sistem na otpadni vodi

60
Основа на општинските системи за третман на отпадните води Барања од договорот за чиста вода за третманот на отпадните води___________4 Потребата од третманот на отпадните води________________________________5 Ефектите од отпадните води на квалитетот на водата_______________________5 Некои од клучните предизвици со кои што се соочуваат професионалците за третман на отпадните води денес________________________________________6 Собирање и прочистување на отпадните води______________________________6 Централизирано собирање________________________________________6 Комбинирани одводни канални системи______________________________7 Санитарни одводни канални системи________________________________9 Загадувачи_______________________________________________________ ____8 Супстанции на кои им е потребен кислород__________________________8

description

one

Transcript of sistem na otpadni vodi

Page 1: sistem na otpadni vodi

Основа на општинските системи за третман на отпадните води

Барања од договорот за чиста вода за третманот на отпадните води___________4

Потребата од третманот на отпадните води________________________________5

Ефектите од отпадните води на квалитетот на водата_______________________5

Некои од клучните предизвици со кои што се соочуваат професионалците за

третман на отпадните води денес________________________________________6

Собирање и прочистување на отпадните води______________________________6

Централизирано собирање________________________________________6

Комбинирани одводни канални системи______________________________7

Санитарни одводни канални системи________________________________9

Загадувачи___________________________________________________________8

Супстанции на кои им е потребен кислород__________________________8

Патогени_______________________________________________________8

Хранливи материи_______________________________________________8

Синтетички органски и неоргански хемикалии________________________8

Минерални_____________________________________________________8

Третман на отпадните води_____________________________________________9

Примарен третман_____________________________________________________9

Воведен третман_________________________________________________9

Примарна седиментација_________________________________________11

Основни процеси на тетманот на отпадните води__________________________10

Page 2: sistem na otpadni vodi

Физички__________________________________________________10

Биолошки________________________________________________10

Хемиски__________________________________________________10

Секундарен третман__________________________________________________11

Приврзани растечки процеси______________________________________11

Суспендирани растечки процеси___________________________________12

Лагуни________________________________________________________13

Третман на земјиштето________________________________________________14

Бавна стапна на инфилтрација____________________________________14

Брза инфилтрација______________________________________________15

Копнен дотек___________________________________________________15

Конструирани мочуришта______________________________________________15

Дезинфекција________________________________________________________16

Хлор__________________________________________________________16

Озон__________________________________________________________16

Ултравиолетово зрачење_________________________________________16

Пред- третман__________________________________________________16

Напредни методи на третманот на отпадните води________________________17

Контрола на азотот______________________________________________17

Биолошка фосфорна контрола____________________________________18

Коагулација-Седиментација_______________________________________18

Page 3: sistem na otpadni vodi

Јаглеродна адсорпција___________________________________________19

Употреба или отстранување на остатокот на

отпадните води и цврстите материи_____________________________________19

Поставувања на земјата__________________________________________20

Палење_______________________________________________________20

Корисна употреба на продуктите од

биолошки цврстите материи____________________________________________21

Децентрализирани (онсајт или кластер) системи___________________________21

Третман_______________________________________________________22

Стандардни септички јами________________________________________22

Аеробни единици за третман____________________________________22

Медиа филтри__________________________________________________22

Методи на распрскување_________________________________________23

Поле за апсорбција______________________________________________23

Систем на насипи_______________________________________________23

Систем за распространето капење_________________________________24

Корита за испарување___________________________________________24

Менаџирање на децентрализираните системи на отпадни води______________24

Менаџирање на средства______________________________________________24

Операција_____________________________________________________25

Page 4: sistem na otpadni vodi

Одржување____________________________________________________25

Општа терминологија за третман на отпадните води_______________________25

Барањата од договорот за чиста вода за третман на отпадните води

Амандманите од 1972 год. од владиниот закон за контрола на загадувањето на

водата (Јавен закон 92-500-,, познат како закон за чиста вода), ја основаа

фондацијата за контрола на испуштањето на отпадните води во државата. Главна

цел на овој закон е да го обнови и одржи хемискиот, физичкиот и билошкиот

интегритет на водата на нацијата.

Законот за чиста вода основа контролна програма за да се осигура дека

заедниците имаат чиста вода регулирајќи го загадувањето на водниот пат во

државата. Дозволите кои што го ограничуваат бројот на загадувачи се неопходни

за сите општински и индустриски испуштачи на отпадни води под програмата за

дозвола на Националниот систем на елиминација за демобилизација на

загадувачите. Исто така беше поставена и програма за издавање на грантови за

да ги асистира јавните објекти при третман на отпадните води за да се направат

потребните измени кои се неопходни за да се задоволат очекувањата. Со

амандманите од 1987 од законот за чиста вода се воспостави Државен револвинг

фонд за да се заменат грантовите како тековен и главен владин извор на

финансирање за создавање на третманот на отпадните води и колекторски

системи.

Над 75 проценти од популацијата се служи со централизираните колекторски

системи и третманот на отпадните води. Останатата популација користи септички

јами или други онсајт системи. Околу 16,000 објекти од општината, кои го користат

третманот на отпадните води, дејствуваат низ целата земја.

Законот за чиста вода бара општинските третмани на отпадните води да го

задоволат секундарниот третман. Околу 30 проценти од објектите кои што го

Page 5: sistem na otpadni vodi

користат третманот за отпадните води ослободуваат почисти емисии

задоволувајќи дури повисоки нивоа од секундарниот.

Основа на општинските системи за третман на отпадните води

Потребата од третманот на отпадните води

Третманот на отпадните води е потребен за да можеме да ги користиме нашите

реки и потоци за риболов, пливање и пиење. Во првата половина на 20 век

загадувањето на урбаниот воден пат на нацијата резултираше со чести случаи на

ниско разложен кислород, убиени риби, расцутени алги и бактериско загадување.

Раните напори во контролата на загадувањето на водата го спречи отпадокот од

луѓето да стигне до снабдувањето со вода и ги намали пловечките отпадоци кои

му пречеа на водниот транспорт. Проблемите со загадувањето беа од локален, а

не државен карактер. Оттогаш популацијата и растот на индустријата ја зголемија

побарувачката на нашите природни ресурси, променувајќи ја ситуацијата

драстично. Прогресот во стишување на загадувањето едвај успеа да го стигне

растот на популацијата, промените во индустриските процеси, технолошкиот

развој, промените во употреба на земјата, бизнис иновациите и многу други

фактори. Зголемениот квалитет и избор на произведени добра можат многу да ја

изменат количината и сложеноста на индустискиот отпадок и да ја оспорат

традиционалната технологија на третманот. Употребата на комерцијални

вештачки ѓубрива и пестициди и понатаму се извор на значајно загадување.

Проблемите со загадувањето на водата се од голем јавен интерес за тоа како да

се зачува квалитетот на водата и да се одржи еден здрав еко-систем. И покрај тоа

што инвестициите за контрола на загадувањето на водата помогнаа да се

редуцира проблемот, километри од потоци се сеуште под влијание на голем број

различни загадувачи. Ова влијае врз способноста на луѓето да ја користат водата

за корисни цели. Досегашните методи кои го контролираат загадувањето на

водата мора да бидат измените во согласност со тековните исходи.

Page 6: sistem na otpadni vodi

Ефектите на отпадните води на квалитетот на водата

Основната функција на третманот на отпадните води од фабриките е да го забрза

природниот процес на прочистување на водата. Порано процесот на природниот

третман во потоците и езерата беше адекватен за спроведување на третманот на

отпадните води. Како што нашата популација и индустрија израснаа во нивната

сегашна големина, зголемени нивоа на третман пред празнењето на домашните

отпадни води стана неопходно.

Некои од клучните предизвици со кои се соочуваат професионалците од

третманот на отпадните води денес се

- Многу од објектите за третманот и собирање на отпадните води се сега

стари и преупотребени и потребно е понатамошно подобрување, поправка

или замена за да се одржи нивниот корисен животен век;

- Видот и количината на загадувачите кои ги создаваат проблемите се многу

повеќе комплексни од оние проблеми во минатото;

- Растот на популацијата оданочува многу постоечки системи за третман на

отпадните води и создава потреба за нови постави;

- Отпадоците од домаќинствата и зголемената урбанизација создаваат

додатни извори на загадување кои не се контролирани од третманот на

отпадните води; и

- Една третина од новиот развој се користи од страна на децентрализираните

системи (септички системи) како што популацијата емигрира далеку од

метрополските области.

Собирање и прочистување на отпадните води

Најчестата форма за контрола на загадувањето во Обединетите држави се состои

од систем од канали и машини за третирање на отпадните води. Каналите ги

собираат општинските отпадните води од домовите, дуќаните и индустријата и ги

носат до објектите за третман пред да се исфрлат до водните тела или земја или

повторно да се употребат.

Page 7: sistem na otpadni vodi

Централизирано собирање

Порано луѓето кои живееле и во градовите и во селата употребувале ѓубралници

и полски вециња за да се ослободат од домашните отпадни води. Градовите

почнале да инсталираат системи за собирање на отпадните води во доцниот

деветнаесетти век како резултат на зголемена свест за болестите од водата и

популарноста на внатрешниот водовод и тоалети. Употребата на канализациските

системи за собирање донеле драстична промена во јавното здравје, понатаму

охрабрувајќи го растот на метрополските области. Во 2000 год. речиси 208

милиони луѓе во САД користеле централизирани системи за собирање

(колектори).

