Unite 1-9 (4)

68
Број и наслов на наставна единица 1. Азбуката , првите контакти, поздравување Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Premiers jours Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката: - да совлада лексика за воспоставување на првите контакти, француска азбука, да умее да поздравува Исходи Ученикот/ ученичката: - запомнува француска азбука, лексика за воспоставување на првите контакти и ја применува во кратки комуникативни ситуации Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација Обем и редослед на содржина активности на наставникот Активности на учениците Претставување на наставникот и учениците. Запознавање со методата. Дискусија за Франција и францускиот јазик. Запознавање со француската азбука преку песна (учебник стр.10 и ЦД), слушање и пеење. Запознавање со изразите за поздравување преку дијалозите во учебник стр.7. Додека го слушаат дијалогот наставникот со гестикулации ги истакнува изразите за поздравување, извинување, заблагодарување, за да можат учениците да ги препознаат. Поставува прашања: Што прават личностите, кои се личностите во двете ситуации? Како поздравуваме другар, а како возрасен? Напомена за употребата на salut за поздравување и отпоздравување (вежба 3). Пишување нови зборови на табла (salut, bonjour, pardon, merci, monsieur, madame) Учениците се претставуваат. Споделуваат претходни знаења за Франција (географија, спорт, музика, знаменитости...). Ја повторуваат азбуката слушајќи го наставникот. Ја меморираат азбуката преку пеење песна. Ги спелуваат своите имиња. Ги слушаат дијалозите и одговараат на прашања. Очекувани одговори: се поздравуваат, во првиот дијалог- деца / момче и девојче (salut), а во вториот- дете и возрасен (bonjour, au revoir). Ги идентификуваат изразите за поздравување, извинување, заблагодарување (вежба 4), а потоа ги пишуваат во тетратка. Драматизираат ситуации во кои ги употребуваат научените изрази. Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Transcript of Unite 1-9 (4)

Page 1: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Азбуката , првите контакти, поздравување

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Premiers jours

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да совлада лексика за воспоставување на првите контакти, француска азбука, да умее да поздравува Исходи Ученикот/ ученичката:

- запомнува француска азбука, лексика за воспоставување на првите контакти и ја применува во кратки комуникативни ситуации

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претставување на наставникот и учениците. Запознавање со методата. Дискусија за Франција и францускиот јазик. Запознавање со француската азбука преку песна (учебник стр.10 и ЦД), слушање и пеење. Запознавање со изразите за поздравување преку дијалозите во учебник стр.7. Додека го слушаат дијалогот наставникот со гестикулации ги истакнува изразите за поздравување, извинување, заблагодарување, за да можат учениците да ги препознаат. Поставува прашања: Што прават личностите, кои се личностите во двете ситуации? Како поздравуваме другар, а како возрасен? Напомена за употребата на salut за поздравување и отпоздравување (вежба 3). Пишување нови зборови на табла (salut, bonjour, pardon, merci, monsieur, madame)

Учениците се претставуваат. Споделуваат претходни знаења за Франција (географија, спорт, музика, знаменитости...). Ја повторуваат азбуката слушајќи го наставникот. Ја меморираат азбуката преку пеење песна. Ги спелуваат своите имиња. Ги слушаат дијалозите и одговараат на прашања. Очекувани одговори: се поздравуваат, во првиот дијалог- деца / момче и девојче (salut), а во вториот- дете и возрасен (bonjour, au revoir). Ги идентификуваат изразите за поздравување, извинување, заблагодарување (вежба 4), а потоа ги пишуваат во тетратка. Драматизираат ситуации во кои ги употребуваат научените изрази.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 2: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Училишниот прибор. Qu’est-ce que c’est? C’est un/une…

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Premiers jours

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови, флеш карти Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да применува изрази кои се користат на час, да умее да бара и дава информација за предмети во училницата и училишен прибор ( Qu’est-ce que c’est? C’est un/une….)

Исходи Ученикот/ ученичката: - идентификува предмети во училницата и применува изрази на час

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења: Наставникот ги поздравува учениците употребувајќи ги изразите совладани на претходниот час. Со флеш карти/слики/постер ги запознава учениците со лексика – предмети во училницата. "C’est un stylo. C`est une gomme." Пишува на табла "Qu’est-ce que c’est?" и ги прашува (нагласува интонацијата и гестикулира) учениците да ги идентификуваат предметите. Преку дијалогот на стр.8 од учебник ги запознава со изрази за комуникација на час. Се работат вежба 2 и 4. Работна тетратка стр. 7 вежба 4 и 5 - увежбување на наученото (активности со препознавање на зборови и реченици).

Учениците го поздравуваат наставникот (Bonjour Madame / Monsieur, ca va, merci, et vous). Се запознаваат со нов вокабулар и го увежбуваат изговорот. Се запознаваат со прашањето "Qu’est-ce que c’est?" и соодветниот одговор "C’est un/une…." Идентификуваат предмети во училницата (C`est un tableau…). Го слушаат дијалогот, набљудувајќи ги сликичките. Кажуваат каде се наоѓаат личностите ( a l`ecole). Определуваат кои изрази во кој дијалог ги слушаат (вежба 2). Го откриваат значењето на изразите со помош на гестикулациите од страна на наставникот. Ги работат вежбите од работната.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 3: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Поздравување, претставување (себеси и некого)

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, работни листови или компјутер Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да се претстави себе и друг, да води едноставна комуникација со примена на јазичните форми

Исходи Ученикот/ ученичката: - запомнува и применува лексика за претставување

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листи

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Наставникот ги воведува учениците во темата читајќи ја илустрацијата на стр. 13, вежба 10. Го објаснува значењето преку пример и гестикулирајќи “Moi, je m`appelle X, et et toi? Го запишува прашањето “Comment tu t`appelles?” и одговорите “Je m`appelle…/ Moi, c`est…” како и изразите за преставување на некого “Voila…/ C`est.../ Je te presente…/ Enchante,е”. Бара доброволци за увежбување на употребата на овие изрази. Дава листови (или на компјутер) - вежби за употребата на изразите (вежби со пополнување, поврзување). Ја следи работата на учениците по групи. По драматизациите на сите ученици дава глобална повратна информација во однос на изговорот и употребата на изразите.

Учениците одговараат на прашањето на наставникот “Je m`appelle…” и ја откриваат темата - претставување. Ги запишуваат изразите за претставување во тетратка и ги изговараат повторувајќи по наставникот. Кратки драматизации со наставникот. Пр “Bonjour. Je m`appelle X et toi, comment tu t`appelles? Moi, c`est Y et Voila Z. Enchante”. Решаваат вежби дадени од наставникот (на лист или на компјутер). Се самооценуваат со листи за проверка подготвени од страна на наставникот и дадени точни одговори. Потоа работат во групи, репродуцираат кратки драматизации во кои треба да ги употребат научените изрази, се подготвуваат и учествуваат во кратки комуникативни ситуации.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 4: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

2. Лични заменки еднина, еднина од глаголите s’appeler, еtre

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, хамер Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи, разбира глобално содржина на дијалог Исходи Ученикот/ ученичката:

- именува лични заменки и глаголите во еднина и ги применува во реченици Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со глаголите еtre и s’appeler преку хамер. Потсетување на глаголот s’appeler и откривање на значењето на je, tu, il, elle (лични заменки). Го чита глаголот и дава пример за сите лица. Дава примери за глаголот еtre (Je suis de Macedoine. Tu es de France.) преку кои учениците го откриваат значењето. Се увежбува менувањето на гл.- вежби 1, 3 и 5, учебник стр.16. Се работат вежбите 2 и 4 на стр. 12 (увежбување на способноста за усно разбирање). Ги запознава учениците со некои правила за читање (j, e, s, oi, ou). Запишува непознати зборови, го чита текстот и дава насоки при читањето на учениците (правила, интонација). За домашна работа: вежби 5 и 7 од учебник, стр.13.

Учениците надоврзувајќи се на претходните знаења, го кажуваат значењето на првите две лица на s’appeler и ги откриваат личните заменки и трето лице од глаголот. Неколку ученици го читаат s’appeler и даваат свои примери. Го откриваат значењето на глаголот еtre и го читаат. Учениците работат вежби (граматички) во учебникот. Работат самостојно а потоа читаат и заеднички се корегираат. Го слушаат дијалогот неколку пати кажуваат за што се работи во текстот и ги работат вежбите со кои ја развиваат способноста за усно разбирање. Учениците ги запишуваат правилата за читање и непознатите зборови во тетратка. Неколку ученици го читаат текстот по улоги.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 5: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

3. Име, презиме, адреса, занимање

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ја совлада потребната лексика за потполнување на едноставни формулари со име, презиме, адреса, занимање, да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање

Исходи Ученикот/ ученичката: - препознава и применува лексика за општи податоци (име, презиме, адреса, занимање), запомнува некои правила за читање

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, аналитичка листа за следење на напредокот на читањето со цел негово подобрување

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Се продолжува со обработка на дијалогот од минатиот час. Се потсетуваме на правилата за читање и се увежбува вештината читање. Наставникот користи аналитичка листа за следење на напредокот. Преку вежба 8, стр.15 од учебник се воведува вокабуларот за професии. Откривање на лексика за име, презиме, адреса, занимање, преку вежба 7, стр.11 од работна тетратка. Појаснување со употреба на позната лексика: Il s`аppelle P.L. Il est mannequin. Наставникот ги запишува непознатите зборови на табла.

Учениците го слушаат дијалогот и го читаат по улоги, обрнувајќи внимание на интонацијата и правилата за читање. Ја откриваат лексиката преку вежбата од учебникот. Поврзуваат слики со текст. Работат вежба од работна, забележуваат точни и неточни податоци. Потоа по примерот на наставникот ги претставуваат сите личности (Elle s`appelle Juliette Beranger. Elle est journaliste….). Ги запишуваат непознатите зборови во тетратка. За следниот час да донесат сликички од своите омилени ѕвезди.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 6: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

4. Распрашување : Qui est-ce ? Voilà… Потполнување на кус формулар

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка, слики Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да го совлада прашањето за идентификување на луѓе и соодветниот одговор Исходи Ученикот/ ученичката:

- идентификува конкретни информации во даден текст, го помни и употребува прашањето “Qui est-ce? ” и соодветниот одговор “C`est... ”.

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Со помош на сликите на учениците од омилените звезди, наставникот ги запознава со прашањето Qui est-ce. Покажува слики и за секоја вели “Qui est-ce? C`est Toshe.” или “Voila Johnny Depp.” Потоа ги прашува учениците. Активноста продолжува со сликите од учебникот на страна 14. Наставникот ги прашува учениците кои се личностите. Се работи вежба 2 – писмено разбирање на текст и вежба 5 -претходни знаења за личните заменки. Активност – пополнување на формулари со име, презиме, адреса и професија (по примерот од учебникот). Наставникот ја следи работата на учениците и дава насоки. Вежба 2 од работна тетратка стр. 10.

