хигиената и

условите на живот. После ова време довербата во вакцинацијата беше заштитена уште некое

време за да се оствари изолацијата и напредувањето на здравјето. Денес интелигентните луѓе не

треба да ги вакцинираат своите деца ниту пак да дозволат законот да ги принуди. Резултатот не е

како што Џенер проповедаше, искоренување на човечката раса од шарка, напротив, се повеќе

луѓе се убиваат со вакцинирањето одошто умираат од шарка.

---George Bernard Shaw 1929

Вакцинацијата против шарка беше официјализирана и со измама не води во финансиска и

здравствени проблеми. Малку или ништо не е направено да се исчисти шарката во ендемските

Page 6: vakcinacija

зони, но затоа се директно одговорни за смрт на илјадници од примената само во Англија, а да не

зборувам за последиците низ целиот свет ."---Michael Nightingale

„Шарката е скоро искоренета, но вистината е во тоа што епидемијата исчезнала декади пред

НЕКОЈ да спроведе кампања за „искоренување“. Исто така добро е документирано дека

најголемите епидемии се појавуваат кај нај вакцинираната популација, додека оние кои не се

вакцинираат немаат епидемии“"--Viera Scheibner

„Слушнавме за благородната работа на Отец Дамиен меѓу лепрозните од Хаваи, но не кажавме

дека немало ни еден случај на лепра на Хавајските острови пред благородната работа на Џенер не

ги посетила. Во деведесеттите 10 отсто од жителите имаа лепра“.---Lionel Dole

Овде ќе прекинам затоа што мене не ми е намера да ги плашам луѓето, туку само да им укажам на

последиците од нивните неразумни акции. На интернет има многу потресни кажувања кои

укажуваат на директна врска на вакцинирањето со катастрофалното влошување на здравјето.

Затоа што вакцинирањето е задолжително, на човекот му е укината слободата да одбере, значи

медицината е поголема од Бог. Да нагласам, лекарите немаат некоја голема улога во тоа. Тие се

само верници на фармацијата, најголемиот бизнис на третиот камен од Сонцето. Никој не ги

проверува лековите дали навистина лекуваат или ги убиваат луѓето, ако некој лек е прифатен од

боговите, мора да им веруваме на нивниот збор. Второ давање два или три лека одеднаш со сите

нивни како ги нарекуваат странични или несакани ефекти и комбинацијата никогаш не е

истражувана или тоа е нешто кое се крие од јавноста. Денес вообичаена е праксата некои вакцини

да се даваат во комбинација како ДиТеПер (Дифтерија Тетанус и Пертусис) и други. Страничните

или несаканите ефекти се само оние кои биле забележани само додека лекот бил истражуван и

тоа поединечно, а знаеме дека некои последици може да се јават после многу години. Дали

истражувањата се правени само на одбрани здрави или се одело по ред. Единствен лек кој јас

знам (а не знам баш многу) кој се користи 100 и повеќе години е ацетил салицилната киселина

или аспиринот (тука е андол и други), другите секои десет години застаруваат како концепт иако и

за него кажуваат дека лошо делува на црниот дроб. Секоја година се појавуваат нови и нови

имиња на лекови за исти болести кои се „по ефикасни“ и апсолутно перфектни, а таа перфекција

трае само неколку години. Лековите се испитуваат на животни, а знаеме дека животните не можат

да ни ги кажат негативните ефекти, додека хемиските промени не секогаш се меродавни, за

позитивниот ефект и трајноста во подобрувањето.

Во горното не ја вбројувам хомеопатијата затоа што таму сите лекови се испитуваат на луѓе и се

набљудуваат ефектите од лекот на физичко, емотивно и ментално ниво. Во хомеопатијата и

таткото на хомеопатијата Ханеман лековите кои ги докажал и применувал, денес со иста

ефикасност исцелуваат. Хомеопатијата не користи или во многу редок случај (како кај епидемии)

може да користи лекови како превентива, затоа што иста патологија кај различни луѓе може да

даде различна состојба, па оттука и лекот да биде различен.

Некои доктори одбиваат да ги вакцинираат своите деца, што мислиш зошто?