Комбинирани канализациски системи

Многу од постарите канализациски системи биле комбинирани канализации,

дизајнирани да собираат и санитарни отпадни води и навала од отпадоци од

домаќинството во еден систем. Овие канализациски системи биле дизајнирани да

обезбедат брзо испуштање од улиците и покривите за превенција од поплави во

градовите. Подоцна, биле додадени и линии за да го носат ѓубривото од

домаќинството надвор од домовите и дуќаните. Поранешните санитарци мислеле

дека овие комбинирани системи обезбедуваат адекватна здравствена заштита.

Сега знаеме дека излевањата дизајнирани да изпуштаат дополнителен дотек за

време на дождовите исто така ослободуваат и патогени и други загадувачи.

Загадувачи

Супстанции на кои им е потребен кислород

Слободниот кислород е клучен елемент за квалитетот на водата кој е потребен за

подршка на водниот живот. Побарувачката на природното снабдување со

слободен кислород од многу загадувачи во отпадните води постојано расте. Ова

се нарекува биохемиска побарувачка на кислород и се користи за да се оцени

колку добро работи третманот во канализациите. Ако одливот, односно

прочистената отпадна вода произведена во делот за прочистување, содржи

Page 8: sistem na otpadni vodi

високо ниво на органски загадувачи или амонијак, ќе бара повеќе кислород од

водата и ќе ја остави водата со помалку кислород за да ги одржува рибите и

другиот воден живот.

Органските материи и амонијак се супстанции на кои им е потребен кислород.

Супстанциите на кои им е потребен кислород се приложени од канализациите од

домаќинствата, како и отпадокот од земјоделството и индустријата од растително

или животинско потекло, како на пример од преработката на храна, обработката

на хартија, штавењето и други производствени процеси. Овие супстанции

вообичаено се уништуваат или преминуваат во други состојки од бактериите ако

има доволно количество на кислород во водата, но слободниот кислород

потребен за одржувањето на рибите е искористен во овој процес на опаѓање.

Патогени

Дезинфекцијата на отпадната вода и залихата на хлорираната вода за пиење ја

намалија појавата на болестите како стомачен тифус, колера и дезинтерија кои

сеуште претставуваат проблем во неразвиените земји додека во САД се речиси

елиминарани.

Заразните микро-организми или патогени, можат да се пренесат до површината

на водата на земјата преку канализациите од градовите и објектите, од одреден

вид на индустриски отпадок, преку фабриките за штавење или преработка на

месо, и преку загадувањето од наливот на отпадот од домашните и диви животни,

како гуски или елени. Луѓето можат да дојдат во контакт со овие патогени преку

пиење на загадената водата, пливање, риболов или преку некој друг вид на

контакт. Модерните техники на дезинфекција значително ја намалија опасноста од

овие болести.

Хранливи материи

Јаглеродот, азотот и фосфорот се неопходни за живите организми и тие се

главните хранливи материи присути во природните води. Големи количини од

овие хранливи материи се исто така присутни и во канализациите, одредени

Page 9: sistem na otpadni vodi

индустриски отпадоци и наѓубрена земја. Конвенционалните секундарни процеси

на биолошки третман не го отстрануваат фосфорот и азотот до некој битен

степен, всушност тие можат да преминат од органска во минерална форма,

правејќи ги покорисни за животинскиот свет. Кога вишокот на овие хранливи

материи го забрзува растот на водните растенија тоа резултира со грди услови, го

попречува процесот за третман на водата за пиење и предизвикува непријатен и

незгоден вкус и мирис. Ослободувањето на големи количини на хранливи материи

кои ја надминале способноста на водните тела за нивно примање резултира со

состојба наречена еутрофикација или култивирана збогатеност.

Неоргански и синтетички органски хемикалии

Во оваа категорија се вклучени огромен број на хемикалии. На пример,

детергенти, киселини за чистење на домовите, тешки метали, фармацевтски

производи, синтетички органски пестициди и хербициди, индустриски хемикалии и

отпадоци од нивното производство. Многу од овие супстанции се токсични за

рибите и водниот свет а многу од нив се штетни и за луѓето. Некои се познати и

како многу отровни во многу ниски концентрации. Други можат да предизвикаат

проблеми во вкусот и мирисот, додека други пак не се отстрануваат ефективно од

конвенционалниот третман на отпадните води.

Термални

Топлината го намалува капацитетот на водата да го задржи кислородот. Во некои

области, водата која се користи за разладување се испушта во потоците на

повишени температури, снабдувајќи се со енергија од фабриките или

индустриите. Дури испуштањето од фабриките за третман на отпадните води и

езерцата/мочуриштата за задржување при прилив на водата кои се под влијание

на топлината можат да бидат ослободени на температури над оние од приманата

вода и да ја подигнат температурата на приливот. Непровереното испуштање на

отпадоци како резултат на топлината можат сериозно да ја изменат екологијата во

езерата, потоците или речното устие.

Page 10: sistem na otpadni vodi

Санитарни канализациски системи

Денес санитарните канализациски системи на колектори им служат веќе на

половина од населението во САД. Агенцијата за заштита на животната средина

проценува дека има речиси 500,000 километри на јавни канализации со слична

експанзија како и на приватните канализациски системи. Санитарните

канализации се дизајнирани и изградени за да ги носат отпадните води од

домаќинските, индустриските и комерцијалните извори, а не за водата од

врнежите. Сепак, некои води од врнежите влегуваат во санитарните канализации

преку пукнатини, особено во постарите линии и преку претечување од покривите

или подрумите. Како резултат на помалите количини на отпадни води кои

поминуваат низ санитарните канализациски линии, санитарните канализациски

системи користат помали далноводи и го намалуваат ризикот од собирање на

отпадните води.

Третман на отпадните води

Во 1892 само 27 американски градови имале обезбедено третман на отпадните

води. Денес, повеќе од 16,000 јавни фабрики за третман на отпадните води

оперираат на територијата на САД. Градењето на објектите за третман на

отпадните води расцути во 1920те год. и повторно по изгласувањето на законот за

чиста вода во 1972 год. со достапност на грант и нови барања за третман на

минимални нивоа. Соодветниот третман на отпадните води заедно со

способноста за обезбедување на доволна количина на чиста вода стана од голем

интерес за многу заедници.

Примарен третман

Почетната фаза во третманот на домаќинските отпадни води е позната како

примарен третман. Необработени екстракти се отстрануваат од отпадната вода

во примарната фаза на третманот. Во некои фабрики за третман, примарните и

секундарните фази може да се комбинираат во една операција. Во многу објекти

за треман на отпадните води, поминува притока преку воведните единици за

третман пред да започне примарниот и секундарниот третман.

Page 11: sistem na otpadni vodi

Воведен третман

Како што отпадната вода навлегува во објектите за третман вообичаено

започнува со постапка наречена воведен третман. Еден вид на решетки ги

отстрануват големите предмети кои пловат како партали, лименки, шишиња и

стапови кои што можат да ги затнат пумпите или малите далноводи и да го

намалат процесот на дотек. Решетките варираат од дебели до тенки и се

изградени од паралелни челични или железни решетки со отвори од околу една

педа, додека некои можат да бидат направени и во вид на мрежа со многу помали

отвори.

Воглавно решетките се поставуваат во одаја или канал и се наклонети кон дотекот

на отпадната вода. Наклонетите решетки овозможуваат отпадокот да се фати на

површината на решетката и притоа е овозможен и пристап за мануелно или

механичко чистење. Некои фабрики користат уреди познати како коминутори или

барминутори кои ги комбираат функциите на решетките и на дробачот. Овие

уреди ги фаќаат и потоа ги сечат или дробат овие тешки и цврсти материи што

пловат. Во процесот, здробените материјали остануваат во текот на отпадната

вода за да бидат отстранети подоцна во примарниот резервоар за талог.

„Способноста да се обезбеди доволна снабденост со чиста вода е од голема

национална грижа“

Основни процеси за третман на отпадните води

Физички

Физичките процеси се едни од најраните методи за отстранување на цврсти

материи од отпадните води, вообичаено преку решетки за отстранување на

отпадоци. Освен тоа, цврстите материи кои што се потешки од водата ќе се

населат надвор од отпадните води преку гравитацијата. Парчињата исполнети со

вода кои што пловат на површината на водата можат исто така да бидат

отстранети. Овие физички процеси се применуваат во многу модерни објекти за

третман на отпадните води денес.

Page 12: sistem na otpadni vodi

Биолошки

Во природата бактериите и другите мали организми во водата ги губат органските

материи во канализациите претварајќи се во нови бактериски клетки, јаглерод

диоксид и други нуспродукти. Бактериите кои што вообичаено се присутни во

водата мора да бидат сврзани со кислород за да го одиграат својот дел во

процесот на напуштање на канализациите. Во 1920те год. научниците заклучиле

дека овие природни процеси можат да бидат запрени и забрзани во системите за

отстранување на органскиот материјал од отпадните води. Со додатокот на

кислород во отпадните води, огромни количини на микроорганизми растат и брзо

ги метаболизираат органските загадувачи. Прекоумерениот микробиолошки раст

може да биде отстранет од отпадните води со физички процеси.

