Univerzitetski vesnik br. 106
-
Upload
goce-gjorgjijoski -
Category
Documents
-
view
254 -
download
9
description
Transcript of Univerzitetski vesnik br. 106
univerzitetski
vesnikИздание на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје Број 106,мај 2010
ССВВЕЕЧЧЕЕННОО ООДДББЕЕЛЛЕЕЖЖААННППААТТРРООННААТТООТТ ННАА УУККИИММ
универзитетски весник - број 106
универзитетски
весник
Главен и одговорен уредник
ППрроофф.. дд--рр ВВееллииммииррССттоојјккооввссккии
Заменик главен и одговорен уредник
ММ--рр ИИллиијјаа ППииппееррккооссккии
Постојани соработнициККооссттааддииннаа ММооккррооввааББииљљааннаа ФФооттииннооввссккааММ--рр ММаарриијјаа ЦЦееннееввссккааТТооммииссллаавв ББаашшееввссккии
ЛекторВВеессннаа ИИ.. ЦЦввееттааннооввссккаа
Техничко уредувањеГГоорраанн ММууррааттооввссккии
ОДЛУКА за доделување Плакета наУниверзитетот за 2010 годинаБеседа на ректорот, проф. др ВелимирСтојковски на свечената академијаОбраќање на претседателот на Р. Македонија, др Ѓорге Иванов, насвечената академијаОбраќање на министерот за образованиеи наука, Г.Никола Тодоров, насвечената академијаЦеловечерен концерт на АКУД „МирчеАцев“Промоција во звањето почесен професорна Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“во Скопје на проф. др Пламен Легкоступ
• Curriculum vitae• Предлогпрограма за работа наЕкономскиот институт во Скопје
................. 8...... 10
................................ 12
................................ 13......................................................... 14
... 15
......................................... 27...........30
Почитувајќи ја традицијата и оддавајќи гидолжната чест, заслуженото признание и високатапочит кон делото и историскиот завет на сесло-венските просветители - светите браќа Кирил иМетодиј, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје и оваа година подготви посебна програма зачествување на 61-годишнината од основањето и на24 Мај - патрониот ден на Универзитетот.
Централните свечени манифестации во рамки-те на Програмата посветена на одбележувањетона 61-годишнината од основањето на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржаа на 18и 19 мај оваа година.
Во присуство на бројни претставници на ака-демската заедница на УКИМ, свеченостите започ-наа на 18 мај во аулата на Универзитетот.Присуството и учеството во церемонијалната про-грама на гостите од десетина универзитети одЕвропа со кои УКИМ има академска, наставно-науч-на и културна соработка, како и присуството напретставниците на другите универзитети одРепублика Македонија ги збогатија свеченостите.
„Првиот ден од чествувањето на патронатотго посветуваме на нашата најголема гордост, тоашто го прави УКИМ препознатлив, единствен итешко достижен на овие простори и пошироко –нашите студенти и наставно-научни работници.Се собравме денес на овој свечен чин, да им оддадемедолжно признание на најдобро дипломираните сту-денти на нашиот Универзитет, на студентитекои со својата одличност, можеби за нијанси се из-двоија од нивните колеги и станаа први меѓу еднак-вите по квалитет во својата генерација. Истовре-мено, денес на пензионираните наставно-научниработници им оддаваме признание и благодарностза нивниот голем придонес во развојот и унапреду-
ДДООССТТООИИННССТТВВЕЕННОО ООДДББЕЕЛЛЕЕЖЖУУВВААЊЊЕЕ ИИ ЧЧЕЕССТТВВУУВВААЊЊЕЕ ННАА ППААТТРРООННИИООТТ ДДЕЕНН ННАА УУККИИММ
3универзитетски весник - број 106
ДДООССТТООИИННССТТВВЕЕННОО ООДДББЕЕЛЛЕЕЖЖУУВВААЊЊЕЕ ИИ ЧЧЕЕССТТВВУУВВААЊЊЕЕ ННАА ППААТТРРООННИИООТТ ДДЕЕНН ННАА УУККИИММ
вањето на севкупните дејности на УКИМ и вложени-от труд во создавањето високообразовани кадри коиимаат значајна улога во развојот на Република Маке-
донија во сите области и дејности“ – рече ректоротпроф. д-р Велимир Стојковски во своето поздравно ипригодно обраќање.
Потоа, ректорот Стојковски им доделипофалници на 20 најдобро дипломиранистуденти на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј” воСкопје, коистудиите гизавршиле ворамките наредовнитероковиутврдени состатутите нафакултетите,но не подоцнаод 6 месеци одденот наапсолвирањето,со просечнаоценканајмалку 9,00.
Врз основа на Одлуката за формирање Универзитет-ски фонд за доделување награди на талентирани и ди-пломирани студенти, на најдобро дипломираните сту-денти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје во учебната 2008/2009 година, кои студиите гизавршиле во рамките на редовните рокови утврдени состатутите на факултетите, но не подоцна од 6 месе-ци од денот на апсолвирањето, со просечна оценка нај-малку 9,00, им се доделува Пофалница на:
1. Александра Каневче, дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, насока: информатика и компјутерско инженерство, со просечна оценка 10,00.2. Јане Јовановски, дипломирал на Природноматематичкиот факултет во Скопје, студии по физика физика и компјутерски науки, со просечнаоценка 10,00.3. Јорданка Кацарска, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, Катедраза романски јазици италијански јазик и книжевност, преведувачка насока, со просечна оценка10,00.
* * *
4. Сања Сарафиловска, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје,Катедра за романски јазицииталијански јазики книжевност, преведувачка насока, со просечна оценка 10,00.5. Стефан Кувенџиев, дипломирал на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, нанасоката дизајн и менаџмент во хемискатаиндустрија, со просечна оценка 10,00.6. Симона Марковска, дипломирала на Градежниот факултет во Скопје, конструктивнанасока, со просечна оценка 10,00.7. Розета Николовска, дипломирала на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” воСкопје, насока: предучилишно воспитание, сопросечна оценка 10,00.8. Христијан Талевски, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, Институт за историја на уметноста и археологија, насока: археологија, со просечна оценка 9,98.9. Борислав Кондов, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, насока: општа медицина, со просечна оценка 9,94.10. Блашка Миева, дипломирала на Факултетотза ликовни уметности во Скопје, Сликарски оддел, конзервација и реставрација, со просечна оценка 9,92.
4 универзитетски весник - број 106
17. Филип Стамевски, дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек:хармоника, со просечна оценка 9,57.
11. Јордан Ѓурчески, дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, со просечна оценка 9,91.12. Маја Волкановска, дипломирала наЕкономскиот факултет во Скопје, департман за сметководство и ревизија, со просечна оценка 9,90.13. Марија Мирчевска, дипломирала наФакултетот за земјоделски науки и хранаво Скопје, насока: преработка на земјоделски производи, со просечна оценка9,88.14. Елеонора Ангеловска, дипломирала наМашинскиот факултет во Скопје, насока:индустриско инженерство и менаџмент,со просечна оценка 9,84.15. Ирена Цуцулоска, дипломирала наПравниот факултет „Јустинијан Први” воСкопје, правни студии, со просечнаоценка 9,69.16. Марија Зафирова, дипломирала наФармацевтскиот факултет во Скопје, сопросечна оценка 9,67.
18. Тодор Досевски, дипломирал на Факултетот зафизичка култура во Скопје, насока: физичка култура, со просечна оценка 9,54.19. Јасмина Палашевска, дипломирала на Шумарскиот факултет во Скопје, насока: проектирање и технологија на мебел и ентериер, со просечна оценка 9,49.20. Симона Тоскиќ, дипломирала на Факултетот задрамски уметности во Скопје, отсек: продукција,со просечна оценка 9,37.
* * *
5универзитетски весник - број 106
. . . . Потоа, свеченоста продолжисо доделувањето награди одФондацијата „ДимитарСтамболиев“ . . . .
Основачот и донатор на Фондацијата „Проф. д-рДимитар Стамболиев”, редовен професор на Машинскиотфакултет во пензија, традиционално доделува годишнанаграда за одличен успех постигнат во текот на студи-рањето. „Фондот е формиран од авторските хонорариостварени во текот на 35-годишното издавање на десе-тина основни универзитетски учебници од областа намашинските елементи и конструкции за 2. и 3. степен настудии, во повеќе изменети и дополнети изданија, како ина два комплета билтени на МАНУ„Македонска термино-логија”, од областа на машинската техника, чии терми-ни се преведени на 6 јазици. Наградата е од каматата наорочените средства на Фондот. Оваа година наградата„Димитар Стамболиев” им се додели на:
1. Горан Николовски, Машински факултет, со просечна оценка 9,34;
2. Борисав Кондов, Медицински факултет, со просечна оценка 9,94.
Досега од средствата од оваа Фондација се доделени 11 награди.
* * *
. . . . Церемонијата продолжи сододелување повелби наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј” во Скопје, по поводпензионирањето, а во знак напризнание за придонесот воразвојот и унапредувањето нанаставно-образовната и научнатадејност на Универзитетот. Беадоделени 47 повелби . . . .
Врз основа на чл. 4 од Одлуката за установување Пла-кета и Повелба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”во Скопје, по повод пензионирањето, во знак на признаниеза придонесот во развојот и унапредувањето на наставно-образовната и научната дејност на Универзитетот, им седоделува Повелба на:
1. др Тодор Ановски, редовен професор2. дрЉубомир Арсов, редовен професор3. др Костадин Николовски, редовенпрофесор4. др Василка Најденова, редовен професор
5. др КостадинкаЉапчева, редовенпрофесор6. др Ефтимија Христова, редовен професор7. др Снежана Брезовска, вонреден професор8. др Билјана Марина, вонреден професор9. проф. Марија Соларова, редовен професор10. мр Симеон Танев, редовен професор11. др Блажо Димитров, редовен професор
12. др Фанија Поповска, редовен професор13. др Александрина Илиева, редовенпрофесор14. др Славчо Митев, редовен професор15. др Мирко Спасеноски, редовен професор16. др Марија ГеоргиеваИванова, редовенпрофесор17. др Крсте Богоески, редовен професор
6 универзитетски весник - број 106
18. др Тодор Аџиев, редовен професор19. др Анание Илиевски, редовен професор20. Чедомир Цветановски, лектор21. др Нешит Садику, редовен професор22. др Сејфедин Харуни, редовен професор23. др Перко Колевски, редовен професор24. др Стојанка Костовска, редовен професор25. др Елена Џајковска, редовен професор26. др Глигор Џолев, редовен професор27. др Климент Каровски, редовен професор28. др Јовица Угриновски, редовен професор29. др Владимир Симовски, редовен професор30. др Михаилчо Токарев, редовен професор31. мр Цветанка Симоновска, редовенпрофесор
32. Владимир Бошковски, редовен професор33. Мица Стакинова, асистент34. дрЖивко Грујовски, вонреден професор35. др Миодраг Мицајков, редовен професор36. др Мирјана ПоленакАќимовска, редовенпрофесор37. др Верка Трајкова, редовен професор38. др Трајан Панев, редовен професор39. др Коста Аџиевски, редовен професор40. др Христо Карталов, редовен професор41. мр Лила Стошиќ, асистентистражувач42. др Димка Митева, научен советник43. др Видоја Трпески, редовен професор44. др Лазар Сиваков, редовен професор45. др Стојан Беличовски, редовен професор46. др Наумче Белковски, редовен професор47. др Трајко Русевски, редовен професор
Настапот наКвартетотфлејти„Аулос“, наФакултетот замузичкауметност приУниверзитетот„Св. Кирил иМетодиј“ воСкопје, и дадедостоинствени свечен тонна целатацеремонија.
* * *
7универзитетски весник - број 106
Вечерта, АКУД„Мирче Ацев“
одржацеловечерен
концерт во којуживаа и
претставницитена странскитеуниверзитети.
Следниот ден, 19 мај,пред споменикот на се-словенските просвети-тели, браќата Кирил иМетодиј, кој се наоѓа воцентралниот дел наУниверзитетскиот кам-пус, во координација соМакедонската право-славна црква и Богослов-скиот факултет „Св.Климент Охридски“ сеодржа традиционални-от молебен. Со молебе-нот чиноначалствува-ше неговото блажен-ство г.г. Стефан, архи-епископ охридски и маке-донски. Со положување
* * *
* * *
8 универзитетски весник - број 106
свежо цвеќе на споменикот на нашите патрони,достојна чест и признание одадоа актуелнатаректорска гарнитура, странските гости во чие имесвежо цвеќе положи проф. Анте Углешиќ, ректор наУниверзитетот во Задар, Хрватска, како и делегаци-јата на студентите на УКИМ предводена од прет-седателот на Студентскиот парламент, г. ИванЖивковски. Исто така, својата почит со полагањесвежо цвеќе ја одадоа и деканите и директорите наединиците на УКИМ.
* * *
Врз основа на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј” во Скопје и Одлуката за доделување Плакетана Универзитетот, ректорот на Универзитетот ја донесеследнава
О Д Л У К Аза доделување Плакета на Универзитетотза 2010 година, за значајни остварувања
поврзани со високообразовната,научноистражувачката и културната
дејност и афирмација на Универзитетотво земјата и во странство
Член 1По повод 24 Мај - патрониот ден на Универ-
зитетот, Плакета на Универзитетот за 2010 година, заостварувања поврзани со развојот на високообразов-ната, научноистражувачката и културната дејност и заафирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”во Скопје, во земјата и во странство, им се доделува на:
• г. Живко Мукаетов, генерален директор и прет-седател на Управниот одбор на Алкалоид АД –Скопје;
• г. Стојан Давчев, генерален директор на„Дасто“ ДООЕЛ – Скопје.
Член 2Плакетата се доделува на 19.5.2010 година.
Член 3Оваа Одлука стапува во сила со денот на доне-
сувањето.
РекторПроф. д-р Велимир Стојковски
Исто така беше одржана и свече-ност на која беше доделено звањетопочесен професор во областа наликовните уметности на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје,
на проф. д-р Пламен Легкоступ, рек-тор на Универзитетот „Св. св. Кирили Методиј” во Велико Трново, Бугарија.
По церемонијата на положувањесвежо цвеќе, во аулата на Ректора-тот се одржа пригодна свеченост накоја ректорот проф. д-р Велимир Стој-ковски им врачи плакети на Универзи-тетот на: г. Живко Мукаетов, генера-лен директор и претседател на Управ-ниот одбор на Алкалоид АД – Скопје и г.Стојан Давчев, генерален директор на„Дасто“ ДООЕЛ – Скопје, за нивниот
придонес за развојот и афирмацијатана УКИМ во земјата и во странство.
Македонскиот византиски хор„Хармосини“, кој и оваа година наста-пи во рамките на свечената програмаза чествување на патронатот, пов-торно и даде несекојдневен, достоин-ствен и свечен тон на целата церемо-нија.
9универзитетски весник - број 106
Истата вечер празнувањето продолжи со одржу-вање на свечената академија, која се одржа во Маке-донската опера и балет во вечерните часови и којабеше проследена од целата македонска јавност прекудиректен пренос на Македонската радио-телевизија.
На академијата, пригодни беседи одржаа ректо-рот проф. д-р Велимир Стојковски, претседателотна Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов иминистерот за образование и наука, г. Никола Тодо-ров (нивните беседи ги објавуваме во целост). При-сутните ги поздрави и претседателот на Студент-
скиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, г. Иван Живковски.
Програмата на културно-уметничкиот дел наакадемијата беше застапена со традиционалнамакедонска музика со современ аранжман, и тоа сонастапот на: Биг-бендот, оркестарот на народниинструменти и ансамблот „Сонант“ при Факул-тетот за музичка уметност на УКИМ. Диригент напрограмата беше маестро Кире Костов, а солисти:Драган Даутовски, Александра Поповска и ЖивојинГлишиќ.