Учениците се запознаваат со прашањето за идентификување на луѓе и соодветниот одговор. Ги гледаат сликите и одговараат доколку ги познаваат личностите (C`est Tom Cruise). Учениците ги читаат текстовите и ја работат вежба 2 – точно неточно и вежба 5 - ја подвлекуваат соодветната лична заменка. Неколку ученици ги читаат на глас текстовите. Потоа прават формулар со свое име, презиме, адреса и име, презиме, професија на омилената звезда, ја лепат сликичката и го пополнуваат формуларот. Ја работат вежбата од работната-пишуваат реченици со “C`est…; Il / Elle est…”.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 7: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

5. Претставување на француска и домашна звезда

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Листови, автентични документи-песна, ЦД плеер Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да претстави француска и домашна звезда и да се запознае со познати француски личности од областа на спортот, музика, телевизија и модата.

Исходи Ученикот/ ученичката: - применува соодветна лексика и граматичка структура за претставување на личност

Оценување Во текот на сите активности, наставникот дава усна повратна информација, писмена повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Активност со користење на формуларите од претходниот час - претставување на омилената личност. Наставникот дава писмена повратна информација за текстовите. Потоа дели листови на кои има познати француски личности. Дадено е име и сликичка која асоцира на професијата, како и во кој филм/ клуб игра/ песни... Вежба со дополнување. Дискусија за личностите (дали познаваат некои од дадените или други француски личности) и нивно претставување. Доближување на француската култура на учениците и нивно поттикнување да го користат јазикот и надвор од часовите (интернет, музика, филм...) Слушање на песна од актуелната француска музичка сцена.

Учениците ги користат направените и пополнетите формулари од претходниот час и пишуваат текст во кој ја претставуват својата омилена личност. Ги читаат текстовите и добиваат писмена повратна информација. Учениците се запознаваат со некои познати француски личности од областа на спортот, музика, телевизија и др. Според дадената сликичка ја откриваат нивната професија (вежба со дополнување). Учениците претставуваат усно некоја од дадените личности.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 8: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

6. Броевите до 10

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, постер, топче, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, индивидуална, во парови Цели Ученикот/ ученичката:

- да го совлада правописот и изговорот на броевите од 1 до 10 Исходи Ученикот/ ученичката:

- брои до 10 Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со броевите од 1 до 10 со помош на постер на кој се напишани и претставени. Се увежбува изговорот. Слушање и пеење на песна за броевите, чиј текст е на стр.13 во учебникот. Активност за препознавање на броевите- решавање осумнасочник. Активност за меморирање и увежбување на изговорот на броевите - подавање со топче и броење до 10. Потсетување на азбуката. Спелување на броеви.

Учениците се запознаваат со броевите од 1 до 10 и го увежбуваат изговорот повторувајќи по наставникот. Ги меморираат броевите слушајќи и пеејќи песна која ги содржи. Решаваат осумнасочник, ги пронаоѓаат броевите и ги заокружуваат. Учениците си подаваат со топче. Кој ќе го фати топчето треба да го изговори бројот кој следи. Се брои по ред од 1 до 10. Вежба со спелување на броевите. Еден ученик спелува број, а друг го пишува на табла.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 9: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

7. Увежбување на содржините од тема 1

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- ги увежбува и утврдува стекнатите знаења (лексика, граматика) Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги помни и ги применува стекнатите знаења Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листа

за самооценување

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Усна проверка на стекнатите знаења (Што е научено до сега?) Според бројот на кренати раце наставникот добива општа претстава за совладанато. Дава усна повратна информација. Потоа се работат вежби во работната тетратка. Вежба 2 стр. 6 – поврзување прашање и одговор. Вежба 2 стр.8 – наоѓање прашање за даден одговор. Вежба 1 стр. 10 – составување дијалози по слики од дадени реченици. Вежба 4 стр.10 – пополнување со соодветното лице на глаголите. Вежба 5 стр. 11 – пополнување крстозборка по слики за професии. Наставникот дели чек листи за самооценување на учениците

Учениците набројуваат што научиле и усно го презентираат наученото (менуваат глаголи, бројат, кажуваат изрази за поздравување и претставување, изрази на час, азбука, прашањата за идентификување на предмети и луѓе, училишениот прибор) Потоа решаваат вежби во работната. Учениците работат самостојно, одговорите ги читаат по ред сите ученици и меѓусебно се корегираат. Учениците потоа се самооценуваат за покажаното знаење. Пополнуваат чек листа (што е научено, а на што треба да се обрне внимание, да се доучи за да се постигнат бараните цели).

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 10: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

Вреднување на темата со соодветен инструмент

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Листови Форми и методи на работа Индивидуална работа Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува лексика за училишниот прибор, глаголите s’appeler, еtre, броевите до 10, Qu’est-ce que c’est? C’est un/une... Qui est-ce ? Voilà…

Оценување Усна и писмена повратна информација, аналитичка листа, тест

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Наставникот дава тест преку кој прави проверка на постигањата на учениците и добива целосна слика за сите постигнати цели од темата. Ги вреднува со помош на аналитичка листа за секој ученик, во која се наведени целите и колку е постигната секоја (во целост, делумно)

Учениците ги разгледуваат задачите заедно со наставникот. Потоа го работат тестот. Добиваат писмена повратна информација и детален приказ за своите постигања преку аналитичка листа.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 11: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Училиштето и неколку наставни предмети

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Spécial collège

Потребни ресурси Учебник, работни листови (или компјутер), ЦД плеер, ЦД Форми и методи на работа Работа со цело одделение, индивидуална, во парови Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со образовниот систем во Франција, да знае лексика од темата училиште и училишни предмети

Исходи Ученикот/ ученичката: - запомнува лексика од темата училиште и училишни предмети

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со темата- училиште, стр. 19 од учебник. Наставникот дели листови (може и на компјутер) на кои е преставен образовниот ситем во Франција. Пример. Ecole maternelle / primaire / college / lycee ; ans ; age des eleves. Дискусија и споредба со нашиот образовен систем. Набројување на изучени зборови на тема училиште (прибор). Надоврзувајќи се на претходните знаења наставникот ги запознава учениците со училишните предмети преку вежба со поврзување (на лист или компјутер). Активности – препознавање на научената лексика, вежба 7а во работна тетратка стр.17. Спелување на зборовите во парови. Слушање и пеење на песничка, учебник стр. 24.

Учениците ја набљудуваат сликата и кажуваат што гледаат (училиште, ученици) Се запознаваат со образовниот систем во Франција и лексика. Дискутираат и споредуваат со образовниот систем во Македонија. Претходни знаења - учениците го набројуваат вокабуларот за училишен прибор. Се запознаваат и со училишните предмети преку вежба во која поврзуваат слика со соодветниот предмет. Ги запишуваат во тетратка новите зборови. Увежбување на зборовите преку активности со препознавање (осумнасочник) и спелување. Учениците ја слушаат и пеат песната со новата лексика.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 12: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

2. Глаголите : aimer, adorer, détester во еднина

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Spécial collège

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови, флеш карти Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да изрази вкус (глаголи aimer, adorer, détester во еднина), да репродуцира едноставни реченици во сегашно време

Исходи Ученикот/ ученичката: - изразува вкус и дејствија во сегашно време употребувајќи ги предвидените граматички елементи

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Слушање на дијалогот и откривање на темата преку сликите. Вежби 1 и 2 во учебник на стр. 21. Запознавање со глаголите за изразување на вкус. Запознавање со еднината на глаголите aimer, adorer, détester преку вежба 6. Надоврзување на претходни знаења за лексика од тема училиште, препознавање на зборовите (вежба 8) и употреба во реченици. Наставникот дава пример, а учениците продолжуваат (J`aime le francais et toi? Je deteste la cantine et toi?) Увежбување на менувањето на глаголите во еднина- вежба 3 стр.24. Напомена за сегашно време кај глаголите од прва група (на -er) и запознавање со други (habiter, ecouter, preferer, chanter…)

Учениците ги набљудуваат сликите и кажуваат дека се работи за анкета за училиште. Го слушаат дијалогот и го откриваат значењето на глаголите преку втората вежба. Учениците самостојно откриваат како се менуваат глаголите во еднина. Ја дополнуваат табела и ги запишуваат во тетратка. Ја работат вежба 8 со која се потсетуваат на изучениот вокабулар за училиште. Репродуцираат едноставни реченици. Ја работат вежба 3 преку која ја увежбуваат употребата на глаголите во реченици и воочуваат дека исто се менуваат и други глаголи (s`appeler, habiter)

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 13: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

3. Определен член

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Spécial collège

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со определените членови и нивна употреба, да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање

Исходи Ученикот/ ученичката: - препознава и употребува определен член, запомнува некои правила за читање

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, аналитичка листа за следење на напредокот на читањето со цел негово подобрување

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Читање на дијалогот и запознавање со определените членови преку вежба 5а, стр. 20 од учебник. Запознавање со употребата на членовите преку вежба 5б. Напомена за l`. Потсетување на правилата за читање, запознавање со нови (ai, au). Увежбување на вештината читање. Наставникот користи аналитичка листа за следење на напредокот. Слушање на дијалогот, разбирање и читање по улоги. За домашна работа да напишат што сакаат/обожаваат/мразат.

Учениците го читаат дијалогот во себе и ги поврзуваат зборовите со соодветниот определен член. Ја пополнуваат табелата и откриваат кој член за кој род и број на именка се употребува. Претходни знаења. Учениците ги набројуваат изучените правила за читање и се запознаваат со нови. Го слушаат дијалогот, го преведуваат и го читаат по улоги, обрнувајќи внимание на интонацијата и правилата за читање.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 14: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

4. Распрашување со Qu’est-ce que…?

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Spécial collège

Потребни ресурси Учебник Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да поставува кратки прашања, да одговара на едноставни прашања, да води едноставна комуникација во врска со училиштето

Исходи Ученикот/ ученичката: - го применува прашањето Qu’est-ce que…? и соодветниот одговор, се потсетува на изучената лексика за поздравување и претставување и лексика за разговор за училиште

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Читање домашни работи и давање усна повратна информација. Запознавање со прашањето Qu’est-ce que…? Откако ќе прочита некој ученик наставикот вели “Ana aime le francais, et toi?” Увежбување на прашањето и соодветниот одговор преку вежба 7 од учебникот на стр. 21. Усна активност вежба 9 - самостојна примена на наученото. Драматизации - активност во која се употребуваат стекнатите комуникативни акти за поздравување, претставување и разговор за училиштето. Наставникот ја следи работата на учениците и дава насоки. По драматизациите на сите ученици дава повратна информација во однос на изговорот и употребата на изразите.