Хемикалии

Хемикалиите се употребуваат за да направат измени кои што го зголемуваат

отстранувањето на овие нови форми на физички процеси. Неразвиените

хемикалии како стипса, вар или железни соли можат да се додадат до отпадните

води за одредени загадувачи како фосфорот, да се групираат или соединат во

поголеми потешки маси кои што ќе можат да се отстранат побрзо преку физичките

процеси. Во последните 30 години хемиската индустрија разви синтетички

пасивни хемикалии познати како полимери со цел да се подобри постапката на

физичко одделување во третманот на отпадните води. Полимерите често се

употребуваат и во подоцнешните фази на третманот за да се подобри талогот на

прекумерениот микробиолошки раст.

Откако отпадната вода ќе помине преку решетките поминува преку една

камена одаја каде песок, чакал, јаглен и мали каменчиња ќе се наталожат на

дното. Отстранувањето на чакалот и јагленот кој ги одмива улиците или земјата за

време на бури е многу важно особено во градовите со комбинирани

канализациски системи. Големи количини на чакал и песок кои влегуваат во

фабриката за третман може да предизвикаат сериозни оперативни проблеми, како

прекумерена употреба на пумпите и другата опрема, затнување на вентилните

Page 13: sistem na otpadni vodi

уреди или искористување на капацитетот на резервоарот потребен во еден

третман. Во некои фабрики друга подебела мрежа се поставува по камената одаја

за да се отстрани дополнителниот материјал кој може да ја оштети опремата или

да ги попречи подоцнешните процеси. Чакалот и останатите материи отстранети

од овие процеси мора постепено да се соберат и да се исфрлат во депонија или

да се запалат.

Примарна седиментација

Со процедувањето и отстранувањето на чакалот, отпадните води сеуште содржат

слободни органски и неоргански состојки како и суспендирани цврсти материи.

Тие цврсти материи содржат безначајни честички кои можат да се отстранат од

отпадните води со понатамошен третман како седиментација или со таложење со

помош на гравитацијата, хемиска коагулација или филтрирање. Ослободените

загадувачи кои се тешки заостанувааат во отпадните води и не можат ефективно

да бидат отстранети со помош на гравитацијата.

Кога отпадната вода навлегува во резервоарот за седиментција ослободените

цврсти материи потонуваат на дното. Големата количина на цврсти материи се

нарекува примарен талог. Биле применети различни методи за отстранување на

примарниот талог од резервоарите. Поновите фабрики имаат некој вид на

механичка опрема за отстранување на наталожените цврсти материи од

резервоарите за седиментација. Некои фабрики цврстите материи ги

отстрануваат непрестано додека други периодично.

Секундарен третман

Откако отпадната вода ги поминува процесите на примарниот третман, се одлива

во секундарната фаза од третманот. Процесите во секундарниот третман можат

да отстранат 90 проценти од органските материи во отпадните води користејќи

процеси на биолошки третман. Двата најпознати метода употребени за да се

постигне секундарниот третман се приврзани процеси на раст и суспендирани

процеси на раст.

Page 14: sistem na otpadni vodi

Приврзани растечки процеси

Во овие процеси микробиолошкиот раст се одвива на површината на камени или

пластични елементи. Отпадната вода поминува низ тие елементите заедно со

воздух за да обезбеди кислород. Единиците на приврзаните растечки процеси

вклучуваат филтери на процедување, биокули и ротирачки биолошки контактори.

Овие процеси се ефективни во отстранување на биолошки разложливи органски

материи од отпадните води.

Филтерите за процедување се всушност корита од елементи (вообичаено камења

или пластика) низ кои што поминува водата. Елементите варират од три до шест

чекори длабочина и овозможуваат големи количини на микроорганизми да се

приврзат и да растат. Постарите објекти за третман користеле камења, карпи или

јаловица како елементи во коритата. Новите објекти можат да користат корита

напаравени од пластички топки, затворени слоеви од брановидна пластика или

други видови на синтетички елементи. Овој вид на материјал за коритата често

обезбедува поголема површинска област и подобра средина за промовирање и

контролирање на биолошкиот третман од камењата. Бактериите, алгите, габите и

други микроорганизми растат и се размножуваат формирајќи микробиолошки раст

или тињав слој (биомаса) на елементите. Во процесот за третман бактериите

користат кислород од воздухот и ги косумираат повеќето органски материи од

отпадните води како храна. Како што поминува отпадната вода низ елементите

супстанциите на кои им е потребен кислород се консумирани од биомасата и

водата која што ги напушта елементите е многу почиста. Сепак, делови од

биомасата се ослободуваат од елементите и се пренесуваат во резервоарот за

секундарниот третман.

Суспендирани процеси на раст

Слично на микробиолошките процеси во приврзаните процеси на раст, овие

процеси се формирани за да ги отстранат биолошко разложливите органски

материи и органските материи кои што содржат азот претварајќки го азотниот

амонијак во нитрат освен ако не е обезбеден додатен третман. Во суспендираните

Page 15: sistem na otpadni vodi

процеси на раст, микробиолошкиот раст е суспендиран во оксигенизирана водена

мешавина каде што воздухот се пумпа внатре или водата е доволно разбранета

за да овозможи трансфер на кислород. Единиците во процесот за суспендиран

раст вклучуваат варијации на активен талог, оксигирани јазови и последователни

групи на реактори.

Суспендираните процеси на раст ја забрзуваат работата на аеробните бактерии и

другите микроорганизми кои ги разложуваат органските материи во канализациите

обезбедувајќи богата аеробна средина каде што микроорганизмите кои што се

суспендирани во отпадните води ќе делуваат поефикасно. Во резервоарот за

вентилација (заситување со јаглеродна киселина), отпадната вода се меша силно

со воздухот и микроорганизмите се прилагодуваат во отпадната вода за неколку

часа. Тоа им овозможува на бактериите и на другите микроорганизми да ги

разложат органските материи во отпадните води. Микроорганизмите се

зголемуваат и вишокот на биомаса се отстранува со таложење пред да се

ослободи истекот или понатаму да се третира. Откако ќе се активираат милиони

додатни аеробни бактерии некои од биомасата можат повторно да се употребат

со нивно враќање во резервоарот за вентилација за да се измешаат со отпадните

води кои што ќе надојдат.

Активниот процес на таложење, како и повеќето други техники име свои предности

и недостатоци. Единиците потребни за овој третман се релативно мали, бараат

помал простор за разлика од приврзаните растечки процеси. Исто така, кога се

управуваат и одржуваат соодветно процесот е ослободен од муви и миризби.

Сепак, повеќето активни процеси на таложење се поскапи за управување отколку

приврзаните процеси на раст како резултат на поголемата употреба на енергија за

работата на системот за вентилација. Ефективноста на активниот процес на

таложење може да биде под влијание на зглемените нивоа на отровни состојки во

отпадните води освен ако сложените индустриски хемикалии се ефективно

контролирани преку програма за индустриски пред-третман.

Потребно е адекватно снабдување со кислород за активниот процес на таложење

да биде ефективен. Главно, кислородот се обезбедува преку мешањето на

Page 16: sistem na otpadni vodi

воздухот со канализацијата и биолошко активните цврсти материи во

вентилационите резервоари преку еден или неколку различни методи. Механичка

вентилација може да се постигне со извлекување на отпадоците од дното на

резервоарот распрскувајќки ги на површината, со што ќе се овозможи на

отпадоците да апсорбираат големи количина на кислород од атмосферата.

Воздухот под притисок може да биде испуштен низ малите отвори на цевките во

отпадните води. Комбинација од механичката и примораната вентилација исто

така може да се употреби. Исто така, релативно чистиот кислород, создаден од

неколку различни процеси на производство може да се додаде за да обезбеди

кислород во вентилационите резервоари.

Од вентилациониот резервоар, прочистените отпадни води истекуваат во

резервоарот за седиментација (секундарниот прочистувач), каде што се

отстранува вишокот на биомаса. Дел од биомасата се отстранува кон врвот на

вентилациониот резервоар, додека остатокот се искористува од системот.

Искористената биомаса и наталожените цврсти материи се третираат пред да се

исфрлат или повторно употребат како билошко цврсти материи.

Лагуни

Лагуните за отпадните води или базените за третман се базени конструирани врз

научна основа, длабоки три до пет педи, кои овозможуваат сончевата светлина,

алгите, бактериите и кислородот да стапат во интеракција. Биолошките и

физичките процеси на третман се одвиваат во лагуните за подобрување на

квалитетот на водата. Квалитетот на водата кога ја напушта лагуната, кога се

поставува и управува соодветно се смета за еквивалентна на истекот од

ковенционалниот систем на секундарниот третман. Сепак, зимите со студени

клими имат значајно влијание врз ефикасноста на лагуните и вообичаено е

потребно зимско складирање.

Лагуните имаат неколку предности кога се употребуваат правилно. Тие можат да

се употребат во секундарниот третман или како надополнување на други процеси.

Додека базените за третман бараат цврсто земјиште и пред се се употребуваат во

Page 17: sistem na otpadni vodi

малите заедници тие опфаќаат повеќе од една четвртина од објектите за

општинскиот третман на отпадните води во оваа држава. Лагуните ги

отстрануваат биолошки разградливите органски материи и дел од азотот од

отпадните води.