Во рамките на севкупната свечена програманастапија хорот „Драган Шуплевски“- диригент:г. Саша Татарчевски и хорот на АКУД „Мирче Ацев“ –диригент: Катерина Вескоска.
* * *
Исто така беше одржана и свече-ност на која беше доделено звањетопочесен професор во областа наликовните уметности на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје,
на проф. д-р Пламен Легкоступ, рек-тор на Универзитетот „Св. св. Кирили Методиј” во Велико Трново, Бугарија.
По церемонијата на положувањесвежо цвеќе, во аулата на Ректора-тот се одржа пригодна свеченост накоја ректорот проф. д-р Велимир Стој-ковски им врачи плакети на Универзи-тетот на: г. Живко Мукаетов, генера-лен директор и претседател на Управ-ниот одбор на Алкалоид АД – Скопје и г.Стојан Давчев, генерален директор на„Дасто“ ДООЕЛ – Скопје, за нивниот
придонес за развојот и афирмацијатана УКИМ во земјата и во странство.
Македонскиот византиски хор„Хармосини“, кој и оваа година наста-пи во рамките на свечената програмаза чествување на патронатот, пов-торно и даде несекојдневен, достоин-ствен и свечен тон на целата церемо-нија.
10 универзитетски весник - број 106
ПОЧИТУВАНИ,Имам особена чест да ве поздравам и да ви се обратам на овој голем празник – шеесет и првата годишнина од основањето на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје. Со особено задоволство ги поздравувам нашите драги пријатели, ректори и претставници на универзитетите од странство, кои нè удостоијасо своето присуство.Деновиве го чествуваме големиот празник на нашиот Универзитет нашиот патронат. Денешниовден не е празник само на Универзитетот, туку и на Република Македонија. Името на сесловенските просветители и сопокровители на Европа го слават сите народи на кои светите браќа им ја вдахновиле писменоста и им го покажале патот на светлината.„...Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво?Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не годишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите другинароди и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не можеда го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?...“Со овие зборови, Константин Кирил Филозоф во9 век го бранел македонскиот (словенскиот) јазикпред тријазичниците.Користејќи го македонскиот говор од околинатана неговиот роден Солун, кој го знаел од детството,Константин ја составил првата словенска азбука. Говорот на Македонците од Солунско го издигнал на нивона прв книжевен јазик. Битката за писменоста, понеговата смрт не престанала. Неа ја продолжил неговиот брат Методиј. Преку Климент, Наум, Ангеларији низа истакнати македонски дејци, таа битка за постојано знаење продолжува и денес на Универзитетот„Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, како духовен наследник на просветителската вековна традиција, чии основи ги поставиле сесловенските првоучители Кирил иМетодиј.Да се имаат за патрони светите браќа Кирил иМетодиј, да се биде достоен наследник на нивното
епохално дело, не е само чест и гордост, туку и обврска за сите нас. Универзитетот е место каде што сестекнуваат знаења и нема сомневање дека во времетово кое живееме, знаењето и неговата примена сеединственото нешто што може да му донесе напредокна општеството. Оттука, нашата образовна, научна иопштествена одговорност е уште поголема.Интелектуалниот капитал на Универзитетот,научните достигнувања, научноистражувачкитепроекти, квалитетот во образованието, меѓународната соработка, нашата работа и посветеноста нанашата мисија, се она што широко го афирмиранашиот Универзитет во регионални и меѓународнирамки.Како резултат на долгогодишната традиција иквалитетот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје остварува успешна билатерална соработка соповеќе од 80 еминентни универзитети во светот иголем број академски мрежи (UNICA, EUA, IAU,CEEPUS, CEI, Европската агенција за атомскаенергија, Балканската мрежа на универзитети, UNIADRION, ERASMUS, BASILEUS и др.).Развивањето заеднички студиски програми и заеднички дипломи во сите циклуси додипломски,постдипломски и докторски студии на интернационално ниво, е една од особено значајните стратегиски цели на Универзитетот, што е непосредно поврзано и со зголемувањето на мобилноста на студентите и на наставниците. Универзитетот ги поттикнува и создава предуслови за развивање заедничкистудиски програми со имплементација на соодветнамобилност, како и остварување размена на знаења иискуства на наставен и научен план.На тој начин се поврзуваат и се користат академските ресурси и културните традиции и се обезбедуваимплементација на европската димензија во високото образование и науката, во соработка со постојнитеи идни партнери. Креирањето заеднички студискипрограми, всушност, претставува имплементација надел од болоњските препораки.На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има 11 меѓународни заеднички студиски програми,
ББЕЕССЕЕДДАА ННАА РРЕЕККТТООРРООТТ
ППРРООФФ.. ДД--РР ВВЕЕЛЛИИММИИРР ССТТООЈЈККООВВССККИИ
ННАА ССВВЕЕЧЧЕЕННААТТАА ААККААДДЕЕММИИЈЈАА
ООДДРРЖЖААННАА ППОО ППООВВООДД ППААТТРРООННИИООТТ
ППРРААЗЗННИИКК ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ
11универзитетски весник - број 106
кои се креирани и се реализираат во соработка со над35 партнерски универзитети од странство. Тој е единствен универзитет во државата кој има потпишанодоговори за двојни дипломи со универзитетите воФиренца, Орлеан, Сорбона, Бохум и Лунд. Овие студиски програми им овозможуваат на нашите дипломирани студенти надградени искуства и знаења, какои престој и усовршување во други универзитетски средини.Иако со големи финансиски тешкотии, продолжувајќи ја историската мисија за ширење на јазикот,нашиот Универзитет денес одржува 11 лекторати воуниверзитетските центри во кои се изучува македонскиот јазик, но и литература и култура. Тоа се нашителекторати во Тирана, Краков, Сосновјец, Крајова,Москва, Истанбул, Будимпешта, Париз, Брно, Прагаи Риека, како и 18 центри во кои се изучува македонскиот јазик во Австралија, Германија, Канада, Полска, Русија, САД, Словенија, Словачка, Србија и Хрватска, а по потпишаниот договор за соработка минатиот месец и пројавениот интерес, наскоро очекувамеда се започне со изучување на македонскиот јазик ина Универзитетот во Сеул, Јужна Кореја.Но, освен во образовниот процес, Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е широко етаблирани во сферата на иновациите и трансферот на технологии. Денес, по две години напорна работа, можемеда се пофалиме дека Европскиот информативен ииновативен центар во Македонија, чиј координатор еУКИМ, е полноправен член и партнер во Европскатамрежа на претпријатија, која работи под Европскатакомисија. Таа Мрежа е еден од клучните инструментиза реализација на Рамковната програма за конкурентност и иновации на Европската унија – CIP и во неачленуваат преку 600 партнерски организации од 44држави, кои даваат услуги на повеќе од 25 милионимали и средни претпријатија (МСП).Со воспоставување на контакт со Универзитетотили со која било од нашите партнерски институции,македонските мали и средни претпријатија можат даги добијат услугите од Мрежата, преку едношалтерски систем и бесплатно.Со тоа, УКИМ дава значаен придонес во подобрување на конкурентноста на македонската економијапреку зголемување на степенот на иновации и интернационализација на македонските МСП во бизниссферата, дисеминација на информации од доменотна политиките и иницијативите на ЕУ, наоѓање партнери за бизниссоработка, технолошка размена и заедничко учество во развојни проекти, обука, помош иподдршка на македонските субјекти за учество наединствениот европски пазар и во програмите на ЕУ,промоција на македонските традиционални и културни вредности итн.Сето ова недвосмислено покажува дека нашиотУниверзитет не само што е водечки во земјата посвојата поврзаност со меѓународните академски заедници и истражувачки мрежи, туку и преку различниформи на креативна соработка го следи темпото наглобалните научни, технолошки и образовни иновации.
Да потсетиме, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како академска заедница на професорите, соработниците и студентите, е основан во 1949година, врз темелите на вековната просветителскатрадиција во Македонија и нашата најстара членка –Филозофскиот факултет, кој оваа година одбележува90 години од своето постоење. И покрај тоа што Универзитетот во изминатата година ги направи најголемите реформи од своето основање, трансформирајќи се во интегриран универзитет, нè очекувауште многу труд и многу работа. Благодарение на силата на духот и таа енергија што сите нас нè сплотуваи нè одржува на оваа наша Alma Mater, благодарениена пожртвуваноста на сите оние кои дел од својот живот вградиле во нашиот Универзитет, го зачувавмеУниверзитетот кој денес има скоро 50.000 студенти и3.300 професори и соработници. По својата организациска структура, тој е современ, функционално интегриран и отворен европски универзитет, заедницана 22 факултета, 5 научни институти и 10 придружничленки. Универзитет на кој согласно со европскиоткредиттрансфер систем се реализираат повеќе од200 студиски програми од прв циклус студии и над270 студиски програми од втор циклус студии, а околу 50 студиски програми од трет циклус – докторскистудии (со околу 100 потпрограми) се во постапка заакредитација.Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,како најстар и најголем храм на знаењето во државата, негувајќи ги капиталните вредности создавани вонеговиот развој, со своите 127.000 дипломирани студенти, повеќе од 5.300 специјалисти и магистри иповеќе од 2.700 доктори на науки од сите наставнонаучни области, е значаен актер во развитокот на европското општество на знаење.Тој е дострел во сопствената синтеза на квалитетот и квантитетот, тој е есенцијална супстанција нанашиот оптимизам, влог во опстанокот, гаранција занаучниот, стручниот и воопшто интелектуалниот напредок, поттик на општественот развиток, како и услов за приближување кон Европската унија и хармонизација на сите полиња согласно со европските исветските стандарди.ПОЧИТУВАНИ ПРИСУТНИ, ДАМИ И ГОСПОДА,Во овие празнични мигови, кога одбележуваме 61година од основањето на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, се потсетуваме дека без оглед насите тешкотии низ кои сме минале и минуваме, нашиот Универзитет се одржал и ќе се одржи затоа штоима благородна мисија. Затоа што се темели на идеалите на науката и хуманизмот. И на крајот, затоа штосо својот потенцијал Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ носи историска одговорност во создавањетовредносни системи во образованието, науката и културата, како најважни елементи на духовната сила ипросперитетот на Македонија.Нека ни е честит и вечен празникот.VIVAT, CRESCAT, FLOREATACADEMIA !
12 универзитетски весник - број 106
ООББРРААЌЌААЊЊЕЕ ННАА ППРРЕЕТТССЕЕДДААТТЕЕЛЛООТТ ННАА
РР.. ММААККЕЕДДООННИИЈЈАА,, ДД--РР ЃЃООРРГГЕЕ ИИВВААННООВВ,,
ННАА ССВВЕЕЧЧЕЕННААТТАА ААККААДДЕЕММИИЈЈАА ООДДРРЖЖААННАА
ППОО ППООВВООДД ППААТТРРООННИИООТТ ППРРААЗЗННИИКК
ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ
М и претставува особено задоволство да ви гочеститам патрониот празник, денот на големите сесловенски просветители, светите браќа Кирили Методиј. Тие, со своето дело, нè задолжија сите нас.Кирил и Методиј веруваа во правото на секој народда го користи својот јазик. Тие ја рушеа догмата воспоставена од другите. Догмата дека насобраното знаење на Европа треба да се предава само на три избрани јазици. Дека е тоа некакво ексклузивно право натаканаречените стари народи и дека не е за другитеземји и луѓе.Сесловенските просветители ја напуштија удобноста на царската палата во Константинопол, и заминааво просветителска мисија. Мисија за ослободување насловенските народи од незнаењето. Мисија за градење на заедништво на сите европски народи под истиуслови и еднаков пристап до словото.Светите браќа биле подготвени да ја жртвуваатсвојата слобода и својот живот, за да го одбранат правото сите народи да зборуваат на својот јазик, и тоада не биде пречка за размена на мисли и идеи.Кирил и Методиј биле прогонувани. Кирил починал во Рим, а Методиј го завршил својот овоземен живот во зандана. Историјата постојано нè става предвакви предизвици. Но, тоа не треба да нè обесхрабрува. Предизвици имало, има и секогаш ќе има.Тогаш тоа била одбрана на правото на сите народи на знаење и верување. Денес е одбрана од ониешто сакаат да живеат и да профитираат од затвореноста, недовербата и непријателството.Делото на Кирил и Методиј не згасна. Нивнитеученици го одбранија и го вратија на изворот, воКлиментовиот универзитет. И повторно, знаењето сеширеше од овие простори, но сега преку кирилицата.Денес, тоа е одбрана од оние што сакаат да ја пресечат комуникацијата и разбирањето меѓу народите.Како што тогаш победија оние што се залагаа зада се подигне нивото на знаење на народите, такаденес ќе победат оние што се залагаат за вистинско иискрено помирување и разбирање меѓу народите.За нивното дело, признанието дојде дури во дваесеттиот век, кога папата Јован Павле II на 31 декември 1980 година, во своето апостолско посланиеEGRIGAE VIRTULIS ги прогласи за копокровители наЕвропа, заедно со свети Бенедикт. Кирил и Методиј
го дадоа својот влог во Европа, европската култура ицивилизација. Знаењето кое го проширија во Европаденес ни се враќа, и ние тоа треба да го искористиме.Почитувани,Образованието треба да развие целосна креативност и повисока состојба на свеста и да создаде граѓани способни да ги исполнат своите највисоки аспирации, а истовремено да придонесат максимално занапредокот на општеството.Со користењето на најголемото национално богатство на Македонија – бесконечната креативностна нејзините граѓани – ефикасното образование може да обезбеди национален просперитет и меѓународна компетентност.Ако некогаш борбата била образованието да бидена мајчин јазик, денес борбата е образованието дабиде и подостапно за сите. Преку високото образование, Македонија е веќе дел од европскиот отворенобразовен простор. Простор во кој полесно патувамеи поради визната либерализација.Со реформите кои се спроведуваат, европскитевредности стануваат наши вредности. Вклучувањетона Македонија кон болоњскиот процес значи потврдана започнатите реформи. Значи и примена на европските добри практики и стекнати искуства. Студентотповторно е централен субјект на образовниот процес.Знаењето на македонските студенти се третираеднакво како и знаењето на нивните колеги од западноевропските земји. Со тоа, студентите од Македонија застанаа на истата почетна линија како и студентите од другите европски земји. За сите нив важат истите образовни стандарди и правила во овој голем, сеевропски академски натпревар.Но, болоњските образовни принципи потребно еда се применат не само кон надвор, туку и дома, воМакедонија. Потребна е мобилност. Мобилност несамо кон европскиот образовен простор, туку и воМакедонија. Мобилност во рамките на нашитеуниверзитети и нашите факултети. Мобилност која јазацврсти здравата конкуренцијата која создава нов иподобар квалитет.Сето ова нè исправа пред прашањата: Што е суштината на образованието?
13универзитетски весник - број 106
За што се едуцираат нашите млади?Што е целта на прифаќањето на европските вредности?Дали само да бидат потрошувачи на европскатакултура, или да бидат и нејзини креатори?Почитувани,Не е доволно да се знае. Знаењето мора да се примени. Неопходно е поврзување на знаењето со потребите на секојдневниот живот.Знаењето е во функција на индивидуалниот успехкој ќе донесе колективен успех. Развојот на земјатазависи од придонесот на образованието. Денес смесведоци на големото селење на моќта. Денес, моќнисе оние држави и општества кои продуцираат илипривлекуваат високообразовани, квалификувани поединци, иноватори и лидери во своите стручни области.Затоа, треба да се прифати сфаќањето на образованието како континуирано, доживотно учење.За колку време застарува знаењето?Познато е дека денес, насекаде, знаењето кое студентите на техничките, информатичките или медицинските науки го стекнуваат во текот на студиите, евеќе застарено штом ќе дипломираат. Оттука произлегува насушната потреба за постојано надградувањеи усовршување. Само така може да се биде конкурентен на глобалниот пазар на знаењето.Знаењето денес е достапно, но треба да се научида се размислува со своја глава. Имагинацијата е поважна од знаењето, бидејќи знаењето ни кажува штово моментов знаеме и разбираме. Имагинацијата ниукажува на сето она што можеме да го откриеме и создадеме.