Учениците ја читаат домашната во која напишале што обожаваат/ сакаат/ мразат. Се запознаваат со прашањето Qu’est-ce que…? и одговараат. Ја работат вежбата од учебникот во која поврзуваат прашања со соодветниот одговор. Потоа самостојно го употребуваат наученото во едноставни реченици. Поставуваат и одговараат на прашања. Работат во групи, репродуцираат кратки драматизации во кои треба да ги употребат научените изрази, се подготвуваат и учествуваат во кратки комуникативни ситуации.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 15: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

5. Деновите во седмицата, распоредот на часовите

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Spécial collège

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови (или компјутер) Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да дава информации во врска со распоредот на часовите по денови Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги помни деновите од неделата и ги употребува во реченици, се потсетува на училишните предмети Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со деновите од неделата преку песничката од учебникот на стр.23. Слушање и пеење. Претходни знаења за училишните предмети. Усна активност – употреба на деновите во реченици. Активност за меморирање и увежбување на изговорот на деновите - подавање со топче. Наставникот дава листови на кои се напишани деновите од недела со измешан распоред на буквите (може и на компјутер). Правење распоред на часови по денови (кој ќе се користи и нареден час). Давање информации за распоредот на часовите по денови. Наставникот дава усна повратна информација за изговорот.

Учениците се запознаваат со деновите од неделата и го увежбуваат изговорот слушајќи и пеејќи ја песничката. Репродуцираат свои реченици по примерот од текстот на песната. Учениците си подаваат со топче. Кој ќе го фати топчето треба да го изговори денот кој следи. Работат вежба на препознавање на деновите од неделата. Правилно ги распоредуваат буквите од зборовите. Прават распоред на часови по денови, а потоа даваат информации за истиот.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 16: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

6. Avoir во еднина, лична заменка – on

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Spécial collège

Потребни ресурси Учебник Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со глаголот во еднина аvoir во еднина и лична заменка on, да води едноставна комуникација во врска со училиштето

Исходи Ученикот/ ученичката: - ги помни и употребува во реченици глаголот во еднина аvoir во еднина и личната заменка on

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења за изучени глаголи (правилни и неправилни). Запознавање со формите на глаголот аvoir во еднина. Работа на вежби 5 и 6 од учебник стр. 23 и запознавање со употребата на личната заменка on. Увежбување на употребата на наученото во реченици преку вежби во учебникот на стр. 24. Активности со дополнување - вежба 5 и 8, усно разбирање и препознавање - вежба 6, поврзување на слика со текст - вежба 7. Наставникот ја следи работата на учениците и дава усна поврана информација.

Учениците ги набројуваат и менуваат изучените глаголи. Се запознаваат со глаголот аvoir во еднина. Го увежбуваат изговорот повторувајќи по наставникот. Ги работат вежбите 5 и 6 во учебникот. Примена на глаголот во реченици и се запознаваат со употребата на личната заменка on. Ја увежбуваат употребата на глаголот и заменката во реченици, работејќи ги вежбите од учебникот на стр. 24. Учениците работат самостојно, читаат и меѓусебно се корегираат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 17: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

7. Училиштата во Франција и кај нас. Симболите на Франција

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Spécial collège

Потребни ресурси Учебник, листови, коцки Форми и методи на работа Работа со цело одделение, индивидуална, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со образовниот систем во Франција, да се запознае со симболите на Франција, да распознава најкарактеристични социокултурни особености,

Исходи Ученикот/ ученичката: - идентификува конкретни информации во даден текст, идентификува симболи на Франција

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Читање на текстот во тишина од учебник стр. 22 - глобално разбирање. Разбирање на конкретни информации. Вежби 1, 3. Наставникот дава информации за специјализирани училишта во Франција за спорт, музика, танц и сл. Имаат повеќе часови преку неделата затоа што не одат во сабота како во другите училишта. Дискусија за училиштата во Франција и кај нас. Дискусија на тема Франција (По што е позната, што знаат за неа). Наставникот дели листови со објаснување на македонски за секој симбол претставен во учебникот на стр. 26 и 27. Се чита на глас. Ги појаснува речениците од играта и бара доброволци кои ќе ја играат играта. Ја следи активноста на учениците по групи.

Учениците го читаат текстот во себе и кажуваат за каква репортажа станува збор. Во третата вежба одредуваат точни и неточни искази. Го читаат текстот и дискутираат. Се запознаваат со специјализираните училишта во Франција и споредуваат со училиштата во Македонија (распоред на часови, денови, предмети). Дискутираат, споделуваат свои познавања за Франција. Ги разгледуваат сликите и го читаат текстот. Ги препишуваат речениците од играта во тетратка (2,4,5,8,9,12,14) Неколку ученици ја играат играта. Потоа сите играат по групи.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 18: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

8. Увежбување на содржините од тема 2

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Spécial collège

Потребни ресурси Работна тетратка, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи од темата Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува стекнати знаења од лексика и граматика од темата Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листа

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Усна проверка на стекнатите знаења од граматика и лексика. (Што е научено до сега?) Според бројот на кренати раце наставникот добива општа претстава за совладанато. Дава усна повратна информација. Потоа се преминува на увежбување и утврдување на стекнатите знаења од лексика и граматика - се работат вежби во работната тетратка. Активности со дополнување на реченици. Вежби 2, 3, 4 на стр. 14; вежби 1, 3, 5 на стр.16. Наставникот ја следи работата на учениците. Дели чек листи за самооценување на учениците (што е научено, а на што треба да се обрне внимание, да се доучи за да се постигнат бараните цели).

Учениците набројуваат што научиле и усно го презентираат наученото. Решаваат вежби во работната тетратка. Учениците работат самостојно, одговорите ги читаат по ред сите ученици и меѓусебно се корегираат. Учениците потоа се самооценуваат за покажаното знаење. Пополнуваат чек листа за тоа што научиле и што треба да доучат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 19: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Негацијата ne... pas

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Tous différents

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, индивидуална Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи (негацијата ne... pas) Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и употребува негативна форма Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Откривање на темата. Вниманието на учениците е насочено на последната слика, вежба 1, стр. 30-31 учебник. Кратка дискусија за расизмот. Слушање на текстот два пати, глобално разбирање. Запознавање со негативна форма преку вежба 4 и 5. Наставникот гестикулира за да ја долови негацијата. Вниманието е насочено на синото квадратче – образување на негативна форма. Увежбување на употребата на негативна форма преку вежбите 1 и 2 на страна 34.

Учениците ја гледаат сликата и се запознаваат со поимот расизам. Даваат свое мислење во врска со расизмот и разликите меѓу луѓето. Го слушаат текстот. Ги работат вежбите 4 (усно разбирање, препознавање) и 5 (воочување, препознавање) преку кои ја откриваат негацијата. Потоа ја гледаат табелата во сино квадратче и кажуваат како се образува негативна форма. Ги работат вежбите 1 (со дополнување) и 2 (подредување по ред) со што ја увежбуваат употребата на негација.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 20: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

2. Машки и женски род на описните придавки

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Tous différents

Потребни ресурси Учебник, постер, ЦД плеер, ЦД, флеш карти Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, индивидуална Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со машки и женски род на описните придавки и да ги применува Исходи Ученикот/ ученичката:

- именува и применува описни придавки во соодветен род Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со описни придавки преку постер. Запознавање со машки и женски род на придавките - вежба 6а, стр.31 од учебник. Вниманието е насочено кон розевата табела и заеднички се открива образувањето на женски род кај придавките. Слушање и повторување на речениците – обрнување внимание на последните согласки во машки род не се слушаат. Увежбување - вежба 4 стр. 34 (усно разбирање, препознавање). Вежба 8, стр. 31 - активност со флеш карти на кои се претставени описните придавки со слики. Наставникот демонстрира, а потоа учениците продолжуваат. (Помислува на некој ученик и учениците погодуваат за кој се работи. Ги покажува по ред флеш картите, а учениците прашуваат Il/ elle est grand/e?, наставникот вели oui/non, il/elle n`est pas grand/e)

Учениците се запознаваат со нова лексика – описни придавки. Ја работат вежба 6а (идентификување, препознавање) преку која се запознаваат со машки и женски род на описните придавки. Потоа ја гледаат табелата и според дадените примери кажуваат како се образува женски род. Ги слушаат и повторуваат речениците, забележуваат дека последните согласки во машки род не се слушаат/изговараат. Увежбување на разликата при изговор во машки и женски род преку вежба 4. Учениците ги меморираат описните придавки, увежбуваат изговор во машки и женски род и се потсетуваат на негативна форма преку активноста со погодување на личност од одделение. Поставуваат и одговараат на прашања.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 21: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

3. Опишување ( себеси и некого )

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Tous différents

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, индивидуална Цели Ученикот/ ученичката:

- да дава едноставни описи за себе и други, да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање

Исходи Ученикот/ ученичката: - опишува личност

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, аналитичка листа за следење на напредокот на читањето со цел негово подобрување, писмена повратна информација.

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Слушање и читање на текстот стр. 30 од учебник. Потсетување на правилата за читање, запознавање со нови (ch, s). Увежбување на вештината читање. Наставникот користи аналитичка листа за следење на напредокот. Работна тетратка стр. 24 вежба 2 – опишување на личност со дадени податоци и запознавање со нова лексика. Ја следи работата на учениците дава насоки и глобална усна повратна информација. Проверка на описите на учениците, писмена повратна информација.

Претходни знаења. Учениците ги набројуваат изучените правила за читање и се запознаваат со нови. Го слушаат дијалогот, го преведуваат и го читаат по улоги, обрнувајќи внимание на интонацијата и правилата за читање. Ја работат вежбата од работната. Се запознаваат со нова лексика (taille, poids, cheveux, loisirs) и ја опишуваат личноста. Потоа на лист се опишуваат себе си. За домашна работа да опишат пријател или омилена личност.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 22: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

4. Броевите од 11 до 20. Давање и барање информации за возраст

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Tous différents

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, топче Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да бара и дава информации во врска со возраста, да брои до 20 Исходи Ученикот/ ученичката:

- се потсетува на броевите до 10, брои од 1 до 20, употребува лексика за барање и давање информации за возраст

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – броеви до 10. Запознавање со броевите до 20 со помош на постер. Се увежбува изговорот. Претходни знаења – глаголот avoir. Учебник стр. 33 вежба 7. Вниманието се насочува на прашањето за возраст и одговорот. Наставникот прашува Tu as quel age, Il/ Elle a quel age а потоа учениците меѓусебно бараат и даваат информации за возраста. Слушање и пеење на песната. Активност за меморирање и увежбување на изговорот на броевите - подавање со топче и броење од 1 до 20.