Третман на земјиштето

Третманот на земјата претставува контролирана примена на отпадните води во

почвата каде што физички, хемиски и други биолошки процеси играат улога во

прочистувањето на отпадната вода која поминува низ или преку почвата.

Првичниот вид на третман се одликува со бавен степен на копнен излив и брзо

инфилтрирање. Во неплодните западни држави, претходно третирана општинска

отпадна вода се употребува со години за наводување на плодовите. Во поново

време третманот на земјиштето се рашири во сите делови од земјата. Познат е и

земјишниот третман на повеќе видови на индустриски отпадни води.

Без разлика кој метод се употребува, третманот на земјиштето може да биде

изводлива економска алтернатива, каде што веќе потребното земјиште е

достапно особено кога ќе се спореди со скапите фабрики за напреден тертман.

Длабоки истражувања биле спроведени на местата за третман на земјиштето за

да се определи изведбата на тертманот и да се проучат бројните вклучени

процеси, како и потенцијалното влијание врз средината, односно водата во

земјиштето, површинската вода и секој плод што може да се одгледа.

Низок степен на инфилтрација

Во случајот на низок степен на инфилтрација, отпадната вода се нанесува на

земјиштето и се движи низ почвата каде што природното филтрирање на почвата

заедно со микробиолошката активност и впивањето на растенијата ги

отстрануваат повеќето загадувачи. Дел од водата испарува или е искористена од

растенијата. Остатокот се собира преку капки или во бунари за површинско

испуштање или дозволува да се пробие во водата во земјиштето.

Page 18: sistem na otpadni vodi

Нискиот степен на ифилтрација е најчесто употребувана техника за третман на

земјата. Отпадната вода која понекогаш се дезинфицира пред примена во

зависност од крајната употреба на плодот и методот на наводнување, може да се

нанесе на земјиштето со прскање, преплавување или преку високо и ниско

наводнување. Избраниот метод зависи од планираните трошоци, земјиштето и

видот на плодовите. Поголемиот дел од водата и повеќето хранливи материи се

искористуваат од растенијата додека другите загадувачи преку адсорпција се

пренесуваат во почвата, каде повеќето од нив се минерализираат или со тек на

време се уништуваат од микробиолошките активности.

Брза инфилтрација

Процесот на брза инфилтрација многу често се користи за култивирање и

повраќање на изливот на отпадните води за повторна употреба по пред третманот

од секундарните и напредните процеси за третман. Исто така е ефикасен и на

студено и влажно време и успешно се користи во Флорида, северо-источните и

неплодните југозападни држави. Големи количини на отпадна вода се нанесуваат

на порозни почви на ограничено земјиште и се овозможува инфилтрирање и

пробивање низ почвата во водената маса одоздола. Доколку водата повторно се

употребува може да се надомести преку бунарите. Вредносната ефективност на

овој процес зависи од способноста на почвата да пропушта големи количини на

вода брзо и ефикасно, па затоа соодветното пресушување на почвата е многу

битно.

Копнен дотек

Овој метод долги години успешно се употребува од индустриите за храна за

отстранување на цврстите материи, бактериите и хранливите материи од

отпадните води. Отпадните води се излеваат во благо накосена површина

посадена со растенија за да го контролира одливот и ерозијата. Почвата од

цврста иловица е соодветна за процесот на копнен дотек. Како што водата си тече

по надолнината, почвата и микроорганизмите формираат слој од желатинска кал

сличен на многу начини на филтерот за цедење кој ефективно ги отстранува

Page 19: sistem na otpadni vodi

цврстите, патогените и хранливите материи. Водата која не се апсорбира или не

испарува се надоместува од дното на надолнината за испуштање или повторна

употреба.

Конструирани мочуришта

Мочуриштата се области каде што водата ја натопува земјата доволно долго за да

ја поттикне и зачува вегетацијата покрај мочуриштата како трски, рогоз или шавар.

Системот за третман на конструираните можуришта е дизјниран за да ја

прочистува водата спроведувајќи ја низ мочуриштето. Природните физички,

хемиски и биолошки процеси на мочуриштата биле повторно создадени и

зголемени во конструираните мочуришта дизајнирани специјално за да ги

прочисуваат отпадните води од индустријата, малите заедници, изливот при бура

од урбаните и земјоделските области како и испуштањето на киселини од

рудниците. Можат да се постигнат значајни подобрувања во квалитетот на водата,

вклучувајки го и отстранувањето на хранливите материи.

Дезинфекција

Непрочистената вода во домовите содржи микроорганизми или патогени кои

предизвикуваат болести кај луѓето. Процесот кој се користи за уништување или

убивање на овие штетни организми се нарекува дезинфекција. Хлорот е

најпознато средство за дезинфекција со широк степен на употреба, но озонот и

ултравиолетовата радиација исто така се користат често за дезинфекција на

изливот на отпадните води.

Хлор

Хлорот ги убива микроорганизмите уништувајќи го клеточниот материјал. Оваа

хемикалија може да се нанесе во водата како гас, течност или во црвста форма

слична на хемикалиите за дезинфекција на базените за пливање. Сепак, секој

слободен (несоединет) хлор кој ќе остане во водата е многу токсичен за

добротворниот воден живот. Затоа, отстранувањето на дури и траги од слободен

хлор со дехлоризација е често потребно за заштита на рибите и водниот живот.

Page 20: sistem na otpadni vodi

Поради итните реакции и потенцијалните безбедносни грижи, гасот од хлорот се

користи многу поретко отколку во минатото.

Озон

Озонот се создава од кислород изложен на високо напонска струја. Озонот е

многу ефективен во уништување на вирусите и бактериите и се разложува многу

брзо во кислород без да наштети на нус-производите. Озонот не е многу

економичен поради високите трошоци за енергија.

Ултравиолетова радијација

Ултравиолетовата (UV) дезинфекција се создава кога електромагнетна енергија

во форма на светлина во UV зраците се создава од светилки од светлосен лак од

жива кој пенетрира во клеточниот ѕид на изложените микроорганизми. UV

радијацијата ја намалува способноста на микроорганизмите да преживеат

оштетувајќи го нивниот генетски материјал. UV дезинфекцијата е процес на

физички третман кој не остава хемиски траги. Организмите понекогаш може да

закрепнат и да ги вратат деструктивните ефекти од радијацијата доколку се

нанесат во мали дози.

Пред-третман

Националната програма за пред-третман, кооперативниот напор на федералните

државни фабрики за третман и нивното индустриско испуштање, бара

индустријата да го контролира бројот на отпадоци кои се испуштаат во

општинските канализациски системи. Пред-третманот ги заштитува објектите за

третман на отпадните води и нивните работници од отпадоците кои што можат да

предизвикаат опасност или да го попречат делувањето и перформансот на

фабриките за третман, вклучувајќи го загадувањето од канализацискиот талог и ја

намалува можноста нетретираните загадувачи да се излеат во водата.

Под федералната програма за пред-третман, фабриките за општинските отпадни

води примањето на значителни индустриски испуштања мора да развијат локални

програми за пред-третман за контрола на индустриското испуштање во

Page 21: sistem na otpadni vodi

канализациските системи. Овие програми мора да бидат одобрени од агенцијата

за заштита на животната средина или од државата кој има власт за одобрување

на пред-третманот. Повеќе од 1500 фабрики за третман од општината добиле

дозвола за програмата за пред-третман.

Напредни методи за третман на отпадните води

Со растот на нашата држава и побарувачката на чиста вода, стана многу поважно

да се произведуваат почисти одливи на отпадна вода, сепак некои загадувачи се

отстрануваат многу потешко од други. Побарувачката за почисти изливи е

остварена преку подобри и поусовршени методи за отстранување на загадувачите

во фабриките за третман на отпадните води, како додаток на пред-третманот и

превенцијата од загадување што помага во ограничувањето на видовите на

излеан отпадок во санитарниот канализациски систем. Во моментот, речиси сите

фабрики за третман на отпадните води го постигнуваат минимум нивото на

секундарниот третман. Во некои излеани води, нивното испуштање во

секундарниот третман сеуште би го деградирал квалитетот на водата и

населениот воден свет. Затоа е потребен понатамошен третман. Нивоата на

третман по секундарниот се наречени напредни третмани.

Напредната технологија за третман може да биде доградба на конвенционалниот

секундарен биолошки третман за понатамошно стабилизирање на супстанциите

во отпадните води на кои им е потребен кислород, или за отстранување на азот и

фосфор. Напредниот третман може исто така да вклучува физичко-хемиски

техники на сепарација, како адсорпција, кондезација, мембрани за напредна

филтрација, размена на јон и реверзна осмоза. Во повеќе комбинации, овие

процеси можат да го постигнат било кое ниво на посакуваната контрола на

загадување. Со прочистувањето на отпадните води на се повисоки нивоа со

помош на напредните процеси на третман, прочистените изливи можат повторно

да се употребат во урбаните, селските и земјоделските наводнувања,

индустриското ладење и преработување, за рекреативна употреба и полнење на

вода, дури и за индиректно зголемување на залихите на водата за пиење.

Page 22: sistem na otpadni vodi

Контрола на азотот

Азотот во сите форми е присутен во општинските отпадни води и вообичаено не

се отстранува со секундарниот третман. Доколку се испушти во езерата и

потоците или пак во речното устие, азотот во форма на амонијак може да има

директна потреба од кислород или да стимулира прекуумерен раст на алги.