Ајнштајн рекол: „Умот функционира како падобран, имаме корист од него само кога е отворен“. Соотворениот ум, студентите стануваат сосема блискисо изворите на сето знаење и изворите на севкупнитеакадемски дисциплини. Со отворениот ум, студентите се чувствуваат блиски со сето знаење и со секоеподрачје од студиите. Стекнуваат образованиезасновано на свеста.Затворениот ум создава ксенофобичност, стравови и предрасуди. Образованието кое го отвора умотпридонесува за интеграција на поединецот воопштеството и во глобалниот свет. Целта наобразованието е празниот ум да го замени со отворенум. Зошто? Затоа што окото го гледа само она штоумот е подготвен да го сфати.Почитувани,Македонија и македонскиот високообразовен систем продуцираат квалитетни кадри кои често се пробиваат до најпознатите европски и светски академски и истражувачки центри. Затоа, и покрај сите предизвици со кои се соочува нашиот образовен систем,не треба да се потценуваме.Како што кажува една стара мудрост – кругот насознанието се затвора на крајот од вечноста. Секојагенерација го темели својот напредок врз претходните, наследените знаења. Македонија и македонскотообразование имаат цврсти и здрави темели. Темеликои ги поставија токму светите браќа Кирил и Методиј. Темели на кои се надоврзаа македонските преродбеници. На нас е да продолжиме да чекориме потој пат.Ви благодарам.
ООББРРААЌЌААЊЊЕЕ ННАА ММИИННИИССТТЕЕРРООТТ ЗЗАА ООББРРААЗЗООВВААННИИЕЕ
ИИ ННААУУККАА,, ГГ.. ННИИККООЛЛАА ТТООДДООРРООВВ,,
ННАА ССВВЕЕЧЧЕЕННААТТАА ААККААДДЕЕММИИЈЈАА ООДДРРЖЖААННАА
ППОО ППООВВООДД ППААТТРРООННИИООТТ ППРРААЗЗННИИКК
ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ
П очитуван прeтседател на Република Македонија,др ЃоргеИванов,Почитуван ректор на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“,проф. дрВелимирСтојковски,Почитуванипроректори,Почитувани декании директори,Почитуванипретставницина академската средина,Драги студенти,Дамии господа,
Ми претставува особена чест и големо задоволство што имам можност да бидам дел од свеченатаакадемија по повод одбележувањето на патрониотден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Задоволството е уште поголемо затоа што станува збор заинституција која е од особен национален интерес,институција која тесно се поврзува со темелите намакедонската држава, институција без која не можеше да се замисли втемелувањето и развојот на нашата земја.
14 универзитетски весник - број 106
Општо познат е ставот дека ниедна држава не може да опстане доколку не формира свој образовенсистем. Оттука, концептот на националната држава етесно поврзан со просветителскиот концепт.Воопштено, може да се каже дека карактерот на една држава етесно поврзан со тоа какво образование има, односнокои и какви знаења се усвојуваат. Значењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ има токму таква,државотворна функција.Во својот шеесетгодишен развој, кадрите на овојУниверзитет постојано се присутни на јавната сценаво Македонија, како дел од тимот кој работи на прогресот на државата. Без оглед на тоа кој систем билна власт, која влада раководела со земјата, овој Универзитет постојано и активно го дава својот придонескон изнаоѓањето најсоодветни решенија за горливипроблеми, но и за постојан економски, техничкотехнолошки и општ развој. Со своите 22 факултета и со10те научни институти, Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ во плуралниот простор на високото образование во Македонија и натаму го држи приматот нанајголем и профилски најразгранет универзитет.Почитувани,Честитајќи ви го патрониот празник, Владата наРепублика Македонија и Министерството за образование и наука вложуваат и ќе вложуваат во развојотна овој Универзитет, но едновремено и ќе сметаат наинтелектуалните способности и професионални вештини на кадрите од различни области. Посакувајќиви натамошни успеси во образовната и научната дејност, сакам да истакнам дека дострелите на овој Универзитет, како и на образованието во целина, јагарантираат стабилноста и просперитетот на нашатадржава во целост.Благодарам за вниманието.
В орамките на програмата за прослава на патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, традиционално се одржа свечениотконцерт на АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје на 18 мајо.г. во Домот на Армијата со почеток во 20,00 часот.Во присуство на ректорот проф. др Велимир Стојковски,проректорите проф. дрЕленаДумоваЈованоска, проф. др Моме Спасовски, проф. др Коле Василевски, проф. др Пеце Недановски, претставницина академската заедница на УКИМ, како и гости одевропските универзитети, настапија сите ансамблина Друштвото, изведувајќи целовечерна програма.Фолклорниот ансамбл настапи со „Калајџиско“,„Водарка“, „Долна Преспа“, „Жетварка“, „Тресеница“,како и сплет на игри од Источна Македонија.Академскиот хор на „Мирче Ацев“ настапи со„Љубовна приказна“, „Канкан“ на Жак Офенбах,како и со популарната композиција на Мекдермот одмјузиклот „Коса“, „Доба на водолијата“.
Гостите на концертот можеа да уживаат и во оркестарската и вокалната изведба на народниот и изворен оркестар.
ННаа 1188 ммаајј ввоо ДДооммоотт ннаа ААРРММООДДРРЖЖААНН ЦЦЕЕЛЛООВВЕЕЧЧЕЕРРЕЕНН ККООННЦЦЕЕРРТТ ННАА ААККУУДД „„ММИИРРЧЧЕЕ ААЦЦЕЕВВ““
15универзитетски весник - број 106
Од реализацијата на програмата за странските гости
ППРРООММООЦЦИИЈЈАА ВВОО ЗЗВВААЊЊЕЕТТОО ППООЧЧЕЕССЕЕНН ППРРООФФЕЕССООРР ВВОО ООББЛЛААССТТАА ННААЛЛИИККООВВННИИТТЕЕ УУММЕЕТТННООССТТИИ ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ „„ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ”” ВВОО
ССККООППЈЈЕЕ ННАА ППРРООФФ.. ДД--РР ППЛЛААММЕЕНН ЛЛЕЕГГККООССТТУУПП,, РРЕЕККТТООРР ННААУУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ ВВОО ВВЕЕЛЛИИККОО ТТРРННООВВОО,, ББУУГГААРРИИЈЈАА
61-годишен јубилеј на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј” во Скопје (1949-2010)
Во рамките на одбележувањето на патронатот на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 18 и 19 мај оваа година,Универзитетот реализираше програма со која се одбележаа 61 го-дина од постоењето. Со своето присуство Универзитетот го удо-стоија претставници од неколку странски универзитети, со коиУниверзитетот остварува долгогодишна плодна соработка: проф.Марија Шишинова, заменик ректор, Универзитет „Св. КлиментОхридски” во Софија, Бугарија; проф. Пламен Легкоступ, ректор,проф. Петко Петков, проректор и проф. Милен Михов, помошникректор, Универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј” во Велико Трново,Бугарија; проф. Мирољуб Гроздановиќ, ректор, проф. Драган Дениќ,проректор, проф. Властимир Ѓокиќ, проректор и проф. ДраганАнтиќ, декан, Универзитет во Ниш, Србија и проф. Анте Углешиќ,ректор и проф. Владимир Скрачиќ, проректор, Универзитет воЗадар, Хрватска.
На 18 мај 2010 година, претставници од странските универ-зитети присуствуваа на целовечерниот концерт на АКУД ”МирчеАцев”.
На 19 мај 2010 година, во името на странските гости, ректоротна Универзитетот во Задар, проф. А. Углешиќ положи цвеќе на спо-меникот на светите браќа Кирил и Методиј. Чествувајќи ја тради-цијата, беше одржан и молебен, со кој чиноначалствуваше архие-пископот охридски и македонски - неговото блаженство г.г.Стефан.
Во рамките на програмата беше одржана свечена промоција возвањето почесен професор во областа на ликовните уметности наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на проф. д-р Пла-мен Легкоступ, ректор на Универзитетот „Св. Св. Кирил и Мето-диј” во Велико Трново, Бугарија.
Врз основа на чл. 144, ст. 1 од Законот за високотообразование и член 294 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а на предлог наФакултетот за ликовни уметности, во знак на признание за остварената соработка во областа на ликовните уметности меѓу двата универзитета, особено вообласта на ликовната педагогија и графичкото творештво, за неговиот придонес во развојот и афирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје, како и заложбата за основање на Асоцијаци
јата на универзитетите кои го носат името на светитебраќа Кирил и Методиј, на 19 мај 2010 ректорот наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопјепроф. др Велимир Стојковски на свечен начин изврши промоција во звањето почесен професор вообласта на ликовните уметности на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј” во Скопје на проф. др ПламенЛегкоступ, ректор на Универзитетот „Св. св. Кирил иМетодиј” во Велико Трново, Бугарија.
Промоторска реч на проф. д-р Ди-митар Малиданов, декан на Фа-култетот за ликовни уметности задоделување на звањето почесенпрофесор во областа на ликов-ните уметности (professor honoriscausa) на проф. д-р Пламен Легко-ступ, ректор на Универзитетот„Св. св. Кирил и Методиј” од Ве-лико Трново, Бугарија
Проф. др Пламен Лекгоступ ероден на 4 април 1959 година во Велико Трново, Бугарија. Во 1983 година завршил студии по ликовна уметност, насока: графика. До 1986 година работел како слободен уметник, аод истата година е избран за асистент по теорија и методика на ликовната уметност на Педагошкиот факултет на Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“. Во
16 универзитетски весник - број 106
1997 година е избран за доцент по методика на ликовната уметност, а од 2007 година е професор и ректорна Великотрновскиот универзитет. Неговата докторска дисертација е на тема: „Ингегративна улога наликовната уметност за интелектуалниот развиток надецата од предучилишната возраст“.Творечкиот портрет на проф. др Пламен Лекгоступ може да се претстави во следниве насоки: неговите научни трудови од областа на теоријата, методиката и историјата на ликовната уметност (самостојни,а некои и во коавторство) вклучуваат 7 монографии,19 учебници и учебни помагала, 5 студии, статии воспецијализирани изданија, учество со трудови нанаучни конференции и симпозиуми во светот. Што сеоднесува до уметничкотворечките достигнувања одобласта на живописот, графиката, скулптурата и илустрацијата тие нашле израз во над 70 самостојниизложби во Бугарија, Македонија, Србија, Црна Гора,Австрија, Германија, Франција, Белгија, Русија иШвајцарија, како и 18 илустрации на книги и учебници.
Уметничките творби на овој познат автор се во сопственост на Националната уметничка галерија воСофија, уметничките галерии на Велико Трново и Разград, културниот центар AMORC во Париз, на Бугарскиот културноинформациски центар во Москва, наФондацијата ARTKIBIUS во Белгија, како и на многуприватни колекции во повеќе држави.Како резултат на неговата основна дејност, какотворец и уметник, наставник и научник, неговите трудови се публикувани во периодичните и специјализирани изданија во многу земји, со повеќе од 270 единици.Основоположникот на системското педагошко сознание, таткото на педагогијата на современото време,големиот хуманист и реформатор Јан Коменски, воедно од неговите дела, го воспостави во практикаренесансното начело на една од најплодотворнитепедагошки идеи да се открива светот пред детскиотмир и да се разбудува и развива детскиот разум, чувствителноста и творештвото низ богатството и силатасо внесување на сликовните нагледни средства и уметноста. Оваа идеја во последните неколку столетијаима различни свои приврзаници и реализатори, соодветно на специфичните особености и возможности насоодветното време. Сеобразната реализација во еденили друг степен и однос е одличје на педагошкоумет
ничкото творештво и дејност на научникотистражувач, уметник и универзитетски професор др ПламенЛегкоступ.Во контекст на горекажаното, педагошката класика, која е дел од научната и уметничка преокупацијана проф. Легкоступ, со својата актуелност и значајност се вбројува во современиот глобализирачкисвет, од гледна точка и со разбирањето на педагоготуметник за водечката хуманопедагошка потребности можност да се сочува и развива интегритетот надетската личност преку постигање на толку неопходното и хармонично единство во рационалноемоционалноволевата сфера.Проф. др Пламен Легкоступ, со својата работа воглобална сфера на дејствувањето, дава значаен придонес во иновативните методологии за зголемувањена ефективноста на воспитувачкиот процес, за ритуализација на училишниот живот, за воспоставување иусовршување на вонучилишната дејност и нејзинатарезултативност, во многу голем степен со методичноиздржана атрактивност. Имено, во контекст на овие
усилби, сега е многу потребен еден современ, иновационен трансфер на дидактичката уметност во односна целиот воспитувачки процес, со кој се карактеризира научнопедагошкото и уметничко творештво идејност на проф. Легкоступ.Проф. Легкоступ, како педагог уметник, го разоткрива процесот на комплексот од педагошките,психолошките и социјалните истражувања, односноод природата на феноменот дете и неговата особинада ја восприема уметноста.Посебно сакаме да потенцираме дека во оваа улога проф. Легкоступ ја следи креативноста на професористражувач, универзитетски професор и уметнички творец, за што е познат во регионот и пошироко. Освен на матичниот Универзитет, тој предавали предава како хонорарен и визитингпрофесор намагистерските програми на Софискиот универзитет„Св. Климент Охридски“, како и на Пловдискиот универзитет „Паисхиј Хиландарски“. Покрај тоа, држелпредавања и на Универзитетот МонсЕно во Белгија,Универзитетот во Гранада, Шпанија, Универзитетотво Лидс, Англија. Проф. Легкоступ ја популаризирасвојата научна работа преку предавачката дејност одобласта на теоријата, методиката и историјата на ликовната уметност, како и преку издавање на монографии и учебници, студии и статии во различни специ
17универзитетски весник - број 106
јализирани списанија. Тој е широко цитиран во многу престижни изданија од оваа област.Во својата биографија, значајно е да се напоменедека тој вршел и врши значајни функции во различни стручни организации и комисии, во Министерскиот совет и Консултативниот совет за образованиепри Министерството за образование и наука во Бугарија, како и во други здруженија.За својата досегашна работа тој е добитник на редица награди, меѓу кои ќе ги споменеме: златенмедал за комбиниран декоративен метод во животописот од ЕАST–WEST EURO INTELLECT – Софија,медал орден „Голема победа“ на Президиумот на националниот комитет за општествени награди Москва,почесната награда „Крст за заслуги“ на Рускатаакадемија на природни науки и др.И на крајот, сакаме да напоменеме дека проф. дрПламен Лекгоступ е иницијаторот за основањето наАсоцијацијата на универзитетите кои го носат иметона светите браќа Кирил и Методиј (во која членува инашиот Универзитет). Покрај тоа, остануваат забележани неговите заложби и искрена помош при размената на кадри на двата универзитета, а меѓу нив и на
професорите од Факултетот за ликовни уметности воСкопје.За особено значаен придонес во областа на ликовните уметности, особено во делот на ликовната педагогија, како и графичкото творештво како потеснаспецијалност во која делува проф. др Пламен Легкоступ, со совојата творечка, уметничка и педагошкаработа, за неговиот придонес во развојот и афирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје, преку која се остварува плодна соработка соФакултетот за ликовни уметности, изразена прекуреализација на престои на соработници и наставници од Факултетот на универзитетот во Велико Трново, организирани изложби во Р. Македонија, како инеговиот личен придонес во основањето на асоцијацијата на Универзитетите кои го носат името наСветите браќа Кирил и Методији, се предлага напроф. др Пламен Легкоступ, редовен професор науниверзитетот „Св. св. Кирил и Методиј” од ВеликоТрново, Бугарија, да му се додели титулата почесенпрофесор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје.
