pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web...

21

Click here to load reader

Transcript of pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web...

Page 1: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ И РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

проф. д-р Никола ПАНОВ, Д-р Никола Ангеловски, М-р Христина ДимескаУниверзитет Св. Кирил и Методиј, Природно - математички Факултет, Скопје

Институт за Географија

Абстракт

Туризмот денес во овие современи општествени текови претставува своевиден феномен чии почетоци се јавуваат уште од многу одамна, и од тогаш наваму постојано бележи нагорен тренд. Но, овој динамичен раст на туризмот и туристичките движења воопшто не може да се замислат без транспортот на луѓе, стоки и добра, односно без сообраќајот. Всушност овие две стопански гранки се меѓузависни и длабоко поврзани помеѓу себе.

Кога станува збор за сообраќајот, како резултат на можноста за индивидулност и самостојна организираност во патувањата во светските па и регионалните туристички текови најкористен е патниот сообраќај. Но, она што загрижува е податокот кој вели дека најголем дел од сообраќајните незгоди на глобално ниво се случуваат токму на и кај учесниците кои се директно или индиректно вклучени во сообраќајните текови на патиштата. Од таа причина во голем број светски економии се обрнува големо внимание кон зголемување на сигурноста од една и безбедноста во патниот сообраќај од друга страна. Република Македонија го следи тој тренд на унапредување на безбедноста во патниот сообраќај и во сообраќајот воопшто, што би требало на посреден или непосреден начин да влијае врз зголемување на бројот на туристи а со тоа и на позитивни мерливи резултати во развојот на туризмот.

Вовед и литературен преглед

Сообраќајот е една од основните стопански гранки. Неговата специфичност се состои во тоа што тој не создава нов производ, туку обавува транспорт на разни добра, стоки, од земјоделско или индустриско потекло, од местото на производството до местото на потрошувачката. Тој врши пренос на вести, соопштенија, информации и патници од едно на друго место.1 Дефинирањето на поимот сообраќај неможе да биде потполно ако се ограничи само на истакнување на техничките особини на процесот на транспортот, ниту пак, само со давање на неговите економски карактеристики. Поимот сообраќај се јавува во три различни значења: во најширока смисла се врзува за односите помеѓу луѓето, во потесна смисла се однесува на различните облици на меѓуодносите од економска природа – стоковиот сообраќај, девизниот сообраќај и меѓудржавниот сообраќај за туризам, во најтесна смисла опфаќа превоз или транспорт, и останатите пропратни операции кои се однесуваат на превозот на стока, патници и комуникациите.

1 Панов Н., Темјаноски Р., Сообраќајна Географија, Селектор, Скопје, 2004, стр. 5

Page 2: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

Патиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат фактор кој битно влијае на човековиот прогрес и развојот на околината, преку нив се пренесуваат секојдневните потреби, најзначајните работи кои влијаеле на економскиот, политичкиот и културниот развој. Не случајно се вели дека патиштата во една држава го претставувааат нејзиниот крвоток. Како показател може да се земе податокот кој вели дека во 2011-та година во ЕУ-27 земјите вкупните активности на патниците внатре во територијата на овие земји со било кое моторно возило достигнале 6.569 билиони км, односно 13.060 км/ж.

“Патен сообраќај" е сообраќај на возила, пешаци и други учесници во сообраќајот на јавен или некатегоризиран пат што се употребува за јавен патен сообраќај2.

Сообраќајот претставува една од главните стопански структури и има нераскинлива врска со туризмот и туристичкиот развој и искористувањето на туристичките потенцијали. Од сообраќајот и неговото ниво на развој условно зависи и развојот на туризмот. Всушност сообраќајот и туризмот имаат иста основа, а тоа е движењето и поврзувањето низ просторно – временски целини. Додека пак, туризмот како масовна, сложена појава во современиот свет, е детерминиран во прв ред од современиот економски и политички развој, но неговиот обем и квалитет се зависни и од многу други чинители. Еден од тие чинители значаен за развојот на туризмот и воопшто за позитивниот развој на општеството и вкупната егзистенција на луѓето е безбедноста.3 Во контекст на безбедноста на патниот сообраќај постојат тенденции во развојот на нови методологии и технологи, како и регулатива за проекетирање и вреднување на проектите од аспект на безбедност. Вистинска рамнотежа помеѓу техничките, безбедносните и еколошките аспекти сеуште не е постигната и претставува непроценета големина во процесот на оптимизација.4 Важно е да се нагласи дека на сигурноста на патниот сообраќај рамноправно влијаат четири основни чинители: возач - возило - пат - околина. Дејството на овие чинители на процесите во сообраќајот е взаемно поврзано, така да истите претставуваат кибернетички систем во кој што функцијата управување ја врши возачот, објект на управувањето е возилото, а патот и околината се извор на информации.5