Учениците бројат од 1 до 10. Се запознаваат со броевите до 20 и го увежбуваат изговорот повторувајќи по наставникот. Се потсетуват на глаголот avoir, го менуваат усно. Го гледаат текстот на песната од седма вежба и се запознаваат со прашањето и соодветниот одговор за информации во врска со возраста. Усно увежбување. Ги меморираат броевите слушајќи и пеејќи ја песната. Учениците си подаваат со топче. Кој ќе го фати топчето треба да го изговори бројот кој следи. Се брои по ред од 1 до 20.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 23: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

5. Неопределен член-des. Опозиција на определен и неопределен член

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Tous différents

Потребни ресурси Учебник Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи (определен и неопределен член и разликата, образување на множина)

Исходи Ученикот/ ученичката: - одредува и употребува определен и неопределен член и множина

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења за неопределен и определен член. Вежба 5, стр. 33 од учебник. Запознавање со неопределен член за множина и правење разлика при употреба на определен и на неопределен член. Увежбување на членовите - вежби 5 и 6 стр. 34. Вежба 6 - запознавање со образување на множина. Увежбување на множина – вежби 7, 8, 9 стр. 34.

Учениците се потсетуваат на изучените членови, даваат примери. Ја работат вежба 5 (дополнуваат), се запознаваат со des и согледуваат разлика при употреба на определен и неопределен чл. Ја увежбуваат употребата работејќи ги вежбите на стр.34. Учениците откриваат како се образува множина пополнувајќи ја вежба 6 и ја увежбуваат употребата работејќи ги вежбите на стр. 34 (согледуваат изговор на зборови во еднина и множина, дополнуваат со соодветни наставки за множина, дополнуваат реченици)

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 24: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

6. Меѓународниот ден против расизмот

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Tous différents

Потребни ресурси Учебник, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, индивидуална, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да се оспособи за почитување на разликите, другите култури и традиции, да пишува кратка парола Исходи Ученикот/ ученичката:

- идентификува конкретни информации во даден текст, креира пароли Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Вниманието е насочено на документот на стр. 32 од учебник – откривање на темата, вежба 1. Читање на текстот во тишина. Разбирање на конкретни информации. Вежби 3, 4. Читање на текстот и глобално разбирање на истиот. Наставникот дава информации за Франција, мултикултурата, антирасизмот (текстот во guide pedagogique стр. 44) Вежба 2 – пронаоѓање на слоганите во текстот. Ги поттикнува учениците да размислуват на темата и да креираат свои слогани против расизмот.

Учениците го разгледуваат документот и кажуваат која е темата. Го читаат текстот во себе и ги работат вежба 3 (одредуваат точни и неточни реченици) и вежба 4 (поврзуваат текст со слика). Неколку ученици го читаат текстот. Се запознаваат со мултикултурата во Франција, иницијативи против расизмот, меѓународниот ден против расизмот – 21 март. Ги пронаоѓаат слоганите. Учениците работат по групи, дискутираат и креираат пароли против расизмот. Ги пишуваат на листови, кои ќе бидат истакнати во училницата.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 25: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

7. Увежбување на содржините од тема 3

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Tous différents

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- ги увежбува и утврдува стекнатите знаења (лексика, граматика) Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги помни и ги применува стекнатите знаења Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листа

за самооценување

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Усна проверка на стекнатите знаења (Што е научено до сега?) Според бројот на кренати раце наставникот добива општа претстава за совладанато. Дава усна повратна информација. Потоа се преминува на увежбување и утврдување на стекнатите знаења од лексика и граматика - се работат вежби во работната тетратка. Вежба 3 стр.22 (преформулирање на реченици), вежба 6 стр. 23 (подвлекување), вежба 3 стр.24 (пишување реченици). Наставникот ја следи работата на учениците. Наставникот дели чек листи за самооценување на учениците (што е научено, а на што треба да се обрне внимание, да се доучи за да се постигнат бараните цели).

Учениците набројуваат што научиле и усно го презентираат наученото. Потоа решаваат вежби во работната. Учениците работат самостојно, одговорите ги читаат по ред сите ученици и меѓусебно се корегираат. Учениците потоа се самооценуваат за покажаното знаење. Пополнуваат чек листа за тоа што научиле и што треба да доучат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 26: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

Вреднување на темата со соодветен инструмент

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Tous différents

Потребни ресурси Листови Форми и методи на работа Индивидуална работа Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува лексика за училиште, негација, броеви до 20, определен и неопределен член, род кај поридавките, глаголите aimer, adorer, détester

Оценување Усна и писмена повратна информација, аналитичка листа, тест

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Наставникот дава тест преку кој прави проверка на постигањата на учениците и добива целосна слика за сите постигнати цели од темата. Ги вреднува со помош на аналитичка листа за секој ученик, во која се наведени целите и колку е постигната секоја (во целост, делумно)

Учениците ги разгледуваат задачите заедно со наставникот. Потоа го работат тестот. Добиваат писмена повратна информација и детален приказ за своите постигања преку аналитичка листа.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 27: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Семејство. Присвојни придавки

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Photo de famille

Потребни ресурси Учебник, постер Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да ги претстави членовите на своето семејство, да ги применува присвојните придавки Исходи Ученикот/ ученичката:

- ја помни и применува лексиката – семејство, ги применува присвојните придавки Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Учебник стр. 37 – откривање на темата преку дадената слика. Наставникот ги запознава учениците со вокабуларот семејство преку постер на кој е прикажано генеолошко дрво. Пример -Voila la famille de Nicolas. Louis est son grand-pere… Запознавање со присвојните придавки преку табелата во учебник на стр. 39 и примери – Mon cousin s`appelle X. Comment s`appelle ton cousin? Прашува кои придавки за кој род и број именки се употребуваат и дава примери (mon pere/frere; ma mere/soeur; mes parents/ancetres). Усно се увежбува употребата преку прашања (C`est ta trousse? C`est ton stylo?). Увежбување на семејството – вежба 8. Увежбување на придавките – вежба 4 стр.42.

Учениците ја гледаат сликата и ја погодуваат темата – семејство. Се запознаваат со нови зборови – членовите на семејството и го откриваат значењето. Се запознаваат со присвојните придавки. Ги употребуваат во реченици, одговарајќи на прашањата на наставникот. Потоа кажуваат кои придавки за кој род и број именки се употребуваат. Ја увежбуваат употребата одговарајќи на прашањата на наставникот (Oui c`est ma trousse…). Го дополнуваат текстот со вокабуварот семејство – вежба 8. Ги трансформираат речениците со употреба на присвојна придавка – вежба 4. За дома да го претстават своето семејство.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 28: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

2. Увежбување на присвојните придавки

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Photo de famille

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да знае да искаже присвојност, да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање Исходи Ученикот/ ученичката:

- идентификува конкретни информации во даден текст, ги препознава и правилно употребува присвојните придавки

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, аналитичка листа за следење на напредокот на читањето со цел негово подобрување

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Се чита домашната во која требаше да се престави своето семејство. Наставникот дава усна повратна информација. Слушање на текстот и идентификување на присвојните придавки. Набљудување на сликите, читање на текстот во тишина и наоѓање конкретки информации во текстот – вежби 3 и 4. Читање на текстот по улоги. Наставникот користи аналитичка листа за следење на напредокот на читањето. Активности со пополнување на реченици, поврзување -вежби со присвојни придавки во работна тетратка стр. 29.

Неколку ученици ја читаат домашната – претставување на семејството. Го слушаат текстот и ги забележуваат присвојните придавки. Ги гледаат сликите на стр. 38 во учебник, го читаат текстот во себе и ги работат вежбите. Го читаат текстот по улоги, внимавајќи на интонацијата и правилата за читање. Учениците ги работат вежбите од работната и ја увежбуваат употребата на присвојните придавки

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 29: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

3. Лични заменки во множина; avoir / être во множина

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Photo de famille

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените граматички елементи (лични заменки, avoir / être во множина)

Исходи Ученикот/ ученичката: - ги менува глаголите во сегашно време, ги препознава и употребува во реченици

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – глаголите avoir / être во еднина. Запознавање со множината на глаголите преку вежбата (поврзување на искази) и табелата од вежба 4 во учебник на стр.41 Меморирање на глаголите- усно менување. Препознавање и употреба на глаголите во реченици – вежба 5 стр. 42, усно разбирање – вежба 6. Вежби 3 и 4 на стр. 30 во работна тетратка- препознавање на личните заменки и глаголите.

Учениците се потсетуваат и ги менуваат глаголите avoir / être во еднина. Ја откриваат множината на глаголите преку вежбата- поврзуваат. Учениците усно ги менуваат глаголите во сегашно време. Ги пронаоѓаат формите на глаголите во осумнасочникот и ги дополнуваат речениците со соодветните форми на глаголот. Ги работат вежбите од работната тетратка, поврзуваат и потцртуваат соодветна форма на глаголот.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 30: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

4. Глаголи од I група во множина

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Photo de famille

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените граматички елементи (сегашно време кај глаголи од прва група во множина)

Исходи Ученикот/ ученичката: - ги препознава наставките за сегашно време ( глаголи од I група), ги употребува глаголите во реченици

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења - глаголи од I група во еднина, набројување на изучени глаголи, усно менување. Запознавање со множината од глаголите од прва група преку вежба 5 во учебник на стр. 41. Усно разбирање на глаголите во еднина и множина – веж 8 стр.42 Увежбување на глаголите – работна тетратка стр.31 вежба 7 (поврзување на зборови во реченица) и вежба 8 (составување реченици со дадени глаголи)

Се потсетуваат на глаголите од I група во еднина, ги набројуваат и менуваат. Го читаат текстот, ги идентификуваат формите на глаголите и ги вметнуваат во табелата од вежбата согласно лицето. Ги слушаат глаголите и забележуваат еднина или множина. Ја увежбуваат употребата. Ги работат вежбите од работната, поврзуваат, составуваат реченици. За домашна работа да напишат реченици со сите изучени глаголи од I група.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 31: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

5. Негацијата со pas de…

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Photo de famille

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да разликува употреба на ne… pas de и ne… pas , да знае да ги распознава основните интонациски модели во исказна, одречна реченица.

Исходи Ученикот/ ученичката: - разбира и применува негација со pas dе

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – образување на негативна форма. Запознавање со негацијата со pas dе и нејзина употреба – вежба 6 во учебник стр. 39. Наставникот дава примери на табла за полесно да откријат учениците кога се употребува. J`ai un livre/ Je n`ai pas de livre; J`ai deux livres/ Je n`ai pas de livres; J`aime les livres/ Je n`aime les livres. Напомена за d` + самогласка/ h muet. Увежбување на усвоеното – вежби 1, 2, 3 во учебник стр. 42 и вежба 3 од работна тетратка стр. 28.

Учениците се потсетуваат и кажуваат како се прави негација. Се запознаваат со негацијата со pas dе преку примерите од учебникот и заедно со наставникот ја откриваат употребата (кога пред предметот има неопределен член или број се употребува ne… pas de, а кога има определен член ne… pas. Ја увежбуваат употребата на ne… pas de и ne… pas работејќи ги вежбите од учебникот, потцртуваат, одговараат на прашања и ја пополнуваат вежбата од работната.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 32: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

6. Претставување и опишување на семејството

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Photo de famille

Потребни ресурси Работна тетратка, слики од семејство Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да ги претстави и опише членовите на своето семејство Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги употребува стекнатите граматички и лексички елементи за да го претстави и опише своето семејство

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, пишана повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – семејство, лексика за опишување на личност, род и број кај именките, глаголи во сегашно време. Вежба 9 во работна тетратка на стр. 31 – читање на текст и пополнување на генеолошко дрво. Пишување кратка презентација и опис на своето семејството според сликите. Наставникот ја следи работата на учениците, дава насоки, а на крај дава усна и пишана повратна информација.