Page 7: vakcinacija

$20,000 Offer to U.S.-licensed medical doctors

Следната понуда е направена за Американските лиценцирани доктори кои рутински ги

спроведуваат детските вакцинации, како и за фармацевтските компании низ целиот свет:

Џок Дабледеј, претседателот на Калифорниската непрофитна корпорација Природна Жена,

Природен Маж институт, нудат 20 000 долари (Американски) на првиот медицински доктор или

фармацевтска компанија кои јавно ќе испие смеса од стандардна вакцина која е составен дел иста

како онаа која ја добиваат шест годишните деца и е препорачана да се прими во 2000 година,

препорачана од Американскиот центар за Контрола на Болестите и Превенција.

Смесата нема да содржи вируси или бактерии мртви или живи, но ќе ги содржи стандардните

додатоци на вакцините кои ги содржи вакцината со иста форма и пропорции. Смесата ќе вклучи

но нема да има ограничување на: тимеросал (дериват на Жива), етилен гликол (антифриз), фенол

(средство за дезинфекција), бензетониум хлорид (дезинфекционо средство), формалдехид

(заштита и дезинфекција) и алуминиум.

Смесата ќе биде припремена од Џок Даблдеј, три медицински професионалци кои тој ќе ги

именува и три медицински професионалци кои ќе учествуваат. Смесата ќе биде усогласена со

тежината на телото на примачот.

Учесникот се сложува со сите додатоци и примеси за да ја докаже не штетноста за вечни времиња

и на сите луѓе, организации и на сите кои се здружени во овие настани за било какви штети

нанесени или она кое ќе се случи, директно или индиректно на учесникот или неговото потомство

и блиски, кои ќе влијаат на неговата работа или живот.

Затоа што учесникот е или професионален здравствен работник кој рутински раководи со

вакцинациите на децата или фармацевтските компании чија работа е продажба на детски вакцини

и кои ги познаваат додатоците.

Настанот ќе се случи шест месеци откако учесникот ќе го потпише договорот. Оваа понуда е

датирана од 29 јануари 2001 и нема ограничување до кога освен со извршувањето или замена со

повисока понуда.

Contact Jock Doubleday at [email protected].

Jock Doubleday

President

Natural Woman, Natural Man, Inc.

A California Nonprofit Corporation

P.O. Box 1453

Nevada City, CA 95959

Page 8: vakcinacija

http://www.gentlebirth.org/nwnm.org

[email protected]

Jock Doubleday is the author of the soon-to-be-published book "Spontaneous Creation: 101 Reasons

Not to Have Your Baby in a Hospital."

Reprinted from:

Natural Woman, Natural Man, Inc.

$20,000 + $ 200.000 more!

Update on the $20,000 vaccine offer

From Jock,

received on the 13th of February 2001

Киропрактичар од Германија додава уште негови 200 000 долари проценет мерцедес (Brabus E

V12), на моите 20 000 долари награда (вклучително и транспортот до Америка).

За додатни информации провери на http://www.brabus.com/e12.htm за слика и повеќе

информации за Мерцедесот кој е наречен „најбрзиот со четири врати седан на светот“ од

Гинисовата книга на рекорди

Yours sincerely,

Jock Doubleday

President

Natural Woman, Natural Man, Inc.

A California Nonprofit Corporation

P.O. Box 1453

Nevada City, CA 95959

Page 9: vakcinacija

http://www.gentlebirth.org/nwnm.org

[email protected]

Е сега навалите доктори, еве ви прилика да докажете дека вакцината не е штетна и при тоа да

заработите 220 000 зелени шушки. Инаку, како да ви веруваме кога не убедувате (у-беда-носите)

дека радиоактивните вакцини се добри затоа што потеклото им е од друга фабрика, а не од онаа

која понормални земји ја прогласија за неупотреблива. И што е уште поголем апсурд, грипот не е

појавен, а тие претпоставуваат каков ќе биде овогодишниот грип, па направиле таква вакцина.