Амонијакот со излевање во отпадните води може во одредени случаи да биде

токсичен за водниот свет.

Со обезбедување на додатен биолошки третман по секундарната фаза,

ѓубрењето на бактериите со азотно ѓубре присутно во третманот на отпадните

води може билошки да го претвори амонијакот во нетоксичен нитрат преку процес

познат како нитрификација. Процесот на нитрификација е вообичаено доволен за

да ја отстрани токсичноста поврзана со амонијакот во изливот. Бидејќи азотот е

исто така и хранлива материја, прекумерени количини можат да придонесат за

неконтролираниот раст на алгите. Во ситуации во кои што азотот мора целосно да

се отстрани од изливот, дополнителен биолошки процес може да се додаде во

системот за да го претвори азотот во азотен гас. Претвoрањето на нитратот во

азотен гас се постигнуваа со бактерија во процесот познат како денитрација.

Изливот со азот во форма на нитрат се става во резервоар без кислород каде што

хемикалиите кои што содржат јаглерод, како метанол се додаваат или мал дотек

на сирова/необработена отпадна вода се меша во наѓубрениот излив со азотно

ѓубриво. Во оваа без кислородна средина, бактеријата го користи кислородот

приврзан за азотот во нитратната форма ослободувајќи азотен гас. Бидејќи азотот

80 проценти е составен од воздух во атмосферата на земјата ослободувањето на

азот во атмосферата не и штети на животната средина.

Биолошка контрола на фосфорот

Како азотот, и фосфорот е неопходна хранлива материја за растење на алгите.

Намалувањето на фосфорот е понекогаш неопходно за да се спречи

прекумерениот раст на алгите пред да се испушти водата во езерата, браните или

речното устие. Отстранувањето на фосфорот може да се постигне преку хемиско

Page 23: sistem na otpadni vodi

додавање или процес на коагулација или седиментација во следниот параграф.

Некои биолошки процеси на третман наречени биолошко отстранување на

хранливите материи може да постигне отстранување на азот и фосфор. Повеќето

од биолошките процеси за третман вклучуваат измени во системите за третман на

суспендираниот раст за да може бактериите во овие системи исто така да му

овозможат на азотниот нитрат да го наследи азотниот гас и да ги зароби

фосфорните соли во цврстите материи кои што се отстрануваат од изливот.

Коагулација- седиментација

Процесот познат како хемиска коагулација-седиментација се користи за да се

зголеми отстранувањето на цврстите материи од изливот по примарниот и

секундарниот третман. Цврстите материи кои се потешки од водата се

отстрануваат со помош на гравитацијата. Со додавање на специфичните

хемикалии, цврстите материи може да станат потешки од водата и да се населат.

Стипса, вар или железни соли се хемикалиите кои се додаваат во водата за

отстранување на фосфорот. Со овие хемикалии, помалите честиски се групираат

во големи маси. Колку поголеми маси од честички ќе се населат толку побрзо

изливот ќе дојде до следниот чекор- резервоарот за седиментација. Овој процес

може да ја намали концентрацијата на фосфатот со повеќе од 95 проценти.

И покрај тоа што со години се користи во третманите на индустрискиот отпадок и

во третманот на водата, коагулационата седимантација се смета за напреден

процес затоа што рутински не се нанесува во третманите на општинските отпадни

води. Во некои случаи, процесот се користи како неопходен чекор во пред-

третманот за други напредни техники. Овој процес создава хемиски талог и

вредноста за негово отстранување може да биде значително висока.

Адсорпција на јаглерод

Технологијата на јаглеродната адсорпција може да ги отстрани органските

материи од отпадните води кои се отпорни на биолошкиот третман. Овие отпорни

траги на органски материи може да се забележат по вкусот и мирисот на водата,

Page 24: sistem na otpadni vodi

трагите по телото на рибите, предизвикуваат пенење и ги убиваат рибите.

Јаглеродната адсорпција се состои од минење на изливот вода преку базен или

кутија со активирани јаглеродни гранули или прав, кои отстрануваат повеќе од 98

проценти од траговите на органските супстанции. Супстанциите кои остануваат

приврзани на јаглеродната површина се отстрануваат од водата. За да се

намалат трошоците за процедурата, јаглеродните гранули може да се исчистат со

греење и повторно да се искористат.

Употреба или отстранување на остатокот на отпадните води и цврстите материи

Кога загадувачите се отстрануваат од водата, секогаш има нешто заостанато. Тоа

може да бидат партали, стапови заглавени на решетките од примарниот третман.

Може исто така да се цврсти материи кои го зафаќаат дното на резервоарите за

седиментација. Што и да е, секогаш има остатоци кои може да се искористат

повторно, да се изгорат, закопаат или фрлат на таков начин кој не би бил штетен

за средината.

Процесот на употреба и отстранување на остатоците на цврстите материи е

одобрен од централната власт за контрола на водата, од законот за зачувување и

враќање на ресурсите и други државни закони. Државните закони ја зголемуваат

потреба од воведување на техники за раководење со остатоците кои ќе бидат

здрави за средината и корисна употреба на биолошките цврсти материи кога и да

е возможно. Биолошки цврстите материи се обработени цврсти материи од

отпадните води („канализациски талог“) кои се придржуваат кон ригорозни

стандарни при што се овозможува нивна безбедна повторна употреба за корисни

цели. Во моментот, повеќе од половина од биолошките цврсти материи кои се

создаваат од системите за третман на општинските отпадните води се нанесуваат

на земјата како кондиционер за почвата или наѓубрување, додека останатите

цврсти материи се палат или закопуваат како отпад. Повеќе не е дозволено

исфрлање во океанот на овие цврсти материи.

Пред нивното искористување или отстранување, биолошки цврстите материи се

стабилизирале за да ги контролираат миризбите и да го отстранат бројот на

Page 25: sistem na otpadni vodi

организми кои предизвикувале болести. Цврстите материи од канализациите, или

талогот, кога ќе се одвојат од отпадните води сеуште содржат околу 98 проценти

вода.

Тие вообичаено се згуснуваат и може водата да бидат отстрането за да се намали

волуменот за транспортација за крајна обработка, отстранување или корисна

употреба. Во процесите за отстранување на водата спаѓаат пресушување на

базените, филтри за исцедување, центрифуги и друго. За подобрување на

ефективноста на процесите за отстранување на водата цврстите материи може да

биде претходно третирана со хемикалии како варта, железниот хлорид или

полимерите за создавање на поголеми честици кои можат полесно да се

отстранат.

Варењето е форма на стабилизација каде што испарливиот материјал во цврстите

материи на отпадните води може природно да се распаднеи да се отстрани

потенцијалот за создавање на миризба. Варењето без воздух во затворен

резервоар (анаеробично варење на цврстите материи) ја има додатната

придобивка за создвање на метан гас кој може да се обнови и искористи како

извор за енергија. Стабилизација на цврстите материи може исто така да се

постигне со ѓубрење, третмани на топлење, сушење или додаток на вар или други

алкални материјали. По стабилизацијата биолошките цврсти материи можат

безбедно да се прошират на земјата.

Поставувања на земјата

Во многу области, биолошки цврстите материи се продаваат од страна на

земјоделците како вештачки ѓубрива. Федералната регулатива (40CFR Pert 503) го

одредува минимумот услови за таквата практика за поставување на земјата,

вклучувајќи граници за загадувачите, теренско менаџирање, услови за третман,

надзор, водење на записи и потреба од известување.

Соодветно третираните и нанесени биолошки отпадни материи се добар извор на

органски материјал за подобрување на структурата на почвата и помага при

Page 26: sistem na otpadni vodi

снабдувањето со азот, фосфор и микро-хранливи материи кои им се потребни на

растенијата.

Биолошки цврстите материи успешно биле употребувани многу години како

почвен кондиционер и вештачко ѓубриво и за обновување на вегетацијата во

областите со сиромашни почви поради дејноста на градежништвото, отворените

рудокопи или некои други активности. Со пристапот за менаџирање на биолошки

цврстите материи, третираните цврсти материи во полутечни или исцедени

форми се пренесуваат во пределите за третман на почвата. Кашестите или

исцедени биолошки цврсти материи, кои што содржат хранливи материи и

стабилизирани органски материи се ширант низ земјата за да и го вратат

природниот изглед обновувајќи ја травата, дрвјата и цвеќината на неполодната

земја. Обнувувањето на покраинската земја исто така помага при контрола на

изливот на киселинско испуштање од рудниците кои го загрозуваат животот на

рибите и другиот воден свет и ја загадуваат водата со киселини, соли и огромни

количества на метали.

Палење

Палењето се состои од горење на сувите цврсти материи за отстранување на

органскиот отпаден материјал во пепел која ќе може да се исфрли или повторно

употреби. Палењето често вклучува карактеристики за враќање на топлината.

Необработените калливи цврсти материи се од значајна важност за горивото како

резултат на нивниот висок органски состав. Сепак, водата мора да се отстрани во

голема мера се цедење или пресушување за да го искористи потенцијалот на

горивото од биолошки цврстите материи. Зарати тоа, опремата за филтрирање и

исцедување на водата се користи за одржување на биолошките цврсти материи

кои се доста суви за да се изгорат без додатна поткрепа од помошните горива. Во

некои градови, биолошки цврстите материи се мешаат со веќе употребени горива

или веќе употребени лишени горива пред горењето. Генерално, изгубената

топлина се надоместува за да се обезбеди поголема количина на енергетска

ефикасност.

