Report for Institutions MK

21
NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk Дали сметот е и Ваш проблем Извештај за состојбите со дивите депонии на територијата на Општина Кратово Волонтер Екологија Кратово Кратово, Мај 2010

Transcript of Report for Institutions MK

Page 1: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Дали сметот е и Ваш проблем

Извештај за состојбите со дивите депонии на територијата на Општина Кратово

Волонтер Екологија Кратово

Кратово, Мај 2010

Page 2: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Вовед

Општина Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија простирајќи се на површина од 375,44 км². Општината се граничи со општините Крива Паланка, Ранковце, Прибиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани.

Согласно со последниот попис на население во Општина Кратово живеат

10 441 жители, од кои само во градот живеат 6 924 жители. Низ територијата на Кратово поминуваат Крива Река и Злетовска река, а

низ централното подрачје на градот поминува Кратовска Река.

Во современи услови на живеење градот се соочува со проблеми од различна природа, но најзабележително на целата територија на општината е проблемот со управувањето со цврст отпад. Конфигурацијата на самиот терен, тесните и непристапни улици, немањето на соодветна механизација, недоволно изградената еколошка свест кај населението и немањето на долгорочна стратегија за управување со цврст отпад се едни од основните причини за моменталната состојба на овој план.

Во претходните неколку години, определен број на организации1,

институции и поединци прават напори за поставување на садови за селективно собирање на смет, се организираат едукативни работилници, се организираат истражувања и кампањи за креирање на јавната свест, но тоа е само почеток и мал дел од сето она што треба да се сработи на еколошки план и подобрување на состојбите во животната средина.

На создавањето на диви депонии во Општина Кратово меѓу другото се

должи и на непостоење на организиран начин на собирање на комуналниот одпад, непостоење на План и Програма за управување со одпад, согласно со Законот за управување со одпад, како и неефикасно спроведување на законската регулатива за изрекување на казни од страна на соодветните органи.2

Како се роди Волонтер-Екологија -Кратово (ВЕК)

Соочени со предизвикот за промоција на културно-историското наследство и секојдневната посета од домашни и странски посетители, а од друга страна потполно свесни за неповолната еколошка состојба која владее во градот, се почести се индивидуалните и организирани иницијативи во насока на спречување

1 ЗГ „Сончев Рид Рајковац“, ЗГ „Регионален центар за одржлив развој“, Инжинери без граници, Мировен Корпус 2 Локален Акционен План за животна средина за општина Кратово, 2008г.

Page 3: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

и подобрување на состојбите на локално ниво, а при тоа со вклучување на локалното насление од различни целни групи.

Токму поради тоа една група на младинци под раководство на Волонтерите

од Мировен Корпус Џесика Маер и Пол Вејд во 2009год. во рамки на ЗГ „Регионален центар за одржлив развој“ го формираа младинскиот волонтерски клуб кој подоцна, поради загриженоста за постоењето на ниска свест кај своите сограѓани и давање на сопствен придонес кон водење на грижа за чистотата на својот град прераснаа во Волонтерско еколошки клуб, Волонтер-Екологија-Кратово или ВЕК. Нивната загриженост особено беше насочена кон постоењето на диви депонии во самиот град како и акумулациите што настануваат од различните видови на отпад и деградацијата на почвата, подземните и површински води.

ВЕК претставува локален еколошки клуб кој вклучува млади и возрасни волонтери. Клубот делува локално и има за цел подигање и оддржување на свеста на локалното население за зачувување и обезбедување на здрава животна средина. Во период на своето делување ВЕК има покренато повеќе акции за собирање на смет на територија на Кратово. Колку повеќе членовите на ВЕК се запознаваа за негативното влијание и последиците по човековото здравје, кои го имаат отпадоците, се почесто се запрашуваа „Како различните видови на отпад влијае врз нас и врз целокупниот град?“ и „Доколку луѓето се запознаени за ефектот од непромислено фрлање и депонирање на отпад, дали и понатаму би се однесувале неодговорно?“ Токму ваквата загриженост и барајќи го одговорот на прашањата се насочивме кон креирање и имплементација на еден ваков проект насловен како „Собирање на факти, информирање на граѓани“.

Првичните информации за состојбите на локално ниво беа искористени од ЛЕАП (Локалниот еколошки акционен план) за Општина Кратово које е подготвен во 2008 год. и располага со релативно свежи информации. Во него во став 5.3.3. се споменати неколку диви депонии во самиот град, и тоа: локацијата помеѓу Чаршиски и Јокширски Мост, Стара Мусала, ул.Григор Пазавански (под Радин Мост), Табачка Маала, Кошари Маала, Мерак Маала, во близина на метеоролошката станица, во близина на столарската работилница на Силекс и по течението на Кратовска Река.