Се потсетуваат и ги набројуваат членовите од семејството и лексиката за опишување на личност. Кажуваат како се образува женски род и множина кај именки и како се образува сегашно време кај изучените глаголи. Учениците го читаат текстот и според податоците го пополнуваат генеолошкото дрво. Според сликата од своето семејство која ја донеле од дома учениците го претставуваат и опишуваат своето семејство.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 33: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

7. Неколку славни француски семејства

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Photo de famille

Потребни ресурси Учебник, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со познати француски семејства Исходи Ученикот/ ученичката:

- идентификува конкретни информации во даден текст, се запознава со неколку славни француски семејства

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со неколку славни француски семејства- учебник стр 40 – набљудување на сликите. Вежба 2 и 3 стр.41. Потоа наставникот поставува прашања за текстовите: Qui est la fille d`un heros de BD? Qui a des pouvoirs magiques? Ils ont une maison?... Наставникот дели листови на кои има напишано кратки податоци за семејствата – од guide pedagogique. Кратка дискусија. Потоа се разгледува стрипот на стр. 43. Наставникот ги прашува дали сакаат стрипови, што сакаат да читаат. Вежби 1, 2, 3.

Учениците ги разгледуваат сликите на семејствата во учебник на стр. 40, даваат претпоставки за што се работи. Ги читаат текстовите во себе и ја работат вежба 2 – поврзуваат слики со текст и вежба 3 – поврзуваат и се запознаваат со неколку нови зборови. Одговараат на прашањата на наставникот, ги читаат податоците за семејствата и дискутираат. Го читаат стрипот од учебникот. Одговараат на прашањата на наставникот, а потоа ги работат вежбите во парови.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 34: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

8. Историјата на Франција

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Photo de famille

Потребни ресурси Учебник Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со неколку историски личности и моменти на Франција Исходи Ученикот/ ученичката:

- помни неколку историски личности и моменти на Франција, идентификува конкретни информации во даден текст

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со историски моменти во Франција – се читаат текстовите под сликите, учебник стр 44 и 45. Наставникот ги објаснува непознатите зборови. Запознавање со историски француски личности – вежба 1 (поврзување на личностите со настаните) и вежба 2 (поврзување на текстот за личностите со сликите и со вековите). Се чита текстот за личностите. Вежба 3 – игра со поставување и одговарање на прашања Qui suis-je?

Учениците се запознаваат со неколку историски моменти во Франција. Ги читаат текстовите и ги преведуваат. Потоа се запознаваат со неколку историски француски личности, ги работат вежба 1 и 2 во парови (поврзуваат). Ги читаат текстовите за личностите и ги преведуваат. Потоа играат игра – вежба 3 – еден ученик влече ливче со име на една од историските личности и го лепи на чело. Поставува прашања за да дознае кој е (Je suis un homme/ une femme? Je suis president ?...)

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 35: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

Проверка на стекнатите знаења, евалуација, сумативно оценување (3 часа)

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1

Потребни ресурси Листови (тест), материјали од ученичко портфолио, листите за вреднување од прво полугодие Форми и методи на работа Индивидуална работа Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи од теми 1-4 Оценување Усна и писмена повратна информација, сумативно оценување и аналитичка листа

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Наставникот дава тест преку кој прави проверка на постигањата на учениците и добива целосна слика за постигнатите цели. Наставникот ги дијагностицира постигнатите знаења на учениците за четирите вештини, вреднувани преку тестот, чек листи, аналитички и холистички листи (документи од портфолио) Ги вреднува со помош на аналитичка листа за секој ученик, во која се наведени целите и колку е постигната секоја (во целост, делумно) и дава сумативна оцена.

Учениците ги разгледуваат задачите заедно со наставникот. Потоа го работат тестот. Следниот час ги разгледуваат своите одговори, прават поправка на тестот. Заедно со наставникот ги разгледуваат материјалите од ученичките портфолија. Добиваат детален приказ за своите постигања преку аналитичка листа и добиваат сумативна оцена.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 36: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Глаголите aller, partir во сегашно време

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Vive les vacances !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи - глаголите aller, partir во сегашно време Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги помни и употребува глаголите aller, partir во сегашно време Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – изучени глаголи. Запознавање со глаголите aller, partir во сегашно време – вежба 5 од учебник стр. 48 – учениците самостојно ги откриваат формите на глаголите Наставникот ги чита, а потоа неколку ученици ги менуваат усно. Вежба 6 – усно разбирање на глаголите, препознавање. Увежбување на употребата на глаголите во реченици – вежба 1 стр. 52 од учебник и вежба 3 стр. 36 од работна тетратка.

Учениците се потсетуваат, ги набројуваат и менуваат изучените глаголи. Го читаат текстот во себе и ја дополнуваат табелата од вежбата. Го меморираат изговорот и ги менуваат глаголите по лица. Слушаат реченици од вежбата и ги потцртуваат формите од глаголите кои ги слушнале. Ги работат вежбите од учебникот и работната - дополнуваат реченици употребувајќи ја соодветната форма на глаголите. Учениците работат самостојно, а потоа читаат, ги пишуваат на табла и меѓусебно се корегираат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 37: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

2. Годишниот одмор ( на море, планина, село )

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Vive les vacances !

Потребни ресурси Учебник, постер, слики, крстозбори Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со нова лексика за природа, да даде едноставен опис на место Исходи Ученикот/ ученичката:

- помни и применува лексика за природа Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација,

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Набљудување на сликата на стр 47 од учебник – запознавање со темата. Кратка дискусија за тоа каде одат на одмор. Запознавање со нова лексика – природа со помош на постер. Наставникот ги чита новите зборови а учениците повторуваат. Поставува прашања : Tu aimes / detestes / preferes la montagne / la mer ?... Покажува неколку слики со пејзажи и прашува што гледаат : Qu`est-ce qu`il y a sur les photos? Дели крстозбори со новата лексика и слики – препознавање и идентификување.

Учениците ја откриваат темата – годишни одмори. Дискутираат. Се запознаваат со нова лексика за природата и го увежбуваат изговорот повторувајќи ги аборовите по наставникот. Ја увежбуваат употребата на зборовите во реченици, одговарајќи на прашањата на наставникот. Очекувани одговори – Oui j`aime la montagne. Non, je n`aime pas la montagne… Гледаат слики и ги опишуваат : Il y a des montagnes, une lac... Ги меморираат новите зборови пронаоѓајќи ги во осумнасочник, а потоа ги пишуваат под соодветната слика.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 38: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

3. Предлози за место: à, chez

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Vive les vacances !

Потребни ресурси Учебник, постер, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи - предлози за место: à, chez Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги употребува предлозите за место: à, chez Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со предлозите за место à, chez – вежба 7 од учебник стр. 49. Разгледување на табелата. Претходни знаења – глаголот aller и лексика за природа. Увежбување на употреба на предлозите во реченици со помош на постерот за природата. Наставникот поставува прашање - Je vais à la montagne, et toi?, а учениците одговараат. Вежба 2 стр. 52 од учебник – дополнување реченици. Вежба 5 стр. 37 од работна тетратка – поврзување.

Учениците го читаат текстот и ја работат вежбата, ги дополнуваат речениците со предлозите за место à, chez. Потоа заедно со наставникот ја откриваат употребата со помош на табелата. Се потсетуваат на глаголот aller и лексиката за природа. Ги употребуваат предлозите, глаголот и лексиката за природа во реченици. Одговарат на прашањето на наставникот – Moi aussi. или Moi je vais à la mer. Увежбување на наученото – учениците ги работат вежбите од учебникот и работната.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 39: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

4. Прашални заменки: où, comment

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Vive les vacances !

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи - прашални заменки: où, comment, да се запознае со некои превозни средства, да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање

Исходи Ученикот/ ученичката: - употреба на прашалните заменки и превозните средства во реченици (прашања и одговори), идентификува конкретни информации во даден текст

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, аналитичка листа за следење на напредокот на читањето со цел негово подобрување

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со прашалните заменки où, comment преку вежба 8, во учебник на стр. 49. Дополнување реченици со дадени зборови. Слушање на текстот и поврзување елементи на реченици – вежба 4. Потоа наставникот прашува Où va Thomas? Comment?... Слушање на текстот и читање по улоги. Наставникот користи аналитичка листа за следење на напредокот на читањето. Потоа поставува прашања за текстот.

Учениците ја набљудуваат табелата и се запознаваат со прашалните заменки и соодветните одговори. Ја работат вежбата. Ја работат вежба 4 – го слушаат текстот и поврзуваат реченици од дадени елементи. Учениците го слушаат текстот, се потсетуваат на изучените правила за читање и читаат по улоги внимавајќи на интонацијата и правилата за читање. Одговараат на прашањата во врска со текстот.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 40: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

5. Слободното време и спортските активности

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Vive les vacances !

Потребни ресурси Постер, крстозбори Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групи Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со лексика за спорт, да дава информации во врска со своето слободно време, за спортските активности

Исходи Ученикот/ ученичката: - ги помни и употребува во реченици спортовите

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Кратка дискусија за слободното време и спортските активности. Запознавање со лексика за спорт преку постер. Наставникот ги чита зборовите, а учениците повторуваат. Се увежбува употребата на спортовите во реченици. Наставникот поставува прашања – Moi, j`adore le tennis, et toi? Tu aimes le foot? Дели крстозбори со новата лексика и слики – препознавање и идентификување. Играње пантомима. Еден ученик го објаснува спортот со гестикулации, а другите погодуваат.

Учениците кажуваат како го користат слободното време и дали практикуват некој спорт. Се запознаваат со нови зборови за спорт. Одговараат на прашањата на наставникот – Moi, j`adore le basket. Oui, j`aime le foot. Non je n`aime pas le foot. Ги меморираат новите зборови пронаоѓајќи ги во осумнасочник, а потоа ги пишуваат под соодветната слика. Играат пантомима и ги погодуваат спортовите.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 41: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

6. Слеани членови : du, de la, de l’, des

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Vive les vacances !

Потребни ресурси Учебник Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи - слеани членови du, de la, de l’, des и глаголот faire.

Исходи Ученикот/ ученичката: - го употребува глаголот faire и слеаните членови du, de la, de l’, des

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со глаголот faire во сегашно време – вежба 7 во учебник на стр. 51. Увежбување на изговорот – усно менување на глаголот. Запознавање со употребата на faire de (слеан член) + именка која означува активност, а глаголите aimer/detester + article defini. Претходни знаења –спортови. Увежбување на употребата на faire de во реченици – вежба 9 . Вежба 4 стр. 52 – поврзување на лицата со соодветната форма од глаголот. Вежба 5 – дополнување реченици со слеан член. Пишување реченици со faire de (слеан член) + именка која означува активност и aimer/detester + article defini.