Реч на проф. д-р Пламен Легкоступ, РекторУниверзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ во ВеликоТрново, Бугарија при доделувањето на титулатапочесен професор (professor honoris causa) наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Почитувани членови на Сенатот,Уважен господин ректор,Драги декани, студенти и професори,Колеги и гости,Дами и господа,Во предвечерјето сме на денот, кога православните христијани го чествуваат денот на светите рамноапостоли, сопокровители на Европа, патроните наСкопскиот и на Великотрновскиот универзитет –браќата Кирил и Методиј.Пред повеќе од 1155 години тие ја создадоа словенската азбука. За тоа сведочи Црноризец Храбар во
својот труд „О писменех“. Во тоа дело, точно е посочен датумот на нејзиното создавање – 885 година поХриста, сметано по византискиот календар.Творбата на светите браќа – глаголицата, е феноменална. И повеќе од тоа, зашто за секој звук има изнак – достоинство, кое азбуките на повеќето другијазици и до денес го немаат. Научниците кои се занимаваат со глаголицата, го откриваат нејзиното многустрано и заштитувачко словенство и совршенствотона неговиот јазик. Таа азбука е едно послание, еднамолитва за духовност, писменост и просперитет.Подредувањето на буквените знаци има не самозвучно, туку и бројчано и смисловно значење. Самиот знак на глаголицата „аз“ има длабока филозофскасмисла. И тој, како и сите знаци во глаголицата, носибоженствена сила и можности на самата буква. Нододека глаголицата како сакрално писмо е создаденаза богослужбените книги, што било прва задача надвајцата браќа, таканаречената од Климент Охридски и од останатите ученици на Кирил и Методиј кирилица, е граѓанско писмо, писмо за сеопшта употреба. Над сé е нивната убеденост во силата на Христовото учење, нивната осознаена волја да се трудатза „спасението на словенскиот род“, со кој се врзанипо раѓањето.Но, едно се знаците, коишто дејствуваат врз умотпреку пораките поставени во нив, а сосема другонешто е писменоста. Пораките во знаците се подложни на заборав. А писменоста го надминува заборавот.Во неа се изразува не само јазикот, туку и самобитноста, достоинството, политиката, независноста наеден народ.Истото важи и за уметноста. Преку знаците, кодирани во творбите, ние судиме за белезите кои еденнарод ги остава во времето и по кои судиме за тоашто се случило со векови наназад. Нашиот современик, на пример, тешко би го разбрал посланието, коего носи сликата на средовековниот уметник. Именувањето на сликата означува нешто, но тоа е сврзаносамо со предметите. Тајниот јазик на творбата, разбирлив само за уметникот и неговите современици,
18 универзитетски весник - број 106
често пати останува неслушнат. Што означуваат некои знаци, зошто во реката се превртува делфин, зошто, пак, е тука тоа барде или таа врата, или тој бисеростава загатка и започнува да те мачи мислата деканешто останало неразбрано? Многу симболи, знаци изначења од минатото денес се или неповратно загубени или заборавени.
Имено, тука на помош ни доаѓа познавањето науметноста. Како што не можеме да читаме без да јазнаеме азбуката на светите браќа, така сме и неукибез познавањето на знаците и симболите на уметноста. Преку интегративните врски на ликовната уметност се изградува вредносен однос кон резултатите одуметничката дејност. Се создава систем од критериуми и знаења за да се искажат аргументирани естетски судови, со што се полагаат основите на оценувачкиот однос кон околниот свет и естетскиот вкус, атоа доведува до стимулирање на интелектуалниот развиток на индивидуата. Постоењето на интегративните врски меѓу уметностите го развива восприемањетона естетските чувства, форми, естетскиот однос конреалноста и се дава стимул за творечко и индивидуално изградување на човекот.Словенството го чува и го развива делото на покровителите на Европа, св. Кирил и Методиј. Тоа имдало вдахновение на многу писатели, научници, уметници и интелектуалци, и на нивните творечки истражувања. Можеме да се гордееме со тоа што нашатаписменост постои повеќе од едно илјадалетие и денесе една од официјалните азбуки на обединета Европа.
Ќе си дозволам да цитирам некои мисли, мислиод упатствата на патријархот Фотиј, познат енциклопедист и реторичар, ректор на прочуената Магнаурска школа во Цариград и учител на св. Кирил, кој јаблагословил мисијата на светите браќа: „Многу патисловото отстапувало пред копјето. Но, и силата насловото во многу случаи ја затапувала острината на
војната и го сопирала пробивот на големите војски.Оттука, силата соединета со словото е двоен споменик на победата. Надежта ги засилува делата, а одпоследните се раѓа надежта. Но, ти кога ќе го умилостивиш Бога, не пренебрегнувај ништо од тоа што треба да го направиш и ќе ожнееш добри и големи надежи“.Дозволете ми да се надевам дека по денешниотчин, силата на нашите два универзитета ќе се удвои,за да можеме уште поуспешно да дефилираме возаедничкиот европски, а зошто да не и во светскиотобразовен простор.Од сé срце ви благодарам на сите вам, кои јаудостоивте мојата скромна личност со доделувањетона високото звање почесен професор на Скопскиотуниверзитет „Св. Кирил и Методиј“. Ја примам таачест како признание не само за моите усилби во областа на ликовната уметност, туку и како почит конуниверзитетот што го претставувам.Ви благодарам за вниманието.
19универзитетски весник - број 106
Универзитетскиот сенат донесе Одлука за потврдување на изборот на др Биљана Ангелова, научен советник, за директор на Економскиот институтво Скопје.Исто така, Универзитетскиот сенат донесе одлукиза избор во звањето редовен професор на: др ЈованПејковски, вонреден професор на Филозофскиотфакултет во Скопје, др Елена Петроска, вонреденпрофесор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на мр Мојца Седеу, вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје ина мр Катерина ГелебешеваКостадиновска,вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.Универзитетскиот сенат донесе Одлука за доделување на звањето почесен професор (PROFESSORHONORIS CAUSA) во областа на ликовните уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на проф. др Пламен Легкоступ, ректор наУниверзитетот „Св. св. Кирил и Методиј” во ВеликоТрново, Бугарија.Универзитетскиот сенат донесе Одлука за формирање Комисија за студентски жалби, во следниов состав: проф. др Божна Гаговска, за претседател, проф.др Елена ДумоваЈованоска, проф. др Татјана Миткова, Јагода Дренковска и член што ќе биде предложен од Студентскиот парламент. За заменици наКомисијата беа избрани: проф. мр Сабаудин Жута,заменикпретседател, проф. др Коле Василевски,проф. др Лидија Христова, Маргарита Шукуловска истудент што ќе биде предложен од Студентскиот парламент. Исто така, Универзитетскиот сенат донесеОдлука за формирање на Надзорен одбор наОПИТНО ПОЛЕ ДООЕЛ Скопје, а за членови беаизбрани: проф. др Коле Василевски, проф. др ДрагиДимитриевски, проф. др Маријан Кипријановски,проф. др Душко Мукаетов и проф. др СлободанБанџо.
22. седница на Универзитетскиот сенатППООТТВВРРДДЕЕНН ИИЗЗББООРРООТТ ННАА ДД--РР ББИИЉЉААННАА
ААННГГЕЕЛЛООВВАА ЗЗАА ДДИИРРЕЕККТТООРР ННААЕЕККООННООММССККИИООТТ ИИННССТТИИТТУУТТ
Универзитетскиот сенат, на седницата одржана на5.5.2010 година, го усвои глобалниот календар на активности и неработни денови во учебната 2010/2011година, a ги усвои и следниве проекти: за измени идополнувања на студиската програма од втор циклусстудии по дипломатија и меѓународни односи наПравниот факултет „Јустинијан Први“; за измени идополнувања на студиската програма од втор циклусстудии по физичка географија со геоекологија наПриродноматематичкиот факултет; за воведувањенова студиска програма од втор циклус студии поконзервација и реставрација на Факултетот заликовни уметности; за измени и дополнувања усогласување на студиската програма за академскимагистерски студии од областа на јавното здравствона Медицинскиот факултет во согласност со Законотза високото образование и актите на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“; за измени и дополнувања настудиската програма за трет циклусдокторски студии по земјотресно инженерство (предлагач и организатор: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија); за воведување трет циклусдокторски студии по машинство (предлагач и организатор: Машински факултет); за воведување третциклусдокторски студии по индустриско инженерство и менаџмент (предлагач и организатор: Машински факултет); за воведување студиска програма одтрет циклусдокторски студии по градежништво(предлагач и организатор: Градежен факултет); завоведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по геодезија (предлагач и организатор: Градежен факултет); за воведување третциклусдокторски студии по медицина, потпрограми (модули): базична медицина (предлагач и организатор: Медицински факултет), клиничка медицина (предлагач и организатор: Медицински факултет), молекулска медицина (предлагач и организатор: Медицински факултет); за воведување трет циклусдокторски студии по јавно здравство (предлагачи организатор: Медицински факултет); за воведување трет циклусдокторски студии по стоматологија,потпрограми (модули): реконструктивнопротетскастоматологија (предлагач и организатор: Стоматолошки факултет), превентивнореставративна иинтерцептивна стоматологија (предлагач и организатор: Стоматолошки факултет), орофацијална хирургија (предлагач и организатор: Стоматолошки факултет), болести на устата и парадонтот (предлагач иорганизатор: Стоматолошки факултет); за воведување трет циклусдокторски студии по фармација(предлагач и организатор: Фармацевтски факултет) иза воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по ветеринарна медицина (предлагач и организатор: Факултет за ветеринарна медицина).
23. седница на Универзитетскиот сенат
Универзитетскиот сенат, на седницата одржана на26.5.2010 година, ги усвои проектите: за воведувањетрет циклусдокторски студии по правни науки(предлагач и организатор: Правен факултет „Јустинијан Први“), потпрограми (модули): административно право, право на информатичка технологија,право на интелектуална сопственост (авторско и пронајдувачко право), правна реторика и аргументација,деловно право, финансово право, граѓанско право,историја на правото, казнено право, меѓународноправо, право на Европската унија, римско право, теорија на правото, уставно право; за воведување третциклусдокторски студии по политички науки, потпрограми (модули): политички систем (предлагач иорганизатор: Правен факултет „Јустинијан Први“),политички науки (предлагач и организатор: Правенпродолжуванастр.22
ССРРЕЕДДССТТВВАА ООДД ССООЛЛИИДДААРРННИИООТТ ФФООННДД ЗЗААФФААККУУЛЛТТЕЕТТООТТ ЗЗАА ФФИИЗЗИИЧЧККАА ККУУЛЛТТУУРРАА
20 универзитетски весник - број 106
Н а 27 мај о.г., во Ректоратот наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, преку промоцијата на брошурата „ЕУпрограми за малите и средните претпријатија воМакедонија“, издание на Европскиотинформативен и иновативен центарво Македонија (ЕИИЦМ), беше одбележана двегодишнината од постоењето на Центарот. ЕИИЦМ претставува конзорциумски проект финансиран од Европската комисија и одВладата на Република Македонија,
НА УКИМ ПРОМОВИРАНА БРОШУРАТА„ЕУ-ПРОГРАМИ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА“
Е В Р О П С КИ О Т И Н Ф О Р М АТ И В Е Н ИИ Н О В АТ И В Е Н Ц Е Н Т АР В О М АК Е Д О Н И Ј АО Д Б Е Л ЕЖА Д В Е Г О Д И Н И О Д С В О Е Т О
П О С Т О ЕЊ Е
21универзитетски весник - број 106
НА УКИМ ПРОМОВИРАНА БРОШУРАТА„ЕУ-ПРОГРАМИ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА“
каде што како партнерскиинституции освен Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје, кој е воедно и проектенкоординатор,влегуваат:Агенцијата за поддршка на претприемништвотонаРепубликаМакедонија, Стопанската комора наМакедонија и Фондацијата заменаџмент и индустриско истражување.На пригодната свеченост,чиј домаќин беше ректорот наУниверзитетот и претседател наКонзорциумот на ЕИИЦМ, проф.др Велимир Стојковски, своеобраќање имаше проектниот менаџер на ЕИИЦМ, доц. др Виктор Стојмановски од Машинскиот факултет, а говореа и гостите на свеченоста,евроамбасадоротН.Е. г. Ерван Фуереи министерот заекономија на Република Македонија, дрФатмир Бесими.
Во присуство на раководството наУниверзитетот, членовите на Ректорската управа и Универзитетскиот сенат, членови на академската заедница на УКИМ,претставници од редот на студентите,претставници од партнерските институции во ЕИИЦМ, како и претставнициод националните медиумски куќи, вововедното обраќање, ректорот Стојковски истакна дека, со досегашната работа,Центарот во целост го оправдал сопственото постоење, земајќи го предвид фактот дека ЕИИЦМ ерамноправна членкана Европската мрежана претпријатија, вокојашто досега членуваат 600 партнерскиорганизации од Европа и пошироко, и даваат услуги на над 25милиони мали и средни претпријатија. Претставувајќи ја брошурата каде што се систематизиранисите програми на ЕУ кои се однесуваат на поддршката и развојотна малите и средните претпријатија, а до коимакедонските претприемачи имаат пристап, ректорот Стојковски посочи дека наовој начин чинителите во македонското бизнисопкружување ќе
ја имаат можноста да си ја подобрат конкурентноста,да се вмрежуваат и преку таквите соработки да настапуваат заеднички на европскиот пазар.Евроамбасадорот Фуере, како претставник наКомисијата која финансиски го поддржува овој проект и кој е долгогодишен пријател на Универзитетот,и министерот Бесими, претставник на Владата наРМ, во своите обраќања до присутните го посочијазначењето на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, од позициите на институциите кои ги претставуваат, а во контекст на евроинтегративните процеси на нашата земја, особено водоменот на развојот не само на малите и среднитепретпријатија, туку и во унапредувањето и овозможувањето на ефикасниот трансфер на технологии.Свој осврт за досегашното работење на ЕИИЦМ иЕвропската мрежа на претпријатија даде и проектниот менаџер Стојмановски, потврдувајќи го значењето на една ваква мрежа во Македонија, која
овозможува поврзување на македонските претприемачи со европските, наведувајќи и уште една значајна компонента, а тоа е поврзувањето на академската со бизнисзаедницата, односно дека на брз иефикасен начин дошло до спојување на два различниначина на размислување.Како доказ за досегашното успешно работење наЕвропскиот информативен и иновативен центар воМакедонија е најавениот зголемен буџет од 7,5проценти за периодот 20102012 година.