Откако ја разгледавме оваа публикација, сакавме да потврдиме дали овие

диви депонии сеуште постојат, дали во меѓувреме се појавија нови, и воедно и најважно да го информираме населението за нивното постоење како и за негативните ефекти по животната средина и човековото здравје.

Page 4: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Користена опрема и помошни материјали

Истражувањето е реализирано со помош на ГПС (Глобален Позиционен Систем) и Софтвер за ГИС (Географски Информативен Систем). Преку проектот обезбедивме соодветна опрема која опфаќа:

• Еден Гармин (Colorado 400t Handheld GPS Unit) • Три Гармин ГПС уреди (eTrex Vista H Handheld GPS Navigator Units) • Една ГПС камера (Ricoh Caplio 500SE Model B GPS Camera) • GPS-Photo Link: GIS Pro Series software • Гармин софтвер за мапи • ESRI ArcGIS ArcEditor Софтвер

Методи на работа

На почеток мора да истакнеме дека опремата која се користеше е една од најсовремените и до сега не е користена на локално ниво. До сега постоечките ГПС и/или ГИС информации за Р Македонија се сведуваа само на претставување на земјата на национално ниво. Следењето и анализирањето на конкретни градови или области во рамки на Македонија како опција не постоеше. Водени од оваа ситуација, членовите на ВЕК, со помош на ГПС уредите и ГПС камерата ја мапираа територијата на Кратово (географска ширина и висина). Поконкретно беа означувани значајни објекти и локации, улици, реки, диви депонии, локации со акумулирана поголема количина на смет и други стратешки значајни објекти и локации за оваа намена.

Собраните податоци со помош на ГПС уредите беа внесени во ГПС софтверот, каде подлегнаа на целосна обработка, што подразбира: организирање, стандардизирање и селектирање. Средените податоци во форма на текст, со посредство на Гармин софтверот како Х и У податоци беа пренесени во ESRI ArcGIS Arc Map софтверот и презентирани во форма на географски ознаки, соодветни за мапа. За целите на овој проект беа користени WGS_1984 датумот и WGS_1984_PDC_Mercator проектен координатен систем.

Откако се поставија ознаките на мапата во ESRI ArcGIS Arc Map софтверот, ознаките за улици и реки се претставија со соодветни линии. Ознаките за локациите на дивите депонии се означени со црвена основа и претставуваат одредена површина на мапата. Зелените шестоаголници ги претставуваат акумулациите на ѓубре во близина на реките, останатите логички симболи ги претставуваат објектите во градот, со што се овозможува добивање на попрецизна претстава на локациите каде се сконцентрирани дивите депонии.

Со помош на ГПС камерата се овозможува со едно мапирање на локациите истите да бидат прикажани и сликовито, заедно со координатите на истата

Page 5: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

локација. Фотографиите од ГПС камерата потоа беа пренесени во компјутер и обработени, при што истите може да се видат како фото ознака на соодветна мапа. Резултати

Како што е прикажано во табелата подоле, ВЕК регистрира седум главни локации со диви депонии на територијата на Кратово. Вкупната површина на депониите изнесува приближно 18191 м2.

Диви ДепонииДиви Депонии ГолеминаГолемина

Во близина на Аргулички Мост и Буреков Мост 330м2

Мерак Маала 1550 m2

Кошари Маала 1829 m2

Во близина на Автобуска станица 2394 m2

Паркот Карши Бавча 3076 m2

Во близина на Јокширски Мост 4019 m2

Стара Мусала 4993 m2

Табела 1. Локации и големини на диви депонии

Паркот Карши бавча е на централна местоположба во градот и низ него во

најголем дел поминува Сарајска Река. Во паркот има дива депонија која зафаќа дел од паркот и се слева кон речното корито, зафакајќи површина од 3076 м2

(Табела 1). Оваа депонија е создадена како резултат на посетителите на паркот и во најголема мерка опфаќа пластичен одпад (приказ 1).

