S-Work No.40

12
Јануари N O . 40 S-WORK

description

By NGO Star-Star Skopje, Macedonia

Transcript of S-Work No.40

Page 1: S-Work No.40

Јануари N O. 40

S-WORK

Page 2: S-Work No.40

2

На 17-ти декември, во центарот на Скопје беше одбележан Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Беше одржан Марш на црвените чадори со цел да се пренесе загрижувачката состојба во која сексуалните работници живеат и работат. Преку овој настан сексуалните работници, поддржувачи и активисти се приклучија кон солидарноста на оваа ранлива група граѓани, барајќи подобри услови за работа и свет без насилство.

На овој ден се собравме да ја обновиме нашата посветеност и борба за подобра иднина, за поголема видливост и добивање на своите човекови права.

Под мотото „Стигмата убива“ сакаме да пренесеме порака која ќе допре до јавноста за се повеќе присутното насилство и дискриминацијата врз сексуалните работници ширум светот. Стоп за тортурата која сексуалните работници ја трпат секојдневно.

Ви пренесуваме дел од атмосферата преку фотографии.

Како се одбележа Маршот на црвениот чадор на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници

Page 3: S-Work No.40

3

Page 4: S-Work No.40

4

Page 5: S-Work No.40

5

Според одредени истражувања услугите од сексуалните работнички ги користат клиенти мажи на возраст од 25 до 34 години. Никогаш не било полесно за мажите да дојдат до секс, бидејќи повеќето попрво би платиле за сексуална услуга од девојките отколку да се впуштат во „барање“.

Статистика:Минатата година се објавени резултати од едно истражување кое покажало дека во Велика Британија еден од десет мажи би платиле за сексуална услуга.

Во резултатите од истражувањето објавено во списанието Sexually Transmitted Infections, стои и податокот дека клиентите кои сакаат да ги уживаат услугите кои ги нудат сексуалните работнички се најчесто на возраст помеѓу 25 и 34 години.

Која е причината за барање услуги од сексуални работници?Голем број мажи кои зад себе имале поголем број на сексуални партнери од кои дел се сексуалните работнички, велат дека уживањето во сексуалните услуги не се вклопува во стереотипите за „стари и осамени“ мажи.

Меѓутоа, доколку мажите не сакаат емоционално да се врзат, најчесто плаќаат за сексуалните услуги. Но зошто во време кога во светот владеат врски за само една ноќ, повремени комбинации, пријателски секс, кога може да се најде партнер расположен само за ваков тип на дружење, сеуште плаќаат за сексуална услуга од сексуалните работнички?

Минатата година британскиот магазин Космополитен го објави објаснувањето на овој феномен, причината зошто повеќето мажи ги користат услугите на сексуалните работнички. Следниве изјави се дел од повеќето наведени причини:

„Спијам со ескорт дами за време на моите деловни патувања“, изјавил еден од испитаниците при тоа дал појаснување на својата причина. „Со таквите девојки доживувам краткорочно задоволство, но ми се допаѓа и недостатокот од емотивната вклученост и фактот дека тука не станува збор за неверство или измама. Јас го сакам сексот. Таа сака пари. Доколку и двајцата уживаме на патот да ги оствариме своите желби - уште подобро, на никому не штетиме.“

„Ангажирав сексуална работничка заедно со мојата девојка“ – признава уште еден маж кој открива дека неговата девојка е бивша стриптизета и е навистина слободна кога станува збор за сексот, па затоа одлучила и на овој начин да се забавува. „Задоволството е една од повеќето причини зошто повикавме сексуална работничка“.

Клиентите откриваат: Кога и зошто ги користат услугите на сексуалните работници

Page 6: S-Work No.40

6

„Желбата да имате секс со транс жените не претставува синоним за уништување на стигмата за љубовта спрема транс жените“.

Мет не знаел дека е возможно девојка да има пенис се додека не видел девојка во порно списание со пенис голем околу 20 сантиметри. Срцето му затрепери и неочекувано се возбуди. Дали тоа значи дека е геј?

Се сретнав со Мет во неговата куќа, 30 години после тој негов судбоносен ден во неговата тинејџерска соба. (Неговото име е променето поради заштита на приватноста). Сега во неговите 40-ти години, според неговиот изглед му се гледа физичката работа. Но, Мет е добро, конечно ослободен, после неколку години поминати во агонија. „Тоа ме направи ментално болен“, рече тој, мрдајќи ги грубите усни, потемнети и затскриени под обраснатата брада.