22 универзитетски весник - број 106
факултет „Јустинијан Први“), јавна администрација(предлагач и организатор: Правен факултет „Јустинијан Први“), меѓународни односи (предлагач и организатор: Правен факултет „Јустинијан Први“), демократијата во услови на глобализација (предлагач иорганизатор: Институт за социолошки и политичкоправни истражувања); за воведување трет циклусдокторски студии по комуникологија (предлагач и организатор: Правен факултет „Јустинијан Први“); завоведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по безбедност, одбрана и мир (предлагачи организатор: Филозофски факултет), потпрограми(модули): безбедност, одбрана, мир; за воведувањестудиска програма од трет циклусдокторски студиипо историја на уметноста (предлагач и организатор:Филозофски факултет), потпрограми (модули): уметноста и културата на средниот век, поствизантиска ипреродбенска уметност на Балканот, современа светска уметност и визуелна култура, семиотички проучувања на ликовното и визуелното; за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии поархеологија (предлагач и организатор: Филозофскифакултет), потпрограми (модули): средновековнототворештво и македонскиот културен идентитет, претхристијанска археологија, христијанска археологија,религискомитолошки проучувања во археологијата;за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по класична филологија (предлагач иорганизатор: Филозофски факултет), потпрограми(модули): компаративна граматика, хеленска култура, римска култура, византиска култура, микенскакултура; за воведување студиска програма од третциклусдокторски студии по дефектологија (предлагач и организатор: Филозофски факултет), потпрограми (модули): специјална едукација, превенција ирехабилитација на лица со инвалидност; за воведување студиска програма од трет циклусдокторскистудии по филозофија (предлагач и организатор: Филозофски факултет), потпрограми (модули): историја на филозофијата, логика и епистемологија, етика,естетика и филозофија на културата, филозофска антропологија; за воведување студиска програма одтрет циклусдокторски студии по социологија, потпрограми (модули): социокултурен модул (предлагачи организатор: Филозофски факултет), социоекономски модул (предлагач и организатор: Филозофскифакултет), европска интеграција (предлагач и организатор: Филозофски факултет), социологија на организација (предлагач и организатор: Институт за социолошки и политичкоправни истражувања), социологија на окружувањето (предлагач и организатор: Институт за социолошки и политичкоправни истражувања); за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по социјална работа и социјална политика (предлагач и организатор: Филозофскифакултет), потпрограми (модули): социјална работа,социјална политика; за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по организациони науки и управување (менаџмент), потпрограми(модули): менаџмент на човечки ресурси (предлагачи организатор: Институт за социолошки и политичкоправни истражувања); за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по педагогија(предлагач и организатор: Филозофски факултет иПедагошки факултет „Св. Климент Охридски“), потпрограми (модули): теорискокомпаративен модул,модул за предучилишно воспитание и образование,
модул за училишно воспитание и образование, социјалнопедагошки модул, андрагошки модул; за воведување студиска програма од трет циклусдокторскистудии по наука за јазик (предлагач и организатор:Филолошки факултет „Блаже Конески“), потпрограми (модули): албански јазик, турски јазик, англискијазик, германски јазик, романистика, славистика; завоведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по наука за книжевност (предлагач иорганизатор: Филолошки факултет „Блаже Конески“), потпрограми (модули): албанска книжевност,турска книжевност, англиска книжевност, германскакнижевност, романистика, славистика, општа и компаративна книжевност; за воведување студискапрограма од трет циклусдокторски студии по културологија (предлагач и организатор: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Филозофски факултет и Институт за македонска литература), потпрограми (модули): култура, културна историја, јазик и култура,книжевност и култура, културолошки студии; завоведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по технологија (предлагач и организатор: Технолошкометалуршки факултет), потпрограми (модули): неорганско инженерство и заштита наживотната средина, технологија на облеката, проектирање системи со тотален менаџмент на квалитет,текстилна хемија и екологија, процесно инженерство, наука за полимери и полимерно инженерство,прехранбена технологија, биотехнологија, нутриционизам; за воведување студиска програма од третциклусдокторски студии по металургија (предлагачи организатор: Технолошкометалуршки факултет),потпрограми (модули): металургија и метални материјали, екстрактивна металургија, електрохемискоинженерство и за воведување студиска програма одтрет циклусдокторски студии по електротехника иинформациски технологии (предлагач: Факултет заелектротехника и информациски технологии).Истовремено, Универзитетскиот сенат го усвоиПравилникот за организирање на издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје, а донесе одлуки за избор во звањето редовенпрофесор на: др Љубиша Јаневски, вонреденпрофесор на Економскиот факултет во Скопје, дрИрена ТавчиовскаВасилева, вонреден професорна Природноматематичкиот факултет во Скопје,како и одлуки за прифаќање на иницијативата и зараспишување конкурс за предвремен избор во повисоко звање на др Перица Пауновиќ, доцент наТехнолошкометалуршкиот факултет во Скопје и наиницијативата и за распишување конкурс за предвремен избор во повисоко звање на др ЛидијаКрстевска, вонреден професор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија воСкопје.Исто така, Универзитетскиот сенат го прифатиПредлогот на ректорот проф. др Велимир Стојковски и на Комисијата за доделување средства од Солидарниот фонд на Универзитетот за потребите наФакултетот за физичка култура во износ од 50% одсредствата што ќе се реализираат во Солидарниотфонд за 2010 година, но не повеќе од 2.000.000,00денари. Истовремено, Универзитетскиот сенат гоусвои заклучокот дека јавно се оградува од генезатана дејствата што се случувале на Факултетот за физичка култура.
23универзитетски весник - број 106
141. седница на Ректорската управаУУССВВООЕЕННИИ ММИИССЛЛЕЕЊЊАА ЗЗАА ППООВВЕЕЌЌЕЕ ППРРООЕЕККТТИИ
Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирили Методиј“ во Скопје одржа седница на 11.5.2010 година, на која разгледа повеќе актуелни прашања одделокругот на своето работење. Притоа, утврди позитивно мислење за: Предлогпроектот за воведувањетрет циклусдокторски студии по правни науки(предлагач и организатор: Правен факултет „Јустинијан Први“), потпрограми (модули): административно право, право на информатичка технологија,право на интелектуална сопственост (авторско и пронајдувачко право), правна реторика и аргументација,деловно право, финансово право, граѓанско право,историја на правото, казнено право, меѓународноправо, право на Европската унија, римско право,теорија на правото, уставно право; Предлогпроектотза воведување трет циклусдокторски студии по политички науки, потпрограми (модули): политичкисистем (предлагач и организатор: Правен факултет„Јустинијан Први“), политички науки (предлагач иорганизатор: Правен факултет „Јустинијан Први“),јавна администрација (предлагач и организатор:Правен факултет „Јустинијан Први“), меѓународниодноси (предлагач и организатор: Правен факултет„Јустинијан Први“), демократијата во услови на глобализација (предлагач и организатор: Институт засоциолошки и политичкоправни истражувања),Предлогпроектот за измени и дополнувања на студиската програма од втор циклус студии по дипломатија и меѓународни односи на Правниот факултет„Јустинијан Први“; Предлогпроектот за воведувањетрет циклусдокторски студии по комуникологија(предлагач и организатор: Правен факултет „Јустинијан Први“); Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии побезбедност, одбрана и мир (предлагач и организатор:Филозофски факултет), потпрограми (модули): безбедност, одбрана, мир; Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторскистудии по историја на уметноста (предлагач и организатор: Филозофски факултет), потпрограми (модули): уметноста и културата на средниот век, поствизантиска и преродбенска уметност на Балканот, современа светска уметност и визуелна култура, семиотички проучувања на ликовното и визуелното;Предлогпроектот за воведување студиска програмаод трет циклусдокторски студии по археологија(предлагач и организатор: Филозофски факултет),потпрограми (модули): средновековното творештвои македонскиот културен идентитет, претхристијанска археологија, христијанска археологија, религискомитолошки проучувања во археологијата; Предлогпроектот за воведување студиска програма одтрет циклусдокторски студии по класична филологија (предлагач и организатор: Филозофски факултет), потпрограми (модули): компаративна граматика, хеленска култура, римска култура, византискакултура, микенска култура; Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по дефектологија (предлагач и организатор: Филозофски факултет), потпрограми (модули):специјална едукација, превенција и рехабилитација
на лица со инвалидност; Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторскистудии по филозофија (предлагач и организатор: Филозофски факултет), потпрограми (модули): историјана филозофијата, логика и епистемологија, етика,естетика и филозофија на културата, антропологија;Предлогпроектот за воведување студиска програмаод трет циклусдокторски студии по социологија,потпрограми (модули): социокултурен модул (предлагач и организатор: Филозофски факултет), социоекономски модул (предлагач и организатор: Филозофски факултет), европска интеграција (предлагачи организатор: Филозофски факултет), социологијана организација (предлагач и организатор: Институтза социолошки и политичкоправни истражувања),социологија на окружувањето (предлагач и организатор: Институт за социолошки и политичкоправниистражувања); Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии посоцијална работа и социјална политика (предлагач иорганизатор: Филозофски факултет), потпрограми(модули): социјална работа, социјална политика;Предлогпроектот за воведување студиска програмаод трет циклусдокторски студии по организационинауки и управување (менаџмент), потпрограми (модули): менаџмент на човечки ресурси (предлагач иорганизатор: Институт за социолошки и политичкоправни истражувања); Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторскистудии по педагогија (предлагач и организатор: Филозофски факултет и Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“), потпрограми (модули): теорискокомпаративен модул, модул за предучилишно воспитание и образование, модул за училишно воспитаниеи образование, социјалнопедагошки модул, андрагошки модул; Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии понаука за јазик (предлагач и организатор: Филолошкифакултет „Блаже Конески“), потпрограми (модули):албански јазик, турски јазик, англиски јазик, германски јазик, романистика, славистика; Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по наука за книжевност (предлагачи организатор: Филолошки факултет „Блаже Конески“), потпрограми (модули): албанска книжевност,турска книжевност, англиска книжевност, германскакнижевност, романистика, славистика, општа и компаративна книжевност; Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторскистудии по културологија (предлагач и организатор:Филолошки факултет „Блаже Конески“, Филозофскифакултет и Институт за македонска литература), потпрограми (модули): култура, културна историја, јазик и култура, книжевност и култура, културолошкистудии; Предлогпроектот за воведување студискапрограма од трет циклусдокторски студии по технологија (предлагач и организатор: Технолошкометалуршки факултет), потпрограми (модули): неорганско инженерство и заштита на животната средина,технологија на облеката, проектирање системи сототален менаџмент на квалитет, текстилна хемија иекологија, процесно инженерство, наука за полимерии полимерно инженерство, прехранбена технологија,биотехнологија, нутриционизам; Предлогпроектотза воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по металургија (предлагач и организа
24 универзитетски весник - број 106
тор: Технолошкометалуршки факултет), потпрограми (модули): металургија и метални материјали,екстрактивна металургија, електрохемиско инженерство; Предлогпроектот за воведување студиска програма од трет циклусдокторски студии по електротехника и информациски технологии (предлагач: Факултет за електротехника и информациски технологии).Исто така, Ректорската управа го усвои Правилникот за организирање на издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а донесеОдлука за изгледот и издавањето на дипломата зазавршени студиски програми за прв, втор и третциклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Ректорската управа донесе одлуки за давање согласност на лица избрани во наставнонаучни звањана Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за вршењевисокообразовна дејност на други јавни универзитети за Факултетот за земјоделски науки и храна и заПравниот факултет „Јустинијан Први“.Ректорската управа ја усвои Програмата за одбележување на 24 Мај патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што годинава ќе се одржи на 18 и 19 мај 2010 година.
Ректорската конференција на јавните универзитети во Република Македонија, на седницатаодржана на 31.5.2010 година, разгледа повеќе актуелни прашања од делокругот на своето работење.Притоа, расправаше за состојбите со реализацијатана клиничката и практичната настава на јавнитеуниверзитети и по опстојната расправа заклучидека е потребно да се обрати до Министерството заобразование и наука со барање за организирање наитна средба со ресорниот министер, на која ќе бидат разгледани и дообјаснети одредени аргументина јавните универзитети, а се во интерес на успешно организирање на практичната и клиничкатанастава.Разгледувајќи го прашањето за процесот на евалуација, односно рангирање на јавните универзитети во Република Македонија, Ректорската конференција на јавните универзитети заклучи, Министерството за образование и наука да се заложи,во согласност со одредбите на Законот за високотообразование, евалуацијата, односно рангирањетода се спроведува од Агенцијата за евалуација на Република Македонија.Истовремено, Ректорската конференција го поддржа ставот за воспоставување соработка со другиректорски конференции.Ректорската конференција на јавните универзитети донесе Одлука за избор на проф. др Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за претседател на Ректорската конференција на јавните универзитети,со мандат од две години, односно од 1.6.2010 до31.5.2012 година.
