Prezentacija Broj 6 - Dogovor Za Prodazba II Del

18
ТРГОВСКО ПРАВО ДОГОВОР ЗА ТРГОВСКА ПРОДАЖБА (II дел)

description

aa

Transcript of Prezentacija Broj 6 - Dogovor Za Prodazba II Del

ТРГОВСКО ПРАВО

ДОГОВОР ЗА ТРГОВСКА ПРОДАЖБА

(II дел)

• ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТА

- два системи на пренесување на сопственоста:

а) правото на сопственост се пренесува меѓу странките со самото склучување на договорот за продажба (француско и англосаксонско право);

б) со договорот за продажба само се создаваат обврски на пордавачот да изврши пренос на сопственоста додека самиот пренос треба да следи врз основа на предавање на предметот (германско, австриско право).

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТА, ПРЕМИНУВАЊЕ НА РИЗИК И ТРОШОЦИ (1)

• ПРЕМИНУВАЊЕ НА РИЗКИОТ

- националните правни системи во однос на прашањето за преминувањето на ризикот може да се поделат во три групи:

а) правни системи според кои преминувањето на ризикот настанува со склучување на договорот;

б) правни системи кои преминувањето на ризкиот го врзуваат за преминувањето на споственоста (res perit domino);

в) системи што во тој однос се ориентирани за предавање на стоката.- ризикот го подмнесува сопственикот на стварите;- при продажба на генерични ствари продавачот се ослободува од обврската само ако пропадне целиот род.

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТА, ПРЕМИНУВАЊЕ НА РИЗИК И ТРОШОЦИ (2)

• ПРЕМИНУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ

- според фазата кога настануваат сите трошоци ги делиме на три дела: трошоци кои настануваат при склучување на договорот, трошоци кои настануваат при исполнување на договорот и трошоци за одржување;

- поделбата на направените тошоци се регулира со меѓусебни спогодби и употреба на транспортни клаузули.

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТА, ПРЕМИНУВАЊЕ НА РИЗИК И ТРОШОЦИ (3)

• ПРЕМИНУВАЊЕ НА РИЗКИОТ И ТОРШОЦИТЕ СПОРЕД ТРАНСПОРТНИТЕ КЛАУЗУЛИ

- прашањето за преносот на ризикот и трошоците најчесто се регулираат со т.н. транспортни клаузули

- со овие клаузули се прецизираат три моменти: 1.моментот на испорака(вклучувајќи го местото и

начинот на испорака);2.моментот на преминување на ризкиот; и 3. моментот на преминување на трошоците од

продавачот на купувачот.

- транспортни клаузули донесени од Меѓународната трговска комора во Париз - Incoterms 1936, кои се ревидирани во 1953, 1967, 1976, 1980, 1990 и 2000 година (последна ревизија)

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТА, ПРЕМИНУВАЊЕ НА РИЗИК И ТРОШОЦИ (4)

• УТВРДУВАЊЕ НА КОЛИЧЕСТВОТО НА СТОКАТА

- утврдување на количеството на стоката се врши при нејзиното преземање и во посебна постапка;

- начинот на утврдување на количеството на стоката се утврдува со вагање, мерење и пребројување;

- утврдувањето извршено „од око” не може да се смета за веродостојно;

- метарско децималскиот систем;

- бруто ( со амбалажа) или нето (чиста тежина).

УТВРДУВАЊЕ НА КВАНТИТЕТОТ И КВАЛИТЕТОТ И ОДГОВОРНОСТА НА ПРОДАВАЧОТ ВО ПОГЛЕД НА КОЛИЧЕСТВОТО И КВАЛИТЕТОТ НА СТОКАТА (1)

• УТВРДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА СТОКАТА

- се утврдува дали стоката ги има својствата што се предвидени во договорот, или на друг начин, како со трговските обичаи, узанси, прописи;

- права на купувачот во случај на испорка на стока што не одговара на квалитетот определен со договорот:

а) да бара од продавачот да го отстрани недостатокот или да му предаде друг предмет без недостаток;

б) да бара намалување на цената;

в) да изјави дека го раскинува договорот.

УТВРДУВАЊЕ НА КВАНТИТЕТОТ И КВАЛИТЕТОТ И ОДГОВОРНОСТА НА ПРОДАВАЧОТ ВО ПОГЛЕД НА КОЛИЧЕСТВОТО И КВАЛИТЕТОТ НА СТОКАТА (2)

• ЗАДОЦНУВАЊЕ НА ПРОДАВАЧОТ

а) Должничко задоцнување на продавачот и права на купувачот- продавачот може да падне во задоцнување кога нема да ја изврши испораката во определен рок или ако рокот не е определен во разумен рок;- продавачот паѓа во задоцнување и ако стварта не ја предаде во определено место и на определен начин- права кои му следуваат на купувачот во такви ситуации:1. право на купувачот да бара исполнување на договорот;2. право на купувачот да го раскине договорот

ПАЃАЊЕ ВО ЗАДОЦНУВАЊЕ НА СТРАНИТЕ ПРИ ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА (1)