Во моментов постојат повеќе тековни акции на соодветните државни институции кои се бават со промотивна кампања за зголемување на безбедноста во патниот сообраќај. Како што се кампањата за носење сигурносен појас, која е дел од меѓународната “Sussex safe roads”, двојазичните „вклучете светло“, и кампања против употреба на мобилни телелфони при управување со моторно возило. А овде би ја потенцирале онаа кампања која е наменета на странски државјани „Три основни правила за безбедно возење“, со што се покажува во јавноста дека грижата како за домашните, така и за странските граѓани за безбедноста на патиштата е голема и мошне значајна за надлежните институции. Во пракса евидентирани се повеќе пречки за зголемување на безбедноста, и тоа: недостаток на дефинирани цели и политика, недостаток на сообраќајна култура, недостаток на целосни и сумирани информации за сообраќајните незгоди, недостаток на истражувања,

2 Закон за безбедност на сообраќајот на патштата, Сл. весник на Р.М., 53/03.05.20073 Спасески Ј., Аслимоски П., Безбедност во туризмот, Центар за научно-истражувачка работа при ФТУ, Охрид, 2012, стр. 74 Стојменов П., Проектирањето на патот како основен предуслов за безбедност на патниот транспорт, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 255 исто. стр. 26

Page 3: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

немоќ на органите на државата и агенциите за патишта да се справат со проблемите заради дефицит на кадри и ресурси.6 Брзината е на врвот на листата за причинители на сообраќајните незгоди на патиштата скоро во сите спроведени истражувања и анализи, па од таму произлегува и важноста за точно и јасно утврдување на оптималната брзина во проектирањето на патиштата како предизвикувач за сигурноста на патиштата. Следено по градови, со најголем број на сообраќајни незгоди, логично се издвојуваат и градовите со поголем број на жители, и тоа: Скопје, Струмица, Прилеп, Охрид, Битола итн.

Методологија во истражувањето

Во процесот на изработка на труд кој го проучува сообраќајот и неговата меѓузависност со туризмот се наметнува потребата од користење на речиси сите расположливи методи. Така, овде е користена една комплексна методолошка рамка, конципирана пред се од методите на идукција и дедукција, компаративниот метод, кој дава реална слика за безбедноста на патиштата во Република Македонија, но неминовно се наметнува и користењето на методот на анализа и синтеза, кој не доведе до одредени сознанија кои се однесуваат на генералните аспекти поврзани со безбедноста на патниот сообраќај од една страна но и влијанието врз развојот на туризмот од друга страна, што пак ја наметнува и потребата на метод за синтетизирање, а дополнително во трудот користени се и математичко-статистички методи.

Целосната примена на наведената методологија треба да ни даде основа за утврдување на состојбата, проблемите и предизвиците поврзани со безбедноста во патниот сообраќај во Македонија, со внимание насочено кон туризмот, кој како стопанска гранка би требало да влијае кон зголемен економски бенефит.

Предмет, задачи и дефинирање на сообраќајот и неговата улога во развојот на туризмот

Сообраќајот, дефиниран како врска меѓу потребите на луѓето во реализирање на нивните општи потреби и економски намери, се наметнува и како специфичен столб на уште една човекова цивилизациско – општествена инстанца која, исто така, напредува со напредокот на сообраќајот. Тоа е туризмот, а нивната поврзаност произлегува од движењето. При прекинувањето на таквата „законитост“ се прекинува и основната функција на двете стопанско – општествени дисциплини и гранки. Затоа, за да постои туризам, пред се, треба да има солидна основа претставена со соодветна сообраќајна инфраструктура. Во денешно време највпечатлива е врската меѓу туризмот и сообраќајот.

Кога се насочува погледот кон најразвиените туристички дестинации во светот, се воочува дека сообраќајните врски на овие дестинации со останатите делови на светот кои ординираат во овие правци се навистина на едно завидно ниво. Впрочем, туризмот се издигна на толку високо ниво со самото „високо ниво“ на сообраќајот, односно модернизирањето на основниот и најкористениот, патен сообраќај.

6 Босилков Д., Цветановски З., Безбедноста на сообраќајот од аспект на нејзино планирање и реализација, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 47

Page 4: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

Основни показатели за состојбата со патната мрежа во Република Македонија

Република Македонија со својата географска положба е централно лоцирана на Балканскиот Полуостров и претставува природен крстопат низ кој поминувале и поминуваат значајни комуникациски коридори во насока север-југ (коридор 10) и во насока исток-запад (коридор 8). Моменталната патна мрежа во Република Македонија изнесува 14.182 км, вклучувајќи автопатишта, магистрални, регионални и локални патишта. Од нив 242 км се класифицирани како автопатишта, 911 км се магистрални патишта, 3.771 км отпаѓаат на регионални, а 9.258 км се локални патишта.7