Маа даааааааај. Ова е како претпоставка дека идната година ќе удри метеор во некоја област и во

целата таа област луѓето да го платат нивното преселување на друг крај од земјата со градење

нови куќи и други неопходности. Тие не го виделе метеорот, тоа е само како можност. И така

секоја година. За да ги шишаш овците, треба да ги одгледуваш и да ги носиш на пасење, да

внимаваш да не ти избега некоја и многу други обврски, а да ги потшишаш луѓето или

вакцинираш, се што треба да направиш е да ги исплашиш. После тоа можеш и радиоактивна

вакцина да им дадеш и тоа да си ја платат се разбира. И што е најважно, треба да им кажеш на

овците, пардон луѓето (како тоа гордо звучи), дека оние кои ќе бидат шишани (вакцинирани) се

привилегирани, затоа што нивните гадачи кажале дека оваа година ќе има голема епидемија на

грип, а малку има вакцини.

За на здравје бричење, да ве информирам дека во нашата прекрасна земја почнува вакцинација

против хепатит Б (тоа е вакцината која ја рашири Сидата), веројатно нема доволно болни од сида

во Македонија и дури ни кажуваат дека Македонија е 161 земја во светот во која е воведена

вакцината против (или за) хепатит Б. До 1996 година Светската здравствена организација

препорачувала ваква вакцинација само во земји каде што е многу пораспространета, а од 1996

нема милост за никого кога е бизнисот во прашање. Што е најлошо, ќе ги вакцинираат уште

првиот ден по раѓањето и после тоа уште 3 пати. Поголемо безумие не се ни цигарите, па затоа

имам во план да напишам нешто поопширно за вакцинацијата.

Не ги вакцинирајте вашите деца, пишува Др. Стив Ненингер, а јас ви преведов дел од неговото

пишување

© Dr. Steve Nenninger – www.Nenninger.Net –

Не ги вакцинирајте вашите деца

од

Др. Стив Ненингер

Зошто јас не ги вакцинирам моите деца

Page 10: vakcinacija

1. Сите големи епидемијски болести се во опаѓање пред појавата на вакцината. Масовните

програми за вакцинација не влијаат битно за намалување на епидемиите или инфективните

болести.

2. Епидемиите се рефлексија на културата во која се појавуваат. Епидемиите укажуваат на

културното, социјалното и религиозното опкружување. Епидемиите од минатото ги одразуваат

минатите околности. Нема повеќе причина да се вакцинираме против Полио денес, исто како што

нема потреба да се вакцинираме против Чума.

3. Само многу мал дел од спротивните реакции за вакцинирање се пријавуваат и пресметуваат.

Вакцините никогаш не биле проучувани на начин на кој се проучуваат лековите. Многу е тешко да

се добие отштета и лекување ако моите деца имаат било какво влошување од вакцинацијата.

4. Производството и продажбата на вакцините е еден од најголемите бизниси на светот. Огромен

е притисокот на секој чекор за да ги вакцинираат моите деца.

5. Не вакцинираните деца имаат многу помала појава на астма, ауто имуни болести, дијабетес и

други хронични болести.

6. Вакцинацијата е голема медицинска процедура која користи алуминиум, жива, формалдехид и

различни други надворешни животински протеини кај децата пред крв-мозок одбраната да е

завршена. Ова ги изложува осетливите неврони на мозокот на отровни и штетни материи.

7. Хроничните и ауто имуните болести се зголемени многукратно во директна корелација со

зголемување на вакцините.

8. Хомеопатските Нозоди (Ненингеровата Нозода терапија) е сигурна и делотворна алтернатива

која може да биде употребена безбедно да ги спречи епидемијските болести веќе повеќе од 200

години. Употребата на Нозодите не го изложува телото на било какви отровни супстанции.

Разбирање на вакцините

Вакцинацијата е очигледно една од најбитните нешта коишто можат да предизвикаат кај луѓето

силни чувства како за, така и против. Мислам дека е важно да кажам какво е моето чувство за

оваа тема. Кажувајќи го моето искуство со деца и возрасни во мојата кариера јас не препорачувам

вакцинација. Јас сум видел многу деца и возрасни во мојата пракса чие здравје беше оштетено од

вакцинација. Како додаток, многу истражувања и студии кои ги направив ме натераа да се

запрашам за историската и моменталната оправданост, безопасност и ефект на вакцините. Се

покажува дека болестите кои се појавиле како епидемии, постоеле во едно одредено време во

историјата. Предодреденоста може да биде од храна, опкружување, социјалното и религиозното

опкружување и многу други фактори кои може да доведат до истакнување на состојбата за

инфекции и епидемии. Не верувам во вакцинација за поранешни болести кои довеле до

поранешни епидемии исто како што не би ги вакцинирал децата од Чума.