Page 27: sistem na otpadni vodi

Корисна употреба на продуктите од цврстите материи

Топлински исушените топчиња од биолошки цврстите материи се произведуваат и

употребуваат значително како вештачки ѓубрива за грижа на тревниците,

производство на зелена трева, овошни насади и производство на зеленчук веќе

подолги години. Ѓубрењето на биолошки цврстите материи е исто така добро

докажан пристап за менаџирање на цврстите материи кој е усвоен од голем број

на заедници. Наѓубрените ќумурсети продукти покажале особено ветување за

употреба во производството на почвените адитиви за ревегетација на пределите

со слаба почва и како надоместок на почвата за садење.

Ефективниот предтретман на индустрискиот отпадок ги спречува прекумерените

нивоа на несакани состојки, како тешки метали (кадмиум, жива и др.) и упорните

оркански состави од загадување на отпадните материи од третманот на отпадните

води и ограничувањата на потенцијалот за корисна употреба. Ефективното

стабилизирање на отпадните материи од отпадните води и нивното претварање

во биолошки цврсти материски продукти може многу да биде скапо. Некои градови

имаат произведено вештачки ѓубрива од биолошки цврстите материи кои ги

продаваат за да помогнат да се плати делот од трошоците за третман на

отпадните води. Некои општини користат, наѓубрени, топлинско пресушени или

продукти на стабилизирани биолошки цврсти материи со вар во парковите и

другите јавни подрачја.

Децентрализирани (онсајт или кластер) системи

Децентрализираните системи на оптадните води го обработуваат

канализациските системи од домовите и дуќаните кои не се поврзани со

централизираните фабрики за третман на отпадните води. Децентрализираните

системи за третман вклучуваат онсајт и кластер системи. Онсајт системот е

систем за отпадните води кој се потпира врз природни процеси, и покрај тоа што

понекогаш содржи механички компоненти за собирање, обработување, испуштање

или преработување на отпадните води од едно живеалиште или зграда.

Септичките резервоари и полињата за адсорпција на почвата се примери за

Page 28: sistem na otpadni vodi

онсајт системи. Собирањето на отпадната вода и системот за третман во еден

вид на заедничко сопственишто што ја собира отпадната вода од две или повеќе

живеалишта или згради се нарекува кластер систем. Во децентрализирани

системи спаѓаат оние кои што употребуваат технологија за алтернативен третман

како меди филтри, системи на конструирани мочуришта единици за аеробен

третман и мноштво од системи за сеење на почвата. Во системите за

распрскување на почвата спаѓаат системи на притисок како цевките за низок

притисок и системите за распрскување со капење. Овие системи третираат и

испуштаат релативно мали количина на отпадна вода и генерално може да се

најдат во руралните и предградските населби. Додека септичките резервоари и

системите за адсорпција на почвата имаат значителни ограничувања,

децентрализираните системи можат ефективно да го заштитат количеството на

водата и јавното здравје од подземните води и површинското водено загадување

ако се употребуваат правилно (ако се правилно поставени, сортирани,

дизајнирани, инсталирани, управувани и одржувани). Концетрациите на азот во

подземните води кои ги надминуваат стандардите на водата за пиење може да

предизвикаат здравствени проблеми.

Третман

Онсајт системите за отпадните води содржат три компоненти: единица за третман

што ја обработува водата пред да ја испушти во средината; компонента за

почвено распрскување која гарантира дека третираната вода се ослободува во

средината во стапка која ќе може да се присвои; и систем за менаџирање кој

обезбедува соодветна долгорочна операција за целосниот систем.

Дезинфекцијата на третираниот излив може да се обезбеди со распрскување.

Еден типичен онсајт систем се состои од септички резервоар проследен со систем

за дистрибуција на изливот. Алтернативните системи за третман вклучуваат

аеробен тертман и системи за филтрирање на песокот.

Page 29: sistem na otpadni vodi

Конвенционални септички резервоари

Септички резервоар е резервоар закопан под земјата кој се користи за третман на

отпадните води без присуство на кислород (анаеробен). Отпадните води

истекуваат од водоводот во домашни или мали бизнис објекти во првите две

одаи, каде што се сметуваат цврстите материи. Отаму течноста се излива во

втората одаја. Анаеробна бактерија во отпадните води ги разградува органските

материи, овозможувајќи почстриста вода да се излева втората одаја. Течноста

вообичаено се испушта преку површински систем на дистрибуција. Постепено,

цврстите материи на дното од резервоарот, познати како септи мора да се

отстранат и исфрлат соодветно.

Единици за аеробен третман

Единиците за аеробен третман исто така се користат за обезбедување на онсајт

третман на отпадните води. Тие се слични со септичките резервоари, освен што

воздухот се меша со отпадните води во резервоарот. Аеробните бактерии кои

имаат потреба од кислород ги консумираат хранливите материи од отпадните

води. Каков што е случајот со септичкиот систем, изливот на отфрлање од

аеробниот систем се вообичаено ослободува преку систем на дистрибуција на

резервна површина или може да се дезинфицира или директно се испушта на

површината на водата. Единиците за аеробен третман исто така бараат

отстранување и соодветно исфрлање на црврстите материи кои се насобираат во

резервоарот.

Преносни (медиа) филтери

Преносните филтери се користат за обезбедување на понатамошен третман за

изливот од септичкиот резервоар и обезбедуваат високи нивоа на ѓубрење. Тие

можат да бидат дизајнирани да го пренесуваат изливот еднаш или повеќе пати

низ преносните базените. Тие, исто како и песокот, имаат функција на филтери.

Се поставуваат три до четира стапки длабоко во земјата над линија непропустлив

материјал како пластика или бетон. Изливот од септичкиот резервоар се нанесува

на површината на филтерот во повремени дози и понатаму се третираат како

Page 30: sistem na otpadni vodi

тенки млазови низ филтрите. Во повеќето медиа филтри отпадната вода се

собира во подземни мрежи потоа или се пумпа назад во филтрите на базените

или во другите видови на третмани.

Методи на распрскување

Традиционалните онсјат системи вклучуваат единици за третман проследени со

одводни и терени за апсорпција. Отпадните води од единиците за третман се

распрскуваат низ соодветна почвена обвивка каде што го добиваат додатниот

третман од микроорганизмите во почвата и нејзините својства за филтрирање.

Доколку почвата не е соодветна за инсталација на поле за апсорпција можат да се

искористат алтернативни методи за понатамошен третман или дистрибуција на

третираниот излив. Најпознатите системи за алтернативна дисперзија вклуваат

цевки со тенок млаз, насипи, отстранување преку цедење и базени за

испарување.

Поле за апсорпција

Кога условите на почвата дозволуваат најчестиот метод за дисперзија на

септичкиот резервоар или изливот на аеробниот систем е полето за апсорпција

кое се состои од серии на издупчени паралелни цевки поставени во ендеци на

чакал или изронети камења или како директно испуштање во почвата преку

ендеците.

Вообичаено, изливот истекува во полето за апсорпција од кутијата за

дистрибуција која одржува благ тек на излив од полето за апсорбција. Од таму

изливот се процедува низ камењата во почвата и обезбедува понатамошен

третман.

Систем на насипи

Кога почвата не е погодна за филтрирање или кога нивото на подземни води е

високо, често се користи системот на насипи. Системот на насипи е систем на

дистрибуција изграден над оригиналното ниво на земјата со употреба на гранулен

материјал како песок и чакал за да го прима изливот од септичкиот резервоар

Page 31: sistem na otpadni vodi

пред да истече во домашната почва одоздола. Изливот се одлево во резервоарот

за дозирање кој е опремен со пумпа.Тука изливот се чува се додека не се

обезбеди доволна течност. Откако течноста ќе се испумпа се движи рамномерно

низ насипот пред да достигне помалку порозна почва или подземна вода.

Гранулниот материјал има улога на средство за третман и го подобрува

отстранувањето на загадувачите на начин кој не може да се обезбеди од

неквалитетните домашни почви.

Систем на распространето капење

Таму каде што почвата е сува или има намалена порозност може да се употребат

системите на распространето капење. Типичниот систем на капење работи како

капење на дразба на умерено висок притисок. Во составот на системот за капење

спаѓаат филтери за отстранување на цврстите материи, мрежа од цевки за

распространување на течноста во почвата, резервоари за чување на течноста и

контролери за регулирање на изливот во системот за капење.

Корита за испарување

Коритата за испарување претставуваат онсајт систем на дисперзија каде пред-

третираните отпадни води испаруваат од површината на почвата или преку

растенијата во атмосферата. Вообичаено, коритата за испарување се користат на

суви клими каде нема истекување ни на површината ни во подземната вода.

Вегетацијата се сади на површината на песочната леа за да се подобри процесот

на транспирација и уредувањето на земјиштето да ја зголеми естетиката на

коритото.