Поголемиот дел од магистралните патишта, поточно 587 км се вклучени во составот на системот на европската патна мрежа преку т.н. “Е“ патишта (во Македонија тоа се Е-852 со должина од 60 км и Е-871 со должина од 74 км), додека во системот на ТЕМ (Trans Europe Motorway) патишта, вклучени се автопатиштата Е-75 на делницата Табановце - Куманово - Петровец - Велес - Градско - Неготино - Смоквица - Меџитлија и кракот Скопје – Петровец - Хиподром со должина од 174 км) и Е-65 (Скопје – Тетово - Гостивар со должина од 279 км). Од вкупната должина на категоризираната магистрална и регионална патна мрежа според просторниот план на Република Македонија, 5% се со автопатско решение, 8% се со широчина на коловозот од 7 метри и повеќе, 7% се со широчина на коловозот од 7 метри и помалку, 35% со широчина поголема од 5,5 метри, 7% помеѓу 4,5 и 5,5 метри, 20% до 4,5 метри и 18% се со земјен или тампониран коловоз.8

По четиригодишна изградба, во септември 2011-та година беше пуштен во употреба автопатот од граничниот премин Табановце до Куманово, долг 7,6 км., што е единствена изградена автопатска делница во последниве десетина години. Со незината изградба останува уште да се направи автопатот од Демир Капија до Смоквица за да се комплетира автопатот од Коридорот 10 на македонска територија, а делницата има должина од 28,2 км. Според проектот, новиот дел од автопатот ќе се гради надвор од Демир - Каписката клисура од десната страна на реката Вардар. За разлика од Коридорот 10, сосема поинаку стојат работите за завршување на автопатот од Коридорот 8, со кој треба да се поврземе со Бугарија и со Албанија. Периодов во тек е изградба на два автопатишта, едниот на делницата Штип-Свети Николе-Миладиновци кој ќе се спојува со постоечкиот Е-75 и истиот ќе има должина од 47 км, широчина 27 метри, додека вториот е на делницата Кичево-Охрид со должина од 56,7 км со широчина од 25,2 метри. Грубите процени се дека делот од коридорот кој ќе го гради државата би чинел околу 500 мил. евра.

Местото на Република Македонија во Европските транспортни коридори и нивното влијание во развојот на туризмот

Македонија на патот кон Европските интеграции и модернизирањето, има потенцијал да се поврзе со останатите сообраќајни потенцијали од Европа. Влијанието врз туризмот се чувствува во поглед на вкупните перспективи, но за да се достигне нивото на европските земји, потребно е инвестирање и искористување на потенцијалите кои ќе ја поврзат Македонија со државите од

7 Фонд за патишта на Република Македонија/http://www.roads.org.mk/221/patna-mreza (посетено на 18.04.2014)8 Просторен План на Република Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Скопје, 2004, стр. 65

Page 5: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

Европска Унија. Македонија секако дека има специфично место во европските надградби, и може да се надоврзе во европските транспортни коридори, кои понатаму ќе влијаат на економската состојба на Македонија, а оттаму и на туризмот во земјта, кој има потенцијал да биде еден од водечките економски системи во иднина. Со оглед на поволната географска положба на Република Македонија и улогата на сообраќајна крстосница, како што можеше да се проследи таа претставува важна алка од европските транспортни кориидори.

Во Европската мрежа Trans-Europe Motorway на патишта вклучени се автопатите и двата „Е“ патишта кои минуваат низ Македонија, со вкупна должина од 587 км, и тоа: - Е – 65 (со должина низ Македонија од 279 км, со кој Македонија се поврзува со Албанија)- Е – 75 (со должина низ Македонија од 174 км, со кој преку Србија е поврзана со западно европските земји и Грција);- Е – 871 (со должина низ Македонија од 74 км, со кој државата е поврзана со Бугарија);- Е – 852 (со должина низ Македонија од 60 км).

Туризмот во нашата држава негува реални шанси за развој и опстојување во една извонредно перспективна стопанка гранка, врз која би се темелел развојот на општеството воопшто, а врз која влијаат одредени фактори како што се одличната туристичко-географска положба на Македонија во однос на Европа и на Балканот, поволните природни предуслови и богатата ризница на културно наследство.

Забележливо е дека развиените европски земји кои се едни од најголемите емитивни, но и рецептивни земји имаат патна мрежа која е исклучително развиена и овозможува лесна достапност на сите туристички дестинации. Овде како соодветен пример би ја зеле соседна Грција, која со изградбата на автопатот А2 (со должина од 670 км), чија изградба заврши во 2009 година бележи раст на бројот на туристите во Епирскиот регион, а кои доаѓаат од земјите кои се на север од Грција.

Безбедноста на патниот сообраќај во Р.М.