ППРРООФФ.. ДД--РР ВВЕЕЛЛИИММИИРР ССТТООЈЈККООВВССККИИ --ППРРЕЕТТССЕЕДДААТТЕЕЛЛ ВВОО ННААРРЕЕДДННИИООТТ
ДДВВЕЕГГООДДИИШШЕЕНН ППЕЕРРИИООДД
Ректорска конференција на јавните универзитети
П Р В , В Т О Р , Д Р У Г Ј А З И К :
М А К Е Д О Н С К О - Х Р В А Т С К И
С П О Р Е Д Б И
Меѓународен собир на соработка
Ф илолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје и Филозофскиот факултетво Загреб, под покровителство на Националната фондација за наука, високо образованиеи технолошки развој на Република Хрватска,организираа Научен собир на соработка поднаслов Прв, втор, друг јазик: македонскохрватски споредби.Поддршката за Собирот е добиена по високата позитивна оцена на билатералниот научноистражувачки проект: Положбата на македонскиот и на хрватскиот јазик во образовниот систем на повеќејазични средини, штосе работеше во периодот 20072009 година водвете институции со поддршка на Министерството за образование и наука на РепубликаМакедонија и Министерството за образование,наука и спорт на Република Хрватска. Главниорганизатори и истражувачи на овој проектбеа проф. др Емилија Црвенковска од Македонија и проф. др Зринка Јеласка од Хрватска.Меѓу Македонија и Хрватска на полето налингвистиката постојат многу заеднички сфери на интерес, меѓу кои особено актуелна етемата на Собирот: Прв, втор, друг јазик: македонскохрватски споредби, што се одржана 14 и 15 мај 2010 година на Филолошкиотфакултет Блаже Конески во Скопје, на која сеговореше за: македонскиот/хрватскиот какострански јазик; двата јазика во образовниотсистем; испитување на познавањата на овиедва јазика; македонскиот/хрватскиот какомалцински и како наследен; јазичниот, националниот и културниот идентитет на етничкитезаедници; прашања од областа на терминологијата. На Собирот настапија околу 45 учесници од Македонија и од Хрватска. Организаторите се потрудија во програмата да вклучат
Пишува: Роза Тасевска
25универзитетски весник - број 106
П Р В , В Т О Р , Д Р У Г Ј А З И К :
М А К Е Д О Н С К О - Х Р В А Т С К И
С П О Р Е Д Б И
Меѓународен собир на соработка
излагачи од повеќе институции за да ја искористатможноста да ги разменат своите сознанија од овааобласт и да се запознаат, што ќе овозможи понатамуда се рашири полето на соработка.Во овие два дена настапија учесници од: Универзитетот во Загреб – Филозофскиот факултет, какоорганизатор, универзитетите од Риека, Задар, Сплит,Пула, Факултетот од Осиек, Министерството за образование, наука и спорт на Република Хрватска,Хрватската матица на иселеници, Универзитетот во Љубљана Филозофскиот факултет, а од Македонијаучествуваа: Филолошкиот факултет Блаже Конескипри Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје,како организатор и домаќин, Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, ФОНуниверзитетот одСкопје, Универзитетот Гоце Делчев од Штип, Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков и неколку училишта од Македонија.Претседатели на Програмскиот одбор на Собиротбеа: проф. др Зринка Јеласка од Хрватска и проф.др Емилија Црвенковска од Македонија, а претседатели на Организацискиот одбор на Собирот: др Лидија Цвикиќ од Хрватска и проф. др Елена Петроскаод Македонија. Заедно со членовите на двата одбора,тие се исклучително заслужни за овој успешно организиран собир: за изборот на темите, за вклучувањето на учесници од повеќе научнообразовни центриод Македонија и од Хрватска, за навремената подготовка на програмата со апстрактите и конечно, заречиси стопроцентното присуство на пријавенитеучесници на Собирот. Посебно радува што со излагања учествуваше и научниот подмладок од двете средини.Тематскиот дел Македонскиот/хрватскиот како странски јазик беше застапен во излагањата надесетина референти. Беше опфатено изучувањето намакедонскиот/хрватскиот на странските универзитети од сите аспекти: застапеноста на јазикот, мотивацијата за изучување на јазикот, бројноста на студентите, соодветноста на кадарот, методите и начинитена реализирање на наставата по македонски/хрватски во различни туѓојазични средини, грижата наодговорните институции за подготовка и снабдувањена центрите за македонистика, односно кроатистикасо потребните учебни помагала, литература, екипирање на лекторатите со технички помагала и слично.Стана збор и за начините и времетраењето на престо
јот на странските студенти во земјите чиј јазик гоизучуваат, односно во Македонија/во Хрватска, заради усовршување и збогатување на своите знаења.И во двете земји постои организирано прифаќање настрански македонисти/кроатисти преку летнитешколи за странци, преку подолги или пократкипрестои во текот на учебната година заради изработка на научни трудови од областа на македонистиката/кроатистиката. Во овој дел, се разбира, поопширно се претстави застапеноста и состојбата намакедонскиот јазик како странски на високообразовните центри во Република Хрватска и хрватскиотјазик и култура во високото образование во Република Македонија. Во целост состојбата се оцени како задоволителна, но не и задоволувачка. Се наведоаактивностите што се преземаат за подобрување нанаставата и сè што вклучува таа, како и начините накои се планира тие активности да се реализираат.Во делот Проверка на познавањето на јазиците,во неколку излагања се говореше за центрите што јавршат проверката, примената на стандардите вотестирањето и оценувањето, задолжителното и доброволното подложување на проверка итн.Македонскиот/хрватскиот јазик како иселенички јазик беше тема на четири реферати. Грижатаза зачувување на наследниот јазик кај децата наиселениците во Европа и во прекуокеанските земји еважна задача што ја имаат различни организации иинституции во матичната земја и во земјата на живеење. Во светот живее бројно македонско население. Наставата по македонски јазик се изведува врзпринцип на самоорганизираност или на интегрираност. Институциите што се грижат за оваа настава воМакедонија се Министерството за образование инаука и Министерството за надворешни работи. Вопоследните години овие министерства покажаапоинтензивен интерес за наставата по македонскијазик за децата на иселениците, но состојбата ниоддалеку не може да се спореди со онаа во Хрватска.Негувањето на јазикот на децата на иселеницитепретставува посебна грижа на хрватското Министерство кое организира разни форми на настава: летникампови, театарски работилници за деца, испраќањеобучени кадри за овој вид настава по јазик во ситеземји каде што живее хрватско иселеништво. Во некои земји наставата по хрватски ја организираат хр
26 универзитетски весник - број 106
ватските иселенички заедници и католичките мисии, а во некои наставата ја изведуваат наставнициза кои финансиски и стручно се грижи Министерството за наука, образование и спорт на РепубликаХрватска. Хрватската матица на иселеници, со своите оддели за школство, за наука и спорт, за култура,како и со издавачкиот оддел, има сериозна улога возачувувањето на хрватскиот јазик и култура кај децата на хрватските иселеници. Освен во Загреб, ваквиинституции и одделенија работат во Пула, Риека,Сплит, Дубровник и во Вуковар.Тематскиот дел Јазичниот, националниот и културниот идентитет на етничките заедници започна со неколку реферати посветени на терминолошките прашања по оваа тема. Се истакна потребата за усогласување на терминологијата од одделниподрачја на лингвистиката, како и попрецизно дефинирање на одредени поими. Во рамките на оваатерминологија треба да бидат поимите на билингвизмот/двојазичноста, мултилингвизмот/мултијазичноста и учењето/усвојувањето на втор јазик, какошто се називите: прв јазик, мајчин јазик, втор јазик,странски јазик, немајчин јазик, наследен јазик, какои роден и нероден говорител/зборувач и сл. Во македонскиот јазик доста термини од англискиот не сеадаптирани, некои се преведени во неколку варијанти, а хрватското искуство може да послужи какомодел за посоодветна адаптација на македонски.Од бројните излагања и од дискусиите на специјалистите од образовните институции од различнинивоа од Македонија и од Хрватска за положбата намакедонскиот и на хрватскиот јазик во повеќејазични средини, неговото изучување и усвојување какомајчин/роден јазик или како втор јазик за припадниците на етничките заедници во Република Македонија и во Република Хрватска, како и за негување
и зачувување најазичниот и културниот идентитет наетничките заеднициво двете држави, може да се изведат повеќе заклучоци. Прво, за јазикот на мнозинството, односномакедонскиот и хрватскиот. За неговотопоефикасно и поквалитетно усвојувањепотребни се посебниучебници за секојаетничка заедница вокои презентираниотјазичен материјал ќеги земе предвид меѓусебните културнисличности и разлики.Наставниот кадар, освен доброто познавање на јазикот на малцинската заедница,треба да има широкии конкретни познавања за културата иобичаите за етничката заедница. И обратно, во наставата, наставнитепланови и помагала на јазиците на етничкитезаедници треба да се земаат предвид јазичните икултурните карактеристики на мнозинската етничказаедница. Значи, со соодветни наставни програми иматеријали, со добра подготвеност и со позитивенприод кон изучувањето на јазикот и културата намнозинската заедница и еднакво, кон јазиците икултурите на секоја етничка заедница ќе се зголемиинтересот, квалитетот и степенот во учењето наразличните јазици и култури во општества како штосе хрватското и македонското.Како заклучок можеме да истакнеме дека овојСобир имаше повеќестрано позитивно значење.Прво, се обработи една многу важна и чувствителнатема што стои на врвот на хиерархијата за идентификација на секој народ, на секоја држава, на секојпоединец во општеството. Се констатираа состојбитена овој план во двете држави, се разменија мислењаи предлози за идните планови на дејствување вонасока на подобрување на образованието во повеќејазични и мултикултурни средини, за поуспешно ипоквалитетно изучување на странски јазици, за пошироко и подобро презентирање на македонскиот/хрватскиот јазик и култура во Европа и во светот.Запознавањето и личните контакти ја зајакнуваатсоработката меѓу колегите од Македонија и од Хрватска, преку непосредните разговори и дискусии сераѓаат нови идеи, теми и начини за понатамошнасоработка, и се стекнуваат трајни пријателства.Рефератите од овој Собир ќе бидат објавени вопосебен зборник во електронска и писмена форма иќе станат достапни, како во Македонија и во Хрватска така и пошироко во светот.
27универзитетски весник - број 106
Curriculum VitaeПроф. др Биљана Ангелова,директор на Економскиот институт
Др Биљана Ангелова е родена воСкопје, 1965 година. Основно и гимназиско образование завршила воСкопјe, a на Економскиот факултетпри Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се запишала во 1983 година,каде што дипломирала на прометнокомерцијалната насока во 1987 година. Во септември 1988 година ги
продолжила студиите на истиот Факултет, на постдипломските студиипо маркетинг и надворешна трговијакаде што магистрирала на 5 февруари 1992 година со одбрана на магистерскиот труд на тема: „Цените воконтекст на деловното одлучување“.Во јуни 1989 година се вработилаво „Макотекс“ АД – Скопје каде штоостанала сè до март 1992 година. Од1 март 1992 година до денес е вработена во Економскиот институт воСкопје, каде што на 30 јануари 1992година е избрана во соработничкотозвање помлад асистент за истражување на проблемите од областа на пазарот и цените. Во текот на 1994 година ја пријавила докторската ди
сертација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема: „Budgeting – систем на финансиско сметководственопланирање на трошоците и финансискиот резултат во производственитепретпријатија“ и докторирала во септември 1999 година.Во научното звање научен соработник – доцент од областа на деловнитефинансии е избрана на 18 ноември 1999 година, а на 5 мај 2004 година е избрана во звањето виш научен соработник за истражување на проблематикатана деловните финансии. Во звањето научен советник – редовен професор еизбрана на 24 декември 2007 година.Со решение издадено од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, др Велимир Стојковски, на 27 ноември 2009 година е назначена за в.д. директор на Економскиот институт, а од 5 мај 2010 година е избрана за директор на Економскиот институт во Скопје.Во текот на својата научна и наставна дејност др Биљана Ангелова активно работела на голем број научноистражувачки, стручни и апликативнипроекти, а од 2000 година е вклучена во наставата на постдипломските студии на предмети од областа на финансискиот менаџмент. Во периодот 2006 2008 била раководител на постдипломските студии по меѓународен менаџмент, а од 2008 до денес е раководител на постдипломските студии по финансиски менаџмент.Во текот на наставнонаучната дејност, др Биљана Ангелова остварилаповеќе студиски престои значајни за унапредување на нејзините знаења одобластите во кои ги работела своите научни и апликативни истражувања. Вотекот на 1997 година престојувала на Универзитетот во Болоња, Италија, ворамките на Школата за посткомунистичка транзиција на земјите од Југоисточна Европа. Во 1998 година, во Виенскиот институт, во соработка на проект на Светската банка работела на истражувања за формирање на кластериза мали и средни претпријатија воРепублика Македонија, во контекстна јакнење на конкуретноста. Во 2003година престојувала во Институтот„Inwent“ во Бон, а потоа воФранкфурт и Дрезден во Германијакаде што следела обуки за проблематика од областа на локалниот економски развој. Во 2008 година престојувала во Прага, Република Чешка,поради работа на проекти за задолжување и кредитоспособност на општините и практики на спроведување набуџетски процес на локално ниво. Во2009 година добила грант од светскиреномираната рејтингагенцијаMoody’s која и овозможува обука воаналитичкиот центар на Moody’s во Лондон, каде што се стекнала соcертификат за аналитичар на корпоративен кредитен рејтинг.Во досегашниот период на работа во Економскиот институт активноучествувала во голем број истражувања како член или како раководител натимови. Повеќето од проектите се реализирани преку Министерството заобразование и наука на Република Македонија, каде што како раководителна тимот истражувачи се јавува во проектите: „Инвестициите во РепубликаМакедонија“ (2003), „Ефикасноста на финансискиот пазар во Република Македонија во функција на зголемување на трошковната ефикасност и репродуктивната способност на македонското стопанство“ (2004) и „Банкарскикредити и алтернативни форми на финансирање во Република Македонија“(2006). Покрај овие истражувања, др Биљана Ангелова учествувала и на голем број други научни истражувања кои Економскиот институт ги работелза потребите на Министерството за образование и наука на Република Македонија.Во текот на својот работен ангажман во Институтот учествувала и во други апликативни истражувања, главно во соработка со меѓународни и домаш
Во рамките на процесите за интегрирано дејствувањеи функционирање на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје усогласени со Законот за високотообразование и Статутот на Универзитетот, во Универ‐зитетски весник ги претставуваме раководнитеоргани на единиците и придружните членки наУниверзитетот. Во зависност од обемноста насодржините и актуелните настани, во секој бројобјавуваме биографски податоци на еден или повеќедекани на факултети, односно директори на научниинститути.Во овој број ја претставуваме ППРРООФФ.. ДД‐‐РР ББИИЉЉААННААААННГГЕЕЛЛООВВАА..
28 универзитетски весник - број 106
ни институции. Таа била раководител на проектот „Анализа на трошковните структури на производственитепретпријатија во Република Македонија“ (1999), во соработка со Проектот за сметководство и ревизија на USAID– IBTCI; учесник во проектот „Студија за економска инвентаризација на хидротехничките објекти и системитеза наводнување во Република Македонија“, работена во2001 година за потребите на Фондот за води на Република Македонија; „Стратегијата за економски развој наструмичкиот регион“, за општина Струмица (2000);„Стратегијата за развој на текстилната индустрија воРепублика Македонија“ (20052006), за Министерствотоза економија.Во областа на локалниот развој активно работела напроучување на факторите на локален економски развој,фискална децентрализација и буџетски процес на локално ниво во голем број општини во Република Македонија. Др Биљана Ангелова била раководител на двегодишен проект (2004–2006) на Светската банка за анализа навработеноста во општините Битола и Куманово. Проектните истражувања се рецензирани од експерти на Светска банка во Вашингтон и како успешно оценети се препорачани случаи за неколку поранешни советски републики.Во периодот 2003 – 2005 работела како раководителна тим на две засебни студии за потребите на Министерството за култура на Република Македонија и Светскатабанка за истражување на социјалните потреби и културната мотивираност на населението во четири македонски општини.Во контекст на истражувањата за потребите налокалниот економски развој и оцена на буџетскиот процес на локално ниво, во континуитет од 2003 година епостојан соработник на проектите на USAID кои гиподдржуваат овие истражувања: LGRP, BEA, MDW, накои соработката трае и до денес. Во текот на повеќегодишната соработка со сите наведени проектни единицина USAID била учесник и раководител на голем бројистражувања кои се однесуваат на стратегиските планови за локален економски развој, изработка на прирачници и методолошки алатки за ЛЕР, изработка на инвестициони анализи, физибилност на проекти, капиталнибуџети и други анализи кои главно се однесуваат наоцена на кредитоспособноста на општините, можноститеза засновање на јавноприватни партнерства и др. Вотекот на 2004 година, за потребите на USAID го изработила Прирачникот за локален економски развој , кој бешенаменет за општините во Република Македонија.Во текот на 2005 – 2006 година, др Биљана Ангеловареализирала голем број обуки на финансиските раководители и на други вработени од финансовите одделенијана 45 општини опфатени со обуките на USAID за „Унапредување на капиталното буџетирање на општините воРепублика Македонија“ и давање на непосредна консултантска помош во подготовка на буџетите за капиталнофинансирање. Како резултат на оваа активност во 2007година произлезе и изработката на Прирачникот за капи-тално буџетирање во издание на USAID/BEA (BusinessEnvironment Activity). Во текот на 20082009, во рамкитена Проектот за кредитоспособност и задолжување наопштините работела на утврдување на кредитоспособноста на повеќе општини во Република Македонија.Др Биљана Ангелова активно соработувала и на други истражувања за потребите на општините во доменотна финансирање и пренос на надлежности работени соUNDP и Европската агенција за реконструкција (EAR).Така, во текот на 2006 година била ангажирана како експерт за изработка на проектната задача (ToR) за програма