Испитувајки го теренот во близина на Радин Мост откривме две помали

диви депонии со вкупна површина од 330 м2, каде истите се акумулираат во близина на Буреков Мост и Аргулички мост. Ѓубрето од Буреков Мост се слева во Манцева Река, додека ѓубрето од Аргулички Мост се слева во Бабакарина Река, а овие две реки ја формираат Сарајкса Река.(приказ 1)

Page 6: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Приказ 1: Мапа на дива депонија и акумулации од смет во близина на Аргулички Мост, Буреков Мост и парк Карши Бавча

Во источниот дел од градот во областа Стара Мусала регистрирана е

најголемата дива депонија во градот, со површина од 4993м2 (Приказ 3). Најголема концентрација на ѓубре има во долината на Стара Мусала слевајки се во Табачка Река (Приказ 4 и 5). Со ова не само што се загадува водата, туку се загадува и почвата и животинскиот свет кој е во близина на депонијата, а без малку и самото население кои ги користи производите од нив (Приказ 6).

Page 7: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Приказ 2: Фотографија на дива депонија кај Карши Бавча Дивата депонија која се наоѓа во близина на Јокширски Мост се слева во

Табачка Река, истата поминува низ центарот на градот, а со тоа придонесува кон разнесување на ѓубрето низ целото течение. Како што е споменато во ЛЕАП, постои дива депонија која се протега од помеѓу Чаршиски и Јокширски Мост до Амамски Мост, формирајќи ја втората по големина дива депонија со површина од 4019м2 (Приказ 3).

Page 8: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Приказ 3: Мапа од диви депонии и акумулации кај Стара Мусала и во близина на Јокширски Мост

Со спојувањето на Табачка и Сарајска Река во близина на хотелот Кратис,

се формира Кратовска Река која продолжува кон западниот дел од градот, а со тоа и слевање на ѓубрето по целото течение и долж целото речно корито.

Page 9: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Приказ 4: Фотографија на дива депонија од Стара Мусала

Следната поголема депонија е лоцирана во близина на Автобуската станица, зафаќајќи површина од 2394м2 (Приказ 7 и 8).

Во ЛЕАП-от е наведено дека сметот се протега само по течението на

Кратовска Река, но всушност најголема акумулација се наоѓа во близина на автобуската станица, распространета по целиот брег од двете страни на реката.

Page 10: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Приказ 5: Фотографија на дива депонија кај Стара Мусала

Приказ 6: Фотографија од дива депонија кај Стара Мусала со живина

Page 11: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Во северниот дел од градот во близина на Кошари Маала се протега дива

депонија во површина од 1829м2 (приказ 9 и 10). Во западниот дел од градот во рамки на Мерак Маала површината на депонијата изнесува 1550м2 (приказ 11). Оваа депонија се протега во близина на гратскиот стадион, која заради местополижбата лесно се слева во Кратовска Река.

Приказ 7: Мапа од дива депонија и акумулација во близина на автобуската станица

Page 12: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Приказ 8: Фотографија од дива депонија во близина на автобуската станица

Приказ 9: Мапа на дива депонија и акумулација во Кошари Маала

Page 13: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Приказ 10: Слика од дива депонија во Кошари Маала

Приказ 11: Мапа на дива депонија и акумулација во Мерак маала

Page 14: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Врз основа на фактите кои беа добиени со теренското истражување,

дојдовме до заклучок дека дивите депонии кои се наоѓаат во близина на Аргулички и Буреков Мост и во Мерак Маала, се формирани на површини во чија непосредна близина веќе се поставени по неколку канти за одпадоци. Ова насочува кон тоа дека Општината и Комуналното претпријатие ги имаат препознаено локациите како потенцијална опасност од создавање на депонии и дека со поставување на кантите ќе се спречи креирање и проширување на веќе постоечките депонии. Но очигледно реалноста покажува друга слика. Од тука произлегуваат неколку можни претпоставки и тоа:

а) Сметот да бил многу поголем од капацитетот на кантите, б) Локалното население продолжува со депонирање на смет на дивата

депонија не обрнувајќи внимание на поставените канти и в) Не постоење на ефикасна комунална, инспекциска и редарска слижба.

Општо видливо е дека речиси сите депонии се лоцирани во близина на

реките и речните корита и на овие локации има поголема количина на смет кој настанувал со долгогодишно депонирање и негова акумулација. При теренското собирање на информации за состојбата во Кратово, регистрирани се вкупно 39 помали или поголеми точки на акумулирано ѓубре по течението на реките, а како резултат на дивите депонии што се наоѓаат во близина на нив (приказ 12, Прилог А за целосен приказ на мапата). Овие точки ја покажуваат големата концентрација на акумулирано ѓубре низ годините кое се движело низ реките и потоците (приказ 13 и 14).