Безбедност - е термин кој се употребува за со него да се објасни дека човекот и другите вредности во општеството се безбедни како резултат на функционирањето на еден цел систем во кој се уредени вкупните односи со правни и морални норми, како и функционирањето на еден целосно интегрален, безбедносен систем преку соодветни институции и служби. Безбедноста на превозот на стоката и патниците на едно сообраќајно средство е еден од најзначајните економско - експлоатациони и технички карактеристики. Но, со обавувањето на превозот и пренесувањето на стока и патници од едно место на друго, врзана е и појавата на некои опасности. Таа опасност може да се појави во повеќе облици и тоа, оштетување или уништување на стоката, во повреда или смрт на патниците. Од таа причина обезбедувањето на сигурност при превозот на стоки и патници е најзначајната задача на секој превезувач.

Безбедноста на сообраќајот на патиштата е исклучително важна и мошне актуелна во сите фази: планирање, проектирање, градење, експлоатација, одржување итн. но, овде се издвојува нултата фаза која се однесува на утврдување на елементите на патот од аспект на безбедноста, а го опфаќа современото проектирање на автомобилските патишта, и ја наметнува потребата од целосно имплементирање на барањата и условите за безбедност, стабилност (техничка, економска, еколошка и психофизичка) и стабилност при возење. Покрај тоа, примената на законот за Заштита и безбедност во сообраќајот е неопходна доколку сакаме да размислуваме за намалување на несаканите незгоди и

Page 6: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

зголемување на безбедноста во сообраќајот, која бара посветеност, ангажираност но и политичка поддршка претставена со едукација на сите директно и индиректно вклучени во сообраќајните текови, воведување и почитување на пропишани стандарди во однос на проектираните решенија, примена на санкциите за сообраќајните прекршоци, но и утврдување на црните точки на патиштата во државата.

Слика бр.1, Промотивен леток од кампањата наменета за почитување на основните правила за безбедност на патиштата, (за странски државјани)

http://moi.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=598

Ако се анализира безбедноста на патниот сообраќај во Република Македонија, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат на сообраќајните несреќи според грешките во сообраќајот (табела бр. 1) може да се констатира дека возачите, односно управувачите на патнички возила биле главните причинители на сообраќајните незгоди и тоа во 93,8% од сообраќајните незгоди.

Табела бр. 1, Сообраќајни грешки според грешките на учесниците во сообраќајот 2008-20129

2008 2009 2010 2011 2012Број на констатирани грешки

4 403 4 353 4 223 4 462 4 108

Возачи 4 112 4 030 4 012 4 195 3 865

Пешаци, јавачи и терачи на добиток 254 273 175 227 200

Патници 7 9 4 11 15

Возила 13 18 9 3 1

Патишта 6 10 11 6 19Други причини 11 13 12 20 8

Извор: Завоg за Статистика на Република Макеgонија, Статистички гоgишник 2013

9 Во предвид се земени само сообраќајните незгоди во кои има настрадани лица

Page 7: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

Република Македонија во 2008 година креираше Национална Стратегија за унапредување на безбедноста на патиштата базирана на:

- Состојбата на патната мрежа и на патната инфраструктура;- Анализа на сообраќајните незгоди во Република Македонија;- Законската регулатива во Република Македонија;- Анализа на возниот парк во Република Македонија;- Анализа на предности, недостатоци, можности и закани (SWOT анализа);- Улогата на Република Македонија во Европската патна мрежа и- Политиката во областа на транспортот на Република Македонија.Мерките предвидени во стратегијата, како и алатките за нивна реализација се

формулирани на начин на кој што ќе ги покријат слабите точки произлезени од SWOT анализата и од анализата на сообраќајните незгоди и прилагодени на меѓународните договори на Република Македонија. Од направените анализи произлегуваат следните критични факти за безбедноста на сообраќајот во Република Македонија:

- Несоодветно одржување на патиштата и на патната инфраструктура;- Ниско ниво на прифатеност на законската регулатива од корисниците;- Недоволно ниво на прецизност (егзактност) на законската регулатива;- Небезбедно однесување на учесниците во патниот сообраќај;- Сериозни последици од сообраќајните незгоди предизвикани од недавање

првенство на минување;- Сериозни последици од сообраќајните незгоди предизвикани од управување со

возило под дејство на алкохол и на други псиотропни супстанци и - Неупотреба (или ниско ниво на употреба) на опремата за пасивна безбедност. Главните цели на Националната стратегија проследни со предлог решенија се:

Намалување на бројот на сообраќајни несреќи и нивните последици предизвикани од пречекорувањето на дозволената брзина на движење;

Намалување на сообраќајните незгоди и нивните последици предизвикани од недавање првенство на минување;

Намалување на сообраќајните несреќи и нивните последици предизвикани од учество во сообраќајот под дејство на срога, алкохол и на други психотропни супстанци;

Намалување на последиците од сообраќајните незгоди преку зголемување на користењето на опремата за пасивна безбедност;

Зголемување на заштитата на групи коишто се посебно изложени на опасност;

Подобрување на мерките за интервенција непосредно по незгодата; Целосно почитување на законската регулатива од сите учесници во

сообраќајот; Координација на сите активности.