та наменета за јакнење на капацитетите на општините,ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа наРепублика Македонија, која беше имплементирана одEAR (20062008) преку воведување на сервисните центри за граѓаните во рамките на општинската администрација.Во периодот од 2003 година до денес е ангажиранакако финансиски експерт на донаторската програма штоВладата на Република Италија ја имплементира во Република Македонија во рамките на Програмата за заштита на животната средина, преку Министерството залокална самоуправа Бирото за регионален развој иCooperacioni Italiana. Како продолжение на оваа активност, во 2008 година, за потребите на Министерството занадворешни работи на Италија MAE – DGCS и ECработи на Студијата за одржливоста на интегрираниотсистем за заштита на животната средина и тарификацијана јавните услуги за Националниот парк „Маврово“.Во рамките на апликативните истражувања спроведени во последните пет години, изработила голем бројфизибилитистудии, инвестициони анализи, длабинскиистражувања за потребите на голем број компании иостварила консултантски и експертски ангажмани наповеќе проекти како што се: Изготвување на методологија за CostBenefit анализи за проекти од областа наживотната средина и Студија за отстранување на линданот од постројките на „ОХИС“ АД Скопје, за потребитена Министерството за животна средина и просторнопланирање, а во соработка со UNDP, SAICM (20092010);„Стратегија за инвестиции во животната средина“, какораководител во делот на финансиските аспекти на Стратегијата, изработена во соработка со Австриската агенција за развој (АДА), Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) и Министерството за животна средина ипросторно планирање (2008/2009); „Good Governance“Истражување за примена на принципите на добро управување во секторот „јавни пари“, ФИООМ (20072008).Во рамките на апликативната активност на Министерството за образование и наука на Република Македонија во текот на 2005 година, извршила ревизија на 42истражувачки и развојни проекти аплицирани во МОНод аспект на нивната финансискоекономска одржливост.Во периодот 20082009 била ангажирана како финансиски консултант на Министерството за економија, Секторот за енергетика, во контекст на ревизија на инвестиционите вложувања и обврски на ЕВН кон малцинскитеакционери по преземање на компанијата.Покрај наведените проекти, др Биљана Ангеловаучествувала и во изработка на голем број физибилитистудии во различни области, од кои како позначајни биги издвоиле студиите кои се влезени во националниотплан за инвестиции во јавниот сектор во Република Македонија: Физибилитистудија за реконструкција, преадаптација и модернизација на Центарот за рехабилитација и продолжена медицинска нега „Катлановска Бања“во 2002 година; Физибилитистудија за изградба на Ветеринарен факултет како дел од националната стратегијаза инвестиции во јавниот сектор во 2001; Физибилитистудија за доградба и модернизација на Регионалниотводовод „Студенчица“ Скопје. Проектот стана дел однационалната стратегија за инвестиции во јавниот сектор во 2003; Физибилитистудија за набавка на возила наприроден гас за потребите на ЈСП „Скопје“. Студијатастана дел од Националната стратегија за инвестиции војавниот сектор во 2004; Физибилитистудија за изградбана ХМС „Лисиче“, 2006; Физибилитистудија за изградбана Кривичен суд, Министерство за правда, Светска банка
29универзитетски весник - број 106
во 2007; неколку студии за јавно – приватно партнерствоза комуналните претпријатија во општина Куманово вотекот на 2008; Ревизија на економскиот дел на Студијатаза енергетскиот биланс и енергетските потреби на Република Македонија, каде што учествувала со тим на експерти од Градежниот факултет во Скопје, 20092010.Во периодот од 1994 се стекнала со лиценца за проценка на претпријатијата со општествен капитал. Вопериодот од 1994 до денес изработила над 150 проценкина капиталот на претпријатија со општествен капитал иакционерски капитал на банките. За потребите на трансформација на општествениот капитал, др Биљана Ангелова изготвила голем број студии за трансформација,реорганизација или реструктурирање на компаниите сопримена на најразлични модели на трансформација,финансиска консолидација, студии за трансформација сопреземање и конверзија на долгови, делбени биланси идруги анализи, од кои посебно комплексни се студиитеработени за трансформација и/или консолидација на компаниите: „Рудници и Железарница“ АД Скопје; РОЦ„Тораница“ – Крива Паланка; АД „Бентомак“ КриваПаланка; АД „Инекс Горица“ – Охрид; АД ЗИК „Струмица“ – Струмица; АИК „Тиквеш“ АД – Кавадарци; ЗК„Анска Река“ – Валандово; ЗИК „Куманово“ АД – Куманово; „Макотекс“ АД – Скопје; АТП „Галеб“ АД – Охрид;АТП „Југотранс“ АД – Струга; АТП „Југ Турист“ АД – Куманово; ЈЗУ „Катлановска Бања“; градските аптеки восклоп на медицинските центри и здравствени домови;Градски трговски центар АД – Скопје; ДООЕЛте на ЈП„Македонски шуми“; ДООЕЛте на „ЕЛЕМ“ Скопје и голем број други компании во државна, општествена илиприватна сопственост. За потребите од усогласување соЗТД, направени се студии за утврдување на акционерскиот капитал во „Стопанска банка“ АД – Скопје, „Комерцијална банка“ АД – Скопје и „КБ Брокер“ – Скопје.Во текот на своето досегашно научно и стручно ангажирање, др Биљана Ангелова објавила повеќе научни истручни статии во земјава и во странство. Автор е накнигата „Budgeting – систем на финансиско сметководствено планирање на трошоци и финансиски резултат вопретпријатијата“, која се користи како учебно помагалопо предметот менаџерско сметководство во рамките нанаставниот процес на студиите од втор циклус кои сеодвиваат на Економскиот институт.Таа има остварено значајно учество на домашни и намеѓународни научни собири, конференции и други јавни дебати со свои трудови и презентации како: „Странските директни инвестиции во Република Македонија“,презентиран на Меѓународниот конгрес на тема „Социоекономскиот развој на балканските земји“, РепубликаТурција, 2009; презентација на резултатите од истражувањето во врска со процедурите и практиките за донесување на буџет со осврт на практиките и ребалансот набуџетот за 2008, во Скопје; презентер и учесник во јавната дебата на тема „Буџетот на Република Македонијаза 2009“, Скопје, 2009; презентер и учесник на научниотсобир на тема „Критериуми за влез во ЕУ во делот занамалување на пречките за вработување на младите лицаи лицата кои се подолго време невработени, 2008; „Претприемништво во функција на локалниот економскиразвој“, научен собир на Универзитетот на ЈугоисточнаЕвропа, 2006; потоа, голем број учества на научни собири во земјава како што се презентацијата на инструментина корпорациско финансирање во функција на долгорочната ефикасност, на научниот собир на Економскиотинститут и Фондацијата „Friдрих Ebert“, Скопје, 2003;Ограничувачки фактори за стимулирање и развој наинвестиционата активност во стопанството на Република
Македонија научен собир на Економскиот институт иФондацијата „Friederich Ebert Stiftung“, Скопје, 2003; Финансиско планирање и интерна контрола оперативниинструменти на финансискосметководствен менаџмент, 13. Меѓународен симпозиум за сметководство иревизија, во организација на Министерството за финансии и Сојузот на сметководители, 2002; Алтернативниформи на финансирање на стопанството во РепубликаМакедонија, Универзитет „Македонија“ Солун, 2001;Инвестиционите фондови и лизингот како алтернативнаформа на финансирање на претпријатијата во РепубликаМакедонија, Меѓународна конференција за имплементација на INTERREGпрограмата, Универзитет „Македонија“, Солун, 2001; Влијанието на трансформацијата воаграрниот сектор врз производството на вино во Република Македонија, меѓународен симпозиум, 2001; Сметководственото планирање како оперативен процес ворамките на интегралниот циклус на планирање и контрола на трошоците и финансискиот резултат, на 11.Меѓународен симпозиум за сметководство и ревизија, воорганизација на Министерството за финансии и Сојузотна сметководители, 1999; Приватизацијата и посттранзиционите процеси во Република Македонија, Универзитет во Болоња, Италија, 1997 и други научни трудовииздадени во научни списанија.Во рамките на својата апликативна активност, дрБиљана Ангелова спровела и голем број на обуки, главнореализирани како интегрален дел на спроведувани проекти како што се: Обука за јакнење на капацитетите налокалната самоуправа во Република Македонија, прекуотчетноста, транспарентноста и одговорноста, какопредавач на теми поврзани со подготовка и извршувањена буџетите на ЕЛС, планирање на буџетите за подобрување на капиталната инфраструктура и интеракции меѓустратегиското и финансиското планирање, имплементирана преку UNDP и Агенцијата за државни службеници,јануари – март 2002; Обука за идни претприемачи – сегмент: финансирање, СИНТЕФ, ФИООМ, февруари март 2006; Унапредување на капиталното буџетирање наопштините во Република Македонија, MDW USAID,ноември декември 2005 и април мај 2006, со опфат напретставници на 45 општини; Капитално буџетирање иимплементација на јавноприватни партнерства воопштините, Business Environment Activity &MDW,USAID, јуни 2007.Низ неколку обуки спроведени во земјава и во странство се стекнала со сертификати за стручно усовршување:• 1994 (март – јули) – Обука за проценка на претпријатија со општествен капитал, спроведена одАгенцијата за приватизација на Република Македонија и Price Waters & Coopers. По успешнозавршениот испит се стекнала со звањето овластен проценител со општо овластување за проценка на капиталот на претпријатија со општественкапитал;• 2003 – Обука за обучувачи за локален економскиразвој, спроведена во Бон, Франкфурт и Дрезден,во организација на INWENT, Германија, каде штосе стекнала со лиценца за обучувач за локаленекономски развој;• 2009 – Обука за корпоративен кредитен рејтинг,спроведена во седиштето на Агенцијата за кредитен рејтинг Moody’s во Лондон, Велика Британија, каде што се стекнала со сертификат за аналитичар за корпоративен кредитен рејтинг.
30 универзитетски весник - број 106
Големите и брзи политички, општествени и економски промени во Европа и светот предизвикаа драматични промени во европскиот, но и во светскитенаучноистражувачки пристапи и високообразовнисодржини. Интензивните процеси на глобализација,брзиот техничкотехнолошки развој, постојната експанзија во високото образование и кризата во финансирањето се неколку од позначајните фактори коипредизвикуваат промени во стратешкиот пристап нанаучните и високобразовните институции. Паралелно со глобалните промени, Република Македонија сесоочува и со сложени транзициски и реформскипроцеси кои ја погодуваат националната економија исе одразуваат на позицијата на образованието инауката.Во рамките на системот на наука и високо образование во Република Македонија, Економскиот институт е веќе позициониран како самостојна и истакнатанаучноистражувачка институција од областа на економските науки. Во речеси шестдеценискиот развојна Економскиот институт создаден е богат наученопус, од научни, стручни и апликативни трудови,оспособувани се и усовршувани научноистражувачкикадри, создавана е научноистражувачка инфраструктура, се одржува издавачката дејност и се образувааткадри во напредните степени на високотообразование што во овој долг временскипериод го етаблираат Економскиотинститут како значаен фактор за развој наекономската мисла во државата и нејзинаимплементација во реалниот сектор.Повеќе од една декада на напорна работа со својот интелектуален потенцијал, Институтот го усовршува и образовниот процес во вториот циклус на студии создавајќинајприкладен спој од искуството на научноистражувачкиот кадар, стекнато низбројните научноистражувачки и апликативни проекти, со современите теоретскидостигнувања во областа на економскатамисла и тоа искуство им го пренесува настудентите кои го унапредуваат своетообразование и знаење низ вториот циклусна студии. Поради тоа, напорите во периодот што следува ќе бидат насочени конпонатамошно јакнење на единството нанаучноистражувачката работа и наставнообразовните активности со цел да се обезбеди референтен корпус на знаења и вештини потребни за развој на нашето општество.Мисијата на Економскиот институт eпроактивен однос кон промените и активно учество во креирање ставови и мислењаза бројни економски и воопшто, за акту
елни општествени прашања, како и перманентно усовршување на студискитепрограми и образовните практики со целунапредување на знаењата и вештинитена студентите. Ваквата мисија ќе се заснова на понатамошна посветеност наистражувањата од областа на економскиот развој и нивна успешна имплементација во образовниот процес на студиитена вториот и третиот циклус на студии, како и нивнапримена во апликативните истражувања.Имајќи ги предвид постојните полиња на активност, развојната стратегија на Економскиот институтќе се темели на јакнење на двата столба: научноистражувачката и образовната активност, во рамкитена интегрираниот Универзитет „Св. Kирил и Методиј“.
НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКАДЕЈНОСТПроблемот кој веќе подолг период ја тишти науката во Република Македонија е нејзината маргинална улога во општеството. Динамичката интеракција во триаголникот наука – држава јавност не евоспоставена во вистинска смисла. Денес наукатастанува глобален процес, од кој се очекува да наметне позначајни промени на местото и улогата на науката во Република Македонија, односно нејзино поместување од позиција на маргинален статус воопштеството во позиција на нејзино активно учествово сите општествени текови, а консеквентно и зголемување на нејзината улога, значење и влијание восите сегменти. Во услови на сė поинтензивна глобализација, поединецот не е повеќе во можност да гоконтролира севкупното знаење дури ни во своето
Проф. др Биљана Ангелова,директор на Економскиот институтПРЕДЛОГПРОГРАМА ЗА РАБОТА НАЕКОНОМСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ
31универзитетски весник - број 106
подрачје на дејствување, па затоа и научноистражувачките кадри ќе мораат да работат умрежено. Поради тоа, една од клучните парадигми на општествататемелени на знаење е создавање на научноистражувачки мрежи и нивен развој со помош на информацискокомуникациски технологии, кои овозможуваатконцентрација и комбинација на напорите на истражувачите за решавање на проблемите и продукцијана знаење. Таквите „заедници“ се главни носители напромените во „општествата на знаење“. Тие наметнуваат разработка на нови организациони модели, но ипроцеси на донесување на одлуки и развој на политики.Во четвртиот извештај на ЕУ заМакедонија, нагласено е дека во областа на политиката за истражувањее постигнат одреден напредок, но сепак и во 2009година не се решени проблемите во врска со бавнатаимплементација на Националната стратегија заистражување, малиот буџет за истражување, недостигот на финансии за истражувачките установи,слабите врски меѓу научноистражувачките институции и бизнисот, како и слабиот административенкапацитет, што во целина го забавува развојот наистражувачките капацитети во земјава.Научноистражувачката дејност е речесишест децении основна дејност на Економскиот институт, која ипокрај ограничените буџетски извори мора да сеодржува и во иднина. Научните, стручните и апликативните истражувања и во иднина треба да претставуваат еден од двата клучни столба на кои се градипостојната, но и идната развојна стратегија наИнститутот, а која треба да се зајакнува и преку врските собизниссекторот. Научноистражувачката активностќе продолжи да се развива и во иднина, но возначајно променетите институционални, легислативни и пазарни услови. Развојот на научноистражувачката дејност во Република Македонија со приличноограничена буџетска поддршка се одвива во крајнонеповолни услови, што подразбира супстандардниуслови во поглед на материјалните и финансискитересурси, трансферот на современи истражувачкизнаења и вештини (набавка на софтверски алатки иотежнат пристап до меѓународни бази на податоци иелектронски изданија) и намален број на нови вработувања. Ваквата долгогодишна, неизвесна и тешкасостојба ги доведуваше во прашање одржливоста иперспективите на Институтот и значајно ја намалинеговата конкурентност дури и во локални размери.Ваквите промени во непосредното, но и во поширокото опкружување претпоставуваат нови приспособувања и нови начини на стабилно позиционирање наЕкономскиот институт како проеминентна научноистражувачка институција во полето на економскатамисла во земјава. Во таа насока ќе се настојува да сепоттикнат активности во насока на:• подобрување на квалитетот на проектните апликации и поинтензивно вклучување на Економскиот институт во проектите на Министерството заобразование и наука;• вклучување во меѓународни мрежи на соработкаи работа на меѓународни проекти;• учество во меѓународни конзорциуми за проектна соработка на ФП7, за кој веќе е потврденоучество на конзорциумот за компаративно истражување на тема „Comparative analysis of factormarkets for agriculture”, за кој очекуваме скоро
потпишување на договор меѓу Европската комисија и Универзитетот од Лувен, Белгија и партнерите на проектот;• обезбедување на средства за поголема вклученост на кадрите на Економскиот институт заучество на меѓународни конференции,семинари, работилници и други настани на коиќе можат да ги презентираат сопственитеистражувања, но и да отворат нови перспективии да развијат можности за нови соработки наИнститутот со други истражувачки центри восветот;• изнаоѓање на можности за нови извори на средства за подобрување на квалитетот на научноистражувачката инфраструктура, прекувклучување на меѓународни проекти (ТEMPUS,ERASMUS MUNDUS), обезбедување донации иработа на други апликативни проекти;• зајакнување на соработката со министерствата восмисла на применети истражувања за нивни потреби;• организирање на научни собири, конференции итематски форуми преку кои ќе се промовираатнаучноистражувачките капацитети на Институтот и ќе се афирмираат нашите истражувачкикадри;• зајакнување на капацитетите на научноистражувачкиот сектор преку обезбедување на вработување на млади кадри и вложување во нивниотразвој;• отворање и обновување на соработката со другислични институции во регионот и пошироко;• вложувања во подобрување на истражувачкитетехнологии;• развивање и јакнење на соработката на апликтивни проекти со јавниот и приватниот сектор;• следење и грижа за кариерниот развој на истражувачите преку организирање на третиот циклусна образование докторските студии;• развој на експертиза и специјализација во водење на проекти.Посебна заложба ќе претставува вложувањето нанапори за примена на Европската повелба за истражувачи и регрутација на научноистражувачки кадри,која ги третира прашањата на професионализам,мобилност, континуиран професионален развој какои други значајни прашања. Посебно ќе се настојувада се зголемат напорите за директно вклучување војавниот живот. Како дел од нашата општественаодговорност, оваа активност ќе биде насочена конзапознавање на јавноста со резултатите од истражувачките активности на разбирлив и јасен начин.Непосредното вклучување во јавноста истовременоќе им помогне на истражувачите подобро да гиразберат интересите и приоритетите на јавноста закои се очекува придонес во науката.