За време на 80-тите години од минатиот век, за хомосексуалците било навистина обесхрабрувачки да се соочат со својот сексуален идентитет. „Стигмата која била присутна во тоа време од мојата младост беше навистина грозоморна“, раскажува Мет. „Нема каде да одиш, не постоеа ЛГБТ центри. Поголемиот број на луѓето во тоа време немаа ни кабловска телевизија“. Чувствувал дека ќе изгуби многу работи од кои и идентитетот на хетеросексуалец.

Постојат многу мажи кои го делат истиот страв. На Reddit, еден маж, јавно го има изразено својот немир. Пишувал за својата врска со транс девојка и одбивањето од страна на неговите пријатели и фамилијата. Како што кажува, неговите најмили му се потсмевале, нарекувајќи го со погрдни зборови. „Таа се наоѓа во предхируршка фаза, но и понатаму ја гледам само како девојка“, напишал на сајтот. Во коментарите, корисниците го прашуваат дали стрејт мажите дали би оделе на состанок со транс жени. Некои типови веднаш одговарале со НЕ, други пак делувале сосема растеретено од општествената стигма и биле тотално ЗА, но и такви кои би сакале, но едноставно не се осудуваат.

Корисникот под шифра Келевра206 напишал: „Во некое поразлично општество, мислам дека не би било проблем за мене да бидам со транс жена, но... како што стојат сега работите, едноставно не би можел“.

Првото сексуално исксуство на Мет со транс жена било во 1987 година, со девојка од Вест Сајд Хајвеј. Ова место било озлогласено по транс сексуалните работници. Иако Мет сакал само секс, често по доживувањето на оргазмот се чувствувал вознемирено. „Кога возев назад, бев многу нервозен, се криев некој да не ме види. Апсолутен страв – ХИВ, дали сега сум заразен со ХИВ? Се плашев, размислувајќи ако е вистина како би го соопштил тоа на некому“.

Беше тоа период кога владееше „епидемија на СИДА-та“. Болест која секој може да ја добие, стана длабок симбол на културна стигма против квир сексуалноста и сексот. „Не постоеше лек“, кажува Мет, тресејќи ја главата. „Моментална смрт, едноставно те нема веќе. Користевме кондоми, но се повеќе ме плашеше внатрешниот конфликт“. Внатрешниот конфликт кој го чувствувал поради својот идентитет на стрејт маж, му бил пострашен од ризикот да добие ХИВ: таа болест можеби претстваувала трагичен, преран крај на неговиот живот, но истовремено би го обележало како хомосексуалец.

Мет кажува дека во текот на својот живот се среќавал со многу транс сексуални работници. Триесет години бил Џон - генерички машки клиент. И покрај несигурноста, секогаш посакувал да влезе

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна ЕвропаСтрејт мажи кои спијат со транс жени

Page 7: S-Work No.40

7

подлабоко во тие односи. Се обидувал да изгради врска со некои од девојките, но бил постојано одбиван.

„Жените кои се занимаваат со сексуална работа имаат изградено ѕид пред себе“, објаснува. „Претпоставувам тоа е поради мажите. Не знам дали се сите такви, или само оние кои ги користат овие девојки. Повеќето мажи не се подготвени да им пружат онолку колку што им пружиле на чистородните жени“. Дури и оние кои не се заглавени во својата сексуалност делуваат неодлучно кога треба сериозно да ги сфатат транс жените.

Додека ја истражував оваа приказна, ги прелистував огласите на Craiglist во потрага по мажи кои спијат со транс жени. Само еден од нив, Алекс, ми одговори на мојата покана за интервју. Беше навистина прилично јасен: „Воопшто не се грижев дали тоа ме прави геј“. „Сексот со транс жените нема никаква тежина на мојот идентитет како стрејт маж“. Исто како и Мет, Алекс открива дека го привлекуваат транс жени. Имал 22 години кога започнал да спие со нив, и тврди дека никогаш не се борел со срамот, тврдејќи дека постои табу за неговите афинитети. „Но, секако не би споделил со своите пријатели.“