Реализирањето на Националната стратегија и подигнувањето на нивото на безбедност во сообраќајот треба да придонесе за директни добивки во износ од 200 мил. евра, претставени со намален број на жртви и на повредени, пад на трошоците за лекување на повредените, намалени материјални штети, намалени штети на патот и патната инфраструктура, како и за индиректни придобивки во износ од 300 мил. евра во заштитата

Page 8: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

на човековата околина и социјалната сфера. Овие несреќи на патиштата статистички се претставени со т.н. индекс на сообраќајни незгоди со единица мерка смртни случаи, повреди и судари на милион возила на одреден број километри, но во пракса вообичаено се користи бројот на смртни случаи на 10.000 возила или на 100.000 жители.

Во Европската Унија бројот на загинати од сообраќајни несреќи во 2012-та година изнесува 56 на 1 милион жители. Најголем број на загинати од сообраќајни несреќи има во Романија - 101 лице, Литванија - 99 и Полска - 93 лица. Најмалку загинати лица во сообраќајни несреќи се евидентирани во Малта - 27 лица, 29 - Велика Британија и 30 - Шведска. Интересно за напоменување е дека во 2012-та година во споредба со 2011-та година, на патиштата во Европската Унија забележан е пад на загинатите лица во сообраќајни несреќи од 9%, додека во споредба со 2001-ва година намалувањето е неверојатни 49%. Бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи се намалил за 43% во текот на последната декада, а бројот на среиозно повредени лица во сообраќајни несреќи се намалил за 36%.10

Извор: Завоg за Статистика на Република Макеgонија, Статистички гоgишник 2013Табела бр.2, Сообраќајни незгоди со настрадани лица во

Р.Македонија, 2001-2012

сообраќајни несреќи

Настрадани лица потешко и полесно

повредени лица

вкупнозагинати лица

година Сé возачи патници пешаци и други

2001 1 300 1 937 107 43 35 29 1 8302002 1 628 2 600 176 76 66 34 2 4242003 1 926 2 868 118 59 31 28 2 7502004 1 988 3 082 155 72 45 38 2 9272005 2 821 4 319 143 62 47 34 4 1762006 3 313 5 076 140 68 24 48 4 9362007 4 037 6 306 173 83 55 35 6 1332008 4 403 6 886 162 81 29 52 6 7242009 4 353 6 891 160 78 34 48 6 7312010 4 223 6 537 162 80 50 32 6 3752011 4 462 7 025 172 79 54 39 6 8532012 4 108 6 281 132 61 33 38 6 149

Во Република Македонија бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи во 2012-та година изнесувал 64 на 1 милион жители, што е над европкиот просек. Во споредба со 2011-та година се бележи намалување на загинатите лица од 22,8%, што е охрабрувачки податок. Она што загрижува е дека во 2012-та бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи е зголемен за 23,4% во однос на 2001-ва година. Ако се направи анализа на бројот на сообраќајни несреќи во кои има настрадани лица, ќе се забалежи зголемување на овој број од 2001-ва наваму, за неверојатни 216%, што е поразителен показател за безбедноста на патниот сообраќај во Република Македонија. Ако во Европската Унија се бележи случај за континуирано намалување на бројот на жртви од година во година, во Република Македонија бројот на жртви во сообраќајни несреќи има неправилно движење. Па така, анализата на бројот на потешко и посериозно повредени лица во сообраќајни несреќи

10 http://europa.eu/rapid/press-release_IP-13-236_en.htm

Page 9: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

покажува значително зголемување на истите во последната декада за неверојатни 235,5%. Бројот на овие лица во 2012-та бил помал во однос на 2011-та година и е забележан пад од 10,3%.

Перспективи и прогнози за развојот на туризмот базирани брз основа на тековните состојби во сообраќајот

Историскиот развој на сообраќајот и туризмот го пратела взаемна поврзаност. Туризмот влијае на сообраќајот на повеќе нивоа: интензивирање на изградбата и модернизацијата на сообраќајната инфраструктура, пораст и модернизација на капацитетот на сообраќајните средства, воведување на нови облици на организација на сообраќајот, пораст на сообраќајните патници и товарот. Сообраќајот влијае врз туризмот преку совладување на оддалечености (овозможувајќи патувања со туристички цели). Ако сообраќајните капацитети се поголеми и посовремени, а релациите со организирани сообраќајни врски се побројни, можностите за развој на туризмот се поголеми.