Логично прашање кое се наметнува е зошто да не се вакцинираме против се, за некоја болест да

Page 11: vakcinacija

не се појави повторно. Со ова би се сложил доколку вакцинацијата не е штетна. Вистината е

спротивна, вакцинацијата Е штетна.

Децата кои ги добиваат препорачаните вакцини, преку нив добиваат количина на Жива која би

била штетна и за возрасен, а камоли за дете. Тоа е многу млада возраст кога нервниот систем е

уште во развој. Наместо да го заштитиме против болести колку е можно повеќе, вакцините

работат на заразување со ниско ниво на хронична инфекција. Моето искуство ми кажува дека

вакцинацијата секогаш го ослабува имунолошкиот систем.

Кај не вакцинираните деца кои сум ги следел, многу е редок случај на инфекција на уво во текот

на целото школување. Вакцинираните деца имаат многу често инфекции на ушите. Исто така

забележувам дека не вакцинираните деца немаат многу неуролошки заболувања како ни

проблематично однесување, а тоа го гледам кај вакцинираните деца. Едноставна вистина е дека

со секоја инјекција постои можност на некоја непредвидена или неочекувана несакана реакција.

Кога се вакцинирате, вие го менувате имунолошкиот систем кој се развивал повеќе од милион

години. Како најмала мерка, јас верувам дека ваква одлука треба внимателно да се земе предвид.

Се додека за вакцината не се докаже дека е сигурна и ефектна, јас морам да ја прифатам како

експеримент.

Болестите се секако опасни. Како и да е, како доктор јас попрво би ја лекувал болеста која ја

познавам, отколку да ја лекувам потполно новата болест која е реакција на вакцината. Јас повеќе

сакам на телото да му дадам шанса. Имам видено дека деца кои употребуваат природна

медицина се исцелуваат многу бргу од акутните болести, особено ако (на пример треската) не е

потисната и обременета со лекови. И покрај ова нема сомнеж дека некои болести можат да

предизвикаат сериозни последици.

Ако се решите да не го вакцинирате ниту пелцувате во никаков случај детето, тогаш мора да се

осигурете дека сите, мислам потполно сите, докторите, сестрите, фамилијата и т.н. кои доаѓаат во

контакт со детето, да разберат и да ја почитуваат вашата одлука.

Нема ништо полошо од тоа кога родителот направил свесна одлука за здравјето на своето дете, а

медицинскиот персонал не знае за неговата одлука.

Хомеопатска имунизација, Нозоди, Ненингер Нозод терапија.

Луѓето често ме прашуваат за хомеопатска имунизација.

Тие се загрижени за ризикот на кој се изложени нивните деца при вакцинација и тражат посигурен

алтернативен пристап. Јас ја подржувам хомеопатската вакцинација која повеќе сакам да ја

наречам имунизација. Пациентите кои обираат да земат хомеопатска вакцинација треба да бидат

на чисто дека постои разлика меѓу овие два пристапи.

Хомеопатската имунизација е базирана на многу различен концепт од стандардната вакцинација.

Хомеопатската имунизација не создава антитела на болеста, ниту пак содржи жива или други

конзерванси. Наједноставно е да се објасни дека хомеопатската имунизација е тип на лек и затоа

Page 12: vakcinacija

е потполно сигурна.

Прашањето кое може да биде прашано е : „Ако хомеопатската имунизација ја спречува болеста а

не го подигнува нивото на антитела, што прави таа“? Одговорот бара од нас да размислуваме за

човекот, а не за болеста. Сме научиле дека хроничните болести се манифестираат со енергетски

не рамнотежа кај човекот. Ова е вистина кај акутните болести кои не се разрешуваат бргу.

Најголемиот број луѓе не ги плаши тоа дека нивните деца ќе се разболат, туку последиците од

акутната болест која не се лекува бргу и која го остава детето со некои последици од болеста.