НАСТАВНООБРАЗОВНАДЕЈНОСТРазвојот на наставнообразовната дејност енесомнено другиот „столб“ на кој и во иднина морада се потпира натамошниот развој на Економскиотинститут. Токму оваа дејност, која започнувајќи од1999 до денес е во постојан подем, овозможи свое
32 универзитетски весник - број 106
видна афирмација на знаењата и вештините стекнатиниз истражувачката и апликативната работа прекунивно инкорпорирање во образовниот процес.Современите, развиени општествени системи, т.н.„општества на знаење“, креираат нови парадигми.Тие ја менуваат положбата на истражувачите, универзитетите, истражувачките центри, граѓанското општество и системите на управување. Развојот на општествата темелени на знаење поттикнува драматичен пораст на продуктивноста и употреба на знаењето. Тоа се рефлектира во сите стопански и други општествени сектори. Затоа едно од клучните прашањакои се отвораат пред научните и образовните институции е како да се создаде ново знаење и како да сеобезбеди дисеминација на знаењето во насока наурамнотежен развој на општествената заедница истопанството.За да се соочат со таквите предизвици, граѓанитемораат да учат како да учат бидејќи имаат непосреден пристап до голем дел на знаењето кое го продуцира научната заедница. Денес е доволно да се отвори
некој интернетпребарувач и да се запишат клучнитезборови. Од тие причини е многу поважно студентитеда стекнат како општи (генерички) вештини на учењеи истражување, способности за вклучување и антиципирање на промените така и да се стекнат со специфични знаења и да се оспособат за спроведување наспецифични истражувања. Таквите вештини и компетенции треба да се развиваат на сите нивоа на образование вклучувајќи ги и вториот и третиот циклусна високо образование.Организирањето на постдипломските студии наЕкономскиот институт логично произлезе како следна богатиот научноистражувачки опус кој е создаванво речеси шестдеценискиот период од кадрите наЕкономскиот институт и бројните научни и стручнисоработници со кои Институтот соработувал низ едендолг период на своето постоење. Низ повеќе од еднадекада на напорна работа на развој и подобрување напостдипломските студии, Институтот постојано гоусовршува образовниот процес и прави напори завоведување на практики кои претставуваат најприкладен спој од искуството стекнато низ бројните научноистражувачки и апликативни проекти со современите теоретски достигнувања во областа на економската мисла. И во периодот што следува ќе се настојува да се продолжи со посветеноста во развојот настудиите од втор циклус, како и воведување на трет
циклус докторски студии, низ кој ќе се реформираат и приспособат постојните искуства во реализацијата на постапките и истражувањата за стекнување на научен степен – доктор на економски науки.Имајќи го предвид искуството на кадрите на Економскиот институт во научноистражувачката сфера,како и во досегашната имплементација на постдипломските студии и спроведување на постапки иистражувања за докторирање, сметам дека е неопходно да се направат заложби за обезбедување на првиотциклус на студии со кои ќе се обезбеди континуитетво образовниот процес и, секако, поизвесна одржливост на студиите од втор и трет циклус. За постигнување на вака поставените цели, потребно е да се преземаат следниве активности:• перманентна работа на усовршување на постојните образовни практики и понатамошно интегрирање на научноистражувачкото искуство,знаења и вештини во образовниот процес;• организирање на прв циклус на студии какозаеднички интердисциплинарни студии со другиединици во рамките на интегрираниотУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“;• организирање на студии од прв и вторциклус во рамки на заеднички студиски програми кои ќе се развијат врзоснова на меѓународна соработка содруги високообразовни или научниинституции;• воведување, акредитација и развој нанови студиски програми во вториотциклус на студии, и тоа приспособенина потребите на студентите кои завршиле тригодишно, односно четиригодишно високо образование;• воведување и развој на специјалистички студии;• воведување, акредитација и развој назаеднички студии на втор циклус содругите единици во рамките на интегрираниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“;• воведување, развој и акредитација на студискапрограма за третиот циклус на студии од областана економијата и организационите науки.За континуирано подобрување на квалитетот наобразовниот процес во целина, потребно е да се воведат современи практики на следење, евалуација ипроверка на наставните активности преку:• континуирана евалуација од страна на студентите, и тоа како на наставните практики, така и насамите наставници, како и на останатите условиво кои се спроведува наставниот процес;• преземање на корективни активности во ониеделови на наставниот процес кои ќе се идентификуваат како „слаби карики“ на системот;• перманентно обновување и осовременување набиблиотечниот фонд;• фокус на подобрување на истражувачките, аналитичките и комуникациските вештини на студентите;• организирање на предавања и „клиничка настава“ за студентите од страна на истакнати експерти од јавниот и/или приватниот сектор, од земјава и од странство;• обезбедување на можности за следење на семинари, обуки и работилници организирани надвор од редовниот наставен план;
33универзитетски весник - број 106
• обезбедување на електронски пристап до литература, научни истражувања, објавени научни истручни трудови на интернетпортали кои обезбедуваат пристап до истражувања од областа наопштествените науки;• креирање на прирачници за подготовка на семинарски трудови, упатства за содржината на магистерските и докторските пријави и постапка наподготовка на магистерски и докторски трудови;• креирање на прирачник за начините на студирање и регулирање на правата и обврските на студентите кои се запишале на Економскиот институт;• понатамошно подобрување на вебпорталот наЕкономскиот институт, која треба да обезбедипоголема и посеопфатна информираност на студентите и на сите оние што се заинтересирани заусовршување и продолжување на своето образование на Економскиот институт;• имплементација на електронски систем на администрирање на процедурите за пријавување иевиденција на испити, семинарски, упис на семестри, како и воведување на „електронски индекс“,со помош и поддршка на Универзитетот.Економскиот институт веќе започна со активностиза подготовка на докторските студии согласно соизмените на Законот за високото образование иСтатутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.Овие заложби мора да продолжат и во блиска иднинаво насока на унифицирање на пристапот на организирање на студиските програми од трет циклус ворамките на интегрираниот пристап, согласно со Правилникот за организирање на докторски студии. Вотаа насока од големо значење е користењето на експертизата која ја обезбедува Универзитетот, прекунепосредната соработка со службите на Ректоратот.Во таа насока, Економскиот институт ќе треба несамо да ги доразвие постојните студиски програми одвториот циклус, туку и да воведе нови студискимодули (потпрограми) во рамките на третиот циклус докторски студии. Низ докторските студии кои сеспроведуваат во третиот циклус на високото образование, студентите ќе треба да совладаат вештини надобро организирано научно истражување, но и да сестекнат со општи компетенции кои се потребни запримена на научни вештини во јавниот и приватниотсектор. Сметам дека во оваа насока ќе мора да сепродлабочи соработката со Економскиот факултет исо други единици на Универзитетот, преку користењена заедничките искуства и креирање на заедничкимодули или меѓусебно инкорпорирање на кадрите вонаставните процеси на третиот циклус на студии надвете институции. На овој начин, преку отворена соработка со другите единици на Универзитетот, придонесуваме за унапредување на квалитетот на интегративните процеси и зајакнување на постојните позиции на најстар и најреномиран универзитет во Република Македонија.
СТУДЕНТИТЕ КАКОПАРТНЕРИВОФОКУСОТ НА ОБРАЗОВНИОТПРОЦЕСУсилбите на персоналот, а посебно на академскиот персонал на Економскиот институт ќе бидат и воиднина насочени кон посветеноста, грижата и одго
ворниот однос кон студентите. Согласно со Болоњската декларација, студентите го добиваат централното место и претставуваат партнери во образовниотпроцес. Ваквиот статус им овозможува да бидат оценувачи на образовните практики и двигатели на иницијативи за промени кои водат кон негово подобрување. Во основа на заложбите за наредниот периодќе биде образование во чиј центар се наоѓа студентот,онака како што е тоа определено во Болоњската декларација. Пристапи кои ќе обезбедат современиприоди во „предавањето и учењето, ефикасни структури за поддршка и раководење, како и студискипрограми кои своето внимание ќе го фокусираат настудентот во сите три циклуси на студии“. Натамошното моделирање на студиските програми во насокана нивно подобрување, усогласувањето со меѓународните трендови во високото образование и приспособувањето на потребите на пазарот на трудот во Република Македонија, како и перманентното подобрување на квалитетот на предавањата, ќе претставуваатчекори во насока на обезбедување на повисок квалитет во областа на образованието.Со цел да се обезбеди улогата на студентите какоодговорни субјекти и двигатели на развојот во високото образование, ќе се настојува да се воведат механизми кои овозможуваат:• следење на потребите на студентите;• создавање на услови за мобилност на студентите,согласно со ЕКТСрежимот на студирање;• учество на студентите во научноистражувачкатаработа;• професионален развој преку обезбедување нанивно учество на конференции, семинари иработилници;• следење на кариерите на постдипломците –ALUMNIгрупи;• подобрена информираност и транспарентност засите сегменти на образовниот процес (наставнипрограми, режими на студии, финансиски аспекти);• поттикнување на објава на научни трудови восписанието кое го издава Економскиот институт.Во насока на обезбедување на квалитет вообразовниот процес ќе се преземат мерки заиновирање и подобрување на студиските програмипреку инкорпорирање на научните достигнувања исознанијата стекнати од истражувањата. Ова ќе ниовозможи постигнување на една од задачитепоставени во мисијата на Институтот а тоа езголемување на бројот на лицата со компетенции воистражувањето.
ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТИздавачката дејност на Институтот ќе продолжида се развива и во иднина. Издавањето на научнисписанија, стручни книги, учебници, зборници натрудови од одржаните научни собири, конференциии други јавни форуми се дел од начелата наопштествената одговорност, кои се спроведуваатпреку дисеминација на научните сознанија војавноста.• Научното списание „Економски развој“ ќе продолжи да се издава и во иднина, со настојувањеза порамномерна динамика од досегашната и
34 универзитетски весник - број 106
можност за објавување на научни статии од нашите постдипломци, докторанди и соработници одземјава и од странство.• Ќе се настојува списанието „Економски развој“ дапрерасне во меѓународно списание.
• Издавачката дејност ќе настојувам да се прошири преку квартално или семестрално издавањена Извештај за макроекономските движења воземјава. Овој Извештај, врз основа на анализа настатистичката база на Министерството за финансии, НБРМ, РЗС, како и други релевантни институции, ќе претставува сублимат на макроекономските движења, како и стручен приод кон идентификација на факторите, оцена на постојните иидните макро и микроекономски состојби во земјава.• Имајќи ги предвид современите технолошки икомуникациски достигнувања ќе се настојува издавачката дејност да претрпи промени и во насока на т.н. „отворен пристап“, односно објавување на електронска верзија на нашите изданија,со што пристапноста на сознанијата од истражувањата на Институтот ќе станат поблиски докорисниците, а истовремено ќе ги промовирамесопствените истражувачки капацитети.
КАДРОВСКА ПОЛИТИКАИИНВЕСТИЦИИВложувањата во човечки ресурси за научна институција се приоритетна инвестиција. Јакнењето на
капацитетите на научниот персонал ќе претставуваедна од приоритетните активности во наредниот период. Во таа насока ќе се настојува да се подобри кадровската структура во научниот сектор преку вработување на млади кадри (асистенти), со што ќе сезатвори една празнина која е создадена низ повеќегодишен период на апстиненција во прием на новикадри. Секако дека за ваквата политика ќе се бараатсогласности од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии.За вработените научни кадри ќе се поддржуваатиницијативи за континуирано унапредување на нивните знаења и вештини преку обуки, студиски престои и друг вид на усовршување во земјава и востранство.Иницијативите за инвестиции во материјални ресурси главно ќе бидат насочени на следниве полиња:• започнување на иницијативи за проширување напросторните капацитети на Институтот прекусогласност која, преку Универзитетот, ќе се бараод Министерството за образование и наука соцел да се изнајде решение за проширување и подобрување на просторот во кој се врши научноистражувачката и наставнообразовната дејносткоја е во постојан подем;• инвестиции во опрема за научни истражувања(економетриски софтвери од типот на STATA иEViews);• инвестиции во опрема и нагледни средства заподобрување на квалитетот на наставнообразовниот процес;• инвестиции во современа литература и периодични стручни и научни списанија, зборници идруга литература во насока на збогатување набиблиотечниот фонд.
Економскиот институт е најстарата научноистражувачка институција во областа на економските науки во земјава, со речеси шестдецениско постоење, пазатоа да се извршува функцијата директор на овааинституција претставува чест и одговорност. Да севоди ваква институција во понатамошен и континуиран развој, кој низ сите овие години минувал и низпериоди на неизвесности и проблеми бара одговорност, професионален однос, посветеност и напорнаработа. Спремна сум да ја прифатам ваквата одговорност пред целиот колектив, но и пред сите оние штосо својата работа и посветеност ја изградиле денешнава позиција на Институтот.Реализацијата на оваа Предлогпрограма, саматапо себе не може да се оствари доколку не биде поддржана од колективот и доколку во нејзината реализација не бидат вклучени сите вработени во Институтот. Ја изразувам и својата подготвеност за разгледување и прифаќање и на други идеи и иницијативикои водат кон развој и афирмација на нашиот Институт. Посебно сакам да ги истакнам своите заложби запримена на принципи на работа кои ќе водат конподобра соработка, меѓусебно разбирање и довербаво колективот, како што се одговорноста, професионализмот, транспарентноста, отчетноста и доследната примена на етичките принципи во однесувањето.
* * *
35универзитетски весник - број 106
9та самостојна изложба на проф. Жарко БашескиВВООННВВРРЕЕММЕЕННССККОО ИИ
ЕЕДДИИННССТТВВЕЕННОО ССИИЛЛИИККООННССККОО
ООББЛЛИИККУУВВААЊЊЕЕ ННАА ЧЧООВВЕЕККООТТ
Жарко Башески, редовен професор на Катедрата за вајарство при Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од 20 април до 5мај 2010 година во Културноинформативниот центар во Скопје, ни приреди несекојдневно задоволство. Изложба, која не сумсигурен дека може да се нарече изложба, ауште потешко дека тоа може да се опише сонеколку зборови. Сепак, ако би бирале зборови, ова доживување може да се нарече –невообичаено, досега невидено на овие простори, вонвременско. Можеби, последното бибило најточно, затоа што темата којаштоавторот ја избрал е вечната тема – човекот.Без оглед на тоа дали тој homo sapiens ечовекот кој излегува од земја (со којаштоисконски е поврзан) или замислениот лик наФилип II (од кој зрачи храброст, но и македонска благост), или пак автоскулптурата наавторот (која човек длабоко го замислува, докаде сè може да оди уметничката креација),оваа несекојдневна поставка си поигра со сетилата на бројната публика, вчудоневиденаод реалистичниот третман на делата на авторот.
Изработени од специјален силикон, сонајситни детали кои до перфекција го прикажуваат човековото тело, скулптурите напроф. Башески се новитет на нашите простори. Во својата креација тој не се запира натрите димензии на скулптурата, водејќи сесамо од естетските и уметничките карактеристики. Неговите скулптури се реалистични по својот приод, без интенција да гоидеализираат телото и да ја игнорираатреалноста и суровоста на природата. Напротив, пронаоѓајќи ја убавината на постоењетои енергијата на животот, ослободена одтрагањето по физичката совршеност, скулптурите на Башески зрачат со силен емотивен и психолошки набој. Истовремено, иакопостои суптилна поврзаност на скулптуритесо времето и приликите во кои ликовитеегзистираат, на сите нив без оглед на нивната големина во просторот, авторот им далживот и душа, со што човекот го сместил воцентарот на постојаната егзистенцијалнаборба.Затоа, скулптурите на проф. Башески,изработени со врвен хиперреализам, сескулптури што можат еднаш да се видат, носе гледаат и доживуваат постојано, затоашто тие со својата фасцинантност се всадуваат длабоко во душата и паметењето.
Пишува: Проф. др Велимир Стојковски
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“бул. Крсте Мисирков б.б., 1 000 Скопје, Македонија
: +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202
: [email protected] : www.ukim.edu.mk