Кога го прашав Алекс колку што му е важно кај транс девојките, на што одговори: „Ме привлекува женственоста. Едноставно е“. Луѓето имаат право на свој вкус, но човек се запрашува до кој степен оваа екстремна посветеност на идеалите за машкоста или женственоста е последица на хипер-родовити сцени во поп кулурата. Притоа, ако некој се возбудува на жени со пениси, сепак тоа е сосема далеку од уништување на стигмата за љубовта спрема транс жените. Мет, во еден период од својот живот се обидел да им пружи на трансродните жени малку повеќе и да ја надмине стигмата, така што станал емотивно подостапен за нив, и градел врски со транс жените. Пред 10 години, кога бил во своите доцни 30-ти години, помеѓу сексуалните работници, ја запознал Алисија. Оваа девојка дошла од Бразил во Њујорк во 80-тите и работела на автопат во Вест Сајд. „Таа е првата транс жена која ја имам бакнато во јавност“, раскажува Мет. „Се шетавме во нејзиниот крај, а јас бев многу нервозендали некој ќе ме види? Се сеќавам еден ден ми рече: Одам со тебе по улици, но ако тебе ти е срам од мене, и мене ќе ми биде срам од тебе. Тогаш ја бакнав“.

Кристина Херера го води проектот за родов идентитет во ЛГБТ центарот во Њујорк. Херера ја води групата за поддршка на транс лицата. Дел од оваа група е посветена на партнерите на трансродните личности. Тоа е место за сите оние кои се впуштаат во односи со транс лицата и каде што можат меѓусебно да разговараат. „Постои многу мала поддршка за оваа група луѓе кои се во врски со транс личности“, вели Херера. „Општеството се однесува грозно спрема овие мажи кои се забавуваат со трансродни луѓе, а тука е присутна и стигмата околу нивната сексуалност.“

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Page 8: S-Work No.40

8

„Општеството се однесува грозно спрема мажите кои се забавуваат со трансродни луѓе, тука присутна е и стигмата за нивната сексуалност.“

„Познавав транс девојка која ми има кажано дека без разлика на сите мажи со кои спиела и сите типови кои поминале низ нејзината куќа, стрејт мажи не постојат“, раскажува Мет. „Понекогаш се прашувам, откако ќе ги слушнам некои од луѓето како шират омраза, колку од нив всушност биле со транс жени во животот“. Таа споделила со него една приказна: „Речиси сите мажи со кои сум излегувала се идентификувале како хетеросексуалци, некои биле бесексуалци, но ниеден од нив не бил хомосексуалец. На почетокот од мојата работата, често давав лични огласи. Еден клиент ме посетуваше неколку пати неделно. Беше типичен силеџија, висок, истетовиран, згоден, но никогаш не го запознав подобро, бидејќи сакаше само секс. Потоа, почнав да го среќавам во моето маало. Секогаш беше со една девојка. Се држеа за раце. Се прашував дали таа девојка знае дека нејзиното момче бара секс со други. Дали знае дека го привлекуваат транс жени? Кога ќе дознае, дали ќе го праша дали е геј?“

„Понекогаш се прашувам, откако ќе ги слушнам некои од луѓето како шират омраза, колку од нив всушност биле со транс жени во животот“.

Во своите 30-ти години, Мет се уморил од животот кој тајно го живеел. „Почнав се почесто да се гледам со девојката и едноставно да уживам, почнав да се ослободувам од срамот и вината и да си велам – Знаеш што? Веќе подолго време го правам ова, сега сакам да направам нешто повеќе за себе“. Мет сакал да стане нешто повеќе од тој кој плаќа за секс, и да биде со Алисија, меѓутоа многу фактори влијаеле против нив. Алисија била корисник на дрога и неколку пати му барала пари на Мет. „И носев пари, но не беше тоа за секс, сакав да и помогнам, но не можев. Срцето ми се кинеше кога ја гледав слаба и изнемоштена. Беше премногу болно да ја гледам Алисија како пропаѓа во својата зависнот. Престанав да се гледам со неа, и продолжив да живеам во тајност. Шест или седум години имаат поминато откако се немам видено се неа, пробав повторно да ја пронајдам, но без успех. Едноставно исчезна, нејзините огласи повеќе ги немаше.“

Минатата година, после цела деценија од двојниот живот кој го живеел, Мет е конечно подготвен за нова партнерка. Бил сериозен во своите намери да пронајде транс жена со која би го поминал животот. Но каде би барал? Со години постоело активно место за лични огласи на Craiglist. Дел од сајтот бил наменет за „разновидни романси“, каде што можеше да се најде голем број постови од луѓе кои сакаат транссексуалци. Голем број на мажи се исповедуваа, барајќи ја својата транс сродна личност.