Тоа што треба да го запомниме е дека најголемиот број луѓе кои се изложени на некаква болест

или не се разболуваат или бргу се чувствуваат подобро. Ова е вистина за оние болести од кои се

вакцинираат луѓето. Децата кои најмногу се погодени од болеста се оние кои имаат

подложноста на таа болест, но овие деца исто така се повредени од реакцијата на вакцината.

Интересно е да се забележи дека многу деца кои добиле стандардна вакцина пак може да

заболат. Овие деца се како оние кои ги кажав дека имаат подложност на болеста. Децата кои

лесно ја надминуваат болест или оние кои не се подложни на болеста немаат проблем ниту кога

не се вакцинирани. Еден од најдобрите квалитети на хомеопатската медицина е дека може да ја

отстранат подложноста на оние кои се осетливи и да ги направат како оние кои не се подложни на

болеста.

Два услова мора да бидат обезбедени пред болеста да направи штета. Треба да постои

подложност и мора да бидат постои можност за изложеност на болеста. Стандардниот пристап

беше да се припреми телото за можната зараза со давање слаба форма на болеста. Како што

споменавме погоре средбата со супстанците од вакцината, кои се додатоци на вакцината, носи

болест во телото и носи големи ризици. Приодот на хомеопатската имунизација е да се обиде и да

ја отстрани подложноста и насочувањето е кон зајакнувањето на човекот.

Безбедно

Не вакцинирани

Ова дете нема никаква подложност на болести и тоа би се исцелило бргу и без последици од

акутна болест, вклучувајќи ги ситна шарка (рубеола), варичела (chickenpox) и други.

Со ризик

Вакцинирани

Овие деца се ранливи. Тие имаат потенцијал да имаат лоша реакција на болеста. Овој тип исто

така има лоши реакции на вакцината.

Информации за вакцинација

Page 13: vakcinacija

Стр 2097 од Мерк Прирачникот

Вакцинација, број на вакцини во инјекции:

Хепатит Б 4 пати

ДТП 6 пати

ХИБ 4 пати

Полио 4 пати

ММР 3 пати

Вариола 3 пати

Вкупно вакцинации 24

Количина на секоја инјекција 5 мл

Вкупна количина на вакцинациите 120 мл

“Деца со променливи или прогресивни неуролошки болести не треба да се вакцинираат се додека

нивната состојба не биде стабилна најмалку 1 година заради ризик од церебрална иритација“ од

PDR

MMR

Секоја 0,5 мл доза содржи не помалку од 1000 TCID ( ткиво култура од инфектирана доза) од

measles (морбили), од mumps (заушки) и 1000 TCID rubeola вирус.

Секоја доза на вакцината е пресметана да содржи: sorbitol (14.5mg), sodium phosphate, sucrose (1.9

mg), sodium chloride, hydrolyzed gelatin (14.5 mg), human albumin (0.3 mg), fetal bovine serum (

ЦЕЛОСНАТА КОЛИЧИНА НА ИНЕКЦИИТЕ : 1/3 ДО ½ СОДА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО:

Можни странични ефекти (последици) се бројни од Panniculitis (воспаление на сврзените ткива),

атипични заушки, треска, несвестица, главоболка, вртоглавица, нерасположение, вознемиреност.

Васкулит

Панкреатит *воспаление на панкреасот), дијареа, повраќање, паротит (заушки), гадење и

повраќање.

Дијабетес мелитус

Тромбоцитопениа, пурпура (крупна шарка), регионална лимфоденопатија, леукоцитоза

Анафилакса

Page 14: vakcinacija

Артритис, артралгија, миалгија.

Така во самата основа на вакцината е да се зарази детето. Основно зошто се даваат вакцините да

се избегне потполна реакција при заболување. Затоа што е инјектирана во крвта, вакцината не го

ангажира целиот имун одговор, вклучувајќи го клеточниот имун одговор. Ова исто така се случува,

затоа што вакцината е разредена и или припремена на начин да не го активира целокупниот имун

одговор.

Други информации

Имунизација – засилување на телото за природна одбрана од болести

Вакцинација – инјектирање заразена супстанца за да го стимулира производството на антитела.