За туризмот од посебна важност е превозот на патници, затоа што со тој дел на сообраќајниот систем овозможува совладување на оддалеченоста во одредено време. Бидејќи тоа е речиси половина од превозот во туристички цели, а особено со автомобилот, многу средства за превоз на патници располагаат и со способност за прифаќање на автомобилите како на пример (траекти, вагони за автомобили и слично). Автомобилот е најбројно патно возило, носител е на индивидуалниот сообраќај во туризмот и токму масовноста на патниот сообраќај е последица на користењето на сопствените автомобили. Додека пак туристичките автобуси играат улога на масовни носители во сообраќајот за туристи и учествуваат и во линискиот патнички сообраќај.

Една од последиците на високиот удел во патниот сообраќај во туристичките текови (50 % - 90% ) е изложеноста на ризик од сообраќајни незгоди на туристите. Со порастот на животниот стандард во транзициските земји, од кои се генерира главнината на туристичките текови на патиштата, и со развојот на другите сообраќајни облици (железницата) дел од туристичките текови условно ќе даде предност на другите посигурни сообраќајни облици во замена за патниот сообраќај.

Постојат низа мерки наменети за подобрување на безбедноста на сообраќајот во секоја држава поедничено, кои се прилагодени и интегрирани со европските законски регулативи и препораки во оваа сфера и истите се применуваат преку имплементација на Националните Стратегии за безбедност во патниот сообраќај. Една од мерките која е значајна за туристот при неговото планирање на патувањето е достапноста до информации за квалитетот на патиштата во секоја држава, како и сообраќајните правила и закони со што ќе му се олесни во голема мера патувањето, а со тоа и неговата безбедност. Но, мошне внимателно треба да пристапиме доколку ја потенцираме безбедноста (во случајов на патниот сообраќај), од причина што истата може да има позитивен или негативен краен резултат, не смееме да заборавиме дека секој турист има право да добие точни информации поврзани со безбедноста, а тие информации да не влијаат кон појава на страв или несигурност од посетата на таа конкретна туристичка дестинација. Сите мерки се превземаат со една единствена цел, намалување на бројот на сообраќајни несреќи и настрадани лица во истите. За издвојување е начинот на кој Малта, туристичка земја со 1,5 милиони посетители годишно се справува со предизвикот. При изнајмување на возило, компаниите во интегриран систем со полицијата го следат возилото и при секое

Page 10: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

пречекорување на брзината и возење без сигурносен појас на возачот му се наплаќаат дополнителни казнени поени од неговата кредитна картичка, а доколку го управува возилото под дејство на алкохол истиот се изведува на суд.

Табела бр. 3, Број на превезени патници, број на туристи и број на сообраќајни несреќи, 2001-2012

година

превоз на патници на патиштата(во илјади)

вкупен број на туристи

вкупен број на

домашни туристи

вкупен број на

странски туристи

вкупен број на сообраќајни

несреќи

2001 13724 333308 234362 98946 13002002 13854 441712 318851 122861 16282003 11836 483151 325459 157692 19262004 9295 465015 299709 165306 19882005 9442 509706 312490 197216 28212006 8862 499743 297116 202357 33132007 9412 536212 306132 230080 40372008 10147 605320 350363 254957 44032009 11607 587770 328566 259294 43532010 13474 586241 324545 261696 42232011 15644 647568 320097 327471 44622012 15595 663633 312274 351359 4108

Извор: Завоg за Статистика на Република Макеgонија, Статистички гоgишник 2013

Податоците од табелата број 3 укажуваат дека бројот на превезени патници бележи раст во последните неколку години, па така во 2012-та година бројот на лицата кои користеле патен превоз бележи зголемување од 65,7% во однос на 2007-ма година, односно 13,6% во однос на 2001-ва година. Растот на превезени патници на патиштата е следен од бројот на туристи кој секоја година бележи континуиран раст, па така во 2012-та година евидентирани се 23,7% поголем број на туристи од 2007 година, односно 99,1% повеќе од 2001-ва година. Ако се направи корелација со бројот на сообраќајни несреќи по години се забележува дека со растот на бројот на домашни и странски туристи, правопропорционално се зголемува бројот на превезени патници, но и раст во бројот на сообраќајни незгоди до 2008-ма година, од тогаш наваму забележан е пад на бројот на сообраќајни незгоди за приближно 7 %.