Со новата експанзија на сервисот како што е OkCupid, Craiglist и други онлајн сервиси за транс заедницата станаа се помалку неопходни, како што некогаш биле. Во последните години, OkCupid воведе категорија за трансродни лица. Мет Направил свој привремен профил на овој сајт, со цел да види само кој се е присутен на онлајн страната. „Се чекирав во полето за транс и првата жена која ми излезе беше Алисија“, раскажува. „Мислев дека е умрена. Дури се сеќавам, еднаш ми рече дека нема да живее повеќе од 10 години.“

Алисија делувала сосема здраво. По нејзинито профил, веќе имала работа и барала врска. Судејќи по намсевката на нејзината фотографија, била среќна. Десет години откако се разделиле, престанала да користи дрога и започнала да работи со застапување на трансродната заедница. Алисија се сетила на Мет и прифатила да се видат, но ѕидот кој го изградила пред себе, станал се поцврст. „За неа сеуште бев некој си Џон, и тоа е сè“, раскажува Мет, видно разочаран. „Но знаев дека можам нешто повеќе. Сакам повеќе и можам да и пружам повеќе.“

„Ја држев за рака, одевме по улиците. Тоа беше првпат да не почувствувам страв“.

Навистина му било тешко да ја убеди Алисија да го спушти тој свој изграден ѕид, но Мет сфатил зошто е тоа така. „Луѓето можат да бидат одвратни спрема транс жените. Се сеќавам на нашиот прв состанок кога бевме заедно, а тоа не беше поради пари или секс. Беше прв вистински состанок. Тгрнавме накај центарот во Бруклин, за да седнеме на една од клупите под Бруклинскиот мост. Ми го одржа истито говор како пред 10 години пред првиот бакнеж. Ми рече: „Ако ти е срам од мене, едноставно можеме да се вратиме во мојот стан и да ми платиш.“ Но сега бев горд на себе. Ја

Page 9: S-Work No.40

9

држев за рака, шетавме по улиците, седевме на клупите и имавме прекрасна романтична вечер. Тоа беше прв пат да не почувствувам страв“.

Вратата изненадно се отвори. Низ неа влезе Алисија, доаѓаше од кујната со чинија полна колачи. Мет се насмевна како мало дете. Се обиде да ја повлече на софата, но таа го одби: „Разговарајте си вие двајца!“, се насмеа и излезе. Беше облечена во летен фустан во риги.

Мет и Алисија имаа „нормален“ заеднички живот. И двајцата имаа по 40 години, со полно работно време и да водат сметка за своите тела. Тој ја сака нејзината амбициозност и смислата за хумор. Алисија вели дека е се двосмерно. „Мислам дека секој транс партнер е посебен како што е посебна секоја транс жена.“

„Мислам дека нема многу мажи кои го прават ова“, вели Мет. „Отидовме во еден бар, беше тоа вечер за транс заедницата. Една од другарките на Алисија ми рече: Ти си единствен тука. Единствен маж во барот. Ретко, навистина малку не има. Навистина би сакал да запознаам повеќе како мене.“ Мет се познавал со еден човек кој се забавувал со пријателката на Алисија. „Беше понизок од мене, и се гледаше со таа девојка. Воглавно таа беше одоздола (bottom). Но мислам дека понекогаш и таа била одозгора (top), што претставува стигма сама по себе. Ме праша: Дали тоа значи дека сум геј?, на што му одговорив, ‘Знаеш што? Ако ти е убаво, и ако ја правиш својата девојка среќна, само напред. Уживај и опушти се’. Мислам дека ова што го слушна од мене направи разлика во неговиот живот.“

Мет постепено ја придобил довербата на Алисија. „Тоа што земваме заеднички стан ни беше навистина многу важно“, изјавил. Заедничкиот дом претставувал голем чекор и за двајцата, додека пак Мет увидел дека покажувањето на својата искреност е клучна за нивната среќа.

„Да бидам искрен, додека седам и ти раскажувам за сè ова, на некој начин ме фаќа срам. Би требало да сум горд за секој дел од мојот живот“, раскажува Мет, мислејќи на своите колеги и семејството, на кои допрва сега треба да им ја открие својата тајна. Но можеби тоа не е баш паметно. Неговите колеги зборуваат ужасни работи за транс жените. „Тие не се луѓе! Треба да се погубат.“ Мет смета дека доколку тие дознаат, последиците може да бидат трагични. „Ќе читате за мене во весниците, за жал.“

Како што Кристина Херера смета за мажите како Мет, сите карти се против нив. Културната стигма за љубовта спрема транс жените е длабоко вкоренета во општеството.