Менаџирање на децентрализираните системи

Осигурувањето на работата на децентрализираните системи за третман на

отпадните води е проблем од нацинална важност затоа што овие системи се

траен дел од инфраструктурата на отпадните води на нашата нација. Дваесет и

пет проценти од домовите низ целата земја и една третина од новоизградените

домови имаат онсајт системи. Многу од постоечките системи не работат

Page 32: sistem na otpadni vodi

адекватно поради недостиг на организација. Затоа, агенцијата за заштита на

средината го поттикнува постојаниот менаџмент на системите за

децентрализација на отпадните води за подобрување на работата и сигурноста.

Агенцијата за заштита на средината силно ги охрабрува општините за

воведување на програми за менаџирање на одржувањето на онсајт системите со

цел да се подобрат локалните очекувања за поставување и формирање на онсајт

системите. Општините имаат придобивка од ефективните програми за

менаџирање на онсајт системите, имајќи поголема заштита на јавното здравје и

ресурсите за локалната површинска и подземна вода, зачувување на селските

области, зачувување на приватните инвестициите преку зголемување на системот

на услуги и одбегнување на потребата од финансирање на скапи централни

колектори за отпадни води и системи за третман.

Менаџирање на средствата

Јавната инфраструктура во Америка за вода – снабдувањето со вода, отпадната

вода, објектите за собирање на водата од дождовите и системите за

собирање/дистрибуција – е битна за нашата економска, еколошка и културна

виталност. Поголемиот дел од јавната инфраструктура на системите за отпадните

води во државата го надмина чеврт-вековниот белег, кој води назад до

подарената финансиска подршка за градба од страна на централната власт

одговорна за водата од 1970. Повеќето од колективните системи датираат од

крајот на Втората светска војна и цутот на населението во периодот после

војната. Најстарите делови од колективниот систем на мрежни цевки работат

повеќе од 100 години. Значајни делови од оваа инфраструктура се тешко

оштеттени од преголема употреба и постојаното ефтино поправање, реновирање

и надополнувања. Во зголемен број на општества, постоечките системи

попуштаат, сепак потребата од нова инфраструктура за прилагодување на

принудениот раст е со несмалена сила. Обновен пристап за менаџирање на

капиталот на средствата на отпадните води за ефективен трошковен перформанс

се шири низ земјата. Овој пристап за организирање на средствата се фокусира на

Page 33: sistem na otpadni vodi

ефективно одржаниот перформанс за собирање на отпадните води и средствата

на системот за третман во споредна со нивниот корисен животен век.

Операција

Собирањето на отпадните води и системите за третман мора да се управуваат

како што е прикажано за соодветно да го заштитат квалитетот на водата и

човековота здравје. Повеќето системи работат секој ден од годината без разлика

дали врне дожд или е сончево. Лиценцираните и обучени оператори се одговорни

за секојдневната работа на системите за отпадните води. Нивната одговорност

вклучува буџет и бизнис администрација, односи со јавноста, аналитички

тестирања и механичко инжинерство како и контрола на колективниот систем и

процесите за третман на отпадните води.

Одржување

Системите за собирање и третман на отпадните води треба да обезбедат сигурни

поправки за да се избегне распипувањето на опремата. Поголемиот дел од

дефектите на опремата може да се избегнат ако системските оператори ја

проверуваат опремата редовно вклучувајќи ги канализациските линии и шахтите.

Превентивното одржување користи податоци добиени од испитувања на

систематски начин со цел да ги насочи активностите за одржување пред да дојде

до дефекти во опремата. Добра програма може да ги намали расипувањата, да го

зголеми векот на опремата, да има ефективен трошок и да им помага на

системските оператори успешно да си ја извршуваат нивната работа.

Општа терминологија за третман на отпадните води

Активен талог е суспендиран растечки процес за отстранување на органските

материи од отадоците со заситување од воздух и микроорганизми кои можат да ги

разложат органските материи.

Напредниот третман вклучува нивоа на третман над секундарниот третман.

Page 34: sistem na otpadni vodi

Резервоарот за вентилација е простор за вметнување на воздух и кислород во

водата.

Аеробен се однесува на живот или процес што се случува во присуство на

кислород.

Единиците за аеробен третман овозможуваат третман на отпадните води со

вметнување на воздух во резервоарот, овозможувајќи им на бактериите да ја

прочистат водата.

Алгите се водни растенија кои растат во осветлени води и испуштаат кислород во

водата. Повеќето се храна за рибите и малите водни животни, но некои можат да

го нарушат и квалитетот на водата.

Алтернативен систем за третман на отпадните води или систем за собирање

искористен наместо конвенционалниот систем.

Анаеробичен се однесува на живот или процес кој се случува во отсуство на

кислород.

Бактериите се мали живи организми кои помагаат при уништувањето на

органските материи во канализациите.

Барминуторот е уред кој се монтира на решетките во фабриките за третман на

отпадните води за да го дроби материјалот како партали и ѓубре што се собира на

решетките.

Прозорецот со решетки е составен од паралелни решетки кои отстрануваат

големи објекти од отпадните води.

Црната вода е термин даден на домашните отпадни води кои носат животински,

човечки и отпадоци од храна.

Биолошко отстранување на хранливите материи е употребата на бактерии за

отстранување на хранливите материи од отпадните води.

Биомасата претставува микробиолошки раст.

Page 35: sistem na otpadni vodi

Биолошки цврстите материи се третирани цврсти материи од канализацискиот

талог кои се стабилизираат за да ги уништат патогените и да ги задоволат

високите стандарди кои овозможуваат безбедна повторна употреба на овој

материјал како додаток на почвата.

Био-кулата е единица каде што на отпадокот му се овозможува да паѓа низ

кулата заедно со синтетичките елементи на кои е присутен биолошки раст сличен

со оној на филтерот за капење.

Биохемиската потреба од кислород е мерка на искорестен кислород во

биолошките процеси кои ги разложуваат органските материи во водата.

Адсорпција на јаглерод е метод за третирање на отпадните води во кои

активниот јаглерод ги отстранува трагите од органски материи кои се отпорни на

распаѓање.

Хлорирањето е процес на додавање на хлорски гас или состави од хлор во

отпадните води за дезинфекција.

Хлоринаторот е уред кој додава хлор во гасовидна или ликвидна форма во

отпадните води за уништување на бактериите.

Прочистувачот или уште познат како резервоар за таложење, ги отстранува

цврстите материи од отпадните води со помош награвитациско таложење или со

коагулација.

Закон за чиста вода (федерален закон за контрола на загадѕвањето на водата)

оригинално донесен во 1948 а усвоен во 1972, 1981 и 1987, има за цел

обновување иодржување на хемискиот физичкиот и биолошкиот интегрите на

водата на нацијата.

Коагулацијата е групирање на цврстите материи за нивно побрзо исфрлање

надвор од канализацијата. Коагулацијата на цврстите материи се подобрува со

употреба на хемикалии како вар, стипса, железни соли или полимери.

Комбинирани канализации носат и отпадоци и изливи на води од врнежите.

Page 36: sistem na otpadni vodi

Коминуторот е направа за ловење и сечење на тешките цврсти материи во

точката на диверзија на водниот тек во фабриките за треман на отпадните води.

Ѓубрењето е природно биолошко разложување на органските материи во

присуство на воздух за формирање на стабилизиран материјал за хумусот.

Конвенционалните системи се системи за третман на отпадните води кои

традиционално се употребуваат за собирање на општинските отпадни води во

канализациите и нивно пренесување во централните објекти за третман пред

испуштање во површинските води. Во конвенционалните системи може да се

обезбеди или примарен или секундарен третман.

Денитрацијата е намалување на нитратот во азотниот гас. Денитрацијата се носи

во резервоарите за третман на отпадните води од бактериите под аноксични

услови. Бактеријата го користи азотот за енергија и во процесот за ослободување

на азотен гас. Азотниот гас, во најголем дел составен од воздух се ослободува во

атмосферата.

Мешање на воздухот е техника со која воздухот под притисок се носи во

канализацијата во резервоарот за вентилација. Воздухот се испумпува во

резервоарот преку издупчена цевка и се движи како меурчиња низ

канализацијата.

Дигестија на цврстите материи се случува во резервоарите каде што органските

материи се распаѓаат од бактериите, резултирајки со делумна гасификација,

топење и минерализирање на загадувачите.

Дезинфекција е уништување на патогените микроби вклучувајќи ги патогените

бактерии, вируси, паразити и протозои.

Дисперзија/Цедење вклучува количина на отпадна вода нанесена на земјата, која

се инфилтрира кон површината и минува низ почвената подлога.

Слободен кислород е количината на слободен кислород во водениот раствор

или во изливот на оптадните води. Соодветни концентрации на слободен

Page 37: sistem na otpadni vodi

кислород се неопходни за рибите и другите водени организми да живеат и за да

се спречат непријатните миризби.

Прифатливи трошоци се оние активности за редуцирање на отпадните води кои

се финансирани од заемите од револвинг фондот.

Излив е третираната течност која излегува од фабриките за третман по

завршувањето на процесот на третман.

Еутрофикација е процес на забавено стареење преку кој езерат еволвираат во

бари или мочуришта и најпосле исчезнуваат. За време на еутрофикацијата

езерата се збогатуваат со хранливи материи, посебно со азот и фосфор, кои ја

подржуваат преголемото создавње на алги и друг вид на водени растенија.

Еутрофикацијата може да се забрза со некои активности од страна на човекот.

Испарувањето е земање на вода од почвата преку испарување или преку

испарување на растенијата кои што растат на неа.