• ЗАДОЦНУВАЊЕ НА ПРОДАВАЧОТ

б) Доверувачко задоцнување на продавачот и права на купувачот

- пордавачот паѓа во задоцнување ако без основ одбие прием на куповната цена договорена со купувачот и ако го оневозможи купувачот да ја изврши исплатата

ПАЃАЊЕ ВО ЗАДОЦНУВАЊЕ НА СТРАНИТЕ ПРИ ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА (2)

• ЗАДОЦНУВАЊЕ НА КУПУВАЧОТ

а) Должничко задоцнување на купувачот и права на продавачот- кога купувачот задоцни во извршувањето на својата обврска тој паѓа во должничко задоцнување.- при задоцнување на купувачот продавачот ги има следните права:

а) право да бара извршување на договорот и надомест на штета поради задоцнувањето;

б) право да го раскине договорот и право да бара надомест на штета поради неисполнување.

ПАЃАЊЕ ВО ЗАДОЦНУВАЊЕ НА СТРАНИТЕ ПРИ ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА (3)

• ЗАДОЦНУВАЊЕ НА КУПУВАЧОТ

б) Доверувачко задоцнување на купувачот и право на продавачот

- купувачот паѓа во доверувачко задоцнување со одбивање да ја прими испоракат на стоката или да овозможи испорака стоката на поравачот;

-продавачот е дложен да се грижи за неиспорачаната стока на сметка и ризик на купувачот, која му ја става на располагање на купувцачот.

ПАЃАЊЕ ВО ЗАДОЦНУВАЊЕ НА СТРАНИТЕ ПРИ ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА (4)

• ОБВРСКА ЗА ЧУВАЊЕ НА СТВАРИТЕ ЗА СМЕТКА НА СОДОГОВОРАЧОТ

- ЗОО ги предвидува следните случаи за обврска за чување и тоа:

а) кога поради задоцнување на купувачот ризикот преминал врз купувачот пред предавањето на предметот, продавачот е должен да го чува предметот со внимание на добар стопанственик, односно добар домаќин и за таа цел да ги преземе потребните мерки;

б) исто важи и за купувачот кога предметот е врачен а тој сака да му го врати на продавачот, било поради раскинување на договорот, или поради тоа што барал друг предмет место него

ПАЃАЊЕ ВО ЗАДОЦНУВАЊЕ НА СТРАНИТЕ ПРИ ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА (5)

• НЕМОЖНОСТ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА

- ослободување од одговорнсот на должникот поради неможност за исполнување на обврската, доколку тоа претставува дејство на виша сила, дејствие на другата странка или трето лице;- виша сила е околност која настапила по склучувањето на договорот, поради настан од вонреден карактер, кои странката не можела да ги предвиди ниту отстарни- настани кои што оневозможуваат исполнување на договорот може да бидат физички и правни;- неможноста треба да настани по склучување на договорот и помеѓу настанувањето и неможноста на извршувањето треба да постои каузална врска.

ОСЛОБУДУВАЊЕ ОД ОДГОВРНОСТ ЗА ШТЕТА (1)

• ПРОМЕНА НА ОКОЛНОСТИТЕ КАКО ОСНОВ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

- две решенија во споредбеното законодавство:

а) договорот треба да се изврши онака како што е склучен без оглед на новонастаната состојба (pacta sunt servanda)

б) треба да се внимава на променетите околости кои влијаат на исполнувањето на договорот (rebus sic stantibus)

ОСЛОБУДУВАЊЕ ОД ОДГОВРНОСТ ЗА ШТЕТА (2)

• ПРОМЕНА НА ОКОЛНОСТИТЕ КАКО ОСНОВ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ - претпоставки според ЗОО за да може да се бара раскинување на договорто врз основа на „променетите околности”:а) ако после склучувањето на договорот настапиле околности коишто го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна;б) ако после склучувањето на договорот настапат околности заради кои не може да се оствари целат на договорот.- само оние променети околности коишто настапиле пред истекот на рокот за исполнување на обврската можат да бидат основа за примена на теоријата на променети околности.- измената на договорот може да се однесува на сите одредби на кои настанот влијаел.

ОСЛОБУДУВАЊЕ ОД ОДГОВРНОСТ ЗА ШТЕТА (3)

1. Продажба со право на првенствено купување;2. Купување на проба;3. Продажба по мостра или модел;4. Продажба со спецификација;5. Продажба со задржување на правото на сопственост;6. Продажба со отплата на цената на рати;7. Размена;8. Продажен налог, и9. Барато продажба или компензациона работа.

ПОСЕБНИ ВИДОВИ НА ПРОДАЖБА

ПРАШАЊА???

ЛИТЕРАТУРА:

а) задолжителна:учебник “Трговско право” од Д-р Александар Николовски и Д-р Снежана Плавшиќ, Скопје, 2005 година(стр. 206 - 243)

б) дополнителна:Закон за облигациони односи („Службен весник на РМ“ бр. 18/01, 4/02, 5/03, 84/8, 81/09 и 161/09)