Приказ 12: Мапа на сите диви депонии и акумулации на територија на Кратово (Прилог А за целосен приказ на мапата)

Page 15: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Приказ13: Фотографија од акумулација на смет во Кратовска Река во близина на Полициската станица

Приказ 14: Слика на акумулација на ѓубре во Кратовска Река, во близина на погонот на Добра Вода

Page 16: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Единствената локација со смет која не беше спомената во ЛЕАП, е

депонијата кај Паркот Карши Бавча, а секако која со својот обем и како локалитет со културно-историска и природна вредност не би требало да биде занемарена и во наредниот период треба да се обрне поголемо внимание.

На останатите локации, а пред се мислејќи на Табачка Маала, локацијата

кај метеоролошката станица и столарската работилница се забележува значително подобрување во однос на состојбите со животната средина и намалено депонирање на смет на недозволени локации. Воедно Табачка Маала се потврди како една од почистите области во градот, заедно со улиците во сосетството и по течението на реката (Приказ 15).

Акумулацијата на ѓубре во близина на столарската работилница е

значително намалена, постојат остатоци од поранешно депонирање, но се забележува дека во денешни услови луѓето се воздржуваат од истото и создаваат позитивни навики.

Приказ 15: слика од Табачка Маала Тековни состојби

Отпадот кој се депонира денес, за разлика од оној од пред педесет и повеќе години во голема мера се разликува по неговиот хемиски и механички состав. Имено, порано, во најголема мера тој бил составен од природни и разградливи

Page 17: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

материи. Во тоа време количеството на депонирана пластика и останатите опaсни материи билo незначително при што предизвикувало и незачително загадување на почвата, површинските и подземните води.

За разлика од тогаш, денес преовладуваат тешко разградливи материјали,

како што се пластиката, електронски отпад, различна амбалажа за пакување, лименки и др. Истите, при депонирање во природата и на недозволени локации за тоа (диви депонии), може да бидат многу опасни по човековото здравје и да има негативно влијание по животната средина.

Пластичниот отпад е на база на органски соединенија кои што се тешко

разградливи и можат да бидат многу штетни по човековото здравје. За целосно распаѓање на пластичната амбалажа (ПЕТ-полиетилентерафталат) потребни се од 450 до 1000 години, во зависност од тоа дали се наоѓа во вода или во почвата.3 При тоа се ослободуваат хемикалии кои се мешаат со водата или почвата и предизивикуваат нивно континуирано загадување.

Пластиката содржи хемикалии кои ја пореметуваат функцијата на ендокриниот систем (phthalates and bisphenol A (BPA)),4 чија цел е да го регулира нивото на хормоните во човечкиот организам. Хемикалиите од пластиката го мамат телото да мисли дека се работи за хормон при што доведува до состојба на појава на разни пореметувања како што се: појава на рак на градите и простата, невробихејвиорални проблеми, кардиоваскуларни пореметувања, дијабетес, абнормалности на црниот дроб, а при спалување на пластиката можни се проблеми и со респираторниот систем и органите за дишење.5,6

Во рамки на ЛЕАП (глава 9: План за имплементација на ЛЕАП Кратово) е споменато дека Општината има предвидено мерка изработка и донесување на План и Програма за управување со отпад во период 2009-2010, која како активност се уште не е реализирана. Меѓу мерките кои се предвидени вклучени се:

План за затворање на диви депонии во период 2009-2010 Затворање на дивите депонии и ремедијација на локациите, во период

2010-2012, Воспоставување на мониторинг и инспекција од 2009 -континуирано

Глава 10. План за Мониторирање и евалуација се предвидени низа акции во насока на реконструкција на постоечкита депонија, изработка на техничка

3 Kumar, Shristi et al. 2007. Diversity and effectiveness of tropical mangrove soil microflora on the degradation of polythene carry bags. 4 Koch, Holger M., and Antonia M. Calafat. 2009 Human body burdens of chemicals used in plastic manufacture 5 Thompson, Richard C. et al. 2009 Plastics, the environment and human health: current consensus and future trends 6 Vogel, Sarah A. 2009. The Politics of Plastics: The Making and Unmaking of Bisphenol A "Safety".