Флок е група на цврсти материи кои се формираат во канализациите со биолошки

или хемиски процеси.

Флокулација е процесот во кој групи на цврсти материи во канализациите ја

зголемуваат својата големина со хемиски процеси.

Сива вода е домашната вода составена од водата од мијалниците, тушевите,

машините за перење (не ја вклучува водата од тоалетите).

Пумпа за дробење е механичка направа која ги дроби цврстите материи од

отпадните води и го покачуват притисокот на течноста доволно високо за да ги

помине отпадните води преку мали притисочни канализации со пречници.

Чакална одаја е мал базен на задржување дизајниран да го дозволи

таложењенето на крупни, цврсти неоргански материи, како песок додека им

овозможува на помалите цврсти материи да поминат низ одајата.

Page 38: sistem na otpadni vodi

Подземна вода е зоната под површината на зејата кој се полни со вода која

протекува низ почвата и камењата.

Непропустливо се мисли на отпорно од навлегување на течности или корења.

Горењето вклучува палење на органските материи од каналзиацискиот тлог и

создавање на неактивни остатоци на пепел.

Притока се мисли на водата, отпадната вода и другите течности кои се излеваат

во разервоарот базенот или во било која друга единица од фабриката за третман.

Неоргански се оние состојки кои не содржат јаглерод.

Пресретнувачи се големите канализациски линии кои го собираат изливот од

помалите главни канализации и го носат во фабриката за третман.

Испрекинатите песочни филтри вклучуваат песочни или друг вид на базени од

добро издробен материјал на кој се нанесува отпадната вода испрекинато во дози

на преплавување.

Лагуните се плитки езерца во кои алгите, аеробните и анаеробните бактерии ја

прочистуваат водата.

Нанесување на земјата е контролираното нанесување на отпадните води или

цврстите материи во почвата за третман и/или повторна употреба.

Странични канализации се мали цевки кои се поставуваат во земјата за да го

примаат отпадните води од домовите или дуќаните и го пренесуваат во главните и

пресретнувачки канализациски линии кои водат до фабриката за третман на

отпадните води.

Механичката вентилација користи механичка енергија за внесување на воздух од

атмосферата во водата за да обезбеди кислород за создавање на аеробни

услови.

Медиа филтрите вклучуваат песочни или друг вид на базени со дрбро издробен

материјал на кој се нанесуваат отпадните води, главно за физичко отстранување

Page 39: sistem na otpadni vodi

на суспендираните цврсти материи од канализацијата. Бактериите на каналот ги

разложуваат додатните отпадоци. Прочистената вода се цеди од базенот.

Цврстите материи кои останувата на површината мора постепено да бидат

отстранети од базенот.

Микробите се стенографи за микроорганизмите.

Милиони галони дневно е мерка за волуменот на водата.

Системот на насип е систем за отстранување на изливот кој вклучува насип на

почва изграден на оригиналната површина на земјата на која се пренесува

изливот.

Систем за национална елиминација на испуштањето отпадоци е програма

основана од страна на законот за чиста вода кој бара сите испуштања на

отпадните води во водите на Обединетите држави да имаат дозвола издадена од

агенцијата за заштита на средината или од државната власт со одобрување од

агенцијата за заштита на средината.

Нитрификација е биохемиска охидација од амониум во нитрат.

Азотни отпадоци се отпадоци кои содржат значајни концентрации на азот.

Хранливи материи се елементите или неопходните состојки како суровите

материјали за растот на растенијата и животните и нивниот развој.

Органскиот материјал е карбонираниот материјал од растенијата, животните и

отпадоците.

Излевање над земјата е третман на земјата кој вклучува контролирано

нанесување на отпадни води на благи падини покриени со трева, со

непропустливи површински почви. Како што се излева водата на површината на

почвата покриена со трева, загадувачите се отстрануваат и водата од дното на

падината се собира за повторна употреба.

Page 40: sistem na otpadni vodi

Оксидацијата вклучува аеробни бактерии кои ги разградуваат органските

материи и кислородот од канализациите комбинирајќи се со хемикалии.

Езерцата за оксидација се оксигенизирани вештечки езера кои се користат за

третман на отпадните води.

Озонацијата претставува процес на дезинфекција каде се генерира озон и се

додава во изливот на отпадните води за да се убијат патогените организми.

Патогените се микроорганизми кои предизвикуваат болести, вклучувајќи ги

патогените бактерии, вирусите, паразитите и протозоите.

Филтрирање претставува движење на водата низ површинските слоеви на

почвата, вообичаено продолжувајќи долу во подземната вода.

Пробојноста е мерка на непринуденост со која водата се пробива или поминува

низ почвата.

Фосфорот е хранлива материја неопходна за живот но во прголеми количини

придонесува за еутрофикација на езерата или на другите водени површини.

Загадување се јавува кога загадувањата од човечко, животинско, растително,

минерално, хемиско или топлотно потекло се излеваат во водата правејќи ја

непожелна за домашна, рекреативна или индустриска употреба.

Полимерот е ланец на органски состојки создаден со спојување на примарните

единици наречени мономери. Полимерите се употребуваат за да се подобри

таложењето на суспендираните цврсти материи, отстранување на цврстите

материи од отпадните води и подобрување на отстранувањето на водата од

биолошки цврстите материи.

Канализации за притисок се систем од цевки во кои водата, отпадните води или

другите течности се транспортираат под притисок со помош на пумпи.

Пред-третманот вклучува третман на отпадоците или отпадните води од

индустриите пред излевање во канализацискиот систем.

Page 41: sistem na otpadni vodi

Примарниот третман е првата фаза од третманот на отпадните води кој го

отстранува материјалот кој плови и материјалот кој лесно се таложи.

Пумпата е механична направа за подигање на водата или другите течности или

за предизвикување на притисок на течностите во цевките.

Приемни води се водите (реки, езера, океани и друки водни текови) кои ги

примаат изливите или третираните и нетретираните отпадни води.

Ротирачкиот биолошки контактор е процес за третман на отпадните води во кој

се вклучени големи, доближени пластични дискови кои ротираат околу

хоризонтална оска. Дисковите наизменично се движат низ отпадните води и

воздухот, создавајќи биолошки раст на површината на дисковите кој ги отстранува

органските материи од отпадните води.

Санитарниот систем е колективен систем за транспортирање на домашните и

индустрискит еотпадни води во општинските објекти за третман на отпадни води.

Водата од дождовите не се насочува во овој систем туку се третира во друг

систем.

Секундарен тертман е втората фаза во повеќето системи за третман на

отпадните води во кои бактеријата ги консумира органските материи од отпадните

води. Федералните регулативи објаснуваат дека секундарниот третман ги

исполнува минимум стандардите за отстранување за биохемискат апотреба од

кислород, суспендираните цврсти материи и ph- вредноста во испуштениот одлив

од општинските објекти за третман на отпадните води.

Резервоарите за седиментација се резервоари за третман на отпадните води во

кои отпадоците кои пловат се избрани и наталожените цврсти материи се

отстрануваат и фрлаат.

Истекувањето е бавно движење на водата низ мали пукнатини или пори на

почвата или од езерцата, резервоарите или далноводите.

Page 42: sistem na otpadni vodi

Септата се однесува на остатоците од цврсти материи во септичките резервоари

или во други онсајт системи за третман на отпадните води кои мора постепено да

се исфрлат.

Септичките резервоари се еден на онсајт систем за третман на отпадните води

во кои органските отпадоци се разложуваат и се исфрлаат.

Реактори за количинска секвенција се варијација на активниот процес на

таложење каде сите процеси на третман се случуваат во еден резервоар кој се

полни со отпадни води и се излева по завршувањето на третманот.

Населливи цврсти материи се цврсти материи кои се потешки од водата и се

населуваат надвор од водата со помош на гравитацијата.

Канализацијата е систем од далноводи кои ја собираат и разнесуваат отпаднат

вода или водата од врнежите во фабриките за третман или приемните води.

Полето за апсорпција на почвата е површинска област која содржи канал или

базен со минимум длабочина од 12 педи чисти камења и систем од далноводи

преку кој се третира изливот на отпадните води и се пренесуваат на околните

почви за понатамошен третман и отстранување.

Ниско рангираниот третман на земјата вклучува контролирано нанесување на

отпадните води на вегетираната земја на неколку педи течност неделно.

Канализациите за врнежите се посебен систем далноводи кои носат дожд и

растопен снег од зградите, улиците и дворовите до површинските води.

Суспендираните цврсти материи се мали честички на вода или отпадна вода.

Испарувањето е процес на испарување на водата во атмосферата преку живите

растенија.

Филтерот за капење е неподвижен тенок процес кој вклучува резервоар,

вообичаено наполнет со корито од камења или синтетички материјал за да го

подржува растот на бактериите кои се користат за третирање на отпадните води.

Page 43: sistem na otpadni vodi

Ултравиолетовата радијација е процес на дезинфекција каде отпадните води се

изложуваат на ултравиолетова светлина за дезинфекција.

Вирусот е најмалата патогена форма која може да се репродуцира во

домаќинските клетки.

Фабриката за третман на отпадните води е објект кој вклучува низа резервоари,

решеткени рамки, филтри и други процеси за третман со кои се отстрануваат

отпадоците од водата.

Водена маса е повишувањето на подземната вода или заситеното ниво на

почвата во земјата.