Како што кажав, моите чувства за моите деца ме мотивираа да ги објавам овие информации

Историја на вакцинацијата

WESTERN HISTORY OF VACCINATION

HAHNEMANN 1753 (година)

Да се одбегнуваат отровни терапии познати во тоа време и започнување експерименти со

минимални дози на супстанци. Открива дека ако вибрирате некоја супстанца со секое

разредување може да ја сочувате силата на вибрацијата од супстанцата во вода, додека се

разредува до губење на хемиската отровност. Ова значи дека нозодите или разредената болест

(пример заушки) може да се дадат како хомеопатска имунизација да го засилат отпорот (или

поточно одговорот) на таа болест без да се внесе било каква количина на супстанца од болеста.

Добиени се бројни потврди од разни држави за лекување на епидемии. Формалното објавување

на хомеопатијата во 1776 година.

ЏЕНЕР 1749

Во истата година кога Ханеман ги преставил своите хомеопатски теории, Џенер дава cowpox

(кравја шарка) на младо момче и открива дека момчето не се заразува со small pox (крупна шарка,

вариола), Вакцинацијата и употребата на хомеопатските нозоди започнува во исто време.

Едниот доктор ја превенира болеста со засилување на имуниот систем, а другиот со вакцинација.

БАКТЕРИЈСКАТА ТЕОРИЈА ЗА БОЛЕСТИТЕ СПРОТИ ТЕОРИЈАТА ЗА ПОЧВА.

Пастер 1922 (после Ханеман и неговите трудови)

Теоријата за Бацили

Page 15: vakcinacija

Болестите се предизвикуваат со микроорганизми. Од болестите може да се заштитиме со

повторување инфектирање со микроорганизми. Вакцинацијата со бацили ќе не заштити и ќе

бидеме здрави.

Бернар 1913

Теоријата за почва

Болеста е предизвикана од нездравиот начин на живот, па нашето тело станува добра почва на

која бацилите си растат непречено. Болеста може да се спречи со чување на почвата здрава и

непријателска за бацилите.

КОИ СЕ ИСТОРИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ВАКЦИНАЦИЈАТА?

Инфективните болести се намалени до 95% од пред да се воведат вакцинациите.

ПРЕДХОДНИТЕ ЕПИДЕМИИ СЕ ПОСЛЕДИЦА НА КУЛТУРАТА И ОБИЧАИТЕ НА ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ И

НЕМААТ ПОВЕЌЕ ЗНАЧЕЊЕ ДЕНЕС. ТОА ШТО ОСТАНАЛО Е САМО СТРАВОТ ОД ЧУМАТА.

ДАЛИ ВАКЦИНАТА ДЕЛУВА?

Смртноста од шарка во Англија пред обврзаната вакцинација – 200 луѓе годишно.

5 години после обврзаната вакцинација 7.000 годишно

10 години после вакцинацијата 10.000 годишно.

15 години после вакцинацијата 44.000 годишно

Обврзаната вакцинација е укината 1907. Долго време пред да се објави дека вариолата исчезнала.

ВАКЦИНАЦИЈАТА ДЕНЕС

9 различни болести, 23 до 40 дози вакцина од 5 мл, еквивалентно на 125 до 200 мл вакцинацијски

продукти. Од ова е ½ до 1/3 се додатоци.

ШТО ДА ПРАВИТЕ АКО НЕ СЕ ВАКЦИНИРАТЕ

1. Основното лекување на секој случај е да се почне со конституционалната хомеопатија. Ова е тип

на хомеопатски третман кој ја зема предвид подлабоката природа и причини за да се отстрани

подложноста. Јас предлагам употреба на LM 1 потенции понеделник, среда и петок 5 капки во

вода.

Page 16: vakcinacija

2. Употреба на хомеопатски нозоди да се спречи подложноста за одредени болести. Има 9 нозоди

кои се совпаѓаат со вакцините кои во моментов се во употреба. Нозодот е хомеопатски лек кој не

е отровен, ниту пак има несакани последици, тој се употребува да ја намали подложноста на

некоја одредена болест. Хомеопатските нозоди имаат исти имиња со болестите како на пример

рубеола (measles). Кога нозодите се дадени најпрво, еден нозод се употребува секоја недела во

сабота. Во 9 недели се завршува кругот. Со други зборови детето ќе прими една доза на нозод

за секоја од најчестите болести. Ова сето се повторува по три круга. После завршувањето на трите

круга, се почнува со давање нозод на првиот ден во месецот.