Учениците ги читаат текстовите, ги пронаоѓаат формите на глаголот и ги дополнуваат дадените реченици од вежбата. Усно го менуваат глаголот. Со примерите од вежба 8, учениците се запознаваат со употребата на слеан член со глаголот faire и кажуваат кој член за кој род и број именка се употребува. Се потсетуваат на спортовите и ги увежбуваат стекнатите знаења. Вежба 9 - прашуваат и одговараат – Que fait Julien? Il fait du velo. Вежба 4 – поврзуваат. Вежба 5 – дополнуваат. Учениците самостојно пишуваат реченици, ги читаат, некои ги запишуваат на табла и меѓусебно се корегираат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 42: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

7. Пишување разгледница од одмор

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Vive les vacances !

Потребни ресурси Учебник, празни разгледници Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во парови Цели Ученикот/ ученичката:

- да пишува кратка разгледница потпирајќи се на дадени модели, да бара и дава информации во врска со годишниот одмор

Исходи Ученикот/ ученичката: - пишува кратка разгледница за годишен одмор потпирајќи се на дадени модели, применува соодветна лексика за годишни одмори

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, писмена повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Идентификување конкретни информации во даден текст – вежби 1, 2, 3 од учебник стр.51. Запознавање со елементи на писмо / разгледница. Вежба 5 – подредување на деловите по ред. Кратка дискусија - како почнуваме, како завршуваме писмо, кој пишува, до кого, кога. Читање на разгледниците и самостојно пишување на разгледници. Наставникот ја следи работата на учениците дава насоки, а потоа дава писмена повратна информација.

Учениците работат во парови, ги читаат разгледниците и ги работат вежбите (идентификување, сфаќање, поврзување). Ја работат вежба 5 - ги распоредуваат деловите од разгледницата по редослед. Ги разгледуваат трите писма и кажуваат изрази за почнување, завршување на писмо... Учениците ги читаат дадените разгледници, а потоа пишуваат свои на празни разгледници дадени од страна на наставникот.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 43: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

8. Регионите на Франција

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Vive les vacances !

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со неколку региони во Франција, да ги применува изучените граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- идентификува некои региони во Франција, ги применува стекнатите знаења (граматички структури и лексика од темата)

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листа

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со регионите преку картата на стр. 2 од учебник. Кои градови беа спомнати досега? Наставникот дава основни информации (22 региони, 95 департмани, наречени по планински масиви или реки кои поминуваат низ нив, границите)

Усна проверка на стекнатите знаења (Што е научено до сега?) Потоа се преминува на увежбување и утврдување на стекнатите знаења од лексика и граматика - се работат вежби во работната тетратка. Наставникот ја следи работата на учениците. Наставникот дели чек листи за самооценување на учениците (што е научено, а на што треба да се обрне внимание, да се доучи за да се постигнат бараните цели).

Учениците кажуваат кои градови досега ги сретнале во текстовите (Париз, Лион), ги наоѓаат на картата на Франција, кажуваат во кој регион се наоѓаат. Се запознаваат со општи информации за географијата на Франција). Потоа учениците набројуваат што научиле и усно го презентираат наученото. Решаваат вежби во работната. Учениците работат самостојно, одговорите ги читаат по ред сите ученици и меѓусебно се корегираат. Учениците потоа се самооценуваат за покажаното знаење. Пополнуваат чек листа за тоа што научиле и што треба да доучат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 44: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Броевите од 21 до 69

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Quelle journée !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, топче Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да брои до 69 Исходи Ученикот/ ученичката:

- се потсетува на броевите до 20, брои од 1 до 69 Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – броеви од 1 до 20. Запознавање со броевите од 21 до 69 преку хамер. Се увежбува изговорот. Обрнување внимание на сврзникот et кај 21, 31... за разлика од останатите броеви кои се поврзани со цртичка. Броење. Потоа хамерот се отстранува и следи активност за меморирање и увежбување на изговорот на броевите - подавање со топче и броење од 1 до 69. Вежби 6 и 7 од учебник стр. 57 – увежбување на усно разбирање на броевите.

Учениците се потсетуваат на изучените броеви и бројат до 20. Се запознаваат со броевите до 69 и го увежбуваат изговорот повторувајќи по наставникот. Неколку ученици ги изговараат десетките, некои бројат од 20 до 40 други од 40 до 50... Учениците си подаваат со топче. Кој ќе го фати топчето треба да го изговори бројот кој следи. Се брои по ред од 1 до 69. Потоа ја работат вежбата од учебник, ги слушаат броевите и ги допишуваат, а претходно ги препишуваат дадените броеви во тетратка. Во следната вежба слушаат и пишуваат кој број го слушнале.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 45: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

2. Распрашување и давање информации во врска со часот

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Quelle journée !

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка, ЦД плеер, ЦД, саат Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да бара и дава информации во врска со часот Исходи Ученикот/ ученичката:

- употребува броеви и лексика за час Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – броеви од 1 до 69. Вежба 8 стр. 57 од учебник. Вниманието се насочува на прашањето за час и наставникот го запишува на табла. Запознавање со двата начина на кажување на саат – вежба 9. Наставникот објаснува и запишува на табла (et quart, et demie, moins le quart, midi, minuit). Дава пример (од 8 до 9 часот и од 11 до 12) со двата начина на кажување на саат (официјален и неофицијален), а потоа со помош на саат се увежбува наученото. Вежба 7 од работна тетратка стр. 43 – увежбување.

Учениците се потсетуваат на изучените броеви и бројат до 69. Го откриваат значењето на прашањето за час и ја работат вежбата – слушаат и поврзуваат. Во втората колона од вежба 9 ги запишуваат на ист начин дадените броеви. Потоа го читаат текстот и ги пронаоѓаат саатите кажани на друг начин. Се запознаваат со двата начина на кажување на саат и ги увежбуваат. Наставникот покажува саат, ги поместува стрелките, а учениците кажуваат колку е часот на двата начина. Потоа ја работат вежбата од работната.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 46: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

3. Моментите од денот : утро, пладне, попладне, ноќ

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Quelle journée !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со моментите од денот и изрази со глаголот etre, да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање

Исходи Ученикот/ ученичката: - идентификува моменти од денот, идентификува конкретни информации во даден текст

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, аналитичка листа за следење на напредокот на читањето

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – саат . Вежба 10 – запознавање со моментите од денот. Вежба 6 од работна тетратка стр. 45. Претходни знаења – глаголот etre. Запознавање со изразите etre en avance, a l`heure, en retard. Слушање на текстот од учебникот и идентификување на изразите. Наставникот објаснува непознати зборови (une greve, desole, une montre, peut-etre). Слушање на текстот и читање по улоги. Наставникот користи аналитичка листа за следење на напредокот на читањето.

Се потсетуваат на саатот. Ги работат вежбите, поврзуваат и се запознаваат со моментите од денот : утро, пладне, попладне, ноќ. Се потсетуваат на глаголот etre и се запознаваат со изразите (да доцни, да биде на време, да биде пред време). Го слушаат текстот и ги забележуваат употребените изрази. Ги запишуваат новите зборови во тетратка. Учениците го слушаат текстот, се потсетуваат на изучените правила за читање и читаат по улоги внимавајќи на интонацијата и правилата за читање.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 47: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

4. Prendre, manger во сегашно време

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Quelle journée !

Потребни ресурси Учебник, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи – глаголите prendre, manger во сегашно време Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги препознава и употребува глаголите prendre, manger во реченици Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација,

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со глаголот prendre – вежба 4, стр 56 од учебник и изговор на глаголот – вежба 5. Воочување на употребата на глаголот со превозни средства prendre le bus и потсетување partir en bus. Увежбување на глаголот – вежба 1 стр.60. Наставникот дели листови со вежби за дополнување (Pour aller a l`ecole je prends le bus. Pour aller au centre ville nous…). Запознавање со гл. manger – учебник стр. 59. Претходни знаења – сегашно време кај глаголи од прва група. Воочување на е пред наставката ons и објаснување на намената. Напомена – g +e/i =ж. Читање и усно менување на глаголот.

Учениците се запознаваат со сегашно време од глаголот prendre. Го читаат текстот и јадополнуваат табелата од вежбата. Ги слушаат речениците од следната вежба и увидуваат дека изговорот на глаголот во еднина е ист во сите лица, изговорот на е во множина. Увежбување на глаголот и употребата со превозни средства. Ги дополнуваат речениците дадени од наставникот. Учениците се потсетуваат на образувањето на сегашно време кај гл. на –er, го разгледуваат гл. manger и кажуваат што забележуваат (nous mangeons). Потоа го читаат и усно го менуваат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 48: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

5. Повратни глаголи

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Quelle journée !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи - повратни глаголи Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и употребува повратни глаголи во реченици Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со повратниот глагол se lever – вежба 6 стр. 59 од учебник и други повратни глаголи – вежба 7. Наставникот ги запишува на табла. Ја објаснува употребата на je me leve - je leve la main/ la chaise; le me lave- je lave le bebe. Увежбување – вежби 4 и 5 стр. 60. Меморирање на повратните глаголи - усно менување на глаголите. Вежба 3 во работна тетратка стр 44 - увежбување.

Учениците се запознаваат со повратниот глагол – го читаат текстот и ја пополнуваат табелата. Потоа повторно го читаат тесктот и пронаоѓаат други повратни глаголи. Ја согледуваат употребата на глаголите преку примерите на наставникот. Ги работат вежбите – дополнуваат со соодветната форма на глаголите, ги подредуваат по ред зборовите на речениците. Секој ученик усно менува по еден глагол. Ја работат вежбата од работна – поврзуваат лица со соодветна форма на глаголите.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 49: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

6. Разговор во врска со секојдневните активности

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Quelle journée !

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да разговара во врска со секојдневните активности Исходи Ученикот/ ученичката:

- применува повратни глаголи и сегашно време и лексика и лексика за секојдневни активности Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација,

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Кратка дискусија во врска со секојдневните активности (во колку часот стануваат, доручкуваат, како одат до училиште,...) Претходни знаења – повратни и други изучени глаголи. Вежба 8а стр.59 од учебник - поврзување слики со реченици. Претходни знаења – моментите од денот. Вежба 8б – подредување на активностите на Марија по етапи од денот. Запознавање со глаголите dejeuner, diner и употребата на prendre le diner Увежбување - работна тетратка стр. 44 вежба 2, 4. Активност – еден ученик ги објаснува неговите секојдневни активности со мимики, останатите погододуваат (Tu te reveilles…) За домашна работа вежба 5 стр. 45 од работна тетратка.