Интеграцијата на безбедноста на патниот сообраќај во останатите области може да се разбере како системично воведување на безбедноста на патниот сообраќај во останатите полиња и градење на синергетска нераскинлива врска. Заедничките придобивки на оваа врска се огледуваат во подобрени резултати во здравствената грижа, животната средина, транспортниот бизнис, сообраќајот, туризмот и други полиња на влијание. Поврзаноста на туризмот со безбедноста на сообраќајот, како и потребата од повисоко ниво за безбедност на патиштата се наметнува од фактот што повеќе од половина од туристите во Европа ги користат автомоболите како превозно средство за време на своите патувања.11 На светско ниво овој процент изнесува неверојатни 77% и

11http://www.fiaregion1.com/en/fia_region_1/news/ road_safety_vital_for_sustainable_eu_tourism_strategy_says_fia_on_world_tourism_day_.htm (посетено на

Page 11: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

истиот се должи на предностите што ги нуди патувањето, од аспект на флексибилност, независност и економичност. Токму мобилноста, флексибилноста, добрата организираност и планирањето, како и чуството на сигурност при патувањето се главните карактеристики на денешниот турист, па оттаму и безбедноста на патниот сообраќај и развиената патна инфраструктура на една држава се значајни елементи кои непосредно влијаат на туристичкиот промет на истата, како и на развојот на туризмот воопшто. Туризмот како општествен феномен и економска категорија учествува во националниот БДП на многу земји и неговиот развој има повеќекратно значење за истите, само за илустрација во земјите на ЕУ во 2013 неговото учество било 8,7% во вкупниот БДП.12

Република Македонија во областа на туризмот не може да се каже дека бележи континуиран раст во бројот на туристи, од причина што показателите укажуваат дека има осцилации во бројот на домашни но и странски туристи, следејќи од 2001 година, но сепак се движиме во нагорна линија, што само по себе ја наметнува потребата од инвестирање во патната инфраструктура и подобрување на безбедноста на патниот сообраќај. Ако се земе во предвид дека државата има два аеродроми лоцирани во Скопје и Охрид, а туристичките локалитети се лоцирани на територијата на цела држава и туристите времето поминато во Македонија го поминуваат патувајќи по патиштата за да стигнат до истите, подобрувањето на безбедноста на патниот сообраќај е високоприоритетна мерка која може да го унапреди туристичкиот развој на државата.

Заклучок

Туризмот од една, и сообраќајот од друга страна имаат важен учинок во создавање на едно здраво и силно општество. Поготово, тоа се одразува на економската стабилност и можноста за просперитет. Оттука, секое општество го има единствениот интерес да работи и планира, да го надоградува постоечкото богатство, да го разработи и да го промовира. Општ заклучок од искуствата на светско ниво во поглед на сообраќајот и туризмот е дека цивилизацискиото ниво се надоградува паралелно на сообраќајно – туристичката проспекција. Што се однесува на Македонија и сообраќајно – туристичката основа, општ е заклучокот дека Република Македонија допрва треба да работи на унапредување на оваа синергична меѓусебно зависна општествено-економска компонента и со соодветна промоција да очекува “фидбек“ од вложеното во перспективниот хоризонт претставен во сообраќај и туризам.

Патниот сообраќај има огромно значење за развојот на туризмот во Македонија. Голем број на туристи се одлучуваат нивните туристички патувања да ги реализираат со патните превозни средства, но за жал според туристичките карактеристики на возниот парк и патната мрежа, нашата земја заостанува во степенот на развојот на овој вид сообраќај во однос на западно европските држави. Нашата земја има директен патен допир со соседните држави Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово и преку нив остварува контакт со другите држави на Балканот и Европа од каде пристигнуваат туристите со патниот сообраќај. Од таа причина треба погледот да го насочиме кон стратегиската позиција во регионот како земја во која се вкрстуваат два паневропски коридори и пристојно да заработуваме од патниот туристички сообраќај и превозот на

20.04.2014)12 http://www.wttc.org/site_media/uploads/downloads/europe2014.pdf (Travel and tourism - economic impact 2014/Europe)

Page 12: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

стоки. Во пракса познато е дека најголем дел од европските туристи и превозници се почесто го користат коридорот 4, преку Унгарија, Романија и Бугарија за да стигнат до Солун, Солунското пристаниште, Атина или до Истанбул, а не коридорот 10, што негативно се одразува на Како резултат на состојбата со патиштата трпи домашното туристичко стопанство но и индустријата. Македонските туристички објекти и компании, освен Коридорот 10, кој завршува во Солунското пристаниште, немаат друг соодветен патен сообраќаен правец за движење на туристите и индустриските производи како и за увоз на суровини за потребите на индустријата. Туристите во патниот сообраќај ги користат патничките автомобили, автобусите и такси превозот.