„Има многу малтретирања“, вели Херера. „Јавните личности кои се откриени дека имаат сексуални односи со транс жени ја платија високата цена“.“

Со сета сила се трудиме да го промениме речникот за овие луѓе, кои сепак се чувствуваат непријатно од „стрејт“ идентитетот. Ова претставува голем проблем во политиката на идентитетите, како и низа други ЛГБТ етикети, иако луѓето чија сексуалност или род се разликува од хетеронормативните стандарди се всушност сосема различни, доколку не се вклопуваат во таа хетеронормативна низа. Наместо да ги нормализираме квир луѓето, би требале да сфатиме дека никој не е нормален. Стрејт луѓето кои имаат секс со транссексуалци се навистина различни.

Алисија на тоа и потенцираше кога кажа дека секој транс партнер е посебен како што е и секоја транс личност.

Го прашав Мет што според него би го променило општеството, за да може слободно да излезе од мракот во кој се крие. „Треба да не има повеќе“, кажа. „Што повеќе мажи кои се шетаат слободно по улиците и за рака држат транс жена. Тоа ќе ги мотивира другите, да имаат храброст да кажат дека не им е вооптшо страв.“

Интервју од Diana TourjeeПревземено од Broadly

Page 10: S-Work No.40

10

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна ЕвропаПовеќе од 1700 транс личности се убиени во последните седум години како резултат на трансфобијата

Проектот за мониторирање на убиствата кај транс заедницата (TMM) е инициран во април 2009 година, со цел систематски да ги следи, собира и анализира извештаите за убиства на транс и родово различни луѓе низ целиот свет и да им помогне на активистите ширум светот во подигнувањето на јавната свест за присутното насилство и омраза против транс и родово различни луѓе.

Според нивните извештаи, вкупно 1731 лице е убиено од 1 јануари , 2008 година се до 31 декември, 2014 гојадина. 1356 транс и родово различни лица се убиени во Централна и Јужна Америка, што претставува 78% од севкупно пријавените случаи на глобално ниво, од Јануари, 2008 година. Овој регион има најголем процент на пријавени случаи од вкупно 23 земји.

155 пријавени случаи на убиство на транс и родово различни лица има од 16 земји во Азија;112 пријавени случаи на убиство на транс и родово различни лица има во Северна Америка;94 пријавени случаи на убиство на транс и родово различни лица има од 14 земји во Европа;9 пријавени случаи на убиство на транс и родово различни лица има од 4 земји во Африка;

5 пријавени случаи на убиство на транс и родово различни лица има од 4 земји во Океанија.Важно е да се напомене дека овие случаи се оние кои може да се најдат преку интернет истражувањата и соработката со транс организациите и активистите. Во повеќето земји, невозможно е да се процени бројот на непријавени случаи.

Овие алармантни бројки и податоци покажуваат уште еднаш дека постои итна потреба за да се реагира на насилството врз транс и родово различни луѓе и да се бараат механизми за нивна заштита. Некои меѓународни транс активисти имаат дури воведено термин „транс геноцид“, со цел да го покажат зголеменото ниво на насилство против транс и родово -различни луѓе на глобално ниво. Коалицијата на невладини организации од Јужна Америка и Европа неодмна започнаа и со кампањата за „Стоп на транс геноцидот“.

Page 11: S-Work No.40

11

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Во Турција убиена 4 четвртата транс личност

На 2.10.2015 во Истанбул, на улицата Авкилар е убиена Алев, транс жена, наводно од страна на својот клиент. Алев била мајка на едно дете и работела како сексуална работничка токму на улицата каде што била прободена со нож. Убиецот е сеуште на слобода, а полицијата сеуште нема никаква трага. При расчистување на случајот, во полициската станица биле повикани пријателите на Алев. За да се спречи евентуално лошо постапување со нејзините пријатели, исто така присуствувале и голем

број на транс активисти од Истанбул. Улицата Авкилар била под постојани напади од насилници кои често пукале со огнено оружје кон становите во кои живеат транс жените од 2012 година. Покрената е судска постапка, меѓутоа процесот сеуште не е завршен до ден денес.

Алев е четвртата личност убиена во Турција во 2015 година, како резултат на трансфобичната омраза.

Уште едно убиство врз една 33 годишна транс жена се случило во Малтепе, Истанбул. Транс жената била избодена повеќе пати со нож и задавена во својот дом од страна на еден клиент. И ова злосторство е дел од повеќето насилнички случаи како резултат на ширење на трансфобијата.

Page 12: S-Work No.40

12

Во издание на Поддржано од