Учениците дискутираат – ги опишуваат секојдневните активности Се потсетуваат на повратните и други изучени глаголи. Ја работат вежбата - ги набљудуваат сликите и ги поврзуваат дневните активности на Марија со дадените реченици. Учениците се потсетуваат на моментите од денот, ги сместуваат временски по саат. Потоа ги подредуваат активностите на Марија. Се запознаваат и прават разлика меѓу diner и prendre le diner. Го увежбуваат наученото – ги работат вежбите од работната, поврзуваат слики со реченици, дополнуваат со соодветните форми на глаголите. Потоа играат - објаснуваат со мимики и погодуваат секојдневни активности.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 50: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

7. Дневните активности на млад македонец и французин

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Quelle journée !

Потребни ресурси Учебник, листови или компјутер Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање, да опишува дневни активности Исходи Ученикот/ ученичката:

- применува соодветна лексика и граматички структури за опишување на дневните активности, идентификува конкретни информации во даден текст

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, писмена повратна информација, чек листа

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Се читаат текстовите од учебник на стр. 58. Разбирање на конкретни информации – наставникот поставува прашања за текстовите (Qui est Marie/ Michel? A quelle heure se leve Marie/ Michel? Elle va comment a l`ecole?...) Пишување состав за опишување на еден ден. Наставникот ја следи работата на учениците, дава усна повратна информација, а на крајот за составите дава писмена повратна информација и пополнува чек листа во која забележува правилно употребена лексика и граматика (повратни глаголи, сегашно време, часови...).

Учениците ги читаат текстовите и одговараат на прашањата на наставникот – се увежбува способноста за писмено разбирање и усно изразување. По насоки дадени од наставникот пишуваат состав во кој опишуваат еден ден. Претходни знаења- повратни глаголи, сегашно време, час, лексика од темата). Добиваат повратна информација за наведеното.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 51: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

Вреднување на темата со соодветен инструмент

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Quelle journée !

Потребни ресурси Листови Форми и методи на работа Индивидуална работа Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи од темата Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува повратни глаголи, глаголите aller, partir, prendre, manger, слеани членови, прашални заменки, броеви до 60, саат

Оценување Усна и писмена повратна информација, аналитичка листа, тест

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Наставникот дава тест преку кој прави проверка на постигањата на учениците и добива целосна слика за сите постигнати цели од темата. Ги вреднува со помош на аналитичка листа за секој ученик, во која се наведени целите и колку е постигната секоја (во целост, делумно)

Учениците ги разгледуваат задачите заедно со наставникот. Потоа го работат тестот. Добиваат писмена повратна информација и детален приказ за своите постигања преку аналитичка листа.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 52: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Просториите во домот

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Chez moi

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работна тетратка, хамер, флеш карти Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- помни, препознава и применува лексика – простории во домот Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со просториите во домот преку хамер. Запознавање со темата и увежбување на лексиката – вежби 1, 2, 9 и 10, стр.66, 67. Наставникот поставува прашања: Ou tu habites? Tu habites dans un appartement ou dans une maison? Tu es seul dans ta chambre ou avec ton frere/ta soeur? Comment est ta chambre (grande/petite, jolie, agreable, claire). Ги објаснува непознатите зборови. Усно разбирање на конкретни информации во текст – вежби 3 и 4. Меморирање на зборовите. Наставникот покажува слики од секоја просторија, а учениците ги кажуваат на француски. Препознавање на лексиката и употреба во реченици – вежби 7 и 8 стр. 51 во работна тетратка.

Се запознаваат со лексика - просториите во домот. Го увежбуваат изговорот повторувајќи по наставникот. Ја увежбуваат лексиката работејќи ги вежбите - идентификуваат, поврзуваат. Одговараат на прашањата на наставникот и ги пишуваат непознатите зборови. Го слушаат дијалогот и ги работат следните вежби – увежбување на усното разбирање. Ги меморираат зборовите со помош на флеш карти. Ја увежбуваат употребата на зборовите во реченици преку вежбите од работната.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 53: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

2. Заповеден начин

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Chez moi

Потребни ресурси Учебник, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува заповеден начин Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со заповеден начин – наставникот црта табела како од вежба 5 стр. 66 во учебник. Обрнува внимание на наведеното за сегашно време = подмет +глагол, заповеден н = гл. без подмет. На страна од табелата закачува реченици напишани на лист (сите лица од сегашно време и заповеден начин на гл. monter, измешано). Чита една реченица и заедно со учениците одредуваат во која колона да ја залепи и зошто. Потоа учениците продолжуваат самостојно да ги подредуваат. Препознавање други глаголи во заповеден начин и употребата на заповедниот н. - вежби 6, 7, 8 стр. 67. Увежбување – вежби 1 и 2 стр. 70.

Учениците се ззпознаваат и самостојно откриваат образување на заповедна форма на глаголите. Ги подредуваат речениците во соодветната колона. Вежба 6 – го читаат дијалогот, ги пронаоѓаат глаголите во заповедна форма и погодуваат за кое лице се работи. Вежба 7 – ги пишуваат глаголите во заповеден начин. Вежба 8 – откриваат за што се употребува заповедниот начин (наредба, покана, совет) и ги подредуваат дадените реченици. Го увежбуваат наученото работејќи ги вежбите на стр.70.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 54: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

3. Формата : il y a… / il n’y a pas de…

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Chez moi

Потребни ресурси Учебник, хамер Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички и граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува лексика за опишување на собата и формите il y a / il n’y a pas de Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со мебел и лексика за опишување на собата преку хамер/ илустрација на соба. Вежба 8 стр. 69 од учебник (поврзување зборови со слики) Преку вежба 5 и 6 се запознаваат со формата il y a / il n’y a pas de. Увежбување на наученото (лексичките и граматичките елементи) Dans ma chambre il y a / il n’y a pas de... Разгледување на документот на стр. 68, вежба 1 и 2. Решавање на тестот и читање на резултатите. Наставникот ги објаснува непознатите зборови.

Се запознаваат со нова лексика, увежбуваат изговор. Ја работат вежбата – идентификуваат. Го читаат документот и ги пронаоѓаат речениците. Ја набљудуваат розевата табела и откриваат употреба на il y a / il n’y a pas de. Ја увежбуваат употребата и новата лексика, кажувајќи што има, а што нема во нивната соба. Го разгледуваат документот и ја откриваат темата. Ги работат вежбите, а потоа го решаваат тестот и ги читаат резултатите.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 55: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

4. Предлозите : sur, sous, dans, à côté de…

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Chez moi

Потребни ресурси Учебник, хамер Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува прилози за место Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со предлозите преку хамер/илустрации. Вежба 7 стр. 69 во учебник. Препознавање на предлозите – вежба 5 стр.53 во работна тетратка. Увежбување на употребата – вежба 5 стр.70 во учебник. Напомена за слеаниот член. Наставникот ја следи работата на учениците и дава писмена повратна информација. Усно увежбување. Наставникот поставува прашања покажувајќи предмети и лица во училницата: Ou est X? Ou est/sont le tableau/ tes livres/ton stylo/la chaise…

Учениците се запознаваат со предлозите. Ја работат вежбата, ги идентификуваат прилозите за место и кажуваат целосни реченици (Les vetements sont sous la chaise…) Го читаат текстот во работната и ги забележуваат личностите според употребените предлози. Се потсетуваат на слеаниот член и лексиката за опишување на соба. Ја опишуваат собата на сликата. Ја увежбуваат употребата на прилозите одговарајќи на прашањата на наставникот (X est a cote de Y, Le tableau est sur le mur…).

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 56: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

5. Увежбување на граматичките структури и лексика од темата

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Chez moi

Потребни ресурси Работна тетратка, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, индивидуална Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- применува изучени лексички, јазични и граматички елементи од темата Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листи

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Усна проверка на стекнатите знаења (Што е научено до сега?) Според бројот на кренати раце наставникот добива општа претстава за совладанато. Дава усна повратна информација. Потоа се увежбуваат и утврдуваат стекнатите знаења - се работат вежби во работната тетратка. Вежба 2 стр.50 (препознавање сегашно в. и заповеден н), вежба 4 (употребата на заповеден н), вежба 5 стр.51 (пишување на гл. во заповеден н), вежба 3 стр. 52 (употреба на il y a / il n’y a pas de) и вежба 4 (употреба на предлозите за место). Наставникот ја следи работата на учениците. Потоа дели чек листи за самооценување на учениците .

Учениците набројуваат што научиле и усно го презентираат наученото. Потоа решаваат вежби во работната. Учениците работат самостојно, одговорите ги читаат по ред сите ученици и меѓусебно се корегираат. Учениците потоа се самооценуваат за покажаното знаење. Пополнуваат чек листа (што е научено, а на што треба да се обрне внимание, да се доучи за да се постигнат бараните цели).

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 57: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

6. Опишување на местото на живеење

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Chez moi

Потребни ресурси Работна тетратка, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, индивидуална Цели Ученикот/ ученичката:

- да го опише местото на живеење и просториите Исходи Ученикот/ ученичката:

- опишува место на живеење Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, писмена

повратна информација, холистичка листа

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Читање на описите и идентификување кој опис на која соба соодветствува – вежба 6 стр. 53 од работна тетратка. Опишување на местото на живеење по дадени насоки од страна на наставникот кои може да бидат во облик на дадени прашања: Tu habites une maison ou un appartement? Ta maison est grande ou petite? Tu es seul dans ta chambre ou avec ton frere/ta soeur? Comment est ta chambre? Qu`est-ce qu`il y a dans ta chambre ? Наставникот дава писмена повратна информација за составите и ги оценува според однапред изготвена холистичка листа.

Учениците ги читаат описите на собите и кажуваат на кого припаѓаат – поврзуваат текст со слики. Потоа по насоки дадени од наставникот го опишуваат своето место на живеење. Добиваат писмена повратна информација. Ги читаат составите.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 58: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

7. Обработка на BD- Ça déménage !

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Chez moi

Потребни ресурси Учебник Форми и методи на работа Работа со цело одделение, во парови Цели Ученикот/ ученичката:

- да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање Исходи Ученикот/ ученичката:

- идентификува конкретни информации во даден документ Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Читање на стрипот на стр. 71 во учебник – глобално разбирање. Идентификување конкретни информации – вежба 1, 2, 3. Наставникот дава листови со искази за кои учениците треба да кажат дали се точни или не (Les personnages se demenagent. Les parents se presentent. Les enfants ne sont pas des voisins. Le chien aime le chat….). Потоа може да се обработат на ист начин и други стрипови по избор на наставникот.