Page 18: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

документација и активно вклучување во изградба на Регионалната депонија за северо-источна Македонија. Се надеваме дека со нашиот извештај ќе допринесеме во забрзување на процесот на изработка на плановите кои се споменати во ЛЕАП-от. Препораки Како препорака за решавање и надминување на ваквата состојба во Кратово би сакале да ја наведеме поголемата агилност и интерес на Општината и Јавното комунално претпријатие за потребата од:

а) Организирање на широка акција со вклучување на поголем број на субјекти за расчистување на постоечките диви депонии,

б) Поставување на информативни табли за забрането фрлање на отпад, в) Зајакнување на редарските и инспекциските служби, г) Набавка на современа механизација, поставување на дополнителни канти и

контејнери и редовно собирање на сметот, д) Спроведување на едукативни работилници и кампањи во училиштата и

градинките при шти ќе се делува врз подигање на свеста, ѓ) Подготовка на План и Програма за управување со цврст отпад, е) Финансиска поддршка на организациите кои се бават со селектирање и

рециклирање на отпад и

ж) Воведување на еколошка такса з) Воведување на шема на користење на депозит (пр.при купување на производи во пластична амбалажа, за истите да плаќаат депозит, кој ќе биде вратен со враќање на амбалажата) Поголема вклученост на граѓаните во одржување на средината чиста, преку ослободување од отпадоците во соодветни и назначени места, користење на контејнерите и кантите за отпадоци, развивање на свеста за селектирање на отпадот преку соодветно користење на кантите за селектиран отпад. Да обрнувааат поголемо внимание на средината во која живеат, водејќи сметка и за поколенијата кои доаѓаат после нив. Исто така би препорачале обрнување на поголемо влијание и на заштита на водите во градот, земајки ги во предвид акумулациите од отпад во самите реки

Page 19: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

кои во голема мера влијаат врз нивно загадување, како и креирање на соодветна програма за заштита на водите. Очекувања

Иако скромен и подготвен на волонтерска основа, се надеваме дека овој извештај ќе допридонесе при креирањето на понатамошните постапки на делување на локалните власти, јавното комунално претпријатие и кај локалното население, а во насока кон создавање на чист и здрав град, град попријатно место за сите жители и посетители.

Очекуваме дека секој пред да се ослободи од сопствениот отпад ќе

размисли дали тоа го прави на места предвидени за таа намена или пак креира нови диви депонии, а со тоа го нарушува урбаниот изглед на локалната заедница.

Очекуваме поголема мобилност и ангажман на сите институции кои се

инволвирани или пак можат да допринесат кон менувањето на состојбите.

Кратово има развиено мрежа за селектирање и рециклирање на ПЕТ, поради што ќе апелираме за поголема агилност во процесот на издвојување на различните видови на отпад во домашни услови.

Очекуваме дивите депонии да бидат расчистени што поскоро од страна на надлежните институции. Поставувањето на дополнителни канти за селектирање на отпадот може да делува позитивно кај населението. Голем број на истражувања покажаа дека доколку се направи полесен „пристап“ за селектирање, а со тоа и рециклирање, би се постигнало голем успех како кај населението така и кај рециклаторите.7

7 Strange, Kit. 2003. Overview of Waste Management Options: Their Efficacy and Acceptability

Page 20: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Користена литература и материјали:

1. Оштина Кратово, 2008. Локален Еколошки Акционен План. 2. Kumar, Shristi et al. 2007. Diversity and effectiveness of tropical mangrove soil microflora on the

degradation of polythene carry bags. Revista de Biologia Tropical/International Journal of Tropical Biology and Conservation 55, 777-786. ISSN-0034-7744

3. Koch, Holger M., and Antonia M. Calafat. 2009 Human body burdens of chemicals used in

plastic manufacture. Philosphical Transactions of the Royal Society Biological Sciences 364, 2063-2078. (doi:10.1098/rstb.2008.0208)

4. Thompson, Richard C. et al. 2009 Plastics, the environment and human health: current

consensus and future trends. Philosphical Transactions of the Royal Society Biological Sciences 364. 2153-2166. (doi:10.1098/rstb.2009.0053)

5. Vogel, Sarah A. 2009. The Politics of Plastics: The Making and Unmaking of Bisphenol A

"Safety". American Journal of Public Health 99, S559–S566. (doi:10.2105/AJPH.2008.159228) 6. Strange, Kit. 2003. Overview of Waste Management Options: Their Efficacy and Acceptability.

Environmental and Health Impact of Solid Waste Management Activities: issues in Environmental Science and Technology. 48.

Page 21: Report for Institutions MK

NGO Regional Center for Sustainable Development-Kratovo str. Gotse Delchev No.24 tel/fax. 00389 31 481 542 e-mail:[email protected] www.regionalencentar.org.mk

Прилог А