Безбедноста на патниот сообраќај е компонента која има непосредно влијание на животната средина, економијата на одредена земја, здравствената заштита, туризмот и други општествено економски гранки. Денешниот турист го користи патниот сообраќај како никогаш досега, бидејќи истиот ја задоволува потребата за флексибилност, мобилност и индивидуалност во планирањето и реализирањето на туристичкото патување, а во ера на глобална поврзаност туристот се информира за безбедноста на одредени сообраќајни делници, нивната инфраструктурна опременост, пропратни елементи и се што е поврзано или може да влијае на безбедноста на неговото патување. Мерките што се превземаат во секоја држава поединечно, а се наменети за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај се во согласност со европските закони и препораки и истите се спроведуваат како дел од национални стратегии или во зеднички проекти и иницијатициви. Во Република Македонија постои Национална Стратегија за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај и истата има за цел во предвидениот петтгодишен период бројот на настрадани лица во сообраќајни несреќи да се намали за 50% спроведувајќи ги мерките предложени во истата. Подобрената безбедност во патниот сообраќај ќе значи сигурно патување низ нашата држава и зголемена достапност на многубројните туристички локалитети на целата територија на Република Македонија.

Усогласувањето на сообраќајната политика и политиката во подрачјето на туризмот има за цел максимално валоризирање на нивниот меѓусебен синергетски ефект, преку ефикасна алокација на капиталот кој во државниот буџет е планиран за унапредување на сообраќајот и туризмот. Завршување на коридорот 8 и 10 и реконструкција на постоечките магистрални, регионални и локални патишта според највисоки безбедносни стандарди се мерка која природно се неметнува и ги обврзува одговорните институции да ја реализираат, доколку сакаме туризмот да го продолжи својот растечки тренд на евидентирани домашни и странски посетители.

Користена литература:

Авдовиќ О., Огненовиќ С., Проектирање на рехабилитации на вонградските патишта од аспект на безбедноста на сообраќајот, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 75-82,

Аnalitical Report, Road Safety, june – july 2010, Flash Eurobarometar – The Gallup organization, European Comission,

Page 13: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

Босилков Д., Цветановски З., Безбедноста на сообраќајот од аспект на нејзино планирање и реализација, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 41-48,

Државен завод за Статистика, Статистички годишник на Република Македонија 2013

ЕУ Директива за усвојување на технички прогрес за емисии од моторни возила, (Commission directive 2003/ 27 EC on adopting technical progress Council Directive 96/96 EC as regards the testing of exhaust emissions from motor vehicles),

EU transport in figures, Statistical Pocketbook, 2013, European Commision, Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, (Сл. весник на Р.М.,

53/03.05.2007) Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, (Службен весник на РМ, бр. 54/

2007,86/2008 и 98/2008), Закон за јавни патишта (Службен весник на РМ , бр. 84/2008), Закон за локална самоуправа ( Службен весник на РМ , бр. 5/2002) Закон за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/2005

и бр.137 / 2007) Ивановски Н., Безбедно одвивање на сообраќајот со сигнализација за времен

режим, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 32-40,

Комуникација на Европската комисија за европска патна безбедност (Communications from the Commission on the European Road Safety Action Program),

Мијоски Г., Безбедноста на сообраќајот во зависност од финансиските средства за изградба и одржување на патиштата, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 55-67,

Национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безебедноста на сообраќајот на патиштата, 2009-2014, Скопје, Ноември 2008,

Национална стратегија на Република Македонија за развој на туризмот, 2009-2013, Скопје,

Палоши В., Сообраќајната безбедност на патиштата во зависност од оштетувањата на коловозната конструкција, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 5-22,

Панов Н., Туристичка Географија, Селектор, Скопје, 2007, Панов Н., Темајонски Р., Сообраќајна Географија, Селектор, Скопје, 2004, Просторен план на Република Македонија, Стратегија за просторен развој, Влада

на Република Македонија, Скопје, 2004, Спасески Ј., Аслимоски П., Безбедност во туризмот, Центар за научно-

истражувачка работа при ФТУ, Охрид, 2012,

Page 14: pri-macedonia.mkpri-macedonia.mk/doc/materials/26. Road traaffic safety... · Web viewПатиштата уште од најстари времиња па се до денес, претставуваат

Стојменов П., Проектирањето на патот како основен предуслов за безбедност на патниот транспорт, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 23-31,

South - East Europe Core Regional Transport Network Development Plan - Five Year Multi Annual Plan 2007-2011, Common Problem – Sharing Solution,Volume 1, November 2006, European Union,

Фонд за патишта на Република Македонија, Џељадини Н., Влијанието на сообраќајот врз развојот на туризмот, со посебен

осврт на Република Македонија, ПМФ, (магистерски труд - ракопис), Скопје, 2012, Шапуриќ З., Улогата на сообраќајот во Новата стратегија за одржлив развој на

Европската Унија, Зборник на трудови од стручното советување: Безбедноста на патниот сообраќај од аспект на планирање, проектирање и градба на патишта, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М., Скопје, 2008, стр. 68-74.

http://www.fiaregion1.com/en/fia_region_1/news/ road_safety_vital_for_sustainable_eu_tourism_strategy_says_fia_on_world_tourism_day_.htm

http://www.wttc.org/site_media/uploads/downloads/europe2014.pdf (Travel and tourism - economic impact 2014/Europe)