Учениците го читаат стрипот. Наставникот ги објаснува непознатите зборови. Ги работат вежбите во парови. Забележуваат точни и неточни искази за стрипот. Работат во парови, читаат и меѓусебно се корегираат. Се запознаваат со други стрипови преку кои повторно се увежбува глобално писмено разбирање и разбирање на конкретни информации.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 59: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

Вреднување на темата со соодветен инструмент

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 Chez moi

Потребни ресурси Листови Форми и методи на работа Индивидуална работа Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува лексика за домот, заповеден начин, il y a / il n’y a pas de, прилози за место Оценување Усна и писмена повратна информација, аналитичка листа, тест

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Наставникот дава тест преку кој прави проверка на постигањата на учениците и добива целосна слика за сите постигнати цели од темата. Ги вреднува со помош на аналитичка листа за секој ученик, во која се наведени целите и колку е постигната секоја (во целост, делумно)

Учениците ги разгледуваат задачите заедно со наставникот. Потоа го работат тестот. Добиваат писмена повратна информација и детален приказ за своите постигања преку аналитичка листа.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 60: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

1. Блиско идно време

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 On va faire la fête !

Потребни ресурси Учебник, флеш карти Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените граматички елементи (блиско идно време) Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава и применува блиско идно време и негативна форма од блиско идно време Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со темата – роденден, вежба 1 стр. 74 од учебник. Запознавање со лексика за роденден – вежба 8 (поврзување слика со збор). Читање на текстот и воведување на блиско идно преку вежба 4 (поврзување). Oбразување на времето -вежба 5 (препознавање и сфаќање) и негативна форма - вежба 6. Усна активност со флеш карти – Што ќе купи Никола за неговиот роденден, а што нема да купи? Увежбување на наученото, вежби 1 и 2 стр. 78 (подредување зборови по ред, трансформација на реченици)

Учениците ја гледаат слика 4 и откриваат дека се работи за покана за роденден. Преку следната вежба се запознаваат со нова лексика. Се запознаваат со блиско идно време работејќи ги вежбите. Самостојно откриваат како се образува времето и го увежбуваат. Наставникот покажува флеш карти, а учениците кажуваат реченици – Nicolas va acheter un cadeau/des boissons, un gateau…Il ne va pas acheter une maison, un ordinateur... Потоа самостојно откриваат како се прави негативна форма и истото го увежбуваат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 61: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

2. Разговор по телефон, употреба на je voudrais…

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 On va faire la fête !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во парови Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее учтиво да побара некого / нешто, да умее да се претстави и побара некого на телефон, да учествува во едноставни говорни ситуации

Исходи Ученикот/ ученичката: - применува изрази за разговор по телефон во едноставни говорни ситуации, применува je voudrais

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Воведување на je voudrais преку вежба 7 стр. 75 од учебник и запознавање со употребата (културно барање) преку прашања : A qui parle Maia? Elle est polie? Читање на дадените примери. Увежбување – вежба 3 стр. 78. Наставникот дава други примери Madame, s`il vous plait, je voudrais aller aux toilettes. Marie, je voudrais un stylo, s`il te plait а потоа учениците даваат свои. Запознавање со средства за комуникација – вежба 2. Слушање и читање на текстот. Запознавање со изрази за разговор по телефон. Употреба на изразите во кратки драматизации за разговор по телефон.

Се запознаваат со je voudrais преку вежбата и одговараат на прашањата на наставникот со цел да заклучат сами за што се употребува. Ги читаат дадените примери, ја увежбуваат употребата писмено преку вежбата и усно даваат свои примери. (Maman, je voudrais…svp. Nicolas, je voudrais…stp.). Се запознаваат со средствата за комуникација. Потоа го слушаат и читаат текстот и ги откриваат изразите за разговор по телефон. Работат во парови – ги употребуваат изразите и je voudrais во кратки драматизации за разговор по телефон.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 62: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

3. Запознавање со месеците, дата

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 On va faire la fête !

Потребни ресурси Учебник, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да ги препознава и применува месеците, да кажува дата Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги препознава и применува месеците Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Разгледување на поканите на стр. 76 од учебник – вежба 1. Запознавање со начинот на кажување дата – вежба 3. Читање на примерот од вежба 8 и напомената. Наставникот ги чита месеците, учениците повторуваат. Увежбување на кажување дата преку вежбата. Усна активност – наставникот вели: Mon anniversaire c`est le neuf octobre. Потоа секој ученик кажува кога му е роденден. Претходни знаења – деновите од седмицата. Увежбување на деновите и месеците преку вежба со измешани букви на лист.

Учениците ја работат првата вежба – кажуваат дека дадените документи се покани. Се запознаваат со начинот на кажување на дата преку следната вежба (писмено разбирање, точни/ неточни искази). Запознавање со месеците и изговорот. Увежбување на кажување дата, писмено преку вежбата и усно кажувајќи кога им е роденден. Се потсетуваат на деновите од седмицата. Активност - подредуваат по ред букви за да добијат соодветен ден, месец.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 63: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

4. Venir во сегашно време

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 On va faire la fête !

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените граматички елементи (глаголот venir во сегашно време)

Исходи Ученикот/ ученичката: - го препознава и применува глаголот venir во сегашно време

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација,

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со глаголот venir во сегашно време преку вежба 5 стр. 77 од учебник. Читање на глаголот. Усно менување. Вниманието се насочува на табелата за да се укаже на разликата на venir и aller – спротивни. Се читаат примерите. Се увежбува употребата на глаголот во реченици- вежба 4 стр. 78 од учебник, вежба 4 стр. 59 од работна тетратка. Усно менување на сите изучени глаголи.

Го читаат документот на стр.76 и ги пронаоѓаат формите на глаголот. Го увежбуваат изговорот - повторуваат по наставникот. Потоа усно го менуваат неколку ученици. Преку табелата и примерите ја увидуваат разликата при употреба на глаголите venir и aller. Ја увежбуваат употребата на venir, работејќи ги вежбите од учебник и работна – дополнување. Потоа се потсетуваат на сите изучени глаголи и ги менуваат.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 64: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

5. Поставување прашање со Est-ce que...? Qu’est-ce que…?

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 On va faire la fête !

Потребни ресурси Учебник Форми и методи на работа Работа со цело одделение, во парови Цели Ученикот/ ученичката:

- да умее да поставува прашања со Est-ce que и Qu’est-ce que Исходи Ученикот/ ученичката:

- поставува прашања употребувајќи ги прашалните форми Est-ce que и Qu’est-ce que Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Запознавање со прашалните форми Est-ce que? Qu’est-ce que? преку вежба 6 стр. 77 од учебник. Наставникот дава други примери: Est-ce que tu aimes la musique rock? Qu`est-ce que tu aimes ecouter a la radio ? ... Се увежбува употребата на прашањата – вежба 5 стр. и 6 стр. 78. Работа во парови- поставување на прашања и одговарање на истите.

Учениците се запознаваат со прашалните форми преку вежбата- го читаат документот и ги пронаоѓаат. Одговараат на прашањата на наставникот, очекувани одговори: Oui j`aime le rock/ Non, je n`aime pas le rock, j`aime le rap. J`aime ecouter le pop, le jazz… Вежбаат да поставуваат прашања и да поврзуваат прашање со соодветен одговор – ги работат вежбите. Работат во парови, смислуваат прашања со прашалните форми и соодветни одговори на прашањата. Потоа ги читаат, а некои ги запишуваат на табла.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 65: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

6. Увежбување на граматичките структури и лексика од темата

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 On va faire la fête !

Потребни ресурси Работна тетратка, листови Форми и методи на работа Работа со цело одделение, индивидуална Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- применува изучени лексички, јазични и граматички елементи од темата Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листа

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Усна проверка на стекнатите знаења (Што е научено до сега?) Според бројот на кренати раце наставникот добива општа претстава за совладанато. Дава усна повратна информација. Потоа се увежбуваат и утврдуваат стекнатите знаења - се работат вежби во работната тетратка. Вежба 1, 3, 5 стр.56, вежба 3, 6 стр. 58 (поврзување слики со текст, поврзување искази, пополнување крстозборка, поставување прашања). Наставникот ја следи работата на учениците. Потоа дели чек листи за самооценување на учениците.

Учениците набројуваат што научиле и усно го презентираат наученото. Потоа решаваат вежби во работната. Учениците работат самостојно, одговорите ги читаат по ред сите ученици и меѓусебно се корегираат. Учениците потоа се самооценуваат за покажаното знаење. Пополнуваат чек листа (што е научено, а на што треба да се обрне внимание, да се доучи за да се постигнат бараните цели).

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 66: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

7. Поканување некого на роденден

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 On va faire la fête !

Потребни ресурси Работна тетратка Форми и методи на работа Работа со цело одделение, во парови Цели Ученикот/ ученичката:

- да пишува кратка покана и одговара на истата Исходи Ученикот/ ученичката:

- пишува покана и одговор на покана употребувајќи ги соодветните лексички, јазични и граматички елементи

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, писмена повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – лексика за роденден, глаголот venir, блиско идно, дати. Вежба 1 стр. 58 од работна тетратка – подредување на дадени елементи на покана. Работа во парови – пишување на покана за роденден и одговор на истата. Наставникот ја следи работата на учениците, а на крај дава писмена повратна информација.

Се потсетуваат на изучените лексички, јазични и граматички елементи за да можат потоа да состават покана. Најпрво подредуваат дадени елементи на покана по ред – вежба од работна. Потоа во парови пишуваат покана и одговор на поканата.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 67: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

8. Празниците во Франција

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1 On va faire la fête !

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка, флеш карти Форми и методи на работа Работа со цело одделение, во парови Цели Ученикот/ ученичката:

- да се запознае со некои празници во Франција и традиции Исходи Ученикот/ ученичката:

- препознава некои празници во Франција и традициите на празнување Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина – активности на наставникот Активности на учениците Претходни знаења – денови, месеци, дата. Разгледување на календарот на стр. 80, 81 од учебник, разговор за празниците кои се слават и кај нас. Вежба 2 – поврзување реченици со слики, наставникот ги објаснува непознатите зборови. А потоа ги објаснува традициите за празниците. Вежба 3 – поврзување честитка со соодветниот празник. Вежба 8 стр. 59 од работна тетратка. Активност со флеш карти на кои е претставено нешто симболично за секој празник, учениците треба да погодат за кој празник се работи.

Се потсетуваат и ги кажуваат деновите, месеците и дата. Го читаат текстот во жолто, го разгледуваат каледарот и кажуваат дали познаваат некои празници. Ја работат вежбата – ги читаат речениците и ги поврзуваат со соодветната слика. Во следната вежба поврзуваат која картичка за кој празник се однесува. Во вежбата од работна пишуваат која слика кој празник го претставува и на која дата се празнува истиот. Гледаат слики и погодуваат празници.

Забелешки за постигањата, потешкотиите, импликации за работата во иднина

Page 68: Unite 1-9 (4)

Број и наслов на наставна

единица

Проверка на стекнатите знаења, евалуација, сумативно оценување (3 часа)

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирање Шесто Mag 1

Потребни ресурси Листови (тест), материјали од ученичко портфолио, листите за вреднување од цела година Форми и методи на работа Индивидуална работа Цели Ученикот/ ученичката:

- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи од сите теми Оценување Усна и писмена повратна информација, сумативно оценување и аналитичка листа